МИНИЕВО ЗА ЕКОНОМИЈА za...3 . 3 О ÀГАНИЗА ÉИИ ЗА ДЕЛОВНА...

46
АГЕНЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА АГЕНЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПРИРАЧНИК НА ПРОЦЕДУРИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ВАУЧЕРСКО СОВЕТУВАЊЕ НА МАЛОТО СТОПАНСТВО И ПОМОШ ПРИ САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје 28.01.2020 година Изработено од: Маријан Стојчев

Upload: others

Post on 20-Oct-2020

5 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

  • АГЕНЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО НА

    РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

    МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

    АГЕНЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО НА

    РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

    ПРИРАЧНИК НА ПРОЦЕДУРИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ВАУЧЕРСКО СОВЕТУВАЊЕ НА МАЛОТО СТОПАНСТВО И

    ПОМОШ ПРИ САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

    Скопје 28.01.2020 година

    Изработено од:

    Маријан Стојчев

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    2

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    СОДРЖИНА

    1. ВОВЕД ........................................................................................................................................ 4

    2 . О П И С Н А П Р О Г Р А М А Т А ..................................................................................... 5

    2 . 1 Д Е Ф И Н И Р А Њ Е Н А П О И М И .................................................................................... 5

    2 . 2 Д Е Ф И Н И Р А Њ Е Н А Ц Е Л Н И Т Е Г Р У П И / У С Л У Г И ....................................... 5

    2 . 3 Д Е Ф И Н И Р А Њ Е Н А У С Л У Г И Т Е .............................................................................. 6

    2 . 3 . 1 . С о в е т о д а в н и у с л у г и .......................................................................... 6

    2 . 3 . 2 С о в е т у в а њ е , Т р е н и н г и И н ф о р м а т и в н и у с л у г и ...................... 7

    2 . 4 С У Б В Е Н Ц И Ј А ....................................................................................................................... 9

    2 . 5 У Ч Е С Н И Ц И В О П Р О Г Р А М А Т А ...................................................................................... 11

    3 . П А Р Т Н Е Р И В О П Р О Г Р А М А Т А ................................................................................ 12

    3 . 1 У П Р А В Е Н О Д Б О Р Н А А П П Р С М ................................................................................. 12

    3 . 2 А П П Р С М ....................................................................................................................... 12

    3 . 3 О Р Г А Н И З А Ц И И З А Д Е Л О В Н А П О Д Д Р Ш К А ............................................... 13

    3 . 4 С О В Е Т Н И Ц И ................................................................................................................. 15

    3 . 5 К О Р И С Н И Ц И Н А С О В Е Т У В А Њ Е ........................................................................ 17

    3 . 5 . 1 Ц е л н и г р у п и н а п р о г р а м а т а .................................................... 17

    4 . УПРАВУВАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ...................................................... 23

    4 . 1 О П Ш Т П Р И О Д .............................................................................................................. 23

    4 . 2 С П Е Ц И Ф И Ч Н И Ч Е К О Р И ......................................................................................... 23

    5. ПРОЦЕС НА ИСПОРАКА НА УСЛУГИТЕ..................................................................................... 33

    6 . ДВИЖЕЊЕ НА ДЕЛОВНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ВО АППРСМ ................................................ 35

    7. ЧУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА ............................................................................................... 35

    8. ВРШЕЊЕ НАДЗОР ВРЗ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА .................................................... 36

    9. ПРИЛОЗИ ................................................................................................................................. 38

    10. ВАЖНОСТ НА ПРИРАЧНИКОТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ВАУЧЕРСКО

    СОВЕТУВАЊЕ ............................................................................................................................... 38

    АНЕКС А: ПОРТФОЛИО НА УРБ ................................................................................................... 39

    АНЕКС Б: СТАНДАРДИЗИРАНИ УСЛОВИ И ОПИС НА РЗ ............................................................. 41

    АНЕКС В: “БЛИЦ ПРОФИЛИ” ....................................................................................................... 42

    АНЕКС Г: “ПОДДРШКА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ“ ...................................................................... 43

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    3

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    Кратенки

    АППРСМ Агенција за поддршка на претприемништвото на РСМ

    АВРСМ Агенција за вработување на РСМ

    УРБ Услуги за развој на бизнисите

    ОДП Организации за Деловна Поддешка

    МзЕ Министерство за економија

    ЕСА Агенции за деловна поддршка

    ВСС Ваучерски систем на советување

    ИКТ Информатичка и комуникациска технологија

    УО Управен Одбор

    МКЕ Меѓународен краткорочен експерт

    КЕ Клучен експерт (Меѓународен долгорочен експерт)

    ЛДЕ Локален долгорочен експерт

    ЛКЕ Локален краткорочен експерт

    М+Е Мониторинг и евалуација

    КИР Клучни индикатори на работење

    МАИТ Македонска асоцијација на информатичка технологија

    МЕ Министерство за економија

    НСКП Национален совет за конкурентност и претприемаштво

    НВО Невладина организација

    ОП Оперативен план

    ОУ Оперативни упатства

    ЈПД Јавен - приватен дијалог

    РЦПП Регионален центар за поддршка на претпријатијата

    ПМЦ Проект Менаџмент Циклус

    ЈИЕ Југо-источна Европа

    МСП Мали и средни претпријатија

    КЕ Краткорочен експерт

    ЦРП Целосен работен план

    ГРП Годишен работен план

    ДДВ Данок на додадена вредност

    УНДП Програма за развој на Обединетите нации

    СДИ Странски Директни Инвестиции

    МИС Менаџмент информативен систем

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    4

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    Врз основа на Национална стратегија за мали и средни претпријатија (2018-2023), Европска повелба за мали бизниси, Закон за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија (Сл. весник бр. 60/03, 161/09, 171/10, 41/14, 64/18), програмите за развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија 2007-2020 година, Управниот Одбор на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија го одобри следниот:

    ПРИРАЧНИК ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА

    ПРОГРАМАТА ЗА ВАУЧЕРСКО СОВЕТУВАЊЕ

    1. ВОВЕД

    Програмата за ваучерско советување има за цел го поттикне самовработувањето кај невработените, да им помогне на постојните активни МСП во развојот на нивниот бизнис и да го развива локалниот пазар на советување и консултанство. Главната намена на овој Прирачник е да обезбеди за сите заинтересирани страни, особено за Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија (АППРСМ) и Организациите за деловна поддршка (ОДП), детален и практичен опис на раководењето и примената на Програмата за ваучерско советување.

