click #15

20
Број 15 • ЈУЛИ 2009 • www.clickmag.mk ЈУЛИ 2009 90 ДЕНАРИ Робустен, но крајно флексибилен монитор Момче за се! ` Во секој поглед деловна конфигурација Fujitsu Siemens Esprimo P2540 AMD - the empire strikes back Троен удар од Канада Гаџети за преживување на жешкото лето Едноставно неопходни Покомпактен од кога било Новиот iPod Shuffle Волшебна топка во мобилниот телефон Layar & Wikitude - светот преку очите на интернетот Call of Juarez - Bound in Blood Џон Вејн и Гари Купер Инсталација на Ubuntu 9.04 КВалИтетно COOL - Ирање ТЕСТ 771857 598002 9 15 Изборот на квалИтетнИ солуцИИ за ладење на процесорот е голем - прашање е кој модел да се одбере...

Upload: click-magazine

Post on 28-Mar-2016

221 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

Click #15 july

TRANSCRIPT

Page 1: Click #15

Број 15 • ЈУЛИ 2009 • www.clickmag.mk

ЈУЛИ

2009

90 ДЕНАРИ

Робустен, но крајно флексибилен монитор

Момче за се!`

Во секој поглед деловна конфигурација

Fujitsu Siemens Esprimo P2540

AMD - the empire strikes backТроен удар од Канада

Гаџети за преживување на жешкото летоЕдноставно неопходни

Покомпактен од кога било

Новиот iPod Shuffle

Волшебна топка во мобилниот телефонLayar & Wikitude - светот преку очите на интернетот

Call of Juarez - Bound in Blood

Џон Вејн и Гари Купер

Инсталација на Ubuntu 9.04

КВалИтетноcool-Ирање

ТЕСТ771857

598002

915

Изборот на квалИтетнИ солуцИИ за ладење на процесорот е голем - прашање е кој модел да се одбере...

Page 2: Click #15

click јули 20094

БРОЈ 15 • ЈУЛИ 2009

16

ХАРДВЕР

СОФТВЕР

LoGIteCh DINovo eDGe таСтатУРа Bluetooth тастатура со неверојатно добар и футуристички дизајн

DeLL e248W мОнИтОРМонитор чиј избор никогаш нема да биде – погрешен!

ГеЈмеРСка кОнфИГУРацИЈа ОД RhSAMD го враќа ударот!

D-LINK NAS УРеДЛесно достапно, но сигурно место за чување на податоци во мрежа

NIKoN D60 DSLR Прво скалило на DSLR хиерархијата

23

28

34

26

46 СОфтВЕРИ ЗА ДИЗАЈНИРАњЕ НА КУЈНИСофтвери за дизајнирање на кујни

текСтУРИ вО GeNetICA 3 Kреирање на реалистични текстури

NotFoRMeNСајт забранет за мажите!

ИнСтаЛацИЈа на LINux ubuNtuЧекор по чекор

ГЛОБАЛ НЕт фАКтУРИСофтвер за менаџирање на финансиите во компаниите

51

54

РЕДОВНИ РУБРИКИ

5 ВЕСтИDoWNLoADПИСМА ОД чИтАтЕЛИ

72

12 - 43

44 - 65

74

ИГРИ

66 WIzARD 101Стани и ти млад волшебник!

CALL oF JuARez - bouND IN bLooDВестернот никогаш не изгледал пореално

tRANSFoRMeRS: ReveNGe oF the FALLeNМноштво трансформации и забава

66-71

68

71

38 КВАЛИТЕТНО cool-ИРАњЕ

Оладете го својот миленик квалитетно

Со Layar и Wikitude ќе го видите светот преку очите на интернетот

56 ВОЛШЕБНА ТОПКА ВО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН

71 transformers: revenge of the fallen

58

62

click/содржина/

Page 3: Click #15

5click јули 2009

Новата генерација процесори Core на Intel е „зад аголот“, па затоа производителите на матични плочи не седат со скрстени раце, туку работат со полна пареа на производство на ма-тични плочи предвидени за вградување на овие процесори. Како што е веќе познато, процесорите Core i5 ќе побаруваат ново лежиште – LGA 1156.

Досега со свои модели на матични плочи за новата Core i5 палета се појавија ASUS, Gigabyte, MSI, но наскоро свои модели ќе претстават и другите производители.

Во рамките на овој број ќе про-читате подетален опис за една компати-билна плоча Core i5 во изведба на Gigabyte. l

На 01.07. годинава е отворен новиот продаж-бен салон на „Макпетрол“ во кој се изложени производите од палетите на Dell, HP, EPSON и GENIUS. Локацијата е добро позната – зградата пред Олимпискиот базен.

Во вкусно уредениот простор на околу 100

квадратни метри се изложени конфигурациите, мониторите и лаптоп-системите на Dell, печата-чите на EPSON HP, потоа тонери и кертриџи за сите видови печатачи, како оригинални, така и компатибилни.

Изборот на компјутерската галантерија е од па-летата на GENIUS, а во понудата се опфатени сите производи што и припаѓаат на оваа категорија. l

Core i5 на голема врата

HP помага во нама-лувањето на трошо-ците на телекомуни-кациските компании

Една од технологиите што сé повеќе се развива секако се солидните хард-дискови – Solid State Disk. Паралелно со тоа расте и нивниот капацитет.

Patriot TorqX е најнов модел, кој во себе имплементира 128 GB меморија, така што сосема одговара за SoHo конфигурација како системски диск. Капацитетот е изведен преку 8 NAND Flash мемориски чипови, чиј потписник е SAMSUNG. „Мозокот“ на овој уред е Indilinx контролерот, кој за свои потреби располага со 64 MB бафер, чип произведен од Elpida.

Компатибилен е со SATA I/SATAII интерфејсите. Брзината на читање (секвенцијална) е до 260 MB/ѕ, а на впишување до 180 МВ/ѕ. Возможно е негово конфигурирање во RAID 0,1 и 0+1 модалитет. Тежи 91 грама.

Овој диск го има во три изведби – 64, 128 и 256 GB. Гаранцијата му е 10 години, а очекуваната цена на странскиот пазар помеѓу 349 и 399 $. l

HP ги претстави новите модели висококор-порациски сервери наменети првенствено за добавувачите на услуги и на мрежна опрема. Новата палета ги опфаќа платформата HP BladeSystem Carrier-Grade, серверите HP ProLiant carrier-grade rack-mount и системот

за складирање податоци HP Carrier Grade.

Овие производи може да се ко-ристат во мрежи и за телефонија и за ИТ. Одлика им се повисоко ниво на агилност, поголема брзина

и помала потрошувачка, што крајно резултира со намалени трошоци.

Платформите HP BladeSystem и HP ProLiant ги користат најновите серверски процесори на Intel, што им овозможува двојно поголема ефективност и повисоко ниво на енергетска ефикасност. Поддржани се низа оперативни системи, вклучително Linux, Windows, HP-UX, OpenVMS и Solaris од Sun Microsystems.

Покрај Blade и кабинетските сервери, HP нуди и големо портфолио на

телеком софтвер, услуги и интегрирани реше-нија на 200-те најголеми

добавувачи на услуги и на мрежна опрема на светско ниво. l

Нов продажбен салон на Dell

click/вести/

Patriot TORQX 128 GB

Page 4: Click #15

click јули 20096

Деветти јули го обележа нов бран сајбер-напади насочени кон многубројни јужнокорејски веб-страници, вклучувајќи го Министерството за одбрана и Националниот разузна-вачки центар. При нападот, блокирани беа пристапите и кон веб-страниците на Стејт департментот и Ми-нистерството за одбрана.

Официјалните извори тврдат дека нападите не резултирале со штети и не биле мотивирани од кражба на податоци.

Дали? l

click/вести/

Нов сајбер-напад против јужно-корејски и американски базирани веб-страници

Нова плоча за AMD AM3 процесорите

Пред самото затворање на овој број пристигна најнова информација која секако ќе ги израдува љубителите на AMD. Зад кулоарите најавуваната ма-тична плоча базирана на AMD 785G/SB710 чипсетите конечно се појави, во изведба на Gigabyte. Кодниот назив на оваа плоча е типичен за Gigabyte: GA-MA785GPMT-UD2H (ајде повторете го ова од само едно читање!). Долгоочекуваната нова платформа со инте-грирана графика носи низа подобрувања, првенствено во поглед на видеорепродукцијата, како и решение за проблемите со повеќеканалниот LPCM-звук, кои повремено беа присутни. Поддршката за процесорите AM3 е целосна, па може да се рече дека оваа плоча би можела да биде идеален партнер за новиот AMD Phenom II X3 705e процесор.

Повеќе детали би требало да следат наскоро.l

Аирлија седумка!По неколку најави, Microsoft конечно го обелодени датумот кога

ќе почне производството на долгоочекуваниот оперативен систем Windows 7 – 13 јули. Ќе се произведува во три верзии:

- Windows 7 Home Premium (Full), по цена од 199.99 $- Windows 7 Professional (Full), по цена од 299.99 $- Windows 7 Ultimate (Full), по цена од 319.99 $.Наведените цени важат за американскиот пазар. А кога сме кај

него, жителите на САД ќе имаат ексклузивна можност за нарач-ка на една од трите верзии во претпродажба, со што ќе добијат попусти и до 50 и повеќе про-центи.

