cv instructions

15
Инструкции за употреба на Europass кратка биографија - http://europass.cedefop.europa.eu - © European Communities 2003 Страна 1 Инструкции за употреба на Europass кратка биографија ( http://europass.cedefop.europa.eu ) Вовед Составувањето на кратката биографија претставува значаен чекор кога барате работа или обука. Кратката биографија (CV) е честопати првиот контакт со вашиот иден работодавач. Таа треба веднаш да го привлече вниманието на читателот, и да покаже зошто треба да ве викнат на интервју. Важно! Вообичаено работодавачите посветуваат не повеќе од една минута на секоја кратка биографија (CV) кога ја прават првата селекција од апликациите кои се добиени. Ако не успеете да го извршите вистинското влијание, ќе ја изгубите можноста што ви е на располагање. Внимателно прочитајте ги следните информации пред да ги внесете личните детали во образецот. Општи препораки Пред да започнете да ја пишувате вашата кратка биографија, потсете се на неколку значајни принципи: Внимавајте како ја презентирате вашата кратка биографија (CV) Наведете ги вашите квалификации, вештини и компетентност на јасен и логичен начин, така што лесно ќе може да се забележат специфичните особини. Посветете доволно внимание на сите релевантни детали, како за содржината така и за презентирањето; нема оправдување за правописни и интерпункциски грешки! Концентрирајте се на суштинските работи - Кратката биографија мора да биде концизна: во повеќето случаи, доволни се две страни за да покажете кој сте и што сте. Кратка биографија од три страни може да се смета за предолга во некои земји, дури и да имате извонредно работно искуство. - Ако вашето работно искуство е ограничено (бидејќи тукушто го завршивте средното образование или факултетот), најпрво опишете го вашето образование и подготовка; истакнете го работниот ангажман во текот на школувањето (видете онлајн примери); - Концентрирајте се на суштинските информации кои на вашата апликација и даваат додадена вредност: работно искуство или подготовка кои не се релевантни за апликацијата, може да бидат изоставени. Прилагодете ја вашата кратка биографија да одговара на местото за кое аплицирате Направете систематска проверка на вашата кратка биографија (CV) секој пат кога сакате да го пратите на работодавач, за да видите дали одговара на бараниот профил; истакнете кои се вашите склоности во

Upload: -

Post on 03-Nov-2014

54 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

cv

TRANSCRIPT

Page 1: Cv Instructions

Инструкции за употреба на Europass кратка биографија - http://europass.cedefop.europa.eu - © European Communities 2003

Страна 1

Инструкции за употреба на Europass кратка биографија ( http://europass.cedefop.europa.eu )

Вовед Составувањето на кратката биографија претставува значаен чекор кога барате работа или обука. Кратката биографија (CV) е честопати првиот контакт со вашиот иден работодавач. Таа треба веднаш да го привлече вниманието на читателот, и да покаже зошто треба да ве викнат на интервју. Важно! Вообичаено работодавачите посветуваат не повеќе од една минута на секоја кратка биографија (CV) кога ја прават првата селекција од апликациите кои се добиени. Ако не успеете да го извршите вистинското влијание, ќе ја изгубите можноста што ви е на располагање. Внимателно прочитајте ги следните информации пред да ги внесете личните детали во образецот. Општи препораки Пред да започнете да ја пишувате вашата кратка биографија, потсете се на неколку значајни принципи:

Внимавајте како ја презентирате вашата кратка биографија (CV) Наведете ги вашите квалификации, вештини и компетентност на јасен и логичен начин, така што лесно ќе може да се забележат специфичните особини. Посветете доволно внимание на сите релевантни детали, како за содржината така и за презентирањето; нема оправдување за правописни и интерпункциски грешки! Концентрирајте се на суштинските работи - Кратката биографија мора да биде концизна: во повеќето случаи, доволни се две страни за да

покажете кој сте и што сте. Кратка биографија од три страни може да се смета за предолга во некои земји, дури и да имате извонредно работно искуство.

- Ако вашето работно искуство е ограничено (бидејќи тукушто го завршивте средното образование или факултетот), најпрво опишете го вашето образование и подготовка; истакнете го работниот ангажман во текот на школувањето (видете онлајн примери);

- Концентрирајте се на суштинските информации кои на вашата апликација и даваат додадена вредност: работно искуство или подготовка кои не се релевантни за апликацијата, може да бидат изоставени.

