peugeot 2008 · • Обезбедува стартување на возилото...

25
PEUGEOT 2008

Upload: others

Post on 06-Sep-2019

8 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

PEUGEOT 2008

Page 2: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

Искусете моќен дизајн, бескомпромисен квалитет и инстинктивно возење во 2008 SUV. Дозволете да бидете заведени од неговиот темперамент, дизајн и снага кои истовремено го прават ова возило софистицирано и робустно. PEUGEOT 2008 SUV* по многу нешта се разликува од возилата од сегментот на компактни SUV модели. *Sport Utility Vehicle (Спортско теренско возило)

PEUGEOT 2008 КОМПАКТЕН SUV

Page 3: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

Компактниот PEUGEOT 2008 SUV, се докажа со моќниот изглед, кој сега го краси иновативната предница. Неговиот дизајн ги носи кодовите на SUV сегментот кои ги дополнува со моќност и робустност. Хоризонталната решетка и задните спортски спојлери допринесуваат за уште пософистициран и поспортски изглед, додека пак предните и задни лајсни* и кровните носачи обезбедуваат уште поголема практичност на овој SUV. Зголемените лакови на тркалата* укажуваат на сите способности на теренот и обезбедуваат поголема заштита на каросеријата. *Достапно во зависност од изведбата.

МОЌЕН ДИЗАЈН

Page 4: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

Динамичноста на новиот PEUGEOT 2008 SUV може исто така да се докаже со елегантниот светлосен потпис. Напред, излегувајќи од каросеријата, предните светла со технолошка црнохромирана маска* создаваат мачкаст изглед.

Карактеристични за PEUGEOT, задните стоп светла се по форма карактеристични за Peugeot, но кај овој модел се подобрени и со 3D ефект. Овие канџи ја урамуваат вратата на багажникот зад која се наоѓа просторен и функционален багажник.

ЗАВОДЛИВ SUV

*Достапен во зависност од изведбата.

Page 5: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

Боја црвена Ultimate, позајмена од 308 GTi, ја нагласува моќта и темпераментниот карактер на новиот компактен PEUGEOT 2008 SUV. Горната страна на возилото се карактеризира со софистицирана линија, благодарение на различните елементи: кровни носачи, заштита на задната врата и спојлер. Овие елементи како и подигнатиот клиренс (растојанието од прагот на возилото до тлото) докажуваат дека станува збор за едно многу квалитетно возило.

БЕСКОМПРОМИСЕН КВАЛИТЕТ

Page 6: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

PEUGEOT i-Cockpit® од возењето создава единствено искуство. Уште на прв поглед, ќе почувствувате дека на возачкото место е посветено посебно внимание и ќе посакате да седнете зад управувачот и да уживате во благодетите на возењето. Компактниот спортски управувач е поставен подолу во споредба со традиционалниот дизајн на управувач, па поради тоа дланките ќе ви бидат поставени подолу и поблиску една до друга. Така возењето станува полесно и поопуштено.

Благодарение на инструмент таблата поставена во висина на погледот обрабена со сини LED рамки, возачот нема да има потреба да го трга погледот од патот. На тој начин основните информации ќе Ви бидат секогаш видливи и возењето ќе биде побезбедно и поопуштено. Екранот на допир* од 7“ го надополнува ова уживање во возењето.

ИНСТИНКТИВНО ВОЗЕЊЕ

Page 7: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

АВАНТУРАТА НЕКА ВИ БИДЕ СЕКОЈДНЕВИЕ

Page 8: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

ОТКРИВАЈТЕ НОВИ ХОРИЗОНТИ

Со PEUGEOT 2008 SUV ќе посакате да тргнете во незаборавна авантура бидејќи тој на сите видови на патишта знае најдобро да ја покаже својата моќ и да го истакне темпераментниот карактер. Овој модел сигурно ќе ви овозможи единствено уживање во возењето благодарение на PEUGEOT i-Cockpit *, неговата технолошка опрема и извонредното држење на патот. Интуитивност, спретност, безбедност... возењето во новиот PEUGEOT 2008 SUV станува вистинско задоволство.

