antolog catalog 2013
Post on 07-Nov-2014
707 Views
Preview:
TRANSCRIPT
2013
СО ПОПУСТ ОД 10-90%
пронајди не на саем на книга`
9-15 аПрил 2013
главен влез
за антолог 3
Во 2013 година „Антолог“ полни 14 години, што е отприлика трипати
повеќе од мускетарите на Дима Тат-кото, но околу седумпати помалку од годините самотија на семејство-то Буендија кај Г.Г. Маркес.
Роденденот ќе го одбележиме со 120-тата книга во новата, 17-та еди-ција, што самото по себе говори колку распространети се нашите идеи.
И со вртење нова страница на www.reper.net.mk, списанието за креација и рекреација, каде може да најдете огромен број занимливи и конструктивни содржини.
И со потсетување дека основачот на книгоиздателството Антолог, македонскиот писател Алексан-дар Кујунџиски, е еден од ретките наши автори кој досега објавил 107 самостојни наслови. Исто така, Кујунџиски го држи рекордот на објавени книги - од истиот автор во текот на само 1 година, 17 во 1994 година.
Но, за уметноста многу поважна од бројките е инспирацијата. Со неа, редејќи ги и прередувајќи ги наши-те изданија, дојдовме и до икс други интересни фикс-идеи.
Сите 120 книги положени една по-крај друга фаќаат површина од 3 м2. Како да сме изградиле соба со ори-гинален поглед.
Но, многу поважно од бројките е што овие 14 години го чувавме и
развивавме погледот кон македон-скиот јазик.
Сите 120 книги поставени една на друга се високи повеќе од еден ме-тар. Како да сме пораснале дете.
Но, она што нам ни е поважно е што во процесот на издавање книги по-ставивме стандарди на врвен ква-литет по сите основи.
Сите 120 книги поставени на вага тежат 19 килограми. Споредете како било.
Она што ни е најважно е што обја-вивме Книги за сите генерации чи-татели.
Сите 120 книги наредени една под друга образуваат траекторија долга 24 метри. Како да прошетате од спо-меникот на Даме Груев до Гоце Дел-чев на плоштадот Македонија.
Најважното е што овие 14 години исцртавме линија до домовите на голем број наши сограѓани.
Не правете го ова дома, бидејќи книгите пред сè се апстрактни кате-гории, уживање, предизвик, страст, храброст, сон.
Благодариме на храброста што во 14 години прочитавте 120 соништа.
Останете со нас,
Тим Антолог
сурфајте на бранови
Емаусалесандро БарикоРоманите на италијанскиот писател алесандро Барико се омилени во цел свет и во Македонија. авторот на Свила, Новеченто, Океан море, Пијанистот се појавува со нова книга што ја открива сета волшебност на италијанската харизматичност.Тие се четворица другари, таа, андреа, една и единствена.Тие се членови на бенд, таа е прекрасна танчарка.Тие се мирни, таа бесна.Тие се уште тинејџери, таа е многу позрела од своите врсници.Сè што им е забрането, таа си го дозволува.една пијана свирка во блиското гратче ќе ги доближи до вчера непристапната девојка.„незаборавна книга потоната во поетичната страна на трагичната судбина и кршливоста.“ The Daily BeastОригинален наслов Emmaus // Превод лилјана Узуновиќ // година на прво издание 2013 // Број на страници 144 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507802 // Препорачана цена 270
мЕШРичард Хукер
МЕШ: Роман за тројца воени лекари е книга за авантурите на измислената хируршка мобилна единица на американската армија (Mobile Army Surgical Hospital) во Кореја, за време на Корејската војна. веднаш по објавувањето, романот стекнува огромна популарност и набрзо според него се снимени телевизиска серија и филм кои насмејуваат генреации и генерации. Поголемиот дел од лекарите кои се ангажирани во оваа единица, според самиот автор, „го збогатија пеколот, на разни начини и степени“. Тоа е така бидејќи, како и повеќето војници, иако се обучени, тие се премногу млади за професијата. Оригинален наслов MASH // Превод ана василева // година на прво издание 2013 // Број на страници 240 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507963 // Препорачана цена 250
Потпомогнато
Потпомогнато
4
сурфајте на бранови
ОксфОрдски убиствагилјермо МартинесОксфордски убиства е книга што ќе ве држи уловени во приказната до последниот збор. во романот се раскажува за професор кој заедно со еден студент ги истражуваат низата чудни убиства во Оксфорд, англија. Сите убиства се поврзани со математички симболи и шифри кои го најавуваат следното злосторство од долгата серија. Бидејќи сè почнува со кругот, полицијата брза да го открие убиецот пред да стане преголем.Романот е широко популарен во светот и е преведен на многу јазици. Според него е снимен истоимениот холивудски филм со Илајџа вуд и Џон Харт во главните улоги. Оксфордски убиства е добитник на престижната награда „Планета“, највисоката парична награда за книжевно дело во светот покрај нобеловата.„Овој трилер е доволно долг за да се прочита во една вечер, а заплетот ќе ве потресе со својот ефективен ритам.“ Томас Џонс, Лондонска книжевна ревија„Спојот од математика и загадочни убиства прави моќен коктел.“ Маркус ди Сатој, ГардијанОригинален наслов Crímenes imperceptibles // Превод Ирина Талевска // година на прво издание 2013 // Број на страници 224 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507864 // Препорачана цена 300
За рОдЕрЕргилјермо Мартинес
Две момчиња во ист момент треба да одберат помеѓу другарството и кариерата. но што ако се изгубат и двете нешта, како да се поставиме во таква ситуација. аргентинската критика го смета За Родерер меѓу најважните романи објавени во последните децении и го прогласи за најквалитетниот роман напишан од млад автор.Оригинален наслов Acerca de Roderer // Превод Ирина Талевска // година на прво издание 2010 // Број на страници 126 // Димензии
13x20 // ISBN 9786084507390 // Препорачана цена 220
ЖЕната на маЕстрОтОгилјермо МартинесДвајца мажи губат глава околу една прекрасна дама од високите кругови. Бидејќи и двајцата се писатели, судирот се проширува и во професионална смисла. Што сè прават за да најдат инспирација. едноставно раскажана книга која долго се памети и одново се препрочитува. Роман натопен во шпанска сензуалност и со енигматична загатка која читателот треба сам да ја открие.Оригинален наслов La mujer del maestro // Превод Ирина Талевска //година на прво издание 2011 // Број на страници 128 // Димензии 13x20 //ISBN 9786084507482 // Препорачана цена 240
Потпомогнато
Потпомогнато
5
