solidcam mill

Post on 16-Nov-2014

282 Views

Category:

Documents

11 Downloads

Preview:

Click to see full reader

TRANSCRIPT

1

Во овој туторијал се објаснети основните концепти кои се користат во cavity machining праксата за да ве запознае со корисничкиот интерфејс на SolidCam и да претстави некој од најчесто користените стратегии.

Основи на SolidCAM Секој CAM проект во SolidCAM ги содржи следните податоци: CAM-Part Дел

Ги дефинира основните податоци за работното парче, и тоа: името на моделот, референтната точка, податоци за алатите, видот на CNC- контролер, и др.

Geometry Геометрија

Со селектирање на ивици, криви, површини или цврсти тела се дефинира ШТО и КАДЕ ќе се обработува. Геометријата е поврзана со моделите кои се генерирани во SolidWorks.

Job Обработка

Претставува секоја поединечна операција на обработка. Со дефинирање на алатот и стратегијата на обработка се дефинира КАКО ќе се обработува

2

За да се вчита делот се одбира командата Open од SolidCAM менито кое се додава на стандарднотои главно мени на SolidWorks после инсталацијата на SolidCAM.

Се избира CAM-делот Cavity.prt. Оваа датотека го содржи податоците за CAD моделот од алат за лиење изработен во SolidWorks кој се најдува во директориумот...\user\ после стандардната инсталација.

Откако CAM-делот ќе се вчита, на левата страна на екранот се покажува SolidCAM Manager -от

3

SolidCAM Manager ни овозможува комплетен преглед на сите неопходни информации и компоненти за CAM делот што се изработува.

CAM-Part header Овозможува да го контролираме

дефинирањето на САМ делот. Во средни загради се прикажува името на активниот дел.

4

Tool header Овозможува работење со датотеките за алати – Tool Tables. Ако е вчитана ваква датотека, нејзиното име е прикажано во средни загради.

Machining Process header

Овозможува работење со претходно параметарски предефинирани процеси на машинска обработка.

Geometries header

Овозможува прикажување и работење со претходно избрани геометрии. Со клик на "+" иконата се прикажуваат геометриите кои не се употребени.

Jobs header Овозможува дефинирање на поединечни операции на обработка

SolidCAM користи координатен систем кој се разликува од координатниот систем на SolidWorks. Овој координатен систем е многу посоодветен при обработката на делот на CNC машини и кај него Z оската е ориентирана нагоре.

Исто така, за да се овозможи поедноставно работење со погледите, се користи CAM views toolbar-от.

Референтната точка (Home position) која се прикажана на сликата ја дефинира почетната точка за сите операции на обработка за активниот дел

5

Слично како и кај сите Windows програми и кај SolidCAM има On-Line Help до кој се стигнува со клик на главното мени од SolidWorks.

6

Со десен клик на Jobs полето во SolidCAM Manager може да се одбере опцијата Simulate со која се покажува Simulation control panel и е овозможена симулација на операциите на обработка креирани за активниот САМ дел.

7

Со овој панел може да се одбере кој мод на симулација ќе се користи, да се одберат параметрите за избраниот мод, и да се одбере соодветна визуелизација на патеките на алатот.

Со клик на play може да се види симулацијата во Host CAD(SolidWorks) прозорецот.

Во Simulation Control panel, можат да се изберат и други разни начини на прикажување на симулацијата кои се разликуваат меѓу себе. На пример ако преминеме на VerifyPlus модот овозможено е симулирање на обработката.

8

Во Simulation control panel, со клик на иконата може да се видат симулациите на сите машински операции една по една: груба обработка, дополнителна обработка, и завршна обработка. На тој начин се добива комплетен приказ на изработениот дел и каракетристиките на секоја операција на обработка. Пример бр. 2: Алат за лиење Во овој пример ќе бида илустрирана примената на софтверот SolidCAM кој е интегриран CAM-модул во SolidWorks и кој овозможува едноставна обработка на сегментот од алатот за лиење прикажан на сликата.