Секоја чест на Microsoft за овој потег. Штета што таква понуда нема да има и за нашиот пазар. l

Муабетите што кружеа низ кулоарите за Radeon HD 4770 X2 сепак не се без основа. И покрај тоа што има голем број пречки за скора изведба на ваква графичка кар-тичка (недоволно производство на чипови RV740 и за регуларните картич- ки Radeon HD 4770 и компатибилни графички картички DX11кои ќе се појават речиси истовремено со Windows 7 доцна во октомври), сепак концептот не е отфрлен. Највероjатно, на пазарот би се појавиле по појавувањето на кар-тичките DX11и Windows 7.

Според концептот, овие гра-фички картички би имале два

чипа RV740 и

128-битна ме-мориска собирница. За

потсетување, регуларните картички Radeon HD 4770 имаат 640 Stream процесо-ри, 32 текстурни единици, 16 излезни рендерирачки единици и 128-битен ме-мориски контролер GDDR3/GDDR4/GDDR5. Препорака од ATi е работниот такт на графичкиот процесор да изнесува 750 МHz, а тактот на меморијата GDDR5 3.200 MHz. l

Radeon HD 4770 X2 – ќе биде или не?

Page 5: Click #15

7click јули 2009

click/вести/

Nvidia ги претстави првите графички чипови изработени во 40nm процес, наменети (засе-га) за мобилните платформи. Прашање на време е кога ќе се појават 40nm моделите наменети за десктоп-системите.

Новата мобилна серија носи назив 200М, а чиповите се базирани на актуелната G200 ар-хитектура. Првите модели имаат називи GeForce GT 220 GeForce GT 210.

Посилниот модел, GT 220, има работен такт од 615 MHz на

јадрото, 48 Shader процесори, 128-битен мемориски интерфејс кон DDR3 графичката меморија (1 GB) и ќе поддржува VGA, HDMI и DVI интерфејси.

Моделот GT 210 е нешто послаб. Располага со 64-битен мемо-риски контролер, 16 Shader про-цесори, 512 МВ DDR2 меморија и работен такт на јадрото од 589 MHz. Поддржани се VGA, DVI и Display Port излезни интерфејси.

И две картички се DirectX 10.1 и Open GL 3.0 компатибилни и имаат поддршка за CUDA. l

Звучи како добра шега смислена од некој кој нема попаметна работа во моментот, но сепак е вистина. Google работи на својот прв оперативен систем за нетбук-преносниците, кој ќе го носи истиот назив како и неговиот

пребарувач – Google Chrome.

Основна-та идеја за креирање на овој оперативен систем е да се овозможи непречена

работа на Google Chrome пребарува-чот, и ништо повеќе. Тоа би значело дека на тој оперативен систем нема да може да работат Office апликации, игри и сл.

Но, изработка на оперативен систем за работа само на една апликација тешко дека е вредна за трудот. Во прилог на тоа говори дека е open source оперативен систем и дека е базиран на Linux. Затоа, оставаме извесна резерва во врска со претходната најава. Впрочем, првата половина на наредната, 2010 година ќе ни донесе одговор на сите прашања. Некако ве-

руваме дека ова ќе биде добар и силен удар врз Microsoft… l

Google оперативен систем?

AMD во офанзива!Месец август, наместо мирен летен пери-

од, по сé изгледа ќе донесе вистинска бура. Најновиот четиријадрен Phenom II – X4 965 Black Edition ќе се појави на пазарот на 13 август и ќе биде топ-моделот на овој произ-водител. Black Edition е ознака за процесо-рите AMD со отклучен множител, што ветува добри оверклок можности и експеримен-тирање со крајните можности. Работниот такт на овој процесор ќе изнесува 3.4 GHz, ќе располага со 6 МВ делив L3 кеш и по 512 КВ L2 кеш за секое јадро, што е вкупно 8 МВ кеш-меморија. Интегрираниот двоканален мемориски контролер DDR2/DDR3 се подразбира, чипот ќе биде во AM3 форм

фактор, ќе биде компатибилен и со АМ2+ плат-формите кои поддржуваат 125W потрошувачка на енергија на процесорот. Исто така, ќе бидат поддржани сите актуелни технологии импле-ментирани во најновите процесори AMD.

Вториот налет на бурата, кој ќе се случи на 23 август, ќе го донесе првиот четиријадрен Athlon модел – AMD Athlon II X4 630, со коден назив Propus. Тоа воедно и ќе биде првиот чети-ријадрен процесор на оваа компанија наменет за мејнстрим-сегментот. Работниот такт ќе из-

несува 2.8 GHz, ќе располага со 2 МВ L2 кеш (по 512 КВ по јадро), а ќе нема третостепен кеш. Малку чудна одлука....барем секое јадро да имаше по 1 МВ кеш на распола-гање. Од друга страна, ваквата концепција ќе повлече и многу намалена потрошувачка на енергија – само 65W. А како тоа ќе се одрази на перформансите, ќе видиме. И тука имаме мемориски контролер DDR2/DDR3. Подоцна во текот на есента AMD ќе ги претстави Athlon II X4 моделите 600e (2.20GHz), 605e (2.30GHz) и 620 (2.60GHz), наменети за разни сегменти на пазарот.

Нема мирување ни во септември и ок-томври – пописот новитети ќе го заокружи новиот тријадрен Athlon II X3 модел.

Поздрав до Intel! l

Nvidia преминува на 40nm архитектура

Page 6: Click #15

click јули 200910

click/вести/настани/

Во периодот од 15 до 16 јуни годинава во хотелот „Истатов“ во Стар Дојран се одржа Партнерски семинар во организација на „РЕМА компјутери“. Оваа манифестација се одржува периодично во текот на годината веќе неколку години, со цел на деловните партнери на оваа наша компанија да им се презентираат најновите модели произ-води од палетите на производителите што компанијата ги застапува. Традиционално, РЕМА своите партнерски семинари ги одржува на интересни локации, со што се разбиваат стереотипите карактеристични за манифестациите од овој вид, кои (безмалку) како по непишано правило се одржуваат на две-три локации низ Македонија. Со ваквиот свој пристап, РЕМА на своите партнери им овозможува работниот дел да мине во порелаксирана атмосфера и, што е најважно, од манифестациите да заминат побогати со едно ново искуство и сеќавање за пријатно дружење.

На првиот семинар за оваа година учествуваа Samsung, D-Link и INFOSEC, чии претставници низ интерактивни пре-зентации на деловните партнери им ги претставија најновите производи и ги запо-знаа со сите релевантни поединости врзани за нив.

Првиот ден мина во знакот на INFOSEC и D-Link. По уводниот поздравен говор, г.

РЕМА - ПАРТНЕРСКИ СЕМИНАРХОТЕЛ „ИСТАТОВ“, ДОЈРАН

Арно Фураж од Франција, менаџер на продажба за Источна Европа, низ интересна, концизна и детаљна презентација ги претстави најновите модели уреди за заштита од превисоки напони и струјни удари – Surge протекторите и UPS-уредите, како што знаеме, овозможуваат за-штита и продолжено време на работа во случај да снема струја. Особен акцент беше ставен на уредите за автоматско регулирање на на-понот и уредите за скалабилно зголемување на капацитетот, чија основна намена првен-ствено се јавните установи. За програмата на D-Link говореа менаџерот на продажба г-ѓа Анелија Чакарова и г. Олег Стојанов, технички инженер од Софија, Република Бугарија. Освен стратегиите и плановите за развој и технич-ката поддршка, присутните имаа можност од прва рака да се информираат за техничките податоци на најновите производи од палетата на D-Link. Како најинтересни за партнерите се покажаа новите рутери со поддршка на n-стандардот и NAS-уредите за мрежно цен-

трално складирање.Презентацијата на SAMSUNG беше во аген-

дата за вториот ден. Се одржаа две тематски презентации, што ги водеа менаџерите за про-дажба, г. Еди Ли (монитори) и г. Мартин Ридер (печатачи). Палетата нови модели на монитори на овој реномиран производител привлече големо внимание, особено ако се има предвид фактот за константен пад на цените и достап-носта на LCD-мониторите како никогаш досега. Присутните не останаа рамнодушни ниту на галантеријата и моделите на печатачи, кои го бележат истиот тренд како и мониторите.

Останатиот дел од двата дена, колку што траеше семинарот, според агендатата беше исполнет со пригодни културно-забавни про-грами, кои меѓу другото опфаќаа и прошетка низ Стар Дојран и запознавање со неговите знаменитости. Неформалните дружења беа можност за меѓусебно запознавање на гостите и размена на информации и искуства. По завршувањето на работниот дел, деловните партнери имаа можност да ги прикажат своите спортски вештини и квалитети. Резултатот, се разбира, беше во втор план. l

Page 7: Click #15

11click јули

Колку време постои вашата компанија?