сурфајте на бранови
нОќнО нуркањЕКим Смоге
нуркањето е една од најпривлечните мистерии, а подводниот свет една од најголемите енигми. водена од големата нуркачка страста, Хилке Торхус се упатува на нуркање на западниот брег од норвешка. Пријателите ѝ ги убиваат, па ќе мора сама да тргне на една долга игра на мачка и глушец, во која храбро бега со куп дијаманти.Книгата Ноќно нуркање е добитник на наградата Ривертон за најдобра крими приказна.Оригинален наслов Nattdykk // Превод Душанка Каевска // година на прво издание 2012 // Број на страници 160 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507758 // Препорачана цена 250
101 рЕјкјавикХалгримур Хелгасон101 Рејкјавик е како да кажеш 1000 Скопје, поштенскиот код на главниот град е синоним за менталитетот на еден крајно откачен лик. Хлинур Бјорн има 30 години и не може да најде работа, па сè уште живее со разведената мајка која штотуку му соопштува дека е лезбејка. Деновите ги поминува голтајќи екстази во локалните клубови, висејќи на Интернет, гледајќи порно филмови на Тв и зјапајќи по сè женско што има две нозе. нештата да бидат посложени, се затрескува во лола, девојката на мајка си, иако во меѓувреме тмурната Хофи, со којашто спиел еднашдвапати, и самиот не е целосно сигурен, му соопштува дека е бремена.„Прекрасно развратен, понекогаш брилијантен, честопати фрустрирачки.“ Sam Lipsyte, The New York TimesОригинален наслов 101 Reykjavík // Превод Мери Кицовска // година на прво издание 2013 // Број на страници 352 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507789 // Препорачана цена 400
Потпомогнато
Потпомогнато
Потпомогнато
дЕликатнО ЗлОстОрствОСержио Сант’анаКога страста води до лудило а лудилото нè турка во оригинално злосторство.напнатата приказна на антонио Мартинс е сместена во фантастичниот Рио де Жанеиро во Бразил. Тој е театарски критичар кој еден ден по игра на случајот ќе се вплетка со агнес, млада куца жена за која не знае речиси ништо. По долга потрага да ја најде повторно, Мартинс открива дека агнес е модел на уметникот Бранкати и открива сигнали дека неговиот однос кон агнес се движи меѓу татко и садист. „Романот ја раскрива сексуалната перверзност, а со својата елеганција целосно ги освојува читателите.“ Ракел Илескас БуеноОригинален наслов Um crime delicado // Превод Маргарита ТерзијанМаленкова // година на прво издание 2013 // Број на страници 128 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507796 // Препорачана цена 220
6
сурфајте на бранови
ПОвтОрнО дОмаанти Туриеден човек се враќа во родниот крај откако многу време поминал на Флорида. Причините поради кои ерки отишол во америка пред десетина години се поврзани со финансиски криминал и сега тој се враќа да си го земе она што е негово – местото во општеството и жената. Меѓутоа, нештата не се одвиваат според неговиот план. Сопругата има син од друг човек, а има нешта кои не можат да се купат со пари. Повторно дома е добнитник на наградата „Финландија“ во 1997 година.Оригинален наслов Lakeuden kutsu // Превод Родна Русковскагодина на прво издание 2013 // Број на страници 288 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507871 // Препорачана цена 250
ЦрвЕниОт симбОл на храбрОста
Стивен Крејненергична, машка книга, во која главна тема е обидот на Хенри Флеминг да се докаже и покаже како одлучен војник. Интересен воен роман во кој се истражува созревањето, херојството, кукавичлукот и променливиот карактер на човекот, насочувајќи се повеќе на внатрешната битка на главниот лик, отколку директно на самата војна. Прекрасен опис на борбениот нагон.Оригинален наслов The Red Badge of Courage // Превод николче Мицкоски // година на прво издание 2012 // Број на страници 176 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507710 // Препорачана цена 220
Потпомогнато
амЕрика Франц Кафкаамериканскиот сон има повеќе лица, може да дојде преку ноќ а може да се претвори и во кошмар. ликот во книгата се движи од една во друга крајност. Интересно е што Кафка не стапнал во америка но преку неговиот главен херој целосно ја доловува сликата за најмоќната држава на светот. Романот е чиста антологија.Оригинален наслов Amerika // Превод Душанка Каевска // година на прво издание 2011 // Број на страници 239 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507468 // Препорачана цена 340
Потпомогнато
Потпомогнато
7
сурфајте на бранови
ЕнЦиклОПЕдија на руската дуШавиктор ерофеевКакви психолошки трауми предизвикал распадот на Советскиот Сојуз. немир, дигресија, пороци, лаги, дивеат во годините на транзиција. Романот на можеби најскандалозниот постмодернист, може да предизвика восхит и непријатна одбивност. Со него може целосно да се согласите но може и да го негирате со негодување. но оваа книга никого нема да остави рамнодушен.Оригинален наслов Энциклопедия русской души // Превод Ѓорѓи Крстевски // година на прво издание 2010 // Број на страници 208 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507307 // Препорачана цена 280
ГрадОт Енлеонид Добичин
Како дете гледа на случувањата околу себе во едно зафрлено гратче. Малите нешта можат да станат одеднаш големи, а големите да се претворат во ситни колку мравки. Книга за растењето на кое секој од нас има потреба да се присети и на тоа како во тие возбудливи мигови одеднаш се преобразува и светот наоколу.Оригинален наслов Город Эн // Превод Ѓорѓи Крстевски // година на прво издание 2012 // Број на страници 112 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507666 // Препорачана цена 240
врЕва и бЕсвилијам ФокнерВрева и бес е каментемелник на европскиот роман од 20 век. Припаѓа на линијата именувана како „тек на свеста“, заедно со делата на Џојс и вулф. Врева и бес е четврт роман на вилијам Фокнер, негово прво ремекдело кое многумина се согласуваат дека му е најдобриот роман. Оригинален наслов The Sound and the FuryПревод николче Мицкоскигодина на прво издание 2008Број на страници 336Димензии 13x20ISBN 9786084507000Препорачана цена 400
Потпомогнато
Потпомогнато
Потпомогнато
8
сурфајте на бранови
