del a

139
Сид е трагедија за среќата и љубовните надежи на двајца млади, Родриго и Химена, коишто нагло се прекинати поради спорот меѓу нивните родители, стариот Дон Диего, татко на Сид и малку помладиот Дон Гомез, татко на Химена. Судирот се пренесува во минатото кога кралот, како благодарност за некогашните заслуги, го именува Дон Диего за воспитувач на својот син и со тоа го признава за господар – најзначаен после него; огорчениот Дон Гомез го оспорува минатото во име на сегашноста и му удира шлаканица со што го понижува како роб. Само двобојот, само смртта може да го ослободи човек од таков срам и затоа Дон Диего го повикува сина си да го замени. Улогата на таткото во херојскиот и аристократскиот свет на Корнеј е многу важна. Таткото отелотворува еден систем на вредности и идеали и со нивното прифаќање децата му се потчинуваат на тој систем што никој не може и не смее да го доведе во прашање. Корнеевскиот јазик не се потврдува со истакнување на сопствената индивидуалност, туку преку идентификацијата на племенското јас. Родриго се согласува да ја одбрани честа на татка си, што е во согласност со благородничкото однесување. Но, тоа значи и крај на надежите дека може да ја оствари среќата со својата љубена девојка. Кога земјата ќе се најде во опасност пред налетот на Маврите, тоа е нова и особена можност за Родриго да се истакне уште еднаш и да се потврди како херој. Сега својата доблест ја покажува на национален план. Родриго станува националниот херој Сид. Во однос на драматуршкото дејство, темата на херојството и темата на љубовта остануваат одделени сè до расплетот. Ситуацијата треба да ја реши двобојот при што триумфираат должноста и љубовта. Оваа трагедија има голем успех, но исто така предизвикува и доктринарна полемика. Основните забелешки се однесуваат на тврдењето дека делото на Корнеј не е оригинално туку дека е плагијат, дека темата е преземена од шпанскиот писател Гилен де Кастро и дека не го почитувал правилото за единство на времето, дејството и местото. Иако Корнеј презел доста елементи од Кастро, сепак во дејството внесол еден сосема нов дух и направил такви промени со кои создал оригинално дело кое го надминува својот пример.

Upload: simona-gjorgievska

Post on 22-Oct-2014

395 views

Category:

Documents


6 download

TRANSCRIPT

Page 1: Del A

Сид е трагедија за среќата и љубовните надежи на двајца млади, Родриго и Химена, коишто нагло се прекинати поради спорот меѓу нивните родители, стариот Дон Диего, татко на Сид и малку помладиот Дон Гомез, татко на Химена. Судирот се пренесува во минатото кога кралот, како благодарност за некогашните заслуги, го именува Дон Диего за воспитувач на својот син и со тоа го признава за господар – најзначаен после него; огорчениот Дон Гомез го оспорува минатото во име на сегашноста и му удира шлаканица со што го понижува како роб. Само двобојот, само смртта може да го ослободи човек од таков срам и затоа Дон Диего го повикува сина си да го замени.Улогата на таткото во херојскиот и аристократскиот свет на Корнеј е многу важна. Таткото отелотворува еден систем на вредности и идеали и со нивното прифаќање децата му се потчинуваат на тој систем што никој не може и не смее да го доведе во прашање. Корнеевскиот јазик не се потврдува со истакнување на сопствената индивидуалност, туку преку идентификацијата на племенското јас.Родриго се согласува да ја одбрани честа на татка си, што е во согласност со благородничкото однесување. Но, тоа значи и крај на надежите дека може да ја оствари среќата со својата љубена девојка.Кога земјата ќе се најде во опасност пред налетот на Маврите, тоа е нова и особена можност за Родриго да се истакне уште еднаш и да се потврди како херој. Сега својата доблест ја покажува на национален план. Родриго станува националниот херој Сид.Во однос на драматуршкото дејство, темата на херојството и темата на љубовта остануваат одделени сè до расплетот. Ситуацијата треба да ја реши двобојот при што триумфираат должноста и љубовта.Оваа трагедија има голем успех, но исто така предизвикува и доктринарна полемика. Основните забелешки се однесуваат на тврдењето дека делото на Корнеј не е оригинално туку дека е плагијат, дека темата е преземена од шпанскиот писател Гилен де Кастро и дека не го почитувал правилото за единство на времето, дејството и местото. Иако Корнеј презел доста елементи од Кастро, сепак во дејството внесол еден сосема нов дух и направил такви промени со кои создал оригинално дело кое го надминува својот пример. __________________Сид

Пјер Корнеј е основоположник на класичната трагедија во европската литература која што ја довел до совршенство.Трагедијата Сид е напишана според мотив на шпанска легенда.Сид е трагедија за среќата и љубовните надежи на двајца вљубени Родриго и Химена.

Во Сид се обработува тогашниот култ на волјата и култот кон херојството.Корнеј ги гради своите ликови во конфликтот во кој се вкрстуваат волјата и должноста,родовата и индивидуалната чест,но и повисоките,надиндивидуални интереси кои ги победуваат чувствата.Ликовите во неговите трагедии се типични класицистички продукти во кои разумот ги победува страстите.И во Сид без оглед на крајот од делото всушност должноста е над љубовта.Родриго не може да го одбие авторитетот на таткото,кој е неговата врска со предците.Навреден е неговиот татко.Навреденикот-таткото на Химена.Химена согласно со кодексот на однесување во тоа време мора да се постави над љубовта.Таа ја

Page 2: Del A

бара одмаздата за својот татко.Химена го гони Родриго,но не може да го казни.Разумот е единствениот или главниот извор на сознанието.Човекот се води исклучиво според разумот и ги покрива чувствата и страстите.

Трагичната страст која најчесто се обработува во класицизмот била љубовта,а КОрнеј на стравот и на сожалувањето како ефект на трагичното го додава и восхитувањето баш каква што е и оваа трагедија-восхитувачка.

"Сид" како драмско дело на почетокот го сметале за трагикомедија, но подоцна оцениле дека е трагедија. Трагедијата "Сид" е составена од пет чина и секој чин соодветствува на петте елементи на композицијата на драмата како что барала класичната поетика.Корнеј отстапил од барањата трагедијата да се темели врз принципот на трите единства(дејствие, време, место). Наместо 24 часа Корнеј времето го продолжил на 30 часа. Некогашното "единство на дворец" го заменил со "единство на град".Дејствието се случува во Шпанија.

Темата во оваа трагедија се состои во судирот меѓу честа и љубовта. Главни ликови се Дон Родриго(Сид) и Химена кои се заљубени еден во друг. Судирот започнува кога меѓу татковците на Химена и Родриго избувнува караница во која таткото на Химена му удира шлаканица на таткото на Родриго. Дон Родриго за да ја одбрани својата и честа на татка си го предизвикува на двобој таткото на Химена и го убива. Кралот бил против овој двобој но не бил послушан.Химена е револтирана и чувствува обврска да ја одбрани честа на својата фамилија вели дека по честа мора да биде еднаква со Родриго. Истовремено чувствува голема болка бидејќи тој е човекот во кој е вљубена. Во тој период Шпанија била нападната од Маврите и Родриго требало да се бори против нив. Во борбата се покажал како многу храбар и силен, дури и Маврите биле воодушевени од него и го нарекле СИД што значи господар.Поради неговата слава кралот му ја простил непослушноста, а Химена била разубедена во својата намера. И рекле дека ако Родриго биде убиен со тоа Шпанија ќе ја загуби ќеста и ќе падне во рацете на Маврите.Химена попушта и се согласува да се омажи за храбриот рицар Родриго.Со оваа драма се навестува новиот граѓански морал кој е многу похуманод од стариот феудален морал.

КРАТКА СОДРЖИНА НА ДРАМАТА "ТАРТИФ" ОД МОЛИЕР

Според видот драмата е комедија во која постојат елементи на фарса, комедија на карактери и комедија на нарави.Комедијата "Тартиф" е сатира насочена против религијата и лицемерството на христијанскиот морал,што ги застапуваат луѓето и од нив прават марионетки. Ликови во комедијата се Тартиф-лицемерен богомолец,Оргон-богат граѓанин, Елмира-негова жена, Маријана-негова ќерка, Дамис-негов син, Клеант-брат на Елмира, Валер-свршеник на Маријана, слугинката Дорин и г-ѓа Пернел-мајка на Оргон. Тартиф е превеан измамник во попска мантија со сложена тактика при измамување на луѓето, и со помош на лицемерството ги искористувал луѓето за остварување на свои цели.Оргон го

Page 3: Del A

доведува Тартиф во својата куќа и почнува слепо да му верува.Неговата лажна побожност ја откриваат Демис и Клеант,но Оргон не им верува.За да ја докаже својата приврзаност кон Тартиф,Оргон му ја ветува ќерка си за жена и му ја препишува куќата, и на еден начин станува негова марионета.Во меѓувреме Тартиф и изјавува љубов на Елмира,со чија помош Оргон го открива вистинското лице на Тартиф.Кралот кој бил справедлив и знаел кој е добар а кој измамник го лишил од слобода Тартиф а на Оргон му ја вратил куќата.

Во ликот на Тартиф Молиер го олицетворил лицемерството на христијанската црква.Свештениците кои проповедале: љубов кон ближниот,милосрдие, некористољубивост, всушност биле лицемери со ниски користољубиви побуди.

Со големо вдахнование и фантастична драмска техника, со величенствен стил и поетска имагинација Молиер во Тартиф ја предал сликата на едно буржоаско семејство, пред се карактерот на еден општествен тип кој во тоа време имал големо политичко знаење.Dali da se bide veren sluga na normite i pravilata сto opсtestvoto ni gi postavuva, ili da si kreirame svoi, makar toa bi znaцеelo јавно понижување и расипаност?Лицемерието, како една од најголемите етички маскаради на човекот е добро позната и "плодна" тема, од која се црпи инспирација и се надополнува естетската страна на човековата слабост. Еден од најеклатантните примери на ваква драматургија, која остава неизбришлив траг во историјата на сценската уметност, е бездруго Молиеровиот "Тартиф". Овој лик е интересен бидејќи постоел, постои и ќе постои се додека човековата несовршена природа е присутна во Светот. Оттаму е сценското "сликање" на Тартиф како мотив да се "ѕирне" во човечката несовршеност.Самиот Тартиф останува нејасен до крајот. Неможеме да најдеме одговор на прашањето дали е тој вистински свештеник, језуит, лаик во калуѓерск облека, агент на тајната полиција или некој скитник- измамник. Сепак е јасно дека тој не потекнува од високите кругови на општеството па и затоа можеби се впуштил во ваков подвиг, изфрустриран од своето постоење на маргините на општеството и својата сопствена беда. Притоа тој решил да заигра на црното, единствената боја на својата епоха.Тартиф си ја ставил набожната маска само да може на лесен начин да дојде до богатството, а во Оргон го нашол токму она лице што му овозможи да ја постигне својата цел. Тој успеал толку да го заслепи Оргон што овој не само му ја отвара ширум вратата од својата кука туку му ја дава за жена својата ќерка и му го препишува цел свој имот. Дури тогаш кога е скриен под масата самиот ја гледа моралната нискост на Тартиф, кој сака да ја заведе неговата жена.Но Молиер ниту мислел да даде слика на лицемерството воопшто. Тој всушност сакал да го стави својот прст на општествената рана што се јавувала во тој период, а која оличена во оној тип набожник кој, имал задача да ги води луѓето во недрата на црквата. Во најголем број случаи овие раководители ги злоупотребувале своите функции за трупање пари од верниците. Токму затоа Тартиф се претставува како сатира на лажната набожност, сатира на самата религија.Молиер ја создал реалистичната комедија која кипи од веселост и животна радост и здрав и народен хумор. Комедиите на Молиер ги носат најнапредните

Page 4: Del A

идеи на неговата епоха. Затоа се запишал во историјата до Корнеј, Расин и Лафонтен.Според видот драмата е комедија во која постојат елементи на фарса, комедија на карактери и комедија на нарави.Комедијата "Тартиф" е сатира насочена против религијата и лицемерството на христијанскиот морал,што ги застапуваат луѓето и од нив прават марионетки. Ликови во комедијата се Тартиф-лицемерен богомолец,Оргон-богат граѓанин, Елмира-негова жена, Маријана-негова ќерка, Дамис-негов син, Клеант-брат на Елмира, Валер-свршеник на Маријана, слугинката Дорин и г-ѓа Пернел-мајка на Оргон. Тартиф е превеан измамник во попска мантија со сложена тактика при измамување на луѓето, и со помош на лицемерството ги искористувал луѓето за остварување на свои цели.Оргон го доведува Тартиф во својата куќа и почнува слепо да му верува.Неговата лажна побожност ја откриваат Демис и Клеант,но Оргон не им верува.За да ја докаже својата приврзаност кон Тартиф,Оргон му ја ветува ќерка си за жена и му ја препишува куќата, и на еден начин станува негова марионета.Во меѓувреме Тартиф и изјавува љубов на Елмира,со чија помош Оргон го открива вистинското лице на Тартиф.Кралот кој бил справедлив и знаел кој е добар а кој измамник го лишил од слобода Тартиф а на Оргон му ја вратил куќата. Во ликот на Тартиф Молиер го олицетворил лицемерството на христијанската црква.Свештениците кои проповедале: љубов кон ближниот,милосрдие, некористољубивост, всушност биле лицемери со ниски користољубиви побуди.

БАСНИТЕ НА ЛАФОНТЕН

Лафонтен преку басните сакал да разголи некои свирепи вистини за животот во француското општество.Често ја исмејувал глупоста на благородниците.Кај граѓанскиот сталеж не му се допаѓала нерешителноста,скржавоста,грубоста и др.Во своите басни ги исмевал и другите слоеви на француското општество-попови,чиновници,лекари,професори и др.Не пропуштил да исмее некои слабости на францускиот монарх-горделивоста,самобендисаноста,уживањето да го фалат и неговиот презир кон обичните луѓе.Во многу басни тој ги исмеал лицемерството,немилосрдноста и тиранијата на кралот Луј XIV.Басните на Лафонтен поради иронијата и сатирата во нив,повеке се сериозни отколку смешни.Во басните ги прикажува животните и им препишува човечки особини.

Тој басните ги пишувал во стихови,најчесто во слободен стих.Неговите басни пред се им се наменети на возрасните читатели,а помалку на децата.

Крпен #ивот  Романот  ˝ Крпен живот ˝ од Стале Попов  е дело-слика, панорама, историја, живот на македонскиот народ и неговите обичаи. . Во него  се дефинира  нашиот човек, неговата природа, нашиот и неговиот историски пат, сите драми на тој пат, но и индивидуалните и колективните тревоги, народната психологија, обичаите, навиките, карактерите, духовните и душевните хоризонти. многу страници во ˝ Крпен живот ˝ носат во себе богати етнографски

Page 5: Del A

и фолклорни содржини што се добиваат од разновидни датални описи на материјалниот народен живот, на народните традиции и обичаи.   Освен богатите сведбени обичаи,  место заземаат и народните верувања, а тие неразделно се поврзани со обичаите, маѓиите, соништата и другите форми на народниот живот. Наизглед тоа е приказна за едно село, зафрлено, далечно и скриено од светот, а во нејзиното средиште опишан е животот на едно обично селскво семејство. Но, од друга страна, Крпен живот е и своевидна хроника, многу поширока слика на мекедонското село од почетокот на  минатиот век отколку само на животот во Мариово. Во овој роман, кој ќе биде главната драматуршка основа на  пиесата Крпен живот, авторот Стале Попов ја проследува историјата на новосоздадено семејство на Иљко Сукалов, кој живее во семејна заедница со своите браќа.  Таа историја започнува некаде кон крајот на  19-ти век, уште од времето кога македонскиот народ се уште бил под тешко отоманско ропство.  Главниот машки лик, Иљко Сукалов на својата четирисет годишна возраст останува вдовец, без деца. Исчекувајќи да поминат три недели од смртта на сопругата, време кое задолжително треба да помине, за да се добие црковна дозвола за склучување нов брак, решава  да се прежени по секоја цена,  речиси за која и да е жена што сака да се зацрни со човек на негови години. Но, ни одддлеку не е лесно да се реализира едно такво решение, затоа што мажи самци има на претек, додека слободни жени не се наоѓаат ни преку десет села. Проблемот сепак ќе го реши сводникот кој работата ќе ја заврши за добри пари. Така ќе се формира ново семејство кое ќе живее  еден буквално крпен живот: заедница на обичен селски вдовец со необична, ни селска  ни градска вдовица. Нивната приказна  се раскажува спокојно, со многубројни животни детали, со изобилство животни податоци. Дејствието на романот минува низ секојдневни збиднувања, а во тоа секојдневие луѓето ораат, сеат, жнеат, вршат, ги полнат и празнат амбарите, го носат житото на мелење, ги наводнуваат и окопуваат градините, косат, собираат сено, берат сливи, оскоруши, варат ракија, хранат гуденца, топат маст, собираат дрва, молзат овци, стрижат, прават сирење, летуваат во бачилата, зимуваат во селото и пак заминуваат кај овците, слегувајќии само за погреби и празници за да се пресоблечат, да направат или да крстат дете итн.  Притоа луѓето знаат да бидат и верни и  неверни, да гинат за своите блиски, да ги невредуваат до коска, да прават лоши маѓии за да се отстранат непожелните од куќата или од светот. Иљко Сукалов, жена му Доста од Рожден, јатрва и Митра, сводникот дедо Петко, старата вражалка и мегепсница, стариот свештеник, син му Крчо, идната снаа на попот, Нешка Рожденката и многу други ликови. Меѓу нив има возбудливи конфликти како меѓу поединци, како што се  Доста и Митра, така и меѓу етнички колективитети, ако Македонци и Турци. Всушност целата фабула на Крпен живот открива една грчевита борба за егзистенција во која чиовекот се бори со земјата, со времето, со душманите од секаков вид, често служејќи се со магија, клетва, баење и слично.             Драматизацијата на Крпен живот, или поточно драмата напишана по мотиви на Крпен живот и другите дела на Стале Попов, во основа ќе биде витраж од шарени крпчиња душа, кој ќе се составува на сцената низ погреби и крштевки, низ магии и обреди, низ љубов и омраза. . .Секоја сцена ќе почнува со погреб и ќе завршува со погреб, зашто да се живее значи да се крпат спомените меѓу оние што сигурно умреле и оние што секако ќе умрат. Што е животот, ако не она што се помни?

Page 6: Del A

СЛОВЕНСКА ПИСМЕНОСТ

Словените им оддаваат најголемо признание на првите словенски просветители,Светите браќа Кирил и Методиј, кои истовремено биле филозофи и ги создале првите идеи и дела за словенско описменување.

Тие се основоположници на словенската писменост и култура. За животот и дејноста на словенските просватители најмоногу податоци добиваме од делата Панонски легенди, Климентовото житие од Теофилакт, Климентовото житие од Хоматијан, О`писменех од Црноризец Храбар.

МИСИИ: Сараценска (арапската) мисија , Хазарска мисија 860 год., Моравска мисија 863 год, Брегалничка 855 год итн.;

Позначајни ученици на Кирил и Методиј се Климент и Наум Охридски, Горазд, Сава и Ангелариј.

ГЛАГОЛИЦАТА (првата словенска азбука) ја создал Кирил во 862/863 година при што како образец му служело грчкото брзописно писмо.Таа имала две варијанти: валчеста и аглеста.Валчестата глаголица е постара.Се состоела од 38 букви од кои 24 биле првземени од грчкото брзописно писмо, а 14 измислил тој според гласовниот систем на словенскиот јазик.Најстари писмени споменици на словенски јазик напишани со глаголско писмо се: “Асеманово евангелие”, “Зографско евангелие” и “Синајски псалтир” од X век.

*Св.Климент : учесник во моравската мисија, основопожник на првиот словенски универзитет (прв и во Европа) -886 година во кој описменил околу 3500 ученици.

-прв славјански епископ во македонската-Величка епархија

-Тој напишал повеке поучни и пофални слова за потребите на богослужбата во црлвите. Поучните слова се религиозни творби со религиозно-просветна содржина. Тие биле пишувани на јасен и лесен стил на народен јазик за да бидат разбирливи. Тие претставувале прирачна литература на свештениците при вршењето на богослжчбата во црквите. Климент Охридски е првиот писател што во словенската литература ги вовел поучните и пофалните слова. Се претпоставува дека напишал околу четириесет слова, но само на ќетиринаесет од нив го птпишал своето име.Позначајни од неговите дела се: "За празниците” или “Поука кон луѓето” ,”Похвала на Кирил Филозоф”, “Похавала на

Page 7: Del A

словенските учители Кирил и Методиј”, “Од опширното житие на Кирил филизоф”, “Од опширното житие на архиепископот моравски Методијј”, “Похвално слово на безтелесните Михаил и Гаврил”.”Похвално слово за четиринеделниот Лазар”,”Поука за блудниот син” итн.

*Св.Наум: учесник во моравската мисија,наследник на учителското место на св.Климент во Охридската школа...

Му се препишуваат следниве дела: Канонот за апостол Андреј,Канонот за пренесување на моштите на Јован Златоуст итн.

КИРИЛИЦА

Кирилицата е азбука што се користи за пишување кај 6 природни словенски јазици (белоруски,бугарски,македонски,руски,српски и украински) како и многу други јазици од поранешниот Советски

Сојуз.Била создадена по примерот на грчкото уставно писмо, а во азбучниот систем по примерот на глаголицата.Еден од најстарите

писмени споменици напишан на кирилица е Надгробната плоча на Цар Самуил од 993 год пронајдено во селото Герман во Преспа. Се

претпоставува дека била создадена од некој од учениците на светите браќа( Климент, Наум или Константин Преславски) и во чест на св.Кирил

го добила името кирилица.

Словенската писменост се создавала истовремено на двете азбуки до XII век.Потоа, кирилицата, која била полесна за пишување, почнала да ја истиснува глаголицата.

ПАНОНСКИ ЛЕГЕНДИ

“Панонски легенди” се вид црковна литература, што се создавала во периодот на средниот век кај сите христијански народи. Делото содржи две житија за светите солунски брака Кирил и Методиј. Тоа се две биографии со реалистични и религиозни елементи, во кои се расказува за животот и делото на двајцата големи христијански мисионери, твирци на словенската писменост. Светите брака биле пропагатори на христијанството мегу многу божечките племиња во Византиската Империја, како и меѓу Западните и Јужните Словени. Панонските легенди претставуваат најстаро оригинално дело во старословенската литература. Има повеќе претпоставки за тоа кој би можел да го написе ова дело. Постои претпоставка според која двете житија ги написал Климент Охредски, нивниот најдобар ученик. Тема на житијата е опишување на животот на светите брака Кирил и Методиј и во нив по хронолошки ред се изнесуваат податоци за нивниот животен и творечки пат. Панонските легенди како прво оригинално дело во страословенската литертура пред се има културно-историско значење. Тие се неисцрпниот извор за животот и дејноста на творците на словенската писаменост, светите браќа Кирил и Методиј. Во Средниот век се создавала тајанаречена црковна литература, во која спагаат и житијата.

Page 8: Del A

ЖИТИЕТО НА КИРИЛ

Под влијание на житијата од византиската литература, и житието на Кирил во воведнит дел претставува обракање кон Бога да покаже милост кон Кирила и да го наведе да прави добри дела. По водедот се поминува на опишување на неговиот живот од рагањето до смртта. Од ќитието се дознава : каде се родил (Солун) ; како му се викале родителите (Лав и Марија) ; каде се школувал и какво знаење стекнал. Во житието се набројани сите мисии во кои учествувал Кирил : Сараценската (ширење на христијанството), Хазарската 860 (ширење на христијанството)и Моравската мисија (просветителство и ширење на христијанството).

ЖИТИЕТО НА СВЕТИ МЕТОДИЈ

Житието на свети Методија поцнува со укажување поцит и молба кон Бог, кој е милостов, го сака човекот и го наведува да прави добри дела. По воведот се дознава за животот на свети Методиј. Житието за свети Методиј посебно ја нагласуванеговата работа меѓу панонските словени, со кои управувал кнезот Коцељ. Понатаму се даваат податоци за книжевната дејност на свети аметодиј, според кој ој од грчки на словенски ја превел Библијата. Го превел и “Номоканонот” а претходно заедно со брат му Кирил ги превеле делата:”Псалтир”,”Евангелие” и “Апостол”. Житието завршува со податокот за смртта на свети Методиј во 885 година. Пред да умре за свој заменик го одредил својот ученик Горазд.

Црноризец Храбар (анонимен писател)

Автор на делото О писменех ( За буквите)-јазично-литературен трактат ( теоретско дело што расправа за некое важно прашање;студија )

-Делото е напишано приближно во 10 век.Темата во овој трактат е појавата и постоењето на словенската писменост, а идејата- нејзината одбрана од нападите на тријазичниците, кои ја негирале и сакале да ја уништат.Бранејќи ја словенската писменост, Храбар ја докажува оправданоста на нејзината појава и постоење.За Словените на О писменех има две значења: првото е културно-историско, а второто- општествено.Делото е прва научно историска творба во словенската литература во која е проследен развитокот на словенската писменост.Општественото значење на делото е во неговата напредна идеја дека секој народ има право на своја писменост и култура, на своја самобитност.

ХУМАНИЗАМ И РЕНЕСАНСА ( од www.mk.wikipedia.com )

Ренесансата (значи преродба) се смета за историско доба помеѓу Средниот век и Реформацијата.

Page 9: Del A

Според вообичаениот опис, италијанската ренесанса од 15-тиот век, ширејќи се низ западна Европа, претставувала повторно поврзување на западот со класичната антика, преземањето на знаења—особено математика—од арапски, враќањето на експериментализмот, придавањето важност на квалитетот животот во сегашноста (како на пр. Ренесансен хуманизам), експлозијата на знаење како релузтат на изумувањето на печатарството и создавањето на новите техники во уметността, поезијата и архитектурата кои довеле до радикални промени во стилот и содржината на уметностите и книжевноста. Во овој период трговијата и истражувањата исто така земаат замав. Италијанската Ренесанса често се смета за почетокот на „Новиот век“.

Треба да се напомене дека не сите современи критичари се согласуваат во потполност со овој опис на периодот.

Почетоците на Ренесансата

Нема одредено почетен период или место за ренесансата. Започнала во неколку различни места во различно време и нема дефинирани дати или места за тоа кога Средниот Век завршил. Почетното место за ренесансата е речиси универзално припишано на централна Италија, посебно градот Фиренца. Една рана ренесансна личност е поетот Данте Алигиери (1265–1321), првиот писател кој му дал тело на духот на ренесансата.

Франческо Петрарка (1304–1374) е друга рана ренесансна личност. Како дел од хуманистичкото движење тој заклучил дека човечките достигнувања од најголема висина се случиле во Римската Империја и годините потоа биле период на општествено гниење кој тој го нарекол Темното Доба. Петрарка гледал на историјата како социјално, уметничко и литературно напредување, а не како серија на наместени религиски настани. Преродбата значела повторно откривање на античкото римско и грчко наследство низ антички ракописи и хуманистички метод на учење. Овие нови идеи од минатото (наречени „новото учење“ во тоа време го започнале напредувањата на полето на уметноста, науката и други области.

Друга можна почетна точка е падот на Константинопол под турска власт во [1453]]. Тоа била пресвртница во војните бидејќи топовите и барутот станале централни елементи. Додатно, Византиско - Грчките учители отишле западно од Рим носејќи обновена енергија и интерес за грчкото и римско наследство и тоа можеби го означило крајот на старите религиски сфаќања во Европа.

Критички осврти

Бидејќи терминот за прв пат се создал во 19ти век, историчарите имаат неколку интерпретации на ренесансата. Денес повеќето историчари ја гледаат ренесансата повеќе како интелектуална и идеолошка промена, отколку како нешто самостојно. На пример: марксистичките историчари ја гледаат ренесансата како лажна револуција бидејќи промените во уметноста, литературата и филозофијата влијаеле на многу мал дел од богатите и моќните, додека животот на поголемиот дел од Европската популација останал

Page 10: Del A

непроменет уште од Средниот век. Поради тоа се негира дека ова е период од големо значење.

Историчарите сега укажуваат дека повеќето од негативните социјални фактори популарно поврзани со средновековниот период - сиромаштијата, незнаењето, религиозните и политички прогонувања итн. се влошуваат во овој период на Макијавели, Религиозните Војни, корумпираните Боргиа папи, и интензивираните ловења на вештерки во 16 век. Многу од обичните луќе кои живееле во текот на „Ренесансата“, биле многу позагрижени за развитокот на ерата, отколку да ја гледаат како „златно доба“ замислено од некои автори од 19 век. Можеби најважниот фактор на ренесансата е тоа дека тие што биле вмешани во културалните движења - уметниците, писателите и нивните патрони верувале дека живеат во нова ера, одделена од Средниот век, дури иако остатокот од популацијата изгледа го гледале период како интензификација на социјалните безредија.

Јохан Хуизинга (1872–1945) го признавал постоењето на ренесансата, но се прашувал дали тоа била позитивна промена. Тврдел дека ренесансата е период на негирање на високиот Среден век, кој уништил се што било важно. Латинскиот јазик, на пример, премногу еволвирале од класичниот период и се уште латинскиот јазик се користел во црквите и од другите како жив јазик. Меѓутоа, опседнатоста на ренесансата со класична чистост го гледале латинското навраќање до неговата класична форма и неговата природна еволуција како сопрено.Роберт С. Лопез гледал на овој период како на период на длабоко економско опаѓање.Во меѓувреме, Џорџ Сартон и Лин Торндајк двајцата го критизирале тоа како ренесансата влијаела врз науката, тврдејќи дека напредокот бил побавен.

Историчарите започнаа да го сметаат зборот „Ренесанса“ како непотребно подуен збор кој имплицира позитивна „преродба“ од наводно попримитивниот Среден Век. Многу историчари сега преферираат да го користат терминот "рано модерен" за овој период, неутрален термин, кој истакнува дека ово период бил период на транзиција кон модерниот свет, но нема никаква позитивна или негативна конотација.

Page 11: Del A

Ренесансни дела

Божествена комедија

Божeствена комедија (на италијански "Comedia" или "Commedia", подоцна "Divina Commedia"). Божествената комедија ја напишал Данте Алигиери помеѓу 1265 и 1321 година. Се смета за најголема епска поема на италијанската литература, како и едно од најголемите дела на светската литература.

Божествена комедија е дело кое се состои од три дела, Inferno (Пекол), Purgatorio (Чистилиште), и Paradiso (Рај), кои пак се состојат од 33 пеења кои заедно со Првата-Воведната песна бројат 100 пеења во истоимената книга.Секоја строфа се состоела од 3 стиха (терцини).

Хуманизам

Хуманизмот во најширока смисла на зборот е пројава на љубов кон човекот, која опфаќа широк спектар на филозофски правци кои го афирмираат достоинството и вредноста на човекот.

Хуманистичката ориентација нужно не е поврзана со религиозноста или нерелигиозноста, односно постои секуларен хуманизам исто како што постои и религиозен хуманизам. Од друга страна, како што нечија религиозност може да го насочи кон нехуманистичка ориентација, така и нечија нерелигиозност не е никаква гаранција дека одреден човек би бил и хуманистички настроен.

ХУМАНИЗАМ И РЕНЕСАНСА

Хуманизмот е идеологија на ренесансата, тој е нејзина филозофија, нејзиниот поглед на светот. Хуманизмот најпрвин се појавил во Италија во XIV век, а близу 2 века подоцна во Шпанија, Франција, Англија и други европски земји.

Идеолози на ренесансата биле хуманистите. Тие на своите современициим понудиле нов поглед на светот. Религиозниот поглед на светот го замениле со световен грагански. Според нив, човекот е тој во кого треба да се верува, а не во надприродни суштества, бидејќи се што е изградено на земјата е дело на неговите творечки способности. За човекот не постои друг живот освен овој на земјата и затоа земскиот живот не треба да се презре, како што проповедала црквата туку треба да се почитува и унапредува. Вечен живот не постои и е неприфатлива догмата дека човекот треба да се одкаже од сите благодати на земскиот живот за да живее вечно во измислениот задгробен живот, замислен како пекол, чистилиште и рај. Според хуманистите смислата на постоењето е овде на земјата и човекот е нејзиното најсовршено суштество. Поткрепа за овие сваќања хуманистите наоѓале во античката наука, литаратура, скулптура и архитектура, преку кои откриле други вистини за животот поинакви од средновековните. Некои од хуманистите своите дела ги пишувале

Page 12: Del A

на латинскиот (мртов јазик) и нивните дела да бидат достапни за широк круг луѓе. За хуманистите, поимот хуманизам значело афримација и слобода на човековата личност.