Нашата компанија е основа-на во 1986 година во Тајван и досега израсна во милијардер-ски дизајнер и производител на мрежна опрема, дигитална електроника и продукти за податочна и гласовна комуни-кација. D-Link е добитник на голем број награди, а вработува преку 2.000 луѓе во 64 земји во светот.

Кои држави ги покривате, односно каде имате застап-ништва?

Во Европа, D-Link има 20 канцеларии и е со седиште во Лондон. Регионот претставува една третина од вкупните при-ходи. Седиштето за Македонија и сите источноевропски земји е во Варшава, Полска. Исто така, D-Link има локални претстав-ништва и во други градови во Полска, Унгарија, Чешка, Рома-нија, Хрватска и Бугарија.

Како го оценувате македон-скиот пазар, какви се вашите интереси и од какво значење е тој за вашата компанија?

Македонскиот пазар, како еден од брзорастечките и и но-воразвиени пазари што избија на површината има огромен по-тенцијал, и е од голема важност за пласманот на производите на D-Link за источниот дел од Ев-ропа. Како дел од комплетната источноевропска стратегија и со помошта на локалните дистри-бутери и дилери, многу порасна во последните 5 години.

Господине Ридер, како го оценувате актуелниот семи-нар?

Ми се допаѓа атмосферата што владее и навистина сум пријатно изненаден од го-лемиот број присутни гости/партнери, од големиот интерес. Организацијата е на високо ниво и секако дека оттука ќе заминеме со пријатни спомени и чувство на добро завршена работа.

Какво е вашето мислење за македонскиот пазар? Од какво значење е македонскиот пазар за вашата компанија?

Македонскиот пазар е од стра-тешко значење за SAMSUNG. Забележлив е развојот, особено во последните неколку годи-ни. И покрај тоа што донекаде заостанува зад хрватскиот или словенскиот пазар, сепак е за-бележлив трендот на рапиден раст и развој. Секако дека тука имаме интерес.

Какво е вашето мислење во поглед на идниот развој на печатачите и скенерите. како поединечни уреди или како мултифункционални, кои се сé попопуларни и сé почест избор на купувачите?

Иднината дефинитивно е во мултифункционалните уреди. Освен пониските цени на овие уреди, што е битен момент, нив-ни адут се и перформансите што не заостануваат зад единечните компоненти. Сепак, единечните компоненти и натаму ќе бидат присутни на пазарот.

Колкава е процентуална-та застапеност на D-Link во светски и во регионални рамки?

Според истражувањата на Gartner, D-Link е лидер во светската продажба на мрежни свич-уреди за мали претприја-тија, и во 2008 година тој про-цент изнесува 32% од пазарот. Или, повеќе од 13 милиони продадени парчиња.Годиш-ните истражувања на Gartner исто така покажуваат дека нашата компанија е на второ место во целосната продажба на свич-уреди на светско ниво со 16,3% кај средноголемите претпријатија и комбинирани-те мали сегменти.

Накусо за поддршката, обу-ката на кадар и сервисирање-то на производите на D-Link?

Сите D-Link xStack Managed Switches, Smart Managed Switches и Business Wireless производи имаат ограниче-на гаранција на почетокот и мора да бидат регистрирани на интернет-страницата на компанијата за целосна под-дршка. Сите други производи се покриени со двегодишна га-ранција. Во март 2009 година, D-Link го објави D-Link Global Alliance Program (GAP), кој има три области: стратегија, солу-ција и технологија. Исто така застапниците/дилерите на D-Link се задолжени и овластени да го минат онлајн-тренингот и тестирањето и на тој начин да добијат сертификат на D-Link.

6. За крај, збор-два за пла-новите во блиска иднина?

Без обѕир на турбулентните времиња, D-Link и натаму ќе се ангажира и ќе остане на светскиот и на македонскиот пазар, со тенденција за зголе-мување на уделот на пазарот и продолжување на поддршката на клиентите како и досега. l

Презентацијата на монито-рите беше навистина темел-на. неколку информации во врска со видот на панелите што се вградуваат во монито-рите на SAMSuNG? Познато е дека тоа зависи од класата на самите монитори....

Видот на панелите кои SAMSUNG ги употребува најчесто се TN и PVA, а некои употребуваат и cPVA. Изборот зависи од течниот кристал и заднинското осветление, или LCD или CCFL.

Збор-два за технологиите што се имплементираат за да се подобри квалитетот на приказ?

Технологијата MAGIC е глав-но тоа што се употребува. Во суштина, тоа е збир на осум наменски техники соединети под едно име. Подетаљно за тоа може да се погледне на сајтот на SAMSUNG.

Колкав е уделот на монито-рите на SAMSuNG и печатачи-те на пазарот, во светски и во регионални рамки?

За мониторите, уделот е 16,3% на светско ниво, а во Европа процентот изнесува 21,7%.

Какви ви се плановите во блиска иднина?

Пред сé, фокусирање врз производството на мони-торите, имплементација на Green-технологијата (еко-лошки производи, со на-малена потрошувачка, без присуство на елементот жива), потоа на подобрување и поедноставување на конектив-носта (WiFi, USB, Bluetooth), иновации во дизајнот насоче-ни кон корисникот, тридимен-зионални монитори со 120 Hz освежување и сл. l

МАКЕДОНСКИОТ ПАзАР ИМА гОЛЕМ ПОТЕНцИЈАЛ

МАКЕДОНИЈА Е ОД гОЛЕМО зНАчЕњЕ зА SAMSUNG

Анелија Чакарова, D-Link Мартин Ридер, Samsung Electronics

click/вести/настани/

Презентациите одржани во рамките на Партнерскиот семинар беа можност да поразговараме со претставниците на Samsung и D-Link

Page 8: Click #15

click јули 200912

click/хардвер/

KWORLD USB TV тјунер iPod Shuffle Logitech Audio HUB Apacer AS130 и Apacer AH325 Logitech DiNovo EDGE Bluetooth ГаџетиAPACER DDR 3 1333 tripple channel kitLogitech Harmony OneDELL 2208 WFPFujitsu Siemens Amilo L3220wDELL E248W D-Link DIR-635 Wireless N Broadband Router,D-Link DWA-643 Wireless N ExpressCard,D-Link DWA-645Wireless N CardBus

12131415161820

21222324

Gigabyte P55 UD4PRHS гејмерска конфигурацијаFujitsu Siemens Esprimo P2540MSI EX720XD-Link DNS-323 NASNIKON Coolpix L20NIKON D60Cool-ирање со стил – тема на број

2628303234353638

Kworld PlusTV Hybrid USB TV Stick 325UКомпактен ТВ-тјунер за секаков компјутер

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ:KWorldwww.kworld.com.tw• ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД:Anhochwww.anhoch.com

ЗА И ПРОТИВ

Компактен дизајнФМ-радиоПоддршка за дигитална телевизија Вклучена аналогна антена во пакувањетоОперативен само преку апликацијата Hypermedia Center

ЦЕНА

• 3.480 денари

ОЦЕНА

8,5/10

ОДЛИЧНОПретворете го својот PC во солиден ТВ-приемник.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

KWorld одамна има широка палета ТВ-

тјунери, која неодамна беше надополнета со нова, хибридна серија. Kworld PlusTV Hybrid USB TV Stick 325U е TB-тјунер кој припаѓа на новата серија

и изведен е во форма на USB-стапче. Сепак, за разлика од USB-стап-чињата, димензиите 325U се нешто поголеми (103 x 30 x 11mm), и припаѓа на групата на USB-уреди кои го узурпираат просторот

на евентуалниот соседен USB-порт. На металик-сивото куќиште има три порти: USB, за поврзување со компјутер, антенски приклучок сместен на спротивната страна и стра-нично поставен мал USB-

приклучок кој претста-вува аудио/видеовлез за сигнали од надворешни уреди како камери, виде-орикордери и останати плеери. Пластиката околу антенскиот приклучок е од посебен матерјал, кој лес-но ги прима командите од далечинскиот управувач, а исто така тука е сместена и сината сигнална LED-ди-ода. Kworld PlusTV Hybrid USB TV Stick 325U доаѓа во релативно мало, но богато пакување во кое покрај уредот и далечинскиот управувач има и аналогна телевизиска антена со магнетен постамент, FM-антена, комбиниран кабел за аудио/видеовлезови (S-Video, Composite, Stereo

Audio), адаптер за кабел-ска телевизија, продолжно USB-кабелче, упатства за употреба и драјвери. Карактеристично за 325U е неговиот хибриден влез, кој му овозможува репро-дукција на телевизиски сигнал од аналогна и диги-тална природа, а исто така има поддршка за HDTV (доколку е овозможена од теливизискиот провајдер). 325U е опремен со 10-би-тен аналогно/дигитален конвертор кој нуди одли-чен приказ на аналогни сигнали што претходно се прочистени преку соодве-тен отстранувач на шум. Покрај репродукцијата на ТВ-сигнали, 325U репро-дуцира и FM-сигнали во стандардниот опсег од 80 до 130MHz. Инсталација-та на 325U мора да биде извршена строго според упатството за употреба притоа користејќи ги драјверите што доаѓаат на компакт-дискот, поради тоа што доколку му се дозволи на оперативниот систем сам да го инстали-