9

Овој модел ќе биде изработен со 2 операции: • Груба обработка со која блокот претходно ќе се обработи со

движења паралелни на контурата, во неколку последователни обработки со различна длабочина.

• Завршна обработка кај која се применува линерална стратегија на обработка под агол од 45 степени.

Вчитување на моделот Се одбира File>Open команадта во SolidWorks менито за да се вчита датотеката Mold_Insert.SLDPRT. Оваа датотека го содржи моделот на сегмент од алат за лиење и се наожа во директориумот ...\user\ ако се користени стандардните опции при инсталирање. Стартување на SolidCAM Со клик на SolidCAM опцијата во главното мени на SolidWorks и избор на Milling од New подменито се генерира нов SolidCAM дел кој ќе се изработува со глодање.

10

Дефинирање на нов САМ-Part Потребно е да се специфицираат сите детали за CAM-делот во CAM-Part data dialog. Најчесто се одбира исто име со името на SolidWorks моделот, но ако сакаме можеме по желба да го промениме името. Во оваа вежба оставено е истото име mold_insert и е потврдено со клик на OK копчето. После оваа операција се активираат полињата во долниот дел на CAM-Part Data формата. Во позадина SolidCAM ја генерира датотеката mold_insert.prt и поддиректориумот MOLD_INSER во директориумот C:\Solidcam2000\user . Директориумот MOLD_INSERT ги содржи сите потребни датотеки кои SolidCAM ги користи при изработката на делот.

11

SolidCAM исто така го копира оригиналниот SolidWorks модел во овој директориум и креира SolidWorks склоп кои има исто име со CAM-Делот: mold_insert.sldasm . Овој склоп се состои од две компоненти:

• DesignModel.sldprt – копија од SolidWorks моделот. • CAM.sldprt ги содржи сите геометриски SolidCAM податоци.

Отако CAM-делот ќе се генерира на левата страна од екранот се појавува SolidCAM Manager на местото од Feature Manager design tree од SolidWorks. По потреба корисникот може лесно да преминува од едниот на другиот Manager. Корисникот исто така може да ги раздели страните на кои истовремено ќе се прикажуваат и двата manageri со помош на стандардниот SolidWorks splitter.

12

Дефинирање на почетната точка - Home position За модели кои се обработуваат само од една (горната) страна потребно е checkbox-от на Multi-Sided home да не биде селектиран како што е прикажано на сликата.

13

Се кликнува на Define Home копчето на CAM-Part Data dialog формата, за потоа да се прикаже The Pick Home Origin dialog-от.

За да се продолжи потребно е да се проемени ориентацијата на моделот. Потребно е да се нагласи дека координатните системи на SolidWORKS и SolidCAM се различни поради тоа што при обработката на CNC машини згодно е Z оската да е поставена нагоре.

Координатен систем на

SolidWorks Координатен систем на CNC

машина

14

Со примена на CAM views toolbar-от промени ја ориентацијата на моделот.

Со клик на CAM Isometric иконата ; моделот ќе се заротира, а потоа премести го курсорот на горнит лев агол од моделот како што е прикажано на сликата, селектирај го и со тоа тој станува почетна позиција за моделот.

Со кликнување на Finish копчето од Home диалогот се потврдува селектирањето на почетната точка.

15

Дефинирање на нивоата за машинска обработка Потребно е претходно да се внесат следните параметри

• Tool start level to 12 за да се дефинира висината на која се наоѓа алатот пред да започне обработката

• Clearance level to 10 се дефинира висината на која алатот се движи при брзиот од.

Потребно е да се внесат и вредности за горното и долното ниво на машинска обработка. Најпрво се кликнува на на копчето Part upper level и се селектира горната површина на моделот со што е дефинирано горното ниво на обработка Part Upper level.

