импрес

20
Проект на НАУК при ООУ " Кирил и Методиј" Свети Николе Тема Научни истражувања Наслов; Како бојадисувале нашите предци?

Upload: nikoletka-paneva

Post on 16-Jul-2015

118 views

Category:

Documents


5 download

TRANSCRIPT

Page 1: импрес

Проект на НАУКпри ООУ " Кирил и Методиј"Свети Николе

Тема Научни истражувањаНаслов; Како бојадисувале нашите предци?

Page 2: импрес

Членови на тимот:

Тричковска Матеја Славевски Петар Арсовска Драгана Здравев Виктор Сандева Теона Стојанова Ева Петков Нлагој Станојков Даниел Владимиров Ѓорѓија

Page 3: импрес

Вовед

На часот по општество работевме истражувачки активности од темата Република Македонија во светот- наставна

содржина Културното наследство користејки го методот Web Quest .Повеќето истражуваа за народните носии и везови.

Големата љубов кон народните ракотворби и носиите за кои не може да се каже кога се изработени., каде се не се чувани,

минималната грижа за нив од наследниците - оставени во заборав, но сепак опстојале со својот сјај на боите.

Токму споредбата на боите со денешниот текстил не поттикна да истражуваме и да дојдеме до сознанија Како? На кој

начин? Од што? ги подготвувале боите и го бојадисувале волненото и памучното предиво,платно и јајцата

за Велигден.

Page 4: импрес

Заклучивме дека до сознанија можеме да дојдеме преку интервју со постари луѓе на кои потеклото им е од некое село.

Подготвивме прашања за интервју

1.Од што се добиваат природните бои?Која е постапката за правење на природните бои?

Која е разликата на овие бои со боите кои ги користат во бојаџилниците?

На 19. 04 . 2011 год. го спроведовме интервјуто со баба Лена и дедо Стојан во нивниот дом дознавме кој е одговорот на

нашето прашање Како бојадисувале нашите предци?

Петар го среди видео клипот и на 23 . 04.2011 год . по часовите го гледавме и ja дознавме постапката за добивање на природни

бои.

Истражувачки активности

Page 5: импрес

Запишавме се што ни е потребно за работа

Page 6: импрес

Потребно ни е;плинско, лончина, цедалка, термус со врела вода,мали шишенца од сок,

инка , пластични канчња,волнено и памучно предиво и платно, послужавници, лушпи од ореви, лисја или кора од јасен, лушпи од кромид,

коренчиња расад од пипер ипатлиџан,трева брок,трева млечка,лисјаодорев, комење, каре боја( почва богата со железо), модар

камен, вилушки, ладна веода,салфета, фотоапарат, кибрит, компјутер, фломастери, лепак, ножици;

Page 7: импрес

Подготвивме упатство за работа

Постапка за добивање на природни бои Природните материјали се ставаат во сад, се посипуваат со

вода и се остаават 2 до 3 дена да постојат,а потоа се става на оган и се врие додека течноста не добие темна боја

Се вадат природните материјали и во течноста се става предивото или сплетената облека и пак се врие се додека не

се добие посакуваната боја.Се трга од оганот,се остава да олади ,се вади предивото ,се засушува,а потоа се пери.

Си поделивме активности и започнавме со експериментирање.

Page 8: импрес

Драгана од стебла пипер доби прекрасна ЗЕЛЕНА БОЈА со која го бојадиса парчето плетено од волна.

Page 9: импрес

МАТЕЈА од кората на јасен со додавање на каре боја во врелата течност доби црна боја и ја употреби за

бојадисување на шалчето и капата на нејзината омилена кукла.

Page 10: импрес

Виктор од стеблато и лисјата на патлиџан со додавање на каре боја доби сива боја.

Page 11: импрес

Ѓорѓија лушпите на кромидот ги искористи и направи портокалова боја со која го бајадиса своето предиво.

Page 12: импрес

Теона јатката од искршените ореви ги подели со нас и ги изедовме,а од лушпите доби кремаста боја .

Page 13: импрес

Ева експериментираше со лушпи од бадеми и ја доби кафената боја

Page 14: импрес

Даниел од коренот на тревата Броќ доби црвена боја во која предивото може да се бојадиса во повеќе

нијанси.

Page 15: импрес

Благој од тревата млечка доби жолта боја

Page 16: импрес

Од лисјата на орев Петар доби прекрасна зелена боја

Page 17: импрес

Добивме многу бои и со нив бојадисувавме

Page 18: импрес
Page 19: импрес

РЕФЛЕКСИЈАСо реализацијата на овој проект ,преку истражувачки активности

научивме за добивањето на природните бои со кои бојадисувале

нашите предци.Но задоволството беше поголемо кога и ние со експериментирање

успеавме да добиеме многу бои и со нив бојадисавме волнено предиво.

Page 20: импрес