Прилагодете ја вашата кратка биографија да одговара на местото за кое аплицирате Направете систематска проверка на вашата кратка биографија (CV) секој пат кога сакате да го пратите на работодавач, за да видите дали одговара на бараниот профил; истакнете кои се вашите склоности во

Page 2: Cv Instructions

Инструкции за употреба на Europass кратка биографија - http://europass.cedefop.europa.eu - © European Communities 2003

Страна 2

однос на специфичните барања на потенцијалниот работодавач. Доброто познавање на компанијата ќе ви помогне да ја скроите вашата кратка биографија за соодветниот профил. Внимавајте: вештачки да не ја преувеличувате вашата кратка биографија; доколку го сторите тоа, има веројатност дека ќе ве откријат во текот на интервјуирањето.

Придржувајте се на структурата на образецот Кратката бографија Europass ви овозможува да ги презентирате вашите квалификации, вештини и компетентност по логичен редослед: - лични информации; - опис на вашето работно искуство; - опис на вашето образование и обука (тие може да се неведат пред заглавјето ‘Работно искуство’ за

лицата со ограничено работно искуство; да се промени редоследот на двете заглавја, со употреба на командата ‘copy/paste’ во вашиот софтвер за обработка на текст);

- детален список на вашите вештини и компетентност, кои се стекнати во текот на вашето школување, работа или секојдневен живот.

Забелешки: - отпечатете ја вашата кратка биографија на бела хартија; - задржете го предложениот фонт и дизајн на страницата; - избегнувајте потцртување или пишување на цели реченици со големи букви или затемнети букви: тоа влијае

на читливоста на документот; - не го делете напишаното во едно заглавје на две страни (на пример: листата на курсеви за обука) – за да го

избегнете тоа употребете ја командата ‘page break’ на вашиот софтвер за обработка на текст; - полињата кои содржат разни заглавја не треба да се појавуваат на отпечатениот документ.

Бидете јасни и концизни Потенцијалниот работодавач треба да го оцени вашиот профил само по неколку секунди читање. Заради тоа: - употребувајте кратки реченици; - концентрирајте се на релевантни аспекти од вашата наобразба и работно искуство; - објаснете ги прекините во текот на вашите студии или кариера; - избришете ги заглавјата кои се незадолжителни (например: доколку немате ‘уметнички вештини и

способности’ (види страна 2 на образецот) или доколку сметате дека тие вештини и способности не даваат додадена вредност на вашата апликација, избришете го целиот тој запис со употреба на командата ‘cut’ од софтверот за обработка на текст.

Замолете некој друг да ја прочита кратката биографија при комплетирањето Внимателно проверете ја вашата кратка биографија откако ќе ја пополните за да отстраните печатни грешки, и за да потврдите дека се е наведено на јасен и логичен начин. Побарајте некој друг да ја прочита вашата кратката биографија, за да бидете сигурни дека содржината е јасна и лесна за разбирање.

Page 3: Cv Instructions

Инструкции за употреба на Europass кратка биографија - http://europass.cedefop.europa.eu - © European Communities 2003

Страна 3

Детални инструкции за употреба на Europass кратката биографија

(http://europass.cedefop.europa.eu)

Како да ја подготвите вашата Europass кратка биографија? I. Употребете го онлајн интерфејсот или симнете го образецот за CV:

Можете да го

a) Употребите онлајн интерфејсот кој е достапен на веб страната на Europass. (http://europass.cedefop.europa.eu), вашето CV потоа може да се зачува на директориум по ваш избор;

или

б) Симнете го образецот за CV (во Word или како OpenDocument формат) на јазик по ваш избор од истата веб страна и зачувајте го на хард дискот на вашиот компјутер; потоа можете да ги пополните различните заглавја во колоната од десната страна, и внесете ги вашите лични податоци.

Доколку имате потреба од упатства, консултирајте го примерокот на кратки биографии кои се поставени на http://europass.cedefop.europa.eu

II. Пополнете ги различните секции на следниов начин

Важно: - Не го менувајте текстот на колоната од левата страна; - Придржувајте се на дизајнот на страницата и фонтот кој е употребен во образецот

Page 4: Cv Instructions

Инструкции за употреба на Europass кратка биографија - http://europass.cedefop.europa.eu - © European Communities 2003

Страна 4

E u r o p a s s

Кра т к а био г р афи ј а

Ставете фотографија ако тоа се бара (по избор) Забелешки: - Фотографијата не е важна за кратката биографија, освен доколку тоа не се бара од

страна на работодавачот

- формат: се препорачува jpg.