Развитокот на литературата во епохата на ренесансата поминува низ три фази (што ги обединува една хуманистичка концепција – да се пишува за човекот). Тие се: рана ренесанса, висока ренесанса и доцна ренесанса. За раната ренесанса карактеристичен е смешниот расказ со антиклерикална и антифеудална насоченост (Џ. Бокачо: “Декамерон“). Расказот (новелата) ги прославува итроста, предприемливоста и активаната личност ослободена од предрасуди. Високата ренесанса ја негувала јуначката поема со рицарско – авантуристичка содржина и со идеализирани личности (Л. Ариосто “Бесниот Роланд“). Јуначката поема доживела расцут во Шпанија и Португалија – водечките земји во областа на географски откритија. Шпанцијте го создале познатиот јуначки еп “Песни за Сид“. Ренесансната претстава за човекот роден за големи дела се наоѓа во основата на тие поеми. Доцната ренесанса од крајот на XVI век се карактеризира со криза на хуманизмот и со борба за спасување на неговите идеи, поради засилената црковна реакција. Во ова време се развива пасторалната поезија во која се воспеваат љубовни чувства и мисли на овчари и овчарки. Нивниот мирен начин на живеење во природата е противставен на бучните градови. Еден повисок полет на хуманистичката мисла на доцната ренесанса претствавуваат делата на Шекспир и Сервантес. Во нивните дела трагичните и комичните ситуации се земени од реалноста.

Италијанската ренесанса дала повеќе писател: Данте Алигиери со поемата “Божествена комедија“ е нејзиниот предвесни; Петрарка со “Канционерот“, Зборник од Љубовни сонети, станал родоначалник на цело движење во лириката, познато под името Петраркизам или Петраркитичка лирика; Џ. Бокачо со зборникот “Декамерон“ дал широка панорама на секојдневниот живот во Италија; Л. Ариосто со “Бесниот Роланд“ ја истакнал индивидуалната храброст, чесноста и доследноста како идеали за човекот. Т. Тасо со “Ослободениот Ерусалим“ ги дал последните одгласи на ренесансните сфаќања што биле удар на моралните стеги на противреформаторскиот дух на католичката реакција.

Во Германија идеите на ренесансата се јавиле во XVI век и се манифестираат во време на реформацијата. Литаретурата создавана во времето на реформацијата имала антисхола-стичката и антиклерикалната содржина. Била пишувана најчесто на сатиричен начин. Најпо-знат хуманист на реформацијата бил Еразмо Ротердамски. Во неговото сатирчно дело “По-фалба на лудоста“ се исмеваат недостатоците и лудостите на луѓето од различните класи, сталежи и професии, богаташи, трговци, свештеници и лажни научници. Бидејќи сатирата на Ротердасмски ги зафаќа обичаите, наравите на повеќе општествени средини, таа претставува слика на животот од времеот на XVI век.

Данте Алигиери

Првата негова збирка песни “Нов живот“. Во песните Данте ја искажал својата љубов сперма Беатриче, своите соништа, мечти и својата тага поради смртта на Беатриче. Второто дело “Пир“ (“Гозба“) е литаратурно – филозофски

Page 13: Del A

трактат. Делото “Пир“ е напишано на народен јазик во време кога сите научни дела се пишувале на латински јазик. “Божествената комедија“ е најголемото и најзначајното дело на Данте Алигиери. Првобитно делто е наречено “Комедија“. Во неа се синтетизирани сите три литературни роди: лирика, епиката и драмата. Затоа се вбројува во поемите и тоа во епските поеми кои се по обем големи. “Божестевната комедија“ е составена од 100 песни поделени на три дела: “Пекол“, “Чистилиште“ и “Рај“. Во секој дел има по 33 песни а 100-тата песна е прва и претставува вовед во “Божествената комедија“. Поемата има две значења, буквално и алегорично. Во буквалното значење дадена е слика – визија на задгробниот живот. Алегоричното значење – едно читаш друго мислиш.

Франческо Петрарка

Франческо Петрарка е еден од првите претставници на раната ренесанса во Италија и Западна Европа. Петрарка е првиот индивидуалист во европската лирика зашто прв почнал да пишува за себе и за своите лични чувства. Своите дела, главно, ги пишувал на латински јазик. Тие можат да се поделат на две групи: поетски и морално – филозофски. Првите, главно, се пишувани на народен италијански јазик, а вторите – на латински. Првото поетско дело на латински јазик му е епопејата “Африка“. Исто така на латински јазик го напишал и делото “Посланица“ кое содржи писма во стихови. Од таков вид е и делто “Писма без адреса“. Песните што ги напишал на народен начин имале, главно, љубовно содржие како што е делото “Канцоние“ кој е поделен на два дела.

Џовани Бокачо

Џовани Бокачо (1313 - 21 декември 1375), италијански писател и хуманист, третиот претставник на италијанската предренесанса, со своето најважно дело за светската литература, со Декамерон, во целост се одделува од метафизичноста на средновековниот начин на мисле-ње. Во биографијата на Бокачо важно место завзема неговиот престој во Неапол, кога тој се формирал интелектуално и естетски. Неапол, во времето кога тој се образувал (во трговската професија и канонското право), бил раскошен, сосема ренесансен град со весела атмосфера и со дух кој ги славел уживањата. Животот и творештвото на Бокачо го одбележала незаконската ќерка на кралот Роберт, Марија, која во творештвото на писателот се трансформирала во дона Фијамета. Таа е опеана во стихови и во проза како жена која со својот темперамент била извор и на среќата и на несреќата на подоцна напуштениот Бокачо.

Важен податок за животната и творечката биографија на Бокачо е другарувањето со Франческо Петрарка во Фиренца, Падова, Милано и во Венеција. Тие тогаш ги делеле своите интелекту-ални искуства и интересите кон класичните автори и кон творештвото, воопшто. Од тие нивни контакти останала и мошне важна преписка.Џовани Бокачо

Италијански писател и хуманист, третиот претставник на италијанската предренесанса, со своето најважно дело за светската литература, со Декамерон, во целост се одделува од метафизичноста на средновековниот начин на

Page 14: Del A

мислење. Во биографијата на Бокачо важно место завзема неговиот престој во Неапол, кога тој се формирал интелектуално и естетски. Неапол, во времето кога тој се образувал (во трговската професија и канонското право), бил раскошен, сосема ренесансен град со весела атмосфера и со дух кој ги славел уживањата. Животот и творештвото на Бокачо го одбележала незаконската ќерка на кралот Роберт, Марија, која во творештвото на писателот се трансформирала во дона Фијамета. Таа е опеана во стихови и во проза како жена која со својот темперамент била извор и на среќата и на несреќата на подоцна напуштениот Бокачо.Важен податок за животната и творечката биографија на Бокачо е другарувањето со Франческо Петрарка во Фиренца, Падова, Милано и во Венеција. Тие тогаш ги делеле своите интелектуални искуства и интересите кон класичните автори и кон творештвото, воопшто. Од тие нивни контакти останала и мошне важна преписка.Творештвото на Бокачо

Творештвото на Бокачо ја покажува предноста на неговиот раскажувачки талент, иако и тој го почнал творештвото со поезија. Песните во "Рими" кои ги пишувал во различни периоди од животот покажуваат дека тој ја нема дарбата на Данте и на Петрарка за префинета поетска медитација за љубовта. Романот во проза Филокло има љубовно-авантуристичка содржина. И покрај својата почетничка несигурност, тој сведочи за талентот на идниот голем раскажувач.Античкиот мотив за љубовта на Троил и Крисеида (преземен од средновековниот Роман за Троја), Бокачо го обработил во спевот Филострато.Во овој првичен период на своето творештво Бокачо ги напишал:• Тезеида (еп), со кој според Енеида на Вергилиј се обидел да создаде јуначки еп на народен јазик• Ловот на Дијана, покус еп.Во позрелите дела на Бокачо треба да се спомене и т.н. прв италијански психолошки роман Елегијата на госпоѓа Фијамета според неа на жените вљубени раскажана, кој е интересен по раскажувањето во прво лице. Раскажувачот е жена, па тој факт го прави ова дело уште поинтересно.Меѓу помалите дела на италијански јазик се Буколички песни, како и биографиите на познатите жени (од Ева до Ивана Неаполска), потоа важното учено дело на Бокачо За родословите на паганските богови, а треба да се истакне и активноста на Бокачо во врска со проучувањето на делото на Данте. Расправите во слава на Данте го содржат култот на Бокачо кон големиот поет на Комедијата, па со право се смета дека токму Бокачо ја нарекол божествена.Вилијам Шекспир

Вилијам Шекспир (англиски: William Shakespeare) (Сратфорд на Ејвон, 26 април 1564 - Сратфорд на Ејвон, 23 април 1616 (Јулијански календар) или 3 мај, 1616 (Грегоријански календар)) важи за најголемиот писател на англиски јазик, но и воопшто, за еден од најдобрите писатели на било кој јазик. Неговата способност да ги долови најкомплицираните аспекти на човечката природа се смета од многумина за недостижна, и англиската ренесанса често се нарекува „времето на Шекспир“. Тој е еден од ретките драматурзи што брилиирале и во трагедија и во комедија, а неколку од неговите драми содржат песни што се сметаат за најфините лирски поеми напишани на англиски. Тој исто така има напишано и 154 сонети, две наративни поеми, како и повеќе песни. Шекспир ги напишал

Page 15: Del A

своите дела меѓу 1588 и 1616, иако точните датуми и хрононологијата на драмите нему припишани се несигурни. Делото на Шекспир е особено импресивно со оглед на тоа што тој живеел само 52 години.Импресивно е да се спомене дека делата на Шекспир и ден-денес претставуваа неисцрпна ризнаица на инспирација за многу млади и надежни писатели.Шекспировите дела се напишани на раносовремен англиски јазик, тогашниот англиски јазик.

КЛАСИЦИЗАМ

Класицизмот како литературен правец се појавува во 17 век во Франција. Во тој период на власт во Франција бил Луј XIV кој за себе велел :"Државата, тоа сум јас". Името класицизам потекнува од латинскиот збор klassicus, што значи-за пример, совршен.

Основни карактеристики на класицизмот се:

КУЛТ КОН АНТИЧКАТА ЛИТЕРАТУРА – класицистите ја признавале и се огледувале во литературата на Аристотел и Хорациј.

СТИХУВАНА ФОРМА – делата од овој период најчесто биле пишувани во стихувана форма.

КУЛТ КОН УБАВОТО И СОВРШЕНОТО – убавина и хармонија барале во се, во природата,во животот,и верувале дека убавото е патот до совршенството кај човекот.

ЕЛЕМЕНТИ НА РАЦИОНАЛИЗМОТ – се настојува да се создават дела во кои писателот ќе се раководи од разумот.

Најпознат теоретичар на класицизмот во Франција бил Никола Боало. Во своето дело "Поетика на уметноста" ги дава правилата според кои треба да се создаде едно уметничко дело.Тие се:едноставност на содржината на делото,објективно сликање на стварноста, а на писателите им препорачува:"Учете се да мислите, а потоа пишувајте". За драмите Боало ги обновил трите антички принципи:единство на дејствие,место и време на драмата. Литературните жанрови ги поделил на високи и ниски. Во високи спаѓаат:епопејата,одата и трагедијата. Во ниски спаѓаат:сатирата,басната и трагедијата.

Најпознати претставници на францускиот класицизам се: Пјер Корнеј, Расин, Жан Де Лафонтен и Молиер(Жан Батист Поклен).

ФЈОДОР МИХАЈЛОВИЧ ДОСТОЕВСКИ

Повеќе од еден век Достоевски е предмет на светските истражувања. Во многуте приоди, толкувања и судови се забележува една заедничка црта – сознание за гениј. Неговите дела се неисцрпен и магичен извор за најразновидни литературно-теоретски, психолошки и филозофски студии и толкувања. Сестрано толкуван, анализиран и оценуван.

Биографија

Page 16: Del A

Фјодор Достоевски се родил 1821 година во Москава каде што го поминал поголемиот дел од детството. На 16-годишна возраст тој преоѓа во Петроград каде се запишал на Воено-инженерската академија. За време на ѓколувањето и на службата не можел да се најде себеси, па набрзо ја напуштил и решил да се посвети на литературата. На 25-годишна возрас го создал својот прв роман.

Поради учеството во револуционерниот кружок на Патрашевски, тој и другите учесници на кружокот се осудени на смрт. Изведени на губилиште, ја чуле одлуката за смртна казна, но во моментот кога војниците веќе ги полнеле пушките, пристигнала вест за помилување, па смртната казна на Достоевски е заменета со робија.

Несреќите во семејството влијаеле врз животот на писателот: смртта на саканиот брат, на жената и двете деца, на добриот пријател – сето тоа требало да се преживее, а тоа го нарушувало душевниот живот и физичкото здравје. Посебно го мачеле ужасните напади на епилепсија како и материјалната грижа за сопственото и братовото семејство. И покрај богатата литературна дејност, тој многу долго бил задолжен. Покрај слабото здравје и постојаните немири и грижи, умрел 1881 година.

Книжевна продукција

Романи:

Бедни луѓе

Записи од мртвиот дом

Записи од подземјето

Злосторство и казна

Идиот

Браќа Карамазови

Тематски специфики:

- човековото страдање;

- трагањето по изворите на страдањата и злото по најтемните понори на нагонското;

- сликањето на човековите поттикнувања, стремежи и криза на неговата психа;

- коегзистенција на доброто и злото, нагонски императиви на човекот како трагично двострано суштество;

Page 17: Del A

- темните страни и патолошки видови на човековото суштество.

Интерпретација на „Злосторство и казна“

Жанровски романот го определуваме како:

- реалистичен,

- психолошки,

- хроника ( пожари, скандали, летот на Бергов со балон, џуџињата на Бартол и Масимо ),

- социјален ( со изразити карактеристики на криминалистички роман ),

- идеен ( етичко-филозофска мотивација која дава карактеристики на филозофски роман ).

Хроно-тропос: Времето во романот е кондензирано во девет и пол дена до злосторството и девет години по злосторството ( казна ). Неколку улици, три-четири соби, две крчми, еден плоштад во Петроград, мостот на Нева и Василевскиот остров.

Наратор, нарација: приказната ја реализира сезнаечки наратор. Нарацијата се одвива во три паралелни сижетни линии:

- Раскољников – убиство – робија;

- Соња – проституција – милосрдие;

- Свидригајлов – убиство – самоубиство.

Од нивните односи произлегува контапункт на композицијата: повеќезначноста на еден мотив – сиромаштија, престап и казна. Индивидуланите сижетни параболи се контрастно опишани:

Мармаладов – сиромав кој ја прима жртвата на ќерка му.

Раскољников – сиромав кој ја одбива жртвата на сестра му.

Раскољников ја убива лихварката – убиство од идеи.

Соња се ‘‘убива себе си’’ – убиство од милосрдие.

Свидригајлов – убива заради себе.

Експозиција: Млад човек, исклучен од универзитетот, малограѓанин по потекло, живее во крајна сиромаштија, откако поради лекоминост и лабавост во сфаќањата, ќе им се оддаде на некои чудни

Page 18: Del A

„незавршени идеи“ што висат во воздухот, одлучува наеднаш да се извлече од својата тешка состојба.

Заплет: Откако ќе го однесе прстенот како залог кај старата лихварка, ќе го потслушне разговорот меѓу офицерот и студентот во кафеаната и ќе го добие писмото од мајка му ( во кое таа го известува за својата тешка имотна состојба ), решава да убие една старица што дава пари под лихва.

„Теоријата“ на Раскољников се јавува само во мислите, без никакви практични планови, без конкретна замисла за реализација.

Во однесувањето на Раскољников може да се издеферницираат три фази:

1. подготовка на злосторството,

2. извршување на злосторството,

3. состојба на злосторството.

Епилог: По убиството, кај Раскољников се забележуваат две тенденции:

- максималното залагање да не го открие злосторството,

- несвесното откривање.

Раскољников не се грижи само за мислата да не биде откриен, туку се бори со своите чувства на оттуѓеноста, сомнежите, кошмарните сонови. Со етичкото страдање си отвара пат за враќање во човековата заедница. Обидувајќи се да се постави надвор и над законите на опшеството, се отуѓува од самиот себе. Тоа е најтешката последица на казната која ја добива злосторникот. Се може да се поднесе, но не и можноста да живее со злосторство зад себе. Се предава на судските власти.

Судницата во која се наоѓа станува психијатриска ординација, а тој пациент. Иследникот му дава можност да се оправда, а Раскољников си нанесува зло бидејќи во прашањата чувствува стапица. Интуицијата го прави своето и одговорот е одбрана.

Атрибути на ликовите

Раскољников – индивидуален човеков протест.

Бунт на индивидуалист, отруен со „филозофијата на злосторството“, на човек притиснат од неволностите во животот. Свеста за „правото“ на индивидуален бунт прераснува во злосторство во сознание на гревот, во грижата на совеста и потребата за признание и покајание.

Page 19: Del A

Студентот мисли дека „исполнувајќи го својот долг кон човештвото“ ќе го ублажи престапот. Возвишената вистина и човечките закони делуваат.

Чуството на изделување, изолирање од другите луѓе по извршувањето на злосторството, до крајни граници го измачува. Законот на вистината и на човечката природа е посилен. Злосторникот реши да ги поднесе сите страдања за да го искупи својот престап.

Принуден е сам да се предаде на властите, да умре на робија, со надеж повторно да биде со луѓето.

Теорија на „силни личности“

Луѓето ги дели на две групи:

- обични луѓе што го поминуваат животот во послушност, покорувајќи им се на животните околности;

- „необични“ луѓе коимпреминуваат преку законите и нормите, без оглед на средствата со кои се служт, луѓе на кои им е дозволено се.

Силната личност има право да ја наруши моралната норма и да мине преку човечки жртви за да оствари благородна цел. Во мислите на Раскољников престапот добива ореол на пат кон добродетелството.

Симболика на соништата

Бегството од реалноста и откривање на психичката состојба.

1. Сегменти од детството

Раскољников има седум години и шета со татко му. Пијаните селани го тепаат слабиот и изнемоштен коњ поради немоќта да го повлече големиот товар. Доминираат ударите на камшикот и железните орудија.

Ја симболизира немоќта и товарот на животот кој го притиска Раскољников и временското оддалечување ( во детството кога имало најмалку грижи ). Камшикот е симбол на ударите кои ги нанесува животот, а железното орудие е секирата со која се извршува убиството.

2. Патување во Африка, во некоја оаза.

Просторно оддалечување т.е желбата на Раскољников да се увери дека е далеку од Петроград. Мирната оаза, контраст на големиот немир, ручекот на бедуините - неговата глад, изворот – жедта, свежината на водата – неговата треска, убавината на светлите бои – очај и чувство на одвратност.

Page 20: Del A

И двата сона значат желба за оддалеченост од современиот момент, потсвесна потреба да избега од местото и времето во кое животот е толку замрсен што мора да изврши злосторство.

Соња Мармеладова: изгубена единка на големиот град, гешница, која стаписувајќи се пред вистината ан злосторството, ја зема улогата на морален коректив, спротивставувајќи и се на бунтовноста на Раскољников со смиреноста, покорноста и антиреволт. Живее по законите на љубовта кон луѓето. Војот престап не го прави под идејата да загосподари над луќето, туку по сила на љубовта кон блиските, поднесувајќи го својот живот заради гладните усти во семејството. Подобро насилство над себеси отколку над другите. Во сеопштата љубов на Соња треба да се растопи и исчезне горделивата природа на Раскољников.

Кочо Рацин (Koста Апостолов Солев) (Велес, 22 декември 1908 - Лопушник, 13 јуни 1943) е македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска литература, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Покрај со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, философијата и литературната критика.Кочо (Коста Солев) Рацин се родил во 1908 година, во Велес. Неговот детство ја запознало уште рано сиромаштијата и сето она што ја придружува на нејзиниот безмилосен пат. Неговиот татко, грнчарот Апостол, не можел да му пружи којзнае какво школско образование, бидејќи грнчарскиот занает и состојбата на семејството барале многу напори и време за малечка заработувачка. Кочо можел да добие одвај еден клас нижа гимназија и веќе на својата тринаесета година бил присилен да му се посвети сосема на татковиот занает.

Активист во комунистичкото движење

Во 1924 станува член на СКОЈ и набрзо се истакнува како еден од најнадежните млади кадри на Комунистичката партија на Југославија во Македонија. Во 1926 станува дописник на весникот „Организовани радник“, орган на Независните работнички синдикати на Југославија, кој е под влијание на КПЈ. Во 1926 Рацин станува и член на Месниот комитет на СКОЈ за Велес, а во ноември 1928 учествува во работата на Четвртиот конгрес на КПЈ во Дрезден, како единствен делегат од Македонија. По враќањето во Југославија е уапсен, но по три месеци поради недостиг на докази е пуштен на слобода. Но, набрзо, во април 1929 заминува на отслужување на воениот рок во Пожаревац.

По воведувањето на диктатура во Југославија во 1929, партиската организација во Македонија бива целосно разбиена. Дури во 1932 започнува процесот на обновување и поврзување на организациите на КПЈ и СКОЈ во Македонија, а во летото 1933 се создава и Областен комитет на КПЈ за Македонија, во чиј состав влегуваат: Никола Оровчанец, Живоин Ќурчиќ и - Кочо Рацин. Од ноември истата година ОК започнува да го издава месечниот весник „Искра”, чијшто

Page 21: Del A

уредник е Рацин. Излегуваат само два броја на весникот. На почетокот на јануари 1934 се случува провала и 15 водечки македонски комунисти, вклучително и Рацин, се уапсени. Рацин е осуден на 4 години робија во Сремска Митровица, но во декември 1935, по донесувањето на закон за амнестија, бидува ослободен. Времето поминато во затворот за него всушност претставува период на универзитетско и национално образование. Меѓу другото, од дружењето со затворениците Моша Пијаде, Родољуб Чолаковиќ и Огњен Прица разбира дека е важно да пишува на мајчин македонски јазик. Учествува и во преводот на „Комунистичкиот манифест“ на македонски јазик.

Презимето Рацин доаѓа од неговата сакана Раца.

Подем и пад: „Бели мугри“ и исклучување од Партијата

По излегувањето од затвор Рацин бележи особена творечка активност, која ќе кулминира во 1939 година кога Рацин ја објавува својата стихозбирка „Бели мугри“, но и пишува и објавува неколку статии и трудови од областа на литературната критика, философијата и историјата што од него ќе направат најпознат македонски интелектуалец и прогресивен мислител на просторите на бивша Југославија. Сепак, новоздобиената слава и авторитет на Рацин ќе доживеат силен удар во 1940 година кога има нарушување на односите помеѓу Рацин и раководството на КПЈ во Македонија. Поради посетата на Рацин на Александар Цветковиќ, тогашен бан на Вардарската бановина и поради една критичка изјава на Рацин на сметка на работата на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, на Покраинската конференција на КПЈ за Македонија одржана на 8 септември 1940 (на која Методија Шаторов - Шарло е избран за секретар на ПК КПЈ за Македонија), Рацин едногласно е исклучен од Партијата и на членовите на Партијата им е наредено да го бојкотираат. Бојкотот трае некаде до почетокот на 1942 кога односите помеѓу Рацин и раководството на Партијата во Македонија се подобруваат.

При нападот врз Југославија од Силите на Оската, Рацин е на кумановскиот фронт, на месноста Страцин, каде и е заробен од страна на Германците. Заедно со другите заробеници е спроведен во воениот логор во Куманово. Ценејќи ја личноста на Рацин, партиската организација на Куманово организира бегство на Рацин од логорот. По бегството, Рацин еден период работи во Софија и живее заедно со својот сограѓанин Коле Неделковски, но по неговата смрт се враќа во Скопје. Во Скопје е уапсен од страна на бугарската полиција и интерниран во селото Корница, Неврокопско.

Вклучување во НОБ и загинување

Во 1943 година Рацин успева да се врати во Скопје и во пролетта заминува во партизани, во одредот „Кораб”. Станува уредник на партизанскиот весник „Илинденски пат” и подготвува две збирки на македонски народни песни.

Рацин го завршува животот на трагичен начин. Едно утро,[се бара извор] додека се враќал во партизанската печатница на планината Лопушник, Кичевско, смртоносно бил застрелан од стражарот којшто го чувал пристапот кон печатницата. Има две верзии околу неговата смрт. Според првата, станува збор

Page 22: Del A

за несреќен случај: поради вродената наглувост Рацин не го чул повикот на стражарот да застане и да се идентификува, по што овој го истрелал смртоносниот куршум. Според втората верзија тој е намерно убиен. Според наводи на современици, Страхил Гигов политички го изолирал Рацин, и го организирал неговото убиство[

Творештво

Бели мугри

Творештвото на Кочо Рацин опфаќа неколку области: поезија, проза, историски списи, философски списи,литературна критика и есеи. Својот најголем придонес го дава во областа на поезијата, особено со својата мала стихозбирката „Бели мугри“, објавена во Загреб,1939 но и во останатите области дава важни придонеси, кои главно се во сенка на неговото поетско творештво.

Поезија

Рацин започнува да пишува поезија во 1928 година. Од февруари до јули на својата љубов Рахилка Фирфова ѝ ги посветува своите љубовни стихови со крв и мастило на 31 дописна картичка и стихозбирката „Антологија на болката” останата во ракопис. Картичките денес се чуваат во Архивот на Македонија. Песните главно се напишани на српскохрватски јазик, освен шест, кои се напишани на бугарски („Разнеженост“, „Рухнаха се надеждите мои“, „Плач в безмощие“, „Все пак...“, „Мечти в полунощ“, „И пак тъга раздира ми гърдите“). Истата година во двобројот за октомври-ноември на загрепското списание „Критика“ е објавена неговата прва песна, „Синови глади”, напишана на српскохрватски јазик. Од мај до октомври 1930 година во сараевското списание „Снага” објавува четири песни: „Из фабрике”, „У предвечерје”, „Челичном строју” и „Бити човек”. Во 1932 година во Скопје Рацин објавува заедничка стихозбирка со студентите на Философскиот факултет во Скопје, Јован Ѓорѓевиќ и Александар Аксиќ, на српски јазик под наслов „1932“. Во оваа збирка е објавена една од Рациновите најсилни песни „Ватромет”. Следна песна која ја објавува Рацин е песната „До еден работник”, која е прва песна на Рацин на македонски јазик, а ја објави загрепското списание “Књижевник” во 1936 година. Во 1937 година, по повод загинувањето на велешанецот Ганчо

Page 23: Del A

Хаџипанзов во Шпанската граѓанска војна, ќе ја напише „Испанска балада“, а во 1938 година ја објавува песната „Смрт астуриског рудара“.

Најголемиот успех го постигнува во 1939 година со стихозбирката „Бели мугри”. Стихозбирката е испечатена во 4.000 примероци и се растура по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија, постигнувајќи голем успех. Во овој оддел може да се спомне и збирката „Македонски народно-ослободителни песни“ која Рацин ја објавува мај 1943, во партизани, но на која тој е уредник, но не и автор.

Проза

Рациновиот прв објавен прилог е неговата прозна исповест „Резултат“, објавена во двобројот за август-септември 1928 на загрепското списание „Критика“. Во 1932 година учествува на конкурсот на загрепската „Литература” и е награден за својот расказ „У каменолому“, кој подоцна е и објавен во ова списание. Во 1933 истото списание објавува фрагменти од неговиот роман „Опиум“ (преведен како „Афион“ на македонски). Овој роман Рацин почнал да го пишува околу 1931 година, но ракописот настрадал при провалата и апсењето на Рацин. Другите раскази на Рацин се: „Тутуноберачи“ (1937), „Пладне“ (1937), „Еден живот“ (1937), „Златен занает“ (1939), како и „Татко“ и „Радоста е голема“, кои се објавени постхумно.

Историја

Од историјата Рацин покажа посебен интерес за богомилското движење и напиша три трудови посветени на него: „Драговитските богомили“, „Богомилите“ и „Селското движење на богомилите во Средниот век“. Од овие три, во текот на Рациновиот живот е објавен само „Селското движење...“, во 1939 година во списанието „Народна читанка“, а трудот „Богомилите“ е напишан на македонски јазик.

Овие Рациновите трудови за богомилите се одликуваат со значителен квалитет на проучувањето на материјата, при што самата материја доста студиозно е обработена, а не изостануваат и неколку доста продорни тези кои се посебно интересни. Меѓу нив посебно вреди да се одбележи Рациновата теза дека „богомилството е нешто најинтересно и најсветло во нашата народна историја“ („Богомилите“). Важно е да се нагласи и податокот дека Рацин е првиот Македонец што го проучувал богомилското движење.

Философски прилози

Квалитетот и способностите на овој самоук работник најдобро го покажува неговото интересирање за Хегеловата философија. Настрана од фактот дека философијата на Хегел се одликува со посебна сложеност, позитивно изненадува и податокот дека Рацин се интересираше за овој германски идеалистички философ во времето кога овој Марксов учител во услови на растечка догматизација на комунистичкото движење под притисок на Сталин не беше на голема цена.

Page 24: Del A

Како резултат на Рациновиот интерес за Хегел се неговите статии: „Хегел“, објавена во загрепската „Литература“ во 1931 година, и „Значењето на Хегеловата философија“, објавена во белградската „Нова култура“ во 1939 година. Посебен куриозитет е што овие Рацинови статии за Хегел се можеби првите философски статии на некој македонски теоретичар.

Литературна критика

Од областа на литературната критика Рацин ги напишал следните трудови и статии: „Развитокот и значењето на една нова наша книжевност“ (1940), „Анѓелко Крстиќ пред судот на Ж. Пламенац“ (1939) и Реализмот на А. Крстиќ“ (постхумно), „Блазираните глупости за насмевката на Мона Лиза“ (1939) и „Уметноста и работничката класа“ (постхумно).

Во чест на Рацин

Споменик на Кочо Рацин во Самобор, Хрватска

Во чест на Кочо Рацин од 1964 година во Велес се одржува поетската манифестација „Рацинови средби“, која од 1992 стана поетска манифестација на балканско ниво.

Родната куќа на Рацин во Велес во 1956 година е претворена во спомен - музеј.

Page 25: Del A

Во 1952 година Трајче Попов ја снима филмска поема „Бели мугри“ врз основа на стиховите од истоимената Рацинова стихозбирка, а во 2007 година, на денот на загинувањето на Рацин е промовиран филмот „Елегија за тебе“, авторски проект на Васил Зафирчев и Данчо Стефков.

Денови – Кочо Рацин

Од Wikibooks

Скокни на: навигација, барајКако на вратот ѓерданиниски камења студени,така на плешки деновилегнале та натежнале.Денови ли се – деновиаргатски маки големи!Стани си утре пораноДојди си вечер подоцна,наутро радост понесинавечер тага донеси –ај, пусти да е, пуст да биостана живот кучешки!Роди се човек – роб бидироди се човек – скот умри,скотски цел живот работиза други, туѓи имоти.За туѓи бели дворовикопај си црни гробови!За себе само р’гај сиза себе маки тргај си –нижи си ѓердан деновинижи си алки ковани,нижи си синџир железеноколу вратот навезен!

Кочо Солев Рацин, поет и револуционер, изникнат од пазувите на својот народ, сроден со страдањата и трепетите на народот и класата на која и припаѓаше и со длабочината на своите марксистички погледи. Со неговото перо се искажува богата творечка природа, што извира од корените на животот, на угнетениот и поробениот народ, за да мине во пркос и отпор, за чекорење кон сончевата слобода. Со својата поезија на македонски јазик, тој ги создаваше вредностите на македонската национална култура и го објавуваше нејзиното право на слободен развиток токму во времето кога беше одрекувана и забранувана.

