24 infomacef

5
Број 24 ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА Март 2005 МА ЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нена: МАЦЕФ ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: [email protected] OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Со овој бро на ИнфоМАЦЕФ веќе прославуваме мал јубилеј – 2 години континуирана работа! Оваа електронска верзија се испраќа на 300 адреси низ Македонија. Во исто време, ИнфоМАЦЕФ може да се отвори и на сајтот на ЕКО НЕТ во делот виртуелна библиотека. ј . , Посебо задоволство нипретставуваше фактот дека и странските фондации и институции го користат во своите активности, цитирајќи ги информациите од него! Месецот март изобилуваше со доста активности поврзани со енергетиката, покрај реализацијата на изборите за локална самоуправа. Пред се тука е полемиката поврзана со продажбата на Електростопанство на Македонија На трибината организирана од повеќе граѓански здруженија присуствуваа голем број загрижени експерти, стручњаци од областа на енергетиката, јавните медиуми и претставниците на власта. Беа изнесени доста аргументи пртив продажбата на ЕСМ на начин за кој Владата веќе донела одлука. На Електротехничкиот факултет беше реализиран семинар за Економиката на обновливи и дисперзирани енергетски системи, како резултат на ТЕМПУС проект. На Машинскиот факултет голем тим од Министерството за образование и наука ги презентираше можностите за научна соработка со странство во форма на билатерални договори, како и можностите кои ги нудат меѓународните фондации. Исто така за средношколците беше организирана презентација на можностите на факултетот со нивна посета на лабораториите и институтите и директна средба со професорите и асистентите. Во хотелот Континентал ФОНКО ја претстави програмата на словенечката компанија ИМП Клима, како нејзин генерален ексклузивен претставник. Ви пожелуваме пријатни пролетни денови Проф. Д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ Во овој број: Õ Од уредникот Õ Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Õ Регионална мрежа за ефикасно користење на енергијата и водата RENEUER Õ Новости од Македонија Õ Новости од другите земји Õ Корисни web-адреси Õ Манифестации МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ има поддршка и тесно соработува со ALLIANCE TO SAVE ENERGY фондација формирана од Сенатот на САД и делумно финансиски поддржана од USAID. МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа. МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на Euro- pean commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . Активности на МАЦЕФ Јавна трибина Продажба на ЕСМ 17.3.2005 Како што најавивме во претходниот број во просториите на хотелот Холидеј Ин во присуство на над 140 учесници се реализираше Јавна Трибина со наслов Каква приватизација му е потребна на електроенергетскиот сектор во Македонија? Организатори и коорганизатори на оваа голема манифестација беа: МАЦЕФ, ЗЕМАК, МАГА, ГДМ (Граѓанското Движење на Македонија), Проактива, ЦЕА (Центар за економски анализи), Екоенергија (Кавадарци-Неготино), Институтот Евро Балкан, Транспарентност Македонија. Работно претседателство Повикани воведни излагачи беа: М-р Векослав Корошец (ЕЛЕС) - Преструктурирање и прива- тизација на електро-енергетскиот сектор: Словенечко искуство

Upload: macef

Post on 22-Jul-2016

213 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

 

TRANSCRIPT

Page 1: 24 infomacef

Број 24 ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА Март 2005

МАЦЕФ

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

В

OДПочитувани колешки иСо овој бро на ИнфоМгодини континуиранаиспраќа на 300 адрИнфоМАЦЕФ може даделот виртуелна библи

ј

Посебо задоволствостранските фондацииактивности, цитирајќи Месецот март изобиленергетиката, покрајсамоуправа. Пред се тука е полЕлектростопанство наод повеќе граѓанскизагрижени експерти, сјавните медиуми и прдоста аргументи пртиВладата веќе донела оНа ЕлектротехничкиотЕкономиката на обновкако резултат на ТЕМПНа Машинскиот факуобразование и наукасоработка со странствкако и можностите коиИсто така за средношкна можностите налабораториите и ипрофесорите и асистенВо хотелот Континентсловенечката компаниексклузивен претставнВи пожелуваме пријатн Проф. Д-р Константин

