izborna nastava - ekspo centar za recikliranje

13

Upload: vasko-stojanov

Post on 12-Apr-2017

124 views

Category:

Documents


8 download

TRANSCRIPT

Page 1: Izborna Nastava - Ekspo Centar za Recikliranje
Page 2: Izborna Nastava - Ekspo Centar za Recikliranje
Page 3: Izborna Nastava - Ekspo Centar za Recikliranje
Page 4: Izborna Nastava - Ekspo Centar za Recikliranje
Page 5: Izborna Nastava - Ekspo Centar za Recikliranje
Page 6: Izborna Nastava - Ekspo Centar za Recikliranje
Page 7: Izborna Nastava - Ekspo Centar za Recikliranje
Page 8: Izborna Nastava - Ekspo Centar za Recikliranje
Page 9: Izborna Nastava - Ekspo Centar za Recikliranje
Page 10: Izborna Nastava - Ekspo Centar za Recikliranje
Page 11: Izborna Nastava - Ekspo Centar za Recikliranje

ЛОНГИТУДИНАЛНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ Богатото сценарио на околината која го опкружува експо-центарот за рециклирање, чија содржина е со мошне широк дијапазон на карактери, почнувајќи од кејот и речниот тек на Вардар, па се до масивните и реперни објекти од типот на Комплексот банки и Транспортниот Центар на градот (автобуската и железничката станица), дава можност да се вметне транспарентно-рефлектирачки затворен простор во структуралистичко-натуралистичка околина. Како што нашето енергично однесување не тера да ги разоткриваме нашите лични мисли и размислувања, полни со прилично богат опус на идеи и концепти, така се поголема е концентрираноста на нашата креација, која, анализирајќи ја детално, се повеќе го наметнува сомнежот во нејзината оригиналност. Токму ваквата бесконечност ни ја дава секогаш посакуваната слобода на изразување. На посочената локација, дел од централното подрачје на Скопје, град со претежно ладна, а сепак мека и тивка архитектура и силна панорамска околина, би никнал репрезентативен објект, каков што е експо-центарот за рециклирање. Земајќи го во предвид опкружувањето на објектот, како и главната програмска тематика на проектот - рециклирање, започнавме продлабочено студирање и истражување во кое беше вклучен добро препознатливиот симбол за рециклирање, авторот, арх. Гери Дин Андерсон, и неговите главни инспиративни моменти – Моебиусовата лента (бесконечна лента со конечен облик – едно лице и еден раб, претходно сфатена и како симбол на рециклирањето), како и будистичкиот симбол Мандала (концентрично ширење и прекршување на кружни и елипсовидни геометриски форми, симбол на бесконечноста), и како резултат го добивме елегантното решение на партерното уредување на локацијата во кое би се претопил еден помалку футуристички, органски и транс-модерно обликуван објект, кои како проектантски размислувања и архитектонски идеи би биле успешни пионери во создавањето на нова и комплетно различна слика за градот. Програмата и содржината на експо – центарот за рециклирање издвојува три посебни целини кои претставуваат функционална експанзија на неговата лонгитудинална поставеност. Ако на објектот се гледа како на една долга, континуирана експо-лента, почетната, средишната и крајната точка на таа лента се трите погоре наведени целини. Почетокот е означен со инфо-деск, место каде посетителите би добиле евентуални инструкции за целокупната содржина на објектот и правци за нивно движење. Пултот за брошури и пропаганден материјал би било местото каде посетителите би добиле првични и основни информации за се она што претставува експонат

