finansiranje na politickite partii

1
превземено од www.pravo.org.mk 1 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ Сл. Весник на Р. Македонија, бр.23 од 14.02.2013 година Член 1 Во Законот за финансирање на политичките партии („Службен весник на Република Македонија“ број 76/2004, 86/2008, 161/2008, 96/2009, 148/11 и 142/12), по членот 10 се додава нов член 10-а, кој гласи: „Член 10-а Покрај средствата од членот 9 од овој закон во Буџетот на Република Македонија се обезбедуваат и средства во висина од 280.000 евра во денарска противвредност за годишно финансирање на партиско истражувачко- аналитичките центри формирани согласно со закон како дел од внатрешната организација на политичката партија. Средствата од ставот 1 на овој член се планираат во буџетот на Министерството за правда за секоја фискална година. Распределбата на средствата од ставот 1 на овој член ќе се изврши согласно со закон.“ Член 2 Во членот 26 став 2 по зборовите: „локални ограноци“ се додаваат зборовите: „и партиско истражувачко-аналитички центар“. Член 3 Во членот 27 став 1 по зборот „ограноци“ точката се брише и се додаваат зборовите: „и потсметката на партиско истражувачко-аналитичкиот центар на партијата.“ Член 4 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од 1 јануари 2015 година.

Upload: reinkarnacija46

Post on 12-Apr-2015

79 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

Zakon

TRANSCRIPT

Page 1: Finansiranje na politickite partii

превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk

1

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

Сл. Весник на Р. Македонија, бр.23 од 14.02.2013 година

Член 1

Во Законот за финансирање на политичките партии („Службен весник на

Република Македонија“ број 76/2004, 86/2008, 161/2008, 96/2009, 148/11 и 142/12), по членот 10 се додава нов член 10-а, кој гласи:

„Член 10-а

Покрај средствата од членот 9 од овој закон во Буџетот на Република Македонија се обезбедуваат и средства во висина од 280.000 евра во денарска противвредност за годишно финансирање на партиско истражувачко-

аналитичките центри формирани согласно со закон како дел од внатрешната организација на политичката партија.

Средствата од ставот 1 на овој член се планираат во буџетот на Министерството за правда за секоја фискална година. Распределбата на средствата од ставот 1 на овој член ќе се изврши согласно со

закон.“

Член 2 Во членот 26 став 2 по зборовите: „локални ограноци“ се додаваат зборовите: „и партиско истражувачко-аналитички центар“.

Член 3

Во членот 27 став 1 по зборот „ограноци“ точката се брише и се додаваат зборовите: „и потсметката на партиско истражувачко-аналитичкиот центар на партијата.“

Член 4

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од 1 јануари 2015 година.