Page 9: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

Единствен во SUV сегментот, кабината ќе Ве задоволи со својот квалитет, прецизни прилагодувања и технолошки светлосен амбиент. Кога удобно ќе се сместите во своето седиште, ќе го откриете PEUGEOT i-Cockpit облеан со светлост која минува низ застаклениот преден дел со големи димензии. Командната табла е со елементи со сина LED боја, а што се однесува до кровот, можете да се одлучите за урамување на истиот со LED светло* или за кров чија ласерски изгравирана површина свети*. *Во стандардна опрема на GT Line ниво на опременост.

ПРЕФИНЕТ И ТЕХНОЛОШКИ

Page 10: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

BVM5/EAT6

230 Nm при 1750 врт/мин

Од 1500 до 5500 врт/мин

200 бари

4,5/5,0

114/129

3-цилиндричен бензински PureTech мотор Модуларен, компактен, одличен и моќен, овој мотор ја поврзува ефикасноста и технологијата. Нуди вистинско уживање во возење дури и во најниските режими и врши одличен компромис на односот помеѓу нискиот режим и моќноста. Со подеднаква снага и уживање во возењето, овој технолошки напредок овозможува намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 до 25%.

Поврзана со новиот автоматски менувач EAT6, турбо верзијата 1.2 L PureTech 110 S&S EAT6 со емисија на CO2 од само 118 g/km (Според важечките прописи во EU), поставува стандарди кај бензинските автоматски менувачи во сегментот.

BlueHDI технологија На компактниот PEUGEOT 2008 SUV, моторот 1.5 BlueHDi дизел ја поврзува технологијата на Селективна каталитичка редукција (SCR) со филтерот за честички (FAP). Овој мотор од 75, 100 и 130 КС го карактеризира уживањето во возењето и одличната потрошувачка на гориво. Тој ги поврзува одличните перформанси, умерената потрошувачка и намалената емисија на издувни гасови.

1,2L PureTech 110 S&S Euro 6,2 МЕНУВАЧИ МАКСИМАЛЕН ВРТЕЖЕН МОМЕНТ РАСПОН НА ВРТЕЖЕН МОМЕНТ ДИРЕКТНО ВБРИЗГУВАЊЕ ПОД ВИСОК ПРИТИСОК КОМБИНИРАНА ПОТРОШУВАЧКА (l/100 km) (1) ЕМИСИЈА НА CO2 (g/km)

BVM5 и BMV6

300 Nm при 1750 врт/мин

Од 1750 до 3500 врт/мин

3,4/3,8**

98*/105**

1,5L BlueHDi 100 и 130kc S&S МЕНУВАЧ МАКСИМАЛЕН ВРТЕЖЕН МОМЕНТ РАСПОН НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ КОМБИНИРАНА ПОТРОШУВАЧКА (l/100 km) (1) ЕМИСИЈА НА CO2 (g/km)

BVM5: Мануелен менувач со 5 брзини EAT6 : Автоматски менувач со 6 брзини (Ефикасно автоматско пренесување 6): располага со Quickshift технологија која овозможува побрзо менување на пренос гарантирајќи флуидност и одлично уживање во возењето. S&S : Stop and Start FAP: Филтер за честички (1) Во согласност со директивата 99/100/CE *Верзија со многу ниска потрошувачка, со пневматици со заштеда на енергија UBRR (Ултра низок отпор при возење) **Со пневматици за заштеда на енергија TBRR (Многу низок отпор при возење)

МОТОРИ

Page 11: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

GRIP CONTROL®

Поливалентен и флексибилен, Grip Control®, ја оптимизира подвижноста во зависност од теренот реагирајќи на предните тркала, благодарение на електронското управување преку системот ESP. Достапен кај сите мотори, единствено кај моторот 1.2 Pure Tech 82 КС, Grip Control® е поврзан со пневматиците од 16’’и 17’’. Grip Control® предлага пет режими на возење кои се бираат со помош на централното копче::

•Режим „Стандард” : • Прилагоден на стандардни услови на возење. • Слаба можност за пролизгување. •Режим „Снег” : • Моментално го прилагодува лизгањето на секое тркало пред да се стекнат услови за држење на патот. • Автоматски преминува во режим Стандард од 50 km/h.

