ЕГИПЕТ

20
Вовед Уметноста во Египет привлекува и повикува со својата мистичност и магична убавина, а големите и масивни градби оставаат без здив, едноставно, како успевале во тоа време без услови како денес и со каква упорност успеале да остават вечна трага во историјата. Египетската култура уште од најстарите времиња се издвојува од уметноста на останатите цивилизации со своите културни обележја, уметнички споменици, како и најразлични градби кои во тој период биле користени во секојдневниот живот, но со текот на времето прераснале во големи уметнички дела. Овие дела приближуваат до далечно време, кое пленува со својата магичност. Гробниците, огромни планини од камен кои биле градени долг временски период, со години и години, на кои што работеле илјадници робови во текот на целиот свој живот, посветени само за една личност – владетелот, само за да му обезбедат богат и раскошен живот и после смртта, прават човек да остане без зборови. Храмовите, величествено соединување на градежништвото и природата, расфрлени низ Египет, овие структури направени од најцврсти материјали и гранит, исцртани и испишани хиероглифи на нив ја прикажуваат големата посветеност на египјаните и нивните владетели кон религијата и божествата во кои тие верувале. Тие

Upload: kristina-kochovska

Post on 07-Nov-2014

29 views

Category:

Documents


7 download

DESCRIPTION

египетски фараони

TRANSCRIPT

Page 1: ЕГИПЕТ

Вовед

Уметноста во Египет привлекува и повикува со својата мистичност и

магична убавина, а големите и масивни градби оставаат без здив, едноставно,

како успевале во тоа време без услови како денес и со каква упорност успеале да

остават вечна трага во историјата.

Египетската култура уште од најстарите времиња се издвојува од уметноста

на останатите цивилизации со своите културни обележја, уметнички споменици,

како и најразлични градби кои во тој период биле користени во секојдневниот

живот, но со текот на времето прераснале во големи уметнички дела. Овие дела

приближуваат до далечно време, кое пленува со својата магичност.

Гробниците, огромни планини од камен кои биле градени долг временски

период, со години и години, на кои што работеле илјадници робови во текот на

целиот свој живот, посветени само за една личност – владетелот, само за да му

обезбедат богат и раскошен живот и после смртта, прават човек да остане без

зборови.

Храмовите, величествено соединување на градежништвото и природата,

расфрлени низ Египет, овие структури направени од најцврсти материјали и

гранит, исцртани и испишани хиероглифи на нив ја прикажуваат големата

посветеност на египјаните и нивните владетели кон религијата и божествата во

кои тие верувале. Тие претставуваат вистински домови каде што боговите

престојувале кога се на земјениот свет.

Египетската култура воопшто, нејзините културни обележја, архитектура,

уметнички дела и многу друго, се подлежни на разни испитувања и истражувања

подолг временски период, со цел подобро да се согледа начинот на живеење на

луѓето и нивното дејствување во тоа време. Овие истражувања ни ја

приближуваат културата, а воедно и уметноста која на свесен или несвесен начин

се создавала со текот на времето. Египетската цивилзиација бележи огромно

Page 2: ЕГИПЕТ

вековно творештво кое може да придонесе не само во уметноста, туку и во сите

останати науки воопшто.

Разбирањето на уметноста преку историски пласман на визуелните

уметности е токму главната задача на историјата на уметноста. Само преку неа

можеме, поблиску да се приближиме на размислувањето и животот на луѓето во

тоа време и да ја прочитаме нивната порака. А како што можеме да забележиме,

во Египет главна идеја била вечноста. Историјата на уметноста ни покажува дека

египетската уметност и не е толку променлива, односно тие разлики ги одржуваат

промените во верувањата и традициите на кои луѓето се придржувале во

споредба со развојот на нивниот живот.

