83812677 ucime pravo klinicka programa

160

Upload: riste-panov

Post on 24-Dec-2015

41 views

Category:

Documents


16 download

DESCRIPTION

одличен прирачник за правото

TRANSCRIPT

Page 1: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa
Page 2: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa
Page 3: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВОКЛИНИЧКА ПРОГРАМА

Page 4: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

2

Содржината на ова издание не значи дека секогаш ги одразува погледите или ставовите на Набљудувачката Мисија на ОБСЕ во Скопје.

CIP – Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“, Скопје

34.075/ .076 (497.7) (035)341.171.075/.076 (4-672ЕУ) (035)

УЧИМЕ право : клиничка програма. - [Скопје] : Младински образовен Форум, 2009. – 152 стр. : табели ; 23 см

фусноти кон текстот

ISBN 978 – 9989 – 2269 – 4 - 6

а) Европска унија – Правни институции и институти – Прирачници б) Правни институции и институти – Македонија – Прирачници COBISS.MK-ID 76067850

Издава: Младински образовен форум

За издавачот: Илија Жупаноски

Автори:Нада НаумовскаНеда КоруновскаДарко ЈаневскиКире МиловскиДанче Даниловска Лектура и коректура:Силвија МитревскаАна Марија Бранџолица

Илустрација и обликување:Ѓорѓи Томовски

Organization for Security andCo-operation in EuropeSpillover Monitor Mission to Skopje

Page 5: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

3

СОДРЖИНА

ПРЕДГОВОР 5

СОЗДАВАЊЕ ЗАКОНИ / НОМОТЕХНИКА 7ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ 7СТРУКТУРА И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЗАКОНИТЕ И НОМОТЕХНИКА 23

ДОГОВОРИ 33ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ 33ДОГОВОР ЗА КУПОПРОДАЖБА 34ДОГОВОР ЗА ЗАКУП 46ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ 51ДОГОВОР ЗА ДАР 53

ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ 59

ТРГОВСКИ ДРУШТВА 77

ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 85ЧЛЕН 2: ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА ЖИВОТ 89ЧЛЕН 3: ЗАБРАНА ЗА МАЧЕЊЕ, НЕХУМАНО ИЛИ ПОНИЖУВАЧКО ПОСТАПУВАЊЕ 95ЧЛЕН 5: ПРАВО НА СЛОБОДА И СИГУРНОСТ 100АНЕКС I 111АНЕКС II 112

ЕВРОПСКА УНИЈА 113

УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 129

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ - ОМБУДСМАН 145

Page 6: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa
Page 7: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

5

ПРЕДГОВОР

Програмата „Учиме право“ во образовните институции во Република Македонија активно се спроведува од 1998 година, како програма со која се промовираат правната култура и создавањето проактивна младина. Во изминатиот период, „Учиме право“ успешно се спроведуваше како факултативна или проектна настава во повеќе од 20 средни училишта во Република Македонија, но и како редовна програма во многу младински центри, при што беа опфатени повеќе од 2000 средношколци. Во 2005 година, за првпат содржините на „Учиме право“ беа вклучени во клиничката настава на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Скопје, со што триесетина студенти, преку практични вежби, имаа можност да применат дел од знаењата што ги стекнале во текот на студиите.

Клиничката програма сè повеќе добива на значење како алатка со која студентите по право ги развиваат практичните вештини уште во текот на студирањето. Ваквиот начин на учење ќе стане секојдневие на студентите кои ќе запишат постдипломски студии по право. Клиничката програма „Учиме право“ претставуваше своевидна подготовка и вовед на студентите од трета година од академската 2008/09 за тоа што ги очекува во продолжението на нивната образовна надградба и професионален развој.

Клиничката програма „Учиме право“, спроведена во периодот од октомври до декември 2008 година, ги опфати темите (1) Создавање закони и номотехника; (2) Договори; (3) Здруженија на граѓани и фондации; (4) Трговски друштва; (5) Европски суд за човекови права; (6) Уставен суд и (7) Народен правобранител. Преку овие содржини, Програмата имаше за цел да поттикне вклучување применливи знаења во секојдневната настава на студентите, како и развивање критичко размислување и аналитички вештини меѓу студентите преку интерактивна настава, дебатирање за важни правни теми и пишување правни акти.

Второто, изменето и дополнето издание на овој прирачник вклучува тема и за Европската унија и истиот се издава за потребите на Клиничката програма „Учиме право“ наменета за студентите од Првиот приватен универзитет „ФОН“ кои во академската 2009/10 година се дел од проектот „Клинички програми за студенти по право“, имплементиран од Младинскиот образовен форум, но и за сите наредни генерации студенти на правните факултети во Република Македонија, кои ќе имаат желба да се вклучат во Програмата.

Авторите би сакале да ја искажат својата благодарност кон Драгана Кипријановска и Катерина Тодоровска кои учествуваа во изработка на содржините на овој прирачник и во реализацијата на дел од предавањата, и воедно кон Сања Богатиновска и Диана Близнаковска кои дадоа свој придонес во изведувањето на наставата споделувајќи дел од своите стручни знаења со студентите. Конечно, Младинскиот образовен форум би сакал да ја искаже својата благодарност кон Мисијата на ОБСЕ во Скопје од чија страна проектот финансиски беше поддржан, како и кон Првиот приватен универзитет „ФОН“ и студентите вклучени во Програмата за поддршката и ентузијазмот при реализација на проектот.

Од авторите

Page 8: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa
Page 9: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

7

СОЗДАВАЊЕ ЗАКОНИ / НОМОТЕХНИКА

ПРОБЛЕМ 1:Во празната колона на табелата обележете која од дадените изјави е точна, а која е неточна (еднаш на почетокот од часот, а втор пат на крајот од часот).

Изјава Точно / Неточно

На почеток од часот На крај од часот

Иницијатива за донесување закон можат да дадат само политичка партија, Владата и пратеник во СобраниетоПостапката за донесување закон е пропишана во законите за собрание и за владаВладата е вклучена во секоја законодавна постапка без разлика кој е предлагач на законотСекој донесен и објавен закон содржи преамбула во која накусо се наведени причините за неговото донесувањеЗа секој Предлог-закон Министерството за финансии дава мислење за фискалните импликацииМатичното работно тело и Законодавно-правната комисија ги разгледуваат сите членови од предлог-законот и поднесените амандмани и гласаат по нив По општата расправа во Собранието, предлог-законот се става на јавна дискусијаЗаконите во Собранието се носат со апсолутно мнозинство

Претседателот на државата не може да стави вето на закон кој е донесен со двотретинско мнозинствоАмандманот е форма преку која се предлагаат измена и дополнување на донесен законВо донесените закони може да се содржат алтернативи на одредени одредбиВо преодните и завршните одредби на законите се содржат одредби за роковите за донесување на подзаконските акти

ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ

Граѓаните во едно општество се водени од правила донесени од власта со кои се регулираат односи и поведенија. Овие правила се содржани во најразлични правни акти, почнувајќи од највисокиот правен акт во една држава - Уставот. Меѓутоа, традиционално, Уставот не навлегува во регулирање на сите животни ситуации, туку се ограничува на најзначајните кои во определено општествено уредување се сметаат за највредни и суштински за функционирање на системот. Најчесто односите и поведенијата се регулираат со закони. Повеќето правни системи го познаваат и го користат законот како форма преку која ги доразработуваат прашањата уредени со Уставот, но уште почесто и како оригинерна форма за уредување некоја материја.

Инсистирањето на регулирање голем број области и прашања со закони создава „инфлација“ од

Page 10: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

8

закони и се оптоварува работата на Собранието. Ова е особено ако се има предвид дека одредена материја е подлежна на чести промени, па секоја законска промена за вградување на новината води кон почитување на сложената законодавна постапка.

Во Република Македонија основата на постапката за донесување закони е регулирана со членовите 7, 8, 51, 52, 61, 68, 69, 71, 75, 76, 91, 101, 108, 115, 118 и 126 и so амандманот X од Уставот на РМ, а поединостите се доуредуваат со Деловникот на Собранието на Република Македонија и со Деловникот за работа на Владата на Република Македонија. Одделни аспекти на постапката за некои видови нормативни акти се уредени и во некои други закони (на пример, постапката според која се склучуваат меѓународните договори е уредена во Законот за склучување меѓународни договори).

Постапката според која се донесуваат законите е посебно значајно прашање кое Собранието на Република Македонија, како законодавен орган, го уредува со Деловник на Собранието на РМ. Преку законодавната постапка се остварува основната функција на Собранието како законодавно тело. Така утврдена законодавната постапка, на Собранието му обезбедува доминантна улога во сите фази и процеси на создавање и донесување на законите. Воедно, со Деловникот на претставници и на органи и организации им се овозможува присуство и учество во работата на седница на Собранието, кога се разгледуваат прашања од нивна надлежност.

Покрај постапката за донесување закони, од големо значење е техниката преку која политиката на власта се преточува во законските норми (номотехника). Од начинот на формулирање на законските одредби зависат квалитетот на законот и неговата правилна примена. Токму затоа, секој правник треба добро да ја познава и да владее со техниката на пишување закони и подзаконски акти. Секој правник може да се најде во ситуација да учествува во изработката на законите, било во својство на член на работна група (државен службеник или надворешен експерт), било како засегната страна чии права и интереси, односно област на дејствување и интерес се регулираат со прописот. Само добро обучени правници можат да придонесат за квалитетни, јасни, разбирливи, издржани и применливи законски текстови.

Во натамошниот текст од оваа тема следат објаснувања на постапката, онака како што е регулирана со Уставот и со споменатите деловници, објаснувања и препораки за номотехниката на изработка на законски текст. Многу е значајно што во текстот се вклучени примери од практиката преку кои на студентите на полесен начин им се приближува оваа, навидум апстрактна и сувопарна материја. Преку вежбите студентите, како идни правници и професионалци вклучени во законодавниот процес, ќе бидат оспособени да пишуваат закон(ски одредби)!

Која е разликата меѓу иницијатива и право да се предложи донесување закон?

ПРАШАЊE 1:

Дали секој граѓанин може да биде учесник во постапката за донесување закон?Која е разликата меѓу иницијативата и правото да се предложи донесување закон?Дали граѓанинот може и треба да биде предлагач на закон?Дали знаете закон кој бил инициран од граѓанин или предложен од група граѓани (најмалку 10.000 избирачи)?

Секој има право да поднесе иницијатива за донесување закон! Со ова право на граѓанинот му е

Page 11: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

9

овозможено да учествува во законодавната постапка, без притоа да биде член на некоја политичка партија или граѓанско здружение, или, пак, да биде вработен во државната администрација. Во согласност со член 133 од Деловникот на Собранието, иницијатива за донесување закон може да даде секој граѓанин, група граѓани, институции и здруженија. Граѓаните, пак, можат да се јават и како предлагачи на закон на два начина:

посредно - преку овластените предлагачи и непосредно - преку граѓанска иницијатива, која според Уставот претпоставува постоење

(потписи) на 10.000 избирачи.Кога иницијаторот (на пример, граѓанинот) ќе ја поднесе иницијативата до овластениот предлагач (на пример, Владата) - што претставува посреден начин на предлагање закон - овластениот предлагач може да одлучи да поднесе предлог на закон или да ја отфрли иницијативата.

Правото да предлагаат донесување закон, според Уставот и Деловникот на Собранието им се дава на овластените предлагачи, односно на:

секој пратеник во Собранието, Владата и најмалку 10.000 избирачи,

но не и на граѓанинот како поединец или здружен со други граѓани доколку нивниот број е помал од 10.000. Во тој случај, Собранието нема да ја отфрли иницијативата туку ќе ја достави до пратениците и до Владата, а за тоа ќе го извести подносителот на иницијативата. Ако овластениот предлагач ја прифати иницијативата за донесување закон, на Собранието му доставува предлог за донесување закон.

Кои фази ја сочинуваат постапката за изработка и донесување закон?

Како се одвива постапката на изработка и предлагање закон на ниво на влада?

Page 12: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

10

Иако Уставот на РМ дава можност предлагачи на закон да бидат пратениците, Владата и најмалку 10.000 граѓани, во практиката повеќе од 95% од предлозите за донесување закон произлегуваат од Владата. Колку е значајна улогата на Владата во постапката на предлагање и донесување закон зборува и одредбата со која во случај Владата да не е официјален предлагач на законот, сепак, се предвидува предлог-текстот да мора да и биде доставен на Владата на мислење. Уште повеќе, претставник на Владата може да го образложи мислењето на седница на Собранието.Кога Владата се јавува како предлагач, се применува постапка која вклучува повеќе чекори и фази. Владата е колективно тело во кое членуваат министри кои раководат со одредени ресори, па поради тоа секој предлог-закон се изработува во надлежното министерство. Секое министерство е должно да изработи годишна програма за работа, во која се содржани (под)законските акти кои министерството планира да ги изработи во тековната година. За да се пристапи кон изработка на предлог-закон во рамките на ресорното министерство, потребно е министерот да донесе одлука. Во одлуката се содржат имињата на вработените лица од министерството кои ќе членуваат во работната група, евентуално назначување надворешни експерти и рокот за изработка на законскиот текст. Доколку се работи за посложена и пообемна материја, тој рок е подолг. Меѓутоа, рокот може да биде и многу краток доколку се работи за прашање кое бара итно законско регулирање. Во ситуации кога областа што се регулира опфаќа надлежност на повеќе министерства, тогаш може да се формира меѓуресорска работна група под координација на едно министерство кое го определува Владата.

Изработениот текст надлежното министерство задолжително го испраќа до следните органи:- Министерство за финансии - заради проверка на финансиските импликации од донесувањето и

примената на тој закон (предвиденост на средства во Буџетот за негова имплементација);- Министерство за правда – доколку во предлог-законот се содржат: одредби кои опфаќаат пршања

поврзани со органите на управата, како и прекршочни или казнени одредби, а праксата покажува дека во најголем број случаи законите содржат вакви одредби;

- Секретаријат за законодавство (стручна служба во состав на Владата) - заради номотехнички преглед и проверка на усогласеноста на текстот, како со националното законодавство, така и со законодавството на ЕУ; и

- други министерства или органи на управа - доколку одреден дел од текстот на законот регулира материја која има допирни точки со надлежностите на друго ресорно министерство или орган на управа (на пример, надлежно министерство за изработка на Законот за заштита на личните податоци е Министерството за внатрешни работи, но при неговата изработка Министерството е должно да се консултира и да добие мислење од Дирекцијата за заштита на личните податоци).

Пред да се најде на разгледување на владина седница, предлог-законот, прво, се разгледува во рамките на владините стручни колегиуми и комисии. Исто така, Владата формира стручни совети како постојани консултативни тела (правен и економски совет), кои, по потреба, разгледуваат и даваат стручни мислења за правни и за економски прашања, вклучително и предлог-закони. Надлежното министерство предлог-законите и другите материјали ги доставува по електронски пат преку информацискиот систем на Владата, што претставува современ начин на работење кој овозможува ефикасност и унифицираност во постапката. Материјалите, вклучително и предлог-законите, се доставуваат до Владата најдоцна 8 дена пред одржување на седницата на која ќе се разгледуваат. Доколку материјалите се однесуваат на стратешки и на други важни прашања, тогаш тој рок е подолг, односно треба да се достават најдоцна 15 дена пред одржувањето на седницата на Владата. Предлог-законот чиј текст е утврден на владина седница се испраќа до Собранието на РМ.

Page 13: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

11

ПРАШАЊE 2:

Дали при изработката на закон од страна на ресорното министерство задолжително треба да се вклучат субјекти кои се засегнати од тој закон или е доволно што предложениот закон пред самото негово усвојување ќе биде јавно објавен и презентиран?Дали треба да има рок за изработка на закон? Колкав треба да биде минималниот и максималниот рок за изработка на закон од страна на работната група пред да биде доставен до Владата?Дали само одредени закони имаат фискални импликации? Дали за усвојување и имплементација на одреден законски текст пречка може да биде недостигот на финансиски средства? Дали знаете за некој предлог-закон кој не бил усвоен или неговото усвојување се одложило поради недостиг на пари во буџетот?Дали е потребно предложениот текст на законот во рамките на Владата да поминува низ толку многу филтри? Ако мислите дека се вклучени премногу субјекти и фази, како би ја скратиле процедурата?

ПРОБЛЕМ 2: АНАЛИЗА НА СЛУЧАЈ

Факти од случајот:Во годишната програма за работа на Владата на РМ, за првиот квартал беше предвидено да се изработат Измени и дополнувања на изборниот законик. Заменик-министерот за локална самоуправа (МЛС), на 23 март 2005 година, со решение формираше работна група, во чиј состав беа државни службеници од ова министерство. Задачата на работната група беше да изработи предлог-закон за локалните избори. Текстот на предлог-законот за мислење беше доставен до Министерството за правда и до Секретаријатот за законодавство (СЗ). Десет дена од испраќањето на предлог-законот на мислење, МЛС со добиеното мислење од СЗ предлог-законот, со придружното мислење, ги испрати до Владата на РМ. Предлог-законот беше разгледуван од работните тела во Владата, по што Владата на седница донесе решение со кое го врати предлог-законот на надлежниот изработувач заради утврдените пропусти во постапката. По повторното испраќање на предлог-законот од страна на надлежното министерство, Владата го утврди текстот на Законот и го испрати на усвојување во Собранието.

Релевантни одредби за случајот:Закон за организација и работа на органите на државната управаЧлен 17Министерството за правда ги врши работите што се однесуваат на: судството, јавното обвинителство, државното правобранителство; државната управа; кривичната одговорност и одговорност за прекршоците, нотарски работи, адвокатура и други видови правна помош; наследувањето, сопственоста, стварни права и облигационите односи; меѓународната правна помош; извршувањето на санкциите за кривични дела и прекршоци; организацијата и управувањето со казнено-поправните и со воспитно-поправните установи; амнестијата и помилувањето; судските вештачења, екпсертизи и супервештачења; изборниот систем, водење евиденција за избирачкото право; кривичната, прекршочната, парничната, вонпроцесната, извршната и управната постапка;

Page 14: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

12

управниот надзор; вршењето на работите што не спаѓаат во надлежност на друг орган на државната управа и врши други работи утврдени со закон.

Член 25Министерството за локална самоуправа ги врши работите што се однесуваат на: следење на развојот и предлагање мерки за унапредување на локалната самоуправа; следење на состојбата за територијалната поделба и развивање стандарди за големината,

населението и потребите на единиците на локалната самоуправа; предлагањето на системот, политиката, мерките и инструментите за остварување порамномерен

регионален развој и за поттикнување на развојот на стопански недоволно развиените подрачја; остварувањето и користењето на средствата наменети за стопански недоволно развиените

подрачја; надзорот од негова надлежност, и врши други работи утврдени со закон.

Член 47(1) Со работата на министерството раководи министер.

Член 48(2) Заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други

причини не е во можност да ја врши својата функција.(3) Заменикот во соработка со министерот врши работи од надлежноста на министерот што тој ќе

му ги довери.

Член 55(1) Министерот донесува правилници, наредби, упатства, планови, програми, решенија и други

видови акти за извршување на законите, кога за тоа е овластен со закон.

Закон за Владата на Република Македонија

Член 36 (Акти на Владата)(1) Со уредба со законска сила Владата уредува прашања од надлежност на Собранието во случај

на воена или вонредна состојба ако не постои можност за свикување на Собранието.(2) Со уредба Владата го уредува извршувањето на законите, утврдува начела за внатрешна

организација на министерствата и другите органи на државната управа и уредува други односи во согласност со Уставот и со законите.

(3) Со одлука Владата одлучува за одделни прашања и мерки за извршување на законите, основа стручни и други служби за своите потреби и заеднички служби за потребите на Владата и на министерствата и на другите органи на државната управа.

(4) Со упатство Владата го пропишува начинот на работа на министерствата и на органите на државната управа.

(5) Со програма се утврдуваат одделни прашања од надлежност на Владата за кои е потребно утврдување динамика и рокови.

(6) Со решение Владата врши именување и назначување, односно разрешување од должноста на директори кои раководат со органи на државната управа, државен, односно генерален секретар и други именувања и разрешувања за кои е овластена и одлучува за други прашања и управни работи.

(7) Со заклучок Владата зазема ставови по прашањата што ги претресувала на седница, утврдува

Page 15: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

13

мислења по предлозите на закони и други прописи и по материјали што до Собранието ги поднеле други овластени предлагачи, одлучува за определени прашања на внатрешната организација и односи во Владата, ги распределува задачите на министерствата и органите на државната управа и задачите на своите служби и зазема ставови за прашањата од своја надлежност.

Член 40(2) Секретаријатот за законодавство ги врши работите што се однесуваат на обезбедување на конзистентноста на правниот систем и давање стручни мислења за усогласување на предлозите на законите и на другите прописи со Уставот, законодавството на ЕУ и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот и дава стручни мислења по прописите на општините за кои тоа ќе го побара Министерството за локална самоуправа.Деловник за работа на Владата на Република Македонија

Член 10(1) Министрите, кои раководат со министерствата, се должни да се придржуваат кон утврдените

рокови за подготвување на прописите и на другите акти утврдени со овој Деловник и годишната Програма за работа на Владата.

(2) Ако во определен рок не ги подготват и не ги достават прописите или другите акти предвидени во Годишната програма на Владата, министрите се должни претседателот на Владата да го известат за причините поради кои програмираните работи не се извршени во определените рокови.

Член 65(2) Предлозите на закони... предлагачите ги доставуваат до Владата во облик во кој се донесуваат

и содржат кореспондентна табела и изјава за усогласеноста на прописите со законодавството на ЕУ.

(3) Предлозите на закони, освен законите чие донесување се предлага по итна постапка, содржат и проценка на влијанието на регулативата.

Член 70(3) Материјалите по кои не се прибавени мислења нема да се разгледуваат на седница на работни

тела и на Владата.(4) По исклучок, материјалите, освен мислењето за фискалните импликации, може да се достават

до Владата и без предвидените мислења... ако се работи за прашања што се итни и не трпат одлагање.

Член 73(1) Министерствата и другите органи на државната управа до кои се упатени барања за мислење...

се должни да ги достават своите мислења писмено до барателите најдоцна во рок од 7 дена од денот на приемот на материјалите.

(3) Доколку министерствата и другите органи на државната управа не ги достават своите писмени мислења во утврдениот рок, материјалите ќе се достават за разгледување на седница на Генерален колегиум.

Член 74(1) За разгледување на степенот на подготвеноста на материјалите и актите за седница на Владата...

се образува Колегиум на државни секретари (Генерален колегиум).(10) Одделни материјали и акти може да се одложат од разгледување на седница на Генерален

Page 16: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

14

колегиум, доколку не се подготвени во согласност со овој деловник, по барање на предлагачот на актот или поради потреба од усогласување на прашањата за кои надлежните министерства имаат различни ставови и мислења, при што се утврдува дополнителен рок од 5 дена од денот на одржувањето на седницата на Генералниот колегиум.

ПРАШАЊE 3:Кое министерство е надлежно за подготовка на Закон за локалните избори - Изборниот законик? Дали во овој случај треба да се формира меѓуресорска група?Дали Министерството при подготовка на закон треба да се води по одредена програма или рок? Дали заменик- министерот смеел да донесе решение?Дали изготвениот предлог-закон е испратен до сите органи кои треба да дадат мислење во согласност со Деловникот за работа на Владата и материјата што се регулира?Дали МЛС правилно постапило кога го испратило Законот до Владата без да ги добие сите мислења? Дали се почитувани роковите за доставување мислење?Кои се придружните изјави поднесени заедно со предлог -законот?Кои работни тела во состав на Владата требало да го разгледаат предлог-законот? Што можеле да направат со предлог-законот?Дали Владата правилно постапила кога одлучила да го врати предлог-законот на изработувачот?Кои дејства вие би ги презеле за да нема пропусти во постапката, односно за да се спроведе постапка во согласност со одредбите содржани во релевантните прописи?

Како се одвива законодавната постапка во рамките на Собранието на РМ?Собранискиот дел од постапка се одвива во повеќе фази кои се објаснети подолу. Најголем број закони се донесуваат во редовна постапка, која, воедно, се состои и од најмногу фази. Но, законите може да се донесат и во скратена и итна постапка. Скратената постапка се состои само од две фази: поведување иницијатива за донесување закон со предлог на закон и усвојување на законот. Итната постапка, исто така, се состои од две фази, како и скратената, но, за разлика од неа, се одвива во скратени рокови или не се применуваат пропишаните рокови што важат за секоја од фазите во редовната или во скратената постапка.

Стандардната и долги години применувана законодавна постапка во рамките на Собранието значително се промени со донесувањето на новиот Деловник на Собранието, во 2008 год. Постапката повеќе не содржи предлог за донесување закон, нацрт-закон итн., иако сржта на овие фази е задржана и на поинаков начин применета во новите процедурални фази. Сега, постапката се спроведува во фази од прво до трето читање на предлог-законот. Одредбите од новиот Деловник кои се однесуваат на постапката за донесување закон не влегоа во сила истовремено со останатите одредби од Деловникот, туку имаа одложена примена (три месеци по влегување во сила на Деловникот). Целта на оваа одложена примена е стручните служби и пратениците во Собранието да се подготват за новата постапка.

Што претставуваат собраниските комисии и каква е нивната улога? Законите, покрај тоа што се разгледуваат на собрански седници, се разгледуваат и на седниците во работните тела – комисиите - на Собранието. Работните тела се основаат со одлука на Собранието и во моментот постојат 20 работни тела. Покрај тоа, постојат и две тела кои се формираат во согласност со Уставот: Комитетот за односи меѓу заедниците и Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите права.

Page 17: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

15

Секое работно тело разгледува одредена област на закони (на пример, Комисијата за образование, наука и спорт ги разгледува законите кои се однесуваат на образованието и спортот). Овие комисии се нарекуваат уште и матични работни тела. Покрај матичните работни тела, има уште една комисија, а тоа е Законодавно-правната комисија (во продолжение ЗПК). Значајно е да се каже дека оваа комисија се разликува од останатите 19 комисии по тоа што во оваа комисија се разгледуваат сите закони без оглед на која област се однесуваат.

Комисиите се составени од претседател, членови и нивни заменици. Нивниот број се разликува од комисија до комисија, но најчесто се движи од 5 до 15 членови. Претседателите и членовите на комисиите се бираат од редот на пратениците. Комисиите работат на седници на кои ги разгледуваат законите пред пленарната седница на Собранието. Членовите на овие комисии со гласење одлучуваат дали некој закон ќе се разгледува понатаму во Собранието. Во комисиите работат и државни службеници кои се нарекуваат советници на комисии. Советниците, всушност, ја подготвуваат целата работа за текот на седницата на комисијата, а тоа се состои од пишување покана со дневен ред (закони кои ќе се разгледуваат), подготовка на сценарио на претседателот на комисијата, подготовка на извештаи и записници од одржаната седница и други материјали.

На седниците на работните тела може да се поканат научни, стручни и јавни работници и претставници на општините, на Градот Скопје, на јавните претпријатија, синдикати и на други организации и институции и здруженија за да изнесат свои мислења по прашања што се разгледуваат на седницата на телото. Во работното тело може да има двајца членови од редот на научните и стручните работници - едниот се избира на предлог на пратеничките групи од партиите во позиција, а другиот на предлог на пратеничките групи во опозиција. Овие членови во работата на работното тело учествуваат без право на одлучување.

Како се одвива првото читање на предлог-законот?Кога ќе го добијат предлог-законот, пратениците треба во рок од 7 дена да поднесат барање за одржување општ претрес, кое треба да биде поддржано од 15 пратеници. Под општ претрес се подразбира образложување на законот од страна на предлагачот, односно укажување зошто е потребно да се донесе тој предлог на закон. Покрај ова, и политичките партии во општиот претрес го искажуваат својот позитивен или негативен став за донесување на тој закон. Доколку ова барање не биде поднесено во определениот рок, нема воопшто да постои прво читање, туку веднаш ќе се премине на второ читање.

Доколку е поднесено барање, почнува првото читање, кое ги опфаќа следните дејства:1. Претседателот на Собранието свикува седница за општ претрес на предлог-законот, не подоцна

од 20 дена од поднесувањето на барањето. 2. Откако претседателот на Собранието ќе ја свика седницата, матичните работни тела и ЗПК ќ е

го разгледуваат предлогот на законот три дена пред денот определен за пленарана седница (на пример, ако пленарната седница е закажана за 10 ноември, комисиите предлог-законот ќе треба да го разгледуваат најдоцна до 6 ноември). ЗПК, покрај потребата за донесување на законот, ја разгледува и неговата усогласеност со Уставот.

3. По одржаните седници, работните тела изготвуваат извештаи кои треба да содржат мислење дали предлогот на законот е прифатлив или неприфатлив и дали треба да се даде на понатамошно читање.

4. На пленарна седница Собранието води општа расправа и одлучува (гласа) дали предлог-законот може да се даде на второ читање. Доколку Собранието одлучи дека предлог-законот е прифатлив и може да се даде на натамошно читање, продолжува законодавната постапка. Во спротивно, постапката се прекинува и истиот предлог не може повторно да се поднесе во рок од 3 месеци.

Page 18: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

16

5. Кога предлог-законот е од поширок интерес, Собранието може да одлучи тој закон да оди на јавна дискусија и да определи матично работно тело да ја организира јавната дискусија. Работното тело се грижи предлогот на законот да го објави во дневниот печат со цел да им биде достапен на граѓаните и на другите заинтересирани субјекти. Врз основа на изнесените мислења и предлози во текот на јавната дискусија, работното тело подготвува извештај, кој заедно со предлог-законот се доставува до Собранието на второ читање.

Како се одвива второто читање на предлог-законот?Основната разлика меѓу првото и второто читање е во тоа што при второто читање може да се врши изменување и дополнување на предлог-законот во форма на амандмани кои се доставуваат до претседателот на Собранието, без разлика дали доаѓаат како предлог од страна на пратеник, пратеничка група и предлагач на законот. Второто читање на предлог-законот во работните тела опфаќа:1. Седниците на работните тела се одржуваат во рок од 7 дена по одржаната седница на Собранието

(на пример, ако седницата за прво читање на Собранието се одржала и завршила на 10 ноември, седниците на работните тела за второ читање ќе се одржат до 18 ноември).

2. Амандманите се поднесуваат најдоцна два дена пред одржување седница на матичното работно тело и ЗПК (во случајот до 16 ноември).

3. Амандаман може да поднесе секој пратеник, пратеничка група и работно тело.4. Матичното работно тело и ЗПК ги претресуваат (разгледуваат) сите членови од предлог-законот

поединечно, како и поднесените амандмани и гласаат по нив.5. Кога овие две работни тела ќе завршат со претресот, односно со разгледување на членовите и на

амандманите, во рок од 5 дена треба да подготват текст на предлог-законот во кој ќе ги вградат сите усвоени амандмани и образложението. На тој начин се подготвува дополнет предлог, а во образложението се наведуваат разликите на решенијата од текстот на првичниот предлог-закон и дополнетиот и причините за тие измени.

Второто читање на предлог-законот на седница на Собранието опфаќа:1. На второто читање на седницата на Собранието се води претрес (се разгледуваат) само по оние

членови на предлог-законот што се изменети со усвоените амандмани на работните тела и само на нив може да се поднесат амандмани.

2. Амандмани можат да поднесат секој пратеник, пратеничка група и предлагачот на законот најдоцна во рок од 3 дена пред денот определен за одржување седница. Тука е важно да се напомене дека во второто читање има разлика во однос на тоа кој може да поднесе амандман на седница на работно тело, а кој на седница на Собрание. Работното тело може да поднесе аманадмани во второто читање само на седница на работно тело, а не и на собраниска седница. Додека предлагачот на законот може да поднесе амандман само на седница на Собрание.

3. Доколку се усвоени повеќе од една третина од членовите на дополнетиот предлог-закон, по завршеното второ читање се подготвува и правно технички се уредува текстот на законот за трето читање.

4. Доколку на седницата на Собранието се усвоени помалку од една третина амандмани, Собранието може да одлучи третото читање на предлогот на законот да се одржи на истата седница.

5. Доколку Собранието не усвои ниту еден амандман на второто читање, се преминува на гласање на предлог-законот на истата седница.

Треба да се напомене дека при второто читање присуството на предлагачот на законот на седница на работно тело не е задолжително. Поради тоа, амандманите кои ќе се разгледуваат на работните тела ќе се прифаќаат со гласање од страна на членовите на комисиите, без произнесување на предлагачот на

Page 19: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

17

законот околу прифатливоста на амандманот. На седниците на Собранието, предлагачот присуствува на седница и се произнесува по амандманите.

Како се одвива третото читање на предлог-законот?Кај третото читање суштинска разлика со претходните две читања е тоа што работните тела не расправаат. При третото читање текстот на предлог-законот се разгледува само на седница на Собранието и опфаќа:1. Амандмани се поднесуваат најдоцна во рок од два дена пред денот на одржување на седницата

на Собранието. Амандман може да поднесе секој пратеник и предлагачот на законот.2. Во третото читање, амандмани на предлог-законот можат да се поднесат само на членовите за

кои биле усвоени амандмани во текот на второто читање на седница на Собранието.3. Собранието расправа и одлучува само по членовите за кои се поднесени амандмани и одлучува

за предлогот на законот во целина.

Целата оваа постапка што беше објаснета се нарекува редовна постапка.

Како се носат законите по итна постапка, а како во скратена постапка?По итна постапка може да се донесе закон кога тоа е неопходно заради спречување или отстранување поголеми нарушувања во стопанството или кога тоа го бараат интересите на безбедноста и на одбраната на Републиката или во случаи на поголеми природни непогоди, епидемии или други вондредни и неодложни потреби. За предлог-законот да може да се донесе по итна постапка, предлагачот е должен да ги образложи причините.

1. Кај итната постапка, претседателот на Собранието го става предлог-законот на дневен ред и пратениците прво одлучуваат дали е оправдано да се донесе предлог-законот по итна постапка без претрес.

2. Доколку Собаранието одлучи предлог-законот да се донесе по итна постапка, матичното работно тело и ЗПК ќе се задолжат да расправаат по предлог-законот.

3. Работните тела можат да го разгледуваат предлог-законот и веднаш да почнат со второ читање, со претрес на секоја одредба и на секој поднесен амандман.

4. Во итната постапка амандамните можат да се поднесуваат до завршување на претресот - тоа значи до крајот на седницата.

5. Откако работните тела ќе завршат со седниците, предлог-законот продолжува да се разгледува на седница на Собрание.

6. Во итната постапка нема општ претрес. На седница на Собранието, второто и третото читање се спроведуваат на иста седница.

7. Амандмани се поднесуваат до завршување на претресот.

Предлагачот на законот може да му предложи на Собранието да расправа по скратена постапка во случај кога:- не е во прашање сложен и обемен закон (на пример, кога со предлог-законот се врши менување

на три члена од Законот за високото образование);- престанок на важност на некој закон или одделни одредби од некој закон (на пример, со предлог-

законот се предлага престанок на закон донесен уште од СФРЈ);- кога не се во прашање сложени и обемени усогласувања на законот со правото на ЕУ.Постапката е многу слична со итната постапка, а разликата е само во поднесувањето на амандманите. На работни тела може да се поднесуваат до почетокот на второто читање, додека, пак, на седница на Собрание до почетокот на третото читање.

Page 20: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

18

ПРАШАЊE 3:1. Што претставува работно тело и кој го сочинува работното тело?2. Колку постапки за донесување закон постојат?3. Колку читања се предвидени во согласност со Деловникот на Собранието? Дали секогаш се

одржуваат сите читања?4. Дали пратениците имаат право да го менуваат предлог-законот?5. Дали постои разлика во однос на тоа кој може да поднесува амандмани во второто и во третото

читање во работните тела и на седница на Собрание?6. По завршувањето на седниците на работните тела од второто читање дали тие го доставуваат

истиот предлог-закон или во него можат нешто да менуваат?

Како се донесува, прогласува и се објавува закон?Гласање и видови мнозинство: Собранието донесува закони со мнозинство гласови од присутните пратеници (релативно мнозинство), а најмалку со 1/3 од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство. За закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите, Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија (двојно мнозинство). Во случај кога законите се вратени од страна на претседателот на РМ, Собранието одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници (апсолутно мнозинство). За некои закони, точно определени со Уставот, т.н. органиски закони, како и за промена и донесување Устав, Собранието одлучува со двотретинско мнозинство гласови (квалификувано мнозинство).

Потпишување и прогласување на законот: Текстот на законот не се потпишува! Претседателот на Собранието, веднаш по донесувањето на законот, го доставува до претседателот на Републиката заради потпишување на указот за прогласување на законот. Ако претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот (право на вето), Собранието повторно го разгледува предлог-законот во фаза на трето читање, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот. При повторното разгледување на предлог-законот амандмани може да се поднесуваат само на делот од законот на кој укажал (го „оспорил“) претседателот на Републиката. Доколку при повторното гласање, Собранието го усвои законот со апсолутно мнозинство, тогаш претседателот е должен да го потпише указот. Меѓутоа, има закони за кои претседалот на државата не може да стави вето. Кога законот се донесува со двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници, претседателот е должен да го потпише указот.

Објавување на законите: Пред да влезат во сила, законите, другите прописи и општи акти се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“. Законите се објавуваат на македонски јазик и на неговото кирилично писмо, но и на друг службен јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и на неговото писмо (во овој момент, друг службен јазик и писмо е албанскиот јазик со неговото писмо).

Page 21: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

19

ПРИМЕР 1:Указ за прогласување на Законот за вонпарнична постапка

Page 22: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

20

ПРИМЕР 2:Илустрација на постапка за донесување закони предлагани од Владата1

1 Водечки принципи за информирање, учество и консултации со јавноста во процесот на изготвување на политиката и законодавството - Joseph McArdle (ПРИСТАП КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА – Прирачник за изработка на економското законодавство, мај 2004).

Page 23: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

21

На кој начин граѓаните и јавноста учествуваат во постапката за донесување закони?Еден од клучните елементи за добро владеење (good governance) е вклучување на граѓаните во креирањето на политиката и на законите. Приодот на консултации со граѓаните резултира со подобар квалитет на законите, зголемена доверба на јавноста во власта, зацврстен капацитет на граѓанскиот сектор и развој на демократските процеси. Консултациите на власта (Собранието и Владата) со граѓаните се двонасочен процес, преку кој граѓаните им даваат повратни и корисни информации на органите на власта за оние прашања кои се од интерес на граѓаните, деловната заедница и пошироката јавност. Доколку се земат предвид мислењата и предлозите дадени од заинтересираните субјекти и се вградат во законскиот текст, тогаш можностите законот лесно да се имплементира, разбере и да се прифати се поголеми. Но, одговорноста за конечната одлука секогаш паѓа на доносителите на законот!2

Транспарентноста на Владата и органите на државната управа и консултации во постапката за изработка на закони е утврдена како обврска во Закон за Владата на Република Македонија и Законот за организација и работа на органите на државната управа. Информации за работата на Владата во постапката за изработка на законите можат да се добијат преку редовните конференции и соопштенија за печат. Соопштенијата се поставуваат и на интернет-страницата на Владата (htt p://www.vlada.mk). Транспарентноста на министерствата во последните години е подобрена. Некои од нив имаат професионални лица за односи со јавноста (т.н. портпароли), кои се во секојдневен контакт со медиумите. На веб-страниците на министерствата често се поставуваат работни верзии на предлог-законите, со можност секое заинтересирано лице да даде свој предлог и коментар. Понекогаш се организираат јавни презентации и дебати за предлог-законите со сите засегнати страни (професионални и граѓански здруженија, комори, научни институции и сл.). Сепак, сè уште постојат одредени министерства кои го немаат постигнато ова ниво на јавност, професионалност и желба за поголемо вклучување на граѓаните во законодавниот процес. Поради тоа, многу често се случува засегнатите граѓани и организации да се запознаат со содржината на законскиот текст штом истиот ќе се најде на собраниска расправа или откако ќе биде донесен.

За да се зголеми учеството на граѓаните при изработката на законите, со Деловникот за работа на Владата се воведе инструментот „Оценка на влијанието на законите“ (Regulatory Impact Assessment - RIA). Со примената на овој инструмент треба да се подобри процесот на создавање на законите и да се зголеми нивниот квалитет. Неговата примена ќе биде задолжителна од 1.1.2009 година за сите министерства кои изработуваат предлог-закони. Придобивки oд воведување проценка на влијанието на регулативата се: а) комплетност и длабочина на анализата за реалните влијанија од регулативата и б) транспарентност и консултации, како „интерно“ (меѓу министерствата), така и „екстерно“ со останатите засегнати страни (граѓаните, граѓанските здруженија, стопански субјекти и нивните професионални здруженија и комори.

Во таа насока е и воведувањето на електронскиот регистар на прописи. Во овој регистар ќе се објавуваат сите закони во подготовка. Притоа, секое заинтересирано лице, во рок од 10 дена од објавувањето на предлог-прописот, може да достави предлози и забелешки по истиот. Мислењето на надлежниот орган во врска со поднесените предлози и забелешки, исто така, се објавува на интернет-страницата.

Собранието, како претставнички орган на граѓаните, по дефиниција треба да биде орган достапен и отворен за граѓаните. Јавноста во работата на Собранието се обезбедува на неколку начини.

2 Водечки принципи за информирање, учество и консултации со јавноста во процесот на изготвување на политиката и законодавството - Joseph McArdle (ПРИСТАП КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА – Прирачник за изработка на економското законодавство, мај 2004).

Page 24: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

22

Граѓаните и медиумите можат да присуствуваат на седниците на Собранието и на неговите работни тела, се разбира, во согласност со внатрешните правила и процедури. Собранието преку своите стручни служби објавува најави за активности (дневен ред за седниците), соопштенија за печат, а позначајните предлог-закони се објавуваат во печатот или во посебни публикации. Исто така, најавите, соопштенијата и предлог-законите редовно се поставуваат на веб- страницата на Собранието (htt p://www.sobranie.mk).

ПРАШАЊE 4:

Дали сте ги посетиле веб-страниците на министерствата, на Владата и на Собранието? Дали на овие веб-страници сте нашле информации или текст на предлог-закон?Дали сте имале можност да присуствувате на јавни расправи на предлог-закон или да доставите ваше мислење на закон во подготовка? Дали бевте задоволни од одговорот и од соработката со изработувачот на законот?Посочете закон чиј процес на изработка бил предмет на поширок консултативен процес (јавни расправи, консулатации и вклучување на засегнати страни)?Во кој дел од постапката треба да има поголема вклученост на граѓаните? Дали треба да постои дел од постапката во кој учеството и консултирањето на граѓаните преку различни форми би било задолжително?

Page 25: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

23

СТРУКТУРА И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЗАКОНИТЕ И НОМОТЕХНИКА

Каква е структурата на предлог-законот и кои се придружните материјали кон предлог-законот?Во член 135 од Деловникот на Собранието е пропишана содржината на предлог-законот. Секој предлог-закон задолжително содржи: назив на законот, вовед, текст на одредбите на законот и образложенија.

Воведот содржи: оценка на состојбата во областа што треба да се уреди и причини за донесување на законот; целите и начелата на законот; оценка на финансиските последици од законските решенија врз Буџетот, односно проценка на

финансиските средства за спроведување на законот и начин на нивно обезбедување. Во практиката, на овој дел од предлог-законот се посветува мало внимание од страна на изготвувачите на законот, поради што најчесто користена е формулацијата: „Овој закон нема финансиски импликации врз Буџетот на РМ“ што не кореспондира со реалната состојба. За отстранување на овој недостаток, Министерството за финансии донесе образец за оценка за фискалните импликации на законите, кој треба да им биде од голема помош на изготвувачите на законот, но и на Министерството за финансии.

Ова се задолжителните елементи на воведот на секој предлог-закон, но, исто така, воведот може да содржи и: преглед на регулативи од други правни системи и усогласеност со законодавството на ЕУ, преглед на законите што треба да се изменат и прописите што треба да се донесат како резултат на донесувањето на законот, усогласеност на предлог-законот со меѓународни договори, конвенции и препораки.

ПРИМЕР 3: Оцена на состојба и причини наведени во вовед на предлог-закони

Предлог-закон за гробишта и погребални услугиВо согласност со член 22, став 1, точка 4 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/02), одржувањето на гробовите, гробиштата, крематориумите и давањето погребални услуги е надлежност на општините во делот на комуналните дејности.

Потребата од донесување нов Закон за гробишта и погребални услуги произлегува и од член 6 од Законот за комунални дејности („Службен весник на РМ“ бр. 45/97, 23/99 и 45/02), кој упатува на донесување посебен закон за уредување на односите кои се однесуваат на одржувањето на гробовите, на гробиштата, на просторот, на зградите и давањето погребални услуги во согласност со Законот за комунални дејности.

Дејноста на одржување и уредување на гробиштата е уредена со Законот за гробишта („Службен весник на РМ“ број 18/73), со кој само делумно се регулираат прашањата околу локацијата, одржувањето, уредувањето, употребата и управувањето со гробиштата, а не и работите околу пренесување, сместување и погреб на останките на умрените. Всушност, решенијата дадени во наведениот закон се нецелосни и веќе надминати што ја налага потребата од нивно нивелирање и усогласување заради создавање услови за квалитетно вршење на оваа дејност особено од аспект на организирање на дејноста.

Page 26: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

24

Исто така, со предложениот закон се предлагаат решенија за надминување на состојбата на монополско однесување на постојните јавни претпријатија што ја вршат оваа дејност, зголемување на конкурентноста и подобрување на квалитетот на услугите, со воведување нова институција - управител на гробишта, во функција на изградба на гробишта, нивно одржување и обезбедување пристап на гробишна инфраструктура на сите физички и правни лица кои имаат дозвола за вршење погребални услуги (оператор на погребални услуги), како и на сите физички и правни лица регистрирани за изградба на надгробни споменици (каменорезачки работи).

Предложениот закон нуди современ модел на давање услуги преку отворање можност повеќе правни субјекти во пазарни услови да можат да вршат погребни услуги и можност во иднина уште повеќе да ги унапредуваат и да ги осовременуваат услугите како оператори на погребални услуги.

Во контекст на либерализација и развој на пазарни услови на стопанисување во поглед на услуги што ги даваат други правни лица од оваа област, во текстот на законот се вградени правни лица регистрирани за изградба на надгробни споменици (каменорезачки работи) кои имаат право да ја користат гробната инфраструктура за таа намена.

Предложениот закон поаѓа од начелото дека градежното земјиште е ограничен природен ресурс на Република Македонија, оттаму конкурентноста во основа се поставува преку вклучување на поголем број субјекти во вршењето на дејноста на постојните гробишта, а не конкурентност преку зголемување на бројот на гробиштата и неконтролирано зафаќање на земјиште.

Предлог-закон за лобирањеЛобирањето како активност е присутно во сите подрачја на живеењето и секојдневно сме сведоци на сè поголем број лица кои себеси се нарекуваат лобисти или припаѓаат на определена лоби-група. Актуелноста на прашањето кој, каде, пред кого и за што лобира го наметна прашањето дали е потребно да се уреди оваа активност со посебен закон. Имено, со донесувањето на овој закон ќе се воведат определени правила кои ќе бидат правна рамка и основа за легализирање на оваа пракса во Република Македонија. Во процесот на подготвувањето на законот и разгледувањето на аргументите за и против да се донесе ваков закон во правниот систем на Република Македонија, надвладеа мислењето дека е потребно да се има овој закон кој во себе ќе ги содржи најосновните прашања врз основа на кои ќе се врши лобирањето во Република Македонија пред органите на законодавната, извршната и локалната власт.Практиката за прашањето на лобирање во државите членки на Европската унија е различна, односно некои земји се одлучиле да направат правна рамка за лобирање (Полска), додека други земји сè уште немаат закони за лобирање (Словенија, Хрватска).

Динамичниот развој на сите области во Република Македонија бара нови правила на процесите на лобирањето особено во законодавната сфера, значи кај законодавната власт, но не изостанува и лобирањето пред органите на извршната и локалната власт во процесот на донесување одлуки кои се во надлежност на овие органи.

Законското уредување на лобирањето има повеќе цели, но позначајни се две, и тоа, едната цел е да се утврдат правилата по кои ќе се одвива лобирањето, а втората цел би била да се отстранат сомневањата дека лобирањето се заснова на некои тајни активности и дека се врши зад затворени врати. Со донесувањето на овој закон, ќе се постигнат и двете наведени цели и ќе се создадат транспарентни услови за лобирање. Покрај транспарентната постапка при лобирањето, со донесувањето на овој закон ќе се спречат нелегалните постапки за добивање информации од органите на државната и на локалната власт кои понатаму можат да бидат употребени во легални процедури, но не е исклучена и можноста за злоупотреба.