•Режим сите типови на пат : • Прилагоден на лизгави патишта и терени. • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален можен пренос на тркалото кое се држи на патот. • Режим на работење сличен на DGL (Differentiel a Glissement Limite – Блокирање на диференцијал). • Автоматски преминува на режим Стандард од 80 km/h.

•Режим „Песок” : • Прилагоден на лесни подлоги. • Го задржува лизгањето на две тркала симултано за да овозможи прогресија. • Автоматски преминува на режим Стандард од 120 km/h. •Режим „ESP Off” : • Потполно исклучување на системот ESP и Grip Control®. • Возачот автономно управува, до 50 km/h.

Page 12: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

ТЕХНОЛОШКИ SUVДржење на патот Компактниот 2008 SUV Ви овозможува одлично динамично држење на пат благодарение на маса (Од само 1080 kg) и дефиниции (четири) на држење на подлогата. Суспензијата, амортизерите, баланс штанглата, предната и задна оска се исто така специфични за да моторите станат уште подинамични. Држењето на шасијата е одлично и управувањето со возилото е прилагодено на секое држење на подлогата за да секое движење со управувачот биде во потполност пренесено на патот.

Автоматски менувач EAT6 PEUGEOT 2008 SUV во изведба со 1,2 L PureTech 110 S&S е опремен со автоматски менувач EAT6 со 6 брзини. Како таков, потрошувачката ја доведува на оптимално ниво и го зголемува уживањето во возењето. Тој располага со Quickshift технологија која овозможува : • брзи и флуидни премини • многукратни премини. Од друга страна, неговата енергетска ефикасност е скоро еднаква како функционирање со мануелен менувач благодарение на : • намалување на внатрешно триење • поврзување на конвертери кои можат да се заклучат секогаш кога е потребно да се избегне лизгање. Ова се докажува со намалување на емисијата со мануелен менувач за 7 g/km CO2 (со Iso пневматици), што прави да оваа изведба биде добро позиционирана во поглед на потрошувачката и уживање во возењето.

Page 13: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

Во PEUGEOT 2008 SUV, опремата се развива и допринесува за безбедноста : Active City Brake* Active City Brake* (Автоматско сопирање при возење во град при опасност од судир) е нов уред кој овозможува избегнување на судир или намалување на опасноста во случај на неинтервенирање од страна на возачот при возење во град при брзина помала од 30 km/h. Ласерскиот сензор со краток домет (Lidar) кој е вграден на врвот на ветробранското стакло ги детектира пречките додека возилото се движи во иста насока или при сопирање. Тој автоматски може да активира сопирање со потполна снага (намалување на брзината на 10 m/s) за да го избегне судирот или да ги намали неговите евентуални последици намалувајќи ја брзината на ударот. Кога возилото се движи под15 km/h, овој систем дури овозможува автоматско движење до сопирање и на тој начин го избегнува судирот со возилото кое се наоѓа пред него. *Во дополнителна опрема од ниво Active.

Воздушни перничиња Во случај на судир, 6 воздушни перничиња кои се во стандардна опрема ја зголемуваат заштитата на патниците во PEUGEOT 2008 SUV : • 2 воздушни перничиња напред • 2 странични воздушни перничиња напред • 2 воздушни завеси напред и назад ESP Компактниот PEUGEOT 2008 SUV во стандардна опрема има ESP (Електронски програм на стабилност) кој вклучува: ASR (систем против лизгање), CDS (динамична контрола на стабилност), AFU (асистенција при итно сопирање), ABS (систем против блокада на тркалата) и REF (електронска распределба на сопирање). *Во зависност од моторот Статичко осветлување на крстосница Долгите светла или светлата за магла се вклучуваат при активирање на индикаторот за правец или кога управувачот е поставен во некој агол, па оваа функција (Во стандардна опрема од ниво 3) овозможува сијаличката на предните светла за магла да ја осветли внатрешноста на свиокот, кога брзината на возилото е помала од 40 km/h (возење во град, пат со свиоци, крстосници, маневрирање при паркирање...) *Во стандардна опрема почнувајќи од Allure ниво на орпеменост.