Page 12: Izborna Nastava - Ekspo Centar za Recikliranje

на овој саем, машини за рециклирање на најразлични материјали, процесот и начинот на рециклирање кои тие го извршуваат, како и информации за нивната година на производство и земја на потекло, производител и сл. Во приземјето има и кафе – бар, од отворен тип, во смисла можат да го користат и посетители кои не се дојдени со цел посета на саемот за рециклирање. Првиот кат од оваа точка на експанзија е со едукативно – забавен карактер. Со оглед на тоа дека тука е сместена медијатеката претставена преку две училници / работилници (мултифункционални простории), библиотека со широк репертоар на книги и читална со околу 70 читачки места, современ компјутерски (web) центар, простор за читање весници, списанија, магазини и сл., како и простор за седење и одмарање. Вториот кат има и едукативен и комерцијален карактер – тука се амфитеатарот за 203 посетители, како и флексибилна конференциска сала за 140 посетители која лесно може да се трансформира во две конференциски сали од по 70 посетители. Ова се простории каде би имало презентации и предавања од најразличен карактер, и како содржина, освен за едукација, би претставувала комерцијален простор кој би ја одржувал функционалната константност на објектот. Во продолжение, следува експо – каналот, коридор со павилјонски карактеристики, во кој како експонати се поставени машини и најразлична апаратура за рециклирање, од производители ширум целиот свет, како и инфо – панели, видео-бимови и друга електронска опрема која служи за аудио и видео презентација на машините, нивното функционирање, процесот на рециклирање и сл. Долж коридорот, од надворешната страна, поставена е рампа, чија функција е индиректно набљудување на саемските експонати, како и пристап до историскиот мемо – центар на рециклирање, кој ја има главната улога во наредната точка на програмска експанзија на објектот. Освен преку рампата, пристап има и од приземје, каде освен инфо – панели за негова најава, постојат и простори за одмор и седење. Мемо – центарот го зафаќа првиот кат во целост и преку флексибилна поставка на експонати и електронска аудио-видео опрема, визуелно и виртуелно се следи хронолошкиот тек на процесот на рециклирање, почнувајќи од 3000 год. п.н.е, кога за прв пат е забележан обид за рециклирање на материјали (во Кносос, главен град на Крит), па се до денешно време, кога постојат најразлични машини и апаратура за рециклирање, за обработка на најразлични видови на материјали, како на пример бетонски блокови, агрегати, т.н. зелен отпад (отпад од природно потекло), текстил, метал, стакло, пластика, хартија, и др. На вториот кат има радио станица, уште една комерцијална содржина за одржливост. Движењето низ објектот продолжува без прекин, без оглед на тоа дали посетителите на саемот решиле да го посетат мемо – центарот, или

Page 13: Izborna Nastava - Ekspo Centar za Recikliranje

продолжиле со набљудување на саемските експонати, а тоа е отсликато преку фактот што не постои дисконтинуитет во движењето во приземјето, ниту пак во хронологијатана процесот на рециклирање. Уште еден таков ист експо – канал, со адекватна и соодветна содржина во поглед на претходниот, е продолжението на претходно наведената непрекинатост, и истиот тој завршува во последната од трите горенаведени целини. Овде, во приземјето, освен влезно – излезниот хол од саемскиот простор, постои експозитура на банка, чии услуги освен посетителите на експо – центарот, би ги користел секој друг кој би имал потреба од нив. На првиот кат се сместени канцеларии за постојано и привремено користење, простории кои би се откупувале и изнајмувале за најразлични потреби на правни лица, фирми и компании. Канцеларии од ваков вид, со океански тип на просторно решение, постојат и на вториот кат, каде, освен тие, позиционирани се и канцелариските простории на административно – управниот кадар на експо – центарот за рециклирање, во чиј состав влегуваат приемно одделение, простор за одмор и седење, чајна кујна, сала за состаноци и канцеларии за извршниот и техничкиот директор. Со оглед на целокупната содржина, оваа целина има комерцијален, административно-деловен карактер. Широкоаголното перцепирање на објектот во целост ни дозволува да извлечеме заклучок дека станува збор за идејна маркантна градба која би го привлекувала вниманието од различни точки на гледање, не само на оние кои би биле официјални нејзини посетители. Со оглед на впечатливото партерно уредување на локацијата на која е позициониран објектот и неговата лонгитудиналност и “мистериозната” зелена рефлектирачка и транспарентна надворешност, ваков архитектонски проектиран концепт би претставувал магнет за вниманието и задоволување на љубопитноста на секој случаен или намерен минувач, патник и посетител. И кога на ваквиот концепт би се додале сите елементи на изненадување – дел од општото сценарио на целосната негова сторија, може да се каже дека овој експо – центар за рециклирање директно влијае на природата, природата има директно влијание на него, поради што практично претставува креација на природата.