    Прирачникот ги вклучува, разработува и ажурира дел од информациите во Прирачникот на процедури одобрен октомври 2010 година. Овој прирачник го заменува Прирачникот одобрен 29.10.2010 година и претставува документ по кој ќе се управува Програмата на ваучерско советување. Прирачникот се однесува на Програмата на ваучерското советување и на нејзините целни групи како на две поврзани компоненти: а) ваучерско советување за помош при самовработување и б) ваучерско советување (соодветен грант) за МСП.

    Прирачникот, особено обезбедува:

    Детално објаснување на улогата и одговорностите на сите учесници во Програмата, особено на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија и Организациите за деловна поддршка,

    Преглед на постапката за двете компоненти на Програмата, вклучувајќи го работниот процес како и специфични чекори кој ги следат овие процеси, како и процесот за реализација на мерката поддршка за самовработување како дел од ОП 2020,

    Документи и формулари поврзани со Програмата за ваучерско советување - документи за поддршка.

    Како променлив и динамичен документ, прирачникот одвреме навреме ќе биде ажуриран, како би ги искажал промените настанати во деловната средина опфатена со програмата.

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    5

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    2 . О П И С Н А П Р О Г Р А М А Т А

    2 . 1 Д е ф и н и р а њ е н а п о и м и

    Согласно Прирачникот за спроведување на Програмата за ваучерско советување, дефинирани се следните поими:

    ВАУЧЕР е документ со кој корисникот на советувањето е упатен кај избраните советници или изведувачи на оспособувања и претставува основа за исплата на субвенцијата.

    АППРСМ е институција на државно ниво која се грижи за координација и надзор на спроведувањето на програмата. Достапот до услугите на програмата го обезбедува преку изведувачите на програмата и советниците.

    ИЗВЕДУВАЧ НА ПРОГРАМА (ОДП) е правно лице избрано за спроведување на програмата од страна на АППРСМ и претставува точка каде што потенцијалните корисници на услуги можат да се вклучат во програмата.

    СОВЕТНИК-ОРГАНИЗАТОР е лице кое кај изведувачот на програмата ги извршува задачите на спроведување на програмата.

    СОВЕТНИК (КОНСУЛТАНТ) е лицето што го спроведува советувањето во програмата.

    СОВЕТОДАВНО (КОНСУЛТАНТСКО) ПРЕТПРИЈАТИЕ е правно лице кое во програмата (1) издава сметки за извршени советодавни услуги од страна на советникот или пак (2) врши оспособување.

    КОРИСНИК НА СОВЕТУВАЊЕ (КЛИЕНТ) е физичко или правно лице вклучено во програмата и има право на исплата на субвенција согласно овој прирачник.

    АПЛИКАЦИЈА е компјутерски инструмент за поддршка на спроведувањето на програмата.

    2 . 2 Д е ф и н и р а њ е н а ц е л н и т е г р у п и / у с л у г и

    Две основни целни групи, односно активни МСП и потенцијални претприемачи може да бидат субвенционирани за користење на следните услуги:

    Советодавни услуги за сопствениците-вработените во МСП кои имаат проблеми во работењето и/или сакаат да ги развијат своите бизниси. (МСП со иновативни проекти, односно со потенцијал за развој на нови производи / услуги или процеси)

    Советување, Информации и Тренинг поддршка за потенцијалните претприемачи од редот на невработените и веќе вработените лица за отпочнување на нов бизнис,

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    6

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    2 . 3 Д е ф и н и р а њ е н а у с л у г и т е

    Целните групи можат во програмата по субвенционирани цени да ги користат следните услуги:

    - претприемачко советување,

    - групно претприемачко советување,

    Претприемачко советување го дефинираме како процес меѓу советникот и коирсникот на советувањето каде што корисникот на советувањето не е во улога на пасивен корисник на совет или информација туку станува збор за активен процес со намена корисникот на советувањето да се оспособи за да може во иднина и самиот да ги решава сличните проблеми а не советникот кај него да развива зависност од постојана советодавна помош.

    Групно претприемачко советување е услуга која корисникот на советувањето може да ја употреби, ако заедно со советникот-организатор оценат дека преку групното претприемачко советување ќе го добие истиот квалитет на услугата, која би ја добил преку претприемачкото советување, но по пониска цена.

    За реализација на предвидените групни претприемачки советувања и оспособувања, потребно е советодавното претпријатие да достави програма за изведување на советувањето. Програмата се доставува до Организацијата за деловна поддршка и АППРСМ која по прегледување на истата, одобрува или не нејзина реализација.

    2 . 3 . 1 . С о в е т о д а в н и у с л у г и

    Програмата на ваучерско советување која се однесува за компонентата МСП изискува развој на бизнисот на клиентите преку широка палета на советодавни услуги.

    Подолу се наведени седум главни подрачја на советодавни услуги за развојот на МСП.

    Општ менаџмент вклучувајќи дијагностика, деловно планирање и стратешки развој

    Маркетинг, продажба и развој на извозот

    Финансиска контрола и менаџмент и сметководствен менаџмент

    Развој на човекови ресурси и менаџмент на кадри

    Планирање и управување на производството, методологија и процеси, вклучувајќи технологија

    Квалитет, контрола и управување со заштитата на човековата околина

    Менаџмент информациони системи, информатичка технологија и електронски бизнис.