16

На формата се гледа Z-координатата на селектираната рамнина во диалогот Pick Part Upper level. Сед потврдува со OK. Home Data дијалогот повторно се појавува. Промени ја вредноста на Part Upper level во вредност 5 се цел работниот од на машината да започне 5 mm над површината. На сличен начин се дефинира и долното ниво на обработка. Најпрво се кликнува Part lower level копчето

а потоа се селектира аголот на долната површина на моделот за да се дефинира Part Lower Level. Се потврдува со OK во Pick Part Lower level дијалогот. Потоа пак се појавува Home Data дијалогот.

17

Се кликнува на OK за да се потврди Home data дијалогот, а потоа се зарвора Home Edit дијалогот со клик на Finish.

Формата CAM-Part се појавува повторно. Define the Stock & Target модели Define the Stock моделот и Target моделот се користат за останатите пресметки зна материјалот. Со кликнување на копчето Stock model се покажува дијалогот Stock material.

18

Сега, треба да се избере методот на дефинирање на суровината (stock definition). SolidCAM ни го овозможува тоа на 3 начини: - Дефиниција преку 2D Раб (2D Boundary): може да биде синџир од рабови на моделот или скеч. - Дефиниција преку 3D Модел: оваа опција е корисна за обработка со глодање. - Дефиниција преку Кутија: SolidCAM автоматски ја пронаоѓа областа во облик на кутија која го обиколува моделот. Одберете го режимот на работа Box(Auto) и кликнете на копчето Define за да се избере геометријата на суровината.

19

Прикажан е 3D Box дијалогот.

Најпрвин треба да се дефинира отстапувањето од моделот во XY рамнината. За X+, X-, Y+, Y- внесете 3; Во полето Z+ внесете 5; и во полето Z- внесете 0.

20

Одберете едно од лицата на моделот во областа на приказот. Ќе биде селектиран и осветлен. Ќе биде прикажана рамката на суровината со наведените отстапувања.

Потврдете го 3D Box дијалогот со кликнување на копчето Finish. Ќе биде прикажан дијалогот Geometry name.

Во овој дијалог внесете го името Stock и потврдете на копчето ОК. Во дијалогот Part data кликнете на копчето Target model.

21

Во Target model дијалогот, кликнете на Define 3D Model за да ја изберете геометријата.

22

Ќе се прикаже 3D Geometry дијалогот. Сега треба да се избере цврстото тело за дефиниција на target моделот. Геометријата може да се избере на два начина: • Селекција преку Feature Manager-от на SolidWorks. Во овој случај

доволно е да се избере DesignModel компонентата. • Селекција преку прикажаната област; изберете едно лице од

цврстото тело. И во двата случаи, комплетното цврсто тело ќе биде дефинирано како 3D геометрија. Направете селекција на моделот на еден од овие начини. Моделот ќе биде обележан.

Потврдете со кликнување на копчето Finish. Ќе се прикаже дијалогот Geometry name.

23

Во полето Name внесете го името Target и потврдете со кликнување на ОК.

По внесувањето на сите неопходни податоци за делот, затворете го дијалогот со кликнување на копчето Save & Exit.

24

Додавање на груба обработка на 3D моделот Со кликнување на десното копче од глувчето, кликнете на полето за работи (Field Jobs) во SolidCAM Manager-от. Изберете ги командите Add Job > 3D Model.

Ќе биде прикажан дијалогот 3D Model Job. Користеќи го овој дијалог треба да се дефинира грубоста на калапот за моделот.

25

Дефинирање на геометријата Штом се дефинира геометријата, таа може повторно да се искористи. Кликнете на combo box-от во полето Geometry name и од листата изберете ја веќе дефинираната Target геометрија. Дефинирање на алатот за обработка

26

Кликнете на копчето Data во областа Tool од 3D Model проорецот.

Ќе биде прикажан дијалогот Tool Data. За оваа груба обработка користете сечило (cutter) со дијаметар 20 и радиус на рабовите (Corner radius) 2. Ажурирајте ги следните параметри: Total length - 100 Outside Holder - 80 Cutting to - 75 Внесете ги овие вредности во дијалогот и потврете со кликнување на ОК. Наведување на параметрите за грубоста Наведете ги грубите параметри во Rough секцијата од дијалогот 3D Model Job. Изберете Contour Strategy. Внесете ги вредностите: 0.5 за полето Overlap, 5 за Down step и 1 за Surface offset.

