priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е...

44

Upload: others

Post on 21-May-2020

22 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

1

Page 2: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи
Page 3: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

3Скопје, 2018 година

Прирачник за медиумска писменост за млади, за медиуми и за граѓански организации

Page 4: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

4

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

CIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје

37:316.774(035)

ПРИРАЧНИК за медиумска писменост за млади, за медиуми и за граѓански организации / [уредници Михајло Лахтов, Жанета Трајкоска]. - Скопје : Висока школа за новинарство и за односи со јавноста, Институт за комуникациски студии, 2018. - 41 стр. : илустр. ; 25 см

Публикацијата е во рамки на проектот: „Медиумската писменост во ера на наплив од информации: основање коалиција за медиумска писменост“. - Фусноти кон текстот

ISBN 978-608-4805-10-6

а) Медиумска писменост - ПрирачнициCOBISS.MK-ID 109144586

Издавачи: Висока школа за новинарство и за односи со јавноста Јуриј Гагарин 17/1-1, Скопје, Македонија www.iks.edu.mk www.vs.edu.mk

За издавачот: Жанета Трајкоска

Автори на публикацијата се група предавачи и соработници на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и на Институтот за комуникациски студии и на Институтот за различности во медиумите од Лондон, Велика Британија

Уредници: Михајло Лахтов, Жанета ТрајкоскаЛектура: Татјана Б. Ефтимоска Дизајн и техничка обработка: Љубен Димановски

Печати: Винсент Графика - СкопјеТираж: 200

Изработката и печатењето на публикацијата „Прирачник за медиумска писменост за млади, за медиуми и за граѓански организации“ е овозможено со финансиска поддршка на Европската Унија во рамки на проектот „Медиумската писменост во ера на наплив од информации: основање коалиција за медиумска писменост“ што го реализира Високата школа за новинарство и за односи јавноста во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон, Велика Британија и со дневниот весник „Нова Македонија“. Наведените мислења на оваа публикација се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата на Европската Унија.

Page 5: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

5

Содржина Содржина

ВОВЕД...................................................................................................................................6

I ШТО Е МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ...................................................................................8

II МЛАДИТЕ И МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ.................................................................20

III МЕДИУМИТЕ И МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ..........................................................30

IV ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ.............................36

Page 6: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

6

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

ВОВЕД

Page 7: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

7

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Ако мислите дека во последно вре-

ме светот се менува премногу брзо,

почекајте да видите што ќе се слу-

чува во следните неколку декади.

Истражувањето2 кое го објави ДЕЛ

Технологии во јули 2017 година покажува

дека 85% од работните места кои ќе постојат

во 2030 година сè уште не се измислени.

„Темпото на промени ќе биде толку брзо

што луѓето, користејќи нови технологии, ќе

ги научуваат работите во истиот момент.

Вештината да се стекнат нови знаења ќе

биде поважна од самото знаење“, стои во

изјавата на ДЕЛ Технологии3.

Во таквиот нов свет, квалификациите и

знаењето ќе бидат важни, ама не доволни.

Критичкото размислување, медиумската

писменост и дигиталната писменост ќе би-

дат предност за оние кои ќе ги поседуваат,

но и сериозен недостаток за оние кои нема

да ги поседуваат. Па и денес, за една лич-

ност успешно да учествува во јавниот жи-

вот, вклучувајќи го бизнисот, политиката и

општествените активности, потребно е да

биде медиумски писмена. Медиумски пис-

мена популација е популација која е инфор-

мирана, ангажирана и одговорна во корис-

тењето на медиумите и како конзумент, но и

како создавач.4

Овој прирачник е дел од проектот „Меди-

умска писменост во ера на наплив на инфор-

мации: Македонска коалиција за медиумска

и информациска писменост“5 финансиран

од Европската Унија. Неговата цел е да ги

поттикне учениците, студентите, наставни-

ците и професорите, граѓанските активисти

и медиумите критички да размислуваат за

светот што нè опкружува, да им помогне по-

лесно да се снаоѓаат во морето од инфор-

мации, но и да ги научи како поефикасно и

поодговорно да создаваат медиумски содр-

жини и да ги користат медиумите како пре-

дуслов за активно граѓанство.

Прирачникот започнува од основите,

објаснува што е медиумска писменост и кои

се нејзините главни компоненти. Низ раз-

личните поглавја, се обраќа кон повеќе цел-

ни групи, кон младите, медиумите и граѓан-

скиот сектор, обидувајќи се на сите да им

објасни зошто е важно да се биде медиум-

ски писмен и каква е улогата на сите нас во

описменување на нашите граѓани.

„Човекот што не чита нема ама баш ни-

каква предност пред оној којшто не знае да

чита“6, рекол Марк Твен. Да читаме и да пи-

шуваме, да ги анализираме и да ги процену-

ваме медиумските информации кои ги кон-

зумираме секојдневно и да не дозволиме да

бидеме изманипулирани.

1 Види: https://www.goodreads.com/quotes/1799-the-world-as-we-have-created-it-is-a-process 2 Види: https://www.delltechnologies.com/content/dam/delltechnologies/assets/perspectives/2030/pdf/SR1940_IFTFforDellTechnologies_Human-Machine_070517_readerhigh-res.pdf 3 Види: https://www.huffingtonpost.ca/2017/07/14/85-of-jobs-that-will-exist-in-2030-haven-t-been-invented-yet-d_a_23030098/ 4 Види: http://mediacoacheurope.eu/ 5 Види: http://medium.edu.mk/za-nas/za-proektot6 Види: http://quodid.com/quotes/52/mark-twain/the-man-who-does-not-read-has-no

„Светот којшто го создадовме е производ на нашите умови и не може да се промени сè додека ние не го промениме нашето размислување.“1

Алберт Ајнштајн

Page 8: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

8

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

I

ШТО Е МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ?

Page 9: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

9

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Никогаш претходно во историјата

човекот не бил во таква зависност

и интеракција со медиумите. Ос-

вен кога спиеме, речиси и да нема

дел во денот кога немаме допир

со некаков медиум, дали е тоа телевизија, ве-

сник, музика, социјални мрежи, е-пошта, кни-

га или, на пример, билборд што случајно ни

се испречил додека поминуваме улица.

Затоа денес, повеќе од кога било претход-

но, важно е да сфатиме како функционираат

медиумите, како влијаат врз нашите животи и

врз сè што нè опкружува, но и да научиме како

правилно да ги користиме и како поефикасно

ние да создаваме медиумски содржини.

Што е медиумската писменост и што зна-

чи да си медиумски писмен? Медиумската

писменост е концепт што се базира врз тра-

диционалната писменост и нуди нови форми

на читање и пишување, односно разбирање

и создавање на медиумските содржини.

Дефиницијата која ќе ја користиме за

потребите на овој прирачник е на амери-

канската Национална асоцијација за меди-

умска писменост.7

Медиумската писменост е способноста

да се пристапи, анализира, проценува и

создава медиумска содржина во најразлич-

на форма и на крај, да се делува или да се

користи таа содржина.8

Таа е неопходен и неизбежен одговор на

комплексната дигитална реалност која ево-

луира со огромна брзина и нa изобилието ин-

формации со кои секојдневно се соочуваме.

Денеска, информативните, забавните и

едукативните содржини содржат комплекс-

ни комбинации од зборови, слики, видеа и

звуци, кои од нас бараат соодветни вештини

што треба да ни помогнат соодветно да ги

разбереме, да ги процениме и да ги корис-

тиме, но и самите да ги создаваме и да ги

дистрибуираме нашите сопствени пораки.

За да бидеме медиумски писмени, најваж-

но од сè е да го развиваме критичкото раз-

мислување, како предуслов во носењето

правилни одлуки во сите сфери на живеење.

»ПРИСТАП

Ако овој прирачник сте го симнале од

веб-страницата www.medium.edu.mk, тоа

значи дека имате пристап до интернет, има-

те компјутер, таблет или паметен телефон,

и знаете да пристапите и да симнете доку-

мент од некоја страница.

Според истражувањето на Институтот

за комуникациски студии и М-Проспект9,

73,6% од испитаниците користат интернет

дома или на работното место/образовната

институција, додека 27,4% не користат ин-

тернет, што значи дека речиси две третини

од македонските граѓани имаат пристап до

интернет. За дел од нас, кои сме постојано

поврзани на интернет преку нашите мобил-

ни телефони и сите домашни уреди, приста-

пот до секаков тип медиумски содржини е

нешто вообичаено и нормално. Но постојат

места и луѓе кои немаат таква можност.

Земја со најмала интернет-пенетрација е

Еритреја, каде што само 0,91% од жителите

имаат интернет. Еритреја е позната и како

африканската Северна Кореја, кога станува

збор за изолацијата на граѓаните и лошата

ситуација со човековите права. Источен Ти-

7 National Association for Media Literacy Education Види: https://namle.net/about-namle/contact/ 8 https://namle.net/publications/media-literacy-definitions/9 Повеќе детали за истражувањето објавено на 14 септември 2018 се достапни на веб-страницата www.stopdezinformacii.mk. Види објава со наслов:

„Недоволно ги проверуваме вестите што ги читаме на социјалните медиуми“

Page 10: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

10

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

мор, остров северно од Австралија, има само

1% интернет-пенетрација и е втората најло-

шо поврзана земја во светот. Следи Мијанмар

со 1,16%, потоа Бурунди со 1,39% и Сиера

Леоне со 1,49%. Осум од десетте најлошо

поврзани земји се од Африка. Во овие земји,

ниту двајца од сто граѓани немаат пристап

до интернет, а интернетот е привилегија за

малиот процент богати луѓе во земјите, и за

мажите, многу повеќе отколку за жените10.

10 Види: http://fortune.com/2015/10/06/worst-internet-access/ 11 Internet Live Stats http://www.internetlivestats.com 12 Види: https://www.theverge.com/2016/7/4/12092740/un-resolution-condemns-disrupting-internet-access 13 Член 19. Секој има право на слобода на мислење и изразување. Ова право ја вклучува и слободата да се застапува одредено мислење без никакво вмешување и да се бараат, да се

примаат и да се даваат информации и идеи преку медиумите и без оглед на границите.

Во јули 2016 година, Советот за човеко-

ви права на Обединетите нации донесе не-

обврзувачка резолуција со која ги осудува

земјите кои намерно го нарушуваат приста-

пот на граѓаните до интернет.12 Резолуцијата

се базира врз претходните заклучоци на ОН

за дигиталните права, потврдувајќи го ставот

на организацијата дека „правата што ги има-

ат луѓето офлајн мора да бидат заштитени и

онлајн“, особено слободата на изразување-

то, опфатена со членот 1913 од Универзална-

та декларација за човекови права.

