rautool a3 - rehau.com · rautool a3 Упатство за ракУвање / технички...

24
RAUTOOL A3 Упатство за ракУвање / технички информации 856613 MK Важи од јуни 2010 Го задржуваме правото на технички промени www.rehau.com Градежништво Автоиндустрија Индустрија

Upload: others

Post on 29-Aug-2019

17 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

RAUTOOL A3Упатство за ракУвање / технички информации856613 MK

Важи од јуни 2010

Го задржуваме правото на технички промени

www.rehau.com

ГрадежништвоАвтоиндустрија

Индустрија

RAUTOOL A3соДрЖина

Безбедносни совети ............................................................................................................................................................................... 3

Опсег на испораката ............................................................................................................................................................................... 5

Резервни делови / прибор ...................................................................................................................................................................... 6

Технички податоци / Oпис на уред и принцип на работа .................................................................................................................... 7

Подготовка на алат ................................................................................................................................................................................. 8Полнење на батеријата .............................................................................................................................................................................8Опис на приказот на светечките диоди на уредот за полнење ..................................................................................................................8Опис на приказот на светечките диоди на алатот .....................................................................................................................................9Алат за проширување .............................................................................................................................................................................10

Ракување со алатот .............................................................................................................................................................................. 11

Процес на монтажа ............................................................................................................................................................................... 12

Важни напомени ................................................................................................................................................................................... 15

Важни напомени RAUTITAN .................................................................................................................................................................. 17

Совети за одржување ........................................................................................................................................................................... 18

Напомени за отстранување пречки во работата ................................................................................................................................ 19

Гарантен лист: Пополнете го оригиналот ............................................................................................................................................ 20

2

RAUTOOL A3соДрЖина

RAUTOOL A3БезБеДносни совети

Општи безбедносни совети:Вашето работно место мора секојпат да биде чисто и во него 1. не смее да има предмети што стојат на патот. Погрижете се секогаш да има добро осветление.Држете ги децата и домашните миленици, како и 2. неовластените лица подалеку од работното место. Не дозволувајте други лица да ги допираат хидрауличното црево или алатот.Носете соодветна работна облека. Не носете широка облека 3. или накит. Тие би можеле да бидат зафатени од подвижните делови. Ако имате долга коса, носете мрежичка за коса. Носете заштитни очила.Не фаќајте ги подвижните делови (опасност од 4. пригмечување!).Бидете внимателни. Користете го алатот само кога сте 5. запознаени со упатството.Чувајте го алатот на сигурно место. Некористениот алат треба 6. да се чува во сува, затворена просторија и надвор од дофат на децата.Алатот е погоден само за поврзување со подвижни навлаки 7. од REHAU. Не користете го алатот за друга намена.Пуштајте го уредот во работа само оригинални резервни 8. делови и прибор од REHAU.Одржувањето и монтажата треба да се изведуваат само во 9. овластен сервисен центар на REHAU. За изведување на работите од страна на неовластени лица одбиваме секаква гаранција. Адресите на овластените сервисни центри ќе ги добиете кај вашиот продавач или во претставништвото на REHAU.

Алатот е предвиден за употреба со оригинални комплети за дополнување од REHAU за обработка на сите системи на подвижни навлаки од REHAU со димензија од 12 (16) - 40 mm.

Пред пуштањето на алатот во работа прочитајте ги сите безбедносни совети и упатства за монтажа.

Придржувајте се кон безбедносните упатствата додека работите и секогаш чувајте ги до алатот.Покрај упатството за ракување треба да се почитуваат и пропишат општите законски и останати важечки прописи за спречување и заштита од незгода.

3

Обработка при температури под -10 °C и над 45 °C може да доведе до оштетување на компонентите за поврзување, на алатот и/или до телесни повреди!Минималната температура на обработка не смее да падне под 10 °C.

При ниски температури (под 0 °C) се препорачува -претходно чување на компонентите за поврзување во топла средина.

REHAU не презема никаква одговорност за штети и повреди коишто се последица на ризично користење на производот, лошо одржување или непрописна примена на производот или системот. Податоците за проектирање и монтажа ќе ги најдете во важечките Технички информации. Актуелното издание на документот ќе го добиете во надлежната специјализирана продажба, во вашето претставништво на REHAU, а можете и да го преземете од интернет, на www.rehau.de.