ритуалиСеис нотебомДрско загадочна книга за патувањето во просторот и во времето. Иако сместена во 1980 година, главниот лик со едноставно име „прошетува“ во други три години од XX век, откривајќи им на читателите незаборавни слики од амстердам. Книгата е добитник на високата наградата за литература „Пегаз“.„Интелигентна, прониклива парабола за редот и хаосот, напишана од еден од најголемите современи холандски романсиери.“ Washington PostОригинален наслов Rituelen // Превод ели Пујовска // година на прво издание 2013 // Број на страници 176 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507888 // Препорачана цена 270
Евтини ПрикаЗниРоџер евари и Квентин Тарантино
Покрај високото петто место на листата најфилмови на сите времиња, околу самото сценарио е кажано „Како и Граѓанинот Кејн, Евтини приказни е напишан на таков нелинеарен начин што може да се гледа дузина пати и секогаш да се прашуваме што следи потоа...“ Моќните дијалози го вбројуваат во највредните сценарија на XX век. Оригинален наслов Pulp Fiction // Превод Жарко и златко Кујунџиски // година на прво издание 2008 // Број на страници 192 // Димензии 13x20 // ISBN 9789989266249 // Препорачана
цена 290
ПОјадОк кај тифаниТруман КапотиЊујорк и продавницата за скапоцен накит „Кај Тифани“ треба да спојат еден вечен сонувач и една лесна девојка која ги врти мажите на малиот прст. Дали ќе постоеше Сексот и градот ако не се појавеше романот Појадок кај Тифани е прашање на место. во култниот истоимен филм Холи голајтли ја игра Одри Хепберн, која просто брилијира во улогата на џебна венера. неповторлива книга која и ден денес влијае на повеќе уметнички форми, музика, lifestyle, мода, современа култура. Подарок во секоја прилика.Оригинален наслов Breakfast at Tiffany’s // Превод Жарко Кујунџиски // година на прво издание 2011 // Број на страници 128 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507475 // Препорачана цена 200
Потпомогнато
9
сурфајте на бранови
ЦЕнтуријаЏорџо МанганелиДали може да си претставите книга составена од 100 романи, а секој „роман“ да биде долг само две страници. Тоа го постигнал Манганели со овие лежерни, комични, шармантни, луцидни приказни кои нè пренесуваат во светот на стотици фасцинантни ликови. Книгата е еден од најоригиналните експерименти во литературата, забавна и провокативна, елегантна и сугестивна. Центурија ја има добиено и високата италијанска награда вијареџо.Оригинален наслов Centuria // Превод Јулија Петровскагодина на прво издание 2012 // Број на страници 288Димензии 13x20 // ISBN 9786084507703Препорачана цена 340
тЕШки љубОвиИтало Калвино
Книгата раскази Тешки љубови нуди 15 раскази од еден од најголемите италијански писатели на 20 век, во кои се опишани трагикомичните љубовни авантури на 15 различни ликови фотограф, пливач, патник, разбојник, војник, скијач, читател, кратковид... Оригинален наслов Gli Amori DifficiliПревод наташа Бошковагодина на прво издание 2007Број на страници 303 // Димензии 13x20ISBN 9789989266232 // Препорачана цена 380
хЕнри IVлуиџи ПиранделоХенри IV е славна драма во три чина напишана во 1921, а премиерно поставена на сцена на 24 февруари 1922 во театарот Манцони во Милано. Претставува вистинска студија за лудилото и сложениот однос меѓу ликот и човекот, фикцијата и вистината.луиџи Пирандело, италијански прозаист и драмски автор со ретко богат, но и ретко еминентен опус, составен од најмалку двесте брилијантни новели, десет романи, куп луцидни есеи и дури 44 интригантни, драматуршки иновантни, беспрекорно структурирани пиеси, автор кој одамна е промовиран во книжевен мит. „Смеата и болката совршено измешани со разумот и со лудилото.“ Пол Тејлор, ИндепендентОригинален наслов Enrico IV // Превод Радица никодиновска // година на прво издание 2013 // Број на страници 112 // Димензии 14x20 // ISBN 9786084507819 // Препорачана цена 250
Потпомогнато
Потпомогнато
10
сурфајте на бранови
мОјОт ЖивОт какО кучЕРеидар Јонсон„Чисто задоволство, од почеток до крај“, „Брилијантно, урнебесно раскажување“. Истовремено суров до коска и нежен како ќебе, на моменти длабоко замислува но цело време со леснотија насмевнува, ова ќе биде најпрекрасниот роман што ќе го прочитате и ќе подари огромно количество топлина. Секој кој барем еднаш чувал домашно милениче, ќе се воодушеви од поврзаноста на малиот Ингемар Јохансон со неговото куче кое го придружува секаде, дури и во соништата.Оригинален наслов Mitt liv som hund // Превод Родна Русковска // година на прво издание 2012 // Број на страници 240 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507727 // Препорачана цена 290
62. мОдЕл За склОПувањЕХулио Кортасар
еден од најдобрите романи на шпански јазик од дваесеттиот век. експериментален роман во кој главните ликови истовремено опстојуваат во реалниот свет – каде што го образуваат својот потесен круг, односно зона, место каде што се среќаваат – и во еден град, измислен од нив самите, место каде што не се среќаваат, каде залудно се обидуваат да ја најдат својата среќа која, се чини, е толку блиску за секој од нив, но упорно им се измолкнува...во оваа книга Кортасар го поканува читателот да излезе од своите рамки и заедно со авторот да го гради дејствието во романот.„Длабоко трогателна книга во која се ужива и која е прекрасно напишана, а истовремено е и одушевувачки загадочна.“ Њујорк Тајмс„врво дело од еден од најнеобичните писатели на нашето време.“ Лајбрери ЖурналОригинален наслов 62 modelo para armar // Превод Борјана Мојсовска // година на прво издание 2013 // Број на страници 288 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507895 // Препорачана цена 320
скандалитЕ вО крОумОлдус ХакслиШеговита дружина составена од необични ликови на уметници се собира во малото англиско гратче Кроум на имотот на Хенри вимбуш. Меѓу чудните, учени гости се наоѓаат високо профилиран писател, утопист со планови за „идеална држава“, чувствителен поет кој е до уши зацопан во внуката на вимбуш. Скандалите во Кроум е првиот роман на англискиот писател Олдус Хаксли, објавен 1921 година. во оваа книга Хаксли ги исмева трендовите и модата од тоа време. „Премногу иронична за да се нарече сатира но премногу цинична за да се нарече иронија.“ Френсис Скот ФицџералдОригинален наслов Crome Yellow //Превод Тања Кузмановска // година на прво издание 2013 // Број на страници 208 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507901 // Препорачана цена 250
Потпомогнато
Потпомогнато
Потпомогнато
11
во огнови со никола маџиров и
