oubratstvoedinstvooh.files.wordpress.com › ... › … · web view2020/04/09  ·...

17
^AS 57 GOLEMINI NA NASELENIETO (72-73) Население во биологијата се подразбира група на единки од ист вид, кои населуваат одреден простор и кои можат меѓусебно да се размножуваат и да даваат потомство. Во природата многу ретко можат да се најдат единки кои целиот свој живот го поминуваат одвоено. Единките кои живеат на едно исто подрачје воспоставуваат меѓусебни односи, како и односи со животната средина. На овој начин тие градат систем кој се нарекува население (во биологијата наречено и „популација“). Сите биолошки видови во природата постојат во облик на населенија, при што секој вид е претставен со одреден број во самото население. На пример, население сочинуваат сите глуварчиња на една ливада, диви свињи во една шума, како и лилјаците во една пештера. Секое население е жив и динамичен систем. Тoа непрекинато се движи како во просторот, така и во времето. Затоа може да стане збор за динамика на населението, при која под влијание на надворешните и внатрешните (внатре во населението) чинители се менуваат важните особености на населението. Меѓу најважните карактеристики на население се: густина на населението просторен распоред родност (наталитет) смртност (морталитет) старосен состав прираст или, евентуално, намалување. Густината на населението се изразува како број на единки (или нивна биомаса) на единица површина или волумен кој го населуваат. Во текот на времето, бројноста на населенијата значајно се менува во зависност од условите во животната средина. Кога ќе се стабилизираат одредени услови на средината, тогаш бројот на единки во населението може да нарасне до огромни размери, така што густината станува неподнослива. Единките од населението се на некој начин распоредени во своето станиште. Тој распоред зависи од условите кои постојат во стаништето. Така, распоредот на единките во просторот може да биде: нерамномерен (случаен) рамномерен

Upload: others

Post on 03-Jul-2020

6 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: oubratstvoedinstvooh.files.wordpress.com › ... › … · Web view2020/04/09  · Богатството на животинскиот свет, особено на крупниот

^AS 57 GOLEMINI NA NASELENIETO (72-73)

Население во биологијата се подразбира група на единки од ист вид, кои населуваат одреден простор и кои можат меѓусебно да се размножуваат и да даваат потомство.

Во природата многу ретко можат да се најдат единки кои целиот свој живот го поминуваат одвоено. Единките кои живеат на едно исто подрачје воспоставуваат меѓусебни односи, како и односи со животната средина. На овој начин тие градат систем кој се нарекува население (во биологијата наречено и „популација“). Сите биолошки видови во природата постојат во облик на населенија, при што секој вид е претставен со одреден број во самото население. На пример, население сочинуваат сите глуварчиња на една ливада, диви свињи во една шума, како и лилјаците во една пештера.

Секое население е жив и динамичен систем. Тoа непрекинато се движи како во просторот, така и во времето. Затоа може да стане збор за динамика на населението, при која под влијание на надворешните и внатрешните (внатре во населението) чинители се менуваат важните особености на населението.

Меѓу најважните карактеристики на население се:

густина на населението просторен распоред родност (наталитет) смртност (морталитет) старосен состав прираст или, евентуално, намалување.

Густината на населението се изразува како број на единки (или нивна биомаса) на единица површина или волумен кој го населуваат. Во текот на времето, бројноста на населенијата значајно се менува во зависност од условите во животната средина. Кога ќе се стабилизираат одредени услови на средината, тогаш бројот на единки во населението може да нарасне до огромни размери, така што густината станува неподнослива.

Единките од населението се на некој начин распоредени во своето станиште. Тој распоред зависи од условите кои постојат во стаништето. Така, распоредот на единките во просторот може да биде:

нерамномерен (случаен) рамномерен групен.

Случаен распоред постои кога условите во стаништето се еднакво поволни (тие се во својот оптимум). Рамномерниот распоред ретко се среќава и се јавува само ако условите на средината се подеднакво оскудни. Бидејќи условите во стаништето се ретко изедначени, најголем број од единките се собираат каде условите се поповолни. Резултат од ова е групниот распоред кој е и најчест во природата.

Родноста (наталитет) претставува зголемување на бројот на единки (полово или бесполово размножување). Тој е позитивен чинител на растот на населението. Можноста за создавање на нови единки е специфичен за секој вид и зависи од условите во животната средина. Некои видови даваат подмладок (потомство) еднаш во годината, други повеќе пати, а некои се размножуваат постојано при поволни услови (како бактериите).