Page 27: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

25

Со предлагањето на овој закон, Владата на Република Македонија има за цел да го регулира лобирањето на едно место со правила што ќе важат за сите лица кои сакаат да бидат лобисти во Република Македонија, со што ќе се надминат и досегашните различни сфаќања и толкувања што е лобирањето и како се спроведува. Значи, со донесувањето на овој закон ќе се направи правна рамка и легализација на лобирањата и увид на јавноста во процесот на лобирањето бидејќи ќе постојат правила кои ќе мора да ги почитува секој кој сака да се занимава со лобирање.

ПРИМЕР 4:Цели и начела содржани во предлог-закон

Предлог-закон за основното образованиеЗаконот чие донесување се предлага се заснова врз следните начела: - основното воспитание и образование е дел од единствениот воспитно-образовен систем во

Република Македонија;- дејноста на основното образование е од јавен интерес;- секое дете има право на основно образование;- основното образование е задолжително;- се забранува дискриминација по основа на пол, раса, боја на кожата, национална, социјална,

политичка, верска, имотна и општествена припадност во остварување на правата од основното воспитание и образование;

- водење грижа за учениците со посебни образовни потреби.

Образложението содржи објаснување на содржината на предлог-законот и последиците што ќе произлезат од неговото донесување и спроведување. Доколку со законот се врши изменување и/или дополнување на постоечки закон, тогаш во овој дел се наведува и текстот на одредбите од постоечкиот закон што се менува, односно се дополнува.

ПРИМЕР 5:Извадок од образложението на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од пушење

„... се предвидува обврска на одговорното лице, на правното лице да истакне знак за забрана на пушењето и да обезбеди контрола на забраната на пушењето во јавните простории и во собите за сместување непушачи во објектите... се забранува рекламирање на тутунските производи и на тутунската индустрија во која било форма, директно или индиректно, надворешно или внатрешно во таксативно наброени места, се уредува начинот на изложување на тутунските производи на продажните места (само во оригинални пакувања заедно со стандардната информација за цената), што се смета како индиректно рекламирање (употребата на лого, букви, знаци, симболи, слогани, место на производство на производот, кои биле користени во врска со тутунските производи во минатото или во сегашноста), како и дефинирање на поимот јавно место.

...се додаваат четири нови члена во Законот според кои за сторен прекршок од член 9 од овој закон се поднесува барање за поведување прекршочна постапка до надлежниот суд, а за прекршокот од член 10 на овој закон, државниот пазарен инспектор, државниот санитарен и задравствен инспектор, државниот просветен инспектор, државниот инспектор за труд и униформираниот полициски службеник се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за порамнување пред да поднесат барање за прекршочна постапка и можноста да му

Page 28: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

26

предложат на сторителот надминување на последиците од прекршокот со вршење или сторување на општокорисна работа во траење од најмалку 24 работни часа или доделување средства за вршење општокорисна работа и се уредува постапката за порамнување.

Министерот за здравство ќе ги утврди видот, висината на чинењето на општокорисната работа за секој прекршок одделно, како и начинот на нејзиното извршување во согласност со министерот за економија, министерот за образование и наука и минисерот за труд и социјална политика, при што висината на средствата наменети за општокорисна работа не може да биде повисока од висината на пропишаната глоба за прекршокот, односно вредноста на еден час општокорисна работа изнесува најмалку 100,00 денари, а најмногу 250,00 денари во зависност од видот и од сложеноста на општокорисната работа.

Содржината на законот (текст на одредбите на законот) ги опфаќа основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување. Кон секој предлог-закон се изработуваат и се приложуваат кореспондентна табела и изјава за усогласеност на законот со законодавството на ЕУ, проценка на влијанието на регулативата, како и мислењата од другите надлежни органи.

Каква структура има текстот (содржината) на законот?3

Иако не постојат пишани одредби каква да биде структурата на законскиот текст, сепак, низ праксата се изградени одредени „правила“ во однос на неа.

Првата глава (дел) од законот најчесто носи назив општи одредби. Со нив се регулира:а) Предметот на регулирање на законот, односно одредба со која се објаснува што регулира законот, која во суштина треба да биде иста со називот на законот и евентуално да ги содржи називите на главите.

ПРИМЕР 6:Закон за електронските комуникации

Член 1Со овој закон се уредуваат условите за вршење на дејноста во областа на електронските комуникации во Република Македонија, основање Агенција за електронски комуникации, изградба, одржување, безбедност, надзор и користење комуникациски мрежи, интерконекција и пристап до електронски комуникации, обезбедување универзална услуга, обезбедување конкуренција, користење и контрола на радиофреквенцискиот спектар, нумерација, односи меѓу давателите и корисниците на услуги, управувањето, заштита на тајноста и доверливоста на електронските комуникации и други прашања што се однесуваат на електронските комуникации.

Закон за заштита на личните податоци

Член 1Со овој закон се уредува заштитата на личните податоци како основни слобода и права на граѓаните, а особено правата на приватност во врска со обработката на лични податоци.

3 Во овој дел и во делот „Кои се основните номотехнички правила и препораки?“ користени се извадоци од следната публикација: Прирачник за номотехнички правила – Влада на Република Македонија, Секретаријат за законодавство (ГТЗ проект „Техничка поддршка на процесот на усогласување на законодавството со Европската унија, декември 2007).

Page 29: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

27

б) Дефиниции на клучните и најчесто користени поими во законот. Во општите одредби на законот, особено кај пообемните и посложени закони во кои се испреплетуваат разни субјекти и термини, се даваат дефиниции на клучните поими од областа која законот ја регулира. На тој начин, се избегнува можноста за различно толкување на еден ист термин. Исто така, тој што го чита законот, на едно место може да ги најде сите клучни поими.

ПРИМЕР 7:Закон за трговски друштва

Член 3„Едношалтерски систем“ е систем којшто преку информатичката инфрастуктура на Централниот регистар на Република Македонија овозможува обединет пристап кон податоците определени со закон за упис во трговскиот регистар и за почетокот на работењето на субјектите на упис.,,Изјава заверена на нотар“ е изјава чијшто потпис е заверен на нотар.

Закон за високото образование

Член 2„Единица на универзитет“ е факултет, уметничка академија и висока стручна школа како високообразовни установи во состав на универзитет, со права и обврски определени со овој закон и Статутот на универзитетот;

в) Целта на законот.

ПРИМЕР 8: Закон за електронски комуникации

Член 2Цел та на овој за кон е да обез бе ди:а) ус ло ви за за до во лу ва ње на по тре би те за ко му ни ка ци ски ус лу ги;б) за шти та на ин те ре си те на ко рис ни ци те;в) за бр зу ва ње на про це сот на соз да ва ње кон ку рен тен па зар во об ла ста на еле ктрон ски те ко му-

ни ка ции;г) спре чу ва ње на зло у по тре ба та на по зи ци ја та што на па за рот ја има ат опе ра то ри те и да ва те ли те

на еле ктрон ски ко му ни ка ци ски ус лу ги со зна чи тел на па зар на моќ, осо бе но во слу чај ко га па за-рот не е до вол но кон ку рен тен или не функ ци о ни ра ат па зар ни те ме ха низ ми за обез бе ду ва ње кон ку рен ци ја;

д) ус ло ви за да ва ње уни вер зал на ус лу га по при фат ли ви це ни и ква ли тет;ѓ) ефи кас но ко ри сте ње на ра ди о фре квен ци ски от спе ктар и на ну ме ра ци ја та;е) уна пре ду ва ње на раз во јот и пот тик ну ва ње ин ве сти ции во еле ктрон ски те ко му ни ка ции со во ве-

ду ва ње но ви тех но ло гии и ус лу ги;ж) транс па рент ност и не ди скри ми на ци ја во ре гу ла тор ни те про це си; из) пот тик ну ва ње на раз во јот на еко но ми ја та во Ре пуб ли ка Ма ке до ни ја.

Page 30: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

28

г) Основните начела на кои се базира законот.

ПРИМЕР 9:Закон за облигационите односи

Член 4Учесниците во облигациониот однос се рамноправни.

Член 5Во засновувањето на облигационите односи и остварувањето на правата и обврските од тие односи учесниците се должни да се придржуваат кон начелото на совесност и чесност.

д) Наведување на субјектите на кои се однесуваат одредбите од законот, односно евентуални исклучоци (изземања).

ПРИМЕР 10:Закон за трговски друштва

Член 2(1) Овој закон се применува на трговец-поединец, на трговско друштво, на стопанска интересна заедница и на подружницата - организирана од странско трговско друштво, односно од странски трговец-поединец, запишани во трговскиот регистар, како и на тајното друштво.

Закон за електронски комуникацииЧлен 3Одредбите на овој закон не се однесуваат на:а) мрежите за електронски комуникации што се користат за потребите на одбраната на земјата

и на вооружените сили, полицијата и службата за безбедност и во областа на меѓународната размена на класифицирани информации;

б) опремата за електронски комуникации што се употребува единствено за целите од точката а) на овој член и

в) радио и/или телевизиски програмски сервиси што се пренесуваат независно од техничките средства за пренесување, во кодиран и некодиран облик, наменети за прием од страна на јавноста.

По општите одредби следат материјалните одредби на законот со кои се регулира предметната материја. Овој дел од законот е најобемен. Најчесто разработува прашања, како што се: права и обврски на субјектите, нивните меѓусебни односи, услови и ограничувања, постапки и сл. Во овој дел од законскиот текст се содржани и одредби со кои се регулираат организацијата и надлежностите на органите и институциите кои имаат соодветни (регулаторни) надлежности во предметната област.

ПРИМЕР 11:Закон за облигационите односи

Член 10(1) Учесниците во облигациониот однос се должни да ја извршат својата обврска и се одговорни за нејзино исполнување.

Член 443(1) Договор за продажба на недвижни предмети мора да биде склучен во писмена форма.

Page 31: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

29

Закон за електронски комуникации

Член 71) Во областа на електронските комуникации се основа Агенција за електронски комуникации како

независно регулаторно тело (во натамошниот текст: Агенција).(2) Агенцијата се основа како самостојно и непрофитно правно лице со јавни овластувања утвредени

со овој закон.

Закон за заштита на лични податоци

Член 371) Заради вршење надзор над законитоста на преземените активности при обработување лични

податоци и нивната заштита, на територијата на Република Македонија, се основа Дирекција за заштита на личните податоци, како самостоен и независен државен орган со својство на правно лице.

Речиси секој закон има дел во кој се содржат казнени одредби. Самиот назив укажува на карактерот на одредбите содржани во овој дел, односно санкциите кои можат да бидат изречени за прекршителите на материјалните одредби од законот.

ПРИМЕР 12:Закон за заштита на потрошувачите

Член 136Со глоба во износ од 100.000 до 300.000 денари правното лице ќе се казни за прекршок ако:1) истакне продажна цена која не е крајна цена на некоја единица на производ или услуга или,

пак, на дадена количина на производот, тука вклучувајќи го и данокот на додадена вредност и сите други јавни давачки (член 8, став 2);

2) не се придржува на истакнатите цени и услови за продажба (член 8, став 9);3) нуди производ или заедно со друг производ вештачки млека или друга храна наменета за

доенчиња до 6- месечна возраст, шишиња и цуцли и цуцли-лажалки (член 17, став 2)...

Последниот дел од законот содржи преодни и завршни одредби и во нив се регулираат следните прашања: укинување на закони или одредби, временски период за укинување и/или основање и почеток со работа на институции, рок за донесување подзаконски акти, влегување во сила и почеток на примена на законот.

ПРИМЕР 13:Закон за трговски друштва

Член 611(1) Во рок од 90 дена од денот на влегување во сила на овој закон, министерот за економија

донесува подзаконски акт со кој ќе ја уреди постапката за едношалтерски систем, определен со овој закон.

(2) Едношалтерскиот систем ќе се воспостави најдоцна до 31 декември 2004 година.

Член 616Со денот на влегување на овој закон престанува да важи Законот за трговски друштва (,,Службен весник на Република Македонија“ број 28/96, 7/97, 21/98, 37/98, 63/98, 39/99, 81/99, 37/2000, 31/2001, 50/2001, 6/2002, 61/2002, 4/2003 и 51/2003), како и Законот за трговски друштва (,,Службен весник на Република Македонија“ број 58/2002, 98/2002, 42/2003 и 85/2003).

Page 32: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

30

Кои се основните номотехнички правила и препораки?Јасни и недвосмислени одредби. Законите не треба да регулираат поединости и техникалии! Деталите, особено од технички карактер, треба да бидат предмет на регулирање на подзаконските акти кои произлегуваат од самиот закон (основот за донесување е содржан во законот). Претераното настојување да се регулира секој можен аспект на материјата со закон води кон обременување на текстот и повеќе време потребно за негово разгледување и дискутирање. На пример, доколку се настојува одредена законска одредба да се применува на недвижен имот, подобро е да не се наведуваат сите можни видови недвижен имот (станбен, станбено-деловен, деловен, градежен) бидејќи секогаш постои можност да не се опфатат сите видови на имот. Ова особено се однесува на регулативата во области кои поради својата природа често се предмет на брз развој и иновации. На пример, информатичката технологија е една од областите кои најбрзо се развиваат и во која стандардите се менуваат многу често. Затоа кога некој стандард треба да биде нормиран и објаснет, треба да се стави во подзаконски акт.

Пожелно е законските одредби да бидат прецизно формулирани, што е можно пократки, напишани на начин кој е разбирлив за тие што го применуваат, но и за пошироката јавност. При формулацијата треба да се тргнува од тоа во практиката да постои единствено, а не различно толкување на одредбите. Нејасно и двосмислено формулирани одредби можат да предизвикаат различни толкувања во практиката и да ја попречуваат правилната имплементација на законот.

Преамбули во законите. Македонскиот правен систем и правната традиција не го познаваат институтот преамбула во законските текстови! Преамбула содржи само Уставот на РМ. Преамбула во законите е карактеристична за други правни системи, вклучително и за законодавството на ЕУ. Секоја регулатива и директива на ЕУ содржи долга преамбула во која најчесто се содржани декларативни одредби, во кои се дава историскиот и општествен контекст и целите на донесување на прописот. Најчести формулации кои се содржат во овие преамбули се: „Земајќи го предвид Договорот за основање на Европската економска заедница“; „со оглед на потребата од усогласување со...“; „со цел да се преземат мерки за воспоставување на внатрешниот пазар...“ и сл. Содржината и терминологијата во преамбулите на текстовите на регулативите и директивите на ЕУ е слична со содржината и со терминологијата на образложението на предлог-законите во македонскиот правен систем. Но, за разлика од преамбулата на регулативите и на директивите на ЕУ кои стануваат составен дел од донесената регулатива, односно директива, образложението не е дел од донесениот и објавен закон.

Правна основа за донесување подзаконски акти. Законите ја даваат основата за донесување на подзаконските акти, а истовремено ги определуваат и нивната рамка и содржина. Ако е потребно одредени работи поврзани со предметот/областа што ја регулира законот да се допрецизираат и да се дорегулираат со подзаконски акти, тогаш во законот треба да се содржи одредба во која точно ќе се наведат работите што ќе ги регулира подзаконскиот акт (правна основа). Најчести формулации на одредбите со кои се дава правна основа (т.н. „enabling legislation“) за донесување подзаконски акт гласат: „начинот, видот и содржината на подзаконскиот акт ги донесува...“ „формата и содржината на ...ги пропишува министерот за...“.

ПРИМЕР 14:Закон за работните односи

Член 231Министерот надлежен за работите од областа на трудот, ја пропишува постапката за доставување и регистрирање на колективните договори и нивните измени до надлежниот орган и начинот на водење на евиденцијата на доставени колективни договори и нивните измени.

Page 33: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

31

Закон за оружјето

Член 39Министерот за внатрешни работи донесува подзаконски пропис за начинот на предавање, прием и чување на предаденото оружје, посебно за секоја категорија оружје.

Изразување бројки и парични износи во законските одредби. Бројките, кои најчесто се однесуваат на парични износи, години или лица, во законите се пишуваат со арапски цифри. Истовременото пишување на бројот со цифра и со букви во заграда не е карактеристично за законите, туку кај составувањето договори. Иако во почетокот на ’90-тите години постоеше тенденција изразувањето на паричните износи да се заменува со формулацијата „просечни месечни плати“, во последните години повторно се враќаат номиналните парични износи. Сумите, најчесто кај глобите, гласат на евра со задолжително додавање на формулацијата „во денарска противвредност“. На овој начин се избегнува пречестото менување на законите и коригирање на износите поради евентуална девалвација на националната валута.

ПРИМЕР 15:Закон за персонален данок на доход

Член 144На обврзникот на данокот за сторен прекршок ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност, ако:...Закон за јавните набавки

Член 100„... договорниот орган доставува оглас за постапката со барање за прибирање понуди со објавување оглас заради објавување на веб-страницата на Бирото, за што плаќа надомест во износ од 15 евра во денарска противвредност...“

Измени и дополнувања на закон/прочистени законски текстови. Законите се „жива материја“ кои (треба да) ги следат и инкорпорираат општествените и политичките промени и поради тоа се често подлежни на промени. Промените на основниот и важечки законски текст се вршат преку закон за изменување и дополнување на законот. При изменувањето и дополнувањето на законот се користат формулации од типот: „се брише член #“ ; „во став # по зборот ... се додаваат зборовите...“ ; „ставот # се менува и гласи; ...“ итн. Некои закони се предмет на многу чести измени и дополнувања (на пример, Кривичниот законик за период од 12 години е изменет и/или дополнет осум пати или Законот за Владата на Република Македонија за период од 8 години е изменет и/или дополнет шест пати). Ова предизвикува тешко снаоѓање и за самите правници. Од таа причина, ако законот е повеќепати менуван и дополнуван или ако со законот се вршат пообемни изменувања и дополнувања, предлагачот на законот може да предложи да се утврди прочистен текст на законот.

Ако оцени дека тоа е оправдано, Собранието ќе ја овласти Законодавно-правната комисија да утврди пречистен текст на законот и да го објави во ,,Службен весник на РМ“, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Законот за изменување и дополнување на тој закон во ,,Службен весник на РМ“. Таквата овластувачка одредба е стандардна и гласи: „Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на законот...“. Пречистениот текст на законот го изготвува предлагачот на законот и на Законодавно-правната комисија, како надлежно

Page 34: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

32

тело, и го поднесува да го утврди и да го донесе. Пречистениот текст на законот нема статус на службена верзија на законот, туку има практично значење за субјектите кои го применуваат.

Автентично толкување на законот. За жал, законите, односно одредени одредби се често недоволно разбирливи или различно се читаат. Последиците се нееднаква примена на законскиот текст што ја нарушува правната сигурност и води кон тоа да не се постигне целта на законот. Поради тоа, преку инструментот автентично толкување на закон со обезбедува отстранување на овие аномалии и пропусти и постигнување унифицираност при спроведувањето на законските одредби. Општо правило е дека автентично толкување, кое е единствен вид на задолжително и службено толкување, дава органот кој го донел прописот. Доколку се бара автентично толкување на законска одредба, тогаш Собранието на РМ е надлежен орган да даде автентично толкување. Досегашната пракса укажува на тоа дека, и покрај тоа што често се бара автентично толкување на одредени законски одредби, сепак, на крајот барателот (најчесто пратеник) е задоволен со мислењето кое ќе го даде изработувачот на законот. Поради тоа, речиси никогаш не е донесено официјално автентично толкување на закон кое секогаш се дава во форма на закон.

ПРОБЛЕМ 3:Ве молиме разгледајте ги следните одредби и дајте го своето мислење за истите (во поглед на разбирливоста, единственото толкување, вишокот итн.):

Закон за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Македонија“, член 12:„Јавното претпријатие е должно податоците од законите, другите прописи и акти да ги чува како службена тајна додека не се објават“.

Закон за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа, член 22:„При спроведувањето на локалните избори, подносителот на листите од Изборниот законик, во единицата на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, поднесувањето на листите на кандидати, односно листа на кандидати за градоначалник се врши на јазикот и писмото што го употребуваат граѓаните во таа единица на локалната самоуправа“.

Закон за измени и дополнувања на Законот за трговија:„Се забранува продажба на алкохолни пијалаци од 19,00 до 06,00 часот наредниот ден.Се забранува купување алкохолни пијалаци од 19,00 до 06,00 часот наредниот ден“.

Page 35: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

33

ДОГОВОРИ

ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ

Пред да започнете со читање на лекцијата за договори, поставете си ги следните прашања: Дали некогаш сум бил догoворна страна? Кој вид на договор го имам прочитано и разбрано? Дали сум сигурен дека можам самостојно да ги преговарам договорните услови? Колку сум сигурен дека можам да дадам совет ако некое лице ми се обрати за помош при склучување договор за купопродажба на моторно возило?

Од мноштвото договори што постојат (се склучуваат, применуваат, прекршуваат) во секојдневието, во овој дел се обработени само четири од нив (купопродажба, закуп, дар и заем). Тоа се договори што се многу често користени и со коишто повеќето од студентите (ќе) се сретнуваат и користат, било во својата професионална кариера или во приватниот живот. Воедно, овие договори се интересни од повеќе аспекти:а) правниот третман на предметот на договорите, односно што може, а што не може да се јави како

предмет на договорот (на пример, купување дрога е забрането, а купување алкохол е ограничено со возраста на купувачот и со временскиот период);

б) честата примена на договорите, односно предмети што ги поседуваат или сакаат да ги поседуваат студентите (на пример, купување или закупување на стан);

в) специфичностите околу некои права и обврски, како што се ограничувањата во поглед на владението или располагањето со предметот (на пример, давање на куќа под закуп или однесувањето на даропримачот кон лицето што му дало дар).

Начинот на којшто се презентирани овие договори е во насока на давање неколку основни теоретски и многу повеќе практични напомени и примери што ќе им ја објаснат и приближат суштината на конкретниот договор на студентите. Кај секој вид на договор се дадени повеќе обрасци на односниот договор и неколку проблеми (задачи) поврзани со договорот. Целта на ставањето обрасци на договори е студентите да ги согледаат составните елементи на договорите и начинот на кој најчесто се формулираат одредбите. Притоа, треба да се напомне дека не постои унифицирана содржина и образец на одреден договор. При составувањето на кој било договор треба да се запазат основните елементи за тој тип на договор, но и општите и стандардните одредби за времетраење и раскинување на договорот, надлежност во случај на спор, број на примероци и слично. Меѓутоа, начинот на којшто одредбите ќе бидат формулирани зависи од стилот на составувачот на договорот и тука до израз доаѓа креативноста, умешноста и познавањата на правникот.

Преку овие предавања, студентите треба да ги развијат своите аналитички вештини во однос на содржината на договорите (што треба да содржи договорот, на кој начин да биде напишан, кои се можните последици од ставање или изоставување одредени одредби), но и да бидат способни да состават договор за купопродажба, закуп, заем и дар. Доколку студентот ја развие способноста да ги анализира и составува овие видови договори, многу лесно понатаму ќе може да анализира и да составува кој било друг вид на договор.

Page 36: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

34

ДОГОВОР ЗА КУПОПРОДАЖБА

Што претставува и кога се склучува договорот за купопродажба? Добрата стока лесно наоѓа купувач.

Договорот за купопродажба претставува најважен договор во областа на прометот на стоки: без продажба, не е можна размената на стоки! Страните пристапуваат кон склучување на ваков вид договор кога сакаат да се стекнат со сопственост врз определен предмет или право (во случај на купувачот), односно кога сакаат да го отстапат она што го поседуваат или произведуваат, за да добијат пари (во случај на продавачот). Кај договорот за купопродажба, договорните страни се продавачот (лицето кое ја поседува и сака да ја продаде стварта) и купувачот (лицето кое ја бара и купува).

За да се разбере суштината на договорот за купопродажба, треба да се напомнат главните карактеристики на овој договор:Консензуалност – договорот се смета за склучен во моментот кога е постигната согласност меѓу купувачот и продавачот за битните елементи на договорот, а не со предавањето на стварта (на пример, продавачот се обврзал да му изработи софтверска програма на купувачот, а тој, пак, да му ја плати цената на рати).Двострано-обврзувачки договор – од него произлегуваат заемни права и обврски и за продавачот и за купувачот (на пример, предавањето на купениот телевизор е обврска на продавачот, а право на купувачот е да го добие, а плаќањето на цената е обврска на купувачот, а право на продавачот е да ги добие парите).Неформален - за неговото склучување не се бара некоја посебна форма, освен кога тоа е изречно пропишано (на пример, за купопродажба на овошје на пазар, доволно е предавање на овошјето и плаќање на цената, без потреба од склучување договор во писмена форма, но при купопрадажба на куќа задолжително се склучува договор во писмена форма).Товарен договор – продавачот ја предава стварта на купувачот и ја добива цената, а купувачот му ја плаќа цената на продавачот и ја добива стварта (на пример, аптекарот продава сируп против кашлање, за што добива 150 денари, а истовремено купувачот плаќа 150 денари и го добива бараниот сируп).Каузален договор – со него се остварува одредена цел (кауза). Каузата за продавачот е прибавување на цената, а, пак, за купувачот тоа е прибавувањето на стварта (на пример, кај купопродажба на градежно земјиште, купувачот е градежна компанија што со плаќањето на парите добива земјиште врз коешто ќе изгради станбено-деловен објект, а продавачот е физичко лице што со продажбата на земјиштето ќе добие пари што ќе ги стави на штедна книшка во банка).Еквивалентен договор – правата и обврските што произлегуваат од него се еквивалентни за неговите страни (на пример, продавачот на мобилен телефон добива пари што соодветствуваат на вложените пари за негова изработка, пласман и промоција, како и остварување добивка на продавачот, а купувачот на тој телефон за платените пари добива во сопственост уред за секојдневна употреба).

ПРАШАЊE 1:Дали со самото склучување на договорот, купувачот стекнува право на сопственост на стварта што е предмет на купопродажба?

Кои се елементите на договорот за купопродажба?Секој договор за купопродажба мора да има два елемента што ја претставуваат суштината на овој договор. Едниот од нив се состои во предавање на стварта (на пример, музички концерт на ДВД

Page 37: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

35

во локалната музичка продавница) или во прибавување на правото (на пример, 50 акции – хартии од вредност на берза) што се продава, а, пак, другиот се состои во плаќање на цената (40.000 ден. за преносен компјутер) за стварта или за правото што се купува. Но, одделни договори за продажба може да имаат и други елементи што договорните страни спогодбено ги определуваат.

1. Стварта како предмет на договоротОбјект на продажба можат да бидат само ствари што се во промет, односно што во него може непречено да циркулираат, слободно да се продаваат, купуваат и заменуваат. Ако е во прашање ствар што не може да биде во промет (на пример, дрога), тогаш истата не може да биде ниту предмет на купопродажба. Но, предмет на купопродажба може да бидат и ствари чијшто промет е ограничен (на пример, оружје) или идни, сè уште несоздадени (на пример, софтверска програма или уметничка слика) ствари.

ПРАШАЊE 2:Кои се стварите за коишто прометот е ограничен и кои правила важат во овие случаи?Дали алкохолните пијалоци се предмет на продажба чијшто промет е забранет или ограничен?Кога постои купопродажба на идни предмети?Каква треба да биде стварта што е предмет на договорот?Што ќе се случува доколку дојде до пропаѓање на стварта пред нејзиното предавање?На кој начин може да се одреди квалитетот на стварта што е предмет на купопродажба?Дали и туѓа ствар може да биде предмет на договорот за купопродажба?

2. Право како предмет на договоротПредмет на купопродажба може да биде и некое право – и тоа само имотно и преносливо право. Такви се, на пример, правата на основачите, односно делничарите кај трговските друштва, авторските права, како и одделни права од индустриската сопственост, што не се врзани за личноста. Непреносливите права, дури и тогаш кога се од имотно-правна природа (на пример, правото на издршка на детето од страна на неговите родители, правото на лична службеност и слично), не можат да претставуваат предмет на договорот.

3. ЦенаRes per pecuniam aesti matur et non pecunia per rem. (Вредноста на стварите се изразува во пари, а не парите во ствари.)

Цената претставува парично надоместување што купувачот му го дава на продавачот, како надоместок за стварта, односно правото што го добива од него. Цената може да биде одредена на различни начини. Таа може да биде определена во фиксен износ (фиксна цена), како тековна цена, разумна цена или, пак, земајќи ја предвид цената од некој претходно склучен договор и слично. Цената е одредена и кога е пропишана од страна на надлежниот орган (на пример, Регулаторната комисија за енергетика ја пропишува малопродажната цена на нафтените деривати), а нејзиното одредување може да му се довери и на трето лице (на пример, овластен проценител ја одредува цената на предметите што се вложуваат како основен влог во трговското друштво), или пак да му биде оставено на еден од договарачите. Во практиката, договорните страни најчесто ја одредуваат наведувајќи определен износ (на пример, 60 денари за 1 кг. јаболка).

Дека цената е суштински елемент на овој договор зборува и законската одредба што предвидува дека договорот нема да има правно дејство доколку цената не е определена или определива. Во таков случај се смета дека договорот воопшто не настанал (не бил склучен)!

Page 38: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

36

ПРАШАЊE 3:Што претставува разумна, а што фиксна цена?Ако цената со трговскиот договор не е определена, ниту пак има доволно податоци врз основа на коишто таа би можело да се определи, која цена купувачот е должен да ја плати?Дали знаете како се определува цената на една акција?

ОД СУДСКАТА ПРАКТИКА: За купопродажна цена се смета онаа што договорните страни навистина ја договориле, а не

онаа што странките не ја договориле, но од одредени причини ја внеле во писмениот состав на договорот.

Доколку при склучувањето на договорот не е изрично договорен попуст (одредено процентуално снижување на цената што продавачот му го одобрува на купувачот), купувачот не може да бара снижување на договорената цена.

Што претставува ризик кај договорот за купопродажба?

Res perit domino.(Ризикот за случајно пропаѓање на стварта го сноси сопственикот на стварта.)

Ризикот претставува одговорност на еден од договарачите кон другиот, во случај да дојде до пропаѓање или оштетување на договорениот предмет. Овој проблем се поставува тогаш кога меѓу склучувањето на договорот и испораката на предметот постои определен временски период во кој предметот може да биде оштетен или, пак, да пропадне. Склучување на договор со подоцнежно предавање на предметот и можност за негово оштетување постои при купопродажба нов автомобил, односно најчесто автодилерите по склучувањето на договорот бараат од производителот да биде изработен или доставен специфицираниот и купен автомобил. За случајно пропаѓање или оштетување на стварта станува збор во оние случаи кога стварта е изгубена, украдена или, пак, исчезната.

ПРАШАЊE 4:Кога продавачот го поднесува ризикот за случајно пропаѓање или оштетување на предметот, а кога ризикот преминува на купувачот?Дали постојат извесни исклучоци од ова основно правило и кои се тие?

ОД СУДСКАТА ПРАКТИКА: Ризикот за пропаст на моторно возило преминува на купувачот во моментот на приемот на

возилото врз основа на договорот за продажба, а не во моментот на заверка на договорот.Преминувањето на ризикот од оштетување или уништување на продадената стока врз

купувачот, не го ослободува продавачот од обврската со непредадената стока да постапува како добар домаќин и да презема неопходни мерки околу чување на стоката.

Кои се обврските на договорните страни?Pacta dant legem contrahentibus. (Договорот претставува закон за договорните страни.)

Кои се обврските на продавачот?Од договорот за купопродажба произлегуваат две основни обврски за продавачот: предавање на

Page 39: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

37

договорениот предмет на купувачот и обезбедување заштита (гаранција) на купувачот. Самиот акт на предавање мора да ги содржи сите елементи – време, место и начин на предавање, со цел да се овозможи уредно предавање.

ПРАШАЊE 5:Каков е случајот кога датумот или местото на предавање на договорениот предмет не се предвидени со договорот?Кога велиме дека се работи за фактичко, а кога за симболично предавање на стварта? Дали е можно и фиктивно предавање на стварта?Во каква состојба продавачот е должен да му ја предаде стварта на купувачот? Која од странките ги сноси трошоците?

Кои се обврските на купувачот?Купувачот, исто така, има две главни обврски што се корелативни со обврските на продавачот, а тие се: исплата на цената и преземање на стварта. Треба да се прибегнува кон истовременост при исполнување на обврските на договорните страни, секогаш кога е тоа можно.

ПРАШАЊE 6:Кои правила се предвидени за купувачот во поглед на времето на плаќање на цената?Каде се врши исплата на цената доколку не е предвидено истата да се плати во моментот на предавањето на стварта?

Преземањето на предметот опфаќа сплет на дејствија како резултат на коишто стварта преминува во сопственост на купувачот. Тоа ги вклучува сите претходни активности: преглед на стварите и амбалажата, броење, класифицирање, прием на стоката и транспортните документи.

ПРАШАЊE 7:Кои сè дејствија купувачот е должен да ги преземе?Што ќе се случи доколку купувачот одбие да го преземе предметот чиешто предавање му е понудено?

Во каков облик (форма) се склучува договорот за купопродажба?Verba volant, scripta manent. (Зборовите летаат, напишаното останува.)Начелно, прифатено е правилото за неформално изјавување на волјата, според коешто договорните страни ја даваат својата согласност во кој било облик. Меѓутоа, неформалноста во никој случај не значи отсуство на форма во којашто е изјавена волјата, туку слободен избор на формата во којашто тие ќе ја постигнат согласноста за битните елементи на договорот. Договорот за купопродажба може да се склучи усно, писмено, преку телефон, факс, електронски средства итн. На пример, купувањето маслинки на зелен пазар претставува склучување на договорот за купопродажба во усна форма.

Page 40: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

38

ПРАШАЊE 8:Во каква форма се склучуваат договорите за продажба на недвижност?Кои од останатите видови договори задолжително се склучуваат во писмена форма?Што се смета за најголем недостаток кај усните договори?

Неколку напомени во врска со купувањето и продажбата на стан или куќаЕдна од најголемите инвестиции на секој потрошувач е купувањето куќа или стан. Ова, од своја страна, доведува до голем број контакти и склучување повеќе видови договори. Така, на пример, договори со агенциите за посредување со промет на недвижности; доколку се во прашање корисници на кредит – со банки и други кредитодавачи – востановување хипотека, жирантски односи и слично. Потоа, следи заверка на договорите пред нотар; добивање информации за правниот статус на сопственикот, оптоварувањето на недвижностите со други стварни права (дали е под хипотека) итн.

Кога купувате стан или куќа преземете ги следните чекори: Користете агенциски услуги; Стекнувајте информации во врска со тоа колку време станот или куќата се нуди на пазарот -

доколку се нуди веќе подолго време, дали можеби тоа е така затоа што цената е превисока или, пак, предметот има извесни недостатоци;

Направете споредба на цените на становите и куќите во одделни подрачја на населеното место каде што се купува односниот стан или куќа;

Доколку купувате стан или куќа во новоградба од градител, потребно е задолжително да се консултира адвокат и да се провери дали објектот можеби е дивоградба или веќе е ставен под хипотека, за евентуално да не дојде до уривање или губење на сопственоста откако станот ќе биде купен.

Page 41: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

39

Пример 1:

ДОГОВОР ЗА ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖНОСТ(со објаснувања на одредбите)

Склучен во Скопје, на ________200__ година, меѓу:1. Продавачот _______________ од ______________, ул. ___________ бр. _____ со ЕМБГ

______________ (во натамошниот текст: Продавач) и2. Купувачот ________________ од ______________. Ул ___________ бр. ____ со ЕМБГ

______________ (во натамошниот текст: Купувач).

1. Продавачот е сопственик на куќа во ________________, ул. _____________ бр. ____ со дворно место, изградена на КП бр. ____ КО _______ запишана во Имотен лист бр. _____ и тоа под зграда _______ м2 која ја стекнал по основ на градба, врз основа на градежна дозвола бр. ______ од _______ година издадена од ______ и дозвола за употреба бр. _____ од _____ година издадена од _______.

Во првиот член секогаш се опишува што е можно попрецизно предметот на договорот (недвижниот имот онака како што е заведен во катастарот на недвижности).

2. Со овој договор продавачот му ја продава, а купувачот ја купува опишаната недвижност од член 1 за цена од _____ денари.

Во овој член се наведуваат главните елементи, односно дејствија кои договорните страни ги преземаат и на тој начин го реализираат договорот (продавачот ја предава недвижноста, а купувачот ја плаќа цената).

3. Продавачот се обврзува на купувачот, куќата со дворното место да му ја предаде во владение, испразнета од луѓе и предмети во рок од ______ дена по нотарската заверка на овој договор.

Продавачот потврдува дека со заверувањето на овој договор примил _____денари како дел од продажната цена, со тоа што купувачот се обврзува остатокот од продажната цена во износ од _____ денари да му го исплати на продавачот на денот кога тој ќе му ја предаде во владение куќата со дворното место.

Во овој член се доразработува, односно прецизира претходниот член, на начин што се даваат детали околу начинот на исполнување на обврските (предавање на недвижноста, плаќање на цената).

4. Продавачот му гарантира на купувачот дека тој е единствен сопственик на оваа недвижност и дека трети лица немаат никакви права со кои се ограничува сопственоста, како: хипотека, право на службеност и сл., и во случај на евикција ќе се јави во заштита на купувачот.

Во овој член се дава правна гаранција за недвижноста од страна на продавачот. Доколку продавачот дал лажни податоци (гаранција), тогаш продавачот може да одговара за кривично дело - измама.

5. Продавачот го овластува купувачот и без негово присуство, врз основа на овој договор, да изврши пренос на правото на сопственост во јавните книги, од име на продавачот на име на купувачот.

Во овој член се дава основа за преземање дејствија пред Агенцијата за катастар на недвижности, заради премин на правото на сопственост од едно лице (продавачот) на друго (купувачот).

6. Овој договор е склучен во 4 (четири) еднообразни примероци, од кои по 1 (еден) за договорните страни, а останатите за службена употреба.

Договорните страни може да направат измени и дополнувања на овој договор, со склучување писмен анекс.

Овој договор влегува во сила со денот на потпишувањето.Во последниот член секогаш се содржат стандардни завршни одредби, што се речиси исти кај сите видови договори. Со нив се утврдува начинот на измена и дополнување, бројот на оригинални примероци, влегување во сила/почеток на примена на договорот.

ПРОДАВАЧ КУПУВАЧ

Page 42: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

40

Што е карактеристично за договорот за купување предмети на проба?Кај договорот на проба, купувачот добива посебно овластување, зависно од исходот на пробата, да одлучи за настанувањето на договорот. Имено, пробата, што е решавачка за склучување на договорот, дејствува како суспензивен (одложен) услов, односно го одлага дејството на договорот. Доколку таа заврши успешно, условот ќе биде исполнет и ќе дојде до склучување на договорот. Целта која се сака да се постигне на овој начин е купувачот, служејќи се одредено време со предметот, да утврди дали истиот одговара на неговите желби. Доколку предметот му одговара поради соодветните својства, тој ќе го земе, односно ќе го задржи, во спротивно - доколку не му се допаѓа, може да го врати на продавачот. Страните обично го договараат квалитетот на стоката што се дава на проба, според некои стандарди (пример, ИСО 9001), вообичаениот квалитет за извоз и слично.

ПРАШАЊE 9:Во кои случаи постои купување на проба?Што е потребно за да може да дојде до склучување на договорот?Што ќе се случи доколку купувачот не го врати предметот кој му е даден на проба по истекот на рокот?

Page 43: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

41

Пример 2:

ДОГОВОР ЗА КУПУВАЊЕ ПРЕДМЕТИ НА ПРОБА

Склучен во ___________ на ________200__ година, меѓу:

1. _______________________, ( во натамошниот текст: купувач) и2. _______________________, (во натамошниот текст: продавач).

1. Со овој договор продавачот продава, а купувачот купува на проба мерен инструмент со сериски број _____ за цена од ____ денари.

2. Продавачот се обврзува да го предаде предметот, а купувачот да го земе, со услов да го испроба за да утврди дали одговара на неговите желби, и должен е да го извести продавачот дали останува при договорот во рок од _____ дена, инаку се смета дека се откажал од договорот.

АЛТЕРНАТИВА 1: Продавачот се обврзува да го предаде предметот, а купувачот да го земе, со услов да го проба до

________200__ година, и ако не го врати без одлагање по истекот на рокот или ако не му изјави на продавачот дека се откажува од договорот, се смета дека останал при договорот.

3. Продавачот е должен предметот да му го предаде на купувачот во рок од ____ дена од склучувањето на овој договор.

АЛТЕРНАТИВА 2: Предметот му е предаден на купувачот на денот на склучувањето на договорот.4. Купувачот е должен да ја плати купопродажната цена на денот кога се смета дека останал при

договорот, за што со предавањето на предметот му се врачува и фактура.5. Продавачот одговара за скриените недостатоци на предметот и по истекот на рокот на пробата, под

услов купувачот за таков недостаток да го известил во рок од 8 (осум) дена од денот кога го открил недостатокот. Продавачот не одговара за недостатоците што ќе се покажат откако ќе изминат ____ месеци од предавањето на предметот.

6. Ризикот за случајно пропаѓање или оштетување на предметот предаден на купувачот заради проба, го поднесува продавачот, до изјавата на купувачот дека останува при договорот, односно до истекот на рокот кога купувачот бил должен да го врати предметот на продавачот.

7. Ако купувачот му го врати предметот на продавачот затоа што се откажал од договорот, должен е да му плати по ____ денари дневно за користење на предметот.

8. Во случај на спор, надлежен е судот во ______________.9. Овој договор е составен во _____ истоветни примероци, од кои по _____ за секој договарач.

ПРОДАВАЧ КУПУВАЧ

Page 44: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

42

ПРОБЛЕМ 1:Горан Димов ја уцени Невенка Крстева дека ќе ја пријави на нејзиниот сопруг дека одржува интимна врска со трето лице. Уценувајќи ја, тој ѝ побара да му го даде скапоцениот накит – ѓердан во вредност од 140.000,00 денари, осигурен кај Друштвото за осигурување „Ново осигурување“, по договор бр. 102/06, од 16.09.2006 година. Невенка, не сакајќи да го растури својот брак, подлегна на неговата уцена и му го даде скапоцениот ѓердан, при што, заради прикривање на делото, таа склучи привиден (фиктивен) договор дека овој ѓердан му го продава на Горан Димов, за цена од 140.000,00 денари, односно за истата цена за којашто ѓерданот беше осигуран кај друштвото за осигурување.

Меѓутоа, по неколку дена откако таа му го даде скапоцениот ѓердан на „купувачот“, нејзиниот сопруг разбрал од некое трето лице дека неговата сопруга има интимна врска со трето лице, по што ја раскина брачната заедница и поднесе тужба за развод на бракот.

Каков договор склучила Невенка Крстева со Горан Димов, а каков со друштвото за осигурување? Која била обврската на Невенка од договорот за купопродажба, а, пак, која на Горан?Зошто договорот е фиктивен (привиден) и какви дејствија произведува за договорните страни, а какви за трети лица?Кои договори ги нарекуваме привидни договори?

ПРОБЛЕМ 2:Во месечникот „Убавина“, наменет за жени, од јануари 2007 година, Драган Деспотовски огласуваше средство за слабеење, давајќи притоа слики на една полничка жена – пред употребата на препаратот, и слика на истата жена со витка линија – по употребата на препаратот. Заинтересираната Лиле Ленковска, која е исто така со полничка става, склучи договор со Драган за купување на извесна количина од тој препарат, по цена од 2.800 денари, по што истиот ѝ беше предаден, а таа ја плати купопродажната цена.

Меѓутоа, и по повеќенеделната употреба на препаратот, таа не забележа никакви промени во својата става. Кога поподробно се заинтересира, разбра дека во огласувањето во месечникот не се работи за една иста личност, туку за две личности. На фотографиите не била истата жена, пред и по употребата на споменатиот препарат, туку две различни жени (едната со витка, а другата со полничка става). Лиле успеа да ги дознае нивните адреси и, уште повеќе, од двете доби писмени изјави, заверени кај нотар, дека всушност станува збор за две различни личности. На тој начин, Лиле Ленковска, доведена во заблуда од ваквиот начин на огласување, претрпе штета во износ што го плати за купување на споменатиот препарат, а без да има некаква корист од тоа.

Прво Лиле се обрати писмено до продавачот, со цел да ѝ биде вратен платениот износ, но овој ја одби, под изговор дека таа го потрошила препаратот, па бидејќи не може да го врати, не постои ниту можност да ѝ биде вратена цената.

Како се манифестира заблудата во овој случај?Кога заблудата е правно релевантна?За каков вид заблуда станува збор во овој случај (внимавајте на тоа дали на Лиле ѝ биле познати вистинските својства на предметот!)Дали таа има право да се обрати до судот и со тужба да бара поништување на склучениот договор за продажба?Дали ѝ следува и правото на надомест на штета, и во колкав износ?

Page 45: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

43

ПРОБЛЕМ 3:Блажо Бојковски е претприемач и гради станови и деловни простории. Во 1998 година, се склучи договор со којшто Блажо се обврза, по изградбата, да му ја продаде на Дритон Асани деловната просторија во зградата на ул. „Климент Охридски“ бр. 55. За оваа деловна просторија, Дритон се обврза, на име купопродажна цена, да му плати на Блажо износ од 1.600.000 денари, што веднаш му го платил. Во договорот постои посебна клаузула дека доколку продавачот задоцни со предавањето на деловната просторија, се обврзува да му плати на купувачот по 0, 10% од договорената цена за секој изминат ден по истекот на рокот, но најмногу до износ од 5% од целокупната договорена цена.

Блажо му ја предал деловната просторија на лицето Дритон со задоцнување од 60 дена, па според договорот е должен да му плати износ од 5% од договорената цена, т.е. во вкупен износ од 80.000 денари. При предавањето на деловната просторија, односно приемот на клучевите, без составување писмен записник, Дритон му соопштил на лицето што му ги предало клучевите – работник кај продавачот, дека го задржува правото на договорна казна. Потоа, побарал од лицето Блажо Бојковски да му го плати гореназначениот износ на име договорна казна, но тој одбил, под изговор дека купувачот не го задржал правото на договорна казна.

Во кои случаи доверителот и должникот можат да се договорат должникот да му плати на доверителот определен паричен износ или, пак, да му прибави друга материјална корист (договорна казна)?Каква е функцијата на договорната казна и кои се нејзините карактеристики?Каква полза може да извлече доверителот со нејзиното договарање?Дали во случајов продавачот е должен на купувачот да му го плати определениот износ, на име договорна казна?

ПРОБЛЕМ 4:Наум Николов и Владимир Стојковиќ, во 2004 година склучиле договор врз основа на којшто Наум (во својство на продавач) се обврзал да му испорача на Владимир (во својство на купувач) точно определени текстилни производи. Преку овластени лица, испорачаната стока била комисиски прегледана и било констатирано дека постојат материјални недостатоци што не можат да се отстранат. Истиот ден, со писмо и со доставување комисиски записник, продавачот бил известен за констатираните недостатоци и истовремено бил повикан да ја прегледа испорачаната стока. Наредните денови, Наум бил известен дека му е оставен дополнителен примерен рок од десет дена да испорача други стоки наместо оние за коишто било констатирано дека имаат недостатоци или, во спротивно, договорот ќе се смета за раскинат. Продавачот не се одзвал ниту на овој повик, поради што Владимир се обратил со тужба до судот, кој откако ги разгледал изложените факти и земајќи ги предвид приложените законски прописи, донел пресуда со којашто го усвоил неговото тужбено барање.

Кои обврски произлегуваат за купувачот во вакви случаи?Како се врши утврдувањето на недостатоците?Каков треба да биде недостатокот?Дали предметот што е предмет на купопродажба може да има и некои други недостатоци и кои правила важат за нив?Дали купувачот во секој случај го губи правото да бара враќање на купопродажната цена и надомест на штета, доколку навремено не се изјаснил за недостатоците на предметот?На кој начин може да се отстрани недостатокот на предметот?Дали во наведениот случај постојат потребните претпоставки за раскинување на договорот?

Page 46: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

44

(внимавај на тоа какво дејство предизвикува околноста кога продавачот во дополнително оставениот рок нема да го исполни договорот, а купувачот нема да се изјасни дека договорот и натаму го одржува во сила).Дали во изнесениот пример купувачот дејствувал уредно и навремено?