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    7

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    Иако УРБ како понуда се потикнати од побарувачката за нив, односно тие се испорачани врз основа на барањето и потребата на клиентот, портфолио на специфични услуги е достапно за клиентите. За 50 од најчестите специфични услуги, стандардни Услови и опис на работните задачи се припремени како теркови за ОДП кои може да се приспособуваат ако за тоа има потреба.

    Рамката за Услуги за Развој на бизнисите [УРБ] е реконструирана и листата на сегашните специфични услуги во Програмата на Ваучерско советување е прикажана во Анекс А.

    Доколку се бара услуга која е во согласност со подрачјата на советување за специјалисти и генералисти, а не се припремени стандардизирани Услови и опис на работните задачи (УРБ), советникот во соработка со клиентот подготвува т.н. Понуда за советување (Прилог 18).

    2 . 3 . 2 С о в е т у в а њ е , Т р е н и н г и И н ф о р м а т и в н и у с л у г и

    Програмата на ваучерско советување која се однесува на потенцијалните претприемачи (вработени и невработените лица) помагајќи им да се самовработат, има потреба од испорачување на одредени советувања, тренинг и информативни услуги до претриемачите кои се стремат кон самовработување.

    Теми на советувања

    Генерирање и селекција на идеја

    Развој на деловниот концепт

    Физибилити студија на проектот

    Деловно планирање

    Деловно поврзување

    Информативни активности

    Нови финансиски алатки: лизинг, факторинг, гарантни фондови,

    Програми имплементирани од МзЕ или од меѓународни донатори,

    Правни прашања, харминизација со законодавството на ЕУ.

    Мали Групни Тренинзи

    Деловно планирање и стратегија

    Производство и квалитет

    Започнување на сопствен бизнис

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    8

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    Деловен менаџмент

    Развој на човекови ресурси

    Финансиски менаџмент

    Продажба и маркетинг

    Стандардните Услови и опис на работните задачи се подготвени како би ги опфатиле сите видови на советувања, информативни услуги и тренинг и истите се доставени на разгледување кај клиентите за самовработување и ОДП.

    Следните активности и соодветните трошоци се исклучени и нема да бидат подржани од Програмата на ваучерско советување:

    стекнување на формално образование (стекнување на повисок степен на образование, преквалификација).

    курсеви за изучување на јазици,

    основно компјутерско описменување - Microsoft office (Word, Excel, Power point, Access. Outlook), Internet Explorer, Outlook Express,

    стекнување на цертификати, дозволи, согласности и сл. (н.пр. недвижнини, патен сообраќај, безбедност и заштита при работа и заштита од пожар, HACCP, ISO стандарди, ЦЕ ознака, ХТП и сл.),

    трошоци за материјали, литература и сл.,

    трошоци за стручни проверки на знаења, испити и сл. (н. пр. мајсторски испит),

    водење на сметководство, изготвување на сметководствени пресметки, изготвување на изворни и изведени сметководствени документи, изготвување на даночна пријава,

    лекарски прегледи,

    патни трошоци,

    изработка на локациска, градежна и друга потребна документација и проекти,

    трошоци за судска заштита, нотарски трошоци,

    изработка на работно-правни акти (изработка на акти за систематизација, договори за вработување, решение за годишен одмор и сл.),

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    9

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    2 . 4 С у б в е н ц и ј а

    Во овој момемт, за советодавни услуги во рамките на Програмата се применуваат следниве износи:

    Еден час општо (генералистичко) советување се вреднува 900,00 ден. без ДДВ додека еден час специјалистичко советување се вреднува 1.200,00 денари без ДДВ. Советник со повеќе од 5 години искуство може да работи како специјалист и да биде платен соодветно. Советник со искуство од 3-5 години работи како генералист.

    Секој советник во рамките на Програмата на ваучерско советување е лимитиран во еден месец да наплати најмногу до 100 часа.

    Субвенцијата за помош при самовработување (потенцијални претприемачи од редот на вработените и невработените лица) изнесува 100%.

    Еден клиент од целната група потенцијални претприемачи од редот на невработените лица и од редот на вработените лица кои сакаат да се самовработат има право на максимум 37.170 (35 часа) денари со вклучен ДДВ.

    Субвенцијата за советувања во МСП е до 50% од нето вредноста без ДДВ, односно може да изнесува најмногу 450,00 ден. на час за општо советување и 600,00 ден. на час за специјалистичко советување.

    Еден клиент од целната група активни МСП има право на субвенција максимум 45.000,00 (75-100 часа) денари без ДДВ за една година, со исклучок кога се работи за:

    - МСП со иновативни проекти, односно со потенцијал за развој на нови производи/услуги или процеси имаат право на т.н. иновативен ваучер и субвенција од максимум 90.000,00 денари (200 часа),

    Еден час работа на советникот-организатор во ОДП се плаќа 650,00 денари со вклучен ДДВ и други давачки. ОДП ќе биде исплатена согласно бројот на часови по еден ваучер со горен лимит од 10% од бројот на часови на секој реализиран ваучер, со исклучок при издавање на иновативен ваучер кога овој лимит изнесува 5%.

    Предложено е, за работата на советникот-организатор која се однесува на ваучерите, исплатата на ОДП да се ограничи на 20%1 од сумата ангажирана или распределена.

    ОДП го превзема маркетингот и активности за промотивирање на програмата на ваучерско советување од сопствени извори.

    1 Меѓународна практика е 15% но условите во Македонија бараат поголемо инволвирање на ОДП

    во, обезбедување на нови клиенти, нивно проверување, проценување како и следење,

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    10

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    Како и да е, на ОДП и следува надомест за работата на советникот-организатор согласно следните нормативи:

    Ред. бр.