Page 2: oubratstvoedinstvooh.files.wordpress.com › ... › … · Web view2020/04/09  · Богатството на животинскиот свет, особено на крупниот

Смртноста (морталитет), пак, е негативен чинител на растот на населението. Тој најчесто е резултат од неповолните животни услови во средината (климатски чинители, поплави, пожари, каламитет или наезда од предатори), но делумно и од антропогеното влијание (лов и риболов).

Старосниот состав го изразува бројот на одделните единки во одреден степен од нивниот развиток. Кога населението е младо, што значи дека во неа доминираат јувенилни единки, населението расте и бројно се зголемува. Доколку таа е стара, поголем број од единките се во своето старо доба, а населението или стагнира или опаѓа (негативен раст).

На човештвото му беа потребни 200.000 години за да достигне бројка од 1 милијарда на планетата Земја, а само 200 години за да достигне бројка од 7 милијарди.

Растот на човечката популација започнал бавно, а потоа, во еден момент имал брза експанзија

Светско население - севкупен број на живи луѓе во светот во одреден миг. Денешната бројка изнесува 7,4 милијарди жители.

Во Азија живеаат повеќе од 4 милијарди луѓе, што е 60% од светското население. Само во Кина и во Индија заедно живеат повеќе од 41% од населението во светот. Следува Африка со околу милијарда жители, што е 15%, потоа е Европа со 733 милиони жители, што изнесува 11% од светското население. Јужна Америка и Карбите имаат 589 милиони (9%), Северна Америка 352 милиони (5%) и Океанија и Австралија со 35 милиони жители, што е помалку од 1% од светското население.

RAZGLEDAJTE GI SLIKITE PODOLU I RAZMISLETE, A POTOA NAPI[ETE VO VA[ITE TETRATKI: KOI PROMENI PRIDONESLE NAGLO RASTEWE NA ^OVEKOVATA POPULACIJA?

Page 3: oubratstvoedinstvooh.files.wordpress.com › ... › … · Web view2020/04/09  · Богатството на животинскиот свет, особено на крупниот
Page 4: oubratstvoedinstvooh.files.wordpress.com › ... › … · Web view2020/04/09  · Богатството на животинскиот свет, особено на крупниот
Page 5: oubratstvoedinstvooh.files.wordpress.com › ... › … · Web view2020/04/09  · Богатството на животинскиот свет, особено на крупниот
Page 6: oubratstvoedinstvooh.files.wordpress.com › ... › … · Web view2020/04/09  · Богатството на животинскиот свет, особено на крупниот
Page 7: oubratstvoedinstvooh.files.wordpress.com › ... › … · Web view2020/04/09  · Богатството на животинскиот свет, особено на крупниот

1. Pro~itajte ja lekcijata str. 72-732. Odgovorete gi pra{awata na str. 72-733. Vnimatelno pro~itajte ja sodr`inata napi{ana pogore i odgovorete na barawata

^AS 58 @IVOTNATA SREDINA VO MAKEDONIJA(str. 74-75)

Page 8: oubratstvoedinstvooh.files.wordpress.com › ... › … · Web view2020/04/09  · Богатството на животинскиот свет, особено на крупниот
Page 9: oubratstvoedinstvooh.files.wordpress.com › ... › … · Web view2020/04/09  · Богатството на животинскиот свет, особено на крупниот
Page 10: oubratstvoedinstvooh.files.wordpress.com › ... › … · Web view2020/04/09  · Богатството на животинскиот свет, особено на крупниот
Page 11: oubratstvoedinstvooh.files.wordpress.com › ... › … · Web view2020/04/09  · Богатството на животинскиот свет, особено на крупниот
Page 12: oubratstvoedinstvooh.files.wordpress.com › ... › … · Web view2020/04/09  · Богатството на животинскиот свет, особено на крупниот

- U^ENICI NAU^ETE JA LEKCIJATA NA STR. 74-75- ODGOVORETE NA PRA[AWATA NA STR. 74-75- RAZMISLETE I NAPRAVETE PREZENTACIJA ZA EKOLO[KITE PROBLEMI VO R.