Лични информации

Презиме (-иња) / Име (-иња) (избришете ако не е релевантно)

Наведете го вашето презиме (-иња) (по можност со големи букви но помал фонт) и името (-иња), (по можност со мали букви), на пример: АЛЕКСАНДАР ФИЛИПОВСКИ Согласно на правилата кои важат во вашата земја. Забелешка: Ако имате повеќе од едно име, прво наведете го името кое вообичаено го употребувате.

Адреса(-и)

(избришете ако не е релевантно) Наведете ја целосно вашата поштенска адреса (-и) каде што сакате да ве

исконтактираат, на пример: Бул. „Св. Климент Охридски“ бр.4/2, 1000, Скопје, Р. Македонија Забешеки:

- наведете ја јасно адресата на која може најбрзо да ве исконтактираат. Доколку вашата постојана адреса е различна од адресата на која моментално живеете, можете да ги напишете двете адреси, и притоа наведете ги датумите помеѓу кои ќе можат да ве исконтактираат на секоја од адресите;

- редоследот по кој се наведуваат деловите од адресата може да се разликуваат во разни земји; следете ги правилата кои се применуваат така што поштата ќе стигне до вас побрзо; не го заборавајте кодот на земјата доколу аплицирате во странство (види пример за CV);

- Доколу станува збор за Ирска, Обединетото Кралство и Холандија, називот на земјата се наведува во целост:

Даблин 2 Ирска

… Лондон SW1P 3AT Обединето Кралство

2500 EA Ден Хаг Холандија

За повеќе детали, консултирајте се Водичот за меѓуинституционален стил, кој е достапен онлајн:

http://publications.europa.eu/code/en/en-370103.htm

Page 5: Cv Instructions

Инструкции за употреба на Europass кратка биографија - http://europass.cedefop.europa.eu - © European Communities 2003

Страна 5

Телефон (-и) (избришете ако не е релевантно)

Наведете го телефонскиот број(-еви) каде што сакате да ве контактираат, на пример: Фиксен: +389 2123456 Мобилен: +389 123456789

Забелешки:

- ако сакате да го испратите вашето CV во други земји, наведете го позивниот број за земјата и регионалниот позивен број во заграда. Овие два позивни броја треба да се поврзат со цртичка/тире, на пример.: (389-2) 123 45 67 за број во Скопје.

- Поделете го главниот број во групи од по два броја од десната страна, а последната група да содржи три бројки доколку бројот е непарен (помеѓу групите бројки се остава простор, а не точка), на пример. (389-2) 123 54 76 за број во Скопје.

Факс (-ови)

(избришете ако не е релевантно)

Напишете го вашиот број (-еви) на факс, и применете ги истите правила како и за вашиот телефнски број(-еви), на пример: +389 2123457

Е-мејл(-ови)

(избришете ако не е релевантно)

Напишете ја целосно вашата адреса(-и) за електронска пошта (e-мејл), и наведете дали е тоа ваша лична или службена адреса, на пример: [email protected]

Националност (-и) (незадолжително)

Напишете ја вашата националност(-и), на пример: Македонец

Датум на раѓање

(незадолжително) Наведете го датумот на раѓање (ден/месец/година), на пример:

02.04.1963

Пол (незадолжително)

Наведете го вашиот пол, (Машки/Женски) на пример: Машки

Посакувано вработување / Професионална област

(избриштете ако не е релевантно)

Наведете ја работата или професионалната област на кои целите, на пример:

Менаџер на бази на податоци и администратор Забелешка: на овој начин обезбедувате моментален преглед на вашиот профил со фокусирање на вашите клучни способности.

Page 6: Cv Instructions

Инструкции за употреба на Europass кратка биографија - http://europass.cedefop.europa.eu - © European Communities 2003

Страна 6

Работно искуство

Во ова заглавје, внесете посебни информации за секое релевантно работно место, започнувајќи од најскорешното. Забелешки: - Ако аплицирате за ваше прво вработување, не заборавајте да ги наведете работните ангажмани во текот на

школувањето со што давате доказ за вашиот прв контакт со работниот свет; - Ако вашето работно искуство е сеуште ограничено (бидејќи неодамна го имате завршено училиштето или

