2d и 3d графика

13
Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Факултет за природни и технички науки Модул: Компјутерски дизајн Семинарска работа по предеметот: 2D и 3D графика ТЕМА: 3D моделирање – F-18 Super Hornet Ментор: Изработил: Проф. Д-р. Зоран Панов Димитар Пуреовски

Upload: dimitar-pureovski

Post on 28-Oct-2014

128 views

Category:

Documents


4 download

TRANSCRIPT

Page 1: 2D и 3D графика

Универзитет “Гоце Делчев” – Штип

Факултет за природни и технички науки

Модул: Компјутерски дизајн

Семинарска работа по предеметот:

2D и 3D графика

ТЕМА: 3D моделирање – F-18 Super Hornet

Ментор: Изработил:

Проф. Д-р. Зоран Панов Димитар Пуреовски

Бр. на индекс: 13660

Page 2: 2D и 3D графика

Содржина:

Вовед..............................................................................................................................3

Димензии........................................................................................................................4

Процес на изработка.....................................................................................................5

Модификација на основниот дел, крилата и системот за навигација.......................6

Крила за маневри, мотори, помошни крила и Smoothness…………………....……...7

Слики од моделот..........................................................................................................8

Слики од моделот..........................................................................................................9

Слики од Boeing F-18 Super Hornet.............................................................................10

Користена литература..................................................................................................11

Page 3: 2D и 3D графика

Вовед

За да се нацрта еден 3D објект, односно модел, потребно е најпрвин да се знаат точните димензии на истиот. Знаејќи ги димензиите, треба да се одбери главен дел или основица од која ќе се започни моделирањето и од кое подоцна ќе се доцртуваат останатите делови на фигурата. За избор на основен дел најдобро е да се земе најголемиот, затоа што подоцна на него полесно можат да се надоврзат останатите делови кои се полесни за манипулација и модифицирање.

Во овој случај станува збор за моделирање на Boeing F-18 Super Hornet, Американско воено летало дизајнирано и произведено од McDonnell Douglas. Главниот дизајн е земен од неговиот претходник Boeing F-18 Hornet и е подобрено речиси во секоја смисла. Споредено со неговиот претходник, овој модел е потежок, поголем, има поголем радиус на летање, поголем резервоар итн.

Моделот-летало ќе се изработува во програмата за 2D и 3D моделирање – AutoCAD 2011.

Page 4: 2D и 3D графика

Димензии

Должина: 18,31m Висина: 4,88m Распон на крилата: 13,62m Плоштина на крилата: 46,5m2

Останатите карактеристики на леталото во овој случај се непотребни па затоа и нема да бидат наведени.

Page 5: 2D и 3D графика

Процес на изработка

Најпрвин, по уклучувањето на програмата AutoCAD 2011, од менито се избира 3D Modeling, а од тоа – Mesh Modeling.

Се поставуваат параметрите (полињата) на квадарот во панелот Primitives:

- Должина: 3 - Ширина: 3 Левел на заобленост: 0- Висина: 3

Основен дел:

Потоа се црта квадарот со веќе одредените “првични” димензии. Значи, овој квадар ни претставува основен дел од моделот кој понатаму ќе се црта.

“Нос”

Нареден потег е одбирање од панелот Subobject – Face. Се избира поглед со кој ќе имаме поглед кон квадарот само по неговата висина и ширина, оттука го селектираме средното “лице” од 9-те кои претходно ги поставивме. Потоа со командата Extrude Face го продолжуваме за 2m. Потоа, од истиот панел Subobject одбираме Scale Gizmo со кое сега веќе продолженото лице можеме да го намалиме приближно до 0, со цел да се добие “носот” на леталото.

Кабина

Тој дел е речиси готов, потоа се префрламе со модифицирање на горниот дел од квадарот и со моделирање на кабината на леталото. Значи, најпрвин го враќаме назад Move Gizmo, а Face од панелот Subobject останува ист. Ги селектираме трите средишни, подолги лица долж квадарот и со командата Extrude Face ги издолжуваме нагоре по Z-оската, произволно.

Потоа, од Subobject панелот одбираме Edge и Scale Gizmo ги селектираме попречните средишни рабови 2 и 3 сметано од “носот” на моделот, кои штотуку ги издолживме. Со Relocate Gizmo ги намалуваме истите долж Z-оската. И тука речиси работата е завршена.

Page 6: 2D и 3D графика

Модифицирање на основниот дел – телото

Потоа со одбрани Edge и Scale Gizmo од панелот Subobject ги селектираме должинските рабови, сите горни, а од долните само 1 и 2 гледано според “носот”.Произволно ги намалуваме со цел да се добие некоа “заоблена” форма.

