fiziokratsaka skola

20
УНИВЕРЗИТЕТ “КИРИЛ И МЕТОДИЈ” - СКОПЈЕ ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ СЕМИНАРСКА РАБОТА Предмет: Агиологија Тема: СВ.БОГОРОДИЦА Ментор: Изработила: Проф. Добрила Миловска Маја Недељковиќ 25549

Upload: marinamaca

Post on 21-Apr-2015

47 views

Category:

Documents


7 download

TRANSCRIPT

Page 1: Fiziokratsaka skola

УНИВЕРЗИТЕТ “КИРИЛ И МЕТОДИЈ” - СКОПЈЕ

ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ

ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ

СЕМИНАРСКА РАБОТА

Предмет:

Агиологија

Тема:

СВ.БОГОРОДИЦА

Ментор: Изработила:

Проф. Добрила Миловска Маја Недељковиќ 25549

Скопје, мај 2012

Page 2: Fiziokratsaka skola

СОДРЖИНА:

НАСЛОВ: СВ.БОГОРОДИЦА

1. ВОВЕД………………………………………………………………….........2

2. ВОВЕДУВАЊЕТО НА ПРЕСВЕТА ДЕВА МАРИЈА ВО ХРАМОТ….3

3. ЖИВОТ СПОРЕД ЕВАНГЕЛИЈАТА……….……………………………..5

4. УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА…………………….………10

5. ИСТОРИСКИ НАОДИ .........................................................................11

6. ЦРКОВНА ТРАДИЦИЈА......................................................................12

7. ЗАКЛУЧОК...........................................................................................14

8. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА..............................................................15

1

Page 3: Fiziokratsaka skola

ВОВЕД

Во овој семинарски труд станува збор за Христовата вера кои ние сме должни

да знаеме во Што и Зошто веруваме.Само тогаш и по тој начин ќе можеме да ја

разликуваме вистинската вера од лажното верување (суеверието),по тоа ќе

можеме да го разбереме вистинското значење на верата за нашиот живот и

најпосле, ќе сфатиме дека верата е најдобра мерка за вреднувањето на нашите

дела; имено, каква ни е верата, такви ќе ни бидат и делата.

Верата православна е една и останува иста од апостолското време до нашите

денови; таква ќе остане и до крајот на светот .Нејзиното свето учење го чува

неизменето и го предава чисто светата православна Црква.Од тоа учење се

раководеле и од примерите на Светото Писмо се одушевувале нашите

православни македонци во минатото .Православните македонци и во најцрните

денови на ропството успеале да создадат такви културни вредности, со кои ние,

нивните наследници се гордееме и пред светот.

Средновековните архитектурни споменици – цркви и манастири,потоа

иконите,фреските и резбите во нив, проучените македонски везови, и народните

умотворби – сето ова е наше културно наследство е одраз и израз на здравиот

народен дух, подржан и инспириран од Православната христијанска вера и

нејзината етика.

Како и кај другите народи , така и кај нас , посебно важна била улогата на мајките

во религиозното – моралното воспитување на децата.Мајчината будна совест

секогаш на секое дете ,без обзир чие е , укажувано на тоа што не чини да се прави

и што е грев пред Бога. Па не само во минатото, но и сега нашата Православна

вера чувана и проповедувана од светата Црква има големо значење за сите нас

што веруваме во Господа Исуса Христа и се стремиме да живееме според

неговото Свето учење.

2

Page 4: Fiziokratsaka skola

ВОВЕДУВАЊЕТО НА ПРЕСВЕТА ДЕВА МАРИЈА ВО ХРАМОТ

Секое дете е радост за родителите, а особено кога тоа е долго очекувано.

Праведните Јоаким и Ана не можеле да и се нарадуваат на малата Марија и ја

чувале како своите очи. Ја воспитувале во благочестив дух, во кој сами биле

воспитувани.

Кога детето наполнило три години, според порано даденото ветување,родителите

решиле да ја одведат во храмот да му служи на Бога. Тогаш Јоаким и Ана ги

повикале роднините и пријателите, како и врсничките на својата малечка ќерка.

