porta3 176

68
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА 90 денари / БРОЈ 176 / ПЕТОК 10.02.2012 година VIII емотивно сум врзан со секој мој изграден објект Божидар Вељановиќ: „ПиГС“ и „арапската пролет“ ги ограничуваат пазарите Пирати збогум 3.0

Upload: porta3

Post on 28-Mar-2016

303 views

Category:

Documents


17 download

DESCRIPTION

arhitektura, gradeznistvo, ekologija

TRANSCRIPT

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

176

/ ПЕТ

ОК

10.0

2.20

12 г

один

а VI

II

емотивно сум врзан

со секој мој изграден

објект

емотивно Божидар Вељановиќ:

„ПиГС“ и „арапската пролет“ ги ограничуваат пазарите

Пирати збогум

3.0

ГРАДЕЖНИШТВО

АРХИТЕКТУРА

ЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БРО

Ј 165

/ П

ЕТО

К 09

.09.

2011

годи

на V

II

ДВЕ

ЛИЦА НА

УРБАНАТА ОБНОВА!

АЕРОДРОМОТ

„АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“

СО НОВ ЛИК

ПРВА КУЌА

ОД БРОДСКИ

КОНТЕЈНЕРИ

ВО МАКЕДОНИЈА

Неповторлив амбиент

под златниот врв

АДЕЖНИШТВО

АРХИТЕКТУРА

ЕКОЛОГИЈ

ЕКОЛОГИЈ

ЕК

А

ПЕТ

ОК

09.0

9.20

11 го

дина

VII

АЕРОДРОМОТ

„АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“

ГРАДЕЖНИШТВО

АРХИТЕКТУРА

ЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БРО

Ј 16

8 / П

ЕТО

К 21

.10.

2011

год

ина

VII

Шарената џамија ќе се

зачува за идните генерации

Претходниот Закон за

градење во некои одредби

е подобар од сегашниот

Преку јазикот

на просторот,

светлината и

геометријата

комуницирам

со публиката

БРИТАНСКИТЕ

АРХИТЕКТИ ЌЕ

СЕ ЕДУЦИРААТ

СПОРЕД НОВА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА

ПРОГРАМА

Марио Бота

проф. д-р Тихомир НИКОЛОВСКИ

ПЕТ

ОК

09.0

9.20

11

ГРАДЕЖНИШТВОГРАДЕЖНИШТВОГРАРХИТЕКТУРА

ЕКОЛОГИЈЕКОЛОГИЈЕК А

90 де

нари

/ БРО

Ј 16

8 / П

ЕТО

К 21

.10.

2011

год

ина

VII

Шарената џамија ќе се

зачува за идните генерации

Претходниот Закон за

градење во некои одредби

Преку јазикот

на просторот,

светлината и

геометријата

комуницирам

со публиката

БРИТАНСКИТЕ

АРХИТЕКТИ ЌЕ

СЕ ЕДУЦИРААТ

СПОРЕД НОВА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА

ПРОГРАМА

Марио БотаМарио БотаМарио Бота

проф. д-р Тихомир НИКОЛОВСКИпроф. д-р Тихомир НИКОЛОВСКИ

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БРО

Ј 16

9 / П

ЕТО

К 04

.11.

2011

годи

на V

II

НОВАТА СОБРАНИСКА КУПОЛА - ПРВЕНЕЦ ВО ДРЖАВАТА

„ЛИНА“ - ЗАСОЛНИШТЕ ОД ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ

МИМОЗА НЕСТОРОВА ТОМИЌ, ЛАУЕРАТ НА НАГРАДАТА

„АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА 2011

800

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

СОРАБОТУВАЈ

ПРЕТПЛАТИ

СЕ!

годишна п

ретплатаПИШУВАЈ

денари

промотивна цена за студенти 800ДЕН.

уплати на:жиро сметка: 300000001995035Комерцијална банка АД Скопје

за повеќе информации

02 3109 [email protected] www.porta3.com.mk

Соработувајте со Порта3 - претставете ги вашите проекти, размислувања, дизајни, иновации, интерни настани...

Ве очекуваме!

www.porta3.com.mk

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

90 де

нари

/ БР

ОЈ

176

/ ПЕТ

ОК

10.0

2.20

12 г

один

а VI

II

Емотивно сум врзан

со секој мој изграден

објект

Емотивно Божидар Вељановиќ:

„ПИГС“ и „Арапската пролет“ ги ограничуваат пазарите

Пирати збогум

3.0

БРОЈ 176 ПЕТОК 10.02.2012 ГОДИНА VIII

34

До септември лани требаше да се свика Изборно собрание на Комората, но тоа не е сторено. На последното Собрание на Комората присутните побараа Изборно собрание да се одржи под итно. И овој пат беа искажани многу забелешки за работата на Комората. Учесниците во расправата беа единствени дека во меѓувреме треба да се расчисти сè што може да го доведе во прашање легитимитетот и легалитетот на собранието. - Емотивно сум врзан со секој мој изграден објект, вели Божидар Вељановиќ, претседател на компанијата MIWEL што веќе две децении успешно работи во Русија. Македонец по потекло, роден е во Белград во 1938 година, каде и го завршил Градежниот факултет. Работел во некои од најголемите претпријатија од бивша Југославија, како што се „Комграп“ и „Генекс“. Преку четириесет години живее во странство, каде што го привлекуваа професионалните предизвици и градителската љубопитност. Град во бескрај. Сао Паоло претставува американски модел на град.Наследството од модернизмот наликува на скапоцени камења расфрлени во архипелаг од секакви форми и типови на облакодери. Повеќето од модернистичкото наследство е поврзано

со “Escola Paulista”, високовлијателна генерација на архитекти кои пораснале паралелно со военото диктаторство и бунтовничките комунистички влијанија. Започнувајќи од 60-тите години, се оствариле себеси во текот на 70-тите и 80-тите години и во пресрет на почетокот на новиот век инспирирале нов дизајнерски бран. Со архитектонско културно наследство од Оскар Нимаер, Пауло Мендез де Ла Роча и Лина Бо Барди, градот во сопствената содржина има објекти кои можат да претставуваат и денес манифест за современата архитектура. „ПИГС“ и „Арапската пролет“ ги ограничуваат пазарите. Како резултат на економските и воено-политичките кризи британските проектанти го намалуваат своето присуство во земјите на Европската Унија и Блискиот Исток и се обидуваат да изнајдат попривлечни пазари за нудење на своите услуги. Оние проектантски бироа коишто сакаат да го зголемат обемот на своето дејствување неминовно се принудени да се обидат да се пробијат во земјите во Азија коишто ги карактеризира заначително поголем економски подем, како на пример, Индија и Кина.

од редаКциЈата

ИНФО 06ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА

КОМОРАТА ПОД ИТНО!

РЕАКЦИИ 08СО АНОНИМНА КРИТИКА

ПРОТИВ ЈАВНА ДЕБАТА

РЕГИОНИ 14ГОЦЕВОТО УЧИЛИШТЕ ВО

ШТИП СО НОВ ЛИК

ИНТЕРВЈУ 18БОЖИДАР ВЕЉАНОВИЌ:

ЕМОТИВНО СУМ ВРЗАН СО СЕКОЈ МОЈ ИЗГРАДЕН ОБЈЕКТ

АРХИТЕКТУРА 34САО ПАОЛО - ГРАД ВО БЕСКРАЈ

БЕЗБЕДНОСТ 38ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА

НА ДРВНИ КОНСТРУКЦИИ

ЕКСПЕРТ 52ПРЕДИЗВИЦИ ЗА

БРИТАНСКИТЕ АРХИТЕКТИ

ЕКОЛОГИЈА 54ОБНОВЕНИТЕ МОЧУРИШТА

НЕМА НИКОГАШ ДА ГО ВРАТАТ ПОЛНИОТ СЈАЈ

38

Насловна страница: ЛУКСУЗЕН СТАНБЕН КОМПЛЕКС Камелот ВО МОСКВА

изведувач: MIWEL

18

06

54

драги читатели, Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИАлександар АНДОВСКИАлександар ЧЕРЕПНАЛКОВСКИБилјана САВИЌБојана ФИЛИПОВИЌВладимир Б. ЛАДИНСКИ (АНГЛИЈА)Даниела МЛАДЕНОВСКАДраган РИСТОВЃорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА)Игор РИСТОВСКИ Кире КИПРОСКИВесна КОСТОВСКАМихаил ТОКАРЕВНикола НЕШКОСКИСандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВАСашо КУЗМАНОВСКИТрајче СТОЈАНОВФилип ФИЛИПОСКИФранческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседателпроф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл.град.инж.Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Александра ПЕТРОВСКАдипл.инж.арх.

Издавач:„Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924e-mail: [email protected]

Печати: Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биро Проект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.

жиро сметка: 300000001995035 воКомерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

ПОРТА 10 Февруари 201234

4

рубрика

10 Февруари 2012 ПОРТА3 5

5

рубрика

ПОРТА 10 Февруари 201236

6

До септември 2011 година требаше да се свика Изборно собрание на Комората и да се избере нов претседател и нови членови на Собранието на Комората, но тоа не е сторено

инфо

Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија одржа уште една седница на своето Собрание, во рамките на

подготовките за одржувањето на Изборно собрание. И овој пат беа искажани многу забелешки за работата на Комората. Учесниците во расправата беа единствени дека тоа мора да се одржи што побрзо и дека во меѓувреме треба да се расчисти се што може да го доведе во прашање легитимитетот и легалитетот на собранието. Дел од присутните ја искажаа потребата од избор на нови членови на Собранието и негови органи. Архитектот Томе Тимов рече дека прашањето е суштинско; дали Комората ќе функционира легално или не? Не може членовите само да гласаат, туку треба да се работи според Статутот на Комората. Требаше, изјави тој, до месец септември 2011 година, да се свика Собрание на Комората и да се избере нов претседател и нови членови на Собранието на Комората, но тоа не беше сторено! Оттука побара веднаш да се закажат избори и да се изберат нови тела и членови на Комората! Исто така се дискутираше и околу прашањето за мандатот на претседателот на Комората Страхиња Трпевски. Архитектот Зоран Ивановски предложи да се избере нов претседател на Комората, бидејќи досегашниот претседател е примен како професор на Архитектонскиот факултет и не смее да обавува две функции истовремено, па треба да поднесе оставка! Архитектот Томе Тромбев на ова додаде дека не може да се гласа, затоа што во Статутот е наведено во императивна форма дека Собранието мора да распише избори!

Тихо Стојков, декан на архитектонскиот факултет, смета дека ако претседателот е вработен во Комората, не може да биде вработен на две места, а по законот не може да биде ни в.д. претседател на Комората. Оттука и ставот дека најпрвин треба да се донесе одлука за изборно собрание, на кое ќе се избере претседател и нови членови.Пред Управниот одбор има задачи кои мора да се спроведат на Изборното собрание, да се изберат нови луѓе и да се оформат нови оддели во рамките на Комората. Архитектот Бато Радоњич изјави дека во законот за градба има огромен дел на санкции и одговорности, а никаде не се споменува заштитата на членовите на Комората и на кој начин таа да се спроведе? Оттука побара дополнување на Статутот на Комората за заштита на нејзините членови. Тој забележа дека сè уште не е донесен тарифникот, а без тарифник нема никаква заштита! Сите комори во околните земји имаат свои тарифници според кои работат. Претседателот на Собранието на Комората, професорот Горан Марковски побара сите предлози и мислења да се достават во писмена форма до Комората, каде што ќе се разгледуваат. Страхиња Трпевски коментирајќи ги забелешките за тарифникот рече дека тој е доставен во Министерството за транспорт и врски пред повеќе од година и пол, но од таму воопшто не се јавуваат за да го одобрат! Треба да има состанок со министерот затоа што без согласност од Министерството не може да се усвои тарифникот! Зборувајќи за работата на Комората во изминатиот период, претседателот Трпевски

рече дека се прави нов регистар на странски лица кои работат кај нас и усогласување на нивните овластувања со нашите закони. Се бара нов деловен простор кој би бил во сопственост на Комората, се издава и списанието Пресинг. Исто така се одржани неколку циклуса за обука на инженери во соработка со ГТЗ. Комората е соорганизатор на манифестацијата на доделување на инженерски прстен, а во изминатиот период е одржан семинар во Софија за сеизмички градби, тркалезна маса во Струга за Законот за градба, формирани се тимови на идни обучувачи во рамките на спроведување на процесот на постојано стручно усовршување. Тој ги запозна присутните со работите околу зачленувањето во меѓународни организации и спогодбите за заемно признавање на лиценци со Црна Гора и Словенија. Бурна расправа имаше и при разгледувањето на финансиското работење на Комората, односно на приходите и расходите што ги има направено Комората во изминатиот период. Тоа беше повод да се искажат многу работи директно или индиректно поврзани со нив. Архитектот Томе Тимов имаше забелешка дека од член 3 на Статутот на Комората произлегува дека во Комората задолжително се здружуваат архитекти и инженери заради застапување и усогласување на заедничките интереси, како и заштита на јавните интереси и заштита на интересите на трети лица. Но, не е објаснето, како и на кој начин на член на Комората му мирува членството и зошто сите инженери мораат да членуваат во Комората? Државните службеници не можат да бидат членови на Комората и да се служат со Овластувањата.

Ангел СитновСки, дипл.инж.арх.

Комората на овластени архитеКти и овластени инженери

Изборно собрание под итно!

10 Февруари 2012 ПОРТА3 7

7

инфо

Досега не е свикано Собрание на одделението на архитектите, а Управниот одбор не донел Акт за изборно собрание, а и тој Акт, кој е суштински не се знае како да се донесе! - Плативме за лиценци, Комората е партнер на Министерството за транспорт и како партнер треба да врши притисок кон него за подобрување на работата на професијата. Имаме многу проблеми и одговорности, а не сме никако заштитени - забележа Тимов. Претседателот Трпевски изјави дека Комората активно работи две години и во овој период била фокусирана на зачленување на нови членови. До Министерството се испратени многубројни дописи, но од таму воопшто не одговараат!? Архитектот Драган Стојановски спомна дека се врши злоупотреба на Овластувањата. Тие се изнајмуваат за пари на многу фирми кои немаат свои овластени инженери! Претседателот на Одделението на архитекти Гајур Кадриу, пак, рече дека тоа не било активно и дека сите членови на ова одделение по електронски пат можеле и можат да дадат свои предлози и мислења за неговата работа и работата на Комората. Тој призна дека не се исполнети сите очекувања што ги имале, но се надева дека идниот состав ќе има повеќе можности за подобрување на работата на Комората. Според архитектот Никола Велковски, Комората не успеала да се наметне за сите да ја чувствуваат како своја. Тој вели дека таа треба да се наметне и да ги штити интересите на своите членови. - Не успеавме да се наметнеме како партнери на Министерството за транспорт, а тоа се однесува кон нас како ние воопшто да не постоиме и не ги зема предвид нашите мислења - рече Велковски. Тој побара Тарифникот веднаш да се усвои,

инаку членовите си конкурираат меѓу себе спуштајќи ги цените! Деканот на Архитектонскиот факултет Тихо Стојков побара да се организира ново собрание на кое ќе се изберат нови членови, а Комората да се направи онаква каква ќе сака членството, а тоа зависи само од членството. - На министерството како да му е важно само да ги собере од нас парите и воопшто за ништо да не се грижи. Треба да се договориме за најниската цена, сега имаме искуства и сознанија и треба да ја подобриме работата на Комората - додаде Стојков. Томе Тромбев загатна уште едно прашање. Тој истакна дека во Битола се случило да се соберат околу 120 инженери со цел да се оформи локален огранок на Комората. Со Статутот ова е дозволено и побара Комората да го поддржува формирањето на регионални одделенија на инженери. Претседателот Страхиња Трпевски рече дека од Комората се одземени издавањето на лиценци за фирми и тоа го прави Министерството. Ние сме сега Комора на поединци, има небулози во законот, нагласи тој! Горан Марковски забележа дека сите Комори во Европа влечат корени од 19 век, а нашата е оформена пред пет години. Пазарот е тој што ја диктира цената, а ние сме тие што ја уриваат цената, забележа тој, додавајќи дека секој почеток е тежок и да не се расправаме меѓу себе и да бараме помош од Министерството, туку дека треба сами да изнајдеме начин како да ја подобриме работата на Комората.

Вклучувајќи се во дискусијата, работењето и местото на Комората, Страхиња Трпевски го посочи примерот со некои соседи. Според него, грчката Комора со 90.000 членови е најголема и таа е единствената што успеала да воспостави ред во градежништвото. Потоа тој одново се наврати на податоците за финансиската работа на Комората и ревизорскиот извештај. Трпевски предложи членарината да се намали од 80 на 50 евра во денарска против вредност. На ова реагираше Влатко Тодоровски, електро инженер, кој побара да се најде начин да се направи разлика помеѓу оние што плаќаат и оние што не ја подмириле својата обврска спрема Комората, а после тоа да дискутираме за намалување на членарината. Зоран Ивановски нагласи дека членувањето во Комората е обврзувачко и членарината мора да се плати, и побара за следната седница да се изготви систем за наплата на членарината.Собранието заврши со заклучок дека под итно мора да се организира ново собрание на кое ќе се изберат нови членови за изборното собрание, како и нов претседател на Комората.

„Клаус мултипарКинг“ се презентираше пред архитеКтите

Паркирај со насмевка Со зголемената изградба на објекти се влошува проблемот со паркирање, не само во центарот туку

и пошироко. Оттука и потребата за помош на архитектите при проектирање на станбени згради, деловни или адиминистративни објекти. Токму затоа деновиве се одржа презентација на системите „Клаус мултипаркинг“ на истоимената германска компанија. Под мотото паркирај со насмевка, Михаил Гроненберг, експорт менаџер и претставникот за екс-Југославија Мирослав Коњановиќ, на присутните на презентацијата им ги покажаа решенијата на компанијата „Клаус“, што одговараат на современите барања. Станува збор за мултипаркинг системи за паркирање, кои овозможуваат на едно место да се паркираат две или три возила. Притоа беа прикажани и најразлични решенија изведени од оваа компанија ширум светот.

ПОРТА 10 Февруари 201238

8

реакции

Повод за оваа моја реакција претставува написот во весникот „Вечер“ (24.01. о.г), под наслов

„Ѓунер Исмаил - архитект над архитектите“. Авторот не е наведен, но бидејќи написот зазема цела втора страница, може да се претпостави кој стои зад него. Доколку овој напис претставува некаков критички осврт на јавната трибина (одржана на 21.01. о.г.) „против промената на фасадата на македонската влада“, етички би било и авторот на написот јавно да се претстави, а не да се крие зад весникот. Затоа, се одлучив мојата реакција да ја упатам преку списанието „Порта3“, кое наспроти дневниот печат, претставува единствено стручнонаучно списание кај нас, во кое веќе подолг период се негува издржана архитектонска критика. Јас, како долгогодишен професор по историја на архитектурата, се занимавам пред се со нејзините стручнонаучни аспекти и не би сакал да ги коментирам политичките квалификации изнесени во предметниот напис. Се разбира дека целосна дистинкција не е можна, бидејќи според Елиел Саринен „архитектурата

и општеството се развиваат рака под рака и меѓусебно се инспирираат“. („Градови…, стр. 13)

невешти КонструКцииСо внимателно читање на написот, секој добар познавач на состојбите во архитектурата и општеството може веднаш да забележи дека во него се изнесени низа невистини, со чија помош се прават целосно нестручни коментари, па дури и невкусни популистички конструкции. Анонимниот автор тврди дека „авторството би се нарушило кога би имало измени на постоечката, а не на целосна замена со нова фасада“ (?!), а треба да знае дека архитектонското дело по дефиниција претставува нераздвојна целина на функцијата, конструкцијата и обликот. Професорот П. Муличковски не е само „проектант на сегашната фасада“, туку автор на нераздвојната целина на објектот, а со тоа и носител на авторските права согласно соодветниот Закон. Вредноста на наведеното дело одамна е потврдена, најнапред со добивање прва награда на сојузен анонимен конкурс, а потоа со сојузна и републичка награда за најдобар изведен објект (1970).