ПРОБЛЕМ 5:Принуден од рекетари, Атанас Димитриев му продал на Фатмир Сејдиу градежно земјиште КП бр. _____ КО _____, запишано во Имотен лист бр. ____ при ДЗГР – Одделение за премер и катастар во гр. _____, за цена од _____ денари. Потоа, ова градежно земјиште е запишано на име на купувачот – Фатмир Сејдиу.Поради предизвиканата закана, „рекетарите“ беа осудени за кривично дело сторено кон Атанас Димитриев и беа упатени на издржување казна - затвор. Со тоа, принудата кон продавачот, всушност, престана. За истото градежно земјиште, Фатмир издејствува одобрение за градба на бензинска пумпа, но сè уште не беше отпочнал со градбата. Продавачот, тврдејќи дека во случајов постои недозволена закана со којашто му е предизвикан оправдан страв, побара судска заштита, односно поднесе тужба за поништување на склучениот договор за продажба, поради ваквите околности.

Во кои случаи постои закана и кои се нејзините карактеристики?Кои договори ги нарекуваме рушливи договори и кои лица можат да истакнат барање за нивно поништување? Какво значење имаат причините за рушливост на договорите во споредба со оние што доведуваат до ништовност?Во кои случаи недостатоците на волјата можат да бидат причина за поништување на ваков договор?До кога може да се бара поништување рушлив договор?Дали во наведениов пример судот може да донесе пресуда со која се усвојува тужбеното барање на продавачот?

ПРОБЛЕМ 6Се организира саем за вино. Компанијата Х е позната во регионот по производство и продажба на вино. Компанијата У е заинтересирана да купи вино со коешто би направила добра промоција и продажба на виното во својата земја. За таа цел, компанијата У бара вино со добар квалитет и пристапна цена. На саемот за вино, компанијата Х добива награда за едно од своите вина, а за истото пројавува интерес компанијата У. Одговорните лица меѓусебно си разменуваат контакти на саемот, при што компанијата Х покажува подготвеност за соработка и сака да го извезе и да го продаде своето вино во компанијата У, која би била и негов натамошен промотор и застапник. По извесен период, компанијата У испраќа понуда со барање за испорака на 20.000 кутии со вино, со тоа што во барањето за испорака на вино е ставен рок до 20 јуни. Писмото е примено од компанијата Х и тие во нивниот одговор се согласуваат во поглед на сите услови што им ги поставува У, поточно виното да се испорача во три тури. Компанијата Х не приговара, односно во сè се согласува со компанијата У, единствено чекаат инструкции кога да почнат со испорака на виното.

Page 47: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

45

Една недела пред 20 јуни, компанијата У, преку електронска пошта се обидува да контактира со главниот менаџер на компанијата Х околу испораката, но неговата секретарка ги известува дека се наоѓа на пат и дека кога ќе се врати сигурно ќе го извести за нивниот повик. Притоа, им кажува дека датумот на неговото пристигнување е 19 јуни, ден пред истекот на рокот. Утрото на 19 јуни, пристигнува одговорниот од компанијата Х, а истиот ден попладнето компанијата У праќа електронска пошта до Х со којашто ја повлекува својата понуда за склучување на договорот и со тоа се откажува од каков било понатомошен договор со Х. Меѓутоа, У има проблеми со мрежниот интернет во фирмата и електронската порака ја добива на 20 јуни. Причината поради којашто компанијата У ја повлекла понудата излегува во статија во жолт печат, каде што пишува дека компанијата Х користи токсична материја во виното, што штетно влијае врз здравјето и животот на луѓето. Расправата е околу тоа дали постои или не постои договор?

Компанијата Х стои зад ставот дека има договор, електронската порака ја добиле на 20 јуни, поради тоа што серверот им бил расипан, а компанијата У тврди дека нема договор затоа што тие го откажале ден пред истекот на рокот и дека воопшто не ги засега тоа што овие имале проблеми со мрежниот интернет. Тие ги напаѓаат велејќи дека нивното вино не смеат да го продавааат поради тоа што истото е отровно, а веќе е кренат и скандал во светот за нивното вино и за нивната фирма. Од резултатите од вештачењето, беше утврдено дека виното навистина содржи отровни материи што предизвикуваат неотстранливи штетни последици врз животот и здравјето на луѓето.

Дали во случајов постои договор за купопродажба на вино?Доколку постои, дали се исполнети претпоставките за поништување на договорот?

Page 48: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

46

ДОГОВОР ЗА ЗАКУП

ПРОБЛЕМ 1:Димитар Димитровски и Стојан Стојановски сакаат заштедените пари и стекнатото знаење и искуство од работа во неколку компании да ги вложат во основање сопствено трговско друштво, односно да отворат туристичка агенција. Притоа, свесни се дека за таков тип на деловен потфат им е потребен репрезентативен деловен простор каде што тие ќе работат и ќе ги остваруваат контактите и средбите со клиентите. Сепак, отворањето на агенција вклучува голем број на трошоци, а цената за стекнување деловен простор во сопственост на агенцијата е премногу висока. Но, доаѓа летната туристичка сезона, а тие мора да ја регистрираат агенцијата во Централен регистер на Република Македонија. Еден од податоците што треба да го наведат во документите за основање е седиштето на правниот субјект што го основале. Поради тоа, тие бараат брзо и најсоодветно решение за сместување на канцелариската опрема, материјали и, воопшто, прием на клиенти.

Што треба да направат за да се стекнат со право на сопственост врз недвижен имот (деловен простор)? Каков тип на договор треба да склучат?Што треба да направат за да се стекнат со право на користење, односно да добијат во владение недвижен имот (деловен простор), а сепак имотот да не премине во нивна сопственост? Каков тип на договор треба да склучат?Со какво право се стекнуваат при склучувањето на овие различни типови договори? Какви последици врз цената има различното право?Каков вид на договор вие би им препорачале да склучат? Зошто?

Што претставува договорот за закуп и кои лица го склучуваат?Договор за закуп се склучува кога некое лице има потреба од употреба и користење одреден предмет што не е во негова сопственост. Преку овој договор, закуподавецот (физичко или правно лице во чијашто сопственост е предметот) му предава определен предмет на закупувачот (физичко или правно лице што ќе го користи дадениот предмет), за што добива договорена сума на пари од страна на закупувачот. Таа цена, односно сума на пари, кај договорот за закуп се нарекува закупнина. Најчест предмет на договорот за закуп е недвижен имот (куќа, стан, деловен простор, градежно земјиште, земјоделско земјиште). Но, под закуп може да се даде и движна ствар (на пример: пијано, багер). Во секојдневниот говор, многу често се користат и следните, веќе одомаќинети, термини за закуп и закупнина: рента (од англискиот збор rent) и кирија (од турскиот збор kira).

И државата може да се јави како договорна страна кај договорот за закуп, било како закуподавач, било како закупувач. Доколку државен орган е закуподавач, во тој случај се применуваат одредбите содржани во Законот за користење и располагање со стварите на државните органи. Волјата на државниот орган како закуподавач е ограничена со овие одредби, што предвидуваат недвижната ствар да се даде во закуп преку постапка за јавно наддавање или, во исклучителни ситуации, во постапка со преговарање. Управата за јавни приходи ја определува висината на закупнината, која во случај на јавно наддавање претставува почетна цена.

Кои се главните обврски на договорните страни?Како и кај повеќето други договори, склучувањето ваков вид на договор произведува права и обврски за двете договорни страни. За закуподавачот е обврска да го предаде предметот во исправна состојба и да го одржува во таква состојба, додека трае и се применува договорот за закуп. Со цел да се избегнат сите можни подоцнежни недоразбирања или злоупотреби, препорачливо е договорните страни да состават и потпишат записник за примопредавање на предметот.

Page 49: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

47

Пример 1

ЗАПИСНИКза примопредавање недвижен имот под закуп

Составен на ден 01.04.2008 година во Скопје, во присуство на:

1. Милан Милановиќ од Скопје, со живеалиште на ул._________________ бр.___, со ЕМБГ _________________, како закуподавач

2. Трајан Трајанов од Скопје, со живеалиште на ул._______________бр.___, со ЕМБГ _______________, како закупувач.

1. Предмет на овој записник е предавање во владение на недвижен имот - стан со површина од 72м2, што се наоѓа во Скопје, на ул.Скопска бр.100, стан бр. 2, а согласно Договорот за закуп на недвижен имот склучен на ден 15.03.2008 година, меѓу закуподавачот и закупувачот.

2. При составувањето на овој записник, договорните страни утврдија дека фактичката состојба на предметниот стан е во согласност со Договорот за закуп на недвижен имот, освен што: недостигаше вратата од спалната соба; параванот од туш-кабината во бањата беше скршен.

Закуподавачот горенаведените недостатоци ќе ги исправи во рок од 30 (триесет) дена од денот на потпишувањето на овој записник, за што закупувачот ќе му издаде писмена потврда.

3. Со потпишувањето на овој записник, закуподавачот изјавува дека на закупувачот во закуп и владение му го предаде предметниот стан на 01.04.2008 година, а закупувачот изјавува дека го примил во закуп и владение истиот на 01.04.2008 година, во состојба што им е е позната на договорните страни, согласно одредбите во склучениот Договор за закуп на недвижен имот. Исто така, закуподавачот му го предава на закупувачот и клучот од бравата на надворешната врата и на тој начин му го предава и предметниот стан во закуп и владение.

4. Овој записник е составен во 4 (четири) примероци, од кои по 2 (два) за секоја од договорните страни. 5. Во знак на согласност со овој записник, договорните страни своерачно го потпишуваат истиот.

Закуподавач Закупувач

Милан Милановиќ Трајан Трајанов

И закупувачот има обврска да се грижи за предметот како добар стопанственик и домаќин. Таа обврска трае сè додека трае договорот за закуп, што значи предметот треба да се врати неоштетен по истекот на закупот. Во спротивно, за секое оштетување на предметот поради неводење грижа, одговара закупувачот.

ПРАШАЊE 1:Што би опфаќало „исправна состојба“, во случај кога предмет на договорот за закуп е стан?Кои би биле обврските на закуподавачот за одржување на станот во исправна состојба, а кои на закупувачот? Чија обврска за поправка би било пукнувањето на цевка за довод на вода, а чија за оштетување на вратата од гардероберот?Дали може закупувачот самоиницијативно (без да го информира закуподавачот) да изврши поправка или замена на оштетената водоводна цевка? Кој е должен да го надомести трошокот во таков случај?

Page 50: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

48

Главна обврска на закупувачот е плаќањето на закупнината во редовен рок. Закупнината се плаќа во парични средства, освен ако страните не се договорат поинаку. Препорачливо е парите да се уплаќаат на банкарска сметка на закуподавачот. Притоа, на договорениот нето износ на закупнина, се плаќа персонален данок на доход (ПДД), кој во моментов изнесува 10% од даночната основица (нето закупнината). Формален обврзник за плаќање на данокот е закуподавачот, но вообичаена практика кај нас е договорање бруто износ на закупнина, при што закупувачот при префрлање на нето износот на сметката на закуподавачот, истовремено го плаќа и износот на ПДД како јавен приходНема правило кога се плаќа закупнината, односно дали пред, за време или по користењето на предметот. Во практиката, најчесто се плаќа авансно (однапред). Притоа, може да се плаќа од месец за месец, но, понекогаш, особено кога се работи за подолгорочен закуп, се плаќа и за подолги временски периоди (за 3 или за 6 месеци однапред).

ПРАШАЊE 2:На какви сè начини закупувачот може да ја исполни обврската за плаќање закупнина?Дали закупнината може да се плати во готово (кеш)? Што се предностите и слабостите на овој начин на плаќање закупнина?

Што е подзакуп? Дали закупениот предмет може да се отуѓи? Начелно, закупувачот може закупениот предмет да го даде во закуп на друго лице - подзакуп. Доколку закуподавачот не се согласува со давање на предметот во подзакуп, законски е обврзан да даде оправдана причина за тоа. При постоење на договор за подзакуп, одговорноста за предметот за сето време ја има закупувачот. Закуподавачот може да одлучи за време на траењето на закупот предметот да го отуѓи (продаде) на трето лице. Но, тоа не значи дека веднаш се раскинува договорот за закуп. На закупувачот треба да му се гарантира одредена правна сигурност. Поради тоа, договорот за закуп, особено ако е склучен во писмена форма, продолжува да важи и да се применува сè до моментот за кој е договорен закупот. Доколку новиот сопственик (прибавувач) на предметот инсистира на раскинување на договорот за закуп, тогаш тој треба да му даде на закупувачот отказен рок.

Колку изнесува отказниот рок и периодот на закуп? Најчесто, страните определуваат отказен рок во самиот договор (на пример, 15 или 30 дена), а доколку таков не е определен, тогаш се применува законскиот рок од 8 дена. Вообичаено, секој договор за закуп содржи временски период за закуп. Тоа значи дека со истекот на тој рок престанува да важи договорот за закуп и предметот му се враќа на закуподавачот. Но, доколку закупувачот продолжил да го употребува предметот и по истекот на рокот, тогаш се смета дека страните премолчано го обновиле договорот на неопределено време.

Page 51: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

49

Пример 2

ДОГОВОР ЗА ЗАКУП НА ДЕЛОВНА ПРОСТОРИЈА

Склучен во Скопје, на дд/мм/гггг, меѓу:

____________________ од Скопје, со живеалиште на улица _________ бр. ____ и ЕМБГ __________________, како закуподавач, од една странаиДруштво за правен консалтинг ____________________ ДОО Скопје, со седиште на улица _________ бр. ____ и ЕМБ _____________________, како закупувач, од друга страна.

Член 1Закуподавачот е сопственик на деловна просторија со површина од __ м2, која се наоѓа на приземјето на зградата на ул.____________ бр.____ во Скопје.

Член 2Со овој договор закуподавачот му ја дава во закуп на закупувачот деловната просторија наведена во член 1 од овој договор, заради вршење деловна дејност.

Член 3Закупувачот е должен да му плаќа на закуподавачот месечна закупнина во бруто износ од _____ денари. Закупувачот е должен пред почетокот на секој месец да го плаќа договорениот износ на месечна закупнина, а најдоцна до петти во тековниот месец.

Член 4Сите трошоци во врска со користењето на деловната просторија, односно трошоците за вода, електрична енергија, топлинска енергија и тековно одржување на просторијата, ги сноси закупувачот.

Член 5Овој договор се склучува за период од 2 (две) години, почнувајќи од дд/мм/гггг. Доколку нема писмено известување испратено од која било договорна страна до другата договорна страна, пред истекот на договорениот рок, ќе се смета дека важноста на договорот премолчано се продолжила на неопределено време.Доколку некоја договорна страна сака да го раскине договорот пред неговиот истек, тогаш е должна да ѝ даде на другата страна најмалку 1 (еден) месец отказен рок.

Член 6На денот на примопредавање на деловната просторија, договорните страни ќе состават и потпишат записник во кој ќе биде детално опишана состојбата на закупената просторија.По престанокот на закупот, закуподавачот е должен деловната просторија да му ја предаде на закуподавачот во онаа состојба којашто била констатирана во записникот за примопредавање.

Член 7Овој договор е склучен во 4 (четири) истоветни примероци, по 2 (два) за секоја договорна страна.Договорните страни може да направат измени и дополнувања на овој договор, со склучување писмен анекс.Овој договор влегува во сила со денот на потпишувањето.

Закуподавач Закупувач

Page 52: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

50

ПРОБЛЕМ 2:

Разгледајте ги следните одредби содржани во договори за закуп и дадете ваше мислење и објаснување за нив (евентуални недостатоци, лоши или нејасни формулации, добри формулации, создавање нефер односи меѓу страните и слично). 1. Закупувачот е должен да му плаќа на закуподавачот месечна закупнина во износ од 200 евра во

денарска противвредност.2. Трошоците за одржување на просторијата паѓаат на товар на закупувачот.3. Со овој договор, закуподавачот му дава под закуп на закупувачот стан од 120м2, којшто ќе се

користи за намена што самиот закупувач ќе ја одреди.4. Доколку некоја договорна страна сака да го раскине договорот пред неговиот истек, тогаш е

должна на другата страна да ѝ даде најмалку 3 (три) месеца отказен рок. Ниедна договорна страна не може да бара раскинување на договорот во првите 6 (шест) месеци, почнувајќи од денот на влегување во сила на овој договор, освен во случај на повреда на договорните обврски.

5. Закуподавачот е сопственик на деловна просторија со површина од 57м2, што се наоѓа на спрат 1, влез 2, во зградата на ул.Теодосиј Гологанов бр.50 во Скопје, каде што има една соба за спиење со површина од 12м2, една просторија за дневен престој со површина од 20м2, една кујна со површина од 10м2, едно купатило со површина од 7м2, ходник со површина од 4м2 и балкон со површина од 4м2, во којшто има три дрвени врати и една стаклена врата, четири плакари во кујната, два плакара во собата за спиење, наткасна и брачен кревет во собата за спиење...

6. По предавањето на станот под закуп, закуподавачот задржува еден примерок од клучот од бравата на влезната врата на станот.

7. Доколку ниту една од договорните страни не го раскине договорот писмено, пред датумот на неговото времетраење, договорот автоматски се обновува за период од 12 месеци. Доколку по барање на закупувачот предвремено се раскине договорот, закупувачот е должен да го плати целокупниот износ на закупнина за времетрањето за коешто е склучен договорот.

ПРОБЛЕМ 3:Ве молиме врз основа на следните податоци и досегашните сознанија да составите договор за закуп на деловен простор.Деловниот простор се наоѓа во центарот на Скопје и е со површина од 100 квадратни метри. Ќе се користи како кафетерија, што значи дека треба да ги исполнува сите услови за вршење на оваа дејност. Закупци се две лица од Скопје, кои се воедно и сопственици на трговско друштво за угостителски услуги. Закупнината што се подготвени да ја платат е седум евра од квадратен метар, а би ја плаќале месец за месец. Закуподавачот би сакал по истекот на рокот за закуп на просторот, истиот да му биде вратен во состојбата во којашто го предал.

Page 53: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

51

ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ

ПРАШАЊE 1:Дали исклучиво истата ствар што е дадена под заем мора да биде вратена? Во кој случај тоа е така?Дали станот може да биде предмет на договор за заем?Дали кредитот е форма на заем или се разликува од договорот за заем?Дали може да се склучи договор за заем во усна форма?

Што претставува договорот за заем?Кон склучување на договорот за заем се пристапува кога одредено лице има потреба од користење предмети за одреден временски период. На пример, Зоран Зоранов сака да купи половен автомобил, но му недостасуваат 1.000 евра, па поради тоа решава да ги позајми од Фазли Халими, којшто има волја да му ги даде, со цел Зоран да ги искористи за купување на автомобилот. Со договорот за заем, заемодавачот се обврзува да му предаде на заемопримачот определен износ пари или определено количество други заменливи предмети, а заемопримачот се обврзува да му го врати по извесно време истиот износ пари, односно истото количество предмети од ист вид и квалитет. Како најчест предмет на заем се јавуваат парични средства, но кој било предмет што го исполнува условот да биде заменлив (квантитативно и квалитативно), може да биде даден на заем.

Навидум, зборот заем, а и неговото секојдневно користење и поимање, наведува на тоа дека предметот што се дава на заем останува во сопственост на заемодавачот. Сепак, тоа не е така, односно врз примените предмети заемопримачот стекнува право на сопственост. За конечно склучување на овој договор и премин на сопственоста од едно на друго лице, неопходен услов е и предавањето на предметите на заемопримачот. Договорот со кој едно лице се обрзува да му даде на друго лице пари или други заменливи и потрошни предмети на заем, сè уште не е договор за заем, туку само ветување на заем, односно преддоговор за заем. Дури по предавањето на парите, односно предметите, што се предмет на договорот за заем, се смета дека тој е склучен. Значи, чинот на примопредавање на парите, односно предметите, претставува битна форма (го формализира) во склучување на овој договор.

Што претставува каматата?За разлика од главнината на заемот, што секогаш мора да биде содржана, точно определена и на крајот вратена, каматата не е задолжителна кај договорот за заем. Дали ќе биде содржана зависи од тоа како се спогодиле страните. Во суштина, камата е цената што треба да ја плати заемопримачот за тоа што во определен временски период користел туѓи парични средства или предмети. Во законот е регулирана казнената камата и договорната камата. Казнена камата (порано нарекувана затезна) е должен да плати заемопримачот, доколку навремено не го врати заемот во целост или одредена рата од истиот. Може да се применува законски определената казнена каматна стапка, но во исклучителни ситуации во трговските договори може и договорните страни да ја утврдат. Ништовна е онаа одредба со којашто е определена лихварска каматна стапка. Лихварска каматна стапка постои доколку е повисока од законската казнена камата и притоа создава очигледна несразмерност меѓу правата и обврските на договорните страни. Договорната каматна стапка ја определуваат договорните страни, но притоа немаат целосна слобода во определувањето на износот, бидејќи законот ги ограничува во максималниот процент.

ПРАШАЊE 2:Со што се врзува (како се определува) законската казнена камата? Дали во текот на договорот за заем, договорената каматна стапка може да се менува?

Page 54: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

52

Пример 1ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ НА ПАРИ

Склучен во Скопје, на 30.05.2008, меѓу:1. КРСТЕВСКИ КРСТЕ, со живеалиште на ул.„Моша Пијаде” бр. 46 во Скопје, со ЕМБГ 1203955420100,

како заемодавач (во понатамошниот текст како заемодавач), и2. ЛАЗОВСКИ ЛАЗО, со живеалиште на бул. „АВНОЈ” бр. 113 во Скопје, со ЕМБГ 1505946200030, како

заемопримач (во понатамошен текст заемопримач).

Член 1Заемодавачот му дава на заем на заемопримачот сума од 14.350,00 (четиринаесет илјади тристотини и педесет) ЕВРА, во денарска противвредност, според продажниот курс на менувачниците објавен во

весникот “Дневник” на денот на исплатата.

Член 2Со овој договор, заемопримачот се обврзува на заемодавачот да му го врати заемот, односно

позајмените парични средства наведени во член 1 од овој Договор.Заемопримачот е должен договорениот износ да го врати на 12 (дванаесет) еднакви месечни рати, почнувајќи од декември 2008 година, заклучно со ноември 2009 година, и тоа од први до петти во

месецот.Заемопримачот е должен секој месец заедно со исплатата на ратата да плаќа и договорна камата, што

изнесува 6% од износот на ратата.Доколку заемопримачот задоцни со исплата на месечните рати, од моментот на доцнењето па до

конечната исплата, должен е да плати законска затезна камата.

Член 3Овој договор во целост има сила на извршна исправа. Доколку заемопримачот не ги исполни обврските преземени со овој договор, согласен е заемодавачот да може врз основа на овој договор, заради остварување на своето побарување, непосредно да спроведе присилно извршување врз целокупниот недвижен и подвижен имот што го поседува заемопримачот, како и врз сите негови побарувања,

согласно одредбите на Законот за извршувањето.

Член 4Со потпишувањето на овој договор, заемопримачот потврдува дека паричните средства - предмет на

овој договор за заем, во целост, лично, на рака, ги има примено заемодавачот.

Член 5Во случај на спор по одредбите на овој договор, договорните страни се согласуваат спорот да го

решаваат спогодбено, во спротивно признаваат надлежност на основен суд во Скопје.

Член 6Договорните страни може да направат измени и дополнувања на овој договор со склучување на писмен

анекс.Овој договор е склучен во 4 (четири) истоветни примероци, по 2 (два) за секоја договорна страна.

Овој договор влегува во сила со денот на потпишувањето.

Заемодавач: Заемопримач:

Крсте Крстевски Лазо Лазовски

Page 55: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

53

Како и кога се врши примопредавање на ветените предмети?Заемодавачот е должен да ги предаде определените предмети во договореното време. Ако рокот за предавање не е определен, тогаш кога тоа ќе го побара заемопримачот.Правото на заемопримачот да бара предавање на определени предмети застарува за три месеци од кога заемодавачот паднал во задоцнување. Во секој случај, престанува за една година од склучувањето на договорот.

Како се определува рокот за враќање на заемот?Договорен рок: Заемопримачот е должен во рокот наведен во договорот да го врати истото количество предмети, од ист вид и квалитет.

Кога нема одредба за рок: Рокот се определува од околностите на заемот, во спротивно заемопримачот е должен да го врати заемот по истекот на примениот рок, што не може да биде покус од два месеца, сметајќи од денот кога заемодавачот побарал да му се врати заемот.

Доколку предметот се враќа во неколку рати (пари) или испораки (предмети), тогаш е препорачливо да се состави и да се потпише потврда во којашто ќе се наведе износот на ратата или количината на испораката, денот кога тоа е извршено, а двете договорни страни ќе се потпишат.

ПРОБЛЕМ 1Студентите се делат во двојки. Задачата на секоја двојка е да состави договор за заем на парични средства. Притоа, едниот студент е во улога на заемодавач, а другиот во улога на заемопримач. Договорните страни најпрво усно ги преговараат условите под коишто ќе се склучи договорот, а потоа составуваат писмен договор за заем. Договорните страни се слободни во утврдувањето на износот и валутата на паричните средства, рокот и начинот на враќање и другите услови, при што во договорот мора да се внесат сите одредби што еден договор за заем мора да ги содржи.

ДОГОВОР ЗА ДАР

Кога се склучува договор за дар и што претставува негов предмет?Beati us est magis dare quam accipere.(Посреќен е оној што повеќе дава отколку што прима; подобро е да даваш отколку да примаш.)

Договорот за дар се склучува во оние случаи кога договорните страни ќе се согласат едниот од нив, дародавачот, да му даде нешто на другиот, даропримачот, кој, пак, не е обврзан на никаков противнадомест. Договорот за дар, покрај купопродажбата, претставува и еден од начините за стекнување сопственост на недвижности (на пример, куќа или стан), подвижни ствари (на пример, скапоцен часовник) или права (на пример, право врз трговска марка). За да се дарува некоја ствар не постојат ограничувања во поглед на лицата што даруваат или го примаат дарот, односно не се бара постоење крвна или брачна врска. Сепак, доколку дарот е направен од лице со кое даропримачот е во сродство од прв наследен ред, тогаш тој е ослободен од даночните обврски (на пример, татко дарува син). Во секое друго сродство, должен е да плати данок на додадена вредност, во висина од 5%. Оттука, во моментот кога е предадена стварта престанува правото на сопственост на дарувачот, а настанува правото на сопственост на даропримачот на односниот предмет.

Page 56: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

54

Предмет на овој договор претставува дарот (подарокот), кој може да биде ствар или право. Оттука, произлегува дека само имотните права може да бидат предмет на договорот. Притоа, треба да се работи за предмет или право со коешто некое лице фактички и правно располага во моментот на склучување на договорот. Дарот не може да се состои во одрекување од некое имотно право што уште не е стекнато, одрекување од наследство, од некое спорно право итн.

Кои се карактеристиките на договорот за дар?а) Договорот за дар е двостран договор, што значи за неговото склучување е потребна согласност и на дарувачот и на даропримачот;б) Консензуален договор - склучен е во моментот кога меѓу дарувачот и даропримачот е постигната согласност за подарување на стварта;в) Се работи за еднострано-обврзувачки договор, што значи кај него постои само обврска на страната на дарувачот, а право на страната на даропримачот;г) Доброчин договор – даропримачот ја добива даруваната ствар и го стекнува правото на користење, т.е. правото на сопственост на истата, без надомест.

ПРАШАЊE 1:Кои се главните состојки (елементи) на договорот за дар?Кои својства треба да ги поседуваат договорните страни за да можат да се јават во улога на дарувач, т.е. даропримач?

Во каква форма се склучува договорот за дар?Forma dat esse rei(Формата ѝ ја дава суштината на стварта.)Начелно, за да произведе правно дејство, договорот за дар треба да биде склучен во писмена форма. Доколку се работи за недвижности, договорните страни го склучуваат договорот во писмена форма и го заверуваат кај нотар. Ако, пак, се во прашање подвижни предмети, писмената форма не е задолжителна, туку доволно е дарувачот да му го предаде предметот на даропримачот. Конечно, во случај на договор за дар во корист на трето лице, писмен договор не е потребен доколку, се разбира, предметот (дарот) е подвижeн.

ОД СУДСКАТА ПРАКТИКА:1. Паричните износи дадени како подароци од роднини на брачните другари при нивното стапување

во брак, доколку според висината не отстапуваат од вообичаените подароци во определена средина и време, се сметаат за имот стекнат во брак.

2. Се смета дека брачниот другар кој усно се согласил другиот брачен другар да подари недвижност, и договорот за подарок е извршен така што откако недвижноста му е предадена на даропримачот подолго време не се спротивставил на тоа, склучил полноважен договор за подарок и со својот дел од подарениот имот.

Која е содржината на договорот за дар?Од договорот за дар за даруваниот и дарувачот произлегуваат соодветни права и обврски во врска со предавањето на предметот и пренесувањето на правото, како и во врска со гарантирањето за својствата на предметот.

Page 57: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

55

ПРАШАЊE 2:Што ќе се случи доколку дарувачот не ја исполни или задоцни со исполнувањето на својата обврска? Што е суштествено за ваквите случаи?Дали е предвидена одговорност за дарувачот во поглед на правните недостатоци на даруваниот предмет? Дали тука постои разлика зависно од тоа дали се работи за договор со надомест или, пак, за договор за дар?Кои правила доаѓаат предвид во вакви случаи?

ПРОБЛЕМ 1Aтанас Аврамовски му подари на Горан Георгиев, како на свој внук од брат, запишана во Имотниот лист бр. 16/03 во ДЗГР – Одделение за премер и катастар во Кочани. Меѓутоа, во последните неколку месеци, Горан Георгиев изразува крајна неблагодарност кон својот чичко. Имено, каде и да го сретне на улица го навредува, пцуе, а еднаш дури и физички се пресмета со него, поради што и беше осуден со парична казна од страна на надлежниот суд.

Во кои случаи може да дојде до раскинување на договорот за дар?Каква треба да биде неблагодарноста, како причина за отповикување на дарот? Дали раскинувањето на договорот задолжително мора да се изврши по судски пат?Во кои случаи направениот дар не може да се отповика?Какво правно дејство предизвикува раскинувањето на договорот за дар?Во кој случај даропримачот ќе одговара за евентуалната намалена вредност на предметот? Која е суштествената околност за ваквите случаи? Дали во изнесениот пример, на Атанас му стои на располагање можноста да го раскине договорот и да го отповика направениот дар?

ОД СУДСКАТА ПРАКТИКА:1. Со ништо непредизвиканиот физички напад на даропримачот врз дарувачот, со подоцнежни

закани и навреди, секогаш значат крајна неблагодарност и претставуваат основа за отповикување на дарот.

2. Погрдните зборови што синот (даропримачот) ги упатува на мајката (дарувачот) претставуваат крајна неблагодарност и основ за отповикување на дарот.

3. Постои неблагодарност на даропримачот кога се става на страна на својот сопруг, кој го навредува, физички го напаѓа и го загрозува животот на дарувачот.

ПРОБЛЕМ 2Славица Смилевска е во поодминати години и е неспособна за работа. Пред повеќе години, на својот син Мирко му подари овошна градина од три хектара, што тој ја обработува и остварува приходи. До пред извесно време, Славица беше издржувана од својот сопруг, кој, покрај минималната пензија, по нешто подработуваше, така што од тоа можеа да се издржуваат и таа и нејзиниот сопруг. Меѓутоа, пред два месеца нејзиниот сопруг почина и таа доби минимална семејна пензија од којашто може да ги плаќа само станарината за станот и трошоците во врска со струјата, затоплувањето и другите трошоци за одржување на станот, додека она што ѝ останува не може да стигне ни за 3- 4 дена за нејзиниот живот. Славица го повика својот син да ја издржува, меѓутоа тој одби да го стори тоа, со изговор дека има повеќе деца и не може да издвојува и за нејзиното издржување.

Page 58: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

56

Поради тоа, Славица поднела тужба до судот, за раскинување на договорот за дар склучен меѓу неа и нејзиниот син. Истовремено, пред судот изјавила дека е согласна, доколку тужениот (нејзиниот син) со тоа се согласи, да склучат судско порамнување, со коешто тој ќе се обврзе да ѝ плаќа извесен износ на име издршка.Која е причината поради којашто се бара раскинување на договорот во примерот?На кој начин даропримачот може да го избегне отповикувањето на договорот?Дали договорот за дар може да содржи одредба според којашто дарувачот се откажува од правото да го отповика дарот? Доколку постои таква, какво е нејзиното правно дејство?

ОД СУДСКАТА ПРАКТИКА:1. Може да се отповика договорот за дар поради осиромашување, не само кога се работи за губење

на имотот, туку кога се работи за губење на можноста за обезбедување средства за живот. Таквото губење постои кога во договорот е наведено дека мајката ѝ го подарува имотот на својата ќерка за таа за неа да се грижи, па поради смртта на ќерката, мајката останува без таква грижа.

2. Не може да се бара раскинување на договорот за подарок, ако е невозможно да се врати подарокот (на подареното земјиште даропримачот изградил станбена зграда).

ПРОБЛЕМ 3Јелена Станковиќ се сврши со синот на Васко Јанков, по име Симон. При веридбата, очекувајќи дека Јелена ќе склучи брак со Симон, Васко ѝ подари скапоцен семеен накит, што по традиција се предава на женските лица коишто ќе стапат во семејството на Васко Јанков. Меѓутоа, по извесно време, свршувачката беше раскината и Јелена се омажи за друго лице. Во случајов, Васко ѝ подари скапоцен накит на Елена, очекувајќи дека таа ќе склучи брак со неговиот син. Но, бидејќи до склучување на бракот не дојде, Јелена е должна да го врати накитот.

Која заблуда се смета за суштествена во случаите кога се работи за договор без надомест?Дали во случајов може да се бара раскинување на договорот? Кои претпоставки треба да бидат исполнети?Во кои други случаи може да се раскине договорот и да се отповика дарот?

ОД СУДСКАТА ПРАКТИКА:1. Постои заблуда за побудата кога дарувачите го дарувале сосопственичкиот дел од куќата,

очекувајќи дека даропримачот, според спогодбата, ќе ја поправи куќата, што всушност немал ни намера да го стори.

2. Одредбите за раскинување или измена на договорот поради променети околности, се применуваат само кај двостранообврзувачките наплатни договори, па поради тоа не може да се применуваат на договорот за дар.

3. Договорот за дар на недвижност е ништовен ако мотивот поради којшто дарот е сторен отпаднал или не се остварил.

Page 59: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

57

Пример 1: Обрасци на договор за дар

ДОГОВОР ЗА ДАР НА НЕДВИЖЕН ИМОТ

Склучен во Скопје, на 15.06.2007 година, меѓу:1. _______________ ул. „___________“ бр. __, со л.к. бр. _______; ЕМБГ_________, од една страна,

како дарувач и2. _______________ ул. „___________“ бр. __, со л.к. бр. _______; ЕМБГ_________, од друга

страна, како даропримач.Договорните страни се во крвно сродство, односно дарувачот е татко на даропримачот, коишто при чиста свест и здрав разум, неприсилувани од никого, се договорија за следното:

Член 1Дарувачот е сопственик на недвижен имот што се наоѓа во Скопје, ул. „____________“ број ___, со вкупна површина од 132 м2, од кои зграда 1, влез 01, кат – 02, стан број 05, во површина од 77 м2; зграда 1, влез 01, кат – 02, балкон за стан број 05, во површина од 9 м2; зграда 1, влез 01, кат – 02, помошна просторија за стан 05, во површина од 29 м2, кој имот лежи на КП бр. 001 и зграда 11, влез 001, кат – приземје, гаража во површина од 17 м2, ул. „ ____________“, број ____, кој имот лежи на КП бр. 001, КО Карпош, врз основа на Имотен лист број 0004 издаден од ДЗГР – Сектор за премер и катастар Скопје.

Член 2Со овој договор, недвижниот имот опишан во член 1 од овој договор, дарувачот го подарува во сопственост и владение на даропримачот, без надомест.

Член 3Со овој договор, даропримачот изразува особена благодарност кон дарувачот за чинот што го прави со овој договор, го прима дарот – предмет на овој договор во сопственост и владение и ветува дека во иднина кон својот татко – дарувачот ќе се однесува со особено внимание и почитување.

Член 4Даропримачот, врз основа на овој договор, е овластен и без присуство на дарувачот, да го упише правото на сопственост на недвижниот имот-предмет на овој договор, на свое име во јавната книга при Агенцијата за катастар на недвижности.

Член 5Свесни за значењето на овој договор и од никого неприсилувани, договорните страни изјавуваат дека се откажуваат од правото да бараат раскинување на договорот по кој било основ, освен за изразување крајна неблагодарност од страна на даропримачот кон дарувачот или немање средства за живот и издршка на дарувачот.

Член 6Дарувачот му гарантира на даропримачот за правните својства врз недвижниот имот–предмет на овој договор и се обврзува во случај на потреба да му пружи на даропримачот заштита од евентуална евикција од страна на трето лице.

Член 7Во случај на спор, по одредбите на овој договор надлежен ќе биде Основниот суд во Скопје.

Член 8Овој договор е составен во 3 (три) еднообразни примерока од кои по 1 (еден) за дарувачот, даропримачот и за заверка кај нотар.

ДАРОДАВАЧ ДАРОПРИМАЧ

Page 60: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ДОГОВОРИ

58

ДОГОВОР ЗА ПОДАРОК НА МОТОРНО ВОЗИЛО

Склучен во __________, на _____200__ година, меѓу:

1. Дародавачот ________________ од ______ со стан на ул. _________ бр.__ (во натамошниот текст: дародавач)

2. Даропримачот ________________ од ______ со стан на ул. _________ бр.__ (во натамошниот текст: даропримач)

1. Дародавачот, којшто му е татко на даропримачот, е сопственик на моторно возило марка ______, тип _______, со број на мотор ______, број на шасија, зафатнина на моторот ___ см3, година на производство ________, регистерски број ________, кој го купи со договор за купопродажба – фактура бр. ________ од ______ 200__ година на трговското претпријатие_________________.

2. Ова моторно возило дародавачот му го подарува, т.е. предава во сопственост, без надоместок, на даропримачот, со денот на потпишувањето на овој договор.

3. Врз основа на овој договор, даропримачот ќе го регистрира автомобилот на свое име, при што ќе ги сноси сите трошоци за регистрацијата.

4. Овој договор е склучен во 3 (три) еднообразни примерока, од кои по 1 (еден) за дародавачот, за даропримачот и за нотарот.

ДАРОДАВАЧ ДАРОПРИМАЧ.

Page 61: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

59

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

Да провериме колку знаеме…

Во празната колона на табелата обележете која од дадените изјави е точна, а која e неточна.

Изјава Точно / Неточно

Здруженијата на граѓани и фондации можe да се трансформираат во други видови на правни лица.

Здружението на граѓани се стекнува со својство на правно лице на денот на основачкото собрание.

Здруженијата на граѓани и фондации можат да основаат единствено друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва за остварување на нивните цели, интереси и активности, за финансирање на нивните функции утврдени со статут.

Изразите во името на здружението или фондацијата што означуваат име на државата, нејзините изведеници и нејзините кратенки, име на историски лица и места, може да се стават како додатоци само ако е дадено одобрување од Министерството за правда.

Странски државјани не можат да членуваат во здруженија основани на територијата на Република Македонија.

Здруженијата на граѓани ја гарантираат анонимноста на личните податоци на членовите што тоа ќе го побараат, додека на членовите на определени здруженија на зависници од дрога, алкохол, тутун, или заболени од одредени болести, анонимноста е гарантирана за секој член.

Устав на Република Македонија, член 20

На граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања.

Граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат.Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии, не може да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување национална, расна или верска омраза или нетрпеливост.Забранети се воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените сили на Република Македонија.

Цели заради коишто граѓаните се здружуваатЗдруженија на граѓани и фондации се основаат заради задоволување лични и заеднички цели и интереси на граѓаните или пак на одредено лице, кога тоа се јавува како основач на фондација. Целите заради коишто граѓаните се здружуваат може да бидат од најразлична природа, на пример, здружување на група ликовни уметници ќе биде заштита на културни цели, здружението на потрошувачи се основа за заштита на економски цели, здружување на наставници по англиски јазик - од образовни цели, здружување на жртви на семејно насилство - од социјални цели итн. Истите овие

Page 62: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

60

групи на луѓе остваруваат различни контакти и средби на неформален начин во секојдневниот живот, но за нив не велиме дека тие претставуваат здружение на граѓани, само затоа што имаат одредени заеднички интереси. Пред да видиме како се основаат здруженијата и фондациите, ќе видиме и кои се останатите нивни карактеристики.

Непрофитабилен карактер Здруженијата на граѓани и фондациите се непрофитни, неполитички и доброволни организации. Ова значи дека тие не се основаат заради остварување профит, а доколку се оствари одредена добивка во текот на работењето, таа мора да биде употребена за поддржување и остварување на целите и активностите утврдени со статутот.

ПРИМЕР 1:Доколку одредена организација изнајмува дел од просториите што се во нејзина сопственост и за закупот наплатува месечен надоместок, истиот мора да биде наменет за поддршка на некои од активностите што ги реализира здружението или фондацијата.

Непартиски карактерПолитичката активност е забранета за здруженијата и фондациите. Ова значи дека тие не смеат да собираат средства или директно да учествуваат во изборна кампања; да ги финансираат партиите, ниту да го користат сопствениот имот и средства за остварување цели на политичките партии. Но, тоа не значи дека членовите во здруженијата и фондациите не смеат да бидат политички определени, ниту да членуваат во одредени политички партии и да вршат определена функција во истите.

ПРОБЛЕМ 1:Здружение на граѓани континуирано учествува во набљудување на изборниот процес на парламентарните, локалните и претседателските избори во Република Македонија. По спроведените набљудувања, здружението подготвува извештаи и препораки за надминување на проблематичните области при спроведувањето на изборите, што имаат за цел промовирање демократски избори што, согласно статутот, претставува главна заложба на здружението.

Дали со ваквата активност здружението директно или индиректно учествува во политичка активност? Дали сметате дека ова е дозволено со законот? Објаснете.

ПРОБЛЕМ 2:Здружение на граѓани чијашто главна цел е промовирање на демократските вредности во општеството, врши испитувања на јавното мислење, како една од главните алатки преку којашто го оценува степенот на развој на демократијата. Неретко ова здружениe го испитува јавното мислење за одредени чекори што ги преземаат политичките партии и добиените резултати ги доставува до одредена политичка партија, како готов производ. Партијата ги користи резултатите за време на своите политички кампањи што ги води за време на изборниот процес.

Дали сметате дека здружението работи спротивно на законот? Дали со испитувањето на јавното мислење и пренесувањето на добиените резултати на политичките партии во време на предизборните кампањи, всушност, директно или индиректно, се учествува во политички активности?

Page 63: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

61

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

Дали сметате дека е спротивно на законот да се примаат донации од политички партии за спроведување на статутарни активности?

Доброволно здружувањеДоброволниот карактер на здружувањето произлегува од уставната определба според којашто на граѓаните на Република Македонија им се гарантира слободата да основаат здруженија на граѓани и политички партии, како и слободно да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат.

ПРИМЕР 2:На најголем број од факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, еден од неколкуте услови за запишување на наредна година на студии е поседувањето уплатница со којашто се докажува уплата на членарина на сметката на здружението на граѓани „Студентски парламент“. Ваквата обврска што ја спроведуваат факултетите за уплата на средства за членарина, со што се станува член на Студентскиот парламент, е во директна спротивност со уставното начело на слобода на здружувањето.

Кој и како може да основа здружение на граѓани? Здружение на граѓани можат да основаат најмалку пет полнолетни државјани на Република

Македонија; Здружението на граѓани се основа на собрание на основачите, на коешто се донесува: акт за

основање, програма, статут и се избираат неговите органи.Актот за основање на здружението на граѓани, содржи: име, седиште и адреса на здружението на граѓани; имиња, адреси и единствен матичен број на основачите; цели и задачи и име на овластеното лице што ќе го претставува и застапува во правниот промет кон трети лица во јавноста.Статутот ги утврдува следниве прашања: име и седиште на здружението; цели и задачи на здружението на граѓани, облици и начин на дејствување; органи, начин на нивниот избор, отповикување и нивниот меѓусебен однос; начин на остварување на јавност во работењето; престанок на здружението; постапување со имотот на здружението во случај на престанок, како и услови и начин на пристапување и истапување во организацијата

Кои се органите на здружението на граѓани?Собранието, како највисоко тело, ги донесува најзначајните одлуки со коишто, всушност, се гради политиката на здружението. Собранието го сочинуваат сите членови на здружението, освен доколку структурата на здружението не предвидува телото да биде составено од претставници на колективните членови, одделни органи или, пак, други организациски единици.

ПРИМЕР 3:Одредено здружение на граѓани претставува коалиција на 20 здруженија чијашто заедничка цел е заштита на правата на децата. Ваквата коалиција претставува засебно правно лице чијшто статут може да предвиди секоја членка да делегира двајца претставници, со мандат од две години, коишто на годишното Собрание на коалицијата ќе го претставуваат своето матично здружение.

Извршниот орган ги извршува одлуките на Собранието и управува со здружението. Во однос на бројот на членовите на овој орган, секое здружение донесува индувидуална одлука што се содржи во статутот

Page 64: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

62

заедно со одредба за траењето на мандатот на членовите. За разлика од членовите на Собранието, за членовите на извршниот орган не е задолжително да бидат членови на здружението. Напротив, здруженијата на граѓани често се одлучуваат во својот Извршен орган да повикаат надворешен член што е претставник на здружение или организација со којашто имаат традиционални добри односи или, пак, да повикаат претставник на некој од нивните традиционални донатори.

Собранието и Извршниот орган се задолжителни органи на здружението на граѓани. Сепак, едно здружение може да има повеќе органи. Така, здруженијата, покрај Собрание и Извршен орган, најчесто определуваат извршен директор/претседател и надзорен одбор. Какви органи ќе има здружението, покрај задолжителните, зависи од основачите, дејноста и целта на здружението.

ПРОБЛЕМ 3:Пред вас е можноста да формирате здружение на граѓани што ќе одговори на одредени ваши интереси, потреби и проблеми. За таа цел, поделете се во групи и подгответе ја целосната документација што ви е потребна за да регистрирате здружение на граѓани. Пред да пристапите кон изготвување на актите, проверете дали знаете кои сè акти треба да ги подготвите! При подготовката на актите, служете се извадоците од Законот за здружение на граѓани и фондации што е во прилог на ПРОБЛЕМ 3.

1. Основање на здруженија на граѓани

Член 14Граѓаните можат да основаат здруженија на граѓани заради задоволување на своите лични и заеднички цели и интереси.

Член 15За видот на здружувањето и внатрешната организација на здруженијата на граѓани одлучуваат граѓаните како основачи на основачко собрание. За измена на видот на здружувањето и внатрешната организација на здруженијата одлучуваат членовите на здружението на граѓани на собрание.

Член 16Основачи на здружение на граѓани можат да бидат само полнолетни граѓани државјани на Република Македонија.Основачи на здруженија на граѓани не можат да бидат лица на кои со правосилна судска пресуда им е одземена деловната способност.

Член 17Здружение на граѓани можат да основаат најмалку петмина полнолетни граѓани државјани на Република Македонија.

Член 18Здружението на граѓани се основа на собрание на основачите на кои се донесува акт за основање програма, статут и се избираат неговите органи.

Член 19Актот за основање на здружението на граѓани, особено содржи:- име, седиште и адреса на здружението на граѓани;

Page 65: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

63

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

- имиња, адреси и единствен матичен број на основачите;- цели и задачи и- име на овластеното лице кое ќе го претставува и застапува во правниот промет спрема трети

лица во јавноста.

Член 20Статутот на здружението на граѓани, особено содржи:- име и седиште на здружението на граѓани;- цели и задачи на здружението на граѓани, облици и начин на дејствување;- органи, начин на нивниот избор и оптоварување и нивниот меѓусебен однос;- траење на мандатот на органите и начинот на одлучување на членовите;- стекнување и располагање со имотот;- остварување на јавност во работата;- определување на услови за основање ограноци (организациони единици);- услови и начин на пристапување и исклучување од здружението на граѓани;- претставување и застапување во правниот промет и спрема трети лица;- престанок на здружението на граѓани;- постапување со имотот на здружението на граѓани во случај на престанок на здружението и- други прашања утврдени со закон.

2. Членување во здружение на граѓани

Член 21Член на здружение на граѓани може да биде секој граѓанин државјанин на Република Македонија, кој доброволно ќе пристапи кон здружението на начин утврден со статутот.Странски државјани можат да се зачленуваат во здруженија на граѓани на Република Македонија ако е предвидено во статутот.Здруженијата на граѓани ја гарантираат анонимноста на личните податоци на членовите на здружението кои тоа го побарале.Членовите на определени здруженија (здруженија на зависници од дрога, алкохол, тутун, заболени од определени болести) ја задржуваат својатаанонимност.

