cv К А Р И Е Р А ОД РЕ ГИОНАЛНИОТ ФОРУМ 2017 mk.pdf · на...

7
АКТИ ОД РЕГИОНАЛНИОТ ФОРУМ ФРАНЦУСКИ CV ВРАБОТУВАЊЕ КАРИЕРА УСПЕХ ВЕШТИНИ ВРЕДНОСТИ Францускиот, младите и вработувањето Скопје, 24 март, 2017

Upload: others

Post on 13-Jan-2020

13 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: CV К А Р И Е Р А ОД РЕ ГИОНАЛНИОТ ФОРУМ 2017 MK.pdf · на поразличен начин од истата остварена на англиски. Освен

АКТИ ОД РЕГИОНАЛНИОТ ФОРУМ

ФРАНЦУСКИ

CV

ВРАБОТУВАЊЕ

КАРИЕРА

УСПЕХ

ВЕШТИНИ

ВРЕДНОСТИ

Францускиот, младите и вработувањето

Скопје, 24 март, 2017

Page 2: CV К А Р И Е Р А ОД РЕ ГИОНАЛНИОТ ФОРУМ 2017 MK.pdf · на поразличен начин од истата остварена на англиски. Освен

Дебата 1 : Францускиот, неопходен за меѓународна кариера

Le français ? Pour le travail !

Ако францускиот јазик сеуште е важен јазик во комуникацијата во светски рамки, располагајќи со привилегиран статус на официјален јазик и јазик за службена употреба во меѓународните организации, неговото ефективно користење во тие инстанци почнува да се намалува. Промовирањето на францускиот јазик е неразделно од размислувањето и заземањето франкофонска позиција во врска со важни теми на меѓународната сцена. Францускиот јазик овозможува исто така да се реализираат голем број меѓународни мисии на терен во франкофонските земји. Тогаш која е реалната употреба на францускиот јазик во меѓународните организации? Дали познавањето на францускиот јазик игра улога за да се влезе ида се гради кариера во меѓународните организации?

Бруно Касиед, Шеф на администрација, Европска делегација Александар Хол, Одговорен за педагошка иновација и соработка, CCIP Емили Песелие, Волонтер во MYLA (Здружение на млади македонски адвокати) Стефан Томажјан, Заменик Шеф на мисија, Амбасада на Швајцарија

На овие прашања одговорија нашите гости :

Да се потсетиме на насловот на оваа дебата: „Францускиот, неопходен за меѓународна кариера?“ Од самиот почеток беа споменати неколку бројки во врска со Европа и Европската Унија, која брои 28 земји членки и околу 500 милиони граѓани. Трите најважни институции на оваа заедница - Европската комисија, Советот на Европа и Европскиот парламент- работат со 24 различни јазици што создава голема културна разновидност во овие организации. Како последица од ова богатство на јазици се јавува мултилингвизмот како норма и правило. Сепак, три од овие јазици се на прво место: англискиот, францускиот и германскиот. Тоа значи дека европските соопштенија најпрво се пишуваат на овие три јазици, што ја нагласува нивната важност во Европа. Во интернационалните институции, на францускиот се гледа како на јазик за дебатирање; за време на меѓународните дискусии во рамките на Меѓународната Организација на франкофонијата, проблемите со водата и сигурноста беа поврзани за прв пат, токму на француски јазик. Освен тоа, францускиот јазик се смета како јазик за остварување контакти и овозможува создавање на полични контакти помеѓу индивидуите. И покрај опаднатата важност, францускиот претставува еден адут плус, соочен со потребата да се зборува јазик како англискиот. Оваа идеја беше поткрепена од личното искуство на еден говорник чиешто познавање на францускиот јазик беше адут во текот на неговата кариера. Сето ова покажува колку е важно да се биде љубопитен и способен за адаптација кон јазиците, со што се овозможува развој како на личен, така и на професионален план. Освен тоа, центрите за француски јазик се во подем и сè повеќе и повеќе се специјализираат. Наставата на француски не е повеќе само со јазична, туку и со професионална цел. За крај, неколку бројки покажуваат дека поранешните студенти, а денешните професионалци сездобиваат со повеќе олеснителни околности благодарение на францускиот јазик; според еден говорник, владеењето на овој јазик дава пристап кон плата 20% над просекот.