Сето тоа покажува дека ова дело поседува нагласени архитектонско-уметнички вредности кои треба да се зачуваат за идните генерации. Обновувањето на неговата фасадна обвивка заради подобрување на енергетската ефикасност технички е возможно да се изведе и без менување на неговите уникатни архитектонско-уметнички вредности. Нарекувајќи ги учесниците на трибината „група архитекти од Факултетот и од Асоцијацијата на архитекти, кои со години наназад немаат забележителни проекти“, анонимецот покажува целосно непознавање или едноставно злоба за архитектонските состојби кај нас. Општо познато е дека Асоцијацијата и Факултетот се главни носители и учесници на најважните архитектонски манифестации кај нас и во светот, како што се: БИМАС, Големата годишна награда за архитектурата (под покровителство на претседателот на државата), АСК (под покровителство на градоначалникот на Скопје), Венецијанското биенале, конгресите на UIA и сл. На нив се презентираат модерните архитектонски достигнувања кај нас и се дебатира, и тоа многу се дебатира за суштината на архитектурата.

„нов бран“ или осеКа во архитеКтуратаЗборувајќи за т.н. проект „Скопје 2014“, анонимецот пишува за појава на некаков „нов бран архитекти, кои со остварување на проекти ја афирмираат струката“, а дали се запрашал зошто ниту еден претставник на тој „нов бран“ досега се нема претставено на ниту една од наведените архитектонски манифестации? Дека тој „нов бран“ се состои само од неколку бледи капки го докажува следниот факт: На конкурсите со однапред диригиран архитектонски стил, од над 2000 архитекти во Р.Македонија учествуваат само по неколкумина. Зошто? Затоа што на секој вистински креативен архитект познато му е мотото на првото модерно движење - виенската Сецесија: „На епохата нејзината уметност, а на уметноста нејзината слобода“ (1898/99). Оттука се поставува прашањето: Каков стручен кредибилитет има т.н. нов бран кога во времето на информатичкото општество создава објекти во ретрограден стил? Во горниот контекст јас ја сфаќам реакцијата на претседателката на Асоцијацијата, бидејќи во секое струково здружение ширум светот постои соодветен етички

со анонимна КритиКа против Јавна дебата?!

За ВИСТИНАТА во АРХИТЕКТУРАТА СТаНУва ЗБОР проф. д-р М. токАрев, дипл.инж.арх.

реакции

кодекс, за чие непочитување се преземаат санкции. Сите знаеме дека од тие причини на лекарите може да им се одземе лиценцата за работа, а не како што пишува анономецот „ако Асоцијацијата не се согласува со моралниот аспект на пациентот“ (?!). Тоа претставува целосна замена на тезите, бидејќи со кодексот се регулира однесувањето на лекарот/проектантот, а не на пациентот/инвеститорот.

громогласна тишинаФактите покажуваат дека архитектите не молчат како што обвинува анонимецот, туку како и сите слободни творци тие отворено се спротивставуваат на диригираното творештво, а тоа и јавно го искажуваат преку: вонредно собрание, трибини, декларации, соопштенија, барања, ТВ емисии, дневен печат и сл. Стручната дебата околу тоа прашање со месеци се водеше на страниците на списанието „Порта3“, при што над 90% од учесниците се изјаснија за слободно творештво во духот на новото време. Наместо да ги земе предвид наведените издржани мислења на Асоцијацијата, инвеститорот нив целосно ги занемари. Какви не/познавања за архитектурата има анонимниот

автор се гледа од тоа, што за предлогот бр. 1 пишува дека „се одликува со нагласен барок стил, како и предлогот бр. 5 кој е најблиску до барокот“. Дека тие проекти немаат ниту „б“ од барок, анонимецот може да се увери од мојот напис во „Порта3“ (бр. 173/174 од 30.12.2011). Сепак, се чини дека и тој знае по нешто за архитектурата, бидејќи проектите под бр. 2 и под бр. 3 оправдано ги нарекува „модерни решенија“. Изгледа дека анонимниот автор ужива да ги извртува фактите, бидејќи неговиот критички заклучок целосно се однесува токму на сегашниот архитектонски и општествен момент, а не на некои бивши времиња. Повозрасните архитекти се сведоци дека во постземјотресната обнова на Скопје за архитектонското творештво се водеа продлабочени стручни дебати и широки јавни расправи, при што на архитектите никогаш и од никого не им бил диктиран стилот во кој треба да проектираат или пак како да градат.Во сите демократски општества јасно се поделени улогите: народот се прашува кога и за кои објекти можат да се трошат неговите пари, а за тоа како ќе се проектира или гради се прашува струката.

ПОРТА 10 Февруари 2012310

10

скопје

Јужен булевар под земја!

Градските власти се согласија заинтересиран инвеститор да им ја изгради подземната улица на Јужен булевар, која потоа ќе им ја даде во владение, а за возврат тој да ги добие

градежните парцели над неа. Со оваа одлука се потврдува условот за продажба на парцелата од над 20.000 квадрати на Јужен булевар, која неодамна ја огласи Министерството за транспорт и врски. Најповолниот понудувач ќе биде обврзан пред да го потпише договорот за отуѓување на парцелата да потпише спогодба со Градот со која ќе ги утврди обврските за изградба на улицата. Всушност, за да може да го гради деловно-хотелскиот комплекс на земјиштето, инвеститорот прво ќе треба да ја изгради улицата. Но, не сите се задоволни од одлуката на градските власти. Опозиционерите во Градскиот совет велат дека ова е „будалаштина кон која

градоначалникот се однесува претпазливо и како и до сега кога станува збор за матни идеи, го подметнува кукавичкото јајце на Советот“. „Во Законот за Град Скопје е уредено дека само, единствено и исклучиво Град Скопје може да ја гради примарната мрежа. Никој друг не смее да го прави тоа. Затоа, како инструмент на Градот му е ставен на располагање и Законот за експропријација, со кој се обезбедува земјиштето испланирано за градба да може да го откупи Градот. Наспроти тоа не постои закон според кој е дозволена продажба на земјиште наменето за општа употреба и јавен сервис. Со тоа се кршат уставниот поредок и системските закони“, вели Софија Куновска од СДСМ и дополнува дека донесениот ДУП за предметниот реон не е во согласност со ГУП. На ова градоначалникот Коце Трајановски одговара дека како локална власт се сосема

чисти и дека законски им е дозволено да извршат пренос на корисничкото право. „По изградбата на подземната улица корисничкото право ќе ни биде вратено“, додава Трајановски. Тој дополнува дека периодов во Градот се разработуваат деталите од спогодбата што ќе треба да се потпише со купувачот на земјиштето, а ќе ги содржи потребните технички информации, обврски и надлежности на инвеститорот. Земјиштето од сегашниот булевар Македонија или урбанистички наречен Јужен булевар, зад Музејот на град Скопје, ќе се најде на лицитација за потребите на изградбата на хотели и деловни центри. Тоа е исходот откако општина Центар лани изгласа план за вакво нешто и со тоа ја измени намената на сегашната сообраќајница. Па така сега за сметка на објектите над земја, онаа фирма што ќе го купи земјиштето на лицитација од Министерството за транспорт

одлуКа на градсКите власти

За сметка на објектите над земја, онаа фирма што ќе го купи земјиштето на лицитација од Министерството за транспорт и врски има обврска да изгради подземен коридор на истата траса во должина од еден километар катерина СПАСовСкА-трПковСкА

10 Февруари 2012 ПОРТА3 11

11

скопје

Подземен паркинг за судиите

и врски има обврска да изгради подземен коридор на истата траса во должина од еден километар. Министерството за транспорт и врски продава две градежни парцели кај Старата железничка станица. На вкупна површина од 41.824 метри квадратни ќе се гради голем комплекс со повеќе намени, како и објект од културата. Првата градежна парцела е со површина од 31.929 метри квадратни и има должина од речиси еден километар. Се простира над предвидената подземна траса на Јужниот булевар. Наменета е за комерцијални, деловни, угостителски и хотелски содржини. Маркичката за градба дозволува висина од 70 метри до венец, односно приземје и 20 ката, а максималната бруто површина на комплексот може да достигне цели 213.156 метри квадратни. Втората понудена парцела е со големина од 9.895 метри квадратни и го опфаќа просторот околу Музејот на Град Скопје, односно просторот на Старата железничка станица. Нејзиниот иден сопственик ќе може да изгради објект од областа на културата со максимална бруто површина од 25.959 метри квадратни, но 49 отсто од квадратурата на објектот ќе може да ја намени за други содржини и дејности. Дозволената висина на зградата е 23 метри, односно приземје и пет ката.Одлуката за изградба на Јужниот булевар под земја и над него објекти, по втор пат беше изгласана на општинскиот Совет во Центар откако по првата верзија тој беше укинат од Уставниот суд поради скратената постапка на усвојување, иако законските норми кога тој се донесе не го дозволуваа тоа. Со последната усвоена промена, се потврдуваат трите ротонди во реонот на Стара железничка станица. Два помали кружни тека треба да го „негираат“ надвозникот кон Црниче, со едниот ќе се врзат улиците Мито Хаџивасилев-Јасмин и Кочо Рацин, а со другиот Железничка и Бихаќка. На другата страна на комплексот, пак, сообраќајното решение на планот предвидува да се изгради голема ротонда, која ќе го регулира сообраќајот на раскрсницата на улиците Мито Хаџивасилев-Јасмин и Железничка со Свети Климент Охридски, Водњанска и Васил Ѓоргов.

продолжува да се реализираат проеКтите од „сКопЈе 2014“

Подземната катна гаража ќе биде на две нивоа, со капацитет за 80 возила и таа ќе служи само за потребите на уставните судии и вработените во Државниот архив и во Археолошкиот музеј

Уставните судии и вработените во Државниот архив и во Археолошкиот музеј ќе се паркираат под земја. За нивни потреби ќе почне изградбата на подземната гаража

која ќе се простира 8,5 метри под земја на потегот од Камен мост до новиот објект. Гаражата ќе ја гради „Гранит“, а ќе чини околу 1,6 милиони евра. Катната гаража ќе биде на две нивоа, со капацитет за 80 возила и таа ќе служи само за потребите на административците од овие институции. „Подземната гаража ќе се простира на околу 2.000 квадрати. Проценето е дека таа ќе ги задоволува потребите на администрацијата од Уставен суд и од другите институции сместени во истиот објект. За вработените, пак, од околните

административни згради ќе се изградат слични гаражи, но поголеми“, објаснуваат од владината Служба за општи и заеднички работи. Од таму додаваат дека оваа гаража и зградата на Уставен суд, всушност, ќе бидат првите од неколкуте административни објекти на „Скопје 2014“, кои треба годинава да бидат предадени во употреба. Близината на реката Вардар, како што лани тврдеа од владината служба, нема негативно влијание врз изградбата на подземната гаража или новите згради. За анализа, објаснија надлежните, биле ископани 40 дупки и крајниот резултат бил дека речната вода не прави штета.Рокот за завршување на градежните активности е три месеци. к.С.т.

ПОРТА 10 Февруари 2012312

12

рубрика

рубрика

ПОРТА 10 Февруари 2012314

14

региони

Беше потребна одлука училиштето во Ново Село во Штип да биде ново седиште на Ректоратот при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип,

за да се запре неговото пропаѓање. Потсетникот на автентичната македонска архитектура од славното штипско Ново Село, дополнително засилено со фактот што таму своевремено учителствувал и македонскиот револуционер Гоце Делчев, беше оставен на немилост на времето. Типична руина, која ниту оддалеку не се вклопуваше во заедничкиот двор со црквата „Пресвета Богодорица“. Напротив, со мини игралиштето и поставените руинирани и дотраени кошови, тоа беше повеќе глетка на буниште отколку на локација достојна за

своевиден историски монумент во спомен на легендата на македонскиот непокор. Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ја препозна важноста на овој објект и одлучно презеде активности со кои ги спои во едно модерното, практичното и историската оставштина. Најверојатно до крајот на оваа година, по завршување и уредување на внатрешноста на објектот, Ректоратот на Универзитетот ќе се пресели во ова училиште, со што на веќе реконструираното и импозантно обновено Гоцево училиште ќе му дадат и своевидна живост. Обновата влегува во финиш, а надворешноста што ги плени штипјани, отсликува една поинаква реалност на која може да се воодушевуваме со гордост. Идејното решение за проектот е на

фирмата „Слеме проект“, односно на архитектот Благој Здравев. Со обновата се внимавало да биде зачуван постојниот и автентичен изглед на училиштето, а со оглед на тоа што станува збор за историско богатство, изгледот на новата фасада пред реконструкцијата е одобрена од Министерството за култура, од Управата за заштита на културното наследство. Според доц.д-р Кирил Барбареев, портпарол и проектор за развој, инвестиции и одржување при штипскиот Универзитет, и внатрешноста на новиот Ректорат ќе го задржи стилот со цел да биде во духот на историското минато. Во ректоратот е предвидено да бидат сместени: кабинетот на ректорот, шефот на кабинет на ректорот, просторија за состаноци, за проректорите

автентични реКонструКции

Гоцевото училиште во Штип со нов ликОсвен објектот е предвидено и уредување на дворот. Тоа е втора фаза во која ќе биде вклучено поплочување на површините со гранит, уредување со парковско зеленило, поставување на канделабри и клупи, како и изработка на фонтана. Во самиот двор е предвидено да биде поставена и скулптура на Гоце Делчев. Драган риСтов

10 Февруари 2012 ПОРТА3 15

15

региони

и секретарите, за правната служба, одделот за јавни набавки, одделот за сметководство, одделот за човечки ресурси, архива, бифе и конгресна сала. Во новиот ректорат ќе се направи и спомен соба на Гоце Делчев која ќе биде во склоп на конгресната сала.Замислено е во спомен собата да бидат изложени документи кои се пронајдени, а кои се со потпис на Гоце Делчев, како и други предмети кои директно или индиректно зборуваат за периодот во кој тој бил учител во Штип. На новата фасада доминираат новите дрвени прозорци, со што е зачувана автентичноста, а и главниот влез, чии

потпорни столбови со настрешница се обновени. На левата страна на објектот, останува само споменик-релјефот на Гоце Делчев, каде бројни делегации му оддаваат почит одбележувајќи го денот на неговото раѓање и на неговата смрт. Освен објектот, е предвидено и уредување на дворот. Тоа е втора фаза во која ќе биде вклучено поплочување на површините со гранит, уредување со парковско зеленило, поставување на канделабри и клупи, како и изработка на фонтана. Во самиот двор е предвидено да биде поставена и скулптура на Гоце Делчев.Со оглед на тоа што објектот дели

заеднички двор со црквата „Пресвета Богородица“ во кој најкарактеристична е малата и трошна куќарка во сопственост на Брегалничката епархија, е планирано да се уреди и комплексот со црквата, односно старата куќичка на црквата да биде обновена во традиционален македонски стил, со претходно одобрување од страна на Епархијата, во фазата кога ќе се уредува надворешниот дел на објектот. Со оглед на тоа што дел од црквата веќе беше обновен, на овој начин, целиот комплекс ќе биде уреден и обновен со што ќе добие препознатлив белег, достоен за посета и престој.

ПОРТА 10 Февруари 2012316

16

градежништво

ADORA

10 Февруари 2012 ПОРТА3 17

17

региони

По завршувањето на армирано-бетонската конструкција во Бигорскиот манастир, финишираше и дрвената конструкција на чардакот на северно-западното и на северно-

источното крило на Горни палат, на Бигорскиот манастир, кои целосно изгореа во пожарот што избувна утрото на 30 септември 2009 година. Напоредно со ова се поставуваше кровната конструкција и кровниот покривач со камени плочи. При неодамнешната посета забележавме дека Бигорскиот манастир го добива својот автентичен изглед, од пред две столетија кога беше изграден Горни палат, со грандиозните, величенствени манастирски чардаци, со кои беше препознатлив Бигорскиот манастир... Архимандритот Партениј, игумен на Бигорски, е задоволен од досегашните работи на возобновуавњето на Горни палат, кој беше проголтан од пламените јазици. За 27 месеци успешно се завршени 70 отсто од планираните работи, за пократок временски рок од првичните предвидувања на стручњаците, и што е многу значајно за многу помалку пари. Проценката на Националниот конзерваторски центар беше дека ќе бидат потребни 5.500.000 евра. - Автентичноста на Бигорски се враќа, со цврста дрвена конструкција на предните фасади на Горни палат и со поставување на автентични чардаци. Дрвената конструкција е од масивно дабово дрво со димензии 30х30 см и со должина до 9 метри, обликувани, изработени и поставени според фото документацијата и проектот - ни вели игуменот Партениј. Координатор и главен архитект за

изработката на проектите за возобнување на Горни палат е Ѓурѓица Лековска, која е мошне искусна. Таа работеше на проектот за Долни палат и за новиот Источен палат. Набавката на дабовото дрво и неговата обработка, сушено до влажност 25 отсто, со квалитетни заштитни средства од влажност за биолошка и хемиска заштита, ја извршија вработените на друштвото за градежништво „Русески“ од Струга со својот партнер од пиланата „Лотос“, од градот Челинац, од Република Српска. За бигорските

чардаци вкупно беа вградени 126 кубни метри висококвалитетна граѓа. Во моментов се работи на изведување на неколку фази на занаетчиски работи и тоа: ѕидање прегради, поставување на електрична, водоводна и на канализациона инсталација, обработка на подовите, поставување на столарија и на специфични дрвени таваници, украсни детали на фасадите карактеристични за Бигорски и сл. Сите овие работи се планира да завршат до патрониот празник на Бигорскиот манастир, 11 септември 2012 година.

БиГоРСКи Со автентичните

чаРдаЦикиро киПроСки

ПОРТА 10 Февруари 2012318

18

интервју

Можете ли да ни ја претставите компанијата MIWEL и проектите на кои моментално работите? Компанијата е регистрирана после воведувањето на меѓународните санкции против СР Југославија. Почнавме со мали работи. Како искусен инженер кој работел во „Конграп“ и „Генекс“, со големи изведени проекти, ја имав таа привилегија да можам да одберам најдобри луѓе за соработници, од инженери до работници за завршни работи. Минатата година го завршивме објектот во Олимпискиот комплекс, театар и бизнис центар од 70.000 квадрати. Со истиот инвеститор работиме на проектот „Царев часовник“, комплекс од апартмани и административен простор во самиот центар на Москва, на брегот на реката спроти Кремљ. Направивме голем луксузен станбен комплекс Камелот, наречен според дворецот Камелот во Англија. Освен тоа, преговараме околу неколку други работи. Фирмата е организирана така што покрај силниот инженеринг работат и големи професионалци во комерцијалната и финансиската служба. Како фирма имаме репутација и пофалби од врвни московски архитекти, дека никогаш немале побрзи и поефикасни соработници. Последниве десетина години изработуваме работна документација, додека идејните проекти ги изработуваат московски архитекти, што за нас е олеснителна околност.

