justice for slavko1

48
СЛАВКО ЖРТВА НА ПРОЦЕС СО МОНТИРАНО КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА ГРАБЕЖ http:// slavkoblog.wordpress.com/

Upload: slavko-daskalovski

Post on 17-Feb-2017

2.858 views

Category:

Presentations & Public Speaking


5 download

TRANSCRIPT

Page 1: Justice for slavko1

СЛАВКО ЖРТВА НА ПРОЦЕС СО МОНТИРАНО КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА ГРАБЕЖ

http://slavkoblog.wordpress.com/

Page 2: Justice for slavko1

® На 08.02.2011 година е ограбена стрицата М.Л. во нејзиниот дом во Битола. Од местото на грабежот не се пронајдени никакви докази против Славко.

® На 04.03.2011 година Славко е уапсен од битолската полиција под сомневање дека го направил грабежот. Од извршените претреси во станот, колата, сефот од банката, викендицата, продавницата и куќата на сестра му, не се пронајдени никакви докази против Славко.

Page 3: Justice for slavko1

® На 04.03 2011 година во Основниот суд во Битола имаше препознавање на сторители на грабежот. Жртвата на грабежот без наочари за блиско гледање иако со ослабнат вид го покажа Славко. Меѓутоа Славко не се совпаѓа со русиот ограбувач по возраста, гласот и косата!

® На 27.05.2011 година Славко е обвинет со обвинителен акт KO.бр. 128/11 на Основното Јавно Обвинителство Битола за сторенo кривично дело за “Разбојништво.

Page 4: Justice for slavko1

® Славко има алиби. Пет сведоци сведочат дека Славко во времето кога се одвивал грабежот бил на сосема друго место. Пред зградата каде живее и растоварал песок.

® На 22.12.2011 година, 23.02.2012 година, 03.04.2012 година и 17.04.2012 година во Основниот суд во Битола се одвива судење. На 23.04.2012 година беше објавена пресудата К.бр.383/11 со која Славко е осуден на 10 годишна затворска казна и задолжен да плати 9400 000 денари.

Page 5: Justice for slavko1

® Пресудата беше обжалена до Апелациониот суд Битола. На 08.10.2012 година со решение КЖ.бр. 451-12 беше укината пресудата и предметот вратен пред првостепениот суд на повторно судење.

® На 11.12.2012 година, 14.03.2013 година, 04.07.2013 година, 08.10.2013 година и 05.11.2013 година во Основниот суд во Битола се одвиваше повторено судење.

® На 18.06.2013 година Републичкиот Јавен Обвинител поднесе барање за заштита на законитоста до Врховниот суд на Македонија.На 10.12.2013 година Врховниот суд со пресудата Кзз.бр 25/2013 го одби барањето како неосновано.

Page 6: Justice for slavko1

® На 10.04.2014 година и на 29.04.2014 година во Основниот суд во Битола се одвиваше повтореното судење. На 05.05.2014 година беше објавена пресудата К-490/12 . Основното Јавно Обвинителство на Битола повторно ја обжали пресудата. Со решението КЖ-531/14 на Апелациониот суд Битола беше укината ослободителната пресуда и предметот вратен пред првостепениот суд на повторно судење.

Page 7: Justice for slavko1

7

Со следните аргументи се докажува дека Славко е жртва на судски процес со монтирано кривично дело за направен грабеж:

Page 8: Justice for slavko1

® На препознавањето одржано на 04.03.2011 година во Основниот суд Битола не им беа доделени бројки на сите лица повикани и наредени за препознавање! Пристапија седумина во редот за препознавање а само на тројца им доделија ливчина со броеви. На Славко бројот 5, на лицето М.М. бројот 1 и на лицето Љ.Т. бројот 2. Лицата С.М., З.Р., Н.А., и Р.М. немаа броеви при препознавањето!

НАМЕСТЕНО ПРЕПОЗНАВАЊЕ1

Page 9: Justice for slavko1

Решение за препознавање во записникот КРИ-86/2011, 07.03.2011

Page 10: Justice for slavko1

® Со превземањето на посебната мерка, само селектираните лица да имаат броеви, жртвата на грабежот направи нерегуларно препознавање. Само врз лицата маркирани со тие три броеви. Жртвата на грабежот во оваа постапка “требаше” да препознае двајца ограбувачи, еден рус и еден црн, што значи да посочи на двајца од можните тројца!

