okoto kako opticki instrument
TRANSCRIPT
Окото како оптички инструментОкото како оптички инструмент
Окото е најсовршениот оптички систем. Неговата функција е да формира конкретна слика на предметите и појавите кои потоа се пренесуваат како информации во мозокот. Способноста на окото да формира остри и јасни ликови на исто место, при најразлични положби на предметот се вика акомодација.
Градба
A – стаклено телоB – леќаC – рожницаD – зеницаE – ирисF – белкаG – оптички нервH - мрежница
За да се определи оптичката јачина на окото се применува равенката:
1/a+1/b=1/f
Најмалото растојание на кое окото може да гледа подолго време без напрегање се вика далечина на јасно гледање D или блоска точка.
Оптички недостатоци на окото
Човечкото око не е наполно совршен оптички систем. Оптичкиот систем на окото подлежи на низа недостатоци, кои се карактеристични за
леќите: сферна аберација, хроматска аберација, кратковидност, далекувидност,
астигматизам, далтонизам.
Сферна аберација
Појава на повеќе фокуси во зависност од растојанието меѓу зраците и оптичката оска.
Терапија: Комбинација од леќи кои имаат погоден избор на радиус на кривина.
Хроматска аберација
Појава на повеќе фокуси заради различната бранова должина на светлината.
Терапија: ахроматски леќи (комбинација од две или повеќе леќи од материја со различен
индекс на прекршување).
Кратковидност (миопиа) – појава при која окото ги гледа само блиските предмети.Далекувидност (хиперметропиа) – појава кога окото подобро ги гледа далечните предмети.
Астигматизам (стигма-точка)- појава при која, заради различната
закривеност на површината на леќата, точкест предмет не создава
точкеста слика.Далтонизам – појава при која окото
не разликува некои бои, најчесто црвената и зелената.
Изработка:
Даниел ПавловскиГордана НиколовскаАлександра Груевска