rastenija biologija

20
Проект по биологија Ментор : Изработиле : Љиљана Џугуманова Александар Петрушев I-8 Коловска Ивана Петреска I-8 Анастазија Пешевска I-8 Јана Рајчевскa I-8 2013, Скопје Тема: Раст и развиток на растенија СУГС “Орце Николов” - Скопје

Upload: -

Post on 27-Jun-2015

1.060 views

Category:

Entertainment & Humor


1 download

DESCRIPTION

asdasdasdad

TRANSCRIPT

Page 1: Rastenija biologija

Проект по биологија

Ментор: Изработиле:Љиљана Џугуманова Александар Петрушев I-8Коловска Ивана Петреска I-8

Анастазија Пешевска I-8 Јана Рајчевскa I-8

2013, Скопје

Тема: Раст и развиток на растенија

СУГС “Орце Николов” - Скопје

Page 2: Rastenija biologija

Содржина

• Вовед..............................................................3• Вода …………………………………………………………...4• Светлина.........................................................7• Воздух...........................................................12• Температура................................................15• Табела...........................................................18• Користена Литература.................................19

Page 3: Rastenija biologija

ВоведЗа растот и развитокот на растенијата клучни се одредени надворешни фактори. Како најважни се јавуваат: вода, светлина, топлина.Светлината е еден од најважните фактори, воопшто за животот на растенијата. Светлината е нивниот основен извор на енергија. Сончевата светлина е важна за извршување на основниот процес на растенијата – фотосинтезата. Друг важен фактор за растот и развитокот на растенијата е топлината. Секое растеније бара различен степен на температура. Температурата влијае и на стапките за раст. Водата му е неопходна на секое растение. Водата на растенијата им овозможува да ги земаат од земјата, неопходните минерални материи во вид на раствори.Направивме истражување за оваа тема бидејќи бевме заинтересирани од тоа како растот и развитокот на растенијата зависат од надоврешните фактори и промените кои следуваат во отсуството на некои од овие фактори.Воздухот е многу важен фактор за растенијата.Кислородот се користи при дишењето на растенијата додека пак јаглерод диоксид се користи во фотосинтезата.

Page 4: Rastenija biologija

Растот и развитокот на растенијата е забрзан или забавен во зависност од

надворешните фактори - Развиток и растење на семка грав при

различни надоврешни услови. - Развиток и растење на семка грав при

отсуство на одредени фактори.

Page 5: Rastenija biologija

Вода

Водата е еден од најважните фактори за правиленраст на растенијата. Водата му помага на растението да ги пренесе потребните материи низ целото растение. Растенијата можат да се најдат во три ситуации во односсо водата: премалку, премногу и доволно.Ако немадоволно вода во почвата потребните материи неможат да се пренесат доволно брзо до сите делови на растението. Ако има премногу вода, коренот ќе скапе и растението нема да може да земе доволно кислород од почвата.

изработил: Александар Петрушев

Page 6: Rastenija biologija
Page 7: Rastenija biologija
Page 8: Rastenija biologija

Раст и расзвиток на растенија при недостаток на светлинаизработил: Ивана Петреска

• На сите зелени растенија им е потребна светлина за да преживеат. Светлината е основен фактор за процесот на фотосинтеза, процес со кој енергијата, водата и јаглерод диоксидот се претвораат во храна за растенијето – скроб. Светлината ја примаат преку хлорофилот во лисјата со што се обезбедува енергија за фотосинтезата. Доколку растенијето не прима доволно светлина нема да може успешно да создаде храна за сопствен опстанок и ке ја загуби зелената боја. Фотозинтезата е процес во кој растенијата ја претвораат светлината во храна. Таа се случува кога сончевата светлина е на најголемо располагање за растението. Ова е причината поради која растенијата во тропските предели се толку големи. Тие се наоѓаат околу екваторот каде што сонцето паѓа под прав агол и е присутно поголем дел оф годината. Фотосинтезата исто така продолжува и во ноќта, но не е продуктивна како преку денот.

Page 9: Rastenija biologija

• . Затоа периодичната темнина не влијае многу на растенијата, но доколку се стават во потполна темница, фотсинтезата воопшто нема да може да се изврши. Храната што е создадена, растението ја користи за сопствена исхрана и развиток на неговите органи (листови, стебло, плод итн.). На почетокот растението се храни со резервната храна од котиледонот, па затоа одреден период може да се развива без присуство на светлина. Без светлина, растот на растението ке биде успорен и закржлавен, и по подолг период растението сигурно ке се исуши и умре.

