npaa.sep.gov.mknpaa.sep.gov.mk/npaaportal2012/materijali/npaa2011/npa… · web...

651
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА - РЕВИЗИЈА 2010 –

Upload: others

Post on 24-Dec-2019

4 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

вЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

- РЕВИЗИЈА 2010 –

Скопје

29 Декември 2009

6ВОВЕД

8I ПОЛИТИЧКИ КРИТЕРИУМИ

81.1ДЕМОКРАТИЈА И ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

161.2ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ЗАШТИТА НА МАЛЦИНСТВАТА

231.3РЕГИОНАЛНИ ПРАШАЊА И МЕЃУНАРОДНИ ОБВРСКИ

27II ЕКОНОМСКИ КРИТЕРИУМИ

27I. ПОСТОЕЊЕ НА ФУНКЦИОНАЛНА ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА

37II. СПОСОБНОСТ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРИТИСОКОТ ОД КОНКУРЕНЦИЈАТА И ПАЗАРНИТЕ СИЛИ ВО РАМКИ НА ЕУ

49III СПОСОБНОСТ ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ ОБВРСКИТЕ ОД ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ

493.1СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА СТОКИ

493.1.1ОПШТИ ПРИНЦИПИ

503.1.2ХОРИЗОНТАЛНИ МЕРКИ

563.1.3СТАР ПРИОД НА ЗАКОНОДАВСТВОТО ЗА ПРОИЗВОДИ

603.1.4НОВ И ГЛОБАЛЕН ПРИОД НА ЗАКОНОДАВСТВОТО ЗА ПРОИЗВОДИ

623.1.5ПРОЦЕДУРАЛНИ МЕРКИ

673.2СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА РАБОТНИЦИ

673.2.1ПРИСТАП ДО ПАЗАРОТ НА ТРУД

673.2.2ЕУРЕС

683.2.3КООРДИНАЦИЈА НА СИСТЕМИ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

693.2.4ЕВРОПСКА КАРТИЧКА ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

713.3ПРАВО НА ОСНОВАЊЕ И СЛОБОДА НА ДАВАЊЕ УСЛУГИ

713.3.1ПРАВО НА ОСНОВАЊЕ

713.3.2СЛОБОДА НА ДАВАЊЕ НА УСЛУГИ

723.3.3ПОШТЕНСКИ УСЛУГИ

743.3.4МЕЃУСЕБНО ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНИ КВАЛИФИКАЦИИ

763.4СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА КАПИТАЛ

763.4.1ДВИЖЕЊА НА КАПИТАЛ И ИСПЛАТИ

763.4.2ПЛАТЕН СИСТЕМ

773.4.3СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ НА ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ

793.5ЈАВНИ НАБАВКИ

793.5.1ОПШТИ ПРИНЦИПИ

813.5.2ДОДЕЛУВАЊЕ ЈАВНИ ДОГОВОРИ

823.5.3ПРАВНИ ЛЕКОВИ

843.6ПРАВО НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА

843.6.1ПРАВО НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА

853.6.2СМЕТКОВОДСТВО

883.7ПРАВО НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

883.7.1АВТОРСКО ПРАВО И СРОДНИ ПРАВА

893.7.2ПРАВА НА ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ

923.7.3СПРОВЕДУВАЊЕ

973.8КОНКУРЕНЦИЈА

973.8.1АНТИТРУСТОВИ И СПОЈУВАЊА

983.8.2ДРЖАВНА ПОМОШ

993.8.3ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА

1013.9ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ

1013.9.1БАНКИ И ФИНАНСИСКИ КОНГЛОМЕРАТИ

1033.9.2ОСИГУРУВАЊЕ И ПРОФЕСИОНАЛНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ

1053.9.3ИНФРАСТРУКТУРА НА ФИНАНСИСКИТЕ ПАЗАРИ

1053.9.4ПАЗАРИ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ И ИНВЕСТИЦИСКИ УСЛУГИ

1083.10ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И МЕДИУМИ

1083.10.1ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ

1103.10.2УСЛУГИ НА ИНФОРМАТИЧКОТО ОПШТЕСТВО

1123.10.3АУДИО ВИЗУЕЛНА ПОЛИТИКА

1163.11ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ

1163.11.1ХОРИЗОНТАЛНИ ПРАШАЊА

1193.11.2ЗАЕДНИЧКО УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРИТЕ

1213.11.3РУРАЛЕН РАЗВОЈ

1253.11.4ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО

1263.11.5ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

1283.12БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА, ВЕТЕРИНАРНА И ФИТОСАНИТАРНА ПОЛИТИКА

1283.12.1ОПШТО

1293.12.2ВЕТЕРИНАРНА ПОЛИТКА

1343.12.3СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ХРАНА И ДОБИТОЧНА ХРАНА

1383.12.4ПРАВИЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА

1403.12.5ПОСЕБНИ ПРАВИЛА ЗА ДОБИТОЧНА ХРАНА

1413.12.6ФИТОСАНИТАРНА ПОЛИТИКА

1463.13РИБАРСТВО

1483.14СООБРАЌАЈНА ПОЛИТИКА

1483.14.1ПАТЕН СООБРАЌАЈ

1513.14.2ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ

1553.14.3ВНАТРЕШЕН ВОДЕН СООБРАЌАЈ

1563.14.4КОМБИНИРАН СООБРАЌАЈ

1573.14.5ВОЗДУШЕН СООБРАЌАЈ

1613.14.6ПОМОРСКИ СООБРАЌАЈ

1613.14.7ДРЖАВНА ПОМОШ

1613.14.8САТЕЛИТСКА НАВИГАЦИЈА

1633.15ЕНЕРГИЈА

1633.15.1БЕЗБЕДНОСТ ПРИ СНАБДУВАЊЕ

1653.15.2ВНАТРЕШЕН ПАЗАР НА ЕНЕРГИЈА

1723.15.3ДРЖАВНА ПОМОШ

1733.15.4ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА

1783.15.5ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

1843.15.6НУКЛЕРНА ЕНЕРГИЈА

1863.15.7НУКЛЕАРНА БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА ОД РАДИЈАЦИЈА

