Transcript
Page 1: Suzbivanje Na Organiziraniot Kriminal i Korupcijata

Универзитет „св.Климент Охридски“ – Битола

Факултет за Безбедност – Скопје

СУЗБИВАЊЕ НА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ И

КОРУПЦИЈА

Изработила : Марковиќ Дијана

Втор циклус студии – безбедност и финансиска контрола

Page 2: Suzbivanje Na Organiziraniot Kriminal i Korupcijata

1.1. СУЗБИВАЊЕ НА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ И

КОРУПЦИЈАТА

1.1.1. Борба против организираниот криминал

Организираниот криминал е релативно нов феномен во Република

Македонија. Порастот на транснационални криминални организации на глобално

ниво, безбедносните проблеми во регионот, проследени со ембарга, напоредно со

внатрешните транзициони проблеми, беа факторите кои сериозно влијаеа врз

појавата на организираниот криминал. Истовремено, поради својата географска

положба, Република Македонија е подложна на прекуграничен криминал.

Анализата на статистичките податоци од Министерството за внатрешни

работи покажува тенденција на зголемување на обемот на најтешките видови на

кривични дела, како што се трговијата со дрога и оружје и кривичните дела кои

статистички се следат во групата за организиран криминалитет.

Податоците укажуваат на зголемување на ефикасноста на надлежните

органи, особено во поглед на илегалната трговија со луѓе, илегалната трговија со

дрога и корупцијата. Меѓутоа, во практиката, отсуството на квалитетни доказни

средства продуцира долготрајни постапки, со што се нарушува и авторитетот на

институциите и се добива впечаток на неефикасност на судовите. Оттамуи, покрај

создавањето на соодветна законодавна и институционална рамка, суштествено е

јакнењето на капацитетите на сите инволвирани институции во оваа сфера и

алокацијата на соодветни ресурси.

Стратешки интерес на Република Македонија е јакнењето на капацитетите

за борба против организираниот криминал и корупцијата – на национално и

регионално ниво. Ваквите определби кооинцидираат со експлицитните определби

на ЕУ определбите на ЕУ изразени на Лондонската конференција (2002) и

Солунскиот самит (2003), поддржани и со конкретни програми на ЕУ.

Page 3: Suzbivanje Na Organiziraniot Kriminal i Korupcijata

Во ноември 2003 година Владата ги усвои Мерките насочени кон конкретна

акција против организираниот криминал, а Националниот акционен план за борба

против недозволена трговија со луѓе и за илегална миграција е усвоен во февруари

2002 година.

Со Мерките насочени кон конкретна акција против организираниот

криминал, кои се усогласени на регионално ниво

Законодавна рамка

Во Република Македонија континуирани се настојувањата да се следат и

имплементираат меѓународните норми во оваа област. Република Македонија

досега ги има ратификувано најважните мултилатерални договори за борба против

криминалот1,.

Во овие рамки спаѓаат поголем број закони, како што е Кривичниот Законик

(1996), Законот за кривичната постапка (1997), Законот за спречување на перење на

пари (2001), Законот за финансиската полиција (2002). Во декември 2003 година

Собранието го усвои амандманот за измена на членот 17 од Уставот на Република

Македонија, со што е овозможена примената на специјалните истражни методи. Во

новите закони начелно се вградени европските стандарди кои произлегуваат од

меѓународнита договори и препораки и таа претставува солидна основа за

воспоставување на ефикасен систем за превенција и репресија на криминалот.

Со Кривичниот законик на Република Македонија (ноември 1996 година,

измени и дополнувања од 1999 година и измени кои се во тек) се инкриминираат

кривичните дела од областа на организираниот криминал, согласно со

1Конвенција на ООН за недозволена трговија со наркотични дроги и психотропни супстанци (1993), Европската конвенција за трансфер на осудени лица (1999), Европската конвенција за взаемна правна помош во кривични предмети (1999) и Вториот протокол (2001), Европската конвенција за екстрадиција (1999), Казнено-правната конвенција за корупција (1999) и Граѓанско-правната конвенција за корупција на Советот на Европа (2002), Конвенцијата за перење, откривање, запленување и конфискација на криминалните приноси (2000), Римскиот статут на меѓународниот кривичен суд (2002). Во тек е постапката за ратификација на Конвенцијата на Обединетите Нации против транснационалниот организиран криминал, заедно со протоколите кои се однесуваат на трговијата со луге и борбата против криумчарење на мигранти.