Член 22Зачленувањето во здружение на граѓани се врши со пристапница која при исклучување или престанок на членување во здружението, задолжително се враќа.Здружението на граѓани за своите членови води регистар на членството, кој се ажурира еднаш годишно.Здружението на граѓани во својот статут ги утврдува облиците и формите на колективното членување.Секој член може доброволно да истапи од здружението на граѓани.Условите и начинот за исклучување или за престанок на членувањето во здружението на граѓани се утврдува со статут.

3. Органи за здружението на граѓани

Член 23Органи ни здружението на граѓани се:- собрание и

Page 66: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

64

- извршен орган.Со статутот на здружението на граѓани можат да се предвидат и други органи.

Член 24Собранието е највисоко тело на здружението на граѓани, кое го сочинуваат сите членови на здружението.Со статутот на здружението на граѓани може да се предвиди собранието да биде составено од претставници на колективните членови, одделни ограноци или други организациони единици.Собранието од ставот 2 на овој член се конституира од претставници чиј број, мандат, начин на избор и отповикување се определува со статутот на здружението на граѓани.

Член 25Собранието на здружението на граѓани:- донесува статут, програма и други акти;- усвојува годишен извештај, насоки и план за работа;- усвојува завршна сметка и финансиски план;- одлучува за промена на целта на здружувањето;- одлучува за основање и укинување на ограноци и други облици на организирање на здружението;- одлучува за здружување или разделување од друго здружение и за зачленување во сојузи и

меѓународни организации;- констатира прием на нови членови и престанок на членувањето;- избира органи на здружението;- одлучува за престанок на здружението со двотретинско мнозинство;- одлучува и за други прашања кои не се во надлежност на другите тела на здружението и- врши и други работи во согласност со статутот и општите акти на здружението на граѓани.

Член 26Седница на собранието свикува претседателот на собранието.Седница на собранието се свикува и по предлог на извршниот орган или на 1/5 од вкупниот број членови на собранието.Ако претседателот на собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува извршниот орган или иницијаторите.Седница на собранието за работата на извршниот орган може да се свика и на предлог на органот од членот 63 на овој закон.Начинот на свикување на седница се определува со статутот на здружението или деловникот за работа.

Член 27Собранието може да работи ако на него присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број членови, освен ако со статутот поинаку не е определено.Собранието, по правило, одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните.Со статутот поблиску се определуваат прашањата за кои е потребно квалификувано мнозинство за одлучување.

Член 28На собранието се одлучува со јавно гласање, доколку со статутот не е предвидено за определени прашања да се одлучува тајно.Секој член на собранието има право на еден глас.

Член 29Собранието избира извршен орган во кој мнозинството од членовите се државјани на Република Македонија.

Page 67: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

65

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

Член на извршниот орган се иззема од гласање за прашања поврзани со него, со неговиот брачен другар или роднина до втор степен и за прашања кои се однесуваат на некое правно лице врз кое тој има контрола или економски интерес.

Член 30Извршниот орган:- ги подготвува седниците на собранието;- го подготвува нацртот на статутот и другите одлуки што треба да ги донесе собранието;- ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени од собранието;- може да формира стручна служба и да врши контрола врз нејзината работа;- управува и одговара за управувањето со имотот на здружението;- подготвува годишен или периодичен извештај за својата работа и- врши и други работи.

Член 31Со статутот може да се предвиди основање на стручни тела и служби, доколку тоа произлегува од потребите за остварување на целите на здружението.Делокругот на работа на стручните тела и служби од ставот 1 на овој член се определува со статутот.

2. Престанок на здруженијата на граѓани и фондациите

Член 52Здружението на граѓани престанува:- ако е донесена одлука на собранието на здружението на граѓани со двотретинско мнозинство;- ако бројот на членовите на здружението на граѓани се намали под бројот определен за

основање;- ако Уставниот суд на Република Македонија донесе одлука дека програмата и статутот на

здружението на граѓани не се во согласност со Уставот;- ако се утврди дека здружението на граѓани престанало со работа и во други случаи пределени

со закон.Лицето кое го застапува здружението на граѓани е должно за околностите од ставот 1 од овој член да го извести основниот суд во рок од 15 дена по нивното настанување.Престанокот на здружението на граѓани го утврдува основниот суд со решение според правилата на вонпроцесната постапка.

Член 53По престанокот на работата на здружението на граѓани имотот и средствата што остануваат по намирување на обврските се користат на начин утврден со статутот на здружението на граѓани.Во случаи во кои не можат да се исполнат условите утврдени со статутот за начинот на користење на имотот и средствата што остануваат по намирување на обврските со престанокот на здружението на граѓани, имотот и средствата преминуваат во здружение на граѓани кое ќе го определи соодветното министерство.Против решението од став 2 на овој член може да се поднесе жалба до Комисијата на Владата на Република Македонија.

Член 56Здруженијата на граѓани и фондациите престануваат, и:- ако работата спротивно на одредбите од членовите 3 и 4 на овој закон и- ако работењето на здруженијата на граѓани и фондациите не е во согласност со нивниот статут.

Page 68: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

66

Јавниот обвинител и секое заинтересирано лице може да поднесе иницијатива за престанок на здружението на граѓани и фондацијата ако основано се сомнева дека здружението на граѓани и фондацијата остваруваат активности од ставот 1 на овој член .

Член 57Решение за престанок на здружението на граѓани и фондацијата од членот 56 на овој закон донесува основниот суд на чие подрачје здружението на граѓани и фондацијата има седиште.

Член 58Постапката пред надлежниот суд во случаите од членот 56 на овој закон се покренува по предлог на надлежниот јавен обвинител и заинтересирано лице.Постапката пред основниот суд се води според правилата на процесната постапка доколку со одредбите на овој закон поинаку не е определено.Расправата пред судот се одржува во присуство на подносителот на предлогот и застапникот на здружението на граѓани и фондацијата.Постапката за престанок на здружението на граѓани и фондацијата е итна.

Член 59Против решението на основниот суд за престанок на здружението на граѓани и фондацијата, незадоволната странка може да поднесе жалба преку основниот суд до апелациониот суд во рок од осум дена од денот на приемот на решението.Навремената и дозволена жалба, основниот суд ја доставува до апелациониот суд во рок од три дена од денот на приемот на жалбата.Апелациониот суд по сопствена оцена може да ги повика странките со цел да ги сослуша и да прибави дополнителни докази.Апелациониот суд по жалбата одлучува во рок од три дена од приемот на жалбата.

Член 60Решението за престанок на здружението на граѓани и фондацијата надлежниот суд е должен да го достави до Централниот регистар, врз основа на кое Централниот регистар донесува решение за бришење на здружението на граѓани и фондацијата од Централниот регистар.Решението за бришење на здружението на граѓани и фондацијата, Централниот регистар го објавува на својата веб страница

ПРИМЕР 4:Извадоци од статутот на Младинскиот образовен форумИме и седиште на здружението

Член 7Називот на здружението на граѓани е: МЛАДИНСКИ ОБРАЗОВЕН ФОРУМ - Скопје (во натамошниот текст само: Здружение).

Член 8Седиштето на Здружението е на ул.”Партизански одреди” бр.21/2-4 - Скопје.Здружението се организира и делува на целата територија на Македонија.

Цели и задачи на здружението на граѓани, облици и начин на дејствување

Page 69: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

67

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

Член 1МЛАДИНСКИ ОБРАЗОВЕН ФОРУМ - Скопје е здружение на граѓани - непрофитно и невладино, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување и усогласување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности со цел на промовирање на критичко мислење, поттикнување на толеранција и почит кон туѓите идеи и ставови, промовирање на правото и демократијата и развивање на ставови за правните процеси и вклучување на младината во нив.

Член 2Граѓаните се здружуваат во МЛАДИНСКИ ОБРАЗОВЕН ФОРУМ - Скопје, заради остварување на поширок општествен интерес преку што се задоволуваат потребите од стручна и друга помош.

Член 11Цели и задачи на МЛАДИНСКИ ОБРАЗОВЕН ФОРУМ - Скопје заради остварување на поширок заеднички интерес се:промовирање на критичко мислење меѓу членовите;поттикнување на толеранција и почит кон туѓите идеи и ставови;развој на ораторски и комуникациски способности;поттикнување на тимска работа;поттикнување на соработка со здруженија кои имаат слични цели и задачи од други држави;промовирање на правото, човековите права и демократијата;развивање на ставови за правните процеси и вклучување на младината во нив;заштита на правата и интересите на средношколците, студентите и младите, запознавање на младите со начинот на функционирање на правните институции во Република Македонија и градење на критички ставови кон нивната ефикасност.

Здружението своите цели и задачи ќе ги остварува преку:семинари, постојана обука, јавни предавања, дебати и трибини, консултации и др.имплементации на проекти во областа на образованието;соработка со домашни и странски научни и стручни институции, организации и здруженија кои имаат исти цели и задачи;и други форми.

Органи, начин на нивниот избор и отповикување и нивниот меѓусебен однос

Член 16Органи на здружението се: Собрание;Извршен одбор;Претседател; иГенерален секретар

Член 17Собранието го сочинуваат сите полнолетни членови на Здружението, кои пристапиле во Здружението најмалку 6 месеци пред одржување на редовното годишно Собрание и ја подмириле годишната членарина. Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.

Член 18Седници на Собранието свикува и со нив претседава Претседателот на Здружението, кој е истовремено и Претседателот на Собранието.

Page 70: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

68

Претседателот на Здружението се избира за мандат од 2 (две) години, со право на уште еден избор.Седница на собранието се свикува и по предлог на Извршниот одбор на Здружението, на 1/5 од вкупниот број членови на Собранието или Претседателот на Здружението.Ако Претседателот на собранието во рок од 14 дена на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Извршниот одбор или иницијаторите.Начинот на свикување на седниците на Собранието на Здружението се определува со Деловникот за работа на Собранието.

Член 19Собранието на Здружението избира и разрешува Претседател, Генерален секретар и Извршен одбор на Здружението.Конкурсот за избор на Претседател и Генерален секретар на Здружението се распишува најмалку 4 (четири) седмици пред изборот. Во прилог на кандидатурата за Претседател и Генерален секретар, кандидатот доставува биографија, мотивационо писмо и предлог-програма за работа.

Извршувањето на функцијата Претседател и Генерален секретар на Здружението е неспоива со вршење на функцијата координатор на програма, центар или сектор во Здружението.

Претседателот, Генералниот секретар и Извршниот одбор за својата работа се одговорни пред Собранието на здружението и за својата работа се должни да му поднесуваат годишен извештај.

Член 20Собранието на Здружението ги врши следните работи:донесува Статут на здружението, програма и други акти и врши измена и дополнување на истите;усвојува годишен извештај, насоки и план за работа;усвојува завршна сметка и финансиски план;усвојува стратегија за работа на Здружението за период од 3 години, операционализирано во годишните програми;го разгледува и усвојува извештајот за работа на Извршниот одбор, Претседателот и Генералниот секретар помеѓу две собранија;донесува правилници, одлуки, заклучоци, препораки и други акти за регулирање и разрешување на прашања од интерес на Здружението;одлучува за здружување и разделување од друго здружение и за зачленување во сојузи и меѓународни организации; констатира прием на нови членови и престанок на членувањето;одлучува за престанок на Здружението со двотретинско мнозинство;одлучува за основање трговски друштва;врши и други работи кои произлегуваат од Статутот и законите.

Член 21Собранието полноважно одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број членови.Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови.На Собранието по правило се одлучува со јавно гласање, освен доколку со мнозинство гласови од присутните не се одлучи гласањето да се врши тајно.Секој член на Собранието има право на еден глас.

Член 22Извршниот одбор на Здружението е извршен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на Здружението во согласност со Статутот.

Page 71: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

69

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

Член 23Извршниот одбор на Здружението брои седум (7) членови.Мандатот на Извршниот одбор трае 2 години, со можност членовите на Извршниот одбор да бидат избрани неограничен број мандати.Извршниот одбор од своите редови избира Претседател со мандат од 2 години, со можност за уште еден избор.Мнозинството членови на Извршниот одбор се избираат од редот на членовите на МОФ, кои биле активни во Здружението најмалку 6 месеци пред изборот. Член на Извршен одбор може да биде и надворешно лице.Конкурсот за избор на членовите на Извршниот одбор се распишува најмалку 4 (четири) седмици пред изборот. Во прилог на кандидатурата за член на Извршен одбор, кандидатот доставува биографија и мотивационо писмо.За член на Извршен одбор не може да биде избран Претседателот, Генералниот секретар и програмските координатори на здружението, кои имаат право да присуствуваат на седниците на ИО и да учествуваат во дискусиите по точките на дневен ред, но без право на глас.Извршниот одбор за својата работа е одговорен пред Собранието на Здружението.

Член 24Извршниот одбор ги врши следните работи:ги спроведува статутарните и програмските задачи на Здружението, како и одлуките и заклучоците на Собранието;донесува и реализира годишна програма за работата;го разгледува Годишниот извештај за работата на МОФ и дава свое мислење пред да биде доставен до Собранието на МОФ на усвојување;предлага измени и дополнувања на Статутот;усвојува одлуки и заклучоци кои се однесуваат на политиката на раководење со МОФ, а по предлог на Претседателот, Генералниот секретар и координаторите на МОФ;донесува соодветни правилници, прифаќа спогодби и склучува договори;свикува седници на Собранието и подготвува материјали;донесува одлуки за формирање на постојни и повремени тела и ја насочува нивната работа;распишува конкурси за избор и донесува одлука за избор на координатори на програми, сектори, центри и проекти на МОФ;распишува конкурси за избор и донесува одлука за избор на асистент-координатори на центри и проекти на МОФ;врши избор на лица на позиции кои не се дел од програмите, секторите, центрите и проектите на МОФ, а се со раководни задачи;донесува одлука за формирање на нови центри на МОФ;донесува одлука за партнерства и коалиции со други организации и мрежи;организира и активно учествува во спроведувањето на разни акции и манифестации;донесува одлуки за награди, пофалници и признанија;донесува одлуки за набавка и отуѓување на основните средства;врши избор на најдобри понуди на стоки, услуги и работи за потребите на МОФ, чија вредност е поголема од 5,000 ЕУР во денарска противвредност;ја следи транспарентноста и демократското функционирање на МОФ; иврши други работи.

Член 25Извршниот одбор задолжително се состанува и одржува седници на секои 2 (два) месеци, а по потреба и почесто.Седница на Извршен одбор свикува неговиот Претседател.

Page 72: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

70

Предлог за свикување на седница на Извршниот одбор може да поднесе една половина од Извршниот одбор, една третина од членовите на Собранието и Претседателот на здружението.Седниците се свикуваат најмалку 1 (една) седмица пред нивното одржување, освен во итни ситуации. Во ситуација кога Извршниот одбор не може да се состане за кратко време, а потребно е во рок од 3 (три) дена да разгледа прашање и да донесе одлука по истото, Извршниот одбор одржува седници и носи одлуки по електронски пат.Со седницата раководи и претседава Претседателот, а во негово отсуство член кој ќе го избере Извршниот одбор.Право на учество на седниците на Извршниот одбор имаат и Претседателот на Здружението, Секретарот на Здружението и координаторите на програмите, доколку истите не се негови членови, но без право на глас. За секоја одржана седница на Извршниот одбор задолжително се води записник, кој се објавува до членовите на Здружението преку електронскиот форум, како и во Годишниот извештај за работата на Извршниот одбор.Начинот на свикување и одржување на седници и донесување на одлуки по електронски пат и другите прашања од работењето на Извршниот одбор се уредуваат со Деловникот за работа на Извршниот одбор.

Член 26Претседателот на здружението ги има следните надлежности:раководи и координира со сите активности на МОФ;го организира и раководи со системот за мониторинг и евалуација на работата на МОФ и работата на Координативното тело, како и мониторирање и евалуација на работата на програмите, секторите, центрите и проектите на МОФ;- го застапување на здружението во односите со други домашни и меѓународни организации и

институции;- редовно го уредува електронскиот форум на МОФ;- одлучува за висината на надоместокот на Административниот извршител;- потпишување на службената документација и сметката на здружението; и врши други работи.

Член 27

Во својата работа Претседателот и Генералниот секретар на Здружението подеднакво се надлежни за извршување на следните работи:- промоција и претставување на МОФ пред надворешни лица, институции и организации;- организирање и раководење со системот за наградување и унапредување на членовите на МОФ;- учество во подготовката на седниците на Извршниот одбор и Собранието на МОФ;- раководење со финансиите на МОФ;- координирање на работата на Административниот извршител; и- транспарентно известување и објавување на одлуките и активностите на МОФ на електронскиот

форум на МОФ. Претседателот и Генералниот секретар на Здружението одлуките за работите наведени во претходниот став ги носат во меѓусебна консултација и договор. Во случај на конфликт помеѓу Претседателот и Генералниот секретар при донесувањето на одлуката, Претседателот е должен да свика седница на Извршниот одбор на МОФ, кој ќе ја донесе конечната одлука.

Остварување на јавност во работењето

Член 10Работата на Здружението е јавна.Јавноста на работењето се обезбедува со редовно известување на членовите на здружението

Page 73: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

71

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

на граѓани за сите облици на работење, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување на извештај за работата на органите и телата на Здружението, за материјално-финансиското работење и друго.За информирање на членовите и пошироката јавност, се користат печатот, радиото, телевизијата, интернет. Основно средство за комуникација меѓу членовите на Здружението почнувајќи од 1 јуни 2006 година е електронскиот форум поставен на интернет страната: htt p://www.mof.org.mk/moff orum/За информирање на членовите и пошироката јавност Здружението може да издава списанија и други печатени материјали.

Престанок на здружението на граѓани

Член 32Здружението ќе престане со работа ако за тоа одлучат членовите на Здружението на граѓани, ако бројот на членовите се намали под бројот определен за основање, ако настапат причини утврдени во член 52 од Законот за здруженија на граѓани и фондации.Одлука за престанок на Здружението донесува Собранието со двотретинско мнозинство.

Постапување со имотот на здружението во случај на престанок

Член 33По престанок на работата на Здружението, имотот и другите права и приходи што остануваат по намирувањето на обврските, преминуваат во сопственот на друго здружение со иста или слична активност.

Услови и начин на пристапување и истапување во организацијата

Член 3Член во МЛАДИНСКИ ОБРАЗОВЕН ФОРУМ - Скопје може да биде секој граѓанин - државјанин на Република Македонија кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава.Лицата помлади од 18 години се корисници на програмите и активностите на Здружението. Зачленувањето во Здружението се врши со пристапница, која при исклучување или престанок на членувањето во Здружението задолжително се враќа. Пополнетета пристапница се доставува до лице-член на Здружението кое му е претпоставено, кој е должен во рок од 10 (десет) дена да ја достави до Генералниот секретар на здружението.

МЛАДИНСКИ ОБРАЗОВЕН ФОРУМ - Скопје за своите членови води регистар на членството, кој се ажурира еднаш годишно.

ПРОБЛЕМ 4:

Прочитајте ја секоја од подолу наведените точки и наведете дали сметате дека истата е донесена од страна на Извршниот орган или од Собранието. Вашите ставови споделете ги во група. 1. Програмата за работа за 2009 година беше донесена со мнозинство гласови.2. Одлуката за приклучување кон коалицијата „Безбедно детство“ беше донесена на 20.11.2006

година.3. Одлуката за демант на тврдењата на дел од медиумите беше дадена од страна на... 4. Престанокот на работа на Здружението настапи по донесувањето на Одлуката за престанок на

Здружението, донесена со двотретинско мнозинство од гласовите на членовите.5. Одлуката за пренамена на средствата наменети за административни трошоци беше поддржана

од сите членови.... 6. Претседателот на Здружението беше избран со акламација.

Page 74: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

72

7. Предложената измена на статутот ја поддржаа мнозинството членови.8. Одлуката за формирање стручна служба за организација на годишниот собир на дебатери беше

донесена на 24.3.2007 година.9. Одлуката за набавка на автомобил за потребите на Здружението беше донесена од страна на...10. На 20.11.2008 беше усвоен Правилникот за опис на работни задачи на стручната служба на

организацијата.

Јавно овластување на здруженијата на граѓаниНа здруженијата може да им биде доверено да вршат јавни овластувања во областа во која работат. Ваквите овластувања здруженијата ги добиваат од соодветните министерства во чии надлежности припаѓа прашањето што се доверува. На пример, Министерството за труд и социјална политика наместо директно да врши заштита на зависници од наркотици преку давање психолошки терапии, може да одлучи ваквата програма да ја спроведува здружение на граѓани кое е основано заради пружање помош на зависници од дрога.

ПРИМЕР 5:Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) е единствена организација за колективно остварување на авторските права на територијата на Република Македонија. Ова здружение својата дејност за заштита на домашните и на странските музички права, во согласност со Законот за авторските и другите сродни права и меѓународните договори, ја врши врз основа на дозвола добиена од страна на Министерството за култура. Иако врши спицифична дејност, ЗАМП е основано и дејствува во согласност со Законот за здруженија на граѓани и фондации, но дел од своите активности е должно да ги спроведува и во согласност со Законот за авторски и сродни права (на пример, висината на средствата прибрани за авторски надоместоци што можат да се потрошат за потребите на Здружението или, пак, постапката според која се донесува тарифникот за користење авторски дела итн.).

Page 75: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

73

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

Врз основа на член 144 од Законот ja авторското право и сродните права („Службен весник на РМ” бр. 47/96 и 3/98), министерот за култура донесува

Р Е Ш Е Н И Е ЗА ДОЗВОЛА ЗА КОЛЕКТИВНО ОСТВАРУВАЊЕ НА АВТОРСКОТО ПРАВО

НА НЕСЦЕНСКИ МУЗИЧКИ ДЕЛА

Член 1Се дозволува колективно остварување на авторското право на несценски музички дела на Здружението за заштита на авторски музички права - ЗАМП од Скопје:1. Облигационо се остваруваат следните права:- Објавување (јавно изведување, јавно пренесување и радиодифузно емитување) несценски

музички дела -т.н. мали прави;- Плаќање процент на авторот од продажната цена при секоја наредна продажба на оригинал

(ракопис) на музичко дело - право наследство;- Кабловско реемитување на несценски музички дела.2. Факултативно се остваруваат следните права:- Репродуцирање на музички дела на фонограми и видеграми - механички права;- изнајмување на фонограми и видеограми.

Член 2Здружението од член 1 на ова решение ќе го врши колективното остварување на правата од член 1 на ова решение, на начин и услови утврдени во Законот за авторското право и сродните права; другите позитивни прописи, Правилникот за надоместоците за јавно изведување и соопштување на музичките дела во јавноста со Тарифата („Службен весник на РМ” бр. 61/92, 3/93, 35/93, 60/93 и 17/94), согласно условите утврдени во Согласноста бр. 08/1-574/45 од 26.11.1996 година, издадена од страна на Министерството за култура, како и Правилникот за заштита на авторските права и распределба на авторските надоместоци од изведување на музички несценски дела (Пречистен текст) бр. 03-37/1 од 08.07.1997 година.

Член 3Ова решение влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија”.

Бр. 07-1733/19 Министер, 26 ноември 1998 година Слободан Унковски, с.р. Скопје

Дали знаете други здруженија кои вршат јавни овластувања?

Странски и меѓународни невладини организацииНа територијата на Република Македонија можат да се основаат и активно да работат странски и меѓународни невладини организации, фондации, сојузи и нивни подружници кои се непрофитни, како и да дејствуваат и други организации кои се исклучително финансирани од билатерални и мултилатерални договори за да се вклучат во развојните проекти на Република Македонија.

Page 76: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

74

Странските организации се запишуваат во регистарот на странски организации што го води Централниот регистар, но, претходно, за својата работа треба да обезбедат мислење од Министерството за надворешни работи. Овие организации ги обезбедуваат истите акти за основање што треба да ги обезбеди и домашната организација, односно поднесуваат акт за основање, статут и програма за работа. Тоа што е специфично е што странската организација треба да достави податоци од регистарот

во земјата каде што е нејзината матична регистрација.

ПРАШАЊE 1:Дали знаете некоја странска невладина организација или фондација која е активна во Република Македонија? Дали нивното регистрирање произлегло од некој меѓународен договор? Набројте некоја активност во која е вклучена одредена меѓународна организација.Дали сметате дека одредбите за странски организации се оправдани?Дали идното членство на Македонија во ЕУ би предизвикало промена на овие одредби?

Главни карактеристики на здружението на граѓани наспроти карактеристиките на фондациите

Карактеристики Здружение на граѓани Фондации

Основачи Најмалку пет полнолетни државја-ни на Република Македонија

Едно или повеќе физички или правни лица (до на-тори) основаат осамостоено правно лице, со имот-на маса која е обезбедна заради постигнување одредени цели. Основачот може да има посеб-ни права, како, на пример, да одлучи за преста-нокот на работа на фондацијата или да ги добие средствата со кои организацијата располагала пред нејзиниот престанок со работа. За основачи-те да можат да се користат со посебни права, тие треба да бидат предвидени со статутот. Донато-рите што се јавуваат по основањето не стекнува-ат статус на основач и не можат да задржат по-себни права.

Акти за основање Акт за основање, статут, програма. Акт за основање, статут, програма.

Содржина на статут Име и седиште на здружение-то; цели и задачи на здружение-то на граѓани; облици и начин на дејствување; органи, начин на нив-ниот избор и оптповикување и нив-ниот меѓусебен однос; остварување јавност во работењето; престанок на здружението на граѓани;постапување со имотот на здру-жението во случај на престанок и услови и начин на пристапување и истапување во организацијата.

Име и седиште; цели на фондацијата; име и адре-са на основачот; постапка и начин на користење на средствата; можни корисници на средствата; времето на траење, ако е основана за определе-но време; избор, отповикување и начин на рабо-та на органите; начин на вршење контрола над фондацијата; односите меѓу органите; постапка-та за измена на статутот; основите под кои осно-вачите имаат право да ја укинат фондацијата; располагањето и управувањето со имотот и пре-носот на имотот во случај на престанок со работа.

Page 77: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

75

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

Органи Собрание и извршен орган. Други само доколку се утврдени со ста-тут.

Управен одбор и други органи само доколку се предвидени со статут.

Регистрација Се врши со впишување во јавен ре-гистар што го води Централниот регистар на чие подрачје се наоѓа седиштето на здружението. Со пријавата за упис во регистарот, се поднесува:- акт за основање;- статут на здружението;- програма за дејствување и- имиња на лицата овластени за застапување на здружението.

Се врши со впишување во јавен регистар што го води Централниот регистар на чие подрачје се наоѓа седиштето на фондацијата. Со пријавата за упис во регистарот, се поднесува:- акт за основање;- статут на фондацијата;- програма за дејствување и- имиња на лицата овластени за застапување на фондацијата.

Престанок - Ако е донесена одлука на собра-нието на здружението на граѓани со двотретинско мнозинство;

- ако бројот на членовите на здру-жението на граѓани се нама-ли под бројот определен за основање;

- ако Уставниот суд на Република Македонија донесе одлука дека

Програмата и Статутот на здруже-нието на граѓани не се во соглас-ност со Уставот;

- ако се утврди дека здружението го користи својот имот за поли-тички цели и

- ако се утврди дека здружение-то на граѓани престанало со ра-бота.

Фондацијата престанува:- ако се утврди дека престанала со работа;- ако средствата не се доволни за остварување на нејзините цели;

- ако го изгуби својот имот;- ако целта за која е формирана е исполнета или не може да се исполни;

- ако истекува определеното време, кога е основана за определено време;

- со стечај;- со одлука на основачот во случај тоа право да било загарантирано со статутот;

- ако се утврди дека фондацијата го користи својот имот за политички цели и

- со одлука на управниот одбор.

Распределба на имотот по преста-нок со работа

По престанокот на работата на здружението на граѓани, имотот и средствата што остануваат по намирување на обврските се ко-ристат на начин утврден со стату-тот на здружението на граѓани. Во случаи во кои не можат да се ис-полнат условите утврдени со ста-тутот за начинот на користење на имотот и средствата што остану-ваат по намирување на обврските со престанокот на здружението на граѓани, имотот и средствата пре-минуваат во здружение на граѓани кое ќе го определи соодветното министерство.

Депонираните средства што остануваат по намирување на побарувањата се распределуваат меѓу лицата кои се овластени за тоа во согласност со статутот.Ако фондацијата е распуштена со одлука на осно-вачот кој е физичко лице, имотот и средствата што остануваат по распуштањето се пренесува-ат на фондација која има слични цели, освен ако основачот не го задржал правото на враќање на имотната маса, во кој случај имотот ќе му биде вратен. Во случаи во кои не можат да се испол-нат условите утврдени во статутот за начинот на распределбата на средствата што остануваат по намирување на побарувањата со престанокот на функцијата, средствата се пренесуваат на здру-жение на граѓани кое ќе го определи соодветно-то министерство.

Page 78: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ

76

Начини на прибирање средства за работа на здруженијата на граѓани и на фондациите

Здруженијата на граѓани и фондациите можат да стекнуваат предмети, парични средства и имотни права кои се користат заради остварување на активностите и целите за кои е основано здружението. Средствата со кои располагаат овие организации може да се стекнуваат од: членарина, прилози, донации, подароци и слично. Доколку здруженијата на граѓани и фондациите со сопствени средства основале трговски друштва, тогаш тие можат да се користат и со остварените приходи, но, повторно, само во насока на остварување на активностите заради кои се основани. Средствата можат да се прибираат и од Буџетот на Републиката, буџетите на единиците на локалната самоуправа и Буџетот на Град Скопје, доколку истите предвиделе фонд за поддршка на проекти на граѓанскиот сектор или доколку некое здружение или фондација директно користи средства од буџетот на некоја институција, на пример, врз основа на добиена дозвола за вршење јавно овластување.

Page 79: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

77

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ТРГОВСКИ ДРУШТВА

ТРГОВСКИ ДРУШТВА

Изјава Точно/Неточно

Ако основната главнина на Друштво со ограничена одговорност (ДОО) се намали под 5.000 евра, Друштвото мора веднаш да се преобрази.

Право на увид во акционерската книга има секој акционер што ќе стекне најмалку 5% од вкупниот број акции.

Основната главнина на ДОО може да биде кој било износ над 5.000 евра.

Не постојат ограничувања за утврдување на фирма на трговското друштво.

Воведни напомениСо цел да се поттикне унапредување на бизнис климата, од мај 2004 година, новиот Закон за трговски друштва воведе битни промени во регулирањето на основните форми и принципи на водењето бизнис (претприемништво) во Република Македонија. И овој закон, како и претходниот, ги уредува сите видови на трговски друштва единствено, односно со еден закон се уредува положбата на сите трговски друштва. Така, законот ја утврдува нормативно положбата, организацијата и правилата за функционирање на трговецот (трговец-поединец или трговските друштва). Една од позначајните новини е посебната заштита на малцинските права, големата дискреција за автономно уредување на односите во трговските друштва, зајакнувањето на заштитата на доверителите, како и гарантирањето на слободата во однос на преобразувањето од една во друга форма, како и разни видови статусни промени.

Што е тоа трговец-поединец?Положбата на трговецот-поединец е посебно утврдена со Законот за трговски друштва (ЗТД). Така, Законот утврдува дека трговецот-поединец (ТП) е физичко лице што во вид на занимање врши некоја од трговските дејности определени со законот и одговара за своите обврски лично и неограничено со сиот свој имот.

Кој не е трговец?Законот утврдува кои лица не се трговци. Така, не се трговци физички лица што вршат земјоделска и шумарска дејност (индивидуални земјоделци), занаетчии и лица што вршат угостителски услуги со издавање соби во своите живеалишта. Дополнително, не се трговци и оние лица што вршат слободни занимања (адвокати, нотари, лекари итн.).

ПРАШАЊE 1:Кој може да се запише како ТП?Кои физички лица не се сметаат за трговци?Како одговора ТП за своите обврски?Кои лица не можат да бидат трговци-поединци?Дали знаете кои сè активности треба да ги преземе еден ТП доколку реши да престане со работа?

Белези на трговските друштва

Фирма - е името под коешто друштвото работи и под коешто учествува во правниот промет. Законот

Page 80: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ТРГОВСКИ ДРУШТВА

78

ја регулира содржината на поимот фирма (така, на пример, кај трговец-поединец фирмата мора да го содржи името, татковото име и презимето на трговецот, како и кратенката ТП), начинот на употреба (така, на пример, задолжително е фирмата да биде испишана на македонски јазик и кирилско писмо, а во општините каде што има и друг службен јазик, може да биде испишана и на тој службен јазик и писмо), условите за пренос (во случај кога се пренесува фирмата, мора да се пренесе и претпријатието или значителен дел од претпријатието), а се утврдува и начелото на првенство (во случај на постоење две претпријатија со ист назив, она што е прво запишано има првенство над фирмата).

Седиште - е местото што е запишано во трговскиот регистар и каде што е „централата“ на трговското друштво. Седиштето, исто така, задолжително е назначено во фирмата на друштвото, на пример, а.д. Комерцијална банка – Скопје.

Предмет на работењето - трговското друштво може како предмет на работење да ги врши сите дејности што со закон не се забранети. Предметот се запишува во трговскиот регистар со назначување на шифрата и називот на одделот на дејноста, утврден со националната класификација на дејности. Така, на пример, едно трговско друштво може да биде регистрирано да врши образовна дејност.

ПРИМЕР:

29 Производство на моторни возила, приколки и полуприколки

Овој оддел опфаќа производство на моторни возила за превоз на патници или товар. Производството на разновидни делови и додатен прибор, како и производството на приколки и полуприколки, исто така, е вклучено во овој оддел. Одржувањето и поправката на возилата произведени во овој оддел, се класифицирани во 45.20.

29.3 Производство на делови и дополнителен прибор за моторни возила

29.31 Производство на електрична и електронска опрема за моторни возила Оваа класа опфаќа:

- производство на електрична опрема за моторни возила, како што се генератори, алтернатори, свеќички, комплет на жици за системот за палење, системи за отворање и затворање на прозорци и врати, вградување на мерните инструменти во инструмент таблата, регулатори на напон.

Оваа класа не опфаќа:

- производство на батерии за возила, види 27.20. - производство на светлосна опрема за моторни возила, види 27.40. - производство на пумпи за мотори и моторни возила, види 28.13.

Што е трговско друштво?Трговско друштво е правно лице во коешто едно или повеќе лица вложуваат пари, ствари или права во имот што го користат за заедничко работење и заеднички ја делат добивката и загубата од работењето. По правило, трговското друштво самостојно и трајно врши дејност заради остварување добивка. Трговско друштво можат да основаат домашни и странски физички и правни лица, при што секое лице може да биде основач на повеќе друштва, освен ако со ЗТД тоа не е забрането.

Page 81: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

79

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ТРГОВСКИ ДРУШТВА

ПРОБЛЕМ 1:Да се потсетиме! Подолу напишете ги видовите трговски друштва според дадената поделба. Потоа споредете ги со колегата до вас и утврдете заедничка поделба.

Персонални друштва Друштва на капитал

Форми на трговските друштваМакедонскиот законодавец познава пет вида на трговски друштва, и тоа:

Јавното трговско друштво (ЈТД) е друштво во коешто се здружуваат две или повеќе физички и правни лица, коишто на доверителите за обврските на друштвото им одговараат неограничено и солидарно, со сиот свој имот. Тоа е персонално друштво со својство на правно лице. Се основа со договор за друштвото и потребни се минимум два содружника. Бидејќи содружниците одговараат солидарно со сиот свој имот, законодавецот нема утврдено минимален износ на основна главнина. За разлика од другите друштва, влогот може да биде, освен во пари, и во труд и услуги. Управувањето со друштвото е „внатрешна работа“, односно управуваат содружниците. Поради карактеристиките на друштвото, пренос на удел е можен само со согласност на сите содружници.

Командитното друштво (КД) е друштво во коешто се здружуваат две или повеќе физички и правни лица, од кои најмалку еден содружник одговара за обврските на друштвото лично со сиот свој имот, односно неограничено и солидарно (комплементар), а најмалку еден содружник одговара за обврските на друштвото само до износот на запишаниот влог во друштвото (командитор). Влогот на командиторот не може да биде во труд и услуги. Во командитното друштво, комплементарите учествуваат најмалку со една петтина во вкупниот износ на влоговите. Командитното друштво е, исто како и ЈТД, персонално трговско друштво. Поради одговорноста што ја имаат, управувањето и застапувањето на командитното друштво е право и обврска на комлементарите. Евентуален пренос на удел на трети лица е можен само со согласност на сите содружници.

Друштво со ограничена одговорност (ДОО) е друштво во коешто едно или повеќе физички и правни лица учествуваат со по еден влог во однапред договорената основна главнина на друштвото. Влоговите на содружниците може да бидат со различна големина. Ова е друштво на капитал и затоа содружниците не одговараат за обврските на друштвото. Се основа со договор за друштвото што го склучуваат сите основачи. Во ДОО мора да има минимум еден содружник (и во тој случај, тоа е друштво со ограничена одговорност основано од едно лице (ДООЕЛ), а максимум може да има 50 содружника. За да се формира, потребна е основна главнина од најмалку 5.000 Евра. Управувањето е право на содружниците, коишто можат да управуваат сами или да назначат трет управител.

Page 82: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ТРГОВСКИ ДРУШТВА

80

Акционерско друштво (АД) е друштво во коешто акционерите учествуваат со влогови во основната главнина, што е поделена на акции. Ова, исто така, е друштво на капитал и акционерите не одговараат за обврските на акционерското друштво. Може да се основа симултано, со минимална основна главнина од 25.000 eвра (акционерите се претходно познати) и сукцесивно, со минимална основна главнина од 50.000 евра (кога акционерите не се познати и се бараат со јавен оглас). Управувањето е најкомплексно кај акционерските друштва и може да биде едностепено (со одбор на директори – каде седат извршни и неизвршни членови) и двостепено (кога има управен одбор и надзорен одбор). Типично за акционерските друштва е што за вложениот капитал акционерите добиваат акции, а тие се дефинираат како хартија од вредност којашто можат да ја издаваат акционерското друштво и командитното друштво со акции што се дел од основната главнина и во што се отелотворуваат правата на акционерот, кој, како сопственик на акцијата, не е доверител на друштвото ниту сопственик на еден дел од имотот на друштвото.

Командитно друштво со акции (KДА) е трговско друштво во кое еден или повеќе содружници неограничено и солидарно одговараат за обврските на друштвото, со сиот свој имот (командитори), a најмалку трoјца содружници имаат својство на акционери (комплементари) и одговараат до износот на нивните влогови кои не можат да бидат помали од 10% од основната главнина. Во принцип, за КДА се применуваат правилата за акционерските друштва.

ПРОБЛЕМ 2:Внимателно размислете за основните карактеристики на трговските друштва. Во табелата подолу, заедно - во група, пополнете ги значајните карактеристики за секое друштво одделно. Доколку имате дополнителни карактеристики, наведете ги во табелата!

Категорија ЈТД КД ДОО АД КДА

Минимален износ на основна главнина

Број на содружници

Одговорност за обврските на друштвото

Права на содружниците

Управување со друштвото

Договор за друштвото

Друго:

ПреобразбаПравната форма на друштвото е многу важна и таа се дефинира секогаш при формирање на друштвото. Сепак, во текот на работењето на друштвото, може да дојде до потреба правната форма на друштвото да се промени. Во таков случај зборуваме дека се работи за преобразба на друштвото. Фактички, друштвото ја менува правната форма, така што по преобразбата постои во друга правна форма.

Page 83: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

81

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ТРГОВСКИ ДРУШТВА

ПРАШАЊE 2:Дали кај секој вид трговско друштво, друштвото може да ја смени својата правна форма со преобразба?Што се случува со друштвото по преобразбата?Како се остварува заштитата на содружниците, односно на акционерите при преобразбата?Што, според вас, можат да бидат причините за промена на правната форма на друштвото?Дали може трговец-поединец да се преобрази во трговско друштво?

ПРОБЛЕМ 3

Пополнете го празното место за исказите да бидат вистинити. Со _______________________, имотот и обврските на друштвата што се спојуваат

преминуваат на новото друштво - ___________________. Со поделба на друштвото со издвојување со основање, друштвото што се дели

_____________________________. _____________ претставува права и обврски што содружникот ги стекнува врз основа на

влогот во основната главнина на трговското друштво. Влогот може да се состои од: пари, ____________ и ___________ (кои имаат имотна вредност,

коишто може да се проценат и да се изразат во пари). Ако АД се основа со јавен повик за запишување акции и минималната основна главнина е 50.000

евра, основањето е ______________________ . ___________________ е содружник кој одговара за обврските на командитното друштво

лично со сиот свој имот, односно неограничено и солидарно.

_____________ претставува права и обврски што акционерот ги стекнува врз основа на

влогот во основната главнина на акционерско друштво или командитното друштво со акции.

Овластениот проценител ги проценува и ги изразува во пари _________________ влогови.

__________________ е содружник кој одговара за обврските на командитното друштво само

до износот на запишаниот влог во друштвото.

Со ______________________, имотот и обврските на друштвото што се присоединува

преминуваат на друштвото што ___________________.

Истовремено со уписот на поделба на друштво со раздвојување со основање, _____________

__________________________ друштвото што се дели.

Ако АД се основа без јавен повик за запишување акции и минималната основна главнина е

25.000 евра, основањето е ___________________.

Статусни промениСтатусните промени на трговските друштва се многу значајни промени кај трговските друштва и затоа законодавецот ги регулира условите под кои можат да настанат овие промени, постапката во која мора да бидат изведени и начините на задолжителен упис во трговски регистар на сите статусни промени. Подолу во текстот ќе се осврнеме на најважните елементи на статусните промени кои ги познава македонското законодавство.

Page 84: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ТРГОВСКИ ДРУШТВА

82

Присоединување е постапка во која едно друштво (или повеќе друштва), кое се нарекува друштво што се присоединува, го пренесува целиот свој имот заедно со обврските на друго друштво, кое се нарекува друштво што се презема. Со тоа друштвото што се присоединува престанува да постои без, притоа, на истото да се спроведе постапка за ликвидација. Содружниците, односно акционерите, во замена за пренесениот имот добиваат удели, односно акции, и по потреба разлика во пари. Присоединувањето се врши со спогодба. Така, на пример, друштвото А се присоединува кон друштвото Б, при што по присоединувањето постои само друштвото Б.

Спојувањето е статусна промена во која две друштва (или повеќе) можат да се спојат на начин што нивните имоти заедно со обврските целокупно се пренесуваат на друштвото што ќе го основаат и тие ќе престанат да постојат без на нив да се спроведе ликвидација. Новото друштво кое се создава како резултат на спојувањето, т.н. друштво-корисник, во замена за акциите, односно уделите од претходните друштва им издава нови удели, односно акции, како надомест на вложеното, и по потреба разлика во пари. Како и кај присоединувањето, спојувањето се врши со спогодба. Така, на пример, друштвото А и друштвото Б се спојуваат и формираат друштво В при што друштвата А и Б веќе не постојат. Поделбата е третиот вид статусна промена. За разлика од присоединувањето и од спојувањето каде капиталот се окрупнува, со поделбата капиталот се ситни. Постојат неколку вида поделби:- Раздвојување со основање – постои кога едно друштво со своја поделба ги пренесува целиот свој

имот и обврските на две или на повеќе новоосновани друштва. Така, на пример, друштвото А се дели на новите друштва Б и В, при што друштвото А веќе не постои.

- Раздвојување со преземање – оваа статусна промена се случува кога едно друштво преку поделба ги пренесува целиот свој имот и обврските на две или повеќе веќе постоечки друштва. Така, друштвото А го дели својот имот на постојните друштва Г и Д, при што друштвото А веќе не постои.

- Издвојување со основање – е статусна промена преку која едно друштво отуѓува дел од својот имот и од обврските на едно или повеќе новоосновани друштва. Така, на пример, друштвото А, пренесува дел од својот имот и обврски на новите друштва Б и В, меѓутоа друштвото А останува да постои.

- Издвојување со преземање – е поделба преку која едно друштво пренесува дел од своите права и обврски на едно или на повеќе веќе постоечки друштва. На пример, друштвото А пренесува дел од своите имот и обврски на веќе постојното друштво Г, и по поделбата постојат и друштвото А и друштвото Г.

ПРОБЛЕМ 4:Внимателно разгледајте ги случаите дадени подолу и дајте го вашето мислење за секој одделно.

Трговското друштво „Адриатик комерц“ донесува одлука за статусна промена која е предвидена во план за поделба. Напиши за каква статусна промена може да станува збор.

„Адриатик комерц“ составил спогодба за статусна промена и на 20.5.2007 ќе одржи собрание на кое содружниците ќе одлучуваат за прифаќање на спогодбата. Дали сега трговското друштво има некакви обврски кон познатите доверители чии побарувања надминуваат 10.000 евра? Ако да, кои се тие обврски?

Page 85: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

83

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ТРГОВСКИ ДРУШТВА

Повеќе години „Оксфорд преводи“ КД има удел во „Кембриџ преводи“ КД кој изнесува 5% од основната главнина во „Кембриџ преводи“ КД. На 3.4.2007, „Оксфорд преводи“ КД стекнува дополнителен удел со 7% од основната главнина на „Кембриџ преводи“ КД. Дали кое било од друштвата има обврска да преземе некои дејства во врска со ова стекнување удел? Ако да, кои се тие дејства?

Трговското друштво „Медитеранео комерц“ донесува одлука за статусна промена која е предвидена во спогодбата за поделба. Напиши за каква статусна промена може да станува збор.

„Адриатик комерц“ составиле спогодба за статусна промена и на 20.5.2007 ќе одржат собрание на кое содружниците ќе одлучуваат за прифаќање на спогодбата. Дали трговското друштво сега има некакви обврски? Ако да, кои се тие обврски?

Page 86: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa
Page 87: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

85

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Што е Европскиот суд за човекови права?Европскиот суд за човекови права (Судот) е меѓународен суд за заштита на човековите права гарантирани со Европската конвенција за човекови права (Конвенцијата). Неговото седиште е во Стразбур, Франција. Судот го сочинуваат број на судии колку што земји ја имаат ратификувано Конвенцијата – во моментов 45. Судиите назначени во Судот се независни и не ја претставуваат државата од каде што доаѓаат, ниту пак можат да застапуваат апликанти. Во работата по предмети им помага Регистарот, кој е составен главно од правници и правни експерти од сите земји-членки на Советот на Европа. Сите вработени се независни и не ги застапуваат интересите на земјите и државите од каде што доаѓаат.

ПРАШАЊE 1:Дали знаете кој е избран за судија од Република Македонија во Европскиот суд за човекови права?Каква е постапката за избор на судиите? Дали државите учествуваат во тој избор? Дали со тоа се намалува нивната независност?Дали судиите можат да бидат судечки судии во предмет против државата од која што доаѓаат?

Што е Европската конвенција за човекови права?Европската конвенција за човековите права е меѓународен договор кој е достапен за потпишување/пристапување само на државите-членки на Советот на Европа. Конвенцијата со којашто се основа Судот и предвидува како истиот ќе функционира, содржи листа на права што земјите-членки се должни да ги обезбедат и да ги гарантираат, обврзувајќи се на тоа со ратификување на Конвенцијата и нејзините протоколи1.

Која е главната задача на Европскиот суд за човекови права?Основна задача на Европскиот суд за човекови права е да ја имплементира/спроведува Конвенцијата. Негова задача е да обезбеди дека државите ги почитуваат правата гарантирани со Конвенцијата. Судот тоа го прави преку разгледување и решавања по жалби (наречени „апликации“) поднесени од страна на индивидуални лица или, поретко, од страна на државите. Таму каде што судот ќе најде дека одредена држава прекршила едно или повеќе права и слободи, тој ќе донесе одлука. Одлуките на судот се задолжителни: засегнатата држава е обврзана да ја почитува одлуката и да ја спроведе.

ПРАШАЊE 2:Дали знаете кога Република Македонија стана членка на Советот на Европа?Дали знаете дали Република Македонија стави резерва при ратификацијата на Европската конвенција за човекови права?Дали знаете дали има некакво ограничување во врска со предметите кои можат да бидат поднесени пред Европскиот суд за човекови права од Република Македонија?Колку апликации досега се поднесени против Република Македонија? Дали знаете колку случаи се изгубени од страна на Република Македонија?