1923.16ДАНОЦИ

1923.16.1ИНДИРЕКТНО ОДАНОЧУВАЊЕ

1943.16.2ДИРЕКТНО ОДАНОЧУВАЊЕ

1963.16.3АДМИНИСТРАТИВНА СОРАБОТКА И МЕЃУСЕБНА ПОМОШ

1973.16.4ОПЕРАТИВЕН КАПАЦИТЕТ И КОМПЈУТЕРИЗАЦИЈА

2003.17ЕКОНОМСКА И МОНЕТАРНА УНИЈА

2003.17.1МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

2023.17.2ЕКОНОМСКА ПОЛИТИКА

2063.18СТАТИСТИКА

2063.18.1СТАТИСТИЧКА ИНФРАСТРУКТУРА

2103.18.2КЛАСИФИКАЦИИ И РЕГИСТРИ

2113.18.3СТАТИСТИКА ПО СЕКТОРИ

2203.19СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА И ВРАБОТУВАЊЕ

2203.19.1ТРУДОВО ПРАВО

2233.19.2ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА

2253.19.3СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ

2273.19.4ПОЛИТИКА НА ВРАБОТУВАЊЕ И ЕВРОПСКИ СОЦИЈАЛЕН ФОНД

2313.19.5СОЦИЈАЛНА ВКЛУЧЕНОСТ

2373.19.6СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

2393.19.7АНТИДИСКРИМИНАЦИЈА И ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ

2423.20ПРЕТПРИЈАТИЈА И ИНДУСТРИСКА ПОЛИТИКА

2423.20.1ПРИНЦИПИ НА ПРЕТПРИЈАТИЈА НА ИНДУСТРИСКА ПОЛИТИКА

2433.20.2ИНСТРУМЕНТИ НА ИНДУСТРИСКА ПОЛИТИКА

2443.20.3ПОЛИТИКИ ПО СЕКТОРИ

2463.21ТРАНС-ЕВРОПСКИ МРЕЖИ

2463.21.1ТРАНСПОРТНИ МРЕЖИ

2493.21.2ТРАНС-ЕВРОПСКИ ЕНЕРГЕТСКИ МРЕЖИ

2543.22РЕГИОНАЛНА ПОЛИТИКА И КООРДИНАЦИЈА НА СТРУКТУРНИ ИНСТРУМЕНТИ

2543.22.1ЗАКОНОДАВНА РАМКА

2553.22.2ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАМКА

2573.22.3АДМИНИСТРАТИВЕН КАПАЦИТЕТ

2573.22.4ПРОГРАМИРАЊЕ

2593.22.5СЛЕДЕЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ

2603.22.6ФИНАНСИСКО УПРАВУВАЊЕ И КОНТРОЛА

2623.23ПРАВОСУДСТВО И ФУНДАМЕНТАЛНИ ПРАВА

2623.23.1СУДСТВО

2733.23.2АНТИКОРУПЦИСКА ПОЛИТИКА

2773.23.3ФУНДАМЕНТАЛНИ ПРАВА

2793.23.4ПРАВА НА ГРАЃАНИТЕ НА ЕУ

2793.24ПРАВДА, СЛОБОДА И БЕЗБЕДНОСТ

2793.24.1МИГРАЦИЈА

2823.24.2АЗИЛ

2853.24.3ВИЗНА ПОЛИТИКА

2873.24.4НАДВОРЕШНИ ГРАНИЦИ И ГРАНИЦИ НА ШЕНГЕН – ЗОНАТА

2923.24.5СУДСКА СОРАБОТКА ВО КРИВИЧНИ И ГРАЃАНСКИ ПРЕДМЕТИ

2933.24.6ПОЛИЦИСКА СОРАБОТКА И БОРБА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

2993.24.7БОРБА ПРОТИВ ТЕРОРИЗАМ

3013.24.8БОРБА ПРОТИВ ДРОГА

3043.24.9ЦАРИНСКА СОРАБОТКА

3053.24.10ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ЕВРОТО

3073.25НАУКА И ИСТРАЖУВАЊЕ

3073.25.1ПОЛИТИКА НА ИСТРАЖУВАЊЕ

3093.25.2РАМКОВНИ ПРОГРАМИ

3113.25.3ЕВРОПСКИ ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОСТОР

3153.26ОБРАЗОВАНИЕ И КУЛТУРА

3153.26.1ОБРАЗОВАНИЕ, ОБУКА И МЛАДИ

3263.26.2КУЛТУРА

3313.27ЖИВОТНА СРЕДИНА

3313.27.1ХОРИЗОНТАЛНО ЗАКОНОДАВСТВО

3393.27.2КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ

3433.27.3УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

3493.27.4КВАЛИТЕТ НА ВОДATA

3533.27.5ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА

3593.27.6КОНТРОЛА НА ИНДУСТРИСКО ЗАГАДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ

3633.27.7ХЕМИКАЛИИ

3653.27.8ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНИ ОРГАНИЗМИ

3683.27.9БУЧАВА

3703.27.10ШУМАРСТВО

3723.28ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И ЗДРАВЈЕТО

3723.28.1ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

3763.28.2ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

3853.29ЦАРИНСКА УНИЈА

3853.29.1ЗАКОНОДАВСТВО ОД ОБЛАСТА НА ЦАРИНА

3933.29.2АДМИНИСТРАТИВЕН И ОПЕРАТИВЕН КАПАЦИТЕТ

3983.30НАДВОРЕШНИ ОДНОСИ

3983.30.1ЗАЕДНИЧКА ТРГОВСКА ПОЛИТИКА

3993.30.2БИЛАТЕРАЛНИ ДОГОВОРИ СО ТРЕТИ ЗЕМЈИ

4003.30.3РАЗВОЈНА И ХУМАНИТАРНА ПОМОШ

4013.31НАДВОРЕШНА БЕЗБЕДНОСНА И ОДБРАНБЕНА ПОЛИТИКА

4013.31.1ЕБОП

4023.31.2ЗНБП

4053.32ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА

4053.32.1ЈАВНА ВНАТРЕШНА ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА И НАДВОРЕШНА РЕВИЗИЈА

4103.32.2ЗАШТИТА НА ФИНАНСИСКИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ЕУ

4153.33ФИНАНСИСКИ И БУЏЕТСКИ ОДРЕДБИ

419IV АДМИНИСТРАТИВНИ КАПАЦИТЕТИ

4194.1ХОРИЗОНТАЛНИ ПРАШАЊА - РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

4224.2ЈАКНЕЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ КАПАЦИТЕТИ

423V ПОДГОТОВКА НА МАКЕДОНСКАТА ВЕРЗИЈА НА АCQUIS

425VI ИНФОРМИРАЊЕ И КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТА

ВОВЕД

Владата на Република Македонија во 2007 година ја донесе Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА 2007). НПАА претставува клучен документ за процесот на интеграција во ЕУ кој што ја одразува динамиката на усогласување на националното законодавство со европското, како и прилагодувањето на националните институции кон европските административни структури.

Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (ревизија 2010) претставува трета ревизија на НПАА. Слично како и претходните ревизии на НПАА за 2008 и 2009 година, ревизијата на НПАА за 2010 година го задржува истиот методолошки концепт за подготовка на овој документ, содржински ги опфаќа плановите за усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, потребната динамика за јакнење на институциите за спроведување на законодавството, како и неопходните ресурси за реализација. Клучни елементи при ревизијата на НПАА кои воедно претставуваа основа за проектирање на краткорочни и среднорочни приоритетни цели и активности беа:

· Наодите во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во процесот на пристапување во ЕУ и Скицата за реализацијата на препораките содржани во Извештајот од 2009;

· Обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација односно препораките од Европска Комисија искажани на Комитетот за стабилизација и асоцијација и целиот циклус на поткомитети во 2009;

· Приоритетите наведени во Одлуката на Советот за принципите, приоритетите и условите содржани во Партнерството за пристапување на ЕУ со Република Македонија;

· Коментарите добиени од Европската комисија во однос на Националната програма за усвојување на правото (ревизија 2009);

· Стратешките планови на министерствата;

· Буџетот на РМ за 2010 година;

· Тековни и планирани проекти за странска помош.

Фокус на ревизијата на НПАА беше натамошна длабинска анализа на acquis communautaire и поврзување со националното законодавство, користејќи ги искуствата на државите кои минале низ скрининг процесот со ЕК. Се направи натамошен напор за посилно врзување и конзистентност на планирањето на активностите на НПАА со процесите на стратешко планирање, буџетско планирање и планирање на странската поддршка во државната администрација. Од технички аспект, ревизијата беше поддржана со посебно дизајнирана веб апликација, со што се овозможи натамошна надградба на базите на податоци поврзани со процесот на пристапување.

Во ревизијата на документот се вклучи целиот институционален механизам преточен во работни групи составени од претставници на министерствата и другите органи и институции на државната управа, за секое поглавје од acquis communautaire, вклучувајќи ги политичките и економските критериуми.

Програмата ја следи структурата на Копенхагенските и Мадридските критериуми, односно ги опфаќа следните делови:

· Политички критериуми,

· Економски критериуми,

· Способност да се преземат обврските кои произлегуваат од членството,

· Административен капацитет,

· Подготовка на Национална верзија на acquis communautaire,

· Информирање и комуникација со јавноста

Програмата структурално е поделена на наративен дел со матрица на цели и активности и табеларен дел (прилози).

Наративниот дел ја претставува тековната состојба во сите поглавја (при што фокусот е на променетите околности во однос на НПАА 2009), како и клучните приоритети и задачи на легислативно и институционално ниво на краток рок (2010 година) и среден рок (2011-2012 година). Со цел адресирање на приоритетите содржани во наративниот дел и нивно соодветно следење изготвена е посебна матрица на цели и активности.

Табеларниот дел е поделен во четири прилози:

Прилог 1: Преглед на националните правни акти кои се предмет на усогласување со законодавството на ЕУ (со ЕУ мерките кои во нив ќе се транспонираат), со рокови за усвојување, надлежни институции и статус на постапката на нивното усвојување

Прилог 2: Проекција на зајакнување по институции и поглавја од acquis за периодот 2010-2012

Прилог 3: Проектирани буџетски средства за периодот 2010-2012

Прилог 4: Преглед на тековна и планирана странска помош за периодот 2010-2012

Програмата го зема 1 јануари 2010 година како почетен датум за реализација на активностите.

Спроведувањето на НПАА редовно ќе се следи преку веќе востановените механизми, кои се дополнително унапредени. Секретаријатот за европски прашања на редовна основа ќе ја информира Владата на Република Македонија за спроведувањето на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, ревизија 2010.

I ПОЛИТИЧКИ КРИТЕРИУМИ

1.1 ДЕМОКРАТИЈА И ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ИЗБОРИ

Kако што беше нотирано во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за спроведените претседателски и локални избори 2009 година, претседателските и локалните избори 2009 година беа спроведени во согласност со најголем дел од заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни стандарди за демократски избори. Генерално, овие избори беа спроведени на професионален и транспарентен начин со забележан и значителен напредок во однос на одговорното однесување на политичките партии и препознатливите напори за користење на одмерена реторика.

Во насока на успешна администрација на изборите, капацитетите на Државната изборна комисија (ДИК) беа зајакнати со 11 нови државни службеници. Генерално, подготовките за изборите поминаа без тешкотии и беа спроведени во рамките на законски утврдените рокови.

По завршувањето на изборниот процес, Министерството за правда подготви Анализа на Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија за спроведените претседателски и локални избори 2009 година. Владата на Република Македонија на 99-та седница одржана во септември 2009 година на иницијатива на Секретаријатот за европски прашања донесе одлука за формирање на четири работни групи кои беа задолжени да ги земат предвид наводите од Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР. Работните групи во текот на својата работа, за предложените мерки и активности ќе ги консултираат и политичките партии, како главни чинители во изборниот процес. Активностите на работните групи ќе продолжат и во текот на 2010 година.

Од 1 септември 2009 година Избирачкиот список премина во надлежност на Државната изборна комисија за што дополнително ќе бидат зајакнати капацитетите на Државната изборна комисија. Покрај тоа Министерството за правда, Државната изборна комисија и другите надлежни институции ќе продолжат со активностите за ажурирање на Избирачкиот список. Во насока на ажурирање на податоците во Избирачкиот список, Министерството за правда во соработка со Министерството за внатрешни работи, Државниот завод за статистика и другите надлежни институции започнаа пилот проект за проверка на запишани гласачи во Избирачкиот список за две општини Гостивар и Виница.

Согласно измените и дополнувањата на Изборниот законик (Службен весник на РМ, бр. 136 од 30.10. 2008 година), државјаните на Република Македонија кои се привремена работа или престој во странство од 1 септември 2009 година имаат право да гласаат за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија и за избор на претседател на Република Македонија. Државната изборна комисија, Министерството за надворешни работи и Министерството за правда во 2010 година ќе ги преземат сите законски надлежности за евиденција на државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство.

И во наредниот период, правосудните институции ќе ги преземат сите неопходни мерки за донесување судски одлуки против сторителите на изборните нерегуларности во изборите 2009 година.

