analiza na zakon sledenje na komunikaciite

4

Click here to load reader

Upload: dani-trajcevska

Post on 29-Aug-2014

94 views

Category:

Documents


7 download

TRANSCRIPT

Page 1: Analiza Na Zakon Sledenje Na Komunikaciite

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

1

• Следењето на комуникациите Повеќето држави во светот го имаат регулирано следењето на комуникациите.

Регулација е извршена не две нивоа: А) одредби кои имаат уставен карактер и се однесува на заштита на приватноста на комуникациите, и Б) специјални закони со кои се имплементираат тие одредби.

Полициските и истражните органи кај повеќето држави извршија огромен притисок врз законодавците да донесат закони за следење на комуникациите во насока на следење на новите технологија со цел да се одговори соодветно на новите предизвици. САД, Австралија, Белгија, Германија, Нов Зеланд, Велика Британија, Унгарија, Чешка се меѓу првите држави кои го изменија и дополнија своето законодавство со цел да го олеснат следењето на новите технологии за комуникации.

Но, од друга страна, следењето на комуникациите е високо инвазивна форма на истражување, па неопходно се појави потребата истото користи во строго лимитирани услови, бидејќи може да се доведе до кршење на повеќе меѓународни конвенции со кои се гарантира правото на приватност.

Во повеќето демократски држави следењето на комуникациите е дозволено откако претходно по иницијатива на органите на прогонот, судот издал наредба откако претходно утврдил дека постои основано сомневање за извршено или подготвување за извршување на најсериозните кривични дела. Притоа од држава до држава варира законското решение дали кривичните дела за кои е дозволено следење на комуникациите таксативно ќе бидат наброени или пак со општ поим ќе бидат опфатени повеќето сериозни кривични дела. Второто решение остава повеќе можност за злоупотреба.

Неколку држави вклучувајќи ги Франција и Велика Британија имаат формирано специјални комисии кои вршат ревизија на користењето на следењето на комуникациите и го мониторираат неговото злоупотребување, во други држави пак веќе постојните Комисии за заштита на податоци(кои вршат класификација на податоци) им е доделено и овластувањете за надзор врз користењето на оваа средство.

Продуктивно надзорно средство кое повеќе држави во своето законодовство го имаат имплементирано е постоење на законска обврска да се објавува годишен извештај со информации за користењето на средствата за следење на комуникациите од страна на државните органи. Овие извештаи обично содржат сумарен преглед на бројот на случаите при кои е користено оваа средство, видовите на криминал кои биле предмет на обработка, времетраењето и други информации. Овие извештаи се карактеристични за common law државите, но се почесто се користат и во земјите со континентално право како Шведска, Франција итн. Овие држави ја имаат препознаено потребата да се запознае јавноста за користењето на следењето на комуникациите со цел да се спречи нејзината злоупотреба. Исто така во многу држави ваквите извештаи се користат со цел за контрола од страна на Собранието, медиумите и невладиниот сектор.

Законите за следењето на комуникациите се дизајнирани да обезбедат легитимитет на следењето на комуникациите како потреба за заштита на јавниот интерес, но од друга страна и да го заштитат приватниот интерес особено на осетливите групи на граѓани како новинарите, невладиниот сектор, синдикатите, стопанските комори, политичката опозиција кои имаат различни интереси и цели со власта. Исто така законот треба да обезбеди релативно минорните кривични дела, особено оние кои не ги користат телекомуникациските услуги за олеснување на нивното извршување да не бидат предмет на следење на комуникациите со цел оваа средство да не се искористи за политичка злоупотреба. Како и да е, дури и најдемократските држави како Данска и Шведска имаат искуство со злоупотребата на следењето на комуникациите, па затоа е потребна континуирана контрола од цивилниот сектор со цел да се гарантира доверливоста на кореспонденција не само de jure туку и de facto.

Page 2: Analiza Na Zakon Sledenje Na Komunikaciite

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

2

• Предлог Законот за следење на комуникациите на Република Македонија

Правото на приватност на комуникациите е гарантирано во Уставот на Република

Македонија член 17 кој со амандманот XIX прогласен од Собранието на Република Македонија на 26 декември 2003 година покомплексно се уреди: "Се гарантира слободата и неповредливоста па писмата и на сите други облици на комуникација. Само врз основа на одлука на суд, под услови и во постапка утврдени со закон, може да се отстапи од правото на неповредливост на писмата и на сите други облици на комуникација, ако тоа е неопходно заради спречување или откривање кривичини дела, заради водење кривична постапка и кога тоа го бараат интересите на безбедноста и одбраната на Републиката. Законот св донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. "

Правото на приватност на комуникациите се штити и со Кривичниот законик кој го инкриминира во чл.151 неовластеното прислушување и тонско снимање и во чл.147 повредата на тајноста на писмата и другите пратки.

