ПРОГРАМАТА ДАВА ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ! - dekemvri...

4
Пилот – проектот „Немаме резервна планета“ на Здружение на граѓани ОХО од Скопје, е започнат во 1999 година. Во годините кои следеа успешно се развиваше и во 2010 година прерасна во еколошко-едукативна Програма со наслов „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Програмата е дел од националниот курикулум и ги опфаќа сите градинки, основни и средни училишта и активно ги вклучува општините, родителите и бизнис сектoрот. Во каква улога дојдовте во Скопје, во однос на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”? Колку години ја познавате работата на ОХО? Улогата на центарот за Интернационални проекти во едукацијата - ИПЕ (Intеrnational Projects in education) којшто јас го претставувам како дел од Универзитетот за образование на наставници во Цирих, е таканаречено поддржување (backstopping) на Програмата на ОХО за еко-имплементација. Овој тип поддржување од гледна точка на ИПЕ вклучува советување и поддршка која гарантира континуитет на знаењето стекнато од Програмата како и на ОХО. ИПЕ е дел од Програмата како неутрално тело повеќе години. Во таа смисла, ние сакаме да дадеме свој придонес, да ги надоместиме слабостите и да ги нагласиме јаките страни. Предизвикот е да не се мешаме премногу во процесите на Програмата, а истовремено да ја обезбедиме потребната поддршка од страна, преку адресирање и работа на дефинирани и специфични концепти, како и оперативни прашања со цел да се изгради програмска документација за управување со знаењата и размена на искуствата. ИПЕ гледа голем потенцијал еколошката едукација целосно да биде интегрирана во училишниот систем, доколку поддршката е дадена во две главни полиња: - Поддршка на оперативниот тим, особено на ОХО, проф. РОЛФ ГОЛОБ: Програмата дава одлични резултати! СЕ ОДРЖА ТРЕТИОТ ЕКО-САМИТ ВО ОХРИД Доделени Зелените знамиња НЕМАМЕ РЕЗЕРВНА ПЛАНЕТА | www.oxo.org.mk | декември 1 ПРОГРАМАТА ДАВА ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ! проф. Ролф Голоб, Центар за „Интернационални проекти во едукацијата“- Универзитет во Цирих Издание: декември 2011 година, Скопје Професорт Ролф Голоб во декември ја посети Македонија, како дел од неговата активност за поддржување на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Тој присуствуваше на Еко-самитот во Охрид, го посети ОХО како и неколку образовни институции во земјава проф. Ролф Голоб

Upload: others

Post on 24-Sep-2019

7 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: ПРОГРАМАТА ДАВА ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ! - dekemvri 2011--.pdfподдржување на програмата „Интеграција на еколошката

1Н Е М А М Е Р Е З Е Р В Н А П Л А Н Е Т А | w w w . o x o . o r g . m k | д е к е м в р и

Пилот – проектот „Немаме резервна планета“ на Здружение на граѓани ОХО од Скопје, е започнат во 1999 година. Во годините кои следеа успешно се развиваше и во 2010 година прерасна во еколошко-едукативна Програма со наслов „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Програмата е дел од националниот курикулум и ги опфаќа сите градинки, основни и средни училишта и активно ги вклучува општините, родителите и бизнис сектoрот.

Во каква улога дојдовте во Скопје, во однос на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”? Колку години ја познавате работата на ОХО?

Улогата на центарот за Интернационални проекти во едукацијата - ИПЕ (Intеrnational Projects in education) којшто јас го претставувам како дел од Универзитетот за образование на наставници во Цирих, е таканаречено поддржување (backstopping) на Програмата на ОХО за еко-имплементација. Овој тип поддржување од гледна точка на ИПЕ вклучува советување и поддршка која гарантира континуитет на знаењето стекнато од Програмата како и на ОХО.

ИПЕ е дел од Програмата како неутрално тело повеќе години. Во таа смисла, ние сакаме да дадеме свој придонес, да ги надоместиме слабостите и да ги нагласиме јаките страни. Предизвикот е да не се мешаме премногу во процесите на Програмата, а истовремено да ја обезбедиме потребната поддршка од страна, преку адресирање и работа на дефинирани и специфични концепти, како и оперативни прашања со цел да се

изгради програмска документација за управување со знаењата и размена на искуствата.

ИПЕ гледа голем потенцијал еколошката едукација целосно да биде интегрирана во училишниот систем, доколку поддршката е дадена во две главни полиња:

- Поддршка на оперативниот тим, особено на ОХО,

проф. РОЛФ ГОЛОБ:Програмата дава одлични резултати!