како кризата во градежниот сектор влијаеше на вашата компанија? Можам слободно да кажам дека кризата не

влијаеше значително на нашата компанија. Ние сме една од ретките фирми која опстана на пазарот. Последните години добивавме големи работи, како што се објекти кои треба да ги градиме од 4 етажи под и 15 ката над земја во елитен дел на Москва. Инвеститор е една од најголемите банки и штедилници „Сбербанк“. Нашата предност е во тоа што секогаш бевме ефикасни и коректни, што е реткост со роковите. Работиме и систем „под клуч“ (клуч на рака) кој го опфаќа целокупниот градежен процес.

Бидејќи сте со децении во русија, како би го опишале рускиот пазар, што бил тој некогаш, а што е денес? Ние сме присутни на рускиот пазар уште од времето на социјализмот. Првиот објект на кој јас работев беше Хотел Космос во Москва, граден за сместување на новинарите и учесниците на Олимпијадата во 1980 година. Хотелот го градевме заедно со француски партнери, а го завршивме многу брзо и квалитетно. Самиот процес на градење имаше одредени новитети во градбата, како што беше употребата на бетонски пумпи. Еднаш користевме бетонска пумпа за да замениме дрвена со бетонска плоча, во управната зграда на инвеститорот. Низ прозорец пумпавме бетон и за два часа завршивме. Многу луѓе доаѓаа и се чудеа на оваа техника и прецизност. Но, да се вратам на рускиот пазар, тој е огромен и со големи потенцијали. Русија е голема неизградена земја, во близина на Москва и Санкт Петербург постојат огромни можности за развој и градба. Сега е актуелен Сочи, дел заради претстојните

Емотивно сум врзан со секој мој изграден објект

божидар вељановиќ, претседател на КомпаниЈата MIWEL:

Божидар Вељановиќ, претседател на компанијата

MIWEL што веќе две децении успешно работи во Русија,

раскажува за својот животен пат. Македонец по потекло, роден е во Белград во 1938 година каде и го завршил

Градежниот факултет. Работел во некои од најголемите претпријатија од бивша Југославија, како што се

„Компграп“ и „Генекс“. Преку четириесет години живее во странство, каде што го

привлекуваа професионалните предизвици и градителската

љубопитност. Денес е претседател на компанија која претставува голема фамилија и збир на професионалци кои

заедно работат на големи проекти ширум Руската

Федерација.

м-р Ѓорѓе ЈокиЌ, дипл.инж.арх.

10 Февруари 2012 ПОРТА3 19

19

интервју

зимски Олимиски игри, а дел заради тоа што има многу инвеститори кои ја препознаа можноста за вложување во туристички и станбени објекти.

каква е вашата соработка со македонскиот градежен сектор? Јас имав среќа да работам во голем градежен комбинат каков што беше „Комграп“, и каде што имавме развиен дел за напредна технологија. Бевме поврзани со градежни фирми од Скопје, соработувавме со „Пелагонија“, „Бетон“, „Гранит“ и други. Тоа беа силни градежни фирми, како и останатите социјалистички фирми во тоа време. Особено добри односи имаме со фирмата „Адинг“ од Скопје. Тие имаа лиценца на водечка швајцарска технолошка фирма. Тоа е компанија каде работат врвни технолози, и од нив купувавме додатоци и адитиви. Бевме први кои почнаа да применуваат додатоци за современо производство на бетон. Ние сега во Москва работиме на минус 20 степени сосема нормално. Не се во прашање само додатоците за бетон туку и додатоците за фасада, премази и завршни градежни работи. Сите објекти кои ги градиме имаат производи на „Адинг“. До денешен ден останавме соработници и пријатели. Најголема соработка остваривме при изградбата на фабриката на металуршкиот комбинат во Жлобин, во Белорусија. Тука вградивме огромни количини на додатоци за бетон и за подови.

колку концептот на еколошко градење е присутен кај вас? Во Русија и во Србија е можна примената на најсовремени материјали за термичка заштита. За жал, производството кај нас сè уште не е доволно развиено. Парадокс е што до денес во Србија најисплатливо греење е греењето на дрва. Ние се враќаме 100 години наназад заради економската криза. Заштеда може да се постигне само со примена на најсовремена технологија во термичката заштита, додека соларната технологија бара големи вложувања и инвестиции, па не треба премногу да се очекува на нашиот пазар додека трае кризата.

како градител, имате ли некоја неостварена желба? Тешко е да каже. Како млад инженер, јас ја имав таа среќа да работам година и пол во Скопје, после земјотресот, кога целото југословенско градежништво беше таму. Тоа беше голема школа за мене. Градевме од темел до кров за неколку недели за да можат што побргу да се вселат станарите што беа под шатори.

Чајка Плаза во Москва

елитен дом во Москва

објектот на Њефтпромбанк во Москва (внатрешност)

ПОРТА 10 Февруари 2012320

20

интервју

Потоа, како млад и напреден инженер работев во големиот систем „Комграп“ и со доста амбиција добивав големи работи, како фабриката за автомобили во населбата Раковица во Белград. Сметам дека нема напредок ако не се поврзат проектантите и изведувачите. Јас секогаш работев на проектирање на деталите, решенија за конструкциите, завршните работи и фасадите. Тоа беше еден многу убав спомен. Во 1974 година заминав за Германија, кога имав решено некои животни проблеми, изградив куќа, добив две деца, но ме привлекуваше љубопитноста и гладтта за наука, да видам како се гради во светот. После тоа никогаш повеќе не се вратив во земјата. Германија беше едно ново искуство за мене, покрај Дрезден работевме огромна челичана за мешани цевки, работеа проектанти од Западна Германија, Чехословачка и Југославија. Јас со 38 години бев главен инженер и координатор за тие работи. Имам орден за работа од Источна Германија и Русија, а ми ги врачија министрите за црна металургија.

Може ли да се каже дека градежништвото е присутно во вашиот живот 24 часа? Јас сум многу емотивно врзан за градежништвото, би сакал да го оставам, но не можам. Кога гледам интересен филм или нешто друго во исто време размислувам за решение на некој цртеж. Со 74 години и понатаму сум многу активен. Јас и понатаму сум претседател на компанијата, и постојано учествувам во договорите со проектантите и инвеститорите.

освен интензивната градба после земјотресот во Скопје, можете ли да ни кажете што уште имаше влијание врз вашата кариера? Тоа е судбина, јас сум емотивно врзан за секој објект кој сум го изведувал. Покрај тоа, станав пријател со сите мои инвеститори. Во Германија, Австрија и Русија. Тоа се сите мои колеги и инвеститори со кои и ден-денес се сретнувам во Виена, Линц, Москва, каде што евоцираме спомени. Во некоја рака сум вљубеник во работата. Мојот лекар ми вели да не бидам пасивен, и дека тој ќе ми каже кога треба да дигнам раце од работата.

како течеше вашиот градежен пат? Јас сум по потекло Македонец од Кичево. Мојот татко и чичко во 1923 година дошле во Белград, како помошни работници во угостителство, и

јас сум роден во Белград. Градежен факултет завршив во Белград во 1962 година. Бев стипендист на фирмата „Градител“ од Кичево, и после студирањето работев практика година и пол таму и во Скопје. После првиот ударен бран од изградбата на Скопје, учествувавме на курсеви за сеизмичка градба кои ги држеа Јапонци и Полјаци, а кои дури подоцна станаа стандард кај нас. Во Германија отидов во 1974 година како инженер

на „Комграп“. Кога се вратив оттаму веќе бев искусен инженер кој стана технички директор. Во „Генекс“ преминав во 1989 година, во тоа време најсилна фирма за надворешна трговија која имаше огромни работи во странство. Кога системот се распадна и се воведоа санкции, јас морав да почнам самостојно да работам. Моја среќа беше што имав големо искуство во проектирањето и договарањата на работите.

Луксузен станбен комплекс камелот во Москва

Бизнис центар „Фабриката на Станиславски“ во Москва

10 Февруари 2012 ПОРТА3 21

21

интервју

Компанијата MIWEL е основана во 1993 година, а името значи „Ми Вељановиќи“. Во тоа време во Русија беше голема криза. Ние почнавме со реновирање на станови и деловни простори, и полека напредувавме кон поголеми проекти. Тогаш го работевме големиот проект на реконструкција и проширување на универзитетот „Ломоносов“ во Москва, работевме на кујната, блоковите, кабинетот на ректорот и системот за ладење. Тоа е проект кој многу значеше за нашата фирма во многу тешки времиња.

Деловен објект „руска песна“ во Москва

Бизнис центар „новосушчевски“ во Москва

ПОРТА 10 Февруари 2012322

22

градежништво

По иницијатива на Комората за овластени инженери и архитекти и Градежниот факултет како највисока научна установа од

областа на градежништвото, беше одржан работен состанок, чија цел беше на отворена сцена да се повика целата стручна јавност да учествува во стручна ревизија на преводот на сите ЕВРОКОДОВИ. На состанокот присуствуваа претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери проф. д-р Страхиња Трпевски, деканот на Градежен факултет проф. д-р Милорад Јовановски, директорот на Институтот за стандардизација на Република Македонија Љупчо Давчев, претставници од: Министерството за транспорт и врски, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Заводот за испитување на материјали, Градежниот институт „Македонија“ и други гости. На состанокот беше извршена презентација на досегашната работа и постапка за

усвојување на еврокодовите. Детали беа презентирани од страна на Љупчо Давчев и Страхиња Трпевски. Беше упатен јавен апел до сите членови на Комората кои сметаат дека може да помогнат во постапката на ревидирање, да се пријават за оваа активност. Се заклучи дека Управниот одбор на Комората, во соработка со ИСРМ, ќе формира тимови за секоја книга на еврокодовите, а после завршување на работата на секоја експертска група, во крајна фаза Техничкиот комитет на ИСРМ треба да изврши нивно конечно усвојување. Присутните ја поздравија оваа иницијатива и укажаа дека ќе се заложат максимално во реализација на оваа активност. Кај нас во подолг период наназад се прават напори за завршување на обрските што ги има Република Македонија на полето на прифаќање на еврокодовите, како еден од најзначајните чекори неопходни за оформување на техничка и законска регулатива кај нас. Во досегашниот период од страна на

Институтот за стандардизација на Република Македонија, како надлежна институција за решавање на проблемите со подготовка на техничките стандарди, е формиран Технички комитет за оваа намена. Како резултат на работата на неговите комисии, во досегашна фаза се подготвени и усвоени неколку книги од еврокодовите, а за сите останати книги е извршен стручен превод од англиски на македонски јазик. За дел од еврокодовите се подготвени и нацрт верзии на Националните анекси за примена, кои во моментов се ставени на јавна расправа. Со цел да се добие максимално квалитетна верзија на овие документи, а по иницијатива на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Институтот за стандардзација и Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Врз основа на овој Меморандум, Комората ја презеде задачата да изврши стручна ревизија на преводите.

работна средба на градежниот фаКултет во сКопје

Струката да ги ревидира преводите на еврокодовите

10 Февруари 2012 ПОРТА3 23

23

асоциЈациЈата на архитеКти на маКедониЈа - аамобјавува

Јавен повиКза учество на XVI-то Биенале на Mакедонската архитектура

бимас 2012XVI-то Биенале на Mакедонската архитектура - БИМАС 2012 ќе се одржи во првата половина на мај 2012 година

Право на учество имаат архитекти со завршен VII степен на образование кои се државјани на Република Македонија и правни лица - фирми кои што учествуваат со дела на архитекти државјани на Република Македонија со завршен VII степен на образование.

Вон конкуренција можат да учествуваат и странски државјани, архитекти со соодветно образование, со дела изведени на територијата на Република Македонија.

За учество на БИМАС, архитектите и фирмите конкуриираат со проекти и реализации во областа на урбанизмот, архитектурата, ентериерот и дизајнот.

Пријавниот лист во кој кандидатот треба да го наведе насловот на трудот, локација, автори, соработници, фирма, инвеститор, година на проектирање, година на изведба и изведувач, може да се добие во канцеларијата на ААМ на ул. Даме Груев бр.14а, Скопје, секој работен ден од 10:00-14:00 часот

(телефон/ факс 02 3237 277), по електронска пошта [email protected]

Рокот за пријавување на трудовите е заклучно со 27.02.2012 година.

После рокот на пријавување, согласно Правилникот на БИМАС, селекторот објавува листа на пријавени (селектирани) трудови, по што на прифатените учесници ќе им се достават детални информации со пропозиции за опремање на трудот кој ќе биде изложен на големата изложба на БИМАС 2012,

како и пропозиции за доставување на материјал за печатење на трудот во каталогот на БИМАС 2012.

Понекогаш сè што е потребно е една блескава идеја и кожната софа се претвoра во магија. Таа беше и визијата на Lectus Group-Furniture при креирање на новата Elegance collection 2012. Перфекцијата на италијанскиот дизајн инспириран од уметност, кожните софи направени со многу љубов ги доведува до совршенство.Есенцијални вредности на филозофијата на Lectus Group-Furniture се: рафниран италијански дизајн и кожа со врвен квалитет. Софите се резултат на долгогодишна традиција во рачната изработка комбинирана со софистицирана технологија вградена во секое парче мебел. Во секој модел внимателно е проучена ергонометричноста за да се овозможи најдобар комфор во моментите на релаксација.Lectus Group-Furniture ви гарантира софи базирани на вашите специфични потреби од аспект на големина и комфор овозможени од директното производство. Директниот линк помеѓу вас, продажниот центар и производството, дозволува висок степен на избор и доверба во изработката на секој детаљ. Со тимот архитекти на Lectus Group-Furniture, нивната посветеност и професионална услуга најлесно ќе стигнете до решение за тоа како вашиот дом да биде исполнување на вашите соништа.

[email protected]; тел.: 02 6145 300

THE PERFECTION OF ITALIAN LUXURY

отворање - 15. Февруари во 20 часот во Lectus Group - Furniture, на Јужен булевар (новиот комплекс кај Магнус)

24

24 ПОРТА 10 Февруари 2012ПОРТА 3

градежништво се очеКува реализациЈа на проеКти од Капитално значеЊе

Во државава е најавена изведба на поголем број капитални проекти кои се значајни како на национално и регионално ниво така и во светски рамки

проф. д-р Милорад ЈовАновСкидоц. д-р тодорка САМАрЏиоСкА

Добра перспектива за градежништвото

Поглед кон браната „Света Петка“

3 25

25

310 Февруари 2012 ПОРТА

градежништво

Стручната и научната јавност секогаш е во исчекување за реализација на големи капитални објекти, бидејќи низ процесот на нивна градба, се врши проверка не

само на институционалните капацитети на државата, но и нивото на научно-техничкиот развој на инженерските кадри во државата. Посебно се значајни објектите во градежништвото и енергетиката, бидејќи за да се дојде до нивна реализација е потребно комплексно повеќеслојно планирање и преземање на многубројни активности од стратешки, технолошко-економски, социјален и

друг аспект во тек на долг временски период. За среќа, кај нас во најава се за изведба поголем број капитални проекти кои се значајни како на национално и регионално ниво, така и во светски рамки.За потсетување, треба да се спомне дека од капиталните проекти во Република Македонија е завршена т.н. втора фаза на изградба на хидросистемот „Злетовица“, односно е изградена браната „Кнежево“ со придружните објекти. Проектот е изведуван со помош на Јапонската влада, а во неговата реализација учествуваа градежните фирми „Гранит“ и „Бетон“. Во консултантскиот тим кој раководеше со

градбата беа вклучени тимови на јапонската фирма Pacific Conusltants International, Градежниот факултет од Скопје и Градежниот институт „Македонија“ од Скопје. Останува да се завршат другите придружни работи за доизградба на пречистителни станици во главните населени места за да овој проект добие полна валоризација. Во завршна фаза е изведбата на браната „Света Петка“, на реката Треска, која е од тип на двојно закривена лачна брана со градежна висина околу 60 метра. Од патната инфраструктура е завршена изведбата на дел од автопатот Е-75,

Од изградбата на браната Кнежево

ПОРТА 10 Февруари 2012326

26

градежништво

од Табановце до Куманово, во должина од околу 10 километри, регионалниот пат од Смрдлива вода до Ски центарот Кожуф во должина од околу 17 километри, како и патот Близанско - Коломот во должина од околу 8 километри. Започнати се дел од работите на целосна рехабилитација на автопатот од Катланово до Велес, која во тек на наредните месеци треба да продолжи. Во најава е и дека оваа година треба да се заврши фазата на зајакнување на дел од мостовите и рехабилитација на автопатот од Велес кон Скопје во соработка со НАТО. Покрај овие работи, за нас, но и за државите од Европската Унија, најзначаен е делот од автопатот Е-75, од Демир Капија до Смоквица, во должина од околу 28 километри. Се очекува, во текот на оваа година овој патен правец да започне со градба, бидејќи во завршна фаза е тендерирањето за избор на фирми за изведба.Вреди да се спомне дека е завршена проектната документација за автопатското решение од Миладиновци, преку Св. Николе до Штип во должина од околу 45 км. Од хидроенергетските објекти, во тек се активности за започнување на градба на браната „Луково Поле“, хидросистемот „Бошков мост“

во Западна Македонија, а според последните информации, можно е и конечно да се избере потенцијален изведувач за браните „Галиште“ и „Чебрен“ на река Црна. Објект со посебен стручен и финансиски предизвик е лачната брана „Чебрен“ на река Црна. Според проектните анализи, има варијанти со висини на браната од 186 до 196 метри. Надеж на стручната јавност е дека конечно за овој објект ќе се заврши успешно фазата на тендерирање и дека ќе започнат работите на завршување на проектната документација и за изведба. На ниво на идеен проект е завршено проектирање на железничката линија од Кичево до Република Албанија, а конечно, после подолг период, на ниво на основен проект е завршен проектот за железничката линија од Крива Паланка до Деве Баир. Со ова се создадени предуслови за премин кон фаза на изведба. Од посебно значење за енергетскиот систем на Република Македонија е фактот што во минатиот период интензивно се работеше на подготовка на техничка документација за гасоводниот систем на Република Македонија. Во моментов, во завршна фаза на ревидирање е Основниот проект за четири

приоритетни делници од гасоводот. Во завршна фаза на подготовка е Главен рударски проект за ископ на јаглен со подземна експлоатација на лежиштето за јаглен „Мариово“, а минатата година е исто така започнато со доистражување на лежиштето за јаглен „Живојно“ во Битолскиот јагленоносен басен. Овие активности би требало да го продолжат рокот на работа на термоелектраните во РЕК Битола. За лежиштето на јаглен во Мариово, техничко-економските анализи ќе покажат дали е најисплатливо да се изведе нова термоелектрана во непосредна близина на наоѓалиштето. Набројаните проекти несомнено укажуваат на добра перспектива за развој на градежништвото гледано на среден рок, но и подолгорочно. Успешното планирање на сите активности ќе има големо значење за економијата на државата и регионот.Поради фактот што градежништвото е теоретско-апликативна наука, јасно е дека од големи проекти ќе се добијат и многу податоци за научни анализи. На стручната и научната јавност е да ги следи тековните активности и да го даде својот максимум во сите фази на реализација на овие објекти.

