oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · web viewНаставата се одвивала на...

32
ОOУ БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ ОПШТИНА АЕРОДРОМ СКОПЈЕ Б Р О Ш У Р А ЗА РАБОТАТА НА УЧИЛИШТЕТО за потребите на PYP и MYP програмата во УЧЕБНАТА 2018/2019 година Септември, 2018 [email protected] Стр. 1

Upload: others

Post on 31-Dec-2019

6 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

ОOУ “ БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ ОПШТИНА АЕРОДРОМ СКОПЈЕ

Б Р О Ш У Р А

ЗА РАБОТАТА НА УЧИЛИШТЕТО за потребите на PYP и MYP програмата во УЧЕБНАТА 2018/2019 година

Септември, 2018

[email protected] Стр. 1

Page 2: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО ООУ ,,БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ СКОПЈЕ

ООУ „Браќа Миладиновци„ со своето 73 годишно постоење и

реализирање воспитно образовна дејност, е најстаро училиште во општина

Аеродром. Првата училишна зграда на училиштето била во Ново маало пред

комплексот банки и таму постоело од 1945 до 1963 година. Наставата се одвивала на

македонски јазик и е едно од првите училишта во Македонија. Од 1963 година па се

до денес училишниот објект е во населбата Острово во општина Аеродром.

Тоа што училиштето постои 73 години е доказ за квалитетната настава која

се изведува во него, а за тоа сведочат многу успешни генерации ученици кои

произлегле од него. Сега тие се видни професионалци во својата работа во различни

сфери на животот ( министри, политичари, амбасадори, естрадни уметници, поети,

спортисти, доктори итн...).

Наставата во училиштето се одвива во две смени на продолжен престој со траење од 07:00 до 17:00 часот. За да се чувствуваат учениците пријатно, во

текот на целиот нивен престој се грижи професионален наставен кадар со висока

стручна подготовка, кој секогаш е подготвен да одговори на новите предизвици во

образовниот процес, следејќи и применувајќи ги сите новитети во процесот на

наставата но и во воспитниот процес. За таа цел наставниот кадар

континуирано се усовршува со следење на обуки и семинари кои се организирани

од МОН и од другите невладини институции кои се залагаат за подобрување на

воспитно образовниот процес. Покрај наставниот кадар со учениците работи и

стручна служба (педагог, психолог и дефектолог) кои помагаат во воспитниот

процес. Сите овие компоненти нема да функционираат како едно ткиво ако на чело

на училиштето не е директорот со визија за модерно училиште која ја

имплементира секојдневно на најдобар можен начин.

Зградатa е реновирана со нова надворешна термоизолација (фасада, прозори)

нова кровна конструкција, реновирани училници прилагодени за возраста на

учениците, располага со компјутерска опрема, училница опремена со Смарт табла,

две реновирани библиотеки кои секоја година го зголемуваат својот фонд на

книги и претставуваат катче во кое учениците можат да учат и читаат најсовремени

литературни изданија. За исхраната на учениците се грижи училишната кујна

во која се подготвуваат квалитетни оброци за учениците.

Соработката со родителите е на највисоко ниво, родителите се вклучени во

сите процеси на воспитно образовниот процес и со нивна подршка се

постигнуваат [email protected] Стр.2

Page 3: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

позитивни резултати.

Локацијата на која се наоѓа училиштето на самиот влез на Општина Аеродром,

во близина на општините Центар и Гази Баба и објектите кои се во негова близина

-Железничка и Автобуска станица, Амбуланта Пелагонија, Пошта, ПИОМ,

Бизнис центар, Трговски центар Скопјанка, и добрата патна инфраструктура

овозможуваат лесен пристап до училиштето.

Училиштето соработува со Локалната самоуправа, Министерството

за образование и наука, со бизнис заедницата, со невладини организации и

друго. Таа соработка овозможува на учениците практично да го совладаат

материјалот, да станат похумани и лојални граѓани, да станат активни учесници во

подигањето на еколошката свест, толерантни кон останатите заедници кои живеат во

Р.Македонија.

Залагањата на целиот кадар во училиштето и успесите од таквиот начин

на филозофија на функционирање на училиштето се наградите кои ги освојуваат

нашите ученици, благодарниците кои ги добиваме со учествата во многу

хуманитарни, детски, локални, спортски манифестации.

Нашето училиште се стреми кон квалитет по кој ќе бидеме препознатливи како

едно од најистакнатите основни училишта не само во нашата земја, туку на Балканот и

во Европа.