факултетот), прво опишете го вашето образование и обученост (за да го промените редоследот на двете заглавја, послужете се со командата ‘copy/paste’ во вашиот софтвер за обработка на текст); истакнете го работниот ангажман во текот на школувањето (види примери онлајн);

- За да биде накратко, фокусирајте се на работното искуство кое на вашата апликација и дава додатна тежина. Не го пропуштајте искуството кое може да ви даде предност, иако не е директно поврзано со профилот на работното место за кое аплицирате (на пример: време на престој во странство, работа преку која сте стапиле во контакт со јавноста итн.);

- Умножете ја табелата (со употреба на командата ‘copy/paste’ во вашиот софтвер за обработка на текст) онолку пати колку што е потребно. За да избришете заглавје, употребете ја командата од менито ‘Table’ во вашиот софтвер за обработка на текст.

Датуми Напишете ги датумите за да покажете колку време сте работеле на даденото работно место, на пример: Од март 1994 до декември 1999

Звање или позиција Наведете го називот на работното место или карактеристиките на вашето звање, на пример: автомеханичар, техничар за одржување, рецепционер

Главни активности и одговорности Наведете ги вашите главни активности и одговорности, на пример: Одржување на компјутери или Односи со добавувачи или Одржување на паркови или градини Ако е потребно, одмерете ги вашите одговорности (проценти на работно време, време поминато за секое занимање, итн.).

Име и адреса на работодавачот Наведете го името и адресата на работодавачот, на пример: Мобил ДОО., Рузвелтова, 34, 1000 Скопје, Р. Македонија Забелешка: Доколку се релевантни, додадете повеќе информации (телефон, факс, е-мејл или интернет адреса), на пример: Тел: (389-2) 123 45 67 - Факс (389-2) 123 45 68 - E-мејл: [email protected]; Веб страна: http://www.mobil.com.mk

Тип на бизнис или сектор Наведете ја природата на бизнисот или секторот на работодавачот, на пример: Телекомуникации или Ревизија или

Page 7: Cv Instructions

Инструкции за употреба на Europass кратка биографија - http://europass.cedefop.europa.eu - © European Communities 2003

Страна 7

Производител на делови за моторни возила

Page 8: Cv Instructions

Инструкции за употреба на Europass кратка биографија - http://europass.cedefop.europa.eu - © European Communities 2003

Страна 8

Образование и обука

Во ова заглавје, внесете го посебно секој курс кој го имате завршено, т.е. секој курс со кој сте стекнале квалификации, започнувајќи од најскорешниот. Забелешки: - Ако вашето работно искуство е сеуште ограничено (бидеќи неодамна го имате завршено училиштето или

факултетот), прво опишете го вашето образование и обука (за да го промените редоследот на двете заглавја, послужете се со командата ‘copy/paste’ во вашиот софтвер за обработка на текст);

- Нема потреба да ги покажете сите ваши квалификации: не одете толку далеку како што е основното училиште доколку имате универзитетска диплома; концентрирајте се на квалификациите кои даваат предност на вашата апликација;

- Умножете ја табелата (послужете се со командата ‘copy/paste’ во вашиот софтвер за обработка на текст) онолку пати колку што е потребно. За да избришете заглавје, употребете ја командата на менито ‘Table’ во вашиот софтвер за обработка на текст.

Датуми Напишете ги датумите за да покажете колку време траел дадениот курс, на пример: Од септември 1994 до јуни 1998

Назив на стекнатите квалификации Напишете го точниот назив на стекнатите квалификации, на пример: Државна стручна квалификација (ДСК), Степен 2: Пекарски услуги

Забелешка: избегнувајте да употребувате само кратеници (на пр. ДСК). Главни предмети/опфатени

стручни вештини Резимирајте ги главните предмети или стручни вештини кои ги имате научено во

текот на дадениот курс, ако е потребно групирајте ги за да биде наведено на пократок начин, на пример: Општи - Македонски јазик, математика, странски јазик (англиски) - Физичко образование и спортови Стручни - Стручни техники (подготовка на стандарден леб, специфични видови на леб, торти и пецива)

- Наука која се применува за храна и опрема (микробиологија, биохемија, хигиена) - Стручна технологија (основни принципи, хигиена и безбедност) - Познавање на бизнисот и неговата економија, правен и општествен контекст.

Забелешка: комбинирате ги деловите, и концентрирајте се на стручните вештини кои може да ви дадат предност доколку бидете назначени.

