joga na sekojdnevieto book

15

Click here to load reader

Upload: goce-nikoloski

Post on 22-Nov-2014

75 views

Category:

Documents


9 download

TRANSCRIPT

Page 1: Joga Na Sekojdnevieto Book

Аба Азис Макаја

СЕКОЈДНЕВНА ЈОГАили

МЕДИТАЦИЈА ВО АКЦИЈА

КОМАЈАЗАГРЕБ, 1993

Page 2: Joga Na Sekojdnevieto Book

2 3

ВОВЕД

Крајна цел на секоја јога е остварување апсолутна или чиста свест. Или, на поинаков начин кажано, постигнување на единствена свесност со севкупниот живот, односно претопеност со Браман. Тој фантастичен пораст на човечката свест можно е да се оствари само преку истрајно и долгогодишно подложување на секојдневен напорен тренинг.

За јога-тренинг напишани се многу книги и створени се најралични системи на јога-вежби.

Почетник, кога ќе прочита два, три прирачника, едноставно се губи во тоа море од различни вежби, кои и кога би сакал, не би стигнал сите вежби да ги одвежба секој ден, а притоа да не ги занемари своите секојдневни обврски. Обично поради тоа, тој/таа се приклонува на некоја техника на медитација, која за волја на вистината, можеби најбрзо доведува до проширување на човековата свест, меѓутоа за денешниот човек, кој е во вечна трка со времето, и тие половина час наутро и половина час навечер претставуваат значителна потешкотија.

Поради тоа, како и поради некои причини кои покасно ќе ги изнесам, се одлучив да ја обелоденам СЕКОЈДНЕВНАТА ЈОГА или МЕДИТАЦИЈА ВО АКЦИЈА. Притоа, морам да нагласам дека можноста, а и делотворноста на акционата медитација, недвојбено произлегуваат од податоците кои, духовно развиените луѓе, ги изнесуваат во своите дела.

Page 3: Joga Na Sekojdnevieto Book

4 5

ЗА ТЕХНИКАТА

Оваа медитациона техника е плод на нужда. Распнат, од една страна, од жарка желба да ја издигнам својата свест во виши светови, во живот со побогати нивоа на природа, и од друга страна, во недостаток на време, еден ден, не стигнувајќи да медитирам дома, едноставно, штом влегов во трамвај, седнав на столче и ги затворив очите. Неколку дена покасно, истата работа се повтори, но со мала разлика, овој пат немаше слободно столче во трамвајот. Не се предавав. Му пријдов на држачот на предната страна на колата, се фатив за него со обете раце и... ги склопив очите.

И така се започна. Се подразбира дека притоа не стигнував до никакви побогати животни подрачја. Треперејќи во ќошот, се сеќавам дека бев преокупиран со мисли:„Боже, што ако некој примети дека ми се затворени очите – па тој ќе помисли дека сум луд!“

Денес, пет години по тој обид, јас за помалку од една минута доаѓам во состојба на длабока медитација без оглед на надворешните услови.

Со цел на читателите да им го олеснам разбирањето, како и примената на оваа, така да ја наречеме

„секојдневна јога“, изложив состав од неколку вежби. Составот се состои од 10 вежби кои се изведуваат секој ден и 7 вежби кои се работат повремено, но кои задолжително се изведуваат барем еднаш неделно. Темелната поента за сите вежби е настојувањето во потполност да се освестат некои случувања, како физички така и психички, во нашето битие, за кои не сме воопшто, или сме барем делумно свесни.

Бидејќи, под медитација се подразбира состојба на проширена свест, а различни техники на медитација се само манифестација на едното те исто настојување, да се внесе зрак свесност во затемнетите предели на нашето битие, слободен сум да тврдам дека овој систем од вежби, може да се сметаат за специфична техника на медитација. Бидејќи сите вежби се изведуваат паралелно со нашите секојдневни активности, најприкладен назв е МЕДИТАЦИЈА ВО АКЦИЈА. Нешто слично се јавува во нејвисоките фази на тренинг на некои источни боречки вештини. Исто така нужно е продолжување на работата, спонтано и присилно, со волја, на оној кој, користејќи некоја класична техника на медитација, успеал за време на медитацијата да воспостави контакт со вишата свест. Продолжувањето е нужно, затоа што, да се биде мудар само додека со затворени очи, неподвижно седиш не е нималку привлечно решение за животните проблеми, доколку кога стануваш и тргнуваш во борба со своите секојдневни проблеми, се храниш само со бедните сеќавања од блаженството на утрешната медитација.