Свесен за својата историска мисија, со огромна љубов, истрајност и одрекување Рацин беше во постојан напор и грч за посодржајно проучување и афирмација на историјата на Македонија и на својот народ. Со својот пишан збор Рацин направи мост на епохите. Неговата смелост и борбата за признавање на правата на народот и класата, на кои им припаѓаше, му носеа непреспиени ноќи, горчини, затвори, логори и прогонства. Револуционерната цврстина го водеше кон бескомпромисната борба и кон светлините на денот, во кој човекот на

Page 26: Del A

човекот ќе му биде брат.

Во огнот на југословенската Народноослободителна борба и револуција Рацин согорува, оставајќи живот и дело што зрачи со трајни пораки и што постојано ќе повикуваат за натамошно осмислување на сето она што отвора нови видици за подобар поправеден, благодетен живот на човекот.

Малиот Рацин

Велес, родниот град на поетот - револуционер Рацин, е извишен како природна набљудателница на просторот и вековите. Со својата вонредна геостратегиска положба, еднакво ги привлекува двогледите на воините и камерите на намерниците. Јазол е и крстосница на патиштата што го поврзуваат Балканот со светот. Лулка на револуционерната мисла што постојано живеела тука за да се пренесе низ цела Македонија. Град на револуционери, културни дејци, пророци и маченици. Неговата архитектура ја одразува продуховеноста, смислата за автентичното обликување и топлината на македонската душа.

Во близина на градот, во глувото и темно време на европскиот Среден век, се запали светлината на богомилското учење кај Македонските Словени, насочено против феудализмот и политичкиот духовен гнет, против црквата како моќно оружје на државата за зацврстување на својата власт.

Page 27: Del A

Велес, како економски центар, со развиена трговија и занаетчиство во првата половина на XVIII век станува културно жариште. Тука од дамнини се пропишуваат и се составуваат книги на словенски јазик, се јавуваат писатели, учители и училишта за црковнословенската писменост. Тука е роден Јордан Хаџи Константинов - Џинот, чиј борбен дух и темперамент речиси цели четири децении го изложува на постојани судири со црковните главатари и оние слоеви на населението што му се протиставуваа на воведувањето на просветата на народниот јазик.

Рацин 1928 годинаКако резултат на определени историско - општествени и економски околности што ја условија и вонредната економска и културна улога на градот, во 1858 година се формира и прва повисока школа во Македонија на народен јазик со современа настава. Притоа и ликовните дела на велешките мајстори и зографи достигнуваат висок дострел во тоа време. Тие дела се растураа по сите краишта на Балканот.

Во XIX век тука се роди Рајко Жинзифов, еден од најзначајните македонски преродбеници и најистакнати личности во македонската литература од тој период. Неговата поезија е носталгична исповед на длабоката рана што ја носи во себе од болките и патилата на својот намачен народ. Низ неговото творештво се одразува вековната борба на македонскиот народ за национално-политичка и

Page 28: Del A

културна самостојност.

Во 1889 година во Велес се роди и првиот пропагатор на социјалистичките идеи во Македонија, Васил Главинов. Со перо и акција тој неуморно се оддава на организирањето на работничката класа и на македонскиот народ во револуционерната борба за создавање на Социјалистичка Република Македонија, за „присоединување на своите усилби кон српските, хрватските и другите револуционери“. Голем е бројот на настани и личности кои се вградени како вредности во политичката и културната историја на Македонија и пошироко и стојат како светилници да ги осветлуваат стапките на духовниот развој.

Меѓу куќите збиени една до друга, поврзани со ѕидови од плитари, со покриви заштитнички надвиснати над луѓето што минуваат, се наоѓа куќата на Апостол Солев. Десетина метри од неа е лебарницата на чичко Димо, а пред неа поширок простор кој ги спојува четирите мали тесни улички. Најстрмната е онаа што е пред портата на Солев и што води кон центарот на градот. Во оваа улица живеат скромни луѓе со широко човечко срце. Меѓусебно се поврзани и заеднички ги споделуваат страдањата и стремежите. Ги врзува заедничката борба за подобар и праведен живот. Во студената декемвриска ноќ 1908 година, мајката Марија и таткото Апостол Солев се радуваа на својата прва рожба. Ниту сонуваа дека токму оваа рожба ќе придонесе да се отвори патот кон слободата, дека тој ќе ја воспева неизмерната тага од тутунот, афионот и народните бигори, напластени во народната душа низ вековите; дека ќе го учи и охрабрува робот како се кршат ропските пранги; дека ќе им ги отвори вратите на револуцијата и напредокот. Тогаш се роди човекот што се слеа со потребите на времето и иднината.

Го доби името на дедо му Коце, селски грнчарски сиромав, кој од околните села се доселил во Велес. Коце е познат народен пејач и свирач, чија дарба ја пренесува и врз синовите Пано и Диме. Оттаму и малиот Кочо Солев ќе се задојува на изворите на богатите фолклорни преданија. Малиот Кочо, седнат крај топлото огниште, со детска чистота и ретко љубопитство ќе слуша песни и приказни од мајката и чичковците. Неговата детска фантазија си ги доближува на свој начин.Колку силно влијание имале овие раскажувања може да се согледа од една анегдота што се ширела низ градот, во време кога учел основно училиште во „Кирил и Методиј“. За неа е присутна и фотографија. Се случило на крајот од школската година, кога по обичај учениците се фотографираат со своите учители. Малиот Кочо обземен од револуционерните подвизи на Гарибалди, што ги слушал од својот чичко Пано, сега јавно ќе ги искаже. За тоа неговиот школски другар се сеќава: „Кога се наредивме да се фотографираме мене фотографот ме стави да стојам последен во првиот ред. До мене беше Кочо. Седеше бос на клупата. Почувствував како полека ме удира. Се свртев, а тој ми рече: Владо, фати го крајот на листот од хартијата. Погледнав, а на листот беше испишано „Да живее Ѓузепе Гарибалди“. Учителот седеше во средината и не го виде. Така се сликавме. Подоцна кога биле изработени фотографиите, продолжува Владо, се дозна и за напишаниот текст на хартијата. Учителот Ристо Јовановиќ го повика Коча и го прашувал дали чул и што знае за

Page 29: Del A

Гарибалди. Да, сум чул, знам за него, одговорил. Тој е Италијанец и голем борец за слобода.“Ужасите на војната, злокобното пиштење на сирените, експлозиите, гранатите, почнуваат да му ги разбиваат детските соништа. Го доживува марширањето на разни војски, кои постојано се врвчат низ улиците на градот. Гледа колони од запрежни коли со мртви и ранети војници. Насекаде среќава изнемоштени и гладни жени, деца и старци. Постарите луѓе во неговата средина ги менуваат униформите, одат и се враќаат - слики на прегратки, вкрстени раце и плач. Тоа му се години, кога тој не може да размислува, туку само гледа, слуша и се возбудува, чувствувајќи севозможни мачнини, горчини и патила. Молкнува оружјето и се навестува крајот на Првата светска империјалистичка војна. Доаѓа повторно ропство. Македонската земја одново се расчеречува. Националната и социјалната обесправеност се озаконува со Версајскиот договор. Нов кошмар го притиска народот. Малиот Кочо живее со урнатините, со опустошената земја и гладот.

Големиот револуционерен бран под влијание на Октомвриската револуција опфаќа многубројни земји во Европа, меѓу кои и Југославија, и се пренесува во родниот град на Кочо. По улиците и плоштадите често се манифестираат барања за правда, за мир, за леб, за слобода.

Во априлските пролетни денови 1919 градот добива возбудлива слика. Железничката линија што минува низ средината на градот е пуста. Жандарми и војници, со штикови на пушките, се движат по улиците. Училишните власти ги ослободуваат децата од клупите. Кочо со другарите излегува на улица. Гледа колони од работници што се движат пркосно, како огнена река по улиците. Го доловува духот на бунтот што се раѓа. Градот се приклучува кон генералниот штрајк на железничарите на Југославија. Се растураат летоци и весници. Преку апели и транспаренти се повикува народот на солидарност со штрајкувачите.

Во истата година, Кочо доживува радосен неделен ден. Тој ќе биде сведок на празничното расположение на градот при одбележувањето на годишнината на Октомвриската револуција. Луѓе закитени со црвени ленти на реверите се движат по улиците и си го честитаат празникот. На собирот пред клубот „Први мај“ работничката класа ја изразува солидарноста со борците на Октомвриската револуција и со меѓународното работничко движење во борбата против капиталистичкиот поредок.Незаборавен е и впечатокот при одбележувањето на меѓународниот празник на трудот - Први мај. Вистински празник на велешките улици. Луѓе со црвени знамиња и транспаренти се движат по улиците на градот. Заедно со високо подигнатите тупаници, се слушаат извици против обесправеноста на македонскиот народ и на работничката класа, за слобода и правда. Од стотици грла се слушаат револуционерни песни.

Впечатливо ја доживува уште еднаш необичната глетка во онаа топла августовска вечер на 1920 година. Неговиот град ја славеше големата радост - победата на Црвената комуна. Маса од луѓе со црвени знамиња и пароли, се пробиваше низ тесните кривулести калдрмисани улици. Насобраниот народ пред градската општина ја празнуваше својата победа. Таму застана и Кочо и се придружи кон општонародната веселба. Но, тоа не траеше долго.

Page 30: Del A

За децата и возрасните, за жителите на градот, незаборавно е и студеното декемвриско утро во 1920 година. Уште во раните часови одѕвонуваа жандармерските цокули по калдрмисаните улици. Тие се движат со бајонети на пушките. Луѓето вознемирени излегуваат од куќите. Се задржуваат пред ѕидовите и поштенските столбови, на кои се залепени плакати со крупни печатни букви. Тоа е текстот на Обзнаната. Загрижено го читаат текстот во кој се забранува Комунистичката партија на Југославија, единствената политичка партија во која ги гледаа перспективите на националното ослободување и социјалната правда. Им беше јасно дека исплашеноста на буржоазијата од револуционерниот подем, со кој беше опфатена земјата, е причината за донесувањето на овој злогласен закон. При читањето се изразуваа и гласни протести.Се засилува масовниот терор над населението. Се заострува политиката на денационализација и асимилација на македонскиот народ што посебно се чувствува во училиштата. Употребата на македонскиот јазик строго се забранува и во секојдневниот живот. Ретко возбудување Кочо ќе доживее во аулата на Гимназијата, кога директорот, Стеван Симиќ, пред собраните ученици ќе настојува не само да негира се она што Кочо и неговите другари слушаат во своите средини за правата на македонскиот народ и работничката класа, туку и со повисок тон во говорот ќе објави за исклучувањето на ученикот Лазе Богданов од Гимназијата, со мотивација дека ширел комунистичка пропаганда меѓу учениците. Возбудувањето кај Кочо се зголемува кога ученикот Лазе Богданов храбро, смело, енергично протестира против одлуката. Револуционерната содржина на одговорот длабоко се врежува во срцето на Рацин.

Поради тешката материјална положба Кочо е принуден да го прекине школувањето, завршувајќи го вториот клас гимназија (сегашно VI одделение). Таткото често се исповедувал дека немал друга можност. Со своето слабо здравје одвај можел да го прехранува зголеменото семејство. Се менува и животот на Кочо. Секој ден во раните утрински часови тој копа и носи земја недалеку од градот. Во приземјето, каде што низ малиот прозорец пробиваат светлосните зраци, е сместена и грнчарската работилница, во која малиот Кочо ги дроби големите грутки земја и ги навлажнува.

Им се восхитува на татковите долги и глуждести раце, покриени со глинесто тесто, под чии прсти игра глината, добивајќи разни форми за на крајот да се обликува чудесно грне. Колкава радост кога грнето - тој финален производ на занаетот ќе се стави во врелата печка во која од пламенот се преливаат црвените и жолти тонови и се пренесуваат на лицата на набљудувачите! Набргу и Кочо се оспособува да го врти грнчарското тркало и неговите раце дораснаа да прават разновидни грнци. Добива повеќе пофалби за посебната вештина и мајсторство да ги обликува грнчарските производи.Ноќе Кочо живее друг живот. Во притулена таванска просторија под тивката светлина на свеќата, поминува долги часови вникнат во магичната сила на книгата, која го пренесува во светот на грчеви, патила, но и кон светли простори за човечко слободно општество. Книгата му станува вечен сопатник до крајот на животот.

Page 31: Del A

Во слободните часови го привлекува природата со своите убавини. Се движи по стрмите и тесни патеки на големите извишени карпи што се надвиснале над малите и живописни реки Тополка и Бабуна. Навраќал и во бучните воденици, обраснати со лозници и смокви. Долго ги гледал големите камења што го притискале и мелеле житото. Се движел низ афионските и тутунските полиња и низ бујното зеленило на бреговите кај Вардар. Се вљубува во природата со целото свое битие. Неговата поетска природа доаѓа до израз. Кочо пројавува вонредно интересирање кон читањето. Низ тие будни ноќи, тој чита разновидна литература и се што ќе му дојде до рака. Тој постојано е присутен во просториите на Независната работничка партија, која претставуваше легална организација за спроведување на програмата на Комунистичката партија. Овде се сретнува со комунисти и симпатизери на работничкото револуционерно движење. Тука тој често навраќа, а посебно во вечерните часови, кога е многу живо, време кога и тој е ослободен од физичка работа. Неговото интересирање за литературата, а посебно за онаа што открива вистини за борбата на човекот за поправедна свест, ќе биде забележано од членовите на раководството на СКОЈ-евската организација која во тоа време развива жива идејно-политичка и културна дејност во градот.

Животот на Рацин е исполнет со работа од рано утро до доцна навечер. Почнува да се оформува како револуционер, марксист. Кочо е еден од најактивните во организирањето на предавања, дебати и приредби. Благодарение на својата непосредност, отвореност и аргументирано настапување, уште од рано се здобива со авторитет во средината каде што живее и работи. Успева околу себе да собере работници и интелектуалци. Станува човек од акција, решителен и бескомпромисен. Во 1924 година, на шеснаесетогодишна возраст тој станува член на СКОЈ, а веднаш потоа и член на КПЈ.Во 1925 година се формира работнички спортски клуб „Напредок“. При примањето на правилата и избирање на управа за секретар е избран Костадин Солев(иќ). Клубот развива и широка културна дејност преку музичката и драмската секција. Рациновата активност посебно се чувствува во драмската каде преку репертоарот и изведбата настојува да ја развива свеста кај учесниците и публиката за хуманост и правичност. Обземен од револуционерното расположение, тој крајот на пиесата „Рудари“ од непознат автор ќе го прошири со нов текст. Ја користи сцената на погребот на главниот јунак - рударот за уфрлување на текст со повик за борба на работничката класа против експлоатацијата и насилството. Жива идејно-политичка и организационо-практична дејност развива во најзначајниот сектор на Партијата - Синдикатот. За неговата активност во Синдикатот тој ќе добие и јавно признание во весникот „Организован радник“: „По долго време, благодарение на некои другари, особено на другарот Солев, нашето движење во Велес почнува да се стабилизира“.

Се запознава и се вклучува во создадената политичка организација ВМРО (обединета) , која со својата платформа инсистира на широко масовно движење на македонскиот народ во трите дела на Македонија и нејзино доброволно сојузување врз рамноправна основа во идната балканска федерација. Велес во тоа време не е само центар на работничкото движење, туку и на ВМРО (об). Секретарот на МК на КПЈ Панко Брашнаров е член на ЦК ВМРО (об) и одговорен за движењето во Вардарска Македонија. Од Велес во тоа време се

Page 32: Del A

испраќаа партиски активисти за идејно-политичко и организационо оспособување во Комунистичкиот универзитет во Москва. Од Велес се испратени Николче Оровчанец - Сандански (1925), Трајко Мишковски-Кузњецов (1926), Андон Шурков-Орлов (1927), Алексо Демниевски-Бауман (1928), Панче Славков-Илиевски (1929).Во пролетта 1926 година Рацин ќе се запознае од делегатот на III конгрес на КПЈ - Панко Брашнаров со значајната Резолуција на Конгресот во која, ослободувајќи се од поранешните заблуди по македонското прашање, сега во неа се определува за суштината на македонската национална индивидуалност, залагајќи се за употреба на македонскиот јазик во секојдневниот живот и во училиштата. Во летото 1926 година КП и ВМРО (об) во Велес ќе доживеат голем удар. Најдени се илегалните весници, меѓутоа и по тримесечно деноноќно полициско измачување на уапсените не успеваат да ја провалат организацијата.

Кај Рацин се јавува интерес за собирање македонски народни песни, сказни и анегдоти. Во нив го бара духот на македонскиот човек и неговото револуционерно минато. Во врска со тоа професорот д-р Душан Недељковиќ пишува:...„Рациновиот дом во 1925 година ме привлече и мене во тоа време, проучувач на градскиот епос, таму да го запознаам и него, идниот Рацин, а тогаш срамежливиот и човечки топол грнчарски калфа, борбениот синдикалец и исто така огнен носител на народни преданија и творештво на својот крај и народ, кој веднаш ја прифати мојата молба за мојата анкета да ги запише народните преданија на својот дом и се здобив со она тесно и неразлачиво пријателство. По два месеца тој се појави во мојот факултетски кабинет, носејќи ми еден тесен, подолг и подебел тефтер полн народни преданија, сказни, анегдоти, песни и пословици и затекнувајќи кај мене некои од најнапредните мои слушатели, го прошири нашето познанство и пријателство, при што од студентите ги доби нивните белешки од некои предмети по филозофија, историја и литература, а од мене браќа Миладиновци, Абрашевиќ и една од оние популарни книшки за материјалистичката дијалектика, како онаа на Волгин. Намуртениот, срамежлив и несмасен млад работник рече дека му израснале крилја и дека почесто ќе доаѓа во нашето универзитетско јато, а студентите едногласно му одговорија дека и ние ќе одиме во неговото, како и што беше“.Тој „намуртен, срамежлив и млад работник“ почувствува потреба да вникне во светот на поезијата. Во своите прво поетски обиди беше обземен од лирските трепети инспирирани од русокосата убавица Раца, ученичка во шести клас гимназија. Раца Фирфова потекнува од занаетчиско патријархално семејство. Во своето сеќавање таа ќе напише: ...„Скоро секој ден сретнував на улица еден младич кој продолжително ме гледаше. Беше постојано осамен и повлечен. Тоа беше Кочо Солев, млад грнчар. Надворешниот изглед му беше таков што оставаше впечаток дека е интелектуалец. Голема разлика во нашите години немаше. Од неговиот поглед се гледаше дека кај него нешто се зародуваше спрема мене. Тогаш секако и сум помислувала дека неговиот поглед има љубовни побуди. Меѓутоа, не се осмелував да му возвратам било какво внимание.

Во почетокот на 1928 година добив картичка со љубовни изливи. Го изразуваше љубовното чувство кон мене. Тие зачестија, скоро секој ден.... Тие побудуваа кај мене интерес. Во знак на „неизмерната “ љубов кон мене, тој ми испрати и

Page 33: Del A

картички испишани со сопствена крв. Сигурно сум била возбудена читајќи ги.

... Кон средината на 1928 година, преку ученичката Невенка Вуиќ (која беше два класа постара од мене) ми испрати подготвена стихозбирка што ми беше посветена мене. Таа носеше наслов „Антологија бола“. Текстовите беа испишани со рака.

... Она што сигурно најмногу побудува интерес кај луѓето е картичката од 6 октомври 1928 година, кога Кочо Солев го зеде моето име како псевдоним, односно како свое презиме. Тогаш не можев да претпоставам дека тоа име ќе заземе толку значајно место во македонската литературна историја“.

Самиот наслов на збирката „Антологија бола“ зборува за мотивите и чувствата на поетот:Раскошни сутон фебруарске ноќи...По граду разливена тама.Небеса дрхте од силне моќиПлови мој дух звезданим стазама...(Пролог)„Антологија бола“ содржи вкупно 24 песни (19 на српски и 5 на бугарски јазик), како и 31 зачувани картички што претставуваат органски дел на оваа антологија (всушност, извесно продолжение на збирката). Тоа е поезија на неговата рана младост, први стапки на идниот поет, но во кои се чувствува здивот на еден талент и на едно скромно големо работничко срце“ (Блаже Ристовски).

Во 1926, во својата осумнаесетта година станува дописник на весникот „Организовани радник“, орган на Независните работнички синдикати на Југославија, кој е под влијание на КПЈ. Со своите дописки го информира југословенското работничко движење за патот и борбата на работничката класа на Македонија.

Тој и во весникот „Борба“ (1922-1928), органот на КПЈ, на 12.IX.1928 година, ќе објави напис: „Што ни зборуваат цифрите на годинашниот извоз од Македонија“. Под овој текст првпат пред јавноста се потпишува со псевдонимот „Рацин“. Статијата на Рацин е одговор на написот објавен во весникот „Политика“ од нејзиниот дописник, кој го „Благословува македонското поднебје“ кое треба да го зголеми за двапати извозот во вредност од 400 милиони динари. Рацин на крајот пишува: ...„Луѓето што седат во Трговско-индустриската комора се помошен елемент на империјалистичката политика на белградските властодршци и на србијанската буржоазија во Македонија. Тие се столбови и инструмент со кој се спроведува политиката на хегемонија, потискање и пљачка, а како награда за тоа дадено им е правото да користат еден дел од пљачката што се врши врз македонскиот народ; ропството во кое живее Македонија двојно: политичко и економско. И овие бројки од 400 милиони, што ги наведува белградска „Политика“ како доказ за божемната благосостојба на македонскиот селанец, само се доказ за безобзирната пљачка што се врши врз него. Прашање е само: до кога ова ќе трае и до кога робовите ќе останат робови? “. Рацин развива жива активност, која ги раздвижува класните и националните сили и интереси.

Page 34: Del A

Од полумрачната грнчарска работилница во Велес дваесетгодишниот Рацин низ своето перо ја излева болката и јадот носени во него низ тешките секојдневија на ропскиот живот, исполнет со социјална беда и неправда на класата и народот на кои тој им припаѓа. Пишува поетска проза („Резултат“), во која ја истакнува судбината на наемниот работник во капиталистичкото општество, патот до сознанието на класно свесен работник и борбата против експлоатацијата, за свет на правда и слобода.

...„Сада су пред Вас, покретачи руке и трагом мастила, стављени трагови, мисли које су резултат процеса мога живота“.

Потоа ќе ја објави песната „Синови глади“ со ист револуционерен дух, во која доаѓаат до израз неговите идејни ставови кои се присутни и во прогресивната литература во Југославија.

„Ничега немам....син сам глади кроз свет на телусвом, носим њен жиг....................................................мржња моја плод је мојег бдења. Стрпљење мојекрије ужас моќи.“

Неговиот пријател писателот Стеван Галогажа е првиот што го прифаќа младиот талентиран и дотогаш непознат поет Рацин, објавувајќи му го првиот расказ „Резултат“ и првата песна „Синови глади“ во загрепското списание „Критика“. Галогажа пишува: „Еден ден тој (Рацин) почнува да пишува. Пишуваше за она што чувствуваше и за она што навистина го гледаше. Пишуваше во стилот на својата класа - не придружувајќи се стриктно кон досегашните форми, иронично, со голем револт и верба во еден подобар живот на иднината“.

Преку своите трудови Рацин се поврзува со литературните творци што одат по истите патишта на уметничкото претставување на животот, со оние што се обземени од големите човечки вредности и го имаат моќното оружје на литературата против експлоатацијата и угнетувањето.Забележливата и неуморна партиска активност на Рацин како револуционер и писател го доведува во првите редови на Партијата. Станува член на Месниот комитет на КПЈ во градот. На предлог на Месниот комитет на КП, Покраинската партиска конференција ќе го избере и ќе го испрати како единствен делегат на IV конгрес на КПЈ, што се одржа во Дрезден во ноември 1928 година. За Рациновото излагање на Конгресот Мита Станисавлевиќ во своите сеќавања пишува:

„...Се сеќавам, кога се говореше за актуелната политичка ситуација во Југославија, кога се даваше оценка и кога се определуваа насоките за натамошната борба на Партијата, зеде збор и Кочо Рацин, под име Димитров. Потресни беа неговите зборови. Тоја стана, започна тивко, подоцна внесувајќи го својот младешки темперамент. Тој успеа да не пренесе во Македонија, во земјата чија што положба беше страшна и каде што беснееше невиден терор. Рацин сликовито ги прикажуваше: тешката економска положба на македонскоит селанец и работник, теророт што се спроведува врз нив, крстосувањето на

Page 35: Del A

бугарски и српски чети и албански качачки банди низ македонската земја, оставајќи зад себе запалени села и масовни убиства на невинотот население. Своето излагање го поткрепуваше со податоци што оставаше посебен впечаток. Рацин ја нагласуваше борбената готовност на работничката класа и на демократските сили, наведувајќи ги многуте акции што се спроведуваа, иако во многу тешки услови“.На IV конгрес на КПЈ Рацин е избран за член на Централниот комитет на КПЈ. По завршувањето на конгресот, на дрезденската железничка станица полицијата врши вообичаена проверка и апси група, меѓу кои е и Рацин. Со брзото ангажирање и интервенција на КП, го ослободуваат. Одисејата на Рацин започнува по Конгресот со преминот на австриско-југословенската граница. На 20 ноември 1928 година во моментот кога се качуваат на воз на железнилката станица во Бухред во правец на Дравоград. Како сомнителни ги претресуваат и наоѓаат австриски, чехословачки и германски пари, како и автобуски билети Адбие - Вес (Австрија). И покрај упорните убедувања жандармите останале неубедени и ги спроведуваат во судскиот затвор во Маренберг. уште на првото сослушување Рацин категорички го одбива сослушувањето, бидејќи немаат докази. Поради продолжување на времето во затвор Рацин во знак на протест објавува штрајк со глад. Солев и Параќ ги преместуваат во судскиот затвор во Марибор, а потоа во Земскиот суд во Сплит. По повеќе од три месеци полициски тортури државниот обвинител од Сплит ги ослободува од обвинивање и пуштени се на слобода.

Првата вест за неговото враќање од Конгресот е една разгледница испратена на 3 март 1929 година од Сплит, а упатена на неговиот татко:

„Родители!Запазете ја оваа картичка за спомен од Сплит, кога бев пленик во челуста на адскиот тиран“. Во исто време се јавува и на својата љубов Рахилка (Раца) Фирфова: ...Ако случајно уште се сеќавате на мене - примете го ова за спомен од мојата одисеја... Идната ноќ од палубата на бродот „Београд“, што се движи во правец Сплит-Сушак, Рацин испраќа ново писмо до Раца: ...Полноќ тивка, волшебна, како руса коса... Блескавата месечина и распеаните ѕвезди патуваат со мене (другари мои!) на гордиот јарбол закачени како обелиск, додека морето шумоли... шумоли... Ах, визии, сон! Ме следиш и тука, сенко на мојот ум, низ оваа ноќ, додека плаче крвта во моите вени за оние лудо прокоцкани дни, за крикот од болка и пламена љубов - за две очи и две усни... Потсмевај ми се. Кажи ми дека сум луд. Ох, што можам - тоа крвта ме гони!.Кон средината на март 1929 година тој се врати во Велес. Се соочи со шестојануарската монархофашистичка диктатура, која се обидуваше најсурово да се пресмета со Комунистичката партија и се што беше прогресивно.

По отслужувањето на воената обрска во 1929 година во Пожаревац, Кочо се враќа во родниот град. Неговото враќање веднаш се одразува врз политичкиот и културниот живот во градот. Во тоа време продолжуваше општата стопанска криза, а особено во стопанството на Македонија. Во тие услови се појави и генерацијата на работниците, кои во градската средина внесуваа нови револуционерни односи, нова работничка етика, масовно будење, што го носеше современото во животните навики на луѓето. Тука и рацин се наоѓа себеси, со својата вистинска творчка енергија и способност.

Page 36: Del A

Во 1930 година Рацин почнува да соработува во сараевското прогресивно списание „Снага“. во него објавува четири стихотворби: „Из фабрике“, „У предвечерју“, „Бити човек“ и „Челичном строју“. Во нив се потврдува Рациновиот едноставен стих, кој со поетски силен, слободен и модерен јазик, ја изразува болката, страдањата и согорувањето во пламенот на борбата за создавање на нов подобар, посветол свет. И овде доаѓа до израз пролетерскиот, партискиот поет Рацин:

Фијук са творнице просуопо сивом предграѓу жеѓ и грчи стварање новои заклопораќе строј, зашумјеќе животу оловном зноју мршавих тела!(„У предвечерју“)Со специфичен и нему својствен творечки ентузијазам, Рацин се задлабочува во филозовските проблеми од областа на научниот социјализам. Интересирањето го насочува кон Хегел, од кого ја прифаќа дијалектичката суштина, отфрлајќи идеалистички идеи. Ја објавува студијата за Хегеловата филозофија во Загреб 1931, која наиде на добар прием во редовите на македонската интелигенција.

Според професорот Душан Недељковиќ, Рацин е „македонски Диоген“ кој успеал... „со чудесна концизност да ја даде онаа конкретна дијалектика, што настана од Хегел со револуционерен пресврт на Маркс и Енгелс, дека тоа е само јадрото на дијактиката, со кое се определуваат и согледуваат објективните дијалектички законитости во нивната сестрана развојност...“ Рацин во својот текст ќе напише: „Дијалектиката се јавува како помошно орудие за врзување на противречни етапи во самата практика. Филозофијата на историјата и историјата на светот стануваат излишни. Останува Дијалектиката како наука за мислењето сврзувајќи ги добиените резултати во практиката. Се сведува на практиката во дадената епоха и разбирањата на таа практика.“

Од писмото на неговиот пријател Стеван Галпгажа се гледа дека Рацин работел на поширок труд за поцелосно претставување на Хегел.

Во истата година, Рацин учествува на книжевниот конкурс што го распишува литературнотот списание „Литература“. Жири комисијата, составена од истакнати писатели на Југославија, од педесет и трите пристигнати творби, во трите најдобри новели е и Рациновата „У каменолому“.

Оценувајќи ја ситуацијата и расположението, Рацин изразува желба за издавање весник во Македонија. Тоа јасно говори за неговата внатрешна сигурност и потребата за афирмирање на положбата и настојувањата во Македонија.Побуден од големата економска криза, Рацин го пишива својот роман „Опиум“. Во него настојува да ја одрази реалната состојба на макотрпиниот живо, на македонскиот човек, зафаќајќи ги суштинските карактеристики на средствата и методите на системот на крајна експлоатација на работниот човек.

Поради тешките околности за обезбедување средства за печатење, ракописот се испраќал по редакциите на тогашните напредни списанија за да заврши со

Page 37: Del A

неговото исчезнување во 1933-1935 година. Останаа неколку печатени фрагменти објавени во списанието „Литература“ 1932 година.

Рацин дојде во главниот град на Вардарска бановина - Скопје. Рациновото доаѓање во Скопје го привлече вниманието на младите прогресивни литературни творци во градот - Чедомир Миндеровиќ, Радован Зоговиќ, В. Кукаљ, Јован Ѓорѓевиќ, Александар Аксиќ и други.

Во 1932 година излегува збирката „Песни“. Автори се: Кочо Рацин, Јован Ѓорѓевиќ и Александар Аксиќ. Збирката посебно побуди жив интерес во Велес. Рациновиот „Ватромет“ беше особено забележан, пред се, поради јасно изразениот пролетерски повик, јасната визија за престојната бура и оган на револуцијата и борбата на работничката класа, на народните слободарски стремежи и полет за кршење на ропските пранги и раѓање на слободата.