ра уредот, истиот ќе биде пријавен како инсталиран, но нема да функционира. Во процесот на инстала-цијата, која трае неполни две минути, се инсталира и соодветен софтвер на-речен Hypermedia Center, преку кој единствено може да се овозможи репро-дукција на ТВ и ФМ-сиг-налите (апликацијата Windows Media Center не е поддржана). Hypermedia Center е апликација која е идентична со Windows Media Center и овозмо-жува снимање на ТВ-ви-деосодржини, „фаќање screenshots“, преглед на повеќе програми наеднаш, прикажување телектекст и, можеби најважната опција, timeshift со која може да се паузира тековната програма и повторно да се продолжи од истата позиција. Апликацијата има и LiveUpdate-поддрш-ка преку која автоматски се инсталираат соодвет-ните закрпи или новите верзии. l[ЧЕДОМИР ДИМИТРОВСКИ]

Омилените ТВ програми секогаш при рака

ГАРАНЦИЈА 24 месеци

ТВ-ТЈУНЕР Аналоген (PAL, NTSC, SECAM) и Дигитален (DVB-T)

ФМ-ТЈУНЕР Да (80 – 130MHz)

ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАЧ Да

КОНЕКЦИЈА1 x USB, приклучок за антена, S-видеовлез, Compоsite влез, Stereo аудиовлез

ТЕЖИНА ~30g

ДИМЕНЗИЈА 103 x 30 x 11mm

СПЕЦИФИКАЦИИ

Kworld PlusTV Hybrid USB TV Stick 325U има хибриден влез, кој му овозможува репродукција на телевизиски сигнал од аналогна и дигитална природа, а исто така има и поддршка за HDTV

Page 9: Click #15

click/хардвер/ipod_shuffle/

Најкомпактни димензии од сите

досегашни модели

Личи на игла од кравата? Па, би можел да послужи и за таа намена!

Нова страница од старата приказна

Популарното iPod Shuffle на Apple од

неодамна е во продажба. Прво што паѓа в очи се неговите димензии – одвај е поголем од игла за вратоврска, а драстично помал од стандардна запалка. Симпатиите ги освојува на прв поглед, првенствено поради ултракомпактните ди-мензии. Но и покрај тоа, задржани се основните принципи на Apple во поглед на изработка-та. Повторно се добива производ произведен според високи критериу-ми, без разлика што е во прашање најмалиот и најевтин модел на iPod.

Куќиштето е израбо-тено од алуминиум, што му дава добра механич-ка цврстина и солидна заштита од механички влијанија, се разбира, до одредена мерка. На предната страна на само-то куќиште нема никакви ознаки ниту што било дру-го, што би дало до знаење дека се работи за mp3-плеер, и тоа од Apple. Се разбира, доколку не ја нанесете налепницата со познатото лого на оваа

компанија, која се добива како додаток на компле-тот. На задната страна е штипалката со која може да се прикачи на кој било дел од гардеробата. И нејзините димензии се намалени, така што крајниот впечаток е дека не се разликува многу од игла за вратоврска. Но, во тој поглед, новиот модел е изведен поквалитетно од претходникот. Шти-палката подобро држи и по подолго време и нема тенденција да „избега“.

На горната страна – веќе видено. Приклучок за слушалки и копчето за вклучување/исклучување и избор на модалитет за репродукција на песните.

Кон компјутерот се приклучува преку USB-кабел, кој кај новиот модел ја презеде улогата на докинг станица – на другата страна е при-клучок, популарниот „џек“, кој кај претходниот модел беше вграден во малата докинг станица. По приклучувањето на оперативниот систем (во нашиот случај Windows XP) веднаш го препозна стариот познаник. Но за

правилно функционирање најнапред е потребно да се преземе и инсталира најновата верзија на iTunes. Понатаму сé е веќе добро познато. Оваа апликација дава целосна поддршка и искористли-вост на уредот. Колку за потсетување, може да се определи колкав простор од меморијата може да се користи за музика, а колкав простор за чување податоци, правење плеј-листи, репродукција на содржините на уредот и ред други опции. И, како и кај сите iPod-модели, музиката ја конвертира во формат препознатлив за уредите на Apple.

Споредено со прет-ходниот модел, про-цесот на инсталација и синхронизација на новото Shuffle се одвива далеку побрзо отколку кај прет-ходниот модел.

Новина кај ново-то Shuffle е начинот на ракување со уредот. Ко-мандите, кои кај минатиот модел беа сместени на предната страна на сами-от уред, сега се вградени во екстерен управувач, кој се наоѓа на кабелот од слушалките. И тој е минијатуризиран, и тоа до таа мерка, па тука би лежела нашата единстве-на забелешка. Едно-ставно, не може да се оттргне впечатокот дека при евентуално посилно притиснување на коман-дите нема да дојде до

механичко оштетување. И, за да се сфати прин-ципот на работа на овој управувач, неопходно е да се консултира кусото упатство. На тој начин ќе откриете дека изборот на наредната песна се врши со двоен клик, а враќањето кон претход-ната песна со троен клик на средината на упра-вувачот. Држењето на средината на управувачот без прекин вклучува уште една интересна опција – пријатен женски глас ќе ви го каже насловот на песната и името на изведувачот. Нашиот тест-модел беше опремен со сосема доволни 4 GB

флеш-меморија.Сосема коректен уред,

на кој ќе му забележиме и за цената – 5.500 денари се многу, особено ако знаеме дека за многу помала сума може да се набават mp3-плеери со повеќе можности. Но, тие не се Apple – екстра-вагантноста има своја цена. l[ЗОРАН ИВАНОВСКИ]

Најмалиот iPod е достапен во својата најнова верзија, помал и покомпактен од кога било. Што донесува таа и таква промена?

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ:Applewww.apple.com• ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД:Дуна Компјутериwww.dunacomputers.com.mk

ЦЕНА

• 5.500 денари

ОЦЕНА

7,5/10

МНОГУ ДОБРО1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ЗА И ПРОТИВ

Одличен дизајн и изработкаФункционалностГолем капацитетКвалитетна репродукцијаМалку невешт управувачЦена

Идеален придружник на патувањата и спортувањето.

Новиот iPod Shuffle - покомпактен од кога било

Page 10: Click #15

click јули 200918

click/хардвер/летни_гаџети/

Летото е се потопло и потопло, па токму затоа сите бегаат од градовите и се упатуваат кон плажите на езерата и морињата, а неретко се оди и на планина. Во секој случај за зависниците од технологија подготвивме десет гаџети кои освен тоа што се крајно функцнионални, истите се прилично ‘fancy’.

Десетте најпотребни гаџети за преживување на жешкото лето

10. usb вентилато-ри – едноставни венти-латори за разладување кои своето напојување го влечат од USB портот. Погодни се за поставу-вање особено кога се користат на преносници.

9. Водоотпорни ќесички за гаџети – се специјално дизајнирани ќесички кои ќе овозмо-жат да влезете во вода со својот омилен гаџет. Не ја оставајте техниката на плажа, понесете ја со себе во вода и зголе-мете го сопственото и задоволството на оние околу вас.

8. Безжичен соларен звучник – составен е од два дела: безжичен емитер и звучник. И два-та дела имаат вградени соларни ќелии од кои се напојуваат, па токму затоа не мора да се грижите за батерии, бар додека има сонце.

7. Гардероба со вградено ладење – мо-жеби вентилаторот не е најдобриот моден детал, но можеби најкорисен во топлите лета. Сошиен во маичката или панталони-те, обезбедува доволно количество провев што значително ќе го намали потењето.

6. Водоотпорен MP3 плеер за пливачи –

едноставно решение за досадата при пли-вање на долги патеки. Гумираниот MP3 плеер и слушалките ќе ви обезбедат задоволство и уживање во пливањето без разлика дали сте на плажа или на базен.

5. Водоотпорен фотоапарат – најдобри-те фотографии скоро секогаш се прават под вода. Понудата од водо-отпорни фотоапрати е се поголема, но исто така постојат и соодветни водоотпорни куќишта за одредени модели, па погрижете се ова лето да не останете без ваков уред.

4. Електричен тротинет со вграден фрижидер – вградениот електричен мотор од 500W е доволно моќен да пренесе едно лице и вградениот фрижидер до најблиската плажа со максимална брзина од 20km/h.

3. Ранец со соларни ќелии – Ваквиот ранец сигурно ќе им се најде на оние кои често се на отворено без пристап до електрична мрежа. Истиот може да обез-беди напојување до 12V за уреди како мобилни телефони, MP3 плеери, iPod или GPS уреди со максимална снага до 7W.

2. bluetooth MP3 наочари за сонце – Наочарите за сонце се неминовен детал, особно во летните периоди. Но, има ли нешто подобро од наочари за сонце со вграден MP3 пле-ер и слушакли? Да е уживањето поголемо, во истите е вграден и bluetooth контролер преку кој може да се поврзе со компатибилен мобилен телефон.