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ

Од уредник Центар за еМакедонија Регионалнана енергија Новости од Новости од Корисни w Манифеста

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ има поддршка и тесно соработува со ALLIANCE TO SAVE ENERGY фондација формирана од Сенатот на САД и делумно финансиски поддржана од USAID. МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во

Во овој број: от нергетска ефикасност на МАЦЕФ мрежа за ефикасно користење та и водата RENEUER Македонија другите земји eb-адреси ции

Имате желба за с

е молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-

УРЕДНИКОТ колеги, членови на МАЦЕФ! АЦЕФ веќе прославуваме мал јубилеј – 2 работа! Оваа електронска верзија се еси низ Македонија. Во исто време, се отвори и на сајтот на ЕКО НЕТ во

отека.

.

,

ни’ претставуваше фактот дека и и институции го користат во своите

ги информациите од него! уваше со доста активности поврзани со реализацијата на изборите за локална

емиката поврзана со продажбата на Македонија На трибината организирана здруженија присуствуваа голем број тручњаци од областа на енергетиката, етставниците на власта. Беа изнесени в продажбата на ЕСМ на начин за кој длука. факултет беше реализиран семинар за

ливи и дисперзирани енергетски системи, УС проект. лтет голем тим од Министерството за ги презентираше можностите за научна о во форма на билатерални договори,

ги нудат меѓународните фондации. олците беше организирана презентација факултетот со нивна посета на

нститутите и директна средба со тите. ал ФОНКО ја претстави програмата на ја ИМП Клима, како нејзин генерален ик. и пролетни денови Димитров

зМp

ЈКхрмМмДеИ

ПМти

оработка? ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, mail: [email protected]

емјата и надвор од неа. АЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на Euro-ean commission DG Energy and Transport www.managenergy.net .

Активности на МАЦЕФ

авна трибина – Продажба на ЕСМ 17.3.2005 ако што најавивме во претходниот број во просториите на отелот Холидеј Ин во присуство на над 140 учесници се еализираше Јавна Трибина со наслов Каква приватизацијау е потребна на електроенергетскиот сектор воакедонија? Организатори и коорганизатори на оваа голема анифестација беа: МАЦЕФ, ЗЕМАК, МАГА, ГДМ (Граѓанското вижење на Македонија), Проактива, ЦЕА (Центар за кономски анализи), Екоенергија (Кавадарци-Неготино), нститутот Евро Балкан, Транспарентност Македонија.

Работно претседателство

овикани воведни излагачи беа: -р Векослав Корошец (ЕЛЕС) - Преструктурирање и прива-изација на електро-енергетскиот сектор: Словенечкоскуство

Page 2: 24 infomacef

ИНФОМАЦЕФ 24 Страна 2

Martin Burdett (Platts Energy in Eastern Europe)- Restruc uringand P ivatization of the European Electricity Sector

t r

r

ј

George Georgokostas (EXERGIA)- Restructuring and P ivatiza-tion of the Greek National Electric Corporation PPC Д-р Весна Борозан (ЕТФ) - Закон за пазарно стопанисување во енергетскиот сектор во МакедонијаMeinl Capital Advisors - Процес на преобразба, реструктури-рање и приватизација на АД ЕСМ Д-р Константин Димитров (Машински факултет-МАЦЕФ) Какви предуслови се потребни за приватизација на АД ЕСМ? Д-р Наталија Николовска (Економски факултет)- Макро имикро економски услови и резултати од приватизацијата на АДЕСМЃорѓе Жебљан (Државен секретар, Министерството за Околина и Енергетика - Словенија) - Околу правнатарегулатива во енергетскиот сектор во Словени а (телефонскојавување од Словенија)

Дел од учесниците

Организациониот одбор приготви ЗАКЛУЧОЦИ кои беа поделени на учесниците за да можат да се изјаснат по нив. Во овој број на ИнфоМАЦЕФ заклучоците се дадени како прилог. Многу е корисно да се добијат мислења од колегите кои немаа можност да бидат присутни на оваа презенатција. Имаше голем број на дискутанти и личен став е дека повеќето сметаа дека нема доволно оправдани аргументи за да се продадат 51% од АД ЕСМ. Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ.