Значењето на фараоните во Египет

Денес ние ја гледаме Египетската уметност во музеи или книги и други

медиуми. Она ние што денес го гледаме како уметност во тоа време служело само

за потреба и тоа најчесто религиозна. На пример, храмовите биле декорирани со

цртежи полни со Богови или фараони за кои се верувало дека им служат на

боговите. Со ова тие мислеле дека им укажуваат почит на фараоните и го

одржувале „редот во универзумот“. Египјаните носеле накит не заради декорација

туку мислејќи дека тие ги заштитуваат од различни лоши влијанија. Исто така тие

ги закопувале мртвите со се накит за да ги штити во подземниот свет. Повеќето од

старите египјани воопшто не можеле да ја видат таа уметност бидејќи само

високите свештеници и елитата имала пристап во храмовите. И покрај тоа,

уметноста се развивала во обичните гробници. Вака, „мртвите и боговите можеле

да им се восхитуваат на цртежите. Најраните предмети кои се пронајдени говорат

дека биле користени обработки на коски, камен и керамика. Тие ги обработувале

коските од различни птици или животни и правеле разни форми кои наоѓале

примена најчесто како накит. Исто така, древните Египјани добро ја обработувале

земјата и биле добри занаетчии - керамичари. Одовде, се познати како добри

2

Page 3: ЕГИПЕТ

декоратори на различен вид на керамика, а подоцна како големи мајстори во

обработката на камен.

Познато е дека Египет претставува земја на фараоните, односно нивното

создавалиште, нивниот центар, нивната душа...Дел од животот на овие господари

е познат за јавноста, но се претпоставува дека голем дел од вистините и

историјата која се случувала во Древниот Египет останува закопана длабоко во

песокот на пустините.

Фараоните никогаш не дозволувале да им се гледа косата. Тие секогаш

носеле круна или накит на главата наречен немес, познатата декорација за глава

според златната маска на Тутанкамон.

Во секој храм во Египет, фараонот требало да ги извршува должностите на

висок свештеник, но обично оваа функција се оставала на главниот свештеник.

Да започнеме со фактот дека фараонот претставувал апсолутен владетел

на земјата, кој имал целосна контрола врз земјата и нејзините ресурси. Исто така,

тој бил на чело на правниот систем и бил одговорен за одржувањето на редот и

мирот.

Владеењето на фараоните се засновало врз божественото право на кралот.

Пред Новото Кралство, тие претставувале духовни посредници помеѓу Боговите и

луѓето. На пример, Египќаните верувале дека секој човек е создаден од физички и

психички аспекти, односно дека освен сопственото тело секој човек има сенка,

душа, животна сила и име. Срцето, повеќе отколку мозокот се сметало за седиште

на мислите и чувствата. По смртта, духовните аспекти излегувале од телото и

можеле да се движат, во потрага по друго тело или статуа како нов дом. Крајната

цел на починатите била повторно да се соединат со нивната душа и животна

сила, да станат благословени и да продолжат да живеат ефективо. За да се случи

ова на починатите требало да им се суди, при што нивното срце го мерел таткото

на правдата. Доколку тој одлучел дека има заслужено, починатиот можел да

продолжи со своето постоење во духовна форма. Во гробовите на фараоните

имало огромни количества на богатства и злато, како златни маски од мумијата на

3

Page 4: ЕГИПЕТ

Тутанкамон. Посмртната маска на Тутанкамон била направена од чисто злато и

вгравирано обоено стакло со полускапоцени камења. Висока околу 54 см, јасно

укажува на посмртните ритуали на староегипјаните. Исто така, во неговиот гроб е

пронајдена и позлатена статуа на божицата Серкет.

Спротивно на популарните верувања, пронајдените остатоци од костури на

градителите на пирамидите, биле всушност на жители од Египет, кои најчесто

биле во постојан работен однос за фараонот. Графитите укажуваат на тоа дека

некои од работниците се гордееле со нивната работа и своите тимови ги

именувале со најразлични називи, што означувале поданици на фараонот.

Исто така, важно е да се напомене каде биле погребувани фараоните.

Фараоните биле погребувани во пирамидите. Поворката која го носела фараонот

се упатувала кон северниот дел на пирамидата каде имало еден мрачен тунел.

Тој бил толку низок, што носачите морале да ја наведнат главата, додека го

вовлекувале ковчегот внатре. Тесниот премин бил мрачен и ладен, а воздухот

задушлив. Звукот од чекорите и пеењето на главниот свештеник биле многу

погласни поради ехото што се создавало меѓу мазните ѕидови. Светлината

доаѓала од факлите, а наоколу се чувствувала и силна миризба од маслата кои

горат. Преминот водел надолу длабоко во средиштето на пирамидата.