аритмијаДелимир РешицкинаСКОРООригинален наслов Aritmija // Препев никола Маџиров // година на прво издание 2013 // Број на страници 96 // Димензии 10x20 // ISBN 9786084507857 // Препорачана цена 200
нЕШтО нЕ Е вО рЕд?Татјана громача
Храбра жена, уште похрабри стихови, е заклучокот додека се чита оваа ретка книга, што ни ја претставува за првпат една од најважните поетеси од Хрватска. Песните се обични и секому достапни со леснотијата на стилот, полни со ироничен поглед кон реалноста и необични случки кои го заслужуваат интересот на секој читател. „ громача пишува од точка на гледање во која желбата за широчина на љубовта се спротивставува на тесноградоста и заслепеноста од национализам. во загреб е славена како чудесна појава, како Ингеборг Бахман на Балканот.“Оригинален наслов Nešto nije u redu? // Препев никола Маџиров // година на прво издание 2012 // Број на страници 96 // Димензии 10x20 // ISBN 9786084507735 // Препорачана цена 200
аГрЕГатна сОстОјбазвонко Маковиќ
наСКОРООригинален наслов Избор песни // Препев никола Маџиров // година
на прво издание 2013 // Број на страници 128 // Димензии 10x20 // ISBN 9786084507796 // Препорачана цена 200
ПрЕдмЕтиМарко ПогачарМладиот Погачар е еден од најважните современи поети од Балканот, кој освен песни редовно објавува и музички критики, во кои често опфаќа македонски бендови.Продорните текстови на Погачар донесуваат слики чии глетки можат да однесат далеку. неговите текстови ослободуваат неодречна сила. Книгата Предмети од критиката беше едногласно именувана како врвот на хрватската поезија во последните години.Оригинален наслов Predmeti // Препев никола Маџиров // година на прво издание 2012 // Број на страници 96 // Димензии 10x20 // ISBN 9786084507680 // Препорачана цена 200
12
природа и општество
автОбиОГрафијаЧарлс ДарвинAвтобиографијата на Чарлс Дарвин, во редакција на неговиот син Францис Дарвин, е издадена во чест на 200 години од неговото раѓање. на стотина страници, Дарвин прави преглед на најзначајните места од својот животопис. Книгата открива бројни интересни и скокотливи податоци за еден од највлијателните и најнапаѓаните научници на сите времиња. Оригинален наслов Autobiography // Превод Јулијана Мицевска // година на прво издание 2008 // Број на страници 112 // Димензии 14х18 // ISBN 9789989266263 // Препорачана цена 250
Nextалесандро Барико
„зошто се одржува г8? зошто осум славни водачи кои би можеле сосем спокојно да е состанат преку видеоконференција или да се соберат незабележано на некој имот во Конетикат, така дефилираат, принудувајќи цел еден град да се мобилизира? затоа што се будали? не, затоа што се реклама“. на ваков начин размислува Барико во своите фасцинантни есеи околу глобализацијата и иднината која доаѓа. Стилот на книгата е впечатлив како откопчан шлиц.Оригинален наслов Next // година на прво издание 2010 // Превод Живко грозданоски // Број на страници 112 // Димензии 10x15 // ISBN 9786084507291 // Препорачана цена 200
најкраткОтО дОлГОЖарко КујунџискиКолку долго е краткото? Колку кратко е доволно долго? Дали постои долго што е уште кратко? Колку кратко е најкраткото долго? Кујунџиски го испитува прашањето на краткоста т.е. должината, не само во литературата, туку и во сè друго што нè опкружува, социјалните мрежи, твшоута, фармацијата, техниката, Интернетот. година на прво издание 2012Број на страници 301Димензии 10x15ISBN 9786084507642Препорачана цена 290
Потпомогнато
Потпомогнато
13
вЕкОв Е тркалОникола, александар, Жарко Кујунџиски
(приредувачи)Секогаш кога имаме желба да подариме книга, себеси и на блиските, во потрага сме по Книга со големо К, која истовремено ќе биде топла и мудра, восхитувачка и лесна. Прекрасната антологија на изреки, крилатици, максими, афоризми, мудри, поучни и духовити мисли од познати и непознати личности е вистинска Книга. веков е тркало е Божилак, сплетен од тајните на светот, изговорени но и напишани, слушнати но и запишани во минатите три илјади години од човештвото. големо дело на големи луѓе.година на прво издание 2007 // Број на страници 254 // Димензии 17x25 // ISBN 978998999269Х // Препорачана
цена 500
мислОвнО дОсиЕалександар Кујунџиски (приредувач)Секој ден од годината може да го обележите со интересна мисла од 369 познати личности од нашата земја, како револуционери, научници, политичари, бизнисмени, писатели, музичари, сликари, лекари, спортисти, но и од многу други професии. Прва и единствена антологија на она што го кажале и мислеле личности од Македонија, само во „антолог“.година на прво издание 2010Број на страници 128Димензии 17x25ISBN 9786084507260Препорачана цена 300
14
книГата днО нЕманикола, александар, Жарко Кујунџиски (приредувачи)антологија на народни поговорки, пословици и сентенции од целиот свет, распоредени по азбучен ред според земјите од кои потекнуваат. Донесува народни мудрости од сите краишта на земјината топка, почнувајќи од авганистан до Шри ланка.година на прво издание 2000Број на страници 64Димензии 17x25ISBN 9789989992681Препорачана цена РаспродаденоII издание, наскоро
антолог-ии
антОлОГија на макЕдОнската ПЕсна вО ПрОЗаПетко Дабески (приредувач)Оваа антологија првпат пред книжевната јавност го претставува овој интересен и возбудлив лирски жанр во македонската литература и се овозможува на едно место во соодветен контекстуален амбиент, ново читање на креациите на песната во проза, а со тоа и ново, позадлабочено промислување и толкување на нејзините суштински одлики и вредности. застапени се педесетина автори, меѓу кои писатели од сите генерации, од Блаже Конески, па сè до најмладите, тукушто пројавени автори.антологијата содржи и богати биобиблиографски податоци за авторите и поговор.година на прво издание 2013Број на страници 320Димензии 17x24ISBN 9786084507826Препорачана цена 350
свЕтулки Од мОниставанѓа МихајловаШтерјова (приредувач)антологија на современата литература за деца од Молдавија на два јазик, македонски и аромански. во антологијата се вклучени исклучително нежни и виртуозно напишани дела од 40 молдавски писатели за деца кои досега не биле преведени во Македонија.година на прво издание 2012Број на страници 327Димензии 15х20ISBN 9786084507697Препорачана цена 290
Потпомогнато
Поддржано од Молдавски конзулат во Република Македонија.