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com) RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска.

Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Новости од Македонија

22.3.2005 – ЕТФ Меѓународен семинар На Електротехничкиот факултет се одржа семинар со наслов Економски исплатливи и еколошки енергетски системи, како дел од ТЕМПУС проект. Презентациите беа од Проф. Владимиро Миранда (INESC) Португал, Проф. Никос Хаџиарги-риу (ICCS/NTUA) Грција, Проф. Јовица Милановиќ (UMIST) Англија, Д-р Тања Коњиќ (UTU) Босна и Херцеговина.

Г-ѓа Весна Борозан

Целта на семинарот беше да се презентираат содржините од идните последипломски студии кои ќе се организираат на овој факултет. Носител на активностите за Македонија е колешката Проф. Д-р Весна Борозан 24.3.2004 ФОНКО + ИМП Клима ФОНКО стана генерален застапник на ИМП Клима, која е член на групацијата H idria.

Директорот на ФОНКО Љ Трајковски .

Презентери на производниот програм беа Г-дата Генерален директор Иван Рупник, Ерик Когој директор за увоз-извоз и директорот за развој Егон Венко.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје,

тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: [email protected]

Page 3: 24 infomacef

ИНФОМАЦЕФ 24 Страна 3

22.3.2005 Машински факултет Претставниците на Министарството за образование и наука, ги презентираа можностите и условите за реализирање на меѓународната научна соработка врз основа на билатерални договори како и фондации иконкурси за средства преку ЕУ и НАТО.

Дел од учесниците на презентацијата

Злетовска Река ќе се бистри со донација Европската агенција за реконструкција и донираше 15 милиони денари на Општината Злетово за изградба на пречистителна станица за отпадните води од населбата и селото Ратавица. Фекалиите досега директно се слеваа во Злетовска Река и ја загадуваа. Проектот има и регионално значење бидејќи со намалувањето на загаденоста на Злетовска Река ќе се намали загадувањето и на поголемите реки, пред се Брегалница и Вардар. Од македонските ниви може да „протече“ биодизел гориво Македонија има идеални климатски услови за производство на биодизел гориво, кое се добива од маслодајна репа, тврдат експертите. Решеноста на Македонија да влезе во Европската Унија ја наметнува и обврската за производство на овој тип гориво, кое е присутно во сите земји-членки на ЕУ. Идејата за биодизел гориво веќе е разработена на катедрата за Земјоделска механизација при Факултетот за земјоделство и храна, а на неа во моментов интензивно се работи. Во Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека ги поддржуваат сите иницијативи за алтернативни извори на енергија, вклучувајќи го и биодизел горивото. Од таму велат дека постапка за добивање на горивото ја промовирале на саемот за еколошки иновации „Еко-Вита 2003“.

Награда за граѓанско општество и демократија Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) распишува јавен конкурс за доделување на Наградата за граѓанско општество и демократија. Образец за пријава мозе да се симне од веб страната www.gragjanskisvet.org.mk Јавниот конкурс ќе биде отворен до 31 март (четврток) 2005 година, до 16 часот. Подетални информации можете да добиете во МЦМС на тел. 02/3065-381 или на е-маил: [email protected]

[email protected] www.eko.net.mk

Новости од другите земји Фондови и манифестации Излезе ново издание на „EC Funding – накусо“. Таму можете да најдете програми на Европската комисија и можности за финан-сиска подршка на проекти кои се однесуваат на компании од Јужно-Источна Европа, со посебен акцент на компаниите кои работат во енергетскиот и еколошкиот сектор. Брошурата ги содржи последните информации за ЕУ фондовите, конферен-ции и слични настани. 800 MW гасна постројка за 30 месеци Statkraft Markets Continental потпиша договор со кој станува единствен сопственик на проектот за конструкција на 800 MW гасна постројка во Германија. Во септември 2007 година се очекува нејзино пуштање во работа. Контраверзен закон Франција предложи закон за ветерна енергија. Притоа преди-звикувајќи бранување во обновливиот „еснаф“ кој тврди дека со овој закон Франција ја загрозува стратегијата на ЕУ за обновливи извори.