Сите биле облечени во најубаво што имале. Се спремиле и тргнале од Назарет за

Ерусалим. Три дена патувале. Напред оделе децата со запалени светилки, по

нив, малата Марија со родителите и најпосле роднините и пријателите. Стигнале

пред скалите на храмот и ја качиле малата Марија на првото стапало. Тогаш мајка

и се обрнала кон присутните со овие зборови : Го исполнувам своето ветување

дадено на Господа. Радувајте се со мене, зошто својата ќерка ја предавам не на

земски цар, а на Бога !

Потоа ја пуштиле Марија сама да се искачува по скалите. Пред главната врата ја

пречекал првосвештеникот Захариј. Тој ја благословил и ја вовел во храмот, па и

во "Сватаја Свјатих " каде што влегувал само првосвештеникот и тоа еднаш

годишно .

Отпосле, Јоаким и Ана принеле благодарствена жртва на Богаќ, примиле

благослов од свештениците, се опростиле со малата Марија и се вратиле дома

заедно со оние што ги придружувале. При храмот имало и други млади девојки,

посветени на Бога; тука живееле и некое стари вдовици што прислужувале во

храмот; тие се грижеле за децата. Една од нив била и пророчицата Ана.

Света Дева Марија била воспитувана во Божји дух.Од постарите прво научила да

пее побожни песни и да чита Свето Писмо, потоа помагала во домашните работи ,

3

Page 5: Fiziokratsaka skola

па учела да плете , да везе и слично. Била ретко послушна спрема сите и затоа

многу ја сакале.

Има нескромни млади што ја отфрлуваат послушноста спрема постарите,

изговарајќи дека таа ја ограничуваат нивната слободна волја. Тие често стануваат

робови на разни пророци. Само разумните и скромните го користат искуството на

постарите и слушајќи ги, се претпазуваат од своите зла. Света Дева Марија била

и ќе остане образец на послушност и скромност. Овие добродатели треба да ја

крстат душата на секое христијанско дете.

Ветените девојки при хармот останувале до определана возраст. Потоа се

враќале при своите и се задомувале. На Света Дева Марија родителите и умреле,

а и самата се заветувала до крај на својот живот да не се мажи, па затоа изјавила

желба да не го напушта храмот.

Но, кај Евреите немало обичај девојки да се заветуваат за да не се мажат, а и

Законот тоа не го дозволувал. Затоа свештениците ја предале на праведниот

Јосиф од Назарет , близок роднина на нејзините родители . Тој ја примил како

наречена свршеница, почитувајќи го нејзиниот завет, даден на Бога. Со ова , и

желбата на Света Дева Марија се исполнила, а и Законот се задоволил.

Празникот во спомен на овој настан ( Воведувањето на Света Дева Марија во

храмот или именуван од народот: Света Пречиста ) се празнува на дваесет и први

ноември. Тој ни напоменува дека треба и ние, христијанските родители, често да

ги водиме своите деца во црква , каде што ќе научат се што е добро и полезно за

душата . Во некои православни земји овој ден е посветен на младите .

4

Page 6: Fiziokratsaka skola

ЖИВОТ СПОРЕД ЕВАНГЕЛИЈАТА

Богородица Марија ( латински: Virgo Maria, Deipara, грчки: Μαρία, Θεοτόκος, Θεομήτωρ,  хебрејски : מירים,  арапски : مريم) според верувањата на христијаните  била мајка на Исус Христос  и сопруга на Јосиф. Марија е позната ѝ како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Блажена Марија. Во православието и католицизмот  таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени.

Според евангелието, таа живеела во Назарет  во тогашната покраина Галилеја. На арамејски јазик нејзиното име се произнесува како Мирјам. Според верувањата таа стапила во брак со Јосиф и се зачнала со Исус на чудесен начин, кога и се јавил Архангел Гаврил  и и соопштил дека ќе роди син кој ќе биде Цар на царевите. Во сите евангелија Марија се споменува како мајка на Исус, и нејзината улога во евангелијата главно се врти околу таа насока.

Во Новиот Завет, за раниот живот на Марија има многу малку. Во Библијата  не се споменуваат името на нејзините родители. Според други извори, традиции и верувања, се знае дека родителите на Марија се викале Јоаким и Ана, кои припаѓале на лозата на Цар Давид. Тие долго време немале деца, додека Бог  не ги чул молитвите и им подарил ќерка. Според верувањата, Бог  го одредил името на ќерката да се вика Марија, да биде Богородица и дека Марија од првиот момент на нејзиното постоење била ослободена од нејзините гревови, бидејќи од Бог добила посебна милост. Во третата година од нејзиниот живот, нејзините родители ја одвеле во Ерусалимскиот храм, за да ја посветат на Бог. Таа останала да живее во храмот, каде била обучувана и воспитувана додека не навршила полнолетство.