Се очекува, во текот на оваа година да почне со градба патниот правец од Демир Капија до Смоквица

градежништво

Зошто едноставно не го автоматизираме отворањето и затворањето на прозорците за секојдневна вентилација? Системите на прозорските погони можат да го сторат тоа за нас лесно и безбедно. Можете да се потпрете на системите на вентилациски погони од ГЕЗЕ. Има модели кои одговараат на најширокиот избор на форми, типови и димензии, вклучувајќи и светларници, стаклени куполи. Опремени се со прекинувачи на вентилација, што ги прават погодни и лесни за употреба. Додека далечинското управување обезбедува непречена удобност и со тоа и подобрен квалитет на живот - посебно за оние со послабо здравје и тие со намалена подвижност. Уредите осетливи на промена на временските услови осигуруваат автоматско затворање на прозорците во случај на појава на ветер или дожд.

Електрични погони со ланец од ГЕЗЕ се визуелно дискретни и се препорачуваат за вертикално поставени правоаголни прозорци со лизгачко хоризонтално и вертикално преклопно крило, хоризонтално нагибно крило, ротирачко крило, и вертикално нагибно крило. Се поставуваат паралелно до прозорецот и се во боја која се сложува со рамот и архитектурата на прозорецот.

Електрични погони со вретено се компактни решенија за нагибни, преклопни

и ротирачки/обртни прозорски крила, светларници и стаклени куполи и благодарение на нивниот висок перформанс, се погодни и за широки тешки (кровни) прозорци. Тие можат да се користат како „директни отворачи“ или да се постават на профилот, како и на системот за отворање и заклучување.

Електрични линеарни погони се идеални во комбинација со плоснати отворачи за вентилација Slimline. Дизајнот со плоснат профил овозможува елегантна адаптација на предниот дел на прозорот во случаите кога просторот е ограничен. Тие можат да бидат поставени на левата или десната страна на прозорецот, вертикално или хоризонтално.

Погони-ножици од ГЕЗЕ претставуваат дизајнско решение коешто обезбедува најдобра вентилација на просторија, а погодни се и за широки светларници, чии крила се поставени вертикално и се отвораат навнатре. Ножиците и електричниот мотор се интегрирани во компактна рамка, и со тоа обезбедуваат заштита од прашина и нечистотија.

Прозорските погони односно системи за автоматско отворање и затворање можат да се поврзат на конвенционална 230 волтна мрежа со едноставна и брза инсталација, а можна е и дополнителна монтажа.

Комфор и идеална клима со автоматизирани прозорци

ПОРТА 10 Февруари 2012328

28

рубрика

10 Февруари 2012 ПОРТА3 29

29

рубрика

ПОРТА 10 Февруари 2012330

30

ентериери

во непосредна близина на железничката станица во Скопје, во новиот бизнис центар „Меги“ го лоциравме новоотворениот Pizza Bar Every Day. Зафаќајќи 1/4 од вкупната

површина на приземјето на бизнис центарот, односно располагајќи со 360 м2, овој локал е сегрегиран и организиран во три функционални катчиња: ресторан со кујна, кафе-бар и lounge, кој е подигнат на платформа. Поделбата суптилно се насетува и во материјализацијата на подот. Имено, во поинтимните простори, ресторанот и lounge-от, што функционираат како острова во однос на целината, подот е изведен во темнокафен ламинат, додека подот на кафе-барот што доминира во просторот е

изведен во посветла нијанса на ламинат. „Се работи за урбан и модерен простор со нагласен сензибилитет, кој го опслужува не само соседството туку и градот“, изјави архитектот Драган Стојановски, инаку дипломец на Accademia Italiana во Фиренца. Засолнет од градскиот метеж, овој бар е стратешки позициониран на десниот брег од реката Вардар, со што целосно се втопува во идиличната атмосфера на кејот. Од аспект на атрактивност, тој е визуелно поврзан со природата и спортската рекреативна патека. Во артикулирањето на ентериерот, архитектот се служи со основни геометриски форми и чисти површини во манирот на модерниот минимализам. Ентериерното уредување е доведено до

највисоката максима на хармоничност, преку тактилноста во изборот на бои и материјали. Во просторот доминираат светли пастелни бои, извонредно искомбинирани со мебел изработен во дрво. Како дел од ентериерното уредување се јавува и хортикултура, односно разновидно саксиско зеленило, кое особено го оплеменува просторот. Како доминантен сегмент во ентериерното уредување на просторот се издвојува хоризонталната линија, која е применета речиси во секој детаљ од опремата.Мебелот е специјално дизајниран за потребите на „Every Day“, што го прави уникатен, надвор од сериското производство. Примарната структура на столиците е изработена во дрво, додека секундарната е изведена со еластифициран

Андреа ЈАМАкоСкА и Анастасија никоЛовСкА

Тактилна хармоничност со избор на бои и материјали

10 Февруари 2012 ПОРТА3 31

31

ентериери

тапацир со што добиваат анатомски облик. На тој начин е постигнат висок степен на удобност во седењето, а воедно и комфор во користењето на целиот простор како примарна идеја на сопственикот Владимир Темелковски. Формата на седење е во директна релација со функционалната намена на катчето во кое се наоѓате. Кафе-барот располага со меко седење во удобни двоседи, кои го чинат вашиот престој повеќе од пријатен. Во lounge-от седењето е мешовито, односно на корисниците им се нуди седење на висока маса со барски столици, или поинтимна атмосфера во линиски поставените сепариња. Ресторанот пак, има конвенционален распоред. Како јадро кое го балансира овој комфорен и отворен простор, се издвојува

шанкот изведен во Г форма. Тој е централно поставен како цврста структура, столб околу кој осцилираат функционалните катчиња, фокусна точка на сите случувања. Осветлувањето е зенитално, реализирано со особено внимание посветено на деталите. Светлечките тела во кафе-барот се вградени во корпусот на спуштениот плафон, суптилно затскриени во дрвени решетки. За ресторантскиот дел се избрани спуштени лустери, кои ја прават атмосферата топла и интимна во вечерните часови. Преку стаклените површини долж целата северна страна, се отвораат визури кон покриената терасата додадена како анекс кон локалот. Како дополнителна социо-атрактивна содржина во рамки на терасата се јавува и детското катче,

при што е овозможен неопходниот директен визуелен контакт родител - дете. Терасата е денивелирана во однос на нивото на самиот бар, а до неа се пристапува со два скалници. Нејзиниот периметар го дефинира саксиско зеленило, а просторно-функционалниот распоред е олицетворение на ентериерното уредување од внатрешноста на барот. Слободностоечките грејни тела овозможуваат комфор во користењето на терасата и во зимскиот период. Pizza Bar Every Day со својот архитектонски концепт и модерен пристап во ентериерното уредување успешно се инволвира во урбаната матрица на градското живеење.

(Авторките се студенти на Архитектонски факултет, Скопје)

Тактилна хармоничност со избор на бои и материјалилокал : Pizza Bar „Every Day“локација: населба Аеродром, Скопјеархитект: Драган СтојановСки

ПОРТА 10 Февруари 2012332

32

рубрика

10 Февруари 2012 ПОРТА3 33

33

рубрика

ПОРТА 10 Февруари 2012334

34

урбанизам добредоЈдовте во сао паоло

Град во бескрај Александра ШекутковСкА, дипл.инж.арх.

(Специјално за Порта3 од Бразил)

10 Февруари 2012 ПОРТА3 35

35

урбанизамСао Паоло претставува американски модел на град, со сопствени трговски центри, населби за домување и со сопствени мали џебови полни со сиромаштија. Од друга страна, за разлика од поранешниот главен град на Бразил, хедонистичкиот Рио, градот се чини дека претставува интересна енергетска спротивност на него

Едно од главните прашања што се поставува при анализирањето и перцепцијата на

современиот град е како да се создаде симболички простор? Соочени со урбанизацијата наспроти градот сам по себе веројатно прашањето за симболички простор е едно од најактуелните. Во традиционалниот град фокусот е на одреден центар, црква, плоштад. Во денешниот град кој претставува колаж од разновидни програми, места, урбани елементи, она што го перцепираме како плоштад, центар, репер почнува да станува повеќе индивидуализирано, нешто помеѓу перцептивниот, симболичкиот и продуктивниот простор. Кога градот нема центар, кога самиот по себе станува урбана ткаенина, тогаш почнуваме да добиваме нови асоцијации за него, почнуваме да развиваме нови фокуси кои ги поврзуваме со нашата меморија, нови сопствени поинакви симболи со кои го поврзуваме градот. Како да се создаде симболички простор? Сосема специфично на оваа тема е доживувањето на светските мегалополиси. Добредојдовте во Сао Паоло. Првото искуство за мене со Сао Паоло беше над градот наместо во градот, првата глетка беше од врвот на објектот Копан на Оскар Нимаер. Кога ќе го погледнете бескрајниот тепих на облакодери, првата асоцијација е Архизум, проектот за No-stop city. Сликата на Сао Паоло како да зборува за самата суштина на урбанизацијата, деструкцијата на границите на формите коишто се бескрајни, постојано повторување на својата репродукција и консеквентните тоталитаристички механизми на контрола кои како да го гарантираат процесот на бескрајност. Слично на ова и проектот на Архизум го покажува имено тоа, градот конзумиран од бескрајноста на урбанизацијата.

ПОРТА 10 Февруари 2012336

36

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

Наследството од модернизмот

наликува на скапоцени камења расфрлени во архипелаг од секакви

форми и типови на облакодери. Повеќето

од модернистичкото наследство е поврзано

со “Escola Paulista”, високовлијателна

генерација на архитекти кои

пораснале паралелно со военото диктаторство

и бунтовничките комунистички

влијанија. Започнувајќи од 60-тите години,

се оствариле себеси во текот на 70-тите

и 80-тите години и во пресрет на

почетокот на новиот век инспирирале нов дизајнерски бран. Со

архитектонско културно наследство од Оскар

Нимаер, Пауло Мендез де Ла Роча и Лина

Бо Барди, градот во сопствената содржина има објекти кои можат

да претставуваат и денес манифест

за современата архитектура.

No-stop city ( 1967-1972 ) мегапроектот на Архизум е денеска повеќе од актуелен. Тој може да биде објаснет со термините на Хегел за „лошата бескрајност - кошмар на дијалектички процес“. Односно, терминот на лоша бескрајност претставува кога се е сведено на слепа верба, дека бескрајната креација на нови, конечни елементи се создава само заради бескрајната потреба од нови нешта. Слично како градот што во неможност да се справи со порастот на популацијата постојано „раѓа“ нови облакодери за домување, нови композиции на населби, нови неформални иднини. Се разбира, проектот на Архизум претставува архитектонска халуцинација, идеја во која архитектонскиот модел, продукцијата, акумулацијата и конзумирањето се сретнати со постојано проширувачката урбанизација. Но-стоп сити е замислен како емпириски претеран коментар на биополитичкиот механизам на градот каде што инфраструктурата и социјалната контрола е насекаде. „Како Но-стоп сити, модерниот град прераснува во трговски центар, каде што плурализмот на вредноста и разновидноста – тоталитаристичките карактеристики на просторот - ја прават урбанизацијата совршениот простор за масовни волонтерски сервиси на аполитичната демократија наметната од пазарот “. (Пиер Виторио Аурели). Во текот на пет века, Сао Паоло ја има изградено својата гигантска сила и чудност. Како точка на вкрстување за сите оние што сакаат да го искомбинираат живеењето во бизнис градот и културната активност, Сао Паоло е антитуристички град: џунгла, оргомни рингови од автопат, центар посветен на локални продавници ( дуќаните во центарот се преполни со најевтини кинески продукти и наликуваат на неформален пазар). До зајдисонце градот е празен од сопствените вработени. Сао Паоло претставува американски модел на град, со сопствени трговски центри, населби за домување и со сопствени мали џебови полни со сиромаштија. Од друга страна, за разлика од поранешниот главен град на Бразил, хедонистичкиот Рио, градот се чини дека претставува

урбанизам

10 Февруари 2012 ПОРТА3 37

37

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467e-mail: [email protected]/izgradba

ПАРКИНГ СИСТЕМИ

интересна енергетска спротивност на него. Наследството од модернизмот наликува на скапоцени камења расфрлени во архипелаг од секакви форми и типови на облакодери. Повеќето од модернистичкото наследство е поврзано со “Escola Paulista”, високовлијателна генерација на архитекти кои пораснале паралелно со военото диктаторство и бунтовничките комунистички влијанија. Започнувајќи од 60-тите години, се оствариле себеси во текот на 70-тите и 80-тите години и во пресрет на почетокот на новиот век инспирирале нов дизајнерски бран. Со архитектонско културно наследство од Оскар Нимаер, Пауло Мендез де Ла Роча и Лина Бо Барди, градот во сопствената содржина има објекти кои можат да претставуваат и денес манифест за современата архитектура. Доколу се согласиме дека современиот град и иднината на развојот на градот преставува конгломерат од нееднаквите социјални и културни сили кои ги поседува архитектурата, наспроти сè поголемата популарност на архитектурата, големите мегалополиси стануваат интересен терен за истражување заради тоа што кај нив последиците од урбанизацијата и структурите што треба да се обезбедат за квалитет на урбаниот живот на луѓето на формалниот и неформалниот град се повеќе од очигледни. Во книгата „Можност за апсолутна архитектура” на Пиер Витори Аурели, тој го поставува прашањето

каква форма може архитектурата да дефинира во современиот град без да падне во своите само-сопствени перформанси на иконични објекти, параметарски дизајн, на постојано мапирање на секоја посебна комплексност и контрадикција на урбаниот свет? Каков критички и значаен однос треба архитектурата да создаде во свет којшто не е повеќе конструиран од идејата и мотивациите на градот, туку е доминиран од процесот на урбанизација? Не е случајно што главните клучни концепти на современиот урбанизам како мрежа за транспорт, пејсаж, глобализација - ги соединува истата концептуална и идеолошка заднина: бескрајниот континуитет на движењето вкрстен со продукцијата, систематично ги метаболизира се што е во процес на постојана промена. Популацијата на Сао Паоло пораснала од околу 240.000 жители во 1990 година на 19,7 милиони во 2006 (во метрополитскиот дел на градот), со урбана површина од преку 7.900 км2 и постојан пораст. Главните инфраструктурни проекти се создадени во текот на последниот век за да се носат со постојаниот развој, во некои делови на градот, неформалните населби ја обликуваат иднината на урбаната средина. Сао Паоло и Рио Де Жанеиро се развиваат како сопствен, единствен урбан ентитет којшто е поврзан во себе со макро инфрастурктура. Бидејќи неформалните населби се поврзани со инфрастуктура, таа

може да стане алатка преку која се чита градот и иднината на градот. Мрежата за транспорт во иднина може да овозможи реанимација на овие места, создавање на основни услови за домување, микро инфраструктура како и нивно инкорпорирање во формалниот град. Симболичкиот простор на Сао Паоло е разновиден, метрополитска населба со контрасна морфологија преку урбано ткиво кое е создавано со години, преку објектите од модернизмот и современата архитектура, до оние места кои сосема спонтано се чини настанале покрај големите размери на останатите елементи на градот и каде што се прелеваат секакви групи на луѓе. Да се адресира улогата на секојдневниот живот и искуството на урбаниот простор, прашањата за можностите на граѓаните во неформалните и формалните населби, обезбедувањето на основните структури за подобрување на квалитетот на нивниот урбан живот, претставуваат главните цели на урбаните пионери кои сакаат да бидат дел од историјата на иднината на урбанизацијата во 21 век. Предизвик е во бескрајниот град, освен личниот симболички простор, којшто секој човек може да го создаде сам по себе во однос на контекстот во кој се наоѓа, самиот архитект и урбанист да создаде одговор на урбанизацијата, којшто ќе биде сам по себе симболички простор на едно ново време и истовремено ќе го раѓа истиот.

урбанизам

ПОРТА 10 Февруари 2012338

38

безбедност

Долго време дрвото се користи како основен градежен материјал во многу земји. Посебно во земјите каде дрвото изобилува како суровина, се користи често

за изградба на фамилијарни куќи, како и на станбени згради, луксузни хациенди и друго. Како главни предности за избор на овој градежен материјал се издвојуваат: брзината на градба, материјал од обновлив и еколошки извор, помала енергија и помалку загадување на околината во производството на материјалот во однос на други градежни материјали, одлични перформанси во трусни подрачја и друго. Но, еден од најчестите аргументи кој се употребува против дрвото е противпожарната заштита. Не постои градба која е целосно огноотпорна, но изборот на материјалите можат значително да го

подобрат безбедносниот фактор. Статистиките од Северна Америка и други земји, каде се употребува дрвото како градежен материјал, покажуваат дека најчестите причини за смрт кај пожари е всушност вдишувањето на отровни гасови, што се случува многу пред колапсот на конструктивните елементи. Огромниот број на пожари што започнуваат од небрежност на луѓето (готвење, пожар настанат од цигара...), само докажува дека луѓето се безбедни во куќа од дрво исто толку колку што се безбедни во куќа од кој било друг градежен материјал. Истражувањата, исто така, покажуваат дека безбедноста во куќите многу малку зависат од запаливоста на конструктивните елементи, а многу повеќе од нивото на свеста на луѓето што живеат во неа, елементите што се наоѓаат во куќата, противпожарната заштита предвидена во процесот на проектирање и друго.

Главни противпожарни услови кои треба да се запазат при проектирање се:

- Да се ограничи ширењето на пожарот од местото на избивање, и да се предвиди издржливост на конструкцијата во периодот на евакуација;- Да се предвиди прооден излез за евакуација на луѓето;- Да се овозможи безбедна и лесна акција на противпожарните служби.