1. Тенда за пре-носник – дефинитивно избор број еден за сите оние кои на летниот одмор планираат да го понесаат својот пренос-ник. UV зраците не се штетни само по човечка-та кожа, но додека себе-си може да се заштитиме со масло за сончање со висок фактор, единстве-ното нешто што може да го заштити вашиот пре-носник е посебата тенда за преносници. Истата личи на мал шатор и едноставна е за монити-рање. l[ЧЕДОМИР ДИМИТРОВСКИ]

Page 11: Click #15

21click јули 2009

click/хардвер/dell_2208wfp_22”_lcd-монитор/

Сестран, робустен и беспрекорно стабилен и флексибилен

Момче за се!Dell е една од висо-

корангираните ИТ-компании која во својата широка палета произ-води има и монитори што најчесто се користени од професионалци. Квалите-тот на мониторите што ги нуди Dell во комбинација со одличните перформан-си се клучните фактори на кои се заснова нивната репутација. Исклучоци ре-чиси и да нема, па таков е и случајот со моделот 2208WFP. Дизајнот е типичен за мониторите на Dell, доминантен поста-мент на кој е прикачено комбинирано сиво со црно пластично куќиште со остри црти. Неизбежниот детаљ, познатото лого на Dell исто така е присутно, поставено централно при долниот раб, додека на десната страна се по-ставени малите функциски копчиња. Dell 2208WFP е монитор што распола-га со два приклучока за влезен сигнал, аналоген VGA (D-SUB) и дигитален DVI-D, кој има поддршка за HDCP (High-bandwith Digital Content Protection). Покрај овие приклучоци, на задната страна се наоѓа и USB-B-приклучок за вградениот USB2.0 хаб, кој има 4 приклучоци. Два од нив се наоѓаат на задната страна и ис-тите ќе завршат голема

работа за поврзување на USB-тастатура и глувче со пократки од вообичаеното кабли. Останатите два се наоѓаат на левиот раб и погодни се за поврзување на USB-стапчиња и слич-ни уреди. Dell 2208WFP, како што веќе кажавме има 22-инчна дијагонала со максимална (природ-на) резолуција од 1.680 x 1.050 пиксели. Панелот е од TN Film (Twisted Nematic + Film) типот со големина на пиксел од 0,282mm, и се карактери-зира со одлична брзина на одѕив на пикселите, 5ms и одлично заднинско осветлување од 300 cd/m2. Контрастот исто така има висока вредност од 1000:1, а аглите на видли-вост се во границите на просечните +/- 80 степени

по хоризонталната и вер-тикалната оска. Сепак, тоа што е карактеристично за Dell 2208WFP е неговиот постамент, кој освен што цврсто го држи за под-логата, опремен е со три

зглоба и еден лизгач што му овозможуваат чети-ри степени на слобода.

Така, постаментот на Dell 2208WFP овозможува да се нагоди искосеноста, да се смени ориентацијата од хоризонтална во вертикална (landscape во pоrotrait), ротирање лево-десно и обратно без да се поместува целиот монитор и висинско подесување без предефинирани чеко-ри низ 10 cm.

Поврзувањето е едно-ставно и во комбинација со автоматските нагодувања, мониторот е подготвен за работа во неполни 3 секунди. Иако не е во можност да репро-дуцира FullHD-содржини, сепак приказот на боите и острината на сликата се речиси идеалени со мала забелешка кога станува

збор за приказот на сли-ката која изгледа помалку „изгорена“ при максимал-ните вредности на кон-трастот и осветлувањето. Сепак, релативно брзиот одѕив на пикселите го прави погоден и за гејминг. Менувањето на ориентацијата од хоризонтална во верти-калана е погодна за оние што најчесто работат со word-процесори, па вертикалната ориентација ќе овозможи доволно голем приказ на една страна на целиот мони-тор. Тоа што може да се смета како негативна страна на овој монитор е неговата робусност, која е окарактеризирана со тежината која изнесува 6,75kg и големиот простор (511 x 360 x 138 mm) кој го зафаќа на работната маса, но постаментот е тој што овозможува поставување во која било положба без истиот да се помрдне. Во поглед на потрошувачката на енергија, при работа троши околу 75W, додека во StandBy и Sleep-модовите троши минимал-ни 2W. l[ЧЕДОМИР ДИМИТРОВСКИ]

Карактеристично за Dell 2208WFP е неговиот постамент, кој освен што цврсто го држи за подлогата, опремен е со три зглоба и еден лизгач кои му овозможуваат четири степени на слобода

Робустен, но крајно флексибилен монитор

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ:Dellwww.dell.com• ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД:ЛАНКом Компјутериwww.lancom.com.mk

ЦЕНА

• 13.600 денари

ОЦЕНА

9/10

ОДЛИЧНО1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ЗА И ПРОТИВ

4-портен USB hubФункционален дизајнДобар приказ на боиОстра и јасна сликаTeжина

Одличен all-around монитор

ГАРАНЦИЈА 1 година

ЕКРАН 22” (~ 56 cm)

РЕЗОЛУЦИЈА 1,680 x 1050 пиксели

КОНТРАСТ 1000:1

ОСВЕТЛЕНОСТ 300 cd/m2

ОДЅИВ НА ПИКСЕЛИТЕ 5 ms

КОНЕКЦИЈА 1 x VGA, 1 x DVI со HDCP, 4 x USB

ТЕЖИНА 6.75 kg

ДИМЕНЗИИ 511 x 360 x 138 mm

СПЕЦИФИКАЦИИ

Page 12: Click #15

click јули 200926

click/хардвер/motherboard_gigabyte_P55_UD4P_LGA1156/

Нов дом за новите процесори Core i5Долгоочекувана и екстраквалитетна матична плоча

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ:Gigabytewww.giga-byte.com

ЗА И ПРОТИВ

Суперквалитетна изработкаP55 за новите подножја LGA 1156Поддршка на CrossFire и SLISATA IIIЌе видиме дали има .... !?

ЦЕНА

• 150-200 долари

Новата програма про-цесори на Intel која

од поодамна се подготвува и дел е пуштена во промет, полека ќе почне со смена на „старата“ постава про-цесори Core 2 Duo и Core 2 Quad, верувале или не. За таа цел, редно е тие про-цесори да може да бидат поставени на соодветна матична плоча, која ќе може да ги прифати новите подножја LGA 1156. Покрај новото лежиште, новина на овие процесори е дека ќе бидат четиријадрени со по 8MB cache, TurboBoost и HyperThreading технологии

како и мемориски контро-лер DualChannel DDRIII. Процесорите Lynnfield (Core i5) и Havendale ќе може да се набават, едниот од есен, а другиот кон по-четокот на идната година.

Новиот чипсет Р55 ќе биде замена за малку по-стариот Р45 со поддршка на една PCIe 16x или две PCIe 8x картички, иако слотовите се 16x, 14 порти за USB 2.0, 6xSATA II при-

приклучоците од страна на производителот Gigabyte била и ќе остане на ниво. Без проблем ќе може да се приклучат повеќе уреди одеднаш и притоа да не се создаде метеж од кабли во задниот дел. Одзади се и приклучоците кон „неизбежните“уреди eSATA. Внатрешното уредување е во препознат-лив стил на Gigabyte, како и квалитетната изработка на електронските делови. Сите критични делови (кон-дензатори) се солидно из-работении со декларација за непрекината работа од 6 години и RDS MOSFET, кои ќе ја намалат по-трошувачката, а ќе дадат многу повеќе. Додека им помине рокот, сигурно ќе го промените системот барем двапати. Се гледа дека главен акцент е ставен на квалитетната изработка, која се надеваме дека нема да ја премине деклари-

раната цена на светскиот пазар од 150-200 долари.

Ладилниците на North Biridge се поврзани како кај сите понови модели на плочи и се со солидно изведено ладење иако тие не се од бакар, бидејќи Gigabyte речиси нико-гаш не користел бакар. Најверојатно тоа е нивниот придонес кон светската криза за бакар. Новиот сокет LGA 1156 во многу нешто ќе се разликува од „постарите“ сокети. Про-токот на информации во значителна мера ќе биде зголемен, со што од таа страна ќе бидат подобрени перформансите на систе-мот. Сé на сé, една многу квалитетна и комплетна матична плоча која ќе ги оправда сите очекувања за неа, но тоа останува да видиме кога ќе пристигне на нашата „операциона маса“, нели!? l[ГОРАН СТАВРЕСКИ]

клучоци со проток од 3GB/s и Matrix Storage Technology 9.0 на Intel за уредување на просторот со подато-ци со поддршка на RAID 0,1,5 и 10, интегрирана LAN-картичка, интегриран бафер за оверклок и што уште не, за подобрување на работата и уживањето при користење. Поддршката на CrossFire е несомнена, но секако се очекува плочата да биде компатибилна на SLI на nVidia. За звучниот дел, задолжена ќе биде ALC888 интегрирана аудио-картичка на Realtek, кон која ќе може да се приклу-

чи сараунд сет звучници. Уште една нова работа, а тоа е приклучок за уредите SATA III со проток од 6GB/s, нешто што го имаат само новите SolidStateDrives. Нема да бидат пропуштени ниту приклучоците за FDD, паралелниот и сериски порт.