    Задачи Норматив за потрошено време/ корисник на

    советув.

    1. Воспоставување на прв контакт со потенцијалниот корисник на советувањето, спроведување на прво воведно советодавно интервју, внесување на податоци за корисникот на советување и склучување на прва спогодба за вклучување во Програмата за ваучерско советување со корисникот на советувањето2.

    2,5 ч./корисник на советување

    2. Издавање на ваучер за поедина советодавна услуга

    0,5 ч./издаден ваучер

    3. Следење и надзор на советодавниот процес, информирање на АППРСМ, вршење на задачи и водење на документација во врска со ваучерот, согласно прирачникот.

    10% од бројот на часови на ваучерот3

    АППРСМ на изведувачот на програмата (ОДП), задачите наведени во т. 1 и 2 од горната табела, ќе му ги пресмета при потврдување на ваучерот на име договор по цена од 650,00 денари за еден час, а за задачите од т. 3 по реализацијата на ваучерот-советодавната услуга.

    Точката 1 и 2 се базирани на активности, додека точката 3 се базира на резултати, односно реализација. Се претпоставува дека од секој 20 пријавени клиенти, 10 би можеле да се прифатат и да им се издадат ваучери од кои 9 или 90% се реализираат.

    Советникот-организатор може биде регистриран во Каталогот на советници за претприемништво во АППРСМ, но НЕ МОЖЕ да работи како советник во Програмата на Ваучерско советување.4 Другите вработени во ОДП кои поседуваат стручни квалификации, може да се регистрираат во Каталогот на советници за претприемништво во АППРСМ, но за разлика од останатите советници регистрирани во Каталогот на советници за претприемништво во

    2 За потребите на мерката „Поддршка за самовработување“, која е дел од „ОП за активни програми

    и мерки и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година“ со Договор се утврдуваат посебни нормативи при што за точката 1, односно за наведените задачи нормативот изнесува 0,4 часови/корисник на советување, додека нормативите за задачите во точка 2 и 3 остануваат непроменети.

    3 Во случај на иновативен ваучер лимитот е 5% од бројот на часови на ваучерот. 4 ОДП мора да ја задржат улогата на посредници што бара од нив да бидат објективни и

    непристрасни.

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    11

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    програмата на ваучерско советување, можат да работат максимум 50 часа месечно.

    Финансиските средства за спроведување на програмата и за субвенционирање на трошоците за ваучерското советување на различните целни групи се обезбедуваат од:

    буџетот на Република Северна Македонија, односно од буџетите на министерствата, (Министерство за економија)

    донатори,

    АППРСМ тие средства им ги доделува на изведувачите на програмата согласно Договор и месечни квоти.

    Советникот-организатор без одобрена квота од страна на АППРСМ не може да склучува договори и да издава ваучери.

    Изведувачите на програмата, доколку ја искористат доделената квота, можат да побараат дополнително зголемување. (Прилог 15)

    Доколку изведувачите на програмата не ги искористат доделените квоти во текот на три месеца кумулативно, истите не може да се пренесат во следните три месеци, односно АППРСМ може истите да ги преалоцира.

    АППРСМ на изведувачот на програмата му ги доделува средствата согласно расоположивите средства на финансиерите.

    2 . 5 У ч е с н и ц и в о п р о г р а м а т а

    Има неколку главни учесници инволвирани во Програмата на ваучерско советување:

    Министерство за економија кое ја надгледува Програмата,

    АППРСМ која ја управува и раководи Програмата,

    ОДП кои ја изведуваат (имплементираат) Програмата,

    Деловните советници кои даваат услуги на советување, консултирање и обучување,

    Клиентите или крајните корисници кои ги добиваат услугите и имаат корист од Програмата,

    Улогата и одговорностите на секоја од горенаведените странки во однос на Програмата на ваучерско советување се детално опишани во наредните поглавја од овој Прирачник.

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    12

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    3 . П А Р Т Н Е Р И В О П Р О Г Р А М А Т А

    3 . 1 У п р а в е н о д б о р н а А П П Р С М

    Улогата на Управниот одбор (УО) на АППРСМ, е да ја надгледува/контролира програмата на ваучерско советување во двете нејзини комоненти како ваучерско советување за помош при самовработување и ваучерско советување (соодветен грант) за МСП.

    Одговорностите на УО што се однесуваат за програмата на ваучерско советување се следните:

    Оценка и одобрување на плановите припремени и поднесени од АППРСМ (генерален стратешки работен план и годишни оперативни работни планови),

    Оценка и коментари за прогресот наведен во извештаите подготвени и поднесени од АППРСМ, и доколку е потребно издавање на специфични инструкции,

    Координација на конатактите и врските со другите Владини Министерства и агенции, заедницата на донатори и медиумите.

    3 . 2 А П П Р С М

    Улогата на Агенцијата на поддршка на претприемништвото е да ја управува програмата за ваучерско советување, односно двете компоненти за самовработување на невработени лица и советувања за МСП.

    Одговорностите на АППРСМ во однос на програмата за ваучерско советување се следните:

    Подготвува повеќегодишен општ стратешки работен план и годишен оперативен работен план кои се поднесуваат до УО на одобрување,

    Ги одбира и врши обука на ОДП кои се вклучуваат во националната мрежа на регионални / локални агенции кои ја изведуваат Програмата,

    Ги одбира деловните советниците кои ќе бидат вклучени во националниот Каталог на советници за претприемништво во Програмата за ваучерско советување,

    Превзема активности да ги промовира двете компоненти на Програмата на национално ниво,

    Ги контролира и врши трансфер на средствата за исплата на ваучерите, исто како и надоместокот за ОДП, според договорите и плановите,

    Ја следи имплементацијата на Програмата од страна на ОДП, вклучувајќи го искажаното задоволство на клиентите како и работата на советниците, преку анализи на активностите и остварените резултати, преку состаноци и директни посети,

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    13

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    Подготвува редовни извештаи за активностите и резултатите од двете компоненти на Програмата за ваучерско советување кои ги доставува до Директорот и УО,

    Спроведува периодични евалуации како би се оценило влијанието, ефикасноста, ефективноста и оддржливоста на Програмата.