Park Assist и камера за движење наназад* Камерата за движење наназад се активира автоматски при преминување во режим за возење наназад. Се прикажува слика на екранот на допир, за да се детектираат маскираните пречки при маневрирање или возење наназад. Камерата може да биде поврзана со Park Assist, систем за помош при паркирање кој го детектира местото за паркирање и допринесува за полесно маневрирање при влегување или излегување од паркинг место. Автоматски го контролира управувачот и дава визуелни и звучни информации на возачот. Возачот управува со забрзување, сопирање, преноси и кунплунгот доколку имате мануелен менувач. *Во дополнителна опрема во зависност од изведбата.

PEUGEOT Connect SOS & Assistance PEUGEOT воведува функција на итен повик за територијата на Европа. Автоматски итен повик: во случај на активирање на воздушните перничиња или на пиротехничките затегачи на појасите, возилото автоматски испраќа итен повик без интервенција на возачот. Така, PEUGEOT Connect SOS* го локализира возилото, воспоставува телефонски разговор со патниците и испраќа соодветна помош. Разговорот може да се одвива на мајчиниот јазик на сопственикот на возилото. Мануелен повик за помош: било да сте жртва или сведок на критична ситуација (повреда, траума), возачот може брзо да го повика PEUGEOT Connect SOS. За да го направи тоа доволно е да притисне (3 секунди) на SOS копчето кое се наоѓа на ниво на плафонот. Во случај на имобилизација на возилото, постојан притисок во траење од 3 секунди на копчето со лого PEUGEOT кое се наоѓа во ниво на кровот воспоставува повик. Говорна порака потврдува дека повикот за помош е испратен. *Услугата PEUGEOT Connect SOS e достапна во дополнителна опрема, во зависност од изведбата, на PEUGEOT 2008 кој е опремен со приклучок под услов да постои одобрување при нарачка на возилото во зависност од општите услови на употреба на достапните услуги на продажното место.

ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ

Page 14: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

КОНЕКЦИЈАPEUGEOT 2008 располага со апликации, алатки и интернет услуги кои едноставно се поврзани преку екранот на допир од 7". Mirror Screen* Функцијата Mirror Screen овозможува користење на некои апликации од Вашиот андроид телефон кој е компатибилен со Mirrorlink®(1) или Apple CarPlayTM(2) апликација на екранот на допир од 7". За да читањето биде оптимално и користењето на автомобилот потполно сигурно, компатибилните апликации се појавуваат со интерфеис кој е специфично прилагоден на возењето. PEUGEOT Connect Packs* За да секогаш се чувствувате сигурни, во понуда се три нови пакети на конектирачка опрема : • Pack Monitoring : виртуелна сервисна книшка (автоматски ја

прати километражата и сервисите кои треба да се направат) и еко возење (персонализирани совети врз основа на стилот на возење)

• Pack Mapping**** : лоцирање на возилото за да се пронајде место за паркирање и примање на предупредување преку е-пошта за негово користење (надвор од веќе дефинираните зони и рокови) како и покажување на патот кој е во тек.

• Pack Tracking**** : во случај на кражба, се воспоставува комуникација со надлежните.

Апликација « MYPEUGEOT APP »**** Благодарение на оваа бесплатана апликација, ќе бидете поврзани со Вашето возило***** : • Пристапете до податоците за возење : историја, потрошувачка и трошоци за патот. • Локализирајте го вашето паркирано возило. • Продолжете пешки со навигацијата бидејќи сте го паркирале автомобилот. • Бидете предупредени за потребите од техничка интервенција. Секогаш ќе бидете информирани : • Пронајдете ги идните рокови и интервенции за планот на одржување. • Ќе бидете известени за работите на периодично одржување. • Консултирајте ги Вашите сервисни договори. Вашите потреби секогаш ќе бидат испратени : • Закажете средба и преземете ја пресметката. • Пронајдете ги контактите: продажно место и асистенција. • Станете привилегиран клиент « MyPeugeot » и добијте бројни

предности, PEUGEOT понуди PEUGEOT партнери, VIP покани и сите PEUGEOT актуелности.

***Пакет на достапни услуги достапни преку претплата. Условите за пријавување за достапните услоги можете да ги проверите на MyPeugeot.fr ****Достапно во зависност од намената *****Достапно ако возилото има PEUGEOT Connect SOS & Assistance или екран на допир од 7". (1)Mirrorlink® е комуникативен протокол и развиен од страна на Car Connectivity Consortium кој ги собира главните произведувачи на автомобили, мобилни телефони и креатори на апликации (2)Apple CarPlay® е комуникативен протокол на Apple.