1 Сите земји-членки на Советот на Европа ја немаат ратификувано Конвенцијата и сите нејзини протоколи. Најсвежи ин-формации околу државите-потписнички може да се најдат на: www.coe.int

Page 88: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

86

Кога може да се аплицира до Судот (кога е судот „надлежен“)?Може да се поднесе апликација до Судот доколку апликантот смета дека му е лично и директно повредено некое право загарантирано со Конвенцијата и нејзините протоколи. Повредата мора да биде направена од страна на една од државите-потписнички на Конвенцијата.

Кои се правата што се заштитени со Конвенцијата и нејзините Протоколи?Позначајни права што се заштитени со Конвенцијата се следниве: правото на живот; правото на фер судење во граѓански и кривични предмети; правото на почитување на приватноста и семејниот живот; слободата на изразување; слободата на мисла, уверување и религија; правото на ефикасен правен лек; правото на мирно уживање на сопственоста; правото на глас и правото да се биде избран.

Што забранува Конвенцијата и нејзините Протоколи? тортура и друго нехумано и деградирачко третирање или казнување; арбитрерно или незаконско притворање/апсење; дискриминација во уживањето на правата и слободите предвидени со Конвенцијата; протерување на свој државјанин од страна на државата или одбивање за влез во државата; смртна казна; колективно протерување странци.

ПРОБЛЕМ 1:По кризата во 2001 година, Република Македонија усвои Закон за амнестија, со кој се амнестираа сите што за време на конфликтот сториле кривично дело, освен оние за кои постапка ќе покрене Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (т.н. Хашки суд).

Дали сметате дека овој Закон е во согласност со Европската конвенција за човекови права?Што мислите, дали доколку некој измачувал некого или на друг начин вршел тортура за време на кризата од 2001 година, може да биде амнестиран со Законот за амнестија? Објаснете.

Кои услови треба да бидат исполнети за да може да се поднесе апликација?Кои се условите што се однесуваат директно на апликантот?Апликантот не мора да биде државјанин на некоја од земјите обврзани со Конвенцијата. Повредата на којашто апликантот се „жали“ треба да биде во надлежност на држава обврзана да ги почитува правата со пристапување кон Конвенцијата, што најчесто значи дека треба да биде направена на нејзина територија. Апликантот може да биде физичко лице или правно лице, како, на пример, компанија или здружение. Дополнително, апликантот мора директно и лично да биде жртва на повредата за којашто се жали. Апликантот не може генерално да се жали на одреден закон и мерка бидејќи истите се нефер, ниту пак може да се обрати до судот во име на друго лице (освен доколку станува збор за заедничка апликација, или лицето е правен и службен застапник на жртвата).

Дали има одредени постапки што треба претходно се следат пред националните судови?Да. Апликантот мора да ги исцрпи сите правни средства и лекови што му стојат на располагање во релевантната држава, а коишто би можеле да ја отстранат повредата или на друг начин да ја надоместат евентуалната штета. Ова најчесто значи тужба до соодветен суд, искористување на правото на жалба, па дури и понатамошна постапка пред повисоки судови како, на пример, Врховен

Page 89: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

87

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

суд или Уставен суд, доколку такви постојат во државата. Не е доволно само да се искористат овие лекови и правни средства. Во самите постапки на национално ниво, апликантот мора да се повика на повредата, односно да се жали за суштинските елементи што ја сочинуваат повредата на правото загарантирано со Конвенцијата. За поднесување апликација до Судот, апликантот има само шест месеци од датумот кога е донесена последната пресуда или одлука на национално ниво. Подоцна апликацијата нема да биде прифатена од страна на Судот.

Против кого може да се поднесе апликација?Против една или повеќе држави обврзани со Конвенцијата што, по мислење на апликантот, се одговорни (преку една или повеќе активности или поради несторување што директно го засега апликантот) за повреда на Конвенцијата. Актот или несторувањата против кои се жали апликантот, мора да бидат направени од страна на државен орган на тужената држава како, на пример, нејзин суд или управен орган. Судот не расправа за жалби на апликанти против физички лица или приватни институции како, на пример, претпријатија.

За што може да се однесува апликацијата?Апликацијата мора да се однесува на едно од правата загарантирани со Европската конвенција за човекови права. Наводните повреди може да покриваат голем опсег на повреди како, на пример: тортура и нехумано постапување врз затвореници, противправно притворање, недостатоци во постапките пред судовите, скратување на правата на родителите, непочитување на приватноста, рестрикции во слободата на изразување, конфискација на имот, експропријација и друго. Исто така, апликација не може да се поднесе за повреда на права загарантирани со правни инструменти различни од Европската конвенција за човекови права, како што е, на пример, Универзалната декларација за човекови права или Пактот за граѓански и социјални права.

Како се иницира постапка пред Судот?Лицата коишто сметаат дека им се повредени правата и коишто ги исцрпиле домашните правни лекови, може или да испратат писмо со сите наоди до Судот (по што ќе добијат апликација од Судот, што ќе треба да ја пополнат) или да ја испратат апликацијата директно. Формуларот на апликацијата може да се најде на: www.echr.coe.int. Апликантите до судот може да се обратат на кој било од службените јазици на Судот (англиски или француски) или на еден од официјалните јазици на државите што ја имаат ратификувано Конвенцијата (вклучувајќи ги и македонскиот и албанскиот јазик). Писмото или апликацијата треба да бидат испратени на следнава адреса:

The RegistrarEuropean Court of Human RightsCouncil of EuropeF-67075 Strasbourg Cedex

Кои се главните карактеристики на постапката пред Судот?Постапката пред Судот главно се одвива написмено. Секој апликант се информира со писмо за какви било одлуки што ги носи Судот. Јавни сослушувања се исклучително ретки и во одредени случаи се спроведуваат како исклучок.

Постапката пред Судот е бесплатна за апликантот. Апликантот, сепак, мора да ги подмири своите трошоци, како поштарина, трошоци за адвокат, докази и слично. Откако апликацијата ќе биде поднесена, секој може да аплицира за правна помош. Бесплатната правна помош не се доделува автоматски, ниту се одлучува веднаш, туку најчесто за ова се одлучува дури кога постапката ќе биде во некоја напредна фаза.

Иако не е задолжително апликантот да биде застапуван од страна на адвокат на почетокот на

Page 90: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

88

постапката, адвокат е задолжителен откако апликација ќе биде препратена на Владата што е тужена. Сепак, најголем број на случаи Судот ги одбива како недопуштени и никогаш не стигнуваат до оваа фаза.

Кои се главните фази во постапката?Судот прво разгледува дали апликацијата е допустлива. Ова значи дека се проверува дали апликацијата ги исполнува сите услови предвидени со Конвенцијата (види погоре: Кои услови треба да бидат исполнети?). Доколку условите не се исполнети, апликацијата ќе биде одбиена. Доколку во апликацијата има повеќе наоди, може само дел од нив да бидат одбиени, а за дел апликацијата да се прифати.

Доколку апликацијата, или дел од барањата, се одбијат како неприфатливи, таа одлука на Судот е конечна и истата не може да се oбжали или на друг начин да се побива, ниту може да се измени.

Доколку апликацијата, или дел од барањата, бидат прифатени, Судот ќе сугерира апликантот и државата да се спогодат. Доколку не може да се спогодат, тогаш Судот ќе одлучува за суштинските барања од апликацијата, односно ќе одлучува дали имало или немало повреда на права од Конвенцијата.

Колку долго обично чекаат апликантите?Имајќи го предвид големиот број на заостанати предмети, во моментов апликациите чекаат по година дена само Судот да отпочне со првично разгледување на апликацијата и да одлучи дали ќе ја одбие или ќе ја прифати. Сепак, некои апликации може да бидат разгледувани побрзо по итна постапка, особено доколку апликантот е во непосредна опасност.

На што може да се надеваат апликантите?Доколку Судот одлучи дека е направена повреда на правото, истиот ќе одлучи и за праведен надомест, односно сума на пари како компензација за повредата. Судот, исто така, може да ѝ нареди на државата да ги надомести трошоците на апликантот за претставување на случајот пред Судот. Доколу Судот пресуди дека не постоела повреда на правото, на апликантот не му наложува да ги плати трошоците на државата.

Што друго треба да знаете? Што Судот не прави? Судот нема овластување да поништува или да укинува одлуки на национални судови и трибунали,

ниту национални закони. Судот не е одговорен за извршување на неговите одлуки. Секоја држава е должна да ги почитува

и да ги спроведува одлуките на Судот, за што одговара пред Советот на министри на Советот на Европа. Советот на министри се грижи за спроведувањето на одлуките и за исплатата на пресудената компензација.

Судот во Стразбур не е судот каде што може да доставите жалба против одлука на национален суд. Тој не сослушува предмети, ниту може да преиначи, укине или поништи пресуди на националните судови.

Судот нема да интервенира директно во институцијата за којашто апликантот се жали. Во исклучителни ситуации, Судот може да издаде времени мерки, за да отстрани непосредна опасност. Досегашната практика укажува дека времените мерки ги носи само тогаш кога постои непосредна опасност за физичка/телесна повреда на апликантот.

Судот нема да му помогне на апликантот да најде адвокат што ќе му помогне или ќе ја пополни неговата апликација.

Судот нема да му даде на апликантот информации во врска со закони или други одредби што важат во државата против којашто е поднесена апликацијата.

Page 91: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

89

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЧЛЕН 2: ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА ЖИВОТ

„Секое човечко суштество има вродено право на живот. Ова право мора да биде заштитено со закон. Никој не може самоволно да биде лишен од живот“.

Во структурата на природните, универзални и основни човекови слободи и права, по своето значење, природа и карактеристики, на прво место се издвојува правото на живот. За него се говори како за најзначајно, врвно човеково право, без чијашто ефикасна, квалитетна и благовремена заштита не е можно остварувањето на останатите слободи и права на човекот (правото на здравје, телесниот и физичкиот интегритет, слободата на движење итн.).

По својата природа, правото на живот претставува лично право што има апсолутен карактер и со коешто се обезбедува заштита на личните добра на субјектите во правото, и тоа како во однос на јавната власт така и во однос на останатите поединци. Оттука произлегува и обврската сите останати лица да се воздржуваат од дејствија што би можеле да претставуваат повреда на титуларот на правото на живот. Истовремено, правото на живот спаѓа и во најзначајните општествени добра.

Поради своето значење, ова фундаментално право добива и правно-нормативен израз: загарантирано е со низа меѓународни и домашни правни акти, и тоа со оние што имаат најголема правна сила. Меѓутоа, иако се работи за една од највисоките човечки вредности, таа, како и секоја друга вредност, е подложна на разни ограничувања, како резултат на потребата за остварување на другите вредности.

Така, во членот 2 од ЕКЧП, се наведува дека „правото на живот на секој човек е заштитено со закон“. Исклучоци од оваа јасна обврска се дозволени само за употребата на сила којашто е ништо помалку од апсолутно неопходна, како и:а) при одбрана на кое било лице од незаконско насилство;б) при законско лишување од слобода или спречување бегство на лице притворено во согласност со

законот;в) при законско спречување немир или бунт.

Онаму каде што претставниците на државната власт употребиле смртоносна сила против некој поединец, веројатно е дека фактите што се однесуваат на лишувањето од живот и мотивираноста за истото, во голем дел (ако не и сосема), ѝ се познати на државата. Од особено значење е лишувањето од живот извршено од страна на државен претставник, да биде предмет на отворен и објективен надзор.

Како членот 2 го толкува Европскиот суд за човекови права?Судот го протолкува членот 2 (заедно со членот 1) како барање за официјална истрага или испитување, кога и да се случи убиство на поединец, како последица на сила што е употребена од страна на државно овластено лице.

Ова претставува посебна должност за државата, па доколку изостане ефективната истрага/испитување, тоа само по себе ќе претставува прекршување на членот 2 од Конвенцијата. Испитувањето мора да ја утврди причината за смртта и доколку таа настапила со употреба на сила, дали истата била неопходна и оправдана.

Во кои подрачја наоѓа примена членот 2 од Конвенцијата?- Забрана за нелегално убивање од страна на државните претставници;- Смрт за време на издржувањето на казната затвор или „исчезнување“ на односното лице;

Page 92: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

90

- Евтаназија;- Абортус;- „Позитивна обврска“ на државата да обезбеди заштита и гаранција на правото на живот

Правото на живот е директно третирано и со Протоколот бр. 6 и со Протоколот бр. 13.

- Што е предвидено со наведените Протоколи?

Судска практика во врска со членот 2

Барање за независен истражен органGulec против Турција За време на една демонстрација, синот на подносителот на апликацијата бил убиен од страна на жандарми. Подносителот на апликацијата поднел кривична пријава до надлежниот јавен обвинител, против непознати сторители и против командирот на безбедносните сили. Сепак, обвинителот се прогласил за „ненадлежен“ за постапување по случајот, врз основа на тоа што крајниот осомничен (жандарм) дејствувал при извршување на неговите должности и дека државните службеници се предмет на посебни законски одредби, според коишто судот е ненадлежен да го претресе случајот. Судијата го префрлил предметот на Провинцискиот административен совет (ПАС), за спроведување претходна истрага.

Претходната истрага била спроведена од страна на двајца жандарми назначени од страна на провинцискиот гувернер. Виши провинциски државни службеници, исто така, биле членови на ПАС, со кој претседавал провинцискиот гувернер или неговиот заменик. Жандармеријата никогаш не ги доставила имињата на војниците што биле вмешани во настанот. ПАС ја прекинал постапката од причини што било невозможно врз основа на доказите во досието за изнесениот случај, да се идентификува сторителот. Случајот му бил префрлен на Врховниот управен суд што автоматски ја потврдил таа одлука, пресудувајќи дека е невозможно да се покрене кривично гонење против државни службеници, во случај кога идентитетот на оние што се одговорни и нивниот статус на државни службеници не е утврден.

И Судот и Европската комисија за човекови права ја разгледале апликацијата по член 2 и пресудиле дека немало соодветна истрага за околностите на смртта на синот на подносителот на апликацијата.

ПРАШАЊE 1:Што им недостасувало на властите кои биле одговорни за истрагата?Каква треба да биде истрагата за да ги задоволи минималните стандарди на Конвенцијата?Што се подразбира под независност и непристрасност на истражниот орган?(Забелешка: Обрни внимание на тоа каква била структурата на ПАС).

Да нема никакви хиерархиски, институционални или практични врски со службените лица чиешто однесување е предмет на истрагата.

McShane против Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна ИрскаЗа време на јавните немири, сопругот на подносителката на апликацијата паднал под едно рекламно пано. Еден оклопен транспортер со којшто управувал армиски војник го прегазил рекламното пано,

Page 93: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

91

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

со што го повредил нејзиниот сопруг. Тој подоцна починал, како последица на повредите со коишто се здобил во настанот. По полициската истрага, директорот на Јавното обвинителство (ДЈО) одлучил да не покренува кривична постапка врз основа на тоа што немало доволно докази што би обезбедиле основана можност за обвинение. Подносителката на апликацијата не го искористила своето право одлуката да ја разгледа судијата. Две години и седум месеци по смртта, полицијата ги префрлила списите на предметот на службено лице надлежно за спроведување испитување, т.е. истрага што се спроведува пред порота за сомнителни или насилни случаи на смрт. Во времето кога Судот ја изрекол пресудата, испитувањето сè уште не било завршено.

ПРАШАЊE 2:Дали во наведениот случај постои повреда на член 2 од Конвенцијата?Кои истражни дејствија би требало да се преземат за да постои ефективна истрага/испитување? Која е задачата на истражниот орган?Дали истрагата ги задоволува бараните стандарди, во поглед на способноста на властите за утврдување на причината за смртта?Што довело до натамошно слабеење на ефикасноста на истрагата што ја спроведувало службеното лице?(Внимавај на следното: „Истражниот орган мора да ја има моќта да повикува сведоци, особено оние што се замешани во настанот, и да донесе одлука“)

Барање за кривична постапкаAndronicou и Constanti nou против КипарЕден полицаец на специјалната полициска единица, за време на една спасувачка операција убил млада двојка. За време на првичната истрага, на полицаецот што ја водел истрагата му било кажано да не се меша во какви било вистински докази на местото на настанот и дека неговата истрага не била кривична, туку чисто управна. Во исто време, Советот на министри му наредил на претседателот на Врховниот суд да спроведе истрага во согласност со „Законот за истражни комисии“. И покрај тоа што претседателот на Врховниот суд го имал овластувањето да утврди кој ќе ја сноси одговорноста (доколку некој треба да биде одговорен за убиствата) и да даде соодветни препораки, тој не бил надлежен да му досуди отштета на семејството на двојката.

Претседателот на Врховниот суд донел заклучок дека не биле извршени никакви кривични дела и дека полицијата не би можела да се критикува на каков било начин во врска со тоа како постапила во конкретниот случај. Незадоволни од резултатот, подносителите на апликацијата побарале од државниот јавен обвинител да покрене кривична постапка. Државниот јавен обвинител, во насока на наодите од првичната истрага, го одбил нивното барање.

ПРАШАЊE 3:Дали во споменатиот случај било потребно да се поведе кривична постапка против вмешаните полицајци? Што предизвикало одбивањето што било дадено од страна на државниот јавен обвинител?

Page 94: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

92

Правото на живот на фетусот според член 2 од Конвенцијата

Правото на абортус (прекин на бременоста) претставува ексклузивно право на бремената жена, чиешто вршење претставува еден од начините за остварување на „доброволно мајчинство“.

Правото на абортус е дел од корпусот на репродуктивните права и слободи и по своите обележја претставува лично, диспозитивно, неотуѓиво и неимотно право што ѝ припаѓа исклучиво на бремената жена.

Бројни се случаите што биле поведени пред Европскиот суд, во однос на прашањето за допуштеност на абортусот, како и за тоа дали заштитата на правото на живот на сè уште неродено дете е гарантирана со одредбите од ставот 2 од Конвенцијата. Пред да дадеме одговор на ова прашање, ќе се осврнеме на неколку случаи што во изминатиов период биле расправани пред Судот.

Во случајот Paton против Обединетото Кралство (1980), Европскиот суд за првпат имаше прилика непосредно да расправа по прашањето што се однесува на примената на членот 2 од Конвенцијата. Постапката пред Судот ја покренал сопругот кој се обидел да ја спречи својата бремена жена да ја прекине бременоста, тврдејќи дека прекинот на бременоста всушност претставува повреда на правото на живот на фетусот.

ПРАШАЊE 4:Каков е ставот на Европскиот суд во поглед на заштитата на правото на абортус?Дали фетусот ужива апсолутно право на живот?Каков би бил ставот на Судот по изнесениот случај?Дали правото на живот на фетусот може да има предност пред интересите на бремената жена?Што ќе се случи доколку членот 2 од Конвенцијата би се применил и на фетусот?

Vo против ФранцијаВо овој случај, лекарот што бил во забуна во поглед на имињата на пациентките, извршил хируршки зафат со што бил предизвикан престанок на животот на сè уште неродено дете, во периодот од 20-тата до 21-та недела од бременоста на пациентката.

Госпоѓата Vo го обвинила лекарот за убиство од небрежност, а во 1996 година првостепениот кривичен суд во Франција донел одлука според којашто, во моментот на прекинување на бременоста, фетусот не бил viable, односно истиот не се третира како човечко суштество, согласно значењето на тогашниот член од Кривичниот законик на Франција. Во 1997 година пресудата била побиена со одлуката на Жалбениот суд во Лион, со којашто е утврдено дека правото на живот на фетусот се штити од моментот на започнување на животот и дека за обезбедување на ваквата заштита не е потребно детето да биде уште и живо родено во моментот кога се случила повредата. Со тоа, Жалбениот суд застанал на ставот дека првостепената пресуда претставува кршење на правото на живот, заштитено со домашните и меѓународните документи.

Во 1999 година, Францускиот Касационен суд ја поништил пресудата донесена по жалбата, со образложение дека Жалбениот суд погрешно го протолкувал домашното право и правото на Европската конвенција што се однесува на правото на живот на фетусот. Откако ги исцрпила правните лекови во националната држава, Госпоѓата Vo се жалела до Судот во Стразбур.

Page 95: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

93

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ПРАШАЊE 5:Каков став заземал Судот по однос на ова прашање?Дали терминот „everyone“ (сите), што е употребен во повеќето од членовите на Конвенцијата, се однесува и на фетусот?

Tysiac против Полска (2007)Случајот се однесува на скратување на правото на абортус на бремена жена чиешто здравје било сериозно загрозено со бременоста и со самиот чин на раѓање. Во 2003 година, г- ѓа Аlisia Tysiac, којашто е самохрана мајка, покренала постапка пред Судот поради тоа што ѝ било оневозможено да ја прекине својата трета бременост, и покрај фактот што во текот на бременоста дошло до сериозно оштетување на нејзиниот вид и, уште повеќе, постоела голема можност целосно да ослепи.Тројца лекари усно ѝ соопштиле дека може да го загуби видот, меѓутоа одбиле да ѝ издадат уверение врз основа на коешто таа би имала легално право на абортус. Иако била одлучна во своето барање да ја прекине бременоста, на г-ѓата Tysiaс тоа не ѝ било одобрено, па така бременоста продолжила и таа го родила своето трето дете. По породувањето, г- ѓа Tysiaс не била во состојба да распознава предмети што се наоѓаат на оддалеченост поголема од 1.5 метри, поради што е прогласена за инвалид и доделена ѝ е инвалиднина во месечен износ од 140 евра.

Во претставката што ја поднела до Судот е наведено дека скратувањето на правото на легален абортус, во конкретните околности претставува акт на нечовечно постапување, бидејќи таа била принудена да ја продолжи бременоста, и покрај тоа што знаела дека во текот на породувањето речиси целосно ќе ослепи. Истовремено, истакнала дека со одбивање на барањето да ја прекине бременоста била извршена повреда на правото на почитување на нејзиниот приватен живот, како и на нејзиниот психички и морален интегритет, и тоа на два начина: со тоа што ѝ било оневозможено остварувањето на правото на абортус, диктирано од терапевтски причини, како и со тоа што државата не ја исполнила својата „позитивна обврска“, односно не ѝ ги обезбедила потребните правни рамки што служат како гаранција за нејзините права.

Жалителката истакнала дека постои повреда и на член 13 од Конвенцијата, со којшто е загарантирано правото на ефективен правен лек, како и на член 14 од Конвенцијата, којшто ја забранува дискриминацијата.

ПРАШАЊE 6:Дали во постапката во којашто се одлучувало по барањето на г- ѓа Tysiaс за прекин на бременоста, биле обезбедени сите неопходни процесни гаранции за донесување на законска одлука?Дали одлуката била донесена во соодветна правна постапка и од страна на независно тело?На каков начин ѝ била соопштена одлуката на лекарот?Што мислите, како постапил Судот?

Право на пристап до медицинските служби и право на квалитетна медицинска помошДали правото на живот ја засега само обврската на државата да се воздржи од намерно убиство или, пак, таа истовремено е должна да преземе неопходни мерки за негова заштита?

Во случајот Tavares против Франција (1991), судот расправаше по жалба на сопругот чијашто жена

Page 96: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

94

умрела во текот на породувањето. Сопругот тврдел дека со оглед на тоа што лекарот пропуштил да ги преземе мерките што биле неопходни за да се спаси животот на неговата жена, е извршена повреда на нејзиното право на живот, гарантирано со член 2 од Конвенцијата. Меѓутоа, Судот утврдил дека во наведениот случај, поради тоа што болницата ги презела сите неопходни чекори, едновремено следејќи ја целата постапка на лекување на г- ѓата Tavares, самиот факт што не можел да биде прекинат синџирот на „исклучителни околности“ што претставуваат причина за нејзината смрт, не значи дека е повредено и правото на живот на покојната.

Оваа одлука на Судот е од особено значење поради тоа што е заземен јасен став дека државата е должна да пружи соодветна заштита на животот на бремените жени, од каде што произлегува и основата за тоа Судот во некој од наредните предмети што ќе бидат поведени пред него, да утврди дека постои повреда на правото на живот на бремена жена ако, на пример, итно не е извршен абортус во ситуација кога не постојат други начини за зачувување на нејзиниот живот.Евтаназија

„Нема да му дадам смртоносна дрога на кој било што ќе го побара тоа од мене, ниту пак ќе предложам некому да го стори тоа“.

Поимот евтаназија потекнува од грчките зборови еu – добро и thanatos – смрт, што во буквална смисла на зборот би значело добра смрт. Во секојдневниот живот таа се дефинира како „блага и лесна смрт“, „гаснење на човековиот живот без смртоносни болки“. Гледано од медицински и правен аспект, евтаназијата претставува вештачко предизвикување блага смрт кај неизлечливо болни лица, односно намерно прекинување на човековиот живот, а со цел на болниот да му се скратат маките. Всушност, се работи за благородни и алтруистички побуди.

Во своите почетоци, таа ја означувала желбата на човекот за брза и безболна смрт, додека подоцна ја афирмирала потребата од нега на болните лица, за да им се овозможи да умрат без страдање. Денес, евтаназијата во себе го опфаќа како првото така и своето второ значење, вклучувајќи ја истовремено и постапката по пат на којашто се постигнува благата и лесна смрт.

Prett y против Обединетото Кралство (2002)Во случајов се работи за жена на возраст од 43 години којашто страдала од латерална амиотропска склероза, поради што, сакајќи да си ги скрати маките, го замолила својот сопруг да ѝ помогне да изврши самоубиство.

ПРАШАЊE 7:Човекот има право слободно да диспонира со својот живот (самоубиството не се казнува), но дали ова свое право тој може да го пренесе и на друго лице?Дали во членот 2 од Конвенцијата, на поединецот му е загарантирано правото на слободен избор, во поглед на тоа дали ќе продолжи и натаму со својот живот или не, поаѓајќи од тоа дека секој човек има право да умре избегнувајќи го страдањето и недостоинствената смрт?Каков став заземал Европскиот суд во однос на изнесениот случај?

Page 97: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

95

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЧЛЕН 3: ЗАБРАНА ЗА МАЧЕЊЕ, НЕХУМАНО ИЛИ ПОНИЖУВАЧКО ПОСТАПУВАЊЕ

Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување.

Идејата дека државата може да ја злоупотреби својата власт со применување на неоправдано нанесување болка е, секако, многу стара. Во членот 10 од Англиската повелба за правата од 1689 година, беше вклучена изјава дека не треба да се бара прекумерна кауција, ниту да се наметнуваат прекумерни парични казни, ниту пак да се извршуваат свирепи и невообичаени казнувања.

Денес повеќе не е својствено присуството на тортура во нејзините појавни облици од минатото (тепање на селаните од страна на даночниците во стариот Египет, за да го откријат скриеното жито; тортурата на робовите во стара Грција; тортурата како доказно средство во средновековната инквизициска постапка итн.), туку проблемите на нејзиното спречување се фокусирани на релацијата меѓу граѓанинот и неговите слободи и права и државата и овластувањата на нејзините органи.

ПРОБЛЕМ 2:

Дали знаете како Европскиот суд го толкува значењето на членот 3 од Конвенцијата? Во што се состоеле некогашните т.н. техники на „дезориентација“ или „губење на осет“?а) стоење до ѕид: принудување на затворениците по неколку часа да стојат во стресна позиција

којашто оние што ја доживеале ја опишуваат како „стоење до ѕид со раширени раце и нозе, врзани во таа положба, при што прстите од рацете биле ставени на ѕидот високо над главата, со раширени нозе и со стапала свртени наназад, така што морале да стојат на прсти, со целата тежина на телото врз прстите од рацете и нозете“;

б) покривање на главата со качулка: ставање црна или темносина вреќа преку главата на затвореникот и, барем во почетокот, нејзино постојано носење, освен за време на сослушувањата;

в) изложување на бучава: додека чекале да бидат сослушани, затворениците биле држени во просторија каде што постојано имало гласен и пискотлив звук;

г) лишување од спиење: пред да бидат сослушувани, на затворениците не им било дозволено да спијат;

д) лишување од храна и вода: подложување на затворениците на слаба исхрана за време на нивниот престој во центарот или пред да бидат сослушувани.

Што претставува тортурата?Какво треба да биде малтретирањето, за да може да биде опфатено во рамките на членот 3?Од што зависи проценката на судот?Дали се предвидени извесни исклучоци од членот 3?

Определување на значењето на поимите мачење, нечовечно и понижувачко постапувањеКои се посебните категории на однесување што се забранети со членот 3 од Конвенцијата?Одредбата ги забранува трите посебни категории на однесување, а тоа се: 1) мачење 2) нечовечно постапување и 3) понижувачко постапување. Притоа, нечовечното постапување се поврзува со следните фактори: предумисла, долго времетраење, силно физичко и душевно страдање, остра психијатриска болка. Од друга страна, пак, за терминот понижувачко постапување најчесто се употребуваат изразите: чувство на страв, душевно страдање и инфериорност, понижување и посрамување, кршење на физичкиот и моралниот отпор. Мачењето, според мислењето на судот, едноставно претставува „нечовечно и понижувачко постапување што е посилно во однос на нанесеното страдање“, односно тоа мора да предизвика „многу сериозно и сурово страдање“. Во

Page 98: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

96

еден од случаите што биле изнесени пред судот, жалителот бил држен во студена и темна ќелија, „со заврзани очи“ и со него било „постапувано на начин што предизвикал рани и модринки на неговото тело“, за време на неговото сослушување.

Дали невообичаено суровите услови во затворот претставуваат нечовечно постапување?Во еден друг случај, пак, жалителот тврдел дека затворањето, со неколку прекини, во преполнета ќелија, исто така претставува кршење на членот 3.

ПРАШАЊE 8:Дали ваквото тврдење на жалителот самото по себе може да се смета за основано?Што е должен тој да му поднесе на судот, за да се констатира повреда на односниот член?Ќе обрнеме внимание и на случајот каде што жалителот, што страдал од душевна болест, бил затворен во психијатриското крило на еден затвор. Тој тврдел дека заради тоа што не му била пружена редовна медицинска или психијатриска нега, постојните услови во затворот предизвикале влошување на неговата здравствена состојба.Дали во случајов жалителот претрпел страдање што е доволно големо за да може да се смета за „нечовечно“?Што е тука потребно за да се констатира кршење на Конвенцијата?

Имено, во околности во кои некој поединец тврди дека бил/а противзаконски (и сериозно) малтретиран/а од страна на овластени службени лица за спроведување на законот, членот 3, толкуван заедно со општата должност на државата според член 1 од Конвенцијата – „на сите во рамките на нејзината надлежност да им се осигураат правата и слободите дефинирани во Конвенцијата“, бара „ефективна официјална истрага“.

Оваа истрага, како и онаа според член 2, треба да биде во состојба да доведе до идентификување и казнување на одговорните лица. За да биде „ефективна“, истрагата треба да се спроведува „активно“, властите „треба да бидат решени да ги откријат и кривично да ги гонат оние што се одговорни“. Понатаму, Судот го има утврдено принципот дека во случај кога некој поединец тврди дека бил повреден или малтретиран додека бил во притвор, Владата е должна да обезбеди целосно и доволно објаснување за тоа како биле причинети повредите. Оттука и Судот, по пат на својата судска практика, разви посебни стандарди за истражување на наводни прекршувања на забраната за мачење, нехумано и понижувачко постапување или казнување, од член 3.

Во подоцнежниот случај Raninen против Финска, на жалителот му биле ставени лисици на рацете, додека бил транспортиран од страна на воената полиција, по едно од низата апсења заради одбивање служење на воениот рок. Во пресудата е наведено дека „ставањето лисици на рацете, нормално, не претставува причина за покренување спор според член 3, каде што мерката не наметнува потреба од применување сила или јавно изложување, повеќе од она што оправдано се смета за потребно во дадените околности. Во случајов беше заклучено дека ниту една постапка од страна на жалителот не ја наметнала потребата од ставање лисици.

ПРАШАЊE 9:Меѓутоа, дали постојат докази дека лисиците биле употребени заради посрамување или понижување?Дали е убедливо докажано дека ваквиот чин (ставањето лисици на рацете) предизвикало подоцнежни физички или психолошки проблеми?(Внимавај на тоа дали постапувањето го достигнало минималното ниво на суровост што е пропишано со членот 3).

Page 99: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

97

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ПРОБЛЕМ 3:Жалителите, г- ѓата Селџук и г-нот Аскер, на возраст од 54, односно 60 години, целиот свој живот живееле во селото Исламкој. Меѓутоа, нивните домови и поголемиот дел од нивните имоти беа уништени од страна на безбедносните сили, при што жалителите беа лишени од нивниот извор на приходи за издршка и принудени да го напуштат своето село. Очигледно е дека примената на сила е однапред планирана и извршена на подол начин, без почитување на нивните чувства. Имено, тие беа затекнати неподготвени; мораа да стојат настрана и да гледаат како горат нивните куќи; не беа преземени адекватни мерки за обезбедување на нивната сигурност; протестите на г- ѓа Селџук беа игнорирани и по настанот не им беше пружена никаква помош.

Дали околностите што постоеле во случајот можат да предизвикаат страдање со доволно висок интензитет, за да се утврди дека постои нечовечно постапување од страна на безбедносните сили?

Дали одредено постапување може да се смета за „нечовечно или понижувачко“, дури иако не вклучува физички контакт?

Релевантни случаи од судската практика на Судот, во врска со член 3

Assenov и други против Бугарија (1999)Подносителот на апликацијата, млад Ром обвинет за коцкање, наводно бил малтретиран од страна на полицијата, и на улица и додека се наоѓал во полициски притвор. Неговиот татко, исто така, го тепал пред полицијата, во очигледен обид да ѝ покаже на полицијата дека е строг поборник за дисциплината. По жалбата на подносителот на апликацијата, службено лице од Окружната управа за внатрешни работи го истражувало случајот. Тој зел докази од полицајците што го извршиле апсењето и од други полицајци замешани во настанот, но не зел докази од другите присутни очевидци. Тој заклучил дека подносителот на апликацијата се здобил со модринките што биле опишани во лекарското уверение само од тепањето на неговиот татко. Подносителот на апликацијата продолжил со жалбата и тогаш Обвинителството го прифатило случајот, но не презело дополнителна истрага. Обвинителот одбил да започне кривична постапка против полицајците.

ПРАШАЊE 10:Дали во случајов постои повреда на членот 3 од Конвенцијата?Дали постојат вистински и објективни докази со коишто е поткрепено тврдењето дека модринките на апликантот биле предизвикани од страна на неговиот татко?Дали било потребно да се земат сведочења од независни очевидци веднаш по настанот?Каков е заклучокот на обвинителот?Дали постапил правилно?

Tomasi против Франција (1992)Случајот се однесува на тврдењето на една жртва којашто се жалеше на тепање и друго малтретирање цели 40 часа додека траело сослушувањето од страна на полицијата. Полицијата негираше какво било лошо постапување и француските судови заклучија дека Tomasi не поднесол prima facie докази со коишто би се оправдало покренувањето постапка против полицијата.

Page 100: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

98

ПРАШАЊE 11:Дали француските судови постапиле правилно?Дали повредите на жалителот претставувале надворешни знаци за употреба на физичка сила врз поединец којшто бил лишен од слобода?Дали доказите што постојат, претставуваат доволно оправдување за донесување заклучок дека полицијата ѝ нанела сериозни повреди на жртвата и со тоа е направен прекршок на членот 3?

Европскиот суд констатира дека медицинските прегледи на жалителот, извршени по неговото сослушување, покажале присуство на повреди што не можеле да бидат нанесени пред неговото апсење и дека тој веднаш му обрнал внимание на истражниот судија на лузните на неговото тело што тој ги припишал на тепање. Оттука, судот утврди дека постои кршење на член 3 и пресуди дека иако повредите на подносителот на апликацијата можеби се чинеле мали, тие, сепак, претставувале надворешни знаци за употреба на физичка сила врз поединец што бил лишен од слобода.

Berlinski против Полска (2002)Во случајов, полицијата наводно ги тепала подносителите на апликацијата во ноќен клуб и во полициско комбе. Тие поднеле жалба до јавниот обвинител. Обвинителот отворил истрага и, меѓу другото, ги сослушал вмешаните полицајци, независните сведоци и разгледал две одделни експертски мислења. Истрагата траела четиринаесет месеци. Обвинителот ја прекинал истрагата врз основа на тврдењето дека нема недвосмислени докази за тоа дека полицајците извршиле казнено дело.

ПРАШАЊE 12:Дали постои кршење на членот 3?Дали во случајов била спроведена ефективна и темелна истрага?Дали решението на обвинителот за прекинување на истрагата било арбитрерно?

Bekos и Koutropoulos против Грција (2006)Грчкото министерство за јавен ред започнало неформална истрага во однос на наодите на подносителите на апликацијата за неправилно постапување и злоупотреба од страна на полицијата. Откако на инцидентот му било дадено големо внимание во јавноста, Министерството ја проширило внатрешната истрага во тајна административна истрага, со којашто се заклучило дека полицијата ги подложила подносителите на апликацијата на малтретирање. На крајот на истрагата, началникот на грчката полиција му одредил парична казна на еден од полицајците вмешани во наводната злоупотреба, во износ од помалку од 59 евра. Апликантите започнале кривична постапка што била неуспешна, бидејќи грчкиот суд утврдил дека нема докази што укажуваат на вмешаност на полицаецот во каква било злоупотреба.

ПРАШАЊE 13:Какви биле резултатите од истрагата во изнесениот случај?Дали е правилно решението ниту еден полицаец да не биде казнет?Дали подносителите на апликацијата имаат право на отштета?

Page 101: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

99

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Екстрадиција, протерување или депортирање

Soering против Обединетото Кралство (1989)Во случајов, Велика Британија бараше, во согласност со спогодбата, да го екстрадира Серинг во Вирџинија, САД, за да му биде судено за убиство. Властите во Вирџинија планираа да бараат смртна казна. Серинг тврдеше дека околностите што го придружуваат извршувањето смртни казни во Вирџинија, посебно вообичаеното одлагање од шест до осум години меѓу досудувањето и извршувањето на смртната казна, претставуваат нечовечно постапување или казнување. Заради тоа, тврдеше тој, постапката на Велика Британија, со која тој е изложен на ризикот од таквото постапување, го крши членот 3. Од друга страна, Велика Британија тврдеше дека земјата што ја врши екстрадицијата не треба да се смета за одговорна според Конвенцијата за нечовечно или понижувачко постапување или казнување, што би се применувало надвор од јурисдикцијата на таа земја.

ПРАШАЊE 14:Дали предавањето на прогонет бегалец од страна на една држава на друга држава, каде што постојат основани причини за верување дека му се заканува опасност да биде подложен на мачење, може да се толкува како постапка која е спротивна на духот и намерата на членот 3 од Конвенцијата?Дали во случајов Серинг бил изложен на „реален ризик“ да биде обвинет, осуден на смрт и подложен на долготрајно очекување на извршување на казната?

Cahal против Обединетото Кралство (1996)Во случајов Владата сакаше да протера во Индија еден политички активист од Сиките, врз основа на заклучокот дека неговите активности претставуваат закана за националната безбедност. Истовремено, на Чахал му беше дозволено да остане во Британија додека траеше судењето за тој спор во Стразбур. Се тврдеше дека во времето меѓу донесувањето на одлуката за депортирање, до одлуката на Европскиот суд, се намалила опасноста за жалителот.

ПРАШАЊE 15:Кој временски момент ќе се смета за најважен во случаите кога депортирањето сè уште не е извршено?Каква е обврската на судот во поглед на заштитата на интересите на засегнатата држава?(Внимавај дали правата гарантирани со членот 3 од Конвенцијата подлежат на ограничување!).

Македонските случаи во однос на член 3Јашар против Македонија (2006)На 25 мај 1998 година, подносителот на апликацијата поднел кривична пријава до јавниот обвинител против непознати сторители, со тврдење за полициска бруталност. По неколку барања за информации, на 11 ноември 1999 година, обвинителот одговорил дека тој побарал дополнителни информации од Министерството за внатрешни работи и чекал да ги добие. До денес подносителот на апликацијата не примил никакви информации во врска со неговиот случај; кривичната постапка сè уште е во тек. Подносителот на апликацијата, исто така, поднел тужба за отштета, но судот го отфрлил неговиот случај затоа што заклучил дека подносителот на апликацијата се здобил со повредите пред полицијата да го притвори и дека полицајците не му ги нанеле повредите.

Page 102: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

100

ПРАШАЊE 16:Дали во случајов апликантот ги исцрпил сите домашни правни лекови?Каков став заземал судот во поглед на другите расположливи лекови што апликантот не ги користел?

Сулејманов против Македонија (2006)Подносителот на апликацијата, кој се жалел на малтретирање од страна на полицијата пред Судот, поднел кривична пријава до јавниот обвинител, на 3 ноември 1998 година. По неколку барања за информации, обвинителот му одговорил на апликантот дека тој побарал од МВР да обезбеди информации, но без никаков успех. До денес апликантот не примил никаква натамошна информација во врска со неговиот случај од страна на обвинителството. Сулејманов, исто така, поднел граѓанска тужба што судот ја отфрлил, затоа што заклучил дека повредите со коишто тој се здобил не биле нанесени од страна на полицијата.

ПРАШАЊE 17:Дали апликацијата може да се смета за допустлива?Дали биле обезбедени потребните ефективни лекови за овој случај? Дали постојат извесни пропусти во поглед на постапувањето на обвинителот?

ЧЛЕН 5: ПРАВО НА СЛОБОДА И СИГУРНОСТ

Членот 5 од ЕКЧП, заедно со Членот 1 од Протоколот бр.42 на ЕКЧП, ја даваат нормативната рамка на заштита на личната слобода на поединецот, како право вградено во костурот на системот на човекови права, на којшто се засновани модерните либерални демократии. Правните документи, како Magna Carta Libertatum, Bill of Rights, Уставот на САД и сл., кои се од историска важност за глобалната историја на системот на човекови права, без исклучок го вклучуваат и ова право. Почитувањето на ова право е предуслов за уживање и на низа останати права содржани во Конвенцијата и во уставите на многу земји. И обратно - лишувањето од слобода го става поединецот во многу ранлива позиција во однос на власта, изложувајќи го на ризик од мачење или нехуман третман. Така, секое лишување од слобода треба да се сфати како исклучок, временски лимитиран и објективно оправдан, подложен на редовна ревизија од страна на судските органи и спроведен во постапка дефинирана со закон. Понатаму ќе се осврнеме подетално на толкување на членот и на гаранциите и барањата што ги содржи.

Кои права произлегуваат од чл.5?

Право на слобода и сигурност“Секој има право на слобода и сигурност. Никој не смее да биде лишен од слобода, освен во законска постапка, во долунаведени случаи”.Став 1 од членот ја содржи презумпцијата на слободата, со која товарот на докажување паѓа на оние што му ја одзеле слободата на лицето, т.е. на власта. Судијата, како претставник на одвоена и независна судска власт од органите на прогонот, е одговорен за спроведување на надзор над донесената одлука за лишување од слобода, при што е неопходно тој да тргне од претпоставката дека засегнатото лице би требало да биде слободно и согласно тоа да бара да му бидат изложени причините за неговото/нејзиното притворање.

2 Чл.1 Забрана на затвор поради долгови, од Протокол бр.4 на ЕКЧП: “Никој не смее да биде лишен од слобода само поради тоа што не е во состојба да изврши некоја договорна обврска”.

Page 103: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

101

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Како се дефинира притворот во толкувањето на Европскиот суд?Во однос на потребата од посочување на битните елементи според кои се дефинира кои мерки применети од властите спаѓаат во лишување од слобода, односно притвор, Европскиот суд во својата практика се води од природата на затворот и статусот на засегнатото лице. За лишување од слобода најочигледно станува збор онаму каде што лицето под присила се чува во полиција или затворска ќелија, но постојат и многу други форми на затвор кои можат да доведат до примена на чл.5. Според толкувањата на Европскиот суд, клучен елемент за дефинирање на притворот е елементот на обврзност 3, засегнатото лице не може да напушти одредено место или е обврзано да појде на друго место со службеникот што го спроведува законот.

Дали чл.5 наоѓа примена и во ситуации каде што лишувањето од слобода е дело на приватни лица?Европскиот суд е на мислење дека секое овластување дадено на приватно лице во однос на апсење поединци, е проследено со исти обврски за тоа лице како и за секој државен службеник, во однос на проследување на приведеното лице низ кривична постапка и почитување на сите гаранции содржани во чл.5 и во националните закони.

Кога е оправдано и дозволено лишувањето од слобода?Лишувањето од слобода главно се однесува на случаи што се дел од кривичниот процес, иако може да се однесува и на други ситуации. Лишувањето од слобода не може да биде произволно, туку мора да е законско, односно во согласност со националниот закон на земјата и ЕКЧП. Во ст.1 од чл.5 се признати три ситуации во коишто лишувањето од слобода може да биде оправдано, како дел од кривичен процес: Приведување на осомничен за инволвираност во правење прекршок (став в) Затворање на некого како казна за правење прекршок (став а) Затворање на некого кој се гони по барање за негова/нејзина екстрадиција во друга земја (став ѓ)

Кои услови треба да бидат исполнети за да биде оправдано лишувањето од слобода?Основен предуслов за приведување на осомничено лице во притвор е постоењето прекршок според националниот закон, притоа приведувањето може да биде и пред извршувањето на прекршокот, доколку однесувањето на приведеното лице што го поттикнало апсењето потпаѓа под законски одредени прекршоци4. Покрај овој предуслов постојат и две клучни барања: целта на приведувањето да биде изнесување на осомничениот пред „надлежните судски власти” (односно започнување кривична постапка против осомниченото лице) и да постои „основан сомнеж” за извршување на прекршокот. Сомнежот може да се смета за основан само доколку се заснова на фактори или информации што објективно го поврзуваат осомниченото лице за наводното кривично дело, во смисла на постоење докази за активности што директно го посочуваат засегнатото лице или документи или судски докази со сличен ефект. Треба да се нагласи дека сомнежот се однесува на сегашното однесување на лицето и дека кривичното досие на осомниченото лице од минатото не е само за себе доволно за основан сомнеж.

Колку време е дозволено траењето на притворот?Во ст. 3 од чл.5 е содржано барање времетраењето на притворот пред судењето (од моментот на апсењето, до моментот на ослободувањето) да биде разумно, со оглед на посебните околности на случајот. Европскиот суд не ја прифаќа идејата за максимално времетраење на притворот пред судењето, како поставување на некоја бројка in abstracto. Генерално, притвор подолг од една година за Судот е претеран, но во некои случаи и притвор од две и три години5 е сметан за прифатлив,

3 Толкување на Европскиот Суд во De Wilde, Ooms & Versyp против Белгија, цитирано во “Водич за имплементација на чл.5 од ЕКЧП”, Monica Macovei, стр. 18.

4 “Водич за имплементација на чл.5 од ЕКЧП”, Monica Macovei, стр.24.5 Letellier против Франција (2 години и 9 месеци); Punzelt против Чешка (2 години и 6 месеци); Stögmuller против Австрија

(2 години и 1 месец).

Page 104: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

102

додека пак притвор над пет години6 во практиката на Европскиот суд не е утврден како оправдан. Оние случаи со подолги периоди за коишто Европскиот суд идентификувал прекршок на ЕКЧП, се случаи каде што постојат компликации предизвикани од природата на прекршокот и/или бројот на потенцијални инволвирани осомничени или однесувањето на обвинетото лице. Но, оправдување за продолжување на притворот во комплицирани случаи може да биде прифатливо за Судот само доколку властите покажале „посебна упорност” во спроведувањето на постапките. Во секој случај, товарот за докажување на основите за продолжување на притворот пред судењето е кај властите, а не кај притвореното лице.

Дали и под кои причини се дозволува и се прифаќа продолжување на притворот?Иако осомниченото лице може да биде оправдано лишено од слобода заради започнување кривичен процес против него/неа и/или заради спречување на правење прекршок, продолжувањето на притворот не може да трае во недоглед и да помине неконтролирано. Имено продолжувањето на притворот е предмет на судско разгледување, при што судот не ја оценува само оправданоста на притворот, туку и неговата соодветност со оглед на протокот на време. Европскиот суд во Caballero против Обединетото Кралство пресудил дека постои прекршок на чл.5(3) бидејќи британскиот суд му одбил на апликантот (кој бил уапсен за обид за силување) можност за кауција, во согласност со британски закон според кој сите обвинети или осудени за убиство, убиство без предумисла и силување, се исклучени од можноста да бидат ослободени со кауција. За Европскиот суд спорно било што постоењето на ваквиот закон ги спречувало судовите да ги разгледаат индивидуалните околности на случајот, при одлучување за продолжување на притворот.