Рацин поведува иницијатива да се организира литературна вечер во Велес, на која би учествувале напредни луѓе од перо.Литературната вечер се организира под покровителство на Филозофскиот факултет. Во студената јануарска вечер на 1933 година, просторијата на кафеаната „Загреб“, што се наоѓаше во строгиот центар на градот, не можеше да ја собере заинтересираната публика за оваа приредба. Поголемиот број од присутните беа млади. Ваквотот интересирање ја загрижи полицијата, па затоа презеде мерки. Пред почнувањето, на влезот се појавија вооружени жандарми со полициски писари.Преполнетата сала го подигна духот и самодовербата и на ллуѓето што требаше да се појават на сцената. Се појави човекот што изникнал од оваа средина - Кочо Рацин. Тој, со својот сугестивен глас, прочита реферат за социјалната литература. Овој Рацинов реферат се изгуби засекогаш. Силен продорен глас ја исполни салата. Неповторливо возбудување. Силна реакција на публиката на стиховите:

„...Гори!Небо гори,Крвари небо варнице чудесног ватромета,На истоку пуца праскозорје,свиќе -на згаришту горуќих противречностистоји путоказ -и џиновски човекмишиќем, гвожѓем и муњомградиќеНови свет!“

Полицијата го губи трпението. Се слушаа извици против постапката на полицијата. Полицискиот апарат ги спроведе учесниците на литературната вечер кон полициската управа. По нив стуткани од студот се движеа луѓето. Тоа, истовремено, беше и поддршка и демонстрација.

Доаѓањето на Рацин во Скопје предизвика забележливо интересирање и кај работниците и напредните младинци. Го пречекаа како долгоочекуван и драг човек. Првото негово вработување беше во градежништвото. Неговата

Page 38: Del A

активност во културно-уметничкотот друштво „Коста Абрашевиќ“ му овозможи непосредни контакти и влијание меѓу работниците и студентитте, свесен дека политичката борба најнепосредно е поврзана со културната преродба на работните маси.Покрај редовната работа, како коректор во весникот „Вардар“, Рацин беше и секретар на библиотеката во Работничката комора во Скопје. Тој разви жива идеолошко-политичка активност. Организира состаноци, семинари и курсеви, внесувајќи разновидни теми и прашања од марксистичко-ленинистички светоглед.

Во летото 1933, со доаѓањето на инструкторот на Централниот комитет на КПЈ, Никола Оровчанец од Советскиот Сојуз, се формира Областен комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија, за чиј член (со тајно гласање) е избран и Рацин.Во септември 1933, Рацин заминува за Загреб и воспоставува врска со Централниот комитет на КПЈ. Оттаму пренесува илегални брошурки, весници и друг материјал. Од аспектот на идејно-политичката и организационата активност што ја пројави Рацин, може да се претпостави дека тој е секретар на Обласниот комитет на КПЈ за Македонија.

Во октомври 1933, Рацин пишува и умножува летоци во кои го повикува народот да ги бојкотира општинските избори. Во него, покрај другото, пишува ...„Работници, сиромашни селани и сиромашни занаетчии на Македонија, Комунистичката партија ве вика во борба. Бојкотирајте ги изборите, ни еден глас за 6-јануарскиот режим! Ккомунисти, младинци, ставете се на чело на работниците, сиромашните селани и угнетени, во борба за леб и работа, за слобода и независност на Македонија!... Напред во борба! Да живее бојкотот на класно свесните работници и сиромашни селани, против општинските избори! Да живее Комунистичка пратија на Југославија.“

Во големата ангажираност против фашизмот и неговата идеологија, Рацин целосно се вклучи во запознавањето на јавноста со инсценираниот Лајпцишки процес за палењето на Рајстагот и во големата светска акција за собирање на потписи за ослободување на Георги Димитров, истакната личност во меѓународното работничко движење и застапник за правата на македонскиот народ.Се издава органот на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Македонија. Оваа тешка и одговорна задаача му беше доверена на Рацин и на неговиот сограѓанин, Никола Оровчанец. Весникот доби име „Искра“. Голем дел од материјалот сам го пишуваше и умножуваше. Дури изработи и преса за печатење, на која и самиот го печатеше. Весникот, всушност, сеопфатно ги изразуваше и одразуваше идеолошките ориентации на работничката класа на чело со КПЈ и најактуелните економско-политички проблеми во земјата и во светот. При растурањето на вториот број од „Искра“, поради непретпазливост, весникот беше откриен од полицијата во Тетово, а потоа и Рацин падна в затвор.

Апсењето на Рацин, а и на Галогажа, негов близок истомисленик од Хрватска, внесе немир меѓу младите комунисти. Тогаш по наредба на Загрепскиот местен комитет, илегалецот Јосип Броз Тито, требало да замине во Австрија, кој тукушто беше излегол од долгогодишна робија. Другарот Тито, во текот на тоа

Page 39: Del A

долго и мошне ризично патување преку границата, најмногу се интересирал за состојбите во Македонија, а особено за сите подробности сврзани со апсењето на Рацин и Галогажа. Повеќепати, притоа, повторувал дека неизоставно треба да се организираат широки акции за ослободување од затворот, а посебно за Рацин, за кого се заземал лалп за работник - поет кој е драгоцен капитал на Партијата.

Според кажувањата на другарите, Кочо бил соочен со докази пред полицијата, поради што и бил обвинет. Неговите одрекувања и одговори само го зголемувале бесот на полицијата. Намерно давал неопределени одговори.Настапила шестмесечна страшна тортура врз него во полицијата. Често се наоѓал во полусвесна или бесвесна состојба. Рани и модрици по телото. Болките не стивнувале ни кога престанало мачењето. Тие болки на ладните рани со месеци го држеле без вистински сон.

Потресни се кажувањата на другарите кои со месеци го гледале во утринските и вечерните часови онака изнемоштен, а полицијата во пранги го водела низ скопските улици од затворот во полициската управа. Го чекале да го отпоздрават за да се почувствува дека се со него, дека не е сам, ниту заборавен.

Во таква положба тој ја презема сета „вина“ врз себе за илегалната организационо-политичка дејност на партиската организација, со единствена цел: да се изречат што помалку пресуди.

Пред судот тој ја изнесува страшната слика на тортурата од полицијата во затворот. Тепање со воловска жила што оставаше модрици и рани, турање сол в уста и клистирање заради истоштување на организмот, врзување на нозете и обесување на телото со главата надолу, а на табаните кожата отпадната од тепање. Крвта му излегувала од ушите и тоа повеќе ја зголемуваше глувоста. Сето тоа даваше потресна слика во судницата. Скопскиот првостепен суд му изрекува пресуда од четири години строг затвор.

Во декемвриските денови на 1935 година, по делумната амнестија на политичките затвореници, Рацин излегува од злогласниот затвор во Сремска Митровица, се ослободува од ужасите на затворот.Во затворот се водеа долги дискусии за Македонија и за македонската историја и јазик. Со извонредна упорност и објективно согледување на реалните состојби, почнува да работи врз систематско проучување на македонскоит јазик. Заедно со своите друга од Македонија, го преведува на македонски јази Комунистичкиот манифест и се обидува да состави македонска граматика. Рацин пишува песна на македонски јазик посветена на Октомвриската револуција. Таа се читала на приредбата во затворот на овој историски настан, на пролетерската револуција која повикуваше на мир меѓу народите, за власта на работните луѓе, за подобра иднина на човечкиот род.

Се враќа во родниот град со уште поголем елан творечки да се вдлабочи во националното битие на македомскиот народ и неговите историски вредности, за афирмација на богатото национално и културно наследтство.

Тој сега по седум осум години макотрпна работа и со повеќе напишани песни на

Page 40: Del A

македонски јазик, јазик негиран и забрануван, прв пат во април 1936 година јавно ја објави песната на мајчин јазик „До едене работник“ во списанието „Књижевник“, со искрен поетски израз, упатува протест против ропскиот живот и повикува на борба. Со поезијата на македонски јазик, тој стана основоположник на современата македонска литература. И не само тоа.

Така, сега Рацин јавно настапува, по повечегодишна макотрпна работа и напишани песни на македонски јазик уште од средината на 20-те години, за што сведочат неговите соборци и најдени ракописи во неговата оставнина.

Личност која во тоа време ќе остави длабоки траги во неговиот живот и творештво е Невенка Вуиќ, ќерка на учител во Велес. Стројна и достоинствена жена. Отворен поглед со сјајни црни очи. Ретко интелигентна и културна за тоа време, што веројатно е и причина за големите врски и љубов. За тоа можеме да се увериме и по нивните зачувани писма од 1936-1937 година. Тоа е периодот кога Невенка Вуиќ се разболува. Од Рацин засега е зачуван еден незавршен концепт на писмо до Невенка, во кое, покрај другото, пишува:„...На мојте раце како да се наоѓаат траги од милувањето на твојата коса и се што кај тебе беше како пламен. Тие ме печат. Не ми даваат мир. Силно продираат сеќавањата и мислите низ сетивата и крвта, вечерва така желни по тебе“.

Од Невенка зачувани се поголем број писма, од кои ќе цитираме фрагменти:

„...Ти ја знаеш мојата љубов спрема слободата. Барам еден однос кој ќе биде целосно исполнет со неа. Ќе останам крај тебе само тогаш, ако бидам слободна кога и ќе сакам. Ропството е нешто што најмногу го мразам. Барам сооднос на љубовта, „слободата“, човечко достоинство, барам еден обостран однос, современ до „искреност“.

„...Те љубам од срце. Не се осудувам да ја потценам љубовта на твојата мајка, ако ја споредам со својата љубов. Зашто моето витално, но трагично мајчинство ќе се излее врз тебе. Од мојата љубов сакам да направам синфонија за се што е кај мене најубаво и да ти ја посветам Тебе“.

„...Незнаеш како ми е тешко. Те сакам, мислам на тебе, меѓутоа блокадата на надежта живаее. Постојано е до мене. Биди храбар: Ако ме сакаш, поднесувај се.

Најтешка ми е помислата што ти патиш.

Те љуби“

Нејзините поттици во работата на Рацин, се изразуваат и во преземањето на нејзиното име како сопствено. Тоа е втор значаен псевдоним - Невен Пејко. Него ќе го најдеме во второпечатената песна на македонски јазик „Тутунови берачи“, во весникот „Наш весник“ од 1937 година.Белград, средиште на ненародниот режим, но наедно со тоа и ариште на револуционерното движење, мисла и практика, го прифаќа и Рацина, давајќи му полет и закрила во интензивната уметничко-творечка и непосредно политичка

Page 41: Del A

активност. Во Белград Рацин ги разгрнува своите способности, вклучувајќи се во бурниот револуционерен живот. Тој придонесува да се слушне гласот на обесправениот македонски народ.

Рацин во Белград воспостави најтесен контакт со работниците од Македонија кои беа на работа или бараа работа. Како членови на Партијата, растураа илегални материјали со повици за борба, се судираа со полицијата, учествуваа во демонстрации и често беа затворани. Тоа беа пролетери - борци, кои низ борбата растеа и се челичеа како револуционери, а кога се враќаа во своите родни места во Македонија, го пренесуваа своето богато револуционерно искуство.

На Чубура и Дорќол, во приземните трошни куќички каде што живееја овие другари, често го коментираа секојдневието. Рацин им разбудува и го проширува интересот за економскиот живот и за историјата. Јазикот со кој им зборуваше им беше близок и разбирлив и зборовите му излегуваа од длабината на душата. Токму тој топол, искрен другарски однос беше пресуден за да им биде близок и многу сакан човек.

Рацин беше посебно ценет во средините на белградските студенти, бидејќи во тоа време претставуваше најистакната македонска национална фигура. Неговата револуционерна активност, пишуваните текстови од областа на филозофијата, историјата и литературата им импонираа на студентите и на интелектуалците воопшто, така што тој можеше да врши револуционерно политичко влијание меѓу нив.Рацин пишува песна „Смрт астуријског рудара“. Тоа е исповед на шпански рудар од длабината на рударското окно, чии гради се прострелани од фашистички куршум, но тој не жали а се радува што не умира од глад и метан, туку чесно паѓа за слободата на човекот. Песната првпат ја објави во весникот „Слободна мисао“, орган на хрватскиот работен народ во Канада, што излегуваше во Торонто, а по една година 1938 во загрепскиот весник „Радник“. Така Рациновото има и неговата поезија продреа и во Нанада.

Рацин развива жива коресподенција со доброволците во Шпанија, а посебно со своите другари. Од Шпанскотот поиште му пишуваше Трајко Мишковски:

„Ние Македонците антифашисти и борци во редовите на Републиканската армија сме свесни дека овдека сето време се бориме и за ослободивањето на македонскиот народ и за своето национално право, како што си го извојуваа и се ослободија во Шпанија националните малцинства Каталонците и Баските.

Можам смело да кажам дека ние претставниците на маккедонскиот народ во Шпанија се бориме и ќе се бориме така како што се бореле борците на нашиот народ Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански и др. за ослободување на македонскиот народ.“

Во одбраната на Мадрид, во Универзитетскоит град, неговиот сакан другар поет и револуционер Ганчо Хаџипанзов ја натопи шпанската земја со сопствената крв и засекогаш остана во неа. Веста за неговата смрт длабоко ќе го потресе неговиот роден град Велес. Рацин на јавен собир во Велес ќе ја прочита својата

Page 42: Del A

песна „Испанска балада“, посветена на херојската смрт на Ганчо Хаџипанзов. Покасно народот ќе најде музичка форма на песната што ќе се пее низ цела Македонија.Во првите днови на 1937 година полицијата без образложение го апси Рацина и етапно го спроведува во родниот град. Ја прекинуваат неговата секојдневна работа во библиотеките, а посебно во Народната библиотека на Калемегдан, најсаканата негова институција. Тој во нив наоѓаше разна литература за народнотот творештво, а посебно за народната поезија кој станува негова опсесија.За достоинствата на нашата народна песна тој ќќе напише: „Кога се пеат македонски песни, еден силен, широк бран, полно со неисцрпна мака и длабочина, ни ја преплавуваат душата. Во нас воскреснуваат изминатите дни, тиха желба и најискрените чувства на нашето срце. Сето она што можело во животот слободно да се каже, она што требало да се премолчи, сето она што морало да се преживее, во себе, го нашло своето место во песната. Во македонската песна е скриена тагата на мајката, потемнета од жалост, пресвиткана над огништето каде што огнот нечујно гасне, скриен е безнадежниот глас а ветерот што полека замира во оџакот, скриени се непоимливите моменти на љубовта, растреперените радости, тихиот шепот на расцутените нарциси в поле и екот на белите букови стебла. Која и да е анализа, макар и од најопитен мајстор, би можела да ги најде проткаени во песната? Само увото и срцето на оние што ги преживеале ќе можат да ја доловат таа потајно, скриена убавина. Песната на Македонија е нејзина молитва, огледало на нејзината душа и нејзина воздишка“.

Тоа е времето на Рацин задлабочено, активно, творечки навлегува во духовнотот наследство на претходните генерации, што било присвојувано. Се запознава со делото на големата национална фигура Крсте Петков Мисирков и неговото дело „За македонцките работи“, со вонредните собирачи на македонсккото народно творештво - Браќата Миладиновци, Стефан Верковиќ и други, со наистакнатите творци во македонската литература во време на Преродбата кои ја одразуваат борбата на македонскиот народ за културна самостојност.Согледувајќи ја историската чест и одговорност на идните творци од областа на литературата, Рацин ќе упати порака: „Огромното и неисцрпно богатство во Повардарјето - иејниот резултат од вековните патила, борби и идеали народни, ќе се намери порано или подоцна, на своите вистински трудбеници, што ќе го подигнат на степен на модерна народна книжевност. Врз самопожртвуваните одделни луѓе паѓа голема историска чест, но и голема општествена одговорност, да го извршат чесно својот позив. Тие мораат безобзирно да ги надвијат сите лични кризи, за да го заслужат достојно вистинското име - народен писател на овој храбар и напатен народ. Делото што го започнаа Пејчиновиќ, Миладиновци и Жинзифов, скршнато еднаш од историските неминовности по друг пат, ќе и се врати сега на својата матица и ќе најде свои достојни следбеници“.

Се враќа во родниот град во време кога живее под впечатокот на големите апсења. Полицијата затвора стотина коминисти од разни градови на Македонија и ги спроведува во Велес како центар на комунистичкото движење. Тоа е главна тема во разговорите на старо и младо во градот, кои го изразуваа своето незадоволство и симпатии спрема затворениците, демонстрирајќи со носење

Page 43: Del A

храна во голема колона низ градот. Оваа љубов е сочувство на граѓаните кон затворениците, полицијата се обидува да ги спречи, но не успева. Незаборавно за Рацин и за населението на овој град ќе се случи на Први мај, на меѓународниот празник на трудот. Во утринските часовиголемите поворки што се упатуваат на излет се навраќаат над зградата на затворениците и ги отпоздравуваат и тие, затворениците ги украсиле прозорците со се што имале црвено (килимчиња, шамивчиња и др.) и наглас пеат револуционерни песни.

На масовниот излет Рацин ќе доживее уште една радост. Од устата на оние кому што ја посвети ќе ја чуе песната „Тутуноберачи“, која туку што бече отпечатена во весникот „Наш весник“ во Загреб (март 1937 со псевдоним Невен Пејко). Весникот беше орган на друштвото „Вардар“ во Загреб и веднаш по излегувањето беше забранет. Дел од незапленетиот весник се растураше во Македонија од рака во рака како забранет леток.Рацинов Велес живееше во најтешки услови, под постојана полициска присмотра, за што сведочат бројни полициски документи. Тој не ја прекинува неговата творечка писателска и револуционерна дејност. Во Белес Рацин активно работи во УРС-овите синдикати. Покрај предавањата што ги одржува од областа на историјата на работничкотот движење и актуелните политички и економски проблеми во земјата, тој го уредува и синдикалниот „Билтен“. Објавува прозни текстови, а некои ќе останат во ракопис или отчукани на неговата машина.

Во прозата како и во поезијата преовладуваат социјалните и револуционерните мотиви. Во нив го предава своето време и визијата на иднината. Во расказот „Пладне“, објевен во списанието „Култура“ (1937) Рацин прави осврт на пладневен одмор на градежни работници. Со лирска интонација и сликовито ја прикажува суровата експлоатација на работниците и нивната борба за своите права. Во печатениот текст „Златен занает“, во весникот „Наша реч“, (1939) и во необјавениот текст „Татко“, го предава пропаѓањето на занаетчиството и уривањето на патријархалното малограѓанско разбирање на животот преку судир на две генерации, жал за некогапниот занаетчиски живот и содавањето на класно свесни работници кои влегуваат во организирана борба против социјалната неправда. Во расказот „Еден живот“ објавен во сп. „Култура“ (1937) и во необјавениот расказ „Радоста е голема“, Рацин го опишува тешкиот живот на политичкиот затвореник и неговиот нескршлив дух и вера во високите идеали за победа на правдата и слободата. Во тутуновите берачи („Наша стварност“ 1937), со јазикот на прозата ја прикажува социјалната неправда спрема луѓето кои од садењето до обработувањето, гладни и исцрпни постојано се со „тутуните жолти отрови“.

Во оставнината на Рацин најден е неоформен, недовршен расказ „Новак“. Темата е пропаѓањето на селото. Главниот јунак е младинец кој оди да работи во градот за да ги отплато долговите на таткото. Животот во градот му е тежок, а долговите не се отплатуваат. Со започнувањето на војната кај Новак се јавува надеж дека долговите ќе се заборават.

Со големо оштетување е и недовршениот расказ „Јулиус“. Содржината на овој текст тешко се одгатнува.

Page 44: Del A

Рацин повторно доаѓа да живее во Белград. Сега уште повеќе му се отвораат можностите за збогатување на своето знаење, сообразувајќи го со вистинските потреби на народот и на класата за да може да го стави во служба на националното и социјалнотот ослободување на македонскиот народ.

Рацин го прифаќаат и влегува во редакциите на списанијата „Наша стварност“, (напредно списани за литература, наука, уметност и општествени и културни прашања, ги прибираше околу себе демократските антифашистички сили), „Млада култура“ (напредно списание за литература и култура) и „Уметност и критика“ (списание во кое се одразуваа ставовите на КПЈ и во кое соработуваа истакнати партиски активисти). Во редакциите Рацин е прифатен со другарска отвореност, искреност и топлина. Тоа му овозможи да се поврзе и со многумина напредни општвествено-политички, научни и културни работници во земјата.

Активноста на Рацина во областа на критичкото дело о есеистиката заслужува посебно внимание, таа е составен дел на неговата литературна преокупација и поетски свет. „Ангелко Крстиќ пред судот на Ж. Пламенец“, „Реализмот на Ангелко Крстиќ“, „Уметноста и работничката класа“, „Блазирани глупости за насмевката на Мона Лиза“, „Идеолошки судири на демократијата и фашизмот“. Неговиот дух и карактер, неговото изострено перо и потенцијална дарба за уметнички суштини, особено за оние од национален интерес и од интерес на работничката класа, мошне успешно извлекува квалитети и насоки од тогашните културни текови. Иако многу не напишал во тој правец, тоа што го има поседува значајна критичко-есеистичка и естетско-уметничка вредност во македонската литература, а посебно по својата марксистичка ориентација.Свесен за својата историска мисија, тој сета своја огромна внатрешна сила и енергија ја вклучува во револуционерното превривање во Југославија. Со перо и со секојдневна револуционерна акција се залагаше за менување на состојбите и за реализација на она во што длабоко веруваше. Во Белград му се отворија уште поголеми можности за сестрано и поголемо ангажирање, за постудиозно изучување на историјата на македонскиот народ за расветлување на националното прашање пред пошироката југословенска јавност.

Рацин во својата статија „За поправилно сфаќање на нашето минато“ („Култура“ - Загреб, 1937), ќе напише: „Историјата навистина е учителка на народите, односно огледало на историската дејност на луѓето во поранешните општествени формации. Учејќи се и врз минатото од своите принципи, луѓето ја прават својата денешна историја, по истите оние реални закони на неопходноста, како и нивните претци. Вистинското познавање на историјата и на законите на нејзиниот развиток има несомнена важност. Таквото познавање и ја продолжува историјата во целост, согледувајќи се со напреднатите тенденции на конкретно дејствувачките луѓе: таа нивна вистинска учителка“. Рацин понатаму ќе забележи и тоа дека „токму затоа, мистифицирање и неточно претставување на историјата настојуваат да дадат мрачниците и сите оние на кои не им е до нејзиното „продолжување“ т.е. до прогресот на човештвото“.

Овој напис има извонредно значење за правилната идејно-политичка ориентација, во време кога на дневен ред се поставуваше националното прашање на Југославија, време кога е присутно нараснато национално-револуционерно движење во Македонија, раководено од КП и од општото

Page 45: Del A

антифашистичко движење, како и организирано настапување на реакцијата околу списанието „Луч“, што излегуваше во Скопје, кое беше вклучено во настојувањата да се запре процесот на ова движење.Во напорите да го збогати сознанието и да ја подигне националната свест за големината на сопствената историја на македонскиот народ, тој се ангажира во проучувањето на селските движења во средниот век („Селско движење“, со потпис Г. Миленковиќ „Народна читанка“ и „Наша читанка“ 1939). Неговата најзабележителна студија е „Драговитските богомили“, со која дава свој придонес во македонската и пошироко во југословенската истражувачка мисла. Во неа ја согледува класната поделба во првата половна на X век, во време кога христијанството е афирмација на религијата на владејачкиот феудален систем, време кога се јавува, како што Рацин пишува, „вистинско социјално-реформаторско народно движење, со отворени стремежи за промена на општвествениот поредок“. Со чувство на гордост и голема почит кон богомилското движење и човекот што се родил и водел борба во непосредната близина на неговиот роден град - поп Богомил, Рацин ќе напише:

„И така, ако средовековната историја на другите народи е исполнета со бојни труби и пожари и со димот на завојувачките војни, средовековната историја на богомилите е под знакот на жилави борби за општочовечки идеали и целата е осветлена со пламенот на кладата на која гореле егзалтираните проповедници на највозвишени идеали“.

Текстот на студијата под наслов „Богомилите“ е умножуван на шапилограф и се пренесуваше од рака во рака. Студијата „Драговитските богомили“ најдена е по ослободувањето. Отпечатена е од Земскиот одбор на Народниот фронт на Македонија во 1948 година. Во предговорот на изданието Блаже Конески ќе напише: „Во Рацина имаме најиздагнат македонски интелектуалец од неговото време, најкултурен наш човек. Тоа што го кажал и како го кажал Рацин за богомилите не можеше да го постигне тогаш ниеден друг македонски интелектуалец. Чест му чини на Рацина дека тој од обичен работник - грнчар, со упорно самообразование се издигна така високо“.Свесен за актуелноста, за потребите од поставувањето на македонсккото национално прашање во современите услови и збиднувања во Југославија, тој ќе тргне од научните поставки на историскоит материјализам за да го одбрани процесот на националнотот конституирањем за што и ќе напише: „Тоа е единство на општата историја, на економската поврзаност, општ јазик и општ духовен живот на луѓето“. Целиот текст е граден врз класна и национална основа. Рацин понатаму ќе напише: „Ете зошто националното прашање за вистинските марксисти-ленинисти е револуционерно и интернационално прашање“. Тој ги согледува и евентуалните застранувања во развојниот процес „Националното прашање во Македонија треба секојпат да се поставува врз цврсти марксистичко-ленинистички основи и врз конкретно-револуционерна гледна точка, та да не води во ќорсокак, во апсурдни грешки и заблуди и во пленство на империјалистичкиот шовинизам на буржоазијата“.

Свртувајќи се кон историјата на вековните револуционерни борби на македонскиот народ, тој пишува и за настани и личности од политичката и културната историја, вредности кои ја движеле борбата, кои треба да се негуваат ви сивремените услови и потреби. Во националната афирмација Рацин

Page 46: Del A

во крајна линија гледа афирмација на човекот, без разлика длаи му припаѓа на голем или на мал народ.

Во овој значаен творечки период тој ќе воспостави и контакти и ќе се запознае со активностите на македонските писатели и пблицисти од Пиринска Македонија и македонската емиграција во Бугарија кои во тоа време развиваат жива, засилена активност на афирмирањето на македонската национална свест. Тие печатат весници, списанија и книги - „Македонски вести“, „Македонска земја“, студија на публицистот Ангел Динев „Македонски славјани“ и други.Во општите револуционерни и национални превривања во Југославија и зголемената великосрпска пропаганда пред Втората светска војна, најгласен беше универзитетскиот професор Никола Вулиќ. Држи предавања и објавува написи во весникот „Време“ и „Српски глас“. Рацин со своите другари во Загреб, по чие барање и беше одржана средба во декември 1939 година, со него водеше дијалог очи в очи. Во тој дијалог Рацин аналитички со научен приод го докажуваше историскиот развој на Македонија и на македонскиот народ. Аргументирано ги побиваше тезите на големосрпската, големобугарската и големогрчката буржоазија.

За пошироко запознавање на јавноста со овој разговор меѓу нив, беше умножен записникот од дискусијата во Белград, и во Загреб, а веројатно и во Македонија. Во Белград меѓу работничката и студентската средина, а сред поширок круг во Македонија, овој записник беше растуран и читан со голем интерес. Записникот го содржеше автентичниот дијалог.

Во есента 1939 година Рацин ќе биде легален, полулегален и илегален жител на неговиот сакан град Загреб. Како илегалец Рацин ќе биде засолнет во станот во кој живеел тогашниот студент на ликовната аладемија Златко Прица. Во сеќавањето за престојот на Рацина тој ќе напише: „Колку што се сеќавам, тој престојуваше кај нас десетина дена. Во вечерните часови бевме сите заедно. Разговорите со Рацина не возбудуваа. Се гледаше дека живост донесе во собата. Предизвикуваше почит. Стана сакана личност. Со магични зборови не пренесуваше во неговиот свет. Приковано ги слушавме неговите зборови кои ни откриваа еден свет што не го знаевме, или малку го знаевме. Тоа беше неговата Македонија која стана и наша.Се гледаше дека сигурно гази на земјата, се чувствуваше цврстата определеност кон идеологијата за која се застапуваше. Се движеше низ суштините на проблемите. Во искажувањата се чувствуваше голема жар и слободен дух. Неговите раскажувања не тераа на размислувања и раѓања на нови мисли. Го гледав долго и помислував како да се родил на камен. Ме потсетуваше и на ликовите на фреските што се создавале во неговиот крај во дамнешниот среден век. Од него ја почувствував миризбата, топлиот пејзаж на Македонија и драматичната историја на поробениот, но непокорен народ.“

Согледувајќи ја важноста, значењето, историската мисија на печатените текстови на македонски јазик, Комунистичката партија на Хрватска се ангажира и во организацијата за печатење збирка со Рацинови песни. За тоа најнепосредно се ангажираа еминенти партиски активисти и писатели: Оскар Давичо, Јосип Цази, публицистот Огњен Прица и други.

Page 47: Del A

На дванаесетина километри западно од Загреб лежи романтичното гратче Сомбор. Гратче со бурна историја. Во средниот век самоборските селани заедно со околните места дигнаа селско востание против феудалната тиранија под водството на Матија Губец. По првата светска војна во него илегално живее и работи секретарот на СКОЈ Јанко Мишиќ. Во 1937 тука илегално ќе живее Јосип Броз - Тито, а во август истата година ќе се одржи основачкиот конгрес на КП на Хрватска.

Во ова гратче на 25 ноември 1939 година во Паркачева улица, во печатницата на Драгутин Шпулер, со неговите раце и со рацете на Станко Вугранец, графички работник, ќе се слага и печати збирката со песни „Бели мугри“. Црвен наслов на корицата, а над него името К.Рацин. Импресивен симболичен наслов што означува премин од темнината, од тешкото ропство што го носеше неговиот народ кон светлината на денот што се раѓа, чекорење кон новиот ден на деновите.Извонредно крупен настан во културната и политичката историја на македонскиот народ и пошироко. Тоа е врвен дострел на неговото творештво. Дело неделиво од неговиот живот и неговото класно и национално определување. Дело со кое ги потврдува можностите за изразување и на најсуптилните чувства на јазикот кој е забрануван и одрекуван. Творечки се потпира врз достоинствата што ги носи македонското народно епско и лирско творештво збогатени со сопствен творечки однос. Се создава поезија изворна и своевидна, автентична и длабоко доживеана со јазик на убавината. Со полна поетска сугестивност и емотивност ги изразува црнилата на животот на македонскиот човек и вечните стремежи на човекот за подобар, поправичен свет, песни што ќе ги отворат прозорците за племенит културен натпревар со другите народи во светот. Со „Бели мугри“ се отвори пат на современата македонска литература и така Кочо Рацин стана основоположник на современата македонска литература.

Полицискиот режим ја оценува големината и значењето на оваа книга во будењето на националната и класната револуционерна свест, на самосвеста на македонскиот народ и отпочнува со голема потера по авторот и книгата „Бели мугри“. Се испраќаат потерници од Министерството за внатрешни работи и банските управи до сремските начелства и испостави за запленување на „Бели мугри“ и за апсење на Рацина.

На 20 февруари 1940 година загрепската полиција ќе успее во нејзините раце да се најде Рацин. А „Бели мугри“ од Самобор по разни патишта се пренесува низ Југославија и како буревесник ја огласува свеста на македонскиот човек за неговите права на слободен живот.

Го спроведуваат во загрепското полициско мачилиште. Рацин и сега доследен на себе, ја покажува својата голема внатрешна сила пред полициските тортури.Од Загреб жандармеријата етапно го спроведува во родниот град. Рацин сега е под зголемен надзор на полицијата што сведочат бројни полициски документи. Над него и над фамилијата секојдневно се врши полициски надзор. Се вршат претреси и грубо шиканирање. Не му се овозможува нормален контакт со луѓе, а до колку дојде до тоа, полицијата врши репресалии спрема нив. Во такви

Page 48: Del A

вонредно тешки услови, тој ќе најде можност пак да биде легален, полулегален и илегален жител на Загреб и Белград.Рацин како културен и општествено-политички работник на Југославија живо учествува во политичките и културните акции на комунистичкото движење во кое доаѓаа до израз интересите на работничката класа и националните права на народите, вклучувајќи го и правото на македонскиот народ.

