Социологија

29
МАТУРСКИ ИСПИТНИ ПРАШАЊА ПО СОЦИОЛОГИЈА ПРИМЕРИ НА ИСПИТНИ ПРАШАЊА ЗА УСПЕШНО ПОДГОТВУВАЊЕ НА МАТУРАНТИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИНТЕРНИОТ МАТУРСКИ ИСПИТ ПО СОЦИОЛОГИЈА) 1.Социологијата како наука – основање, предметно, теоретско и методолошко определување 1. Кој од наведениве имиња се смета за основач на Социологијата? а. Огист Конт б. Херберт Спенсер в. Карл Маркс г. Макс Вебер 2. Кога е конституирана социологијата како посебна наука? а. Почетокот на XIX век б. Средината на XIX век в. Почетокот на XX век г. Средината на XX век 3. Еден од факторите кои придонесуваат за оформување на социологијата како посебна наука е? а. развојот на општеството б. развојот на биолошките науки в. развојот на природните науки г. развојот психолошките науки 4. Својата наука за општеството Огист Конт ја потпира на: а. Геометријата б. Математиката в. Физиката г. Биологијата 5. Кој од долунаведените социологијата ја дели на социјална статика и социјална динамика? а. Дејвид Локвуд б. Луис Мамфорд в. Огист Конт г. Леополд Фон Бизе 6. Кој од социолозите смета дека социологијата е наука што треба да го разбере и протолкува човечкото дејствување? а. Макс Вебер б. Георг Зимел в. Сен Симон г. Рајт Милс 7.Како го нарекол Карл Маркс своето учење за општеството? а. Марксизам б. Историски Детермизам в. Историски Препород г. Историски Материализам

Upload: lori-bebic

Post on 01-Feb-2016

182 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

Прашања за матура

TRANSCRIPT

Page 1: Социологија

МАТУРСКИ ИСПИТНИ ПРАШАЊА ПО СОЦИОЛОГИЈА ПРИМЕРИ НА ИСПИТНИ ПРАШАЊА ЗА УСПЕШНО ПОДГОТВУВАЊЕ НА МАТУРАНТИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИНТЕРНИОТ МАТУРСКИ ИСПИТ ПО СОЦИОЛОГИЈА)

1.Социологијата како наука – основање, предметно, теоретско и методолошко определување

1. Кој од наведениве имиња се смета за основач на Социологијата?а. Огист Контб. Херберт Спенсерв. Карл Марксг. Макс Вебер

2. Кога е конституирана социологијата како посебна наука? а. Почетокот на XIX век

б. Средината на XIX векв. Почетокот на XX векг. Средината на XX век

3. Еден од факторите кои придонесуваат за оформување на социологијата како посебна наука е? а. развојот на општеството б. развојот на биолошките науки в. развојот на природните науки г. развојот психолошките науки

4. Својата наука за општеството Огист Конт ја потпира на: а. Геометријата б. Математиката в. Физиката г. Биологијата

5. Кој од долунаведените социологијата ја дели на социјална статика и социјална динамика? а. Дејвид Локвуд б. Луис Мамфорд

в. Огист Конт г. Леополд Фон Бизе

6. Кој од социолозите смета дека социологијата е наука што треба да го разбере и протолкува човечкото дејствување? а. Макс Вебер б. Георг Зимел в. Сен Симон г. Рајт Милс

7.Како го нарекол Карл Маркс своето учење за општеството? а. Марксизам б. Историски Детермизам в. Историски Препород г. Историски Материализам

Page 2: Социологија

8. Кои две теоретски ориентации во социологијата директно се спротиставуваат една на друга? : а. Биологизмот и функционализмот б. Марксизмот и психологизмот в. Формализам и структурализам

г. Марксизам и функционализам

9. Кој е претставник на биологизмот т.е. кој го воведува биологизмот во социологијата? а. Херберт Спенсер б. Емил Диркем в. Огист Конт

г. Макс Вебер

10. Според кој Социолог социологијата мора да се потпира на биологијата? а. Макс Вебер б. Талкот Парсонс в. Херберт Спенсер

г. Рајт Милс

11. Колективната свест според Емил Диркем е: а. принудна во однос на поединецот б. не е принудна во однос на поединецот в. апстрактна во однос на поединецот г. колективна свест не постои

12.Состојбата на дерегулација во општеството и непостоење на репери според кои луѓето би се владееле Емил Диркем ја означува како :

а. Општествена анархија б. Општествена дерегулација в. Општествена аномија б. Општествен конфликт

13.Според Емил Диркем самоубиството е детерминирано меѓу другото и од : а. Психички фактори б. Емоции в. Општествени фактори

г. Религијата

14.Причини за појава на “општествена аномија” според Емил Диркем се: а. Бирократијата

б. Конфликтите в. Интензивни промени во општеството

г. Бавни промени во општеството

15. Дефиницијата според која социологијата е наука да го разбере и протолкува човековото однесување и дејствување и на тој начин причински да ги објасни неговиот тек и неговите последици ја дал? а. Георг Зимел б. Леополд фин Визе в. Макс Вебер г. Талкот Парсонс

16. Биологизмот претставува теоретски правец во социологијата кој при објаснувањето на општеството и

Page 3: Социологија

неговите појави се користи со поими и методи(од која наука)___________________________________

17. Според која социолошка ориентација социологијата е слична на геометријата? а. Формализмот б. Функционализмот в. Структурализмот г. Психологизмот

18.Според која социолошка ориентација формите на општествениот живот се општи и непроменливи? __________________________________________

19.Функционалистичката социологија уште се означува како: а. Теорија на функциите

б. Теорија на разбирањето в. Теорија на општествена рамнотежа г. Теорија на класи

20.Предемт на истражување на етномедотологијата е: а. етничката припадност на луѓето б. етничките конфликти в. секојдневната конверзација на лугето г. несекојдневната конверзација на луѓето

21.Целта на секоја наука е ? а.Да ги согледа карактеристиките на секоја наука б. Да ги открие тјните на објективната стварност в. Да дојте до сознанија за облективната стварност г. Да дојде до објективни знаења за предметот на своето проучување