Оваа резолуција, иако нема обврзувач-

ки карактер, е мошне значајна и доаѓа во

момент кога многу влади почнаа да го иск-

лучуваат пристапот до интернетот или до

одредени негови делови, со изговор за без-

бедносни ризици. Ваквите чекори го оне-

возможуваат или го скратуваат правото на

граѓаните во овие општества слободно и не-

зависно да се информираат за случувањата

во земјата.

За жал, и во општествата со висока ин-

тернет-пенетрација, не сите граѓани има-

ат ист пристап до информациите и сите

медиумски содржини. Интернетот, совре-

мените уреди како компјутерите, таблети-

те, паметните телефони – чинат пари и не

се толку лесно достапни за секого.

Нормално е да претпоставиме дека уште

на почетокот од развојот и образованието,

децата кои имаат постојан пристап до ин-

тернет ќе имаат предност пред оние кои не-

маат. Тие ќе имаат можност полесно да ги

развијат дигиталните вештини кои ќе станат

пресудни на пазарот на трудот во светот,

којшто станува технолошки сè понапреден.

На веб-страницата Интернет-статистика

во живо11 може да се следи колку интер-

нет-корисници има во светот во секој мо-

мент. Во моментот на пишување на овој

прирачник, бројката беше 4,079,876,080.

Според официјалната статистика, во

2017 година бројот на интернет-ко-

рисници во светот бил нешто повеќе од

40% од светската популација, што значи

дека сè уште 60% од светската попула-

ција нема интернет.

Page 11: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

11

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

» АНАЛИЗА

Доколку имаме пристап и знаеме да

пристапиме до саканите медиумски содр-

жини, следната вештина која треба да ја

развиваме е да ги анализираме медиумски-

те содржини со кои сме во контакт.

Американската професорка Рене Хобс14

ги поставува петте основни прашања кои

еден медиумски писмен човек секогаш тре-

ба да си ги поставува кога следи некаква

медиумска содржина:

1. Кој ја создал оваа порака и зошто е пратена?

Секогаш кога следиме некаква меди-

умска содржина, важно е да знаеме кој ја

испраќа и која е намерата. Дали е тоа ин-

формација или скриена пропаганда, дали

е новинарска вест или сопствено мислење

и став, дали е филм којшто е создаден да

забавува или има некаква скриена порака?

Некогаш испраќачот на пораката и него-

вите/нејзините намери се јасни и искрени,

но не секогаш е така. Има случаи кога но-

винарот ги прескокнува професионалните

правила и етичките стандарди и наместо

објективно да ни ја пренесе информација-

та, се обидува со својот став да влијае врз

нашето мислење. Во други случаи, не сме

свесни дека наместо вест за настанот, ние

всушност гледаме скриена реклама.

Затоа, секогаш најпрво треба да се фо-

кусираме зошто некоја медиумска содржи-

на е создадена. Дали за да забавува, за да

информира или за да убеди во нешто? Ако

ја дознаеме причината зошто е пораката

создадена, ќе ни биде многу полесно да го

разбереме нејзиниот ефект.

„Сите медиуми се обидуваат да ни прода-

дат нешто. Ако не производ, тогаш некаква

идеја; ако тоа не е идеја, тогаш ни продаваат

извесни вредности; ако не се вредности, то-

гаш е концепт на живеењето“15, вели Софија

Кинтеро во книгата „Изгревање на месечи-

ната: Моќта на жените кои водат со срце“.

Ако сме добри медиумски детектори, ќе

успееме да видиме што точно сакаат да ни

продадат и како тоа да го искористиме за

сопствена стратегија за позитивни промени.

2. Кои техники се употребени за да го привлечат моето внимание?

Медиумите се служат со најразлични стра-

тегии да го привлечат нашето внимание и да нè

заинтересираат за пораката што ја пренесува-

ат. Тоа е особено видливо во маркетинг-индус-

тријата, каде што рекламните агенции употре-

буваат најразлични техники да бидат што поус-

пешни во својата крајна цел. Речиси и да нема

рекламен блок каде што не се појавува некоја

славна личност, да се бричи, да става деодо-

ранс, да лета со авион или да готви. Во послед-

но време доминираат најголемите фудбалски

ѕвезди како Роналдо, Меси, Гризман… Техни-

ките зависат од целната публика и од тоа ќе

зависи дали ќе гледаме спортски ѕвезди, полу-

разголени девојки или слатки панди.

Дали сте забележале дека рекламите се

погласни од другата телевизиска содржи-

на? Ако прашате некоја ТВ-станица, тие ќе

ви кажат дека рекламите не се погласни и

дека нивото е исто во целата програма. Тоа

донекаде е точно и точно е дека тие не го

зголемуваат тонот кога почнуваат реклами-

те. Но сепак, ние имаме впечаток дека тие

се погласни од другата содржина.

14 Рене Хобс (Renee Hobbs) е основачка на Медиумската едукативна лабораторија (Media Education Lab) и е позната научничка и истражувачка во полето на дигиталната и медиумската писменост. Види: https://mediaeducationlab.com/about/renee-hobbs

15 Види: https://books.google.mk/books/about/Moonrise.html?id=NlL4qaov9_cC&redir_esc=y

Page 12: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

12

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

ТВ-програмата има комбинација на аудио-

нивоа, гласни и тивки. Во рекламната индус-

трија ништо не смее да биде тивко. Сè е глас-

но, гласовите, музиката, звучните ефекти.16

Американскиот комуниколог и автор

Спенсер Кричли17 го објаснува ова на след-

ниов начин: „Најгласниот звук во рекламата

не е погласен од најгласниот звук во другиот

дел од програмата. Сепак, просечната глас-

ност во рекламите е многу висока, односно

постојано е гласно, нема тивки делови.“

Исто така, и во информативните емисии

и прилози среќаваме различни техники за

привлекување на вниманието, начинот на

презентирање на информациите, текстот,

видеото, фотографијата, сите имаат мошне

важна улога во тој процес. Дали ви текнува

на некое интервју во кое фотографијата на

соговорникот зборува повеќе од неговите

зборови. Интервјуа во кои уредникот одлу-

чил да ги објави фотографиите на кои ин-

тервјуираниот е бесен, весел или натажен?

Некогаш техниките со кои се служат луѓе-

то кои ги создаваат и ги пренесуваат меди-

умските содржини не се етички, ниту про-

фесионални. Некогаш тие техники содржат

манипулација, делумни вистини или невис-

тини, наслови кои манипулираат со нашите

емоции или наслови кои нѐ уверуваат дека

мора да кликнеме и да ја прочитаме веста:

„Шокантно!“, „Ексклузивно“, „Нема да ви се

верува!!!“ Обично навистина не ни се веру-

ва кога ќе кликнеме, не ни се верува како

сме можеле да бидеме толку наивни.

3. Кои гледишта и вредности се претставени преку пораката?

Медиумските пораки се гледиштата и

вредностите што се пренесуваат преку ме-

диумите.18 Вештина е да успееме точно да ги

препознаваме тие вредности. Кога ги анали-

зираме тие пораки, важно е да сфатиме дека

не постојат медиуми кои немаат одредени

вредности и ставови и нема ни да постојат.

Сите медиуми пренесуваат извесни суптил-

ни пораки за тоа кој или што е важно. По-

раките неминовно ги содржат и ставовите,

размислувањата и вредностите на оние кои

ги создаваат. Во одлуката за полот, години-

те, размислувањата, религијата и ставовите

на ликовите портретирани во една серија,

на пример, во одлуката за сцената, местото,

времето на приказната, вградени се ставо-

вите и размислувањата на оние кои ја пра-

ват таа серија. Па дури и вестите содржат

вградени идеи и вредности, во изборот на

она што е важно, во изборот на темите, кои

вести ќе одат први, во изборот на фокусот,

изборот на фотографиите итн.

Ние треба да развиваме вештини кои ќе

ни помогнат да ги препознаваме вредности-

те и идеите во медиумските содржини, во ве-

стите, во забавната продукција, на интернет,

особено кога тие се скриени и суптилно пре-

несени. На тој начин ќе можеме да донесува-

ме правилни и аргументирани одлуки кои по-

раки ќе ги прифаќаме, а кои ќе ги отфрламе.

16 Види: http://www.nbcnews.com/id/17229281/ns/business-consumer_news/t/why-are-tv-commercials-louder-show/#.W_q64hNKiu417 Спенсер Кричли (Spencer Critchley) е наградуван автор и специјалист за односи со јавност и комуникации. Види: https://www.huffingtonpost.com/author/spencer-71018 Види: https://wave.nmsu.edu/media-literacy/

Page 13: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

13

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

4. Како различни луѓе различно ја толкуваат оваа порака?

Eфектот од медиумските пораки не се-

когаш кореспондира со намерата на оној

којшто ја создал пораката и не е секогаш

ист кај сите луѓе. Некои ќе ја разберат пора-

ката на еден начин, додека други на поина-

ков. За некои пораката нема да предизвика

никаков интерес, а за некои ќе биде важна.

Британскиот научник Стјуарт Хол, во се-

думдесеттите години од минатиот век, ја

поставува теоријата на кодирање и декоди-

рање во јазикот. Според Хол19, сè во јазикот

е кодирано. Пораките се кодирани за вре-

ме на продукцијата, а создавачот се надева

дека тој што ги прима правилно ќе ги деко-

дирa, вели Хол во својот труд „Кодирање и

декодирање во телевизискиот дискурс“.20

Разбирањето на пораките ќе зависи од на-

шите познавања од различни области, од

нашите искуства и од контекстот.

Рекламите, на пример, се повеќеслојни и

може да се декодираат на повеќе начини и

од различни агли. Не ретко, различни луѓе ќе

ги интерпретираат на различен начин или не-

кои од нив ќе разберат и ќе видат нешто што

другите не го гледаат. Дали нашите родители

или нашите баби и дедовци исто ги гледаат

работите како нас и дали исто реагираат?

5. Што е пропуштено во оваа порака?

Пораките не содржат сè. Многу чес-

то, намерно или ненамерно, пораките ис-

пуштаат важни делови кои може да влијаат

врз тоа како ќе ја разбереме пораката или

како ќе ја декодираме. Рекламите за гази-

рани пијалаци секогаш се фокусираат врз

освежувачкиот елемент на пијалакот, но

никогаш врз составот. Не постои реклама

за газиран пијалак која, на пример, ќе ни

каже колку шеќер содржи производот. Тоа

е така затоа што тој што ја создава пора-

ката ја има привилегијата да одлучи што

ќе стави, а што ќе изостави. Работите се

комплицираат кога влегуваме во доменот

на вестите и информациите. Ако еден но-

винар не ја прикаже и другата страна, ако

изостави круцијални делови кои на веста

би ѝ дале поинакво значење и агол, тогаш

велиме дека известувањето е непрофесио-

нално и необјективно.