Page 15: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

РАЗНОВИДЕН И АДАПТАБИЛЕН Grip Control®* има широка намена во зависност од типот на теренот бидејќи реагира на предните тркала. Со копчето кое се наоѓа на централната конзола, Grip Control, кој е поврзан со зимски пневматици Mud & Snow, го проширува начинот на користење на 2008. Поливалентен и флексибилен, овој систем Ви овозможува да го задржите управувањето со возилото. Меѓутоа, секој момент можете да се потпрете на оваа интелигентна опрема благодарение на стандардниот режим или бирање на еден од четирите сакани режими во зависност од условите за држење на тлото: снег, сите типови на патишта, песок, ESP off (ESP деактивиран) со помош на копчето. *Во дополнителна опрема од ниво Active во зависност од земјата.

Page 16: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

ДИНАМИЧЕН И ЕЛЕГАНТЕН

Компактниот 2008 SUV со препознатлив изглед и одлична маса, Ви овозможува динамично држење и го олеснува движењето во урбана средина со Park Assist* (активна помош при паркирање, при брзина помала од 8 km/h) и со камера и сензор за возење наназад* (детекција на скриените пречки при возење наназад). 2008 зрачи со елеганција: неговите контури и прецизни линии на каросеријата се сублимирани со нови бои. Гамата содржи 9 бои меѓу кои пет металик, две мат бои, една седефаста и една специјална боја. *Во стандардна, дополнителна опрема или недостапно во зависност од изведбата. Опремата за помош во возилото каде возачот има можност за контрола врз возилото. Погледнете го описот на опремата на страна Помош при возење.

Page 17: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

Како круна на верзијата Active и Allure, настанува GT Line верзија која овозможува да уживате во спортско и атрактивно возило. Кога ќе ги забележите тркалата со ексклузивни наплатки од 17" Eridan дијамантно црно-брилијант дознавате дека 2008 GT Line зрачи со спортски карактер. Во стандардна опрема го красат хромирани елементи, додека во другите изведби се дополнуваат со црна боја. Страниците на решетката на ладилникот се во Black Chrome боја, а натписот PEUGEOT е со црвена боја додека задната лајсна добива боја на издувната цевка. Исто така, GT Line монограми се наоѓаат на предните крила и на вратата на багажникот.

GT LINE СПОРТСКИ ВИБРАЦИИ

Page 18: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

GT LINE СПОРТСКИ ТИП

Неговиот динамичен карактер е

присутен и во кабината: кога ќе ја

отворите вратата ќе приметите

инокс прагови во кои е втиснат

натпис PEUGEOT, потоа

алуминиумски педали и патосници

со црвена рамка. Командната табла

во висина на погледот е осветлена

со LED црвено светло, која се

вклопува со RedLine позадина на

екранот на допир.

Црвените шавови ги украсуваат

седиштата и задната клупа, кожата

околу менувачот, топчето на рачката

од менувачот, рачката на рачната

сопирачка и компактниот кожен

управувач(1).

(1)Кожа и други материјали. За останати детали за кожата погледнете ги достапните технички

карактеристики на продажното место или на интернет страницата www.peugeot .mk

Page 19: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

PEUGEOT И ЖИВОТНА СРЕДИНА Мотори Менувач

Потрошувачка во литри / 100 km (1)

CO2 (g/km)Во град На отворен пат Комбинирано

1,2L PureTech 82 BVM5 5,8* 4,5* 5,0** 114*

1,2L PureTech 110 S&S EAT6 6,6* 5,0* 5,6* 129*

1,2L PureTech 130 S&S BVM6 6,1* 4,6* 5,1* 118*

1,5L BlueHDi 100 S&S (2) BVM6 4,2** 3,4** 4,0** 98**

1,5L BlueHDi 130 S&S BVM6 4,7* 3,8* 4,0* 105*

Peugeot има голема понуда на возила со ниска емисија на CO2; повеќе од половина од својата продажба на светскиот пазар се состои од возила чија емисија е помала од 140g CO2/km. Оваа перформанса се потпира на докажани технологии во кои Peugeot е еден од пионерите. 2,1 милион на возила имаат дизел мотор кој е поврзан со филтерот за честички (лансиран 2000 година).