Марија била роднина со Елисавета, сопруга на јудејскиот свештеник Захариј. Таа го родила Јован. Марија живеела со своите родители

5

Page 7: Fiziokratsaka skola

во Назарет во Галилеја. Се запознала со Јосиф од Назарет, кој бил од лозата на царот Давид, но бил скромен дрводелец. Тие биле венчани, и во текот на првите години од бракот, Марија сакала да остане девица и понатаму, а Јосиф тоа го прифатил. Пред свадбата тие живееле одвоено, и во тоа време Бог  го испратил Архангел Гаврил во Назарет кај Марија. Ангелот ја поздравил со зборовите: „Раgувај се благоgатна! Госпоg е со тебе, благословена си ти меѓу жените! ” Марија збунето започнала да размислува каков бил тој чудесен поздрав. Ангелот продолжил: „И ете, ќе зачнеш и ќе роgиш Син, и ќе Му го gаgеш името Исус. Тој ќе биgе голем и ќе се нарече Син на Сèвишниот. И Госпоg Бог ќе Му го gаgе престолот на Неговиот татко Давиg, и ќе царува наg Јакововиот gом gовека, и Неговото Царство не ќе има крај“. На ова, Марија му рекла на ангелот дека никогаш не имала однос со Јосиф, па го прашала: „Како ќе биgе тоа, кога не знам за маж“ на кое ангелот одговорил: “Светиот Дух ќе gојgе на тебе и силата на Сèвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биgе роgено оg тебе - ќе се нарече Божји Син“. На ова Марија одговорила: “Еве ја Госпоgовата слугинка, нека ми биgе спореg твојот збор  . Така, спореед верувањата, во тој момент Марија се зачнала со Исус.

По ова, Марија ја посетила својата роднина Елисавета, која била бремена . Кога пристигнала, Елисавета и одговорила: „Благословена си ти меѓу жените! И благословен е плоgот на твојата утроба“ . Според овие стихови од евангелието, Елисавета поверувала на Марија дека е бремена и дека ќе го еоди Божјиот Син: „И блажена е таа, која поверува gека ќе се исполни она, што Госпоg и го рекол“, на кое Марија одговорила: „Мојата gуша Го велича Госпоgа“.

Во следните три месеци, Марија останала да и помага на Елисавета во нејзиниот дом, а по ова таа се вратила кај Јосиф, каде тој веднаш приметил дека таа е бремена. Јосиф паднал во голема тешкотија, а Марија никако не можела да му објасни што всушност се случило. Тој сметал дека го изневерила, а во тоа време за неверство се добивало каменување. Сепак, Јосиф одлучил да не објави за настанатото, туку тајно да се повлече и да ја напушти Марија, не сакајќи таа да умре.

6

Page 8: Fiziokratsaka skola

Ноќта пред тој да замине, на сон му се јавил ангелот на Бог кој му рекол: „Јосифе, сине Давиgов, не бој се gа ја земеш Марија, својата жена, зашто зачнатото во неа е оg Светиот Дух. Таа ќе роgи Син и ти ќе Му го gаgеш името Исус, зашто Тој ќе го спаси својот нароg оg нивните гревови“. Така, Јосиф отстапил, па според еврејските обичаи таткото имал право да го даде името на своето дете, па Јосиф ја имал таа чест. Јосиф ја зел Марија кај себе и најверојатно имале свадбена свеченост.

Се приближило времето кога Марија требало да се породи. Римскиот император Август  заповедал да се направи попис на населението. Според заповедот, секој требал да оди во градот на своите предци. Марија и Јосиф биле од од родот на царот Давид, па затоа тие морале да одат во Витлеем .