Дрвото се запалува на 350 степени Целзиусови, а времето за запалување на дрвото зависи од густината и тврдоста на дрвниот вид. Веднаш по запалувањето на дрвото се формира изгорен јагленисан слој кој го забавува топлинскиот пренос во подлабокиот слој на дрвото, заштитувајќи го внатрешниот

Противпожарна заштита кај дрвните конструкцииАлександар ЧереПнАЛкоСки, дипл.инж. по дрвна индустрија

10 Февруари 2012 ПОРТА3 39

39

безбедност

дел. Во зависност од дрвниот вид, брзината на горење на дрвото е 0,5-1,0мм/мин. Во пропишанте Европски стандарди за дрвни конструкции е забележано дека во случај на пожар конструкцијата не смее да колабира во одреден временски период за да може да се евакуираат луѓето и животните. Така, во зависност од типот на градбата (семејна куќа, станбена зграда, јавна градба), пропишаните стандарди велат дека кострукцијата треба да издржи 30, 60, 90 и 120 минути. Исто така во стандардите се внимава и на близината помеѓу две градби, запаливоста на фасадите и отворите (прозорци и врати) на критичните ѕидови. Ова подразбира пропишани димензии помеѓу две куќи, рестрикции во однос на материјалите употребени за фасадата и друго. Но, без разлика на метеријалите што се употребуваат во

градбата, електричните инсталации и грејните тела мораат да се проектираат, инсталираат и одржуваат строго по пропишаните стандарди.Во мали повеќефамилијарни градби, носечките и преградните ѕидови, како и меѓукатните конструкции и крововите, се проектирани да овозможат одредени противпожарни карактеристики според пропишаните стандарди. Гипсените плочи кои се монтираат на дрвната конструкција се достапни во повеќе дебелини. Дебелината на гипсените плочи има влијание врз брзината на проширување на пожарот. Како огноотпорна материја, гипсот апсорбира голем дел од топлината што се развива при пожар и не дозволува пожарот да се прошири брзо на дрвените конструктивни елементи. Доколку во слоевите на ѕидот има шперплоча или ОСБ плоча, заедно со гипсените плочи се

додава дополнителни пет до десет минути на целокупната отпорност во случај на пожар. Нема значителна разлика помеѓу шперплочата и ОСБ плочата. Челикот како градежен материјал е огноотпорен, но може брзо да ја загуби својата јакост на високи температури, така што и тој треба да се заштити во градбата, најчесто со гипсени плочи. Како заштита во изградените објекти најчесто се применува алармен систем со детектор за чад во комбинација со прскачи, кои се монтираат на таваните во просториите. Статистиката во Канада вели дека 80% од пожарите што се случуваат во објектите изградени од дрво се локализираат на одреден простор од местото на избивање на пожарот. Додека кај останатите, кога се развива голем пожар во објектот, жителите се веќе излезени пред развивањето на пожарот.

Противпожарна заштита кај дрвните конструкции

ПОРТА 10 Февруари 2012340

40

архитектура центарот „ле КорбизЈе“ во цирих

Тотална уметностЦентарот покажува радикална промена споредено со дотогашното творештво на мајсторска примена на камен и бетон. Ле Корбизје својот последен проект и објект го проектирал во челик и стакло, и со тоа го трасирал патот кон иднината. натка ЌоСевА, дипл.инж.арх.

Шарл-Едуар Жанре-Гри, во светската архитектура познат како Ле Корбизје, е роден во 1889

година во Шо де Фон, Швајцарија, а починал во Париз во 1965 година. Тој е еден од најпознатите архитекти во минатиот век, кој со своите дела направил голема пресвртница во современата архитектура. Водејќи се од мотото „Јас сакам да му помогнам на светот подобро да живее“, целиот свој живот го поминал во истражување на ова. За него може да се каже дека е и првиот глобален архитект, кој почнал да работи во Швајцарија, потоа во Франција и насекаде во светот каде што бил поканет да работи. Ле Корбизје зад себе оставил: 32000 архитектонски и урбанистички цртежи и планови, неколку дизајни на мебел, 500 масла, 25 емајли на метал, 13000 скици од патувања, 29 таписерии, 52 книги, 150 графики. Може да се каже дека неговите дела покажуваат извонредно единство. Единството може да се означи како „класично“, ако под класично подразбираме не само форма и маса туку и смисла за формата со мерка. Традиционално, единицата мерка и различните стилови претставуваат хармонична врска меѓу човечкото тело и димензијата на населбите – градбите и предметите за употреба. Во современата цивилизција и современите градови машините и уредите од сите видови создаваат потполно нови простори и временски димензии. Со своите потполно нови севкупни системи на мерка, со напуштање на старите мерки и организацијата на просторот, организацијата на самата градба, обработката на фасадата и уште повеќе со својот неверојатен инстинкт за пропорција и мерка, Ле Корбизје ги направил своите градби пример за класична мерка кои се разликуваат од нехуманиот неред на толку псеудомодерни градби. Ле Корбизје во своите дела промовира логика и лирика во служба на човекот.Исто така, Ле Корбизје многу истражувал околу надминувањето на занаетчиските

услужни дејности и преминување во индустриски производи, а притоа да не се изгуби основната човекова потреба –

потреба за убавина и

пропорција. Префабрикација во градежништвото е исто така еден сегмент кој многу го

10 Февруари 2012 ПОРТА3 41

41

архитектура

истражувал и применувал. Иако за него е многу тешко да се пишува, во овој текст ќе се осврнам на неговиот последен проект и објект Центарот „Ле Корбизје“ во Цирих. Секако и со моја лична перцепција за објектот.

историЈа на обЈеКтотВо 1960 година Хеди Вебер, дизајнер на мебел и пријател на Ле Корбизје, му дал задача да проектира објект – со намена за изложување на неговите дела (Public exhibition building). Во 1961 година првиот план за објектот, кој е презентиран во Цирих, е од бетон. Во 1962 година Ле Корбизје го менува концептот, и новиот план за објектот е со челична конструкција. Во 1964 година почнува градбата на објектот, но на 27 август 1965 година Ле Корбизје починал. На 15 јули 1967 година Центарот „Ле Корбизје“ или ХЕДИ ВЕБЕР МУЗЕЈ е пуштен во употреба. Објектот е лоциран на слободна локација, во паркот покрај циришкото езеро. Овој проект покажува радикална промена споредено со неговото дотогашно творештво на мајсторска примена на камен и бетон. Тој својот последен проект и објект го проектирал во челик и стакло, и со тоа го трасирал патот кон иднината. Објектот е изведен од префабрикувани челични елементи. Фасадата ја затворил со стакло и повеќе обоени емајлирани плочи, а некои од нив се со цртежи кои сам ги изработил. Тој е со кубична форма покриен „со слободно пловечки покрив“, за негова заштита од дожд и сонце. Покривот е потпрен на надворешни челични столбови и има посебно обликувана форма изведена во челик и обложена со пластифициран обоен лим. Објектот има подрум, приземје и кат.

Над првиот кат е проектирана отворена тераса. Во приземјето се проектирани простории за дневен престој. Просторот е целосно отворен, а секако застаклената фасада го прави и отворен кон надвор. На катот се проектирани простори за работа и одмор, а над него е проектирана тераса со добри визури кон целата околина. Вертикалната комуникација меѓу сите нивоа во објектот е со бетонска рампа, која е и единствениот бетонски елемент на фасадата. Приземјето и првиот кат се поврзани со отворени скали. Ентереиерот на објектот е опремен со мебел, вграден и мобилен, дизајниран од Ле Корбизје, а во него е изложена уникатна колекција на неговите платна, цртежи, дел од неговите проекти, макети, скулптури и публикации.Интересен елемент претставува дизајнот на дел од внатрешните и надворешните мобилни ѕидови кои се отвораат околу централна вертикална оска, со што се овозможува поврзување или раздвојување на просторот. Центарот има ограничен режим на работа, односно посета, секогаш поврзан со презентација на дело од Ле Корбизје. Оваа година Центарот беше отворен за посетители од 2 јули до 25 септември, и имаше поставка на изложба со наслов „Машина за живеење“ и промоција на ново дополнето издание на книгата „Машина за живеење и мебел критичен историјат“ или во оригинал LE COURBUSIER „MACHINES FOR LIVING FURNITURE A CRITICAL HISTORY“. Центарот „Ле Корбизје“ и фондацијата на Хеди Вебер овозможуваат делата на Ле Корбизје да бидат достапни за запознавање на пошироката јавност, а особено на стручната јавност за понатамошно истражување, учење и валоризирање на неговото творештво. Објектот на Центарот на Ле Корбизје во Цирих ја покажува неговата генијалност и хармоничното единство на неговата архитектура, градежништво, скулптура, сликарство, дизајн на мебел, префабрикација во градежништвото, публикации и веројатно тоа е и единствената постоечка структура во светот - тотална уметност.

ПОРТА 10 Февруари 2012342

42

рубрика

10 Февруари 2012 ПОРТА3 43

43

рубрика

ПОРТА 10 Февруари 2012344

44

саеми IMM CoLognE 2012 во Келн, германиЈа

Мултифункционален мебел - тренд во 2012Овогодишниот меѓународен саем за мебел IMM Cologne во Келн беше полн погодок -115.000 посетители од вкупно 118 земји елена тоДоровА, Lektus Group, Скопје

од 16 до 22 јануари оваа година, се одржа познатиот меѓународен саем за мебел IMM Cologne во Келн, Германија. За само седум дена, на саемот беа претставени 1.157

компании од 57 земји, на површина од 240.000 м², и тие ги презентираа трендовите што ќе следат оваа година во областа на ентериерите. IMM Cologne се вбројува во еден од најважните саеми на пазарот за мебел во светот. Од почетокот на постоење на саемот во Келн, секоја година се нудат нови интернационални трендови во индустријата за мебел и бројни иновации на пазарот. Навистина имаше што да се види. Саемот беше организран во десет павилјони со девет категории на изложување, од гарнитури, столици, трпезарии, кревети, осветлување, текстил, аксеорис за домување, бањи, до плочки, паркети, ламинати, подови од камен, тапети, плафони... Во рамките на овие категории, беше отстапен и дел за млади таленти за дизајн на мебел, кои се презентираа пред јавноста и пред ексклузивните купувачи. Денес, ентериерот е неразделно поврзан со текстилот,

тапетите и теписите, па затоа и штандовите беа совршено опремени со сите потребни детали. Она што можеше да се забележи е дека доминатните трендови во 2012 година се однесуваат на природата, односно природните материјали. На штандовите се забележуваа голем број парчиња мебел во необработено дрво, кој како природен материјал дава чувство на искреност и автентичност. Исто така беа застапени масивното дрво и фурнираниот мебел, како и мермерните плотни во функција на клупски масички. Тенденција е дизајнирањето на мултифункционален мебел, мебел кој е лесен за преместување и е флексибилен, сè со цел да не останува на едно единствено место со години. Покрај гарнитурите, тоа се однесува и на масите и бироата, бидејќи и технологијата што се користи во денешно време станува се помала. Интересен е и фактот што гарнитурите се прават на начин да се овозможи максимален комфор на корисниците, па така не ретко забележувавме отвори за чашки на кожните страни, полначи за мобилните уреди, додатоци кои го прават спиењето и седењето

поудобно. Главна атракција беа германските произведувачи Rolf Benz, како и врвните италијански брендови Porada i Bontempi Casa. Ѕидните полици се компактни и се карактеризираа со минималистички изглед. А во однос на боите, во тренд е белата, црната, црвената, жолтата, тиркизно-сината боја и тортора. Последниот ден од саемот (недела) беше ден отворен за широката јавност, т.е за крајните потрошувачи, па изложувачите имаа шанса да ги претстават своите производи и да добијат директен feedback, а потрошувачите добиваа информации и сугестии за уредување на нивниот простор. Благодарениe на акредитацијата од страна на списанието „Порта 3“, компанијата за производство на висококвалитетни кожни софи „Lectus Group“ од Скопје, го посети овогодишниот саем. Добро е да се знае доколку некој сака да го посети саемот наредната година, не можете да бидете посетител без претходна покана од некои од производителите на мебел. Следниот датум за саемот е 14-20.01.2013 година, каде ќе биде вклучена и категорија за дизајн на кујни.

3

45

45310 Февруари 2012 ПОРТА

саеми

Б

наука

шваЈцариЈа (2)михаил тоКарев: 100 години модерна архитеКтура (126)

Книга 2: Достигнувањата на оДДелните земји- резимирани извадоци

Кај индустриските објекти во почетокот на 50-тите години сè повеќе се усовршуваат различните системи за зенитално осветлување врз скелетна или лушпеста армирано-бетонска конструкција. Така се создава динамичен ритам на просторните елементи, за што сведочи фабриката за пластични маси во Госау (1955) од Данцајзен и Возер. Административните објекти и првите облакодери се карактеризираат со високо професионална разработка на веќе познатите принципи во светот. Тоа е јасно видливо кај седиштето на компанијата Нестле во Веве (1959) од Жан Чуми (1904-62) и облакодерот Лонѕа во Базел (1959) на Е. Штудер (1931-) и Г. Штудер (1928-). Настојувањето на црквата да ги сочува своите општествени позиции со помош на слободна и необична архитектура, спонтано создава нови форми богати со експресија, сложеност и масивност, што му отвора пат на брутализмот. Сепак, веќе афмирмираните творци бараат универзални решенија, кои би ги соединиле драматичната композиција и економската исплатливост. Напредок во таа насока постигнува Ј. Дахинден, правејќи еластични и повеќеобразни композиции

составени од стандардни префабрикувани клетки во вид на квадари или цилиндри. Иницијативата на Ателје 5 за создавање одржлива (биоклиматска) архитектура на многу високо ниво ја доведува А.Г. Риди-Маруг со подигањето на т.н. куќи со нула енергија за затоплување во Трин (1991-1994). Тие се главно изградени од дрво и имаат дополнителна обвивка, која го регулира текот на затоплувањето и ладењето. Во текот на 70-тите, а особено во 80-тите години тежиштето на архитектонскиот развој се пренесува во малата покраина Тичино, главно населена со Италјанци.Нејзините талентирани поединци и хомогени групи заземаат значајно место на европската сцена. Групата од шест архитекти, меѓу кои и Л. Сноци се залага „против распарчување и насилство врз урбаниот пејзаж“, како и против присутниот формализам. Луиџи Сноци (1932-) како голем авторитет, гради неколку објекти од битно значење и води расправи за контекстуализмот, негувајќи силно чувство за историјата, при што неговиот мајсторски ракопис се препознава по типолошката моќ на објектите. Кај куќата Кавали во Вершо (1976) Сноци го комбинира класичниот рационализам

со карактеристиката на локалната традиција. Од друга страна, куќата Динер во Ронко кај Аскона (1989) ја интегрира во пејзажот со помош на ѕидови од природен камен и мазен натур-бетон. Фабио Рајнхард (1942-) и Бруно Рајхлин (1941-), поранешни асистенти на Алдо Роси, ја подигаат куќата Тонини во Торичела (1974), која според основата и компактниот кубус со лантерна претставува еден вид модерна траспозиција на паладиевската архитектура.

Жан

Чум

и. С

едиш

тет

о на

ком

аниј

ата

Нес

тле

, Вев

е

А. Г. Риди-Маруг. Куќи со нула енергија за затоплување, Трин

Л. Сноци. Куќата Кавали, Вершо

ПОРТА 10 Февруари 2012346

46

Л. Сноци. Куќата Динер, Ронко

Ф. Рајнхард и Б. Рајхлин. Куќата Тонини, Торичела

10 Февруари 2012 ПОРТА3 47

47

рубрика

Б

ПОРТА 10 Февруари 2012348

48

рубрика

[email protected]

Друштво за инжинеринг и

изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

HYPERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНАУВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40С

ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Создаваме

Живот на

Покривите!

[email protected] www.zepekomak.com.mk070 216 945

www.zinco.de

10 Февруари 2012 ПОРТА3 49

49

спортски храмови

[email protected]

Друштво за инжинеринг и

изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

HYPERDESMO®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНАУВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40С

ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

Покрив кој трае со генерации.ТОНДАХ Македонија АДИГМ Пролетер бр. 1МК- 2310 Виницае-маил: offi [email protected] www.tondach.com.mk

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152Факс: ++389 / (0)33 361 780

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Создаваме

Живот на

Покривите!

[email protected] www.zepekomak.com.mk070 216 945

www.zinco.de

И Бордо со европска арена

Францускиот град Бордо ќе добие мултифункционална затворена арена до 2014 година. По сите инвестиции, кои овие неколку години

беа направени со изградба на стадиони во повеќе француски градови, на ред дојде и Бордо, кој според жителите, одамна чека на ваков грандиозен објект.„Гранд арена“ во Бордо ќе биде повеќенаменска, секако со акцент на спортски активности. Во зависност од спортскиот настан кој ќе се одржува, ќе се менува и вкупниот капацитет на арената. Така, таа ќе може да прими од 10.000 навивачи на ракометен меч, па се до 14.900 места за организирани боксерски натпревари. Она по што „Гранд арена“ ќе биде специфична за овој дел од Франција, е можноста за организирање на мотокрос трки, кои ќе можат да се одржуваат на специфична земјена

подлога, која ќе може да се „аранжира“ за само 45 минути. Вкупната цена на изградбата на „Гранд арена“ ќе биде 50 милиони евра, а вкупната инвестиција е на приватниот конзорциум „Montecristo Developpement SAS“. „Гранд арена“ е лоцирана во областа Флоирак, како дел од операцијата за урбанизација и обнова на т.н. „Bordeaux-Euratlantique“. Изградбата на салата што почна минатата година, се очекува да заврши во 2014 година. Проектот за изградба беше обелоденет и прифатен уште во 2008 година, но се чекаше комплетирање на документацијата за да почне изградбата. Бордо долги години инсистираше на изградба на ваков објект, затоа што сегашната затворена сала „Мериадек“ не ги задоволува високите стандарди за организација на врвни спортски и културни (концертни) настани. Инвеститорите на „Гранд арена“ најавија дека во 2014 година, кога ќе биде официјалното отворање, најверојатно

истото ќе се случи со една грандиозна кошаркарска средба на која ќе учествуваат екипи од најсилната светска лига, НБА. Со изградбата на „Гранд арена“, Франција ќе добие трета најголема арена на својата територија. На простор од 29.000 м2 се гради и т.н. „Гранд арена село“, кое всушност ќе биде локација на која ќе се изградат комерцијални и мини-спортски објекти за рекреација. Интересно е што оваа арена во Бордо веќе е дел од еден ланец (асоцијација) на вакви затворени објекти, кои ќе бидат во семејството на Европската асоцијација на затворени арени. Арената во Бордо ќе биде 26-та сала во оваа асоцијација. Оваа мрежа функционира во 19 земји, и во неа веќе влегуваат арени од Париз, Стокхолм, Лондон, Лисабон и Мадрид. „Гранд арена“ секоја година треба да биде домаќин на околу половина милион посетители, или преку 200 активни дена во кои нешто ќе се случува во оваа арена.

