globalno zatopluvanje

23
Globalno zatopluvanje Izrabotile: PROFESOR: Natalija Popovska Blagoj

Upload: natalija16

Post on 22-May-2015

1.761 views

Category:

Travel


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Globalno Zatopluvanje

Globalno zatopluvanje

Izrabotile: PROFESOR:

Natalija Popovska Blagoj

Elena Stanimirovik Krivevski

Borce Pljuskovski

Page 2: Globalno Zatopluvanje

Ефект на стаклена градина

Како што е познато, животот на планетата Земја е можен поради природниот ефект на стаклена градина. Природното појавување на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина (стакленички гасови), пред сe водена пареа (H2O), јаглерод диоксид (СО2), како и метан (CH4), азотен оксид (N2O) и тропосферски озон (О3), овозможува сончевата енергија да дојде до земјината површина како видлива светлина, за потоа да биде заробена од атмосферата како инфрацрвена топлина. Земјината површина апсорбира најголем дел од зрачењето и се загрева. Инфрацрвеното зрачење се емитира од земјината површина. Овој феномен ја одржува топлината на нашата планета, со што се обезбедува нормално одвивање на физиолошките функции на сите живи организми. Отсуството на стакленичките гасови би ја намалило температурата на нашата планета за околу 33 C, претворајќи ја Земјата во уште една безживотна планета во сончевиот систем.

Ефектот на стаклена градина, кој во минатото беше благослов за Земјата, се чини дека во последното столетие се претвора во сериозна закана, засилен од човечките активности. Со

Page 3: Globalno Zatopluvanje

индустријализација, емисијата на стакленички гасови од согорување на фосилни горива, сечење на шуми и чистење на земјиште за употреба во земјоделството, постојано се зголемува. Во последните 100 години стакленичките гасови се емитираа во атмосферата побрзо од колку што природните процеси можеа да ги отстранат. Дополнително, емитирани се нови синтетички гасови како што се хлорофлуоројаглероди и халони (CFC) и утврдено е дека и тие го поддржуваат ефектот на стаклената градина. Во овој период концентрацијата на овие гасови во атмосферата постојано се зголемува, со предвидувања дека ќе продолжи да расте паралелно со порастот на глобалната економија. Овие дополнителни емисии почнуваат да ја нарушуваат деликатната рамнотежа, значително зголемувајќи го количеството на стакленички гасови во атмосферата и нивниот изолационен ефект. Податоците за климата пред 160 години укажуваат на тесна поврзаност меѓу концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата и глобалните температури. Уште во 1896 година големиот шведски хемичар Свенте Архениус предвидувал дека со удвојување на концентрацијата на CO2 во атмосферата преку согорување на фосилно гориво, можно е глобалната температура да порасне за 5,5 C. Ова не е далеку од вредностите 1,5 C до 4,5 C кои сега се добиваат од компјутерските симулации на климата за двојно зголемување на CO2 во

Page 4: Globalno Zatopluvanje

атмосферата. Во 1995 година светската научна заедница извести дека промената е веќе присутна и дека планетата Земја во минатото столетие се затоплила за 0,5 C. Во јануари 2001 година UNIPCC (Меѓувладиното тело за климатски промени при Обединетите нации), официјално изјави дека човековото влијание претставува главен фактор за денешното глобално затоплување. Оваа изјава беше од големо знаење, бидејќи до тогаш постоеја мислења според кои глобалното затоплување е поврзано со сончевата активност, природните климатски флуктуации, или е резултат на грешки во компјутерските модели. Квантитативните предвидувања за идната состојба сe уште се неизвесни. Во 1995 година IPCC направи проценка дека глобалната температура на воздухот на Земјата ќе се зголеми за дополнителни 1 C -3,5 C до 2100 година, додека во 2001 година за истиот период беше предвиден пораст на температурата од 1,4 C - 5,8 C. Во најдобар случај, ќе се соочиме со затоплување за 2 C до 2100 година, што би било најбрзо менување на климата во последните неколку милениуми, период кога се развивала модерната цивилизација. Затоплувањето во овие размери ќе влијае врз многу аспекти на нашите животи, бидејќи ќе предизвика промени на температурите и врнежите, пораст на морското ниво и промени во распределбата на свежа вода. Најверојатно значајни ќе бидат влијанијата врз здравјето на луѓето, виталноста на шумите и други

