alkoholizmot bolest na zavisnost(sostav4e)

2
“ АЛКОХОЛИЗМОТ БОЛЕСТ НА ЗАВИСНОСТ ” Во ова бурно време во кое живееме,време на промени,безработица,беспарица,дел од младите,разочарани од бројните неуспеси и проблемите со кои се соочуваат,наоѓаат утеха во пороците на 21 век:алкохол и дрогa.Точно е тоа дека животот во кој живееме е тежок,тешки се деновите кои ги минуваме.Секој нов ден е почеток на маките,секоја вечер нова жртва која и се препушта на смртта.Но,сепак таков е животот.Се повеќе се бориме за подобро утре и секој од нас бара утеха за подобар живот.Но има личности кои наместо да бараат утеха,самите го повлекуват злото кон себе.Таквите луѓе подаваат рака токму на овие пороци:алкохол и дрога.Таквите личности наместо ноќта да ја минат како и сите други забавувајќи се,тие се сокриваат и навлегуваат во опојките на смртта која се повеќе ги демнее земајќи в раце шише алкохол,ќесе дрога,го напуштаат светот на младите и и се придружуваат на лошата судбина кои сами ја одбираат.Многумина,претежно младите мислат дека алкохолот е тој што ке им ја подобри забавата во животот.За жал вистината е поинаква:Алкохолот е најчесто и најмасовно злоупотребувана легална психоактивна супстанца.Со честата употреба на алкохол можеме само да ги зголемиме своите семејни проблеми,работни и социјални проблеми.Во многу случаи,алкохолот поттикнува на криминално однесување.Тој ги претвора во свои слуги,како пајакот кој се јази по својата пајажина во темната ноќ,како тешкото црвенило на небото по

Upload: -

Post on 22-Aug-2014

116 views

Category:

Documents


4 download

TRANSCRIPT

Page 1: Alkoholizmot Bolest Na Zavisnost(Sostav4e)

“ АЛКОХОЛИЗМОТ БОЛЕСТ НА ЗАВИСНОСТ ”

Во ова бурно време во кое живееме,време на промени,безработица,беспарица,дел од младите,разочарани од бројните неуспеси и проблемите со кои се соочуваат,наоѓаат утеха во пороците на 21 век:алкохол и дрогa.Точно е тоа дека животот во кој живееме е тежок,тешки се деновите кои ги минуваме.Секој нов ден е почеток на маките,секоја вечер нова жртва која и се препушта на смртта.Но,сепак таков е животот.Се повеќе се бориме за подобро утре и секој од нас бара утеха за подобар живот.Но има личности кои наместо да бараат утеха,самите го повлекуват злото кон себе.Таквите луѓе подаваат рака токму на овие пороци:алкохол и дрога.Таквите личности наместо ноќта да ја минат како и сите други забавувајќи се,тие се сокриваат и навлегуваат во опојките на смртта која се повеќе ги демнее земајќи в раце шише алкохол,ќесе дрога,го напуштаат светот на младите и и се придружуваат на лошата судбина кои сами ја одбираат.Многумина,претежно младите мислат дека алкохолот е тој што ке им ја подобри забавата во животот.За жал вистината е поинаква:Алкохолот е најчесто и најмасовно злоупотребувана легална психоактивна супстанца.Со честата употреба на алкохол можеме само да ги зголемиме своите семејни проблеми,работни и социјални проблеми.Во многу случаи,алкохолот поттикнува на криминално однесување.Тој ги претвора во свои слуги,како пајакот кој се јази по својата пајажина во темната ноќ,како тешкото црвенило на небото по заоѓањето на сонцето во вечерните часови,како нишањето на сувите гранки на дрвјата од страшните ветришта во пустите ноќи,но никогаш нема да најдеш излез од тој лавиринт на маки и страдања.Алкохолизмот е болест на зависност која се манифестира со потреба редовно консумирање на алкохол.Симптоми на почетна фаза се:опаѓање на прагот на толеранцијата,неможност од воздржување,физичка зависност итн.Симптоми на средна фаза се:неиздржлива потреба за пиење,судири во семејството,зголемување на испиените количини итн.Симптоми на последна фаза се:опаѓање на прагот на толеранцијата,неможност од воздржување,физичка зависност,алкохолна растроеност итн.Наеднаш ќе се најдеш на крајот на пропаста.Наместо да се радуваш ќе тагуваш,кога треба да се смееш ќе плачеш и така се до самоуништување.

Даниела Дамјаноска VIIIб