22.Социолошкиот метод во кој се врши споредба на единиците на колективните појави или слични појави со цел да се утврди тоа што е идентични и тоа што е различно во нив, го нарекуваме? а. набљудување б. експеримент в. истражување на примерок г. компаративен метод

23. Според научната цел истражувањата се делат на: а. Дескриптивни - Експлонаторни

б. Историски - Комперативни в. Фундаментални - Применети г. Интерни - Екстерни

24. Која од техниките се користи при истражувањето на малите групи во општеството? а. Социометрија б. Истражување на случај в. Интервју г. Експеримент

25.Како се дели набљудувањето според времето на набљудувањето? а. Директно и индиректно б. Минато и сегашно

Page 4: Социологија

в. Еднократно и етапно г. Ноќно и денско

26.Како се нарекуа методолошката постапка за добивање податоци преку вербална комуникација? ___________________________________________27. Кога за прибирање на податоци при истражувањето се користи пишан прашалник станува збор за: а. Мерење б. Социометрија в. Интервју г. Анкета

28. Набљудувањето на појавите што се вештачки произведени заради утврдување на причините за нивното настанување и развој претставува: а. Набљудување б. Анкета в. Експеримент г. Мерење

II. Култура, социјализација, конформизам, девијација

29. Сложена целина што ја прават : сознанија, верувања, уметниност,обичаи, морал,параво,способности и навики што ги стекнал човекот како член на едно општество може да ја дефинираме со поимот: а.oпштество, б.култура в.религија г.образование

30. Културата во однос на поединецот а.доброволно се прифаќа б.има принуден карактер в.право е на избор на поединецот г. поединецот може но не мра да ја прифати

31. Однесувањето на човекот во општеството е дерминирано од: а.расата б.културата в.гените г.нагоните

32. Јазикот, обичаите, сфаќањата, верувањата, нормите и вредностите се составен дел на:а. наукатаб. уметностав. културатаг. идеологијата

33. Зборовите, гестовите, предметите кои имаат одредено значење, разбирливо за припадниците на една култура ги нарекуваме

а. хеориб. знацив. вредностиг. норми

Page 5: Социологија

34. Најзначаен и најнепроменлив дел на културата се;а. нормитеб. знацитев. хероитег. вредностите

35. Како ги нарекуваме во социологијата општите идеали кои ги изразуваат аспирациите на луѓето во општедтвото, кои го осмислуваат и насочуваат човековиот живот кон повисоки цели?

а. визииб. вредностив. обичаиг. норми

36. Во секоја култура постојат херои како живи или мртви лица што одразуваат вредни нешта во културата, што сака да создаде културата преку хероите? а. зголемување на патриотизмот б. примери за храброст в. модели на однесување г. збогатување на историјата

37. Неприфаќањето и непочитувањето на вредностите на другите култури освен на сопствената култура се нарекува ? _________________________________

38. Причина за појава на етноцентризам е:а. радикален национализамб. краен шовинизамв. екстремен патриотизамг. носење на вредносни судови за културите различни од нашата

39. Како се нарекува сфаќањето според кое сите култури се различни и еднакво вредни и ниедна култура нема право да потценува друга?

а. етноцентризамб. културен релативизамв. културен шовинизамг. алтруизам

40. Збирот од вредности, правила и норми на однесување кои членовите на некоја група преферираат, усвојуваат, почитуваат и го поттикнуваат нивниот натамошен развој во социологијата го означуваме како:

а. култураб. контракултурав. културен идентитетг. субкултура

41, Дали ти како граѓанин на Македонија покрај тоа што ја имаш прифатено македонската официјална култура припаѓаш и на други поткултури? Наведи барем две:

а. _______________б. _______________

42. Појавата кога поединците преку своите обрасци на однесување влегуваат во отворен судир со

Page 6: Социологија

владејачката култура, во социологијата ја именуваме како:а. подкултураб. конфликтв. етноцентирзамг. контракултура

43. Контракултурата како последица може да предизвика:а. етноцентризамб. космополитизамв. појава на субкултураг. социопатолошко однесување

44. Процесот на интеракција во кој новиот член на општествената заедница усвојува знаења,вештини,навики,ставови,вредности и дуги сознанија кои му овозможуваат успешно интегрирање во општеството се нарекува: а.конформизам б.интеракција в..социјализација г.адаптација

45. Социјализација како процес кој овозможува прилагодување на поединецот во средината во која живее е процес кој а.ги создава вредностите б.ги создава нормите. в.ги пренесува вредностите г.го пренесува воспитанието

46. Кој од наведените термини не е агенс на социјализација а. масмедиуми б. наука в. религија г. семејство

47. Агенсите на социјализација ги делиме на два типа и тоа? а. ___________________ б. _______________

48. Социјализацијата како процес овозможува а.образование на личноста б.создавање на вредности во општеството в.самоодржување на индивидуите г.униформност во однесувањето

49. Човековата посебност како општествено суштество се состои во тоа што а.лугето на ист начин ги искажуваат инстинктите б.задоволување на биолошките потреби е на идентичен начин в.човекот живее во организирани заедници г.борба за опстанок

50. Првиот биолошки период во развојот на човекот кој трае од раѓањето па се до пубертетот го означуваме со терминот __________________________________________.

