34 infomacef

4
Број 34 ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА Јануари 2006 МА ЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нена: МАЦЕФ ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: [email protected] www.macef.org.mk OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! Јануари е месец на прослави почнувајќи од прославата на Новата и Стара Нова Година, Божиќ, Коледе, Курбан Бајрам, Василица ..., би претпоставиле дека се е насочено кон прослави. Но јануари е и месец кога се троши најмногу енергија за греење на домаќинствата, кога се најавуваат зголемувања на цената на енергенсите. Јасно дека тогаш се размислува и за начинот да си ги смалиме овие трошоци и тука е основното Енергетската Ефикасност. За одбележување е решението на Регулаторната комисија за енергетика да одобри зголемување на цената на енергијата испорачувана од АД Топлификација за 2%, иако, во согласност со постоечката методологија за дефинирање на цената на енергентите, тие бараа зголемување на цената за 26%. На web страната на Регулаторната комисија е ставен на јавна дискусија и предлогот на новиот тарифен правилник за определување на цената на топлинската енергија. Сите заинтересирани треба внимателно да го проучат и да ги достават своите забелешки и предлози, затоа што неговата дополнителна измена е макотрпен процес. Свечено е одбележано пуштањето во погон на автобусите кои работат делумно на природен гас. Членовите на МАЦЕФ учествуваа во разработката на оваа идеја и ви изработката на дел од проектната документација со што се гордееме. Се одржа и Форум организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ во врска со горливата тема продажба на ЕСМ, на кој присуствуваа голем број експерти од академици и професори, до претставници на локалната самоуправа и ЕБРД. Приготвен е предлог проект за мали ГЕФ Проекти заеднички со општината Ѓорче Петров. Реализирана е средба со претставници на УНДП во врска со можностите на Македонија да учествува со свои проекти во глобалната трговија со лиценци за смалена емисија на јаглен двооксид преку CDM/JI (Механизмите на чисти технологии/заедничко инвестирање). Претставени се проекти изработени од МАЦЕФ, кои можат да побудат интерес на странските инвеститори. Месец февруари ќе биде исполнет со голем број активности. А младиот тим на МАЦЕФ приготви уште една можност за комуникација Blog, каде што ќе презентираме уште повеќе информации и непосредни дискусии. Проф. Д-р Константин Димитров ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа. МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на Euro- pean commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот. Активности на МАЦЕФ РАЗГОВОР СО ПРОФ. Д-Р МИЛЕ ДИМИТРОВСКИ автор на идејата и проектот за ЕКО автобуси, (реконструкција на автобусите на ЈСП за да работат на природен гас) Историја на идејата Разработката на оваа проблематика во светски рамки е започната од 1995 година. Во Македонија почетоците се направени во 2001 година, со изработката на Студија за искористување на можностите на природниот гас во градскиот превоз, изработена од проф. Д-р Миле Димитровски со тим од катедрата за мотори. Инвеститор беше Министерство за животна средина и просторно планирање. По изработката на студијата, делегација од МЖСПП и ЈСП, го посети експерименталниот погон на фабриката МАНво Минхен каде што се испитуваа економските и еколошките перформанси на автобуси кои користат природен гас како погонско гориво во споредба со класичните дизел автобуси. Министерството ја усвои студијата и се изработи проект Реконструкција на автобусите за користење на гасфинансиран од Министерството за образование и наука. Макпетрол се обврза и изгради полнилница за гас со капацитет за полнење од 100 автобуси на ден со природен гас и се наоѓа во кругот на ЈСП Скопје во Автокоманда. Во овој број: Од уредникот Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Новости од Македонија Новости од другите земји Корисни web-адреси Манифестации

Upload: macef

Post on 22-Jul-2016

214 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

 

TRANSCRIPT

Page 1: 34 infomacef

Број 34 ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА Јануари 2006

МАЦЕФ

ММААЦЦЕЕФФ ппррооммооввиирраа ееннееррггееттссккаа ееффииккаасснноосстт ии ппооччииссттаа жжииввооттннаа ссррееддииннаа

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: [email protected]

www.macef.org.mk

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ!

