anri tuluz lotrek

Post on 16-Apr-2015

87 Views

Category:

Documents

0 Downloads

Preview:

Click to see full reader

TRANSCRIPT

Анри де Тулуз - Лотрек француски сликар, голем мајстор на литографијата, негови омилени мотиви се личности и настани од ноќниот живот во Париз. Тој се ограничил исклучително, на сцени од ноќниот живот на Монмартр во Париз. Ликовите ги сликал без нималку сентименталност, но и без иронија и со остра карактеризација на Ликовите. Неговите дела имаат висока уметничка вредност.

Тулуз-Лотрек заедно со Сезан, Ван – Гог и Гоген е еден од најголемите сликари на Пост-импресионизмот. Станал мошне значаен постимпресионистички сликар, Арт нуво илустратор и литограф. Со своето сликарство оставил неизбришлив документ за боемскиот живот во Париз на крајот на 19-от век. Кон средината на 1890-тата, Автопортрет 1882 - 1883

Тулуз-Лотрек работел и илустрации за хумористичниот весник - Le Rire.

Потекнува од стара аристократска фамилија, со многу

уважени предци кои во минатото се здружиле и со самите

кралеви. На своите 14 години, Анри ја повредува својата

лева нога, а година после тоа ја крши и својата десна нога.

Заради генетската мана неговите коски неправилно

зараснуваат и неговите нозе престануваат да растат. Тој

созрева и добива тело на возрасен човек, но нозете

засекогаш му остануваат мали и закржлавени како на мало

момче, а видот му слабее терајќи го

до крајот на животот стално да

носи очила. Неговата конечна

висина е 1,5 м.

Потписот на Анри Тулуз Лотрек

Тулуз-Лотрек цртал на Монмартр, познато место во Париз каде

на времето се дружеле уметници,

писатели и философи. Кога во

близина било отворено кабарето

Мулен Руж, Лотрек за потребите

на истото насликал серија постери.

Оттогаш, за него имало почесно

место во тоа кабаре бил најчест

посетител, и каде ги изложувал

своите цртежи. Нарекуван бил

,,душата на Монмартр",

каде живеел во тек на жиотот.

Постер за Мулен Руж ( 1891 )

Moulin Rouge - La Goulue, постер (1891 )

Амбасадори: Аристид Бијан - постер

Џејн Аврил - постер

Меј Белфорд 1895 - постер

Имал чест да се запознае со

Ван – Гог, станале пријатели и

кога Ван – Гог си го одсекол

увото и завршил во лудница,

Лотрек му останал верен

пријател. Многу често знаел да

влезе во расправија со луѓето

кои го исмејувале Ван – Гог.

По смртта на Ван – Гог, Анри

Лотрек, заедно со други сликари

организира изложба со негови

дела.

Портрет на Ван – Гог ( 1887 )

Во тек на својата кариера, која траела помалку од 20 години, Тулуз-Лотрек создал 737 платна, 275 акварели, 363 графики, 5,084 цртежи, нешто керамика, и огромен број на непознати, изгубени дела.

Две жени танцуваат валцер – 1892 Жена со чадор - 1889

Неговата муза - Џејн Аврил Џејн Аврил е кан-кан танчерка во „Мулен руж“, која е заштитен знак на најдобрите дела на Тулуз-Лотрек и симбол на сиот френетичен гламур на Париз во декадентниот период на 19 век. Лотрек ја сликал Аврил во сите нејзини изданија облечена

како кабаретска танчерка,

со црни чорапи и масивни

фустани, како и во тивка

интимна атмосфера,

мистериозна, каква што

всушност била надвор

од „Мулен руж“.

Џејн Аврил влегува во Мулен Руж

Џејн Аврил гледана одзади Џејн Аврил заминува од „Мулен руж“

Бал во Мулен Руж ( 1890 ) – Филаделфија Музеј

Стара жена седи на клупа ( 1882 ) Лили Фулер танцува

Перачот во бордел ( 1894 ) Денот на Првата Причест 1888

top related