15антолог-ии
антолог-ии
јас имам сОнЖарко Кујунџиски (приредувач)врвните 55 говори говори на сите времиња од светот и од Македонија собрани ексклузивно на едно место, со кратки објаснувања за истите. Конечно дело кое ги обединува на едно место − Че гевара и империјалистите, Хитлер и евреите, Британците и Ирците, демократите и комунистите, Црвенковски и груевски.година на прво издание 2010Број на страници 304Димензии 17x24ISBN 9786084507284Препорачана цена 615
Писма дО вЕчнОста
Марија зафирова (приредувач)
Писма до вечноста, нају-бавите љубовни писма на сите времиња е книга за вечната потрага по совршен начин да се искажат си зборови: болката, копнежот, среќата, страданието, разделбата. Секому барем еднаш му е потребен совет како најсоодветно да ги искаже своите чувства. Конечен и еден одговор не постои. ЖанЖак Русо се доближил до него со зборовите: „Да напишеш добро писмо треба да почнеш не знаејќи што мислиш да кажеш и да привршиш не знаејќи што си напишал.“
година на прво издание 2009 // Број на страници 142 // Димензии 15x10 // ISBN 9786084507086 // Препорачана цена 200
16
made in macedonia
скОПјЕ и сè Е мОЖнОЖарко КујунџискиЧеТвОРИЦа лУДИ ДРУгаРИ ИМааТ наМеРа Да гО УКРаДаТ СПОМенИКОТ „вОИн на КОЊ“ ОД ПлОШТаДОТ вО СКОПЈе. УРнеБеСнИТе СИТУаЦИИ ПОЧнУвааТ СО КОваЊеТО ПланОвИ КаКО Да Се „ДИгне“ 14,5 МеТаРСКИОТ СПОМенИК КОЈ ТеЖИ ДеСеТИЦИ ТОнИ.Пишуван на скопски сленг и со народен хумор, романот е добитна комбинација во бестселерска форма. Скопје и сè е можно лесно и бргу се чита а дејството е и смешно и динамично, како да гледате холивудска комедија. Хуморот во македонската литература е ретко присутен, но овојпат стилот е на чист македонски Тарантино и ќе ги возбуди читателите од сите генерации.насловната страница ја направи македонскиот стрипаџија Михајло Димитриевски Тхе Мичо, цртачот на серијата Еднооки.година на прво издание 2013 // Број на страници 304 // Димензии 17x24 // ISBN 9786084507741 // Препорачана цена 350
Потпомогнато
17
made in macedonia
амЕрика (II иЗданиЕ)Жарко КујунџискиАмерика е вториот роман на писателот Жарко Кујунџиски, кој читателите го споредија со делата на зискинд, Маркес, Барико, Фелини, Монти Пајтон. И покрај стабилниот брак, Италијанецот америка Берти решава да ја напушти жената и децата без објаснување. Колку долго и на каков начин е подготвена една жена да чека маж.година на прво издание 2010 // Број на страници 176 // Димензии 13х20 // ISBN 9786084507192 // Препорачана цена 200
најдЕнО-ЗаГубЕнО (II иЗданиЕ)Жарко КујунџискиНајдено-загубено е роман за љубовна врска распливната низ три географски коти Скопје, Софија и лондон. Како размислуваат еден дечко и една девојка, едниот во лондон, другиот тука, во Скопје, откако врската ќе заврши. Дали откако еднаш се нашле па се загубиле, може одново да бидат едно исто, како некогаш. најденозагубено дефитивно ќе се најде меѓу книгите со уникатен начин на читање. Со овој роман Кујунџиски ја комплетира својата „љубовна трилогија“.година на прво издание 2010 // Број на страници 128 // Димензии 13х20 // ISBN 9786084507208 // Препорачана цена 200
13Жарко КујунџискиКнигата 13 е скапоцена збирка од 15 раскази. Секое дело е ново изненадување. високиот квалитет на расказите е потврден со тоа што половината се наградени на литературни конкурси, а другата половина се избрани во голем број антологии во светот и во Македонија.година на прво издание 2010 // Број на страници 144 // Димензии 13х20 // ISBN 9786084507222 // Препорачана цена 200
Spectator (V иЗданиЕ) Жарко КујунџискиSpectator е единствен дебитантски роман во современата македонска книжевност со пет изданија. Првата вистински урбана книга која пренесува машкоженски ситуации од 12 европски града, меѓу нив и Скопје, но блиски на сите луѓе на светот. година на прво издание 2010 // Број на страници 128 // Димензии 13х20 // ISBN 9786084507185 // Препорачана цена 300
18
made in macedonia
куќичка За ПтиЦи-ПрЕсЕлниЦи
Ѓоко здравескиПродолжува свежината на поезијата од претходната книга. академик Ќулавкова вели „Книгата Kуќичка за птици-преселници, инаку второ поетско дело на младиот поет Ѓоко здравески, е составена од песни и поетски записи што во себе ја носат тегобноста на одмаздата кон просторот, тегобноста на патувањето, на преселникот што, уморен од премостувањето на границите, ја изгубил волјата за патување, па се вдал во една потрага по пронаоѓање на својот мир, налик на влевањето на реката во морето, налик на соединувањето на атманот со брахманот.“година на прво издание 2013Број на страници 64Димензии 10x20ISBN 9786084507833Препорачана цена 200
ПалиндрОм сО двЕ нЃоко здравескиПрекрасна збирка, нешто како обнова на едноставниот, а длабок спој на љубовта и поезијата на македонски јазик. Тематската оригиналност и свежина, композициската конзистентност, поетичката самосвест и јазичностилската доследност нè уверуваат дека излегувањето од печат на дебитанскиот поетски ракопис на Ѓоко здравески е значаен влог за стапувањето на најновата македонска поетска генерација на книжевната сценагодина на прво издание 2010 // Број на страници 48 // Димензии 10x20 // ISBN 9786084507314 // Препорачана цена 150
нОмадска дуШаМарина Мијаковска