УЧИЛИШНИ АКТИВНОСТИ И УСЛУГИ

За да им се помогне на учениците да учат и да ги развијат нивните најдобри

способности и квалитети училиштето ги нуди следниве услови за работа:

• Индивидуални училници: секое одделение има своја училница со интернет

пристап, а во зависност од потребата се посетуваат и кабинетите по

информатика, биологија, хемија, физика и уметност.

• Фискултурна сала: физичкото и здравствено образование и спортските

активности се одвиваат во фискултурната сала и во училишниот двор во зависност

од временските прилики.

• Училишна кујна: во кујната се обезбедува појадок, ручек и ужина според

двонеделно мени изработено од професионалци вработени во кујната.

• Училишни библиотеки: две реновирани библиотеки кои секоја година го

зголемуваат својот фонд на книги и претставуваат катче во кое учениците можат да

учат и читаат најсовремени литературни изданија.

[email protected] Стр. 3

Page 4: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

МИСИЈА НА ООУ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“

Мисијата на нашето училиште е да креира работна средина каде што ќе севоди грижа и ќе се дава поддршка за зајакнување на ефективното работење и учење, поттикнување на клима на отвореност, соработка и меѓусебна поддршка што ќе овозможи зголемена свест и одговорност, разбирање и почитување.

ВИЗИЈА НА ООУ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“

Сакаме да развиеме личности кои ќе знаат да размислуваат во меѓународнирамки и кои препознавајќи ја својата хуманост и заедничка одговорност за нашата планета, ќе помогнат во создавањето на подобар и помирен свет.

РАБОТЕЊЕ СО IB

IB е не-профитабилна образовна фондација, основана 1968 година со седиште

во Женева – Швајцарија која соработува со училиштата, Владите и со меѓународните

организации за да развие програми за меѓународно образование.

Самата програма е доволно прилагодлива за да ги задоволи потребите

на најголем број држави и локални наставни програми и обезбедува најдобра

подготовка за вклучување на учениците во меѓународната програма на IB.

Од 22 јуни 2017 год. нашето училиште е акредитирано за IBPYP програмата за одделенска настава.

П о с т о ј ат т р и генера л ни м е ѓ у н ар о дни п р огр а м и и т оа: -програма за одделенска настава (Primary Years Proдramme) наменета за

ученици од 5 до 11 години,-програма за предметна настава (Middle Years Proдramme) наменета за

ученици од 11 до 16 години,-диплома програма (Diploma Proдramme) наменета за ученици од 16 до 19

години.Преку овие програми училиштата нудат можност на континуирано искуство за

меѓународно образование од раното детство до матурирањето.

[email protected] Стр. 4

Page 5: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

МИСИЈА НА IB

Организацијата за ММ (меѓународна матура) има за цел да

создаде заинтересирани, љубопитни, образовани, грижливи и чувствителни млади

луѓе кои ќе помогнат да се создаде подобар и побезбеден свет преку меѓукултурно

разбирање и почитување.

За таа цел организацијата соработува со училиштата, владите и

со меѓународните организации за да развие мотивирачки програми за

меѓународно образование и ригорозен систем на оценување.

Целта на IB програмата е да им помогне на учениците да развијат атрибути кои

ќе ги карактеризираат успешните ученици отворени кон меѓународни искуства. Овие

глобално-ориентирани млади луѓе се стремат да бидат:

-истражувачи-мислители-принципиелни -грижливи-балансирани (урамнотежени)

-жедни за знаење-комуникативни -отворени-превземаат ризици-рефлективни (способни за самоанализа)

ПРОГРАМА ЗА ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА – ПОНPRIMARY YEARS PROGRAMME

Од 22 јуни 2017 год. нашето училиште е акредитирано за ПОН (IBPYP) програмата за одделенска настава. ПОН е трансдисциплинарна програма за меѓународно образование, дизајнирана да го

поттикне целокупниот развој на еден ученик, заснован на пристапот како истражувач

во наставата и учењето во школото, но и во надворешниот свет. Децата треба

сами да ги пронајдат одговорите на своите прашања.

Трите основни прашања кои ги наведуваат учениците длабоко да

размислуваат и истражуваат се:

-Што сакаме да научиме?-Како најдобро ќе научиме?-Како ќе знаеме што сме научиле?