19 Стјуарт Хол (Stuart Hall) е британски социолог и политички активист со јамајканско потекло, еден од основачите на британските културолошки студии. Види:https://en.wikipedia.org/wiki/Stuart_Hall_(cultural_theorist)

20 Види:http://epapers.bham.ac.uk/2962/1/Hall,_1973,_Encoding_and_Decoding_in_the_Television_Discourse.pdf

Page 14: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

14

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

ВЕЖБА

1. Кој ја создал оваа порака и зошто? Во овој случај ќе забележите дека е

мошне едноставно. Но не секогаш е така. Има случаи кога тешко можеме

да препознаеме дали се работи за новинарска вест или коментар, може-

би скриена реклама или пропаганда.

2. Кои техники се употребени во ова видео? Тука треба да забележите нај-

малку пет различни техники употребени за оваа медиумска содржина да

го задржи нашето внимание.

3. Кои се гледиштата и вредностите претставени во видеото?

4. Дали вие и вашите родители, на пример, на ист начин ќе ја разберете

оваа медиумска порака?

5. Што мислите дека е испуштено во ова видео? Дали е тоа намерно или

ненамерно направено?

ГЛЕДАЈТЕ ГО СЛЕДНОВО ВИДЕО И ОБИДЕТЕ СЕ ДА ОДГОВОРИТЕ НА ПЕТТЕ ПРАШАЊА НА РЕНЕ ХОБС

https://www.youtube.com/watch?v=pES8SezkV8w&t=121s

Page 15: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

15

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

»ПРОЦЕНКАЕсенцијален дел од медиумската писме-

ност е способноста критички да се проце-

ни информацијата. Проценката или евалу-

ацијата е вештина за одредување на квали-

тетот на медиумската содржина, односно

дали некоја информација е вистинита или

лажна, дали е професионално направена

новинарска вест или е манипулација, дали е

објективно или пристрасно пренесена?

Истражувањето21 кое во 2012 година го

направила американската научничка Џули

Којро22 покажало дека американските сред-

ношколци повеќе ги интересира релевант-

носта на содржината отколку нејзиниот

кредибилитет и дека многу ретко, речиси

никогаш не го проверуваат авторот, типот

на информацијата и изворите.23

Којро ги поставува четирите елементи на критичката евалуација:

1. Релевантност, или дали е информа-

цијата релевантна. Ако на интернет се оби-

дуваме да пронајдеме како се прават кроф-

ни, а линкот што ни го препорачува Гугл е од

рецепт за правење Васина торта, не можеме

да кажеме дека добиената информација е

релевантна за нас.

2. Вистинитост, или дали информација-

та содржи факти и детали што можат да се

проверат преку алтернативни или примарни

извори.

Дали авторот е професионален новинар

или обичен граѓанин кој објавува нешто на

социјалните мрежи, на крајот на краиштата,

не е ни важно. Свесното објавување лажни

информации е секогаш погрешно, но да се

препознае намерната лага не е толку еднос-

тавно како што можеби изгледа. Американ-

ската професорка Кери Галагер24 разликува

неколку нивоа на лажни информации:

• Бесрамни лаги: Некој намерно шири лаги.

• Делумни лаги: Некој користи еден факт

за да постави неразумна претпоставка.

Иако тој дел од информацијата е факт,

сѐ останато не е.

• Намерно изоставање на релевантна ин-

формација: На тој што ја објавува инфор-

мацијата му е познат извесен факт, ама

не го објавува затоа што не оди во прилог

на неговата теорија.

Многу е важно да правиме разлика по-

меѓу лаги и грешки. Грешките не се лаги, тие

се случуваат постојано и професионалните

новинари и медиуми треба да имаат доб-

лест да се извинат.

3. Третиот елемент е пристрасноста.

Дали новинарот или тој кој ја создава пора-

ката е пристрасен кон една страна во при-

казната или ни ги прикажува сите страни и

ни остава сами да донесеме заклучок.

4. И на крајот, за да процениме дали се

работи за грешка или за намерна лага, дали

некој е пристрасен или не, треба да го ана-

лизираме медиумот и да утврдиме колку

доверба заслужува. Дали текстовите кои

ги објавува се вистинити и објективни или

постојано се обидува да ги изманипулира

граѓаните кои го следат.

21 Види: https://www.academia.edu/21358440/Coiro_J._Coscarelli_C._Maykel_C._and_Forzani_E._2015_._Investigating_Criteria_That_Seventh_Graders_Use_to_Evaluate_the_Quality_of_Online_Information._Journal_of_Adolesent_and_Adult_Literacy

22 Џули Којро (Julie Coiro) е комуниколог, автор на четирите елементи на критичка евалуација. Види: https://web.uri.edu/education/meet/julie-coiro/23 https://www.edutopia.org/blog/evaluating-quality-of-online-info-julie-coiro24 Кери Галагер (Kerry Galagher) е професорка по медиумска писменост, авторка на книгата:Медиумската писменост и лажните вести: Види: https://www.connectsafely.org/fakenews/

Page 16: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

16

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

ВЕЖБА

Претпоставувам дека сè уште гледате во фотографиите обидувајќи се да најдете некакви показатели кои ќе ви помогнат да погодите. Размислувате логички, дали е нешто реално и дали може да се случи. Лажните информации кои постојано ги среќаваме во медиумите се можни, тие може да се случат во реалноста, но не се случиле. За да процениме дали е нешто вистинито или не, ќе ни треба поинаков пристап.

Ајде, за промена, обидете се да ги најдете овие фотографии на интернет. Снимете ги и потоа пребарајте ги во https://www.google.mk/imghp?hl=en&tab=wi25. Видете дали некои медиуми веќе ја објавиле вистината за нив. Ако не успеете, секогаш може да отидете на некоја од веб-страниците кои проверуваат факти, на пример:

www.snopes.com, www.FactCheck.org, www.mediabiasfactcheck.com...

МОЖЕТЕ ЛИ ДА ПРОЦЕНИТЕ КОЈА ОД СЛЕДНИВЕ ФОТОГРАФИИ Е ВИСТИНСКА, А КОЈА Е ЛАЖНА?

25 Подолу во прирачникот, исто така даваме совети како да ја проверите вистинитоста на фотографиите.

Page 17: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

17

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

» СОЗДАВАЊЕМедиумската писменост има и друга,

исто така мошне важна страна. Таа нè учи

како ние да создаваме медиумска содржи-

на, како подобро и погласно да го искаже-

ме нашиот став и мислење. За разлика од

порано, денеска дигиталните медиуми ни

овозможуваат секојдневно да создаваме

медиумски содржини. Ние постојано пишу-

ваме статуси на Фејсбук, или ставаме фо-

тографии на Инстаграм, можеби пишуваме

блог или создаваме некаква музика.

Дали имате пријател кој нема профил

на Фејсбук или на нeкаква друга социјална

мрежа? Денеска луѓето кои не создаваат ни-

каква содржина онлајн се многу ретки. Сите

сме заразени од новите технолошки мож-

ности и сакаме нашата фотографија или

текст на социјалните мрежи да го видат што

повеќе луѓе, а што е уште поважно, да пока-

жат дека им се допаѓа или да го споделат.

Што нè мотивира да создаваме и да спо-

делуваме медиумски пораки и содржина?

Психолозите многу ја истражуваат оваа

област и досега откриле прилично многу

психолошки причини што нè тераат да би-

деме активни онлајн и да споделуваме раз-

лични содржини. Еве неколку од нив:

Општествена потврда: Ние бараме по-

тврда дека е нешто добро, убаво, интерес-

но. Исто како на училиште, кога добиваме

петка како потврда за нашите знаења и труд.

Комуникација: Луѓето се општествени

битија. Тие имаат потреба да развиваат и да

негуваат врски со други луѓе.

Забава: На крајот на краиштата, забавата

е составен дел од нашите животи. Ние сака-

ме да се смееме, да се шегуваме, да гледаме

интересни видеа и да се забавуваме.

Поддршка на идеите: И последното, но

во нашиот случај најважно, е користењето

на социјалните медиуми за добивање под-

дршка на сопствените идеи, политички ста-

вови и уверувања. Социјалните мрежи се

многу корисни за мотивирање, ангажирање

и мобилизација на луѓето и кога е тоа за

позитивни цели, како подобрување на опш-

теството, условите и квалитетот на животот.

Таткото на интернетот, Тим Бернерс Ли26,

рекол: „Интернетот не ги поврзува само ма-

шините, ги поврзува и луѓето“. Да се биде

поврзан на интернет денес е неминовност и

нужност. Но, интернетот исто така е полн со

замки, закани и опасности. Најчести жртви

на таквите закани се активистите за човеко-

ви права, новинарите, граѓанските активи-

сти и блогерите. Тие се многу често жртви

на онлајн напади, особено во репресивни

општества. Организацијата Партнерство на

дигитални бранители27 ја презело таа обвр-

ска да ја брани и да ја унапредува интер-

нет-слободата и да ги помага оние кои се

жртви. Меѓу другото, оваа организација има

развиено и Прирачник за дигитална прва

помош28, дизајниран токму за новинари и

активисти за човекови права, блогери, кои

се нападнати од хакери.

26 Тим Бернерс Ли (Tim Berners-Lee) е американски научник, пронаоѓач на www или world wide web. Види: https://en.wikipedia.org/wiki/Tim_Berners-Lee 27 Digital Defenders Partnership28 Види: https://rarenet.github.io/DFAK/en/

Page 18: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

18

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

»ДЕЛУВАЊЕДа се делува, како последен, а можеби

и најважен сегмент од медиумската писме-

ност, значи како ги користиме информации-

те до кои доаѓаме преку медиумите. Гласа-

њето за градоначалник откако сме ги гледа-

ле интервјуата и дебатите на локалните кан-

дидати и сме се запознале со нивните про-

грами на интернет е делување. Исто така, да

се стане веган откако сме прочитале статија

за суровоста во некои фарми е начин на де-

лување. Се разбира, доколку знаеме добро

да ги анализираме и да ги процениме меди-

умските пораки, ние имаме многу поголеми

шанси да донесуваме подобри одлуки.