Page 5: Globalno Zatopluvanje

природни подрачја, како и продуктивноста воземјоделството. ГОДИШНИ ВРНЕЖИ, 1901-1995 (Американска истражувачка програма за глобални промени: Климатски промени / тековни сознанија) Во последните 100 години глобалното средно морско ниво порасна за 10 до 25 cm, делумно поради ширењето на водата кога таа се загрева. Топењето на глечерите во последното столетие, исто така, придонесува за пораст на морското ниво. Порано замрзнатото земјиште (вечен мраз) во арктичкиот предел на Алјаска и Сибир исто така почна да се топи, нарушувајќи ги екосистемите и инфраструктурата. Споменатото топење и затоплувањето на тундрите ќе доведе до распаѓање на органска материја и ослободување на заробениот јаглерод и метан, создавајќи дополнителен извор на стакленички гасови. Како што ризиците од глобалните климатски промени стануваат сe повеќе очигледни, се јавува вистинска потреба од фокусирање на акции за намалување на емисиите на стакленичките гасови и минимизирање на штетните влијанија од климатските промени. Општо земено, луѓето во земјите во развој се почувствителни на климатските промени заради недоволно развиената инфраструктура и ограничениот капитал, како и поголемата зависност од природните ресурси.

Page 6: Globalno Zatopluvanje

Меѓународни иницијативи во врска со климатските промени

Во текот на 80-те години, заради научните докази за глобалните климатски промени и последиците од нив, се појави зголемена загриженост помеѓу научниците, политичарите и јавноста. Во 1992 година, во Рио де Женеиро беше усвоена Рамковната конвенција за климатски промени (UNFCCC). Согласно со Рамковната конвенција, се поставија бројни обврски за сите земји, главно во врска со изготвувањето и имплементацијата на политики за намалување на емисиите на стакленички гасови. Сепак, одзивот на развиените земји (кои се главните “произведувачи” на стакленички гасови), се покажа недоволен и заради тоа во 1995 година воведен е Берлинскиот мандат, кој воспостави преговарачки процес за поголем ангажман во рамките на Конвенцијата во периодот по 2000 година. Овој процес, конечно, доведе до потпишување на Кјото протоколот (КП) во 1997 година.

На оваа карта (направена од Американскиот институт за светски ресурси, USA World Resources Institute) се претставени разлини региони, не според нивната географска положба туку според емисиите на стакленики гасови. Јасно се гледа

Page 7: Globalno Zatopluvanje

дека најголемата одговорност им припаѓа на развиените земји (главно САД, Европа и Јапонија). Овие земји би требало да вложат најголеми напори за редуцирање на емисиите.

Кјото протоколот (КП) претставува мошне важен чекор во ограничувањето на емисиите на шесте стакленички гасови (CO2, CH4, N2O, HFCs, PFCs и SF6), бидејќи за прв пат се специфицирани правни обврски. Согласно со КП развиените земји имаат специфични обврски: во првиот период (2008-2012), тие треба да ги намалат вкупните емисии на стакленики гасови за најмалку 5% во споредба со емисиите од 1990 година. Договорените цели се разликуваат помеѓу развиените земји (САД се обврзале да ги намалат емисиите за 7%, Европската унија (ЕУ) како целина за 8%, Јапонија и Канада за 6%), а истиот принцип важи и за државите-членки на ЕУ во согласност со интерниот договор за распределба на обврските. Неодамна, САД ја повлекоа својата обврска во рамките на КП, предизвикувајќи вознемирување од светски размери. Во 1998 година, за време на Четвртата UNFCCC конференција на страните воспоставен е Акциониот план од Буенос Аирес, со кој е специфициран временскиот распоред за имплементацијата на КП. Согласно со овој план, во Хаг, во ноември 2000 година се одржа Шестата конференција на страните со главна задача да се постигне договор за најважните оперативни прашања од КП. Бидејќи земјите потписники се разидуваа по клучните прашања, до крајот на