СЕ ОДРЖА ТРЕТИОТ ЕКО-САМИТ ВО ОХРИДДоделени Зелените знамиња

Н Е М А М Е Р Е З Е Р В Н А П Л А Н Е Т А | w w w . o x o . o r g . m k | д е к е м в р и 1

ПРОГРАМАТА ДАВА ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ!

проф. Ролф Голоб, Центар за „Интернационални проекти во едукацијата“- Универзитет во Цирих

Издание: декември 2011 година, Скопје

Професорт Ролф Голоб во декември ја посети Македонија, како дел од неговата активност за поддржување на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Тој присуствуваше на Еко-самитот во Охрид, го посети ОХО како и неколку образовни институции во земјава

проф. Ролф Голоб

Page 2: ПРОГРАМАТА ДАВА ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ! - dekemvri 2011--.pdfподдржување на програмата „Интеграција на еколошката

2 Н Е М А М Е Р Е З Е Р В Н А П Л А Н Е Т А | w w w . o x o . o r g . m k | д е к е м в р и

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието како и развој поврзан со идните активности и координација на одговорностите преку дополнителни можни обуки за управување со проекти.

- Поддршка за организациски развој на ОХО и на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат и општините во однос на воспоставување на „Регионалниот едукативен центар“ надвор од ОХО и зајакнување на сите фактори во своите вештини и способности во однос на спроведувањето на еколошката едукација во македонските училишта.

Како надворешен евалуатор како го оценувате ОХО, Програмата и нејзините продукти?

Всушност јас не сум евалуатор. Како што објаснив, backstopping се однесува повеќе на поддршка, во смисла на екстерен поглед од дистанца, а некогаш гледа и од блиску. Ние можеме да ги прашуваме сите „глупави“ прашања кои никој не би се осмелил да ги постави. Но, кога ме прашуваат како јас лично го гледам ОХО, морам да кажам дека, ОХО во соработка со сите заинтересирани страни прави одлична работа. Насекаде гледам ваши продукти, ваши календари и едукативни материјали но, она што навистина ме импресионира е дека гледам како наставниците работат со тие материјали и како ги имплементираат истите. Тоа е прекрасно.

Кои се сличностите на нашата работа со активно­стите на слични проекти низ светот?

Еко-училишта постојат во многу земји. Тоа е огромна мрежа, што е одлично. Она што не интересира најмногу нас од ИПЕ е прашањето на имплементацијата. Кои процеси вие сте ги избрале? Кои се механизмите кои работат добро? Каде се можните пречки? И тука морам да кажам: вашето внимателно планирање, вашата поддршка на училиштата, вашата соработка со инспекторите е многу добар пример за другите.

Каде ја гледате иднината на Програмата и дали мислите дека ќе успее да биде одржлива?

За да биде одржлива треба процесите во рамките на имплементацијата да се прилагодат на структурните услови. Овие процеси треба да помогнат преку темелна временска рамка и заемно прифатлив прогрес од страна на сите партнери за да се дојде до посакуваната цел и до конкретните резултати. Времето за подигнување на свеста е завршено. Да се дојде до подобри резултати значи да се поставуваат целите, да се согласат продуктите и видливите резултати како и да се работи во одредени временски рамки. Овие процеси се точка на слабост во земјите со слаб или лошо обучен административен персонал или пак во ситуации каде што персоналот покажува висок степен на флуктуации поради изборите. Еве тука на пример, ОХО има одлична јака точка, може овие процеси да ги поддржи или стопира каде што е потребно.

Како татко и наставник во основно училиште, што мислите за детската телевизиска емисија 5 + и нејзиното влијание?

За време на мојот десетдневен престој имав можност да гледам неколку епизоди од детската телевизиска емисија 5+.

Искрено, често се смеев на глас. Преку кучето создадовте карактер на кој можеш да се потпреш, кој може да те поддржи и да ти даде сигурност. Овие кучиња се забавни, откачени и интелегенти истовремено.

Со гостите и темите кои ги обработувате, вие всушност реагирате мошне брзо на значајните и актуелни случувања.

5 + дава прекрасен увид во важни теми и е антипрограма за многуте глупави и лоши емисии кои децата имаат можност да ги гледаат кога ќе го вклучат телевизорот. Така што јас на моите деца би им дозволил да го гледаат!

А како професор, би сакал да имам содржина на сите досегашни емисии и да можам кога нешто ќе ми е потребно да ги гледам на Интернет преку преку вашата веб-страница!

2 Н Е М А М Е Р Е З Е Р В Н А П Л А Н Е Т А | w w w . o x o . o r g . m k | д е к е м в р и

Доделени Зелените знамињаТретиот по ред ЕКО-САМИТ се одржа на 02.12.2011 година во

Охрид во хотел „Белведере“ во организација на „Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО“ и во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија, а како дел од реализацијата на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ .

На Еко-самитот поздравен говор имаа:- Г-дин. Љупчо Спасовски, претседател на Управниот одбор

на Програмата- Г-ѓа. Александра Младеновска Костиќ, национален коор ди на-

тор на програмата Еко-училиште Во вториот дел од настанот официјално беа прогласени

наградените еко-градинки и еко-училишта кои постигнале високи стандарди во имплементирањето на еколошки програми за

едукација и управување со институциите во рамките на програмата „Како да се стане еко-училиште” за учебната 2010/2011 година.

По тој повод свечено беа доделени наградите Зелено знаме како највисоко достигнување на Програмата, како и признанија за бронзено и сребрено ниво кои претставуваат меѓународен сертификат за исполнување на еко-стандарди во работата на училиштата и градинките.

Се одржа третиот Еко-самит во Охрид

Доделување награди

Page 3: ПРОГРАМАТА ДАВА ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ! - dekemvri 2011--.pdfподдржување на програмата „Интеграција на еколошката

3Н Е М А М Е Р Е З Е Р В Н А П Л А Н Е Т А | w w w . o x o . o r g . m k | д е к е м в р и

По завршувањето на официјалниот дел, ОХО организираше „Зелена забава“ за сите при- су-т ни гости, на која задолжителна беше облека со зелени детали. На забавата покрај жи ва та музика, присутните имаа можност да уче ст вуваат во караоке.

Рекоа за Еко-самитот:

ЗЕЛЕНА ЗАБАВА

Градинки Општина НивоАНЃЕЛ ШАЈЧЕ Куманово зелено знаме

АСТИБО Штип зелено знаме

Основно училиште Општина НивоКИРИЛ И МЕТОДИЈ Велес зелено знамеБЛАЖЕ КОНЕСКИ Прилеп зелено знамеКРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ Радовиш зелено знамеВАНЧО ПРЌЕ Делчево зелено знамеСТИВ НАУМОВ Битола зелено знамеМИРЧЕ АЦЕВ Ѓорче Петров зелено знамеКИРИЛ И МЕТОДИЈ Крушево зелено знамеДИМКАТА АНГЕЛОВ ГАБЕРОТ Кавадарци зелено знамеГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Могила зелено знамеПОУ МАЦА ОВЧАРОВА Велес зелено знамеНИКОЛА КАРЕВ Крушево зелено знамеРАЈКО ЖИНЗИФОВ Велес зелено знамеКИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ Теарце зелено знамеЕЛПИДА КАРАМАНДИ Битола зелено знамеГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Скопје зелено знамеНИКОЛА КАРЕВ Пробиштип зелено знамеРАДЕ КРАТОВЧЕ Кочани зелено знамеТОДЕ ХАЏИ ТЕФОВ Кавадарци зелено знаме МИРЧЕ АЦЕВ Пласница сребрено нивоКОЛЕ КАНИНСКИ Битола сребрено нивоСв. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ Македонски Брод бронзено нивоТОЛИ ЗОРДУМИС Куманово бронзено нивоГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Свети Николе бронзено ниво

Одлуката за наградување на градинките, основните и средните училишта ја донесе комисија во состав:

1. Претставник од Министерство за образование и наука2. Претставник од Биро за развој на образование3. Претставник од Државен просветен инспекторат4. Претставник од Швајцарска агенција за развој и соработка5. Претставник од ОХО

ДОБИТНИЦИ НА ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ, СРЕБРЕНО И БРОНЗЕНО НИВО

Средно училиште Општина НивоГЕОРГИ ДИМИТРОВ Скопје зелено знамеМИХАЈЛО ПУПИН Скопје зелено знамеКОЧО РАЦИН Велес зелено знамеЈОСИП БРОЗ ТИТО Битола зелено знаме

Рекоа за Еко-самитот:

„Прв пат сме на еко-самитот,

импресионирана сум од одличната организација, позитивната енергија што успеаа

да ја пренесат органи за торите на сите нас и секако среќни сме за нашата награда.“

Гордана Ристеска Тунеска-директор на О.У. „Свети Кирил и Методиј“, с.Бучин-Кичево,

добитници на Зелено знаме

„Прекрасна Програма, извонредни

професи онал ци коишто ја водат оваа Програма и дра го ми е што видов многу среќни

луѓе на овој Еко-самит.“Џорџе Арсов-директор на

Државен про све тен инспекторат

„Ова е свечен чин за нашата

градинка. Со добивањето на Зеленото знаме ги про мо виравме активностите на

нашата градинка што континиуирано ги работиме со децата и родителите. Еко-самитот беше позитивно