Јануари е месец на прослави – почнувајќи од прославата на Новата и Стара Нова Година, Божиќ, Коледе, Курбан Бајрам, Василица ..., би претпоставиле дека се е насочено кон прослави. Но јануари е и месец кога се троши најмногу енергија за греење на домаќинствата, кога се најавуваат зголемувања на цената на енергенсите. Јасно дека тогаш се размислува и за начинот да си ги смалиме овие трошоци – и тука е основното Енергетската Ефикасност. За одбележување е решението на Регулаторната комисија за енергетика да одобри зголемување на цената на енергијата испорачувана од АД Топлификација за 2%, иако, во согласност со постоечката методологија за дефинирање на цената на енергентите, тие бараа зголемување на цената за 26%. На web страната на Регулаторната комисија е ставен на јавна дискусија и предлогот на новиот тарифен правилник за определување на цената на топлинската енергија. Сите заинтересирани треба внимателно да го проучат и да ги достават своите забелешки и предлози, затоа што неговата дополнителна измена е макотрпен процес. Свечено е одбележано пуштањето во погон на автобусите кои работат делумно на природен гас. Членовите на МАЦЕФ учествуваа во разработката на оваа идеја и ви изработката на дел од проектната документација – со што се гордееме. Се одржа и Форум организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ во врска со горливата тема – продажба на ЕСМ, на кој присуствуваа голем број експерти – од академици и професори, до претставници на локалната самоуправа и ЕБРД. Приготвен е предлог проект за мали ГЕФ Проекти заеднички со општината Ѓорче Петров. Реализирана е средба со претставници на УНДП во врска со можностите на Македонија да учествува со свои проекти во глобалната трговија со лиценци за смалена емисија на јаглен двооксид преку CDM/JI (Механизмите на чисти технологии/заедничко инвестирање). Претставени се проекти изработени од МАЦЕФ, кои можат да побудат интерес на странските инвеститори. Месец февруари ќе биде исполнет со голем број активности. А младиот тим на МАЦЕФ приготви уште една можност за комуникација Blog, каде што ќе презентираме уште повеќе информации и непосредни дискусии. Проф. Д-р Константин Димитров

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа. МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на Euro-pean commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот.

Активности на МАЦЕФ РАЗГОВОР СО ПРОФ. Д-Р МИЛЕ ДИМИТРОВСКИ автор на идејата и проектот за ЕКО автобуси, (реконструкција на автобусите на ЈСП за да работат на природен гас)

Историја на идејата Разработката на оваа проблематика во светски рамки е започната од 1995 година. Во Македонија почетоците се направени во 2001 година, со изработката на „Студија за искористување на можностите на природниот гас во градскиот превоз“, изработена од проф. Д-р Миле Димитровски со тим од катедрата за мотори. Инвеститор беше Министерство за животна средина и просторно планирање. По изработката на студијата, делегација од МЖСПП и ЈСП, го посети експерименталниот погон на фабриката „МАН“ во Минхен каде што се испитуваа економските и еколошките перформанси на автобуси кои користат природен гас како погонско гориво во споредба со класичните дизел автобуси. Министерството ја усвои студијата и се изработи проект „Реконструкција на автобусите за користење на гас“ финансиран од Министерството за образование и наука. Макпетрол се обврза и изгради полнилница за гас со капацитет за полнење од 100 автобуси на ден со природен гас и се наоѓа во кругот на ЈСП Скопје во Автокоманда.

