mk-20-00-4 02 antioxidantiensynlab.mk/fileadmin/user_upload/general/images/mk... · 2013-12-11 ·...

2
Стрес-менаџмент Информација за пациенти Стрес-менаџмент Антиоксидантите се наши „телохранители“! MK-20-00-4_02_Antioxidantien Слободно контактирајте нè за натамошни информации. Со најубави желби, на располагање ви стои вашиот тим од лабораторијата! ПЗУ АДРИАЛАБ Дијагностичка лабораторија со биохемиска лабораторија и микробиолошка лабораторија Р. МАКЕДОНИЈА www.synlab.com.mk ПЗУ АДРИАЛАБ Скопје Тел / факс: (02) 329 69 27 ПЗУ АДРИАЛАБ 1 Скопје Тел / факс: (02) 309 16 10 ПЗУ АДРИАЛАБ 2 Битола Тел / факс: (047) 23 16 77 ПЗУ АДРИАЛАБ 3 Тетово Тел / факс: (044) 33 89 89

Upload: others

Post on 02-Feb-2020

7 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: MK-20-00-4 02 Antioxidantiensynlab.mk/fileadmin/user_upload/general/images/MK... · 2013-12-11 · Стрес-менаџмент Информација за пациенти Стрес-менаџмент

Стрес-менаџментИнформација за пациенти

Стрес-менаџментАнтиоксидантите се наши „телохранители“!

MK-

20-0

0-4_

02_A

ntio

xida

ntie

n

Слободно контактирајте нè за натамошни информации.Со најубави желби, на располагање ви стои вашиот тим од

лабораторијата!

ПЗУ АДРИАЛАБДијагностичка лабораторија со биохемиска лабораторија и

микробиолошка лабораторијаР. МАКЕДОНИЈА

www.synlab.com.mk

ПЗУ АДРИАЛАБ СкопјеТел / факс: (02) 329 69 27

ПЗУ АДРИАЛАБ 1 СкопјеТел / факс: (02) 309 16 10

ПЗУ АДРИАЛАБ 2 БитолаТел / факс: (047) 23 16 77

ПЗУ АДРИАЛАБ 3 ТетовоТел / факс: (044) 33 89 89

Page 2: MK-20-00-4 02 Antioxidantiensynlab.mk/fileadmin/user_upload/general/images/MK... · 2013-12-11 · Стрес-менаџмент Информација за пациенти Стрес-менаџмент

Сигурно било прекрасно да се живее

тогаш, во средниот век. Луѓето никогаш не

морале да одат на одмор...

Незамисливо? Сигурно, не. Животот тогаш

ги следел природните циклуси на сезоните:

сеидба, раст и жнеење. Меѓутоа, во

нашиот 21 век, секој ден е „време за

жетва“. Буквално, секој ден.

Изложени на радикали Стресот, зголемениот физички напор, но, исто така, и пушењето, алкохолот, хемиските супстанции, загаденоста на воздухот, тешките метали, зголемените нивоа на озон, УВ-радијацијата, хроничните болести, воспаленијата, лековите или отровите во животната средина доведуваат до зголемено производство на таканаречени слободни радикали во телото. Тоа се фрагменти на молекули што се исклучително штетни и кои се смета дека се вклучени како причинители на многубројни болести.

Или, поточно:„Слободните радикали“ се создаваат за време на многубројни хемиски процеси во телото. Зголеменото производство на овие агресивни штетници се нарекува „оксидативен стрес“. Овој дисбаланс ги оштетува клетките, го забрзува стареењето и предизвикува болести.

Стрес-менаџмент Антиоксидантите се наши „телохранители“

Како базични испитувања на располагање се два типа на определување:• Определување на „вкупниот оксидативен

капацитет“, кој го анализира нивото на слободни радикали во крвта.

• Определување на „вкупниот антиоксидативен капацитет“, кој ја мери ефикасноста на заштитниот потенцијал на телото, т.е. сумата на сите антиоксиданти.

Може да се откријат, исто така, и недостатоци на витамини, минерали и други заштитни агенси, како на пример:

• Витамин Е – добро познат „чистач“ на радикали и има заштитен ефект против тумори на цревата и дојката.

• Селен – потребен за поттикнување на имуниот систем и има заштитен ефект против тумори.

• Малондиалдехид – важен показател за оксидативниот стрес.

• Витамин Q10 – важен антиоксиданс којшто има функција како митохондријална компонента.

• Витамин Ц – добро познат антиоксиданс.

• Цинк – важен елемент во траги.

Доколку некој од вашите „телохранители“ не е во топ форма, ќе ви предложиме како можете да му помогнете на вашето тело подобро да се справи со стресот. На пример, со избалансирана диета.

Секому му се потребни „телохранители“Неколку ексцеси не оставаат трајна штета: Сте испиле некоја чаша повеќе вино? Се преморивте додека џогиравте? Нема проблем. Телесната саморегулација обично работи беспрекорно. Антиоксидансите, како што се некои ензими, витамини, аминокиселини и природни растителни супстанции, дејствуваат како телохранители и ги неутрализираат штетните материи.Меѓутоа, трајниот стрес може да ја измени рамнотежата на метаболизмот во нашето тело на тој начин што ќе предизвика дисбаланс помеѓу слободните радикали и антиоксидансите. Овој дисбаланс е важен фактор кај многубројни болести, како што се невродегенеративните процеси, артериосклерозата или дијабетесот.Заморот, намалената физичка ефективност и намалувањето на севкупната благосостојба можат да бидат причинети од оксидативен стрес.

Не мислете се – тестирајте се!

Едноставен лабораториски тест ќе ви

укаже за нивото на слободни радикали,

и дали има доволно антиоксиданси во

вашето тело. Методата ја одредува

количината на агресивните компоненти

коишто го напаѓаат организмот.