MAKEDONIJA(so koj zagaduvawa sekojdnevno se soo~uvame, i {to se prevzema za da se re{at istite)

Page 13: oubratstvoedinstvooh.files.wordpress.com › ... › … · Web view2020/04/09  · Богатството на животинскиот свет, особено на крупниот

^AS 59 ZA^UVUVAWE (KONZERVACIJA) NA ZAGROZENITE VIDOVI VO MAKEDONIJA(str. 76-79)

Природата кон Македонија била навистина дарежлива и ја дарила со богат и разновиден животински свет. Животните се интересни поради тоа што едни живеат во долините и шумите, други во езерата и реките, а некои пак, во земјата и пештерите. Тие се овде главно претставници на медитеранската и средноевропската, а поретко и на источноевропската фауна. Без’рбетници има 9819 видови, од кои 635 се ендемски. Во ’рбетници спаѓаат: 78 видови на риби од кои 20 се ендемски, водоземци, влекачи, птици и 82 вида на цицачи од кои 3 се ендемски.

Богатството на животинскиот свет, особено на крупниот и ситниот дивеч, придонесува Македонија да биде барана дестинација за елитен ловен туризам. Сепак, повеќе видови на животни кои се на работ од истребување се строго заштитени со закон. Загрозени и заштитени видови има околу 113, од кои 30 риби, 1 влекач, 66 птици и 16 видови на цицачи. Од птиците тоа се: царскиот, златниот и суриот орел, белоглавиот и египетскиот мршојадец, лисестиот глувчар и соколите, а од цицачите: рисот, мечката, дивата коза, волкот, еленот, лилјакот и други.

Page 14: oubratstvoedinstvooh.files.wordpress.com › ... › … · Web view2020/04/09  · Богатството на животинскиот свет, особено на крупниот

Балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) ги населува густите шуми и тешко достапните области во западна Македонија, во планинскиот појас кој се протега по должина на македонско-албанската граница (Бистра, Шар Планина, Кораб, Дешат, Стогово, Јакупица, Пелистер и Галичица). Според последните податоци се претпоставува дека има само 35-40 единки. Повеќето од нив се наоѓаат во НП „Маврово“, а некои се забележани во НП „Пелистер“ и во природниот резерват „Јасен“. Балканскиот рис е македонски национален симбол и го има на дресот на македонската Фудбалска репрезентација, на поштенска марка и на монетата од 5 денари.

И кафеавата мечка (Ursus arctos) е скоро пред истребување. Таа може да се сретне главно во западниот дел (од Шар Планина до Јабланица, Галичица и Пелистер), а нејзината вкупна популација изнесува околу 250. Волкот (Canis lupus) пак, се населува најчесто во планинските предели, но и по ридовите и рамниците, и брои околу 700 единки. Срната (Capreolus capreolus) е трајно заштитена, при што дојде до зголемување на бројот на популацијата. Од влекачите загрозена е остроглавата шарка (Vipera ursinii), а од птиците лебедите, белоглавиот мршојадец (Gyps fulvus) и царскиот орел (Aquila heliaca), кој се среќава само во клисурата на Црна Река, кај реката Бабуна, околу Демир Капија и Мариовско.

Page 15: oubratstvoedinstvooh.files.wordpress.com › ... › … · Web view2020/04/09  · Богатството на животинскиот свет, особено на крупниот

Дивите животни ја зголемуваат атрактивноста на туристичките дестинации и придонесуваат за развој на специфичниот ловечки туризам. Поради опасноста од нивното исчезнување, во последно време е сè попопуларен фото-сафари туризмот, при кој главна цел не е убивање на дивеч, туку негово фотографирање. Интересен е и орнитолошкиот туризам, во кој освен фотографирање на различни птици, се снимаат и звуците кои тие ги испуштаат. Водната флора исто така, придонесува за некои видови на туризам и спортови на вода: нуркање, риболов и подводен риболов.

- U^ENICI NAU^ETE JA LEKCIJATA NA STR. 76-79- ODGOVORETE GI PRA[AWATA NA STR.77 I STR.79

Page 16: oubratstvoedinstvooh.files.wordpress.com › ... › … · Web view2020/04/09  · Богатството на животинскиот свет, особено на крупниот

^AS 60 ^AS ZA UTVRDUVAWE NA MATERIJALOT

U^ENICI VO U^EBNIKOT PO BIOOGIJA NA STR. 80-81 IMA TRI VE@BI. ODGOVORETE GI.

SE [TO KE STRABOTITE ISPRATETE MI NA MOJATA E MAIL ADRESA

POTPI[ETE SE NA VA[ITE IZRABOTKI I NAPI[ETE KOJA NASTAVNA SODR@INA STE JA SRABOTILE ZA DA MO@AM DA VE OCENAM.

MATERJALOT [TO VI GO ZADADOV TREBA DA GO ZAVR[ITE DO 04.05.2020 GOD.