27

Со опцијата Approach може да се контролира начинот на навлегување на алатот во материјалот. Кликнете на копчето Approach. Во паѓачката листа изберете ја опцијата Helical и внесете вредност 5 за полето Radius.

28

Кликнете на копчето Data за да ги дефинирате контурните параметри. Ќе биде прикажан дијалогот Contour parameters.

29

Во полето Direction (правец) промнете гоправецот од подразбираниот Climb во Conventional. Кликнете на Open pocket roughing check box-от. Оваа опција му овозможува на SolidCAM да ги препознае отворените области на делот во вид на џебови на кои може да им се пристапи од надвор. Во затворените области, кај кои не е можен никаков пристап од надвор,алатот навлегува во материјалот со спирална стратегија (Helical strategy), дефинирана претходно. Со кликнување на копчето ОК потврдете го дијалогот.

30

Калкулирање и симулација на грубата обработка Кликнете на копчето Save & Calculate за да ја снимите досегашната работа и за да се пресмета патеката на алатот. Кликнете на копчето Simulate за да се прикаже симулацијата на патеката на алатот. Контролниот панл Simulation ќе стане достапен. Кликнете на копчето Zoom to Fit за да се центрира моделот.

Со левото копче од глувчето кликнете на play . Сега може да ја видите симулацијата во прозорецот Host CAD(SolidWorks).

31

За да го затворите симулацискиот модул и да се вратите на главниот

работен прозорец, кликнете на копчето Exit . Додавање на завршна обработка Во SolidCAM Manager со десното копче од глувчето кликнете врз 3DM_Target_T1, обработка која ја креиравте во претходниот чекор и изберете Add Job > 3D Model за да креирате нова обработка.

Ќе биде прикажан прозорецот 3D Model Job. Овој пат внесете ги параметрите потребни за завршната операција (Finishing operation). Во Geometry name паѓачката листа изберете ја постоечката геометрија Target.

32

Кликнете врз копчето Data во полето за алатки и внесете ги димензиите за алатката со топчесто сечило (Ball cutter tool) со дијаметар 10, и Corner radius 5 како што објаснивме претходно. Потврдете со кликнување на ОК. Наведување на линеарна завршна обработка Во Finish секцијата од 3D Model Job дијалогот, изберете Linear strategy. Кликнете на копчето Data за да ги наведете параметрите за линеарната завршна обработка.

33

The Linear finish dialog is displayed.

34

Сменете ја вредноста од полето Define direction angle за областа која го дефинира правецот на сечење на 45 степени. Во паѓачката листа во полето Cross finish изберете NORMAL. Во овој алучај SolidCAM автоматски ќе генерира дополнителен завршен пресек под агол о 90 степени релативно на првиот зададен агол (35_90 = 135 степени за вториот пресек). Потврдете ги промените со кликнување на копчето ОК. Дефинирање на работната област Кликнете на копчето Define за да ја специфицирате работната област.

Ќе биде прикажан дијалогот Working area. Во овој дијалог, обележете го check box-от Working area и кликнете на копчето Define. .

35

Ќе биде прикажан дијалогот Geometry Edit.

Кликнете на копчето Add Multi-Chain за да започнете со дефиниција на контурата на работната површина. Ќе биде прикажан дијалогот Chain Selection.

36

Ротирајте го моделот и кликнете на долната страна од моделот.

37

Кликнете на копчето Build Chains во дијалогот Chain Selection. Ќе биде прикажан дијалогот Geometry.

38

Изротирајте го моделот назад во CAM Isometric погледот со кликнување

на иконата од CAM Views лентата со алатки. Кликнете на копчето Finish. Внесете wa1 во дијалогот Geometry name и потврдете со кликнување на ОК. Изберете ја оцијата MIDDLE во полето Tool on working area. Кога ќе внесете вредност 1 за Offset, When you enter an Offset value of 1, the tool tip (center) will move over the edge of the mold insert by 1 mm.

