leonardo da vinci programme

16
CREATIVITYCONFID DEN NCEPRACTICE TRAVELINGF FR RIE EN ND DS SH HIP P ACTIVITY MOBILITYSK K K KILLSCULTRE QUALITYE EXP P PE ER RIE E EN NC CE EEXCHANGE P PER R RSPEC CTIV VE EINNOVATION ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ Од мала искра ГОЛЕМ оган бидува www.na.org.mk

Upload: nacionalna-agencija

Post on 09-Mar-2016

222 views

Category:

Documents


6 download

DESCRIPTION

Брошура за потпрограмата Леонардо да Винчи како дел од Програмата за доживотно учење - издание 2013г.

TRANSCRIPT

Page 1: Leonardo da Vinci programme

CREATIVITYCONFIDDENNCEPRACTICE TRAVELINGFFRRIEENNDDSSHHIPPACTIVITY MOBILITYSKKKKILLSCULTREQUALITYEEXPPPEERRIEEENNCCEEEXCHANGE PPERRRSPECCTIVVEEINNOVATION

ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ

Од мала искра

ГОЛЕМ оган бидува

www.na.org.mk

Page 2: Leonardo da Vinci programme

2

Леонардо Да Винчи

This project has been funded with support from the European Commission.

This publication [communication] refl ects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.

Содржина

• Зошто името Леонардо да Винчи?

• Програма: ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ

• Стручно образование и обука

• Општи информации за програмата “Леонардо да Винчи”

• Цели на програмата “Леонардо да Винчи”

• Оперативни (работни) цели на програмата “Леонардо да Винчи”

• Земји-учеснички во Програмата

• Кој може да учествува во оваа Програма?

• Акции на секторската програма “Леонардо да Винчи”

• МОБИЛНОСТ

• Поим мобилност

• Леонардо да Винчи мобилност

• ТАРГЕТ ГРУПИ ВО АКЦИЈАТА МОБИЛНОСТ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ И ПРЕСТОЈОТ

• ОСТВАРУВАЊЕ НА МОБИЛНОСТ

• ФИНАНСИСКИ ПРАВИЛА

• НЕВАЛИДНИ ТРОШОЦИ

• ШТО ПРЕТСТАВУВА ПОДГОТВИТЕЛНА ПОСЕТА

• ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Page 3: Leonardo da Vinci programme

3

средство за интеграција во меѓународните економски текови. Европските програми за образование и обука целат кон напредно образование кое ќе биде основа за одржлив економски развој, повеќе и подобри работни места и поголема социјална кохезија, односно кон општество базирано на знаење.

Мобилноста на корисниците на програмите овозможува размена на искуства и знаења, добри практики, стекнување на нови вештини, комуникација и креирање на мрежи на европско ниво, во насока на унапредување на општествата во кои работат и делуваат. Сето ова ќе допринесе кон создавање на покомпетитивна работна сила во Македонија.

Учеството на Република Македонија во програмите на ЕУ претставува значајна поддршка на евроинтегративните процеси и ја отсликува македонската ЕУ перспектива. Ние во Националната агенција сме целосно посветени на унапредување на македонскиот образовен систем, промовирање на активно граѓанство на младите, создавање на подобри можности за сите и подигнување на квалитетот на животот.

Убеден сум дека Вашето учество во образовните програмите на ЕУ ќе допринесе во Вашиот личен и професионален развој, како и кон отворање на нови перспективи за институциите во кои што работите. Преку обуките и работата во рамките на проектите на образовните програми на ЕУ ќе стекнете непроценливи вештини и знаења што ќе бидат клучни за трансформацијата на македонскиот образовен систем.

Нашиот тим Ви стои на располагање за сите Ваши прашања поврзани со програмите што ги управуваме.

Директор на Национална Агенција заевропски образовни програми и мобилност

Дарко Димитров

Почитувани,

Ми претставува огромно задоволство да Ви се обратам преку оваа публикација со цел да Ви ги приближиме можностите што ги нудат европските образовни програми.

Образованието е клучен инструмент за социјална трансформација на општеството, клучна сила на демократизацијата и развојот на граѓанското општество, основен елемент на економскиот развој, мобилност на работната сила, како и

Page 4: Leonardo da Vinci programme

4

Леонардо Да Винчи

- Програма: ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ

Леонардо да Винчи програмата овозможува соработка во полето на стручното образование и обука. Основни цели на Леонардо да Винчи се првенствено овозможување на организациите кои се поврзани со стручно образование и обука да работат со европски партнери, да вршат размена на најдобрите практики, да ја зголемат стручноста на нивниот персонал, ученици, вработени итн.Затоа и ги поддржува напорите да се направи стручното образование попривлечно за младителуѓе.