Page 4: Joga Na Sekojdnevieto Book

6 7

ДЕСЕТ ВЕЖБИ КОИ СЕ ИЗВЕДУВААТ СЕКОЈ ДЕН

1.ВЕЖБА

Оваа вежба е усмерена кон освестување на процесот на дишење. Првите три или четири месеци треба да се изведува по пет минути, наутро и навечер. Секогаш се изведува на празен желудник. Со исправена кичма , така што главата вратот и кичмата чинат права линија, вертикална по однос на подлогата на која седиме. Прво се издишува, а потоа се вдишува така што го полниме прво долниот дел од плуќата. Притоа стомакот треба да се отфрли спрема надвор и надолу. Потоа без престан продолжуваме да го полниме средниот и горниот дел од плуќата. При тоа треба да пазиме на рамената, да не се подигаат, единствено се шират градите и малку се движат напред. Кога на таков начин сме зеле воздух, го задржуваме онолку колку ни е угодно, а потоа, полека рамномерно издишуваме. Од плуќата треба да се исфрли целиот воздух. При тоа доаѓа до мало вовлекување на стомакот навнатре. Овде може исто така да се направи мала пауза пред следното вдишување воздух, но само онолку колку ни е згодно.

За времена вежбата, не треба да се мисли на ништо друго, туку само едноставно да се ужива во зголеменото ниво на воздух кој влегува во нас, и да се прати неговото минување низ дишните органи. Вежбата секогаш се прави покрај отворен прозорец.

По неколку месеци редовно изведување на оваа

вежба, ќе приметите необична промена во вашиот начин на дишење. Во текот на целиот ден ќе дишете на овој начин, кој всушност е едниствен природен начин на дишење. Сега веќе не ќе биде потребно да го вежбате тоа, по пет минути, секоја вечер и секое утро, туку едноставно, во текот на денот, неколку 2 или 3 пати, по неколку минути, свесно ќе го насочите вниманието кон процесот на дишење – самосвесно ќе го пратите процесот на дишење. (на пр.додека стоите во ред пред благајна во продавница).

2.ВЕЖБА

Еден оброк дневно (доручекот е веројатно за тоа најприкладен) треба да се исконзумира свесно. Тоа значи: да се јаде пополека, секој гриз да се соџвака добро, да се прати лачењето плунка во устата, да се прати проаѓањето на храната низ хранопроводот и нејзиното спуштање во желудникот. Настојувајте да ја почувствување храната во желудникот. Потоа пробајте да го совладате поривот да се проголта храната. Ќе ви се обелодени снагата на тој порив, кога ќе се обидете да ја држите храната,полни две минути, во уста, без џвакање и без мрдање на јазикот, а притоа да не мислите на ништо друго, туку само да бидете свесни за храната која стои во вашата уста.

Течности треба да се пијат така што, секоја голтка ја задржувате неколку секунди во уста и дури потоа ја пуштате низ грлото. Се вели дека тврдата храна треба да се пие, а течностите да се јадат. Никогаш не смееме да јадеме на брзина, ниту да си дозволиме прегладнување.

Page 5: Joga Na Sekojdnevieto Book

8 9

3.ВЕЖБА

За оваа вежба најдобро би одговарал називот “предопрост“. Се работи за тоа, барем еднаш дневно, да успееме да предвидиме некоја ситуација во која некој нас ќе не навреди, и кога тоа навистина ќе се случи, и понатаму да останеме пријателски отворени кон тој човек. Значи нашата позитивна емоционална состојба во никој случај не смее да биде нарушена. Дури тогаш сме успеале да “предопростиме“! Бидејќи, да се прости некому, тоа значи дека тој веќе успеал да не навреди т.е кај нас да предизвика негативна емоционална состојба. Тоа мора да го спречиме по секоја цена, барем еднаш во денот, тоа да ни успее.

На пр.некултурен младич дофрла нешто на девојка која поминува покрај него. Таа има три можности:

Да му одговори со иста мера (тоа може да биде и само емоционално-ментален одговор;

Да остане потполно рамнодушна;Во себе да створи чувство на братска љубов кон

тој човек (во тоа многу полесно ќе успееме доколку си замислиме неколку слики од неговото детство, неговите родители, пријатели и сл. и потоа таа личност да ја споредиме со некоја што би пораснала да речеме во семејство на спритуално пробудени родители). Нашето лице и понатаму може да остане сериозно, но таа сериозност треба да биде проткаена со вибрации на благороден занос.