39

Потврдете го дијалогот со кликнување на OK. Ќе биде прикажан дијалогот 3D Model Job. Калкулирање на завршната обработка Сега ги внесовте сите потребни вредности и параметри неопходни за завршување на mold insert.

40

Генерирајте ја работната траекторија на алатот со кликнување на копчето Save & Calculate. По калкулацијата на обработката, затворете го дијалогот 3D Model Job со кликнување на копчето Exit. Симулирање на завршната обработка SolidCAM Manager-от ги прикажува сите обработки за тековниот CAM-дел. Може да се користи глувчето со комбинација на копчињата од тастатурата Shift или Ctrl за да се селектираат обработките за симулација. Со десното копче од глувчето кликнете врз обработката со име 3DM_Target_T2 која беше додадена во SolidCAM Manager-от. Изберете ја командата Simulate.

41

42

Во контролниот панел Simulation, започнете ја симулацијата со

кликнување на копчето Play . За извршување чекор по чекор

кликнете на копчето , симулацијата ќе ја прикаже секоја линија од искалкулираната траекторија на алатот. Може да ја користите лизгачката контрола за да ја контролирате брзината на симулацијата.

Кликнете на копчето за да ја прекинете симулацијата.

Затворете го симулацискиот модул со кликнување на копчето Exit .

Во контролниот панел Simulation, отворете ја страницата Rest material page. Со помош на овој тип симулација може да се види сликата од CAM-делот во две состојби: пред и после обработката. Остатокот од материјалот ќе биде селектиран. изберете ја опцијата Before Job во контролниот панел Simulation. Поставете ја опцијата Before Job за да го видите CAM-делот во состојба пред самата обработка. Остатоците од делот се обежани со црвена боја.

43

Set the After Job option to see the finished CAM-Part. Here you can see the material not removed on the sides of the block.

44

За контрола на квалитетот на репрезентацијата на остатоците од материјалот го имаме параметарот Tolerance. Ажурирање на моделот За да ја ажурирате геометријата на моделот, два пати кликнете на компонентата DesignModel која се наоѓа во дрвото Feature Manager со што ќе може да се видат сите особини. Два пати кликнете врз особината Cut-Revolve1 за да ја измените. Кликнете два пати врз димензијата R30 за да ја измените. Сменете ја вреноста на димензијата во 40. Ќе биде прикажан Modify дијалогот од SolidWorks. Изменете ја вреноста од димензијата на 40.

45

Кликнете на иконата за да ја потврдите промената. Двојно кликнете врз особината Fillet3 за да ги видите нејзините димензии. Двојно кликнете врз димензијата R5 и изменете ја со внесување на вредноста 10.

Кликнете на копчето со икона за да ја потврдите измената.

Сега, изменетите особини се обележани со зелен семафор, но моделот сеуште не е изменет. Моделот мора да повторно да се изгради со

кликнување врз копчето со икона . Сега моделот е ажуриран.

46

Ажурирање на CAM податоците Со кликнување на десното копче од глувчето во SolidCAM Manager-от и од менито изберете Check Synhronization for all options.

47

Сега, SolidCAM го проверува моделот и пребарува за обработки со геометрии кои не се синхронизирани со ажурираниот CAM модел. Овие обработки се означени со црвен семафор.

Со десното копче од глувчето, кликнете врз полето Jobs во SolidCAM Manager-от Изберете го полето Synchronize & Calculate All од менито за да се синхронизираат ажурираниот CAD модел и CAM работната траекторија на алатот.

48

Сега, сите обработки се синхронизирани со ажурираниот CAD модел. Исто така искалкулирана е и ажурираната работна траекторија на алатот. Симулација на ажурираниот дел Со кликнување на десното копче од глувчето врз полето Jobs. Изберете ја командата Simulate за да се симулираат ажурираните траектории на алатот. Контролирај ја симулацијата како што веќе објаснивме.

49

50

Променете го режимот на симулација SolidVerify и започете ја симулацијата.

51

top related