- Стручно образование и обука

Стручното образование и обука претставува дел од системот на образованието кој обезбедува индивидуален развој на личноста преку стекнување компетенции, знаења и вештини кои се неопходни за вклучување на пазарот на трудот или продолжување на образованието.. Во суштина, стручното образование и обука ги подобрува способностите за вработување и го помага учењето низ животот, обезбедувајќи вештини и знаење за работа.

ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ

- Зошто името Леонардо да Винчи?

Уметноста на Леонардо да Винчи (1452-1519), неговата научност, познавања од математика, техника, литература и филозофско наследство се инспирација за многумина. Перфектно го рефлектира различниот спектар на способности кои се потребни во стручното образование и затоа е одбран да ја именува оваа европска програма.

Page 5: Leonardo da Vinci programme

5

- Општи информации за програмата “Леонардо да Винчи”

Програмата “Леонардо да Винчи” е основана во 1995 год. Има за цел постигнување ниво на знаење, вештини и квалификација на луѓето во стручното образование и обука - VET (VocationEducationandTraining) системот во Европа. Од 2000 год. започнува втората фаза од Програмата, при што им има помогнато на повеќе од 400 000 луѓе (индивидуи) за да ги реализираат нивните идеи за усовршување во професионалниот живот во друга европска држава.

Ова е добар почеток при вработувањето на учесниците на интернационално ниво, во се повеќе поврзаниот свет каде што „мобилноста, флексибилноста, јазичните способности и интернационалното искуство“ можат да им помогнат на оние кои бараат вработување на пазарот на трудот. “Леонардо да Винчи” е интегрирана како втора секторска програма во програмата “Доживотно учење” (LLP-LifelongLearningPro-gramme) од 2007 год. и поддржува голем опсег на акции во сегашните 33држава-членка во Програмата.

- Цели на програмата “Леонардо да Винчи”

• Да ги поддржи учесниците во обука и во понатамошна обука и употреба на знаењето, а со тоа, способностите и квалификациите да го поддржат личниот развој;

• Подобрување на квалитетот и поддршка на иновацијата во стручното образование и обука во институции и претпријатија;

• Да ја засили атрактивноста на стручното образование и обука, мобилност на вработените, професионалците, учениците и да ја поддржи мобилноста на практикантите (стажанти).

VET- стручно образование и обука, понатаму во текстот VET.

Page 6: Leonardo da Vinci programme

6

Леонардо Да Винчи

- Оперативни (работни) цели на програмата “Леонардо да Винчи”

• Да ја подобри и да ја зголеми мобилноста на луѓето низ Европа кои се вклучени во стручното образование и обука и во континуирана обука, да се зголеми бројот на стажирања во претпријатијата, за најмалку 80 000 стажанти во година, до крајот на програмата “Доживотно учење” ( LLP-LifelongLearningProgramme) ;

• Да ја подобри и да ја зголеми соработката меѓу институциите и организациите, фирмите и социјалните партнери и другите релевантни тела низ Европа;

• Поддршка за развивање иновативни практики во полето на стручното образование и обука надвор од терцијално ниво, вклучувајќи трансфер од една држава во друга;

• Поддршка на транспарентноста и признавањето на квалификациите и знаењата, вклучувајќи ги и оние кои се здобиени преку неформално и информално учење;

• Да ги поттикне учесниците за учење модерни странски јазици;

• Да го поддржи развојот на иновативни компјутерски техно-логии, пристапи и примени на програмата “Доживотно учење” ( LLP-Lifelong Learning Programme).

Page 7: Leonardo da Vinci programme

7

- Земји-учеснички во Програмата

• 27 земји-членки на Европската унија

• 3 земји на (EFTA-ЕЕА)-Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Швајцарија

• Турција и Хрватска

• Македонија

Во Програмата, македонските учесници не можат да склучуваат билатерално партнерство со учесниците кои не се членки на Европската унија, како Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Швајцарија и Турција. Додека за мултилатерални партнери можат да се вклучат и овие земји, доколку партнер на проектот е најмалку една држава-членка на Европската унија (на пр. Македонија, Норвешка и Белгија).

- Кој може да учествува во оваа Програма?

Секоја јавна и приватна организација која е вклучена во стручното образование и обука и која е легално регистрирана, може да аплицира за грант за Подготвителна посета и Мобилност во една од државите-учеснички.