51. Важен период од животниот циклус на човекот кој се карактеризира со интензивен физиолошки и социјален развој на човекот и представува премин од детство во зрелост го означуваме со терминот ______________

Page 7: Социологија

52. Најдолг период од развојот на личноста кој се карактеризира со најголема продуктивност и максимален развој на физичка сила ,професионален развој и формирање на семејство го означуваме со терминот ______________

53. Социјализацијата која се одвива во семејството во најраниот период од развојот на личносдта и има пресудно значење за натамошниот развој на личноста ја именуваме како? а.примарна социјализација б.секундарна социјализација в.рана социјализација г.лична социјализација

54. Најзначајни агенси на примарната социјализација се ? а._____________________ б.________________________

55. Општествено однесување е:а. Однесување кое се добива со самото раѓањеб. Однесување кое е научено во општеството по пат на социјализацијав. Однесување кое се стекунува по пат на образование

г. Однесување кое е резултат на вродени генетски предиспозиции

56. Конформизам има значење на а. униформност во однесувањето на луѓетоб. различност во однесувањето на луѓетов. асимилација г. конфликт

57. Како се нарекува човекот кој се однесува како активен ностиел на културата?а. неконформистб. конфомиств. прогресивецг. динамичен

58. Една од улогите кои ја има семејството како примарен агенс на социјализација е поврзување на семејниот свет со светот надвор од семејството(пренесување на позитивни вредности во семејството).Таа улога на семејството уште се нарекува а.Социјализаторска улога б.Вредносна улога в.Трансмисиска улога г.Примарна улога

59. Социјализацијата која се одвива во одредени општествени институции уште ја нарекуваме? а.Општествена социјализација б.Институционална социјализација в.Примарна социјализација г.Секундарна социјализација

60. Прекор,подсмев,критика,одфрлање,советување и сл.представуваат систем од мерки на ? а.Формална контрола б.Неформални правила в.Неформална контрола г.Формални правила

Page 8: Социологија

61. Како се нарекува состојбата при која личноста ги прифатилат сите норми и вредности како сопствени во едно општество?

а. Комформизамб. Базична личноств. Улогаг. Личност.

62. Како во социологијата се нарекуваат непишаните правила според кои се регулира начинот на јадење, начинот на изразување гостопримство, поздравување при средби и сл. а. Морал б. Вредности в. Догми г. Обичаи

63. Како Емил Диркем ја именува состојбата во која се наога општеството кога недостасуваат правила за општествена регулација? ______________________________

64. Што претставуваат идеалите со кои се изразуваат општите аспирации на луѓето во едно општество?а. нормиб. стремежив. вредностиг. визии

65. Апстрактни идеали кои ги изразуваат општите аспирации на лугето во едно општество ги нарекуваме? а. обичаи б. вредности в. морални норми в. правни норми

66. Како се именуваат правилата со кои се регулира однесувањето на чуѓто во едно општество и го определуваат она што е очекувано и праведно во дадена ситуација:

а. совестб. културав, норми

г. морал

67. Како ги нарекуваме правилата или прописите со кои се регулира однесувањето на лугето во општеството ? ____________________________________

68. Непишани правила на однесување кои укажуваат на она што е добро, пожелно, а што не, како да се однесуваме во определена конкретна прилика се нарекуваат:

а. правни нормиб. општествени ставовив. морални нормиг. културни навики

69. Како се нарекуваат пишуваните правила што ги донесува државата, преку кои се определуваат односите меѓу луѓето и општествените групи? ___________________________________

70. Придржување и покорување на општествените норми е последица или резултат на (што)?

Page 9: Социологија

а.вредностите б.моралот в.прописите г.санкциите

71. Пишаните и дефинирани норми што ги донесува државата и преку кои се регулираат односите помеѓу поединците и општествените групи се нарекуваат:

а. Ргулативни норми б. Општествени норми в. Правни норми г. Задолжителни норми

72. Облиците на општествена осуда како што се озборувањето, потсмев, презир спаѓаат во: а. општествени санкции

б. морални санкции в. кривични санкции г. обичајни санкции

73. Вкупниот број на кривични дела извршени на определен простор за определено време се нарекува _________________________________

74. Човеково однесување забрането со закон за кое следуваат кривични санкции го нарекуваме(како)? а.Девијантно однесување б,Крвично дело в.Просоцијално однесување г.Колективно однесување

75. Причина за помалото учество на жените во криминалитетот е? а.Физички послабата конституција на жената б.Женската емоционална структура в.Општествената положба на жените г.Нерамноправноста на жената во општеството

76. Кривични дела кои ги извршиле малолетни лице ги означуваме како?_____________________

77. Како се именува ненасилното вршење кривични дела во стопанскиот живот од страна на лица со висок социјален статус?

а. Спонатан криминал б. Криминал на државата в. Корупција г. Непотизам

78. Во кој облик на криминал постои цврста организација базирана на хиерархиски односи и голема оперативност во акциите? _______________________________

79. Трајна заедница на луге која представува солидарна профитна организирана заедница со крут стил на раководење и дисциплина мегу членовите,кои мегусебе соработуваат во извршување на кривични дела се нарекува(како)? а.Криминал на државата б.Организиран криминал. в.Обем на криминалитет

Page 10: Социологија

г.Малолетнички криминал

80. Кој од наведените дела немат карактер на организиран криминал а. Трговија со опојни дроги б. Шверц со оружје в. Самоубиство г. Наркоманија

III. Општествено дејствување, општествена интеракција, колективно однесување и општествени улоги

81 . Односите што лугето ги воспоставуваат меги себе (поединечно или групно) во социологијата се познати под поимот? а. општествена диференцијација б. општествена динамика в. општествена интеракција г. општествена интеграција

82. Меѓусебно, заемно дејствување и оденсување меѓу општествените групи, институции и поединци во општеството го оначуваме како: а. Базична личност б.Општествена акција

в. Општествена улоги г. Општествена интеракција

83. Во конјуктивни процеси на интеракција не спага? а. натпревар б. Кооперација в. адаптација г. асимилација

84. Кога луѓето добиваат награди со размена се мотивираат повторно да стапат во интеракција и повторно да добијат некоја корист. На таков начин се создава (која норма) Норма на реципроцитет

85. За каков вид на општествена интеракција станува збор, кога луѓето си помагаат и се надополнуваат за да ја постигнат својата цел? а. Кооперација б. Интеракција

в. Норма на реципроцитет г. Размена

86. Облик на општествена интеракција при кој индивидуите или општествените групи се дополнуват и нивните однесувања водат до остварување на некоја заедничка цел го означуваме како: а, Рамезна

б. Натпревар в. Кооперација г. Интеракција

87. Еден од наведените интеракциски процеси не спаѓа во процеси на зближување, а тоа е: а. Кооперација б. Асимилација