Page 8: Globalno Zatopluvanje

состанокот не беше постигнат договор. За време на продолжението во Бон, во јули 2001 година (Шеста конференција на страните, продолжение) министрите постигнаа политика согласност за суштинските основи врз кои се темелат оперативните прашања од КП. Овој политички договор веќе е преведен во правен текст за сите флексибилни механизми и за леновите 5, 7 и 8 од КП (известување, мониторинг и преглед). Работата се предвидува да биде завршена на состанокот во октомври 2001 година во Маракеш (Седма конференција на страните). Рамковната конвенција за климатски промени постави низа обврски кон потписниките сметајќи на нивните заедники, но и поединечни одговорности. На својата петта и шеста сесија Конференцијата на страните ги охрабри земјите вклуени во Анекс II на Конвенцијата (т.е. најразвиените земји) во давањето помош на државите чии економии се во транзиција, како и на земјите во развој, при зголемувањето на нивните можности за постигнување на целите на Конвенцијата и нивната подготовка за ефикасно учество во процесот на КП. Интегрираното планирање и имплементацијата на релевантни активности содржат низа акции, како што се развој на национални системи за проценка на емисиите и абсорбциите на стакленички гасови, проекции за еволуција на емисиите и определување / проценка на можни мерки за редукција на емисиите од

Page 9: Globalno Zatopluvanje

различни сектори (енергија, индустрија, резиденцијален / терцијален сектор).

Земјите со економија во транзиција, како и земјите во развој при преземањето на такви активности се соочуваат со големи тешкотии, главно заради ограниченото користење на околинско-прифатливи технологии, недостаток на финансиски и човечки ресурси со соодветна експертиза, како и поради отсуство на ефикасни административни структури. Поради тоа итно е потребно создавање капацитети (capacity building) во овие земји. ако што е познато, животот на планетата Земја е можен поради природниот ефект на стаклена градина. Природното појавување на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина (стакленички гасови), пред сe водена пареа (H2O), јаглерод диоксид (СО2), како и метан (CH4), азотен оксид (N2O) и тропосферски озон (О3), овозможува сончевата енергија да дојде до земјината површина како видлива светлина, за потоа да биде заробена од атмосферата како инфрацрвена топлина. Земјината површина апсорбира најголем дел од зрачењето и се загрева. Инфрацрвеното зрачење се емитира од земјината површина. Овој феномен ја одржува топлината на нашата планета, со што се обезбедува нормално одвивање на физиолошките функции на сите живи организми. Отсуството на стакленичките гасови би ја намалило температурата на нашата планета за

Page 10: Globalno Zatopluvanje

околу 33 C, претворајќи ја Земјата во уште една безживотна планета во сончевиот систем.

Создавање капацитети и климатски промени

Договорени приоритетни акции во создавањето капацитети откако земјите со економии во транзиција и земјите во развој ги презентираа своите погледи. Овие акции подразбираат:

Национални катастри на емисии на стакленички гасови

Идни проекции за емисиите на стакленички гасови

Идентификација и проценка на политичките и мерките за ограничување на емисиите на стакленички гасови

Проценка на можните влијанија на климатските промени и

Page 11: Globalno Zatopluvanje

идентификација/проценка на можното прилагодување

Истражување и систематско набљудување Образование, обучување и подигање на

јавната свест Размена на научни работници Трансфер на околинско прифатливи

технологии Национални комуникации за прогресот на

политичките и мерките за намалување на емисиите на стакленички гасови, како и развој на релевантни национални планови

Национални системи за проценка на емисиите на стакленички гасови

Национални регистри Развој на релевантни структури за

имплементација на Флексибилни механизми од КП, имено Здружена имплементација (JI), Тргување со емисии (ET), Механизам на ист развој (CDM)