Носачите го носеле ковчегот низ друга влезна врата право во погребната

одаја. Во средината на погребната одаја се наоѓал прекрасен каменен ковчег

покриен со златни лисја. Тоа, всушност бил саркофагот.

4

Page 5: ЕГИПЕТ

Во погребната одаја се оставале многу скапоцени предмети. Поради

стравот дека ќе влезат крадци, внатрешните простории на пирамидите биле

добро прикриени, за да не можат крадците да ги октријат. Кога погребната поворка

ќе заминела, еден камен се спуштал надолу за да го затвори влезот на

погребната одаја. Последниот свештеник, заминувајќи ги покривал трагите.

Тајната на пирамидите

Постојат многу прашања поврзани со пирамидите. Кога се градени, како се

градени, кој ги изградил итн. До сега се пронајдени 67 комплетни и 25

некомплетни пирамиди. Најголемата е Кеопсовата пирамида висока 137 метри и

составена од околу милион блокови кои се тешки од 2 – 5 тона. Во нив биле

погребувани фараоните, па денес скоро сите се ограбени.

Кога почнале да се грдат пирамидите, Египет бил на врвот на својата моќ

под управа на фараонот Џозер. Во неговото време се појавува една исклучителна

личност која историјата ја бележи како Имотел. Историските факти укажуваат дека

Имотел не припаѓал на фараоновото семејство, туку наеднаш се појавува во

неговото владеење. Историските извори бележат дека Имотел бил човек со

исклучителни способности и таленти.

Во текот на владеењето на фараонот Џозер живеел Имотел, кој ги водел

работите на владарот на Египет. Бил негов заменик и управител со големата

палата, бил голем свештеник, градител, скулптор. Имотел ја воспоставил

вештината на делкање камен и поседувал лекарски способности.

5

Page 6: ЕГИПЕТ

Египетските извори велат дека Имотел во воспоставил градењето на

пирамидите во Египет и прва пирамида која е изградена е степенаста пирамида.

Историските извори бележат што му се случило на Џозер. “ Во сон ми се јави

богот на Нил и ми вети дека Нил ќе дава вода, но најпрво ќе има седум

години на глад, а потоа седум години на изобилие. “ Постои уште Библијата

( 1 Мојс. 41.29,30 ).

“ Го прашав Имотел кој беше син на богот Пта каде се раѓа Нил ? Кој

е вистинскиот бог ? Имотел одговорил ” Потребно е да го прашам бог

кој владее над се што е живо. ( богот Пта во Египет е врховен бог кој ги

создал сите други богови ).

Историскиот извештај продолжува со фараонот “ Му ветив на богот

Кнум, дека сиот народ, освен свештениците во храмот ќе плаќаат порез

во износ од една петина од својата жетва. ”

6

Page 7: ЕГИПЕТ

Огромни силоси за складирање на жито

Египетската историја бележи дека Имотел бил свештеник во градот

Хелиополис, кој всушност е градот Он за кого во Библијата е кажано дека Јосиф

се оженил со ќерката на свештеникот во Он.

Кога археолозите го пронашле местото на погреб, пронашле многу садови

со печат на фараонот Џозер што значи дека тој тука бил погребан и Имотел –

Јосиф. Кога го отвориле ковчегот, го немало телото.

Впечатлива е и положбата на овој ковчег. Познато е дека фараоните се

погребувани во правец на изгрејсонце, затоа што се поклонувале на сонцето како

божество. Меѓутоа овој ковчег бил свртен спрема север, спрема Хананската земја

која Бог им ја ветил.

Од тука можеме да заклучиме дека Јосиф бил голема личност од

Египетската историја означен како Имотел, која започнала со изградба на

пирамидите. Првата пирамида имала цел, складирање на жито а потоа

фараоните правеле пирамиди како свои гробници.

7

Page 8: ЕГИПЕТ

Сфингата – најфасцинантното митолошко суштество

Сфинга – митолошко чудовиште со глава на жена, тело на лав и крила на

птица е ќерка на стоглавиот џин Тофон и неговата страшна жена Ехидна.