[email protected]

Page 6: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

- Пишана наставна програма- Предадена наставна

програма - Оценета

наставна програма

Стр. 5

Page 7: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

ПОН МОДЕЛ ЗА НАСТАВНА ПРОГРАМА

Постојат области на знаење кои, иако се важни за секој ученик, се

особено важни во училиштата кои имаат за цел да го промовираат

размислувањето во меѓународни рамки кај нивните ученици.

Оттука важноста на предметните области се потврдува: јазик; математика; општествени науки; наука; лично, општествено и физичко образование и уметност и истите се специфицираат како компоненти на ППУО

моделот за наставна програма.

Постојат 6 трансдисциплинарни теми кои се сметаат за клучни во програмата

за меѓународно образование, а тие се:

1.Кои сме ниеИстражување за природата, верувања и вредности, лично, физичко,

ментално, социјално и духовно здравје, човечки односи, вклучувајќи ги

семејствата, пријателите, заедниците и културите, правата и врските, односно

тоа што значи да се биде човек.

2.Каде сме во простор и времеИстражување за ориентација во времето и местото, лични стории, домови

и патувања, откритија, истражувања и миграции на човештвото, на

односите помеѓу, меѓусебната поврзаност на поединци од локални и

глобални перспективи.

3.Како се искажуваме, изразувамеИстражување на начините со кои ние откриваме и искажуваме идеи,

чувства, природа, култура, верувања и вредности, начини на кои се

навраќаме, ја прошируваме и уживаме во нашата креативност и наша

благодарност на естетиката.

4.Како функционира светотИстражување во природниот свет и неговите закони, интеракција помеѓу

природниот свет (физички и биолошки) и човечките општества, како луѓето

го

[email protected] Стр. 6

Page 8: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

користат нивното разбирање врз научни принципи, влијанието на научните и

технолошки достигнувања врз општеството и врз животната средина.

5.Како се организирамеИстражување за поврзаноста на човековите – изработени системи и

заедници, структура и организација на организациите, донесување на

општествени одлуки, економски активности и нивно влијание врз

човештвото и животната средина.

6.Споделување на планетатаИстражување на правата и одговорностите во борбата за споделување

на конечни ресурси со други луѓе и со други живи суштества, заедници и

односи во рамките на и помеѓу нив, пристап кон еднакви можности, мир и

решавање на конфликти.

ПОН ИЗЛОЖБА

Изложбата во ПОН програмата претставува важен настан во животот на едно

ПОН училиште и на еден ученик на кој се синтетизираат основните елементи од

ПОН и истите се споделуваат со целата училишна заедница.

Изложбата претставува можност за учениците да ги презентираат

карактеристиките од профилот на ученик кои се развивале во текот на

нивното ангажирање во ПОН.

ПРОГРАМА ЗА ПРЕДМЕТНА НАСТАВА - ППН MIDDLE YEARS PROGRAMME

Програмата за предметна настава (MYP) е програма за ученици од 11-16

годишна возраст и има за цел да ја комбинира академската чесност со важни вештини и

ставови кои соодветствуваат со предизвиците на модерното општество.

Програмата нуди образовен пристап кој ги опфаќа и истовремено ги надминува

границите на предметите од традиционалното образование. Инсистирајќи на темелно

изучување на различни дисциплини, истовремено MYP става акцент на нивната

меѓусебна поврзаност и на тој начин го унапредува холистичкиот поглед на знаењето.

[email protected] Стр. 7

Page 9: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

Учениците се охрабруваат да развиваат интеркултурна свест и да ја разбератсопствената историја и традиција.

Интелектуалниот и социјалниот развој на учениците се во фокусот на MYP програмата.ППН идентификува шест глобални контексти за настава и учење кои се развиваат од и до степен на трансдициплинарни теми на ППУО.

Трансдисциплинарна тема на ППУО Глобален контекст на ППНКои смеИстражување на природата за себеси (самоспознание); верувања и вредности; лично, физичко, ментално, социјално и духовно здравје; човечки односи вклучително и семејства, пријатели, заедници и култури, права и одговорност, што значи да се биде човек.

Идентитети и врски

Каде сме во место и времеИстражување за ориентација во просторот и времето; лични истории; домови и патувања; откритија; истражувања и миграции на човештвото; односот помеѓу меѓусебната поврзаност на поединците и цивилизациите од локални и глобални перспективи.

Ориентација во простор и време

Како се изразуваме себесиИстражување на начини на кои откриваме и изразуваме идеи, чувства, природа, култура, верувања и вредности, начини на кои ја изразуваме, прошируваме и уживаме во нашата креативност, наше почитување на естетското.