Основата за донесување на Законот за следење на комуникациите е Законот за кривичната постапка каде е предвидено дека заради обезбедување податоци и докази неопходни за успешно водење на кривичната постапка кои на друг начин не можат да се соберат или нивното собирање би било сврзано со поголеми тешкотии, за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку четири години и за кривични дела за кои е пропишана казна затвор до пет години за кои постои основано сомнение дека се извршени од страна на организирана група, банда или друго злосторничко здружение, може да се нареди преземање на посебни истражни мерки: а)Следење на комуникации и влез во дом и други простории или во превозни средства заради создавање на услови за следење на комуникации, под услови и постапка утврдени со закон; б)Увид и пребарување во компјутерски систем, одземање на компјутерски систем или дел од него или базата за складирање на компјутерски податоци.

Предлог Законот за следење на комуникациите прецизно ги утврдува условите и постапката за ограничување на неповредливоста на писмата и на сите други облици на комуникација, начинот на постапување со информациите, како и контрола на законитоста на следењето на комуникациите. Основа на законот е вградениот меѓународен стандард согласно кој единствено со наредба од надлежен суд или со претходна согласност на лицата вклучени во комуникацијата може да се врши следење на комуникациите. („Барање за донесување наредба за следење на комуникации до судот поднесува надлежниот јавен обвинител по сопствена иницијатива или на предлог на овластено лице од министерот за внатрешни работи, истражниот суд донесува наредба за следење на комуникациите и наредбата за следење на комуникациите ја доставува до подносителот на барањето. Јавниот обвинител ја доставува наредбата за следење на комуникациите до министерот за внатрешни работи, кој со решение определува овластено службено лице одговорно за спроведување на дејствијата и средствата за следење на комуникациите кое должно со наредбата да го запознае одговорното лице во давателот на телекомуникациските услуги кое треба да му овозможи спроведување на дејствијата“).

Притоа поради карактерот на постапката и потребата од итност е предвидено во постапката да учествуваат што е можно помалку службени лица и се предвидени кратки рокови за постапување на судот (24 часа од поднесувањето на барањето или во случај на итност истражниот судија мора да донесе наредба за следење на комуникации најдоцна во рок од 3 часа од поднесувањето на барањето).

Законот вклучува детална слика на кривични дела и случаи при кои приватноста на комуникациите може да биде повредена со судска наредба, за разлика од државите каде се употребуваат општи поими кои прешироко можат да бидат толкувани со цел

Page 3: Analiza Na Zakon Sledenje Na Komunikaciite

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

3

средството да биде злоупотребено („кога постојат основи на сомневање дека тоа лице е сторител на кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку четири години, или на кривично дело за кое е пропишана качната затвор до пет години за кое постојат основи на сомневање дека го врши или е извршено од страна на организирана група, банда или друго злосторничко здружение, заради обезбедување податоци и докази неопходни за успешно водење на кривичната постапка што на друг начин не можат да се соберат“).

Во насока на заштита на основните човекови слободи и права и изградување на баланс меѓу приватниот и јавниот интерес законот го вградува принципот согласно кој преносните податоци добиени врз основа на наредбата треба да се избришат веднаш во случај да не биде поведена истрага или во случај ако судот оцени дека собраните податоци немаат значење за постапката.

Недостаток на законот е што не ги регулира следењето на Интернет комуникациите и не предвидува заштита од незаконско процесуирање и зачување на преносни податоци од трети страни (Интернет сервис провајдерите). Согласно ЕУ Директивата за приватноста при електронските комуникации Интернет сервис провајдерите и провајдерите на телекомуникациски услуги можат да зачуваат или процесуираат преносни податоци само на претходно барање од корисниците за истите да послужат при плаќањето или да послужат при интерконекциските плаќања.

Исто така, иако законот претпоставува традиционално блиска соработка меѓу надлежните органи за спроведување на следењето на комуникациите со телекомуникациските компании при формулирањето на аранжманите кои ќе овозможат телефонските системи да бидат подложни на следење, сепак светското искуство покажува дека овие аранжмани се проследени со проблеми во однос на прашањето кој ги поднесува финансиските трошоци за набавка на опремата (случај во Словенија и Австрија). Исто така дискутабилна е и транспарентноста на овие договори.

Словенија

Правото на приватност на комуникациите е гарантирано во Уставот на Република Словенија и исто така е уредено во чл.150 од Кривичниот законик со кој се предвидени казни за повреди на тајноста на комуникациите. Членот ги инкриминира неовластеното отварање на писма и други поштенски пратки и пресретнување на пораки испратени преку телекомуникациски мрежи, или читање на нивната содржина без отварање на писмото или другите поштенски пратки. Исто така, го инкриминизира неовлатеното запознавање со содржината на порака пренесена преку телефон или друга телекомуникациска опрема, како и неовлатесното пренесување на нечие писмо на трета страна. Член 151 исто така го инкриминира и објавувањето на приватни комуникации без согласност од овластено лице.