Примери на организации кои можат да аплицираат:

• Институции или организации кои обезбедуваат можности за учење во оние полиња кои се покриени од програмата “Леонардо да Винчи”;

• Асоцијации и претставници вклучени во стручното образование и обука, вклучувајќи и асоцијации на обучувачи, родители и наставници;

• Компании, социјални партнери и други претставници на работниот живот, вклучувајќи стопански комори и други трговски организации;

• Тела кои обезбедуваат насочување, советување и информациски услуги во однос на кој било аспект од Доживотното учење;

Page 8: Leonardo da Vinci programme

8

Леонардо Да Винчи

• Тела одговорни за системи и политики кои се однесуваат на кој било аспект од Доживотното учење, стручното образование и обука на локално, регионално или национално ниво;

• Истражувачки центри и тела зафатени со прашањата за Доживотно учење;

• Високообразовни институции;

• Непрофитни организации, волонтерски тела, невладини организации.

- Акции на секторската програма “Леонардо да Винчи”

Акциите се поделени на две групи:

- Децентрализирани: овие акциисе во надлежност на Националните агенциикои се во целост одговорни за нивното имплементирање. Во децентрализираните акции се вклучени следните:

• Мобилност

-PV – Подготвителни посети;

-IVT- Почетна стручна обука;

-PLM- Лица на пазарот на трудот;

-VETPRO- Професионалци во стручно образование и обука.

• Партнерства

• Трансфер на иновации

- Централизирани: овие акции се во надлежност наEducation, Audio-visual and Culture Executive Agency во Брисел и тие се:

• Мултилатерални проекти кои се наменети за подобрување на системите за обуки преку фокусирање на развојот на иновации и добро работење.

Page 9: Leonardo da Vinci programme

9

http://ec.europa.eu/education/programmes/llp/guide/general/action3_en.html

• Тематски мрежи на експерти и на организации кои работат во специфични подрачја поврзани со образование и обука.

http://ec.europa.eu/education/programmes/llp/guide/general/action4_en.html

• Придружни мерки (Други иницијативи) за промовирање на целите на програмата “Леонардо да Винчи” .

http://ec.europa.eu/education/programmes/llp/guide/general/action7_en.html

МОБИЛНОСТ

- Поим мобилност

Првенствено, поимот “мобилност„ означува поминат временски период во друга земја учесник во програмите на подготвителни курсеви или курсеви за повтоување на материјали на домашниот или на работниот јазик, со цел да се изведе проучување, да се стекне работно искуство, други активности за учење или предавање, или поврзана административна активност.

Проектите за мобилност имаат за цел да го поттикнат развојот на стручните вештини, а воедно да ја охрабрат размената на експертиза преку овозможување на специфичните таргет групи да превземат работно искуство или кратка студентска посета кај организација домаќин низ Европа.

- Леонардо да Винчи мобилност

Леонардо Мобилноста е фокусирана на растот на квалитетот и значењето на Стручното образование и обука (BET) низ Европа. Ова е одлична можност за организациите вклучени во BET да изградат Европски партнерства, да ја зголемат стручноста на своите вработени и да развијат вештини кај учениците.

Page 10: Leonardo da Vinci programme

10

Леонардо Да Винчи

Постапката за Мобилност има цел да ја подобри способноста на работната сила во Македонија преку низа проектни активности. Вие можете да пратите практиканти или луѓе на пазарот на трудот во друга европска земја на работна позиција, со што ќе им се овозможи да добијат вистинско искуство и способности при вработувањето. ВЕТ професионалците исто така, можат да земат учество во привремени сместувања со цел да учат од нивните колеги во други европски земји, за потоа во својата земја да можат да ги пренесат новостекнатите искуства. Проектите за Мобилност можат да бидат мали, средни или од големи размери.

ТАРГЕТ ГРУПИ ВО АКЦИЈАТА МОБИЛНОСТ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ И ПРЕСТОЈОТ

Важно е да направите разлика помеѓу проекти и престоj:

Проект: Се однесува на Проектите за Мобилност и вклучува различен број на активности: Организација и менаџмент, подготовка, мониторинг, евалуација, дисеминација на резултати и самиот престој.

Престој: Се однесува само на периодот од времето кога учесникот поминува во друга Европска земја.