Номадска душа на Марина Мијаковска несомнено, ќе даде свој оригинален придонес во развојот на женското поетско писмо кај нас. Средбата со овие емотивни, лирски стихови, тој „ковчег од зборови“, нема да го остави рамнодушен читателот. веќе со својата прва книга стихови, Мијаковска се наметнува како авторка која успева да оствари високи естетски квалитети а, едновремено, да понуди и вистинско уживање.година на прво издание 2010 // Број на страници 64 // Димензии 10x20 // ISBN 9786084507215 // Препорачана цена 150
Потпомогнато
Потпомогнато
19
made in macedonia
ќЕ Мане МанушевСе раѓа ново поетско име кое се истакнува со храброста и урбаноста да се создава Песна директно од под оџаите на велешката топилница, од над асфалтот кој зрачи со тешка опасност. Каква литературна реткост. Поезијата на младиот поет Манушев доаѓа како молскавица, жесток изблик на понорница на карпа. Со премногу вистина во стихот. Со крик на парадокост на реалноста низ поетската форма но современа и бескомпромисна.година на прво издание 2013Број на страници 64Димензии 10x20ISBN 9786084507765Препорачана цена 200
иЗлОЖбаЈана лозаноска
„Оваа поезија совршено го отсликува Човекот, патот до возвишеноста, автономијата на духот и безграничната љубов, како пулсираат моќно на врвот, диплејќи го небото околу себе, со орел кој исцртува вечни кругови на трансцеденталното небо а стравот за навек исчезнува.“, напиша др Маја Мухиќ во поговорот. година на прво издание 2011 // Број на страници 48 // Димензии 10x20 // ISBN 9786084507451 // Препорачана цена 150
За ситЕ ОвиЕ ГОдиниСнежана СтојановаКнигата За сите овие години е дебитантска поетска објава на Снежана Стојанова, поет од македонската дијаспора. во делото се поместени четириесетина дела пишувани во различни периоди, во кои може да се прочита родокрајна поезија но и песни во чест на неповторливиот глас на Тоше Проески.година на прво издание 2010Број на страници 48Димензии 10x20ISBN 9786084507420Препорачана цена 150
Потпомогнато
20
made in macedonia
ПрОдОлЖЕнО ОбраЗОваниЕСотир РистоПрочитајте како македонски писател од Мала Преспа, албанија, вешто ги комбинира Сартр и Ками со Буковски и Селин. возбудлива авантура на човек кој е постојано и од сè незадоволен. Дали на внатрешниот немир ќе најде барем малку спокој во стварноста.година на прво издание 2009 // Број на страници 128 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507130 // Препорачана цена 190
нај-кратки раскаЗианета Попова
Колку најкраток може да биде еден расказ а сепак во него да се раскажува интересен и впечатлив настан. анета Попова е една од првите жениавторки кои објавија храбра книга микрофикции.година на прво издание 2009 // Број на страници 159 //Димензии 16x17 // ISBN 9786084507048 //Препорачана цена 200
ГЕОГрафија на малЕнкОстаацо гоговако имате потреба од книга која ќе внесе малку потребен мир и хармонија со секој збор, тогаш одберете ја Географија на маленкоста. Расказите се како неопходна и медитативна дневна доза опуштање.година на прво издание 2009 // Број на страници 64 // Димензии 13x20 // ISBN 9786084507178 // Препорачана цена 150
ЕдинствЕн матичЕн брОјацо гоговДел од мислењата на читателите:„Субјектите, сведени на матични броеви и фотографии за лични карти и понатаму ќе ги раскажуваат своите приказни.“ С. гаџова„Благодарение на Единствен матичен број добиваме спокојни читателски средби со топлиот и непосреден раскажувачки глас на гогов.“ в. Мартиновскигодина на прво издание 2012 // Број на страници 94 // Димензии 12х17 // ISBN 9786084507178 // Препорачана цена 200
Потпомогнато
Потпомогнато
21
made in macedonia
нОЖ и ПЕрдувДимитри Соле Љубин Љубовта во овој роман „вреска“ од секоја негова страница. Оваа книга е таква. Подарок за душа. а не ви е ни роденден. го спојува прозниот и поетскиот дискурс, што му дава карактеристичен белег на раскажувањето и на водењето на приказната. една од најпродаваните книги од млади автори. година на прво издание 2010 // Број на страници 128 // Димензии 13х20 // ISBN 9786084507277 // Препорачана цена 200
ПрикаЗни За трЕвитЕ Живко грозданоски
„најжално е тоа што луѓето книгите најчесто не ги читаат, не ги знаат, не ги ни гледаат, ниту ги допираат. а книгите се како девојките. најжално нешто што може да им се случи е никој да не ги допира, никој да не ги отвора. а толку убаво мирисаат.“ е цитат од книгата што треба да ги надразни сетилата за читање.
година на прво издание 2011 // Број на страници 158 // Димензии 12х17 // ISBN 9786084507444 // Препорачана цена 200
ПрикаЗни За авГустДејан велкоскиКнига со која авторот ѝ предожи брак на својата девојка. Цел еден роман напишан за само една личност.„Можам да ви зборувам за техниките што ги користи велкоски при пишувањето. Можам да ви кажам дека станува збор за префинето писмо на еден школуван млад автор кој ветува. ама, што фајде од тоа. Сето тоа е само обична форма во однос на она што во суштина претставува оваа книга. а тоа е – љубов.“, напишал рецензентот.година на прво издание 2010 // Број на страници 64 // Димензии 10х15 // ISBN 9786084507420 // Препорачана цена 150
ситЕ тиЕ краЕвиБранислав Ѓорѓевски
Критичната авторска појава на Ѓорѓевски е обележана со раскази од кои зрачи елоквентност и храброст да се отворат теми што секој ќе го заинтересира. Маалски фраери, општествени фалинки, младешки главоболки, бркање девојки.