® Барањето на црниот ограбувач меѓу наредените беше малку сложено за неа. Кај двајца црни од наредените имаше бројки. Жртвата на грабежот покажа полициски службеник како црн човек,.

® Додека барањето на русиот ограбувач меѓу нареданите беше многу лесно. Само една “руса” особа имаше бројка во редот од препознаваните лица! Само Славко како “рус“ држеше ливче со бројка. Не беше тешко да се виде и да се покаже!

Page 11: Justice for slavko1

® На Славко не му беше дозволено да има свој бранител.

® На Славко не му беше дозволено да одбери друг број освен доделениот, бројот 5.

® Славко кога пристапи во редот за препознавање и завзеде место помеѓу другите лица од средината на редот, беше преместен на почетната позиција како прв.

® Бранителот на лицето Н.А. кое исто така беше спроведено од полицијата за препознавање беше отстранет од просторијата каде се препознавше.

На препознавањето беа превземени додатни мерки:

Page 12: Justice for slavko1

® Истражниот судија Љ.Ч. на препознавањето одржано на 04.03.2011 година во Основниот суд Битола, на Славко не му дозволи да има свој бранител со образложение дека не бил осомничен за да има бранител!

ОДЗЕМЕНО ПРАВО НА БРАНИТЕЛ

Објаснение во записник од испитување на Славко КИ.бр.37/11

2

Page 13: Justice for slavko1

13

® И судскиот совет со пресудата К-383/11 искажа ист став дека на Славко не требало да му се овозможи да има свој бранител!

Објаснение во пресудата К-383/11

Page 14: Justice for slavko1

14

® А и застапникот на обвинението се има изјаснато дека немало потреба од бранител за Славко.

Извадок од записник

Page 15: Justice for slavko1

15

Према законот за кривична постапка, член 63, секое лице има право на бранител во предкривичната и судската постапка. Па така и Славко имаше право на бранител при препознавањето!

Правото на бранител на Славко му беше одземено во Основниот суд Битола при спроведувањето на дејствието за препознавање на лица а со тоа беше прекршена и Европската Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи која е составен дел на правниот поредок на Република Македонија.

Page 16: Justice for slavko1

16

® Во записникот КРИ-86/2011 од сослушувањето на жртвата на грабежот во Основниот суд Битола на 04.03.2011 година, непосредно пред препознавањето, е запишано дека жртвата на грабежот ја има дадено следната информација за русиот ограбувач:

“русо момче, тој беше помлад од овој првиот црниот”.

ПРИКРИЕНА ВОЗРАСТ НА ОГРАБУВАЧ

Исечок од записник

3

Page 17: Justice for slavko1

17

® Оваа информација за возраста на русиот ограбувач беше прикриена во записникот од препознавањето. Во описот за русиот ограбувач, во наведените обележја за русиот ограбувач нема никаква информација за возраста.

Исечок од записник

Page 18: Justice for slavko1

18

И судскиот совет во пресудата К-383/11 ја прикри информацијата за возраста на русиот ограбувач со невистинито тврдење:® “Од нејзиниот опис, се утврдува дека никогаш

оштетената не изјавила на која возраст и изгледал обвинетиот дека е”.

Исечок од пресуда К.бр.383/11

Page 19: Justice for slavko1

19

Жртвата на грабежот при сослушувањето на 04.03.2011 година во Основниот суд Битола кажала дека русиот ограбувач имал пискав глас:

НЕСОВПАЃАЊЕ СО ОГРАБУВАЧ

Исказ на жртвата на грабежот за гласот на русиот ограбувач

4

Page 20: Justice for slavko1

20

® Жртвата на грабежот при сослушувањето на 04.03.2011 година во Основниот суд Битола го опишала русиот ограбувач и како младо момче:

Исказ на жртвата на грабежот за возраста на русиот ограбувач

Page 21: Justice for slavko1

21

Жртвата на грабежот при сослушувањето на 14.03.2011 година во Основниот суд Битола се изјаснила дека русиот ограбувач немал обелена коса туку руса:

Исказ на жртвата на грабежот за косата на Славко

®На препознавање на лица во Основниот суд Битола одржано на 04.03.2011 година е констатирано дека Славко има обелена коса.