СОБРАНИЕ

Собранието на Република Македонија во 2009 година заврши со реализација на Акцискиот план за подобрување на функционирањето на Собранието на Република Македонија и ќе продолжи со активностите за подобрување на статусот на Собранието и поефикасни законодавни и контролни механизми. Во тек е подготовката на Стратегијата за работа на Собранието на Република Македонија за 2010-2012.

Приоритет во 2009 година беше ефикасно спроведување на новиот Деловник за работа на Собранието на Република Македонија. Собранието на Република Македонија ја усогласуваше работната агенда при координациите помеѓу пратеничките групи, согласно Правилникот за координација на Собранието на Република Македонија кој произлегува од новиот Деловник за работа на Собранието. Во 2009 година, политичките партии во рамките на Собранието на Република Македонија постигнаа висок степен на политички дијалог и оваа пракса ќе продолжи и понатаму по клучните прашања за развојот и просперитетот на Република Македонија.

Собранието на Република Македонија во август 2009 година го донесе Законот за Собрание на Република Македонија (“Службен веник на РМ бр. 104 од 20.08.2009)” со кој се зајакнува позицијата на Собранието во рамките на процесите на демократското одлучување во земјата. При донесувањето на законот, Собранието на Република Македонија донесе заклучок за измени и дополнувања на Деловникот за работа на Собранието согласно препораките на Венецијанската комисија. Мандатно-имунитетната комисија на Собранието во декември 2009 година ќе го предложи конечниот модел на измени на Деловникот за работа на Собранието.

Во 2010 година, во рамки на редовните координативни средби со претседателот на Собранието на Република Македонија, ќе се продолжи сп обезбедување на консензус околу прашањата за имплементација на Рамковниот договор и функционирање на Бадинтеровиот принцип. Функционалноста на Комитетот ќе се одвива согласно важечките законски решенија, посебно Законот за Комитет за односи помеѓу заедниците на Република Македонија. Во 2009 година, Комитетот беше зајакнат со 4 дополнителни вработувања. Во 2010 година, Комитетот за односи помеѓу заедниците ќе се вклучи во активно промовирање на начелата утврдени во Охридскиот рамковен договор и на локално ниво.

Со цел обезбедување на висок степен на координација во Собранието на Република Македонија и програмирање на работата на Собранието, што се покажа како ефективен механизам во 2009 година во обезбедувањето на политичкиот дијалог, претседателот на Собранието на Република Македонија и во 2010 година ќе продолжи со одржување на редовни средби со координаторите на пратеничките групи, на кои ќе учествуваат определените претставници на Владата на Република Македонија во врска со предлозите од Владата согласно Правилникот за координација на Собранието на Република Македонија.

Ќе се продолжи со дополнително јакнење на капацитетите на собраниските служби преку обезбедување на соодветен персонал и буџет. Во текот на 2009 година се постигна функционалност на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија. Во 2010 година ќе се продолжат активностите за зајакнување на капацитетите на Собранието за планирање и извршување на буџетот.

За обезбедување општ политички и општествен консензус по однос на реализацијата на европската агенда, Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ) и Комисијата за европски прашања (КЕП) на Собранието во континуитет обезбедуваа расправа по клучните приоритети од Европската агенда на Република Македонија. Двете тела беа соодветно кадрово зајакнати во текот на 2009 година согласно НПАА динамика на вработување. НСЕИ во 2009 година организирање јавни расправи за клучните законски решенија согласно НПАА 2009. Во 2010 година, НСЕИ и КЕП ќе продолжат со своите активности во промовирањето на консензуален пристап и сеопфатна расправа за реализацијата на приоритетите од процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија.

Со цел имплементација на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија за 2010, Собранието на Република Македонија ќе даде приоритет на донесувањето на законите со кои се врши усогласување со европското законодавство.

ВЛАДА

Членството во ЕУ е помеѓу 5-те приоритети во платформата за работа на Владата на Република Македонија 2008-2012. Заради обезбедување на посветеност за континуирано следење на обврските кои произлегуваат од процесот на европска интеграција Владата и понатаму ќе ги започнува своите седници со претточка за статусот на процесот на ЕУ интеграција и преку редовни тематски седници за прашања на Европска агенда и исполнување на обврските што Република Македонија ги презема во насока на исполнување на критериумите од Копенхаген.

Децентрализација

Спроведувањето на процесот на децентрализација ќе продолжи согласно Програмата за спроведување на децентрализацијата 2008-2010 година и годишниот Акционен план за имплементација на Програмата, за 2010 година.

Координацијата на мерките и активностите за имплементација на децентрализацијата, ќе продолжи да се спроведува преку меѓуресорската Работна група за децентрализација, координирана од страна на Министерството за локална самоуправа.

Следењето на напредокот на децентрализацијата ќе продолжи да се прави врз основа на релевантни индикатори, кои што ќе бидат изведени во рамките на Работната група за децентрализација.

Комуникацијата и консултацијата со ЗЕЛС и со единиците на локалната самоуправа ќе продолжи да се спроведува преку учеството на ЗЕЛС во работата на Работната група за децентрализација и во другите ресорни работни тела, како и преку директни состаноци со ЕЛС.

Законската регулатива е заокружена со Законот за меѓуопштинска соработка, со што нормативно е прецизирана постапката за воспоставување на меѓуопштинска соработка, во функција на поефикасно и поекономично вршење на работите од локална надлежност. Врз основа на Законот за меѓуопштинска соработка, во 2010 година ќе бидат донесени два подзаконски акти:Одлука за утврдување критериуми за финансиско поттикнување и поддржување на меѓуопштинска соработка и Одлука за определување на дејности од пошироко значење и интерес за кои може да се издвојуваат финансиски средства за поттикнување на меѓуопштинска соработка.

Владата ќе формира Комисија за меѓуопштинска соработка во која што ќе членуваат претставници од надлежни министерства, од ЗЕЛС и од ЕЛС. Меѓуопштинската соработка ќе се следи преку годишни Извештаи за статусот на меѓуопштинската соработка во тековната година.

Во 2010 година ќе се пристапи кон подготовка на нова Програма за спроведување на децентрализацијата и унапредување на локалната самоуправа 2011 -2013.

Во функција на подготовка на Програмата, ќе биде направена анализа на спроведувањето на Законот за локална самоуправа, Законот за градот Скопје и на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Врз основа на резултатите од анализата ќе се предвидат мерки кои што ќе бидат вградени во Програмата за следниот програмски период(2011-2013).