Во овој број: Од уредникот Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ

Новости од Македонија Новости од другите земји Корисни web-адреси Манифестации

Page 2: 34 infomacef

ИНФОМАЦЕФ 34 Страна 2

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: [email protected]

www.macef.org.mk

Во 2003 година, во рамките на ЛЕАП на Град Скопје, проф. д-р Димитровски изработи и трет проект „Катастар на димност на автобусите на ЈСП“. Со овој проект ЛЕАП финансираше набавка на два димометри и со нив се направени мерења за нивото на димност за секој автобус поодделно. Во тој период се направи договор помеѓу ЈСП Скопје, Советот на Град Скопје и МЖСПП за заедничко финансирање на реконструкцијата на 30 автобуси. Персоналот кој ги користи автобусите на природен гас посетуваше обука во Лабораторијата за Мотори со внатрешно согорување и опрема, при Машински Факултет Скопје и за погонски материјали при Институтот за термоенергетика и термотехника, и се здобија со соодветни сертификати. Така беа исполнети сите услови од проектот за стартот на користење на природниот гас кај автобусите. Во 2005 година, Макпетрол ја изгради полнилницата и изврши технички прием, ЈСП подготви и реконструира 30 автобуси од својот возен парк, изврши нивно атестирање за безбедно и функционално користење, а на свеченоста по повод денот на возачите, одржана на 17 јануари 2006, премиерот на РМ, Г-н Владо Бучковски и Градоначалникот на Град Скопје Г-н Трифун Костовски во присуство на директорот на Макпетрол Г-н Андреја Јосифовски и Министерот за Животна средина Г-н Зоран Шапуриќ, ја пресекоа лентата за работа на полнилницата за природен гас и ги промовираа реконструираните 30 автобуси.

СЕГАШНИ АКТИВНОСТИ Активностите кои се предвидени во оваа фаза се експлоатација на автобусите кои сега работат со 50% дизел и 50% природен гас, ва централното градско подрачје и нивно континуирано следење на работата, и тоа по две основи: димност (еколошки придобивки) и економичност при експлоатација. ИДНИ, ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ Поради позитивните еколошки и економски придобивки од овој проект, Советот на Град Скопје донесе одлука да одобри реконструкција на дополнителни 70 автобуси од возниот парк на ЈСП Скопје. Се планира и набавка на нови 50 автобуси кои ќе работат само на природен гас. Макпетрол најави изградба на уште две полнилници во Македонија. Покрај ова се планира и воведување на еколошки зони на територијата на Град Скопје кои ќе бидат дефинирани со законска регулатива. Во тие зони ќе биде дозволено да сообраќаат само автобуси и автомобили со соодветни еколошки карактеристики.

Премиерот Бучковски и Градоначалникот Костовски ја пресекоа

лентата на пумпата за природен гас

Со оваа мерка и приватните превозници ќе бидат обврзани да направат реконструкција и подобрување на еколошките карактеристики на своите автобуси доколку сакаат да сообраќаат во централното градско подрачје.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар и Гази Баба. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност. За да биде оваа акција успешна, освен почетните обуки за определени општини, потребно е сите членови на МАЦЕФ да се организираат за да ја пружат потребната помош на сите кои ја бараат – приватни лица, локална самоуправа, државна администрација. Приложен е делот од услугите кои ги нуди МАЦЕФ на сите идни членови.

З Д Р УЖ Е Н И СМ Е ПО С ИЛНИ Со здружувањето во мрежата МОМЄЄ општините ќе ги

реализираат следниве придобивки и предности:

Зголемување на ЕЕ како средство за разрешување на важни национални задачи од енергетската и еколошката политика.

Намалување на буџетските расходи за енергија на општината и создавање услови за искористување на заштедените средства за друга намена од приоритетната листа на општината.

Смалување на потрошувачката на енергија кај крајните потрошувачи на ниво на општина и создавање на поволна клима за општествена поддршка за спроведување на општинската политика за штедење на енергија.

Меѓусебна размена на информации (преку МАЦЕФ) за техничките постигнувања и нови технологии за слични проекти кои се предвидени на општинско ниво (рехабилитација на згради- школи, администрација, градинки, домови; улично осветление; водовод; пречистителни станици; собирање на комунален смет).