Интегрираниот бафер ќе овозможи подобар оверклок и постабилна работа. Организацијата на

Нова работа е приклучок за уредите SATA III со проток од 6GB/s, нешто што го имаат само новите SolidStateDrives, а нема да бидат пропуштени ниту приклучоците за FDD, паралелниот и сериски порт

ПРОИЗВОДИТЕЛ Gigabyte

ЧИПСЕТ P55

ПОДНОЖЈЕ НА ПРОЦЕСОР LGA 1156 (Core i5)

МЕМОРИЈА DDR III

ПРИКЛУЧОЦИ2xPCIe 16x, 3xPCIe 1x, 2xPCI, 14xUSB 2.0, 6xSATA II, 2xSATA III, 2xeSATA, 2xLAN, FireWire, 6xAudioOut

СПЕЦИФИКАЦИИ

Gigabyte P55 uD4P – дом по мерка за новите Core i5 процесори

Ветувачки - пасивно ладење врз кондензаторите

ОЦЕНА

Подгответе се навреме за но-вите процесори Core iX .....

9/10

ОДЛИЧНО1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

Page 13: Click #15

35click јули 2009

click/хардвер/nikon_coolpix_l20/

NIKON Coolpix L20 - допадлив изглед и уште подопадлива цена

Едноставното ракување и целосно автоматизираните опции не се на сметка на квалитетот на фотографиите

Впери и сликај!

Понудата на фотоапа-рати во компактната

категорија веруваме дека никогаш не била поголе-ма. Раст на перформанси, во исто време и пад на цените…едноставно, оваа категорија е популарна како никогаш досега.

Nikon L20 е модел што го свртува вниманието кон себе по две осно-ви. Прво, според својот модерен изглед и второ – поради популарната цена. Но, тоа не му се сите адути.

Дизајнот е стандард за оваа категорија. Умерена заобленост и лакирано пластично тело во бордо боја – дали акцентот е кон

понежниот пол?Распоредот на команди

е стандард, како и екра-нот со дијагонала од 3“.

Сензорот овозможува снимање на фотографии со максимална резолу-ција од 10 мегапиксели. Оптичкиот зум изнесува 3.6х.

Менито е крајно еднос-тавно. Нема напредни опции што се оставени за нагодување, освен вклу-чување или исклучување на асистенцијата при ав-томатското фокусирање. Изборот на автофокус мод не е можен, и зависи од предефинираните сцен-ски модови. Впрочем, и снимањето на фотогра-фии се одвива исклучиво преку овие модови, или се остава на автоматиката сама да се погрижи за сé. Тоа недвосмислено

покажува дека е ориен-тиран кон почетничката категорија.

Единствено нешто што е оставено на корисни-кот, покрај видеомодот е нагодувањето на бли-цот, компензацијата на експозиција, макромодот и тајмерот. Квалитетот на снимените фотогра-фии е компензација на недостиг од мануелни опции. Автоматиката очигледно е внимателно програмирана, така што предефинираните модови коректно си ја извршуваат функцијата.

Тоа особено важи за модот Easy Auto, кој во зависност од сцената го

избира вистинскиот мод од 16-те преддефинира-ни. Не е изоставена ниту опцијата за детекција на насмевка, што очигледно станува неизбежна во оваа категорија фотоа-парати. А кога говориме за детекцијата, инте-ресна опција е Blink warning – доколку некој

трепне при снимањето и е снимен со затворени очи, алгоритaмот на оваа опција го препознава „натрапникот“ и пред да ја сочува фотографијата во меморија ќе постави прашање – дали некој на фотографијата трепнал?

Макромодот овозможува снимки богати со детали, снимени на растојание од само неколку сантиметри. Спротивно на него, модот за снимање објекти во движење би можел да биде и подобар.

Опцијата за стаби-лизација е софтверска, но сепак значително ги елиминира последиците на немирната рака.

Панорамско снимање е една од преддефинирани-те опции. Фотографиите снимени во овој мод се обележуваат на соодветен начин, а нивната монтажа

се врши преку софтверот кој е приложен во ком-плетот со апаратот.

Видеоклиповите сниме-ни со овој апарат се зачу-вуваат во AVI мод. Можни резолуции се 640х480 пиксели при 30 слики/сек. и 320 х 240 пиксели при 30, односно 15 слики/сек.

Интерната меморија овозможува снимање на максимално 2 фотографии на највисока резолуција, затоа е неопходно да се размислува за набавка на мемориска картичка SD.

Како подарок со овој фотоапарат се добива-ат Sanyo полнач и две Sanyo Eneloop хибридни батерии за полнење, кои се карактеризираат со повисоки перформанси во поглед на бројот на сни-мени фотографии со едно полнење. Втора каракте-ристика е што самопраз-нењето на овие батерии процентуално е далеку помало во споредба со стандардните и алкални батерии.

Nikon L20 веројатно е еден од најевтините ком-пактни модели достапни на нашиот пазар. Но, не и на сметка на квалитетот на фотографиите, кој за

оваа категорија фотоа-парати е на мошне високо ниво. l[ЗОРАН ИВАНОВСКИ]

Nikon L20 е модел со крајно поедноставено ракување, што недвосмислено укажува на целната категорија корисници. За среќа, тоа не е на сметка на квалитетот на фотографиите.

Едноставен и лесен за користење

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ:Nikonwww.nikon.com• ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД:REFOTMwww.refot.com

ЦЕНА

• 7.990 денари

ОЦЕНА

7/10

ДОБРО1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ЗА И ПРОТИВ

ДизајнДобро калибрирани автоматски модовиЕдноставност на ракувањетоДобар квалитет на фотографиитеЦенаОтсуство на мануелни опцииНедоволно добро снимање објекти во движењеМала интерна меморија

Во секој случај, добар однос на вложено / добиено.

Page 14: Click #15

click јули 200946

Преглед на софтвер за дизајн на кујниБидете сам свој мајстор!

Лето е време кога обично дома се

работат крупни или големи зафати во доменот на реновирање или обнову-вање одделни сегменти или реони во домот. Ако се прашувате како и во кој домен компјутерите или во нашиот случај компјутерското списание може да ви помогне за да ви ги олесни горенаведе-ните зафати, одговорот е: Можеме да ви помогнеме на тој начин што ќе ви посочиме две софтверски апликации кои ќе ви по-могнат во дизајнирањето на вашата нова кујна. Секој од нас во глава има некаква визија како треба да изгледа новата кујна, која боја треба да преовла-дува, какви рачки да се постават или во кој дел да се лоцира фрижидерот, а каде работната површи-на. Верувајте, прашања и опции има милион и

голема помош можете да најдете во апликацијата што сето тоа што го имате во вашата глава ќе успее да го визуализира и да ви го претстави како тоа во суштина ќе изгледа кога ќе биде готово. Кога барем на екран или на лист хартија го имате готовиот произ-вод (додуша во виртуелна форма) лесно ќе можете да ги согледате недостато-ците или пропустите, нор-мално доколку ги има. Во компјутерската симулација лесно можете да правите промени без да ризикува-те уништување на некои градежни материјали и со самото тоа зголемување на трошоците на операцијата што е пред вас.

Постојат само неколку предуслови за користење ваков тип апликации, значи прво и основно мора да бидете сигурни во кој правец ќе се движите, значи да генерализираме

малку - постојат две основ-ни варијанти. Или имате во глава слика како сето тоа треба да изгледа или, пак, барате идеја за тоа како сакате да изгледа вашата нова кујна, во двата случаја пристапот е различен. зна-чи, или адаптирате готов дизајн или креирате свој. И уште една битна работа, а тоа е дека треба да се совлада апликацијата што ќе ја користите, значи џабе ви е најдобриот компјутер и најдобрата апликација во пакет ако не знаете како да ја користите.

Во следните неколку реда ќе ви претставиме релативно едноставни и во прва рака бесплатни апликации што лесно ќе ги совладате и се надевам ќе ви помогнат во вашата домашна задача.