Page 11: Социологија

в. Натпревар г. Адаптација

88. Општетствен процес во кој групите или индивидуите настојуваат да постигнат една иста цел, да постигнат нешто повеќе и подобро од другите или за сметка на другите, почитувајјќи заеднички правила го нарекуваме ;

а. Интеракција б.Кооперација в. Конфликт г. Натпревар

89. Како се нарекува во социологијата најзаострениот облик на натпреварување во кој една од спротивставените страни или се ослабува или се уништува а. Натпревар б. Конфликт в. Војна г. Насилство

90. Дејствувањето и однесувањето на човекот што се одвива на очекуван начин според однапред утврден културен образец се нарекува: а. Социјализација б. Интеракција в. Општествен статус г. Општествена улога

91. Општествените категории родител, брачен другар, сосед, трговец спаѓаат во социолошки категории на: а. Општествени улоги б. Општествени дејности в. Општествено занимање г. Општествена интеракција

92. Доходот,општествениот углед и општествената моќ се носители на а.Општествена улога б.Занимање в.Општествена положба г.Општествена интеракција

93. Што подразбираш со постапката кога некое лице е во можност да влијае врз општествените процеси и односи и да ги насочи спред своите желби и интереси:

а. Општествена интеракција б. Општествена положба в. Општествена улога г. Општествена моќ

94. Кога поединецот ке се најде во несекојдневна и невообичаена ситуација, а истовремено реагира ирационално и непланирано станува збор за: а. Девијантно однесување б. Колективно однесување в. Неконформистичко однесување г. Престапништво

Page 12: Социологија

95. Во кои животни ситуации се јавува колективното однесување како облик на човеково однесување? а.Кога човекот е дел од колективот б.Кога човекот се наједе во невообичаена и непредвидена ситуација в. Кога човекот ги почитува нормите на колективот г. Кога човекот се наога на конвенционална средба

96. Јавност е облик на колективно однесување при што а.Лугето имаат непосредна интеракција б.Лугето неимаат непосредна интеракција в. Лугето се познаваат мегу себе г.Лугето реагираат конвенционално

97. Форма на комуникација која се појавува во нејасни ситуации со цел за се конструира информација со значење се нарекува ? а. Агрегат б. Јавност в. Гласини г. Маса 98. Изразите на лицето кои ги прави човекот во одредени ситуации ги стекнуваме со: а. Социјализација б. Раѓње в. Адаптација г. Асимилација

99. Како се нарекува процесот на општествената интеракција кога луѓето комуницираат со гестови, движења на телото и изрази на лицето?__нвербална комунијкација___________________________

100. Влијанието кое го има општеството врз однесувањето на лугетое предмет на истражување на (кој социолошки пристап)? а.Микросоциолошки пристап б.Макросоциолошки пристап в.Општествен пристап г.Интеракционистички пристап

101. Гестови , израз на лицето,движење на телото се облик на (каква) општествена интеракција ? а.Вербална комуникација б.Невербална комуникација в.Гестовна комуникавија г.Мимичка комуникација

102. Движењето на телото и гестовите со чија помош човекот ја остварува невербалната комуникација се стекнуваат како резултат на?

а. на образованието б. на религијата в. Со раѓањето г. Културните фактори

103.Основна задача или цел на општествената интеракција е? а.Дружењето б.Разбирањето

Page 13: Социологија

в.Подразбирањето г.Наметнувањето

104. За да може да се оствари разбирањето како основна цел на општествената интеракција потребно е? а.Да настојуваме да ги разбереме другите б.Себе да се замислиме во улога на другите в.Да ги наметнеме своите ставови на другите г.Да ги соопштиме своите гледања на другите

105. Комуникација која се остварува само преку невербални средства(невербална комуникација) ја нарекуваме а. Неконвенционална комуникација б. Конвенционална комуникација в. Концентрирана комуникација г. Неконцентрирана комуникација

106. Влијанието кое го има општеството врз однесувањето на лугетое предмет на истражување на (кој социолошки пристап)? а.Микросоциолошки пристап б.Макросоциолошки пристап в.Општествен пристап г.Интеракционистички пристап

107. Однесувањето на поединците во општеството е определено од а.Инстинктите б.Нагоните в.Социјалната средина г.Санкциите

IV. Општествени институции, организации и групи

108. Општеството не е: а. Производствена, морална и културна заедница на луѓето

б. Организирана заедница на луѓе в. Механички збир на поединци и луѓе г. Сложена целина составена од многу разновидни целини и елементи

109. Организираната заедница на луѓе во која сите поединци и општествени групи вршат најразлични дејности и се однесуваат во согласност со прифатените норми и правила се нарекува?

а. општествена група б. општество в. народ

г. нација

110. Глобални општествени групи се: а. семејството и детските групи

б. класите и стаежите в. политичките партии и групи за притисок г. племе, народ, нација

111. Групите што се засноваат на цврсто регулирани правила ги нарекуваме?

Page 14: Социологија

а. примарни групи б.секундарни групи в.формални групи г.неформални групи

112. За кој вид општествена група станува збор кога положбата и статусот на нејзините членови посебно не се регулирани, се формираат спонтано во зависност од конкретните интереси и потреби.