29 Види: Aspen Media Literacy Conference Report - Part II http://www.medialit.org/reading-room/aspen-media-literacy-conference-report-part-ii

Различни едукатори имаат различен

пристап и стратегија во едуцирањето ме-

диумски писмени граѓани. Додека едни

ставаат поголем акцент врз анализата, раз-

гледувајќи го создавањето и перцепцијата

на телевизиски програми и реклами, други

го евалуираат квалитетот на медиумската

содржина. Големо внимание, особено при

едукацијата на младите, се посветува и на

четвртиот сегмент, на создавањето медиум-

ска содржина, на продукцијата на видео и

аудиосодржини, фотографирањето и слич-

но. Пристапите во едукацијата се различни,

исто како што се различни и целните групи:

млади луѓе, родители, наставници, граѓан-

ски организации и активисти, а различни се

и местата каде што медиумското описмену-

вање може да се практикува: училишта, фа-

култети, компании, институции, медиуми...29

Page 19: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

19

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

• Медиумската писменост е способност да пристапиме, анализираме, про-

цениме и создаваме медиумски содржини

• Медиумски писмените граѓани критички им приоѓаат на сите медиумски

содржини и не дозволуваат нивните предубедувања да влијаат врз нивна-

та проценка

• Не сите луѓе и општества имаат ист пристап до медиумските содржини

• Пет основни прашања кои еден медиумски писмен човек секогаш треба да

си ги поставува:

- Кој ја создал оваа порака и зошто е пратена?

- Кои техники се употребени за да го привлечат моето внимание?

- Кои гледишта и вредности се претставени преку пораката?

- Како различни луѓе различно ја толкуваат оваа порака?

- Што е пропуштено во оваа порака?

• Ако знаеме кој и зошто создал некаква медиумска содржина, многу полес-

но ќе го разбереме нејзиниот ефект

• Луѓето понекогаш различно ги разбираат медиумските пораки

• Да се процени медиумската содржина значи да се утврди дали е:

- Релевантна

- Вистинита

- Пристрасна

• Со развојот на интернетот и новите медиуми, граѓаните добија можност

самите да креираат и да споделуваат медиумски пораки и содржини

• Користете алатки за да ги проверите информациите

• Користете ги социјалните мрежи за да споделувате позитивни вредности,

да мобилизирате за корисни цели

ДА ЗАПОМНИМЕ:

Page 20: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

20

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

II

МЛАДИТЕ И МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ

Page 21: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

21

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Група ученици, заедно со професор-

ката, ги анализираат телевизиските

содржини што ги следеле за време

на викендот.

Давор е прв, тој крева рака и почну-

ва како од пушка: „Јас не можам да гледам

серии кои немаат никаков допир со реал-

носта, каде што сѐ е измислено. Иако мо-

жело да се случи, не се случило, туку некој

го измислил. Затоа гледам само историски

филмови и серии или емисии базирани врз

реални личности и настани. Сега ја гледам

серијата за Марко Поло на Нетфликс.“

„Искрено, мислам дека некои серии кои

се измислени некогаш се пореалистични од

сериите засновани врз вистински настани“,

му одговара Сара. „Во историските серии

гледаш само дел од реалноста, само дел од

нивниот животот, никогаш не е претставе-

но што се случува со нивните деца или се-

мејства, на пример.“

Петар се надоврзува: „Јас, пак, сакам на-

учна фантастика. Што ако нешто не се слу-

чило во реалноста, кога дава некаква визија

за иднината? На пример, серијата ’Црно ог-

ледало‘.“30

„Мислам дека не е ни толку важно ка-

ков тип на серии или филмови ќе одберете,

доколку знаете што точно гледате. Дали е

фикција, научна фантастика или историски

базирани серии и не е воопшто важно, до-

колку знаете кој ја создал таа медиумска

содржина, која е пораката што ја испраќа и

какви се вредностите и идеите што ги про-

мовира“, се вклучи професорката.

Зоран нестрпливо чека да заврши про-

фесорката за да се надоврзе: „Вчера гледав

вести и се зачудив кога уредникот зборува-

ше повеќе од самиот прилог, објаснувајќи

го и анализирајќи го настанот. Дали е тоа

правилно?“

30 Black Mirror: https://www.imdb.com/title/tt2085059/?ref_=nv_sr_131 Прирачник за изучување на медиумската писменост во наставата по мајчин јазик.

Види: https://mim.org.mk/mk/publikacii/392-prirachnik-za-izuchuvanje-na-mediumskata-pismenost-vo-nastavata-po-majchin-jazik

Медиумите не се реалност, тие се конструкција

Медиумите не се реалност, тие само претста-вуваат, отсликуваат дел од реалноста, на начин на којшто одлучиле да го прават тоа. Дури и кога се работи за серии направени врз база на историски настани, сепак тоа е само еден дел, не целата ре-алност. Медиумите немаат ниту простор, ниту време да ја пренесуваат реалноста во директен пренос, тие прават сублимат, и на нивни начин претставува-ат еден нејзин дел. Тие креираат реалност.

Улогата на новинарите

Првата и најважна должност на новинарите е вистината. Кога известуваат, новинарите се стремат да бидат фер и сеопфатни, односно да ја имаат при-казната од сите страни. Целта на новинарот е да ја прикаже целосната слика.

Тоа што го дознале при прибирањето на инфор-мациите се трудат да го претстават урамнотежено, а не да бидат наклонети кон една или друга страна. Новинарскиот текст треба да содржи различни ми-слења, да е напишан пристојно, без навреди и да ја почитува приватноста на луѓето.

Професионалните новинари не ги мешаат фа-ктите со мислењата или со гласиштата. Тие се неу-трални и се држат настрана од луѓето и настаните за коишто известуваат. Довербата во еден новинар по-текнува токму од неговата независност, без обврска кон ниту една влада, партија или приватен интерес да манипулира со информациите.31

Page 22: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

22

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

„Вестите и информациите треба да бидат

објективни и да ги претстават сите страни

на настанот. Новинарите не треба да за-

земаат страна и да бидат пристрасни. До-

колку уредникот или новинарот сакаат да

го споделат своето мислење со гледачите,

тоа треба да го направат во дел од емисија-

та или програмата којшто ќе биде посебно

означен како мислење и став на новинарот.

Инаку, гледачите се доведуваат во заблуда“,

одговара професорката.

„Мене, пак, ми пречи кога ликовите се

претставени стереотипно, сите како изваде-

ни од некој калап“, се придружува Милена.

„На пример, геј луѓето во американските, па

и во нашите серии. Џастин од Грдата Бети,

Џек од Вил и Грејс, Камерун од Модерно се-

мејство, Стен од Сексот и градот, па дури и

Марио од нашата серија Преспав. Сите се

исти. Сите се најдобри другари на главниот

женски лик, сите сакаат мода, сакаат да одат

на шопинг и сакаат мјузикли. Никој од нив не

е добар во спорт, на пример. Мојот братучед

е геј, а тој не пропушта ниту еден фудбалски

натпревар и мрази да оди на шопинг.“

„Медиумското претставување на геј луѓе-

то со години ги содржи истите стереотип-

ни карактеристики. Нашите мозоци сакаат

познати работи, затоа што така е многу по-

лесно да се разберат работите. Зошто да се

разработуваат комплексни ликови кои при-

паѓаат на ЛГБТ заедницата, кога е многу по-

лесно и поевтино да се користат стереотип-

ни модели кои функционираат одлично кај

публиката. Исто така, тој модел веќе е одо-

брен кај секоја публика, дури и кај конзер-

вативната, па зошто да се експериментира и

да се ризикува со нешто што можеби ќе пре-

дизвика реакција или нема да го постигне

посакуваниот ефект и гледаност. Дали сум

во право, професорке?“ праша Јана.

„Апсолутно. Се согласувам целосно. Ова

е голем проблем за ’мешани‘ општества и

култури кои имаат проблем да се разберат

помеѓу себе. Кога определена група е кон-

стантно претставувана од страна на меди-

умите на стереотипен начин, луѓето ќе по-

чнат да мислат дека тој стереотип е уште

повеќе вистинит, тоа им дава и потврда на

нивните мислења.“

32 Види: https://www.bbc.com/bitesize/guides/z9fx39q/revision/133 Види: https://vecer.mk/maloletni-romi-ja-otepale-za-100-denari 34 Види: Лазарова Галиа, „Сликата на Ромите: Анализа на новиот бугарски прес“, Софија 2002

Претставување во медиумите

Медиумите влијаат и врз начинот на којшто ги гле-даме и ги разбираме другите луѓе, особено ако не се како нас. Начинот на којшто тие го прават тоа се вика претставување. Претставување е начинот на којшто ме-диумите ни ги портретираат и ни помагаат (или ни одма-гаат) да ги разбереме концептите како идентитет, раса, етничка припадност, род, старост или сексуална при-падност. Тие имаат моќ да го обликуваат нашето зна-ење и разбирање за овие важни теми и да влијаат врз создавањето извесни идеи и модели на однесување.32

Кога известуваат за настани каде што се вклу-чени и луѓе од некакви малцински групи (етнички, религиозни, сексуални или слично), медиумите чес-то забораваат на поединците и ги претставуваат само како анонимен дел од извесна група, често и нарекувајќи ги според името на групата (Малолетни Роми ја отепале за 100 денари33). На тој начин, при-падноста кон одредена група или нивниот колекти-вен идентитет се претставува како главната причина или објаснување за активностите на индивидуале-цот, како некаков вид на колективна одговорност.34

Page 23: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

23

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Професорката се замисли. „Медиумите

прилично често и ненамерно ги легитими-

раат предрасудите и стереотипите, како и

дискриминацијата кон одредени групи во

општеството. Сликата за другиот треба да ја

креираме внимателно, без генерализации, и

преку контакт и запознавање на оние кои не

припаѓаат на нашата заедница и група.“

„Еднаш на Фејсбук еден мој пријател

сподели слика од момче кое било истепано

од деца од друга етничка заедница. Потоа

излезе дека сликата не била вистинска, туку

била земена од интернет. Што тогаш?“ пра-

ша Александар.

„Одлично прашање“, рече професорка-

та. „Кога создаваме медиумски содржини,

ние имаме одговорност кон оние што ќе го

прочитаат или ќе го видат тоа. Можеме да

направиме сериозна штета доколку споде-

луваме работи кои не се вистина, особено

на вакви сензитивни теми.“

35 Види: https://www.encyclopedia.com/finance/finance-and-accounting-magazines/communication-channels

Што кога ние создаваме медиумски пораки?