Име и тип на организација која обезбедува едукација и обука

Наведете го името (и доколку е соодветно, адресата) и типот на институција која сте ја посетувале, на пример: Средно стручно училиште Илинденска 3 1000 Скопје

Степен во националната или меѓународна класификација

(избришете ако не е релевантно)

Доколку степенот на квалификации кореспондира со постоечкиот национален или меѓународен систем за класификација, наведете го степенот во таа класификација (национална класификација, ISCED(меѓународна стандардна класификација), итн.).

Page 9: Cv Instructions

Инструкции за употреба на Europass кратка биографија - http://europass.cedefop.europa.eu - © European Communities 2003

Страна 9

Ако има потреба, прашајте го телото кое ви ја доделило квалификацијата. За повеќе информации околу ISCED (Меѓународна стандардна класификација за образование) креирана од UNESCO, погледнете на: http://www.uis.unesco.org/Library/Documents/isced97-en.pdf

Page 10: Cv Instructions

Инструкции за употреба на Europass кратка биографија - http://europass.cedefop.europa.eu - © European Communities 2003

Страна 10

Лични вештини и способности

Оваа страна е посветена на вештините и способностите кои сте ги стекнале во текот на животот и кариерата, а кои не мора да бидат неопходно покриени со формални сертификати и дипломи. Со други зборови, целта е да се добие целосна слика за вашите вештини и способности. Заглавјата подолу (јазици, социјални, организациски, технички, компјутерски, уметнички и други вештини и способности) ви даваат можност да ги опишете вештините и способностите кои сте ги стекнале исто така и во текот на вашето образование, и обука (во текот на студиите) за време на семинари или сесии за продолжено образование, и на неформален начин (во текот на професионалните активности и активности во слободното време). Општа забелешка: Избришете било кое заглавје во кое немате ништо релевантно да кажете, и послужете се со командата ‘cut’ од менито на вашиот софтвер за обработка на текст.

Мајчин јазик(-ици) Наведете го вашиот мајчин јазик (-ици) тука, на пример: Македонски

Друг јазик(-ици)

(избришете ако не е релевантно) Забелешка: во делот подолу наведете ги вашите вештини и способности за странски јазици. Употребете го скалилото за самопроценка кое го има подготвено Советот на Европа за да им се помогне на луѓето да направат самопроценка на нивото на кое го разбираат, зборуваат и пишуваат (види иснструкции под заглавјето).

Самопроценка Разбирање Зборување Пишување Европско ниво (*) Слушање Читање Говорна интеракција Продукција на говор

Шпански (C1) Користи на напредно ниво

B2 Користи самостојно

(A2) Користи на основно ниво

(B1) Користи самостојно

(B2) Користи самостојно

Француски (B1) Користи самостојно B2 Користи самосотојно

(A2) Користи на основно ниво

(A2) Користи на основно ниво

(A2) Користи на основно ниво

(*)Ниво од Заедничката европска референтна рамка (CEF) Инструкции за употреба на табелата за самопроценка Табелата за самопроценка се заснова на скалило од шест нивоа на Заедничката европска референтна рамка за јазици, која ја има развиено Советот на Европа. Табелата се состои од три пошироки нивоа кои се тука наведени: - Користи јазик на основно ниво (нивоа A1 и A2); - Користи јазик самостојно (нивоа B1 и B2); - Користи јазик на напредно ниво (нивоа C1 и C2). За да направите проценка на вашето ниво на познавање на странски јазик, прочитајте ги описите подолу и напишете го релевантното ниво (на пример: Корисник на напредно ниво - C2) во соодветното поле од вашата кратка биографија (CV) (Слушање, Читање, Говорна интеракција, Продукција на говор и Пишување).

Page 11: Cv Instructions

Инструкции за употреба на Europass кратка биографија - http://europass.cedefop.europa.eu - © European Communities 2003

Страна 11

Разбирање

Слушање A 1: Јас можам да разберам познати зборови и многу основни фрази во врска со мене, моето семејство и

непосредната околина, кога луѓето зборуваат бавно и јасно. A 2: Јас можам да разберам фрази и зборови кои најчесто се употребуваат, а кои се однесуваат на области

кои ми се лично најрелевантни (на пример: основни лични и семејни информации, шопинг, локалната средина, вработување). Јас можам да ја сфатам главната поента во кратки, јасни, едноставни пораки и известувања.