Имено, Европскиот суд признава четири причини за продолжување на притворот на осомниченото лице пред судењето:

Ризик од бегство За да се утврди ризикот од бегство е потребно да се испитаат сите релевантни фактори за одреден

специфичен случај, што можат да сугерираат на таков ризик. Европскиот суд во повеќе наврати има нагласено дека фактот дека осомничениот може да го очекува строга казна, сам по себе не е доволен за продолжување на притворот. Други релевантни факти што може да бидат земени предвид се: претходни примери кога лицето избегало откако било обвинето за прекршок7, ненаклонетост кон притвор8, конкретни докази за планови за бегство9, врски кои лицето ги има со друга земја, што може да го олеснат неговиот/нејзиниот план за бегство, непостоење на врски со земјата каде што е покрената постапката10. Од друга страна, причини што го отежнуваат докажувањето на ризикот за бегство се семејството11, моралот, карактерот и обврските на приведеното лице, обемот на сопственост што ќе треба да го остави зад себе, обемот на понудени гаранции дека ќе се појави на судењето и сл.

Ризик од попречување на курсот на правдата Ризикот се базира на можностите на обвинетото лице да ја минира подготовката на случајот

против него/неа, со вршење притисок на сведоците, информирајќи други лица што, исто така, може да се под истрага, да се договори со некој кој е инволвиран во случајот како да одговорат на постапката, да уништи документи или материјални докази и на кој било друг начин да ја

6 Birou против Франција, 27 февруари 1992 (5 години, 2 месеца и 27 дена).7 Punzelt против Чешка, 25 април 2000, кога апликантот избегал од кривична постапка во Германија.8 Stögmuller против Австрија, 10 ноември 1969.9 Matznetter против Австрија, 10 ноември 1969, каде што е земено предвид префрлање на фондови надвор од земјата

и посета како и воспоставување врски со странство.10 Barfuss против Чешка, 1 август 2000, каде што апликантот можел да добие германско државјанство доколку избегал

во Германија, што би значело дека е невозможно да се екстрадира во Чешка.11 Letellier против Франција, каде што апликантката била мајка на малолетни деца.

Page 105: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

103

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

попречи постапката. Но, самото апстрактно земање предвид на вакви ризици не е доволно за продолжување на притворот, туку мора да постојат и конкретни фактички околности.

Потреба да се спречи кривично дело Потреба да се сочува јавниот ред Европскиот суд ја призна оваа основа во случајот Latellier против Франција. Под оваа основа,

влегува и грижата за заштита на самиот обвинет (доколку станува збор за некое кривично дело што би можело да предизвика немири во пошироката јавност или, пак, обвинетиот да биде жртва на роднините на жртвата). Сепак станува збор за вонредни околности, каде што треба да се покаже дека ослободувањето би резултирало со нарушување на јавниот ред во одредено време.

Кои други оправдувања се дозволени за лишување од слобода?Притворот на поединци може да се примени во околности што не инволвираат кривични постапки. Тие се детално наброени во ст.1 од чл.5 и треба да бидат тесно толкувани: Заради неизвршување законски налог на судот или со цел обезбедување извршување на обврска

пропишана со закон (став б).Пример: Ако лицето нема да ја плати судската казна или нема да се појави како сведок; во случајот McVeigh, Комисијата има утврдено дека притворот е дозволен, со цел да се обезбеди исполнување на обврската на лицето при влез во Обединетото Кралство да одговори на испитувањето на службеникот; лишување од слобода заради неисполнување на договорна обврска е забрането (чл.1, Протокол 4 на ЕКЧП). Притвор на малолетник врз основа на судско решение за воспоставување воспитна мерка или

поради негово приведување пред надлежен судски орган (став г). Притвор со цел да се спречи ширење на некоја заразна болест, на ментално заболени лица,

алкохоличари, токсикомани или скитници (став д)Во случајот Witold Litwa против Полска, Европскиот суд се изјаснил дека не е дозволено притвор на едно лице само заради внесување на алкохол, доколку лицето не претставува закана за јавноста или, пак, без земање предвид на неговите/нејзините интереси (здравјето и личната безбедност). Дури и под вакви околности, за Судот не е прифатливо затворањето на апликантот во центар за трезнење, бидејќи не биле разгледани алтернативните мерки од домашниот закон (полицијата можела да го однесе дома).

Право на кауцијаВо ст.3 од чл.5 е предвидено право на кауција (покрај монетарна гаранција, може да бидат побарани и друг вид на гаранции-предавање на пасошот, со што ќе се осигура присуството на обвинетиот на судењето) и постои силна презумпција во корист на истата. Постојат четири основи врз основа на коишто барањето за кауција може да биде одбиено: опасност од бегство, попречување на курсот на правдата, спречување на кривично дело и одржување на јавниот ред.

Право да се биде брзо информиран за причините за апсењетоСодржана е во ст.2 на чл.5 и предвидува право на секој што е уапсен да биде информиран, на јазик што го разбира, околу причините за апсењето и за сите обвиненија против него/неа. Во Fox, Campbell & Hartley, Европскиот суд се изјасни во поглед на природата на објаснувањето - треба да ги содржи суштинските правни и фактички причини за лишувањето од слобода, што понатаму би му овозможиле на лицето да ја оспори законитоста на апсењето или притворот во судот. Пример: треба да му се каже на лицето дека тој/таа се осомничени за вмешаност во кражба на нешто од одредена куќа на одреден ден. Понатаму, важно е објаснувањето да биде разбирливо и формулирано на неформален јазик, бидејќи многу луѓе немаат правничко образование или интелектуални капацитети да ја разберат сложеноста на правните и законски дефиниции. Објаснувањето треба да биде дадено брзо, па така за Судот е прифатлив интервалот од 24 часа, бидејќи понекогаш постојат практични потешкотии во комуникацијата, како обезбедување преведувач.

Page 106: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

104

Право на пристап на притворените лица пред судски службеник и право на судење во разумен рокВо ст.3 на чл.5 стои дека секое лице лишено од слобода ќе биде изнесено пред судија или друг службеник овластен со закон да врши судска власт. Терминот судија е јасен, но „друг службеник овластен да врши судска власт” е предмет на прецизирање и дефинирање во рамките на практиката на Европскиот суд. Во минатото се сметаше дека обвинителот е личност што ги задоволува овие критериуми, но практиката покажа дека обвинителот не може доследно да ја игра оваа улога. Основниот проблем со ова е фактот што обвинителот е страна во постапката, и како таков не може да се очекува дека ќе биде непристрастен и кога ќе ја врши судската функција во тој случај.

Право на оспорување н а законитоста на притворотВо ст.4 на чл.5 се гарантира можноста на притвореното лице да отвори постапка за оспорување на законитоста на притворот пред судот, кој мора брзо да донесе одлука за ослободување, ако притворот е незаконски. Бидејќи околностите се менуваат постојано, може да се случи правното оправдување за притворот прифатено од судот на почетокот, со тек на време да стане неприменливо. Така, постои постојана можност за оспорување на законитоста сè додека лицето е во притвор, којашто приведеното лице може да ја користи во разумни интервали. Клучни елементи се: Обврска за вршење судски надзор.Постапката треба да се одвива пред суд и да ги задоволува сите услови за правично судење, предвидени во чл.6 од ЕКЧП, а особено оние за непристрасност и независност. Барањето за независност бара надзорот да го врши тело што не одговара пред извршната власт, а барањето за непристрасност се однесува на невмешаност на судијата во поранешните фази на случајот. Лично појавување пред судот и усно сослушување. Пристап до правна помош во постапка во којашто се спротивставени двете страни.Во составувањето на случајот се вклучени комплицирани правни прашања, така што притвореното лице веројатно нема да може само да го изгради правниот аргумент. Доколку притвореното лице не може финансиски да си дозволи правен совет, државата ќе ги покрие трошоците. Адвокатот, покрај правен совет, ќе го застапува приведеното лице во постапка која мора да вклучува спротивставени страни и да ги следи барањата за еднаквост на средствата, што Судот ги применува во чл.6 на ЕКЧП. Одлуката за тоа дали притворот е законски треба да биде донесена „брзо” и притоа задолжително

е да се обрне внимание на законитоста на притворот.Временскиот интервал меѓу првичниот притвор и судскиот надзор е релативен поим, што зависи најчесто од сложеноста на правните прашања на секој поединечен случај. Интервал од една до две седмици меѓу апликацијата и одлуката по неа е прифатлив за најголемиот број случаи, додека пак периоди подолги од еден месец биле осудувани во најголемиот број случаи12. За Европскиот суд сите одложувања што се должат на фактори како годишен одмор на судијата или прекумерна работа се неприфатливи. Поимот на законитост на притворот мора да биде во согласност со стандардите на ЕКЧП. Лицето кое е притворено мора да има можност да оспори дали неговото притворање е во согласност со националниот закон и ЕКЧП. Пример: доколку некој е притворен за изјава што се смета за клевета, тој треба да има можност пред независен судски орган да ја оспори законитоста на своето притворање, со оглед на фактот што притворот за прекршок од ваков тип не може да е оправдан, бидејќи се коси со правото на слобода на говорот според ЕКЧП.

Право на обесштетувањеСпоред чл.5, ст.5, оние коишто биле жртви на апсење или притвор спротивно од одредбите на чл.5, имаат законско право на обесштетување. Оваа одредба претставува посебен израз на една поопшта обврска содржана во чл.13 од ЕКЧП, што се однесува на обезбедување ефективен правен лек онаму каде што има кршење на загарантираните права и слободи. Барањата што ги поставува последниот став од чл.5 се:

12 Bezicheri против Италија и Sanchez-Reisse против Швајцарија.

Page 107: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

105

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Правниот лек се бара пред судот, што значи дека мора да биде донесен со правна одлука. Така, правен лек пред други тела, како народен правобранител или ex grati a исплата од владата, не се задоволителни правни лекови.

Во однос на формата на правната постапка според којашто ќе биде докажано правото на обесштетување, државата има слобода.

Глобални предизвици на индивидуалната слобода и колективната безбедностЕден од најголемите глобални проблеми за државната безбедност во денешницата е тероризмот. Мерките што ги преземаат државните власти во борбата против тероризмот се на тенката граница на човековите права на единката и колективниот интерес за безбедност. Правото на слобода не е апсолутно дефинирано и подложи на ограничувања, јасно дефинирани и контролирани во однос на нивната оправданост. Дали државата може да наметне вонредни ограничувања на слободата на единката (пример: превентивен притвор за осомничени терористи), надвор од вообичаениот кривичен процес, без да ја прекрши ЕКЧП? Членот 15 од ЕКЧП им дозволува на државите отстапки од обврските преземени со Конвенцијата „во случај на војна или некоја друга општа опасност што го загрозува животот на нацијата”. Првиот случај што го покрена ова прашање пред Европскиот суд е Loles против Република Ирска (1 јули 1961), каде што апликантот бил држен во притвор пет месеци пред да биде изведен пред суд заради неговото активно членство во ИРА.

Page 108: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

106

Информативен документ изготвен од страна насекретаријатот на Европскиот суд за човекови права

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА Историјат, организација и постапка

I. ИСТОРИЈАТ А. Европска конвенција за заштита на човековите права од 1950

1. Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи беше изготвена од страна на Советот на Европа. Таа беше отворена за потпис во Рим, на 4 ноември 1950 год., а стапи на сила во септември 1953 год. Главната цел на авторите беше да се направи првиот чекор за колективна примена на одредени права и основни слободи, внесени во Универзалната декларација за човековите права од 1948 год.

2. Од една страна, Конвенцијата предвидуваше заштита на низа граѓански и политички права и слободи,1 а од друга страна, таа воспостави механизам за гаранција на исполнувањето на обврските преземени од земјите - членки на Конвенцијата. Три институции ја делеа оваа одговорност: Европската комисија за човекови права (основана во 1954 год.), Европскиот суд за човекови права (основан во 1959 год. ) и Советот на министри при Советот на Европа составен од министри за надворешни работи на земјите - членки или од нивни претставници.

3. Според оригиналната верзија на Конвенцијата од 1950 год., жалби (барања) против земјите-членки можеа да поднесат другите земји - членки, како и индивидуалните баратели (поединци, групи на поединци или невладини организации), доколку сметаа дека е повредено некое од правата и слободите заштитени/гарантирани со Конвенцијата. Меѓутоа, правото на поднесување на13 Види го анексот I од листата на насловите на нормативните членови. индивидуално барање беше предвидено само како опција и можеше да биде искористено само доколку земјите - членки против кое беше насочено го имаа ратифицирано (со приклучувањето на Протоколот бр. 11 на Конвенцијата признавањето на правото на поднесување на индивидуално барање стана задолжително за сите земји - членки).

Таквите барања беа прво разгледувани од Комисијата, која одредуваше дали тие се допуштени или не. Кога

13 Види го анексот I од листата на насловите на нормативните членови

Page 109: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

107

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

барањата беа прогласувани за допуштени а притоа не се постигнеше пријателско спогодување, Комисијата составуваше извештај во кој ги изнесуваше фактите и даваше мислење за основаноста на барањето. Извештајот потоа беше проследуван до Советот на министри.

4. Кога земјата - членка ја имаше прифатено задолжителната јурисдикција на Судот, Комисијата и/или било која од засегнатите земји - членки имаа рок од три месеци по трансмисијата на извештајот до Советот на министри да го поднесат предметот до Судот, кој потоа донесуваше конечна и задолжителна пресуда. Поединците немаа право сами да поднесуваат барања до Судот. Кога предметот не беше проследуван до Судот, Советот на министри одлучуваше дали имало повреда на Конвенцијата и доделуваше правична отштета на жртвата, доколку го сметаше тоа за сходно. Советот на министри исто така го следеше и извршувањето на одлуките на Судот.

Б. Понатамошен развој

5. По стапувањето на Конвенцијата на сила, усвоени се дванаесет дополнителни протоколи. Протоколите бр. 1, 4, 6 и 7, 1214 и 13 на Конвенцијата додадоа дополнителни права и слободи кои се гарантирани со Конвенцијата.

Протоколот бр. 2 му овозможи на Судот да дава советодавни мислења. Протоколот бр. 9 им овозможи директен пристап на индивидуалните баратели до Судот, кога тој е ратификуван од страна на земјата - членка и кога барањето е прифатено од страна на посебна Комисија за проверка. Протоколот бр. 11 го преструктуира контролниот механизам (види подолу во текстот). Останатите протоколи ја уредуваат организацијата и постапката пред органите на Конвенцијата.

6. Почнувајќи од 1980 год. па се до 1990 год., бројот на предметите доставени до органите на Конвенцијата постојано се зголемуваше, предизвикувајќи тешкотии во настојувањето постапката да трае пократко време.

Почнувајќи од 1990 год. наваму, овој проблем стана уште поголем со приемот на новите земји - членки. Бројот на барањата кои беа регистрирани годишно од страна на Комисијата скокна од 404 во 1981, на 4750 во 1997. До 1997 год., во Комисијата, бројот на нерегистрираните или провизорните досиеа за секоја година скокна на повеќе од 12 000. Статистиката на Судот рефлектира слична ситуација. Додека во 1981 год. му биле доставени само 7 предмети за постапување, тој број скокна на 52 предмета во 1993 и на 119 предмети во 1997.

Ваквиот пораст на предметите доведе до водење на долга дебата за неопходна реформа на контролниот механизам на Конвенцијата што резултираше со усвојување на Протоколот бр. 11 на Конвенцијата. Целта беше да се поедностави структурата што би довело до кратење на времетраењето на

постапката пред Судот. Во исто време, би се зајакнал судскиот карактер на системот, со тоа што тој би станал наполно задолжителен, додека би се укинала улогата на Советот на министри во донесувањето на свои одлуки по определени предмети.

Протоколот бр. 11 што стапи во сила на 1 ноември 1998 година предвидуваше дека Комисијата ќе ја продолжи својата работа уште една година (до 31 октомври 1999) за да ги сработи предметите кои беа прогласени за допуштени пред тој да стапи на сила.

7. Во текот на првите три години откако стапи во сила Протоколот бр. 11, бројот на предметите енормно порасна. Од регистрираните 5979 предмети во 1998 година, нивниот број се зголеми на 13 858 предмети во 2001 година, односно забележа пораст за околу 130%. Загриженоста за можностите на Судот да постапува по зголемениот број предмети доведе до барање за обезбедување дополнителни средства, како и одредени размислувања за спроведување нова реформа.

За време на Министерската конференција за човековите права, одржана на 3 и 4 ноември 2000 година во Рим, а по повод одбележувањето на педесет годишнината од отворањето на Конвенцијата за потпишување,

14 Овој протокол ќе стапи во сила доколку биде ратификуван од најмалку десет земји-потписнички.

Page 110: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

108

беше одлучено да се приготви студија за реформи. Во февруари 2001, а во согласност со министерската декларација за „Eвропскиот суд за човекови права”, замениците министри го овластија Стиринг комитетот за човекови права да подготви и предложи мерки за измена на Конвенцијата без понатамошни одлагања.

II. НОВИОТ ЕВРОПСКИ СУД ЗА ПРАВАТА НА ЧОВЕКОТ

А. Организација на Судот

8. Европскиот суд за човекови права, поставен од страна на Конвенцијата со амандманите, се состои од број на судии еднаков со бројот на земјите - членки на Советот на Европа (моментално 45)15. Не постои ограничување на бројот на судиите од иста националност. Нив ги избира Парламентарното собрание на Советот на Европа за период од шест години. Мандатот на половината од судиите трае три години, што значи дека половината од судиите се избираат секоја трета година, со цел континуирано вршење на судиската функција.

Судиите се самостојни и не претставуваат ниедна земја. Тие не смеат да се ангажираат во било каква активност, која би била некомпатибилна со нивната 3 Види ја листата на судии поместена во анексот II. независност и непристрасност, или со барањето да работат полно работно време. Нивниот мандат автоматски истекува кога тие ќе наполнат 70 год.

Претседателот и двајцата потпретседатели на Судот, како и двајцата претседатели на секциите, се избираат на пленарен Суд за период од 3 год.

9. Согласно на своите правила, Судот е поделен на четири секции со фиксен состав за период од 3 год. Нивниот состав мора да биде избалансиран како од географска гледна точка, така и од гледна точка на еднаква застапеност на половите. Исто така, мора да се води сметка и за различните правосудни системи кои што постојат во поединечните земји - членки. Две од секциите се претседавани од страна на потпретседателите на Судот, додека останатите две секции се претседавани од страна на двајца претседатели на секции избрани од Судот. Ним им асистираат а, кога е тоа потребно и ги заменуваат, потпретседателите на секциите.

10. Комитети од 3 судии се формираат во секоја секција за период од 12 месеци.

11. Секоја секција е составена од судски совети од седум члена врз основа на ротација. Претседателот на секцијата и судијата избран од државата на која се однесува случајот секогаш се членови на тој судски совет. Во случај кога второнаведениот не е член на судскиот совет, тој ќе биде присутен како еx offi cio член. Останатите членови на секцијата кои не се полноправни членови на судскиот совет, имаат својство на заменици - членови.

12. Големиот судски совет е составен од 17 судии, во кој како ex offi cio членови се вклучени и Претседателот и Потпретседателите, како и Претседателите на Секциите.

Б. Постапка пред Судот 1. Општо

13. Сите земји - членки (меѓудржавни предмети) или поединци кои сметаат дека им е повредено некое право од Конвенцијата (индивидуални жалби) можат директно да поднесат барање до Судот во Стразбург во кое ќе ја изложат наводната повреда на Конвенцијата од страна на некоја земја - членка.

Појаснувања за критеруимите на поднесување на барањата и за пополнување на формуларите можат да се добијат од Секретаријатот.

15 Види ја листата на судии поместена во анексот II.

Page 111: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

109

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

14. Постапката пред Судот се одвива врз принципите на контрадикторност и јавност. Распитот на странките во принцип е јавен, освен ако судските совети или Големиот судски совет не одлучи поинаку поради некои исклучителни околности. Поднесоците и другите документи доставени до Секретаријатот од странките се отворени за јавноста.

15. Индивидуалните баратели можат сами да ги изготват поднесоците, но препорачливо е да имаат свој правен застапник. Во одредени случаи кога е одлучено да се комуницира некое барање до Владата на земјата-членка против која било насочено, таквата правна застапеност е задолжителна. Советот на Европа предвидел систем на правна помош за барателите кога истата е потребна.

16. Службени јазици на Судот се францускиот и англискиот, но барањето може да биде изготвено и на еден од службените јазици на земјите - членки. Кога барањето е објавено за допуштено, постапката продолжува исклучиво на еден од двата службени јазици на Судот, освен ако Претседателот на судскиот совет или Големиот судски совет не одлучат поинаку.

2. Постапка за прогласување на барањето за допуштено

17. Секое поединечно барање се доделува на некоја од секциите, чиј претседател го именува судијата - известител. По прелиминарното разгледување на предметот, судијата - известител одлучува дали предметот ќе биде разгледан од некој од тричлените комитети или од совет.

18. Комитетот може едногласно да одлучи да го прогласи барањето за недопуштено или да го одбие ако е тоа возможно да се направи без понатамошно разгледување.

19. Индивидуалните барања кои што не се прогласени за недопуштени од комитет или кои директно се реферирани пред судски совет од страна на судија - известител, како и меѓудржавните барања, сe разгледуваат од страна на судски совет. Советот одлучува за допуштеноста и за суштината на спорот, обично со две посебни одлуки, но може и со една иста одлука.

20. Судските совети можат во секое време да предадат било кој предмет на надлежност на Големиот судски совет, во случаите кога постои сериозно прашање на интерпретација на Конвенцијата или пак постои ризик да се донесе некоја одлука контрадикторна на некоја веќе донесена одлука од Судот, освен во случаите кога некоја од страните не се спротистави во рок од еден месец од денот кога била нотифицирана поради горенаведените причини.

21. Првата етапа од постапката вообичаено се одвива во пишана форма, иако советот може да одлучи да одржи распит на странките. Тогаш случајот би можел да се разгледува и мериторно (во суштина).

22. Одлуките на судскиот совет за допуштеноста, кои се донесени едногласно, мораат да содржат образложение и да бидат објавени.

3. Постапка за мериторно одлучување

23. Кога советот го прогласил барањето за допуштено, тогаш може да ги покани страните да достават други докази и свои гледишта, вклучувајќи и барање за правична отштета, како и да присуствуваат на јавната седница на која ќе се решава нивното барање.

24. Претседателот на советот може, во интерес на добра админстрација на правдата, да покани или да и дозволи на било која договорна земја која што не е странка во постапката, или на било кое заинтересирано лице, да поднесе во писмена форма свои коментари и во исклучителни околности да присуствува на јавната седница.

Page 112: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

110

25. За време на постапката во која мериторно ќе се одлучува по барањето, можно е да се водат доверливи преговори со посредство на Секретаријатот.

4. Пресуди

26. Советите одлучиваат со мнозинство на гласови. Сите судии, кои учествувале во одлучувањето, имаат право да приложат свое мислење кон пресудата, во кое ќе истакнат дали се согласуваат со неа или не, или да дадат кратка декларација на несогласување.

27. Во рок од три месеци од денот кога пресудата на некоја од советите била објавена, странките може да побараат нивниот предмет да биде разгледан од Големиот судски совет доколку се појавило некое значајно прашање во врска со интерпретација или примената на Конвенцијата или некој од Протоколите, или пак се работи за некое значајно прашање од општ карактер. Ваквите барања се разгледуваат од одделение на Големиот судски совет составено од пет судии. Во составот на Големиот совет е претседателот на Судот, претседателите на секциите (освен претседателот на онаа секција која ја донела првичната пресудата) и еден судија кој е избран според систем на ротација од оние судии кои не учествувале во донесувањето на првичната пресуда од страна на секцијата.

28. Пресудите на Судот стануваат конечни по истекот на три месеци или пред тоа, доколку страните страните изјават дека нема да бараат испитување на нивниот предмет од страна на Големиот судски совет или доколку гореспоменатото одделение одбие да го реферира барањето до Големиот судски совет.

29. Доколку одделението го прифати барањето, тогаш Големиот судски совет ќе одлучи по предметот со мнозинство на гласови. Неговата одлука е конечна. 30. Сите конечни одлуки на Судот се задолжителни за државите на кои се однесуваат.

31. Советот на Министрите е задолжен за надгледување и извршување на пресудите. Тој исто така потврдува дали државата - членка за која е утврдено дека ја повредила Конвенцијата ги преземала сите неопходни мерки за да ги исполни своите посебни или генерални обврски кои произлегуваат од пресудата.

5. Советодавни мислења

32. На барање на Советот на министри, Судот може да даде свое советодавно мислење за правни прашања кои што се однесуваат на интерпретација на Конвенцијата и нејзините протоколи.

Советот на министрите одлучува со мнозинство на гласови дали ќе побара мислење од Судот.

33. Барањата за советодавни мислења се разгледуваат од Големиот судски совет, чии мислења се усвојуваат со мнозинство на гласови. Сите судии можат да приложат посебно мислење во кое ќе ги образложат причините за нивното несогласување со усвоеното советодавно мислење или да дадат кратка декларација за несогласување.

Page 113: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

111

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

АНЕКС I

Наслови на нормативните членови на Европската Конвенцијата согласно Протоколот бр. 11

Конвенцијата од 1950

член 2 Право на животчлен 3 Забрана на мачењечлен 4 Забрана на ропство и принудна работачлен 5 Право на слобода и сигурностчлен 6 Право на правично судењечлен 7 Нема казна без закончлен 8 Право на почитување на приватниот и семејниот животчлен 9 Слобода на уверување, совест и религијачлен 10 Слобода на изразувањечлен 11 Слобода на собирање и здружувањечлен 12 Право на бракчлен 13 Право на ефективен лекчлен 14 Забрана на дискриминација

Протокол бр. 1член 1 Заштита на сопственостачлен 2 Право на образованиечлен 3 Право на слободни избори

Протокол бр. 4член 1 Забрана на затвор поради долговичлен 2 Слобода на движењечлен 3 Забрана за протерување на свои државјаничлен 4 Забрана за колективно протерување на странци

Протокол бр. 6член 1 Укинување на смртната казна

Протокол бр. 7член 1 Процедурални гаранции во случај на протерување на странцичлен 2 Право на жалба во кривични предметичлен 3 Компензација за неправедно осудувањечлен 4 Право да не се биде суден двапати или осуден двапати за исто делочлен 5 Еднаквост меѓу супрузите

Протокол бр. 12член1 Општа забрана за дискриминација

Page 114: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

112

АНЕКС II

СОСТАВ НА СУДОТ (редослед врз основ на ранг)

9 February 2005 Г-н. Luzius WILDHABER, Претседател (Швајцарија)Г-н. Christos ROZAKIS, Потпретседател (Грција)Г-н. Jean-Paul COSTA, Потпретседател (Франција)Г-н. Nicolas BRATZA, Претседател на секција (В. Британија)Г-н. Bo�tjan ZUPANČIČ, Претседател на секција (Словенија)Г-н. Giovanni BONELLO (Малта)Г-н. Lucius CAFLISCH (Швајцарија)16

Г-н. Loukis LOUCAIDES (Кипар)Г-н. Ireneu CABRAL BARRETO (Португалија)Г-н. Riza TÜRMEN (Турција)Г-ѓа. Françoise TULKENS (Белгија)Г-н. Corneliu BÎRSAN (Романија)Г-н. Peer LORENZEN (Данска)Г-н. Karel JUNGWIERT (Чешка)Г-н. Volodymyr BUTKEVYCH (Украина)Г-н. Josep CASADEVALL (Aндора)Г-ѓа. Nina VAJIĆ (Хрватска)Г-н. John HEDIGAN (Ирска)Г-н. Matti PELONPÄÄ (Финска)Г-ѓа. Margarita CACA-NIKOLOVSKA (пјр Македонија)Г-н. András BAKA (Унгарија)Г-н. Rait MARUSTE (Eстонија)Г-н. Egils LEVITS (Латвија)Г-н. Kristaq TRAJA (Aлбанија)Г-ѓa. Snežana BOTOUCHAROVA (Бугарија)Г-н. Mindia UGREKHELIDZE (Грузија)Г-н. Anatoly KOVLER (Русија)Г-н. Vladimir ZAGREBELSKY (Италија)Г-ѓa. Antonella MULARONI (Сан Марино)Г-ѓa. Elisabeth STEINER (Австрија)Г-н. Stanislav PAVLOVSCHI (Молдавија)Г-н. Lech GARLICKI (Полска)Г-н. Javier BORREGO BORREGO (Шпанија)Г-ѓa. Elisabet FURA-SANDSTRÖM (Шведска)Г-ѓa. Alvina GYULUMYAN (Ерменија)Г-н. Khanlar HAJIYEV (Азербејџан)Г-ѓa. Ljiljana MIJOVIĆ (Босна и Херцеговина)Г-н. Dean SPIELMANN (Луксембург)Г-ѓa. Renate JAEGER (Германија)Г-н. Egbert MYJER (Холандија)Г-н. Sverre Erik JEBENS (Норвешка)Г-н. David Thór BJÖRGVINSSON (Исланд)Г-ѓa. Danutė JOČIENĖ (Литванија)Г-н. Ján ŠIKUTA (Словачка)Г-н Dragoljub POPOVIĆ (citi zen of Serbia and Montenegro)Г-н. Paul MAHONEY, Секретар (Велика Британија)Г-н. Erik FRIBERGH, Заменик Секретар (Шведска)

16 Избран за судија на Лихтенштајн.

Page 115: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

113

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЕВРОПСКА УНИЈА

ПРОБЛЕМ 1:Во табелата подолу обидете се да ги наброите институциите на Европската унија и нејзините најзначајни тела. Потоа напревете споредба со соодветните институции во Република Македонија. Обидете се да утврдите која институција какви надлежности има и како е поделена власта на ниво на унијата.

Европска унија Република Македонија

Институции

1. 1.

2. 2.

3. 3.

4. 4.

5. 5.

Тела

1. 1.

2. 2.

На европското тло постојат разни традиции и култури, меѓутоа и заеднички вредности за европските народи. Обединетите демократски европски држави преку меѓусебната економска и политичка соработка се стемат кон обезбедување просперитет и траен мир. Желбата за сигурност и мир, за слобода и слободно движење, стопанска благосостојба и за заедничка моќ, се длабоко вкоренети во причините за настанокот и постоењето на Европската Унија.

Како што карактерот на секоја земја членка на ЕУ е дефиниран од нивниот правен систем и нивните национални институции, така и карактерот на ЕУ е дефиниран од различните институции и тела и нивната надлежност. Затоа, многу е важно да се имаат основни познавања за организацијата и методите на работа на институциите на Европската унија. Тоа овозможува да се разбере процесот на донесување на одлуки, односно како одлуките се подготвуваат, донесуваат, имплементираат и мониторираат.

Во Европската унија постојат најразлични институции и тела. Меѓутоа само пет се дефинирани како инститиции и се сметаат за најважни.

Европскиот парламентЕвропскиот парламент се состои од најмногу 732 членови кои се избираат на секои пет години, од 1979. Членовите на Европскиот парламент, т.н. европарламентарци се избираат од страна на државјаните на земјите членки на ЕУ при што е определено колку пратеници ќе има од секоја земја. Европскиот парламент одлуките најчесто ги донесува со обично мнозинство.

Page 116: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

114

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКА УНИЈА

Иако во ЕУ не постои стриктна поделба на власта, Европскиот парламент има улога во следниве традиционално парламентарни активности:- обликување на законодавството – оваа улога се извршува преку процедурата за ко-одлучување

во одредени области, кога Европскиот парламент има право да стави вето, ко-одлучување за буџетот, процедурата за соработка, задолжително советување и сл.

- избор и формирање на извршната власт – оваа улога особено се гледа преку потврдувањето на претседател на Европската комисија и подоцна сите членови на Европската комисија и изборот на Омбудсманот. Сепак Европскиот парламент многу ретко е консултиран при изборот на Извршниот одбор на Европската централна банка или Европскиот суд на ревизори.

- анализа и оценка на активностите на извршната власт – оваа надлежност на Европскиот парламент му дава за право да поставува прашања до Европската комисија и сите други институции на ЕУ, обврска на Комисијата, Советот на министри, Европскиот совет и земјите членки да го информираат парламентот за нивните активности, право да прифаќа претставки поднесени од страна на граѓаните на ЕУ, право на индиректна оценка преку барање до Судот на ревизори да поднесе мислење за одредена работа и други.

- информирање и образование на луѓето кои ги претставуваат.

Европскиот парламент заседава во Стразбург. Неговиот Генерален секретаријат се наоѓа во Луксембург, меѓутоа се повеќе канцеларии на секретаријатот се селат во Брисел. Најголем дел од состаноците на политичките групи и комитетите на парламентит се одржуваат во Брисел.

ПРАШАЊЕ 1:Дали знаете како се групирани пратениците во Европскиот парламент?Што е позначајно, државата од која доаѓаат европратениците или политичката партија на која и припаѓаат?Чии интереси штити Европскиот парламент?

Совет на министриКако и Европскиот парламент и Советот на министри е една од клучните институции при донесување на одлуките во ЕУ. Тој игра двојна улога во ЕУ бидејќи претставува институција на ЕУ меѓутоа и ги пренесува националните интереси на земјите членки. Надлежности на Советот е во учеството при донесувањето на одлуки, координација на националните политики, заедничко информирање, извршни надлежности.

Како што асоцира и името, во рамките на Советот секоја земја членка учествува со еден министер. Советот најчесто одлуките ги донесува со обично мнозинство, квалифицирано мнозинство или едногласно. Советот на министри има седиште во Брисел, иако Советот се среќава во април, јуни и октомври во Луксембург.

Клучните задачи на Советот се да:- ја вообликува правната рамка (законодавството);- да предложува назначување и да назначува – на пример, претседателот и членовите на

Комисијата, членовите на Европскиот суд на ревизори, членовите на извршниот одбор на Европската централна банка, како и членови на бројни комитети на ЕУ;

- право да отповикува членови на одборот на директори на Европската централна банка, како и да поднесе претставка до Европскиот суд на правдата за отповикување на членови на Европската комисија;

Page 117: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

115

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКА УНИЈА

- побара од Европската комисија да поднесе предлог за донесување на одреден правен акт;- оценува работата на Комисјата во трошењето на буџетот;- обезбедува координација во областа на економската политика и политиката за вработување;- и дава мандат на Комисијата за преговарање и склучување определени договори со земји кои

не се членски на ЕУ и меѓународни организации;- ги одредува платите;- предлага буџет.

Претседателството на Советот на министри се менува секои шест месеци на база на ротација. Претседателството со Советот има пет значајни улоги: (1) да обезбедува административна подршка, (2) да иницира предлози, (3) да ја координира работата на Советот, (4) да ги хармонизира различните интереси, и (5) да го претставува Советот на меѓународно поле и ЕУ внатрешно.

ПРАШАЊЕ 2:Дали знаете кој во моментов претседава со Советот на министри? Дали знете кој е нареден за претседателство?Зошто е тоа важно?Чии интереси се штитат од страна на Советот на министри?Дали знаете како се гласа во Советот? Колку гласа имаат членовите на Советот?

Европскиот совет – СамитЕвропскит совет или попознато како самитот на ЕУ е формиран во 1974 година. Тој се одржува најмалку два пати годишно но, најчесто три пати. Во Европскиот совет учествуваат претседателите на државите членки и претседателите на нивните влади, дополнети со министрите за надворешни работи на земјите-членки и членовите на Комисијата.

Се уште не е сосема јасно како Европскиот совет се вклопува во системот на институции на ЕУ, бидејќи тој не е технички „институција“ според договорите за ЕУ. Европскиот совет е роден од конференција на претседателите на земјите-членски одржана во Париз во 1974 кога тогашниот претседател на Франција и германскиот канцелар го предложиле неговото формирање.

Негови клучни улоги се:- одобрување и одбивање на апликации од страна на земји-членки за продлабочување на

одредени односи кои спаѓаат во области под надлежност на ЕУ, кога ваквата апликација е одобрена од страна на Комисијата со квалифицирано мнозинство.

- Назначување на претседателот, потпретседателот и четирите членови на Извршниот одбор на Европската централна банка.

- Одлучува каде институциите ќе имаат седиште.

Европска комисијаЕвропската комисија е најзначајната супранационална институција на ЕУ. Таа претставува движечка сила за евроинтеграцијата. Комисијата ги заштитува интересите на заедницата, ја застапува Европската унија во надворешната политика, и обезбедува непречено финкционирање на заедничкиот пазар.

Комисијата има право да иницира донесување на ЕУ законодавство, има надлежност да учествува во

Page 118: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

116

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКА УНИЈА

процесот на подготовка, креирање, имплементација и мониторирање на правото на ЕУ. Во рамките на своите надлежности Комисијата има право и да преговара склучување на меѓунардони договори. Европската комисија исто така, има право да има свои претставништва во земји не-членки.

ПРАШАЊЕ 3:Дали знете кој е претставник на Европската комисија во Република Македонија во моментов?Дали знаете кој е претседател на Европската комисија во моментов?Чии интереси ги штити Европската комисија? Зошто е тоа така?Дали знаете каде се наоѓа Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија?Дали знаете да наведете некоја активност што ја води или во којашто е вклучена Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија?

Eвропски суд на правдаАко во Унијата ги лоциравме носителите на законодавната и извршната власт, нормално е да очекуваме и институција што е носител на судската власт, а тоа е токму Судот на правдата. Го сочинуваат 27 судии, по еден од секоја земја-членка, избрани со заедничка согласност на сите членки и со мандат од шест години.Овој суд е надлежен само за прашања и ситуации што вклучуваат европско законодавство. Така, тој работи во следниве случаи:• го толкува европското право (ги објаснува обврските и правата на европските институции, на

државите-членки, на физичките и правните лица, согласно тоа право);• одлучува дали државите-членки ги исполнуваат обврските, согласно правото на Унијата;• поништува правни акти што се усвоени од институциите, а не се во согласност со европското

право.Обраќањето до Европскиот суд на правдата, може да се изврши на кој било официјален јазик на Унијата, со што тој јазик станува “јазик на случајот”. Сепак,судиите во овој суд најчесто дискутираат на француски јазик.

ПРАШАЊЕ 4:Дали знаете кои се најзначајните пресуди на Европскиот суд на правдата?Како тие влијаат врз развојот на Унијата?

Европски суд на ревизориЕвропскиот суд на ревизори е институција која е основана во 1975 година и има седиште во Луксембург. Тој е соствен од по еден претстваник на секоја земја членка на ЕУ. Мандатот на членовите е шест години, а тие се назначуваат со договор на земјите членки по консултација со Европскиот парламент. Европскиот суд на ревизори има задача да осигура дека сите приходи на Унијата се собрани и дека трошењата се направени законски и наменски. Ревизорите можат да вршат ревизија на било која институција или тело кое располага со пари на Унијата и доколку е потребно да препраќа случаи до Судот на правдата.

Page 119: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

117

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКА УНИЈА

ПРАШАЊЕ 5:Со која институција во Република Македонија е најсличен Европскиот суд на ревизори?Дали Европскиот суд на ревизори може да донесе пресуда во случај на ненаменско трошење на средствата од буџетот на Унијата?Дали може Европскиот суд на ревизори да прави ревизија на прокти спроведени во Македонија, со поддршка од Унијата?

Како се носат одлуките во Унијата?Организацијата на работата на Европската унија е сложена за разбирање, и повеќе истражувања покажуваат дека голем број граѓани на земјите членки на Унијата не го разбираат начинот на кој работи Унијата. Зошто тогаш младите од Македонија да се мачат да ги разберат овие комплицирани процедури? Затоа што да се биде добар европски граѓанин, значи не само да прифатат вредностите на кои почива Унијата, туку и да се познава начинот на работа на истата, особено во поглед на носењето одлуки.

ПРОБЛЕМ 2:По позитивниот исход од референдумот во Ирска, многу е извесно дека Европската унија ќе „доживее“ нови реформи со стапувањето на сила на Лисабонскиот договор. Дали знаете зошто се вика „реформски“?Направете анализа какви промени ќе претрпат институциите на Унијата! Текстот на договорот на англиски јазик е достапен на следнава адреса:htt p://europa.eu/lisbon_treaty/index_en.htm

Како Европската унија донесува „закони“?Европската комисија предлага нови „закони“, но истите ги донесуваат Министерскиот совет и Парламентот. Под поимот „закони“, или легислатива на Унијата, се подразбираат:- прописи (регулативи) – кои важат подеднакво за сите, веднаш по нивното усвојување. Тие се

применуваат директно, без земјата членка да мора прво прописот да го вгради во своите внатрешни закони;

- директиви – поставуваат обврзувачки резултати кои земјите-членки треба да ги постигнат, но во нивното постигнување имаат слобода да изберат облици и средства на дејствување;

- одлуки – се однесуваат на специфични прашања, и се обврзувачки за оние земји членки, институции или поединци на кои се однесуваат.

Во ЕУ се донесуваат и препораки и мислења, кои немаат обврзувачко дејство, и со тоа не спаѓаат во редот на „законите“ кои ги донесува Унијата, туку го претставуваат ставот на одделна институција во ЕУ во врска со некое прашање. Сите овие акти се објавуваат во Службениот весник на Унијата, на сите официјални јазици на Унијата и достпни се бесплатно на интернет. Ова е интернет страницата на Службениот весник на Унијата, на англиски:htt p://eur-lex.europa.eu/JOIndex.do?ihmlang=en

Page 120: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

118

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКА УНИЈА

ПРИМЕР 1: Европската комисија во ноември 2005 година донесе препорака до Европскиот совет на Република Македонија да и се додели статус кандидат за членство во Унијата. Министерскиот совет не беше обврзан да ја следи оваа препорака. Дали знаете како одлучи Европскиот совет по оваа препорака?Дали знаете во која постапка беше донесена одлуката?Дали знаете колку официјални јазици има во ЕУ?

Правилата и постапките за донесување на одлуки во ЕУ се поставени во четирите договори врз кои почива ЕУ. Секој европски закон се заснова на определен член од овие договори, и таквиот член се третира како правна основа за законот.

Значи, унијата може да дејствува само во рамките на овластувањата што произлегуваат од Договорите, за кои се согласиле земјите членки. Институциите на ЕУ не можат да носат „закони“ во области за кои не е експлицитно наведено во договорите дека се надлежност на Унијата.

Постојат три главни постапки за донесување на европските закони од страна на Министерскиот совет и Парламентот. Постапките се разликуваат според начинот на соработката меѓу овие две институции:- Консултација – Парламентот само дава свое мислење, а Министерскиот совет ја носи одлуката

имајќи го во предвид мислењето на парламентот, но без обврска истото да го почитува, што често е и случај;

- Согласност – Министерскиот совет носи одлука по прибавена согласност од Парламентот;- Со-одлучување – Парламентот и Министерскиот совет имаат еднаква улога во носењето на

одлуката, за разлика од претходните два вида на одлучување, во кои доминацијата е ставена на страна на Министерскиот совет.

Кој од овие три вида на одлучување ќе се користи одлучува Европската комисија. Одејќи одгоре надолу, во секоја наредна постапка на одлучување, улогата на Парламентот се зголемува. Така со консултација се носат закони кои по својата природа повеќе се во надлежност на земјите членки, а со со-одлучување оние кои припаѓаат на дирекнта надлежност на Унијата.

КонсултацијаПри постапката на консултација, Комисијата го испраќа својот предлог до Министерскиот совет и до Парламентот. Но, Министерскиот совет е тој кој официјално ги консултира – бара мислење за предлогот - не само од Парламентот, туку и од Економскиот и социјален комитет и Комитетот на региони. Министерскиот совет има обврска мислењата на сите овие институции да ги земе во предвид при донесувањето на одлуката, но не мора до истите да се придржува.

Во постапката на консултација, Парламентот има три можности пред себе:- да го прифати предлогот на Комисијата – да го одобри предлогот во целост- да го отфрли предлогот на Комисијата – да го одбие предлогот во целост- да побара измени на предлогот на Комисијата – да прифати еден дел од предлогот, и да отфрли

друг дел од истиот, со барање за промени. Во овој случај Комисијата има право да одлучи дали ќе ги направи побараните измени во предлогот или нема тоа да го стори. Доколку го измени предлогот врз основа на барањето на Парламентот, изменетиот предлог Комисијата го доставува до Министерскиот совет.

Page 121: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

119

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКА УНИЈА

Министерскиот совет, пак, по добивањето на мислењето од Парламентот, одлучува исто така дали ќе го прифати предлогот на Комисијата, ќе го отфрли или ќе го измени. Со оглед на фактот дека Министерскиот совет го донесува соодветниот закон, тој има право да го измени предлогот на Комисијата (без да бара Комисијата да ги прифати тие измени, како што е случај со барањето за промени доставено од Парламентот), но тоа може да го направи само со едногласна одлука.

По правило, во постапката на консултација, одлуките во Министерскиот совет и во Парламентот се носат со дво-третинско мнозинство, а по исклучок, едногласно.

Консултирањето се користи на пример во ревизија на цените во земјоделството, определување на одредби поврзани со граѓанство на ЕУ, или пак во врска со азилот и миграцијата.

СогласностВо постапката на носење одлуки со согласност, пред да се донесе одлуката од страна на Министерскиот совет, тој мора да добие согласност за истата од страна на Парламентот. За разлика од претходната постапка, при постапката на согласност – Парламентот има само две можности пред себе – или да го прифати во целост предлогот на Комисијата, или да го одбие во целост истиот. Парламентот може да го одбие предлогот на Комисијата само со апсолутно мнозинство на гласови. Доколку Парламентот не даде согласност за предлогот на Комисијата, Министерскиот совет не може да го усвои истиот.

Преку постапка на согласност се донесуваат закони кои на пример се однесуваат на Централната банка на Унијата, на Структурните и Кохезиските фондови, или на приемот на нови земји-членки.

ПРАШАЊЕ 6:Зошто оваа постапка е значајна за Република Македонија?Дали налага и некакви активности на некои од органите на власта?

СоодлучувањеАко досегашните постапки на одлучување во рамките на ЕУ се чинеа сложени, постапката на соодлучување е дефинитивно круната на сложеноста на истите. Според оваа постапка, Парламентот и Министерскиот совет имаат еднакви, и целосно поделени и рамноправни законодавни овластувања (што не беше случај во претходните две постапки, во кои Министерскиот совет имаше посилна улога).

Во постапката на соодлучување, Комисијата го испраќа предлогот и до Министерскиот совет и до Парламентот, и секоја од овие две институции има можност да го прифати во две разгледувања кои се случуваат едно по друго. Ако не може да се согласат Министерскиот совет и Парламентот за текстот на законот, предлогот оди пред „Комитетот за усогласување“ кој е составен од еднаков број претставници на двете институции. На состанокот на Комитетот може да присуствуваат и претставници на Комисијата, кои може да дадат дополнителни објаснувања за дел од предложените решенија, доколку тоа се побара од нив.

Откако, Комитетот ќе постигне согласност, текстот на законот се враќа на трето, последно можно разгледување пред Министерскиот совет и Парламентот, кои или конечно го прифаќаат или го отфрлаат предлогот на Комисијата.

Page 122: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

120

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКА УНИЈА

Преку постапка на соодлучување се носат закони кои на пример се однесуваат на заедничкиот пазар, правата на работниците мигранти или заштитата на потрошувачите.

ПРОБЛЕМ 3:Во моментов, Унијата обединува 27 земји, со помалку или повеќе развиени економии, со различни правни системи, мноштво културни традиции и јазични карактеристики, и сите држави подеднакво ги вреднува и ги поддржува. Оттаму и мотото на Унијата - “Обединети во разликите“. Европската унија е создадена и се гради за да овозможи поудобен, побезбеден и послободен живот на нејзините граѓани. Таа не постои за да ги одмени државите што се нејзини членки, туку преку заеднички акции и политики уште повеќе да зголеми и обезбеди економски развој, благосостојба, мир и безбедност.

Обидете се да наброите барем 5 работи кои се заеднички на ниво на Европската унија. Зошто мислите дека токму тие работи се заеднички?Дали Република Македонија, автоматски ќе ги прифати тие работи со нејзино членство во унијата?Што е тоа, што според вас Република Македонија ќе го „внесе“ во Унијата?

ЗнамеДванаесетте жолти ѕвезди на темносина позадина се честа глетка и во нашата земја, која иако сe уште не е членка на Унијата, сепак е во постојана соработка и гради вистинско партнерство со Унијата и нејзините членки. Ова знаме е симбол на ЕУ, но и симбол на обединета Европа воопшто. Во многу традиции, бројот 12 е симбол на хармонија и перфекција, а кругот, меѓу другото, симбол на целина и обединување. Затоа, без оглед на проширувањето на Унијата и зголемувањето на бројот на нејзини членки, бројот на ѕвезди на знамето останува 12.