4.ВЕЖБА

Оваа вежба се состои од тоа, еднаш дневно, некому помогнеме од срце. Тоа може да биде било што, некоја

ситница, но она што е важно е тоа да биде направено од срце-со радост што некому сме му биле од корист. На пр. да се пренесе сиромашен слеп човек преку улица со многу љубов и сочувство, иако можеби ракавот од капутот му е толку измастен од нечистотија, што тоа го осеќаме на прстите, и иако можеби удира на алкохол и нечисто. Или едноставно, додека вашата мајка спие, да направите некоја работа која инаку е само нејзина обврска во куќата. Цело време додека ја правиме таа работа (на пр. правиме ред во дневната соба) треба да бидеме проткаени со чувство на радост што помагаме на мајка си, а не тоа да го правиме како да извршуваме само уште една должност, т.е автоматски и со желба што побрзо да се решиме од таа досадна обврска.

5.ВЕЖБА

Една од секојдневните обврски треба да ја извршиме со таков занос и со таква радост, како од тоа на каков начин ќе ја завршиме таа обврска, зависи дали некој од високо развиените луѓе ќе не прими за свој ученик/чка, како тој сега да е покрај нас и внимателно набљудува како работиме. Тоа може да биде што било: миење садови, чистење чевли, спремање кревет итн.

6. ВЕЖБА

Секој пат кога во рака ќе ни се најдат пари, треба да се сетиме дека и тоа парче метал или хартија е исто така живо. За волја на вистината, тоа е живот во својот најелементарен облик. Но сепак, и тоа е живот, и како

Page 6: Joga Na Sekojdnevieto Book

10 11

таков треба да го почитуваме и да го доживуваме – да дојдеме во контакт со него, а не да ги држиме парите во нашите раце како мртва и нежива материја, како нешто страно и одвоено од нас.

Ќе се обидам овој свој став да го поткрепам со пример. Секој од нас, би бил многу среќен кога некој свет човвек, би се нашол во наша близина и би сакал да се зближи со нас. Можеби и таа примитивна свест, која живее во атомите од парите е подеднакво толку “среќна и восхитена“, кога ние на така и ситно и безначајно нешто му го отвараме своето срце. Велам можеби, затоа што ние тоа сеуште не можеме да го приметиме, или барем огромно мнозинство луѓе тоа не го приметуваат. Но бидете сигурни: ако со нешто или некој посакувате контакт, токму вие треба да го направите! И тоа со сопствено упорно настојување, инаку сигурно е дека до контакт нема да дојде, се додека вашиот внатрешен став е таков.

Ги одбрав парите, затоа што тоа е нешто со кое сите ние, барем неколку пати дневно, доаѓаме во допир (мислам на оној површински, механички, надворешен допир). Но ако некому така му одговара, тоа може да биде и молив, лажичка или столарски чекан – значи било каков предмет кој го користиме повеќе пати на ден.

7. ВЕЖБА

Секој соговорник гледај го право во очи – барем 2 пати, или три пати по неколку секунди во текот на разговорот, без разлика дали е тоа пријател или некоја не толку драга личност. Гледај го затоа, за да го приметиш, за да

видиш како позади неговите очи се крие истиот оној живот кој и во тебе врие. За да видиш дека тој ти е брат. Притоа може да приметиш дека тој живот кај некои луѓе е втеран во некои чудни, неправилни, грди, незграпни, болни канали и простори, и тогаш ќе ти биде многу тешко да останеш кон него со отворено срце и да го гледаш со иста симпатија. Но тоа чувство на одбојност е само навика (на пр. како пушењето) и доколку навистина истраеш во своето настојување да ја отфрлиш таа навика, таа со текот на времето и ќе се изгуби. Секако, мора да го имаме на ум онаа наша крајна цел, која е истоветна за сите вежби и која треба да претставува непресушен извор на сила и волја, а тоа е: настојување да се оспособиме, да станеме способни за еден виши живот, побогат живот, за уживање во струите на животот, кои секогаш се посилно излегуваат од нас, колку повеќе се ослободуваме од предрасудите, навиккте, стегите (наметнати од родителите, од околината, од нацијата, од Европа и од човештвото воопшто).