искуство и убава средба на ентузијасти со кои разменуваме идеи.“

Билјана Чунгурски-координатор на про-гра ма та во Ј.О.У.Д.Г. „Ангел Шајчев“-

Куманово

„Ми беше чест што бев

на Еко–самитот, зе леното знаме е огромен поттик за да продолжиме со

истата енергија и посве те ност. Ми се допаѓа што Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ им дава можност на

претставниците од сите степени на образование да се запознаат и да разменат различни искуства.“

Ленче Мариноска - координатор од С.Е.Т.У.Г.С. „Михајло Пупин“ –

Скопје

Зелена забава

Page 4: ПРОГРАМАТА ДАВА ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ! - dekemvri 2011--.pdfподдржување на програмата „Интеграција на еколошката

4 Н Е М А М Е Р Е З Е Р В Н А П Л А Н Е Т А | w w w . o x o . o r g . m k | д е к е м в р и

Како дел од Програмата „Ин те­грација на еколошката едукација во македонскиот образовен си­стем”, ОХО распишува конкурс за програмата „Млади репортери за животната средина“. Програмата „Млади репортери за животната сре дина“ е дизајнирана и при ла­го дена на возраста, интересите и интелектуалните потреби на уче­ни ците и наставната програма за средното образование.

Конкурсот е наменет за сите средни училишта од Република Македонија кои се вклучени во првата и втората година од имплементацијата на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”. На конкурсот може да учествуваат средношколци, здружени во тимови или индивидуално, под менторство на наставниците од своите училишта.

Секој тим или ученик мора да одреди тема и да спроведете новинарско истражување за некој проблем од областа на животната средина од својата локална средина или пошироко. При истражувањето на локален проблем или прашање од животната средина треба да се користи пристапот „Проблем­

решение”. Истражувањето треба да биде завршено со новинарски производ кој потоа ќе се сподели со пошироката јавност.

Постојат 11 главни теми за истражување: земјоделство, енер­гија, отпад, вода, биодиверзитет, индустриско зага ду вање, одговорна потрошувачка, транспорт, одр ж лив раз вој, шуми и климатски промени.

Најдобрите статии, фотографии и видеа ќе бидат избрани од комисија која ќе биде составена од професионални новинари, претставници на Министерството

за образование и наука на Република Македонија и претставници на ОХО. Статиите, фотографиите и видеата кои ќе победат ќе бидат испратени на интернационалниот конкурс од програмата Млади репортери за животната средина. Секоја година се одбираат најдобрите статии, фотографии и видеа од секоја земја и од нив се создава книга, односно збирка од статии и фотографии напишана на англиски јазик.

Со цел да учествувате на националниот и интер на ци­она лниот конкурс од Програмата, испратете ги Вашата статија, фотографија или видео на следнава е­пошта: eko­[email protected] најдоцна до 01.03.2012 година.

Преку активностите што се спроведуваат во градинките и училиштата, но и преку детската емисија 5+ која обра бо тува теми за здрава храна, континуирано се пренесува пораката кај децата за значењето на здравиот начин на исхрана.

Ја продолжуваме заеднички оваа иницијатива со цел да ги поттикнеме кај децата навиките за здрава храна во домот но и во училиштето. Во пролетниот период ќе следат уште многу настани организирани од страна на градинките и училиштата посветени на различни видови зеленчуци и овошја карактеристични за одредени ре гиони.

Кампањата започна во октомври 2011 година под покровителство на г­ѓа. Маја Иванова, сопруга на прет­се дателот на Република Македонија.

Издавач: OXOИлинденска 43/10, 1000 СкопјеТел. 02 3222 303е­пошта: [email protected]

Активности од Програмата

Распишан конкурсот за програмата „Млади репортери за животната средина“

За издавачот: Пеце ТалескиГлавен и одговорен уредник: Александра Младеновска – Костиќ

Подготвил: ОХО Лектор: Билјана Петревска

Дизајн и техничка подготовка: Јасмина Чашуле

Градинките и училиштата земаа активно уче­ст во во кампањата „Здрава храна за детство без мана“. Во првиот рок пристигнати се огромен број рецепти, пораки за здрава храна и предлог менија од цела Македонија

Деца изработуваат форми од здрава храна

во рамките на настанот во О.У. „Братство

и единство” ­ Охрид

Дел од активностите во градинките и училиштата

Учениците од IV и V одделение на О.У. „Дебрца“, с.Мешеишта ­ Охрид

Учениците од II­2 одделение во О.О.У.„Димитар

Влахов“ ­ Штип

„Здрава храна за детство без мана”Кампањата успешно се спроведува