Констатација од судот за косата на Славко

Page 22: Justice for slavko1

22

® Славко има нормален глас додека русиот ограбувач имал пискав глас.

® Славко е возрасен на 58 години додека русиот ограбувач бил младо момче.

® Славко има обелена коса додека русиот ограбувач имал руса коса.

Page 23: Justice for slavko1

23

Од сведочењата на петтемина сведоци се утврдува дека Славко во времето на грабежот бил на сосема друг настан, растовар на чакал на паркингот пред зградата каде живее. Сите сведоци се единствени во настанот дека во критичниот ден пред зградата каде живее Славко се истоварало песок. Со пресудата К.бр.383/11 сите сведочења беа неосновано отфрлени.

® Сведокот Ѓ.В. и сведокот П.О. го потврдуваат присуството на Славко за целото времетраење на алиби настанот.

® Сведокот Л.М. сведочи за присуство на Славко на алиби настанот ама неможе да се сети за датумот.

® Сведокот В.К. сведочи само за алиби настанот бидејќи не го видела Славко. Меѓутоа од нејзиното сведочење може да се верифицира веродостојноста на сведочењата на сведоците кои неможеле да се сетат за точниот датум за алиби настанот.

НЕОСНОВАНО ОТФРЛАЊЕ НА АЛИБИ5

Page 24: Justice for slavko1

24

® И сведокот В.Х. го потврдува присуството на Славко на алиби настанот. И неговото сведочење неосновано беше отфрлено со апсурдното тврдење на судскиот совет дека од неговото сведочење неможело да се утврди точниот датум и време!

Исечок од пресуда.

А можело. Сведокот В.Х. се има децидно изјаснето за датумот: 08.02.2011 год.

Исечок од записник

Page 25: Justice for slavko1

25

Жртвата на грабежот со своите наполнети 80 години е во длабока старост. Иако има ослабнат вид не носи наочари. Понекогаш конфузна. Не е писмена а од бројките знае само неколку. Иако има дадено многу оскудни податоци за ограбувачите, со разрешувањето на грабежот очекува да и се вратат украдените пари. Во едно такво исчекување била и изманипулирана.

МАНИПУЛАЦИЈА СО ЖРТВА НА ГРАБЕЖ

6

Page 26: Justice for slavko1

26

Жртвата на грабежот на направениот увид за грабежот кажала дека ја ограбиле тројца. Бројот три како број на ограбувачи фигурира како во записникот од извршениот увид така и во записниците од сослушувањето на инспекторите М.П. и Д. Т.

Исечок од записникот за

сослушување на Д.Т.

Исечок од записникот за сослушување на М.П.

Исечок од записникот за увид

Page 27: Justice for slavko1

27

® Меѓутоа жртвата на грабежот на сослушувањето непосредно пред препознавањето го менува бројот на ограбувачи од тројца во двајца!

Исечок од записникот за сослушување на жртвата на грабежот

Која е причината бројот на ограбувачи да се смени?

Page 28: Justice for slavko1

28

Оваа промена на бројот на ограбувачи судскиот совет во пресудата К.бр.383/11 ја објаснува со конфузност на жртвата на грабежот.

Исечок од пресудата

Page 29: Justice for slavko1

29

Ако во записникот од сослушувањето на Славко постои ваква информација:

Исечок од записникот од сослушување на Славко

®Тогаш може да се понуди и поинакво објаснување од она во пресудата К.бр.383/11. Промената на бројот на ограбувачи е тесно поврзана со двајцата, Славко и А.Н., од полицијата “прогласени” за ограбувачи и спроведени за препознавање. А тоа значи дека менувањето на бројот на ограбувачи не е последица на конфузност туку на извршена манипулација со жртвата на грабежот!

Page 30: Justice for slavko1

30

Манипулацијата со жртвата на грабежот не застанала само со бројот на ограбувачи.

