eiicm network news

7
ЕВРОПСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА БРОЈ 16 2009 Почитувани, Во ова издание на електронското гласило на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, поместен е текст за најновата он-лајн алатка на Европската комисија наменета за потрошувачите кои купуваат на интернет, за нивните права и за нивна заштита во е- трансакциите. Како и во секое досегашно издание на билтенот, тука се и најновите понуди и барања за бизнис и технолошка соработка, како и најновите објавени повици за доставување на понуди за јавна набавка во регионот. За вас и вашиот бизнис, Тим на ЕИИЦМ

Upload: eiicm

Post on 06-Mar-2016

219 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

Почитувани, Во ова издание на електронското гласило на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, поместен е текст за најновата он-лајн алатка на Европската комисија наменета за потрошувачите кои купуваат на интернет, за нивните права и за нивна заштита во е- трансакциите. Како и во секое досегашно издание на билтенот, тука се и најновите понуди и барања за бизнис и технолошка соработка, како и најновите објавени повици за доставување на понуди за јавна набавка во регионот. За вас и вашиот бизнис, Тим на ЕИИЦМ

TRANSCRIPT

Page 1: EIICM Network News

ЕВРОПСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА

БРОЈ 16 2009

Почитувани, Во ова издание на електронското гласило на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, поместен е текст за најновата он-лајн алатка на Европската комисија наменета за потрошувачите кои купуваат на интернет, за нивните права и за нивна заштита во е- трансакциите. Како и во секое досегашно издание на билтенот, тука се и најновите понуди и барања за бизнис и технолошка соработка, како и најновите објавени повици за доставување на понуди за јавна набавка во регионот.

За вас и вашиот бизнис, Тим на ЕИИЦМ

Page 2: EIICM Network News

ПОТРОШУВАЧКИТЕ ПРАВА ВО ЕУ

Европската комисија за он-лајн потрошувачите:

БЕЗБЕДНО И ИНФОРМИРАНО НА ИНТЕРНЕТ

Европската комисија, деновиве го лансираше е-Ти водичот, нова он-лајн алатка, која нуди практични совети околу т.н. он-лајн права на потрошувачите, согласно законските регулативи на Европската унија. Имено, едно поново истражување на Еуробарометарот покажа недостаток од доверба на потрошувачите кон он-лајн трансакциите, иако 48,5% од домаќинствата во ЕУ имаат приклучок на широкопојасен интернет. Само 12% од веб-корисниците во ЕУ се чувствуваат сигурни вршејќи трансакции преку интернет, додека 39% имаат недоумици околу безбедноста на трансакциите, а 42% не се ни осмелуваат да вршат финансиски он-лајн трансакции. Во истражувањето е наведено дека дури 65% од корисниците на интернет, не знаат каде можат да се добијат информации и совети за прекугранично купување во ЕУ. Третина од потрошувачите би размислиле околу можноста за он-лајн купување, бидејќи тоа е подобро и поефтино решение, но само 7% тоа навистина и го прават. Давањето јасна информација на потрошувачите за нивните права ќе ја зголеми довербата и ќе помогне во отклучувањето на целокупниот потенцијал на единствениот европски он-лајн пазар, чиј приход изнесува 106 милијарди евра. „Во Европската унија, потрошувачките он-лајн права не би требало да зависат од тоа каде фирмата или веб-страницата се лоцирани. Националните граници повеќе не би требало да ги комплицираат животите на потрошувачите, кога тие он-лајн би купиле книга или би презеле песна.”- истакна Вивиан Рединг, комесар во ЕУ, задолжена за информатичко општество и медиуми. „Ако сакаме потрошувачите да купуваат и да го искористат потенцијалот на дигиталните комуникации, тогаш тие треба да стекнат доверба за тоа дека нивните права се загарантирани. Интернетот им нуди неограничени можности на потрошувачите, но она што ни е потребно е да изградиме доверба кај луѓето дека можат да купуваат и да се чувствуваат мирни.“- истакна Меглена Кунева, комесар во ЕУ, задолжена за потрошувачите.