Животот е како снажен воден наплив, кој секогаш го одбира оној материјал кој е за водата најпогоден за градење корито. Најмногу количина вода, проаѓа онаму каде тлото е најмеко – секогаш ќе го одбира патот со најмалку препреки. Во таа смисла, што повеќе се отвараме кон животот и што повеќе го пуштаме да струи низ нас на сите страни, без огледа на тоа каде се наоѓа тој живот (во јавно ВЦ или на водопадите на Плитвички Езера) толку повеќе живот ќе ни биде возвратен. Да се пушти животот низ нас слободно да тече значи: да се одгледуваат во срцето свое само благородни и возвишени чувства и мисли.

Page 7: Joga Na Sekojdnevieto Book

12 13

Зошто е тоа така? Еве зошто: секој пат кога некому се лутиш, или кога некого мразиш или слично, мускулите на твоето тело се напрегаат, се згрчуваат, се стегаат. Посебно тоа е воочливо на мускулите на стомакот и на лицето. На пр. после засилен разговор со некого, едноставно нас не болат мускулите на образите, затоа што постојано биле напрегнати. Од друга страна, заносот, радоста, восхитот, љубовта, воодушевувањето итн. автоматски, во нашето тело создаваат состојба на опуштеност и тогаш сите клетки на нашето тело се напојуваат со животна сила. Затоа постарите луѓе често говорат, дека најубаво доба од нивниот живот, било добата на нивната прва љубов.

8. ВЕЖБА

Оваа вежба од нас бара, барем два пати дневно, по неколку минути, свесно трчање. Тоа значи дека за време на трчањето мораме да обратиме внимание на случувањата во нашето тело. Треба да настојуваме да бидеме свесни за напрегањето на една група мускули, кога ногата се крева и опуштањето на друга група мускули , кога ногата се спушта на земја. Забрзано дишење, пулс, напрегање на мускулите на стомакот, рацете, лицето итн. – за сето тоа треба да имаме свесност. Кога ќе осетиме дека здивот е доволно забрефтан, може да продолжиме со нормален чекор, но и понатаму ги пратиме процесите во телото.

Вежбата може да се изведува на патот од дома до автобуска станица, до продавница или до парк или било каде на отворено. Тоа свесно пратење на внатрепните процеси треба да биде природно и спонтано! Треба да доживееме и задоволство од движењето, да го доживееме триењето на воздухот на лицето, чувство на

исполнетост во градите поради чистиот воздух. Мораме да го чувствуваме она топење на сето во себе и околу себе, како што се чувствува ластовичката кога лета точно над шумата, истиот восхит кој го проникнува дивиот коњ, кога со развеани гривни,трча по ливади.

9. ВЕЖБА

Секоја вечер, пред спиење, доволно е околу десет минути да читаме било каков духовен текст, кој во нас ги разбудува оние виши чувства и мисли.

Ова е многу значајна вежба, затоа што од нашите мисли непосредно пред спиење зависат нашите ноќни активности т.е активностите на астрален план, на нашето ментално тело. Или, кажано по народски: ако легнеш на лева нога, цела ноќ ќе спиеш на лево и на крај и ќе станеш утрото на лева нога!

10. ВЕЖБА

Кога сме го згасиле светлото и удобно сме се сместиле под покривката, само што сме сакале да издишиме, после напорниот ден, низ глава ни проаѓа мислата: „Ах, повторно една вежба.“

Меѓутоа оваа вежба, еден ден ќе ни овозможи, кога за тоа ќе бидеме доволно зрели, свесно да ги продолжуваме своите активности во астралниот свет. Тогаш,нема повеќе да припаѓаме на она огромно мнозинство луѓе, за кои една третина од животот е сосема загубена за будната свесност.