    Одговорните лица во АППРСМ кој раководат и управуваат со Програмата, доколку има потреба од тоа, ја вршат и улогата на советник-организатор.

    3 . 3 О р г а н и з а ц и и з а Д е л о в н а П о д д р ш к а

    Улогата на Организациите за Деловна Поддршка или ОДП е да ја изведуваат, односно имплементираат Програмата на ваучерско советување, односно двете нејзини компоненти: а) ваучерско советување за помош при самовработување и б) ваучерско советување (соодветен грант) за МСП.

    Одговорностите на ОДП во однос на Програмата се следните:

    o Спроведува активности за промовирање на Програмата на регионално / локално ниво, вклучувајќи и испитување на препораките, односно потврдите од Агенцијата за вработување,

    o Ги оценува и прифаќа апликантите кои ги исполнуваат условите (МСПа и потенцијални претприемачи),

    o Ја оценува состојбата на клиентите (анализа на претпријатието и оценка за потенцијалниот претприемач/невработеното лице) како би се одредила оптималната интервенција, односно советување,

    o Ја оценува доделената задача употребувајќи го портфолиото и стандардните Услови и опис на работните задачи,

    o Помага при селекцијата на квалификувни советници (ја пребарува базата на податоци),

    o Обезбедува согласност за советување од сите учесници во проектот,

    o Ја следи работата на проектот,

    o Врз основа на завршениот проект, ги собира сите потребни документи,

    o Ги препраќа до АППРСМ потребните документи неопходни за извршување на плаќање на клиентите (МСП), советниците (субвенција за самовработување) и ОДП за административниот надомест,

    o Доставува до АППРСМ месечни извештаи за своето работење предвидени со овој Прирачник,

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    14

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    За ОДП неопходни се следните услови:

    o Како дел од нивниот договор со АППРСМ, ОДП имаат обврска да обезбедат кадровски, просторни, информациски, организациски, технички и други услови за непречено спроведување на Програмата, вклучувајќи и про активен маркетинг и промоција,

    o ОДП не може да издаде ваучер за индивидуално советување на име на советник кој е во редовен работен однос во истата ОДП над дозволениот број на часови, во спротивно АППРСМ нема да го исплати надоместокот на ОДП за административната поддршка,

    o ОДП како изведувачи на Програмата ќе се грижат за заштита на личните податоци на корисниците на советнички услуги,

    o При промовирање на Програмата, ОДП треба да ги наведат името и знакот на АППРСМ како и на кофинансиерите на програмата,

    o АППРСМ на ОДП им испраќа периодични известувања кои се однесуваат на различни аспекти на Програмата и нејзината имплементација. Циркуларните писма од АППРСМ се обврзувачки за ОДП,

    o Советникот-организатор е лице во работен однос кај ОДП, (со соодветни познавања од областа на МСП и претприемништвото, маркетингот, финансиите, даноците, стопанското право, човечки ресурси, техники на советување, изработка и оценка на бизнис план, компјутерски вештини, познавање на постапката за регистрација на МСП), со знаењата од општо претприемачко советување во програмата. Тие ќе бидат обучени и поддржани во запознавањето на важечкиот Прирачник при АППРСМ и постапките за имплементација на Програмата,

    По правило, корисниците на советување (клиентите) се вклучуваат во програмата кај изведувачот на програмата надлежен за подрачјето во кое корисникот на советувањето постојано живее, односно каде што се наоѓа седиштето на претпријатието. Може да се вклучи и кај друг изведувач на програмата, за што истиот е должен писмено да го информира надлежниот изведувач на програмата и од него да добие писмена согласност.

    По правило, услугите кај изведувачот на програмата ги врши советникот-организатор и тие се бесплатни за сите потенцијални корисници на програмата за ваучерско советување. Кај поединечен изведувач на програма може услугите од програмата да ги извршуваат повеќе советници-организатори.

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    15

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    3 . 4 С о в е т н и ц и

    Улогата на Локалните Деловни Советници, Консултанти и Тренери е да испорачаат советување и тренинг услуги во рамки на Програмата за ваучерско советување за двете нејзини компоненти.

    Специфичните одговорности на советниците за претприемништво се следните:

    o Да ја испорача услугата согласно потпишаниот ваучер и придружните Услови и опис на работните задачи,

    o Да продуцира и поднесе продукт за секоја работна задача, како и завршен извештај за работата,

    o Поднесува фактура соодветна на секој ваучер,

    до клиентот за извршеното советување (кога корисникот е активно претпријатие),

    до АППРСМ (преку ОДП) кога корисникот е потенцијален претприемач, односно невработено лице,

    Советниците генералисти во Програмата вршат советување за сите области на развивање на деловната идеја, основање на претпријатија и нивно работење во смисла на општо (генералистичко) советување и се со искуство од 3-5 години.

    Советниците специјалисти во Програмата имаат искуство над 5 години и за нив се карактеристични поголеми советодавни искуства и посебни стручни знаења кои ги дефинираат како специјалисти за одредена област на советување.

    Советниците се вклучени во Националниот Каталог на советници за претприемништво за период од 2 години. Доколку советникот во тој период не изврши ниту една советодавна услуга во Програмата, тој / таа може да биде избришан од Каталогот.