B 1: Јас можам да ги сфатам главните поенти на јасен стандарден говор за познати работи кои редовно ги среќавам на работа, во училиште, во слободното време итн. Јас можам да ја разберам главната поента на повеќето радио и телевизиски програми за тековни работи или теми од личен и професионален интерес, кога тие се соопштуваат релативно бавно и јасно.

B 2: Јас можам да разберам подолг говор или предавање, и да следам и посложени серии на аргументи, под услов темата да е разумно позната. Јас можам да ги разберам повеќето од вестите на ТВ и програмите за тековни случувања. Јас можам да ги разберам повеќето од филмовите на стандарден дијалект.

C 1: Јас можам да разберам подолг говор дури и кога не е јасно структуриран, и кога односите само се подразбираат и не се наведуваат експлицитно. Јас можам да разберам телевизиски програми и филмови без многу напор.

C 2: Јас немам никаква потешкотија да разберам било каков говорен јазик, без разлика дали во живо или пренесуван, дури и со брзина на зборување на мајчин јазик, под услов да имам некое време да го усвојам акцентот.

Читање A 1: Јас можам да разберам познати називи, зборови и многу едноставни реченици, на пример на

известувања и постери или во каталози. A 2: Јас можам да читам едноставни, многу кратки текстови. Јас можам да пронајдам конкретни,

предвидливи информации во секојдневни едноставни материјали како што се огласи, проспекти, мениа и временски распореди, и јас можам да разберам кратки едноставни лични писма.

B 1: Јас можам да разберам текстови кои главно се состојат од секојдневен јазик кој е поврзан со работата и најчесто се употребува. Јас можам да разберам опис на настани, чувства и желби во лични писма.

B 2: Јас можам да читам натписи и извештаи кои се однесуваат на тековни проблеми во кои авторите прифаќаат одредени ставови и гледишта. Можам да разберам современа книжевна проза.

C 1: Јас можам да разберам долги и сложени тесктови базирани на факти и литературни текстови, и да ги препознаам разликите во стилот. Јас можам да разберам специјализирани натписи и подолги технички инструкции, и покрај тоа што не се однесуваат на мојата област.

C 2: Јас можам со леснотија да читам речиси секоја форма на пишан јазик, вклучувајќи апстрактни, структурно или лингвистички сложени текстови како што се прирачници, специјализирани натписи и литературни дела.

Зборување

Говорна интеракција A 1: Јас можам да стапам во интеракција на едноставен начин, под услов другата страна да е подготвена

да ги повторува или парафразира работите со поспоро темпо на зборување, и да ми помогне да го

Page 12: Cv Instructions

Инструкции за употреба на Europass кратка биографија - http://europass.cedefop.europa.eu - © European Communities 2003

Страна 12

формулирам тоа што се обидувам да го кажам. Јас можам да поставувам и да одговарам на едноставни прашања кога има моментална потреба или на особено познати теми.

A 2: Јас можам да комуницирам за едноставни и рутински задачи за кои е потребна едноставна и директна размена на информации за познати теми и активности. Можам да се справам во многу кратки социјални контакти, и покрај тоа што не можам вообичаено да разберам доволно за да продолжам самостојно да го водам разговорот.

B 1: Јас можам да се справам со повеќето ситуации кои веројатно ќе произлезат кога сум на патување на места каде се зборува тој јазик. Јас можам неподготвено да започнам разговор за теми кои што се познати, кои се од личен интерес или кои се однесуваат на секојдневниот живот (на пример: семејството, хоби, работа, патувања и тековни случувања).

B 2: Јас можам да остварам интеракција со одреден степен на течност и спонтаност, така што редовна интеракција со лица кои говорат на мајчин јазик е доста возможна. Јас можам да земам активно учество во дискусии во познат контекст, и да ги образложувам и поткрепам моите ставови.

C 1: Јас можам да се изразам течно и спонтано без многу очигледно да барам изрази. Јас можам да се служам со јазикот на флексибилен и ефективен начин за социјални и професионални цели. Јас можам да формулирам идеи и мислења со прецизност, и вешто да го поврзам тоа што го придонесувам со тоа што го кажуваат останатите говорници.

C 2: Јас можам да земам учество без напор во било кој разговор или дискусија, и имам добро познавање од идиоми и обични секојдневни изрази. Јас можам да се изразам течно и прецизно да ги пренесам нијансите на различни значења. Доколку имам проблем, можам да се вратам назад и да се реорганизирам околку потешкотијата со толку течен говор што другите луѓе едвај ќе го забележат тоа.