Page 4: Suzbivanje Na Organiziraniot Kriminal i Korupcijata

меѓународните стандарди. Кривичниот законик содржи одредби со кои е

инкриминирано членувањето во криминални организации, а извршувањето на

кривичното дело од страна на повеќе лица или организирана мрежа се предвидени во

повеќе други кривични дела карактеристични за организираниот криминалитет. Од

значење за меѓународната соработка е и одредбата која предвидува важење на

казненото законодавство за државјанин на Република Македонија и во случаите кога

ќе стори казниво дело во странство.

Со најновите измени и дополнувања на Кривичниот законик

дополнително се зајакнува казнената политика во однос на кривичните дела од

областа на организираниот криминалитет, а се воведуваат и нови одредби и

инкриминации кои треба да го олеснат откривањето и докажувањето на овие

кривични дела. Во оваа смисла во Кривичниот законик се воведуваат нови казнени

одредби кои се однесуваат на криумчарење на мигранти, недозволено влијание врз

сведоци и др., Кај поодделни кривични дела се предвидува ослободување од казна

на сторител на делото2, со исклучок на организаторот, кој ќе го открие делото или

битно ќе придонесе за неговото откривање, а се воведува и казнена одговорност на

правните лица, што ќе ги олесни истрагите за организираниот криминал, а посебно

на кривичните дела од сферата на економскиот и финансискиот криминал.

Дополнителни измени во казненото законодавство се предвидени и во насока на

зајакнување на можностите за истрага и казнената политика во сферата на

финансискиот криминал, перењето пари и корупцијата,3 а се предвидува и

воведување на конфискацијата на криминални приноси, како казнена мерка.

Во тек се измените и дополнувањата на Законот за кривичната постапка со кои

се обезбедува поголема ефикасност во постапката, имплементација на амандманот

на член 17 од Уставот, како и имплементацијата на потпишаните меѓународни

2 Кај кривичното дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”

3 Од значење во оваа сфера, посебно од аспект на борба против корупцијата е инкриминацијата “Прикривање на потеклото на несразмерно стекнат имот”, која ги опфаќа службените лица и одговорните лица во јавно претпријатие и јавна установа, кои ќе дадат лажни податоци за своите приходи или за кои ќе се утврди дека нивниот имот во големи размери ги надминува нивните легални приходи.

Page 5: Suzbivanje Na Organiziraniot Kriminal i Korupcijata

конвенции од оваа сфера. Покрај ова, се воведуваат одредби за заштита и

компензација на штетата на жртвата и за заштита на сведоците.

За имплементација на амандманот на член 17 од Уставот во 2004 година ќе биде

донесен Законот за условите и постапката за следење на комуникациите, како и

Законот за заштита на сведоците.

На среден рок потребна е поширока реформа на кривичното законодавство.

Во овие рамки дополнително треба да се обезбеди создавање на законска можност

за префрлување на обврската за докажување на обвинетиот, што е од особено

значење во постапките за организиран финансиски криминал и перење на пари, а се

повеќе се наметнува како неопходност и во делот на воспоставување на ефикасни

механизми за борба против тероризмот.

При имплементацијата на приоритетите како заеднички именител мора да се

постави гаранцијата на човековите и граѓански права, кои се загарантирани со

Уставот на Република Македонија.

Институционална поддршка

Во зајакнувањето на мерките во борбата против организираниот криминал

посебен акцент се става на зајакнувањето на институционалната поддршка,

особено на специјализираните единици за оваа функција, кои се конкретно

предвидени во документот усвоен од Владата Мерки насочени кон конкретна

акција против организираниот криминал.

Во рамките на реформата на полицијата, во организациската структура на

Криминалистичката полиција се формира посебен Сектор за организиран криминал.4

4 Притоа, предвидено е формирање на посебен сектор за финансиски криминал, Сектор за меѓународна полициска соработка, Сектор за специјални истражни техники, Одделение за заштита на сведоци и Одделение за потраги. Исто така предвидено е и создавање на посебен Сектор за криминалистичко разузнавачка анализа, кој ќе разменува податоци со соодветните сектори во другите специјализирани единици, како што се Дирекцијата за спречување на перење на пари, Финансиската полиција и Царинската Управа.