KitChen Draw 5.0 (www.ktichendraw.com )

Моќна алатка за

дизајнирање виртуелни кујни, одлично конципиран интерфејс, лесен и интуи-тивен за користење.Оваа апликација е најдобра од сите што имав можност да ги погледнам и да ги анализирам. Главната

идеја кај оваа апликација е овозможување на корисни-кот со едноставно редење на компоненти (drag and drop style) да прави свои дизајнирани кујни, кои потоа од виртуелни може

да ги материјализира, нор-мално ако му се допаднат. Покрај можноста сами да креирате за себе, тука е и бизнис-опцијата која доколку ги поставите вред-ностите на компонентите како што треба, можете да направите комплетни понуди за секој дизајн на кујна за кој ќе посака-те. Апликацијата работи едноставно и потребни се неколку часа на користење за да ја совладате. за почеток потребно ви е да ја внесете димензијата и тлоцртот на вашата кујна, потоа да одберете боја и стил што ќе го аплицирате на надворешните сегменти (вратички, рачки и други елементи) и можете да почнете. Од десната страна можете да одберете кој тип елементи ќе ги поставува-те, а потоа од тој тип имате еден куп различни опции. Опциите се разликуваат по ширина, број на фиоки

ВО кОМПјуТЕРСкАТА СИМуЛАЦИјА

ЛЕСНО МОжЕТЕ ДА ПРАВИТЕ ПРОМЕНИ

бЕЗ ДА РИЗИкуВАТЕ уНИшТуВАњЕ НА НЕкОИ гРАДЕжНИ

МАТЕРИјАЛИ И СО САМОТО ТОА

ЗгОЛЕМуВАњЕ НА ТРОшОЦИТЕ НА

ОПЕРАЦИјАТА шТО Е ПРЕД ВАС.

click/софтвер/

Page 15: Click #15

47click јули 2009

click/софтвер/

или број на вратички. Кога ќе ја одберете саканата компонента, со едностав-но влечење на истата можете да ја поставите на точната локација на нацртот. Имате можност покрај кујнските елементи да ги поставите електрич-ните апарати (фрижидер, шпорет, машина за перење садови) и вратите и про-зорците на самата кујна. Кога ќе поставите сé како што сакате, можете да ја прегледате кујната во 3D-варијанта, односно да ја поставите точката од која ќе гледате. Наведени

се и димензии на елемен-тите, а истите можете да ги менувате во зависност од потребата и идејата како сакате да изгледа вашата кујна. Откако ќе завршите со првиот дел од работата, изборот и редењето на елементите, можете и да ја изрендерирате сликата за да видите како изгледа во 3D. Верувајте дека сé изгледа толку реално што едноставно со печатење на овие нацрти можете да ги искористите истите за правење на самите еле-менти. Голем плус кај оваа апликација е можноста за

работа како во stand alone мод, така и во мрежа, оваа опција овозможува повеќе луѓе да работат на еден проект. Исто така, како и повеќето други апликации, така и оваа не е ограниче-на на креирање само пла-нови на кујни (иако името води кон тоа), тука постои можност за креирање бањи, дневни соби, дворо-ви и други соби. На крајот на краиштата, со малку имагинација можете ком-плетно да го реновирате или редизајнирате целиот стан. Сé што ви е потребно е доволно време и трпение додека да ја совладате апликацијата, потоа само небото е лимит. Од страна на лиценцирањето, редно е да споменеме дека оваа апликација има можност за 30 часа бесплатно користење на истата, сето потоа се наплаќа по час користење и тоа 3,5 долари по час. И не така висока цена доколку почнете да заработувате со истата.

Smart Draw 2009 (www.smartdraw.com)

едноставно, лесно и брзо се основните карактерис-тики на оваа апликација.Smart Draw 2009 е апли-кација што се користи за цртање проекти, не само на кујни туку и на многу поголеми проекти. Во вол-шебникот имате опција да правите план од кујна, пре-ку дневни соби, станови, па сé до тлоцрти на ресторани и хотели. Оваа апликација е направена по примерот на MS Office 2007, па по-ради тоа е и многу лесна за учење и работење. Нема можност за преглед во 3D-варијанта, но од друга страна има можност за експортирање на напра-веното во повеќе разни типови датотеки. Покриени се сите office-апликации како и сите формати на слики. едноставноста на користење е слична како и кај претходно опишаната апликација, екранот што го имате пред вас е поделен на три дела, горниот пре-ставува лента со алатки, а под него од левата страна

е библиотеката со симболи и помошникот кој се на-рекува smart panel, додека целата друга површина претставува алтернатива на цртачки блок, односно дел на кој вашите скици оживуваат и се формираат во целосни проекти. Оваа апликација се инсталира на малку поинаков начин од да речеме стандардни-те инсталации, значи од интернет не преземате комплетен инсталациски фајл, туку се презема една мала датотека што кога сакате да ја инсталирате апликацијата се стартува и истата проверува кој оперативен систем се користи на компјутерот и

според таа информација ја презема потребната верзија на апликацијата и потоа ја инсталира. Сé на сé лесна и кориснички богата апликација, која лесно се совладува и потоа следува сериозна работа со истата. Исто така, до-колку повеќе се задлабо-чите во оваа апликација, ќе видите дека истата сé повеќе личи на MS Visio, многу дополнителни мож-ности само чекаат да бидат искористени. Апликацијата има бесплатна варијанта што трае 7 дена и потоа, доколку ви се допаѓа, ќе треба да издвоите околу 197 долари. l[ИВАН ЈАНКИЈеВИќ]

Kitchen Draw – Конечен, 3Д изглед на вашиот труд

Kitchen Draw – Извонредно прецизно редење на елементите, со димензии и називи на елементот

Kitchen Draw - Откако ќе завршите со изборот и распоредот на елементите, нивниот изглед може да се погледне во 3Д

„Windows like“ работната околина на Smart Draw помага програмата лесно да се совлада.

Smart Draw нема тродимензионален приказ, но овозможува експортирање во различни формати

Прво и основно мора да бидете сигурни во кој правец ќе се движите, значи да имате во глава слика како сето тоа треба да изгледа или, пак, барате идеја за тоа како сакате да изгледа вашата нова кујна и, најбитното, да ја совладате апликацијата што ќе ја користите!

ПОСТОјАТ САМО НЕкОЛку ПРЕДуСЛОВИ ЗА кОРИСТЕњЕ ВАкОВ ТИП АПЛИкАЦИИ

Page 16: Click #15

click јули 200948

click/софтвер/photoperfect

Педантно распоредени алатки за работа околу прегледни-кот на фотографии. Корисен детаљ – хистограм.

PhotoPerfectОткријте ја убавината на вашите дигитални фотографии

Во денешно време, кога речиси секој по-

седува дигитален фотоа-парат, се појавува потреба од софтвер со кој ќе може да се подобруваат или по-праваат веќе направените фотографии. за таа цел креиран е PhotoPerfect, апликација што може да му се најде на секој корисник кој се занимава со фотографирање.

Како една од клучни-те алатки што ги нуди PhotoPerfect е автомат-ската оптимизација на дигитални фотографии. Тоа значи дека со само еден клик ќе може да ја оптимизирате која било дигитална фотографија со помош на вклучениот алгоритам Xe847, како и напредна оптимизација со дополнителните plug-инови - i²e, Xe847 ProPlus или Perfectly Clear (вклучувајќи автоматско пронаоѓање и отстрану-вање на red eye несакани ефекти).

Секако дека освен авто-матското коригирање, по-нудени се основни алатки со кои рачно ќе може да

се подобри квалитетот на фотографиите. Достапна е опција со која ќе може да се регулира светлината, како и контрастот. Доколку блицот бил пресилен, тоа може да се коригира со опцијата токму за таа намена, како и можност да се осветлат темните делови од одредена фо-

се отстрани симетричната дисторзија. PhotoPerfect подржува 16 битни RAW и TIFF екстензии, што значи дека дозволува импор-тирање и изменување на фотографии снимени во RAW формат. Апликација-та има вградена инте-лигентна ретуширачка функција со четки за по-правање, но и бришење. екстензијата MonochromiX служи за напредна црно-бела конверзија. Може да ги генерирате, измените и зачувате Exif како и IPTC-информациите. Автомат-ски може да се намали ефектот Vignette или да се поправат конвергирачки-те линии.

Печатењето на фотогра-фиите е значително олес-нето со предефинирани темплејти, што значи на едноставен начин може да се печати одредена постерска или панорамска фотографија на повеќе страни или неколку фото-графии на само еден лист.

Во PhotoPerfect има

тографија. Во PhotoPerfect има интегрирано опција со која може да се нагоди сатурацијата, но и да се направи ретроспективна контрола на белата боја, баланс и температура на бојата, па дури и намалу-

вање на шумот.Доколку се појави пот-

реба од додатни корекции на одредена дигитална фитогеографија, тоа може да се стори со напредни-те алатки за таа намена. една од таквите алатки овозможува изострување на фотографијата. Со band-филтерот може да

интегриран енџин за VB и Java-скрипти. Апли-кацијата има поддршка за Photoshop компати-билни додатоци, како и macro функционалност. Нативниот скиптирачки јазик е PPScript, кој има повеќе од 250 располож-ливи команди. Со помош на скрипта може да се процесираат поголем број фотографии одеднаш.

Како и секоја алатка од ваков тип, на распола-гање се и дополнителни опции за манипулација со фотографиите, кои ја елиминираат потребата за користење дополни-телен софтвер: ставање рамки околу фотографи-ите, креирање слајд-шоу, прегледувач, опција за испраќање на фотогра-фиите преку имејл, а тука е и GPS-поддршката која овозможува внесување на GPS-информации од NMEA трак-листа. l[САшА ЛИЛчИќ]

ИНФО

• НАСЛОВ: PhotoPerfect• ИЗДАВАЧ: Arcadia Software AG• ЛИЦЕНЦА: Basic верзија 59.99$, premium верзија 129.99$, 269.99$ ultimate верзија• ПЛАТФОРМА: Windows 2000, XP, Vista• URL: http://www.arcadiasoftware.com/

ЗА И ПРОТИВ

Едноставен и интуитивен за работаУредна и пријатна корисничка околинаМултифункционаленЦената

ОЦЕНА

8.5/10

MНОГУ ДОБРО

Photoperfect е апликација која нуди сет од повеќе професионални алатки за уредување на сите ваши дигитални фотографии.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

Во PhotoPerfect има интегрирано опции што помагаат во коригирањето на снимените фотографии. Автоматските користат дефинирани алгоритми, а доколку корисниците сакаат самите да експериментираат, на располагање им стојат рачните опции.