BlueHDi е најефикасна и најекономична технологија на деполуција на пазарот, со комбинирана потрошувачка од 3,4 L/100 km (Според важечките прописи на ЕУ) Ефикасните технологии се во понуда на PEUGEOT 2008 SUV чии два мотори се 1,5 L BlueHDi Euro 6 дизел мотори. Поврзувајќи го на ексклузивен начин SCR (Селективна каталитичка редукција) и FAP (Филтер за честички), технологијата BlueHDi овозможува драстично намалување на потрошувачката, NOx (јаглен оксид) за повеќе од 90% за да емисијата на CO2 биде на оптимално ниво до 90 g/km**. *Селективна каталитичка редукција **На изведби со намалена потрошувачка. Според важечките прописи на ЕУ.

Потрошувачката при комбинирано возење на сите мотори изнесува под 5 L /100 km (Според важечките прописи на ЕУ). Новиот PEUGEOT 2008 SUV во својата понуда има гама на трицилиндрични PureTech Euro 6,2 мотори кои во исто време создаваат одлични перформанси а и се економични. Покомпакти и полесни овие мотори создаваат одличен ефект благодарение на нивната тежина и намалени димензии. Во однос на четрицилиндричен мотор со еднаква моќност, атмосферската верзија е во добит за 21 kg, а верзијата со турбокомпресор за 12 kg. Нивните перформанси на високо ниво се потпираат на оптимално согорување и на ограничено триење. Нудејќи очигледни резултати, овие мотори исто така се многу економични бидејќи ја намалуваат потрошувачката за 25% и емисијата на CO2 во однос на четрицилиндричниот мотор со еднаква моќност.

*Со пневматици за заштеда на енергија TBRR (Многу низок отпор при возење) **Со пневматици за заштеда на енергија UBRR (Ултра низок отпор при возење) (1)Во согласност со директивата 99/100/CE. (2)Верзија со мала потрошувачка.

BVM5: Мануелен менувач со 5 брзини BVM6: Мануелен менувач со 6 брзини EAT6: Автоматски менувач со 6 брзини (Ефикасно автоматско пренесување) S&S: Stop & Start

Page 20: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

БОИ*

Мат бои

Бела Banquise Сива Hurricane

Црна Perla Nera

Сива Platinium

Emerald Crystal

Сива Artense

Сива Spirit

Бела Nacre

Специјална боја Црвена Ultimate

Металик бои

Седефаста боја

*Бојата е достапна во зависност од изведбата/ентериерот.

Page 21: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

ЕНТЕРИЕРИ* * Ентериерите се достапни во зависност од изведбата/боја (1) Кожа и друг материјал. За останати детали за кожа, погледнете ги достапните технички карактеристики на продажното место или на интернет страницата www.peugeot.mk

Ткае

нина

Toky

o Ц

рна

Mis

tral

Ткае

нина

Om

ni B

erlin

Црн

а M

istra

l

Им

итац

ија

на к

ожа

Црн

а M

istra

l и тк

аени

на O

xfor

d Ц

рна

Mis

tral

Им

итац

ија

на к

ожа

Црн

а M

istra

l и Ц

рна

Alca

ntar

a (1

)

Кож

а(1) C

laud

ia Ц

рна

Mis

tral

GT

Line

- Им

итац

ија

на к

ожа

Црн

а M

istra

l и тк

аени

на

Oxf

ord

Црн

а M

istra

l/црв

ена

Им

итац

ија

на к

ожа

Adam

antu

m и

ткае

нина

Ray

ados

црн

о/си

в

Page 22: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

НАПЛАТКИ*

Раткапна 16" SILICE Раткапна 15" IODE Раткапна 16" STRONTIUM Раткапна 16" ZIRCONIUM

Алуминиумска наплатка 16" HYDRE - Сива Dilium брилијант

Алуминиумска наплатка 16" AQUILLA - Дијамантна Сива Storm брилијант

Алуминиумска наплатка 17" ERIDAN - Дијамантна Сива Anthra брилијант

Алуминиумска наплатка 17’’ ERIDAN - Дијамантна Црна наплатка

Алуминиумска наплатка 17’’ ERIDAN - Потполно црна**

*Достапни тркала во зависност од изведбата/мотор **Единствено на GT Line

Page 23: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

ПЕРСОНАЛИЗАЦИИ

Allure Црвена Ultimate / Алуминиумски наплатки 16" AQUILLA дијамантна Сива Storm брилијант