Медиумот е канал преку којшто оној што ја создава пораката ја пренесува до оној што ја прима.35 Навидум, процесот изгледа едноставен или, да бидеме попре-цизни, беше едноставен до пред две децении. Со појавата на интернетот и новите медиуми, процесот на пренесување на пораките не е повеќе ист, односно не е еднонасочен како порано. Во деведесеттите години ние седевме пред телевизорот и само ги примавме по-раките, не добивајќи никаква можност да одговориме на нив. Денеска, благодарение на новите медиуми, ние во истиот момент можеме од примач на пораката да се трансформираме во испраќач. Секојдневно испраќаме пораки, ставаме статуси на Фејсбук или фотографии на Инстаграм. И сите ние, исто како и традиционални-те медиуми, имаме своја публика, пред која имаме од-говорност. Некој од нас има 100 пријатели на Фејсбук, некој 1000, а постојат луѓе следени на Фејсбук и од по-веќе од 50.000 луѓе. Нивното влијание, според бројот на луѓе кои ги читаат и ги следат секојдневно, некогаш го надминува и влијанието на некои традиционални медиуми, како на пример дневните весници, кои сигур-

но имаат помал тираж од 50.000 примероци. Позитив-ната страна е дека новите медиуми ни овозможија да бидеме активни граѓани, да го искажеме нашиот став за различни теми, да влијаеме врз одредени одлуки кои се важни за нашето живеење. Темите кои не се до-волно или соодветно третирани од традиционалните медиуми денес често се дел од кампањи промовирани на социјалните мрежи.

Од друга страна, неограничениот број можности за создавање и пренесување медиумски пораки овоз-можи неконтролирано и несанкционирано да се спо-делуваат лажни и манипулативни содржини, пораки кои содржат говор на омраза или повикуваат на на-силство. Во морето од информации, веќе воопшто не е лесно да се процени што е добро, а што не. Затоа ни е потребна медиумската писменост, да ни помог-не да донесуваме правилни одлуки. Но медиумската писменост ни помага и да бидеме одговорни и про-фесионални кога ние споделуваме нешто на Фејсбук или на Инстаграм, кога ние праќаме медиумски пора-ки. Дали имаме стотина или десет илјади пријатели и следбеници на социјалните мрежи, влогот е ист. Ние сме одговорни пред оние со кои сме споделиле не-каква содржина или информација.

Page 24: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

24

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

ПРИМЕР2

Од истите протести во јуни 2018 го-дина, беше објавена уште една фотогра-фија, која повторно се покажа дека била лажна. Иако некои тврдеа дека повре-дената жена на сликата е од протестот, излезе дека фотографијата е од Србија, од жена повредена пред неколку годи-ни. Проблемот беше што фотографијата беше споделена и од јавни личности со кредибилитет и популарност. Јавните лич-ности имаат уште поголема одговорности и мора да внимаваат што споделуваат со својата публика, со своите пријатели и следбеници.

ПРИМЕР1

Во јуни 2018 година, група граѓани протестираа против промената на името. Еден од тие протести беше насилен и не-колку граѓани и полицајци беа повредени. Поединци на социјалните мрежи ја раз-горуваа ситуацијата објавувајќи, најчесто лажни, фотографии од повредени граѓа-ни на протестот.

Една од нив предизвика многу дискусија и најразлични коментари, сѐ додека некој не провери и не обзнани дека се работи за хрватската пејачка Северина и кампања против семејно насилство промовирана пред неколку години.

Во двата случаи, новинарите беа тие кои открија дека се работи за лажни слики, но тоа

лесно можеме да го направиме и ние. Постојат неколку лесни техники да провериме каде

и кога на интернет се појавила некоја фотографија.

Page 25: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

25

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Доколку фотографијата е на некоја

веб-страница, само на десното копче од

глушецот одберете ја опцијата (Search

Google for image) и пребарајте ја фо-

тографијата на Гугл.

Потоа, треба сами да ги употребите де-

тективските вештини и да откриете кога

за првпат е објавена фотографијата и кој

ја објавил.

Ако фотографијата сте ја нашле, ама

не е на некоја страница и не можете со

притискање на десното копче од глувчето

да му дадете команда на Гугл да ја преба-

ра, направете го тоа рачно.

Земете ја фотографијата и само ста-

вете ја во полето за пребарување на Гугл

слики. Многу едноставно. Исходот ќе

биде идентичен.

Се разбира дека не можеме да ја прове-

риме секоја медиумска порака, ама тие што

се важни за нас или оние што ги споделува-

ме со други мора да ги провериме.

„Ова со фотографиите е одлично, многу

ќе ни послужи, сигурна сум. Баш се прашу-

вав дали една фотографија на Бред Пит со

Џенифер Анистон е лажна или не. Но, мене

ме загрижува што кога станува збор за текст?

Како тогаш да провериме?“ праша Миа.

„Прашањето е одлично, но одговорот

не е воопшто едноставен. Во секој случај,

постојат неколку корисни совети кои ќе ни

помогнат подобро да го процениме квали-

тетот на информацијата. Најважно од сѐ е

да се претвориме во медиумски детективи,

да ја проверуваме медиумската содржина.

Page 26: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

26

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

36 http://www.medium.edu.mk/srednoskolski-medium-3/video/573-mediumskata-pismenost-niz-pet-kratki-videa1

Дигиталната писменост, која е дел од медиумска-та писменост и од вештините како пребарувањето по интернет, користењето програми за едитирање на фотографии и видеа, фотографирањето и снимање-то видеосодржини, ќе ви помогне во реализирање на вашите идеи и полесно да ги презентирате вашите идеи, ставови, мислења кон поширока публика.

» СОВЕТИ:

1. Проверете го медиумотОтидете на главната страница и проверете дали ме-

диумот има импресум, проверете ги останатите текстови кои ги објавил тој медиум. Проценете ја неговата веро-достојност и колку може да му се верува.

2. Проценете дали е насловот неутраленМногу често насловите се обидуваат да манипули-

раат со нашите емоции. Наслови во кои се повикува на одбрана на татковината, се обвинува за предавство, се фали за патриотизам, сугерираат непрофесионално но-винарство. Се разбира, не можеме да ги прескокнеме нечесните техники кога насловот нѐ убедува дека ако ја отвориме веста, ќе најдеме нешто ексклузивно, не-веројатно, шокантно. Таквите наслови, како и оние со големи букви, енормни фонтови, безброј прашалници и извичници на крајот, секогаш се причина за аларм.

3. Видете кој е авторНа Гугл пребарајте што пишувал тој автор претход-

но. Видете дали е професионален новинар, блогер или само граѓанин кој искажува сопствено мислење. За жал, на многу портали во Македонија ретко ќе го најдеме името на авторот. Тоа е сигнал дека на текстот треба да му пристапиме со претпазливост.

4. Проверете ги изворитеАко прочитаме дека научниците тврдат дека четири

цигари дневно не се штетни за организмот, мора да се запрашаме: кои научници? Од која институција, од кој универзитет? Каде е таа студија која го твди тоа? Научни-ците, извори блиски до владата или од проверени извори, не се вистински извори.

5. Споредете што напишале другите за тоа Ако некоја тема ви е важна, не потпирајте се само

врз еден медиум. Проверете што напишале другите за истата тема и споредете, па самите донесете мислење.

Јана повторно креваше рака. „Се изви-

нувам, а што кога ние сакаме да создаваме

добра, квалитетна медиумска содржина, да

правиме добри видеа и фотографии? Како

медиумската писменост може да ни помог-

не во тоа?“

„Медиумската писменост е тука исто така

да ве охрабри да го користите вашиот глас,

да зборувате гласно за работите што ви се

важни, и притоа ви нуди идеи и алатки како

подобро да ги спакувате вашите медиумски

пораки и како тоа да го правите одговорно“,

рече професорката. Медиумски писмена

личност може да започне и да води диску-

сија за родовата еднаквост на Фејсбук, може

да пишува блог или да прави видеоблог

(влог) за позитивните и негативните работи

во образованието или да создава и да обја-

вува фотографии за загадувањето во градот.

Еве еден пример за тоа: Изабела Пан

е млада видеоблогерка која третира ва-

жни теми од нашето секојдневие во нејзи-

ните влогови. На веб-страницата на www.

medium.edu.mk ќе ги најдете видеата во кои

таа преку улогата на Медиана ја доловува

важноста на медиумската писменост36.

Page 27: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

27

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

37 https://www.onlinemarketinginstitute.org/blog/2017/10/12-tips-creating-shareable-social-media-content/

• Медиумите не се реалност, тие само претста-

вуваат, отсликуваат дел од реалноста, на на-

чин на којшто одлучиле да го прават тоа.

• Првата и најважна должност на новинарите

е вистината.

• Медиумите влијаат врз начинот на којшто ги

гледаме и ги разбираме другите луѓе, особе-

но ако не се како нас.

• Медиумите прилично често и ненамерно ги

легитимираат предрасудите и стереотипите,

како и дискриминацијата кон одредени групи

во општеството.

• Ние сме одговорни пред оние со кои сме спо-

делиле некаква содржина или информација.

• Бидете медиумски детективи, употребете

алатки да определите дали некоја содржина

е вистинита, објективна и професионална:

- Проверете го медиумот

- Проценете дали е насловот неутрален

- Видете кој е автор

- Проверете ја фотографијата

- Проверете ги изворите

- Споредете што напишале другите за тоа

• Потрудете се околу содржината која вие ја

создавате за да имате подобар ефект:

- Креирајте содржина со добар квалитет

- Структурирајте паметно

- Секогаш размислувајте која е вашата

публика

- Користете хумор

- Направете убаво видео и фотографии,

инфографици или постер

ДА ЗАПОМНИМЕ:

» СОВЕТИ:

Како да создаваме подобри и поинтересни медиумски пораки и содржина?37

1. Креирајте содржина со добар квалитетИако изгледа едноставно, се чини често го забо-

раваме. Нема друг и поедноставен начин. Ако сакаме да имаме содржина која ќе ја прочитаат повеќе луѓе, идеја која ќе привлече повеќе при-врзаници, тоа треба да го направиме добро и квалитетно. Треба да посветиме време на истра-жување, на пронаоѓање на изворите и верифика-ција на нашите тврдења.

2. Структурирајте паметно Интернет-корисниците читаат брзо и немаат време

за долги содржини. Ништо не е поодбивно од цел ѕид со текст. Најважните и најинтересни ра-боти ставете ги први, подвлекувајте што е важно, ставете слики и видео.

3. Секогаш размислувајте која е вашата публикаВие се обраќате кон определена група луѓе, со спе-

цифични карактеристики и очекувања. Секогаш имајте го тоа предвид. Запрашајте се дали ваша-та публика сака да го прочита или да го види тоа.

4. Користете хуморИако темите кои ги третирате се сериозни, тоа не

значи дека вашата содржина мора да биде. Луѓе-то сакаат смешни фотографии, видеа, забелеш-ки кои многу полесно ќе го привлечат нивното внимание и за сериозни теми.

5. Користете видеоВидеото станува доминантна содржина на интер-

нет. Во барањето инстант информација која ќе се апсолвира брзо и без многу напор, видеото има предност пред текстот.

6. Направете инфографик или постер: Инфографиците се лесни за правење и ја претста-

вуваат содржината многу попрегледно. Имајќи предвид дека се составени од слики, тие се поприфатливи од текстот за најголемиот дел од интернет-публиката.