година на прво издание 2012 // Број на страници 94 // Димензии 12х17 // ISBN 9786084507673 // Препорачана цена 200
Потпомогнато
22
made in macedonia
мОјОт ПОртрЕтникола Кујунџиски
„никола Кујунџиски (1920, Пехчево 1997, Куманово) една несекојдневна личност на полето на уметноста, не само на овие наши простори, туку и пошироко. во текот на целиот живот освен прекрасни фотографии (над петстотини уметнички фотографии со седум самостојни изложби и десетина групни) создава и стихови, песни со различен тематски опсег, „своја, оригинална и оригинерна поезија“, како што соопштува во оваа своја втора објава (по првообјавената збирка Мојата роднокрајна природа).
година на прво издание 2010Број на страници 64
Димензии 10x20ISBN 9786084507253
Препорачана цена 130
хаику
ПатОтБорис Митковски120 православни хаику.„Ова што е во нашите раце е грст литании на мигот што имаат сила да нè пренесат во мистичните простори на срцето, евклидовски простор кој, само во една педа, бесконечен број пати го содржи растојанието од Куманово до Струмица и назад и, уште толку пати, растојанието од Македонија до авганистан и назад... пат што најпрецизно се мери само со солзи и со насмевки.“
Митрополит Методиј Златановгодина на прво издание 2013Број на страници 128Димензии 10х20ISBN 9786084507772Препорачана цена 200
23
хаику
сОнЦЕ и мЕсЕчинаалександар КујунџискиХаикуто од оваа книга ги фаќа како со мрежичка со која ловат пеперуги и ги преточува во поетски саторимоменти, сменувањето на денот и ноќта. во сите појави во природата едноставно се исцртува вечната борба на Јин и Јанг, на светлината и темнината.година на прво издание 2013 // Број на страници 32 // Димензии 10х20 // ISBN 9786084507345 // Препорачана цена 150
стОалександар КујунџискиСтотата јубилејна книга на александар Кујунџиски е со наслов 100 и има двојна симболика: го означува бројот на неговите досега објавени книги со оригинални творби (не сметајќи ги преводните дела и составуваните и подготвуваните антологии) и донесува 100 кратки хаикутворби наменети за сите генерации почитувачи на пишуваниот збор.година на прво издание 2008 // Број на страници 32 // Димензии 10х20 // ISBN 9789989266270 // Препорачана цена 100
ха и куалександар КујунџискиЈапонската кратка форма наречена хаику на македонски начин. Како да се раскаже цел роман во само три стиха. во книгата ќе најдете 150 песни со дејство на капка мастило падната на хартија, колку и да е мали има дејство на допир со бескрајот.година на прво издание 2010 // Број на страници 32 // Димензии 10х20 // ISBN 9786084507239 // Препорачана цена 100
Гулаби над фуџиалександар Кујунџискина пауза, меѓу две обврски, пред спиење, веднаш по будење, дајте си мала оддишка со еднодве хаику. Овие кратки творби имаат моќ да внесат нова свежина во денот и ноќта.година на прво издание 2011 // Број на страници 32 // Димензии 10х20 // ISBN 9786084507338 // Препорачана цена 150
ЦрЕШар врЗ сливаалександар КујунџискиШто мислите, дали може една единствена птица, наречена црешар, и нејзиниот песнопој, да го инспирираат авторот да напише повеќе од сто оригинални хаикутристишја.година на прво издание 2012 // Број на страници 32 // Димензии 10х20 // ISBN 9786084507321 // Препорачана цена 150
24
1 книга - 21 јазик
сакам книГаалександар Кујунџиски
Прекрасен избор од богатото творештвото на еден од најреномираните писатели за деца во Македонија. Топли раскази, песни, сказни и драматизации во кои ќе ужива секое дете од предучилишна и рана училишна возраст. Објавена во Библиотеката „Мозаик“, под уредништво на вилма венковскаМилчев, директор на Образовната програма при невладината организација Потрага по заедничка основа. Сакам книга е македонскиот, односно првиот, дел од масивниот издавачки проект со наслов „1 книга - 21 јазик“.
Aleksandar Kujunxiski Dua libër (2006) албански
Aleksandar Kujunciski Kitap Istiyorum (2006) турски
Aleksandar Kujundžiski Mangava lil (2006) ромски
александар Кујунџиски Хоћу књигу (2007) српски
Alexandar Kujundžiski Voi carti (2007) влашки, аромански
Aleksandar Kujundžiski Volim knjigu (2009) босански, бошњачки
Aleksandar Kujundžiski Želim knjigu (2010) црногорски
Aleksandar Kujundžiski Ich liebe das Buch (2009) германски
Aleksandar Kujundžiski Zavolih knjigu (2009) хрватски
Aleksandar Kujundžiski Ljubim knjigo (2009) словенечки
година на прво издание 2006 // Број на страници 48 // Димензии 17x24 // ISBN 9789989260397 // Препорачана цена 150
25
во ливадите на детството
стариОт кОвчЕГ Михо атанасовскиКнигата Стариот ковчег донесува стотина досега необјавени песни од оставнината на Михо атанасовски, еден од најголемите македонски писатели за деца и возрасни. Песните се кратки, повеќето од нив и шеговити, а се сите незаборавни и впечатливи по својата модерна поетика и бујна фантазија.година на прво издание 2010Број на страници 128Димензии 15х20ISBN 9786084507246Препорачана цена 200
ПрикаЗната За вилхЕлм тЕл
Јирг ШубигерОваа книга е добитник на швајцарската награда за книга за млади во 2005 година и напишана врз основа на легендата во која вилхелм Тел е пандан на Крале Марко во македонскиот фолклор. авторот Шубигер добил многу награди, меѓу кои и престижната „Ханс Кристијан андересен“ во 2008 година, како и наградата за литература за млади на германија во 1996 година, токму за оваа прекрасна книга за деца што треба да ја прочитаат и родителите.