Токму во тоа време кога неговата револуционерна активност добиваше широки димензии, Рацин го доживеа и најтешкиот удар: Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија донесува одлука Рацин да биде бојкотиран како човек што потклекнал под притисоците на полицијата, губејќи го моралот на комунист. Нему му е изречена партиска казна без вообичаеното лично проверување на вистинските мотиви.Човекот што знаеше само за борба, стрпливо и храбро и достоинствено да ги поднесува сите тешкотии во својот тежок и трнлив пат за правда и слобода, беше запрен и обесправен, нему му се нанесе тешка болка до днотот на душата. Се наруши неговиот творечки замав, што се одрази и врз револционерното политичко и културно движење во Македонија. Тој прави усилби за разоткривање на изманипулираните обвинувања од оние на кои им сметаше творечката културна и политичка активност и афирмирањето на македонската национална индивидуалност. Поради извесни ветувања да му се симне казната, тој прибегнува дури и до некои концесии, осврнувајчи се самокритички во јавноста за позитивно да се регулира односот меѓу него и Партијата. Меѓутоа, и покрај неговите настојувања и на културните работници од редовите на Партијата во Белград, тогашното раководство на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија на чело со Методија Шаторов - Шарло како да не сакаше да ја согледа реалната ситуација во која се најде поетот и револуционер - Рацин.

Фашистичката опасност беше се надвиснала над земјата. Режимот донесе закон за концентрациони логори за комунистите и нивните симпатизери и за другите антифаштистички и партиски сили во земјата, надевајќи се дека со тоа без многу тешкотии ќе го обезбеди предавството на земјата и ќе обезбеди пат на германските сили за влегување во Југославија.Во студените јануарски денови 1941 година, Рацин со четириесетина другари од градот го водат на железничката станица пред која е насобран народ. Рацин е тука заедно со другари уште од детските години, со кои заедно тргна по трнливиот, но славен пат. Се приближуваше часот на разделбата. Одеднаш тивко, а потоа се погласно, се чу Интернационалата прифатена од сите. Другарите забележаа дека на Рацина очите му се навлажнуваат. И тој пееше заедно со нив. Од неговата уста уште еднаш се слуша неговото „Ќе победиме“. Ритамот на локомотивата се губеше заедно со звуците на Интернационалата и другите песни што се ширеа низ просторот.

Од гратчето Ивањица кое се наоѓа во Западна Србија, се движеше по снег и дожд долга колона од интернирани низ стрмните патишта пеејќи револуционерни песни. Рацин најде во логорот многу свои другари од робија и од многу други затвори во кои лежеше како и многумина другари со кои веќе соработуваше.

Во Меѓуречје брзо се пренесе прогласот на ЦК КПЈ против пристапувањето на

Page 49: Del A

Југославија кон Тројниот пакт. Пристигнуваат и вестите за големите претстни митинзи и демонстрации по цела Југославија. Доаѓа и до мартовскиот државен удар 1941 година. Меѓу другото, распуштен е и логорот во Ивањица. Од меѓуречје преку планинските височини во тие уште студени денови пак одекнуваа револуционерни песни. Големата фашистичка машина и внатрепната капитуалантска политика го подготвуваа поразот на југословенската војска во престојната априлска војна. Рацин е полн со оптимизам и решително повторува: „Победата е наша“.Војната го затекнува на кумановскиот фронт, на месноста Страцин. Наидува на целосна дезорганизација на војската и чувство за предавање. По наредба на Штабот на полкот Македонците се поставуваат на најистурената позиција спрема Германците. Тоа значеше сигурна смрт. Пред самиот напад военото раководство го напушта фронтот и бега по блиските села. Настапува силен огин од разно оружје. Се дава кус отпор и повлекување што значеше и распаѓање на војската. Меѓу заробените војници од Германците ќе се најде и Рацин. Ги спроведуваат во воениот логор во Куманово. Ценејќи ја личноста на Рацин, партиската организација на Куманово организира бегство на Рацин од логорот. За тоа посебно беше ангажиран младиот композиотр Панче Пешев.

Рацин уште од првите денови на окупацијата се судира со емисарите на големобугарската политика и веднаш влегува во полицискиот список на првите десетмина „најопасни елементи“ што треба да бидат под постојан надзор од полисијата. Тој безрезервно е за оружено востание. При реконстукцијата на зградата во која живееше, за формирање меморијален музеј, меѓу непознатата документација, најдовме и необјавен текст, во кој пишува: „Тие што кажуваат дека нема услови за борба, всушност ја покажуваат својата неспособност да ја согледаат иднината“.Заминува за Софија. Се вработува како работник во депото на железничката станица. Живее со двајцата македонски писатели, Коле Неделковски и Волче Наумчевски. Сега Рацин се поврзува со членовите на Македонскиот литературен кружок, формиран уште од 1936 година. Основна цел на кружокот е изградување на македонската национална култура, посебно во развојот на литературата. „Тој има цел постепено да ги организира македонските литературни творци и да ги поттикне кон пошироко творештво на македонската литература“. Со својата работа тој успеа да ги собере најистакнатите македонски литературни и национални дејци во развивањето на македонското национално чувство. Со фашистичката агресија и окупација на бугарсите војски во Македонија Кружокот исцело ќе се најде во првите редови на борбата против фашизмот и великобугарската шовинистичка пропаганда, афирмирајќи ги притоа националните права на македонскиот народ.Во Софија Рацин ќе се сретне со Лазар Колишевски. „Со Рацина првпат се сретнав во август 1941 година во Софија. Таму бев појден по налиг на ЦК КПЈ на разговор со ЦК БРП(к), со цел да се разјаснат работите околу ставот на бугарската партија во однос на партиската организација во Македонија. За таа цел носев со себе и писмо од другарот Тито за ЦК БРП(к). Тоа беше време кога ЦК БРП(к) ја спои партиската организација во Македонија кон БРП(к), со што се создаде опасност македонскиот народ да биде отцепен од другите народи од Југославија и од нивната заедничка оружена борба против фашистичките окупатори, при што се доведоа во прашање и перспективите за неговото национално ослободување... На состанокот ги изложив положбата во

Page 50: Del A

Македонија и ставот на бугарската партија во однос на партиската организација во Македонија, како и ставот на КПЈ и нејзиниот повик за оружена борба против окупаторот и неговите помагачи... Рацин зеде збор по мене. Говореше тивко и убедливо, со чувство на целосна одговорност пред своето време. Ми остави впечаток дека не сака патос, а впрочем ни времето не беше за патос и декларации. Се гледаше дека е израснат во тежок и суров живот и дека целиот свој живот го сврзал со животот на својот народ. Од неговите зборови се виде дека реално ја согледува сложената ситуација во Македонија поради создадените два фронта против кои требаше да се бори Партијата - против окупаторот и домашните предавници и против мешањето на БРП(к) во работата на нашата Партија во однос на оружената борба... Рацин не можеше да ја скрие горчината што ја чувствуваше поради партиската казна и положбата во која се наоѓаше. Таа казна му нанесла голема и тешка болка, па дури и навреда како на човек кој своето битие и својата револуционерна дваесетгодишна активност целосно и безрезервно и ги посвети на Партијата, која го исклуци од своите редови. Сметаше, а тоа и самиот ми рече, дека поради извесни поранешни неслагања со ПК, разговорот со банот е можеби само формален повод за неговото исклучување од Партијата и желба за лично пресметување со него. На разделба, под бремето на нанесената навреда, со солзи на очите оти е готов, ако треба, да се бори дури и како обичен борец, во партизанските редови, подвлекувајќи притоа дека во бившата југословенска војска бил митралезец“.Во почетокот на септември 1941 година, Рацин ќе биде сведок на стравичен настан: пред опасноста да биде фатен од фашистичката полиција, Коле Неделковски, поет и револуционер, соборец и сограѓанин на Рацин, се фрла од прозорецот на повеќекатница и ја попрскува софиската улица со сопствената крв.

Наскоро потоа ќе загинат и други членови на Кружокот - Коста Веселинов ќе го заврши својот животен пат во фашистички логор, а една година подоцна Никола Вапцаров, Антон Попов и Романов, ќе бидат стрелани.

Рацин ќе се најде пред софиската полиција. Неколку дена тортури и затвор. Се враќа во Велес. Партиската организација го задолжува за уредувањето и печатењето на својот орган „Народен билтен“. Пишува статии и летоци. Се информира населението за великобугарската окупаторска политика и за ограбувачката економска политика.

Се разобличуваат великобугарските асимилаторски настојувања. Се повикува населението на оружена борба. Во студените декемвриски денови на 1941 воениот штаб на Велешката партиска организација го испраќа Рацона во Азот-Велешко за подготовки на партизанско движење на тој терен. Тој на нему својствен начин внесува меѓу селаните сигурност во победата над окупаторот.

Рацин преминува во илегалство. По партиската директива заминува за Скопје, каде што беше ангажиран за агитација и пропаганда во Покраинскиот комитет на Партијата. Тој е во редакцијата и го уредува органот на ПК КПЈ за Македонија „Билтен“. Во него се објавуваат натписи за оружената борба на македонскиот народ, која во тоа време добиваше се пошироки размери.Оружените акции на пратизанските одреди го покриваат големиот дел од Вардарска Македонија. Акциите на одредите на железничките комуникации, на

Page 51: Del A

телегравдката и телефонската мрежа, на селските општини и во уништувањето на окупаторската администрација, им нанесува тешки удари на окупаторите. Во градовите се организираат масовни демонстрации на жени против мобилизацијата на своите мажи и браќа во бугарската армија, против теророт и експлоатацијата. Се организираат штрајкови во гимназиите против воведувањето на бугарскиот јазик во училиштата и против фалсификувањето на македонската историја во наставата.

Поради засилените опсежни акции на партизанските одреди и зголемениот отпор против окупаторот на широкфронт, започна голема бугарска пфанзива во која учествуваа здружено многубројни и разновидни окупаторски воени и полициски сили. Офанзивата го заземаше просторот на подрачјето на Вардар до Охрид и Скопје до југословенско-грчката граница. Бугарските воени судови изречуваа пресуди на стотици патриоти кои ја издржуваа казната во злогласните фашистички затвори и логори. Масовните претепувања и гранежи, стрелања, бесења и убивства станаа секојдневна практика на окупаторите на Македонија. За тоа сведочат безумните масакри во Дабница, Пуста Кула, Богонила и Јаболчиште.

Рацин во „Билтенот“ пишува статии за настани и личности од национално-револуционерниот период, за Илинденската епопеја и Крушевската република, која ги носи сите достоинства на национално живеење и социјална правда на поробените, за идеологот Гоце Делчев, како непомирлив борец против великобугарската политика спрема Македонија, лучност која вонредно многу придонесе за развојот на македонската национална свест.

За време на една од честите блокади во Скопје Рацин е фатен од бугарската полиција. Во затворот, еден од најтешките од десетината затвори низ кои минал во својот живот, ѕверски е мачен.Херојското држење пред тешките тортури на бугарската полиција не дава материјал за судење. Го интернираат во Пиринска Македонија. Преку завеаните снежни патишта полицијата под стража го спроведува во пазувите на Пирин во сиромашното село Корница, место каде што често навраќал еден од највидните водачи на национално-ослободителното движење на Македонија, легендарниот јунак „пиринскиот цар“ - Јане Сандански. И покрај строгиот режим тој воспоставува контакти со населението кое го прима со голема топлина, како сопствен син. Инспириран од делото на оваа многу сакана личност, бескомпромисен борец против Фердинандовата Бугарија и нејзините агенти - врховистите и против андартите од Грција, а поборник за сојуз со сите оние што сакаат да го помогнат ослободителнотот дело на Македонија, ја пишува, но не ја довршува поемата „Сандански“.

„... Во секое село,во секој градго знае стари млад:СанданскицарПиринскиНа бој ли тргне

Page 52: Del A

ала се креваи веда м’сказмија с’скаБитка ли биемуња се вие.“Рацин се одвојува од саканиот народ во Пиринска МАкедонија, од полињата и горите на Сандански, за да се врати во Скопје, од каде што во мајските вечерни часови 1943, заедно со други другари заминува за Западна Македонија. Патот е исполнет со ризик и неизвесност. Но низ целото патување Рацин е обземен од незадржливото чувство на радост што веќе доживеал да оди по најблискиот пат кон слободата. Тоа не е обична радост, туку негово највисоко емотивно доживување. Впрочем, поинаку и не можеше да биде, зашто тој целиот живот го носеше тоа во своето битие како основна определба за победата на класата и народот.

Дојдоа во Лопушник, во бујната природа, во живописниот револуционерен кичевско-дебарски регион. Тука беа собрани вооружени борци - партизани од разни краишта на Македонија, раководители од Централниот комитет, од Главниот штаб, од Обласниот комитет на Западна Македонија, курири и други активисти од НОВ.

Тоа е време кога ослободителната војна во Македонија јакне и прераснува во сенародно востание, користејќи го притоа богатото искуство на другите народи и народности на Југославија.

Овде пулсираше еден динамичен живот, се изведуваше воена обука на борците, се примаа и се испраќаа извештаи од борбите и акциите, се движеа вооружени луѓе, а шифрантантската служба преку етерот примаше и предаваше за настаните кај нас и во светот.Под големите дрвја на убавата планина беа спрострени шатори, земјанки и друго. Рацин првпат ужива во слободата. Престануваат постојаните гонења од разните нанародни режими. Сега со другарите и тој е со оружје в рака. Во овие слободни простори неговото одушевување беше големо, силна радост го исполнуваше целото негово намачено суштество. Прекрасната природа и планинскиот воздух ги обновуваа неговите сили. Но другарите, од кои многумина лично го познаваа, забележува дела слухот, и така слаб, уште повеќе му е ослабен. Тоа е последица од мачењата на кои беше изложен од југословенската и бугарската полиција.

По доаѓањето тој веднаш беше вклучен во Агитпроп при Централниот комитет и Главниот штаб на НОВ и ПОЈ за Македонија. Го ослободија од секакви воени активности во базата за да може наполно да и се посвети на пишуваната пропагандна дејност. Го задолжија да работи и во печатницата.

Земјанката, пориена со гранки и лисја, меѓу високите букови стебла, како да му ја предопределуваше работата сврзана пак со земја, влага, мастило и боја. Во печатницата владееше атмосфера на одушевување што му беше својствно на Рацин, а се пренесуваше и кај другите двајца другари.

Свесен за улогата и вредноста на борбените народни песни, а надоградувајќи се

Page 53: Del A

на својот голем интерес кон поезијата од богатиот македонски фолклор, тој се зазема и за неговото собирање. Тој ги собира новите борбени народни песни. Во тие услови тој ја оформува и ја печати збирката „Македонски народноослободителни песни“.

Во овој период во печатницата Рацин работи врз средувањето, редактирањето и пишувањето на разни материјали што се налагаа како потреба во идеолошката, политичката и организационата работа на Централниот комитет на КП на Македонија и Главниот штаб на Македонија.На 12 јуни 1943, во приквечерината, печатницата заврши со работа. Како што беше вообичаено, заради секоја сигурност, се засолнуваа во шумата близу до печатницата. Во меѓувреме се договорија: Рацин да замине во базата на тричетиристотини метри од земјанката, за да обезбеди вечера за четворицата.

По сместувањето на деловите што ја сочинуваат печатницата, а и на материјалите отпечатени во текот на денот, двајцата другари кои работе со него и курирот - чувар на печатницата, тргнаа во колона еден по друг кон базата.

Самракот се спушташе над планината. Остатоците од денот остануваа на вршјето од високите буки. Тројцата се движеа газејќи низ скапаните влажни лисја и папратите. Тие ги прескокнуваа паднатите букови стебла. Одвреме-навреме се слушаа крикови на ноќни птици и виење на ѕверови.

Одеа по патот обземен од стравот и неизвесноста дека може да бидат пресретнати од злосторничка заседа и уништени. Одненадеж, на триесетина метри подолу од нив, се појавува силуета на човек што се движи во правец на печатницата. Проширениот дел на средината од оваа силуета остава впечаток дека тоа е човек со пушка на готовс под наметка.

На првиот паничен извик за опасност од човек, залегнуваат со пушките.

- Стој! - викна еден од нив.

Но силуетата не запре. Истрел од една пушка. Фигурата се занишува и паѓа со крик што морничаво одекнува во темнината.

Испуштениот продолжителен крик ги вкочани и ги занеме на местото: ги скова болниот глас на другарот нивни. Исправените буки останаа да сведочат шумолејќи за кобниот час. Останаа со завет да ја пренесуваат големата легенда за борбата и народот, за трудот и класата, за вербата и победата, за сонцето о слободата, за Рацина и Човекот.Притрчаа кон него. Куршумот го пронижи кај левата слабина, отварајќи голема рана кај стомакот. Еден од другарите остана да седи вчудовиден пред трагедијата и беспомошноста, а другите се упатија кон базата да ја соопштат трагичната вест.

Набргу пред Рациновото тело што беззапирно крвареше се најдоа партиски и воени раководители на Народноослободителната борба.

Немилиот трагичен крај не значи крај на неговиот живот. Поетот пролетер,

Page 54: Del A

оддавајќи му се наполно на револуционерното дело за доброто на Човекот и иднината, свесно ја прифати смптта како нужност во континуитетот на револуцијата. И оттука, разбирливо е што големите поети - револуционери јасно визионерски си го предвестуваат крајот по време и место. Таков е Петефи, Ботев, Лорка и други. Така направи и Рацин.

„И ако не умрам доматуку кај што стии пиштатв борба искри кај што л’штат -блазе речи на душатаима зошто душа да е!“

„Ако куќа не направивсо високи шимшир портикуќа цел свет братски ми е,братски срце што отвора,срце - порта највисока,срце - куќа најширока“.(„Татунчо“)

Во овие стихови Рацин го предвести сопствениот животен крај. Во нив е вткаена и револуционерната пролетерска порака за високите човечки идеали.Духот на НОВ по ослободувањето отпочна да се преточува во работен елан. Слободните луѓе со ентузијазам ја градеа слободната земја. Превезот на темните времиња го креваа работните раце, срцето и умот на милиони. Веќе се откриваше нов, светол живот. Луѓето во очите ја носеа својата иднина и забрзано итаа кон неа.

Родниот мајчин јазик се разнесуваше по училиштата, а книгите на македонски жедно се држеа во рацете. Во тие книги за првпат слободно се печатеа песните на Рацин, човекот што беше дел од нас, дел од извојуваната слобода, песни што неговата порака ја продолжуваа на помладите поколенија. Рациновите стихови ја покажуваа поетовата визија на новото општество.

Во таа прва година по ослободувањето, во 1945, кога Рацин со својот живот и дело беше се поприсутен, во тој жар што светеше од луѓето, на Рациновите останки им се оддадоа и посебни почести. Од Лопушник низ планини, полиња и градови, што тој толку ги љубеше и воспеваше мирно и достоинствено се носеше споменот за него. Илјадници луѓе, еден крај друг со тага и почит го носеа неговото тело. Тоа неговиот народ, неговата класа му оддаваше последен поздрав, со благодарност за неговиот тежок живот, посветен на идеалите, горди на неговото дело што беше невно, наше.

Низ целиот простор до родниот град на поетот како да се ширеа и разнесуваа неговите стихови за народните страдања, за тешката и славна борба до „силно светнатиот ден...“ до „денот над деновите“. Во срцата на луѓето остануваше химната на големиот непокор низ вековите.

Page 55: Del A

МОДЕРНИЗАМ

Модернизмот ( модерната ) е веројатно најголемиот потрес во областа на литературата , на уметноста и на културната комуникација воопшто . На преминот од XIX во XX век , па се до почетокот на Втората светска војна , се јавуваат : симболизам , импресионизам , футуризам , дадаизам , надреализам , итн . Во својата потрага по нов уметнички јазик , што му одговара на сензибилитетот и на ритамот на новото пресвртно и револуционерно време , модернизмот радикално раскинува со дотогашните конвенции во литературата , сликарството , театарот и музиката . Дел од модернистите , својата револуција на културен и на уметнички план ја приопштуваат кон општествената .

Терминот авангарда , од друга страна , се јавува како обединувачки термин за модернистичките интернационални движења од почетокот на XX век ( експресионизам , футуризам , дадаизам и надреализам ) .

Симболизмот , го означува почетокот на модерната , а како правец во литературата и во уметноста се формулира во 1880 – та година . Основниот учинок што симболистите сакаат да го постигнат е да сугерираат , да навестуваат , да го оприсутнат постоењето на невидливото , далечното и отсутното во светот на појавноста . Суштината на симболот се состои токму во неговата моќ да ги довика овие асоцијации на насетувањето .

Основите на симболизмот всушност , се веќе поставени од неговите претходници : Шарл Бодлер , Артур Рембо и пол Верлер . Бодлеровиот принцип на созвучјата , Рембо натаму го развива во прочуениот сонет „Самогласки“ во кој покажува како на секоја самогласка и одговара одредена боја .Верлен во песната „Поетската уметност“ посочува како музиката и зборот се спојуваат во „обоен звук“ .

Симболизмот се шири во и вон Европа ( САД ) , и во секоја нова средина се здобива со особени карактеристики . Во руската литература негоби значајни претставници се Блок и Бели , во Шпанија Унамуно , во Германија Штефан Горг . Во областа на драмата Метерлинк е најзначајниот претставник . Симболизмот има особен одек и во балканските литератури : Коста Паламас ( Грција ) , Владислав Петковиќ – Дис ( Србија ) , Тин Ујевиќ ( Хрватска ) .

Импресионизмот , најпрвин се јавува во сликарството , од каде е пренесен и бо литературата . Се развива паралелно со симболизмот и натурализмот , кон крајот на XIX век . Во неговото инсистирање на густината на боите , звуците и мирисите честопати и не се разликува од симболизмот . Во импресионизмот , меѓутоа , отсуствува духовната и мистична заднина , којашто е основна одлика на симболизмот . Притоа , импресионизмот инсистира на самата сетилност ( искуственост ) , по што му е сроден на натурализмот , но од него го разликува отсуството на наичниот експеримент . Инсистира на детаљот , на неговото

Page 56: Del A

сетилно богатство , за чиешто изразување најпогодни се малите форми : лирската песна , кусиот расказ , едночинките .

Футуризмот , како прво движење на авангардната уметност на XX век е јавува во Италија , а негов втемелувач и автор на Футуристичкиот манифест е Филипо Томасо Маринети . Наспрема симболистичките заложби за хармонија на уметничкото дело на футуристичкиот динамизам напати добива милитантна иконографија . Руските футуристи се огласуваат со манифест во 1912 година , провокативно насловен како Шлаканица на општествениот вкус . Го објавуваат крајот на дотогашниот поетски јазик и се залагаат за откривање на неговата заумност ( заумен јазик ) . Под заумност подразбираат јазик на чистиот поетски израз , од онаа страна на секакво рационално поимање . Позначајни претставници во руската литература се : Велимир Хлебников , Виктор Кручоних , Владимир Мајаковски .

Експресионизмот , се јавува во Германија во периодот од 1910 – 1924 година и еднакво е израз на новата урбана култура . Директно му е спротивставен на импресионизмот со тоа што го нагласува и предимензионира изразот и визијата на граничните и катастрофални состојби : страв , ужас , крик , болка , глад , војна , смрт .Иако краткотрајно , експресионистичкото движење се разгорува по Првата светска војна и доживува буен и разнороден развиток на сатирички план , на филозовски и метафизички план , како и на планот на социјално-политичката акција .

Со стапувањето на национал – социјализмот на чело на германската политичка сцена , експресионистичките дела ќе бидат беспоштедно уништувани , а движењето ќе се најде под ударот и на критиката на социјал – реализмот . Претставници на експресионизмот во литературата се : Готфрид Бен , Георг Хајм , Георг Тракл , Оскар Кокошка , а допирни точки со експресионизмот има и творештвото на Франц Кафка .

Дадаизмот , се јавува во Шпанија , воекот на Првата светска војна , во дадаистичките настапи на сцената на циришкото кабаре Волтер . Духовен водач на групата е Тристан Цара . Дадаизмот од Цирих , ќе се прошири низ цела Европа , поттикнувајќи ја и појавата на надреализмот во Франција . Најрадикално и демонстративно ја отфрла разликата помеѓу животот и уметноста , во својот нихилизам во извесна смисла ја презира уметноста , а дадаистичките изведби ја промовираат : гласовната поезија во која отсуствува рационалното знаење , музиката на шумовите , монтажата на фрагментите , отпадоците на секојдневието . Други претставници на циришката група се : Ханс Арп , Хуго Бал и Рихард Хилценбек .

Надреализмот , се јавува во Франција во дваесетите години на столетието , и поттикнат од дадаизмот во почетокот го споделува неговиот нихилизам . Набргу , меѓутоа , во отцепување од него , ќе ја формулира својата автономна програма со првиот Манифест на надреализмот , што ќе го напише Андре Бретон . Водечки личности на движењето се Андре Бретон и Луј Арагон .Клучни поими во надреалистичкиот светоглед се сонот и случајот .

Page 57: Del A

Романтизмот во Македонија

Vo vtorata polovina na 19 vek makedonskata graganska klasa stanala mo}en ekonomski faktor i nositel na zapadnoevropskite progresivni idei.Iako Makeodonija seu{te bila pod politi~ko tursko I duhovno grcko ropstvo vnimanieto na makedonskiot naod bilo naso~eno kon evropskite kulturni dostignuvawa.Pod imeto na seslovenskoto bratstvo zapo~nalo voveduvawe na tugite jazici vo u~ili{tata i crkvite, a so toa ostvaruvawe odnapred na svoite celi za onaroduvawe na makedonskiot narod.Vo toj perid makedonskiot narod sprovel pove}e `estoki borbi protiv tugite vlijanija preku:

Borba protiv turskoto ropstvo Onevozmo`uvawe na sosoedite na duhovno vlijanie Voveduvawe na makedonskiot jazik vo site sveri na `iveewe Pi{uvawe na makedonski u~ebnici I sozdavawe makedonska

umetni~ka literature Sobirawe,pe~atewe I afirmirawe na makedonskite narodni

umotvorbi

Kulturno-prerodbenskata dejnost se odvivala preku najistaknatite makedonski prerodbenici:Dimitar Miladinov,Konstatntin Miladonov,Grigor Parli~v,Kuzman [apkarev,\or|ija Pulevski,Marko Cepenkov I Rajko `inzifov.

ODLIKI NA ROMANTIZMOT:

1. kult kon narodnoto tvore{tvo2. uptreba na narodniot jazik vo site sferi na ziveewe3. potencirawe na subjektivnoto poetovo ja4. dominacija na patriotizam I rodoqubie5. streme` za dostignuvawe na idea lot:eti~ki slobodata I

eti~ki slobodata.

RAJKO `INZIFOV

Rajko zaedno so svoite sovremenici Dimitar I grigor dale golem pridones vo kulturno-nacionalnata prerodba na makedonskiot narod.Roden e vo Veles 1893 g.i prvite soznanija gi dobiva od tatka si koj bil u~itel.Toj se zapoznala so Dimitar Miladinov Koj kaj nego ja potiknal kon prerodbenskata dejnost.So zalagawe na Dimitar iPartenija Zogravski dobil stipendija za skoluvawe vo Moskva.Vo negovata ponapredn slovenska sredina sorabotuval so amkedonski I bugarski studenti osobeno so Konstantin Miladinov komu mu gi dl sopstevinete sobrani folklorni materijali i onie od Dimitar Miladinov.Pi{uavl mnogu za te{kata polo`ban a

Page 58: Del A

svojata tatkovina.Po zavr{uvaweto na na studiite rabotel kako profesor vo moskovskite gimnazii,istovremeno razvivajki bogata pisatelska I pubicisti~ka dejnost.Vo Moskva ostanal do krajot na `ivotot.

Kni`evna produkcija:

Poezija:39 pesni i poemata " Krvava Ko{ula"

Proza:raskaz:"Pro{edba" I biografijata za Bra}ata Miladinovci

Statii I prevodi:statii obajaveno po moskovskite vesnici prevodi od ruskata literatura.

Dominantni motive:

rodoqubiv

rafleksiven

socijalen

istoriski.

Romanti~arski duh dominira vo pesnite:"Na ^u`ina", "Glas","Bessonica".

Vo niv ja opeva svojata zivotna opsesija-da mu slu`i na svojot narod,iako e daleku no ne za nego vo tu|a sredina.Me|u najimpresivnite pesni e"Bessonica" ~ija ekspoicija e vo faustovski stil.Vo tipi~no romanti~arskiot stil,lirskto jas reminiscentno go potisnuva crniot pesimizm,evocirajki gi spomenit od detstvoto,rustikalniot pejsa` na rodnoto mesto.Pesnata" Glas" `anrovski ja opredeluvame kako pesna vo koja dominira refleksivno-rodoqubiviot motiv.

VOJDAN POP GEORGIEV ^ERNODRINSKI

Po~etocite na makedonskata dramaska kni`evnost e povrzana so tvore~kata dejnost na ^ernodrinski.Iako pred nego J.H.K Xinot napi{al nekolku,uslovno ka`ano,dramski tekstovi od istorisko-kni`even aspekt.^ernodrinski e osnovopolo`nik na makedonskata drama I teatar.Afirmatir na makedonskata nacionalana samobitnost.jazik.umetnost i kultura.Roden e vo s.Selci i od negovoto najmalo detstvo imal afinitet kon knigata pa zatoa mu bilo ovomo`eno solidno obarazovanie.Paralelno so {koluvaweto zemal aktivno u~estvo vo rabotata na "Mladata makedonska dru`ina"Zaminuva vo Grac pa vo Bern kade,gi zapo~nal studiite

Page 59: Del A

po pravo no ne gi zavr{il se vraka vo Makedonija i raboti kako u~itel.Za prvpat vo Sofija ja postatvuva"Makedonska krvava svadba"koja do`iveala neviden uspeh.Go formira makedonskiot teatar "Skrb i uteha" vo 1901 godina koj podocna bil preimenuvan vo"Stoli~en makedonski teatar"-1902 godina.Dvi`a~ki vo razvojot na negovoto dramsko delo se:kritika na nacionalnite predvnici,te{kiot zivot vo emigracija i pe~albarstvoto.negovata kni`evan produkcija se sostoi od edno~inki i drami.

Edno~inki:

Od glavata si patime Robot I agata Zlo za zlo Na nova godina Narekata

Negovi darmi se:

Duhot na slobodata Car Pir Slav Drgota

Negovite soznanija od detstvoto i maladosta }e bdat predmet na tvore~kata inspiracija.Tvore{tvoto mu e koncepirano vo odbrana na makedonskata nacionalna kauza.

Dimitar Miladinov-Eden od najvlijatelnite prerodbenici koj prv }e ja zapo~ne borbata za nacionalno i kulturno osloboduvawe na makedonskiot narod.Negovata prerodbenska dejnost glavno se sostoi vo sobiraweto na narodni umotvorbi,za koja i bil pottiknat od strana na poznatiot ruski slavist Viktor Ivanovi~-Grigorovi~.Intenzitetot na sobira~kata dejnost }e se zgolemi po negovoto vra}awe od Srbija,Bosna i Hrvatska.Vo toj period doa”a i do promena vo odnos na negovata nacionalno-prerodbenska svest vo koja od fanati~en privrzanik na grcizmot vo zapalen pobornik za za~uvuvawe na slovensko-makedonskiot identitet. Zna~ajno za prerodbenskata dejnost na Miladinov bilo i voveduvaweto na makedonskiot jazik vo u~ili{tata i ispra}awe na u~enici vo slovenska sredina t.e vo Rusija.Vo tekot na svojot `ivot bil i u~itel vo Ohrid,Struga,Bitola,Prilep i Kuku{ kade i gi razvil svoite organizatorski i pedago{ki sposobnosti.Dimitar Miladinov e vtemeluva~ na prerodbenskite idei za masovno opismenuvawe i prosvetuvawe na narodot,bil golem borec za nacionalna i kulturna emancipacija na makedonskiot narod kako i afirmator na tvore~kiot i bogat kreativen duh na makedonskiot naroden peja~ i tvorec.

Page 60: Del A

Konstantin Miladinov-e osnovopolo`nok na makedonskata umetni~ka poezija.Negovata prerodbenska dejnost se dol`i na raskinuvaweto so dolgata,crkovno-pou~na ,kanonska tradicija vnesuvaj}i intimni motivi i sve`i lirski tonovi vo makedonskata poezija.Bil zna~aen borec za kulturno emancipirawe na makedonskiot narod,afirmator na makedonskoto folklorno bogatstvo.Se istaknuva so toa {to go pi{uva Predgovorot na Zbornikot koj so pomo{ od Josip Juraj [trosmaer go izdava vo Zagreb vo 1861 godina.Kako osnova~na makedonskata umetni~ka poezija ima napi{ano 15 pesni so najrazli~ni temi i toa:socijalni,refleksivni,pejza`ni,humoristi~ni,mitolo{ki,rodoqubivi itn.T’ga za jug e negova najpoznata lirska kantilena,ju`na poema,elegija vo koja dominira rodoqubiviot motiv so primesi na refleksiven i pejza`en motiv i e gradena so dva elementarni simbola svetlina i mrak.