Page 3: EIICM Network News

Новата он-лајн алатка е-Ти водич ги објаснува конкретните права на европските потрошувачи при пребарување на интернет и он-лајн купување. Исто така, кога се он-лајн, европските потрошувачи имаат право на: • Јасни информации за цените и условите пред да се случи купувањето; • Одлука дали и како нивните лични податоци се третираат; • Испорака на купениот производ во рок од 30 дена по купувањето; • Период на премислување од најмалку 7 работни дена по купувањето, период во кој може да се откаже нарачката; • Минимум 2-годишна гаранција на купените производи; • Заштита од лажни добавувачи, нечесни договорни услови и комерцијална пракса. Потрошувачите можат да бидат сигурни дека сите нивни права ќе бидат заштитени со посетата на сите веб-страници со екстензија eu. За разлика од веб-страниците со екстензии com или net , веб-страната со екстензија eu, мора да биде регистрирана од страна на физичко лице или фирма основана во една од 27-те земји на Европската унија и да е подложна на законите на Унијата. За повеќе информации : http://ec.europa.eu/eyouguide

Објава на повик за набавка на прехранбени производи Краток опис на предметот на набавката: Општина Брегово, Република Бугарија, објавува повик за доставување понуди од компании за набавка на прехранбени производи и пијалаци, и тоа: месо и месни производи, риба, овошје и зеленчук (преработени и конзервирани), млеко и млечни производи и други прехранбени производи. Јавниот повик за набавка е објавен на 25.06.2009 година Податоци за набавувачот: Општина Брегово, пл. „Централен“ БГ-3790 Брегово Лице за контакт: Кремена Стефчова Гогорицова Тел. +359 93122373 Факс: +359 93122433. E-mail: [email protected] Предмет на отворениот повик: Набавка, согласно општите услови за набавка Централно место за реализација на предметот на набавката: Општина Брегово Рок за достава на понудите: 17.8.2009 - 17:00 часот Јазик на кој треба да се достават понудите: бугарски

Page 4: EIICM Network News

БИЗНИС И СОРАБОТКА Актуелни профили на компании заинтересирани за бизнис и

соработка

И.Б. 20090309001 Литванска компанија, специјализирана за производи од дрво, бара трговски посредници (агенти, претставници и диструбутери). Производството го одликува висок квалитет, флексибилност и целосна посветеност кон потребите на клиентите. И.Б. 20090527043 Литванска компанија, специјализирана за производство на квалитетни производи од дрво (дрвени играчки, кујни, спални соби, мебел за деловни простории), бара партнери за трговско посредување, а нуди флексибилност и добри услови за соработка. И.Б. 20090128028 Словачка компанија, со основна активност во областа на меѓународниот транспорт, логистика и обезбедување на царински декларации бара претставници, дистрибутери како и можности за франшизно партнерство во различни сектори (вклучително и во сферата на транспортот и логистика) од цела Европа. И.Б. 20090112005 Шпански производител на системи за климатизација и автоматизација на процесите на фармите, и воопшто во земјоделието, бара агенти и дистрибутери, на кои им нуди современа технологија и производи прилагодени на нивните потреби, како и обезбедена постпродажна поддршка. И.Б. 200713893 Шпанска компанија, производител на уреди за распрскување кои се носат на рамо, наменети за крајни корисници во земјоделието кои рачно ги изведуваат земјоделските активности, бара агенти од аграрниот сектор. Компанијата ја одликува повеќегодишно присуство на меѓународниот пазар, тесна специјализираност на производството и добар сооднос на квалитетот и цената во однос на производите. И.Б. 20090116011 Британска компанија, која обезбедува кардиолошки клинички услуги, медицинска проценка и софистицирани здравствени услуги и информации, при што користи современи телекомуникациски технологии (telehealth) бара комерцијални посредници/претставници за соработка. Компанијата има значајно искуство во далечинскиот третман и нега на пациенти со хронични болести. Ситемот функционира преку користење на мрежа од неколку контакт пунктови и клиники во Велика Британија, кои изведуваат дијагностицирање, управување и известување за состојбата на клиентот. И.Б. 20090319030 Полска компанија, основана 2002 година, специјализирана за трговија на големо и мало на мебел за деловни простории/работилници, внатрешни транспортни единици, скалила, сталажи итн, бара трговски претставници од Европските земји и пошироко. Предностите на оваа компанија се високиот квалитет на производите, динамичност во работењето, професионална услуга и пристапни цени.