Page 6: Suzbivanje Na Organiziraniot Kriminal i Korupcijata

Формирањето на посебен оддел на Јавното обвинителство за организиран

криминал, како и специјализција на судиите за предметите од областа на

организираниот криминал е во функција на јакнење на капацитетите за сузбивање на

организираниот криминал.

Со Законот за спречување на перење пари во март 2002 година во

Министерството за финансии воспоставена е Дирекцијата за спречување на перење

пари. Во постапка се измени и дополнувања на Законот за перење пари, со кои

треба да се прецизира надлежноста на Дирекцијата и нејзината релација со другите

субјекти, физички и правни лица и да се имплементираат европските стандарди.

Во Мерките за борба против организираниот криминалитет предвидени се и

конкретни мерки за зајакнување на капацитетите на Дирекцијата. Покрај ова, во

текот на 2004 година треба да се донесе и посебна Национална стратегија за борба

против перење пари. Од особено значење е во текот на 2004 година Дирекцијата да

ги исполни неопходните технички, кадровски и оперативни услови за полноправно

вклучување во меѓународната организација на овој вид институции т.н. ЕГМУНД

група, во рамки на која се одвива непосредна взаемна размена на информации.

Финансиската полиција е оперативна служба за извршување на законот, која

согласно Законот за Финансиска полиција е формирана во Министерството за

финансии. Финансиската полиција има овластувања директно да прибира докази во

фазата на предкривичната постапка, а финансиските полицајци ги имаат истите

овластувања на службени лица како и оние вработени во МВР. Во тек е

кадровското доекипирање и обука на оваа служба.

За унапредување на ефикасноста во борбата против организираниот

криминал суштествена е изградбата на компатибилни и поврзани бази на податоци

во сите релевантни институции, со натамошно поврзување во соодветни мрежи на

регионално ниво. Оваа задача треба да се реализира на среден рок.

Регионална и меѓународна соработка

Page 7: Suzbivanje Na Organiziraniot Kriminal i Korupcijata

Одредени резултати во настојувањата за јакнење на капацитетите во борбата

против организираниот криминал, корупцијата и перењето пари се постигнати

преку активната соработка со различните меѓународни организации и иницијативи.

Република Македонија активно учествува во Иницијативите на Пактот за

стабилност против организираниот кариминал (СПОК), корупцијата (СПАИ), во

Групата на држави за борба против корупцијата на советот на Европа (ГРЕКО) и

Комитетот за оценка на мерките против перење на пари (МАНИВАЛ), а конкретни

резултати во подобрување на капацитетите се постигнати во соработка со единици

на ООН и Европската Унија.

Поголем број конкретни активности се преземени од страна на

Министерството за внатрешни работи и Царинската управа, кои со соодветните

служби во соседните и други држави од регионот имаат потпишано билатерални

договори за соработка во областите на борба против криминалот. Во септември

2003 година во Охрид е потпишана и Јадранската повелба (Република Македонија,

Република Хрватска, Република Албанија) за подобрување на соработката во

борбата против организираниот криминал и трговијата со оружје, дрога и луѓе.

Билатерални спогодби за соработка во областа на организираниот криминал се

склучени со Република Албанија, со Србија и со Црна Гора, а ќе продолжат

активностите на Република Македонија за склучување на такви спогодби со сите

земји од регионот.

Приоритети:

(1) Ратификација на Конвенцијата на Обетинетите Нации за борба против

транснационалниот организиран криминал, со протоколите ;

(2) Усвојување на измените на Кривичниот законик и Законот за кривичната

постапка (2004);

(3) Донесување на Закон за попречување на комуникациите и на Закон за

заштита на сведоци (2004);

Page 8: Suzbivanje Na Organiziraniot Kriminal i Korupcijata

(4) Создавање на потребната институционална инфраструктура за подршка на

примената на специјалните истражни мерки;

(5) Формирање на централна служба за анализа на криминалистичките

разузнавачки податоци; градење на про-активен и мултидисциплинарен

пристап во истрагите, заснован на добри аналитички информации и

анализи;

(6) Развој на капацитетите за спроведување на квалитетни финансиските

истраги и примена на привремени мерки за конфискација;

(7) Едукација и обука на кадарот, вклучително и обука на судиите и јавните

обвинители.