« Колку јазици зборувате, за толку личности вредите. »

Page 3: CV К А Р И Е Р А ОД РЕ ГИОНАЛНИОТ ФОРУМ 2017 MK.pdf · на поразличен начин од истата остварена на англиски. Освен

Бенжамин Клотенс Ко-основач, Старт-ап во доменот на информатиката Фоог, Скопје Елизабета Димитрова, Менаџер за финансии и администрација, Фејм’с Александар Хол, Одговорен за педагошка иновација и соработка, CCIP Стефан Јовановски, Практикант во Сосиете Женерал во Париз, програма „Пракса во француски компании“ Гоце Марков, Регионален директор, М. Бриколаж Груп

Дебата 2 : Францускиот, јазик за вработување на младите на Балканот

Денес, општиот француски јазик не е повеќе доволен во доменот на работата, па професионалците мораат на научат јазик кој ќе им биде корисен. Францускиот јазик е адут како за компаниите, така и за индивидуите. Тој овозможува индивидуата да се издвои од останатите, да пристапи кон повеќе одговорности, да ги зајакне шансите за вработување, како и да се подготви за меѓународна кариера. Да се зборува француски вопрофесионалниот свет се смета за адут од страна на вработувачите. Дали младите кои зборуваат повеќе јазици имаат повеќе шанси да добијат интересна работа? Под кои услови францускиот јазик може да биде плус? Како се вреднуваат сопствените компетенции кај идните работодавци?

Искуства од нашите гости во бизнис секторот :

Ако мислиме дека зборувањето француски ни дава нераскинлив пристап кон вработување, само ѕиркаме низ клучалката. Пред да ја отвориме вратата, треба да разбереме дека владеењето на овој јазик е адут во CV-то и го зголемува бројот на размени до кои имаме пристап, било да се професионални или меѓукултурни; но, тоа не е сè. Најпрво е потребна вистинска професија, како и владеење на англискиот јазик. Сепак, не може да се побие фактот дека познавањето на француски јазик е врата кон другите странски јазици од романската група, со што се нуди можност да се прошират работните полиња. Но, тоа не е единствената врата која е отворена благодарение на францускиот јазик. Светот на малите франкофонски фирми е често непристапен без познавањето на јазикот, бидејќи познавањето на англискиот јазик не е толку распространето во малите и средните претпријатија како што се мисли. Споделувањето на францускиот јазик создава доверба помеѓу претпријатијата. Така, професионална размена остварена на француски ќе се гледа на поразличен начин од истата остварена на англиски. Освен тоа што е професионален адут, францускиот јазик дава пристап кон една нова база на податоци, различни документи и статиикои ја губат смислата ако се преведат, колку и да е прецизен тој превод. Во различни културни домени, францускиот е светски јазик, да ги споменеме само модата и театарот. Француските универзитети нудат многу интересни и меѓународно признати студиски програми. Сето ова е достапно на секој франкофон благодарение на стипендиите за мобилност на студенти.

„Францускиот отсекогаш ми овозможувал место на масата“

Page 4: CV К А Р И Е Р А ОД РЕ ГИОНАЛНИОТ ФОРУМ 2017 MK.pdf · на поразличен начин од истата остварена на англиски. Освен

Елен Фантинути, АЛУМНИ, Технички факултети, Франција Мариа Никулеску, Универзитетски професор, Директорка на Високата Франкофонска Школа за администрација и менаџмент, Софија, Бугарија Калиопа Стилиновиќ, Одговорна за меѓународна соработка, Универзитет во Битола Јован Зафироски, Професор по право, Правен факултет, Скопје

Дебата 3 : Универзитетски франкофонски програми достапни во Европа

Студирањето универзитетски студии на француски јазик ги зголемува шансите за вработување на студентите. Повеќе универзитети на Балканот и во Европа нудат почетни и континуирани студии на француски јазик и тоа во најразлични домени. Некои универзитети нудат двојна диплома, а постојат и многу соработки помеѓу универзитетите од Македонија и регионот со Франција. Кои се нивните специфичности и како тие ги подготвуваат студентите за работниот свет?