Вежбата се состои од внимателно набљудување на процесот на опуштање на телото. Дишењето станува

Page 8: Joga Na Sekojdnevieto Book

14 15

се помирно, можеби некој мускул нагло се стргнува, во нозете чувствуваме големо опуштање затоа што сега се ослободени од зголемениот прилив на крв во нив итн. кога телото ќе се смири, внимавајте да не заспиете од умор. За таа цел, како и поради смирување и насочување на вниманието на своето астрално и ментално тело, може од време на време, во мислите, да вибрираме ОМ. Потоа обрнуваме вниманите на евентуалните емоции. Едноставно ги набљудуваме со окото на нашата свест, без прашања. Ништо посебно не треба да правиме, за да се ослободиме од некоја негативна емоција – само внимателно и мирно ја набљудуваме и таа ќе се распрсне како балон од сапуница. Истата постапка треба да ја повториме и во нашите мисли – свесно ги пратиме случувањата, како некој набљудувач кој лично не е засегнат, но сепак внимателно гледа. На крајот и случувањата ќе престанат, но набљудувачот и понатаму ќе остане. Тој набљудувач – тоа е нашата виша свест, тоа е свест слободна, и незаматена од било каква содржина. Сега можеме слободно да дозволиме сонот да тропне на нашите порти. Нашата ноќ ќе биде исполнета со богати доживувања, што најверојатно ќе се манифестира и преку нашите соништа.

И така, тоа ќе се случува, се до оној ден кога свесно ќе се разбудиме на астрален план. Тогаш веќе не ќе ни бидат потребни никакви книги, ниту склоп на вежби, за понатамошен развој, на еволуциската патека. Нашиот пат, во секој момент на денот и ноќта, ќе се оцртува јасно пред нас. Вистина, понекогаш некои делови од патот ќе бидат завиени со магла од преостанатите негативни емоции, но главната линија секогаш ќе биде доволно јасно видлива. Ќе се наоѓаме на прагот од слободата...

НЕДЕЛНИ ВЕЖБИ

Овие вежби , поради природата на активноста со кои се поврзани, не може да се изведуваат секој ден, но задолжително мора да се направат барем еднаш неделно.

1. ВЕЖБА

Мораме да се научиме да киваме, подригнуваме, кашламе, икаме и зеваме, така што момент пред тоа да се случи, си помислиме: „аха, сега ќе настојувам свесно да го пратам дејството на овој феномен на моето тело.“ Значи, од нас се бара да постапиме како некој за нијанса попаметен војник: Прво погледни кој е, потоа пукај! Но, доколку и за време на пукањето, со цела сила настојуваме да го одржиме непоматен мирот на чистата свест – тогаш постапуваме како прав јоги. Најважно е да се освести процесот на зевање, затоа што, кога тоа ќе го сториме во потполност, ќе можеме да зеваме по сопствена волја, а тоа значи: во најкратко време, на сосема безопасен начин да ја обовиме изгубената енергија.

2. ВЕЖБА

Тага и радост, плач и смеење. Кога ќе не фати депресивно расположение, се обидуваме со имагинацијата, повторно да ги доживееме некои од оние моменти кога сме биле исклучително среќни, радосни, или кога сме доживеале нешто многу убаво!

Page 9: Joga Na Sekojdnevieto Book

16 17

Тоа треба да го правиме онолку долго додека не се промени нашето расположение. Доколку тоа баш никако не ни успева, може да примениме малк трик: едноставно да се помириме со нашата депресија, да ја персонифицираме, да и се обратиме, со снагата на својата имагинација, како на живо суштество: „Во ред, не можам да се решам од тебе. Еве ти рака, ајде да бидеме пријатели, кога веќе толку многу не можеме еден без друг.“ Твојата депресија, во тој момент ќе ти се насмевне и со насмеано лице ќе ти понуди рака за помирување. Во тој момент,и ти и твојата депресија ќе се распрснете, и ќе постои единствено радоста, радост на живеењето. Во тој час стануваш погоден терен за стварање корито на потокот на животот.

Плачење и смеење. Кога сте сами и толку тажни што плачете, обидете се плачот да го претворите во смеење. Како прво, ќе се зачудите колку е тоа лесно – само доколку се ослободиме од глупите мисли и шаблони, како на пр.кога човек нема пари да го нахрани ни своето дете, тој јаден плаче – сега јас сум во таква ситуација, значи јас морам да плачам.

Оние кои навистина веруваат во Бога, без разлика дали посетуваат цркви или храмови на било која религија, или едноставно во тишината на својот дом, во длабочините на своето срце, градат храм Господов, ова ќе можат многу лесно да го изведат. Кај оваа вежба, морам да напоменам дека постои и позитивен плач. Тоа е плач кој е свесно предизвикан, поради чистење од некои стресови. Истото тоа може да се постигне и со смеење на одреден начин, но тоа веќе излегува надвор од рамките на оваа книшка.

Кога радост и мир ќе се вселат во нашите срца, тоа ќе биде знак дека сме ја совладале оваа вежба.