Сашо кузМАновСки

„гранд арена“ - бордо

ФАкти за ГРАНД АРЕНА - Бордо, Францијакапацитет: 10.000 - 14.900 местаПериод на изградба: 2011 - 2014Цена на градба: 50 милиони евраДизајнер: Lanoire & Courrianинвеститор: SAS Montecristo Développement

50

50 ПОРТА 10 Февруари 20123

технологии

Насловот предизвикува. Можно ли е пиратеријата да исчезне? Здравиот разум вели дека пиратеријата ќе исчезне кога ќе го снема и криминалот во сите свои останати форми. Со други зборови,

пиратеријата уште долго ќе биде предмет на елаборирање. Но, што се тогаш сите овие активности кои ги преземаат владите низ целиот свет? Protect IP Act, SOPA, ACTA. Столбовите на интернет пиратеријата се тресат, некои и паѓаат, други се спремаат за колапс. Интернет заедницата се мобилизира на отпор. Вистински хаос во период од една недела. Но, се по ред. Минатиот број пишувавме за SOPA (Stop Online Piracy Act), контроверзниот закон за борба со пиратеријата, кој се планираше да беше поднесен во американскиот конгрес на усвојување. Со законот се предвидуваат широки овластувања на американската администрација, меѓу другото, да ги запленува и не-американските сајтови, кои на кој било начин ги кршат авторските права. Критичарите на законот предупредија дека законот ќе изгасне две третини од Интернетот и ќе ја сруши ИТ индустријата за сметка на големите холивудски студија. Законот се очекуваше да дојде на дневен ред кон крајот на јануари годинава, но силната опозиција предводена од големите ИТ компании и организации за заштита на човековите права, издејствуваа законот да биде одложен на неопределено време. 17 јануари: Белата куќа објави дека нема да поддржи контроверзни закони за борба против пиратеријата, од типот на PIPA (Protect Intelectual

Property Act) и SOPA (Stop Online Piracy Act).18 јануари: Широката интернет опозиција на законите пристапува кон 24-часовен blackout (замирање) на својата работа. Над 7.000 веб страници низ целиот свет целосно или делумно се придржуваат кон иницијативата. Под притисок на јавноста се одложува гласањето по законите на неопределено време сè додека не се постигне поширок консензус. Битката е добиена, но дали и војната?19 јануари: FBI (Федералното истражно биро) на САД го заплени Megaupload.com, а во соработка со владини агенции од други земји, ден подоцна (20 јануари) во Оукленд, Нов Зеланд, го уапси сопственикот на сајтот Ким Шмиц (Ким Дотком) заедно со тројца негови блиски соработници. Megaupload Limited чиј сопственик е Ким, работеше во file-sharing (размена на документи) бизнисот и претставуваше вистински столб на онлајн пиратеријата. Иако правно работата на неговите пет сајта беше регуларна, полицијата откри дека Ким ја поттикнува пиратеријата на повеќе начини, меѓу кои и тајно финансирање на поставувачите на нелегална содржина на неговите сајтови. Оваа акција на FBI ги „растресе“ и останатите file-sharing сервиси како filesonic.com, sharingmatrix.com, fileserve.com, uploaded.to итн, кои целосно или делумно ги прекинаа услугите во страв да не бидат следна мета. Како резултат на сето тоа, милиони терабајти на нелегална содржина остана заробена и недостапна за јавноста. Скоро во исто време, хакерското движење Anonymous (Анонимни) во знак на протест против

запленувањето на Megaupload.com, го изведе „најголемиот Интернет напад во историјата“ врз веб страниците на Министерството за правда на САД, FBI, асоцијациите на музичката и филмската индустрија и други. Сепак, запленувањето на сајтовите на Ким, покажаа дека предложените закони не се неопходни за да функционира борбата против пиратеријата.21 јануари: „Анонимните“ ја објавија „Полската револуција“ блокирајќи владини веб страници како протест против поддршката што полската влада ја даде ACTA (Anti-Counterfeit Trade Agreement – трговски договор за борба против пиратеријата/фалсификувањето) за уште еден контроверзен закон, во голема мера сличен на PIPA и SOPA. ACTA доби публицитет, но негативен.26 јануари: 22 земји членки на Европската Унија го потпишаа ACTA. ACTA е меѓународен трговски договор помеѓу 39 земји (од кои 27-те земји членки на ЕУ, САД, Јапонија, Канада, Јужна Кореја, Австралија, Мексико, Мароко, Сингапур и други). Целта на договорот е да се засилат мерките за заштита на авторските права и интелектуалната сопственост. На официјалната страница на Европската комисија (ec.europa.eu/trade/creating-opportunities/trade-topics/intellectual-property/anti-counterfeiting/) е наведено дека со договорот се тежнее да се заштитат работните места во Европа, со оглед на фактот што Европа губи 8 милијарди евра годишно, поради фалсификувањето на производи и интернет пиратеријата. Понатаму во образложението е наведено дека договорот не претставува промена на законската регулатива

трајче СтоЈАнов, дипл.инж.арх.

Ситуацијата со фалсификувањето и интернет пиратеријата е дојдена до точка на вриење. Економските кризи, агресивноста на кинеските компании во реплицирање на скапите западни продукти, силното лоби на фармацевтската, музичката и филмската индустрија, развојот на концептот Web 2.0, како и леснотијата за пристап до нелегална содржина, си го направија своето.

Пирати збогум 3.0

3

51

5110 Февруари 2012 ПОРТА

технологии

на ЕУ, туку ги одразува напорите истата да се применува доследно и координирано меѓу потписничките. Иако Европската Унија го осуди SOPA, ACTA го следат исто толку контроверзии. Кадер Ариф, известувач за ACTA во Европскиот парламент, на денот на потпишувањето на документот (26 јануари 2012), поднесе оставка на неговата позиција како револт против случувањата, наведувајќи дека во донесувањето на документот не биле консултирани невладините организации, недостасувало транспарентност во подготовката на документот, дека во неколку наврати било одложено потпишувањето на договорот без објаснување, како и тоа дека определени барања на Европскиот парламент не биле вклучени во договорот, иако во неколку наврати тоа се побарало. Ариф уште навел дека ACTA отишла предалеку со можноста да го прекине пристапот до генеричките лекови (кои живот значат) и до Интернетот. Со овој негов потег, тој сака да испрати „силен сигнал и да го алармира јавното мислење за оваа неприфатлива ситуација и да одбие на биде дел од маскарада“. Иако на официјалната веб страница европските претставници се обиделе да го прикажат договорот во најубаво светло, определени критичари наведуваат дека тој содржи исклучително штетни одредби, кои можат да ги ограничат фундаменталните граѓански и дигитални права, како што се слободата на говорот и приватноста во комуникацијата, а и да ги нарушат воспоставените правила на трговија. Опозиционерите велат дека се извршил бајпас на демократскиот процес, се постигнал договор без дебати и дека се наметнува несоодветен регулаторен режим. ACTA е особено нетолерантна кон Интернетот и системот на размена на документи (file-sharing). Од земјите потписнички се бара да имплементираат строги криминални санкции кон секакви обиди на интернет пиратерија. Меѓу другото, се остава

простор да се тргнат правните бариери кои ги штитат ISP (Internet Service Providers) компаниите од делата на нивните претплатници, што во реалност значи дека бројни интернет сервиси кои функционираат на web 2.0 концептот (пр. Youtube, Facebook, Google итн.) можат да подлежат на кривично гонење поради криминалот што не го стoриле и евентуално да згаснат. Фондацијата Free Software, преку "Speak out against ACTA" (Проговори против ACTA) предупредува дека ACTA креира атмосфера против слободниот софтвер. Меѓу другото, ACTA може да побара од ISP компаниите да го запрат хостирањето на слободниот софтвер преку кој може да се манипулира со содржина со заштитени авторски права, како и да се забрани можноста овие софтвери да ги пуштаат DRM (Digital Rights Management) заштитените медиуми. Во ACTA се пронајдоа доста „кваки“ кои можат да придонесат кон кочење на развојот на слободните софтвери. Некои весници предупредија дека со актуелните закони ќе се охрабрат пограничните служби на аеродромите и граничните премини да вршат проверка на содржината на дигиталните уреди (како лаптоп компјутерите, телефоните, мп3 плеерите и слично). Досегашните случувања и најавите за активности, закони и договори од овој тип, предизвикаа растечка загриженост од нарушувањето на приватноста. Бројни интелектуалци и невладини организации повикаа на донесување на закони со кои ќе се штити приватноста како фундаментелно човеково право, како противтежа на сè поголемата регулација. Во анализа на International Business Times се искажува поголема загриженост од ACTA во споредба со SOPA поради пошироката меѓународна примена, основниот недостиг на транспарентност, едноставноста со која се предвидуваат противпиратски процесуирања и слично. Од друга страна, во споредбата на Forbes, се забележува дека ACTA, SOPA и PIPA

ги следат исти атрибути: тајни преговори, разговори зад затворени врати, отсуство на јавни дискусии итн. Очигледно е дека ситуацијата со фалсификувањето и интернет пиратеријата е дојдена до точка на вриење. Економските кризи, борбата за опстанок и превласт на компаниите, агресивноста на кинеските компании во реплицирање на скапите западни продукти, силното лоби на фармацевтската, музичката и филмската индустрија, развојот на Web 2.0 концептот, леснотијата за пристап до нелегална содржина. Сè се тоа состојки кои помешани, предизвикуваат ерупции од мерки, дејства, правни одредби. Не е целта таа што загрижува, туку последиците и споредните ефекти. Пиратеријата нема оправданост, но се добива чувството дека некој намерно или случајно ќе профитира и тоа многу. Пред сè, тоа се компаниите од погоре спомнатите индустрии, а потоа и групата на развиените земји што искажа интерес да го постигне договорот. Лично сметам дека потегот на претседателот Обама е вистинскиот чекор за справување со вакви иницијативи. На 30 јануари, на настан одржан на Google+, претседателот Обама се произнесе против спомнатите закони, и како лидер препорача антипиратските закони да постигат широк консензус, пред да бидат поднесени на усвојување. Со други зборови, тоа значи вклучување на јавноста, невладините организации и други засегнати страни во изготвувањето на документите. Во случајот со ACTA, и покрај фактот што скоро сите земји членки на ЕУ го потпишаа договорот, истиот треба да стапи на сила по ратификацијата на истиот во Европскиот парламент. Тоа остава простор на противниците на договорот, по примерот со SOPA и PIPA, да издејствуваат одложување на истиот. Група пратеници во Полскиот парламент, носејќи ги култните маски од филмот V-for-Vendeta, веќе започнаа со еродирање на полската поддршка на договорот во таа форма. Следете ги случувањата.

ПОРТА 10 Февруари 2012352

52

експерт

„ПИГС“ и „Арапската пролет“ ги ограничуваат пазарите

Како резултат на економските и воено-политичките кризи британските проектанти го намалуваат своето присуство во земјите на Европската Унија и Блискиот Исток и се обидуваат да изнајдат попривлечни пазари за нудење на своите услуги. Оние проектантски бироа коишто сакаат да го зголемат обемот на своето дејствување неминовно се принудени да се обидат да се пробијат во земјите во Азија коишто ги карактеризира заначително поголем економски подем, како на пример, Индија и Кина.

д-р владимир Б. ЛАДинСки, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

предизвици Кои ги очеКуваат британсКите архитеКтите годинава

Понеделник, 30 јануари 2012, во Велика Британија се смета за првиот ден на добро и ведро расположение кај луѓето годинава. Оттука овој ден и се нарекува „Среќен понеделник“

(Happy Monday). Вообичаено по Божиќната и Новогодишната еуфорија се проценува дека населението поминува низ своевиден период на „сино“ (депримирано) расположение пред да се вратат во секојдневанта рутина. Се разбира, фактот што повеќето вработени ги добиваат своите јануарски плати на крајот на месецот, дополнително може да помогне за поведрото расположение по енормните

божиќни и новгодишни трошоци. Можеби затоа е најдобро да се анализираат предизвиците што ќе ја очекуваат професијата годинава на почетокот на овогодишниот „среќен“ период кога на нив можеби ќе се гледа пооптимистички. Оваа година во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска ќе бидат одбележани два исклучителни настани: Дијамантскиот јубилеј на Кралицата Елизабета Втора на почетокот на месец јуни со кој ќе се одбележи 60-та годишница од нејзиното крунисување и владеење со земјата, како и Олимписките и параолимписките игри: Лондон 2012 коишто почнуваат за нешто помалку од шест месеци кон крајот на јули оваа година. Од овие два настана се очекува многу оваа година,

особено во однос на економските придобивки, како резултат на зголемениот број на туристи и посетители, што би требало да придонесе за подобрување на финанската состојба во земјата и намалување на буџетскиот дефицит, но пред сè за заживување на стопанството. Ваквите очекувања се разбирливи, особено ако се земе предвид дека буџетот за овие олимписки игри, според Olympic Delivery Authority, од првобитно проценетите 2,8 милијарди евра во 2004 година се има покачено на 10,7 милијарди евра, според проценката од 2007 година, а по која и би требало да се релизираат овогодишните олимписки игри. Како резултат на ова, приходот што ќе треба да се

Се проценува дека само во деловниот центар на Лондон би можеле да се пренаменат околу 1,2 милиони метри квадратни деловен простор

10 Февруари 2012 ПОРТА3 53

53

експерт

Како резултат на економските и воено-политичките кризи британските проектанти го намалуваат своето присуство во земјите на Европската Унија и Блискиот Исток и се обидуваат да изнајдат попривлечни пазари за нудење на своите услуги. Оние проектантски бироа коишто сакаат да го зголемат обемот на своето дејствување неминовно се принудени да се обидат да се пробијат во земјите во Азија коишто ги карактеризира заначително поголем економски подем, како на пример, Индија и Кина.

генерира од овогодишните олимписки игри би било пожелно да биде соодветно голем за да се покријат барем основните трошоци сврзани со орагнизацијата на овие игри. За жал, со оглед на тоа што најголемиот број на градежни активности сврзани со Олимписките и параоломписките игри: Лондон 2012 веќе се завршни, не се очекуваат веќе некои поголеми ангажмани за архитектите и градежните фирми оваа година сврзани со игрите. Ваквата состојба се совпаѓа со околу една година долгиот период на намалена градежна активност во рамките на Европската Унија, каде според податоците на Eurostat, пресметани од страна на Royal Institution of Chartered Surveyors (RICS), се проценува дека градежната активност во овој период е помала за околу 22 проценти во споредба со онаа на врвот од 2007 година. Ова во голема мерка е резултат на економската криза во еврозоната, и особно на должничката криза свразна со таканаречените, веројатно навредително, „ПИГС” (Португал, Италија, Грција и Шпанија) или „ГИПС“ (Грција, Италија, Португал и Шпанија) земји од кои сè уште не се гледа излезот. Сложената економска ситуација во еврозоната промовира воздржаност во инвестирањето градежни активности во овие земји, што несомнено негативно влијае на архитектите не само во ови земји туку и на оние од Британија. Притоа, особено се погодени проектантските фирми коишто имаат свои филијали во земјите на Европската Унија. Слична е ситуацијата и на Блискиот Исток каде „арапската пролет“ и економските искушенија на земјите во регионот влијаат на намалување на можностите за архитектонско дејствување на британските форми кои традиционално со години биле присутни на овој пазар. Како резултат на ова, британските проектанти го намалуваат своето присуство во земјите на Европската Унија и Блискиот Исток и се обидуваат да изнајдат попривлечни пазари за нудење на своите услуги. Оние проектантски бироа кои сакаат да го зголемат обемот на своето дејствување неминовно се принудени да се обидат да се пробијат во земјите во Азија коишто ги карактеризира заначително поголем економски подем, како на пример, Индија и Кина. Зголемената несигурност на работните места, намалувањето на реалните примања за мнозинството вработени и отежнатото добивање на станебени кредити, се само едни од факторите што придонесуваат за пренасочување на опредлбите од стекнување на дом во сопственост кон изнајмување на стан или куќа. Ваквите текови дополнително се поткрепени со трендот на намалување на цената на станбените објекти, и зголемените можности за кредитирање на лицата што сакаат да земат кредит за да купат станбена единица која ќе ја издаваат. Така, според станбената штедилница Nationwide Building Society, само во текот на јануари 2012 година цените на станбените објекти се намалени за 0,2 проценти

во однос на претходниот месец (декември 2011) со што просечните цени на станбените објекти се намалени од 188 на 187 илјади евра. Ваквите трендови ги поткрепуваат и податоците како оние од National House Building Council (NHBC) коишто укажуваат дека во 2011 година биле регистрирани само 115 илјади нови станбени единици во земјата, во споредба со нешто помалку од околу 230 илјади во 2007 година. Исто така, Clenegan известува за 24 процентно намалување на вредноста на станбените објкети коишто почнале со изградба во периодот од август до октомври 2011 година, во споредба со истиот период во 2010 година. Ова оди во прилог на проценките за глобалната состојба во градежништвото каде Construction Products Association ја има ревидирано својата прогноза за резултатите на градежната активност во земјата во 2012 година од минус 3,6 проценти според есенската прогноза, на минус 5 процентно според зимската прогноза.

покрај ваквите трендови, се чини дека можеби се отвораат нови можности за деловно ангажирање на архитектите на проекти во доменот на станбената изградба како резултат на предложените измени и дополни на урбанистичката регулатива - The Town and Country Planning (General Permitted Development) Order. Со предложените промени би се овозможила полесна пренамена на деловните (канцелариски) објкети во станбени објекти. Ваквата измена би овозможила голем број на празни деловни објекти не само да се стават во употреба, туку и во релативно краток период да се обезбедат потребните нови станбени единици. Со ова

не само што се овозможува порационално користење на постојниот градежен фонд, туку и се постигнува поголема економска оправданост, со оглед на тоа што вредноста на пренаментите деловни објекти во станбени се очекува да биде значително поголема од вредноста на постојните деловни објекти за кои во моментов постои намален интерес за изнајмување или купување. Според истражуавњето на Quod, се проценува дека само во деловниот центар на Лондон би можеле да се пренаменат околу 1,2 милиони метри квадратни деловен простор во станбени единици во текот на наредните пет години. Овие проценки би требале да ги развеселат и најпесимистички настроените архитекти во земјата, со оглед на тоа што само во деловниот центар на Лондон би имало доволно можности, барем теоретски, за секој од регистрираните архитекти во земјата да испроектира по еден стан од 40 м2. И покрај овој потенцијал, за жал, нема причини за голем оптимизам бидејќи The City of London Corporation која раководи со деловниот центар на Лондон бара да биде иземена од примената на овој закон. Се проценува дека во овој дел на градот бројот на жители е намален од околу 14.000 во 1921 година на само околу 10.000 жители денес и дека 70% од изградената подна површина отпаѓа на деловни простори во кои работат околу 300.000 вработени. Како причини за побараното иземање од предложените измени во законот се наведуваат потребата за очуваување на деловниот простор, иако постојат соменевања дека постои желба за очувување на екслузивноста и контролата на овој деловен центар, таканаречената „Квадратна милја“ (Square Mile).(АЈ, 10.11.11). Евентуалното иземање на деловниот центар на Лондон од предложените измени и дополни на законот за пренамена на деловниот во станбен простор, многу лесно можат да доведат и до напуштање на предложените измени, што секако ќе придонесе за намалување на овој потенцијален извор на работа за архитектите. Веројатно мал сегмент за можно дејствување на архитектите се отвора и во рамките на потребата да се „маскираат“ побројните празни продавници лоцирани во трговските и централните градски подрачја низ земјата, при што преку креативно размислување, поставување на изложби, постери или украсување на ваквите трговски единици се прави обид да се даде привид на активен и жив дел на градот и да се надмине впечатокот дека тој дел на градот е подложен на економски тешкотии. Според едни проценки се очекува дека кризната состојба ќе потрае барем во наредните шест години, додека според други вработените се предупредуваат да не очекуваат зголемување на платите барем до далечната 2020 година. Како и да е пораката до граѓаните и до архитектите е дека ќе треба поскромно да се преживее во текот на наредната година, се разбира освен доколку не верувате во претскажувањето на Маите дека светот ќе престане да постои кон крајот на ова 2012 година.