(8) Воспоставување на компатибилни бази на податоци и системи за размена

на податоци меѓу органите и телата надлежни за сузбивање на

организираниот криминал;

(9) Измени и дополнувања на Законот за спречување на перење пари (2004)

Иизготвување на Национална стратегија за борба против перење пари

(10) Кадровско и техничко оформување на Дирекцијата за спречување на

перење на пари и испполнување на неопходните услови за вклучување на

Дирекцијата во ЕГМУНД групата, целосно кадровско и техничко

оформување на Финансиската полиција.

1.1.2. Спречување и сузбивање на корупцијата

Истражувањата на јавното мислење во врска со корупцијата укажуваат на

подигнатата свест на јавноста за овој проблем. Во јавноста постои перцепција за

висока застапеност на корупцијата, а странските инвеститори, сметаат дека тоа е

еден од клучните фактори што влијае за одвраќање на директните инвестиции

неопходни за економски раст и отворање на нови работни места. Меѓутоа,

статистиките за кривични дела поврзани со корупцијата се во дисбаланс со

присутната перцепција за корупцијата. Ова најверојатно произлегува од

генералниот факт за тежината на откривањето на овие дела, но и досегашната

Page 9: Suzbivanje Na Organiziraniot Kriminal i Korupcijata

уставна неможност за користење на специјалните истражни мерки. Се очекува

нараснатиот притисок на јавноста, зголеменото ниво на политичка волја, како и

овозможувањето на соодветни законски средства да придонесат за поевидентни

резултати во борбата против корупцијата.

Конечна цел е да се создаде амбиент на “нула толеранција” кон корупцијата

и претворање на корупцијата од нискоризична и високопрофитна во високоризична

и нископрофитна активност. Факт е дека долгорочно за превенцијата на

корупцијата треба да влијаат генералното зајакнување на институциите кои ја

гарантираат демократијата и јакнење на механизмите за заемна хоризонтална

контрола меѓу институциите на системот (систем на интегритет). Меѓутоа,

напоредно е неопходна планираната акција со специфични, законски засновани

мерки насочени кон спречување и сузбивање на корупцијата.

Во 2002 година донесен е Законот за спречување на корупцијата.

Во ноември 2002 година формирана е Државната комисија за спречување на

корупцијата. Членовите на Државната комисија ги избира Собранието на

Република Македонија, самостојна и независна во извршувањето на нејзините

законски надлежности. За својата работа членовите на Државната комисија

поднесуваат годишен извештај до Собранието на Република Македонија.

Комисијата првенствено има превентивна и контролна улога.

Во јуни 2003 година Комисијата донесе Државната програма за превенција и

репресија на корупцијата. Државната комисија оствари влијание во зајакнување на

одговорното и отчетното однесување на носителите на функции и на правните лица

кои располагаат со државен капитал. Целосната имплементација на препораките од

Државната програма ќе придонесе за создавање на ефикасен систем за превенција и

репресија на корупцијата и ќе придонесе кон јакнењето на владеењето на правото и

развојот на економијата.

Page 10: Suzbivanje Na Organiziraniot Kriminal i Korupcijata

Во насока на отстранување на можностите за корупција се и мерките

преземени од Владата за намалување на дискреционите права во управата и

воведување на системот „прв дојден - прв услужен”.

Во органите на државната управа, особено оние со зголемен обем на јавни

набавки, се преземаат специфични мерки насочени против сузбивањето на

корупцијата (пример: снимање на постапките, промени на членовите на Комисиите,

итн. Напоредно со измените во законот за јавни набавки, овие специфични мерки

ќе се изградуваат во конзистентен механизам на контрола за оневозможување на

корпуцијата, особено во постапката за јавните набавки.

Државната програма за спречување и сузбивање на корупцијата во

значителна мерка се потпира и на ангажманот на граѓанскиот сектор (медиумите,

невладините организации, универзитетските установи и независните експерти),

како и приватниот сектор.

Приоритети:

(1) Ратификација на Конвенцијата на Обединетите Нации за борба против

корупцијата;

(2) Имплементација на Државната програма за превенција и репресија на

корупцијата;

(3) Јакнење на независноста на Државната комисија и стекнување на статус на

правно лице;

(4) Измени на Законот за јавни набавки и воведување строги механизми за

контрола на постапката за јавни набавки;

(5) Јакнење на соработката на државните органи со цивилниот сектор.


Top Related