istrazuvanje - korupcija vo politika i politicki partii vo makedonija

Post on 22-May-2015

673 Views

Category:

News & Politics

7 Downloads

Preview:

Click to see full reader

DESCRIPTION

Истражување за перцепцијата на граѓанite за постоење на корупција во политиката и политичките партии во Македонија. Проект реализиран во соработка со Државната Комисија за спречување Корупција и Мисијата на ОБСЕ во Македонија.

TRANSCRIPT

Презентација на резултатиСептември 2013

Цел на истражувањето

• Примарна цел на истражувањето беше да се определат нивото и формите на корупција во политиката во земјата врз основа на перцепцијата на граѓаните за нејзината распространетост и да се дознаат проценките на граѓаните за ефикасноста на надлежните институции во нејзиното спречување

Методологија

• Телефонско интервју со 1080 граѓани на Република Македонија врз основа на репрезентативен примерок од полнолетното население

• Период на анкетирање: 01 – 05 Јули 2013 година

• Опфат: 8 региони и сите 81 општини во Р. Македонија

• Примерокот е репрезентативен по пол, возраст, етничка припадност, место на живеење и образование на испитаниците

2/31

• Распространетост на корупцијата во системот

• Перцепција за распространетост на корупцијата во политичките партии

• Корупција во време на избори

• Корупција кај централната и локалната власт

• Перцепција за однесувањето на носителите на јавни функции

• Оценки за ефикасноста на субјектите и институциите кои имаат надлежност за спречување и казнување на корупцијата во политиката

• Оценки за резултатите од борбата за спречување на корупција во политиката во изминатите 4 години

33/31

Колку според вас, корупцијата е присутна во секој од наведените сегменти на системот во Република Македонија?

44/31

Колку според вас, корупцијата е присутна кај политичките партии?

* Според членување во политичка партија

55/31

•Според истражувањето на Transparency International во дури 51 од 107 држави, политичките партии се перцепирани како најкорумпирана институција во општеството•Според ова истражување, 68% од испитаниците во нашата држава одговориле дека политичките партии кај нас се корумпирани или многу корумпирани

6/31

77/31

Дали партиите кога се на власт го заштитуваат пред се:

* Според етничка припадност на испитаниците

88/31

Дали сметате дека е присутно нелегално финансирање на политичките партии?

* Според степен на образование на испитаниците

99/31

Колку е раширена практиката партиите да се финансираат за да се добие противуслуга од нив?

* Според степен на образование на испитаниците

1010/31

Дали би рекле дека финансирањето на партиите за изборните кампањи е:

1111/31

Сите групи на испитаници без разлика на пол возраст или етничка припадност го делат истото мислење односно нема разлика меѓу нивните одговори. Повторно се потврдува дека понегативен однос имаат граѓаните од повисоките социјални слоеви, со повисоко образование и примања

Колку во изборите во Македонија е присутна корупцијата (купување) на гласачкото тело?

* Според етничка припадност на испитаниците

12/31

1313/31

1414/31

Колку според вас, корупцијата е присутна во Владата на Република Македонија?

* Според етничка припадност на испитаниците

1515/31

1616/31

Колку според вас, корупцијата е присутна кај локалната власт?

* Според региони

1717/31

Column1Многу Средно Малку

Нема корупција

Не знам / Б.О.

Североисточен

52.9% 30.6% 4.7% 8.2% 3.5%

Источен 44.3% 27.4% 17.0% 9.4% 1.9%

Југо источен 41.5% 36.2% 8.5% 8.5% 5.3%

Скопски 50.7% 26.2% 9.9% 7.9% 5.3%

Полошки 49.4% 29.1% 17.1% 2.5% 1.9%

Пелагониски 58.4% 23.4% 7.3% 8.8% 2.2%

Вардарски 52.5% 28.8% 7.5% 8.8% 2.5%

Југозападен 43.9% 27.6% 15.4% 8.9% 4.1%

Колку од луѓето на власт ја искористуваат власта за свој личен интерес?