• Има посебни случаи каде што некои растенија можат да преживеат без светлина, и тие се најчесто паразити кои наместо вршење на фотосинтеза се исхрануваат со распаднати органски материјали од организми.

• Има два вида на орхидеи коишто растат потполно под земја и можат да опстанат без примање на светлина.

Page 10: Rastenija biologija
Page 11: Rastenija biologija
Page 12: Rastenija biologija
Page 13: Rastenija biologija

ВоздухИзработила :Јана Рајчевска

• Воздухот е многу важен фактор за растенијата.Кислородот се користи при дишењето на растенијата додека пак јаглерод диоксид се користи во фотосинтезата.Растенијата јаглерод диоксидот го примаат преку ситните пори на нивните листови .Без него растенијата нема да можат да создаваат скроб.

• За растенијата е важна и температурата на воздухот .Наглата промена на воздухот може да ги оштети или уништи растенијата.Затоа растенијата треба да бидат заштитени од силно струење на воздухот .Примери за растенија на кои им пречат топол и сув воздух се: амаралиси ,цинерарии, циклами и др.За нив поволна е температура на воздух од 8°C. до 10°C.

• Чист и свеж воздух е сито така важен фактор за растенијата.Доколку воздухот содржи отровни материи при појава на дожд тие материи ќе се пренесат на растението и може да дојде до негово уништување.

Page 14: Rastenija biologija
Page 15: Rastenija biologija
Page 16: Rastenija biologija

ТемператураИзработил: Анастазија Пешевска

• Температурата влијае на стапките за раст. Семиња често имаат температурен опсег во кој тие 'ртат, и тие нема да го сторат тоа над или под овој опсег. Многу семиња 'ртат на температури малку над 16°C или 24°C (собна температура), додека други 'ртат веднаш над 0°C. Некои семиња 'ртат, кога на почвата е ладна (oд -2°C до 4°C), а некои кога е топлa (од 24°C до 32°C). Неоптималните температури можат да доведат до пониски шанси на успех и подолг период на 'ртење.

• Ниските температури може да резултираат со сиромашен раст. Исто така и фотосинтезата е забавена при ниски температури. Ако фотосинтезата е забавена, тогаш и растот е забавен, а тоа резултира со помали приноси. Не сите растенија растат најдобро на исти температури. На пример, цвеќето чавкина уста (lat. Antirrhinum majus) расте најдобро кога ноќта времето температури се 11°С, додека поинсетијата (Euphorbia pulcherrima) расте најдобро на 17°С. Цикламата не расте добро на многу ладни услови, а повеќето садници растат најдобро на повисока температура.

Page 17: Rastenija biologija

• Процеси врз кои температурата има влијание:• Фотосинтеза: Се зголемува со температура до

одреден степен.• Респирација: Моментално се зголемува со

температурата.• Транспирација: Се зголемува со температурата.• Цветање (пупење): Делумно предизвикано од

температурата.• Складирање продукти (шеќери): Ниските

температури го намалуваат трошењето на енергијата и го зголемуваат складирањето на шеќер.

Page 18: Rastenija biologija

Споредба на растение со недостаток на топлина и со доволно толина

Споредба на корењата на растенијата на различни температури

Page 19: Rastenija biologija

Контролна група Без светлина Без вода Без топлина

4 ден 2 cm 1 cm 1.5 cm 1.5 cm

5 ден 4 cm 3.5 cm 2 cm 2 cm

6 ден 5 cm 5 cm 3 cm 2.5 cm

7 ден 8 cm 9 cm / 4 cm

9 ден 14 cm 12 cm / 5 cm

12 ден 22 cm 18 cm / 8 cm

14 ден 27 cm 20 cm / 10.5 cm

18 ден 33 cm 26 cm / 12 cm

20 ден 39 cm 31 cm / 15 cm

Page 20: Rastenija biologija

Користена Литература

• en.wikipedia.org• Учебник по биологија за прва година• http://www.ehow.com/• http://www.gardeningknowhow.com/special/

children/how-does-water-affect-plant-growth.htm

• http://www.youtube.com