Во Стариот Завет  постои пророштво дека  Месијата  ќе се роди во Витлеем . Марија започнала да ги чувствувуа породилните болки, па затоа побарале некаков смештај, но сите места биле пополнети. Се засолниле во една штала каде пастирите ги чувале своите животни. Така овде Марија го породила Исус: „Го роgи својот Син, првенец, па Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив немаше место во гостилницата“ . По ова, на местото дошол ангелот кој им рекол: “Не бојте се, зашто, еве, ви најавувам gобра вест, голема раgост, која ќе биgе за сите нароgи, зашто gенес ви се роgи Спасител, во Давиgовиот граg, Кој е Христос Госпоg, и ова ви е знак: ќе најgете Млаgенче повиено, како лежи во јасли“ . Пастирите ги посетиле Исус, Марија и Јосиф, а по ова се сместиле на подобро место.

По четириесет денови од  Исусовото раѓање , Марија и Јосиф своето дете го однеле во Ерусалимскиот храм што бил обичај во Стариот Завет. Му пренеле жртва: „како што е речено во Госпоgовиот Закон - gве грлици или gве гулапчиња“ .

Во храмот живеел Симеон, човек праведен и благочестив, на кого Светиот дух му прорекол дека нема да види смрт, додека не го види  Исус . Кога го видел Исус, го зел на своите раце, го благословил и рекол: „Сега, Госпоgару, отпушти го Својот служител со мир, спореg Твојот збор, зашто моите очи го виgоа твоето спасение кое

7

Page 9: Fiziokratsaka skola

го приготви преg лицето на сите луѓе светлина за осветлување на нароgите и слава на Твојот нароg Израел“ . На оваа церемонија, според Евангелие на Лука присуствувала и Ана.Трите свети крала  од истокот дошле за да се поклонат на  Исус . Според  Евангелието на Матеј  тие дошле источно од Ерусалим . Тие ја следиле ѕвездата која блескала над Витлеем . Во Ерусалим кралевите биле испратени од страна на  Ирод кој сакал да му кажат каде се родил Исус за да може да го убие. Кога го пронашле тие му подариле три поклони: темјан, злато и маст. По ова, Господ  им наредил да не се враќаат во Ерусалим туку да си одат во нивните земји: „И откако беа преgупреgени оg Бога во сон, gа не се враќаат при Ироg, заминаа по gруг пат за својата земја  . Кога разбрал кралот за измамата, тој наредил воВитлеем  сите деца до две години да бидат убиени. Исус не бил убиен бидејќи на Јосиф му се јавил Господ кој му рекол:“ Стани, земи Го Детето, и Неговата мајка, и бегај во Египет, и остани таму gоgека не ти кажам, зашто Ироg ќе Го бара Детето за gа Го погуби“. По ова, тие заминале за Египет . Патот кон Египет бил долг и тежок. Во Египет семејството се задржило до смртта на Ирод, кога ангелот повторно му се јавил на Јосиф и му рекол:„ Стани, земи го gетето и неговата мајка и оgи во земјата Израелева, зашто умреа оние, кои ја бараа gушата на gетето“ .Така, Јосиф, Марија и Исус повторно се вратиле во  Назарет   во Галилеја . Кога Исус бил дванаесет години, отишол во Ерусалимскиот храм . На враќање, Марија и Јосиф виделе дека Исус го изгубиле, па започнале да го бараат. По три денови го пронашле во храмот, каде тој разговарал со учителите. Марија го прашала: „Чеgо, што ни направи така? Глеgај! Татко ти и јас се измачивме, барајќи те?“, на кое Исус им одговорил: „Зошто ме баравте? Зар не знаете gека јас треба gа биgам во она, кое што е на мојот татко?“ . По ова, тие повторно се вратиле во Назарет. Јосиф бил столар, а Марија се бавила со семејни работи.

Исус своето прво чудо го направил на свадбата на Кана Галилејска каде отишол заедно со својата мајка и со своите ученици, бидејќи татко му веќе бил починат. Кога на свадбата снемало вино, Марија му рекла на Исус дека немаат вино, на кое Исус одговорил: „Што имам јас со тебе, жено? Уште не gошол мојот час“. На ова Марија им

8

Page 10: Fiziokratsaka skola

кажала на слугите што и да побара нејзиниот син, тоа да го сторат. Така, Исус според Евангелието на Јован го направил своето прво чудо, претварајќи ја водата во вино. Неговите апостоли поверувале за прв пат дека тој е Месија.