    АППРСМ ја води постапката за продолжување на Овластувањето на основ на следните мерила:

    o Обем на советување на претприемачите изразен во часови на советничка работа, или број на претриемачки проекти во рамки на Програмата,

    o Учество во разни форми на тренинг, оспособување и советувања во претриемништвото,

    o Квалитет и успешност на советодавната работа, согласно одредбите во пријавата,

    o Работа согласно Етичкиот кодекс за советници во Програмата,

    За продолжување на овластувањето советникот треба да поднесе формално барање до АППРСМ најдоцна 3 месеци пред истекот на важноста на

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    16

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    овластувањето. Комисијата во АППРСМ поднесоците за продолжување ги разгледува еднаш месечно и може врз основа на позитивна одлука, овластувањето да го продолжи за наредните две години.

    АППРСМ на својата веб-страница објавува упатства во врска со постапката за продолжување на овластувањата на советниците.

    Советниците се обврзани да ги ажурираат податоците во пријавата и следствено да ја информираат АППРСМ за било какви промени.

    Со пријавување на јавниот повик за избор на советници, советникот го дозволува јавното објавување на своите лични податоци во Каталогот на советници за претприемништво и тоа: име, презиме, име на советодавно претпријатие, број на телефонот на кој е достапен за странките, број на телефакс, електронска адреса и од страна на комисијата утврдени области на советување во програмата. Советникот има и можност за објавување на својата фотографија и на кратка биографија во каталогот на советници за претприемништво.

    Советникот во програмата извршува советодавни услуги најмногу во обемот утврден во овој прирачник. Непотрошените квоти на часови на советникот не можат да се пренесат во наредниот месец. Податоците за слободни часови на поединечен советник се евидентираат од страна на советникот-организатор.

    Советникот во програмата не смее да советува:

    - лица со кои е во потесна роднинска врска,

    - претпријатие со кое има склучено работен однос,

    - претпријатие во кое има овластен советник за истата дејност за која и самиот е овластен,

    Советниците своите услуги на советување во програмата ги вршат исклучиво врз основа на издаден ваучер. Советникот ги врши советодавните услуги во програмата преку советодавното претпријатие наведено во ваучерот, во кое советникот е вработен или пак со советодавно претпријатие со кое има склучен договор за советување односно слични услуги (н.пр. договор за дело или авторски договор). Советникот може да го менува советодавното претпријатие само врз основа на писмено пополнетиот образец доставен до АППРСМ (Прилог 6).

    Советниците и советодавните претпријатија при секоја промоција во јавните гласила и останати промотивни материјали во кои се споменува програмата, треба за тоа писмено да ја известат АППРСМ. Советниците и советодавните претпријатија се должни да назначат дека програмата ја спроведува АППРСМ и од кого е таа е кофинансирана.

    Советниците се согласуват да ги следат правилата за добро советничко однесување и деловна етика, наведени во Етичкиот кодекс за советници во Програмата.

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    17

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    На советникот може да му се одземе правото за извршување на советодавни услуги во програмата без можност за обновување во случај на востановени неправилности при работата во рамките на програмата. Во тој случај Управниот одбор носи одлука за трајно исклучување на советникот од програмата по постапка наведена во точка 8 од овој Прирачник.

    Основи за предлог за исклучување на советникот се:

    кршење на Прирачникот за изведување на програмата,

    несоодветен квалитет на работата на советникот, со која е предизвикана материјална или морална штета на корисникот на советувањето,

    сериозни повреди на Етичкиот кодекс на советниците во програмата, (Прилог 13 )

    повреди на важечкото законодавство,

    3 . 5 К о р и с н и ц и н а с о в е т у в а њ е

    3 . 5 . 1 Ц е л н и г р у п и н а п р о г р а м а т а

    Крајните корисници на советувањата обезбедени преку Програмата за ваучерско советување се:

    МСП кои имаат одредени потешкотии во работењето и МСП кои имаат цел да го развиваат својот бизнис, вклучително и иновативни претпријатија и

    Потенцијалните претприемачи (од редот на невработените лица и од редот на веќе вработените лица) кои имаат аспирација да станат претприемачи и се самовработат.

    Корисниците на советувањата може да се рангираат во една од следните целни групи на програмата:

    3.5.1.1 АКТИВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

    3.5.1.1.1 Активни претпријатија во малото стопанство

    Активни претпријатија во малото стопанство, (мало стопанство во смисла на Членот 3 од Законот за основање на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија - Сл. весник на РМ Бр. 60/22.09.2003) се сметаат трговските друштва кои: 1) имаат помалку вработени од 50 лица; 2) остваруваат вкупен годишен обрт кои не надминува 1,5 милиони евра во денарска противвредност или вкупен биланс на состојба кој не надминува износ од 1,1 милиони евра во денарска противвредност; 3) се независни во работењето; 4) се најмалку 51% во приватна сопственост (трговци поединци, лица кои вршат занаетчиска дејност и други вршители на дејност). Активното претпријатие е должно на изведувачот на програмата да

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    18

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    му достави доказ за тоа дека е впишано во соодветен регистар, заедно со изјавата на законскиот застапник за вистинитоста на податоците и обврската за информирање за евентуални измени.

    Покрај задоволување на општите услови за активни претпријатија според горенаведениот закон, други критериуми потребни за вклучување на активните претпријатија во програмата на ВСС се:

    - Активно претпријатие на кое му е потребно советување од областа на деловните функции на претпријатието и/или изготвување на развојни програми и проекти,

    - Активното претпријатие да не е во стечајна постапка, постапка на присилно поравнување или ликвидација.

    - Претпријатијата од областа на земјоделието, шумарството, ловот и риболовот се исклучени од Програмата на ваучерско советување,

    За секое активно претпријатие што ќе го вклучи во програмата советникот-организатор е должен во апликацијата да ги внесе следниве податоци:

    - даночен број - назив на фирма - лице за контакт - директор - матичен број - обврзник за ДДВ (ДА/НЕ) - шифра на основната дејност

    на претпријатие - запишан капитал - жиро сметка - организациона форма

    - број на основачи - година на основање - големина (бр. на враб.) - адреса (улица) - куќен број - град, општина - поштенски број - телефон, факс* - мобилен телефон* - електронска пошта* - веб-страница*

    3.5.1.1.2. Активни мали и средни претпријатија (иновативни)

    Активни мали и средни5 претпријатија со иновативни проекти, односно со потенцијал за развој на нови производи или процеси.