Лично и културно изразување

Како светот функционираИстражување за природниот свет и неговите закони; интеракција помеѓу природниот свет (физички и биолошки) и човечките општества; како луѓето го користат нивното разбирање за научните принципи; влијание на научните и технолошки напредоци на општеството и средината.

Научни и технички иновации

Како се организираме себесиИстражување за меѓусебната поврзаност на системите направени од човекот и заедниците; структура и функција на организациите; општествено носење на одлуки; економски активности и нивно влијание врз човештвото и средината.

Глобализација и одржливост

Споделување на планетатаИстражување за правата и одговорностите во борбата за поделба на потрошните ресурси со другите луѓе и со другите живи суштества; пристапи до еднакви можности, мир и решавање на конфликти.

Правичност и развој

[email protected] Стр. 8

Page 10: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

Програмски модел на ППН

Јазик и литература: Македонски јазик

Учење на јазик: Англиски јазик, Француски јазик, Германски јазик

Индивидуи и општества: Историја, Географија, Граѓанско образование, Етика,

Науки: Биологија, Хемија, Физика

Математика

Уметност: Музичко образование, Ликовно образование

Физичко и здравствено образование

Дизајн: Информатика, Техничко образование

Училиштето организира воннаставни активности во согласност со интересите на

учениците, стандардите на IB и потребите поврзани со развивањето на

трансдисциплинарните теми со централните идеи како и развивање на профил на IB

ученик.

Page 11: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

Активности кои се опфатени со националниот наставен план за 6 и 7 одделение се:

Екологија-воспитание за околината, унапредување на здравјето, нашата татковина,

изборен спорт.

Напомена: предметот унапредување на здравјето, освен наставници по биологија и

хемија, можат да го предаваат и наставници по физичко образование.

Можни изборни предмети: вештини на живеење, запознавање на религии, класична

култура на европската цивилизација танц и народни ора, проекти од музичка

уметност, проекти од ликовна уметност.

Напомена: Училиштето интерно ги креира потребите за изборните предмети и ги дефинира во IB документи *ПОЛИТИКИ НА УЧИЛИШТЕТО* според Стандард Б1-Раководство и Структура,точка 5, а, б.За 8 и 9 одделение нема изборни предмети, бидејќи изборните се влезени во задолжителни заради исполнување на бараниот фонд на часови по IB.

[email protected] Стр. 9

Page 12: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

Трите основни концепти на MYP се: - Холистичко образование

- Комуникација- Интеркултурна свест

Холистичко образование:MYP бара од училиштата да нудат традиционални предметни групи, но да го организираат учењето на таков начин за учениците да можат да ги разберат врските помеѓу предметите преку различни интердисциплинарни теми и преку Пристапите кон учењето и Општествено корисната работа, и да ги разберат врските помеѓу предметите и реалниот свет.

Комуникација:MYP ја смета комуникацијата за фундаментална за учењето; најважно е познавањето на мајчиниот јазик заедно со учењето на странски јазици. Знаењето повеќе јазици ја зголемува лингвистичката компетентност и почитувањето на различни култури и традиции. Овој концепт го проширува истражувањето и разбирањето на учениците, обезбедува рефлексија и охрабрува повеќе видови форми на изразување, вербални и невербални. Дополнително, добрата комуникација ќе им помогне на учениците да станат активни слушатели и поцелосно да учествуваат во размената на идеи.

Интеркултурна свест:Бидејќи овој концепт секојдневно добива на важност, MYP се фокусира на развивањето на ставовите и знаењето на учениците за сопствениот идентитет и култура и за културите на другите. Се поддржува толеранција и почит, се развива емпатија и разбирање и се признаваат и прифаќаат разликите, навиките, верувањата и мислењата на другите.

Пристапи кон учењето (ATL)Пристапи кон учењето е нешто што секој наставник го предава. Со други зборови, тоа е „учење како да се учи“. Наставниците формално и неформално ги изложуваат учениците на, и им претставуваат на учениците многу различни пристапи кон учењето. Тука спаѓаат различни организациски вештини,

решавање на проблеми, колаборативни, комуникациски вештини и информатичко-литературни вештини. На крајот на програмата, учениците треба да ги знаат своите преферирани методи на учење, а да се чувствуваат удобно користејќи ги сите други пристапи кон учењето.

Служба на заедницатаОваа област го поддржува фундаменталниот концепт на интеркултурна свест, кој е особено важен во образовниот процес. Таа се проширува надвор од училницата, барајќи од учениците да учествуваат во зедниците во кои живеат. Од учениците се очекува да менаџираат сопствена програма за служба на заедницата и да прават записи за своите активности во дневник. Овој дневник содржи рефлективни записи за нештата кои ги научиле и како придонеле за доброто на зедницата во која живеат.