Сфингата е едно од најстарите митолошки суштества кое го создала човечката

фантазија и уметноста.

Во грчката митологија Сфингата стигнува од Исток а на создавање на

нејзиниот лик најверојатно влијаело асириско – вавилонските кипови на крилата

бикови со човечки а сособено киповите на древните египетски владетели

( фараони ). Имено древните Египјани своите владетели воглавни ги прикажувале

во лавовски облик, односно како лав кој се одмара. Древните Египјани тие кипови

ги нарекуваче Сесхеп. Главата на Сфингата задолжително била покриена со

кралски вел и украсувана со долга коса како симбол на моќ и убавина. Додека

Сфингата кај древните Египјани прикажува скоро секогаш машка личност кај

древните Грци Сфингата секогаш преставувала женски суштества и земала

женски облици, па како таква, како жена симбол на таинственоста и погубност.

Мистеријата за сфингата

Дали некогаш сме се запрашале што значи Сфингата? Се состои од

човечка глава ( знакот на Водолија ), биста бик ( знакот на Бик ), Орловски крилја

( знакот на Скорпија ) и заден дел ( знакот на Лав ). Сфингата содржи во себе

природен и астролошки принцип, четири клучни знаци на зодијакот, од кои што

секој преставува една четвртина од животот, едно годишно доба и друштвено

уредување ( четири елементи: воздух, вода, оган и земја ).

8

Page 9: ЕГИПЕТ

Бикот ја симболизира пролетта, детството, првобитното доба и

друштвеното уредување, задоволување на примарните биолошки инстикти. Лавот

го преставува летото, младоста, сјајот и блесокот на царството и кралството.

Крилата на орелот во себе го содржат знакот на Скорпијата, есента, војната,

смртта. Ликот на орелот се наоѓа на знамињата и грбовите на некои држави.

Човечката глава симболизира старост, зима. Големата сфинга, покасно статуа на

богот Хармакиш, се уште ја крие вистината во себе. Се претпоставува дека ја чува

пирамидата – гробницата на фараонот. Тоа го дознаваме од плочата која што е

дел од монументот, подигнат 1400 - тата година пред новата ера, со намера да ја

чува земјата на мртвите. Арапските писатели ја опишувале сфингата како око на

ужасот. Еден од нив Abd al Latif, пишува дека за сфингата не треба да се зборува

лошо, бидејќи тоа може да предизвика зло.

Плиние ја нарекол Сфингата “маѓичната тишина”. После посетата на

Сфингата, Плутарх напишал: “Не успеав да ја одгонетнам мистеријата на

Сфингата, туку само ја насетив. Таа содржи знаење.” Некогаш Сфингата имала

чувари и свештеници кои што ги викале чувари на смртта и вистината, но тие

можеби постојат и денес. Некогашните чувари имале магична моќ, бидејќи знаеле

да го сватат “говорот” на Сфингата, бидејки таа ги најавувала вестите и

9

Page 10: ЕГИПЕТ

пророштвата кои што свештениците во транс ги запишувале во тајност, на

папируси кои што можел да ги чита само фараонот. На темелот на тие записи,

фараоните го создавале државното уредување на Египет, ги напишале законите и

одредбите.

Според преданието, пред околу 1400 години пред новата ера, еден млад

принц, уморен од лов, седел на песекот пред пирамидата за да се одмори. Опиен

од убавината на тој крај, младиот принц се вратил и ги положил целите во чест на

египетскиот бог Хорус, заштитник на земјата и небото. Младиот принц барал од

богот Хорус, да ископа песок од местото каде што се наоѓала Сфингата, а за

возврат му ветил дека ќе стане фараон. Младичот го направил тоа што го

замолил Хорус и за кратко време тој постанал фараон Tuthmosis IV.

Сфингата не треба со ништо да се навредува, ниту да се оштети, бидејки

тоа ќе предизвика проклетство која што таа го чува. Наполеновата војска ја

бомардирала Сфингата со топови и и го оштетила ликот.