а. интересни групи б. парцијални групи

в. нформални групи г. формални групи

113. Трајни и повекефункционални општествени групи кои истосриски настануваат со заедничко живеење на повеке проширени сроднички групи на некоја територија ги нарекуваме? а. семејство б. држава в. етнички групи г. сроднички групи

114. Етничките групи во една заедница според својата бројност можат да бидат: а. пријателски и непријателски б. доминантни или малцински

в. нацистички или неонацистички г. либерални или демократски

115. Членовите од иста етничка припадност формираат: а. националистичка група б. етничка група в. нацистичка група г. етноцентрична група

116. Членовите на различните етничките групи мегу себе се разликуваат по своите? а.социјални статуси б. образованието в. културни карактеристики

г. начинот на интеграција 117. Градењето на негативна – искривена слика за припадниците на некоја етничка група без оглед на нивните вистински карактеристики ја нарекуваме? а. Етничка дискриминација б. Мегусетнички конфликт в.Етничка омраза г. Етнички предрасуди

118. Етничката дискриминација е последица на ? а. Етнички конфликт б. Етнички антагонизам в. Етничките предрасуди г. Етнички идентитет

119. Етничка сегрегација, етноцентризмот и нееднаквиот пристап до економските ресурси

Page 15: Социологија

се процеси кои се јавуваат како последица на ? а. Класните разлики б. Општествената стратификација в. Нетрпеливост помегу етничките групи г. Непочитување на општествените норми

120. Етнички антагонизам е однос кој означува ? а. Мегусебно почитување на етничките групи б. Мегусебна блискост на етничките групи в. Мегусебно спротивставување на етничките групи г. Мегусебна толеранција на етничките групи

121. Најдрастичен облик на просторно затварање на етничката група која резултира со исклучување на социјалните врски со припадници од други етнички групи ја нарекуваме ? а. етнички конфликт б. етничка дискриминација в. гето г. слам

122. Важен фактор во создавање на мултиетнички општества е ? а. асимилацијта б. сегрегацијата в. културениот плурализам г. миграциите

123. Ограничување,оспорување или намалување на правата на поединци или етнички од страна на други поединци или етнички групи го означуваме како? а. стереотипи б, предрасуди в. дискриминација. г. асимилација

124. Убедувањето дека наследните физички карактеристики подразбираат присуство или одсуство на работни,ментални физички и друг вид способности се нарекува? а.расизам б,дискриминација в. асимилација г.акултурација

125. Асимилација,.Котел за мешање и Културен плурализам се процеси кои доведуваат до а.Интегрирање на малцинските групи во општеството б.Конфликт помегу етничките групи в.Дискриминација помегу етничките групи г.Противставување помегу етничките групи

126. Форма на разрешување на мегуетнички конфликт при што една од страните доброволно се откажува од дел од своите барања како не би се довела во ситуација во спорот да загубу се ја означуваме како ? _____________________________________

127. Во Р.Македонија интегрирањето на малцинските групи во општеството е овозможено преку процесот на :

Page 16: Социологија

а. асимилација б. културниот плурализам в. султурен идентитет г. котелот за мешање

128. Состојба при која доминанатната етничка група ја почитува културата на помалите етнички групи кои живеат на иста територија го означуваме како? а. етноцентризам б.културен релативизам в. културен плурализам г. акултурација

129. Во ситуација кога мегуетничкиот спор или конфликт не се во состојба сами да го решат конфликтните страни во разрешување на спорот се вклучува трета страна ,која ја именуваме како?

а. помирувач б. медијатор в. нато

г. Обединети нации

130. Процесот при кој малцинската етничка група ја прифаќа како своја доминантната култура во општество во кое живее го нарекуваме? _____________________________

131. Процест кој доведува до мегуетничко звлижување (доминантен во Америка) а при тоа се создаваат на нови обрасци на културно однесување кои во себе содржат елементи на многу култури при што не се напушта културата на малцинската култура го нарекуваме? _________________________

132. Општествени творби што прават збир од правила за однесување со кои се настојува на траен и сигурен начин да се регулираат односите и да се обезбеди остварување на општествејните дејности за кои постојат ги нарекуваме ? а. Општествени улоги б. Општествени правила в. Опшетствени институции

г. Општествени норми

133. Бројот на оштествените институции кои постојат во едно општество зависи од? а. Степенот на развој на образованието б. Степенот на развој на економијата в. Степенот на развој на општеството г. Степенот на развој на техниките

134. Најзначајната и најстара општествена институција која се развив во рамките на општеството на собирачи и ловци е ? а. бракот б. семејството в. ловот г. војската

135. Историски променлива општествена група што ја сочинуваат лица поврзани со брак и сродство т.е. која се заснова на биолошки био- социјални ,социјални и економски основи ја именуваме како _ __________________________________

Page 17: Социологија

136. Заедница на лица од различен пол заснована на општествено регулирани полови и други односи и врски ја нарекуваме? а.семејство б.сротство в.брак г. роднинска врска

137. Бракот склучен пред органите на државата кој е регулиран со правни прописи го нарекуваме ? а. кохабитација б. обичаен брак в. грагански брак г. црковен брак

138. Одржување полова врска со партнер со кој човекот е во сродство се нарекува: а. табу

б. брак в. инцест г. моногамија

139.Семејството има повеке функции.Со која функција е поврзано задоволувањето на половиот нагон и продолжување на човечкиот род,создавање на потомство? а.сексуалната функција б.биолошката функција в.половата функција г.брачната функција

140. , Одредување на сродство по мајчина линија уште се нарекува ? _______________________

141. Цврсто поврзан систем на верувања и практики , што се однесуваат на светите нешта и кои ги поврзуваат во единствена морална заедница сите оние што ним им се посветени го нарекуваме? а. црква б. верување в. религија г. бог

142, Основната разлика помегу религиската и научната свест се состои вотоа што ? а.На различен начин ги толкуваат симболите б На различен начин ги објаснуваат светот и природата в. На различен начин ги изведуваат ритуалите г. На различен начин ги изразуваат вредностите

143. Надминувње на чувството на страв од смтта е и нудење на решенија за надминување на егзистенционалните проблеми се остварува преку? а. Општествено интегративна функција на религијата

б. Етичката функција на религијата в. Компензаторската функција на религијата

г. Етичката функција на религијата

144. Формирањето основни морални правила и начела кои треба да се почитуваат и практикуваат од страна на верниците се остварува преку:

а. Општествено интегративна функција на религијата

Page 18: Социологија

б. Емоционалната функција на религијата в. Компензаторската функција на религијата г. Етичката функција на религијата 145. Одржување на кохезија, заедништво и солидарноста на групата како резултат на ритуалите се манифестира преку една од функциите на религијата.Како се нарекува таа функција на рекигијата а.Компензациска функција на религијата б.Социјално психолошка функција на религијата в. Општествено интегративна функција на религијата г. солидарна функција на религијата

