feature i legenda vo fotografija

2
35 Fotografija i grafi~ki dizajn Фичер (feature) фотографија Како што се вели во правилата на еден меѓународен прес фото конкурс под фичер фотографија се подразбира :”Ненаместени кадри со интересен субјект кој раскажува некоја приказна која што може да испровоцира емоционален одговор кај гледачот”. Фото веста е информација која е потребна за да се информира граѓанинот . Фичер фотографијата нема привлечна нотана вест , но илустрира позитивен момент од животот , комплентно неисцениран, или хепенинг кој што илустрира нечиј квалитет на живот на некој начин..Додека овие настани може да не бидат интересни индивидуално, заедно тие портретират квалитет на живот во рамките на културата. А културатапокрива се во нашите индивидуални и колективни животи. Фичерот може да донесе нешто позитивно за да се избалансира веста која носи негативности. Тоа е една од трите категории на фотографии направени од фото репортерите ,другите две се вестите и спортот . Бидејќи оваа фотографија често се мешала со други, била дефинирана како : слика која покажува личност или повеќе личности во интерактивна, емоционална или необична ситуација, тука исклучувајќи го спортот . Овој тип на фотографија може да се однесува и на социјални моменти од животот на луѓето па преку успешна смешнакомпарација на пример да ја пренесе пораката која сака да ја прикаже фотографот како критика или доблест на појави во општеството. Секоја слика од фото новинарството, без разлика на категоријата, треба да биде лесна за читање но воедно и да задржи доволно содржина за да ја раскаже приказната.

Upload: tomislav-georgiev

Post on 28-Mar-2016

227 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

feature i legenda vo fotografija

TRANSCRIPT

Page 1: feature i legenda vo fotografija

35

Fotografija i grafi~ki dizajn

Фичер (feature) фотографија

Како што се вели во правилата на еден меѓународен прес фото конкурс под фичер фотографија се подразбира :”Ненаместени кадри со интересен субјект кој раскажува некоја приказна која што може да испровоцира емоционален одговор кај гледачот”.

Фото веста е информација која е потребна за да се информира граѓанинот. Фичер фотографијата нема привлечна “нота” на вест , но илустрира позитивен момент од животот , комплентно неисцениран, или хепенинг кој што илустрира нечиј квалитет на живот на некој начин..Додека овие настани може да не бидат интересни индивидуално, заедно тие портретират квалитет на живот во рамките на културата. А “културата” покрива се во нашите индивидуални и колективни животи. Фичерот може да донесе нешто позитивно за да се избалансира веста која носи негативности. Тоа е една од трите категории на фотографии направени од фото репортерите ,другите две се вестите и спортот.

Бидејќи оваа фотографија често се мешала со други, била дефинирана како : слика која покажува личност или повеќе личности во интерактивна, емоционална или необична ситуација, тука исклучувајќи го спортот.

Овој тип на фотографија може да се однесува и на социјални моменти од животот на луѓето па преку успешна “смешна” компарација на пример да ја

пренесе пораката која сака да ја прикаже фотографот како критика или доблест на појави во општеството. Секоја слика од фото новинарството, без разлика на категоријата, треба да биде “лесна “ за читање но воедно и да задржи доволно содржина за да ја раскаже приказната.

Page 2: feature i legenda vo fotografija

Fotografija i grafi~ki dizajn

36

Описите и легендите на сликите се најмногу читани делови од текстот во една пубилкација. Од сите вести , само насловите на сториите имаат поголема читаност од описите. Следи дека стандардите на точност, јасност, комплетност и добро пишување се исто толку високи како и за описите и легендите на фотографиите.Тие мора да бидат читливи и информативни.

Забелешка: Описите и легендите се термини кои често се користат со меѓусебно заменување, посебно во весниците. Може да се направи следната дистинкција:

Легенди

Легендите се мали “наслови” кои се наоѓаат над описите (зборовите кои ја опишуваат фотографијата).Следствено, описите се текстовите под легендата, кои ја описуваат фотографијата.

Она што е потребно да се знае кога се пишува легенда е тоа дека всушност се информациите кои треба да се пренесат со неа за да се надополни сликата. Такви информации се :

-Кој е на фотографијата?

-Зошто е баш таа фотографија во весникот?

-Што се случува?

Легенда во фотографија

-Кога и каде е тоа ?

-Зошто тој или таа изгледа така ?

-Како се случило тоа ?

Едноставно кажано, описите треба да ја објаснат сликата така што читателите се задоволни со тоа како ја разбрале сликата. Тие не треба да го кажуваат она што е очигледно во сликата. На пример , слика на фудбалер кој што подава топка, не покажува дали победил неговиот тим во натпреварот, тоа треба да го казе описот и легендата.

Легендите треба да бидат што е можно пократки и поконцизни, но да не звучат како телеграма. Не треба да се “едиторијализира”односно да се претпоставува што се случило според тоа како изгледа некој на сликата. На читателот треба да му се дадат факти.Треба да се избегне очигледното и да се објасни непознатото. Секогаш добро проверете го правописот. Пократко е подобро. Повеќе весници користат таков стил на пишување кој што има тенденција првата реченица да се пишува во сегашно време а следните во минато време. Тоа се објаснува со фактот дека така му се објаснува на читателот што се случува, а следните реченици се во контекст и како позадина на тоа што се случило. Уште едно правило при пишувањето на легенди е да не се измислува туку да се пишуват вистинити факти за она што се случило.