    Активното претпријатие е должно на изведувачот на програмата да му достави доказ за тоа дека е впишано во соодветен регистар, заедно со изјавата на законскиот застапник за вистинитоста на податоците и обврската за информирање за евентуални измени.

    Покрај задоволување на општите услови за активни претпријатија во малото стопанство, други услови потребни за вклучување на активните МСП во програмата на ваучерско советување, односно иновативен ваучер се:

    5 За средно претпријатие се смета она до 250 вработени и обрт до 10 мил. евра

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    19

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    МСП да имаат искажано добивка по завршна пресметка во последната година,

    МСП во последните три години да реализирале или учествувале во реализација на истражувачки и/или развојни проекти,

    МСП кое аплицира за иновативен ваучер треба да објасни и образложи како проектот за иновативен трансфер на знаење ќе има корисно влијание на фирмата учесник, односно дека иновативните решенија ќе обезбедат додадена вредност за фирмата и ќе имаат подолготраен ефект,

    МСП од сите дејности може да аплицираат со исклучок на транспорт, примарно земјоделие, шумарство и риболов,

    Проектот за транфер на знаење не може да биде софтвер, тренинг, активности на продажба.

    Активните МСП може да побараат советување во рамки на програмата за ваучерско советување и издавање на иновативен ваучер за следните подрачја:

    Развој на нов производ / услуга,

    Total Quality Management (TQM)),

    Just in Time (JiT),

    Истражување и развој,

    Заштита на интелектуална сопственост.

    За секое активно МСП што ќе биде вклучено во програмата преку иновативен ваучер, советникот-организатор е должен во апликацијата да ги внесе следниве податоци:

    - даночен број

    - назив на фирма

    - лице за контакт

    - директор

    - матичен број

    - обврзник за ДДВ (ДА/НЕ)

    - шифра на основната дејност на претпријатие

    - запишан капитал

    - жиро сметка

    - организациона форма

    - број на основачи

    - година на основање

    - големина (бр. на враб.)

    - адреса (улица)

    - куќен број

    - град, општина

    - поштенски број

    - телефон, факс

    - мобилен телефон

    - електронска пошта

    - веб-страница*

    Процесот на испорака на услугите при издавање на т.н. иновативен ваучер е следниот:

    МСП пополнува апликативна форма,

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    20

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    Апликацијата се оценува и верификува од страна на ОДП и АППРСМ,

    МСП бира советник / образовно-истражувачка институција од Каталогот на советници,

    МСП во соработка со одбраниот советник / истражувачка институција, пополнува прашалник, односно т.н. понуда (Прилог 18) за услугите кои се предмет на иновативниот ваучер,

    Клиентот и советникот, односно образовно-истражувачка институција се согласуваат со предметот на работа и ја потпишуваат Понудата заедно со преставникот на ОДП,

    Ваучерот се издава,

    По завршувањето на проектот за трансфер на знаење, односно иновативниот ваучер, советникот, односно истражувачката институција:

    Ја потврдува субвенцијата за успешно одговарање на задачите, односно барањето на МСП, подготвувајќи финален продукт и извештај,

    Ја фактурира на МСП полната сума за извршената услуга,

    АППРСМ согласно Прирачникот на процедури за ВСС субвенционира до 50% од нето износот на фактурата, но не повеќе од утврдениот максимум од 90.000,00 денари субвенција.

    За сето останато што не е опфатено со горенаведените постапки важат процедурите од овој Прирачник наменети за целната група мали и средни претпријатија.

    3.5.1.2. ПОТЕНЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ

    3.5.1.2.1. Потенцијални претприемачи (невработени лица)

    Невработени лица регистрирани во Агенцијата за вработување.

    Невработено лице може да склучи спогодба за вклучување за период најмногу 6 месеца пред реализација на самовработувањето и уште 6 месеца по реализираното самовработување, под услов, да соодветниот авторитет, на нарачателот во тој период му одобрил средства за реализирање на програмата.

    Невработеното лице со спогодбата за вклучување во програмата се обврзува дека во рок од 6 месеци од потпишувањето на спогодбата ќе оствари самовработување и на советникот-организатор рок од 8 дена од датумот на самовработувањето ќе му го достави образецот М1/М2 (важи за невработени лица, пријавени во Агенцијата за вработување). Советникот-организатор може со невработеното лице да склучи анекс кон основната спогодба за продолжување на рокот за самовработување ако постојат оправдани причии

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    21

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    за продолжување (смрт, инвалидност, здравствени причини, природни непогоди). Сите анекси заедно не смеат да надминат период од 6 месеци.

    Ако корисникот на советување вклучен во програмата како физичко лице (невработено лице, пријавено во Агенцијата за вработување,) се самовработи, неговото претпријатие има право на склучување на спогодба за вклучување во програмата за ваучерско советување како активно претпријатие. Корисниот на советување не може да склучи спогодба за вклучување ако не ги исполнил обврските од претходниот договор а ги користел средствата од претходниот договор.

    За секое невработено лице вклучено во програмата, советникот-организатор е должен во апликацијата да ги внесе и следниве податоци:

    - име и презиме

    - датум на раѓање

    - пол (М/Ж)

    - единствен матичен број (ЕМБ)

    - образование

    - статус

    - адреса на постојано живеалиште

    - куќен број

    - град

    - општина

    - поштенски број

    - држава

    - телефон на невработено лице*

    - мобилен телефон*

    - факс*

    - електр.пошта*

    - веб-страница*

    Советникот-организатор е должен за секое третирано невработено лице во апликацијата да ги внесе и следниве податоци:

    - дали невработено лице е инвалид,

    - датум на самовработување (врз основа на стекнување на образецот М1/М2)

    За време на важноста на спогодбата за вклучување корисникот на советување не смее да склучи нова спогодба за вклучување.