Жртвата на грабежот на судењето во Основниот суд Битола на 23.02.2012 година кажала дека кај сите лица кои и биле предочени за препознавање имале ливчина со бројки.

Исечок од записник

®Ако во записникот КРИ-86/2011, 07.03.2011 од препознавањето е евидентирано дека само кај тројца имало ливчина со бројки тогаш невистинитото кажување на жртвата на грабежот не е последица на нејзината заборавност туку на изманипулираност со цел да се прикрие нерегуларноста при препознавањето.

Page 31: Justice for slavko1

31

Во пресудата К.бр.383/11 е запишано дека жртвата на грабежот е неписмена а од броевите да познава неколку.

Исечок од пресуда

Дали жртвата на грабежот била подучена односно подготвена за препознавањето?

Page 32: Justice for slavko1

32

СПРЕМАЊЕ НА ЖРТВАТА ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ

Жртвата на грабежот при сослушувањето на 14.03.2011 година во Основниот суд Битола кажала дека отишла во полиција, кај Благојче. Меѓутоа на поставеното прашање од каде го знае тој Благојче, старицата М.Л . одговорила дека го немало видено тој Благојче!

Прикривање на инволвираност на Благојче

®Со прикривањето на полицискиот службеник Благојче, како конкретно лице од полицијата, де факто се прикрива нејзиното подготвување од страна на полицијата.

Page 33: Justice for slavko1

33

Жртвата на грабежот на сослушувањето на 14.03.2011 година во Основниот суд Битола изјавила дека нејзе никој не и рекол да го препознае лицето со бројот 5 односно никој не и кажал дека тие што ќе ги препознава ќе имале броеви иако за прв пат оди на препознавање.

Исечок од записник од сослушување на жртвата на грабежот

®Ако се знае дека на препознавањето, на Славко не му беше дозволено да одбере друг број освем доделениот, бројот 5, тогаш со горе споменатите негирање жртвата на грабежот сака да го прикрие нејзиното спремање за препознавањето.

Page 34: Justice for slavko1

34

Исечок од записник од сослушување на жртвата на грабежот

Дали асоцијацијата со САТОТ, дообјаснувањето на жртвата на грабежот за бројот 5, е индикација за спремањето каде часовник се користел како модел за учење на бројката 5?

Page 35: Justice for slavko1

35

МАНИПУЛАЦИЈА СО ИНФОРМАЦИИ ЗА СЛАВКО

На сослушувањето на 14.03.2011 година во Основниот суд Битола жртвата на грабежот го опишува русиот ограбувач со информации: дека има 60 години, дека крадел, не работел... наместо со информации од сопственото искуство кога била ограбена. Ама не признава дека информациите се кажани од полицијата!

Слика26. Исечок од изјава на старицата М.Л

®Жртвата на грабежот со негирање на полицијата де факто го прикрива нејзиното спремање од страна на полицијата каде оскудните информации од жртвата на грабежот за пронаоѓање на ограбувачите, полицијата си ги надополнила со свои информации, со информации за Славко.

Page 36: Justice for slavko1

36

Разгледување на фото албум со ограбената старица М.Л. е вообичаена пракса на полицијата со жртвата после грабежот. Ама жртвата на грабежот при сослушувањето на 14.03.2011 година во Основниот суд Битола негира покажување на слики од страна на полицијата.

МАНИПУЛАЦИЈА СО ФОТОГРАФИИ НА СЛАВКО

Исечок од изјава на жртвата на грабежот

®Ако се знае дека Славко беше дополнително фотографиран пред да се направи препознавањето тогаш со негирањето на полицијата за покажување на фотографии де факто се прикрива спремањето на жртвата на грабежот со најновите фотографии од Славко.

Page 37: Justice for slavko1

37

® Жртвата на грабежот на главниот претрес на 23.02.2012 година го менува исказот и вели дека полицијата и покажала фотографии! како резултат на уште една манипулација.

Исечок од записник од судење

Page 38: Justice for slavko1

38

Во обвинителниот акт КО. бр.128/11, во делот каде се опишува грабежот, наведено е дека ограбувачите кога дошле пред вратата од станот на жртвата на грабежот , се претставиле како вработени во “канализација”.