146. Која е најстарата монотеистичка религија? а. Јудаизмот б. Христијанството в. Исламот

г. Сикизмот

147. Будизмот и конфучијанството се доминантни религии на далечниот исток.Тие се познати како? а.Политеистички религии б.Етички религии в.Мистични религии г. Источни религии

148. Идеата за реинкарнацијата како вечен процес на раѓање, смрт и повторно раѓање се јавува во верските учења на ? а.Хиндуизмот б.Исламот в.Будизмот г.Јудаизмот

149. Религија во која не постои Бог како надчовечко суштество е ? а.Христијанството б.Исламот в.Будизмот г.Јудаизмот 150. Верувањето дека духот на предците е населен во некое животно или растение се нарекува? ________________________________

151. Сваќањето за Бог ,како морален законодавец го сретнуваме во една од наведените религии? а.Будизам б.Конфучијанство в.Христијанство г. Таоизмот

152. Група на следбеници на некое верско учење кое се одвоило од црквата и затоа црквата го осудила и отфрлила го нарекуваме ? а .Деноминација б. Култ в. Секта г.Тотем

Page 19: Социологија

153. Со верувањето за постоење на задгробен живот , религијата го свртува вниманието од нееднаквоста и неправдата на овиј свет а истовремено со својата идеолошка функција им служи на интересите на владеачките групи-е став на еден од наведените теоретичари? а.Емил Диркем б.Карл Маркс в.Макс Вебер г. Талкот Парсонс

154. “Дервиши” се: а. Деноминации б. Секти в. Култ г. Синагога

155. Секуларизацијата како процес доведува до состојба во која: а. Религиските институции го слабеат своето општествено влијание б. Религиските институции го зајакнуваат своето општествено влијание в. Луѓето стануваат атеисти

г. Лугето стануваат поголеми верници

156. Институционален облик на организирање на општеството го именуваме како? а. Власт б. Држава в. Институција г. Политика

157. Најсеопфатен, најмоќен, најавторитетен вид на политичка институција е? а. законите б. државата в. судството г. војската

158. Како се нарекува мокниот и сеопфатен орган на општеството што ги принудува сите да ги почитуваат сите правилата на однесување во определеното општество?_________________________

159. Во зависност од карактерот на власта и на политичките институции државите ги групирамеме на ? а. демократски или недемократски б. суверени или несуверени в. политички или неполитички г. држави каде постои власт и држави каде не постои власт

160. Право на живот,имот,слобода на говорот,верска слобода се човекови права кои треба да ги штити демократската држава а ги именуваме како? а.Политички човекови права б. Социјални човекови прва в.Индивидуални човекови права г. Демократски човекови права

161. Организација на луге кои имаат исто мислење во однос на управувањето во државата и се насочени кон легитимно освојување на власта по пат на избори ја нарекуваме ?

Page 20: Социологија

а. власт б. невладино здружение в. политичка партија г. политички апарат

162. Кога на политичката сцена се јавува постоење на две големи партии кои се борат за освојување на власта и обезбедување на мнозинство во парламентот станува збор за(каков политички систем) ______________________________________________________

163. Кој партиски систем е присутен во Република Македонија како демократска држава ? а. двопартиски политички систем б, повекепартиски политички систем в .еднопартиски политички систем г. политички централизам

164. Општествен систем каде пстои политичка еднаквост мегу лугето која се искажува на парламентарни избори каде лугето ги избираат претставниците на власта кое нешто се означува како владеење на народот е карактеристика на ? а. демократијата б. партиократија в. егалитарноста г. социјализмот

165. Општествен систем во кој темелен принцип е личната слобода и личниот избор на човекот е? а.Социјализмот б. Конзерватизмот в. Социјалдемократијата г.Либералната демократија

166. Како се нарекуваат општествата што настојуваат да го остварат идеалот на еднаквоста? ____________________________________

167. Право на глас ,и правото на политичко здружување се човекови права кои треба да ги штити демократската држава а ги именуваме како? а.Политички човекови права б. Социјални човекови прва в.Индивидуални човекови права г. Демократски човекови права

168. Економскиот либерализам,индивидуализмот и поттикнување на конкурентската борба на пазарот се едни од основните приоритети на : а.конзерватизмот б.социјализмот в.либералната демократија г.социјалдемократијата

169. Македонското општество е општество од преоден тип или општество во________________________

170. Системот на односи кој се јавува помеѓу партиите што постојат во определена земја го именуваме како:

а. Позиција и опозиција

Page 21: Социологија

б. Партиски систем в. Партиски односи

г. Меѓупартиски конфликт

171. Политичката еднаквост меѓу луѓето што се искажува преку синтагмата владеење на народот, означува: а. демократија б. диктатура в. либрализам

г. егалитаризам

172. Се додека поголем дел од населението ја почитува власта и ги спроведува законите која таа ги носи станува збор за (каква власт) а. праведна власт б. легитимна власт в. законска власт г. народна власт

173. Каков облик на владеење постои во Р.Македонија а. демократски центализам б. партиократизам в. парламентарна демократија г. тотална демократија

174. Тенденцијата интересите на една нација да се остваруваат на сметка на интересите на друга или други нации ја означуваме (како).?______________________________________

175. Како се нарекуваат организациите кои се насочени кон легитимно освојување на власта на избори ________________________________________________

176. Вкупните активности што ги превземаат лугето со цел да произведат нешта со кои ке ги задоволат своите потреби ги означуваме како? а. Економија б. Капитал

в. Биорепродукција г. Пазар

177. Во економски институции не влегува? а. трудот б. капиталот в. биорепродукцијата г. пазарот

178. Како се нарекува поделбата на трудот во рамките на претпријатијата? а. Посебна поделба на трудот

б. Техничка поделба на трудот в. Општа поделба на трудот

г. Мануелна поделба на трудот

179. Разделувањето на произвостството на неговите основни области како што се индустрија,земјоделство сообраќај, и сл. го нарекуваме? а.природна поделба на трудот

Page 22: Социологија

б. општeствена поделба на трудот в. посебна поделба на трудот г. поединечна поделба на трудот

180. За што станува збор кога еден човек произведува само едно нешто или се занимава со ограничен број активности?