Page 12: Globalno Zatopluvanje

Програма за создавање капацитети за балканските земји

Програмата за создавање капацитети за балканските земји е иницирана од страна на

Page 13: Globalno Zatopluvanje

Министерството за околина, просторно планирање и јавни работи на Грција. Програмата има вкупен буџет од приближно еден милион евра и времетраење 18 месеци. Во оваа програма вклучени се следните балкански земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Романија и Југославија. Сите овие земји ја ратификуваа Рамковната конвенција за климатски промени, а две од нив (Бугарија и Романија) го потпишаа и Кјото протоколот. Овие две земји припаѓаат на Анекс I од Конвенцијата, додека останатите во моментов не се вклуени во Анекс I. Со оваа програма, Грција, како земја од Анекс II од Конвенцијата (UNFCCC), обезбедува финансиска и техника поддршка за гореспомнатите земји со цел да им помогне во подобрувањето на можностите за остварување на целите од Конвенцијата. Ова може да биде спроведено преку имплементирање на одредбите од Конвенцијата и подготвување на овие земји за активно учество во процесот на КП. Националната опсерваторија од Атина (НОА) ја координира програмата. НОА е јавен истражуваки центар задолжен за изработка на годишен катастар на емисиите на стакленички гасови во Грција, по барање на Министерството за околина, просторно планирање и јавни работи на Грција. Таа исто така е национален фокусен центар на Меѓувладиното тело за климатски промени. Понатаму, НОА беше задолжена за изработка на втората национална комуникација и работи како технички консултант за

Page 14: Globalno Zatopluvanje

министерствата кои се компетентни по прашања од климатските промени, политиките и мерките за намалување на емисиите на стакленики гасови, заштеда на енергија и користење на обновливи енергетски извори. Во последно време, НОА им помагаше на соседните земји во остварувањето на нивните техники и извештајни обврски зацртани со Рамковната конвенција за климатски промени. Четири партнери од Грција се вклу-чени во оваа програма: две приватни консултантски компании - EPEM S.A. и SPEED S.A., Националниот технички универзитет од Атина (Лабораторија за економија во индустријата и енергетиката) и една невладина организација, Интердисциплинарен институт за околински истражувања (ИНИЕР). Програмата започна во почетокот на 2001 година, додека иницијалниот состанок беше одржан во Атина во март 2001 година.

Page 15: Globalno Zatopluvanje

Главните цели на програмата се:

Помош на балканските земји во изработка и имплементација на квалитетни национални катастри на антропогени емисии и абсорбции на стакленики гасови, придружена со неопходни системи за поддршка при собирање и управување со податоците. Тоа се елементи кои овозможуваат да се направи проценка на тековната ситуација и воочените трендови

Помош на балканските земји при идентификација, проценка и избор на соодветни мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови, земајќи ги предвид националните приоритети, постоечките ограничувања и инфраструктурните барања, како и можните поддржувачки политички и мерки за надминување на овие тешкотии.

Идентификација на приоритетни подраја за дејствување во балканските земји во рамките на флексибилните механизми од КП

Проценка на ранливоста на овие земји од климатските промени

Подобрување на општата состојба на околината во балканските земји

Page 16: Globalno Zatopluvanje

Понатамошен развој на финансиска и научна соработка помеѓу Грција и другите балкански земји

За да се постигнат овие цели, програмата ги содржи следните задачи:

1.Изработка / оценка на катастрите на емисиите на стакленички гасови

2.Проекции на емисиите на стакленички гасови3.Идентификација и евалуација на политиките и

мерките за намалување на емисиите на стакленички гасови

4.Формулација на Национален акционен план за намалување на емисиите на стакленички гасови

5.Бази на податоци - обука на кадри6.Евалуација на постоечките административни

структури7.Олеснување на трансферот на енергетско-

штедливи технологии и на околинско-прифатливи технологии

8.Проценка на потребите за прилагодување на постоечките национални правни рамки во врска со користењето на флексибилни механизми

9.Дефиниција на приоритетни подрачја за флексибилни механизми

Page 17: Globalno Zatopluvanje

10. Подигање на јавната свест за успешна имплементација на оваа програма

потребно е активно учество на сите владини и невладини организации во земјите вклучени во проектот. На овој начин ќе бидат собрани квалитетни податоци, а резултатите од секоја задача ќе ги задоволат потребите на вклучените земји во врска со климатските промени. Понатаму, активното учество на сите членки ќе обезбеди продолжување на активностите во областа на климатските промени на локално ниво и ќе ја промовира соработката помеѓу земјите во оваа значајна меѓународна иницијатива посветена на околината.

Page 18: Globalno Zatopluvanje