После ова се случила несреќа која што засекогаш го закопала сонот на

Наполеон за големо царство и слава – преку Египет, Наполеон сакал да дојде до

далечната Индија, и по пат да ги освои сите земји и од нив да создаде едно

големо царство. Со помош на племе убици, Наполеон со својата војска го

масакрирал населението. Наполеон умрел сам, болен, во егзил. Наполеон II и

Наполеон III се родиле тешко болни и никакви лекови не ги спасиле. Умреле во

прогонство во странска земја, под тешки услови без љубов. Иста судбина го

снашла и Наполеон IV. Тој оздравел од светата вода од Лурд, кој што на неговата

мајка го донела една дворска дама, но умрел во прогонство сам. Проклетството

на сфингата престанало со последната лоза на Наполеон.

Кеопсовата пирамида

10

Page 11: ЕГИПЕТ

Големата пирамида или Кеопсова пирамида е феномен кој со својата

појава непрестанато не изненадува и стално враќа на почеток на

размислувањето. Кои сме ние? Каде е границата на човечкиот, а каде на

господoвиот почеток? Кој го поседува уникатното знаење за геометријата и

нејзиното постоење? Од каде доаѓа таа на Земјата?

Пирамидата е точно поставена спрема страните на светот. Таа се наоѓа во

центарот на Земјината маса. Меридијанот кој што поминува низ Гиза го дели

морето и континентите на Земјата на два дела со еднаква големина. Овој

меридијан е најдолгиот меридијан кој што се протега од Север на Југ и преставува

нулта точка за мерење на должината на Земјината топка. Аглите на пирамидата

го делат регионот на делтата на реката Нил на две исти половини. Пирамидата е

совршен геодетски стожер и точка на правец. Трите пирамиди од Гиза се

изградени со помош на Питагориниот триаголник, во сразмер 3:4:5.

Односот помеѓу висината и обемот на пирамидата одговара на односот

помеѓу пречникот на кругот и обемот на кругот. Со помош на пирамидата може да

се пресмета волуменот на кругот и неговата површина. Таа е споменик на

квадратурата на кругот.

Пирамидата е џиновски песочен часовник. Сенките која што таа ги создава

од средината на Октомври па до почетокот на Март ја прикажуваат годишната

сезона и должината на годината. Должината на камените плочи кои што се

11

Page 12: ЕГИПЕТ

наоѓаат околу пирамидата, одговораат на должината на сенката во еден ден. Со

набљудувањето на сенката на камените плочи може точно да се одреди

должината на годината на 0,2419 делови.

Нормалната должина на квадратната основа дава 365,342 египетски

лактови. Бројот е идентичен со бројот на денови од тропската сончева година.

Растојанието на големата пирамида од средината на Земјата е исто така и

растојанието од Северниот пол и со тоа одговара на растојанието од Северниот

пол па до средиштето на Земјата.

Ако основната површина се подели на два пати, тогаш се добива бројот

Pi = 3,1416. Вкупната површина на четирите страни на пирамидата одговараат на

квадратурата на висината на пирамидата.

Врвот на големата пирамида се поклопува со Северниот пол, и нејзиниот

обем одговара со должината на екваторот, а додека пак врвот и обемот се

сразмерно оддалечени еден од друг. Секоја страна од пирамидата која што е

измерена одговара на четвртина од секторот на северната полутопка или

кавадратура на сферата од 90 степени. Нагибниот агол на големата пирамида

исто така е подесен од пладневното сонце до крајот Февруари, па до половината

на Октомври да не прави никаква сенка. Тоа има своја причина: богот на сонцето

Ра им дал знак на луѓето.

Доаѓањето на нов Бог во Египетската митологија

Египетската митологија (или египетска религија) опфаќа различни

религиозни верувања и ритуали кои се практикувале во древен Египет, од

преддинастичкиот период, па сè до прифаќањето на христијанството. Не постоела

една единствена религија во древниот Египет, туку тоа биле различни локални

култови посветени на конкретни божества. Повеќето од нив биле фокусирани на

12

Page 13: ЕГИПЕТ

обожување на едно божество, иако го прифаќале постоењето и на други

божества, па оттаму египетската религија често се смета за политеистичка.

Постојат и кратки периоди во кои владеел монотеизмот.