3. ВЕЖБА

Третата вежба од оваа серија се состои во тоа свесно да го усмеруваме текот на разговорот и тоа така што во рок од еден час, поттикнеме барем пет теми, кои немаат никаква меѓусебна врска, а притоа никој од нашите соговорници тоа да не го примети. Темите, како и нивниот редослед, треба однапред да си ги запишеме, со цел да не се залажуваме самите себе.

Втората точка на оваа вежба е: да го застапуваме спртивното мислење, од она што обично го имаме за некои нешта.

Трета точка е: да се вежбаме да молчиме, и внимателно да ги слушаме другите - и тоа баш тогаш кога имаме најјака желба да говориме.

Четврта точка е: да се молчи за оваа вежба и за нејзините ефекти! (освен меѓу луѓето што имаат слични тежнеења.)

Целта на оваа вежба е, согледувајќи ги другите во вакви ситуации, додека сме ние сосема смирени и сконцентрирани на скриениот смисол на разговорот, да успееме појасно да се видиме самите себе си, кога би се нашле во некои сосема излишни и бесмислени дискусии.

Кога еднаш стекнеме способност свесно да го пратиме текот на нашите мисли и чувства, а при тоа да не се изгубиме во нив, тогаш оваа вежба повеќе нема да ни биде потребна, со исклучок можеби на третата точка.

Page 10: Joga Na Sekojdnevieto Book

18 19

4. ВЕЖБА

Кога ќе се случи да не здрма некое силно негативно чувство (на пр. страв од некој испит или караница со родителите) штом ни се укаже прилика треба добро да се истрчаме, толку колку е потребно за да се испотиме. Оваа вежба ќе придонесе многу за нашето телесно, но и за нашето душевно здравје.

5. ВЕЖБА

Радио, телевизија, грамафон, магнетофон, списанија, весници (јас би додала компјутери и интернет). Овдека се работи за тоа да си го расипеме уживањето во нашата најомилена емисија, песна, колумна или филм, и тоа така што за време на неговото траење ќе настојуваме да останеме сосема свесни – како кај онаа вежба со свесно земање храна. Тоа е првата фаза од вежбата. Кога тоа во солидна мера сме го совладале, се преоѓа на втората фаза, во која се препуштаме на уживањето (во филмот, песната, емисијата) но притоа исто така остануваме совршено свесни.

Овие две фази, неминовно, се преоѓаат за секој тип на вакави вежби.

6. ВЕЖБА

Филмови, спортски натпревари, театарски претстави и сл. И овде се бара истото што и во претходната вежба. Единствената разлика е што овде се согледуваат дразби од појак интензитет. На пр. се наоѓаме во кино. Манијак му приоѓа на тригодишно девојче, што невино го гледа.

Во критичниот момент, ти ја вртиш главата на страна и во потполност го насочуваш своето внимание на хипнотизираните лица од товојот ред. Внимателно ги набљудуваш, со цел, следниот пат полесно и кај себе да ја препознаеш таквата состојба. По триесет, или шеесет секунди, но може и подолго, се враќаш на филмот. Или се прикажува сексуален чин, некоја доста слободна сцена. Чувствуваш како мрак паѓа врз очите на твојата свест и – едноставно ќе ги затвориш и физички своите очи. Размислувај за некои духовни теми, тумачи ја сцената на духовен начин, па потоа врати се на филмот.

За време на спортски натпревар: еден момент штом главниот играч треба да шутира на гол, ти го подигаш својот поглед и се обидуваш да уживаш во убавината на небото, или облаците што пловат по него....

Кога ќе биде совладана оваа фаза, сцените треба да се пратат до крај. Притоа настојуваме сосема да се соживееме со сцената, па сепак да останеме при чиста свест. Овде би требало нешто да се каже во врска со трансформацијтата на погледите кон животот и неговите манифестации, за човекот кој тргнал на патот кон еволуција. Ќе споменам само тоа дека на одреден степен на развој, човекот во сите нешта и во сите случувања, го гледа само она што е чисто, убаво, возвишено, благородно, природно. Луѓето ќе коментираат: „Ах, тој е тежок наивец!“ Меѓутоа воопшто не е така, затоа што тој е всушност свесен за својата состојба, и по своја волја, може да се врати на нижите степени на свест, и да го гледа светот со очите на обичниот човек. Од друга страна – обичниот човек не е способен да го гледа светот со негови очи.