Page 28: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

28

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Средношколскиот весник „Медиум“,

www.medium.edu.mk, е платформа намене-

та за сите ученици од средните училишта во

Македонија на која тие може да создаваат

своја содржина, да пишуваат новинарски

стории и критички да размислуваат.

„Медиум“ е отворен за размислувања на

средношколците за образовниот систем, за

времето поминато пред и по училишното

ѕвонче, за музиката што ја креираат сред-

ношколските бендови, за матурските прос-

лави, за (не)оправданоста на екстерните

тестирања, за (не)инвентивните професори.

СТЕФАН МИТИЌ

Двостраната соработка со Медиум е една од нај-добрите работи што ми се случува во животот, за која сум бескрајно благодарен. Ми се отвораат безброј можности кои се од исклучителна важност. Запозна-вам успешни луѓе и учам од нив. Пишувањето текстови, вести, репортажи, правењето интервјуа и учеството на Медиумскиот ден и Кампот за медиумска писме-ност во Штип ме изградија како личност. Учам како да пристапам кон информациите кои ме опкружуваат, ја развивам својата пасија кон изразување и пишување, а ја совладав вештината на јавно говорење. Сега имам критички став и размислувам аналитички и креативно, истовремено. Верувам дека и во иднина ќе се развивам и успешно ќе придонесам првиот средношколски вес-ник „Медиум“ да остане информативно гласило број еден за секој средношколец.

Page 29: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

29

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

КАНИТА АЈДИНИ

Помина долго време од летниот камп за медиуми во Штип, меѓутоа рабо-тите кои ги научив таму уште ми се свежи како тоа да било денес. За време на овој камп, јас се здобив со знаења за медиумите и запознав друштво од цела Македонија. Работите кои не ги знаев претходно, на пример како да имам подобар пристап до медиумите, како да напишам вест, како подобро да фотографирам или да монтирам видео, ги научив таму. Вештините ги стекнав од професионалци во својата област, кои се потрудија своето зна-ење да ни го пренесат нам. Постојано ги користам стекнатите вештини и се надевам дека и во иднина ќе можам да учествувам на вакви кампови.

НЕВЕНА КИМОВА

Најголем успех на еден новинар, според мене, е јасно и прецизно да им ја пренесе веста на другите. Јас успеав да стекнам некои од вештините кои треба да ги поседува еден новинар како дел од еден средношкол-ски медиум. Најпрво учествував на кампот за медиумска писменост, којшто ми овозможи да станам медиумски писмен граѓанин, како и да го проширам моето знаење во областа на новинарството. Да препознавам кои ве-сти се лажни, што е професионална медиумска содржина, како се прави репортажа,ТВ-прилог и фотосторија. Подоцна сите овие знаења успеав да ги применам и практично, преку различни актвиности организирани од страна на „Медиум“, во училиштето, како и надвор од него. Да се биде дел од „Медиум“ за мене претставува големо искуство, преку кое успеав да стекнам нови пријателства и практични знаења што ќе можам да ги применувам во секојдневниот живот.

Page 30: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

30

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

III

МЕДИУМИТЕ И МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ

Page 31: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

31

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Редакцијата е полна со новинари.

Речиси сите беа вратени од раз-

лични настани и почнуваа со пишу-

вање на своите текстови, како и се-

когаш во брзање и возбудени да не

го пропуштат рокот. Александар е новинар

почетник, почна да работи во дневниот вес-

ник неодамна, но брзо се снаоѓа со задачите.

„Вие имате должност пред вашите читатели

да ја промовирате медиумската писменост

и нив самите да ги описменувате, ми вели

еден господин на настанов на којшто бев“,му

раскажува Александар на својот колега. „Не

ве разбирам, му велам. Зошто ние би имале

таква должност? Наша должност е правилно

и навремено да ги информираме, зошто би

биле обврзани да ги описменуваме?“

На последното биро во аголот седи главни-

от уредник, задлабочен во некакво списание.

Изгледа како воопшто да не забележува што

се случува околу него. Одеднаш ја крева гла-

вата и вели: „Се разбира дека имаме обврска.

Имаме обврска поради тоа што тие се наши

читатели и ние се грижиме да бидат правилно

информирани, но и да знаат што е квалитетна

и професионална информација. Ние сме не-

конкурентни во трката по информации, онлајн

медиумите секогаш ќе бидат пред нас, а ние

можеме само да понудиме квалитет и профе-

сионалност, но не и брзина. Наша единствена

шанса да преживееме како весник е да имаме

публика која е медиумска писмена и наместо

инстант информации, да сака да прочита и

сериозно обработени вести, анализи и при-

казни. Тука е нашата шанса, и затоа ние мора

медиумски да ги описменуваме граѓаните.“

Медиумите имаат исклучително важна улога во едно демократско општество. Не постојат вистин-ски демократски општества без слободни и неза-висни медиуми, и обратно, не можеме да очекуваме независни и развиени медиуми во недемократски општества.

За нив се вели дека се четвртиот столб на држава-та, куче чувар на демократијата и постојан критичар и коректор на централната и локалната власт.

Медиумите, без разлика дали се јавни или комер-цијални, традиционални или онлајн, треба да бидат свесни за својата општествена улога. Тие влијаат врз јавното мислење и врз одлуките на граѓаните во сите можни сфери, односно граѓаните, информирајќи се преку нив, одлучуваат каква облека да носат откога ќе ја слушнат временската прогноза, каде да патува-ат, за кого да гласаат, следејќи ја политичката дебата канализирана низ различни медиуми и сл. Оттука, ме-диумите се должни да информираат професионално и непристрасно, почитувајќи ги законските одредби (според Законот за аудио и аудиовизуелни услуги),

Етичкиот кодекс на новинарите, начелата на Советот за етика во медиумите во Македонија и принципите за јавен интерес во новинарството. Ова особено се однесува на Јавниот радиодифузен сервис, којшто има и законска обврска да ја промовира медиумската писменост.

Медиумите, заедно со останатите три категории (медиумско образование, медиумска политика и ак-тивности на граѓ анскиот сектор), се сметаат како надворешни фактори кои влијаат врз нивото на ме-диумска писменост во едно општество и затоа не може да се одминат кога се анализираат практиките на медиумска писменост. Таа улога на медиумите е во нераскинлива врска со едно од основните човеко-ви права, слободата на изразување и информирање. Уживањето на ова право на граѓ аните влијае врз заш-титата, јакнењето и негувањето на други општествени вредности, а особено на јавниот интерес, вистината, правдата, човечкото достоинство, демократијата и економскиот развој. Тие имаат обврска да ги потти-кнуваат, да ги зајакнуваат и да ги бранат слободата на изразување и правото на информирање38.

38 Види: Медиумската писменост во Македонија http://medium.edu.mk/attach/Mediumska_pismenost_komplet_FINAL.pdf

Page 32: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

32

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

„Не разбирам, како ние, како новинари,

можеме тоа да го правиме, да ги едуцираме

луѓето да бидат медиумски писмени? Може-

ме да напишеме некој текст, ама дали е тоа

доволно?“ праша Александар. „Има различ-

ни начини, Александре“, одговори уредни-

кот. „Еве, на пример, можеме да организи-

раме недела против лажните вести и секој

ден на средната страница да објавуваме

различни совети како граѓаните да се спра-

ват со лажните вести. Или да организираме

’отворен ден‘ и да бидеме домаќини на уче-

ници и студенти на кои ќе им покажеме што

значи да се работи во еден медиум. Исто

така, можеме да ги мотивираме граѓаните

да ни испраќаат текстови, фотографии и да

го потикнуваме граѓанското новинарство.

„Исто така“, продолжи уредникот, „наша

должност е да обработуваме и третираме

теми кои се во интерес на граѓаните, да го

браниме јавниот интерес.“ „Се согласувам,

ама ако почнеме да пишуваме само тоа што

ги интересира граѓаните, ќе завршиме како

таблоид“, рече Александар. Колегите, кои

ги беа оставиле своите компјутери, будно ја

следеа дискусијата на нивниот млад колега

и чекаа што ќе биде одговорот на уредникот.

„Ах, Александре, јавен интерес е она што е

од интерес или од корист за најголемиот број

луѓ е во општеството. Не смееме да го меша-

ме она што ја интересира јавноста (публика-

та) со она што е од интерес на јавноста, или,

со други зборови, од корист на општеството.“

Зоран, еден од поискусните новинари во

весникот, ја прекина дискусијата, фаќајќи го

уредникот за рака и поттргнувајќи го настра-

на. „Имам одлична приказна. Еден од моите

извори од Министерството за внатрешни ра-

боти тврди дека има сериозна корупција во

една државна институција. Се разбира, сака

да остане анонимен. За жал, не можам да го

потврдам тоа никако, немам ни еден друг из-

вор, ама сепак мислам дека мора да објави-

ме, имаме ексклузивна приказна.“ „А зошто

не ја провериш приказната, зошто не поба-

раш други извори?“ „Нема време, бе, уредни-

че, треба да печатиме за половина час.“

39 http://respublica.edu.mk/attach/priracnik-mediumi-11-03-2016-MK.pdf40 Види: Прирачник за етиката во новинарството

Јавен интерес не е она за што е заинтересирана јавноста, она што сака да го дознае публиката, и не значи задоволување на нејзината љубопитност, ниту, пак, може да се оправда како морален критериум за нечие скандалозно однесување. Правото на јавнос-та да знае не може да биде изговор да се ѕирка во нечиј приватен живот. Непроверените информации и анонимните снимки не можат едноставно да се објавуваат во името на заштитата на јавниот морал. Грижата за децата не се покажува на тој начин што тие трајно ќ е се жигосаат како жртви на сексуално злосторство. Објавувањето снимки на убиства, жртви на несреќ и за кои се познати и неспорни сите окол-ности, не придонесува кон ништо друго освен кон дополнително страдање на семејствата на жртвите и задоволување на љубопитноста на граѓ аните.39

Проверката на податоците и точноста се морал-ни императиви на новинарството, затоа новинарот е должен да ја провери информацијата од што е можно повеќе извори, а најмалку од два меѓусебно неповрзани извори.

Изборот на фактите мора да обезбеди објек-тивна информација и согледување на сите значајни аспекти на темата за која се говори, а потребата од брзина никогаш не смее да ги загрози точноста, кре-дибилитетот и професионалноста на прилогот.