а. аматерство б. специјализација

в. професионалност г. автоматизација

181. Во кој сектор влегуваат активностите кои се однесуваат на давање услуги? а. Примарен сектор б. Секундарен сектор в. Терцијален сектор г. Во сите три сектори

182. Трудот вклучен во примарниот сектор најдоминантен е во ? а. прединдустриските општества б. индустриските општества в. постиндустриските општества г. модерните општества

183. Организација на работниците што ги штити работничките интереси наспроти интересите на работодавците се нарекува ? а. работничка организација б. штрајк в. синдикат г. комора

184. Негативна последица од техничката поделба на трудот е создавање и репродукција на ? а. општетвени групи б. нееднаквост мегу лугето в. економски просперитет г. конфликт мегу етничките групи

185.Според социолозите видот на школувањето и успехот во него е зависен од ? а. менталните способности на поединците б. класната и етничката припадност на поединците в. типот на училиштето кој го посетуваат г. возраста и полот на поединецот

186. Кој светски мислител и филозоф сметаше дека населението ќе се зголемува многу побрзо од производството на храна?

а. Аристотел б. Платон

в. Томас Малтус г. Едвард Тејлор

187. Распоредот на вкупното население во групи во зависност од нивните заеднички белези го нарекуваме ? а. групна структура на населението

Page 23: Социологија

б. демогрфска структура на населението в. структура на општеството г.општествена структура

188. Соодносот помегу наталитетот и морталитетот на определена територија го означуваме како? а. миграција б. природно движење на населението в. пренаселеност на определена територија г. механичко движење на населението

189. Фактори кои влијаат на порастот на населението на определена територија се ? а. емиграција и морталитет б. имиграција и наталитет в. миграции и наталитет г. миграции и морталитет 190. Диференцијацијата на лугето во општеството според полот доведува до до? а.Формирање на класи кои се хиерархиски подредени б.Формирање на институции се хиерархиски подредени в. Формирање на групи што се хиерархиски подредени г. Формирање на општества што се хиерархиски подредени

V. Општествена диференцијација и стратификација, општествена структура

191 Како се нарекува во социологијта постоењето на различни и бројни општествени слоеви ____________________________________________________________.

192. Облик на општествена диференцијација на поединците и општествените групи при што тие се распоредуваат во посебни социјални слоеви-(стратуми) ја нарекуваме? а. Општествена нееднаквост б. Социјална статификација в. Општествено групирање г. Социјална сегрегација

193. Збирот на сите односи, врски и општествени улоги кои поединецот ги има во општеството ја определуваат ? а. општествена мок на човекот б. општествена положба на човекот в. општествена улога на човекот г. општествен углед на човекот

194. Како ги именуваме затворените општествени групи кои се базирани на религиозна основа и во кои преминувањето лугето од една во друга општествена група не е возможно? а. касти б. класи в. слоеви г. цркви

195. Oпштествената мобилност може да ја определиме како? а. економска и политичка

Page 24: Социологија

б. хоризонтална и вертикална в. религиозна и национална г. позитивна и негативна

196. Доходот,општествениот углед,општествената моќ, за индивидуата претставуваат основни фактори кои имаат влијание за поединецот и определување на неговата? а. општествена стратификација б. општествена положба в. општествената улога г. општествено богатство

197. Според представниците на функционалистичките теории за општествената стратификација ,редот стабилноста и одржувањето на општеството се ? а.неоправдана и непотребна б.оправдана и нужна в.причина за нефункционирање на општеството г причина за конфликт во општеството

198. Според кој представник на функционалистичките теории за општествената стратификација редот стабилноста и одржувањето на општеството се темели на општествените вредности ? а.Талкот Парсонс б. Карл Маркс в.Макс Вебер г.Емил Диркем

199. “Историската мисија” на класите според К. Маркс е: а. укинување на капитализмот б. укинување на капитализмот в. укинување на класите г.укинување на слоевите

200. Кој е основоположникот на теоријата за социјална стратификација? а. Фердинанд Тенис

б. Макс Вебер в. Рајт Милас г. Георг Зимел

201. Според Макс Вебер класите како општествени групи кои, во општествената стратификација се создаваат како последица на (што)? а.општествениот углед кој го имаат припадниците на општествената група б.општествената моќ која имаат припадниците на општественат на група в.сопственоста врз средствата за пороизводство на припадниците на општествената група г. нееднаквоста

202.Според Макс Вебер статусните групи како општествени групи во општествената стратификација се создаваат како последива на (што)?_______________________________________________

Page 25: Социологија

203. Најнискиот слој во општеството кој не припаѓе на нити една класа го означуваме како? __________

204. Од што произлегува суштинската разлика помегу социјалистичкиот и капиталистичкиот систем ? а.сопственоста над средствата за производство б.нееднаквите плати на работниците в.нееднаквоста мегу лугето г.класите

205. Целосна лишеност или недостиг од средства за задоволување на основните потерби на поединците или групите ја означуваме како? а. соромаштија б. неднаквост в. стратификација г. диференцијација

206. За лугето кои се лишени од социјални врски-исклучени од контакти до околината велиме дека се ? а. сиромашни б.на прагот на сиромаштијата в. фаталисти г.општествено исклучени

207. Движење или поместување на индивидуите или групите од една општествена позиција во друга во стратификацискиот систем го означуваме како ? а.миграција б.стратификација в. општествена мобилност г.општествена нееднаквост

208.. Што може да се дознае за поединецот доколку се знае со какво материјално богатство располага, каква општествена моќ има и каков општествен углед ужива?

а. Колку е општествено вреднувано неговото занимање б. Улогите што ги обавува поединецот в. Видот на занимањето на поединецот г. Општествената положба на поединецот

209. Според вертикалната општествена скала, општествената положба може да биде: а. Голема или мала б. Висока или ниска в. Позитивна или негативна г. Важна или помалку важн

VI. Општествена промена, европска интеграција и глобализација

210. Колективни настојувања и акции кои се насочени кон забрзување изведување или спречување на одредени општествени промени ги нарекуваме? а. Колективни движења б. Општествени движења в Движења за промени г. Променливи движења

211. Општествените движења немаат за цел?