Ќе се разбудат ли џиновите? Русија и Украина би требало да играат значјана улога во идни-ната на пазарот за трговија со јагленород. Меѓутоа нивното тргување на пазарот ќе биде возможно дури во периодот од 2008 до 2012 година.

Укинување на данокот за CO2 Шведските власти ќе предложат да се укине данокот за CO2 за индустриската енергија со цел да се заштити конкурентноста на Шведските компании.

Нуклеарна енергија Кинеските експерти тврдат дека дополнителната енергија која во иднина ќе се добие од обновливите извори нема да биде доволна за да ја задоволи потрошувачката, па затоа тие планираат да изградат нова 1000 MW нуклеарна централа.

[email protected]

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје,

тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: [email protected]

Page 4: 24 infomacef

ИНФОМАЦЕФ 24 Страна 4

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје,

тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: [email protected]

Осмоза како енергетски извор (Раликата на притисокот помеѓу соле-ната и слатката вода како нов енергет-ски извор). За отсолување на морска вода се корис-тат предностите на осмозата, се корис-ти дифузија низ полу пропустливи мем-брани. За да се реализира овој процес потребно е да се вложи многу енергија, додека од реверзибилниот процес (кога

слатка вода се долева на солена) се ослободува енергија. Оваа енергија може да се користи за добивање на електрична струја. Норвешката компланија Статкрафт сака да го развие овој голем енергетски извор. Специјалисти од истражувачкиот центар во Гештакт, во соработка со други истражувачи од Европа, разви-ваат мембрана која ќе ги исполни техничките побарувања за ваков процес на трансформација на енергија. Осмозата како енергетски извор се карактеризира со предзнакот ЕКО. Првич-ните проценки се дека 1 kWh ваква енергија би чинел 5 евро-центи. Според компанијата Статкрафт со оваа технологија може да се произведат до 25 TWh – приближно 20% од побарувачка-та за електрична енергија во Норвешка.

„Интелегентна енергија“ ето на

„И еге а

а вл IE

сирање: SAVE за подобру

Со цел да се намали користењфосилното гориво како енергетски извор, Европската Комисија започна кампања за промоција на програмата наречена нтел нтна Енергиј – Европа“ (IEE). Програмата доделува фондови за ефикасно користење на енергијата и имплементација на техниките з обно иви извори. E се дели на четири полиња за финан-вање на енергетската ефикасност на

домаќинствата и индустрискиот сектор, ALTENER за промоција на обновливи извори – посебно за локални енергетски структу-ри, STEER за нови технологии – посебно во полето на транс-порт и горива, како и COOPENER за промоција на обновлива енергија во земјите во развој. Голема количина на SAVE и ALTENER фондовите се пуштени во оптек. Краен рок за аплицирање е 23-ти март. Star of Energy Efficiency Awards 2005“

индивидуалци,

Кинески модел за енергетска

економски развој и пораст на потрошувачката на нафта и нафтени

д

„„Alliance to Save Energy“ повикува компании и организации да се пријават за натпрева-рувањето „Star of Energy Efficiency Awards 2005“. Оваа престижна манифестација ги наградува сите оние кои покажале значителна посветеност при остварување на енергетската ефикасност. Оваа година церемонијата ќе се одржи на 20 октомври во Вашингтон. „Alliance to Save Energy“ по 13-ти пат ја организира оваа манифестација и по тој повод церемонијата ќе биде проследена со пригодна вечера.

ефикасност Соочена со 9,5%

деривати од 17,5% само за една година, Кина го зема во предвид зачувувањето на енергијата и го имлементира во пето-годишниот економски план. Кинеското Министерство за урбанизам има за цел да ја зголеми енергетската ефикасност на новите градби о 56% и да го стимулира користењето на обновливи извори за 30%.