Продукција на говор A 1: Јас можам да употребувам едноставни фрази и реченици за да опишам каде живеам и кои луѓе ги

познавам. A 2: Јас можам да употребувам серија на фрази и реченици за да ги опишам, на едноставен начин моето

семејство и другите луѓе, животните услови, моето образование и мојата моментална или последната работа.

B 1: Јас можам да поврзувам фрази на едноставен начин за да опишам искусутва и настани, мои соништа, надежи и амбиции. Јас можам накратко да ги кажам причините и објаснувањата за мислењата и плановите. Јас можам да прераскажам приказна или да го раскажам заплетот во книга или филм, и да ги опишам моите реакции.

B 2: Јас можам да дадам, јасен детален опис на долга низа на теми кои се поврзани со мојата област на интерес. Јас можам да го објаснам моето гледиште на одредено прашање и да ги наведам предностите и недостатоците на различните опции.

C 1: Јас можам да дадам јасен детален опис на сложени теми во кои се интегрирани некои подтеми, да развивам одредени поенти и да завршам со соодветен заклучок.

C 2: Јас можам да дадам јасен непрекинат опис или аргумент на стил кој е соодветен на контекстот, и со ефективна логичка структура која на примателот му помага да ги забележи и запомни најважните моменти.

Пишување A 1: Јас можам да напишам кратки едноставни картички, на пример кога испраќам новогодишни честитки.

Јас можам да пополнувам лични информации во формулари, на пример да го внесам моето име, националност и адреса на некој формулар за пријавување во хотел.

Page 13: Cv Instructions

Инструкции за употреба на Europass кратка биографија - http://europass.cedefop.europa.eu - © European Communities 2003

Страна 13

A 2: Јас можам да напишам кратки едноставни белешки и пораки. Јас можам да напишам многу едноставни лични писма, на пример да му се заблагодарам некому за нешто.

B 1: Јас можам да напишам едноставен поврзан текст на теми кои ми се познати или ми се од личен интерес. Јас можам да напишам лични писма во кои ги опишувам искуствата и впечатоците.

B 2: Јас можам да напишам јасен детален текст за долга низа на теми кои се поврзани со моите интереси. Јас можам да напишам есеј или извештај, во кој пренесувам информаци или ги наведувам причините за или против одреден став. Јас можам да напишам писма во кои лично се истакнува значењето на настани и искуства.

C 1: Јас можам да се изразам себеси преку јасен, добро структуриран текст, во кој ги искажувам своите ставови. Јас можам да пишувам за сложени теми во писмо, есеј или извештај, притоа истакнувајќи кои сметам дека се важни работи. Јас можам да одберам стил кој е соодветен за читателот кој го имам на ум.

C 2: Јас можам да напишам јасен, непрекинат текст на соодветен стил. Јас можам да пишувам сложени писма, извештаи или натписи во кои се претставува некој случај со ефективна логична структура, која му помага на читателот да ги забележи и запомни значајните работи. Јас можам да пишувам резиме и критики на стручни или литературни дела. Оваа алатка за самопроценка може да ја најдете на веб страната на Советот на Европа (www.coe.int/portfolio).

Забелешки: - Ако имате сертификат со кој се потврдува вашата компетентност (како што е TOEIC –Tест за англиски јазик

за меѓународна комуникација), наведете го нивото и датумот кога сте го добиле сертификатот; - Не се преценувајте за вашето ниво на знаење, тоа може лесно да се провери ако ве интервјуираат!

Социјални вештини и способности

(избришете ако не е релевантно)

За што зборуваме? Социјалните вештини и способности се однесуваат на живеењето и работењето со други луѓе, на позиции кога комуникацијата е значајна и во ситуации кога тимската работа е клучна (на пример култура и спортови), во мултикултурна средина, итн. Опишете ги вашите социјални вештини и способности, на пример: - Тимски дух; - Добра способност за прилагодување во мултилкултурна средина, стекнато преку

работно искуство во странство; - Добри комуникациски вештини стекнати преку искуство како менаџер за продажба. Наведете во кој контекст сте ги стекнале (преку обука, работа, семинари, доброволни актвности или во слободното време, итн.).