Grigor Prli~ev-makedonski pisatel koj kako i drugite go vbrojuvame vo periodoy na prerodbata.Mu bil u~enik na Dimitar Miladinov,a izvesno vreme bil i u~itel vo Ohrid.Sakaj}i da mu pomogne na svojot narod do{ol do ideja da sozdade zaedni~ki jazik za site Sloveni t.n. op{toslovenski jazik,odnosno slovensko esperanto. Afinitetot kon umetni~kiot zbor do{ol do izraz na eden konkurs vo Atina,na koj u~estvuval so poemata „Serdarot”,za koja poema ja dobil prvata nagrada,bil ovan~an so lovorov venec, proglasen kako „ Vtor Homer” i ja istaknal makedonskata poezija na evropsko nivo.Vo ovaa poema osnovna tema e borbata na makedoncite i nivnite napori za da go za{titat svojot `ivot od Gegite.Zna~aen e i negoviot ep „Skenderbeg” kako i negovata „Avtobiografija” so koja ja rasvetluva istorijata na makedonskiot narod..

Вујко ВањаАвторот на драмата Вујко Вања, рускиот новелист, раскажувач и драматург Антон Павлович Чехов, во книжевноста се појавил со кратки хуморески од обичниот живот и веднаш ја потврдил својата извонредба дарба за забележување, длабоко разбирање на суштината на човештвото и смислата за нејзиното духовно обликување.Во своите новели Чехов ги прикажува обичните луѓе, осудени и отфрлени од својата средина. Низ карактерот на своите јунаци дава фантастична претстава за средината од која потекнуваат. Во неговите драми нема фибула како во класична смисла на зборот , туку тоа најчесто се исповеди за внатрешните борби и конфликти. Такви се и ликовите во неговата драма Вујко Вања.Живеејки во типично руско село од тоа време, на имотот од кој се откажал во интерес на својата покојна сестра, Вујко Вања, човек без свои жена и деца се грижи за доброто на својата внука. Работи неуморно на имотот и се грижи Соња да не го осети недостатокот од родителите. Иако поголемиот дел од приходите од имотот ги троши неговиот себичен зет, Вујко Вања не се грижи за тоа.Работливиот и скромен Ивањицки смета дека мирот и спокојството на секојдневието не се плаќа со никакви пари. Но, секојдневието го нарушува

Page 61: Del A

враќањето на Серебрјаков со својата втора жена, 27 годишната Елена. Наспроти Вујко Вања, работлив и морален обичен човек,застанува овој љубител на развратниот живот, самобендисан егоист и внесува огромен немир меѓу нив. Со својот егоизам и честите ноќни пирови кога ги буди сите, а потоа одкако ќе ги задоволи своите ниски страсти, сите да ги фалат неговите критики, неговото пишување, без грижа на совеста легнува и заспива оставајки ги другите будни.

Дење, додека Вујко Вања, Соња и пропаднатиот спахија Телегрин работат да му обезбедат лагоден живот, тој спие. Само старата дадилка Марина умее, ненаметливо обраќајки му се со професоре да го потхрани неговиот егоизам, но и да го приземји, да го спаси мирот на другите од оваа жива напаст. Трпението е при крај. Конфликтот на интересите настапува една бурна ноќ. Бурата и невремето како да навлегуваат во салонот на имотот. Селскиот лекар, но и пијаница поради грижа на совеста заради смрта на негов пациент, Астров го започнува хаосот. Елена, младата жена на Серберјаков, во желба да и помогне на младата Соња да ја оствари својата љубов кон овој човек љубезно се труди да му објасни дека Соња не е дете туку млада жена. Но, овој како да не ја слуша. Изјавувајки и љубов нејзе и бакнувајки ја го предизвикува немиот сведок на овој чин Вујко Вања од секојдневен човек кој и самиот е заљубен во Елена и кој радостите од љубовта ги потиснал длабоко, да стане ѕвер. Кулминацијата настапува во мигот кога себичниот Серебрјаков им соопштува дека решил да го продаде имотот. Психичкото растројство како молња го погодува Вујко Вања. Тогаш тој му кажува на својот себичен зет дека неможе да продаде туѓ имот. Имотот од кој тој живее развратен живот во суштина е наследство на неговата ќерка од нејзината покојна мајка. Само случајноста го спасува Вујко Вања да не стане убиец. За негова среќа, но и за среќа на сите тој промашува кога пука . И како што умее само Чехов, расплетот настапува сам по себе. Себичниот Серебрјаков заминува од имотот, носејки го со себе јаболкото на раздорот, младата Елена. Останатите продолжуваат да го живеат секојдневието. Овие обични луѓе напред ги води убедувањето на младата Соња дека во некој друг живот сите тие ќе бидат наградени за својата добрина.Со едноставниот јазик на кој зборуваат јунаците на Чехов се отсликува музиката на секојдневието и со вешто компонираната лирика е испеано тажното умирање на еден свет на крајот на стариот и почетокот на новиот , можеби подобар век.

Комедијата “Ревизор” е извонредна карикатура и жестока сатира на руското провинциско чиновништво во триесеттите години на минатиот век, во која е исмеан, всушност, целокупниот бирократско - чиновнишки поредок на тогашната Русија. “Во Ревизор се решив да го соберам на еден куп сето она што го сметав тогаш во Русија, сите несправедливости што се прават на оние места и во оние случаи, каде од човека се бара повеќе од се справедливост, и одеднаш да се потсмевнам над сето тоа”, - ќе си спомни подоцна Гогољ. Таквата намера на авторот морала да доведе до раскршнување на традиционалните шеми. Во комедијата нема љубовна интрига, нема централен херој – таков херој е чиновничкиот сталеж, составен од грабачи и лицемери, груби и беспошедни спрема посалбите, а страшливите и понизни пред посилните, една маса што не

Page 62: Del A

може да помине низ филтерот на човечкото достоинство. Предводник на таа маса, на тоа провинциско беззаконие, е градоначалникот.Тој е мошне итар и опитен, ги знае сите врвици на плодоста и нечесноста, самиот вели дека успева да излаже “никаквеци над никаквеците”. Примањето поткуп е за него нормална работа – “тоа од самиот Бог е наредено”. Кон граѓаните се однесува грубо, ги понижува на секој чекор, но затоа кон претпоставените, за еден од кои ги смета Хлестакова, настојува да се покаже како примерен чиновник кој не е како другите градоначалници и чиновници што “се грижат најмногу за својата т.е. полза”. Неговата животна цел е да стане генерал, што ќе му овозможи да се прошири кругот на потчинетите, спрема кои ќе може деспотски да се изживува. Судијата Лјапкин-Тјапкин е втор по ранг во таа провинциска бирократска хиерархија. Поради тоа штп прочитал неколку книги се смета за образован човек. Прима како мито ловеч ки кучиња и повеќе мисли на ловот отколку на службата. Управникот на оштата Шпекин ужива да отвора туѓи писма; раководителот на болницата Землјаника воопшто не се грижи за жалната состоба на нему поверената установа, во која болните умираат како муви. И другите чиновници повеќе или помалку заборавиле на своите општествени и службени обврски. Спокојството на тој самовластен “поредок” го нарушува доаѓањето на една непозната личност, која сите, свесни за своите постапки и службени безодговорности, ја земаат за ревизор. Всушност, стравот од одговорноста е причина еден површен и лекомислен човек во нивната претстава да добие димензии на ревизор од престолнина, зашто Хлестаков, дури откога видува дека му се дала шанса да изигра улога на која се надевал, но која сосема му одговора, го раздиплува карактерот на својата личност. Тој почнува да лаже, но често и самиот верува во она што го вели. “Тој лаже со чувства. Тоа е најубавиот, најпоетскиот миг во неговиот живот”. Одличен импровизатор, тој многу вешто ја искористува шансата. Така, исмевајќи го деспотско – бирократскиот поредок во Русија во првата половина од минатиот век, Гогољ создал и еден тип што може да се сретне во сите времиња. Комедијата “Ревизор” го издржала најтешкиот испит за едно уметничко дело – испитот на времето. Таа и денес, по повеќе од век и пол, е постојано присутна во театарскиот репертоар, и не само на сцените во Советскиот Сојуз. Зашто лицемерието, корупцијата, бирократското самоволие, “хлестаковската” површност и лекомисленост, што често имаат успех во животот - се уште не изчезнале и во ова наша цивилизирана епоха.

Црно семе ... Во тесна врска со егејско-македонската одисеја, романот Црно семе е потресно сведоштво за несфатливото насилие и тортура, тој стравотен пекол што го создале лугето за обезчовечување и обезличување на човекот.За време на четириесеттите години, монархистичниот режим издалува една сомнителна маса на грчки војници, комунисти и македонци кои одбиваат да потпишат дека се откажуваат од КП и од својот национален идентитет, и ги водат на еден пуст остров – мачилишпте, за да изнудат од нив лојалнос спрема кралот и Грција. Низ целиот роман варираат најразлични видови на брутално насилие за да се извлече признанието.Најубавите страници на овој роман се токму оние места каде во вителот на надчовечките маки се крева сомнителниот човеков отпор кон злото , големото човеково достоинство да се остане простум, да не се отстапи од начелата на моралот, од начелата на човечноста и доблеста.Токму во тоа е големата и величенствена порака во овој роман, мал по обем голем по длабочината во откривањето на драмата на човекот.Иако Црно семе е роман во кој главен јунак е масата која живее како единствена целост, сепак се изделуваат некои впечатливи ликови.Доне и Христос се луѓе од прометејски ков. Тие го носат факелот на вистината до крај, до последен здив на своето живо тело и не потклекнуваат никогаш. И Доне и Христос го носат во себе комунистичкото чувство кој во часовите на сите морални искушениа и физички страдања им помага да издржат и да останат човечки простум.Последните збоови на Христос се„мојата земја.. каде е мојата земја“ Токму во тоа се состои симболиката во црно семе. Човек кој е искорнат од својата земја, од националниот идентитет, од својот сопствен живот тој е преобразен во безлично суштество на кое му се затворени сите најафтентични човечки средби, тој е битие на кој му е одземена секоја егзистенцијална спора. Делото претставува сугестивен уметнички показ за потврдување на човекот во човекот, на неговиот прометејски дух низ

Page 63: Del A

возвишениот отпор кон силите на злото, кон силите што се стремат да го обесчовечат.

Во тесна врска со егејско-македонската одисеја, романоит Црно семе е потресно сведоштво за несфатливото насилие и тортура, тој стравотен пекол што го создале лугето за обезчовечување и обезличување на човекот.За време на четириесеттите години, монархистичниот режим издалува една сомнителна маса на грчки војници, комунисти и македонци кои одбиваат да потпишат дека се откажуваат од КП и од својот национален идентитет, и ги водат на еден пуст остров – мачилишпте, за да изнудат од нив лојалнос спрема кралот и Грција. Низ целиот роман варираат најразлични видови на брутално насилие за да се извлече признанието.Најубавите страници на овој роман се токму оние места каде во вителот на надчовечките маки се крева сомнителниот човеков отпор кон злото , големото човеково достоинство да се остане простум, да не се отстапи од начелата на моралот, од начелата на човечноста и доблеста.Токму во тоа е големата и величенствена порака во овој роман, мал по обем голем по длабочината во откривањето на драмата на човекот.Иако Црно семе е роман во кој главен јунак е масата која живее како единствена целост, сепак се изделуваат некои впечатливи ликови.Доне и Христос се луѓе од прометејски ков. Тие го носат факелот на вистината до крај, до последен здив на своето живо тело и не потклекнуваат никогаш. И Доне и Христос го носат во себе комунистичкото чувство кој во часовите на сите морални искушениа и физички страдања им помага да издржат и да останат човечки простум.Последните збоови на Христос се„мојата земја.. каде е мојата земја“ Токму во тоа се состои симболиката во црно семе. Човек кој е искорнат од својата земја, од националниот идентитет, од својот сопствен живот тој е преобразен во безлично суштество на кое му се затворени сите најафтентични човечки средби, тој е битие на кој му е одземена секоја егзистенцијална спора. Делото претставува сугестивен уметнички показ за потврдување на човекот во човекот, на неговиот прометејски дух низ возвишениот отпор кон силите на злото, кон силите што се стремат да го обесчовечат. Барањето на сопствениот идентитет и крвавата борба за национално и човечко обезличување, е изразна тематика и филозофска мисла во многу романи од минатото. И денеска, ние сеуште се бориме против отуѓувањето на човекот од неговиот национален идентитет како најжесток и најбрутален напад врз човечката личност воопшто. Човекот без идентитет всушност е подложен на ментално и психолошко разорување, на национално и социјално понижување како и на најмонструозна асимилација.За него најважно е да го зачува духот затоа што физичките рани заздравуваат, а душевните никогаш не заздравуваат. За него, човекот треба да остане свој, да не си ја расипе душата, да не го потпише признанието за предавство,за откажување од себе си.Смета дека треба да се издржи, да не го обземе чувство на страв. Несака да размислува за стравот дека нема да се врати во родното село, дека ќе ги остави коските на пустиот остров. Напротив се кали, се челичi, националноста негова го прави да биде појак, да не ги осудува оние послабите кои попуштаат, кои потпишуваат изјави.Доне е храбар и издржува до крај во борбата за зачувување на својот идеал.Основниот судир кај Георгиевски се крева на ниво на судир меѓу доброто и злото, насилството и отпорот, љубовта и омразата, храброста и страшливоста, подлоста и херојството, темната и светлата страна на животот.Романот "Црно семе" преставува безвременски патоказ на возвишен отпор кон силите на злото, кон силите што се стремат да го понижат човекот кој се бори да го сочува и одбрани својот изворен, национален и човечки идентитет.Овој безвремен патоказ го прави Доне лик кој треба да биде пример, кој треба да се памети И следи.

Хуманата човекова димензија во ликот на Андреј Соколов

Човечката хумана димензија ги досега небесите. Човекот хуманист не бира

Page 64: Del A

субјекти, ни време тука спонтано човечки се појавува, заживува во ситуации кога и најмалку се очекува. Судбината човекова предодредува кога тој ќе биде зол, лош, нечовек или пак хуман, човечен.

Развивајќи некои мотиви од воената репортажа Михаил Шолохов пишува за човечка судбина на Андреј Соколов која прерасна во стологија на моралната силина на рускиот народ на ниво на поединечна судбина но и како осуда на војната воопшто. Ни опиша виор на војна во која човекот војник е измачуван и физички и психички, изложен на насилство чии методи се тешко прифатливи за една разумна свест. Ни го формира своевидниот микрокосмос на семејството Соколови преку Андреј и Иринка, за преку нив да ни ја претстави општочовечката димензија на душевни страдања.Свесен дека моралното истрајување единствено може да се практицира преку добрина и љубов, Соколов силно ќе се потпира на христојанството, наоѓајќи во него и смисла и средство за опстанок.Тој тафтолошки ќе го резонира животот,т.е. ќе го живее низ постојано менување на падови и кревања поточно победи и порази.Ја шири таа микрокосмичка димензија во констатацијата дека ние не сме единствени страдалници на веков што значи не е само рускиот народ анатемисан од војни и страдања ами пошироко во светот. Така доаѓаме до една многу важна карактеристика,тоа е таканаречената материјална метафизика која подразбира максимална универзализација на слики за животот во трагично видување каде мерилото на вредноста не е во доменот т.е. целта на социјалните борби туку во концепцијата на складот меѓу човечките животи и животот на природата...Прикажана е истрајноста на човекот во најтешкиот момент од неговиот живот,,кога на крајот сепак наоѓа зрак светлина во својата несреќа која му дава причина и сила да продолжи напред не осврнувајќи се назад..Воедно е дадена и една реалистична слика за човекот,,кому војната му одзела се,,но на крајот животот му дава подарок,,сопатник кој ќе му ја врати надежта и желбата за подобро утре.Во тие судбински мигови на својата внатрешна драма, најчесто невидлива однадвор, главниот лик Соколов доаѓа до некоја од крајните точки на својата егзистенција и, стасувајќи до неа, го опфаќа во еден миг целото свое битие, сиот свој дотогашен живот, во едно крајно чувство, во некоја судбинска нишка. Токму тука се крие човековата драма, конфликтите кои произлегуваат од одредените ситуации што се најчесто лоцирани надвор од човекот; во самиот човек.Наоѓајки свој сосудбеник во детето на кого војната му ги одзема родителите Соколов се одлучува на “хумана” лага. Преставувајки се како татко, ја сплотува својата судбина со судбината на дететето сираче. Тука се покажува човекот хуманист.

‘Судбината на човекот’ е едно од најсилните дела на Шолохов бидејки тој во лицето на еден обичен човек од народот ја дава моралната големина на подвигот на целиот народ.Човекот доага до дното на сопствената трагедија , останува сам на светот , ги губи своите најблиски , удиран е од судбината која му ја наметнува завојувачот но морално истрајува , во омразата и во болката наога сили за натамошна добрина, хуманост и натамошна љубов.

Page 65: Del A

1.ВОВЕД(МЕТОДИ НА ДЕЛОВНОТО ПЛАНИРАЊЕ)

Дефинирајћи го деловното планирање,Р.Ацкоф,ги истакнува следниве три моменти:1.Планирањето е нешто што се прави однапред,пред превземање на акција.Тоа е процес на антиципативно одлучување што да се прави и како да се прави,пред акцијата да се преземе.2.Планирањето вклучува систем на одлуки.Идната состојба на активноста вклучува међузависни одлуки.Систем на одлуки постои кога зависноста и влијанието на секоја од нив се одразува на резултатот.Тоа е ситуација кога резултатот не зависи од една туку од повеће одлуки,кои се међусебно поврзани и конзистентни.3.Планирањето е процесс кој е насочен кон создавање на една или повеће идни состојби кои се посакувани и кои не се очекува да се случат се додека нешто не се направи.Постојат мислења дека планирањето и одлучувањето се толку блиски,па идентични што може да се третираат како синоними.Процесот на одлучување и процесот на деловното планирање имаат голема сличност.Међутоа,међу нив постои разлика,бидејћи планирањето по својата суштина е процес на донесување одлуки ,но сите деловни одлуки немаат плански карактер.

Во процесот на деловно планирање се користат голем број на методи модели и техники.Некои од нив имаат традиционале карактер односно менаџерите долго ги применуваат иако со текот на времето тие се усоврсуваат.Голем број од применуваните методи и техники се современи инструменти за подготвување,изработување, и донесување на квалитетни планови во претпријатието.Сепак покрај сите нови техники и методи на планирање,традиционалните се сеуште многу значајни за донесување на добри плански одлуки.

Нашата анализа ће ја насочиме кон следниве методи:-Менаџмент преку целите(мво);-Техника на мрежно планирање;-ППБС моделот;-СњОТ анализата;

1.МЕНАЏМЕНТ ПО ПАТ НА ЦЕЛИ

Менаџмент по пат на цели различно се сваћа во менаџерската пракса.Некои го разбираат како средство за оценување на постигнатите резултати,други пак како мотивациска техника.Голем дел од теоретичарите и практичарите на менаџментот го сметаат за метод на планирање кој се темели брз висок степен на партиципација на менаџерите и другите вработени на секое ниво на претпријатието во формулирањето на целите.

Преку него менаџментот,односно менаџерите остваруваат максимален резултат со расположливите ресурси преку поставување и остварување а цели на претпријатието ,цели на организационите едниници и цели на поединците.

Page 66: Del A

МВО опфаћа комплет на процедури кои се неопходни за поставување на целите и утврдување на остварените учиноци.Со него менаџерите и нивните работници(подредените) на секое организациони ниво на претпријатието поставуваат заеднички организациони цели но имаат и сопствени ,индивидуални цели.Соработката међу манаџерите и нивните подредени треба да биде двонасочна и е многу значајна а формулирање на цели кои ће бидат навистина заеднички за сите,односно ће бидат во согласност со нивните индивидуални цели.

Едновремено, овај метод ги дефинира и подрачјата на одговорност на секое лице фо форма на очекувани квантитативни резултати што секое лице треба да ги постигне,а кои служат како основа да ги планира своите работни задачи:

Процесот на МВО се одвива низ следниве фази:

1.Формулирање на цели на највисоко ниво во организациската структура во претпријатието.Оваа фаза е првиот чекор на врвниот менаџер.Овие цели треба да бидат ефективни и реално остварливи.Во оваа фаза се создава јасна слика за другите менаџери и нивните подредени,што врвниот менаџмент сака да постигне и колку нивната работа директно влијае врз остварување на целите на претпријатието.

2.Формулирање на цели на организациските нивое.Притоа ,секој менаџер и секој работник добро ја познаваат својата одговорност и активностите што треба да ги извршат во делокругот на својата работа.Со дефинирање на заедничките цели на организациските нивоља на работницит знаат што од нив се очекува,односно што тие мора да направат за да придонесат кон остварување на поставените цел.Со оваа фаза ефикасно да ги остварат своите индивидуални цели и планови.

На ваков начин се создава системна цели во хиеархиската структура на претпријатието.Улогата на надредените во формулирањето на целите на подредени е посебно важна.Нивната улога е да ги потикне во поставувањето на заедничките цели преку нивни сугестии во поглед што тие можат да придонесат,како можат да влијаат врз подобрување на работењето и слично.

3.Рециклирање на целите,при што поставувањето на цели станува интерактивен процес.Имено,подредените можат да дадат свои сугестии во поглед на поставените цели од надредените,а насочени код нив..Со своите предлози ти можат да ги променат претходното замислените цели.Така на пример маркетинг менаџерот може да постави за цел реално остварлива продажба поголема од онаа која врвниот менаџмент сметал дека може да се оствари.

4.Остварување,односо реализација на поставените цели.Системот на МВО овозможува голема автономност на подредените и надредените во имплементацијата на донесените планови.Секој поединец има голема слобода во изборот на начинот као ће се извршува поставените задачи кои всушност произлегуваат од формулираните цели.

5.Утврдување(мерење) на остварените резултати.Менаџерите и работниците се

Page 67: Del A

состануваат во одредени временски периоди за да утврдат како се остваруваат целите.Се врши ревизија со која се проценувааат позитивните и негативните тенденции кои ги завзема активноста во претпријатието и се утврдуваат причините за тоа.Целта е да се превземат коректни мерки за остранување на негативните елементи во работењето.

Менаџментот по пат на цели овозможува да се интегрираат и насочат сите напори на членовите на претпријатието кон остварување на стратегија на претпријатието и постигнување на неговите главни цели.Затоа МВО системот ће биде поефикасен во смисол,ћансите да се постигнат целите се многу поголеми доколку учеството на менаџерите и работниците во поставувањето на целите е поголемо.

2.ТЕХНИКА НА МРЕЖНО ПЛАНИРАЊЕ

Техниката на мрежното планирање се користи за изработка и контрола на сложени проектни планови.Во тепријата и праксат познати се два вида на мрежно планирање и тоа:СРМ(Цритицал Патх Метход) методата и ПЕРТ(Програм Еволутион анд Ревиењ Тецхиљуе) методата.

СРМ методата и ПЕРТ методата имаат заеднички основи.Међусебно се разликуваат според времето на извршувањето на активностите кои се планираат.СРМ се користи при планирање на проекти за кои времињата за извршување на активностите се познати или можат лесно да се одредат.

ПЕРТ се користи за планирање на проекти кои за прв пат се извршуваат,времињата на ктивностите не се познати и се утврдуваат со посебна процедура.За да се разберат овие техники и составувањето на мрежниот дијаграм мора да се објаснат следниве елементи:проект,активност,настан.

Под поимот проект се подразбира вкупност на мерки кои што се планираат а се насочени кон реализација на одредена задача.На пример изградба на објект,купување на опрема и друго.Активноста е дел од проектот и е специфичен збир на однесувања во рамките на проектот.

Настанот претставува почеток или крај на одредена активност.Секоја активност има свој почетен и свој завршен настан.Завршниот настан претставува почетен настан на следната активност.

Мрежниот дијаграм е модел на одвивање на активностите во проектот.Во него се идентификуваат различни настани на проектот,активности планираното време за секоја активност.Целта на овај метод е да се оптимализира времето за изработка на проект.

Мрежното планирање се одвива преку следниве чекори:

Page 68: Del A

ЧЕКОР1:Утврдување на сите активности и настани кои мора да бидат извршени за проектот и текот на настаните и активностите по кој ће се извршуваат;

ЧЕКОР2:детерминирање колку време ће биде потребно за комплетирање на секоја активност/настан.ПЕРТ методата работи со три времиња:оптимистичко(најкратко време за извршување на активноста);песимистичко(најдолго време) и најверојатно реална роценка на времетраењето на активноста. ЧЕКОР3:Конструкција на ПЕРТ дијаграмот кој ги одсликува постапките превземени во чекорите 1 и 2.

ЧЕКОР4:идентификување на критичен пат.

Критичен пат е онај тек на настани и активности во мрежниот дијаграм кој баа најдолг период на време за нивно завршување.Доколку во процесот на реализација на проектот дојде до продолжување на времето на целиот проект.Пред да се определи критичниот пат,најпрво треба да се определи:-најраното почнување и бнајраното завршување на секоја активност;и-најкасно почнување и најкасно завршување на секоја активност;

Овие вредности овозможуваат да се утврди максималното дозволено траење на секоја активност како разлика међу најкасното завршување и најраното започнување на секоја активност.Тоа е граница до која може да се растегнува времето на вршење на одредена активност.Во оваа постапка на мрежно планирање овозможено е да се утврдува за кои активности и во која мера може да се намали времетрањењето на извршувањето за да се оптамализира времето ан реализација на проектот.

Ако временското реализирање се поврзи со трошоците на извршување на активностите може да се утврди и оптиумот на трошоци за реализирање на проектот.За таа цел е развиен ПЕРТ/КОСТ методот со кој треба да се утврди она времтраење на проектот кој ће предизвика минимални трошоци на негова изведба.

3.ППБС модел

Планнинг Программинг-Бугетинг Сyстем моделот е развиен во САД,1962 год и наођа широка примена во процесот на одлучување.Тој им овозможува на менаџерите да ги оценат последиците од алтернативните одлуки во поглед на трошоците и користа што ће се добие со секоја одлука.Со него се врши на ,,систематски начин на планирање на идна локација на ресурси на претпријатието со помош на програма’’.

Претпоставка на моделот на е дека резултатите на претпријтието се остварени со интеракција на различни функции и организациони единици во претпријатието.

Page 69: Del A

Моделот започнува со дефинирање на целите кон кои се стреми претпријатието.Врз основа на нив се изработуваат алтернативни програми со сите активности кои треба да се превземат за да се постигнат целите.Од програмите и активностие во нив се утврдуваат потребните ресурси и се антиципираат трошоците за секоја програма.

Во следната фаза на моделот се врши споредување на предвидените трошоците со очекуваната корист од секоја програма.По изборот на најдобрата програма,истата се извршува и тогаш може да се утврди ефикасноста на програмата преку цост/бенефит(трошоци/корист) анализа.

Остварените резултати од избраниот програм се основа да се утврди дали програмот ће може да овозможи остварување на поставените цели или треба да се бараат поефикасни програми.

4.СЊОТ анализа

СЊОТ анализата претставува техника во процесот на планирање со која се опфаћаат интерните и екстерните фактори на работењето на претпријатието.

Нејзиното име е акроним на Стренгхтс,Њеакнессес,Оппортунитиес,Тхреатс, а нејзиното значење произлегува од брзите промени на факторите во сите свери на окружување.Со неа менањерите ги идентификуваат и међусебно ги соочуваат предностите и слабостите на претпријатието на претпријатието и можностите и ограничувањата на окружувањето.

Целта на СЊОТ анализата е да се согледа спосопноста на претпријатието ефективно да одговори на барањата на окружувањето.Менаџерите ја користат за да донесат стратегија со која максимално ће се искористат трендовите во екстерното окружување и интерните способности во насока на успешно позиционирање на производот на пазарот и зголемување на неговата профитабилност.

Предмет на истражување на СЊОТ анализата е сегашната состојба и проекциите за динамиката на предностите и слабостите на претпријатието,односно негова понуда.

Можностите ги чинат сите фактори од економска,правно-политичка,техничко-технолошка,културна и еколошка природа кои имаат позитивно потенцијално влијание врз претпријатијата И им помагаат да остварат висока конкурентност.

Ограничувања претставуваат оние влијанија од надворешното окружување кои негативно се одразуваат врз успешното позиционирање на претпријатијата на а пазарот.Овие фактори ја ослабуваат нивната конкурентност.

Предности на организациите се сите оние внатрешни фактори кои им овозможуваат успешно работење.Во нив е содржана потенцијалната способност за ефикасно постигнување на поставените цели.

Слабостите се карактеристики на организациите кои негативно влијат врз

Page 70: Del A

нивното работење и ги спречуваат конкурентски да ја пласираат својата понуда на пазарот.

Постапката на изведување на СЊОТ анализата се одвива во четири фази и тоа:

1ФАЗА:-Прибирање информации и податоци за клучни фактори на претпријатието и неговото окружување.

2ФАЗА:-Средување на податоците преку нивно групирање во две групи:податоците што се однесуваат на интерното и податоци што се однесуваат на екстерното окружување.

3ФАЗА.-утврдување и диференцирање на факторите кои имаат карактер на можности и ограничувања.

4ФАЗА:-утврдување и оценка на влијанието што го имаат и ће го имаат факторите врз работењето врз чија основа се формулираат деловни стратегии.

Врз основа на СЊОТ аналитичката метода,менањерите треба да идентификуваат алтернативни стратегии со кои ће се искористат можностите на окружување преку активирање на сопственитете предности и истовремено ће се минимизира дејството на ограничувањата и постојните слабости.За таа цел тие изготвуваат СЊОТ матрица со следниве можни стратегии:

Можности:1.Предност(с)Мп Стратегија на искористување на интерни предности и екстерни можности;2.СлабостСМ стратегија за минимизирање на слабостите,а максимално искористување на можностите кои ги нуди окружувањето;Ограничувања:1.ПредностПо стратегија со која ће се искористуваат предностите при постоење на ограничувањата од окружувањето;2.СлабостСО стратегија со која треба да се минимизираат слабостите и ограничувањата на окружувањето;

Изборот на релевантна стратегија се врши преку оценување на поставените алтернативни стратегии со оваа матрица.

Основни критериуми при изборот се:

1)Дали стратегиите се во согласност со поставените цели;

2)Дали стратегиите се компатибилни на состојбата утврдена со СЊОТ анализата и проекциите на факторите на окружувањето;

3)Колку стратегиите се прифатливи од страна на менаџерите и вработените;

Page 71: Del A

4)Дали и колку секоја стратегија може да биде успешно извршена;

4.1.СЊОТ матрица

Се работи за концепт кој треба да ни овозможи анализа на шансите и опасностите како и нивно усогласубање со јаките и слабите страни на претпријатието.

Основно е да се оптимизира однесувањето на претпријатието во однос на своите можности и состојбата во опкружувањето.Се бара претпријатието да се приближи кон идеалната ситуација,опасностите да ги претвора во шанси.Постапката може да започне со анализа на опкружувањето до интерните можности или обратно.

Заради динамичноста на екстерните и интерните фактори мора анализата да се прави за минатото,сегашноста и иднината.На страната на екстерните фактори разликуваме шанси и опасности,а во рамките на интерните можности утврдуваме јаки и слаби страни на претпријатието.

Можеме да идентификуваме неколку типови на можни стратегии за однесувањето на претпријатието:

1.Мини –мини стратегија која вклучува минимизирање на слабостите и опасностите.Претпријатието ја применува кога ће се најде во ситуација на неповолно окружување,а претпријатието изобилува со низа на интерни слабости.Во таква ситуација е пред дилема дали да се бори за спас или да оди во ликвидација.Можно е међутоа да се оди и на решение да се интегрира со друго претпријатие или драстично да го намали обемот на работењето,со идеја на кој начин да ги преброди слабостите и со надеждека во блиска иднина ће се намалат опасностите од екстерното окружување.