Втората фаза од фискалната децентрализација ќе биде заокружена со создавањето на услови за влез на преостанатите 17 општини, од кои, за една, од страна на Комисијата за евалуација веќе е даден предлог до Владата, да помине на финансирање преку блок дотации. За другите се создадени законски услови за надминување на проблемите со ликвидноста или пак со ограничените кадровски ресурси, преку можноста за бескаматно кредитирање со средства од централниот буџет или пак преку воспоставување на меѓуопштинска соработка.

Ќе се продолжи со спроведување на мерки и активности за создавање на конзистентна база на податоци за долговите акумулирани од страна на општините и надминување на проблемите поврзани со заостанатите обврски односно долгови на општините.

Заради поефективно прибирање на приходите на општините, ќе биде ажурирана базата на податоци за различните даночни обврзници.

Во функција на зголемување на приходите на општините и обезбедување на услови за унапредување на локалниот развој, ќе се пристапи кон создавање на услови за трансфер на управувањето со неизграденото државно градежно земјиште според начелото на „категоризација на градбите“ кои се предвидени да се градат на државното градежно земјиште, и тоа за градби од трета, четврта и петта категорија, согласно со Законот за градење.

Ќе продолжат активностите за зголемување на одговорноста и транспарентноста во финансиското работење на ЕЛС.

РЕФОРМА НА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА

Со Одлука, Владата го формираше Комитетот за реформи во државната администрација („Службен весник на РМ “, бр. 89/09) кој е составен од претседателот на Владата како претседател на Комитетот; заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, заменикот на претседателот на Владата за спроведување на Рамковниот договор, заменикот на претседателот на Владата и министер за финансии како тројца заменици потпретседатели; и министерот за правда, генералниот секретар на Владата и директорот на Царинската управа како членови. Во работата на Комитетот учествува и директорот на Агенцијата за државната службеници. Комитетот, по правило се состанува еднаш месечно и го раководи со процесот на реформата на јавната администрација и го следи спроведување на истиот.

Генералниот секретаријат (Одделението за реформа на јавната администрација) продолжи со координација и реализација на процесот на реформа на јавната администрација насочен кон трансформација на законите, системите и процесите во насока на обезбедување поддршка на Владата за развивање и спроведување на нејзините програми, особено со јакнење на принципите на транспарентност и отчетност во работата на органите на државната управа преку координација на порталот www.uslugi.gov.mk и иницијативата Граѓански дневник.

Агенцијата за државни службеници редовно, на неделно ниво, известуваше за објавените огласи за прием на државни службеници; за бројот на спроведените стручни испити и пријавените кандидати на истите и за бројот на поведени дисциплински постапки. На квартално ниво, во соработка со МФ и врз основа на редовното ажурирање на податоците за државните службеници од страна на органите на државната управа (ОДУ), АДС информираше за бројот на незаконски унапредувања и уназадувањана централно (и локално) ниво.

АДС усвои Анализа на оценувањето на работата на државните службеници во 2009 година, која содржеше преглед на спроведените оценувања за 2004, 2005, 2006, 2007 и 2008 година и препораки за подобрување на процесот, имајќи ја предвид импликацијата на оценувањето врз системот на плати и наградувањето на државните службеници.

Во септември 2009 година беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници („Службен весник на РМ“ бр. 114/2009). Измените се однесуваа на следните сегменти: опфатот на државните службеници; воведување на стандарди во однос на потребното работно искуство за звањата од ЗДС и усогласување на степенот на образование со ЕКТС; скратување на роковите за постапката за вработување; мобилноста на државните службеници со воведување интерен оглас и заштита на статусот на државни службеници во случај на структурни промени.

Од Законот произлезе донесување на подзаконска регулатива поврзана со некои елементи на политиката за управувањето со човечките ресурси во државната служба, и тоа: Уредбата за изменување на Уредбата за описот на звањата на државните службеници; Правилник за начинот на селектирање и вработување на државните службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на државен службеник; Правилник за содржината и формата на Годишниот извештај за изречени мерки за утврдена дисциплинска и материјална одговорност; Правилник за содржината и формата на полугодишен извештај за спроведени специјализирани обуки за државните службеници; Правилник за содржината и.формата на Годишниот извештај за спроведен надзор; Правилник за содржината и начинот на подготвување на актите за внатрешна организација и систенатизација на работните места;Правилник за начинот на вршење надзор; Правилник за формата и содржината на обрасците за евидентирање на податоците за државните службеници и Упатство за исплата на додатокот на плата за државните службеници.

До крајот на 2009 година Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија ќе го достави за објавување во „Службен весник на РМ“ пречистениот текст на Законот за државните службеници.

До крајот на 2009 година ќе се донесе и Законот за дополнување на Законот за Владата на Република Македонија. Предложеното решение е во функција на усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници и уредување на посебен дел, кој се однесува на државните секретари.

Со Деловникот за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Владата на Република Македонија од 2008 година се воспостави механизмот на Проценка на влијанието на регулативата (ПВР) со кој се постигнува поголема предвидливост и транспарентност при донесувањето на регулативата, активно вклучување на засегнатите страни преку консултации во сите фази на подготовка на регулативата и проценка на ефектите и трошоците од новата регулатива врз деловното окружување и граѓаните. Со овие измени исто така се предвидува задолжително објавување на работните верзии на предлог регулативата на веб страните на министерствата, како и нивно задолжително објавување на Единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР.

Се реализираа активности од Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2007-2011).

Во 2009 година се подготви Нацрт на Закон за вршење инспекциски надзор, со кој за прв пат во правниот систем на РМ се регулира постапката при вршење инспекциски надзор од стрaна на државните инспекторати и другите облици на инспекциски служби на централно и локално ниво.

Отпочна креирање на правна рамка за регулирањето на единствени основи и начела за јавните службеници. Изготвена е првата работна верзија на Законот за јавните службеници.

До крајот на 2009 година, Генералниот секретаријат ќе достави Информација за бројот на тековните времени вработувања преку агенциите за времени вработувања, со конкретен опис за работните задачи кои ги извршуваат.

Комитетот за реформа на државната администрација ќе продолжи да се состанува еднаш месечно и да го раководи и мониторира спроведувањето на мерките и активности преземени реформата на јавната администрација и го следи спроведување на истиот.