година на прво издание 2011Број на страници 96
Димензии 12х17ISBN 9786084507437
Препорачана цена 200
Потпомогнато
Потпомогнато
26
јас - дЕдО мраЗ александар Кујунџиски
Книгата е со новогодишни содржини, исполнети со хуморот и ведрината кои, како новогодишни прскалки, зрачат и светнуваат од секоја нејзина страница, дело кое освои голем број читатели од предучилишна и рана училишна возраст.
година на прво издание 2009 // Број на страници 32 // Димензии 17x24 // ISBN 9786084507147 // Препорачана цена 100
во ливадите на детството
брОЕви-рОЕвиалександар КујунџискиКратки приказни и брзозборки, при што на секоја страница е претставена уште една нова игра со броевите. И оваа сликовница целосно се вклопува во мисијата што ја извршува: да ги разоноди и поучи децата од најмала возраст полесно и побрзо да ги запознаат броевите. втор дел од едицијата „Моите први книги“.година на прво издание 2004 // Број на страници 32 // Димензии 21x21 // ISBN 9789989218706 // Препорачана цена 100
букви, укви, квиалександар Кујунџиски
Кратки приказни и брзозборки, при што на секоја страница е претставена уште една македонска буква. Сликовница која соодветствува на возраста на која е наменета: децата кои со голема страст и заинтересираност влегуваат во дворецот наречен азбука, а паралелно со тоа и во светот на самостојно, првопрочитаните книги. Трет дел од едицијата „Моите први книги“.година на прво издание 2004 // Број на страници 32 // Димензии 21x21 // ISBN 9789989218706 // Препорачана цена 100
мОи бОиалександар КујунџискиКратки приказни и брзозборки, при што на секоја страница е претставена една од боите. Сликовницава е наменета за децата од предучилишна возраст, за идните, но и за сегашните првачиња. Ќе им помогне полесно да ги научат и распознаваат боите, а на страниците за боење и практично да ги употребат. Прв дел од едицијата „Моите први книги“.година на прво издание 2004 // Број на страници 32 // Димензии 21x21 // ISBN 9789989218706 // Препорачана цена Распродадено
27
во ливадите на детството
ЖивкО ПавлОвСмеаториум (2000)
џЕси блЕјЗСузан (2008)
ЖаркО кујунџискиЕндрју, љубов и други
непогоди (2004)
ЗбОрчиња-иЗвОрчиња александар КујунџискиПесни за деца од онаа најмала возраст, од кои некои се веќе компонирани за интерпретација на фестивалите на детски песни, значи – песни и за пеење и за рецитирање.година на прво издание 2010 // Број на страници 48 // Димензии 15x21 // ISBN 9786084507376 // Препорачана цена 150
и Од ПилЕ млЕкОалександар Кујунџиски
Издание какво што досега не е публикувано кај ниту еден издавач во Република Македонија, а можеби и во пошироките простори на книгоиздателската продукција. Благодарение на сестраноста на авторот, кој пишува дела од сите литературни родови, и речиси од сите литературни видови во оваа збирка се содржани, всушност, седум мали книги: книга со раскази, книга со песни, книга сказни, книга со басни, книга со гатанки, книга со пиеси и книга со краткозборки (прашанкидосетки, брзозборки, скривалкидополнувалки и афоризми пораки).
година на прво издание 2007 // Број на страници 192 // Димензии 17x24 // ISBN 9789989266225 // Препорачана цена 300
ПрирОдО, љубОв мОја!автор александар Кујунџискизбирката Природо, љубов моја! од александар Кујунџиски – како што кажува и самиот наслов – е целосно посветена на природата и грижата кон неа, со која авторот е комплетно поврзан. Овој голем вљубеник во пишуваниот збор – како негова професија, и во природата – како негова опсесија, со Природо, љубов моја!, гледано од содржински и од жанровски аспект донесе и внесе во македонската литература за деца едно навистина раскошно издание. Препорачан прирачник во наставата и четиво што треба да го има за себе секое дете при своето градење како личност.година на прво издание 2000 // Број на страници 64 //Димензии 17x25 // ISBN 9789989992657 // Препорачана цена 150
ГнЕЗдО Од бЕтОналександар Кујунџиски
Песни за деца на теми на кои досега воопшто не се напишани стихови и кои се сметале за табу теми за генерациите, меѓутоа денешните деца многу пати се опседнати, погодени и имаат желба да дознаат нешто повеќе и за тоа и да се соочат со ситуацијата. на пример, сексуално образование, развод, пијанство, наркоманија и сл.
година на прво издание 2010 // Број на страници 48 // Димензии 15х21 // ISBN 9786084507406 // Препорачана цена 150
Потпомогнато
28
како и
алЕксандар кујунџискиЧисти артисти (2000)Надојдени реки (2002)
Одлична единица (2005)Новогодишна честитка (2005)
Распеани песни (2006)Сцени и сценарија (2006)
Разбој-разнобој (2006)Нова планета (2006)
Еколошки сказни (2006)Весело летување (2007)
Моите (не)напишани романи (2007)Дедо Мраз, Дедо Врелчо, Снешко Црнчо и
Снешко Белчо (2007)Шах-мат торта (2007)Спомен среде срце (2007)Нека ечат песни (2008)
Расцветани сказни (2009)
ЖивкО ПавлОвСмеаториум (2000)
џЕси блЕјЗСузан (2008)
ЖаркО кујунџискиЕндрју, љубов и други
непогоди (2004)
29
Издавачката куќа Антолог го издава Репер, списанието за креација и рекреација, првиот специјализиран електронски неделник кој ја претставува и промовира целокупната креативност од територијата на Македонија, дома и во светот. Првиот број на www.reper.net.mk е објавен во март 2008 година.
30
ул. „Киро Димушков“ бр. 40б1000 Скопје
Република Македонија
+389 2 3065 843+389 2 2670 379+389 70 778 007+389 70 713 174
skype izdavac_antolog
http://www.facebook.com/antolog
жиро сметка 300000003188135Депонент на Комерцијална банка а.д.
единствен даночен број5038010500180
Основачалександар никола Кујунџиски
Главен и одговорен уредникЖарко Кујунџиски
antolog@gmail.com
извршен уредниквалентина Костова
kostova.antolog@gmail.com
редакцијаЃорѓи Крстевски
Иван антоновски
лекторКристина велевска
Каталогалександар Ковачевски
Дизајнана андроска
ненад Јолдевскиалександар Ковачевски
Правна службазлатко Кујунџиски
31
top related