ХимнаИ химната на ЕУ зборува за идеалот на соработка и братство меѓу народите, абидејќи ова е идеалот за кој компонирал и Бетовен, неговата мелодија од Деветтата симфонија позната како “Ода на радоста”, станува химна на Унијата. Химната не ги заменува националните химни на државите-членки, туку е уште еден начин да се потврдат и слават обидите за заедништво и за обединување на разликите.

9 Мај - Ден на ЕвропаНа овој ден, во 1950 година, Роберт Шуман го презентирал својот предлог за обединување на Европа и осигурување мир и благосостојба на нејзините граѓани. Предлогот познат како „Шуманова декларација“ е основа за создавање на заедниците што во текот на годините го креираат она што денес го познаваме како Европска унија.Затоа, 9 Мај денес се слави како ден на Европа и е ден на кој граѓаните на Унијата организираат разни фестивали и други активности посветени на обединувањето во Европа и нивното меѓусебно зближување.

ЕвроСетете се колку дополнителна подготовка е потребна кога заминувате во странство - информирање кои валути (пари) се користат во земјите што ги посетувате, менување пари во банка, внимавање на курсните разлики, организација на различните валути итн. Од 2002 година, повеќето граѓани на ЕУ не

Page 123: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

121

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКА УНИЈА

мора да се грижат за вакви ситуации, бидејќи од тогаш започна употребата на заедничката валута – евро. Користењето иста валута го олеснува тргувањето и ги ослободува граѓаните од грижите што ги споменавме. Графичкиот симбол за еврото (€) е инспириран од грчката буква епсилон и се однесува на првата буква на Европа. Официјалната кратенка што се користи за еврото е ЕУР.

ПРАШАЊЕ 7:Дали знаете колку земји членки во моментов го користат еврото како валута?Дали знаете зошто е тоа така?Дали сте имале можност да видите банкноти и монети на еврото? Како изгледаат тие? Дали се разликуваат?

Слобода на движење на лица и ШенгенДенес граѓаните на ЕУ може да патуваат од Лисабон до Хелсинки, преку Барселона, Ница, Торино и Виена, без притоа да поминуваат гранични премини и да се грижат за своите патни исправи. Сите држави-членки, се дел од безграничниот систем Шенген, со исклучок на Обединетото Кралство и Данска. Оваа слобода на движење, Унијата ја дава и на сите граѓани од трети земји што легално престојуваат во некоја земја од Шенген-зоната.

Слобода на движење на работнициАко ја погледнете листата на вработени во “Фолксваген”, со сигурност ќе најдете некој Португалец, Данец, или Грк. Ова е возможно преку слободата на движење на работниците, што им гарантира еднакво право на вработување на граѓаните на ЕУ во која било земја-членка, независно од нивното државјанство.

Програми за образованиеМладите луѓе сакаат да среќаваат други млади луѓе, сакаат да видат други земји и да научат за различните традиции. Многу млади настојуваат и се обидуваат дел од своето образование да го остварат во друга земја, но ова е комплицирано заради големите трошоци и долгите процедури. Младите студенти од Унијата, одамна не се грижат за овие тешкотии. Постојат повеќе програми што им помагаат на младите луѓе да ги остварат овие планови (Еразмус, Леонардо и Сократес). Овие програми осигуруваат дипломите стекнати на кој било универзитет во ЕУ, да бидат признати насекаде во Унијата. Повеќе од два милиони млади луѓе во ЕУ, веќе ја искористиле ваквата можност.

Трговија и царинаГрчките домати веќе пет децении многу поевтино и поедноставно стигнуваат на германските пазари, бидејќи не се оптоварени со дополнителните царински процедури и царински давачки. Уште од 1957 година, Европјаните се договорија да им дозволат на своите произведувачи да ги пласираат производите на пазарите ширум Унијата, и притоа да не плаќаат дополнителни давачки. Ваквата заедничка политика, на граѓаните на ЕУ им овозможи да имаат пристап до поевтини, поразнообразни и поквалитетни производи од сите делови на Европа. И Македонија има договор со Унијата, со кој голем дел од македонските производи може да стигнуваат на европските пазари, без притоа да бидат оптоварени со царини.

Заедничко инвестирање во економски развој – помош на помалку развиени подрачјаЕУ е можеби еден од најразвиените делови во светот, но сепак во него има области што се значително посиромашни од другите. Настојувајќи сите граѓани на ЕУ да живеат подобро, државите-членки

Page 124: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

122

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКА УНИЈА

ги здружуваат своите сили и финансиска моќ и здружено помагаат посиромашните региони да се развијат и да се збогатат. Околу 30 милијарди годишно се користат за помагање на економиите на овие региони, за создавање нови работни места и доквалификација на невработените граѓани. Ваквата помош е посебно видлива во Ирска, која до пред десетина години беше најсиромашна држава во ЕУ, а сега е еден од носителите на економскиот раст.

ПРАШАЊЕ 8:Што мислите кој е најголем донатор на помош во Република Македонија?Дали знаете колку ЕУ донира во светот? Колкава е таа помош споредено со останатите земји кои даваат помош (САД, Јапонија, и сл.)?

БуџетЗа да се остварат целите за развој и благосостојба, членките на ЕУ одлучиле и да создадат заедничко ќесе пари, односно европски буџет. Имено, Унијата има многу програми за работа, а притоа нема способност да собира даноци од граѓаните и фирмите, со кои би можела да ги финансира тие програми. Затоа, секоја членка дава дел од своите приходи (царини, ДДВ итн.) во европскиот буџет.

Почетоците на она што денес го знаеме како Европска унија се лоцираат во 1950 година и ги одбележува првото здружување на шест држави: Франција, Германија, Италија, Белгија, Холандија и Луксембург. Денес, 50 години подоцна, Унијата ја сочинуваат 27 членки. Значи, членките на Унијата се јасно определени да бидат отворени да ги примат во членство и останатите европски држави, постигнувајќи притоа целосно обединување на европскиот континент. Но, како се спроведува проширувањето? Има ли утврдени критериуми и постапки? Дали секоја држава може да биде членка на Унијата? И на крајот, каков пат изоде Република Македонија во своите обиди за зачленување и каков пат ја чека?

Како се станува член на Европската унија?ЕУ е отворена за секоја европска држава што ги почитува принципите на слободата, демократијата, основните човекови права и слободи и владеењетона правото. Овој основен предуслов за пријавување за членство во Унијата е дополнително објаснет на состанокот на шефовите на државите и владите одржан во 1993 во Копенхаген, каде што се утврдени основните критериуми за зачленување во Унијата. Овие критериуми ги знаете како Копенхашки критериуми, а тие наложуваат, пред да станат полноправни членови, државите-кандидатки да:• имаат стабилни институции што ја гарантираат демократијата, владеењето на правото, човековите

права и почитувањето на правата на малцинствата;• функционална пазарна економија, со капацитет да се соочи со конкуренцијата на пазарните сили

во ЕУ; способност да се исполнат обврските од членството, како и прифаќање и исполнување на целите

на политичката, економската и монетарната унија.

Воедно, државата-кандидат треба да има и функционален, административен и судски капацитет за спроведување на преземените обврски од членството во Унијата.

Page 125: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

123

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКА УНИЈА

ПРАШАЊЕ 9:Дискутирајте го секој критериум посебно и лоцирајте ги сите институции што треба постојано да ја унапредуваат својата работа и капацитет, за да се исполнат Копенхашките критериуми.Дали знаете како се развиваа односите меѓу Македонија и Европската унија?Дали знаете како Македонија стана земја-кандидат за членство во Европската унија?Што значи статусот-кандидат за државата?Кои органи се одговорни за координација на односите меѓу Македонијаи Европската унија? Набројте ги!

Повеќе информации за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и за присуството на Унијата во нашата земја, можете да добиете на интернет-страниците на:• Секретаријатот за европски прашања – htt p://www.sei.gov.mk• Канцеларијата на делегацијата на Европската комисија во Република Македонија- htt p://www.

delmkd.ec.europa.eu• Европската комисија, во делот посветен на Македонија (информациите се на англиски јазик) -

htt p://ec.europa.eu/enlargement/candidate-countries/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/index_en.htm

Информативна точка на ЕУ во КумановоОпштина Куманово Центар за информирање на граѓанитеАдреса: 11 Октомври бб, 1300 КумановоТел/факс: (++ 389 031) 475 800(++ 389 031) 475 817 (++ 389 031) 432 650e-mail: [email protected]

Информативна точка на ЕУ во КочаниОпштина КочаниЦентар за информирање на граѓанитеАдреса: Раде Кратовче бр. 1, 2300 КочаниТел/факс: (++ 389 033) 279 554e-mail: [email protected]

Информативна точка на ЕУ во БитолаОпштина БитолаЦентар за информирање на граѓанитеАдреса: Бул. 1 Мај б.б., 7000 БитолаТел/факс: (++ 389 047) 208336e-mail: [email protected]

Информативна точка на ЕУ во КавадарциОпштина КавадарциАдреса: Маршал Тито б.б., 1430 КавадарциТел/факс: (++ 389 043) 400 217(++ 389 043) 456 107e-mail: [email protected]

Page 126: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

124

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКА УНИЈА

Информативна точка на ЕУ во ГостиварОпштина ГостиварЦентар за информирање на граѓанитеАдреса: бул. Браќа Ѓиновски бр. 61, 1230 ГостиварТел/факс: (++ 389 042) 218 167e-mail: gosti [email protected] Информативна точка на ЕУ во ТетовоОпштина ТетовоАдреса: ул. Дервиш Кара б.б., 1200 ТетовоТел/факс: (++ 389 044) 548 576e-mail: [email protected]

Информативна точка на ЕУ во ВелесОпштина ВелесАдреса: ул. Панко Брашнар бр.1, 1400 ВелесТел: (++ 389 043) 232 406 лок 226e-mail: [email protected]

ПРОБЛЕМ 4:Симулација на работата на Советот на министри - Чоколадната битка

Од формирањето на Европската унија во 1952, до 1973 работите беа едноставни што се однесува до чоколадата. Таа се правеше со додавање на какао путер во млекото, чоколаден ликер и шеќер – така беше се од средината на 1800. Барем така се правеа чоколади во континетална Европа. Меѓутоа во Ирска и во Обединетото кралство различен рецепт е користен повеќе од 100 години. Чоколадните стапчиња на Cadbury на пример, се полесни и покремасти отколку типичните „континентални“ чоколади. Во Ирска и во Обединетото кралство, при правењето на чоколади се користат помалку какао производи и често какао путерот се заменува со растителни маста.

Проблемот започна со зачленувањето на Ирска и Обединетото кралство во Евроската унија во 1973. Една од главните цели на ЕУ е да промовира слободна трговија меѓу земјите на Унијата со цел поголема економска интеграција. Се разбира ирските и британските производители на чоколада како на пример Cadbury со нетрпение чекаа да почнат да ги продаваат без давачки своите производи низ цела Европа.

Меѓутоа, производителите на чоколади во земјите како Белгија и Франција се побунија аргументирајќи дека полесните чоколади не се вистински чоколади. Тие победија и од 1973, на Ирците и Британците им беше забрането да ги продаваат нивните видови на чоколади во земјите членки на ЕУ. Австрија, Финска, Шведска, Португалија и Данска кои се зачленија во Унијата подоцна добија, исто така, забрана да ги продаваат своите верзии на чоколада – слични по состав на Cadbury – надвор од нивните граници.

Page 127: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

125

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКА УНИЈА

Повеќе од 20 години оваа „чоколадна битка“ траеше. Британците, на пример, ја сакаат чоколадата онака како што се произведува кај нив и не сакаа да го сменат рецептот само поради тоа што некое законодавство на ЕУ предвидува дека чоколадата неможе да содржи други масти освен какао путерот. Од друга страна, земјите на „чисто чоколадо“ како на пример, Белгија инсистираа на тоа дека ќе дозволат „не-чистото чоколадо“ да се продава низ ЕУ само ако се промени рецептот или ако не се нарекува чоколадо. Тие може да дозволат тоа да се продава по сегашниот рецепт само ако биде означено со нешто како на промер „вегеладо“ и зборот „чоколадо“ не се споменува никаде на опаковката.

Подолу во текстот дадени се главните прашања за кои треба да се постигне договор за време на симулацијата. Пред тоа, треба да се обидете да дознаете како се чуствуваат земји членки по овие прашања со цел да се обидете да идентификувате земји со кои имате заеднички позиции за да формирате коалиција. Исто така, обидете се да им ја објасните вашата позиција на оние кои имаат спротивно мислење. Можете да земате прибелешки за секое прашање како што ќе дознавате повеќе за позиците на одредени земји.

1. Потрошувачите ќе сакаат да знаат каков вид на чоколада купуваат. Традиционалните белгиски-типови на чоколада треба да се нарекуваат чоколада. Но, како да се нарекуваат Cadbury-типовите на чоколада?

2. Дали може било што што содржи само малку какао прашок да се нарекува чоколада. Во САД, чоколадите мора да содржат најмалку 10% какао путер. Cadbury ма помалку од 10%, додека голем дел од чоколадите кои вие ги тестиравте имаа 70%. Кој процент на какао како минимум треба новата директива да го определи?

3. Традиционалните чоколади се прават со какао путер. Чоколадите произведени во Данска, Ирска, Австрија, Португалија, Шведска и Обединетото кралство имаат растителни масти додадени како замена за какао путер. Дали треба да се постави ограничување за тоа колку максимум може да се стават масти како замена на какао путерот? Колку проценти од вкупните масти можат да бидат од растително потекло?

4. Доколку чоколадата содржи растителни масти, тоа треба да биде наведено на декларацијата. Но, што таа треба да содржи? Дали е доволно само да се наведат растителните масти во состојките? Или дали треба да има некакво предупредување кои е јасно видливо на амбалажата?

Симулацијата предвидува подготовки однапред и спроведување на сопствено истражување со цел пореално доловување на работата на Советот. Пред почетокот на средбата потребно е да:

Направите истражување за лицето кое ќе го глумите, односно за вашето “alter-ego”. Така на пример, студентот кој ја застапува Германија, треба да направи истражување за канцеларката Ангела Меркел.

Направете истражување за земјата која ја застапувате. Истражувањето може да се фокусира на историјата, политиката, економијата или моменталната демографска структура на земјата. Студнетите исто така може да ги истражуваат односите кои земјата традиционално ги има со своите соседи и останатите земји-членки со цел да изградат реални стратегии за лобирање и градење коалиции во текот на симулацијата. Своите истражувања студентите може да ги структуираат во профили за земјите членки.

Факултативно, истражете ја историјата на политиката која е предмет на симулација. Преку разбирање за причините и позадината на потребата од регулирање на одредена област,

Page 128: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

126

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКА УНИЈА

многу полесно ќе може да се структурираат аргументи, да се предвидат вашите опоненти како и да се идентификуваат земјите-членки со кои имате исти интереси.

Убаво проучете ги постапките за донесување на одлуки во рамки на Унијата.

По правило симулацијата се одвива по следниов редослед:

1. Секој делегат ја презентира позицијата на државата која ја застапува, според редоследот на седење, т.н. tour de table. (околу 15 мин.)

2. Претседавачот може да побара некој делегат да предложи одлука која треба да биде дебатирана, или сам да предложи решение за кое ќе се дискутира.

3. Потоа следи дискусија, со цел изнаоѓање на решение и донесување на одлука. Дискусијата се спроведува врз основа на однапред утврдени правила и базирана на индивидуалните позиции на земјите-членки. Индивидуалните позиции ќе ви бидат однапред доставени. Не ги покажувајте на колегите кои имаат поинакви улоги од вашата, затоа што тоа може да ја ослабне вашата позиција. Врз основа на вашата позиција, од вас се очекува да ги браните интересите на вашата делегација – и согласно тоа, потребни се понатамошни подготовки и интерпретација. Нема да биде доволно – ниту соодветно – само да го прочитате текстот кој ќе ви биде поделен. (околу 20 мин.)

4. Претседавачот потоа може да остави простор за неформални договарања и градење сојузи. Делегатите треба да ги напуштат своите места на седење и неформално да ги дискутираат темите со своите сојузници со цел да понудат соодветно решение, односно одлука. (околу 15 мин.)

5. Членовите повторно дискутираа за предложените решенија (15 мин.)6. Според оценка на Претседавачот, или по предлог на делегат се гласаат предложените одлуки

(5 мин.)

Подолу во текстот дадени се главните прашања за кои треба да се постигне договор за време на симулацијата. Пред тоа, треба да се обидете да дознаете како се чуствуваат земјите членки по овие прашања со цел да се обидете да идентификувате земји со кои имате заеднички позиции за да формирате коалиција. Исто така, обидете се да им ја објасните вашата позиција на оние кои имаат спротивно мислење. Можете да земате прибелешки за секое прашање како што ќе дознавате повеќе за позиците на одредени земји.

1. Потрошувачите ќе сакаат да знаат каков вид на чоколада купуваат. Традиционалните белгиски типови на чоколада треба да се нарекуваат чоколада. Но, како да се нарекуваат Cadbury-типовите на чоколада?

2. Дали може билошто што содржи само малку какао прашок да се нарекува чоколада. Во САД, чоколадите мора да содржат најмалку 10% какао путер, Cadbury не помалку од 10%, додека голем дел од чоколадите кои вие ги тестиравте имаа 70%. Кој процент на какао како минимум треба новата директива да го определи?

3. Традиционалните чоколади се прават со какао путер. Чоколадите произведени во Данска, Ирска, Австрија, Португалија, Шведска и Обединетото кралство имаат растителни масти додадени како замена за какао путер. Дали треба да се постави ограничување за тоа колку максимум може да се стават масти како замена на какао путерот? Колку проценти од вкупните масти можат да бидат од растително потекло?

4. Доколку чоколадата содржи растителни масти, тоа треба да биде наведено на декларацијата. Но, што таа треба да содржи? Дали е доволно само да се наведат растителните масти во состојките? Или дали треба да има некакво предупредување кои е јасно видливо на амбалажата?

Page 129: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

127

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКА УНИЈА

ПРОЦЕДУРАЛНИ ПРАВИЛА

Улогата на ПретседавачотПретседавачот ја надгледува, води и обезбедува работата на состаноците. Сите делегати треба да се обраќаат на средбата преку Претседавачот и тој исклучиво има право да ги отвара и затвора сесиите на состаноците, да ги забележува говорниците, да поставува временски ограничувања на излагањата и дебатите, да ги контролира дискусиите и дебатите и да воспоставува ред. Претседавачот мора да стори се за да се однесува фер, да не биде пристрасен кон никоја страна, да одбегнува било какво однесување кое ќе ја загрози неговата непристрасност. Тој, исто така, се грижи сите дискусии да бидат релевантни и продуктивни колку што е тоа возможно.

УчествоДелегатите мора да ги имаат предвид во секое време, важноста на трите Ц (C): соработка (cooperati on), компромис (compromise), и консензус (consensus). Сите делегати мора во секое време да се однесуваат во осгласност со нормите кои преовладуваат меѓу претставниците на демократските влади, и треба да избегнуваат било какво непријателско, агресивно, или деструктивно однесување. Во случај на деструктивно однесување од страна на делегат, Претседавачот може да издаде формално предупредување до делегатот. Доколку делегатот не соработува по две формални предупредувања, Претседавачот може да побара делегатот да молчи за одреден временски период или (како последно средство) може да нареди делегатот да го напушти состанокот за одреден период. Замолчан делегат може да гласа, но делегат кој е избркан од состанок го губи правото на гласање за времето за кое е отсутен од состанокот. Претседавачот може да предупреди или избрка набљудувачи и доколку е неопходно да ја испразни собата од сите освен советниците и членовите на Секретаријатот. (во исклучителни ситуации, советниците може да бидат избркани по желба на Претседавачот, но само доколку тие биле многу или очигледно деструктивни). Оставено е на Претседавачот да го дефинира поимот „ деструктивно однесување“, но тоа може да вклучува отворено непријателство, вербални навреди, константни прекинувања, повишување на тонот, тактики на одолжување, одбивање да се почитуваат процедурите, одбивање на соработка во процесот на донесување на одлуки, или консултации со друг делегат на начин на кој го попречуваат непреченото одвивање на состанокот.

Начин на седењеИмињата на секоја од делегациите ќе бидат поставени не масата. Распоредот на седењето ќе го реплицира оној кој се користи и кој е усвоен на средбите на Советот, при што Претседавачот седи на чело на масата, спроти него, на другата страна од масата, Комисијата. Делегатите кои ги претставуваат националните интереси на земјата претседавач седат од десната страна на Претседавачот, додека претставниците на останатите земји членки седат распоредени од левата и десната страна на масата, согласно инструкциите на Претседавачот. На Претседавачот може да му асистира еден од членовите на Секретаријатот на Советот, кој седи од неговата лева страна .

ГоворнициДелегатите мора да седат додека се обраќаат на состанокот. Говорниците не смеат да бидат прекинати од страна на никој, освен од Претседавачот. Говорниците се обраќаат меѓусебно преку Претседавачот (тој им дава збор).

ГласањеВо случаи кога се гласа, по правило, е јавно и по азбучен редослед на државите членки. Гласањето се запишува од страна на Претседавачот. Претседавачот гласа последен. Гласањето е јавно и усно

Page 130: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | СОЗДАВАЊЕ НА ЗАКОНИ - НОМОТЕХНИКА

128

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | ЕВРОПСКА УНИЈА

и се искажува со „ЗА“, „ПРОТИВ“ или „ВОЗДРЖАН“. Откако ќе се повика на гласање никому не смее да му се дозволи да збори, освен да го даде својот глас. Откако сите гласови ќе бидат соберени, заменик Претседавачот ќе ги собере гласовите и ќе го прогласи резултатот. Одлуката на заменикот Претседавач околу гласањето е финално.

Обврски на делегатитеСите делегати мора да присуствуваат на закажаните состаноци. Било кој делекат кој неможе да присуствува на сите или на значителен дел од состанокот (на пр., повеќе од 10 минути) мора да го пријави нивното најавено отсуство, однапред кај Претседавачот. Тие можат да пратат заменици (кои ќе ги имаат истите права и обврски како делегатите), или можат да ги дадат своите гласови на друг делегат. Било како, тие мора да го информираат Претседавачот или ќе ги загубат своите гласови за време на своето отсуство.

Сите делегати, за времетраењето на состаноците мора да се придржуваат кон правилата и стандардите на однесување и треба да се воздржат од било какво однесување кое ќе го попречува нормалниот тек на состанокот. Сите делагати се поттикнати да седат за времетраење на состаноците, но можат за кратко да го напуштат столчето без дозвола на Претседавачот. Било кој кој ги напушта состаноците го губи правото на глас за време на нивното отсуство, освен ако не назначиле заменик или ги дале своите гласови на делегат од друга земја и за тоа го информирале Претседавачот. Делегатите не смеат да се советуваат со никого, освен со нивните заменици.

Барање за зборДелегат кој сака да се обрати на состаноците од било која причина мора да ја крене својата рака и да биде забележан од страна на Претседавачот. Усни барања за збор не се дозволени, како и зборување без дозвола од страна на Претседавачот.

Привремен прекин Претседавачот или било кој делегат може да побара привремен прекин на состанокот за определен временски период (не повеќе од 10 минути), и (не секогаш) да добие максимум една минута за да го објасни барањето за прекинот. Доколку барем двајца делегати го поддржат барањето за прекин, тоа веднаш ќе се стави на гласање и се потребни барем 9 гласа за да биде изгласано барањето. Во тие случаи, Претседавачот ќе го прекине состанокот. Ниту еден делегат не смее да побара привремен прекин повеќе од еднаш.

Затворање на дебататаПо правило, Претседавачот решава за затворање на дебатата, но може и делегат да сугерира затворање, објаснуваќи ги причините. Доколку барем уште двајца делегати го поддржат барањето, тоа веднаш ќе се стави на гласање за кое се потребни минимум осум делегати за да биде усвоено. Доколку се усвои, Претседавачот ќе ја затвори дебатата.

Затворање на состанокотПо правило, Претседавачот решава за затворање на дебатата, но може и делегат да сугерира затворање, објаснувајќи ги причините. Доколку барем уште двајца делегати го поддржат барањето, тоа веднаш ќе се стави на гласање кое треба да биде усвоено со консензус, во кој случај Претседавачот ќе го затвори состанокот. Ниту еден делегат не смее да побара затворање на состанокот повеќе од еднаш.

Измени на правилата Овие правила не можат да бидат променети за време на симулацијата.

Page 131: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

129

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАУСТАВЕН СУД НАРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Да провериме колку знаеме…Во празната колона на табелата обележете која од дадените изјави е точна, а која е неточна.

Изјава Точно / Неточно

Кога се поднесени повеќе иницијативи до Уставниот суд со кои се оспорува ист правен акт, сите се здружуваат во еден предмет и по нив се одлучува во една одлука.

Двајца судии во Уставниот суд се избираат од страна на Судскиот совет на Република Македонија.

Уставниот суд може да ја оценува уставноста и законитоста на одредби што не се оспорени во иницијативата.

Судот може да одлучи да примени имунитет над судија и кога тој самиот не се повикал на него.

И подносителот на иницијативата и донесувачот на оспорениот акт се учесници во постапката.

Поднесените иницијативи што не ги содржат потребните информации веднаш се отфрлаат со решение.

Уставниот суд не дава толкување на законски или друг вид на правни акти.

Седниците на Уставниот суд се одржуваат секој понеделник.

Седниците на Уставниот суд ги свикува претседателот на Судот.

Претседателот на Уставниот суд е најстариот судија од редот на судиите на Судот.

Начинот на организација и работа на Уставниот суд не е регулиран со закон, туку со Деловник кој го донесува самиот Уставен суд.

Што е Уставниот суд и која е неговата улога?Институцијата Уставен суд на Република Македонија е определена со Уставот од 1991 година, во кој му е дадена положба на орган за заштита на уставноста и законитоста. Основна улога на Уставниот суд е да се грижи за заштитата на уставноста и законитоста на сите правни акти. Оваа негова надлежност ја спроведува преку правото со своја одлука да ги укинува или поништува неуставните закони и другите акти, со што обезбедува владеење на правото во Република Македонија. Затоа, неговите одлуки се задолжителни и извршни за сите правни субјекти. На тој начин, Уставниот суд се грижи Уставот да биде почитуван и доследно спроведуван, како lex superior во правниот поредок на Република Македонија.

Од каде идејата за Уставен суд?Идејата за Уставен суд потекнува од Келзеновиот модел за постоење орган што ќе биде независен од законодавната, извршната и судската власт и ќе претставува гарант за почитувањето на Уставот во конкретниот правен систем. Келзеновата идеја први ја прифатиле правните поредоци на Австрија и некогашната Чехословачка, во своите устави од 1920 година. Во нашата држава прв пат е воведен во 1963, во тогашната Социјалистичка Република Македонија. Оттогаш оваа инстутуција е предвидена во сите устави на Македонија.

Уставниот суд на РМ важи за институција која се карактеризира со висока независност од сите власти.

Page 132: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

130

ПРОБЛЕМ 1:Во табелата наведете што според вас придонесува за независната положба и дејствување на Уставниот суд.

Пример1. Неспојливоста на судската функција со каква било политичка функција или професија

2.

3.

4.

5.

6.

7.

8.

9.

10.

11.

Кој ги предлага, а кој ги избира судиите на Уставниот суд?Уставно право за предлагање судии на Уставниот суд имаат три органи: (1) Собранието на РМ, односно Комисијата за избори и именувања, предлага петмина судии, (2) Претседателот на РМ предлага двајца судии и (3) Судскиот совет на РМ предлага двајца судии.

Собранието ги избира судиите на Уставниот суд со апсолутно мнозинство, при што за тројца од вкупно деветте судии е потребно за предлогот да се изјаснат позитивно и мнозинството од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедници што не се мнозинство во Република Македонија. Вака определеното двојно мнозинство за избор на дел од судиите е воведено со уставните амандмани од 2001 година. Овој вид на гласање за прв пат е применет при изборот на уставните судии во 2003 година.

Мандатот на судиите на Уставниот суд трае девет години, без право на повторен избор.

Кои се условите што треба да ги исполни кандидатот за судија на Уставниот суд?Ова прашање е регулирано во Уставот на РМ на тој начин што се определува дека судиите се избираат од редот на истакнатите правници. Други општи или посебни услови не се предвидуваат. Досегашното искуство покажува дека судиите се избираат од редот на истакнати професори, адвокати и други практичари.

Page 133: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

131

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРАШАЊE 1:Дали мислите дека ова прашање (за условите на кандидатот за судија) е доволно регулирано? Дали сметате дека треба да постојат некои посебни услови за избор на судии на Уставниот суд?

Каков вид на имунитет ги заштитува судиите?Судиите на Уставниот суд имаат право на имунитет како и пратениците на Собранието на РМ. Со Деловникот на Уставниот суд, имунитетското право е определено на две нивоа: имунитет за неодговорност и имунитет за неповредливост.

Имунитет за неодговорност Го штити уставниот судија од кривична одговорност или од притвор за искажано мислење или гласање во Судот.

Имунитет за неповредливост Го штити судијата од притвор без одобрување на Уставниот суд, освен ако судијата е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

За имунитетот на судиите одлучува Уставниот суд, а не Собранието, како што е тоа случај со имунитетското право на судиите на Уставниот суд на Словенија. Притоа, Уставниот суд на РМ може да одлучи да се примени имунитетот над судијата и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно поради вршење на неговата функција.

Кои се надлежностите на Уставниот суд?Уставот одредува дека Уставниот суд ја спроведува својата надлежност преку: 1. нормативна контрола на општите правни акти; 2. непосредна заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот; 3. решавање спорови за надлежност меѓу самите државни органи и решавање спорови за

надлежност меѓу државните органи и единиците на локалната самоуправа; 4. одлучување за одговорност на Претседателот на РМ и 5. одлучување за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата

на граѓани.

Нормативна контрола на општите правни актиНормативната контрола на општите правни акти е основна функција на Уставниот суд на РМ. Преку оваа надлежност, Уставниот суд ја контролира уставноста на законите, како и уставноста и законитоста на другите прописи и општи акти. Исклучок од ова правило се меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот, бидејќи Уставот на РМ го предвидува приматот на општо прифатените норми на меѓународното право во однос на домашното право.

ПРОБЛЕМ 2:Во 2002 година, Уставниот суд ја испитуваше уставноста на меѓународниот договор меѓу Република Македонија и Грција, за приватизација на скопската рафинерија ОКТА. Овој договор беше склучен од страна на Владата на РМ и ЕЛПЕД, од страна на Грција, во 1999 година, по што договорот не беше ратификуван во Собранието на РМ. Уставниот суд на седница одлучи да го поништи овој договор од причина што еден од анексите на договорот не беше објавен во Службен весник на „Република Македонија“ и не беше ратификуван во Собранието на РМ.

Page 134: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

132

Дали судот е надлежен да донесува одлука по однос на овој договор?Што сметате дека е основ од кој се раководел судот при донесувањето на одлуката?Кој уставен принцип се тежнее да се заштити со одлуката?

Нормативната контрола на уставноста на општите правни акти се остварува во форма на апстрактен, а не во форма на конкретен спор, односно пред Уставниот суд на Република Македонија се води спор меѓу општите правни норми, а не спор меѓу конкретни луѓе (inter partes). Спорот е апстрактен затоа што се води меѓу нормите на Уставот и нормите на законот, односно меѓу нормите на законот и нормите на друг правен акт (договор, одлука, правилник, и слично). На тој начин, Уставниот суд одлучува дали одреден закон или друг нормативен акт останува и понатаму дел од правниот поредок или ќе биде оневозможено неговото правно дејство (со негово поништување или укинување).

Непосредна заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинотУставот на РМ предвидува непосредна заштита од страна на Уставниот суд само за неколку слободи и права и тоа: слобода на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата; слобода на политичко здружување и дејствување и забрана на дискриминацијата на граѓаните по основа на пол, раса, верска, национална, социјална

и политичка припадност.

Надлежноста на Уставниот суд и редовните судови во врска со непосредната заштита на овие слободи и права е разграничена со Деловникот на Уставниот суд. Имено, Уставниот суд може да им даде непосредна заштита на граѓаните што сметаат дека со поединечен акт или со дејство им е повредено некое од правата за кои Уставниот суд обезбедува заштита. Барањето за заштита треба да биде доставено во рок од два месеца од денот на донесувањето на конечен или правосилен акт, односно од денот на дознавањето за преземањето на дејствието, но не подоцна од пет години од денот на неговото преземање.

ПРОБЛЕМ 3:Во продолжение следат две иницијативи со кои граѓани бараат заштита од Уставниот суд на своите уставно загарантирани права. Ваша задача е да се поделите во групи, да разгледате еден од наведените случаи, да донесете одлука и истaтa да ja образложите. При донесувањето на одлуката служете се со одредбите на Деловникот на Уставниот суд кои се однесуваат на постапката за заштита на слободите и правата.

Случај 1:Васко Костески од Битола сметал дека е ставен во нееднаква, дискриминаторска положба по основа на верска припадност. Имено, тој отсуствувал од работа во деновите на верските празници Рамазан Бајрам и Курбам Бајрам, објаснувајќи дека тој ја прифаќа муслиманската вероисповест, поради што овие денови за него биле неработни согласно Законот за празници. Претпријатието каде што тој работел, а подоцна и судот во две инстанци, не го прифатиле тврдењето на барателот дека ја прифаќа муслиманската вероисповест, поради што неговото отсуство од работа го сметале за неосновано. Поради ова, Апелациониот суд ја заменил казната за престанок на работниот однос со парична казна во висина од 15% од месечната плата во траење од севкупно девет месеци.

Утврдена фактичка состојба: содржината на верските уверувања на Костески објективно не се совпаѓа со содржината на муслиманската религија по разни основи (на пример: во врска со содржината: непознавање на основните постулати на таа религија, во врска со формата: непознавање на начинот на „влегување“ во редот на верниците во таквото уверување...)

Page 135: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

133

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Случај 2:16 граѓани од Струмица поднеле иницијатива до Уставниот суд преку адвокат од Струмица, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот, кои се однесуваат на забрана на дискриминација на граѓаните по основа на политичка припадност. Подносителите на барањето сметале дека престанокот на работниот однос во Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор – подрачна единица Струмица, бил незаконски, неоснован, крајно тенденциозен и дискриминаторски, затоа што единствен критериум според кој на работниците им престанал работниот однос било политичкото уверување, односно членувањето во одредена политичка партија (ВМРО-ДПМНЕ), а мерило за тоа било кога работникот засновал работен однос.Утврдена фактичка состојба: неоспорното право на јавното претпријатие да одлучува за спроведување економски и структурни промени. Исто така, неоспорен е фактот дека од 21 работник на кои им престанал работниот однос, 15 биле членови на ВМРО-ДПМНЕ, како и дека сите работници на кои им престанал работниот однос биле затечени на работни места кои биле укинати.

Доколку сметате дека кое било од овие права ви е повредено, или постои која било друга основа за поведување постапка пред Уставниот суд, имате право да поднесете индивидуална иницијатива пред судот.

Уставен судАдреса: „2ра Ударна бригада“ бр.2, 1000 СкопјеТел/факс: 02/3119-355Веб: www.usud.gov.mkE-пошта: [email protected]

Решавање спорови за судир на надлежностиВо оваа надлежност спаѓа решавање на спорови во случај на судир на надлежностите меѓу носителите на различните видови на власт (законодавната, извршната и судската власт), како и за судир на надлежности меѓу државните органи и единиците на локалната самоуправа. Притоа, Уставниот суд арбитрира во случај кога за регулирање на одредено прашање конкурираат два или повеќе органи (позитивен судир) или ако државните органи се сметаат за ненадлежни за решавање одредено прашање (негативен судир). Исто така, значајно е да се спомене дека Уставниот суд постапува како конфликтен суд, односно како суд кој не го решава самото прашање, туку само одлучува кој орган е надлежен за решавање на тоа прашање.

ОД СУДСКАТА ПРАКСА:Случај на позитивен судир на надлежност меѓу Претседателот на РМ и Министерството за одбрана, во врска со правото на командување со Армијата на Република Македонија, се решаваше во октомври 1994 година. Овој спор Уставниот суд го реши во полза на Претседателот на РМ, бидејќи, според Уставот, тој е врховен командант на вооружените сили на РМ. Со укинувањето на одредбата на Законот за одбрана од 1992 година, Министерството за одбрана престана да му конкурира на Претседателот на РМ во доменот на командувањето со вооружените сили на Република Македонија.

Утврдување одговорност и престанок на функцијата на Претседателот на РМУставниот суд одлучува за одговорноста на Претседателот на РМ, по предлогот за покренување одговорност од страна на Собранието на РМ. Интересно е што Уставниот суд при решавањето на предлогот, бара мислење од Претседателот во однос на фактите и доказите наведени во предлогот. Со цел утврдување на околностите, судот формира комисија што ја сочинуваат тројца уставни судии.

Во историјата на постењето на Уставниот суд од 1991 година, ниту еднаш не е постапувано по однос на утврдување на одговорност, а еднаш е утврден престанок на функцијата Претседател на државата.

Page 136: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

134

ОД СУДСКАТА ПРАКСА:На 6 март 2004 година, Уставниот суд одржа седница на која беше донесена одлука за утврдување на настапување услови за престанок на функцијата на г-дин Борис Трајковски, претседател на Република Македонија. Оваа одлука ја има следнава содржина:1. Се утврдува дека поради смрт, на г-дин Борис Трајковски му престанува функцијата - претседател

на Република Македонија.2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на нејзиното објавување во „Службен весник

на Република Македонија“.3. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот, Лилјана Ингилизова - Ристова и

судиите д-р Трендафил Ивановски, Махмуд Јусуфи, Мирјана Лазарова - Трајковска, Вера Маркова, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

Одлуката беше објавена во Службен весник на Република Македонија, на 7 март 2004 година, еден ден по нејзиното донесување.

Одлучување за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓани Начинот на поведување и водење постапката во случај на оценување на уставноста на статутите на партиите и здруженијата на граѓани, не е посебно регулиран во Деловникот на Уставниот суд, како што е случај со сите четири веќе елаборирани надлежности на судот. Се добива впечаток дека за оваа надлежност на Уставниот суд важат сите одредби на Деловникот што важат при нормативната контрола, односно станува збор исклучиво за нормативен спор, бидејќи спорот се одвива меѓу два вида акти: конститутивните акти на политичката партија и Уставот на Република Македонија. Ваков спор пред Уставниот суд се одвива само во случај кога наведените акти на политичката партија содржат одредби кои се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на етничка, расна или верска омраза или нетрпеливост.

ОД СУДСКАТА ПРАКСА :Со одлука од 21.03.2001 година, Уставниот суд ја поништи програмата за работа на здружението „РАДКО“, со седиште во Охрид, донесена на седница одржана на 24 мај 2000 година. Судот оцени дека статутот и програмата на здружението се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на РМ и разгорување национална или верска омраза или нетрпеливост. Ова од причина што според учењето на Иван Михајлов – Радко, чие учeње, согласно статутот го следи здружението, македонскиот етнос никогаш не суштествувал на овој простор, туку истиот им припаѓал на Болгарите од Македонија. Дополнителна причина за ваквата одлука е и содржината на втората глава од програмата на здружението, согласно која цели на Здружението се: „издигнување и афирмација на македонското културно пространство, со приоритет на културно-историскиот идентитет на славјаните во Македонија, коишто през вековите се појавувале како Болгари; воспоставување на традиционалните етички и човечки ценности; афирмација на македонското ослободително движење“.

Кој, како и кога може да поведе постапка пред Уставниот суд?Иако голем број држави чиишто правни системи ја предвидуваат институцијата Уставен суд, во самиот Устав го предвидуваат актот како и иницијаторите што можат да поведат постапка пред судот1, тоа не е случај и со нашиот Устав. Овие прашања, во зависност од надлежноста на судот по којашто се постапува, се опфатени со Деловникот на Уставниот суд на следниот начин:

1 Австрија - од 1920, Италија - од 1948 и Германија - од 1949 година.

Page 137: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

135

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Вид на надлежност на судот Иницијатор / Предлагач

оценување на уставноста на одреден закон, или на уставноста и законитоста на друг пропис или општ акт

секој граѓанин или правно лице во РМ или по иницијатива на судот

заштита на човековите слободи и права секој граѓанин што смета дека со поединечен акт му е повредено одредено право или слобода за чијашто заштита е надлежен Уставниот суд

решавање судир на надлежност меѓу носителите на власта во РМ

предлог на секој од органите меѓу коишто настанал судирот, откако еден од органите со конечен или правосилен акт ќе ја прифати или одбие надлежноста за решавање ист предмет или граѓанин чие право е директно повредено со донесувањето на конечната одлука

oдлучување за одговорноста, имунитетот или престанокот на функцијата на Претседателот на РМ и

предлог на Собранието на РМ за оценување на одговорност на Претседателот на РМ, за што гласале две третини од вкупниот број на пратеници

одлучување за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓани.

секој граѓанин или правно лице или по иницијатива на судот

ПРАШАЊЕ 2:Дали сметате дека на странците треба да им се даде право да иницираат постапка пред Уставниот суд?

Каква треба да биде содржината на иницијативата?Иницијативата, односно предлогот, се доставува до судот во два примерока. Во неа треба да бидат наведени: причините поради коишто се бара заштита, актите или дејствијата со коишто тие се повредени; соодветните факти и докази врз коишто се заснова барањето; адреса на којашто може да се контактира со иницијаторот, во случај на потреба од дополнителни

информации. На кој начин се води постапката пред судот?Постапката за оценување на уставноста и законитоста на одреден акт пред Уставниот суд, опфаќа две фази: претходна постапка и седница. Првата има подготвителен карактер, односно карактер на расчистување на постоечките дилеми од фактичка и правна природа, додека, пак, седницата претставува облик на одлучување за прашања што веќе се расчистени во претходната постапка.

Оваа постапка ја водат судија-известител (еден од судиите на Уставниот суд) и стручен соработник, на коишто им е доделен предметот. Стручниот соработник на судот има обврска да ги собере податоците што се потребни за одлучување во врска со барањето за поведување на постапка. Во текот на оваа постапка, судијата и стручниот соработник можат на консултативен разговор да го повикаат секој учесник во постапката, како и други заинтересирани лица, и од нив да ги побараат потребните податоци за конкретниот предмет.

Page 138: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

136

По завршувањето на претходната постапка, се поднесува реферат за седница. Рефератот за седницата треба да содржи: податоци за поднесената иницијатива, подготовките што се извршени, спорните правни и фактички прашања што се појавиле во текот на работата на предметот, приказ на уставно-судската практика, како и мислењето и предлогот на судијата-известител за начинот на кој треба да се реши поставеното барање.

Седницата е редовен облик на работа на Уставниот суд. Таа може да се одржи ако на неа се присутни мнозинство од вкупниот број судии на Уставниот суд, односно најмалку пет судии. На седницата се води расправа за сите спорни правни и фактички прашања содржани во рефератот на судијата-известител. По расправата, на седницата се одлучува за спорните прашања. Доколку Судот оцени дека постојат основи за дополнителни известувања, ќе го одложи одлучувањето поради преиспитување на веќе заземениот став, односно поради дополнителни проучувања, и ќе даде конкретни насоки за тоа.

Постапката пред Уставниот суд може да опфати и повеќе фази, односно да опфати подготвителна седница или јавна расправа. Првата се свикува доколку е потребно потемелно разјаснување на одредена правна и фактичка состојба за одреден предмет. Во таков случај, се повикуваат учесниците во постапката, како и стручни органи и организации, научни и стручни лица што ги определува судот.

Уставниот суд располага со можноста за одржување јавна расправа за чие свикување се одлучува на седница на судот. Јавната расправа ја води претседателот на Уставниот суд, а учествуваат најмалку пет судии што на самата расправа имаат право да поставуваат прашања. На ваквите расправи, покрај учесниците што веќе рековме дека се повикуваат на подготвителната седница, се повикуваат и медиумите, но тие и севкупната присутна јавност по исцрпувањето на расправата ја напуштаат седницата, по што Судот пристапува кон советување и гласање. Јавната расправа се свикува секогаш кога се одлучува за заштита на правата, а на седницата задолжително се свикува Народниот правобранител.

Во текот на постапката, до донесувањето на конечната одлука, Уставниот суд може да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, или друг пропис или општ акт, за којшто е поведена постапка за оценување на неговата уставност, односно законитост. Ова овластување може да се користи во ограничен број ситуации, односно само доколку со извршување на прописот би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Решенијата, односно одлуките на Уставниот суд, се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број на судии, освен кога се одлучува за одговорноста, имунитетот, односно престанувањето на функцијата на Претседателот на РМ, за којашто одлука е потребно да гласаат две третини од судиите.

ПРОБЛЕМ 4:Подолу следи табела во која ќе треба да се внесат информации поврзани со фазите на постапката пред Уставниот суд. Ваша задача е да се поделите во групи, при што секоја група ќе разработи една од фазите на постапката (претходна постапка, седница, подготвителна седница и јавна седница и советување и одлучување). При подготвувањето на вашата презентација, служете се со Деловникот на Уставниот суд, при што особено внимавајте на роковите во коишто се одвива постапката и правата на учесниците во постапката. Студентите ротираат и секој во својата новоформирана група презентира една од фазите на постапката.

Во табелата запишете ги битните елементи на фазите од постапката што ќе ги презентирате во групите, како и битните елементи што ќе ви бидат презентирани.

Page 139: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

137

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Учесници што во конкретната фаза на постапката преземаат одредени дејствија

Права на учесниците во конкретната фаза на постапката

Претходна постапка

Седница

Подготвителна седница

Јавна седница иСоветување и одлучување

ПРОБЛЕМ 5:

Дополнете ги дадените искази со цел да се доформулираат дејствијата што Судот ги презема во текот на постапката.1. Секретарот на Уставниот суд ќе го извести________________________________ за

недостатоците што треба да бидат исправени, односно отстранети од барањето.2. Решението за поведување постапка се доставува на одговор до________________________

_____________.3. Препис на одлуката, односно решението, се доставува до ____________________________

___________________________________________.4. Рефератот за седницата треба да се подготви во рок од _______________________, а кога во

иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт, граѓаните се повикуваат на заштита на уставните слободи и права, рефератот треба да се подготви во рок од ___________________________________.

5. Во текот на постапката, увид во списите во предметот по којшто се води постапката можат да имаат__________________________________________________________.

6. На учесниците во постапката не им се достапни рефератот, нацрт-одлуките, решенијата и другите заклучоци што се подготвуваат за одлучување пред судот, освен__________________________________________________________.

Какви акти донесува Уставниот суд?Актите на Уставниот суд на РМ претставуваат правни инструменти преку коишто се остварува надлежноста и дејноста на Уставниот суд во практиката. Основни акти на Уставниот суд се одлуките и решенијата. Еве кои се нивните главни карактеристики:

Page 140: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

138

Одлука Решение

Се донесува... кога се решава за прашања од суштинската надлежност на Уставниот суд

кога се поведува или запира постапка, за отфрлање на иницијативите, барањата, предлозите, за запирање на извршувањето на оспорениот поединечен акт

Предвидени се со... Уставот на РМ Деловникот на Уставниот суд

Тие содржат... податоци за подносителот на иницијативата, диспозитивот и образложението на актот, имињата на судиите што учествувале во донесувањето на одлуката, како и мнозинството гласови со кои овие акти се донесени

податоци за подносителот на иницијативата, диспозитивот и образложението на актот, имињата на судиите што учествувале во донесувањето на решението, како и мнозинството гласови со кои овие акти се донесени

Во Службен весник на РМ...

се објавуваат сите одлуки не се објавуваат решенијата, освен доколку се процени дека се од големо значење за јавноста

Судија на Уставениот суд којшто е спречен да присуствува на седница на Уставен суд, може за предметот на одлучување да даде писмено мислење. Исто така, судија којшто гласал против одлуката или смета дека истата треба да биде заснована на други правни основи, може да го издвои своето мислење и писмено да го образложи. Издвоеното мислење, исто така, се објавува во Службен весник на РМ.

Какво е дејството на одлуките?Општи и задолжителни - Одлуките на Уставниот суд на РМ имаат општо задолжително дејство. Овие одлуки дејствуваат кон сите и секого (erga omnes tangit), а не само кон странките во спорот (inter partes), како што е тоа случај со одлуките на редовните судови, кога вршат посредна контрола на уставноста на законите.