Page 13: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

[email protected] Стр. 10

Page 14: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

Проект од заедницатаПроектот од заедницата е независен проект кој се спроведува во 9то одделение во училишта каде програмата на IB завршува со третата година од програмата (MYP3). Проектот од заедницата се фокусира на општо корисна работа и давање услуги и на учениците им дава можност да развијат свест за потребите на различни заедници и да ги задоволат тие потреби преку општо корисна работа.Целта на проектот е да ги охрабри и да ги оспособи учениците да:·учествуваат во одржливо, самоуправувано истражување во раките на еден глобален контекст·генерираат креативни нови идеи и да развуваат подлабоко разбирање преку подлабоко истражување·демонстрираат вештини, ставови и знаење потребни да се заврши еден проект во текот на подолг временски период·ефективно да комуницираат во различни ситуации·демонстрираат одговорна акција низ, и како резултат на учење·го ценат процесот на учење и да се гордеат со сопствените постигнувања.

ВАЖНИ ДАТУМИ ЗА ООУ ,,БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ,,*Учебната година започнува на 03.09.2018 година, а завршува на 10.06.2019 година.

*Првото полугодие почнува на 04.09.2018 година, а завршува на 31.12.2018 година.

- 3 Септември – почеток на учебната година

- 8 Септември – Ден на независноста на

РМ - 11 Октомври – Ден на народното

востание

- 23 Октомври – Ден на Македонската Револуционерна

борба

- 8 Декември – Свети Климент Охридски

*Полугодишниот распуст трае од 01.01.2018 година до 20.01.2019 година. -1 Јануари – Нова година

-6 Јануари – Бадник

-7 Јануари – Божиќ

-19 Јануари – Богојавление Водици

*Второто полугодие почнува на 21.01.2019г., а завршува на 10.06.2019г.- 21 Март – Ден на Екологија- 25 Март – Патронен празник на

училиштето

- 26 Април – Велики петок

- 29 Април – Велигден II

ден - 1 Мај – Ден на трудот

- 2 Мај – Еко ден на училиштето- 24 Мај - „Св.Кирил и Методиј“ Ден на словенските просветители

Page 15: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

*Летниот распуст почнува на 10.06.2019 година, а завршува на 31.08.2018 година.

[email protected] Стр. 11

Page 16: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

ПРИФАЌАЊЕ И ЗЕМАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД УЧИЛИШТЕТО

-наутро родителите треба да ги остават своите деца од 7:00 до 7:30 часот

(најдоцна) -наставата почнува во 8:00 часот и завршува во 15:30 часот

-згрижување и земање на ученици од 15:30 до 17:00 часот

-времето предвидено за појадок, ужина и ручек е во договор со наставниците

-доколку има измени за времето на земање на учениците родителот е должен тоа да

го најави при самото доаѓање на ученикот тој ден

-земањето на учениците ќе се врши на влезната врата на училиштето

-учениците не треба да се задржуваат при нивното напуштање на училиштето

-наставниците треба да бидат известени во писмена форма доколку овластат некој

друг да го земе ученикот

Р О ДИТЕЛИ В О УЧ И Л И Ш ТЕ *родителите треба да го напуштат училиштето веднаш по оставањето на своето дете

*родителите можат да се видат и консултираат со наставниците во приемните денови

*наставникот треба да биде информиран до 8:00 часот за отсуство на ученикот и да

достави писмена форма за отсуството на ученикот (медицинска белешка)

ВРЕМЕ ЗА ОДМОР-учениците мора да ги следат училишните правила за време на одморот,

надвор од училишната зграда и во склоп на самото училиште

-сите ученици времето предвидено за одмор го поминуваат во училишниот

двор, кога времето е убаво

МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ- не е дозволено носење на мобилни телефони- -во случај на потреба од итен телефонски повик, учениците истиот може да го

остварат во канцеларијата на координатор.