Во акцијата Мобилност може да се аплицира за некоја од трите таргет групи која мислите дека ќе ви одговара:

• Луѓе во почетна стручна обука (Initial vocational training IVT)

• Луѓе на пазарот на трудот (People in the Labour market PLM)

• Професионалци во стручното образование и обука ( Professionals in the vocational education and training, VET PRO)

Page 11: Leonardo da Vinci programme

11

Времетраење на проектите за секоја таргет група :

Почетно стручно образование (IVT)

Луѓе на пазарот на трудот (PLM)

Професионалци во стручното образование и обука(VETPRO)

2 – 39 недели 2 – 26 недели 1 – 6 недели

Неделата е генерално дефинирана како календарска недела, иако некогаш се зема во предвид за 5 работни дена, со исклучок на деновите за патување. Имајте на ум дека учесниците во ИВТ и ПЛМ мора да комплетираат минимум од 10 работни дена за периодот во кој ќе работат, од кои викендите се исклучени.

Page 12: Leonardo da Vinci programme

12

Леонардо Да Винчи

ОСТВАРУВАЊЕ НА МОБИЛНОСТ

Ученици, наставен кадар, експерти

Луѓе на пазарот на трудот

ФИНАНСИСКИ ПРАВИЛА

- Финансиски одредби

Леонардо да Винчи грантот се однесува на придонесот кон вашите трошоци за проектот. Кога аплицирате за Леонардо да Винчи проект за мобилност, подобни сте да добиете средства за следните трошоци:

LLP )

LLP

LLP )

LLP

Page 13: Leonardo da Vinci programme

13

• Трошоци за организација и менаџмент за проектот

• Трошоци за подготовка

• Патни трошоци

• Дневни трошици

Од вас се бара да го пресметате вашиот буџет во фазата на аплицирање, според наведените ставки. Имајте во предвид дека ако го пресметате вашиот буџет погрешно, или побарате средства помалку од што ви се потребни, ќе го добиете износот кој сте го побарале. Ваша е одговорноста внимателно да го пресметате буџетот, за да не дојде до слични последици. Исто така, буџетот кој првично сте го побарале, односно ставките по трошоци не може подоцна да бидат алоцирани за други цели.

НЕВАЛИДНИ ТРОШОЦИ

Следните трошоци се означени како невалидни и ќе се сметаат за несоодветни во следните случаи:

• Трошоци поврзани со движење во земји кои не учествуваат официјално во програмата;

• Трошоци направени надвор од периодот наведен во договорот;

• Трошоци направени без да се во директна врска со проектот;

• Трошоци кои се веќе финансирани од Европска унија или друг национален извор;

• Трошоци за набавка на опрема;

• Трошоци од банки за картици и слично, како и камати за кредити;

• Загуби поврзани со размена на трансакции или промени на курс.

Page 14: Leonardo da Vinci programme

14

Леонардо Да Винчи

ШТО ПРЕТСТАВУВА ПОДГОТВИТЕЛНА ПОСЕТА

Подготвителните посети им дозволуваат на потенцијалните партнери да се сретнат со цел:

• Дефинирање на предметот, целите и методологијата за иден проект

• Дефинирање улоги на партнерите, нивни задачи и одговорности во идниот проект

• Развивање на деловен план за иден проект, вклучувајќи методи за надзор, проценка и распределба

• Комплетирањенаапликацијатазапроектот

Има два вида на Подготвителна Посета:

• Подготвителна посета - Целта на Подготвителна Посетае партнерските организации да дискутираат и заеднички да развиваат скица на планираниот проект, како и отпочнување со изработка на нацрт за апликацијата. Бидејќи тие го структурираат начинот на поднесување на самиот проект, мора да се одржат пред неговата вистинска апликација. Максималното времетраење на воведната посета е 5 ноќи, без оглед дали се посетени една или две институции. Посетата треба да биде во земјата на една од земјите-членки на Програмата за Доживотно учење.

• Контакт Семинари - се организирани од различни Европски Национални Агенции во текот на една година. Овие семинари ги доведуваат заедно заинтересираните организации од различни земји кои учествуваат во Програмата Леонардо да Винчи. Работилниците ви даваат можност за дискусија на избраната тема, запознавање со колегите од Европа и развивање на нови проектни идеи. Секој Контакт Семинар ќе биде фокусиран на специфична тема во врска со стручно образование и обука.

Page 15: Leonardo da Vinci programme

15

За списокот на Контакт семинари ќе можете да не контактирате.

Минимален број на земји - не е одредено

Минимален број на партнери - не е одредено

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Минимално времетраење – 1 ден

Максимално времетраење – 5 дена

Page 16: Leonardo da Vinci programme