2.Мини-макси стратегија,подразбира минимизирање на слабостите и максимизирање на шансите.Оваа страегиска ситуација настанува кога претпријатието од аспект на состојбата на екстерните фактори има добри шанси,но е оптоварено со интерни слабости,па не е во состојба да ги искористи поволните предизвизи на опкружувањето.Претпријатието може на пример низ развој на кооперантски односи со други претпријатија кои имаат технолошки знаења(да се знае како)да се минимизираат слабостите.

3.Макси-мини стратегија се однесува на ситуација кога претпријатието е јако,но констелацијата а екстернтото опкружување е таква што представува опасност по обемот и видот на дотогашното работење.Претпријатието бара начини да ги искористи јаките страни и да ги минимизира опасностите.Претпријатието мора да биде внимателно за своите јаки страни да не ги насочи на погрешно подрачје .Понекогаш мора да се прават и одредени компромиси и прилагодување кон окружувањето,не исклучувајћи ја можноста за преориентација на дејноста или делување на опкружувањето во правец на запирање на процесот на влошување на екстерното опкружување.

4.Макси-макси стратегија,е најповолен тип на стратегиска ситуација.Во такви

Page 72: Del A

услови претпријатието максимално ги користи своите предности и расположливи шанси.Повећето претпријатија сакаат да дојдат до ваква стратегиска позиција.Тоа е ситуација кога претпријатието бира наместо да реагира.

СОДРЖИНА:

1.Вовед(Методи на деловното планирање);2.Менаџмент по пат на цели;2.1.Петте фази на менаџмент по пат на цели;3.Техника на мрежно планирање;3.1.Чекори на мрежно планирање;4.ППБС -модел;5.СЊОТ –анализа;5.1.Фази на одвивање на СЊОТ анализата;5.2.СЊОТ-матрица;5.3.Можни стратегии за однесување на претпријатието;

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

1.Интернет страници:њњњ. гоогле. цом;њњњ. њикипедиа. цом;њњњ. капитал.цом. мк;2.Научна литература:-Планирање и одлучување.Проф.д-р.Виолета Пановска –Бошкоска;-Менаџментот и претприемништвото во Македонија;-Деловно планирање-Д-р.Бобек Шуклев;

ТЕМА: МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА

ВОВЕД

Основна категорија врз која ја одредуваме малолетничката деликвенција е малолетноста, односно возраста на малоплетните лица што ја детерминирала како нивната личност така и нивното однесување во правец на прекршување на правните и моралните норми што во крајна линија го одредува и ставот на опшеството кон нив. Респектот кон малотниците се огледа во фактот што тогаш кога се јавуваат како носители на инкриминирани поведенија, нивниот статус во кривичното право и кривичната постапка, како и третманот во однос на примената и извршувањето на кривичните санкции е посебен. Според Мертоновата класификација на девијантни однесувања за младите по се изгледа е нај карактеристична иновација (кражбата) како начин на прилагодување на аномијата во општеството зошто на некој начин младите ги прифаќаат културните цели и вредностите во опшеството но истовремено ги отфрлаат

Page 73: Del A

легалните и се служат со недозволени (не легални) средства за да ги остварат своите цели. Малолетничката деликвенција, како дел од општитот криминал, најчесто се дефинира како негативно и неприфатливо однесување на малолетните лица кое се изразува низ конкретни инкриминирани дејствија на тие лица со кои ги пречекоруваат општествените стандарди, вредности и норми на однесување. Спрема видот на нормите што се кршат и спрема степенот на општествената оипасност сите форми на престапништво Јашовиќ ги дели на три групи и тоа:

1. Престапи со кои се кршат кривичноправните норми

2. Престапи со кои се кршат прекршочните норми

3. Престапи со кои се кршат моралните норми.

Меѓутоа најчести термини се малолетничката деликвенција и воспшитната запуштеност. За воспитната запуштеност се смета дека во суштина претставува само лишување на младите од воспитно делување и грижење за нив, односно отсуство на свесно планско и целисходно влијание на нивниот развој и формирање со терминот на малолетничката деликвенција најчесто се употербува за означување на најтешкиот степен на воспитна запуштеност. Субјект на таквото однесување се малолетните лица. Одредувањето на старосните граници на полнолетноста треба да го одразува пораното или подоцнежното созревање на младите што живеат во различни социокултурни, климатски и други едукативни услови. На овие услови делуваат и фактори од криминално политички и фактори од традиционално историски карактер. Малолетникот е личност што е во фаза на формирање и созревање. Кривичната постапка кај нас се покренува против оние лица што се сметаат за кривично одговорни а тоа се лица над 14 години, а оние што се под 14 години се “деца” и не се кривично одговорни. Оние лица што се од 14-16 години, се сметаат за помлади малолетници, оние од 16-18 години постари малолетници, а оние од 18-21 година старост се нарекуваат помлади полнолетници.

Причини за појава на малолетничка деликвенција

1. Општествено –економската криза во Државата

Осиромашувањето на општеството ,невработеноста, оневозможувањето да се задоволат основните потреби на граѓаните, одредени воени состојби во Државата, прилив на избеглици, миграции и др.  се причини кои доведуваат до зголемување на социопатолошките појави, асоцијалното и криминогеното однесување на младите .

2. Семејството

Page 74: Del A

Преставува микро група преку кое во системот на општествената  структура се остварува  социјализација и формирање на личноста. Во современото општество семејство е соочено со поинтензивно слабеење на својата основна функција, а нејзиното делување  може да  влијае негативно на развојот на личноста  доколку се:

-     пореметени семејните односи,

презафатеност на родителите со бизнис или престој во странство

-    има конфликти, агресија,

-    дојде до развод на брак,

-    се случи смрт на родител или член на семејство,

-    присатен е алкохолизам,

-    наркоманија,

-    секаков вид на насилство

-    запоставување или занемарување на децата ( глад, нехигијена,) и сл.

-    неповолните материјални услови во семејството,  неможноста да се задоволат секојдневните, како и зголемените потреби на

-    младите, влијаат тие лесно и брзо да се вклучат во криминалните активности.

Семејството како природна средина за развој на децата треба да им овозможи заштита помош и атмосвера на среќа љубов и благосостојба.

3. Карактеристики на личноста:

-   тешкотии во емоционално и социјално созревање, преживеани стресови, недостаток на самопочитта, негативна идентификација ( искривен модел ), негативно влијание на врсници и сл., депресија, намалена комуникативност, недоверба кон непознати, желба за доминација, пасивност, ограничени интереси, несигурност, некритичност, недоверливост, садистичко-перверзни стремежи, намалена контрола на полов нагон, отсуство на вина и срам, непочитување на авторитети.

4. Средина фактор

Средина-фактор која опфаќа влијанија на средината на малолетникот, лошото друштво, улицата, како и неорганизирано користење на слободното време,т.е. нивно подого и почесто престојување  во просториите за забава и угостителските објекти каде се изложени на голем број негативни влијанија кои

Page 75: Del A

допринесуваат за девијантно однесување, на што сме свидетели особено во задно време. Во услови на недоволно воспитување, насочување и укажување на вистинските вредности на човекот, а во отсуство на адекватното ангажирање на младите во слободното време, постојат реални предуслови тие полесно да станат престапници. Влијанието на масс– медиите, е секако за одбележување, истите за комерцијални цели емитуваат ТВ и радио емисии од етички аспект со штетни содржини за младите.Исто така недоволната ангажираност на училиштата и другите воспитно образовни институции, т.е. запоставената воспитна компонента е битен фактор кој секако има свој допринос во зголемувањето на асоцијалното однесување на младите.

Карактеристики на малолетничката деликвенција

Во квалитативна смисла, малолетничката деликвенција од година во година покажува карактеристики на поголема агресивност. АГРЕСИЈАТА како модел и стил на однесување е присатен кај младите кои често се анксиозни, фрустрирани и со многу низок степен на толеранција што се одразува и во зголемен број на физички напади меѓу средношколската младина од различна етничка припадност. Во минатиот период зголемен е бројот  на малолетниците кои се јавуваат  како сторители на кривични дела со елементи на насилство-»разбојништва »

Карактеристика на малолетничката деликвенција е НАМАЛУВАЊЕ НА ВОЗРАСТА кон помладите години што е евидентно во изминатиот период, бидејќи има зголемен број на учество на деца како сторители на кривични дела. Ангажираност и ПРИСАСТВО НА ДЕЦАТА и малолетниците ВО ВООРУЖЕНИ СУДИРИ е карактеристика на младите во настаните во последните години за што сме свидетели.

Главна карактеристика на малолетничкиот криминалитет е ПОВТОРНИШТВОТО. Еден дел од малолетните деликвенти кои еднаш се јавиле како извршители, повторно вршат кривични дела и во наредните години или пак може да се констатира дека криминогеното однесување го прифаќаат како животна определба. Посебно загрижува податокот што повторништвото е најзастапено кај малолетните деликвенти, односно малолетниците. Процентуално  малолетниците учествуваат од 85 до 94% во вкупниот број сторители – повторници . За 2002 г процентот е ( 87,7 % ), овој факт треба да не загрижи и наметне потреба за негово неопходно и хитно решавање. Малолетниците повторници најчесто произлегуваат од несредени семејства, во кои често  еден од родителите е деликвент, нарушител на јавниот ред и мир, алкохоличар,  живее во лоши материјални услови или во дисфункционални  семејства. За малолетничкиот криминалитет карактеристично е инивна организираност т.е. ГРУПНО ВРШЕЊЕ НА ДЕЛИКТИ. Групите најчесто се состојат од малолетници на приближно иста возраст, често се формираат случајно и по извршувањето на делата се растураат. Меѓутоа, има и групи кои дејствуваат подолго време, извршувајки серија кривични дела, така што по нивното откривање, односно при работа со малолетниците истовремено се расчистуваат и значителен број кривични дела извршени во подолг временски период. Децата, како почетници при првичното извршување на деликтите тргнуваат од полесен вид на кривични дела и  учествуваат во групи со

Page 76: Del A

постарите врсници а потоа се осамостојуваат и вклучуваат во извршување на кривични дела во група со врсници и извршуваат се потешки видови на кривични дела. ПОВРЗАНОСТ ПОМЕГУ МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА И СОЦИО ПАТОЛОШКИТЕ ПОЈАВИ е видно зголемена, особено наркоманијата, алкохолизмот, скитништвото, проституцијата и сл. Од вкупниот број на кривични дела што ги извршиле малолетници, 98% припаѓаат на кривични дела од областа на класичниот криминалитет  или 93 % се од областа на имотните деликти т.е. 65 % се во делот за тешки кражби, што упатува на факт дека нивната цел е здобивање на извесна материјална корист. Учеството на малолетниците во  другите области  на криминалитетот е незначително.

Мерки за заштита превземени од страна на МВР

Во интерес на унапредување на службата во мај 2003 г. во МВР КП СОК формирано е Одделение за малолетничка деликвенција и социопатолошки појави во рамките на кое ке функционираат три негови отсеци :

РЕПРЕСИВЕН, ПРЕВЕНТИВЕН И ЕДУКАТИВЕН, истите ќе функционираат одделно но ќе се надополнуваат и ќе бидат во тесна меѓусобна корелација.

ОТСЕКОТ ЗА РЕПРЕСИЈА

Би ги третирал малолетниците во судир со законот. Тој би ја остварувал репресивната функција на МВР и би бил носител на сите активности во Службата во однос на малолетничката деликвенција и социопатолошките појави. Од него би произлегле бројни иницијативи, идеи и методологии за намалување на малолетничката деликвенција, како и нови можности за разрешување на случаи, водење на разговори со кривично одговорни малолетници. Би биле презентирани начини на следење на активните малолтеници, сторители на кривични дела, состојбите на учеството во нарушувањата на малолетниците на ЈРМ, како и мерки и активности за намалување на истите, како и следењето на социо-патолошките појави што би бил основен делокруг на дејствување на овој отсек.

ОТСЕКОТ ПРЕВЕНЦИЈА

Или превентивно делување т.е. навремено давање на заштита и помош со вршење надзор, развивање на лична одговорност кај децата и малолетниците, организирано делување на воспитно-запуштената категорија деца и ученици и преземање на други мерки со мобилно присуство на најзагрозените места по претходно изготвени планови и конкретна проценка на облици и степен на склоност за деликвентно однесување имајќи ги во предвид личните својства на малолетниците.Отсекот превенција би се бавел со примарна превенција-влијание за ангажирање на заедницата преку програми за намалување на појава на деликвенција, преку МАС-медии, предавање во училишта се со цел да се издигне јавната свест за оваа проблематика.Секундарната превенција-или стратеија со која ќе се намалуваат можностите за појава или рана идентификација на ризички фактори или деца под ризик, како и терцијална превенција-која би опфаќала третман и рехабилитација на регистрирани случаи

Page 77: Del A

на деца сторители на кривични дела.Во отсекот превенција би биле третирани малолетници и деца жртви на сексуална злоупотреба и секаков вид на насилство и експлоатација, деца во ризик, како и деца без родители и родителска грижа и деца на кои им претстои опасност од физичко и психичко насилство и сл.Превенцијата во малолетничката деликвенција е една од најбитните активности која не смее да биде запоставена давајќи и предност на репресијата во тековното работење. Превенцијата мора да го завземе вистинското место во нашето секојдневно работење, а таму каде што нема ефекти од превенција ќе настапи репресивното работење во рамките на овластувањата.За превенција на малолетничката деликвенција се застапуваат и правила на ОН за спречување на малолетничка деликвенција (Ријадски правила).Спречувањето на малолетничката деликвенција е суштински дел од спречувањето на криминалот во општеството. Успешното спречување на малолетничката деликвенција бара ангажман на целото општество да обезбеди хармоничен развој на децата и адолесцентите, и пред се почит кон нивната личност.

Малолетниците треба да имаат активна улога и партнерство во рамките на општеството. Да се стави акцент на превенцијата која овозможува успешна социјализација и интеграција на сите деца и млади преку семејства, заедницата, врсниците, училиштето и сл. Со должна почит кон правилниот личен развој на децата кои треба да се прифаќаат како еднакви партнери во процесот на социјализација и интеграција, треба да се остварува превенција на малолетничката  деликвенција.

ОТСЕКОТ ЕДУКАЦИЈА

Би ги следел сите трендови на оваа проблематика и по пат на едукација би ги надополнувал знаењата и умеењата за успешна работа на кадрите вклучувајќи ги новите методи и техники во работењето.

Би развивал специјални програми за зголемување на чувствителност на општеството и на средината кон малолетничката деликвенција, насилството меѓу младите, како и семејно насилство. Би развивал програми кои ќе им овозможат на семејствата да научат повеќе за родителската улога и обврска во однос на развојот и грижата за деца, како и сугерирање на начини како да се влијае на позитивното развивање на односот родител-дете и сл.

Со цел што поуспешно да ги исполнуваат своите работни задачи инспекторите за малолетничка деликвенција треба да бидат специјално квалификувани и обучени и обуката да ја добиваат во континуитет со цел совладување на соодветни умеења, вештини и искуства за подобрување на превенцијата и контролата на малолетничката деликвенција и подобрување на постапките со деликвенти. Едукациите се потребни со цел да се воспостави потребно професионално ниво на компетентност за што особено ќе се ангажира Одделението.

Воспитни мерки кои се изрекуваат против малолетните сторители на кривични дела

Дисциплински мерки :

Page 78: Del A

-  укор или упатување во дисциплински центар за малолетници.

- мерки за засилен надзор од страна на родител, посвоител или    старател, во друго семејство или од страна на социјален орган

- заводски мерки :упатување во воспитна установа или ВПДом

Малолетничката деликвенција во Македонија во подем

Македонските тинејџери склони кон употреба на дрога, со висок процент за конзумирање алкохол, пушење цигари, сексуални односи, дури размислуваат и на самоубиства, покажуваат резултатите од извршеното Глобално истражување за здравјето на адолесцентите во државава во 2007/2008 година. Истражувањето е спроведено од Републичкиот завод за здравствена заштита со финансиска поддршка на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија и Шведската асоцијација за меѓународен развој, а студијата се реализира во функција на стратегијата за адолесцентно здравје.Истражувањето покажува дека речиси девет отсто од учениците сериозно размислувале да извршат самоубиство во текот на изминатите 12 месеци, 1,8 отсто од нив на возраст од 13 до 15 години употребиле дрога еднаш или повеќе пати во текот на животот, 39,4 отсто консумирале алкохолен пијалок во текот на еден или повеќе денови изминатите 30 дена, 14,1 отсто пушеле цигари во текот на еден или повеќе денови, а 11,9 отсто имале сексуални односи. Во истражувањето е употребен двостадиумен дизајн на примерокот со цел да се добие репрезентативен примерок од ученици во седмо и осмо одделение од основното образование и прва и втора година од гимназиското образование. Истражувањето е спроведено во 30 училишта каде што беа пополнети 2.114 прашалници кои содржеа 74 прашања.Раководителот на Секторот за социјална медицина при РЗЗЗ, Фимка Тозија потенцира дека 37,3 отсто од учениците, според резултатите од истражувањето, се изјасниле дека нивните родители или старатели никогаш или ретко ги проверувале во текот на изминатите 30 дена дали ги завршиле домашните задачи, а 19,8 отсто се изјасниле дека нивните родители или старатели никогаш или ретко знаеле што прават нивните деца во слободното време.- Над 31 отсто од учениците биле сериозно повредени еднаш или повеќе пати во текот на изминатите 12 месеци, четири отсто од нив никогаш не употребиле или ретко употребиле сапун при миење на рацете во последниот месец, 14 отсто се изложени на ризик од прекумерна телесна маса, а 15,7 отсто од учениците биле физички активни во текот на сите седум дена во изминатите седум дена во времетраење од барем 60 минути дневно, посочува Тозија.Таа смета дека резултатите укажуваат оти многу работи треба да се реализираат за подобрување на информираноста и подобрување на здравите животни навики врз основа на промените во однесувањето. Најпрво, треба да се развијат и промовираат цели за адолесцентно здравје со заеднички активности од здравствените установи, семејствата, училиштата и институциите во заедницата.Постојаниот претставник на Канцеларијата на УНИЦЕФ за Македонија, Шелдон Јет истакнува дека употребата на алкохолот во државата е повисока во однос на другите земји. Според него, спречувањето на купувањето алкохол не е доволна мерка и важна е едукацијата од страна на родителите кои во најголем број не знаат што прават нивните деца.

Page 79: Del A

- Ако родителите не се вклучени во овие активности тогаш многу малку можеме да сториме за децата, додаде Јет.

Постојано се нагласува дека развојот, усвојувањето и имплементацијата на Националната стратегија за адолесцентно здравје 2008-2015 е исто така важно. Стратегијата која наскоро треба да биде усвоена има за цел да го подобри и промовира здравјето и развојот на адолесцентното здравје преку акцентирање на зајакнувањето на системот за собирање податоци за адолесцентното здравје, намалувањето на смртноста, морбидитетот и онеспособеноста преку посочување на причините, промоцијата на здрави животни навики кај адолесцентите, подобрувањето на капацитетите на Министерството за здравство, РЗЗЗ и други релевантни институции во Македонија за координација и менаџмент на здравствени програми за адолесценти.Постои потреба да се прошират училишните едукативни програми за здравје за да се прошири знаењето на учениците за храната, исхраната, хигиената, насилството и ненамерните повреди, менталното здравје, пушењето, употребата на алкохол и други дроги, сексуалното однесување кое придонесува за инфекција со ХИВ и други сексуално преносливи болести, како и несакана бременост, физичката активност и заштитните фактори за промена на ризичното однесување.Следствено на тоа, како еден пример може да се посочи предупредувањето од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Прилеп дека малолетничката деликвенција е во пораст.Директорката на Центарот Снежана Јованоска информира дека минатата година во Прилеп имало 77 барања од Јавното обвинителство за подготвителна постапка за случаи на криминал кај малолетниците. За 17 малолетници се одредени мерки на засилен надзор од родителите, а за 16 – од старателите, а 10 малолетници се сместени во институции.Социјалните работници предупредуваат дека децата се повеќе се оставени на себе. Ова тие го посочуваат како една од главните причини за се поголемиот број случаи кога младите ја избираат темната страна на животот.- Малолетничката деликвенција, за жал, е во подем. Се помалку време сите имаат да го следат развојот на младите. Кога е јасно дека потклекнале на искушенијата, тешко се ресоцијализираат и делата често се повторуваат, истакна Јованоска.Според социјалните работници, мора да зајакне координацијата со училиштата, младите будно да се следат. Тие сметаат дека улогата на родителите е една од пресудните и тие мора да најдат повеќе време за своите деца.Сепак, Лина Ќостарова – Унковска, директор на Центарот за психосоцијална и кризна акција тврди дека децата од Македонија се на долниот крај на табелата по речиси сите ризични однесувања, во споредба со децата во ЕУ. Децата во Европа, според неа, повеќе пијат, пушат и сексуално се поактивни од децата во Македонија. Таа нагласува дека податоците презентирани од РЗЗЗ се искривени, односно дека состојбата со адолесцентите во Македонија и нивното здравје е сосема поинаква од онаа што се пласира.- Децата од македонската етничка заедница на 15 години пијат алкохол и се опиваат, момчињата повеќе од девојчињата. Тоа не е случај и со децата од албанската етничка заедница во Македонија. Обратно е со носењето оружје и со сексуалната активност, особено меѓу момчињата од албанска националност, појаснува Унковска. Најсилен заштитен фактор на адолесцентите во

Page 80: Del A

Македонија е социјалната мрежа – родителите, училиштето и врсниците. Децата во Македонија се највисоко рангирани меѓу европските земји и по тоа колку го сакаат училиштето и колку време поминуваат со другарите по часовите.Статистичките податоци покажуваат дека први на листата на деца кои барем еднаш неделно пијат алкохол на возраст од 13 години, се Украинците. По нив се Малта и Бугарија, а Хрватите се на деветто место. Децата од Македонија на оваа листа се на 26 – то претпоследно место, по нив се само Норвежаните.Петнаесетгодишните деца од Канда се на прво место по користење марихуана. По нив, според статистиката се децата од Швајцарија и од Велс. Македонија се наоѓа повторно на претпоследното место, пред Романците. Најмногу секс на 15 години имаат децата во Гренланд. Според истражувањата, на второ место се Бугарите, а на трето се децата од Данска. Македонија се наоѓа на 30 – то место односно 35 проценти од машките на 15 годишна возраст рекле дека имаат сексуално искуство, а истото го рекле само пет проценти од девојчињата.

ЗАКЛУЧОК

Основна категорија врз која ја одредуваме малолетничката деликвенција е малолетноста, односно возраста на малоплетните лица што ја детерминирала како нивната личност така и нивното однесување во правец на прекршување на правните и моралните норми што во крајна линија го одредува и ставот на опшеството кон нив. Респектот кон малотниците се огледа во фактот што тогаш кога се јавуваат како носители на инкриминирани поведенија, нивниот статус во кривичното право и кривичната постапка, како и третманот во однос на примената и извршувањето на кривичните санкции е посебен. Осиромашувањето на општеството ,невработеноста, оневозможувањето да се задоволат основните потреби на граѓаните, одредени воени состојби во Државата, прилив на избеглици, миграции и др.  се причини кои доведуваат до зголемување на социопатолошките појави, асоцијалното и криминогеното однесување на младите. Во квалитативна смисла, малолетничката деликвенција од година во година покажува карактеристики на поголема агресивност. АГРЕСИЈАТА како модел и стил на однесување е присатен кај младите кои често се анксиозни, фрустрирани и со многу низок степен на толеранција што се одразува и во зголемен број на физички напади меѓу средношколската младина од различна етничка припадност. Во интерес на унапредување на службата во мај 2003 г. во МВР КП СОК формирано е Одделение за малолетничка деликвенција и социопатолошки појави во рамките на кое ке функционираат три негови отсеци : РЕПРЕСИВЕН, ПРЕВЕНТИВЕН И ЕДУКАТИВЕН.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. 1. “КРИМИНОЛОГИЈА” – Проф. Д-р Стеван Алексоски

1. 2. Интернет (google.maloletnicka delikvencija)

3.http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=556&mid=734&tabid=65&parent=22&tabindex=2

СОДРЖИНА

Page 81: Del A

1. 1. Вовед

1. 2. Причини за појава на малолетничка деликвенција

1. 3. Карактеристики на малолетничката деликвенција

1. 4. Мерки на заштита првземени од страна на МВР

1. 5. Отсек за репресија

1. 6. Отсек за превенција

1. 7. Отсек за едукација

1. 8. Воспитни мерки кои се изрекуваат против малолетните сторители на кривични дела

1. Малолетничката деликвенција во Македонија во подем

10. Заклучок

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО (семинарска)

ВОВЕД

Семејството во денешно време за жал се помалку претставува “основна келија на здравственото општество”.Речиси сите земји во светот уште се соочени со неможноста да се определи бројот на жртвите на криминалитетот, а особено кога се тоа жени. Според анкетите на ОН жените се најчество жртви на сексуални насилства (50%) напади на личноста (10%) и разни напади врз имотот (10%). За насилоничкиот криминалитет во семејството во голема мера недостигаат непристрасни сведоци на делата. Се прават усилби ваквата состојба да се надмине со повикување на помош на најблиските роднини и пријатели, а повикувањето на државните институции е многу поретко и во потешки случаи. Жртви на овој вид насилство се најслабите членови во семејството. И додека во педесттите и шесеттите години тоа биле децата во седумдесеттите жените, а во осумдесеттите тоа беа старите луѓе. Насилничките деликти во рамките на семејството се откриваат мошне тешко и ретко. Конфликтите многу ретко излегуваат на виделина поради стравот на одмазда на насилникот, срамот од околината и желбата да се задржи добрата претстава за сопствениот брак, но и економската зависност од сопругот. Семејното насилство е едно од преовладувачките криминални поведенија во повеќе општества и носи со себе разорувачки последици како по однос на примарната жртва, жената, така и во однос на секундарната жртва децата. Во повеќето земји во светот семејното насилство зазема размери на проблем од примарено општествен карактер. Семејното насилство како проблем се одразува врз економскиот и севкупниот развој на едно општество, а е резултат на историски заснованата нееднаква положба на мажот и жената, во која таа се наоѓа во субординирана положба во однос на мажот.

Page 82: Del A

Република Македонија не е исклучок од оваа ситуација, напротив бројот на малтретирани лица во рамките на семејството секојдневно се зголемува, бројот на жени и деца расте, единствениот проблем во случајот е што многу мал број од овие жртви од страв или некоја друга ( материјална или финансиска грижа) ретко се решаваат на следниот чекор – пријавување на насилниците кои секојдневно ги принудуваат да го трпат теророт на кој што се подложени. Голем број невладини организации започнаа со работа се со цел да изнајдат решенија кои ќе можат барем во одредени размери да го контролираат овој проблем. Како резултат на нивните долгогодишни истражувања и напори да се навлезе подлабоко во суштината на овој проблем, се дојде до одреден резултат кој претставува солидна основа за понатамошно градење на стратегијата на голем број организации кои имаат намера да продолжат да работат на полето на елиминирање на насилството над децата.

Карактеристики и третманот на семејното насилство во Република Македонија

Проблемот на семејно насилство во почетокот не привлекуваше внимание во пошироката јавност, освен во случаи кога се работеше за брутални убиства во рамките на членовите на семејството, за кои се дознаваше од полициски извори или од медиумитеДекларацијата на тоа што е насилство опфаќа физичко насилство  (влечење за коса, шлаканица, тепање, бокс…) Психичко насилство врз детето опфаќа ( закани, следење, изолација, забрана за движење…..) и третиот и воедно најлошиот сексуално насилство кое опфаќа ( присила на сексуален однос, обид за присила или друг вид на сексуална активност). Сознанијата за криминалитетот што се темелат врз официјалната статистика се нереални во однос на неговата квантитативна димензија. Утврдено е дека секогаш постои дел кој останува неоткриен, попознат како темна бројка на криминалитетот. За неговото откривање се користат најразлични средства – метод на самопријавување, виктимолошка анкета  (кога испитаниците се изјаснуваат како жртва на одредено криминално однесување кое го пријавил кај надлежните органи), метод на пријавување на друго лице, метод на проценка на експерти. Од сите наведени најприфатил е методот на виктимолошка анкета бидејќи се смета дека жртвите со внимателен пристап на стручни лица ќе бидат подготвени за соработка, тргнувајќи од фактот дека е доволно голем чекор напред во борбата против ова кривично дело од моментот кога лицето ќе признае дека е жртва на семејно насилство.

Иако се ратификувани Конвенцијата за права на детето на ООН и Конвенцијата 182 за чија цел е донесена Препораката 190 на Меѓународната Организација на трудот (MOT) за најлошите видови искористување деца во 2001 па оттогаш и голем број други препораки и конвенции кои биле задолжителни и за Република Македонија, во семејно-правната регулатива не се превземени сите потребни и вообичаени мерки за имплементација на сите конвенции (особено на овие ), односно не се вградени решенија како обврска на родителот за заштита на децата од повредување и занемарување, злоупотребување и малтретирање, вклучувајќи и сексуално малтретирање, економска експлоатација на детето

Page 83: Del A

додека е во негова грижа, како од членовите на семејството така  и од сите други кои можат да му наштетат во развојот на личноста на детето.

Меѓународна легислатива за заштита на правата на детето

Комитетот за заштита на децата, е независно тело составено од експерти кои вршат мониторинг врз државите потиснички на конвенцијата заради правилна имплементација на истата како и нејзините два дополнителни протоколи – инволвираност на децата во воени конфликти и трговија на деца, детска проституција и порнографија. Комитетот изнесува свои извештаи кои мораат да бидат сумирани од страна на државите потписнички кои ги ратификувале како конвенцијата така и протоколите. Конвенцијата донесена од Обединетите Нации е моќно средство за државата да ги заштитува правата на децата кои веќе се декларирани како такви. Со самото потпишување на оваа конвенција државите се обврзале себеси, да ги стават на располагање сите средства со кои располагаат во интерес на децата. Основно „мото“ на Конвенцијата е дека сите деца имаат еднакви права да ги остваруваат своите потреби, без оглед на тоа каде се наоѓаат во светот. Меѓународното здружение за Превенција од злоупотреба на децата и нивно занемарување (ISPCAN), го објави своето издание за „Светско гледиште за злоупотреба на децата“. Оваа публикација дава целосна слика за статистиката на политиката на злоупотреба на децата одделно во околу 70 држави ширум светот.

Според статистиката на ова објавено  истражување 82% од испитаниците кажале дека во нивните земји има пројавено значително голема бројка на случаи во која се појавува детско малтретирање. Повеќето од мерките кои ги превземаат државите во поглед на заштита на децата од злоупотреба, предвидуваат кривични активности против лицата кои малтретираат деца, како и активности за отстранување на детето од средината и семејството во кое било изложено на вакви немили активности. Покрај нискиот степен на стручност на лицата кои нудат услуги за заштита на овој вид жртви, многу е веројатно дека државите ќе бидат принудени да бараат  нови начини и стратегии за заштита на децата од ваквиот вид криминал, ова е потребно за да се избегнат последиците кои остануваат кај детето кое било подложено на ваков настан подолг период. По повод 10-годишнината од донесувањето на Конвенцијата за права на детето на ООН, а согласно својата Програма за работа, здружението за заштита на правата на детето организирало Симпозиум од областа на правата на детето во ноември 1999. Здружението за заштита на правата на детето е регистрирано во 1998 година, и е членка на Коалицијата за невладини организации во Р.М. Согласно својот статут, здружението има задача да го подигнува нивото за права на децата, чувството на солидарност за правата на децата, да го потикнува и оценува процесот на примена на правата на детето, согласно неговите права предвидени со позитивното меѓународно право.

Членот 9 став 1  од Конвенцијата за правата на детето вели дека „ Државите членки се обврзуваат ниедно дете да не биде одвоено од своите родители…..освен кога надлежните органи врз основа на судски увид, во согласност со соодветниот закон и процедури, одлучат дека таквото разделување е неопходно и во најдобар интерес за детето….“ членот 34 вели  „Државите членки се обврзуваат да го заштитат детето од сите облици на

Page 84: Del A

сексуално искористување и сексуална злоупотреба и искористување,со тоа тие ги превземаат соодветните мерки за спречување на – на наведување или присилувањена детето да учествува во незаконски сексуални активности, на експлоататорско користење на децата во проституција или во други незаконски дејствија“.