* Според етничка припадност на испитаниците

1818/31

Колку од луѓето на власт земаат поткуп?

* Според степен на образование на испитаниците

1919/31

Колку од луѓето на власт се однесуваат како недопирливи за законот и надлежните органи?

* Според степен на образование на испитаниците

2020/31

Колку од луѓето на власт доверената работа ја вршат исклучиво во јавен интерес?

* Според етничка припадност на испитаниците

2121/31

Дали, споредено со претходниот период, денес кај нас етичките (моралните) стандарди од страна на носителите на јавни функции се почитуваат:

2222/31

Колку од луѓето на власт реално ја прикажуваат својата имотна состојба?

2323/31

Колку од луѓето на власт се трудат да бидат позитивен пример во својата работна и приватна средина?

2424/31

Slide25/33

Колку од луѓето на власт:

25/31

Кој од следниве органи може најмногу да придонесе за спречување на корупцијата во политиката:

2626/31

Дали според вас корупцијата во политиката, споредено со периодот од пред 4 години е:

* Според етничка припадност на испитаниците

2727/31

• Истражувањето ги потврди констатираните ризици од политичка корупција во Република Македонија во Државната Програма за превенција и репресија на корупцијата и на судирот на интереси 2011-2015 година.

• Според перцепцијата на граѓаните постои широко распространета корупција во политичките партии и во институциите на централната и на локалната власт.

• Политичките партии во Македонија (како што е тоа случај и во сите земји од регионот но и пошироко во светот) од страна на граѓаните се перципирани како институции во кои е широко распространета корупцијата.

2828/31

• Само 10% од граѓаните сметаат дека додека се партиите на власт ги штитат интересите на граѓаните, 24% сметаат дека тие ги штитат интересите, пред сè, на богатите спонзори а 43% дека го штитат само тесно партискиот интерес.

• Според анкетираните граѓани постои раширено убедување дека главен мотив за финансирање на партиите е добивањето против услуга од нив.

• Две третини од анкетираните сметаат дека нелегалното финансирање на партиите во земјава е широко распространето.

2929/31

• Над 56% од граѓаните сметаат дека финансирањето на изборните кампањи во Македонија е главно или целосно нетранспарентно и нелегално, а повеќе од две третини или 68% оценуваат дека партиите прилично или многу користат пари за корупција на избирачите.

• Впечатокот за високото ниво на нелегално финансирање на политичките партии кај испитаниците е директен резултат на фактот што е низок степенот на транспарентност на финансирањето и финансиското работење на политичките партии.

• Перцепцијата на анкетираните граѓани за моралот и однесувањето на носителите на власта е неповолна.

3030/31

• Секој петти испитаник е убеден дека никој не може да ја спречи политичката корупција во Македонија.

• Мерењето на перцепцијата за ефикасноста во борбата за спречување на политичката корупција покажа дека 40% од анкетираните веруваат дека денес има помалку политичка корупција отколку пред 4 години. 32% се убедени во спротивното, односно дека има повеќе корупција отколку пред 4 години и 26% сметаат дека нивото на политичката корупција не се променило во изминатите 4 години.

• Истражувањето потврди дека при оценката за успешноста за справувањето со корупцијата се добиени партиски конотирани одговори. Имено членовите на политичките партии изјавиле дека состојбата е подобрена, додека оние што не се членови на политичка партија одговориле дека состојбата е влошена. Истражувањето во целина покажа дека анкетираните граѓани од кои 29% се членови на политичките партии немаат добро мислење ниту за партиите ниту за повеќето од лицата кои се носители на јавни функции. Клучниот наод се однесува на нискиот морал, високо ниво на распространетост и неказнивост на политичката корупција, и ниската доверба дека постојат ефикасни мерки за нејзино спречување.

3131/31

top related