И покрај негативните трендови дома, се чини

дека можеби се отвораат нови можности за деловно ангажирање на архитектите

на проекти во доменот на станбената изградба како резултат на предложените

измени и дополни на урбанистичката регулатива. Со предложените промени би се овозможила полесна пренамена на деловните (канцелариски) објкети

во станбени објекти

ПОРТА 10 Февруари 2012354

54

екологија

Дали обновените водни живеалишта комплетно ја враќаат својата функција како оние природните, недопрените? На ова прашање, токму на 2 февруари кога светот

го одбележа Денот на водните живеалишта, одговор даде новата студија, која открива дека на обновените водни живеалишта може да им бидат потребни векови за да го возобноват биодиверзитетот и процесот на зафаќање на јаглеродот на оригиналното живеалиште, ако воопшто тоа и можат да го постигнат. Како што пренесува „Њујорк тајмс“, од почетокот на 20 век повеќе од половината водни живеалишта, пред сè мочуришта во Северна Америка, Европа, Австралија и Кина се пресушени, за да се добие земјиште за земјоделска обработка или за изградба.

Така, според Дејвид Морено-Матеос од Универзитетот Стенфорд, еден од авторите на гореспоменатата студија вели: „Кога еднаш ќе се деградира водно живеалиште тоа не може целосно да го поврати или обнови составот на растенија или неговите богати резерви на органски јаглерод во почвата, што има долгогодишно влијание на природните циклуси на водата и хранливите материи. Дури и по 100 години обновеното водно живеалиште сè уште се разликува од состојбата претходно, а може и никогаш да не се обнови целосно“. Истражувачите разгледувале 621 обновено водно живеалиште низ целиот свет (од кои 80 отсто се на територијата на САД) и ги споредувале со 556 природни водни живеалишта. Тие, како што пренесува „Њујорк тајмс“, утврдиле дека хидрологијата се враќала на старо веднаш

по обновата на локалитетот, но резултатите варирале во делот на богатството со животински видови, растенија и хранливи материи. Новата студија открива дека за 50 до 100 години по обновата, водните живеалишта вратиле само 77 отсто во просек од нивната оригинална флора и фауна. Растенијата многу побавно се враќале во екосистемот, во споредба со животните, посочуваат научниците. Студијата открива дека во постудените региони, на водните живеалишта им е потребен подолг временски период да ги воспостават сервисите на екосистемот отколку во потоплите краишта. Водните живеалишта го поддржуваат биодиверзитетот, но дејствуваат и како пречистителни станици за водата, ја спречуваат ерозијата и се многу важни во контролата на поплавите.

Како што пренесува „Њујорк тајмс“, од почетокот на 20 век повеќе од половината водни живеалишта, пред сè мочуришта во Северна Америка, Европа, Австралија и Кина се пресушени, за да се добие земјиште за земјоделска обработка или за изградба

нови сознаниЈа на светсКиот ден на водните живеалишта

обновените мочуришта никогаш нема да го вратат полниот сјајСашо кузМАновСки

10 Февруари 2012 ПОРТА3 55

55

екологија

водните живеалишта и туризмотНа 2 февруари светот го одбележа Денот на водните живеалишта. Денот го одбележува датумот на усвојувањето на Конвенцијата за водните живеалишта на 2 февруари 1971 година во иранскиот град Рамсар, на бреговите на Каспиското Езеро. Секоја година владини агенции, невладини организации и групи граѓани ја користат приликата за да преземат мерки за подигање на јавната свест за вредноста на водните живеалишта и користа што живиот свет на оваа планета го има од нив. Темата на годинешното одбележување на Светскиот ден на водните живеалишта е „Водни живеалишта и туризам“, и е поврзана со темата на следната средба на земјите членки на Конвенцијата „Водни живеалишта, туризам и рекреација“, што ќе се одржи во јули годинава, во Букурешт, Романија. Туризмот крај водните живеалишта има корист и на локално и на национално ниво, за човекот и за дивиот свет – засилување на економијата, одржливи домаќинства, здрави луѓе и екосистеми. Околу 35 отсто од водните живеалишта што се на официјалниот список на Рамсарската конвенција, низ светот бележат некое ниво на туристичка активност. Од Конвенцијата посочуваат дека туризмот треба да се развива околу сите водни живеалишта, а не само на оние што се влезени во официјалната листа. Според препораките, за туризмот да биде одржлив треба:- Оптимално да ги користи изворите на средината што се од исклучително значење за развојот на туризмот, да ги поддржува постојните еколошки процеси во средината и да помогне да се зачуваат природните ресурси и биодиверзитетот;- Да ја почитува социо-културната автентичност на домаќините, да се зачуваат објектите и живото културно наследство и традиционалните вредности, и да придонесе за меѓукултурно разбирање и толеранција;- Да овозможи долгорочна економска корист и стабилна вработеност кај домашната заедница и надминување на сиромаштијата. Туризмот е само еден од сервисите што ги обезбедуваат водните живеалишта. Досега, Рамсарската конвенција не се осврнала на поврзаноста меѓу водните живеалишта, туризмот и рекреацијата. Конвенцијата за водни живеалишта досега ја усвоиле 160 земји во светот, меѓу кои и Република Македонија. Од нашата земја две водни живеалишта се на официјалната листа на живеалишта од меѓународно значење според Рамсарската конвенција, и тоа Преспанско и Дојранско Езеро. И двете места се значајни туристички центри во нашата земја.

ПОРТА 10 Февруари 2012356

56

хортикултура

во денешните услови на минусни температури и снежни врнежи кај нас, работите во градината стагнираат, со исклучок на задолжителното чистење на

снегот. Тој може да влијае врз растителноста на различни начини, па затоа со неговата појава може да се согледаат позитивни и негативни влијанија. Позитивната страна на снегот е тоа што дејствува како изолатор и ги штити растенијата од ладно и мраз, меѓутоа тешкиот слој на снегот може да предизвика оштетување на гранките и други делови од растенијата, така што многу е важно да знаете како да се справите со него кога ќе пристигне. Превенцијата е далеку подобра од лечењето, па затоа потрудете се да ги минимизирате штетните последици од студот и снегот. Поголема количина на снег на гранките од дрвјата и грмушките може да предизвика механички оштетувања кај нив. Натрупувањето на снегот е поголемо кај иглолисните видови, за разлика од листопадните, поради тоа што лисјата им

СнеГот во ГРадините

Филип ФиЛиПоСки, дипл.шум.инж. Позитивната страна на снегот е тоа што дејствува како изолатор и ги штити растенијата од ладно и мраз, меѓутоа тешкиот слој на снегот може да предизвика оштетување на гранките и други делови од растенијата

10 Февруари 2012 ПОРТА3 57

57

хортикултура

се паднати и немаат толку голема површина која би го задржувала снегот како иглолисните. Механичките оштетувања кај листопадните видови се јавува, пред сè, кај помладите садници. За да не дојде до несакано оштетување на поедини делови од растенијата, најдобро е снегот веднаш да се исчисти од нив. Доколку веќе дошло до какво било кршење на поедини делови од растенијата, не се двоумите нив да ги исчете. Направете го тоа со остра пила или ножици за кроење. Истото важи и за здравите дрвја и грмушки кај кои, од какви било причини подолго време се подготвувате да исечете делови од нив, или имате за цел да постигнете одредена форма. Овој период е погоден за кастрење на растенијата, додека температурите се ниски, а појавата и напад од штетни инсекти и габи невозможна. Доколку имате пластеник или стакленик, треба да ги отстраните наслагите од снег од нивните покриви за да не дојде до нивно оштетување, а со тоа би се овозможило и продор на светлина во нив. Тревниците по правило не се чистат. Избегнувајте го движењето по тревниците покриени со помал пласт на снег, бидејќи почвата под снегот е мека, не е смрзната, па така би оставиле траги врз неа, кои би изгледале неубаво кога снегот ќе се стопи. Ова не важи за деца кои би си играле во снегот, бидејќи за детската среќа вреди еден ден во пролет да се засукаат ракавите и да се поработи на рамнење на сите деформации на тревникот. Со оглед на големата моќ на рефлексија на снегот, со сета своја белина, многу атрактивно би изгледало и осветлувањето на градините под снег, во вечерните часови. Осветлувањето особено ќе добие на убавина ако за таа цел се користат светилки во сина, зелена, виолетова или црвена боја. Сепак, најдобро е тоа да биде интимно, во една до две бои за да не надвладее кичот. За крај, не смее никако да се заборави моделирањето на снегот и градењето на скулптури, како составен дел од сите градини. Така, многу често се среќаваат форми во вид на животни, ликови, замоци, како и Снешкото кој е неизбежен детаљ во скоро сите градини кај нас.

Ilex sp.Позитивната страна на снегот е тоа што дејствува како изолатор и ги штити растенијата од ладно и мраз, меѓутоа тешкиот слој на снегот може да предизвика оштетување на гранките и други делови од растенијата

ПОРТА 10 Февруари 2012358

58

градителска традиција

Надалеку познатата населба Вевчани се наоѓа на источната падина од подгорјето на планината Јабланица.Вевчани за прв пат во пишуван документ се спомнува во Душановиот

законик (1342-1345), според кој, како најбогата населба во охридскиот регион, била обврзана еден ден во неделата да го издржува со храна и други потрепштини монашкото братство, прислужниците и сите свештени лица во манастирот „Света Богородица Перивлепта“, подоцна црквата „Свети Климент“ во Охрид. Само овој податок доволно кажува за економската моќ на вевчанци, што значи дека тие како одлични печалбари - градители на цркви и разни други градежни објекти (куќи за домување, државни зданија и хотели) не само што заработувале, туку и граделе сопствени објекти во Вевчани, за живеење, одмор и стопанисување. Најдобар пример за ова е куќата на Китановци, која како градежен објект е почната да се обликува уште во ХIХ век, односно во 1898 година.

дело на дримКолсКите градителиВо Вевчани во минатото, вевчанци се делеле

на домашари и на печалбари. Печалбарите биле градежници, пред сè фасадери, кафеџии или трговци со сопствени дуќани. Водечко семејство меѓу сите печалбари биле браќата Косто, Митре и Андре Китаноски, кои работеле братски - здружено како угостители во Солун, а подоцна и во градот Галац (Влашко) во Романија. Таму толку многу напреднале во работата, што купиле повеќе објекти во градот, а во Вевчани ја изградиле сопствената куќа, еден, по многу нешто, прекрасен градежен објект за тогашно, но и за денешно време. Подготовката за изградба интензивно почнала уште во 1898 година, кога од повеќемина бил купен плац за куќата. Потоа, почнало со ископ и рамнење на теренот и со носење на потребниот градежен материјал (камен, костенови греди, песок, земја за правење кал за ѕидање) од поблиската и подалечната околина од едната (македонската) и од другата (албанска) страна на планината Јабланица. Каменот, не само за ќошињата на куќата, го делкале каменоресци од долнодримколското село Нерези и од другите околни села, додека ѕидари биле од селото Октиси и од поширокиот реон, кои минале низ

еден „пробен“ период пред газдите на објектот. Веднаш да кажеме дека во вкупниот објект - куќата, стопанскиот дел од плевната, како и авлиите што се високи три метри, како и просторот за економијата и куличето, но и подѕидувањето на јазот и целиот простор, се вградени околу 2.500 кубни метри камен, и одреден број печени тули. За четири години, колку што интензивно траела изградбата на објектот, постојано биле ангажирани и работеле 25 работници. Куќата на Китановци во Вевчани конечно е изградена во 1906 год. Целиот објект е ѕидан со кал, на места зајакнуван со многу ситна плева, а целата нејзина површина е фугирана со материјал составен од сеан песок и вар, а на некои површини со истата таа смеса помешана со јајца. Ѕидовите на приземјето и на првиот кат се дебели 80 см и целите се од камен, со тоа што се поставени дрвени појаси, кои од надворешната страна на куќата (лицето) не се гледаат. Дебелината на ѕидот за вториот кат е 60 см. Главниот влез и над вратата од приземната просторија и нејзиниот прозорец има три свода (еркери), обликувани во комбинација на делкан камен и печани тули.

Податокот дека мината година е одбележана 106 годишнината од изградбата на овој градежен објект, доволно зборува за економската моќ на сопственикот и уште повеќе за неговиот вкус да изгради живеалиште во кое сите ќе се чувствуваат задоволни...

Мишо китАноСки

106 години на куќата на Китановци во Вевчани

10 Февруари 2012 ПОРТА3 59

59

градителска традиција

Куќата има високо поткровје, а двете страни се обиколени со убаво обликуван симс на две нивоа. Кровот на објектот, до 1946 година, почнуваше со поцинкуван лим во два реда (240 сантиметри) и олуци, а потоа продолжуваше со керамиди. При првото пречатисување таа година, лимот беше отстранет заедно со олуците, а второто пречатисување на куќата е направено во 1994 год. Меѓуспратовите се делеа со врати, кои хоризонтално се спуштаа и се потпираа со греди, кои влегуваа во специјално направените два отвора во ѕидот. Во приземјето има една огромна просторија на две нивоа, која била планирана да биде дуќан со винарија. На првиот кат има две простории со иста површина и една помала, голем ходник со мал амбар кој завршува на едната страна со простор отворен кон улицата и заграден до половината со ковано железо, а на другиот крај преку вратата се излегува во дворот и во останатите простории за стопанисување, но и до чешмата. Во едната просторија, која служи за кујна има камин и отвор на рерна од ѕидана печка, чиј дел за греење е во соседната соба. На првиот кат има 7 двокрилни прозорци и еден значително поголем со дрвени капаци, кои навечер до следното утро се затвораа, така што куќата ноќно време изгледаше како да е потоната во темнина, и како во неа да не живее никој. Интересно е уште да се каже дека, како што се граделе катовите на куќата, така на самото место се изработувала и се вградувала дрвенаријата од костен: скалите, прозорците со капаците, долапите (на првиот кат ги има три) што не може да се извадат надвор од просториите поради нивната големина и висина. Вториот кат е изграден комбининарно, од печени тули и камен. Предниот и бочниот ѕид на првиот и на вториот кат, според сведочењето на повеќемина постари вевчанци и на професорот Живко Поповски од Архитектонскиот факултет

во Скопје и негови двајца колеги од истиот факултет во Белград, при една дамнешна посета, тврделе дека вградените тули биле изработени во Белгија, а преку Солун донесени специјално за куќата на Китановци во Вевчани. Исто така, вториот кат го краси балкон, две големи по површина одаи и една помала одаја како и ходник, од кој преку врата се излегува на вториот балкон кон дворот, преку кој се одеше во останатиот дел од објектот - во стопанскиот дел. Двокрилните прозорци на број 10, имаа капаци... Уште една карактеристика за овој објект е важно да се истакне. Имено, во двете соби и ходникот на вториот кат, уште во тоа време бил поставен патос од костенови штици дебели 3 до 4 см, а вратите се убаво украсени и имаа вградено оков донесен од Солун. Од ова можеме да заклучиме и да тврдиме дека во куќата на Китановци за прв пат во охридскиот региот е поставен патос, а двата нужника на катовите се изградени од цемент, што за тоа време, исто така, било економски невозможно, или пак, тоа можеле да си го дозволат само богатите, какво што било семејството Китановци во Вевчани.

придружни обЈеКтиУште неколку карактеристики се значајни да се набројат за куќата на Китановци, која конечно била изградена во 1906 година, од кога и почнало во нејзе да се живее. Но, делот во кој била сместена стоката, а на вториот кат - амбарите и просторот за друга намена, ја чинат целината - композицијата на градежниот објект, потоа тука доаѓаат авлиите што го обликуваат широкиот двор од трите страни, а се високи три метри, како и голема порта... На вториот кат од овој дел на куќата, имаше излез кој беше продолжен со мост, над јазот, преку кој се излегуваше од куќата во бавчата, во која беше сместена плевната (за чување на добиточна храна) и овоштарникот. Мостот беше заграден со костенови штици од двете страни со мал кров на две води, а од страните имаше поставено две клупи за одмор и уживање.Над малиот простор меѓу ѕидот и куќата и ѕидот над јазот од бавчата, може да поминува само човек, но не и поголеми товари. Од ова сосема јасно се гледа дека во куќата на Китановци се влегува и излегува од три страни. Оваа предност била користена во текот на НОБ, кога од 1942 година, па до ослободувањето во нејзе биле одржувани состаноци, престојувале истакнати борци, а биле чувани и лекувани партизани - борци. Во знак на тоа, на куќата на Китановци во 1954 година, е поставено спомен обележје... Во просторот над јазот покрај плевната, од градежни објекти беше подигната мала кула (куличе). Во куличето, во немирните времиња, бил ангажиран чувар - сејман, кој во него престојувал само ноќе. Тој немал право да влегува во дворот и во куќата. Бавчата со двата објекти беше заградена со високи ѕидови од камен, а има и подѕидан дел... Исто така, куќата имала и своја чешма која се

наоѓала во дворот, а според сведочењето на нејзините жители, водата била донесена преку земјени мали цевки, специјално изработени за оваа потреба, дури од вевчанскиот извор. Но, куќата во приземјето имала и сопствен бунар за вода, единствен во Вевчани. Тој бил направен во една од четирите варници, откога завршила изградбата на куќата и откога била вселена за живеење. Во варниците се гаснела варта која служела за правење на малтерот за фугирање и за мачкање на внатрешните простории.Да го додадеме уште ова: во една од големите одаи на вториот кат, постои простор во ѕидот, во кој е сместена иконата на Св. Богородица, донесена од Одеса, а ја осветиле три попа при вселувањето на семејството за живеење во куќата. Во малата одаја, исто така на вториот кат, стои големо огледало со резба на краевите од рамката, донесено од Солун, како и комплет намештај: фотелји, (канабиња) и тросед купени во Солун, а донесени во куќата на почетокот на 1908 година. Од ова се гледа дека куќата на Китановци по многу нешто била независна, односно изолирана од надворешниот свет (сопствена вода, покривањето со капаци на прозорците, никако да не се гледа светлото во просториите, вратите се затворале со железни канџи, како и изолираноста на катовите еден од друг со врати кои се спуштале хоризонтално...). А во дворот, што во најголем дел од минатото бил покриен, и денес се чува каменот на кој е забележана годината кога била изградена претходната куќа, но на друго место - 1872 година, додека на сегашната куќа на Китановци, од двете страни сведок за нејзината градба е изделкана годината во каменот - 1906, што е најдобар сведок за постоењето на објектот дури 106 години.

ПОРТА 10 Февруари 2012360

60

сеќавање ЈанКо Константинов 1926-2010

аКварЕлНИТЕ оДБлЕСоцИ На КонСтантинов в

о развојот на современата македонска архитектура, меѓу творците што на оваа архитектура ѝ дадоа особен белег и ја издигнаа на авторитативно ниво, едно од најзначајните места му припаѓа на архитектот Јанко

Константинов. Тој несомнено спаѓа во оние творци кои имаат богато повеќекратно кодирано творештво. Константинов проектираше монументални градови, препознатливи по своите современи облици. Истовремено, тој во својот живот остави впечаток и во ликовното творештво. Со акварелната четка, тој создаваше колористички предели, нуркаше по сините одблесоци на езерските води, и од заборав оттргнуваше амбиенти на старата градска архитектура. Неколку стотини акварели, Јанко Константинов ги подари во музејот во родниот град Битола. Дел од овие акварели ги прикажуваме во овој број на нашето списание, како омаж по повод годишнината од неговото заминување од овој свет.

10 Февруари 2012 ПОРТА3 61

61

дизајн

Плочите оД МојаТа младоСт

Купувањето плоча во лонгплеј формат или познат како музички албум, значеше и купување на убаво спакуван производ. Слично на издавачите на книги и списанија, па можеби и нешто како убаво спакуваните храна и играчки, обвивката на плочите секогаш привлекувала.Ангел СитновСки, дипл.инж.арх.

