ciklusi na voda i gasovi

Post on 27-Jul-2015

188 Views

Category:

Education

0 Downloads

Preview:

Click to see full reader

TRANSCRIPT

Изработил: Леков Влатко

Растенијата во циклусите на водата и гасовите

Изработил:Леков Влатко

Кружење на водата

• Околу 2/3 од целата површина на Земјата е покриена со течна вода.• Таа вода постојано испарува и во вид на водена пареа оди во

атмосферата.• Водена пареа,исто така,се испушта од лисјата на растенијата низ

процесот транспирација.• Транспирацијата е исклучително важен пат по кој водата стигнува

во атмосферата.• И со дишењето на сите други организми се испушта водена пареа.• Водената пареа,во студената атмосфера се кондензира-повторно

се претвора во капки течна вода од кои се формираат облаците.• Доколку е температурата многу ниска,капките се смрзнуваат во

вид на кристалчиња.• Целата таа вода од облаците паѓа на површината на Земјата во

вид на дожд или снег.

Кружење на водата

Кисели дождови

• При согорувањето на јагленот,природниот гас и нафтата во атмосферата се испуштаат отровни гасови.

• Овие гасови одат во атмосферата каде што се раствораат во водата во облаците.

• Во облаците,таа вода се претвора во кисел раствор.

• Еден облак што примил отровни гасови,опасниот кисел дожд што го содржи,може да го пренесе многу километри подалеку од загадувачот и да оштети (отруе)растенијата на голем простор.

Отровните гасови се опасни за растенијата,животните и за човекот доколку ги вдишува подолго време и предизвикуваат настинка,бронхитис и астма.Киселиот дожд ги оштетува дрвјата.Кога ќе заврне кисел дожд во планините,тој уништува најголем дел од дрвјата во шумите по планините.Исто така,киселиот дожд ги труе и рибите во реките во тие планини .За да ги заштитат своите шуми,луѓето поставуваат специјални филтри на индустриските постројки,со кои го намалуваат испуштањето на штетните гасови и чадот во атмосферата.

Јаглеродниот диоксид го примаат зелените растенија од воздухот,а во воздухот го враќаат сите живи организми,Јаглеродниот диоксид се испушта во атмосферата и со процесите на горење ,и од индустриски постројки со другите индустриски гасови.Растенијата го примаат и го користат јаглеродниот диоксид од воздухот кога вршат фотосинтеза.Тие тогаш создаваат храна-шеќер.Растенијата го примаат дење,бидејќи за овој процес им треба сончева енергија.При разградувањето на храната се ослободува енергија за потребите на организмот,а како продукт се добива,покрај другите материи и јаглерод диоксид.Тој се испушта во воздухот низ процесот дишење.Значи,сите живи организми,вклучувајќи ги и растенијата,го испуштаат јаглеродниот диоксид во воздухот.Тој се испушта во воздухот и при процесите на согорување на сите горива.

Кружење на јаглерод диоксид

Циклус на јаглерод диоксид

Кружењето на јаглеродниот диоксид,во природата е непречен и постојан процес.Овој процес во природата би требало да е во рамнотежа.Но,човекот ја нарушуваа оваа рамнотежа со согорување на се повеќе горива,поради што количината на јаглероден диоксид во воздухот постојано расте.Јаглеродниот диоксид сега има улога слична на стаклото во стаклената градина.Тој ги пропушта сончевите зраци,но не дозволува топлината да ја напушти атмосферата.Така,површината на Земјата станува се потопла.Ова е наречен ефект на ‘’стаклена градина ‘’.Овој ефект е опасен,бидејќи вакво глобално затоплување можеда предизвика топење на поларните ледени капи.Со тоа би се покачило нивото на светскиот океан,а тоа бипредизвикало катастофални поплави.Меѓу другото,многу од големите градови би биле потопени.

Ефект на ‘’стаклена градина‘’

Ефект на ,,стаклена градина’’

Озонска дупка

Нашата планета е обвиткана со озонски слој кој го заштитува животот на Земјатаод многу силното сончево зрачење.Меѓутоа,поради прекумерното повеќедецениско загадување на воздухот со индустриски гасови,пожари и друго,озонскиот слој е истенчен.Во северната хемисфера озонскиот слој е премногу истенчен,така што е наречен ,,озонска дупка‘’.

Истенчување на озонскиот слој

Ви благодарам на вниманието!

top related