[email protected] Стр. 12

Page 17: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

МЕДИЦИНСКА ГРИЖА И НЕОПХОДНА МЕДИЦИНСКА ТЕРАПИЈА-да не се носат лекови во училиштето

-во случај на неопходна медицинска терапија, лековите треба да бидат доставени

до наставникот наутро, со целосно упатство на употреба и своерачен потпис

на родителот

-лековите треба да бидат одбележани со името на ученикот

-ако во текот на престојот во училиштето, ученикот пројави симптоми на болка, ќе

биде згрижен и родителот навремено известен

-доколку ученикот не се чувствува добро и покажува одредени симптоми на болест да

не се испраќа во училиштето

-училиштето треба навремено да биде информирано доколку ученикот има

инфективна заразна болест

УЧИЛИШНИ АКТИВНОСТИ И НАСТАНИ

-свечен прием на првачиња

-прославување на Патрониот празник на училиштето

-одбележување на Детска недела

-собирна акција Црвен крст

-еколошки активности

-прослава на 8 Март – Денот на жената

-продажба на слатки производи-Тортијада (8ми Март)

-априлијада

-новогодишна забава

-одбележување на Денот на планетата Земја

-Велигденски хепенинг

-собирна акција на материјали за рециклирање

-завршна приредба

[email protected] Стр. 13

Page 18: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА РОДЕНДЕН

За да се избегне труење со храна и да се овозможи безбедност на учениците мора

да се почитуваат следниве правила:

-доколку родителите сакаат да го одбележат роденденот на своето дете

во училиштето, треба да го направат во претходен договор со наставникот-не е дозволено носење на домашно приготвена храна

КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ

-да се чесни во работата и да го почитуваат зборот и работата на другите

-да има одговорен и коректен однос кон наставата и во неа да постигнува повисоки

резултати

-да ги почитува сите одлуки и одредби што ги донеле органите на училиштето

-да ги почитуваат сите членови на училишната заедница и соодветно да ги

поздравуваат

-да се навикнува критички да расудува за своите и туѓите слабости

-културно да се изразуваат и почитуваат

-грижа за училишниот инвентар и сопственоста на другите

-да се разговара тивко без да се вознемируваат другите посебно во текот на

наставата -да се водат со позитивна мисла

-создавање и негување на пријателска атмосфера во

одделението -движење низ училиштето на безбеден начин без

трчање

-напуштање на училницата за време на часовите само со дозвола на наставникот

-забрането носење: мастики, храна, сокови,џебни ножеви, алкохол, цигари, дрога и

други несоодветни работи

-почитување на определеното време и место за оброк

-по завршување на училишните активности учениците треба да го напуштат

училиштето

[email protected] Стр. 14

Page 19: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

К ОД Е К С Н А О Б ЛЕ К У В А ЊЕ - задолжително носење на училишната униформа

ПОРТФОЛИО НА УЧЕНИКОТ- збирот од колекции на ученички трудови треба да бидат распоредени во

портфолио

КАКО РОДИТЕЛИТЕ МОЖАТ ДА ИМ ПОМОГНАТ НА СВОИТЕ ДЕЦА

- да им се овозможи пријатна атмосфера за учење во домот

- да стекнат навики за рутинска работа

- да им се укаже на приоритетните активности

- создавање и негување навика за читање

- охрабрување и мотивирање на учениците и надгледување на нивната работа

- пофалба за успех

- редовна проверка на домашните активности и задачи зададени од наставникот

- да ги опремат со потребни училишни материјали и прибор за работа

КОМУНИКАЦИЈА РОДИТЕЛ/УЧИЛИШТЕ

Училишната администрација и наставничкиот кадар, сметаат дека

комуникацијата помеѓу училиштето и родителите е од витално значење за

ефикасно функционирање на училиштето.

Ако се појави некој проблем, или ви се потребни дополнителни информации,

ве молиме веднаш да исконтактирате со училиштето. Сите проблеми треба да

бидат решени таму каде што започнале.

[email protected] Стр. 15

Page 20: oubrakamiladinovci-aerodrom.edu.mk · Web viewНаставата се одвивала на македонски јазик и е едно од првите училишта во

Конструктивната соработка помеѓу родителите и училиштето е од големо значење.

СЕМЕЈСТВО ↓

ОДДЕЛЕНСКИ и ПРЕДМЕТЕН & КЛАСЕН НАСТАВНИК НАСТАВНИК

СОВЕТНИЦИ↓

КООРДИНАТОР↓

ДИРЕКТОР

РОДИТЕЛИ И ПОСЕТИТЕЛИ НА УЧИЛИШТЕТО

Поради безбедносни причини, родителите и посетителите кои сакаат да влезат

во училиштето, мора да го информираат обезбедувањето.

Родителите кои сакаат да влезат во канцеларија, или имаат средба со наставникот мора првично да го информираат обезбедувањето.

[email protected] Стр. 16