Христијаните ја нарекувале египетската религија паганизам, а овој термин

се користел и од следбениците на Кенетизмот, модерна реконструирана форма на

древната египетска религија.

Аменхотеп IV доаѓа на престолот во 1379 година п.н.е. во вообичаениот

обред кој бил познат за Амоновиот култ, дури и името Аменхотеп значи Амон е

задоволен.

Меѓутоа, новиот фараон особено го обожавал Сонцето. Амонхотеп во

Амоновиот храм во Карнаку почнал да поставува споменици посветени на Атонот.

Како фараоновиот религиски жар се зголемувал, тој почнал да ги затвара

Амоновите храмови и да ги прогонува свештениците. Името Бог го избришал од

спомениците низ целата земја, а Аменхотеп одлучил да го земе новото име

Ахенотом. Не биле распуштени само култовите на Амон, туку биле отфрлени и

култовите на другите древни богови :

13

Page 14: ЕГИПЕТ

- Изиде

- Озириса

- Хоруса

- Тота

На сметка на групите богови кои истовремено постоеле во Египетската

цивилизација, Ахенатон го наметнал монотеизамот – верување во едно општо

божество.

Силата на фараонските верски убедувања покажуваат на некој вид лично

откривање. Зачуваната голема химна од тоа време, која можеби ја составил

Ахенатон го открива свежиот поглед на светот.

Заклучок

Египет...земја далеку поразлична од другите...мистична, таинствена,

едноставно своја уште од самиот почеток...земја во која религијата, културата,

божествата, поклонувањето пред претпоставените се изразени уште од

дамнешните времиња.

Египет е земја која има голема и опширна историја. Таа е единствена во

светот која се до денес не е целносно откриена и прикажана за јавноста. Токму

заради својата мистериозност и денес претставува огромна атракција како за

истражувачите и археолозите, така и за туристите.

Пред се можеме да заклучиме дека најбитни зданија во Египет биле

храмовите, гробниците и палатите. Храмовите служеле за ритуали кон боговите,

гробниците за посмртните останки на кралевите и фараоните, а палатите биле

места каде што живееле фараоните. Предноста на овие градби е тоа што не биле

конвенционално градени во населените места, туку некои од нив, како и

14

Page 15: ЕГИПЕТ

пирамидите биле оддалечени и градени во самата пустина која им овозможила

долг животен век.

Пирамидите биле неверојатни зданија и едно од седумте сведски чуда.

Денешната архитектура не може да ја открие тајната на издржливоста на

пирамидите ниту пак да направи таква конструкција како нив. Се претпоставува

дека пирамидите настанале од надземните гробници мастаби кои степенасто

биле издигнувани нагоре за подоцна овој метод да се усоврши и да се направат

гробници кои биле совршено заштитен дом за мртвиот. Мора да го спомениме и

карактеристичниот облик на храмовите кои биле место во кое живееле

свештениците и ги извршувале светите обреди. Храмовите поседуваат

специфична градба која изобилува со столбови посебно декорирани. Исто така во

внатрешноста се појавуваат високи камени структури наречени обелискови на кои

се испишувале молитви и слично. Каменот бил основно средство во

архитектурата, но некои врзни елементи до ден денес не се познати.

Храмовите биле место на боговите и затоа биле добро заштитени со

ѕидини од надворешниот свет. Обично се граделе во правоаголна форма со влез

од страната на реката Нил. Потоа во внатрешноста се наоѓал Хипостилестиот хол

со високи столбови кој завршувал со светата соба во која се чувала статуата на

богот на кој му се восхитувале.Интересно е да се напомене дека влезот на

обичните граѓани им бил забранет бидејќи храмот се сметал за исклучително

свето место и хиерархиски бил поделен така што во првите делови можеле да

одат само некои но во светата соба можел да врши обреди само највисокиот

свештеник.

Исто така од другите градби би ги посочиле Фараоновите палати. Овие

палати се градени со тули од мил од реката Нил па не се многу зачувани денес.

Палатите биле место каде фараонот ги извршувал неговите ритуали. Иако

фараонот бил човек од крв и месо, се верувало дека тој има боженствени

способности и дека неговата душа се пренесувала од колено во колено.

15