Генералниот секретаријат на Владата во текот на 2010 ќе изврши анализа на имплементацијата на Стратегијата за реформа на јавната администрација од 1999 година и ќе предложи нова Стратегијата со идентификувани приоритети за модернизација на јавната администрација и ќе организира јавни дебати за новата Стратегија за реформа на јавната администрација.

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и во понатамошниот период континуирано ќе продолжи со низа мерки и активности кои ќе придонесат за непречено одвивање и подобрување на процесот на транспарентноста и одговорноста на администрацијата.

Имено, во текот на наредниот период континуирано ќе се продолжи со Мониторинг на спроведување на механизмот Граѓански дневник. Притоа, до средината на 2010 година преку Имплементација на Акционен план ќе се направи негова поблиска дисперзија до граѓаните.

До крајот на првиот квартал на 2010 година ќе се донесе Законот за јавни службеници, со кој ќе бидат регулирани основните начела и стандарди на постапките за селекција, вработување, одговорност, оценување, заштита на правата, престанок и евидентирање на податоците за јавните службеници. Со овој закон ќе бидат опфатени вработените во дејностите: образование,здравство, труд и социјална политика, култура, во институциите што вршат доверени јавни овластувања и вршат работи од јавен интерес, како и во јавните претпријатија.

Усвојување на Етичкиот кодекс за јавни службеници се очекува до крајот на вториот квартал 2010.

До крајот на вториот квартал ќе се подготви Анализа на досегашното остварување на функцијата на управната инспекција во Република Македонија, а до крајот на третиот квартал 2009 година ќе се донесе Законот за инспекциски надзор, со кој ќе се уреди надзорната функција на државата, унапредувањето на капацитетите на инспекциските служби и нивно координирано дејствување.

Во однос на сегментот државна служба, главeн приоритет во 2010 година ќе биде целосна и доследна примена на Законот за државните службеници. Оттаму, Агенцијата за државни службенци редовно, на месечно ниво, ќе известува за: објавените јавни и интерни огласи за државни службеници; бројот на дисциплинските постапки, нивниот основ и изречените мерки на државните службеници; бројот на второстепените постапки по жалби на државните службеници и основот на жалбите. На квартално ниво, во соработка со МФ и врз основа на редовното ажурирање на податоците за државните службеници од страна на ОДУ, АДС ќе информира и за бројот на незаконски унапредувања и уназадувања на државни службеници на централно (и локално) ниво.

Со цел подобрување на квалитетот и ефектите од оценувањето на државните службеници АДС ќе продолжи со активности за што подетално информирање, советување и оспособување на оценувачите и оценуваните за спроведувањето на процесот на оценување за 2009 година. АДС во јуни 2010 година ќе подготви Анализа на оценувањето на работата на државните службеници во 2009 година.

Од април 2010 година АДС, врз основа на квартални опреративни планови, ќе отпочне и со практикување на новата надлежност - вршење на надзор над примената на ЗДС и прописите донесени врз основа на овој закон. АДС ќе подготвува Годишен извештај за спроведен надзор, кој ќе биде составен дел на Извештајот за работа на АДС.

Примената на законот и на споменатите подзаконски акти ќе отпочне од 22 март 2010, што е краен рок за органите на државната служба да ги усогласат своите акти за внатрешна организација и систематизација на работните места.

До крајот на 2010 година АДС ќе усвои и ревидирана Програма за полагање на испит за државен службеник.

До крајот на февруари 2010 година, АДС заедно со Извештајот за работа за 2009 година, кој го доставува до Собранието на РМ, ќе подготви и Извештај за податоците за државните службеници од Регистарот на државните службеници за 2009, кој ќе биде објавен на веб страницата на АДС (http://www.ads.gov.mk).

Законот за здруженија и фондации ќе се донесе до крајот на третиот квартал на 2010.

Ќе продолжи доследното спроведување и надзорот над примената на Законот за државните службеници и другите подзаконски акти, како и доследното спроведување на Законот за јавните службеници и Етичкиот кодекс за јавни службеници.

До крајот на 2011 година, ќе се продолжи со Имплементацијата на Акциониот План за спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2007-2011).

Ревизијата на имплементацијата на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор со препораки за унапредување на соработката се планира да заврши до средината на 2011 година се планира да заврши до средината на 2011 година.

Реформа на полиција

Собранието на РМ го усвои Законот за внатрешни работи, кој стапи во сила на 01.08.2009 година. Со наведениот закон во МВР за прв пат се воведува системот на градење на кариера преку унапредување на работниците во Министерството. Во текот на 2009 година, беа донесени и подзаконските акти врз основа на Законот за внатрешни работи. Во септември 2009 година донесено е Упатство за разрешување на командирите на Полициските станици од општа надлежност со кое е утврдена постапката за разрешување на командирите на полициските станици од општа надлежност. Во наредниот период, ќе се преземат неопходните активности за соодветна примена на законот.

Од 1 јануари 2010 година,ќе започне со примена одредбата за пензионирање на овластените службени лица со навршени 40 години пензиски стаж на овластено службено лице (без оглед на неговите години на возраст) што ќе овозможи постигнување на две исклучително значајни цели:

· достигнување на стандардот 1:300 (еден полицаец на триста жители) содржан во заедничките стандарди и принципи на Европската унија, како и европските препораки во однос на димензионирањето на човечките ресурси, односно – 6000 униформирани (без бројот на гранична полиција) и 1200 цивили, или вкупно 7.200 полициски службеници.

· ќе се постигне соодветен етнички баланс во Министерството за внатрешни работи и полицијата. Најголемиот број од оние лица кои ги исполнуваат или во следните пет години ќе ги исполнат критериумите за пензионирање, се македонци, со што ќе се постигне и поголема соодветната правична застапеност на сите етнички заедници во Министерството полицијата. Во моментов процентуалната застапеност во Министерството за внатрешни работи е следна: Македонци – 79,80%, Албанци – 15,78, Срби – 1,73%, Турци – 0,60%, Роми – 0,64%, Власи – 0,10% и останати 1,15%.

Министерството за внатрешни работи направи анализа на бројот на работниците кои согласно наведената одредба ќе заминат во пензија и тоа: во текот на 2010 година-1035 работници; 2011 година- 277 работници; 2012 година- 278 работници; 2013 година-266 работници и 2014 година-251 работник. Истовремено, изготвена е проценка на финансиските средства потребни за спроведување на законот во наредните 5 години, односно за периодот 2010-2014 година, во кои се вклучени финансиските средства наменети за зголемување на платата за 30%, наместо досегашните 20 % на овластените службени лица во Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР, како и средства за испратнини на работниците кои ќе се пензионираат. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот на РМ.

