дијана јовановска човечкото око како оптички уред (1)

Post on 26-Jun-2015

1.577 Views

Category:

Documents

10 Downloads

Preview:

Click to see full reader

TRANSCRIPT

ЧОВЕЧКОТО ОКО КАКО ОПТИЧКИ

УРЕД

ОКО Очите ги примаат

светлосните дразби. Тие се нежен орган што е заштитен со черепните коски што ги создаваат ѕидовите на очните празнини и служат како заштита на задниот дел на очното јаболко. Околу очите има помошни органи: веѓи, терепки, клепки и солзни жлезди кои имаат заштитна улога, а мускулите служат да го движат окото.Преку окото човекот се поврзува со надворешниот свет.

ОЧЕН КАПАК

СОСТАВНИ ДЕЛОВИ НА ОКОТО

ИРИС- ШАРЕНИЦА

Шареницата- ја определува бојата на окото. Таа е изградена од крвни капилари и мускулни влакна и ја контролира количината на светлина која навлегува во окото со ширење и стеснување на зеницата.

ЗЕНИЦАЗеница- е отвор низ кој поминуваат

светлосните зраци. На силно светло зеницата е тесна(мала), а во темно таа е широка(голема).

Широка зеница (голема)

Тесна зеница (мала)

РОЖНИЦАРожница- е

чистиот стакло-провиден слој на предниот дел од окото. Улогата на рожницата е да пренесува светлина кон леќата и да го фокусира она што го гледаме.

Начин на пропуштање на

светлината.

ОЧНА ЛЕЌА Очната леќа- претставува двојно испапчена

собирна леќа со фокусно растојание од околу 2,5 cm. Леќата не се поместува напред или назад,туку се истенчува или здебелува со помош на очните мускули. Таа ја прекршува светлината и ги насочува светлосните зраци кон мрежницата. Таа е изградена од цврст еластичен материјал.

МРЕЖНИЦА

Мрежница- е екран на кој се формира сликата на предметот. Таа е највнатрешната обвивка, има неколку слоеви на нервни клетки наречени стапчиња кои ги има околу 133 000 000 и чепчиња околу 7 000 000. Тие се рецептори што се осетливи на светлина.

КАКО ФОКУСИРА ОКОТО?

Светлинските зраци што доаѓаат од предметот, минувајќи низ рожницата и леќата се прекршуваат и на мрежницата даваат реален и намелен лик. Големината на ликот зависи од големината на предметот и неговата оддалеченост од окото.

ВИДЕН АГОЛ Видниот агол е аголот штого зафаќаат

зраците оддвете крајни точки на предметот, а кои влегуваат во окото. Кога предметот е подалеку, очните мускули ја затегнуваат очната леќа и таа станува потенка. Со тоа прекршувањето е помало и ликот се фокусира на мрежницата. За овие случаи потребна е леќа со помала јачина.

ПРИЛАГОДУВАЊЕ - АКОМОДАЦИЈА

Ако набљудуваме предмет што се наоѓа на многу помало растојание од окото, под дејство на очните мускули се зголемува дебелината на леќата.

Со зголемување на дебелината на леќата се добива појако прекршување на светлината. Оваа способност на окото да ја менува дебелината на очната леќа се вика прилагодување или акомодација.

РАСОЈАНИЕ НА ЈАСНО ГЛЕДАЊЕ

Растојанието до најблиските предмети, коишто окото ги фокусира, без да се напрега се нарекува растојание на јасно гледање.

НАРУШУВАЊЕ НА ВИДОТ

Далековидост

Кратковидост

Далтонизам

ДАЛЕКОВИДОСТ Далековидното око блиските предмети ги гледа

нејасно, а далечните јасно. Светлинските зраци што доаѓаат од некој поблизок предмет создаваат лик зад мрежницата. За да се формира јасен лик на мрежницата, треба да се зголеми јачината на прекршувањето на леќата. Тоа се постигнува со ставање на соборна леќа пред окото.

Далековидост

КРАТКОВИДОСТ Кратковидното око блиските предмети ги гледа

јасно, а далечните нејасно. Светлинските зраци што доаѓаат од предметот создаваат лик пред мрежницата. За да се формира јасен лик на мрежницата, треба да се намали јачината на прекршувањето на очната леќа. Луќето што се далковидни или кратковидни носат очила или контактни леќи.

Кратковидност

ЛЕЌИ ЗА ОЧИ СО ОШТЕТЕН ВИД

ДАЛТОНИЗАМ Далтонизам е неможност за

разликување на некои или на сите бои. Обично се смета за слепило на бои. Човечката мрежница содржи три типа клетки што апсорбираат светлина во рзлични делови од спектрумот. Отсуството на овие типови предизвикува далтонизам за црвена, зелена и сина боја. Далтонизам е рецесивна карактеристика поврзана со полот , која е 20 пати повообичаена кај мажите отколку кај жените.

top related