Page 5: EIICM Network News

И.Б. 20090320005 Полска компанија, специјализирана за графички дизајн и маркетинг услуги преку интернет, која досега работела на пазарот на Австралија, нуди можност за подизведувачки услуги на компании од ЕУ и пошироко. Компанијата е млада, но активна и иновативна, која што услугите ги дизајнира според специфичните барања на партнерите, и тоа по пристапна цена, а обезбедува квалитетно ИТ решение за подобрување на работењето на компанијата, со можност за воспоставување на веб- страница во рок од само седум дена од порачката. И.Б. 20081224002 Полска компанија со повеќегодишно искуство, специјализирана за галванизација (обложување со цинк, никел, бакар, калај и сл.), како и транспортни услуги и големопродажба на метални прицврстувачи, бара партнери за подизведување, реципрочно производство, трговско посредување или заеднички вложувања. Најголемата предност на оваа компанија е сопствената лабораторија, квалитетна внатрешна контрола на произвоството и капацитет за третман на отпадна вода. Компанијата, во однос на производите, нуди иновативност, атрактивни и конкурентни цени, брза, целосна и навремена услуга, постојан квалитет и вклучително и брз транспорт. Квалитетот на производите го обезбедува стандардот ISO 9000, а во тек е имплементација на PN-ISO 9002.

Дополнителни информации и лице за контакт:

Велимир Ј. Стојковски, тел: +389 2 3293 204, [email protected]

Page 6: EIICM Network News

TЕХНОЛОГИИ И ИНОВАЦИИ

Aктуелни профили на компании заинтересирани за технолошка соработка

Пропорционален пневматски регулатор на притисок со мембрана (Реф: 09 RO 78EG 3DXS) Романски истражувачки институт има развиено компактен уред, кој може да се користи за општи пневматски инсталации и пневматски системи со автоматско подесување. Регулаторот овозможува регулирање на притисокот во системот согласно работните услови и може да има различни вредности во текот на циклусот. Услов за работа е сув и незамастен воздух. Пропорционалниот пневматски регулатор со мембрана може да работи само со сервоуправувач и елктронски извор на снабдување. Уредот е тестиран во лабораториски услови, и се чека на негово патентирање. Романскиот истражувачки институт бара партнер од индустријата, за монтажа и инженеринг на регулаторот. Иновативност и предности на понудата: • компактна структура; • можност за далечинско подесување на потребниот притисок, без интервенција на операторот; • прецизност на регулација; • прилагодувањето на притисокот може да биде програмски следено, во зависност од условите на работниот процес. Опрема за третман на отпадна вода и резервоари од армирана стакло–пластика произведена преку користење на технологијата на намотување (winding technology) (Реф: 08 LT 57AB 27G6) Компанија од Литванија, со над 12-годишно искуство во областа на чистење на отпадни води и производство на опрема за чистење на отпадни води и резервоари од армирана стакло-пластика, бара партнери од индустријата со кои би склучила комерцијален договор со техничка помош. Производите на компанијата- резервоарите имаат намена за складирање на разни течности, отпадни води, ѓубриво, агресивни течности и хемикалии. Полиестерските смоли користени во производството на резервоарите, одговараат на сите структурни барања, отпорни се на хемиски ефекти и водоотпорни. Резервоарите се произедуваат во различни димензии и можат да бидат хоризонтални, над и под земја. Пречникот на цистерните варира од 0,6 до 5 метри, а должината може да достигне и до 16 метри. Иновативност и предности на понудата: • високо ниво на прочистување; • различни капацитети; • нема подвижни делови; • транспарентно и безмирсано гонето празнење на водата; • лесен сервис и автоматски процес; • лесна монтажа. Дополнителни информации и лице за контакт:

Љубиша Николовски, тел:+389 2 3120 132, [email protected]

Page 7: EIICM Network News

ЕВРОПСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА

Ректор проф. д-р Велимир Стојковски Претседател на конзорциум на ЕИИЦМ

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Бул. „Крсте Мисирков“, б.б., 1000 Скопје, Р. Македонија

Доц. д-р Виктор Стојмановски проект менаџер

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Бул. „Крсте Мисирков“, б.б., 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: +389 (0)2 3293 204 Факс:+389 (0)2 3293 202

[email protected]

Maja Tасева

заменик проект менаџер – бизнис и соработка Ул. Никола Вапцаров бр. 7, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: + 389 (0)2 3120 132 Факс: ++389 (0)2 3135 494

[email protected]

Габриела Костовска Богоеска заменик проект менаџер – трансфер на иновации, технологии и знаење

Фондација М.И.Р. Ул. Ристо Равановски 15А, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: + 389 (0)2 3077 008; + 389 (0)2 3092 813

[email protected]

Доц. д-р Трпе Ристовски заменик проект менаџер – истражување и развој

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Факултет за ветеринарна медицина – Скопје

Ул. Лазар Поп-Трајков 5-7, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: + 389 (0)2 3240 700 Факс: +389 (0)2 3114 619

[email protected]

http://ec.europa.eu/enterprise-europe-network

http://www.eiicm.com.mk