Корисни web-адреси http://www.eere.energy.gov/ http://www.gragjanskisvet.org.mk/ http://www.mango.org.mk/ http://www.ase.org/ http://www.energy-efficiency.gov.uk/ http://www.pointcarbon.com/ http://www.energysavingtips.gov/ http://www.edcmag.com/

Манифестации

оработка со ЕУ: ns and Pub-

тензивна програма

• Програма за тр офесионалци;

; бро ра

С„Institutional relatiolic Affairs“ 6-дневна ин19-24 јуни 2005 енинг на врвни пр

• 25 водечки предавачи и ЕУ експерти; • Интерактивност, лобирање и работилницишу и формулар.

15-18 мај 2005 ќе се одржи конфернција и изложба

насловена „WINDPOWER 2005“ во Денвер КолорадоПовеќе... 4-6 мај 2005 ќе се одржи конфернцијата „Greening Rooftops for Sustainable Communities“ во ВашингтонПовеќе...

2-4 мај 2005 ќе се одржи самитот „Southeast Green Energy“ во Орландо, Флорида Повеќе... 27-30 јуни 2005 година во Остин, Тексас ќе се одржи:

.

„The 2005 National Workshop on State Building Energy Codes“ Повеќе..

Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Македонија

61 013

Центар за енергетска ефикасност наТех. Секретар. A. Man~evski, Н. Парапунов 3а/52 1000 СкопјеТел. 02 3099 216, факс: 02 30e-mail: [email protected]

Page 5: 24 infomacef

ИНФОМАЦЕФ 24 Страна 5

Заклучоци на Јавната Трибина - Тркалезна Маса Каква приватизација му е потребна на

електроенергетскиот сектор во Република Македонија

Се подржуваат во целост веќе отпочнатите процеси за

Соодветна правна регулатива која треба да претходи и во

АД ЕСМ во соработка со институциите на системот и по

во-н

Со оглед на фактот што сите неопходни предуслови квалит

Хидроцентралите и општо хидропотенцијалот во јава к

ПРИЛОГ

1.преобразба и преструктурирање на АД ЕСМ, како и либерализа-ција на целокупниот енергетски и електроенергетски сектор. Истите треба да се интензивираат во насока на подобрување на квалитетот на услугите и воведување на конкуренцијата на пазарот. 2.целост да ги следи процесите на преструктурирање и либера-лизација во електроенергетскиот сектор се уште не е донесена, а со тоа и не е во функција на создавање соодветни предусло-ви за успешно функционирање на електроенергетскиот сектор во пазарни услови и според економски критериуми. Потребно е интензивирање на донесувањето на соодветната примарна и секундарна регулатива и нивното вистинско заживување. 3.потреба со останатата стручната и научна јавност во земјава треба јасно и еднозначно да ги дефинираат состојбите во елек-троенергетскиот сектор, негови слабости и проблеми. Потребно е да се направи заедничка платформа и акционен план за нивно разрешување со наведување на можните решенија и носители на тие решенија и рокови за нивна реализација. . Најитно треба да се донесе глобална стратегија за раз4јот а енергетскиот, а со тоа и на електроенергетскиот сектор која ќе ги дефинира неговите краткорочни, среднорочни и дол-горочни развојни насоки. Стратегијата треба да понуди адек-ватни решенија за супституција на произведената електрична енергија од сегашните термоцентрали (+ 75 %) и нивниот иденстатус, реално земејќи ги предвид енергетските потенцијали на државата, економската моќ како и главните државни интереси. 5.за етна приватизација на електроенергетскиот сектор се уште не постојат, се наметнува потреба отпочнатиот процес на приватизација на АД ЕСМ да се успори и да се направи макси-мално транспарентен, со цел како резултат на истиот да се дој-де до максимална корист за државата, вработените во електро-енергетскиот сектор и сите потрошувачи. При тоа треба да се внимава да не се загрозат техничко-технолошките карактерис-тики на работа на системот како и нарушување на редовното снабдување со електрична енергија на сите потрошувачи, а воедно и да се зачуваат најважните стратешки и витални еко-номски интереси за развојот на нашата држава. Според тоа, нереално е да се очекува процесот на приватизација на АД ЕСМ од моментот на објавување на тендерот за претквалификација до моментот на склучување на договор со стратешкиот партнер (во две фази - претквалификација и квалификација) да трае шест до девет месеци. 6.зем ако значаен дел од електроенергетскиот сектор кој има мулти-дисциплинарно значење и е важен државен интерес, треба да се одвои од останатите производствени капацитети и да остане во државна сопственост. Издавањето на концесии за изградба и работа на нови големи и мали хидроенергетски и термоенергетски капацитети максимално да се олесни и да се охрабри со цел зголемување на инсталираниот енергетски