Марија го пратила Исус во текот на неговото мисионерство. Кога Исус бил распнат на крст, таа заедно со нејзината сестра Марија Клопина и Марија Магдалена стоеле под него. Исус ја погледнал Марија која плачела покрај апостол Јован и и рекол: „Жено, ете ти син!” . По ова, според евангелието, Јован станал нејзин штитеник, а Марија негова мајка, а во широко значење и мајка на сите верници.

По Исусовото воскресение и вознесение, Марија била во друштво покрај апостолите во Ерусалим, кои постојано биле во молитва . Понатаму, Марија повеќе не се споменува во евангелијата, освен во Откровението на Јован: „И се покажа голем знак во небото: жена, облечена со сонцето и месечината поg нејзините нозе, а на нејзината глава круна оg gванаесет ѕвезgи“.

Смртта на Марија не се споменува во Библијата на ниту едно место. Католиците и православните христијани веруваат дека таа била вознесена на небото, што денеска се слави празникот Успение на Пресвета Богородица. Во некои верзии на приказната се вели дека настанот се случил во Ефес во куќата на Марија, а во најстарите традиции настанот се лоцира во Ерусалим .

Во некои подоцнежни верзии, се раскажува дека  Апостолот Тома задоцнил на погребот и подоцна кога стигнал и го отворил камениот гроб виделе дека телото го нема и заклучиле дека, како и Исус, и Марија воскреснала и заминала на небото. Исто така, се раскажува дека Марија им ја фрлила шамијата на апостолите од небото како доказ за нејзиното успение.

9

Page 11: Fiziokratsaka skola

УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Успение на Пресвета Богородица е голем христијански празник

кај православните , католиците  и протестантите кој е посветен на смртта

на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и

Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како

со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи

искачување. Овој ден се празнува на 28 август, или 15 август

по стариот календар.

10

Page 12: Fiziokratsaka skola

ИСТОРИСКИ НАОДИ

Иако Епифаниј од Саламис  во 377. година напишал дека никој не ја знаел судбината на Марија барем од петтиот век постојат наводи за успението на Марија. Најстариот запис е „Книгата на сеќавањето на Марија“ (лат. Liber Requiei Mariae). Иако книгата е најверојатно од 4. век, текстот може да е и постар, дури и од 3. век. Исто така, и во ракописи на сириски јазик  од 5. и 6. Век.

Подоцнежни написи кои го потврдуваат успението на Марија се книгата De Obitu S. Dominae[, која му се припишува на Свети Јован Теологот od 6. век, како и книгата De Transitu Virginis од доцниот 5. век која му се припишува на Свети Мелитон од Сардис, кајшто се раскажува и дека „апостолите до смртната постела на Марија биле донесени на бели облачиња, секој од градот кајшто проповедал во моментот“.

Во некои верзии на приказната се вели дека настанот се случил во Ефес во куќата на Марија, а во најстарите традиции настанот се лоцира во Ерусалим. Во некои подоцнежни верзии, се раскажува дека Апостолот Тома задоцнил на погребот и подоцна кога стигнал и го отворил камениот гроб виделе дека телото го нема и заклучиле дека, како и Исус, и Марија воскреснала и заминала на небото. Исто така, се раскажува дека Марија им ја фрлила шамијата на апостолите од небото како доказ за нејзиното успение.

11

Page 13: Fiziokratsaka skola

ЦРКОВНА ТРАДИЦИЈА

Црквата нѐ учи дека Марија, мајката на Исус, завршувајќи го текот на земниот живот на најсвет начин, била преземена со тело и душа во небесна слава. Ова е утврдено учење во сите христијански цркви, вклучувајќи ја православната, католичката , источата и коптската. Сите го слават денот на успението на 15 август. Кај православните цркви кои го користат Јулијанскиот календар оваа дата паѓа на 28. август, а на празникот му претходи 14-дневен пост.

Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка. Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи на апостолот Јован, рече: „Жено, ете ти син!“ Потоа му рече на Јован: „Ете ти мајка!“ И така ја згрижи Својата Мајка и издивна. Јован имаше дом на Сион во Ерусалим, во којшто се насели и Богородица и остана да живее во него до крајот на Нејзините денови на земјата. Со своите молитви, со благите совети, кротоста и трпеливоста, Таа многу им помагаше на апостолите на Нејзиниот Син.