Организациски вештини и способности

(избришете ако не е релевантно)

За што зборуваме? Организациските вештини и способности се однесуваат на координација и управување со луѓе, проекти и буџети; на работа, во доброволна работа (на пример култура и спортови) и дома, итн. Опишете ги вашите организациски вештини и способности, на пример: - лидерство (моментално одговорен за тим од 10 луѓе); - чувство за организација (искуство во логистика); - добро искуство во менаџирање на проект или тим. Наведете во кој контекст сте ги стекнале (преку обука, работа, семинари, добороволна работа или активности во слободно време, итн.).

Page 14: Cv Instructions

Инструкции за употреба на Europass кратка биографија - http://europass.cedefop.europa.eu - © European Communities 2003

Страна 14

Технички вештини и способности

(избришете ако не е релевантно)

За што зборуваме? Техничките вештини и способности се однесуваат на совладување на одреден тип на машини, опрема, итн. покрај компјутери, или на технички вештини и способности во конкретно поле (производство, здравство, банкарство итн.). Опишете ги вашите технички вештини и способности, на пример: - добро раководење со процесите за контрола на квалитетот (Јас бев одговорен за

спроведување на ревизија на квалитетот во моето одделение); Наведете во кој контекст сте ги стекнале (преку обука, работа, семинар, доброволна работа или активности во слободно време, итн.).

Компјутерски вештини и способности

(избришете ако не е релевантно)

За што зборуваме? Компјутерските вештини и способности се однесуваат на обработка на текст и други апликации, пребарување на бази на податоци, запознаеност со интернет, напредни вештини (програмирање итн.). Опишете ги вашите компјутерски вештини и способности, на пример.: - добро познавање на алатките на Microsoft Office™ (Word™, Excel™ и PowerPoint™); - основно познавање на апликации за графички дизајн (Adobe Illustrator™,

PhotoShop™). Наведете во кој контекст сте ги стекнале (преку обука, работа, семинар, доброволна работа или активности во слободно време, итн.).

Page 15: Cv Instructions

Инструкции за употреба на Europass кратка биографија - http://europass.cedefop.europa.eu - © European Communities 2003

Страна 15

Уметнички вештини и способности

(избришете ако не е релевантно)

Наведете ги тука вашите уметнички вештини и способности кои претставуваат предност (музика, пишување, дизајн, итн.) на пример.: столарија Наведете во кој контекст сте ги стекнале тие вештини (преку обука, семинари, доброволна работа или активности во слободното време, итн.).

Други вештини и

способности (избришете ако не е релевантно)

Наведете ги тука сите други вештини и способности кои ќе ви дадат предност и кои не се споменати во претходните заглавја (хоби, спорт, одговорна позиција во волонтерски организации), на пример: пешачење Наведете во кој контекст сте ги стекнале (преку обука, работа, доброволна работа или активности во слободното време, итн.).

Возачка дозвола (-и)

(избришете ако не е релевантно)

Наведете дали поседувате возачка дозвола, и доколу поседувате наведете за која категорија на возила, на пример: Категорија Б

Дополнителни

информации (избришете ако не е релевантно)

Наведете било какви информации кои што сметате дека се релевантни (публикации или истражување; членство во професионални организации, воена обврска [ако оцените дека е важно да наведете дека ја имате исполнето воената обврска], брачен статус [ако оцените дека тоа е важно да се наведе], лица за контакт или за препорака [име, звање, адреса за контакт, види забелешка подолу]), на пример: Публикација Натпис: Молекуларна карактеризација на мозочни клетки со H3o, Квартална имунологија, Њујорк, 02/2002 Забелешки: - не ја ставајте адресата на лицето за контакт без претходно да добието формално

одобрение од тоа лице; подобро е да наведете ‘Препораките ќе бидат доставени на ваше барање’ за да избегнете преоптоварување на кратката биографија;

- онаму каде што е соодветно, дадете краток опис на вашата публикација или истражување; наведете го типот на документот (теза, натпис, извештај итн.).

Прилози

(избришете ако не е релевантно) Наведете што е приложено на вашата кратка биографија (CV), на пример:

- копии од дипломи или други квалификации, како и било кои сертификати кои ви се доделени на завршувањето на курсевите за обука со кои не сте стекнале формални квалификации;

- доказ за вработување или работен ангажман; - публикации или истражување; итн. Забелешки: - наведете ги по логичен редослед (на пр: дипломите или доказот за вработувањето

ставете ги заедно, и нумерирајте ги ако е потребно) за да му олесните на читателот; - никогаш не испраќајте оригинали на дипломи или сертификати за стекнати

квалификации бидејќи може да бидат изгубени, сосема е адекватно да испратите копии.