Информации за меѓународни фондови од каде можат да се побараат и добијат грантови за предвидените проекти.

Техничка помош при приготвувањето на апликациите за овие грантови.

Организирање на посета на градови и објекти надвор од нашата земја каде што се реализирани успешно проекти, кои се предвидени во планот на општините.

Учество на регионалните средби за размена на искуства од областа на Енергетската Ефикасност и Заштитата на околината (Екологијата).

Добивање на податоци за квалитетот на опрема која им се нуди во проектите за кои се обезбедени финансиски средства.

Лобирање за интересите на членовите на мрежата. Годишна членарина: 24 000 денари Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ.

Page 3: 34 infomacef

ИНФОМАЦЕФ 34 Страна 3

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: [email protected]

www.macef.org.mk

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com) RENEUER е формирана по иницијатива на

претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

Новости од Македонија Новости од Македонија

Гасот дефинитивно поскапува за 10% Од денес компаниите ќе плаќаат за 10% повеќе за еден метар кубен гас. Цената се зголеми од 17,5 на 19,1 денар за еден метар кубен гас. Зголемувањето на цената на гасот е по барање на „Макпетрол“ единствената компанија во земјава која врши трговија со гас. Регулаторната комисија за енергетика (РЕК) го прифати барањето на „Макпетрол“ за повисока цена на гасот. Саем за енергетика – Скопски Саем По трет пат Скопски Саем организира манифестација од областа на енергетиката. Во периодот од 4-8 април 2006 година е најавен саемот за енергетика и градежништво. Се очекува зголемен интерес на домашните компании и е најавено присуството на странски компании кои се заинтересирани за инвестирање во Македонија, посебно во областа на електроенергетиката. Владата гарантира за изградба на ХЕЦ „Матка 2“ Владата на Република Македонија ќе издаде гаранција за изградба на хидроцентралата „Матка 2”, за чија изградба на тендер како најповолен изведувач беше избрана словенечката компанија „РИКО”. Проектот за изградба на „Матка 2” е една од поголемите словенечки инвестиции во Македонија. Предвидено е средствата за изградбата да се враќаат во следните 15 години. Владата на Република Македонија, тендерот за изградба на хидроцентралата „Матка 2” го објави на почетокот на минатата година. Во потесниот избор, освен „РИКО” влегоа и хрватскиот „Раде Кончар” и две кинески компании. ЕУ размислува за алтернативен гасовод преку Балканот Европската гасна приказна, по склученото примирје во краткотрајната војна меѓу Русија и Украина, сега се свртува кон новите правци на снабдување со цел да се избегне ситуацијата со која се стопираше добар дел од рускиот гас кој до европските потрошувачи стигнува преку Украина. Спорот е решен, сите се задоволни, но Русија и Украина потврдија дека не се партнери од доверба. Извесно е дека ЕУ повеќе не им верува и мора да се осигурува на други начини. Една од алтернативите е отворена кон крајот на минатата година. Овој концепт силно го поддржуваат претставниците на ЕК во балканските земји како и координаторот на пактот за стабилност, Ерхарт Бусек чиј мандат е продолжен за една година и матичната Австрија како претседавач со Унијата и која е еден од главните инвеститори во регионот. Советот на министри конечниот предлог за спогодба за енергетска

