фотосинтеза

11
Фотосинтеза Фотосинтезата e процес во кој растенијата создаваат храна. Во него, од неоргански соединенија (јаглерод диоксид , вода и минерални соли ), со помош насончевата светлина и хлорофилот (кој го има само во растителните клетки ) се синтетизираат органски соединенија (јаглехидрати , белковини , липиди итн.), кои се неопходни за исхраната на растението. Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението, т.е. во оние клетки кои содржат хлоропласти (во кои се наоѓа хлорофилот). .

Upload: valentinastanoevska

Post on 27-Jul-2015

133 views

Category:

Documents


9 download

TRANSCRIPT

Page 1: фотосинтеза

Фотосинтеза

Фотосинтезата e процес во кој растенијата создаваат храна. Во него, од 

неоргански соединенија (јаглерод диоксид, вода и минерални соли), со помош насончевата светлина и хлорофилот (кој го има само во растителните клетки) се синтетизираат органски соединенија (јаглехидрати, белковини, липиди итн.), кои се 

неопходни за исхраната на растението. Фотосинтезата се одвива само во зелените делови од растението, т.е. во оние клетки кои содржат хлоропласти (во кои се наоѓа хлорофилот).

.

Page 2: фотосинтеза

Фотосинтеза

Page 3: фотосинтеза

ХлоропластиХлоропласт е органела која се среќава само кај растенијата, и тоа во нивните зелени делови. Во 

неа се содржи хлорофилоти се одвива фотосинтезата.Таа во себе содржи хлорофил 

(зелена материја) која ја впива сончевата енергија и со тоа ја почнува фотосинтезата т.е. процесот во кој растителната клетка од јаглерод диоксидот и водата создава шеќер - скроб и кислород.

Page 4: фотосинтеза

Хлоропласти

Page 5: фотосинтеза

РастенијаРастенијата или билки се многуклеточни автотрофи (многу мал број се хетеротрофи, како на пример некои паразитскирастенија) што обично живеат прикрепени на почвата. Тие сочинуваат посебно царство - Plantae (порано познато и какоVegetabilia). Најраните фосили од растенија се од почвени, т.е. васкуларни растенија. Фосилните и биохемискитеистражувања укажуваат на тоа дека 

растенијата еволуирале од многуклеточни зелени алги. Генерално, растенијата се делат на неваскуларни (оние кај 

кои ситестите клетки не содржат лигнин и кај кои отсуствува спроводен систем - кисилем и флоем) 

иваскуларни (оние кај кои ситестите клетки содржат лигнин и имаат ксилем и флоем). Науката што ги проучува растенијата се нарекува ботаника (или многу поретко 

нарекувана и фитологија).

Page 6: фотосинтеза

Растенија

Page 7: фотосинтеза

СкробСкроб или нишесте — (C6H10O5)n — растителен полисахарид. Претставува основен резервен шеќер кај растенијата, односно депо на глукоза и нејзин полимер. Постојат два основни видови на скроб, кои во скробните зрна се заедно:

Скробни зрна видени со поларизационен филтер, зголемени 800 пати. Тие се оптички активни.

Амилоза, која се состои од линеарни и неразгранети ланци од неколку илјади глукозни единици. Овие единици се поврзани со гликозидна врска помеѓу нивните 

први и четврти јаглеродни атоми.Амилопектин, кој се разликува од амилозата по тоа што има многу разгранета структура. На приближно секоја тринаесетта глукозна единица во ланецот е 

прикачен краток страничен ланец преку гликозидна врска на 6 С-атом (јаглеродот над прстенот). Вкупниот број на глукозни единици во еднамолекула на 

амилопектин изнесува неколку илјади.Скробот е нерастворлив во вода. Растенијата го претвораат вишокот од глукоза во скроб. Пред скробот да влезе (или да ги напушти) клетките, тој мора да биде 

дигериран. Хидролизата на скробот се одвива со помош на ензимите амилази. Во присуство на амилаза (како што е панкреасната амилаза), водните молекули 

навлегуваат во 1 -> 4 врските, цепејќи го ланецот и произведувајќи мешавина од глукоза и малтоза (претходно се добиваат меѓупродуктидекстрини). Друг тип на 

амилаза е потребна за да се раскинат 1 -> 6 врските на амилопектинот.

Page 8: фотосинтеза

Скроб

Page 9: фотосинтеза

Јаглероден диоксидЈаглероден диоксид (хемиска формула: CO2) — хемиско соединение составено од два кислородни атоми и еден атом најаглерод. Тоа е гас при стандардни услови за температура и притисок и во таа 

состојба го има во земјината атмосфера.Јаглеродот диоксидот е гас без боја и мирис. Потежок е од воздухот и не гори. Овие својства на јаглеродниот диоксид се причина тој да се употребува за гаснење на пожари. Јаглеродниот диоксид малку 

се раствора во вода при што реагира со неа образувајќи јаглеродна киселина. Таа е непостојана и се разложува на вода и 

јаглероден диоксид. Поради тоа, јаглеродниот диоксид се употребува за газирање пијалаци.

Растенијата го користат јаглеродниот диоксид од воздухот, трансформирајќи го во органски материи, а при тоа ослободувајќикислород. Животните и луѓето го користат кислородот во процесот на дишење, при што ослободуваат јаглероден диоксид. Овој процес 

се одвива постојано и е основа за животот на Земјата.

Page 10: фотосинтеза

Јаглероден диоксид

Page 11: фотосинтеза

Изработиле

Лора ЗлатковскаЗлатка Поповска