Кожен ентериер (1) Claudia црна mistral

GT Line Бела Nacre / Алуминиумски наплатки 17" ERIDAN дијамантна Црна брилијант

Специфичен ентериер GT Line

(1) Кожа и останати материјали. За деталите за кожата, погледнете ги достапните технички карактеристики на продажното место или на интернет сајтот www.peugeot.mk.

Allure Emerald Crystal / Алуминиумски наплатки 17” ERIDAN дијамантна Сива Anthra брилијант

Ентериер Adamantium

Изберете ја Вашата персонализација во зависност од различните можности за поврзување на боите, ентериерот и брилијант.

Page 24: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

МРЕЖА И УСЛУГИКога ќе се одлучите за Peugeot, на располагање ќе имате огромна дилерска мрежа во склоп на која: приемот, професионализмот, перформансите на опременоста и квалитетот на услугите Ви гарантираат оптимално задоволство. Така Вие сте сигурни дека сте се обратиле кај специјалисти кои Ве слушаат, ги разбираат Вашите барања и одговараат соодветно и ефикасно. Има ли подобар и подоверлив бренд со кој би се врзале долгорочно?

Во контекст на политиката на постојано подобрување на производот, Peugeot може во секој момент да ги модифицира техничките карактеристики, опремата, опциите и боите. Актуелните техники на фотографска репродукција не дозволуваат, верно репродуцирање на сјајот на боите. Така, оваа брошура која се состои од информации од општ карактер, не претставува обврзувачки документ. За сите појаснувања или дополнителни информации, Ве молиме да се обратите кај Вашиот дилер. Делови од каталогот не смеат да бидат репродуцирани без наменска дозвола од Automobiles Peugeot .

ЗА ВАША БЕЗГРИЖНОСТ

PEUGEOT ГАPАНЦИJА Квалитетот кај Peugeot, е исто така состојба на духот: предностите во склоп на мрежата, можност за 5 годишна гаранција до изминати 100.000 километри гаранција и 12 години гаранција од корозија. PEUGEOT ПАКЕТИ

Проверки и oдржување, две единствени и персонализирани формули за слободно возeње. Од помош на патот, до поправка во случај на дефект, заменување на изабени делови, Вие самите изберете го нивото на интервенција на Вашето возило и искористете ја гаранцијата за Peugeot квалитет.

PEUGEOT ОРИГИНАЛНИ РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

Гаранција за квалитет, безбедност и доверливост, секој од нашите Peugeot оригинални резервни делови е тестиран и строго проверен за Ваша безбедност. Тие се под гаранција и со работна рака во мрежата на Peugeot во траење од една година.

ФЛОТНА ПРОДАЖБА

При флотна набавка на возила за нашите бизнис клиенти нудиме широка палета на комерцијални возила по специјални цени и услови на купување, одржување и сервисирање на возилата. Воедно, нудиме различни опции за преработка или надградба на комерцијални возила согласно Вашите барања (возила за брза помош, амбулантни возила, полициски возила, блиндирани возила итн). Отворени сме за соработка со сите компании кои имаат интерес за набавка на едно или повеќе Peugeot возила, одеднаш или во одреден временски период

PEUGEOT НА ИНТЕРНЕТ Откријте го Peugeot на интернет, посетете ја официјалната веб страница: http://www.peugeot.com Македонската интернет страница е: http://www.peugeot.mk Следете нè и на Facebook: FB/PeugeotMacedonia

Page 25: PEUGEOT 2008 · • Обезбедува стартување на возилото пренесувајќи максимален • Го задржува лизгањето на

www.peugeot.mk

Печат на импортерот / дилерот

ВИ ГО ПРЕПОРАЧУВА

Création : BD Network – Réalisation / Edition : Gutenberg Networks – Automobiles Peugeot RC Paris B 552 144 503 – Printed in Macedonia. – Ref : 1F1605 – June 2019