Во текот на 2010 година, се предвидува пораст на застапеноста на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во МВР за 1,5 %. (по основ на пензионирање на процентот ќе порасне за 1%, а 0,5% по основ на нови примања). За 2011 е предвидено зголемување од 1,5 % и 1,5 за 2012 година. Со тоа, правичната застапеност до 2012 година ќе достигне до 20 %.

Во Законот за внатрешни работи е определен начинот на вршење на контролата на работите на Министерството. Контролата се остварува како внатрешна и надворешна контрола. Надворешната контрола ја вршат Собранието и Народниот правобранител. Собранието на РМ врши контрола врз работата на Управата за безбедност и контраразузнавање преку соодветна комисија на Собранието. За таа цел Управата за безбедност и контраразузнавање е обврзана до Комисијата на Собранието да доставува програма и извештај за работата. На барање на Комисијата, Управата е должна да обезбеди увид и да ги даде на Комисијата сите потребни известувања, податоци. Комисијата на Собранието доставува извештај за извршената работа најмалку еднаш годишно.

Министерството за внатрешни работи изготви Акционен план на обврски што произлегуваат од Законот за внатрешни работи чија реализација е неопходна за имплементација на законот. Во Акциониот план се утврдени обврските, рокот за нивна реализација како и надлежните организациони единици во МВР за нивно спроведување.

Извршено е дополнување на Стратегијата за управување со човечки ресурси, кое се однесува на развојот на вештините за управување, а во наредниот период, акцентот ќе биде ставен на имплементација на стратегијата и акцискиот план.

Во текот на 2010 година, предвидено е спроведување на кампања за запознавање на вработените во Министерството со одредбите од Законот за внатрешни работи.

Во април 2010 година ќе започне примената на одредбите од Глава VI од Законот за внатрешни работи, Работни односи точка 9. Оценување на овластени службени лица на Министерството за внатрешни работи (примената започнува осум месеци од денот на влегувањето на законот). Истовремено ќе започне и примената на одредбите на Правилникот за начинот и постапката за оценување на овластеното службено лице, содржината на извештајот за извршеното оценување, образецот за оценување и начинот на водење на евиденција.

Во насока на успешна подготовка за примена на одредбите за оценување на овластените службени во почетокот на 2010 година ќе се спроведе обука на раководителите на организационите единици кои треба да го извршат оценувањето.

До 2012 година, ќе се спроведе и финансискиот модел на системот за кариера, односно на одредбите од Законот за внатрешни работи за унапредување во повисок платен ранг. Согласно одредбите од Законот за внатрешни работи, овластеното службено лице може да биде унапредено во повисок платен ранг на работното место на кое работи ако во текот на три години има добиено три позитивни оценки “задоволува“ или “се истакнува“.

Управување со персоналните досиеја е среднорочен приоритет и истото ќе опфати:

· Дефинирање на содржината на песоналните досиеја

· Донесување и имплементација на подзаконски акт - Правилник за управување и менаџирање на персоналните досиеја

· Средување и актуелизирање на тековните персонални фајлови и податоци во однос на наведените потреби

· Создавање и примена на ИТ- софтвер за подршка на личните податоци

Во изминатиот период особено внимание се посвети на унапредување на методологијата на работа на полицијата и имплементирањето на принципите на community policing. Во таа насока е реализиран еден пилот проект во Полициските станици во Карпош, Прилеп, Кавадарци, Радовиш, Штип, Кочани, Крива Паланка и Струга, кој имаше за цел да се подобри квалитетот на прием на странки во полициските станици, да се подобри квалитетот на укажана помош на жртвите на кривичните дела, да се подобри квалитетот на писмените поднесоци во врска со безбедносните настани, како и да се подигне нивото на превенирање на безбедносно ризичните случувања. Проектот се покажа како исклучително успешен, по што ќе следи дефинирање на нова методологија и поставеност на Полициските станици кон локалната заедница и граѓаните. Досега, формирани се вкупно 77 локални совети за превенција, а преостанатите 7 предвидено е да се етаблираат во 2010 година.

Во текот на 2009 година, продолжија обуките во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи. Центарот за обука изготви Наставна програма за обука на раководни полициски службеници и други полициски службеници во МВР на РМ за начинот на однесување и меѓусебните односи. Центарот за обука изготвува Стратегија и Визија на Центарот за обука во која ќе се утврдат целите кои Центарот за обука има за тенденција да ги постигне во наредните 10 години. Предвидено е и донесување на Стратегија за обука на работниците во Министерството за внатрешни работи со Акционен план. Во Стратегијата ќе се дефинираат целите и начелата за спроведување на обуката, системот на обука и целните групи што се опфатени со обуката, начинот на финансирање и ризиците што произлегуваат со воспоставувањето на системот на обука во Министерството.

Во текот на 2010 година ќе се спроведе кампања за родовата застапеност, во соработка со Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје.

Во мај 2010 година ќе заврши проектот „Советодавна поддршка за имплементација на Стратегијата за полициска реформа„.

Судски систем (види и Поглавје 23 –Правосудство и фундаментални права)

Во насока на реализацијата на реформите во правосудниот систем, како клучен приоритет од Партнерството за пристапување, се продолжи со имплементација на донесените реформски закони, во правец на јакнење на независноста и зголемување на ефикасноста на судството, што придонесе кон ефикасно остварување на уставно загарантираните права на граѓаните.

Законот за Судски совет според кој Судскиот совет врши избор и разрешување на судиите како гаранција за судската независност и самостојност, конитинуирано се имплементира. Согласно Правилникот за критериуми за оценување на работата на судиите како и Образецот за негова примена, со кој се врши квантитативно и квалитативно оценување на работата на судијата, членовите на Судскиот совет во мај 2009 година, започнаа со годишно оценување на судиите, кое заврши на седницата која се одржа во јули 2009 година (подетално види Поглавје 23.1 – Правосудство). Во насока на натамошно спроведување на реформите во судството за зајакнување на востановените принципи за независно и професионално правосудство Судскиот совет ќе продолжи со континуирано следење и оценување на работата на судиите.

Управниот суд и Апелациониот суд во Гостивар се целосно функционални од аспект на нивна целосна екипираност преку реализација на предвидените вработувања согласно НПАА 2009 година. Во 2010 година ќе се продолжи со јакнење на капацитетите на судските институции.