Крила

Од панелот Subobject избираме Face и Move Gizmo. Ги селектираме средишните странични лица од основноиот дел и ги издолжуваме за 5,31m (затоа што основниот дел – телото ни е веќе широко 3m, со цел да се добие посакуваната димензија која претходно ја наведивме, крилата мора да ги издолжиме 5,31m и од двете страни што е еднакво на 10,62m+3m=13,62m)

Повторно од панелот Subobject избираме Edge и Scale Gizmo и ги селектираме предните висински рабови на крилата кои вече ги издолживме и истите произволно ги намалуваме со цел да се добие посакуваниот изглед на крила кои сакаме моделот да ги има.

Потоа, избираме Face и Move Gizmo од Subobject панелот и ги селектираме страничните “мали” лица на крилата кои се создадиа со намаливање на рабовите и ги издолжуваме со командата Extrude Face, произволно, но да наликува на коцка, односно предното и задното лице да наликуваат на коцка. Потоа, предното и задното лице на крилата, кои штотуку ги добивме, ги издолжуваме произволно. Потоа со Move Gizmo ги поместуваме по должината на моделот-летало и крилата за да го постигнеме посакуваниот изглед.

Систем за навигација

Потоа, ги селектираме задните “поголеми” лица на крилата и ги издолжуваме со командата Extrude произволно по должината на моделот-летало, со цел да се добие изгледот на системот за навигација на леталото. Од панелот Subobject одбираме Edge и Scale Gizmo, ги селектираме горните рабови на продолжените крила, односно системот за навигација и со помош на Relocate Gizmo истите ги спуштаме произволно долж Z-оската. Потоа со избирање Face го повторуваме истото, односно, ги селектираме задните лица на системот за навигација и ги спуштаме долж Z-оската.

Со главните крила е речиси завршено, продолжуваме со наредната постапка. Моделирање на помошните крила и крилата за маневри и моторите.

Page 7: 2D и 3D графика

Крила за маневри (вертикални крила)

Од панелот Subobject избираме Face и Move Gizmo, па ги селектираме горните, последни, странични лица и со командата Extrude ги издолжуваме долж Z-оската. Потоа избираме Edge и Scale Gizmo од панелот Subobject и ги селектираме страничните горни рабови на издолжените помошни крила и произволно ги приближуваме еден кон друг, со цел да се добие посакуваниот изглед на моделот летало. Со горенаведените постапки се прават и уште неколку помали измени.

Мотори

Се цртаат два цилиндри на задниот дел на моделот-летало, произволно позиционирани. Се прават некои мали модофикации и измени на истите со цел да се добие на симетрија на леталото.

На долниот дел од моделот-летало се цртаат два цилиндри, произволно и со нивно скалирање (зголемување/намалување) и поместување се добива крајниот посакуван изглед.

Помошни крила

Избираме Face и Move Gizmo од Subobject панелот и селектираме по едно (симетрично) лице од двата цилиндри кои претходно ги нацртавме на задниот дел, односно од моторите на моделот-летало. Селектираните лица со помош на командата Extrude ги издолжуваме произволно. Истите ги модифицираме со извлечување, скалирање (зголемување/намалување) на лицата, поместување на рабовите и други слични постапки, се со цел да се добие изгледот кој претходно сме го замислиле.

Глаткост (Smoothness)

Основниот дел – телото на моделот – летало го заоблуваме повеќе и повеќе, односно го доведуваме до левел на заобленост 4 (Smoothness level 4), додека моторите и задните, помошни крила си остануваат како што се, односно на Smoothness level 0.

Page 8: 2D и 3D графика

Слика бр.1 – Завршен модел на леталото без Smoothness.

Слика бр.2 – Завршниот модел на леталото со Smoothness level 4.

Page 9: 2D и 3D графика

Слика бр.3 – Завршниот модел на леталото со поглед Wireframe.

Слика бр.4 – Завршниот модел на леталото со поглед X-Ray.

Page 10: 2D и 3D графика

Слика бр.5 – Boeing F-18 Super Hornet.

Слика бр.6 – Boeing F-18 Super Hornet.

Page 11: 2D и 3D графика

Користена литература

Информациите за моделот Boeing F-18 Super Hornet се превземени од:

- http://en.wikipedia.org/wiki/F-18_Super_Hornet

Сликите од моделот се превземени од:

- http://www.aerospaceweb.org/aircraft/fighter/f18ef/f18f_07.jpg - http://www.aerospaceweb.org/aircraft/fighter/f18ef/f18_schem_01.gif

Програма користена при изработка на моделот-летало:

- AutoCAD 2011