Од правото на приватност на комуникациите може да се отстапи единствено со наредба на судот, и само во случај ако тоа е неопходно за цели во кривичната постапка, и само ако со таквата повреда на правото на приватност се заштитува безбедноста на државата. Во Словенија оваа област е регулирана со Законот за кривичната постапка и Законот за разузнавачката и безбедносната агенција и се однесуваат на полицијата и словенечката разузнавачка и безбедносна агенција (СОВА).

Законот за кривична постапка вклучува детална слика на кривични дела и случаи при кои приватноста на комуникациите може да биде повредена(со судска наредба), но Законот за разузнавачката и безбедносната агенција не е толку конкретен. Како на пример, тој предвидува дека следењето на комуникациите може да се користи во случај државната безбедност да е загрозена и во случај ако „се преземени дејствија против....стратешките интереси на Република Словенија“ за кој експертите посочуваат дека е термин кој може прешироко да се дефинира за разлика од другите точно дефинирани кривични дела. Но како и да е Разузнавачката и безбедносна агенција не ги

Page 4: Analiza Na Zakon Sledenje Na Komunikaciite

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

4

процесуира кривичните дела, бидејќи таа е должна при постоење на основано сомневање за сторено кривично дело да го извести Министерот за внатрешни работи и Јавниот обвинител. Разузнавачката и безбедносна агенција е надлежна ако овие активности се поврзани со надлежноста на Премиерот или Претседателот на Републиката да ги извести и нив.

Воглавном, претходната судска наредба е неопходна за следење на телефонските комуникаци. Законот за полиција, усвоен 1998 година, дозволува следење на комуникациите, но со претходно добиено овластување од Министерот за внатрешни работи во многу строга процедура. Поедноставна е постапката за добивање на судско овластување за Разузнавачката и безбедносна агенција за пресретнување на комуникациите што остава простор за можни злоупотреби.

На 1 мај 2004 година влезе во сила и Законот за електронски комуникации кој ги регулира и Интернет комуникациите и е компатибилен со ЕУ Директивата за приватноста при електронските комуникации. Членот 104 кој се однесува на преносните податоци бара корисничките преносни податоци кои се процесуирани и зачувани од страна на операторот да се избришат или да се направат анонимни најбрзо што може и не повеќе од времето што е потребно за трансмисија на пораката. Операторите може да зачуваат или процесуираат преносни податоци на претходно барање од корисниците за да послужат при плаќањето или да послужат при интерконекциските плаќање. Податоците за локацијата поврзани со корисниците кои се различни од преносните податоци може да бидат процесуирани само во анонимна форма или со претходно овластување од корисникот (член 106). Операторите се обврзани на свој сопствен трошок да обезбедат адекватна опрема и соодветен интерфејс со кој ќе се овозможи пресретнување на комуникациите на нивните мрежи, а министерот за информатичко општество треба да пропишат каква треба да биде опремата и да детерминираат соодветен интерфејс во договор со министерот за внатрешни работи, министерот за одбрана и директорот на Разузнавачката и безбедносна агенција (член 107).

Австрија

Австрискиот Федерален Уставен Закон (Bundes-Verfassungsgesetz) експлицитно не го познава правото на приватност, но неколку граѓански права се содржани во неколку специјални закони. Заштитата на приватните податоци е граѓанско право во Австрија. Некој делови од Законот за заштита на податоци (Datenschutzgesetz) имаат уставен статус и може единствено да бидат ускратени под услови предвидени во чл.8 од Европската конвенција за човекови права (ECHR).

Законот за Кривична постапка го регулира телефонското преслушување и електронското следење на комуникациите и компјутерското пребарување. Согласно истиот телефонското преслушување е дозволено единствено со судска наредба за кривични дела за кои е предвидена казна затвор повеќе од една година. Електронското следење на комуникциите и компјутерското пребарување е дозволено под услов да постои наредба од судот и само ако истото е потребно за истрага на криминални организации или за кривични дела за кои е предвидена казна затвор од 10 или повеќе години затвор.

Одредбите кои се однесуваат на електронското следење на комуникациите и компјутерското пребарување влегоа во сила на 1 јули 1998 година, но подоцна во 2001 година одредени клаузули беа изменети по јавниот критицизам а се однесуваа на предвидување на ефективен механизам за превенција од електронско следење на комуникациите на невини лица кои комуницирале во меѓувреме со лицата кои се предмет на обработка. Во февруари 2001 година Федералниот Министер за транспорт, иновации и технологија издаде издаде наредба со која бара сите телекомуникациски оператори да инсталираат техничка опрема со која ќе олеснат следењето на телекомуникацискиот сообраќај согласно Законот за кривична постапка. Една од главните поенти на јавната расправа. Една од главните поенти на јавната расправа беше кој треба да ги поднесе трошоците за набавка на средствата за преслушкување. Федералниот Уставен суд утврди дека наредбата со која се наложува поголем дел од средствата за опремата за прелушување да ги сносат телекомуникациските оператори е неуставна.