Новинарот треба да обезбеди „втора страна“, односно да им даде можност на сите засегнати од новинарскиот производ да го кажат својот став. Ова особено во случаи кога новинарот изнесува сомне-вања или обвинувања или кога некој е предмет на напад и критика.40

Page 33: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

33

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

„Не може. Приказната ќе оди во друг број, кога ќе ја провериш.“ „Ама не може-ме вака, уреднику, конкуренцијата нема ми-лост, објавува непотврдени информации, без извори, без ништо.“

41 Види: Медиумската писменост во Македонија: Алката што недостасува за активно граѓанство http://medium.edu.mk/attach/Mediumska_pismenost_komplet_FINAL.pdf42 Видеата се дел од Неделата против лажни вести, која Институтот за комуникациски студии ја организираше во ноември 2018 година. Види: https://www.facebook.com/

StopDezinformacii/?__tn__=%2Cd%2CP-R&eid=ARCawKUfCq0kA4gQ3Q_mT4F5SFAgmRXG1ZL0uexUHcMjPUyTjEQ4ERAaNG4dXBJfkLMY4sUIcQucimm543 https://www.youtube.com/user/11macedonia

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста секоја година организира Медиумски ден, при што повеќе печатени, електронски и онлајн медиуми од неколку градови во Македонија ги от-вораат вратите за учениците од повеќе средни учи-лишта. Идејата е младите да се запознаат со улога-та на медиумите во општеството, начинот на којшто функционира една редакција, како и со основните новинарски професионални стандарди. На тој на-чин, не само што учениците се информираат како функционираат медиумите туку се едуцираат и за професионалните и етичките стандарди и зошто е важно да имаме силни и професионални медиуми. Многумина од нив и самите пишуваат, фотографи-раат и прават видеа, многумина од нив и самите ќе продуцираат медиумски содржини и ќе бидат меди-уми. Кој пат ќе го одберат, дали патот на некои од момчињата од Велес, кои станаа „славни“ по хипер-продукцијата на лажни вести за време на претседа-телските избори во САД, или патот на Изабела Пан, која преку своите влогови43 отвора и третира некои многу важни теми во општеството, ќе зависи од формалното, но и од неформалното образование.

• Медиумите треба да бидат свесни за својата опш-тествена улога. Тие влијаат врз јавното мислење и врз одлуките на граѓаните во сите можни сфери.

• Медиумите не само што можат да влијаат врз по-литичката агенда со наметнување на горливите прашања во јавната дебата, туку имаат и капаци-тет да ја јакнат партиципативната култура и да го зголемат учеството на луѓ ето во процесот на владеењето.41

• Медиумите, заедно со останатите три категории (медиумското образование, медиумската политика и активностите на граѓ анскиот сектор), се сметаат како надворешни фактори кои влијаат врз нивото на медиумска писменост во едно општество.

• Медиумите се должни да го бранат јавиот инте-рес, но не она за што е заинтересирана јавноста и она што сака да го дознае публиката.

• Правото на јавноста да знае не може да биде из-говор да се ѕирка во нечиј приватен живот.

• Проверката на податоците и точноста се морал-ни императиви на новинарството.

ДА ЗАПОМНИМЕ:

Погледнете ги сведочењата на едни од нашите најдобри медиумски работници, фоторепортерот на Фокус, Томислав Георгиев, и новинарката на Ал Џезира, Милка Смилевска, за тоа како во обид да го задоволат јавниот интерес, направиле големи грешки нарушувајќи нечија приватност.42

https://www.facebook.com/StopDezinformacii/videos/726821534360305

https://www.facebook.com/StopDezinformacii/videos/1870467749743097

„Драг Зоран, ние тука сме новинари и додека сум јас уредник, ќе работиме нови-нарство. Нема да објавуваме непроверени информации и ќе се бориме тоа да остане репер, без разлика колку е тешко и колку мора да се бориме со непрофесионални медиуми“, одговори уредникот.

Page 34: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

34

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Сведоштва на претставниците на медиумите кои беа дел од проектот: Медиумска писменост во ера на наплив на информации:

Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост (МАМИЛ)

СТЕВО

БАШУРОВСКИГлавен уредник во

Телевизија Тера„Објави ме“. Така го насловивме проектот

со којшто имавме за цел да ја подигнеме меди-умската писменост кај граѓаните. Направивме замена на улогите. Граѓаните беа репортери, а новинарите – набљудувачи и ментори во креи-рањето на емисијата.

Целта ја постигнавме од два аспекти. Првиот, затоа што и тие самите видоа како се подготвува приказната, притоа задоволувајќи ги професио-налните новинарски и медиумски стандарди, а другиот – соочувањето со фактот дека не е така лесно да се направи издржана приказна со факти, а не паушални приказни, со проверка на изворите и обезбедување изјави од релевантни страни.

20 приказни со десетина и повеќе граѓани репортери од сите возрасти дадоа една попри-влечна димензија во споредба со секојдневната навика на граѓаните да гледаат едни исти луѓе на телевизиските екрани. Факт е дека кога е нешто ново, тогаш и внимателноста на гледачите е по-голема. Ние ја пласиравме целта – како да бидат медиумски пописмени луѓе.

Page 35: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

35

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

ДРАГАН

ИВАНОВСКИГлавен и одговорен уредник на ТВ Плус,

Куманово

Работејќи врз проектот „Инклузија преку медиуми“, посветен на децата со попреченост, преку којшто ре-ализиравме повеќе емисии кои ги емитувавме во ТВ Плус, може со задоволство да потенцираме дека се обидовме да ги доловиме потребите и проблемите на овие лица до нашите гледачи.

Нашата екипа од новинари, сниматели и организа-тори научи многу за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост, но и за начинот на комуника-ција со нив. Ова искуство ќе биде од непроценлива вредност за вработените во нашата ТВ-куќа во поната-мошните работни предизвици.

МАРЈАН

ВЕЛЕВСКИ Заменик на главниот и одговорен уредник на Нова Македонија

Во име на редакцијата „Нова Македонија“, можам да искажам само комплименти за проектот бидејќи со него се отвора едно исклучително важно прашање, кое на најубав начин им го презентираме на средношколците од цела Македонија. Особено сум горд што лично учеству-вав во неколку активности, каде што директно се запоз-нав со степенот наинформираност на средношколците, што нѐ стимулираше да им ги пренесеме нашите знаења и искуства што подобро. За сите оние што не успеавме да ги посетиме лично, преку месечниот средношколски весник „Медиум“ редовно пласираме соодветни тексто-ви токму за унапредување на медиумската писменост.

Page 36: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

36

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

IV

ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ

Page 37: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

37

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Конференциската сала е полна.

Претставници од речиси сите

граѓански организации кои рабо-

тат со маргинализирани групи се

присутни и чекаат да почне една

од најважните регионални конференции

за таа година. За жал, во салата нема ниту

еден новинар. „Не знам што е со новинари-

ве, баш сабајлево пуштав покани по и-мејл“,

вели Агнес, асистенката на проектот. „На

кои медиуми им пушти?“ ја прашува Зорица,

координаторката. „Петре од организација-

та Медиуми и НВО-и ми даде некоја листа.

Не знам што се случува.

„А баш беше важно да добиеме поддрш-

ка од медиумите, да ги објават дискусиите

и заклучоците од дебатата“, се нервираше

Зорица. Еден млад човек кој седеше во по-

следниот ред и ја слушаше дискусијата се

сврте и им се обрати: „Јас сум новинар од

порталот ’Денешно време‘. Добив порака на

приватниот и-мејл, ама не можев да најдам

никакви дополнителни информации за на-

станот ниту на вашата веб-страница, ниту

на социјалните мрежи. Всушност вие нема-

те Фејсбук-страница. А и поканата ја добив

само два часа пред почеток на настанот,

така што поради други обврски нема да мо-

жам да седам долго.“

„Во право сте“, одговори Зорица. „Но

како да се сконцентрираме на нашата ра-

бота ако мора да се занимаваме со новина-

рите?“ „Денеска е мошне важно како ќе се

претставите самите и вашите активности“,

одговори новинарот. „Речиси исто толку ва-

жно колку и тоа што го правите. Замислете

никој да не дознае за вашите активности, за

вашите напори, колку и да се важни и до-

бро спроведени. За кого ги правите, каков

ефект ќе има тоа? Мора да сфатите дека

ако вие самите не научите да се презентира-

те себеси, тоа ќе го направи некој друг, и за

жал, не секогаш добро и правилно. Затоа,

мора да вложите повеќе труд да ги разбе-

рете медиумите, како функционираат тие и

како подобро да соработувате.“

Граѓанските организации во современата диги-тална ера треба да имаат развиено сет од вештини за медиумска писменост со цел соодветно разби-рање, искористување на медиумскиот простор и пејзаж и учество во него.

Притоа, дигиталната ера нагласи некои од постојните проблеми на несоодветна комуникација помеѓу граѓанските организации и новинарите и ме-диумите.

Понекогаш, за жал, одредени медиуми ја забора-ваат улогата на граѓанските организации во јавниот живот. Од тие причини, граѓанските организации и нивните претставници треба да ги „потсетуваат“ медиумите за тоа дека постојат и дека се важни. Никого не можеме да обвиниме за, во некои случаи, подзаборавените односи помеѓу овие два чините-ли. Затоа, да видиме на кој начин медиумската и информациска писменост можат да им помогнат на граѓанските организации да се вклучат во директна и продуктивна комуникација со медиумите и да се стекнат со потребните вештини.

Организациите кои работат со маргинализирани групи имаат дури и поголема потреба од вештини на медиумска писменост. Со оглед на тоа дека мар-гинализираните и малцински групи се подложни на дискриминација, стереотипи, говор на омраза и ис-клученост од медиумите, најдобар начин за справу-вање со овие појави, и многумина ќе се согласат со тоа, е развојот на вештини на медиумска писменост и практикувањето добри односи со медиумите.

Page 38: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

38

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

38

Комуникацијата со медиумите не е еднос-

тавна. Таа бара подготовка и однапред утвр-

дени чекори и насоки. Добрата комуникација

со медиумите помага во градењето подобар

имиџ и полесно и поефективно пренесување

на пораките. Секоја граѓанска организација

мора да има изготвено стратегија за кому-

никација со медиумите и медиумски план

за секоја поголема и позначајна кампања.

Пораките треба да бидат јасни и концизни,

наменети за однапред дефинираната целна

публика. На крајот, треба да се одбере и ти-

пот на медиум преку којшто ќе се пренесува

пораката, дали тоа ќе бидат традиционални

или дигитални медиуми, ќе зависи од типот

на активностите и целната публика.

Ова се некои од чекорите кои претставниците на граѓанските организации можат да ги преземат во насока на градењето и одржувањето односи со медиумите:

1. Стратегија за комуникација или пишување план за комуникација со медиумите

Ако одредена граѓанска организација

сака да влијае врз содржината на вестите,

настаните и социјалните односи, наместо

само да го следи она што се случува и ре-

активно да реагира на тоа, неопходно е таа

стратешки да планира на кој начин ќе спро-

веде кампања за поголема медиумска покри-

еност на своите активности или за менување

на постојните политики и законската рамка.