    3.5.1.2.2. Потенцијални претприемачи (вработени лица)

    Во целната група на потенцијални претприемачи можат да се вклучат:

    - вработени лица кои размислуват за основање на претпријатие,

    Потенцијалниот претприемач во програмата има право на 100% субвенционирани услуги на советување.

    Потенцијалните претприемачи склучуваат договор за вклучување за период до шест месеци од датумот на реализација на самовработување (најдоцна во рок од дванаесет месеци од потпишувањето на спогодбата). Договорната страна е физичко лице. Квотата на финансиски средства за субвенција на која

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    22

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    има право потенцијалниот претприемач согласно Спогодбата за вклучување изнесува 37.170,00 денари со вклучен ДДВ.

    Изведувачот на програмата смее со советуваното лице, согласно спогодбата за вклучување, да склучи соодветен анекс кон спогодбата со кој може да го продолжи рокот за исполнување на обврските, но најмногу за 6 месеци.

    Советодавачот-организатор е должен за секој третиран потенцијален претприемач во апликацијата да ги внесе сите следни податоци:

    име

    презиме

    датум на раѓање

    пол (М/Ж)

    единствен матичен број (ЕМБ)

    образование

    адреса на постојано живеалиште

    куќен број

    град

    општина

    поштенски број

    држава

    телефон на потенц. претпримач

    мобилен телефон*

    факс*

    електр.пошта*

    веб-страница*

    датум на самовработување (врз основа на примениот образец М1/М2)

    Забелешка: Податоците одбележани со* треба советодавачот-организатор да ги внесе само ако постојат.

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    23

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    4. УПРАВУВАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ПРОГРАМАТА

    4 . 1 О п ш т п р и о д

    Неколкуте главни чекори за имплементација на Програмата за ваучерско советување кои го следат класичниот проект менаџмент циклус (ПМЦ) се наведени подолу:

    o Планирање

    o Избирање на ОДП и советници

    o Маркетинг и промоција на национално, регионално и локално ниво

    o Пријава, оценување и прифаќање

    o Проценка и одредување на делокруг на работа на проектот

    o Селекција на советници

    o Издавање на ваучер и отпочнување на проектот

    o Пратење на проектот

    o Завршување на проектот

    o Плаќање

    o Мониторинг и евалуација

    o Извештаи

    4 . 2 С п е ц и ф и ч н и ч е к о р и

    1. Планирање

    a. АППРСМ подготвува целосен работен план или ЦРП за Програмата на ваучерско советување - 3 годишен документ кој е стратешки по природа и ја вклучува целосната намена, насока, резултати, цели, стратегии, мониторинг и буџет. Оваа информација може да се добие од предлог проектот поднесен до донаторите и Владата како би се завземала за изнаоѓање на дополнителни средства за Програмата за Ваучерско советување.

    b. Управниот одбор на АППРСМ го разгледува и формално го одобрува ЦРП или бара модификација на планот.

    c. АППРСМ тогаш подготвува годишен работен план или ГРП кој е оперативен по природа и ги вклучува целите, активностите и планираните резултати за планираната година.

    d. УО повторно треба да го разгледа и одобри ГРП.

    e. После одобрувањето на ЦРП, АППРСМ може официјално да ги информира ОДП за нивната индивидуална квота за периодот вклучувајќи и алокација на буџетски средства за субвенција и административна надокнада.

  • Прирачник на процедури Верзија 28.01.2020

    24

    Прирачник на процедури за спроведување на Програмата за ваучерско советување во Република Северна Македонија

    2. Избирање на ОДП

    a. Имплементирањето на Програмата за ваучерско советување со целосна национална покриеност може да искаже потреба АППРСМ да ја разгледа можноста да ангажира повеќе Организации за Деловна Поддршка и да ги вклучи нив во проширената мрежа обезбедувајќи подобра национална покриеност. За ова може да има потреба од нов Јавен Повик, пријави и нивна оценка, односно селекција. Финалниот договор помеѓу АППРСМ и ОДП е формален и обврзувачки, ги потенцира сите услови и состојби, и има рок до крајот на годината, односно 31 декември. Нов Јавен Повик ќе треба да биде објавен, доколку договорите со ОДП формално не се продолжат.

    b. Претставниците на ОДП кои ќе ја администрираат Програмата за ваучерско советување - (советници-организатори) - треба да бидат верификувани и одобрени од АППРСМ согласно Прилог 1 од овој Прирачник.

    3. Селекција на советници за претприемништво

    a. Како што порфолиото на услуги ќе се шири, и можеби повеќе средства ќе бидат достапни за Програмата за ваучерско советување, АППРСМ ќе има потреба од ангажирање на повеќе Деловни советници за претприемништво за да испорачуваат услуги. Поради ова ќе има потреба од периодични јавни повици или огласи за генералисти и специјалисти, соодветна апликативна форма, а потоа нивно одобрување преку Комисија за избор6 врз основа на знаењето на советниците, нивното искуство и препораки.

    b. Селектираните советници (не консултантски фирми) ќе бидат запознаени и обврзани со Етички кодекс (Прилог 13), ќе им се издаде Овластувања како би се видело дека тие се „акредитирани” од АППРСМ., и потоа ќе се вклучат во националниот Каталог на советници (www.apprm.gov.mk) врз основа на нивните експертски подрачја.

    4. Маркетинг на национално ниво

    a. АППРСМ превзема серија на различни активности да ја промовира Програмата на ваучерско советување на национално ниво што подразбира изр