Page 11: Joga Na Sekojdnevieto Book

20 21

7. ВЕЖБА

Еден љубовен чин неделно мораме да го жртвуваме т.е за време на љубовниот чин да бидеме што посвесни, како некој доктор, кој ослушува со неговите слушалици. Свеста мора да се одржи и за време на оргазмот. Уживањето, поради подвоеноста на нашето внимание , ќе биде значително намалено, но не се вели залудно: „Колку повеќе даваш, толку повеќе ќе добиеш!“ Доколку сакаме да оствариме повеќе уживање во животот, мораме да го жртвуваме она помалото уживање. Всушност, се работи само за привидна жртва. Чувството на жртва тра само онолку колку на човека му е потребно, од часот кога се одлучил да ги занемари малите уживања за сметка на големите, не ги оствари тие големи уживања.

Доколку тоа навистина го посакувате од срце, многу брзо ќе успеете да ја одржувате свеста и за време траење на целиот оргазам. Кога сме зајакнале до таа мера и на некој начин сме го спознале оргазмот (повторно нагласувам: тоа не е толку тешко ако навистина сврсто се одлучам тоа да го сторам), тогаш може да прејдеме на следната фаза. Тоа е фаза во која потполно уживаме во односот и истовремено се трудиме да останеме свесни – исто така во целост. Најдобро средство за да се успее во оваа цел е: љубовта на срцето. Колку повеќе љубов има за време на односот, толку поголема ќе биде и свесноста.

Оваа фаза детално е опишана во книгата на В. Лојд „Кареца Праксис“.

Во оваа вежба исто така спаѓа контрола на сексуалните импулси т.е преобразба на сексуалната енергија во пофини облици на енергија, во било кое доба, освен во

она време кога сакаме со партнерот да имаме сексуален однос. Наједноставен, и за повеќемината, нај прифатлив начин на трансформација на сексуалната енергија е: кога, во било кој момент на разбуден сексуален нагон, без разлика зошто и која е причината за тоа, едноставно го насочиме вниманието во љубов за својот партнер.

Сексуалната енергија може да се преобразува и за други цели: на пр. поради зголемување на менталните способности. Во таков случај, кога ќе се појави нагонот, ја ангажираме свеста со некои силни сугестии:

„Половата енерги ја се претвора во огромна ментална снага!“ „Половата енергија во потполност се претвора во ментална енергија!“ „јас чувствувам како половата енергија струи кон вишите центри (чакри) на свеста“ „Чувствувам огромна ментална снага“

Со оглед на јачината која оваа вежба ја има во продуховување на една личност, освен „Кареца Праксис“ посекако прочитајте ја и книгата „Комаја“, во која ќе најдете мноштво податоци кои ќе го олеснат вашето разбирање, а со самото тоа и правилното изведување на оваа, по мое мислење, најдрагоцена и најелементарна јогиска вежба.

Ова посебно се однесува за оние духовни аспиранти или аспирантки кои немаат стален сексуален партнер.

Page 12: Joga Na Sekojdnevieto Book

22 23

РЕЗИМЕ

Кај медитацијата во акција:1. Нема губиток на време. Медитацијата се изведува

напоредно со секојдневните активности. Со теко на времето, како се развиваат способностите т.е со зголемување на свесноста, ќе бидете во состојба, што поглолем дел од денот да го поминете медитирајќи, а притоа нималку да не го нарушите секојдневното обавување на обврските.

2. Кај ваков вид медитација нема опасност од претерување. Од првиот ден можете да се обидувате да медитирате од утро до мрак. Освен, што на почеток, ќе бидете малку позанесени и позаборавени од обично, ќе приметите и мноштво позитивни ефекти, како на пр. во текот на целиот ден ќе бидете енергизирани, ќе имате помала потреба за сон, за храна, ако се разболите побрзо ќе оздравите и сл.

3. Овој тип на медитација потполно е прилагоден на западниот стил на живеење, повеќе од било која друга позната врста медитација.