Целото време до смртта главно го помина во Ерусалим, обиколувајќи ги често оние места што ја потсетуваа на големите настани и големите дела на Нејзиниот Син. Особено често одеше на Голгота, во Витлеем и на Елеонската Гора. Од Нејзините подолги патувања се спомнува Нејзината посета на Св. Игнатиј Богоносец во Антиохија, посетата на Светиот четиридневен Лазар, епископ Кипарски, посетата на Света Гора, којашто самата ја благослови, и бавењето во Ефес со Свети Јован, за време на големото гонење на христијаните во Ерусалим. На старост Таа често Му се молеше на Бога на Елеонската Гора, на местото на Неговото Вознесение, што порано да Ја земе од овој свет.

Еднаш Ѝ се јави архангелот Гаврил и и објави дека по три дена ќе биде упокоена. Тогаш Ѝ даде една палмова гранка за да ја носат при Нејзиниот погреб. Таа се врати дома со голема радост и посака во срцето уште еднаш да ги види сите Христови апостоли. Господ и ја исполни оваа желба и сите апостоли, носени на облаци од ангелите, одеднаш се собраа во домот на Јован на Сион. Со голема радост Таа ги виде Светите апостоли, ги охрабри, ги посоветува и ги утеши, и по

12

Page 14: Fiziokratsaka skola

ова мирно го предаде Својот дух на Бога, без никаква мака и телесна болест. Апостолите го зедоа одарот со Нејзиното тело, од коешто излегуваше благоухание и во придружба на мноштво христијани го пренесоа во Гетсиманската градина, во гробницата на Светите Јоаким и Ана. По Божја Промисла поворката од злобните Евреи ја засолнуваше облак. Некој еврејски свештеник Атониј, го дофати со рацете одарот со намера да го преврти, но во тој миг ангел Божји му ги отсече обете раце. Тогаш тој повика кон апостолите за помош, а откако објави дека поверува во Господ Исус Христос, беше исцелен. Апостолот Тома повторно по Божја Промисла изостана, за така што се открие една нова и преславна тајна за Пресвета Богородица. Третиот ден пристигна и тој, и посака да го целива телото на Пречистата Владичица. Но кога апостолите го отворија гробот, ја најдоа само плаштаницата, а телото не беше внатре. Таа вечер им се јави на апостолите самата Пресвета Богородица опкружена со мноштво ангели и им рече: „Радувајте се, ќе бидам со вас навек“.

На која возраст се упокои Богородица не се знае точно, но преовладува мислењето дека на крајот од овоземниот живот имала повеќе од шеесет години.

13

Page 15: Fiziokratsaka skola

ЗАКЛУЧОК :

Тема на овој семинарски труд беше да се објасни животот и творбата на Света

Дева Марија .Од досега наведеното можеме да резимираме дека Света Дева

Марија постанала за нас небо , престол на Бога , зашто во неа слегнало е се

вселило високото Божество.Врз Марија се исполниле претскажувањата на

пророците и надежите на праведниците - од неа изгреало за нас светлина , што

го распрснала мракот на многубоштвото.Таа е храм, во кој живее силниот цар на

царевите; таа е ново небо, во кој живее Бог на боговите; таа е евангелска лоза,

која го родила Гроздот на искупувањето; таа е извор, од кој блика жива вода за

духовно жедните; таа е мајка за сите страдалници; таа е скала за небото, по која,

душите на добродетелните стасуваат до престолот на севишниот Бог!

Таа се подвизувала со исповедниците и ги утврдувала мачениците.Таа од грешни

луѓе прави светли ангели – таа научила мажи и жени да одат по тесниот пат на

животот.

Можеме да заклучиме дека љубовта од ангелите и луѓето прави едно стадо –

преку неа проклетсвото е уништено, рајот е отворен , животот е посочен ,

царството ветено.

Сепак важно е да се напомене според Света Дева Марија на духовната трпеза

нема омраза против Бога- таму има синовство коне небото и братство кон луѓето ,

таму има просветлување и радост, прошка и жртва , љубов и совршенство.

14

Page 16: Fiziokratsaka skola

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Проф.Борис Кр. Бошковски – Верата на нашите татковци ( Православно

вероучение)

2. Протоѓакон Г. Ибришимов – Духовни бисери од светите отци

3. http://mk.wikipedia.org/Богородица_Марија

15