капацитет во државава како и зголемување на конкурентноста во делот на производството. 7. Стручната јавност го смета за неповолен и се спро-тивставува на избраниот модел за приватизација на електро-енергетскиот сектор од страна на Владата со продавање на нај-малку 51 % како од производството така и од дистрибуцијата во државата. Овој модел неминовно води до замена на држав-ниот монопол во електроенергетскиот сектор со приватен монопол, кој како таков не е во склад ниту со препораките на ЕУ ниту со највисоките државни интереси. Формирање на холдинг компанија која во себе би ги покривала термоцентра-лите, хидроцентралите и дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија како посебни претрпријатија овозможува приватизација на секој од овие делови пооделно, по лотови на различни купувачи и во различни временски термини кои соод-ветствуваат на потребите на електроенергетскиот системот и државата. Да се испита можноста, заради обезбедување на транспарентен пристап кон дистрибутивна мрежа со истата да управува локалната самоуправа, а со цел да се постигне конку-ренција и во овој дел на електроенергетскиот бизнис и допол-нителен приход за локалната самоуправа. 8. Предложениот модел на пазарот за електрична енер-гија, неговата примена и усогласеноста со ЕУ директивите не се доволно јасни. Доколку не постои можности за негова симула-ција, пред истиот да биде ставен во функција, потребно е овој пазар да отпочне да функционира во услови на целосно држа-вна сопственост на електроенергетскиот систем, односно пред негова приватизација. При тоа, потребно е да се следи најмал-ку шест (6) месеци работењето на овој пазар по предложениот модел како би се утврдиле сите негови бенефиции и би се ко-регирале сите негови слабости пред да се промени сопственич-ката структура во секторот. 9. Владата на Република Македонија, треба да дефинира минимално прифатлива цена за продажба на електроенергет-скиот сектор по делови или во целост на стратешки партнер пред да го објави тендерот за негова продажба. Во дефинира-ње на оваа минимално прифатлива цена, помеѓу другото, пот-ребно е да се земат во предвид: (1) местото и улогата на елек-троенергетскиот сектор во економијата на државата, (2) упо-требната вредност на делот кој ќе се продаде, (3) целите и намената на финансиските средства кои би се добиле со отуѓу-вањето на предметниот дел за продажба од електроенергет-скиот сектор, како и (4) листата на најнеопходни електроенер-гетски објекти во кои стратешкиот партнер мора да инвестира во однапред дефиниран период. 10. Владата и нејзините институции, а особено Минис-терство за Економија треба да биде инцијатор и координатор на поголем број дебати и тркалезни маси на кои ќе земат учес-тво широк фронт на стручни лица, експерти и корисници на услугите на АД ЕСМ, (потрошувачи), каде би се анализирале и утврдувале основните придобивки од процесот на преобразба, реструктурирање и евентуалната приватизација на електро-енергетскиот сектор во целина. На тој начин, транспарентноста на процесот би била максимална, а соодветно на тоа и позитив-ните крајни ефекти од вака сложени и значајни процеси би биле многу поголеми за сите учесници во електроенергетскиот сектор.

Организационен Одбор

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје,

тел. 02 3099216, факс 02 3061 013, e-mail: [email protected]