Page 17: Click #15

click јули 200968

Џон Вејн и Гари КуперВестернот никогаш не изгледал пореално

(FirstPersonShooting-FPS) во амбиент на Дивиот Запад, каде што се игра со повеќе ликови во разни делови од играта, во една поврзана при-казна. Приказната таму

ја прераскажува младиот полуиндијанец, но гледа-на е од две перспективи: на позитивен лик и на не-гативно-позитивниот лош свештеник (пречесниот Реј) што го гони заради

матика, што е факт уште повеќе, нема многу игри со призвук на Дивиот За-пад. Ќе излезе дека нема да биде погрешно ако се каже дека е можно да излезат повеќе игри на слична вестерн-тематика

Ретко кога може да се каже дека игра од

Ubisoft не е добра. Уште пред две години, Ubisoft и Techland ја донесоа на свет играта Call of Juarez. Досега не излегла игра со таква интересна те-

од други резвојни куќи, бележејќи го успехот и популарноста на претход-ниот дел од оваа игра.

Колку за потсетување за оние што ја играле играта, се работи за играње во прво лице

Реј и Томас Мекол, двајцата браќа во виорот на Конфедера-циската војна пребегнале да ги заштитат своите семејства од војската на Унијата. Доаѓајќи на местото на настанот, заклучу-ваат дека пристигнале доцна и го наоѓаат својот имот ограбен и опустошен. Стануваат прогонувани од својот командант заради дезертирање од армијата.

СЦЕНАРИО

Page 18: Click #15

69click јули 2009

убиство на татко му, брат на „свештеникот“. Се-како, златната треска во граничниот дел на дивата америка и Мексико е присутна како тенка жица низ целата приказна.

Во новиот дел од играта, дејствието не е стандардно како во пре-тходниот дел, односно не продолжува приказната таму каде што застанала, туку се случува неколку десетини години порано. Приказната е испрепле-тена со многу интриги кон одмаздата и проклетото богатство во комплетна вестерн-атмосфера, повторно на речиси истиот дел од америка. Дејствието на играта ќе се менува сукцесивно од ликот од претходниот дел, Реј и Томас Мекол, двајцата браќа во виорот

на Конфедерациската војна кои пребегнале да ги заштитат своите семејства од војската на Унијата.

Доаѓајќи на местото на настанот, заклучуваат дека пристигнале доцна и го наоѓаат својот имот ограбен и опустошен. Барајќи ја среќата на друго место за да можат повторно да го изградат своето живеалиште, стануваат прогонувани од

својот командант заради дезертирање од армијата. Во тоа бегство, Томас се сретнува со многу шерифи, заменици и Индијанци апачи од кои мора да пронајде излез. еден од излезите, Томас го наоѓа во друштвото на мексиканскиот бандит Хуан и неговата љубов-ница Мариса, мајка на неговото идно дете (што го видовме во претходни-от дел на Call of Juarez). Во потрагата по лесна заработка, Томас дознава од Мариса за проколна-тото злато на мореплове-цот Кортез. Приказната е комплексна и ги открива сите тајни што во првиот дел останаа мистерија, а сепак на крајот излегува како целосна добропре-раскажана приказна. Прераскажувањето е

од страна на Вилијам Мекол, таткото на Реј и Томас, кој го информира играчот за сите детали додека се лоадира секој дел од играта (слично како првиот дел). Доколку не сте го играле првиот дел, може слободно да го заиграте овој дел, без да бидете изгубени во играта (но, незаборавајте да го заиграте и првиот :-) ). Стилот на играње не е многу променет, со

ИНФО

• Call of Juarez• ПРОИЗВОДИТЕЛ: Ubisoft и Techland•ИЗДАВАЧ: Techland• РАЗВОј: Ubisoft• ЖАНР: Western FPS• ПЛАТФОРМА: PS3, PC• URL: www.callofjuarez.com

ЗА И ПРОТИВ

Прекрасна DX10 околинаBullet-time дуелиПовторо сме позитивни негативциСупер графикаТрудот од првиот дел се исплатешеМал број на ликови во игратаПреголема брзина на играње и кратка игра

click/игри/call_of_juarez_ bound_in_blood/

ОЦЕНА МНОГУ ДОБРО

Еден од излезите од тешката ситуација, Томас го наоѓа во друштвото на мексиканскиот бандит Хуан и неговата љубовница Мариса, мајка на неговото идно дете

тоа што има неколку нови потези и секако начинот на кој играте во каракте-рите, ќе се менува како што го менувате карак-терот. Тоа што важеше претходно за Реј, ќе важи и понатаму, значи двобои со молскавична брзина (Матрикс-ефект, кој за среќа е добро изведен), а и борбата со него ќе биде полесна. Томас ќе треба да се снаоѓа со помошни објекти и разни динамити, лесни пушки и стрели со краток дострел, бидејќи не е вешт пишто-лџија како својот постар брат, но многу полесно ќе може да се снајде со пречките на патот отколку „идниот“ реверенд Реј. Интересна е употребата на ласото (тоа што во првиот дел беше бичот за младиот полуиндија-нец) за совладување на пречките. Иако реша-

вањето на противниците е за нијанса полесно со постариот брат, со мала доза вежба со огнено оружје, многу лесно ќе може да ги совладате негативците во играта. Тоа што ја прави игра-та „тешка“ за играње е неверојатната прециз-ност на противниците од далечина, како и нивната молскавична брзина на повлекување на оружје-то, но од друга страна олеснето со нивната помалку глупава веш-тачка интелигенција. Затоа Реј ќе биде тој што ќе влегува во директни конфликти со противни-ците бидејќи носи на себе и armor - железна плоча на своите гради, а Томас е тој што ќе може да им се приближува речиси нечујно до нив и од зад грб да ги решава проблемите дали со голи

Page 19: Click #15

click јули 200970

Ако се прави продолжеток на игра, не значи дека треба да краток. Кога ли тоа ќе го разберат производителите на игри...?

ЗАКЛУЧОК

click/игри/call_of_juarez_ bound_in_blood/

раце (непрепорачливо) или со нож и другото stealth оружје, стрелата (препорачливо). Наша препорака е да ја играте играта така како што е замислена од развојниот тим на Techland, бидејќи може да се случи да се промаши некој интере-сен дел при играњето. Новина во овој дел е дека играчот ќе има слобода на избор на карактер за секој дел од приказната, но нема да биде иста патеката на движење на двата карактера, без раз-лика кој ќе биде одбран. Стилот што повеќе ќе го преферирате, ви стои на располагање. Ние го одбравме „пречесниот“ Мекол во поголемиот дел од играта, бидејќи сакавме малку повеќе акција гради-во-гради со противниците и малку повеќе чувство дека се наоѓаме барем за дел во таа варварска околина. Интересните новини за разлика од другите игри немаат крај. Само ќе на-помневме дека оружјето (исто како во првиот дел) ќе биде потрошно, така што нема да можете да ја завршите играта со само еден пиштол или пушка, туку ќе мора да пронаоѓате некои помал-

ку истрошени парчиња оружје од паднатите противници и да го мену-вате. Концентрацијата за брзо влечење на оружјето ќе мора да ја градите со елиминирање на проти-вниците, сепак таа нема да трае вечно за да не се дозволи во играта да станете Billy The Kid или Wild Bill Hickok. Дуелите нема да бидат изоставени ниту во овој дел, бидејќи претставуваат интере-сен дел од самата игра. Секако, противникот ќе биде најдобриот пишто-лџија од градот, така што повежбајте пред огледало дома на брзо влечење и пукање. Битен елемент за успешно поминување на тие делови е да се пот-рудите да ги избегнувате куршумите на против-никот со навалување на карактерот лево и десно.

Групното играње (multiplayer) ќе биде само една продолжена рака на првиот дел, така што некои посебни други новини нема да најдете тука. Без грижи, забавата и уживањето во Дивиот Запад нема да изостане.

Играта се одликува со

многу добар gameplay, интересна и испреплете-на приказна, прекрасно преставени карактери и околина, која не е иста на ниедно место во играта. Момците од Techland се потрудиле на тој дел, како и на имплемента-цијата на засенчувачите во околината, сенките, светлото, slow-mo пу-кањето и елиминацијата на противниците, речиси добра физика и непрего-лемата побарувачка на хардверски карактерис-тики. Малку е посветено внимание на лицата од противниците, како и на бројот на лицата, така што многу лесно може да се случи да се најдете гради во гради со ликот (под друго име, нормал-но) што претходно сте го пречкртале од списокот со живите.

За играње ќе ви биде потребна понова машина и графичка картичка што ќе извади повеќе fps-а, за мазно играње во де-ловите во кои има повеќе непријатели и дуели. Тоа е нормално со секоја нова игра. l[ИВаН МаНчеВСКИ]

Page 20: Click #15