4. Методата „медитација во акција“ може без никакви опасности да се комбинира со било која друга врста медитација, од типот на „седечка медитација“ и сл. Медитацијата во акција, како и секоја друга медитација, ќе даде подобри и побрзи резултати, колку посвесно и поредовно ја изведуваме. За успехот многу ќе придонесе, потполно и

категорично исфрлање од употреба на алкохол, цигари и месо – затоа што духот и телото чинат нераздвојна целина. Едно да се лечи, а друго да се труе – тоа потсетува на коњ, кој со предните нозе се обидува да оди нанапред, а со задните наназад. Исто така од големо влијание за успех, е непрестајно студирање на јогиската наука и на неа сродните дисциплини. При тоа може да се вметне, доколку дојде до презаситување, како некој вид распуст за време на студиите, уживање во поезија, книжевност, сликарство, филмска уметност итн (во зависност од личните претензии кон некоја уметност), со тоа што од тие огромни градини на човечкото творештно, доаѓаме во допир само со оние делови кои во нас будат, исклучиво, благородни и возвишени мисли и чувства, и се разбира, животна радост и чувство за убавина.Медитацијата во акција може слободно, па дури и мора, слободно да се прилагодува и да се проширува, зависно од моменталните потреби и околностите на секој еден поединец. Целта за тоа е јасна: со редовно вежбање се стекнува навика да се освести животот и секоја па и најнеочекувана ситуација. Кои се ефектите од таквото освестување? Каква е користа од сето тоа? Тоа е оставено на слободна проценка на секој поединец. Можам само да напоменам дека главна, а и единствена задача на јогата е пронаоѓање што поефикасни методи за забрзување на човековата еволуција , но на

Page 13: Joga Na Sekojdnevieto Book

24 25

еден сосема природен начин – како некое младо шумско стебло, кое секогаш го бира за себе најкраткиот пат до сончевата светлина и топлина. Што се однесува до оние, кои и самите не се начисто, дали навистина ги интересира забрзана еволуција на својата раса или тоа не ги интересира, би им предложил да го разгледаат следново прашање:„Дали би ми било повеќе драго да се родев како среќен, совршен мајмун, или вака – како несреќен, несовршен човек?!?“

ДЕСЕТ КОМАИНИ ЗАПОВЕДИ

Духовната задача на движењето Комаја на планетата земја би можела да се збие во една реченица:

„Љуби го ближниот свој, како самиот себе!“

Во дамнешно доба, Бог му говореше на Мојсие:I

Јас сум Господ твој. Немај други Богови освен мене.II

Не го користи името Господово залудноIII

Сети се да го славиш денот Господов (недела)IV

Почитувај ги своите мајка и татко, да би живеел долго и да ти биде добро на земјата.

VНе убивај

VIНе греши блудно.

VII Не кради.

VIIIНе сведочи лажно пред ближните свои.

Page 14: Joga Na Sekojdnevieto Book

26 27

IXНе посакувај туѓи нешта.

XНе посакувај туѓа жена.

Денес, Бог говори преку Макаја:

IЈас, Бог, сум во тебе. Не барај ме вон себе.

IIСлави ги сите мои имиња, на кои им се молат, деноноќно.

IIIСети се да го славиш секој ден,Бидејќи сите дни од мене ти се дадени.

IVПочитувај ги сите мои мајки и татковци, синови и ќерки, па ќе ти биде добро на земјата.

VНе повредувај дури ни во мислите.Не чини му на другиот, она што не сакаш тебе да ти го прават.

VIЉуби и чини што сакаш.

VIIНе кради.

VIIIСведочи ја секогаш само мојата вистина.

IXБиди усмерен и скромен.

XНе посакувај никогаш да ја поседуваш ниту својата ниту туѓата жена, ниту својот ниту туѓиот пријател,ниту својот ниту туѓиот магарец. Не посакувај никогаш да поседуваш ниту едно мое битие.

Page 15: Joga Na Sekojdnevieto Book

28

„Љуби го ближниот свој, како самиот себе.“ Тоа пред се значи: „Љуби се самиот себе!“ Љубов спрема самиот себе значи прифаќање и живеење на Седумте Услови на Комаја.Комаја значи нов однос помеѓу мажите и жените, родителите и децата, нов однос спрема материјалните и душевните добра. На почетокот била првобитната заедница, на крајот ќе биде Комаја.Ние сме Христови, но без католичката и сите останати цркви.Ние сме Кришнови, Будини и Мухамедови,но без догмите на нивните следбеници.Ние му служиме на Бога.Ние немаме вера, но не сме незнабошци.Ние имаме слобода.Ние дојдовме на Земјата да го зачнеме, родиме и воспитаме новиот народ, не по крв, туку народ по дух, народ кој ќе го љуби овој свет!