Конечни и извршни - Одлуките на Уставниот суд создаваат задолжителна обврска за сите субјекти на правото, односно истите се конечни и извршни без право на жалба.

Одлуките на Уставниот суд имаат укинувачко или поништувачко дејство.Укинувачки - Со одлуката за укинување, законот или друг општ акт престанува да важи од моментот на објавување на одлуката во Службен весник на РМ. Оттука, укинувањето дејствува само за во иднина (ex nunc), со што се исклучува идното постоење на општиот акт во правниот поредок на Република Македонија. Одлуката за укинување не ги укинува и последиците што актот ги создал во практиката до моментот на неговото укинување, односно самата одлука нема ретроактивно дејство.Поништувачки - Уставниот суд го поништува актот и сите последици што ги има предизвикано неговата примена во практиката, до донесувањето на одлуката за поништување – дејство ex tunc. Во овој случај, одлуката има ретроактивно дејство, со што се смета дека актот и не постоел. Уставниот суд може да одлучи последиците настанати од примената на поништениот акт да се отстранат со враќање во поранешната состојба, односно состојбата каква што била пред донесувањето на актот што подоцна е поништен, или пак за надомест на штетата за лицето чиешто право е повредено со неуставниот, односно со незаконскиот акт.

Целосна касација - од гледиште на обемот на касација, со одлуките на Уставниот суд може одреден закон или друг општ акт во целост да биде укинат, односно поништен, од формални или од материјални причини.

Page 141: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

139

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Делумна касација – постои, пак, кога само одредени одредби од законот или некој друг општ правен акт се поништуваат или се укинуваат. Во случај на делумна касација, законот продолжува и понатаму да важи, но само под услов ако со касираните одредби не е доведена во прашање примената на останатите одредби.

За одлуките на Уставниот суд не важи vacatio legis, односно укинатиот или поништениот закон се брише од правниот поредок веднаш по објавувањето на одлуката во Службен весник на РМ.

ПРОБЛЕМ 6:Поделете се во групи и составете иницијатива за испитување на уставноста или законитоста на следниве одредби:- Закон за Влада од 2000 година, членови 37 и 38;- Закон за судовите од 2006 година, член 34, алинеја 2;- Статутот на УКИМ од 2005 година, член 56, став 1 и член 106, став 1;

Откако ќе ги подготвите иницијативите, пристапете кон ротација на иницијативите, со што секоја група ќе треба да донесе одлука или решение по однос на барањето што го подготвила некоја од групите. Крајните решенија на предметите ќе бидат презентирани на крајот од часот.

Page 142: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

140

ДоУставeн суд на РМ

Предмет: Иницијатива за оценување на уставноста на Законот за високо

образование (Сл. бр...) и на уставноста и законитоста на Статутот на Универзитетот

„Св. Кирил и Методиј“, Скопје („Унивезитетски гласник“ бр.60, од 28.2.2005 година)

Во членот 163 од Законот за високо образование стои: „Студентите учествуваат во управувањето со високообразовните установи преку претставниците на Сојузот на студенти на Универзитетот во органите на високообразовните установи, преку формите на самоорганизирање или на друг начин, според условите утврдени со закон и со Статутот на високообразовната установа“.

Овој член од Законот е во директна спротивност со член 20, ст. 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, каде што на граѓаните им се гарантира слобода на здружување заради остварување на своите интереси. Со членот 163 од Законот за високо образование таквата слобода на студентите им се ограничува преку правото само Сојузот на студенти, кој е основан како и секоја друга невладина организација во РМ, во согласност со Законот за здруженија на граѓани и фондации, да биде единствен легитимен претставник на студентите во органите на управување на високообразовните установи, а не е објаснето кои се тие други форми на самоорганизирање.

Во членот 56, ст. 1, од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, („Универзитетски гласник“ бр. 60, од 28.2.2005 год.) стои: „Членовите на Универзитетскиот сенат, со непосредно и тајно гласање, ги избираат наставно-научните совети на факултетите, наставничките совети на високите стручни школи, советите на научните установи, органите на Сојузот на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и органите на управување на придружните членки“.

Ставот 1 од член 56 од Статутот е во спротивност со членот 66, ст. 1, од Законот за високо образование каде што стои дека Сенатот го сочинуваат и претставници на студентите како поширок поим, а со Статутот е прецизирано дека претставник на студентите е Сојузот на студенти. Во овој случај повторно имаме ограничување на слободата на здружување, односно одредување на невладината организација Сојуз на студенти како единствена организација која ги застапува интересите на студентите, без разлика дали таквата организација е легитимна и дали ја има поддршката на самите студенти. Членот 56 од Статутот треба да се укине затоа што е спротивен со Уставот на РМ (чл. 20) и со Законот за високо образование (чл. 66, ст.1).

Ист е случајот и со чл. 106, ст. 1, од Статутот каде што повторно е наведено дека во ректорската управа влегува и еден претставник на студентите од Сојузот на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. И овој член од Статутот е во спротивност со Уставот (чл. 20) и повторно овозможува единствени легитимни претставници на студентите да бидат од невладината организација Сојуз на студенти, без разлика дали тоа има поддршка на самите студенти или не. Дури и при упис на година, деканатските управи на факултетите, на

Page 143: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

141

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

студентите им наметнуваат да плаќаат принудна членарина за невладината организација Сојуз на студенти без разлика дали студентите го сакаат тоа, односно им се наметнува принудно членство во одредена невладина организација.

И во членот 173 од Статутот стои дека студентите учествуваат во управувањето со Универзитетот и со факултетите, високите стручни школи и научните установи во неговиот состав преку претставниците на Сојузот на студенти на Универзитетот во органите на Универзитетот и факултетите, високите стручни школи и научните установи, преку формите на самоорганизирање или на друг начин, според условите утврдени со закон и со статутите на Универзитетот и на факултетите, високите стручни школи и научните установи. Во овој член повторно во преден план е невладината организација Сојуз на студенти, а не е наведено кои се тие други форми на студентско организирање и тие никаде не постојат, односно не се законски одредени, ги нема во статутите на факултетите со што повторно како единствена форма на студентско здружување останува невладината организација Сојуз на студенти, што повторно е во спротивност со Уставот на РМ (чл. 20) и со Законот за високо образование (чл.157, ст.1, алинеја 3).

Во директна спротивност со Уставот на Република Македонија е и одлуката на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со која сите студенти се обврзани при упис на студиска година да уплатат и износ од 150 денари на сметката на невладината организација Сојуз на студенти.

Со претходно наведените противуставни и противзаконски акти студентите се принудени да членуваат во невладина организација со име Сојуз на студенти, односно присилно им се наметнува членство во конкретна невладина организација што е во директна спротивност со Уставот на РМ

и со член 11 од Европската конвенција за човекови права.

Подносител на иницијативата:Младински образовен форум (МОФ) - СкопјеБул. „Партизански одреди“ бр. 21/2-4 - СкопјеТел.: 023 139 692, факс: 023 114 412Е-пошта: [email protected]Лице за контакт: Кире Миловски,програмски координатор – „Учиме право“Тел.: 075 441713, е-пошта: [email protected]

Скопје, 24.1.2007

Page 144: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

142

„Службен весник на РМ“ бр. 56 од 02.05.2008 година

20080560987

УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992) на седницата одржана на 9 април 2008 година, донесе

ОДЛУКА

1. СЕ УКИНУВА членот 56 став 1 во делот: „Сојузот на“ и членот 106 став 1 во делот: „од Сојузот на студентите“ од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје („Универзитетски гласник“ бр. 60/2005) - пречистен текст.

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

3. Уставниот суд на Република Македонија по повод иницијативата поднесена од Младински образовен форум - Скопје, со Решение У.бр.21/2007 од 20 февруари 2008 година поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на деловите на членовите 56 став 1 и 106 став 1 од Статутот означен во точката 1 од оваа одлука, затоа што основано се постави прашањето за нивната согласност со Уставот и Законот за високото образование.

4. Судот на седницата утврди дека според оспорениот член 56 став 1 од Статутот на Универзитетот, членовите на Универзитетскиот сенат, со непосредно и тајно гласање, ги избираат наставно-научните совети на факултетите, наставничките совети на високите стручни школи, советите на научните установи, органите на Сојузот на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и органите на управување и придружните членки.

Според оспорениот член 106 став 1 од Статутот, Ректорската управа ја сочинуваат ректорот, проректорите, деканите на факултетите, директорите на високите стручни школи, директорите на научните установи и еден претставник на студентите од Сојузот на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

5. Според членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија е владеењето на правото.

Според член 20 став 1 од Уставот на граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивите политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања, а во ставот 2 од овој член од Уставот е утврдено дека граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат.

Согласно членот 46 од Уставот, на универзитетот му се гарантира автономија, а условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот се уредуваат со закон.

Според членот 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Со членот 58 од Уставот е утврдено дека сопственоста и трудот се основа за управување и учество во одлучувањето, а учеството во управувањето и одлучувањето во јавните установи и служби се уредува со закон и врз принципите на стручност и компетентност.

Page 145: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

143

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

„Службен весник на РМ“ бр. 56 од 02.05.2008 година

Законот за високото образование во членот 1 определил дека предмет на уредување на овој закон се условите и постапката за основање, финансирање и престанок на високообразовните установи и се утврдуваат основите на организација, управување, развој и за вршење на високообразовната дејност.

Според членот 10 став 1 од Законот, високообразовните установи својата дејност ја вршат врз принципот на академската автономија, а според став 3 од овој член, автономијата на универзитетот вклучува академска слобода на високообразовните установи, автономија на управувањето со високообразовните установи и неприкосновеност на автономијата.

Основен акт на вискообразовната установа е статутот, со кој согласно членот 8 од Законот, се уредуваат внатрешната организација, начинот на вршење на високообразовната дејност, овластувањата и начинот на работа и одлучување на нејзините органи, други прашања од значење за нејзината дејност и работење, за кои со овој закон е предвидено да се уредуваат со статут, како и други односи во согласност со остварувањето на нејзината автономија. Статутот го донесува органот на управување на високообразовната установа.

Прашањето на составот на сенатот е уредено со членот 66 од Законот, кој во ставот 1 утврдува дека сенатот го сочинуваат претставници од високо образование установи и на научните установи кои се во состав на универзитетот, избрани непосредно и со тајно гласање од редот на професорите, односно научните советници и од студентите.

Според членот 73 од Законот, како органи на факултетот се определени наставно-научен совет, декан и деканатска управа.

Со членот 74 став 1 од Законот е пропишано дека наставно-научниот совет е орган на управување и стручен орган на факултетот, а според одредбата од ставот 4, наставно- научниот совет го сочинуваат редовните и вонредните професори и доцентите.

Прашањето на учеството на студентите во управувањето е уредено со членот 163 од Законот според кој студентите учествуваат во управувањето со високообразовните установи преку претставниците на сојуз на студенти на универзитетот во органите на високообразовните установи, преку формите на самоорганизирање или на друг начин според условите утврдени со закон и статутот на високообрзовната установа.

Тргнувајќи од содржината на оваа законска одредба, а имајќи ги предвид наводите во иницијативата, како и членот 20 од Уставот, произлегува дека со оваа законска одредба им се утврдува право на студентите не само преку сојузот на студентите да бидат претставени во управувањето со високообразовните установи, туку ваква можност законодавецот им дава и на другите форми на организирање на студентите.

Законодавецот во членот 163 од Законот, во однос на учеството на студентите во управувањето со високообразовните установи, освен претставниците на сојузот на студентите, тоа право им го утврдил и на другите форми на самоoрганизирање или на друг начин според условите утврдени со закон и статутот на високообразовната установа.

Тргнувајќи од наведените уставни и законски одредби, содржината на оспорените делови од одредбите од членовите 56 став 1 и 106 став 1 од Статутот, како и наводите во иницијативата, Судот утврди дека со овие оспорени одредби на студентите им се ограничува правото само преку Сојузот на студентите да избираат свој претставник во Универзитетскиот сенат, односно само претставник на Сојузот на студентите да биде избран како член на ректорската управа. На студентите всушност им е ограничено правото да учествуваат во управувањето во органите на Универзитетот само преку Сојузот на студентите, а не и преку други форми на самоорганизирање на студентите или на друг начин според условите утврдени во закон како што е утврдено и во членот 163 од Законот за високото образование.

Page 146: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

144

„Службен весник на РМ“ бр. 56 од 02.05.2008 година

Наведените оспорени одредби од членовите 56 став 1 во делот: „Сојузот на“ и 106 став 1 од Статутот во делот: „Од Сојузот на студентите“, исто така, не се во согласност и со членот 66 став 1 од Законот според кој, сенатот го сочинуваат претставници од високообразовните установи и на научните установи кои се во состав на универзитетот, избрани непосредно и со тајно гласање од редот на професорите, односно научните советници и од студентите. Значи, во оваа одредба од Законот претставниците на студентите не се бираат исклучиво само од Сојузот на студентите, туку се дава можност студентите сами за тоа да одлучуваат.

Укинувањето на деловите на оспорената одредба од Статутот во никој случај не значи ограничување на учеството на студентите во управувањето со Универзитетот, туку дека тие треба да учествуваат во управувањето преку орган и на начин како што е утврдено во рамките на нивното студентско организирање.

Оттука, Судот утврди дека оспорените одредби од членовите 56 став 1 во делот: „Сојузот на“ и 106 став 1 во делот: „Од Сојузот на студентите“ од Статутот не се во согласност со членот 20 став 1 и 2 од Уставот, како и Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/2000, 49/2003, 113/2005 и 51/2007).

Судот го имаше во предвид и фактот дека наведениот Закон за високото образование престанал да важи со донесувањето на новиот Закон за високото образование, кој е донесен на 26 февруари 2008 година, а влегол во сила на 22 март 2008 година и е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 35/2008).

Значи, новиот Закон за високото образование е донесен после донесувањето на Решението за поведување постапка по однос на оспорените членови од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, што подразбира дека анализата и оценувањето на наведените оспорени одредби од Статутот се направени во однос на стариот Закон за високото образование, кој престанал да важи.

6. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите

Лилјана Ингилизова-Ристова, Вера Маркова, Бранко Наумоски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.21/2007 Претседател 9 април 2008 година на Уставниот суд на Република Скопје Македонија, д-р Трендафил Ивановски, с.р.

Page 147: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

145

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ - ОМБУДСМАН

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ - ОМБУДСМАН

Дали знаете?Првиот Народен правобранител во светот е воведен во 1809 со Уставот на Шведска, под називот

јusti teombudsman, a Финска е втората земја што ја воведува институцијата Омбудсман, со Уставот од 1919 година;

Популарно, Народниот правобранител уште се нарекува и Омбудсман; Во моментов, над 100 држави од светот имаат Народни правобранители; Само во првите шест месеци од 2008 година, до Народниот правобранител се поднесени над 1500

претставки; Во Република Македонија, оваа институција беше воведена за прв пат во 1991 година; Само во 2007 година, 848 граѓани ги оствариле своите права по интервенција на Народниот

правобранител.

Каква институција е Народниот правобранител во Република Македонија?

Член 77, Устав на Република Македонија1

Собранието избира Народен правобранител со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници што припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Народниот правобранител ги штити уставните и законските права на граѓаните, што им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања. Народниот правобранител посветува посебно внимание за заштита на начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и во јавните установи и служби.

Народниот правобранител се избира за време од осум години, со право на уште еден избор.Условите за избор и разрешување, надлежноста и начинот на работа на народниот

правобранител, се уредуваат со закон.

Народниот правобранител е орган на Република Македонија кој ги штити уставните и законските права на граѓаните и на сите други лица, што им се повредени од органите на државната управа (Владата, министерствата и нивните подрачни единици, дирекции, агенции, фондови, инспекторати, заводи, jaвни установи (болници, училишта, факултети) и од други органи и организации што имаат јавни овластувања ( електростопанство, водовод, железница, станбени и комунални претпријатија, радио, телевизија, стопанска комора и др.). Тој, исто така, презема дејствија и мерки за заштита на начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на заедниците во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа и јавните установи и служби (на пример, Народниот правобранител води евиденција за застапеноста на припадниците на немнозинските заедници во јавната администрација).

Народниот правобранител е самостоен и независен орган. Од една страна, под Народен правобранител се подразбира органот (правно лице), но, од друга страна, Народен правобранител е и (физичкото) лице кое раководи со овој орган. Својата надлежност ја врши врз основа на Уставот на РМ, Законот за Народен правобранител и Деловникот на Народниот правобранител, како и меѓународните правни акти за човековите слободи и права. Во извршувањето на функциите и надлежностите, на Народниот правобранител му помагаат заменици избрани од Собранието на Република Македонија. При изборот и разрешувањето на Народниот правобранител и неговите заменици, Собранието на

1 Пречистен текст со Амандман XI.

Page 148: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

146

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ - ОМБУДСМАН

Република Македонија го применува двојното мнозинство (т.н. Бадентерово мнозинство). Тоа значи дека за нивен избор или разрешување е потребно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.

Народниот правобранител е независна, самостојна, професионална и стручна институција и во извршувањето на функциите и надлежностите, пред сè, ги почитува принципите на објективност, непристрасност, одговорност, чесност, совесност, ажурност, итност, експедитивност, партиска неприпадност, еднаквост во заштитата на правата и слободите на граѓаните, без разлика на пол, боја, раса, вера и слично. Неговото значење и специфичноста на функцијата е токму во начинот на неговото дејствување и однесување. Методот и начинот на дејствување на Народниот правобранител се состои во давање предлози, совети, сугестии, соработка, подучување, умешност да се сослуша граѓанинот и правовремено да дејствува во насока за остварување на правата на граѓаните. Неговата сила е во совеста и одговорноста, а не во моќта и силата!

Народниот правобранител му поднесува извештај за својата работа на Собранието на Република Македонија, најмалку еднаш годишно. Овој извештај се објавува и во средствата за јавно информирање, а достапен е електронски и на интернет-страницата на Народниот правобранител (www.ombudsman.mk).

Другите државни органи и субјекти во Република Македонија се должни да соработуваат со Народниот правобранител и на негово барање да му ги обезбедат сите податоци и информации, без оглед на степенот на доверливоста, и да му овозможат спроведување на постапката.

Мото на Народниот правобранител:Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот меѓу органите и граѓаните

На кој начин се избира Народниот правобранител на РМ?Собранието на Република Македонија, го избира и го разрешува Народниот правобранител на време од осум години, со право на уште еден избор. Со уставните амандмани од 2001 година, се предвидува двојно мнозинство за изборот на носителот на оваа функција: мнозинство на гласови од вкупниот број на пратеници во Собранието на РМ и мнозинство на гласови од вкупниот број на пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија. Целта на ваквиот начин на избор на Народниот правобранител е зајакнување на авторитетот на оваа институција во очите на припадниците на етничките заедници.

За Народен правобранител може да биде избрано лице коешто ги исполнува општите услови определени со Законот за државни службеници, коешто треба да биде дипломиран правник со работно искуство над девет години на правни работи и со активност што е докажана во областа на заштитата на правата на граѓаните.

Народниот правобранител може да биде разрешен од Собранието на Република Македонија пред истекот на неговиот мандат, во следните случаи: Ако тоа го побара самиот Народен правобранител; Ако биде осуден за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци; Ако трајно ја загуби психофизичката способност за вршење на функцијата Народен правобранител,

што се утврдува врз основа на наод и мислење на надлежна здравствена установа; Ако ги исполнува условите за старосна пензија; Заради несовесно, нестручно и пристрасно вршење на функцијата Народен правобранител.

Page 149: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

147

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ - ОМБУДСМАН

Законот за Народен правобранител не предвидува што се смета за нестручно, несовесно и пристрасно вршење на функцијата. Во такви околности, наведените основи за разрешување може да се користат како средство за вршење политички и друг вид на притисок врз работата на овој орган. Вакви основи за разрешување не предвидуваат законите за омбудсманите на повеќе држави во Европа, бидејќи истите може многу лесно да се злоупотребат.

Уставот на Република Македонија не предвидува ниту имунитет за Народниот правобранител. Без ова право, тешко се реализираат принципите на самостојност, независност и непристрасност на носителот на оваа функција. Народниот правобранител не би требало да се повикува на кривична одговорност или да биде притворен, без согласност на Собранието на Република Македонија2. Законот за Народен правобранител предвидува само дека Народниот правобранител не може да биде повикан на одговорност за дадено мислење и преземени дејствија, мерки и активности во вршењето на својата функција и наместо предвидување на имунитет на носителот на оваа функција, законодавецот му дава службена легитимација со која има право да влегува бесплатно на станиците, аеродромите и пристаништата и право на бесплатна употреба на јавен, сувоземен и езерски сообраќај на територијата на Република македонија.

Функцијата Народен правобранител е неспојлива со вршење друга јавна функција и професија, или со членување во политичка партија. Станува збор за цврст инкомпатибилитет на функцијата и за деполитизиран орган.

ПРАШАЊE 1:На кој начин се избира Народниот правобранител?Дали Народниот правобранител има имунитет?Каков имунитет треба да има Народниот правобранител? На кој начин се избираат замениците на Народниот правобранител?Дали сметате дека основите за разрешување на Народниот правобранител се јасни и доволни. Дали вие би ги измениле? Образложете.

1. Кога интервенира Народниот правобранител? Кога се повредени поединечни права на граѓаните, со акти или дејства на органите на државната

управа и другите органи и организации што имаат јавни овластувања (на пример, едно лице е противправно иселено од објект за кој има дозвола да го користи уште една година );

Кога по барања на граѓани се донесени управни акти (решенија, заклучоци, уверенија, потврди, мислења и сл.) со кои погрешно е утврдена фактичката состојба, погрешно е применет материјалниот закон, повредена е управната или друга постапка (на пример, на барање на странец кој ги исполнува условите за добивање државјанство, не му е издадено решение за добивање државјанство);

Кога се дејствувало самоволно, бирократски, недолично и нехумано кон граѓаните; Кога не се постапувало по барањата или се донело позитивно решение по барањето, без законска

основа (на пример, поднесено е решение за плаќање дополнителен данок без основа); Кога се одолжува постапката по барањето (на пример, барањето за денационализација не се

решава со години); Кога не се вклучува заинтересирана странка во постапката (на пример, во постапка за проширување

на маркицата за градење на едно лице, не му е дозволено на неговиот сосед да ги изнесе своите забелешки);

2 Светомир Шкариќ, Уставно право, Матица Македонска, Скопје, 2006, стр.678

Page 150: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

148

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ - ОМБУДСМАН

Кога странката се упатува од еден на друг шалтер или од еден на друг орган, за работи и прибирање докази што органот може и службено да ги обезбеди (на пример, при пријавување во матично, со цел закажување термин за склучување брак, потребен ви е извод од матична книга на родени што матичното одделение може да го обезбеди по службен пат);

Кога не се спроведуваат извршните и конечните управни акти и не се постапува по упатствата на второстепените управни и судските органи (на пример, уважена е жалбата за пристап до информации од јавен карактер, меѓутоа органот повторно не ги доставува информациите).

ПРОБЛЕМ 1:Разгледајте ги долунаведените примери од практиката на Народниот правобранител. Размислете за каков вид на интервенција станува збор и групирајте ги.

Случај 1: Подносителот на претставката побара заштита на правата од областа на социјалната заштита, затоа што неколку години му беше укинато правото на социјална парична помош. Социјалната парична помош му беше укината затоа што Центарот за социјална работа, наводно, при непосреден увид утврдил дека подносителот на претставката живее во заедничко домаќинство со неговите родители-пензионери, иако родителите на подносителот се одамна починати. Центарот и Министерството за труд и социјална политика, и покрај укажувањата на граѓанинот и на Народниот правобранител и по доставувањето на соодветната документација, го одбија барањето. Бидејќи од изводите на матичната книга на умрените, Народниот правобранител неоспорно утврди дека родителите на подносителот се починати, упати препорака до Центарот за социјална работа да го преиспита случајот и на подносителот да му се признае право на социјална парична помош, од денот на неоснованото укинување. Центарот за социјална работа ја прифати препораката и на подносителот му го призна правото на социјална парична помош, од денот кога неосновано му беше укината, и му се исплати наназад за целиот период, а притоа му се призна правото на социјална парична помош и за наредниот период.Случај 2: Граѓанин на Република Македонија-припадник на заедница што не е мнозинство во Република Македонија, достави претставка поради непочитување на примената на соодветна и правична застапеност во постапката од работниот однос во ЈП „Македонски пошти“. По преземените активности и доставената препорака од страна на Народниот правобранител, подносителот е вратен на работа и распореден според стручната подготовка.Случај 3: Подносителот на претставката побара од Народниот правобранител интервенција за заштита на своите права, поради одолговлекување на постапката на одлучување по поднесено барање за добивање на уверение за судски преведувач. По преземените дејствија на Народниот правобранител, Министерството за правда постапи по барањето и донесе решение со кое подносителот на претставката е поставен за овластен преведувач. Случај 4: На подносителот на претставката неколку години му беше укината социјалната парична помош поради факт дека тој поседува регистрирано моторно возило. Подносителот водеше управна постапка пред првостепениот и втростепениот орган, а поведе и управен спор во кој беше донесена пресуда со којашто му беше прифатена тужбата, но и покрај тоа, како и покрај укажувањата на Народниот правобранител, Центарот за социјална работа донесе решение за одбивање на барањето. Народниот правобранител, по спроведеното истражување, утврди дека во периодот кога е одбиено барањето на подносителот тој не поседувал регистрирано моторно возило, поради што им укажа на надлежните органи дека врз таа основа не може да му биде одбиено барањето за признавање на правото на социјална парична помош. Поради тоа, Народниот правобранител упати препорака што најпрво беше прифатена од Министерството за труд и социјална политика, орган до кој беше поднесена жалба од подносителот на претставката, а потоа препораката беше прифатена и спроведена

Page 151: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

149

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ - ОМБУДСМАН

и од Центарот за социјална работа, што на граѓанинот му го призна правото на социјална парична помош неколку години наназад, односно од денот на неоснованото укинување. Воедно, му го призна правото на социјална парична помош и за тековниот период.

Што треба да содржи претставката до Народниот правобранител?За да може Народниот правобранител да постапува, потребно е да биде поднесена претставка што треба да ги има следниве елементи: потпис и лични податоци на подносителот (име и презиме, адреса, телефон и др); да ги содржи околностите, фактите и доказите врз коишто претставката се темели (решение,

одлука, жалба, заклучок, уверение, потврда, мислење и слично); да биде наведен органот, односно организацијата или службеното лице на коешто се однесува

претставката и актот (решение, заклучок, уверение и сл.) со коишто е повредено неговото право; образложение дали и каква (евентуално) постапка води или водел подносителот, односно дали

вложил некакви правни средства.

Претставката треба да биде јасна и разбирлива. Иако не постои строга форма односно образец на претставката (истата може да биде напишана и рачно), канцеларијата на Народниот правобранител има изготвено форма за олеснување на поднесувањето на претставките. Народниот правобранител во постапувањето по претставката секогаш ја почитува приватноста и тајноста на податоците на подносителот на претставката и за таквата преземена активност подносителот не може и не смее да трпи штетни последици од органот што му го повредил правото. По исклучок, Народниот правобранител може да покрене постапка и по сопствена иницијатива, но за продолжување на постапката е потребна согласност од граѓанинот кому што му е повредено уставното или законското право.

За поднесената претставка не се плаќа такса.

Како и каде може да се обратат граѓаните до Народниот правобранител?Секој граѓанин или странец што смета дека му е повредено некое право од страна на државните органи, други органи или организации со јавни овластувања, може да се обрати: писмено (лично или по пошта); усно, во просториите на Народниот правобранител; по телефон или телефакс; електронски

Народниот правобранител работи секој работен ден, а просторно е сместен во центарот на Скопје, на следнава адреса:ул. „Димитрие Чупоски” бр.2 (зграда на ГП „Пелагонија” – кај плоштадот Пела)тeлефон: ++389 2 3129 335факс: ++389 2 3 129 359е-пошта: [email protected] веб: www.ombudsman.mk

Заради извршување на работите од надлежност на Народниот правобранител, постојат регионални канцеларии на Народниот правобранител со коишто раководат замениците на Народниот правобранител, во следниве градови:

Page 152: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

150

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ - ОМБУДСМАН

Град Адреса Телефон/Факс Е-пошта

Тетово ул. „Илинденска” бр. 85 тел.044 344 081 / факс.044 344 083

[email protected]

Куманово ул. „Трг Нова Југославија” бр. 24 тел.031 431 448 / факс.031 431 520

[email protected]

Штип ул. „Тошо Арсов” б.б. (зграда на Кјуби-Македонија)

тел.032 389 701 / факс.034 389 700

sti [email protected]

Струмица ул. „Маршал Тито” б.б. (зграда на Кјуби-Македонија)

тел.034 329 995 / факс.034 329 997

[email protected]

Кичево ул. „Булевар Ослободување” б.б. (зграда на Кјуби-Македонија)

тел.045 228 586 / факс.045 228 584

[email protected]

Битола ул „Јане Сандански” б.б. (зграда на Кјуби-Македонија)

тел.047 242 310 / факс.047 242 510

[email protected]

Како може да помогне Народниот правобранител?

Во текот на постапката, Народниот правобранител може да побара потребни објаснувања и дополнителни информации од надлежните органи за наодите во претставката, да изврши непосреден увид во работите од надлежност на органите и на разговор да покани функционер или службеник на органот што го повредил правото.

Ако Народниот правобранител констатира дека се повредени уставните и законските права на граѓаните, во таков случај може да преземе одредени дејствија:

да даде препораки, предлози, мислења и укажувања за начинот на отстранување на констатираните повреди. Препорака дава кога со сигурност е утврдено дека станува збор за повреда на правата, со конкретен акт или дејствие. Мислење дава кога ќе оцени дека е потребна измена или дополнување на општ акт на органот или на организацијата. Укажувања се упатуваат во случај кога од фактичката состојба произлегува дека со продолжувањето на одредено однесување на органот или на организацијата би се повредиле правата на подносителот на претставката;

СЛУЧАЈ ОД ПРАКТИКАТА: Граѓанин на Република Македонија, припадник на заедница што не е мнозинство во Република Македонија, достави претставка до Народниот правобранител поради преземени дејствија за рушење објект од страна на Министерството за транспорт и врски, наведувајќи дека рушењето е врз основа на етничка припадност. Постапувајќи по претставката, Народниот правобранител достави препорака до надлежниот орган од аспект на недискриминација. Со оглед дека дејствијата беа запрени, подносителот ја повлече претставката.

да предложи повторно спроведување определена постапка во согласност со законот, ако се исполнети законските услови за повторување или обнова на постапката по барање на странката или ако има основа за промена на управниот акт по службена должност;

Page 153: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

151

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ - ОМБУДСМАН

СЛУЧАЈ ОД ПРАКТИКАТА: До Народниот правобранител беше поднесена претставка од граѓанин затоа што на неговата сопруга со решение на Центарот за социјална работа и беше укинато правото на социјална парична помош, со образложение дека сопругот бил во работен однос според податок добиен од Агенцијата за вработување. Народниот правобранител утврди дека податокот даден од Агенцијата за вработување не е точен, што беше утврдено и од Државниот инспекторат за труд при Министерството за труд и социјална политика. Поради тоа, Народниот правобранител констатира дека странката неосновано го изгубила правото на социјална парична помош, врз основа на погрешно дадениот податок од Агенцијата за вработување. По спроведената постапка и преземените дејствија на Народниот правобранител, сопругот на странката повторно беше запишан во евиденцијата на невработени, поради што Народниот правобранител упати препорака до Министерството за труд и социјална политика и побара да се преиспита донесеното првостепено решение со коешто престанува правото на користење социјална парична помош, имајќи го предвид утврдениот факт дека податокот даден од Агенцијата за вработување е погрешен и во таа смисла да се донесе друго решение со коешто на странката ќе ѝ биде признато правото на социјална парична помош од денот на неоснованото укинување на ова право. По упатеното укажување, извршените увиди во Министерството за труд и социјална политика - Скопје и дополнителните укажувања, жалбата не се прифати поради неблаговременото поднесување. Меѓутоа, Народниот правобранител ја продолжи постапката и побара по службена должност да се преиспитаат донесените решенија и доколку не постојат други докази и факти што би биле пречка за остварување социјална парична помош, да се продолжи со нејзина исплата. По препораката не беше постапено, поради што Народниот правобранител во два наврата го информираше Министерот за труд и социјална политика, а дополнително изврши уште неколку увиди во Министерството за труд и социјална политика. По повеќето интервенции на Народниот правобранител, Министерството за труд и социјална работа по службена должност повторно го разгледа предметот, утврди дека се исполнети условите за повторување на постапката и донесе позитивно решение за уважување на жалбата, во коешто во образложението изрично се повика на спроведената постапка и препораките на Народниот правобранител, како основа за повторување на постапката и остварување на правото на социјална парична помош.

да покрене иницијатива за поведување дисциплинска постапка против службено или одговорно лице, ако оцени дека со неговото постапување, односно непостапување, има основа за сомнение дека ја прекршило работната или службената должност;

СЛУЧАЈ ОД ПРАКТИКАТА: Подносителката на претставката побара интервенција од Народниот правобранител за заштита на нејзините права од работен однос, повредени од страна на работодавачот, односно од Приватната здравствена установа во Кичево. Народниот правобранител се обрати до Државниот инспекторат за труд, со барање да изврши увид во наведената здравствена установа, и беше известен дека врз основа на утврдената фактичка состојба во Приватната здравствена установа, до надлежниот орган биле поднесени две барања за поведување прекршочна постапка против работодавачот, согласно одредбите од Законот за работни односи.

да поднесе барање до надлежниот јавен обвинител за утврдување казнена одговорност, доколку се оцени дека постои основано сомнение за сторен прекршок или кривично дело, предвидени со закон;

Page 154: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

152

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ - ОМБУДСМАН

СЛУЧАЈ ОД ПРАКТИКАТА: Откако од малолетник од Шуто Оризари не ја добиле информацијата за адресата на лицето по коешто трагале, АЛФИ-те го претепале и за да го прикријат настанот го привеле малолетникот во полициската станица Чаир, наводно заради утврдување на идентитетот. Народниот правобранител обезбеди доволно докази и против полицискиот службеник поднесе барање за покренување постапка за утврдување казнена одговорност, што јавниот обвинител го прифати и покрена постапка пред надлежен суд, иако Секторот за внатрешна контрола се обиде да ја прикрие одговорноста на полицискиот службеник.

да побара времено одложување на извршувањето на управниот акт до одлуката на второстепениот орган или до донесување одлука од надлежен суд, ако констатира повреда на правата, а извршувањето на управниот акт би предизвикало ненадоместлива штета за некоја од странките во спорот.

СЛУЧАЈ ОД ПРАКТИКАТА: Народниот правобранител има побарано да се одложи рушење дивоградба од страна на општината, до донесување одлука од Управниот суд, каде што се води постапка за легализирање на градбата.

Народниот правобранител, кога е тоа можно, во текот на постапката се зазема за спогодбено решавање на предметот. Со спогодбеното решавање на предметот, постапката по предметот се смета за завршена. Спогодувањето мора да биде во согласност со Уставот и со законите.

Заради обезбедување и почитување на уставните и законските права и начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, Народниот правобранител може по сопствена иницијатива да упатува препораки, мислења и критики до органите пред коишто е надлежен да постапува. Овие дејствија ги презема доколку оцени дека со одделни општи или поединечни акти, со преземање или непреземање одредени активности на наведените органи или организации, не се почитуваат или не се создаваат правни механизми за почитување и остварување на правата на граѓаните и за остварување на наведените начела во однос на припадниците на заедниците. При следење на состојбите за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, Народниот правобранител постапува: по поднесени претставки; по сопствена иницијатива, ако на кој било начин дојде до сознанија дека не се почитуваат овие

начела; врз основа на извршени непосредни увиди во органите, организациите и установите; со следење на програмски предвидените обврски на органите и на организациите; со следење на огласите за прием на нови работници во органите и во организациите што се

должни да ги почитуваат наведените уставни начела.

Ако Народниот правобранител одлучи да покрене постапка, за тоа го известува подносителот на претставката и органот, односно организацијата на којашто се однесува претставката. Откако Народниот правобранител ќе ја заврши постапката, го известува подносителот на претставката.

Органите и организациите се должни да постапат по предлозите, мислењата и препораките на Народниот правобранител и во рок не подолг од 30 дена да го известат за преземените мерки и активности по неговите барања. Доколку органите и организациите не постапат и не го известат Народниот правобранител за спроведувањето на неговите предлози и препораки или пак истите само делумно ги прифатат, Народниот правобранител за тоа може да го извести непосредно повисокиот орган, надлежното министерство, Владата на Република Македонија, а со посебен извештај да го извести и Собранието на Република Македонија или предметот јавно да го објави.

Page 155: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

153

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ - ОМБУДСМАН

ПРАШАЊE 2На каков јазик може да се води постапката пред Народниот правобранител? На кој јазик се поднесува претставката, а на кој јазик Народниот правобранител е должен да одговори?Дали треба да му се дадат поголеми овластувања на Народниот правобранител заради остварувањето на оваа надлежност? Кои би биле тие?

Кога не одлучува/постапува Народниот правобранител?По добивањето на претставката, Народниот правобранител може да одлучи да не покрене постапка или да не ја земе во разгледување претставката, доколку е анонимна, не е поднесена во определениот рок или претставува злоупотреба на правото на жалба, но е должен во што покус рок да го извести подносителот, да му ги објасни причините за тоа и по можност да го упати на кој начин да го оствари правото.

Народниот правобранител ќе ја отфрли претставката ако: од податоците што му стојат на располагање произлегува дека не се работи за повреда на

основните слободи и права на човекот и граѓанинот; претставката не е комплетна и ако подносителот по претходно укажување од народниот

правобранител не ја дополнил; по предметот на претставката е во тек судска постапка. Народниот правобранител не покренува постапка ако од дејството или од последната одлука на органот, односно организацијата, изминала повеќе од една година, освен ако оцени дека иницијаторот го пропуштил рокот од оправдани причини. Кога постојат оправдани причини, се решава од случај во случај (т.н. фактичко прашање) и зависи од многу околности како, на пример, болест, подолго отсуство од државата, недоволна писменост на иницијаторот и слично.

ПРОБЛЕМ 2:Разгледајте го проблемот подолу. Размислете дали Народниот правобранител може да интервенира во дадениот случај и како. Образложете. Пополнете претставка во име на студентката од случајот подолу. Кои би ви биле докази што би ги приложиле, а кои аргументи? Што мислите, кој би бил исходот доколку се иницира постапка пред Народниот правобранител?

Студентка е запишана на факултет со договор за партиципација. Според договорот, студентката треба за секоја година да плаќа партиципација во висина определена со конкурсите за секоја учебна година, а студентката беше задолжувана со партиципација според конкурсот според којшто се запишала. Откако е запишана, партиципацијата секоја година се намалувала за значителен износ. Студентката смета дека нејзината партиципација треба да се намали и да се изедначи со висината на партиципацијата по којашто се запишуваат новите студенти, меѓутоа одговорот од факултетот е дека нејзината висина е утврдена со договорот по којшто е запишана и дека не можат да го намалат износот на партиципацијата. Студентката се мисли дали да се обрати до Народниот правобранител.

Во кои области најчесто се бара заштита од Народниот правобранител?Повредите на уставните и законските права може да бидат од разни области, извршени на разни начини и форми: намерно и ненамерно, бирократско, самоволно, недолично и нехумано однесување,

Page 156: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

154

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ - ОМБУДСМАН

непостапување по барање на граѓанин, недонесување акт, решение, заклучок, неиздавање уверение, потврда, мислење и сл., одолжување на постапка, нееднаков третман на граѓани, погрешно донесен акт, акт заснован на погрешна и непотполно утврдена фактичка состојба, акт заснован на погрешен материјален закон, по вредена постапка и сите други намерни и ненамерни однесувања и постапувања со коишто се повредуваат правата и слободите на граѓаните, загарантирани со Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори и конвенции.

Повредите за кои граѓаните можат да бараат заштита на нивните права се од следните области: Пензиско и инвалидско осигурување - кај повреда на правото на остварување пензија (старосна, инвалидска, семејна и земјоделска), правото на соодветни парични надоместоци, ненавремено и нецелосно платени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување врз основа на работен однос и неоправдано одолжување на постапката. Здравствена заштита - повреди во користењето на здравствените услуги во примарната, специјалистичко-консултативната и болничката заштита, см естувањето и лекувањето во здравствени установи и во психијатриски установи од затворен тип, односот на здравствените работници кон пациентите, партиципацијата за лекување во странство, повреди на правото на надомест на плата во случај на боледување и породилно отсуство, неиздавање потврди за платен придонес (сини картони) и сл. Работни односи - повреди на постапките за прераспоредување од работните места на в работените во органите на државната управа и во органите и организациите што имаат јавни овластувања, повреда на постапката при избор и вработување во овие органи, изигрување на прописите во постапките, неплаќање придонеси за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и други повреди на правата што произлегуваат од работниот однос. Урбанизам и градежништво - одолговлекување и неиздавање градежно-техничка документација, долготрајност на постапките и молчење на администрацијата, неосновано донесени акти-решенија за одземено право на користење градежно земјиште, неизвршување управни акти за бесправно изград ени објекти, неиздавање употребни дозволи или нивно неосновано издавање, непостапување на инспекциските органи по барање на граѓаните, невклучување на заинтересираните странки во постапките, незаконска легализација на бесправно изградените објекти, одолжување на постапката за давање согласност за спроведување на деталните урбанистички планови и др.Имотно-правни односи - одолговлекување, погрешно водење или други повреди при постапките за експропријација, повреди при утврдување и исплата на паричниот надоместок за експроприраниот имот, повреда на правата при евиденцијата на недвижниот имот во катастарските операти, запишување на правата на недвижностите, неиздавање поседовен или имотен лист, барања за враќање национализиран или експроприран имот, повреди во постапката при одлучување за првенственото право на градба, повреди на постапките за признавање на правата што се однесуваат на индустриската сопственост, авторските и сродните на нив права, повреда на правата на граѓаните во постапките за трансформација на општествената сопственост и сл.Полициски постапки - повреди во постапките за стекнување и престанување на државјанството на Република Македонија, злоупотреба и пречекорување на службените овластувања на полицијата и ускратување на правото на одбрана при водењето полициски постапки, повреди во постапките за времено одземени пред мети, повреди во постапките при издавање лични документи, патни документи, непостапување по кривични пријави поднесени од граѓаните, повреда и одолжување на постапката за регистрација на моторни возила, повреди на правата на осудените и притворените лица во казнено-поправните и воспитно-поправните установи и другите установи во кои слободата на движење е ограничена и др.Финансии - повреда на правата во пост апката пред Управата за јавни приходи при утврдувањето или ослободувањето од даночната обврска, наплатата на судски, административни, комунални и други видови такси, повреда на правата на физички и правни лица во располагањето и работењето со девизи

Page 157: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

155

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ - ОМБУДСМАН

од страна на органите што вршат девизен надзор и контрола, повреда на правилата за издавање и работење со хартии од вредност и сл. Правосудство - повреда на правата на граѓаните со неоправдано одолговлекување на судските постапки, неизготвување судски пресуди или нивно неблаговремено доставување до странките, ненавремено доставување изјавени редовни правни лекови на надлежност, неодговарање на барањето за давање податоци од трговски регистар, неизвршување извршни налози, злоупотреба на овластувањата од страна на судската полиција, неоправдано одолж ување на административно-судски постапки (издавање разни уверенија, работа со странки во судска писарница, архива и др.), одолжување на постапката или непостапување по доставени барања од граѓани заради преземање кривично гонење и покренување обвиненија, повреда на правата на лицата коишто се наоѓаат во установи каде што слободата на движење е ограничена (затвори, воспитно-поправни домови) и сл. Социјални права - повреда на правото за остварување постојана или еднократна помош, право за паричен надоместок за туѓа помош и нега, повреда на пр авото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на потешко хендикепирано дете и право на домување на социјално загрозени лица што се станбено необезбедени, повреди во постапките за поставување старател, сместување лиц а со пречки во развојот, деца и младинци со воспитно-социјални проблеми, сместување стари лица во соодветни установи, право на паричен надоместок поради невработеност и сл. Станбена област - повр еда на правата во постапките за продажба на станбен и деловен простор, повреди при постапките за доделување станови, одолжување на постапките пред Комисијата за станбени прашања на Владата на Република Македонија и сл.Образование - повреди на правата при уписот во сите образовни институции, односот н а наставниците кон учениците, добивање кредити и стипендии, сместување и услови во ученички и студентски домови и сл.Локална самоуправа - одолговлекување на постапката за донесување, изменување и дополнување на деталните урбанистички планови, како и одржување, изградба или замена на старата инфраструктурна мрежа (водоводна, канализациска, е лектрична и др.), непостапување на инспекциските служби по барањата на граѓаните и сл.Заштита на животната средина - повреди на правата поради непреземање мерки за спречување појави што доведуваат до загадување на животната средина, непреземање мерки за спречување штетна бучава, неизвршување инспекциски надзор над примената н а техничко-технолошки мерки за заштита на воздухот и водата од загадување, заштита од отпадни материи и сл.Јавни услуги и потрошувачки права - нереално високи сметки за потрошено количество вода, електрична енергија и исклучување од водоводната мрежа и од користењето електрична енергија, квалитет на услугите и висина на надоместоците што ги наплаќаат комуналните претпријатија, постапување на пазарната инспекција, шумската полиција и др. Детска заштита - одолговлекување, несоодветно однесување и непостапување по барањата доставени до центрите за социјална работа и други органи и организации во коишто се остваруваат правата на децата (установи, училишта, градинки и други институции), погрешни и неаргументирано донесени решенија со кои се утврдува начинот на остварувањето и вршењето на родителските права и обврски на брачните д ругари и постапките за старателство, надзор над вршењето на родителското право и повреди при остварувањето на правата на децата без родители и на децата со специфични потреби, повреди на правата на децата од областа на здравствената заштита и сл.Царинско работење - повреди во постапките за задолжување или ослободување на граѓаните од царин ската обврска, утврдување царински долг, наплата, пријавување стока, царинска контрола, увозна и извозна царина и др.Национални и малцински права - повреда на правата на припадниците на етничките заедници загарантирани со Уставот на Република Македонија, повреди на правата на припадниците на етничките заедници поради изразување национална и верска припадност, дискриминација, нееднаков третман

Page 158: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

156

УЧИМЕ ПРАВО - КЛИНИЧКА ПРОГРАМА | НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ - ОМБУДСМАН

и омаловажување поради припадност на која било малцинска група и др.Наука, спорт и култура - повреди на правата од издавачката дејност, повреди на правата од научната и истражувачката дејност, обезбедување услови за достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно

ПРОБЛЕМ 3:Секоја група ќе добие извадоци од годишните извештаи за работа на Народниот правобранител, што се однесуваат на претставките од одредена област. Внимателно прочитајте ги извештаите, а притоа особено внимавајте на: бројот на претставки од таа област; најчесто идентификуваните проблеми; статистичките тенденции; карактеристичните примери.Откако ќе ја направите анализата на вашата област, подгответе се за презентација пред целата група.

Каков орган е Европскиот омбудсман, односно која е неговата надлежност?Под дејство на Европската конвенција за човекови права од 1950 година, како и актите на ЕУ, во 1995 година е формирана и институцијата „Европски омбудсман“, со седиште во Стразбур. Европскиот омбудсман постапува по претставките на граѓаните на Унијата поднесени во врска со лошото (несоодветното) работење на институциите и телата на Европската унија, односно против административните нерегуларности, неправедните одлуки, дискриминацијата по која било основа, злоупотребата на моќта, молчењето на администрацијата, непотребните доцнења со носењето на одредени одлуки, односно преземањето одредени дејствија, како и неоснованото одбивање пристап до одредена информација (повеќе информации на: www.ombudsman.europa.eu).

Европскиот омбудсман не е надлежен да постапува по претставките поднесени против националните, регионалните или локалните власти на државите-членки, освен во случаи кога претставките се однесуваат на прашања поврзани со Унијата. Европскиот омбудсман, исто така, не е второстепен орган што би постапувал по жалбите поднесени против одлуките на националните омбудсмани или судови.

Европски омбудсманАдреса:1, avenue du Président Robert SchumanCS 30403, FR-67001 Strasbourg Cedex, FranceТел: (33) 388 17 23 13Факс: (33) 388 17 90 62Веб: www.ombudsman.europa.eu E-пошта: [email protected]

Page 159: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa
Page 160: 83812677 Ucime Pravo Klinicka Programa

Organization for Security andCo-operation in EuropeSpillover Monitor Mission to Skopje