заедница го достави до Европскиот парламент на понатамошна обработка. Локациите за мали хидроцентрали ќе одат на тендер Околу 406 локации наменети за изградба на мали хидроцентрали ќе се даваат на тендер. Заинтересираните компании ќе освен за локациите ќе плаќаат концесии за користење на водите. За овој бизнис веќе постои голем интерес кај фирмите. Единаесет странски и домашни фирми поднеле барање за добивање на 493 локации за изградба на мали хидроцентрали, до Министерството за економија. Скопски „Гранит“ бара 200 локации, чешки „Хидропол“ 140, „Ве-Ве груп“ од Скопје бара 62 локации, германската „РСС“,35, словенечки „Турбоинститут“ 32 локации, конзорциумот составен од бугарската фирма „Фајнанс“ и канадската „НАТСХ“ 7, „Ингмарк“ од Скопје 4, „Здружението за развој на мали хидроцентрали“ од Кичево бара 6 локации, „Гроф“ од Струга 4 и „Тани Импекс“ од Дебар бара 3 локации. „Гранит“ на тендерот ќе настапува во конзорциум со реномирана енергетска компанија и странска банка која ќе даде финансиска поддршка на оваа инвестиција. повеќе... Цената на Топлификација поскапува за 2,03% Граѓаните на Скопје ќе плаќаат за само 2,03% повисока цена на парното. Регулаторната комисија за енергетика го прифати делумно барањето за поскапување на цената, што минатата недела го достави „АД Топлификација“. Од Регулаторната комисија утврдиле дека компанијата во 2003 и 2004 година оствариле екстра приход за 8% или 215 милиони денари. „Зголемените трошоци што сега ги пријавува „Топлификација“ се одбиваат од екстра приходот од изминативе години“, велат од Регулаторната Комисија. повеќе... Почна изградбата на гасоводот во Куманово Локалните власти од Куманово ја започнаа изградбата на гасоводниот систем. Во централното градско подрачје веќе се работи на поставување на главната гасоводна цевка чија должина ќе изнесува 1000 m2. Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски вели дека изградбата на овој дел од гасоводниот систем ќе биде готов до април годинава. Се планира до крајот на годината да се изградат околу 20 km од гасоводниот систем. Гасоводната дејност во градот ќе се одвива преку Јавното комунално претпријатие чија регистрација е во тек, а основач е Општината Куманово. повеќе... Голем интерес за изградба на хидросистемот "Злетовица" За изградба на цевководите од хидросистемот "Злетовица" до Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово се заинтересирани 16 градежни компании. повеќе...

Опозицијата бара Министерство за енергетика Македонија воопшто нема стратегија кога станува збор за секторот енергетика, а пристапот на Владата е исклучително несериозен, рече Спире Мавровски на вчерашната комисиска расправа во Собранието, за Предлогот за донесување закон за енергетика. повеќе...

[email protected]

Page 4: 34 infomacef

ИНФОМАЦЕФ 34 Страна 4

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e-mail: [email protected]

www.macef.org.mk

[email protected] www.eko.net.mk

Новости од другите земји

Енергетски НАТО Полска и предложи на Европската унија (ЕУ) да склучи „енергетски НАТО“ што би функционирал на принципот „сите за еден, еден за сите“, а поради проблемите со испорака на рускиот гас во спорот со Украина, објави полскиот печат. Енергетскиот НАТО, според полскиот дневник „Газета Виборча“, е идеја на полскиот претседател Лех Качински, а стручњаците на Министерството за стопанство ги прецизираат деталите на предлогот што би требало да се заснова на заедничко усогласување на гасот, како и доградба на постоечки и изградба на нови гасоводи. повеќе...

ЕУ за алтернативни извори на енергија Ова е едногласна оценка на министрите на енергетика на државите-членки на ЕУ, кои неделава, имаа итен состанок за изнаоѓање решение на драматичната ситуација со намалување на испорака на гас, како резултат на спорот меѓу Русија и Украина. Станува збор за проект што предвидува преработка на органски отпад од домаќинствата и биомаса од посевите, до мерка кога се добива биогас за употреба во транспортот. повеќе...

Европа размислува за нуклеарки Енергетските стручњаци најавуваат дека Европа веќе во 2008 година ќе се соочи со недостиг од електрична енергија, а поради тоа и со редукции. Затоа Европската Унија почна да го преиспитува својот став кон омразената нуклеарна енергија. повеќе...