Page 26: Социологија

а. Да создадат политички партии б. Да изведат некои општествени промени в. Да спречат некои општествени промени г. Да забрзаат некои општествени промени

211. Општествени движења кои се насочени кон создавање на рамноправност мегу половите и равноправност на жената ги нарекуваме ? _____________________________

212. Групации на нацисти кои се карактеризираат со активност насочена кон истребување на малите народи во современите општества познати се под името ? а. Нацисти б. Расисти в. Неорасисти г. Скинхедси

213. Антисемитизмот е општествено движење насочено против (кој народ) ____________________

214. Развој претставува? а. промена што е неповторлива и која се остварува во одредени делови во општеството б. промена што е повторлива и која се остварува во одредени делови во општеството в. промена на општеството во целина која вклучува постепен пораст на општествената сложеност и способност за искористување на стредината г. Промена со одредена насоченост и со последователни чекори во кои може да се разграничи почетокот, траење и крај

215. Макс Вебер како представник на егзогената теорија смета дека големо влијаноие за развојот на капитализмот има? а. Протестантската религија б. Борбата за профит в. Капиталистичкиот дух г. Католичката црква

216. Внесувањето повеќе рационални моменти во животот на лугето а намалување на традиционалните што се базирале на религијата ,традицијата и обичаите го означуваме соп поимот ? а. рационализација б. атеизам в модернизација г. традиционалност

217. Индивидуализмот, човековата мобилност и интензивни општествени промени се карактеристики на (кои иопштества)? а.Прединдустриските б.Модерните општества в. Сточарските општества г. Земјоделските општест

218. Кога општествата ги делима на прединдустриски индустриски и постиндустриски тогаш како основен критериум за класификација користиме а. Развојот на технологиите во општеството б. Развиеноста на науката во општеството в. Развојот на индустријата во општеството

Page 27: Социологија

г. Развиеноста на поделбата на трудот во општеството

219. Во општеството на собирачни и ловци економијата зависела од: а. способноста на луѓето б. природните услови в. технолошкиот развој г. поделбата на трудот

220. Животот во земјоделските општества се одвивал според а.општествени закони б.религиозни обреди в.природните циклуси г.норми на однсување

221. Најважен фактор кој извршил промени во традиционалните општества е: а. сточарството б. земјоделството

в. индустријата г. асимилацијата

222. Високиот степен на рационалност во човековото живеење кое е една од главните карактеристики на модерните општества се карактеризира со:

а. развој на науките, техниките и технологиите б. доминација на либерална демократија в. пресметливост, знаење и егоизам г. развој на институциите и правниот поредок

223. Во индустриските општества за прв пат во историјата на општествениот развој почнува да се јавува либералната доктрина која во суштина значи:

а. слобода на народите б. слобода на државата в. слобода на поединецот г. слобода на изразување

224. Врз основа на стапката на развој на системот на внатрешна контрола Херберт Спенсер општествата ги дели на

а. развиени и неразвиени општества б. заедница и општество

в. војнички и индустриски општества г. демократски и недемократски општества

225. Конфликтите имаат различни општествени функции. Која од долу наведните функции се оценува како општествено позитивна функција на конфликтите? а. општествен натпревар б. општествена промена и напредок в.општествена динамика г. општествена дезинтеграција

226. Социолозите , денешните општества на новата епоха ги нарекуваат? а. глобално општество б. модерно општество

Page 28: Социологија

в. индустриско општество г. интелектуално општество 227. Еден од наведените фактори не е фактор на глобализација? а. политички фактори

б. развој на технологиите в. религијата г. културата

228. Губењето на сувереноста на државите е резултат на : а. неонацизам б. глобализацијата в. пораст на корупција г. тероризам

229. Културата која е наменета за широките народни маси и се создава стандардно и во големи серии, во која е загубена креативноста се нарекува ________________________ култура.

230. Од наведената листа на земји, нацијата најпрво се остварила во: а. Германија б. Франција в. Русија г. Чешка

231. Прва претпоставка за формирање на нацијата е создавање : а. на национална етика б. на национала религија в. на писмена форма на национален јазик г. на национална свест

232. Транзиција е процес на: а. Давање на политички права на народот б. Можност за здружување и заедничко дејствување в. Процес на премин од регулирана економија кон пазарна економија г. Процес на градење на демократски институции

233. УНИЦЕФ е светска организација за заштита на: а. Еконосмките права б. Етничките права в. Детските права г. Женските права

234. Охрид е град под заштита на УНЕСКО.,која претставува организација за: а. заштита на историјата б. заштита на културата в. заштита на црвките г. заштита на езера

235. Република Македонија со осамостојувањетом стана членка на Обединетите нации. Во која година Р.македонија стана членка на О.Н. 1993 год.

Page 29: Социологија

236 .Која година Р.Македонија е примена за членка на Советот на Европа на ОБСЕ и на Партнерството за мир ? а. 1990 б. 1993 в. 1994 г. 1995 237. Во периодот на социјализмот во Македонија претпријатијата беа во општествена сопственост. Денес

најголем број од нив се во индивидуална сопственост. Како се нарекува тој процес низ кој се врши преопразба на сопственоста? _______________________________________

237. Evropskoto dvi`ewe za obedineta Evropa se "rodi"na Evropskiot kongres odr`an vo 1948 godina vo(кој град): a. Hag b. Singapur v. Viena g. Brisel

239. Zna~ajna institucija za integrirawe na Evropa e: a. Sovetot na Azija b. Sovetot na Evropa v. Sovetot na SAD g. Sovetot na Hag

240. Koga R. Makedonija stana prvata dr`ava od zemjite u~esnici vo Paktot za stabilizacija i asocijacija.Кога е potpi{aна Spogodbata za stabilizacija i asocijacija? a. 2001 b. 1998 v. 2006 g. 1990