Примери од нашите гости:

Денес, студентската мобилност во Европа е многу ценета, многу студентски стипендии овозможуваат патувања и студии во странство. Ниту Франција не е исклучок и прима многу европски студенти во нејзините високи школи и универзитети. Француските инженерски школи бројат 20 до 30% странски студенти, а некои од нив и остануваат да работат во Франција. Францускиот јазик e доста прецизен јазик, кој овозможува подлабока комуникација во споредба со другите јазици, што го прави ценет во голем број француски претпријатија. Ако сакате да работите во Франција или во франкофонска земја, познавањето на англиски јазик ќе ви даде пристап само кон многу мал дел од работните места. Оваа потреба е урамнотежена од страна на партнерствата со франкофонските универзитети, на пример во Белгија и во Франција. Освен тоа, Франкофонската универзитетска агенција нуди високо образование и настава на француски јазик, со што се овозможува барање на работа во франкофонска земја. Како што беше споменато погоре, овие проекти за студии се достапни благодарение на различните стипендии за размена како што се Еразмус + или Еразмус Мундускои се европски стипендии. Сепак, тие не се единствените достапни стипендии; некои се национални т.е. регионални и на студентите им овозможуваат помош за да заминат на франкофонски универзитети. За крај, Франција и нејзините универзитетски програми кои беа претставени како програми со добар квалитет, беа истакнати со споделеното професионално искуство на еден говорник.

„ Секој студент кој ги завршува своите студии во Франција, претставува еден чекор понапред за Македонија да тежнее кон општество кое се потпира врз француски и

европски вредности.“

Page 5: CV К А Р И Е Р А ОД РЕ ГИОНАЛНИОТ ФОРУМ 2017 MK.pdf · на поразличен начин од истата остварена на англиски. Освен

Работилница анимирана од :

Александар Хол, Одговорен за педагошка иновација и соработка, CCIP

Работилница: Специјализиран француски јазик: зошто и како да се предава?

Што е специјализиран француски јазик, кои се неговите цели, кои педагошки принципи дасе спроведат за активен пристап, како да се изгради методологија за специјализиран француски јазик, какви алатки и кои ресурси за да се предава? Презентација на платформите Ифос, НумериФОС и дипломите за професионален француски.

Специјализираниот француски јазик е метода која цели кон предавање француски јазик на странци, како одговор на некоја потреба. Тој одговара на остварувањето на една професионална задача која бара јазична употреба. Треба значи, на изучувачите да им се дадат потребните алатки за остварување на таа активност. Анализата на целта е во прв план, за да се креира час и активности кои би личеле колку што може повеќе на професионалната реалност на изучувачите. Во овој контекст што го става на сцена секојдневниот професионален живот на изучувачите, целта е да им се даде знаење кое тие биможеле идентично да го искористат во нивната професионална дејност. Единствено така успеваме да им понудиме часови по специјализиран француски јазик на изучувачите од ниво A1 од Европската јазична рамка (почетник).

Page 6: CV К А Р И Е Р А ОД РЕ ГИОНАЛНИОТ ФОРУМ 2017 MK.pdf · на поразличен начин од истата остварена на англиски. Освен
Page 7: CV К А Р И Е Р А ОД РЕ ГИОНАЛНИОТ ФОРУМ 2017 MK.pdf · на поразличен начин од истата остварена на англиски. Освен

И до сите учесници:

Благодарност до нашите партнери:

Со поддршка од Францускиот Институт во Париз