kako da se uredat neshtata
DESCRIPTION
programa na konferencijataTRANSCRIPT
![Page 1: Kako da se uredat neshtata](https://reader031.vdocuments.pub/reader031/viewer/2022013106/568bd8361a28ab2034a288c0/html5/thumbnails/1.jpg)
ЛОКОМОТИВА‐Центар за нови иницијативи во уметноста и културата Бул. Партизански одреди 21 (Порта Буњаковец), зграда А2/3, влез 2, стан 4, 1000 Скопје, Македонија
T/Ф: +389 2 3245 726, e‐mail: [email protected]; www.lokomotiva.org.mk
1
КАКО ДА СЕ УРЕДАТ НЕШТАТА СО ОКОЛНОСТИТЕ?1
Изведувачки уметности, мобилност, излевање и прекугранична соработка на сцените во поранешните југословенски републики
16 јуни 2012 ‐ Скопје – Младински културен центар
ПРОГРАМА Дел 1 10:30 – 12:20 ‐ ВОВЕД И АНАЛИЗА НА СИТУАЦИЈАТА Преглед на социо‐политичката, економската и културната состојба во Македонија. Условите во образованието, продукцијата и истражувањето и како тие влијаат на развојот на современата сцена на изведувачките уметности. Модератор: Биљана Тануровска Ќулавковски (М‐р по менаџмент во култура и културна политика, менаџер на Локомитива; ќе ја модерира дискусијата и ќе даде краток преглед на културната политика во Македонија во оваа област) Презентери: • Хана Маркварт (менаџер на програмата Роберт Бош, ќе ги претстави заклучоците
од конференцијата во Нови Сад) 10 мин. • Сенка Анастасова (доктор по филозофски науки, Доцент е по основи на културните
студии на Институтот за општествени и хуманистички науки‐Скопје. Ќе зборува за публиката како имплицитен субјект (нејзината активност, контекстот на принуда/ избор зависно од условите на комуникација, контекстуална индустријализација, пазарење со одлуки и сл., со посебен осврт на изведувачки уметности.) 15 мин.
• Соња Здравкова – Џепаровска (Доктор по театрологија, доцент на академските програми за балетска педагогија и современ танц на Академијата за музичка уметност при Универзитетот „Кирил и Методиј“, Скопје: ќе зборува за состојбите во сферата на модерниот и современиот македонски танц кои се рефлeксија на тенденциите и естетските визури создадени во периодот од 1991 до денес) 20 мин.
• Гизела Милер (одговорна за уметничката и образовна програма на Берлинската школа Tanzfabrik и директор на Dance Intensive programme; ќе зборува за едукација и структури за поддршка на независните уметници кои работат во полето на современ танц во Берлин) 20 мин.
• Искра Шукарова (кореограф и доцент М‐р на академските програми за балетска педагогија и современ танц на Академијата за музичка уметност при Универзитетот „Кирил и Методиј“, Скопје, ќе ги презентира личните искуства како кореограф во однос на перспективите на современата танцова едукација во Р.Македонија и надвор од неа, изложени во следните две декади: 1992‐2002 и 2002‐2012) 20 мин.
Заклучоци од сесијата, отворена дискусија‐прашања од публиката 15 мин. 12:20 – 12:40 КАФЕ ПАУЗА
1 Името на конференцијата е извадено како референца на името на книга од Џ.Л.Остин – “Како да се уредат нештата со зборови?” (оргинален наслов – “How to do things with words?”)
![Page 2: Kako da se uredat neshtata](https://reader031.vdocuments.pub/reader031/viewer/2022013106/568bd8361a28ab2034a288c0/html5/thumbnails/2.jpg)
ЛОКОМОТИВА‐Центар за нови иницијативи во уметноста и културата Бул. Партизански одреди 21 (Порта Буњаковец), зграда А2/3, влез 2, стан 4, 1000 Скопје, Македонија
T/Ф: +389 2 3245 726, e‐mail: [email protected]; www.lokomotiva.org.mk
2
Втор дел 12:40 – 14:30 ИСКУСТВЕНИ АНАЛИЗИ Како условите влијаат на професионалците: истражување, продукција, едукација Модератор: Драгана Заревска (визелен и изведувачки уметник; имаше можност да присуствува на повеќе резиденции и истражувања преку Локомотива и Номад Танц Академија, како и преку други организации; ќе ја модерира дискусијата, но ќе го сподели и своето искуство, зошто во одреден момент таа живееше во не‐контекст или во контекст на резиденција во Европа) Презентери: Студии за сцената/ите • Маријана Савовска (танчерка, живее во Германија, ќе зборува за својата лична
приказна, зошто заминала во Германија и зошто не учествува во градењето и развојот на македонската сцена) 20 мин.
• Иванка Апостолова, (Доц. Д‐р Иванка Апостолова е вработена како раководител на одделот за Студии на култура (постдипломски студии), во Институтот Евро Балкан, Скопје; ќе зборува за Перформативните/изведбените уметности во Словенија и Македонија (Неколку видувања, паралели, споредба, размислувања и согледувања) ) 15 мин.
• Маријана Цветковиќ ‐Марковиќ (магистер по менаџмент и културна политика, менаџер на Станица – сервис за современ танц во Белград, ќе зборува за ситуацијата во Србија и како нивната организација работи на создавање на услови за развој на сцената. Како ова влијае на рефлектирање на контекстот и дали има повратна реакција од сцената) 20 мин. ЛИЧНО ИСКУСТВО
• Софија Ристевска (дипломиран режисер и м‐р по сценски дизајн, работи самостојно во Битола и е дел од независна театарска сцена; ќе зборува за условите во коишто се финансира и подготвува една независна театарска претстава во Република Македонија, условите за нејзино рекламирање и продавање на нашиот театарски пазар и колку нашата независна театарска сцена е развиена и конкурентна, во однос на околните балкански независни театарски сцени.) 10 мин.
• Марија Зафирова (е театарски продуцент кој живее во Скопје и основач на независниот театар, ТЕАТРА; ќе зборува за основање на независен театар во услови на духовна криза во општеството) 10 мин.
• Русе Арсов (продуцент, изведувачки уметности. Тој е основач на организацијата Центар за Драмски Уметности (ЦДУ) Т‐Хаус, работи и во јавната институција Младински Културен Центар; ќе го сподели своето искуство во однос на независната театарска продукција) 10 мин.
Заклучоци од сесијата, отворена дискусија‐прашања од публиката 15 мин. Забелешки од конференцијата ќе води Милка Ивановска.
![Page 3: Kako da se uredat neshtata](https://reader031.vdocuments.pub/reader031/viewer/2022013106/568bd8361a28ab2034a288c0/html5/thumbnails/3.jpg)
ЛОКОМОТИВА‐Центар за нови иницијативи во уметноста и културата Бул. Партизански одреди 21 (Порта Буњаковец), зграда А2/3, влез 2, стан 4, 1000 Скопје, Македонија
T/Ф: +389 2 3245 726, e‐mail: [email protected]; www.lokomotiva.org.mk
3
Сите заклучоци ќе бидат публикувани и понудени како препораки за развој на културна политика во полето на современа изведувачка ументост (независен танц и театар) на Министерството за култура на Р.Македонија.