Академијата за обука на судии и јавни обвинители е потполно функционална, спроведувајќи го Законот за Академија, Во целост се остваруваат и програмите за постојано и континуирано стручно усовршување на судиите и јавните обвинители како и програмите за обука на другите целни групи, согласно Рамковната програма 2009-2010. Во насока на унапредување на функционирањето на Академијата за обука на судии и јавни обвинители при Министерството за правда на РМ формирана е работна група, за подготовка на Законот за Академија на судии и јавни обвинители, со кој се предвидува воведување на законски гаранции за статусот на дипломираните кандидатите (подетално види Поглавје 23.1 – Правосудство).

За зајакнување на буџетската рамка во судството, со Буџетот за 2009 година, планираните средства за судската власт се зголемени за 11%, во споредба со 2008 година, со што се обезбедува поголема финансиска стабилност на судскиот систем. Министерството за финансии и Министерството за правда при подготовката на буџетот за 2010 година буџетските средства за судството да се зголемат и да бидат соодветни на процентот кој што е утврден како процент од бруто домашниот производ.

Во смисла на подобрување на процесот на управување со човечките ресурси во рамки на судството, од 01.01.2009 година, започна да се применува Законот за судска служба. За имплементација на Законот на 22.09.2008 година, конституиран е Совет за судска служба, со седиште во Врховниот суд на РМ кој го сочинуваат 9 членови, Во јуни 2009 година е формирано Здружението на судската администрација, што претставува чекор напред во правец на зајакнување на статусот и улогата на судската администрација во судскиот систем.

Советот на јавни обвинители, е комплетиран и функционира во полн состав од 11 членови. Советот на Јавни обвинители континуирано ги одржува своите седници. Воедно, во март 2009 год. Советот го донесе својот прв Годишен извештај за работа. Советот конитнуирано ја врши својата функција на избор и разрешување на јавни обвинители, во моментов јавно обвинителска функција, вршат вкупно 186 јавни обвинители..

Вишото јавно обвинителство Гостивар и Основното јавно обвинителство за организиран криминал во Гостивар се комплетирани и функционираат во полн состав. Во поглед на натамошното спроведување на реформите на јавното обвинителство ќе се продолжи со имплементација на Законот за јавно обвинителство и Законот за совет на јавни обвинители.

Усвоен е Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување (Сл. весник на РМ бр.83/09) со кој е воспоставен системот за трансфер на старите извршни предмети од судовите кај извршителите, кој ќе започне со имплементација на 01.07.2010 заклучно со 31.12.2010 год.

Во рамки на Стратегијата за реформа на казненото право, донесен е Законот за измени и дополнување на Кривичниот законик. Измените на законот се однесуваат на зајакнување и подобрување на казнено-правната рамка што е една од главните претпоставки за ефикасност во работата на институциите надлежни за заштита на слободите и правата, а во таа смисла интервенциите специфично се однесуваат на делот за Конфискација на имот и имотна корист, Казнената одговорност на правните лица, Економските казнени дела, дела на компјутерски криминал (подетално види Поглавје 23.1 – Правосудство). Во 2010 година приоритет ќе биде спроведувањето на Законот.

Согласно Стратегијата, изготвен е нов Предлог - Закон за кривична постапка, согласно кој се предлага нов модел и поактивна улога на јавниот обвинител во преткривичната постапка и истрагата, се воведува правосудна полиција, функционално подредена на јавното обвинителство и ставена на располагање во откривањето и гонењето на кривичните дела и водењето на истражната постапка (подетално види Поглавје 23.1 – Правосудство).

За унапредување на информатичката технологија во судството од 1.1.2010 година ќе се заврши со воведување ACCMIS во сите судови во РМ. Приоритет во 2010 година ќе биде имплементација на новиот информатички систем.

Aнтикорупциска политика (види и, Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права)

Владата ќе остане доследна на бескомпромисната борба против корупцијата и ќе продолжи да ги спроведува мерките од Акциски план за борба против корупцијата.

Советот за спроведувањето на Акцискиот план за борба против корупција и Меѓуресорско тело за координирање на активностите за борба против корупција ќе продолжи да одржува редовни состаноци, заради координација на активностите на надлежните органи за борба против корупцијата, јакнење на меѓусебната соработка, размената на информации и податоци.

Во континуитет ќе се остварува соработката меѓу органите со посебни овластувања и редовно ќе се известува за конкретните резултати од соработката во случаи поврзани со корупција и примената на специјалните истражни мерки.

Ќе продолжи спроведувањето на Законот за судир на интереси и Законот за финансирање на политичките партии

Во текот на 2010 год. ќе бидат направени измени и дополнувања на Законот за спречување на корупцијата, со кои ќе се предвиди професионализација на членовите на ДКСК, со цел зајакнување на нејзината независност и подобрување на транспарентноста на нејзината работа.

Во насока на забрзување на кривичната постапка што меѓу другото, би овозможило зголемување на ефикасноста на судовите во однос на судењето на предмети од областа на корупцијата и организираниот криминал, во текот на 2010 година ќе се усвои нов Закон за кривична постапка.

Во насока на спроведување на преостанатата препорака на ГРЕКО од вториот круг на евалуација, ќе се спроведат следните активности: Усвојување на Закон за статусот и условите за вработување на јавни службеници и Усвојување на Етичкиот кодекс за јавни службеници.

Согласно Стратешкиот план за унапредување на односите со јавноста 2009 -2012, ДКСК во 2010 година ќе спроведе истражување на јавното мислење за корупцијата во Република Македонија ,и спроведување на јавни дебати, со претставници од политичките и владините институции, приватниот и невладиниот сектор.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ЗАШТИТА НА МАЛЦИНСТВАТА

Согласно обврските од ратификуваните меѓународните конвенции за човекови права, изработени се: Трет Извештај на Република Македонија по Рамковната Конвенција за заштита на национални малцинства, Извештај за спроведување на препораките добиени од презентација на Универзалниот периодичен извештај на Република Македонија Советот за човекови права на ОН и Извештај за спроведување на препораките од Комитетот на ОН против тортура. Во насока на подигање на нивото на заштита и почитување на фундаменталните права Меѓуресорското тело за човекови права, континуирано одржува состаноци, на кои преку размена на информации, се зајакнува координацијата на активностите, помеѓу претставниците на ресорните министерства. Воведен е и електронски