„Булгар-гас" ја одби руската промена на цената на гасот Софија, 12 јануари - Бугарската државна компанија "Булгар-гас" вчера го одби барањето на руската фирма "Гас-експорт" за промена на цената на природниот гас во нивниот десетгодишен договор. "Булгар-гас" го одби и барањето за промена на условите и надоместот за транзитното користење на гасоводот преку бугарска територија за Македонија, Турција и Грција. повеќе...

Пролонгирање на законот за Енергетски Ефикасни објекти Само 10 од вкупно 25 земји членки на ЕУ го исполнија крајниот рок (4 јануари 2006) за донесување на закон кој ќе ги третира директивите за енергетските перформанси на објектите донесени во 2003 година. повеќе...

Нов метод за складирање на Водород Научници од Техничкиот Универзитет од Данска пронајдоа нова технологија која ќе биде важен исчекор кон идната употреба на водород како енергенс. Во капсулите може ефикасно, евтино и безбедно да се складира водород. повеќе...

Бугарија донесе НАП Бугарија донесе Национален акционен план (НАП) за 2007 година, тој ќе покрие 173 инсталации што претставува 80% од вкупните емисии на CO2 од 2002 до 2004. повеќе...

Земјите од ЕУ ги занемаруваат плановите за Енергетска Ефикасност Земјите членки на ЕУ не покажуваат интерес и идеи во битката за подобрување на енергетската ефикасност и може да го намалат интересот за зајакнување на мерките за намалување на потрошувачката, изјави советникот на претседателот на Европската комисија за енергија Андрис Пибалгс.

повеќе...

ЕК промовираше нова стратегија Европската Комисија промовираше нова стратегија за урбана животна средина за да им помогне на регионалните и локалните власти да ги подобрат енергетските перформанси на Европските градови. повеќе...

Корисни web-адреси http://oee.nrcan.gc.ca/communities-government/idling.cfm http://www.mobilityweek-europe.org/ http://www.energie-cites.org/ http://www.est.org.uk/ http://www.unfccc.org.mk/ http://europa.eu.int/comm/energy/index_en.html

Манифестации Конференција на Balkan Power 6-та Конференција на Balkan Power ќе се одржи од 31 мај до 2 јуни 2006 во Охрид, Р.Македонија. Повеќе информации на www.balkanpower.org.

Енергетска Ефикасност '06 Интернационален конгрес и изложба за Енергетска Ефикасност и Обновливи извори на енергија 8 до 10 март 2006 Национална Палата на Културата во Софија, Бугарија повеќе...

Заштитни мерки за безбедна работа на гасоводи (8 и 9 март 2006 во Хаг) Холандското Министерство за домување, просторно планирање и животна средина (VROM) ќе организира работна средба за примена на заштитни мерки за безбедна работа на гасоводи. Состанокот ќе се одржи во Хаг на 8 и 9 март 2006. Работната средба ќе биде организирана под патронажа на Индустриската конвенција за несреќи и конвенција за водата на Комисијата за економија во Европа при Обединетите Нации (UNECE). повеќе...

Во периодот од 08-03-2006 до 10-03-2006 во Софија, Бугарија ќе се одржи вториот меѓународен конгрес на тема "Енергетска Ефикасност и обновливи извори на енергија ". повеќе... програма...

Европска конференција за Енергетска Ефикасност 2-3 март 2006, Wels, Австрија На конференцијата ќе се разгледуваат економски, технички, политички и институционални прашања поврзани со Енергетската Ефикасност, со посебен акцент на тоа како јавните институции, приватните објекти и компании можат да ги намалат трошоците за енергија а во исто време да ја заштитат животната околина и климата повеќе…

Уредник: Проф. Д-р К. Димитров Центар за енергетска ефикасност на Македонија Тех. Секретар. А.Манчевски, Н. Парапунов 3а/52 1000 Скопје Тел. 02 3099 216, факс: 02 3061 013 e-mail: [email protected]