Истражувања направени во државите од Европа

Значителен број на истражувања за насилство против децата и младината се направени во земјите од Европа уште од 1990 година. Повеќето се фокусирани на сексуално насилство, сексуално вознемирување, насилство нанесено од страна на родителите, и насилство во училиштата. Направена е класификација по држави на застапеност на сите видови насилство врз децата од страна на нивните родители без разлика дали се работи за сексуално, физичко или психичко насилство. Од добиена статистика по државите е утврдено дека сексуална злоупотреба е најмногу регистрирана во државите Австрија (1993), Финска (1994) и  Франција 1989), Германија (1992), Норвешка ( 1994), Шпанија (1995), Романија (1999), Швајцарија (1994), Велика Британија ( 1985).Понатаму направени се студии на истражувања за насилство врз децата применето во училиштата, како и други луѓе кои не спаѓаат во категоријата на семејно насилство. Меѓутоа пред се нашиот интерес тука е да се задржиме на „тортурата“ на која се подложени илјадници деца во домот во кој живеат. Во овој контекст, повеќето истражувачи се фокусирале на неколку главни прашања: а) периодот кој се смета за детство, б) методите на „регрутирање“ на жртви и пристапот до истите, в) типот и дефинициите за присутно насилство и г) местото на кое насилството и злоупотребата се случила. Во понатамошниот аспект се дадени одговори на тоа како истражувачите дале одговор на овие за нив 4 клучни прашања и нивната важност за истите.

1) Детскиот период – Периодот во кој детето се уште се смета дека е дете, е перидот од 12 до 19 години ( малку чудни граници за кои би требалло да стои период на младинци, но експертите сметале дека овие години можат да бидат покритични, особено поради периодот што баш овие години децата се развиваат како адолесценти. Тие велат дека овој момент е клучен за развојот на личноста на секоја индивидуа, особено ако е подложена на било каква злоупотреба може да предизвика трајни непоправливи последици.2) Метод на „регрутирање“ на жртвите и собирање на информации -  Истражувачите сметале дека за да постигнат било каков ефект во оваа смисла, најдобро би било да направат подгрупи во кои ќе можат да ги класифицираат жртвите на семејно насилство, во зависност од полот, етничкото потекло, регионот, социјалните класи итн… Студиите се направени во 2 посебни категории, категорија на информации во која децата се прашани за тоа дали биле подложени на семејно насилство и категорија во која возрасните биле испрашувани со прашања од типот дали во било кој момент ги имаат подложено своите деца на насилство. Резултатите биле секогаш различни. Испрашувањето на децата секогаш се одвивало во училиштата или во друга средина каде влијанието на родителите не било присутно, со цел да децата имаат поголема слобода при одговарањето на прашањата и да нема застапено страв дека истите потоа ќе бидат малтретирани од родителите  доколку дадат одговор поинаков од оној што родителите би го очекувале. Во овој случај се заштитувала

Page 85: Del A

анонимноста на децата на начин што нивните прашалници се ставаат во анонимни коверти и се праќаат во соодветни институти на обработка, на тој начин истражувачите ги собирале потребните информации без на било кој начин да ги доведат во неповолна позиција децата или пак да им влеат страв, па да тие потоа да одбијат на било каков начин да пружат соработка.3) Неколку извештаи добиени од центрите за социјална заштита, посочуваат на фактот што повеќето податоци кои ги добиле центрите за присуство на сексуалната злоупотреба на децата во семејството, најчесто се добиени од случаите решени во суд. Како и да е извештаите кои се добиени од кривичните статистики го потценуваат феноменот и не даваат доволно информации за жртвите. Повеќето студии кои се однесуваат на психолошкото насилство под кое се децата подложени, истите велат дека најчесто истото потекнува од семејството, и тука постојат 2 подтипови на овој вид насилство велат експертите, едното се однесува на психолошко влијание на децата без или со присуство на физичка казна. И тука постојат разни класификации, што доведува до поголемо заплеткување на работите, истражувачите велат дека тоа е тешко да се објасни поради фактот што повеќето од државите применуваат различни методи во процесот на утврдување на семејно насилство и откривање на веќе постоечките и потенцијалните жртви од истото.

4) Објаснување за насилниците -  во текот на анализите , особено внимание се посочува на врската која ги поврзува злоупотребуваното дете и неговиот насилник, вклучувајќи ја возраста и полот на двајцата. Притоа без оглед на основата врз основа на која и се прават овие истражувања, истите покажале дека во процент повеќе како жртви се јавуваат девојчиња, отколку момчиња.Препораката (2002) 5 донесена од Советот на Европа – Оваа препорака, полека но сигурно се имплементираше од страна на државите, во почетокот државите имаа проблем со тоа кој е вистинскиот начин за имплементација на оваа препорака со цел нејзина правилна примена. Па до крајот на 2002 речиси сите земји на Советот на Европа ја доставија оваа препорака до своите соодветни министерства и надлежни органи. Меѓутоа со оглед на бројот на препораките кои постојано пристигнуваат за имплементација, а не е целта да се имплементира една препорака па да остане без ни мало значење за органите во државата, проценето е дека многу малку од институциите обрнале сериозно внимание на текстот на препораката. Но како и да е неколку од државите, направиле напори за примена и реализирање на оваа препорака. Нивните начини за презентација биле различни, на пример Андора свикала прес – конференција на која биле поканети претставници од соодветните надлежни министерства и институции. Понатаму, Шпанија поделила околу 1500 копии по истите овие органи. Некогаш државите сметаат дека е подобро да ваквите „инструменти“ со кои им се помага на надлежните органи да решат некој сериозен проблем со кој се соочува нивното општество, како што е во случајов семејното насилство, да бидат преведени на официјалните јазици на државите, со цел да бидат полесно разбрани од страна на локалните органи, ова особено се однесува на земјите во кои француски и англиски не се зборува речиси воопшто. На пример од извори кои вршеле набљудување на имплементацијата на ваков тип препораки велат дека, на локалните органи, полицијата, судството, во училиштата, социјалните служби, им е многу полесно да дебатираат за проблемите на својот јазик и тоа многу би им помогнало доколку било каква

Page 86: Del A

препорака или упатство пратено од трета страна биде на јазик за нив добро разбирлив.

Направен е мониторинг ширум земјите во кои се имплементирани повеќето од препораките на советот на европа, според процентите во повеќето од земјите односно институциите надлежни да го пратат бројот на жртвите од семејно насилство се поставени стандардни прашања. На прашањето дали полицијата е должна да одговори на сите повици на кои е пријавено семејно насилство?   – Одговорено е дека, работа е на полицијата да ги притвори или повика на информативен разговор сите пријавени осомничени сторители на семејно насилство, меѓутоа истите понатаму неможе да гарантира дека ќе бидат подложени на санкција, тоа спаѓа во надлежност на надлежните судски органи.

Дали државата има превземено соодветни мерки за кривично гонење против сторителите на сексуална злоупотреба врз своите деца? – Од страна на извештаите дадени од јавните обвинителства на државите членки на Совет на Европа, стои дека во домашната легислатива на секоја од државите стојат посебни мерки кои државите ги применуваат  против овие сторители. Јавните обвинители имаат разработено стратегија со која ќе ги заштитат жртвите од семејно насилство, на тој начин што нема да остават гонењето против овие насилници да го остават на жртвите, со тоа што самото соочување на жртвата со својот насилник претставува дополнителен товар и психичко малтретирање, туку целата постапка да се води по службена должност па на тој начин жртвата да нема никаков контакт со насилникот.Дали на децата кои се сведоци на употреба на насилство врз нивната мајка, како и децата кои сами подлежат на сексуална злоупотреба им се нуди лекарска помош и дали тоа се наплаќа? Децата кои се жртва се веднаш подложени на лекарски преглед, имаат достапно, специјален тим  кој се состои од гинеколози, психијатри, педагози, медицински сестри и други  песонал кој може да помогне во утврдување  на состојбата на детето откако ќе биде спасено од една средина која влијаела негативно несамо на неговиот организам, туку и целосно на неговата психа, ова е потребно со цел да се увиди дали има оставено трајни последици врз телото на детето како и моменталната психолошка состојба на детето – жртва. И уште едно битно прашање кое често се поставува при вршење мониторинг е дали има во секоја држава некоја програма или превземени активности кои можат да им се понудат на децата – жртви во школите со цел да им се помогне во надминувањето на последиците оставени од примената на насилство врз нив?  Основно образование, и слични основни информации им се даваат на децата во склоп на некои од предметите кои се дел од програмата во училиштата. Меѓутоа програми кои имаат за цел да се разбуди свеста на децата и склоноста кон насилство која за жал се повеќе расте, бара многу работа како и специјално обучени луѓе кои ќе можат да ја остваруваат оваа настава, ова за жал сеуште не е остварено во повеќето земји, бидејќи бара инвестиција на поголема сума пари, која државите сеуште не ја издвојуваат во оваа насока. „Ова за жал е проблем и во Република Македонија. Имав можност да присуствувам на една дебата која се одвиваше во Собранието на Република Македонија а беше во организација на комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените. Една од реакциите на повеќето присутни беше зошто вакви сериозни теми стојат под покровителство на оваа комисија, децата сами по себе се доволно сериозна тема и заслужуваат внимание на основање на сопствена комисија и луѓе кои ќе

Page 87: Del A

работат само со нив а не да бидат дел од програмата на друга комисија. На ова од ораганизаторите на оваа дебата, кои беа пред се претставници на владата на нашата земја, беше одговорено дека сега за сега децата ќе останат дел од оваа приграма затоа што било какво понатамошно издвојување бара дополнителни средства кои државата во моментот неможе да ги издвои“.

Последици врз личноста на детето

Зошто споменувам дека насилството има големи последици во понатамошниот развој на целокупната личност на едно дете, истражувањата покажуваат дека поголем број од женските деца биле сведоци на насилство вршено врз нивните мајки во периодот кога тие биле беспомошни деца па не можеле да го сфатат криминалитетот во дејствието кога нивната мајкла била физички малтретирана од страна на нивниот татко или очув, и покрај тоа настанот на едно дете, расте во неговата потсвест заедно со него во текот на годините, недозволувајќи му објективно да размислува и анализира средината во која живее. Она што е занимливо во развитокот на настаните е дека, жртвите на ваков вид насилство ги пријавуваат случаите многу години откако се случила или престанала да трае тортурата врз нивното тело или психа, меѓутоа многу ретко се случува да се даде  објаснување зошто се чекало толку време за да се пријави едно вакво злодело. Како една од причините се смета беспомошноста на децата во тие  мигови како и  недоволна подршка од страна на друг член од семејството. Најчесто се случува, со текот на развојот децата да се идентификуваат со своите родители, и да можат да усвојат модел на „однесување“ во своето идно семејство, кој значи примена на агресивно реагирање на конфликтни ситуации. Ваквото гледиште би требало да значи дека доколку таткото бил насилник, кој го малтретирал своето дете, многу веројатно е дека  и детето ќе постане насилник доколку наиде на исти услови во кои живеел додека бил тој малечок.Кога во средината  на децата има лица врз кои се врши тортура, таа неизбежно влијае и на детето, дури и индиректно. Целосното разгледување на психолошкото влијание на насилството врз децата и комплетните насоки за водење евалуација на деца што биле подложени на насилство неможе да се опфати, но може да се сумираат некои кратки моменти:

Прво, кога постои сомнение дека едно дете било подложено на насилство или сведок на истото, лицето од кое ќе биде детето прегледано мора да обезбеди детето да биде опкружено од лица што ќе му пружаат сигурност и заштита.

Лекарот, мора да има предвид дека сите деца, не ги манифестираат подеднакво чувствата во поглед на она што биле подложени како и секое друго трауматско искуство. Степенот до кој децата се способни да ги вербализираат мислите и афектите зависи од возраста на детето и неговото развојно ниво. Како и од развојните карактеристики на општеството динамиката во семејството и културните норми.Мнногу е битно, доколку се утврди дека детето е сексуално злоупотребувано да биде прегледано од лекар специјалист, прегледот кој најверојатно ќе биде траумален за детето потребно е да го изврши лекар искусен во интерпретиртање на наоди исто така битно, лекарот треба да знае дека прегледот може да биде

Page 88: Del A

потсетување на насранот на самото дете, можно е и очекувано детето за време на прегледот спонтао да реагира.Адолесценцијата, е турбулентен развоен период, ефектите од насилството може да предизвикуваат длабоки промени вои личноста на адолесцентите, кои ќе резултираат со антисоцијално однесување Експертите од оваа област велат дека  детето, во текот на својот живот може да има симптоми на редоживување на настанот/е од минатото. Кои може да се манифестираат како визуелни сеќавања на настанот – ноќни мори, социјално повлекување, ограничување на афектот, промени во стравот, несигурност, никаква самодоверба и недоверба спрема околината, нарушувања на сонот, плашање да се оди во кревет, страв од непознати лица…….

Мерки и интервенции за заштита

Многу полесно можеме да зборуваме, за заштита на возрасна личност од насилство отколку на мало дете, од причина што детето па речиси и никогаш нема да се реши да го пријави свијот џелад во полиција, па макар и да станува збор за некој од неговите родители. Заштитата на децата спаѓа во обврските на родителите спрема своето дете тоа е дефинирано во одредбите на Законот за семејство (“Сл. весник на Р Македонија” бр. 80/92 од 22 декември 1992 год.). Но што се случува кога самото семејство е виновно за тортурата над своето дете, законот вели дека заштитата над детето во тие моменти паѓа како одговорност на државата – односно Центарот за социјални работи. Со истражувањата е утвредено  дека поголем број од жртвите во ситуација на насилство не ги знаеле можностите за интервенција и помош на овие институции од аспект на нивната надлежност како служби за прва помош и заштита. Затоа целта ми е да напоменам дека центрите за социјални работи имаат мошне значајна позиција и широк простор на дејствување при пружање заштита на пред се децата во семејството. Меѓутоа, тука секако не се исклучуваат и сите останати членови на семејството кои може да бидат потенцијални жртва на насилство. Социјалната заштита што може да ја пружат центрите за социјални работи опфаќа широк спектар на мерки,  кои помагаат да се разрешат конфликтите во семејството. Овие мерки се остваруваат преку давање најразлични облици на подршка и советување на лицата кои се непосредно изложени на насилство. Во суштина, дејноста на центрите за работа е да ги детектираат сите најбитни проблеми поврзани со малтретирањето на децата во семејството и општествената реакција за проблемот, застапеност на проблемот, каузалноста на насилството, критериумите за правни интервенции, проблемот на откривањето на насилството, изборот на пристап до жртвата во зависност од нејзината возраст и моменталната психичка состојба.

Нашите центри за социјални рабори, посочуваат дека пристапот и вршењето на увид во семејното насилство е недоволен, од причина што најголемиот број на жртви – деца кои биле на било кој начин злоупотребувани од страна на членови на семејството, не го пријавиле истото или од страв го негирале настанот на прашање од страна на службените лица во центрите. На едно од интервјуата направени на лица овластени да работат со лица кои биле жртви на семејно насилство дури и подложени на синџирот трговија со луѓе од страна на нивните

Page 89: Del A

најблиски  луѓето во центрите за социјални работи велат дека неможат да превземат конкретни мерки или активности против причинителите на семејно насилство доколку нивните жртви не признаат или барем посочат дека биле жртви на истите. Службените лица велат, дека пријавите за семејно насилство најчесто ги добиваат на некој друг основ ( материјано необезбедени, социјални проблеми). Како пречки за откривање на семејно насилство центрите најчесто ги наведуваат; затвореноста на семејството, стравот од стигматизација, недоволна ангажираност на други органи и институции….Кога детето не е директна жртва на насилство, возрасните често имаат навика да ги потценуваат тие влијанија врз детската психа и развој. Кога родителите на детето, оние кои тоа најмногу ги сака силувачи, прогонувачи, или кога детето било сведок на некое насилство, тоа самото може да развие дисфункционални верувања, дека тоа е виновно за лошите настани, што во неговата личност може да манифестира чувство на вина, нелојалност, проблеми во созревањето на неговата личност, затоа лицата одговорни за заштита на децата како и родителите треба особено да обрнат внимание на однесувањето во присуство на децата.Конвенцијата за заштита на детето член 17 вели дека: „ Државите потписнички на оваа конвенција се должни  да ги коритат средставата за јавни информнирање, да шират материјали  и информации  од социјален карактер особено за културен интeрес на детето во согласност со член 29 од истатa конвенција; да ја потикнуваат меѓународната соработка во производствот, размената, ширењето, на таквите информации од различни културни, национални и меѓународни извори. Во конвенцијата стои дека како заштитни мерки, треба да се опфатат ефикасните постапки за установување и поддршка неопходна на детето и на оние на кои им е доверена грижата на детето, како и други облици на утврдување спречување, проследување истрага, постапување и следење на случаите на наведеното малтретирање на детето“.

Имено, треба да се превземаат санкции за родителот кај кого не е доверено детето доколку два пати едно подруго не го почитувал решението на центарот за социјална работа, односно доколку во одредениот рок не го вратил детето.

ЗАКЛУЧОК

Како, што може да се забележи во погоре наведеното, истражувањата во поглед на злоупотребата на децата се големи, и доста големо внимание  е направено во поглед на анализа на сите видови злоупотреба на децата како и начини за откривање на семејно насилство, причините што го предизвикуваат истото, како и заштита на децата од ваквите  услови во кои се принудени да живеат. Она што за жал не е направено, е целосна имплементација на конвенциите и други акти донесени од невладини организации и други меѓународни тела инволвирани во борбата против овој нов вид на криминалитет, чија таргет група се токму на оние деца кои допрва треба да почнат да го развиваат својот интегритет во општеството. Иако сеуште постојат некои разлики во поглед на примената на заштита на децата од страна на државите, сепак мора да  напоменам дека се направени чекори во поглед на искоренување на конфликтите кои се раѓаат во семејството. Повторно споменувам дека се работи за чувствителна тема, од аспект на тоа дека семејството е заедница во која нејзините членови имаат право да уживаат семеен живот и дискреција; исклучок од ова право е интервенцијата

Page 90: Del A

на државите во моментите кога тие исти членови го злоупотребуваат тоа право. И покрај разликите во  дефинициите за семејно насилство што тоа опфаќа, и злоупотребата на децата во истото, и најразновидната методологија која експертите ја применуваат при собирање на статистики за децата; сепак денес во светот е сеуште голем бројот на деца кои се подложени на сексуално злоупотреба  во рамките на семејството, меѓутоа нивниот случај сеуште не е откриен; секојднево во медиумите читеме за откриени шокантни настани каде деца биле злоупотребувани од нивните родители, но од разни причини не биле во состојба да кажат.

Користена литература

1.”КРИМИНОЛОГИЈА” – Проф. Д-р Стеван Алексоски

2.http://www.mhc.org.mk/?ItemID=F65FBC3F41455645B4198FA272E4D2B0

3.http://mk.wikipedia.org

СОДРЖИНА

1. Вовед

2. Карактеристики и третманот на семејното насилство во Република Македонија

3. Меѓународна легислатива за заштита на правата на детето

4. Истражувања направени во државите од Европа

5. Последици врз личноста на детето

6. Мерки и интервенции за заштита

7. Заклучок

8. Користена литература

ТЕМА: ПОИМ, ПРЕДМЕТ И ИЗВОРИ НА СЕМЕЈНОТО ПРАВО

ВОВЕД

Семејство е животна заедница на родители и деца и други роднини, ако живеат во заедничко домаќинство. Семејството настанува со раѓање на деца и со

Page 91: Del A

посвојување. Односите во семејството се засноваат врз рамноправност, заемно почитување, меѓусебно помагање и издржување и заштита на интересите на малолетните деца. Републиката обезбедува посебна заштита на семејството, мајчинството, децата, малолетните лица, децата без родители и децата без родителска грижа. Републиката обезбедува заштита на бракот и семејството од нарушени односи и насилство во бракот и семејството. Републиката создава и обезбедува научни, економски и социјални услови за планирање на семејството и за слободно и одговорно родителство. Во остварувањето на правото на слободно и одговорно родителство, родителите се должни да обезбедат оптимални услови за здрав раст и развој на своето дете во семејството и општеството. Односите на родителите и децата се засноваат на права и должности на родителите да се грижат за подигање, чување, воспитание и образование на своите деца и да ги развиваат нивните работни способности и навики. Родителското право го вршат родителите заедно во согласност со потребите и интересите на децата и интересите на општествената заедница. Правата и должностите на родителите и на другите роднини спрема децата, како и правата и должностите на децата спрема родителите и другите роднини се еднакви, без оглед дали децата се родени во брак или надвор од бракот.Републиката преку старателство обезбедува заштита на децата без родители, на малолетните деца без родителска грижа и на полнолетните лица. Работите сврзани со посебна заштита и помош на семејството, насилство во бракот и семејството, дел од работите сврзани со посвојувањето, како и работите на старателство, утврдени во овој закон, ги врши центар за социјална работа со методите на стручната, советодавната и советовалишната интердисциплинарна тимска работа.

Поим на семејното право

Поимот на семејното право можеме да го дефинираме од два аспекта. Тие се: Семејното право како дел од правниот систем на државата и семјеното право како правна наука.

Семејното право како дел од правниот систем на државата претставува подгранка на граѓанското право која ги опфаќа правните норми со кои што се регулираат општествениие односи во семејството и тоа: односите меѓу брачните другари, односите меѓу родителите и децата, односите меѓу посвоителот и посвоеникот, старателството, издржувањето меѓу блиските сродници и други односи во семејството како општествена институција.

Семејното право како правна наука претставува дел од системот на правните науки. Тоа ги изучува општествените односи во семејството и во врска со него, и тоа пред се од нормативен, правно-социолошки ааспект и социјално-политички аспект. Крајна цел на изучувањето на општествентие односи во семејството од страна на семејното право како наука е на законодавецот да му се сугерираат нормативно правни решенија со чија примена најефикасно ќе се остварат целите на државната политика во остварувањето на општествената заштита на семејството и изградба на здрави семејни односи кои ќе обезбедат правилен развој на секој член на семејството, а особено на децата.

Page 92: Del A

Историски развој на семејното право

Огромното значење на семејството за изградба и негување на здрави општествени односи го виделе уште најстарите законодавци. Тоа го потврдуваат фактите што одредби за регулирање на семејно-правните односи сретнуваме во најстарите законици кои ги познава историјата на нормативната дејност. Тоа се Ур – Намуовиот законик, Бил – Лаламовиит законик и Хамурабиевиот законик. Така на пример, Хамурабиевиот законик во параграф 128, како услов за полноважноста на бракот пропишува заклучување на брачен договор меѓу мажот и жената.

Мошне интересни семејно-правни одредби содржи хетитскиот законик. Меѓу старите народи во регулирањето на семејно-правните односи без сомнение најдалеку отишле Римјаните. Многу од семејно-правните институти воспоставени од Римајните актуелни се и денеска. За дострелите на римското семејно право мошне квалитетно пишува професорот д-р Иво Пухан во неговиот учебник по Римско право. Од нормативните акти донесени во поново време за семејното право, без сомнение, најзначајни се Францускиот и Австрискиот граѓански законик. Одредбите за уредување на семејно-правните односи се содржани во првите делови на овие законици. Овие законици се пишувани врз основа на римското право. Овие два законици извршиле силно влијание врз донесувањето на другите граѓански законици, па и на Српскиот граѓански законик кој се применувал и во Кралството Југославија во чиј состав до 1941 година се наоѓале и македонските простори.  Во поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) семејно-правните односи беа регулирани со повеќе закони. На прво место секако доаѓа Основниот закон за бракот донесен во 1946 година. По него во март 1947 година е донесен Основниот закон за старателството. Во април истата година е донесен Основниот закон за посвојувањето, а во ноември е донесен Основниот закон за односите меѓу родителите и децата. Во 1965 година се изработени пречистени текстови на сите овие закони. Овие закони се применуваа и на територијата на Република Македонија, која како Социјалистичка Република Македонија беше една од шесте федерални единици на СФРЈ. По донесувањето на амандманите на Уставот од 1963 година со кои и на федералните единици им се даде право да ги регулираат семејно-правните односи со свои закони, во 1973 година Собранието на тогашната СРМ ги донесе Законот за бракот, Законот за посвојувањсето и Законот за старателството. Со овие закони комплетно беа регулирани семејно-правните односи. Сите три закони се објавени во Службен весник на СРМ, број 5/73. Односите меѓу родителите и децата беа регулирани со Законот за бракот.  Објавен во Службен весник на РМ, број 83/2004. 6 Овие измени и дополнувања претежно содржат норми со кои во основа се регулира превенцијата на семејното насилство.  По државното осамостојување на Република Македонија, во рамките на напорите на надлежните државни органи за изградба на самостоен правен систем на Републиката, во 1992 годдина, Собранието на Републиката го донесе Законот за семејството. Со овој закон всушност се изврши кодификација на семејното право во Република Македонија, бидејќи со него се регулираа сите семејно-правни односи кои порано беа регулирани со трите горенаведени закони. По донесувањето Законот е два пати менуван и дополнуван, и тоа првиот пат во фебруари 1996 година, а вториот пат во јуни 2004 година. По јунските измени и дополнувања, во

Page 93: Del A

ноември 2004 година беше изработен и објавен пречистен текст на овој закон.5 Во март 2006 година и пречистениот текст на Законот претрпе измени и дополнувања.

Предмет на семејното право

Предметот на семејното право може да се разгледува од два аспекта: од аспект на семејното право како дел од правниот систем на државата и од аспект на семејното право како наука. Предметот на семејното право како дел од правниот систем на државата, односно како подгранка на граѓанското право, опфаќа нормативно регуирање на општествените односи во семејството и во врска со него. Тука спаѓаат односите меѓу брачните другари, односите меѓу родителите и децата, односите меѓу посвоителите и посвоениците, односите меѓу старателите и лицата под старателство, постапките во случај на спор меѓу субјектите на овие односи, како и други општествени односи во во врска со семејството.  Предмет на семејното право како наука се општествените односи во смејството и во врска со него. Се разбира дека семејното право за изучување на овие односи се служи и со сознанијата и методите на социјалната политика, социологијата на правото, социјалната психологија, етиката и други научни дисциплина од областа на општествените науки.

Извори на семејното право

Изворите на семејното право можеме да ги поделиме на основни извори и дополнителни извори. Основни извори на семејното право се Уставот и законите. Во Република Македонија тоа се Уставот на Република Македонија и Законот за семејството. Уставот на Република Македонија ги содржи уставните нормативно-правни основи за донесување на законската и подзаконската нормативна регулатива за регулирање на односите во семејството и во врска со него. Тие основи се пропишани во одредбите на член 40 и 41 оод Уставот. Со одредбите на член 40, пред се е пропишана уставната обврска на Републиката (државата) да му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството како и обврската правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница да ги уреди со закон. Понатаму овие одредби ја содржат уставно правната основа за уредувањето на односите меѓу родителите и децата врз принципот на взаемност Најпосле со овие одредби е пропишана обврската на Републиката за обезбедување на посебна заштита на децата без родители и на децата без родителска грижа.

Со членот 41 Уставот им го гарантира на граѓаните правото на слободно одлучување за создавање на деца и ја пропишува обврската на Републиката да води хумана популациона политика заради стварање на услови за усогласен економски, и социјален развој. Уставот содржи и други одредби од значење за семејното право на кои нема посебно да се задржуваме. Законот за семејството во целост ги уредува семејно-правните односи како и другите односи во врска со семејството. Поради тоа, слободно можеме да кажеме дека тој претставува своевиден нормативно-правен кодекс на македонското семејно-право. Неговите одредби детално ќе ги анализираме низ изучувањето на наставната материја по предметот Семејно право.  Покрај Законот за семејстовото кој е основен нормативно-правен извор за семеното право, во Република Македонија постојат

Page 94: Del A

и други закони кои всушност претставуваат дополнителни нормативно-правни извори на семејното право. Тоа се Законот за матичната евиденција,Законот за личното име, Законот за наследувањето, Законот за парничната постапка, Законот за вонпарничната постапка, Законот за судовите и др.

Дополнителни извори на семејното право се обичаите, судската практика, и правната наука.

Обичаите како извор на семејното право во Република Македонија не се применуваат. Но, може да се случи во одредени ситуации кога постои правна празнина некој од судовите да се повика на меснтие обичаи. Тоа судот може да го стори само под услов тие обичаи да не се во спротивност на правниот систем на Република Македонија и со моралните сваќања.

Судската практика претставува извор на семејното право во англосаксонските правн системи како што се: правниот систем на Англија, на САД, на Канада, Австралија, Нови Зеланд и др. Правниот систем на Република Македонија и припаѓа на групацијата на европски (континентални) правни системи кои не ја прифаќаат судската практика како непосреден извор на правото. Но нема сомнение дека правните сфаќања и начелните ставови на повисоките судови имаат влијание на работат на пониските судови. Имено, судиите на пониските судови свесни дека секој предмет може по правен лек да дојде кај повисокиот суд, водат сметка за ставот на повисокиот суд во слични предмети со цел да избегнат нивна одлука (пресуда или решение( да биде поништена или укината. Понекогаш ставовите на Врховниот суд имаат влијание и на нормативната регулатива од областа на семејното право.

Правната наука, исто како и судската практика, не е непосреден извор на семејното право. Но, и покрај тоа, таа има големо значење бидејќи теориски разјаснува многу правни норми и иснтитуции, дава теориски објаснувања на многу прашања од областа на семејнот право, помага при толкувањсето на одредени норми и сл. Покрај тоа, ставовите и мислењата на истакнати научници од обалста на семејното право имаат значајно влијание на нормативната регулатива за регулрање на општествените односи во семејството и во врска со него.

ЗАКЛУЧОК

Семејство е животна заедница на родители и деца и други роднини, ако живеат во заедничко домаќинство. Семејството настанува со раѓање на деца и со посвојување. Односите во семејството се засноваат врз рамноправност, заемно почитување, меѓусебно помагање и издржување и заштита на интересите на малолетните деца. Републиката обезбедува посебна заштита на семејството, мајчинството, децата, малолетните лица, децата без родители и децата без родителска грижа. Републиката обезбедува заштита на бракот и семејството од нарушени односи и насилство во бракот и семејството. Републиката создава и обезбедува научни, економски и социјални услови за планирање на семејството и за слободно и одговорно родителство. Во остварувањето на правото на слободно и одговорно родителство. Поимот на семејното право можеме да го дефинираме од два аспекта. Тие се: Семејното право како дел од правниот

Page 95: Del A

систем на државата и семјеното право како правна наука. Семејното право како дел од правниот систем на државата претставува подгранка на граѓанското право која ги опфаќа правните норми со кои што се регулираат општествениие односи во семејството. Семејното право како правна наука претставува дел од системот на правните науки. Тоа ги изучува општествените односи во семејството и во врска со него, и тоа пред се од нормативен, правно-социолошки ааспект и социјално-политички аспект. На прво место доаѓа Основниот закон за бракот донесен во 1946 година. По него во март 1947 година е донесен Основниот закон за старателството. Во април истата година е донесен Основниот закон за посвојувањето, а во ноември е донесен Основниот закон за односите меѓу родителите и децата. Во 1965 година се изработени пречистени текстови на сите овие закони. Овие закони се применуваа и на територијата на Република Македонија, која како Социјалистичка Република Македонија беше една од шесте федерални единици на СФРЈ. Предметот на семејното право може да се разгледува од два аспекта: од аспект на семејното право како дел од правниот систем на државата и од аспект на семејното право како наука. Изворите на семејното право можеме да ги поделиме на основни извори и дополнителни извори.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Авторизирани предавања по Семејно и Наследно право – Проф. Д-р Темелко Ристески

2.Закон за семејството

3.Интернет

СОДРЖИНА

1.Вовед

2.Поим на семејното право

3.Историски развој на семејното право

4.Предмет на семејното право

5.Извори на семејното право

6.Заклучок

7.Користена литература