Во таа насока, припадниците на организа-

цијата, а особено лицето задолжено за кому-

никација или лицето одговорно за комуници-

рање со медиумите мора да го разбере начи-

нот на којшто функционираат новинарите и

редакциите, како и спецификите на својата

публика. Стратегијата за комуникација треба

да биде општ план на граѓанската организа-

ција за комуницирање со медиумите, додека

медиумските кампањи можат да помогнат во

нејзината имплементација. Можеби најваж-

ното прашање кое треба да се одговори е:

ЗОШТО го правиме ова и кои се нашите цели?

2. Дефинирање на целите/причините зошто да комуницираме со медиумите

Кога подготвуваме стратешка кампања

за медиуми, добро е да ги идентификуваме

нашите цели. На пример, да се запрашаме

себеси и членовите на нашиот тим:

· Што сака нашата организација да постигне со кампањата?

· Дали нашата цел има смисла, дали е рационална и остварлива?

· Дали сакаме да ја подигнеме свеста за тоа како работи нашата граѓанска организација и да ја подигнеме нејзината видливост во медиумите или сакаме да влијаеме врз промената на политиките, а можеби и двете?

· Дали сакаме да организираме кампања на национално, на регионално или на локално ниво? Одговорот на ова прашања ќе определи врз кои типови на медиуми ќе се фокусираме. За голем број граѓански организации во светот, особено ако станува збор за средни или мали организации со ограничени ресурси, традиционалните или мејнстрим медиуми претставуваат „тврдина“ која е многу тешко да се освои. Од тие причини, многу граѓански организации се свртија кон интернет-платформите и дигиталните медиуми.

· Дали кампањата ќе се фокусира врз дигиталните или врз традиционалните медиуми, или можеби и врз двете?

3. Идентификување на целната публика

Идентификувањето на целната публика е

од суштинска важност. Идентификувањето

на нашата публика значи утврдување дали

пораката од кампањата сакаме да ја испра-

тиме до општата јавност или до одредена

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Page 39: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

39

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

39

група, како што се млади луѓе, луѓе со по-

себни потреби, политичари, оние кои ги пи-

шуваат законите или до различни етнички и

верски групи. Од друга страна, нашата цел-

на публика ќе ја определи пораката која ќе

ја развиеме и изборот на медиуми кои би ги

користеле. Исто така, добро би било да се

утврди дали нашата целна публика можеби

ќе се менува во текот на спроведувањето на

стратегијата за медиуми.

4. Дефинирање на главните пораки

Еден од најважните елементи на медиум-

ската кампања треба да биде вашата меди-

умска порака/пораки. Овие пораки треба

да бидат приспособени на начин да одго-

вараат на целната публика на медиумската

кампања, да ѝ служат нејзе и да се одраз

на вредностите, целите и искуствата на ор-

ганизацијата што ја реализира кампањата.

Постои голема шанса медиумската порака

да допре до повеќе луѓе ако опфаќа уни-

верзални вредности, како што се човекови-

те права, слободата на говорот, диверзите-

тот и инклузијата, свесноста за климатски

промени и сл.

Медиумската порака треба да биде јас-

на, кратка и директна. Не заборавајте дека

долгите и комплицирани реченици и одго-

вори до медиумите нема да бидат еднакво

успешни како кратките и концизни одгово-

ри. Прилозите кои се емитуваат на радио и

телевизија се кратки. Вашата порака мора

да ја пренесете на концизен и јасен начин,

којшто им одговара на медиумите и на нив-

ните програми/емисии.

Дозволено е да се користи хумор или

интересни пораки, но избегнувајте површ-

ни пораки кои можат да ја намалат сери-

озноста на прашањето за кое спроведувате

кампања.

Бројките и статистиките мора да се точни,

да се базираат врз истражувања и студии ре-

ализирани од официјални или веродостојни

граѓански институции. Со други зборови, ако

во пораката од кампањата користите бројки

и статистики, тие не смее да подлежат на ни-

каков сомнеж во толкувањето.

Назначете портпароли или други лица

кои ќе ја испратат пораката до медиумите и

јавноста и кои ќе бидат задолжени да одго-

вараат на барања од медиумите.

5. Изберете ги главните канали за комуни-кација, преку комбинирање на дигиталните и традиционални медиумски платформи

Дигиталната средина постојано расте и се

менува и поради тоа, неопходно е да иденти-

фикуваме дигитални платформи, социјални

медиуми и мрежи и алатки кои одговараат на

нашата кампања. Поконкретно, врз основа на

тоа која е нашата целна публика и кои се ме-

диумските цели и ресурси, ќе треба да ја из-

береме најсоодветната платформа преку која

ќе ја реализираме медиумската кампања. На

пример, Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб, Твитер и

многу други кои се едноставни за користење

и достапни. Но дали ќе биде паметно да се

трошат енергија и ресурси за реализирање

на кампањата на сите овие платформи? Ос-

вен тоа, не смееме да ги занемариме и тради-

ционалните начини на водење кампања. Нај-

добри резултати се постигнуваат тогаш кога

имаме комбинација од традиционални и диги-

тални методи за спроведување кампања. Ме-

диумската кампања треба да биде планирана

и имплементирана во согласност со вреднос-

тите, општите и конкретните цели на самата

организација. Вашата целна публика и избо-

рот на медиуми и дигитални платформи треба

да одговараат на потребите на конкретната

медиумска кампања, на опкружувањето и на

моментот на нејзиното спроведување.

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Page 40: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

40

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

1. Изгответе кратка, концизна и прецизна порака,

притоа избегнувајќи да користите формално и

жаргонско изразување.

2. Бидете одговорни за она што го постирате и го

објавувате на интернет. Не објавувајте ништо

што не би го кажале во живо на телевизија.

3. Јасно одвојте го приватниот од професионални-

от профил/сметка.

4. Бидете визуелни, т.е. секогаш користете фото-

графии и/или видео снимки.

5. Бидете интерактивни и комуницирајте со вашата

публика.

6. Вашиот профил на социјалните медиуми и ин-

тернет-страницата треба да бидат читливи и

достапни и од мобилен телефон.

7. Креирајте интернет-кампањи во оние денови

кога има најголема свесност или посетеност.

8. Спротиставувајте се на дискриминацијата и на

говорот на омраза на интернет.

1. Не барајте постојано од вашите пријатели и

следбеници на Фејсбук да стискаат дека им се

допаѓа вашата страница или објава. Наместо

тоа, поставете прашање и почнете дебата.

2. Користете хаштагови на Твитер, користете лин-

кови и додавајте свои коментари на ретвитовите.

3. Подгответе кратки и визуелно атрактивни видеа

на Јутјуб.

4. Изберете еден филтер или сет од филтри на Ин-

стаграм. Не претерувајте со постирање премно-

гу фотографии во текот на денот.

НЕКОЛКУ СОВЕТИ КАКО ДА КОМУНИЦИРАМЕ НА ДИГИТАЛНИТЕ ПЛАТФОРМИ:

НЕКОЛКУ СОВЕТИ КАКО ДА ГИ КОРИСТИМЕ

СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ НА ВИСТИНСКИ НАЧИН:

• Граѓанските организации и нивните претставници треба постојано

да ги потсетуваат медиумите за тоа дека постојат и дека се важни.

• За успешно претставување во медиумите, треба:

- Да изградиме стратегија или план за комуникација со медиумите;

- Да ги дефинираме нашите цели или причини зошто сакаме да комуницираме со медиумите;

- Да ја идентификуваме целната публика;

- Да го избереме типот на медиуми;

• Кога комуницираме на дигиталните платформи, исто така треба да почитуваме извесни правила:

- Да имаме кратка и концизна порака;

- Да го издвоиме приватниот од службениот профил;

- Да користиме фотографии, видеа;

- Да бидеме интерактивни;

- Да креираме постови кога има најголема посетеност на интернет;

- Да се спротиставуваме на дискриминацијата и на говорот на омраза на интернет.

ДА ЗАПОМНИМЕ:

Page 41: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

41

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

МЕРИ НАШОКУПрограмска директорка во Младински културен

центар - Битола

Целта на иницијативата беше да се збогатат медиумски-те содржини со прашања кои во фокусот ја имаат ранлива-та и маргинализирана група на пациенти со ретки болести, со тоа придонесувајќи во подигањето на јавната свест за потребата овие лица да бидат видливи во општеството. Несомнено е дека активностите во рамките на проектот значително придонесоа во остварувањето на целта.

Допревме до сите целни групи. Допревме до самите пациенти со ретки болести што резултираше со зголему-вање на подготвеноста отворено да зборуваат за своите проблеми и покрај табузираноста на темата. Допревме до надлежните инситуции и лекарите, но најважно е што до-превме до медиумите и инициравме темата ретки болести да стане неизоставен дел од медиумската агенда

БЛАГИЦА

ДИМИТРОВСКАПретседателка на

граѓанската организација Инклузива

Преку проектот МАМИЛ лицата со по-преченост и нивните семејства се стекнаа со знаења за медиумска писменост и вештини за употреба на медиумите како ефикасна aлатка за комуникација со јавноста. Со нивно актив-но вклучување во подготовка на медиумски содржини се зголеми видливоста за нивните интереси и можности, но нивните проблеми и предизвици со кои секојдневно се соочуваат.

Проектот „Објави ме“ им овозможи на младите луѓе од Битола за прв пат да се стават во улога на репортери и на таков начин да се запознаат со улогата на медиумите, но и да научат за важноста од нивно активно вклучување во решавањето на секојдневните животни проблеми.

МАЈА

АЛЕКСИЕВСКА

ДИМИЌПретседателка на

Здружението на граѓани за поддршка на лицата со

ретка болест-Вилсон

Page 42: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

42

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Скопје, 2018 година

Прирачник за медиумска писменост за млади, за медиуми и за граѓански организации

Прирачникот е дел од проектот „Медиумска писменост во ера на

наплив на информации: Македонска коалиција за медиумска и ин-

формациска писменост“, што го спроведе Високата школа за но-

винарство и за односи со јавност, во партнерство со Институтот за

различности во медиумите (Media Diversity Institute) од Лондон и со

дневниот весник „Нова Македонија“, во периодот 2016-2018 г.

Целта на проектот беше да се развие свеста кај публиката за влија-

нието на медиумските содржини, но и да се поттикнат граѓаните да

стекнуваат знаења и вештини за критичка перцепција на информаци-

ите и употреба на медиумите како предуслов за активно граѓанство.

Page 43: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

43

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Page 44: Priracnik za mediumska pismenost€¦ · 1% интернет-пенетрација и е втората најло-шо поврзана земја во светот. Следи

44

ПРИРАЧНИК ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ЗА МЛАДИ, ЗА МЕДИУМИ И ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