КОРИСТЕНИ НЕИЗВОРНИ ПОДАТОЦИ ОД ГРАБЕЖ

Исечок од обвинителниот акт

7

Page 39: Justice for slavko1

39

Меѓутоа, жртвата на грабежот на сослушувањето во Основниот суд Битола на 14.03.2011 година кажала дека ограбувачите се претставиле како вработени во “дистрибуција“.

Исечок од записник од сослушување на жртвата на грабежот

Во текот на процесот К-383/11 застапникот на обвинението изврши промена на зборот “канализација” во “дистрибуција“.

Page 40: Justice for slavko1

40

Во обвинителниот акт КО. бр.128/11, во делот каде се опишува грабежот, наведено е дека ограбувачите дошле пред вратата од станот на жртвата на грабежот околу 08.00 часот.

Исечок од обвинителниот акт

Page 41: Justice for slavko1

41

Меѓутоа жртвата на грабежот на двете сослушувања во Основниот суд Битола и на 04.03. 2011 година и на 14.03.2011 година има кажано дека ограбувачите дошле во/околу 07.30 часот.

Исечок од записник од сослушување на старицата М.Л

Исечок од записник од сослушување на старицата М.Л

Page 42: Justice for slavko1

42

® Од спроведеното дејствие на препознавање на лица одржано на 04.03.2011 год. во Основниот суд Битола составен е записник со ознака КРИ-86/2011, 07.03.2011 каде судот има донесено РЕШЕНИЕ за препознавањето. Ова решение како изворен документ од препознавањето реално ја одразува фактичката ситуација при препознавањето, дека само на тројца од седуммнината препознавани им беа доделени ливчиња со броеви. Таму точно се наведени тие ТРИ БРОЕВИ. Пред лицето М.М. стои бројот 1, пред Славко бројот 5 и пред Љ.Т. бројот 2.

ПРЕПРАВЕН ЗАПИСНИК ОД ПРЕПОЗНАВАЊЕ

8

Page 43: Justice for slavko1

43 Решение за препознавање во записникот КРИ-86/2011, 07.03.2011

Page 44: Justice for slavko1

44

® Приложениот записникот КРИ-86/2011, 07.03.2011 Славко го има добино преку неговиот бранител адвокатот Розита Димитровска.

® Во списите на судскиот предмет како клучен доказ во судската постапка беше употребен друг записник од препознавањето со ознака КРИ.бр.86/11-1, 4.03..2011год . Записникот КРИ.бр.86/11-1, 4.03..2011год не е изворен документ од препознавањето туку преправен. Према решението во овој записник сите лица кои биле препознавани имале БРОЕВИ! што не одговара на реалната фактичка ситуација при препознавањето. Лицата С.М., З.Р., А.Н., и Р.М. на препознавањето немаа ливчиња со броеви ама во решението пред нивните имиња има бројки. Лицето М.М. на препознавањето го држеше бројот 1 а према решението го имал бројот 6. Лицето Љ.Т. на препознавањето го држеше бројот 2 а према решението го имал бројот 7.

Page 45: Justice for slavko1

45

® Слика35. Решение за препознавање во записникот КРИ.бр.86/11-1, 4.03..2011год

Решение за препознавање во записникот КРИ.бр.86/11-1, 4.03..2011год

Page 46: Justice for slavko1

46

Кој од овие два записници е валиден судски документ?

® Дали првиот, каде документот има нумерирани страници и на горните делови од сите страници постои шифрата КРИ-86/2011, 07.03.2011.

® Или вториот, каде документот нема нумерирани страници а шифрата КРИ.бр.86/11-1, 4.03..2011год, стои само на една, првата страница од документот?

Page 47: Justice for slavko1

47

® Зошто во обвинителниот акт, под точката 5, клучниот доказ во судскиот процес К-383/11, записникот од препознавањето, не се наведува екплицитно како записник од препознавање?

Исечок од обвинителен акт КО.бр.128/11

Page 48: Justice for slavko1

ФАКТИ од процесот за грабеж:

48

http://slavkoblog.wordpress.com/