За оние на моја возраст, родени во педесеттите, па и во шеесеттите години на минатиот век, купувањето на музика се сметаше за нешто посебно! Тоа не беше само желба да се има некоја песна, која

сте ја слушнале на радио и која сакавте да ја слушате и дома! Тоа беше вистинска возбуда, да се има грамофонска плоча на омилената група и да се држи во рацете; возбуда да се дружите со музичките истомисленици и да разменувате музички искуства. Купувањето плочи, особено оние во лонгплеј формат, од 1963 година до некаде крајот на осумдесеттите години од минатиот век, за мене и многумина како мене, значеше дека сте вистински вљубеник во музиката, дека знаете што се случува на светската музичка сцена, кој ги напишал песните, кој е продуцент на снимениот албум и за која етикета истиот е издаден. Купувањето плоча во ЛП формат или познат како музички албум, значеше купување на убаво спакуван производ. Слично на издавачите на книги и списанија, па можеби и нешто како убаво спакуваните храна и играчки, обвивката секогаш привлекувала. Производителите на музичките изданија признаваат дека купувачите многу често го купуваат албумот поради неговата обвивка! Така, најдобрите музички изданија често имаа најпривлечни обвивки. Конфучие велеше дека сликата вреди повеќе од 10.000

зборови. Обвивките на плочите кажуваа многу. Во многу албуми на поп и рок музиката се додаваа и неколку страници со слики и текстови на песните, т.н. „буклет“, нешто што подоцна кога се појавија компакт дисковите стана редовна појава. Кај џез изданијата, како и кај оние од класичната музика, исто така, на обвивките имаше многу корисни информации и фотографии од музичарите како и фотографии од нивните настапи. Обвивките беа поттик за графичкиот дизајн од шеесеттите години на минатиот век, но денес музичката индустрија како да ја напушти својата улога на покровител на уметнички иновации. Можеби една од причините е усвојувањето на други пософистицирани техники за маркетинг, а можеби причината лежи и во тоа што изведувачите денес сакаат да имаат контрола врз изгледот на обвивката. Денес, за обвивките не одлучуваат уметниците, фотографите и дизајнерите, туку изведувачите и сопствениците на големите музички куќи. Нешто слично на она што денес се случува кај нас, во реалниот свет; за изгледот на Скопје не одлучуваат архитектите, уметниците, оние што се најповикани за тоа, туку политичарите што немаат познавања за уметноста и архитектурата, и за тоа како се гради град! Јас сум архитект и пасиониран дискофил и не можев, а да не го споменам ова и да ја направам оваа споредба! По изгледот на обвивката лесно можеше

да се препознае која музичка куќа го има издадено албумот. За мене едни од најдобрите, во ликовна смисла, беа изданијата на британската дизајнерска група Hipgnosiѕ, која престана со својата активност кон крајот на 1983 година, како и обвивките на музичката куќа ЕСМ од Германија. ЕСМ е мала и независна издавачка куќа од Минхен, и во текот на своето триесетгодишно постоење, под водство на основачот Манфред Ајхер, постојано објавува изданија, чии обвивки имаат таинствена и едноставна убавина. Игнорирајќи ги дизајнерските трендови, етикетата одржува визуелен идентитет кој совршено го изразува нивниот современ музички стил. Во овие денешни времиња, кога многумина преснимуваат компакт дискови, или пак ги симнуваат од Интернет, се изгуби страста за колекционерство, ја снема возбудата на набавка и преслушување на некое ново музичко издание!? Полека исчезнуваат и продавниците, музичките салони каде што можевме да видиме стари и нови изданија, да ги слушнеме и допреме нивните обвивки! Секако дека музиката, како и секој друг производ била стока која се продава за пари, а како и секој производ и таа зависи од условите на пазарот! Но, денес, за жал, музиката е артикл на компресиран звук - правата музика речиси изумира. Ги снемува плочите и нивните преубави обвивки, го снемува еден од најубавите производи на мојата младост!

ПОРТА 10 Февруари 2012362

62

совети

Над продажно-деловниот простор во зградата имам три стана. Сакам да ги опремам луксузно со оглед на големината на просторите, но имам потешкотија како да ги уредам. Ве молам за совет.

Филиповски, Скопје

ЛУКСУЗЕН АПАРТМАН

Крајна цел на ентериерното уредување на вашиот апартман треба да биде спојот на

репрезентативноста и луксузот со пријатноста и топлината на домот. За да се постигне тоа потребни се големи естетски вложувања и во најситните детали. Станот треба да покажува луксуз, елеганција, гламур и ексклузивност. Во импозантната дневна соба се влегува преку хол во кој лустерите што излегуваат од кружните отвори во спуштениот плафон прават контраст на едноставните прави линии и даваат прв уметнички впечаток. Гранитниот под од холот продолжува и во кујната и во дневниот простор. Кујната е крајно едноставна, минималистичка во обликувањето, во бела боја каков што е и подот, а акцентот се става на пултот со работна плоча од црн гранит. Поради комотноста на просторот, во дневната соба е дозволено мешање на стилови и употреба на контрасти. Сиво-белата комбинација на големите површини е акцентирана со кафеавата боја на еден ѕид во собата, седечката гарнитура и драпериите на прозорците. Играта продолжува со употреба на дрвото како природен материјал во изработката на комодите, трпезариската маса, столовите и клубските масички. И осветлувањето придонесува на гламурозниот изглед. Во дневната соба доминира спуштениот плафон во кружна форма, од чиј центар се спушта голем стаклен лустер. Дневната соба се отвора кон големата тераса со дел за седење и дел со џакузи када, врамени во раскошно балконско зеленило.

Билјана СтевковСкА-САвиЌ, дипл.инж.арх.

[email protected]

потоа

пред

3 63

63

10 Февруари 2012 ПОРТА

најчудни градби

Познати се примерите на одлично изградени цркви, катедрали или капели, кои просто пленат со изгледот

и конструкцијата. И тоа како по правило, секогаш е во релација со религијата, која има најголем интерес да гради вакви градби. Но, откако ќе ги погледнете фотографиите од прилогот во овој број, сосема сме сигурни дека ќе ја поделите нашата констатација, а тоа е дека читате за најчудната капела во светот. Уште почудно е што таа не е дел од некаква религиска институција, туку од воена структура. Имено, во 1962 година е изградена можеби единствената, грандизона и импозантна капела во САД. Таа е дел од Воената воздухопловна академија на САД која се наоѓа во Колорадо Спингс во сојузната држава Колорадо. Нејзиното официјално име е Кадетска капела. Дизајнирана е од архитектот Волтер Неч од Чикаго, а изградбата ја реализирал Роберт Мекги од Санта Фе од Ново Мексико (САД). Иако во екот на градењето била прогласена за контраверзна, таа денес се смета за типичен пример на модернизмот во архитектурата, а во 2004 година е прогласена за национално обележје на САД. Најчудниот, но и најважен аспект на Кадетската капела е редот од 17 кубиња, или поинаку кажано триаголни структури кои го сочинуваат телото на објектот. Оригинално биле планирани 19, но заради недостаток во буџетот, биле направени само 17. Структурата е тубуларна челична рамка во форма на тетрахедрон, секој со големина од 23 метри, поединечно тежок пет тони и врамен со алуминиумски панели. Тетрахедронските форми имаат разлика од 20 сантиметри, со што создаваат мало растојание во рамката кое е пополнето со мозаично стакло со дебелина од 25 милиметри. Од друга страна, структурата на кубињата се вметнати во триаголни алуминиумски панели и секое е одделено од другото со мозаици во различни бои кои особено доаѓаат до израз во вечерните часови. Што се однесува до техничките специфики, Кадетската капела е висока 46 метри а широка 26 метри. Предната фасада која се наоѓа од јужната страна

има гранитен приод во вид на скалила комбинирани со метално-алуминиумски држачи. Тие се спојуваат со влезот кој го сочинуваат седум алуминиумски врати кои имаат боја на злато. Вкупно за изградбата на капелата, вклучително и надворешното опкружување, се потрошени 3,5 милиона долари. Додека во внатрешноста, поголемиот дел од инвентарот е донација на различни асоцијации и здруженија од цела Америка. Во 1959 година била одржана масовна прослава на Велигден, со цел да се соберат средства за доуредување на објектот. Капелата е важна, бидејќи е дизајнирана со цел да обедини различни сегменти од христијанството: капелата на светците од Франција и Базиликата на Свети Франциско од Италија. Затоа и архитектот Неч ја поделил капелата на два дела, и на тој начин создал вкупно три нивоа. Едниот припаѓа на протестантите, другиот на католиците и третиот на еврејскиот дел. Под ова ниво се наоѓа едно единствено кое им припаѓа на сите молитвени групи. Сепак, поделеноста е така направена што секоја религиозна група има свој сопствен влез, и нема мешање на црковните церемонии дури и кога се одвиваат во исто време. Протестантскиот дел од капелата е главен и има 1200 места за седење. Има површина од 51 х 29 метри и завршува со огромниот олтар на чиј крај, на мозаичното стакло се наоѓа огромен алуминиумски крст со височина од 14 метри. Католичкиот дел е веднаш до протестантскиот и има седишта за околу 500 верници со површина од 34 х 5 метри. Овој дел содржи мермерни скулптури наБогородица и на Архангел Гаврил. На крајот е еврејскиот дел, има најмала површина од 13 х 4 метри и е во полукружна форма, непосредно до самото фоаје. Без оглед на намената, објектот го посетуваат самите кадети кои се дел од воената-аеро обука на Американските воени сили со можност за пристап и на цивилни лица. Со оглед на важноста што ја има и на бројните награди, оваа капела има голема посетеност која сè повеќе ја претвора во цивилна-религиска структура, освен името кое секако асоцира дека историјата ја почнала како кадетски верски објект.

КаПела во воена БаЗа

Драган риСтов

ПОРТА 10 Февруари 2012364

64

подготви:Сандра ДонЧевА теохАровА, дипл.инж.арх.

излог

1. niels столица од Hugues Klein

2. Innolux светилки од финскиот бренд Innojok

3. Висечки лустер „подна ламба“ од германскиот бренд Kare

4. Столици направени од материјалот на новата генерација мебел Lg Hi-Macs

5. Фотелја од Ligne Roset

1

10 Февруари 2012 ПОРТА3 65

65

излог

4

5

2

3

IMM CoLognE 2012

ПОРТА 10 Февруари 2012366

66

јавни набавки

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 6/2012

ЗАКОНЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ПОДЗЕМНИ И НАДЗЕМНИ

ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ И ПРИДРУЖНИ ИНСТАЛАЦИИ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 13/2012Назив на договорниот орган:Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ: Изведба на фонтана во населба Лисиче.Контакт тел/факс: 2401-548, 02 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска.Јавно отворање на понудите на ден 10.02.2012 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 7/2012

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА

ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС Г2, ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА

ИНДУСТРИЈА, КО ОРОВНИК, ОПШТИНА ДЕБАРЦА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА

ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ Р-103,

СКОПЈЕ-ВЕЛЕС, КО ТРУБАРЕВО, ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ФОТОНАПОНСКА

СОНЧЕВА ЦЕНТРАЛА, КО КРУПИШТЕ, ОПШТИНА КАРБИНЦИ

ПРОГРАМАЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ИЗГРАДБА, РЕКОНСТРУКЦИЈА,

ОДРЖУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИ И ОПРЕМУВАЊЕ НА КАЗНЕНО-ПОПРАВНИТЕ И ВОСПИТНО-ПОПРАВНИТЕ УСТАНОВИ ЗА 2012 ГОДИНА

ПРОГРАМАЗА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА

ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ЗА 2012 ГОДИНА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 8/2012

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА

ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА, КО МРАЛИНО, ОПШТИНА ИЛИНДЕН

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН

НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ДЕЛ ОД СЕЛО МОКРИЕВО – БЛОК 1 КО МОКРИЕВО, ОПШТИНА НОВО СЕЛО

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА

ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ИЗГРАДБА НА СТОПАНСКИ

КОМПЛЕКС ВО ВЕЛЕШТА ОПШТИНА СТРУГА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА

ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА КО ГЕВГЕЛИЈА, ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ЗА ИЗГРАДБА НА МАЛА ХИДРОЕЛЕКТРАНА СО РЕФ.БР.258, СО ПРОПРАТНИ ОБЈЕКТИ НА ВОДОТЕКОТ НА

МАЛА РЕКА, КО БАЗЕРНИК, ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА

ДОКУМЕНТАЦИЈА, ЗА ИЗГРАДБА НА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС СО НАМЕНА Г2- ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА

ИНДУСТРИЈА, КО ОРМАН, ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА

ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА

УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА МРЕСТИЛИШТЕ ЗА РИБИ – РИБНИК, КО ДЕМИР КАПИЈА, ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА

ДОНЕСУВАЊЕ ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ЗА ИЗГРАДБА НА ОТКУПНО –

ДИСТРИБУТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ОТКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ КО СУВО ГРЛО, ОПШТИНА ШТИП

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА

ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА

ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНА ВОДА И ЕКСТРАКЦИЈА НА CO2, ВО КО МОГИЛА, ОПШТИНА МОГИЛА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО

МЕСТО, ЗА ЛОКАЛИТЕТОТ “МАЛО СТОПАНСТВО-ДРЕНОВО“ КО ДРЕНОВО, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА

ДОКУМЕНТАЦИЈА, ЗА ИЗГРАДБА НА БЕНЗИНСКА СТАНИЦА, КО ДОЛНО СВИЛАРЕ, ОПШТИНА САРАЈ

ГОДИШНА ПРОГРАМАЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА

ИНФРАСТРУКТУРА ЗА 2012 ГОДИНА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 9/2012

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА “УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО

ЛЕШОК БЛОК 22 И 22А“ КО ЛЕШОК, ОПШТИНА ТЕАРЦЕ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 13/2012Назив на договорниот орган:Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, ул. “Орце Николов“ бр. 138, Скопје, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Градежни работи за изградба на објект Катна гаража 6.7 Мал Ринг во Скопје.Контакт тел/факс: 072 260-910, 02 3111-195, лице за контакт: Лидија Мицева.Јавно отворање на понудите на ден 05.03.2012 год.

БРОЈ: 01/2012Назив на договорниот орган:Општина Центар, ул. “Михаил Чоков“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Вршење на стручен надзор над изградба на комплекс фонтани и партерно уредување на плоштад Пресвета Богородица.Контакт тел/факс: 3203-642, 3211-089, лице за контакт: Катерина Крстоска.Јавно отворање на понудите на ден 07.02.2012 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 11/2012

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ,

ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗРАБОТКА НА ОТКУПНО – ДИСТРИБУТИВЕН ЦЕНТАР ЗА СВЕЖО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК, КО НЕГОРЦИ, ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

ОДЛУКАЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА

ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС КО ЖЕЛИНО, ОПШТИНА ЖЕЛИНО

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 12/2012

ГОДИШНА ПРОГРАМАЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ И ДРЖАВНА И ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО 2012 ГОДИНА

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА ИНДИВИДУАЛНО ДОМУВАЊЕ ВО ОПШТИНА КАРПОШ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 06/2012Назив на договорниот орган:Министерство за здравство, ул. “50 Дивизија“ бр. 6, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Замена на прозорци во ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје.Контакт тел/факс: 3112-500, 3113-014, лице за контакт: Ангелчо Трајановски.Јавно отворање на понудите на ден 14.02.2012 год.

БРОЈ: 05-68/3/2012Назив на договорниот орган:ЈЗУ Градска општа болница “8-ми Септември“ Скопје, ул. “Париска“ бб Скопје, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Демонтажа на стар и монтажа на нов спуштен плафон од типот Амстронг-планет.Контакт тел/факс: 02 3087-409, 3087-455, лице за контакт: Ванчо Алачки.Јавно отворање на понудите на ден 14.02.2012 год.

БРОЈ: 4/2012Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Реконструкција и воведување на кружен тек на раскрсница на бул. “Партизански одреди“, ул. “4-ти Јули“ и ул. “Македонска војска“.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Јавно отворање на понудите на ден 14.02.2012 год.

БРОЈ: 17/2012Назив на договорниот орган:Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на детални урбанистички

планови и урбанистички планови.Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска.Јавно отворање на понудите на ден 15.02.2012 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 13/2012

ЗАКОНЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ

НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ

ОБЈАВА број 5ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ОБЈАВА БРОЈ 19 (25.01.2012)ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА

ИЗГРАДБА НА ВИКЕНД КУЌИ ВО ОПШТИНА ДОЈРАН

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА

НА А1-СЕМЕЈНО ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ КУЌИ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 07-01/2012Назив на договорниот орган:Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на техничка документација на ниво на проект за Инфраструктура и Основен проект за делови од патот Градско – Прилеп.Контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска Богдановска.Јавно отворање на понудите на ден 20.03.2012 год.

БРОЈ: 05-11/3/2012Назив на договорниот орган:Општина Ѓорче Петров, ул. “Ѓорче Петров“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Вршење на стручен надзор при изградба и реконструкција на улици во Општина Ѓорче Петров.Контакт тел/факс: 2039-307, 2033-309, лице за контакт: Борис Петров.Јавно отворање на понудите на ден 15.02.2012 год.

БРОЈ: 06/2012Назив на договорниот орган:Општина Карпош, бул. “Партизански Одреди“ 68, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на техничка документација за проекти од инфраструктура за потребите на Општина Карпош.Контакт тел/факс: 02 3079-694, лице за контакт: Милена Марковиќ.Јавно отворање на понудите на ден 14.02.2012 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 14/2012

ОБЈАВА БРОЈ 18 (24.01.2012)ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ВАСИЛЕВО

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 07/2012Назив на договорниот орган:Министерство за здравство, ул. “50-та Дивизија“ 6, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Реновирање и адаптација на просториите во ЈЗУ Општа градска болница “8-ми Септември“ Скопје.Контакт тел/факс: ++389 (0) 3112-500, 02 3113-014, лице за контакт: Марјан Витанов.Јавно отворање на понудите на ден 16.02.2012 год.

БРОЈ: 01/2012Назив на договорниот орган:БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје, бул. “8-ми Септември“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба на рекреативен аква парк во комплексот на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје.Контакт тел/факс: 071 248-951, лице за контакт: Роберта Теова.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 15/2012

ОБЈАВАЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО

ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ШТИП

GEZE Систем за одвод на чад и топлина (RWA)

Кога се работи за отворање и затворање на прозорци, ГЕЗЕ понудува решенија за најразлична примена.

Широката палета на производи вклучува голем избор на погонски системи за дневна вентилација и

отстранување на чад за да се добие комплетно проветрување и безбеден и брз одвод на чад (NRA).

Иновативни системски решенија - ГЕЗЕ е една од водечките светски производители на градежно-

технолошки производи во сферата на технологија на врата, прозорци и сигурносна технологија.

Технологија на врати | Автоматски системи за врати | RWA и Вентилациски ситестеми | Сигурносна Технологија | Системи за стакла

BEWEGUNG MIT SYSTEM

ГЕЗЕ Бугарија – ТП | 61 Б Пирински проход | 4 сп. Офис 5 | 1680 София | [email protected] | тел: +359/24704373 | www.geze.com

БЕЗБЕДНОСТ СО МОЌНА ВЕНТИЛАЦИЈА