Специфични безбедносни совети за алатот, ошто: Заштитете ги алатот, батериите и уредот за полнење од 1. влага, силна горештина, масло и растворувачи. Уредот за полнење е предвиден да се користи исклучиво во суви, покриени простории и не е погоден за употреба на отворено. Не пуштајте го алатот во работа во средина во којашто владее 2. опасност од пожар или експлозија. Не палете го алатот!Пред пуштањето во работа прегледајте ги алатот и приборот 3. за евентуални недостатоци (на пр. напрснатини на изолацијата на кабелот, загуба на масло на уредот, искривени притискачки цилиндари, оштетувања или видлива истрошеност на комплетите водилки). Проверете дали функцијата на подвижните делови е во ред, да не се заглавени или оштетени. Сите делови мора да бидат правилно монтирани и мора да се исполнат сите услови за да се обезбеди беспрекорна работа на уредот.Никогаш не работете со оштетен алат или прибор. Веднаш 4. однесете го оштетениот алат во најблискиот сервисен центар. За полнење користете го само испорачаниот уред за 5. полнење. При примена на други акумулатори или уреди за полнење постои опасност експлозија. При секоја реконструкција на алатот (замена на комплетите 6. водилки) батеријата треба да се извади од уредот за да се спречи несакано активирање. Проверете да нема кратка врска на контактите на батеријата 7. со метални предмети, како завртки, прибор, шајки итн. Кратка врска помеѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. За полнење користете само монофазна наизменична струја 8. со напонот наведен на фабричката плочка. Не ставајте страни тела во решетките за вентилација на 9. уредот за полнење. Поради евентуално прегревање на моторот не треба да го оставите да работи премногу долго под максимален притисок. Уредот не е погоден за континуирана работа. По околу 50 стегања едноподруго мора да се направи пауза од најмалку 15 мин. за да може уредот за се излади. . Не палете ги алатот, уредот за полнење или ќелиите на 10. акумулаторот. Ќелиите на батеријата можат да експлодираат ако се најдат во пламен. При погрешно користење, од батеријата може да истече 11. течност. Избегнувајте допир. При случаен допир - исперете со вода. Ако течноста дојде во очите, побарајте и лекарска помош.

4

RAUTOOL A3опсег на испораката

RAUTOOL A3, арт.бр. 203595-001 Основен алат А3 -2 игли за вметнување -Литиум-јонски уред за полнење 230V -Литиум-јонска батерија 18V/3Ah -Ножици за цевка 40 stabil -Клешта за ширење RO -Туба со средство за подмачкување -Четка за чистење -Куфер А3 -Упатство за ракување -

5

RAUTOOL A3резервни Делови / приБор

Комплет за дополнување, рачно проширување, син 16-32 Арт.бр.: 137283

Комплет за дополнување stabil, рачно проширување, зелен 16-32Арт.бр.: 247524

Комплет за дополнување, рачно проширување, црвен 17-32Арт.бр.: 268630

Комплет за дополнување, хидраулично проширување, син 40Арт.бр.: 201803

Комплет за дополнување, хидраулично проширување, син 16-32Арт.бр.: 248421

Прибор, адаптер 230/18 VАрт.бр.: 203621

за RAUTOOL A3/A-light2/E3/G2 -

Прибор, уред за полнење 230 VАрт.бр.: 203609

за RAUTOOL A3/A-light2/E3/G2 -

Прибор, литиум-јонска батерија 18 V/1,5 AhАрт.бр.: 203619

за RAUTOOL A-light2 -

Детален опис на приборот/резервните делови барања ќе најдете во актуелното издание на Техничките информации/Упатството за ракување.

Глава за проширување -16 x 2,2 RO Глава за проширување -20 x 2,8 RO Глава за проширување -25 x 3,5 RO Глава за проширување -32 x 4,4 RO Комплет водилки за стегање, -хидраулични 16 x 2,2 / 20 x 2,8

Глава за проширување -16,2 x 2,6 RO stabil Глава за проширување -20 x 2,9 RO stabil Глава за проширување -25 x 3,7 RO stabil Глава за проширување -32 x 4,7 RO stabil Ножици за цевка -RAUTITAN stabil 16/20

Глава за проширување -17 x 2,0 RO Глава за проширување -20 x 2,0 RO Глава за проширување -25 x 2,3 RO Глава за проширување -32 x 2,9 RO Комплет водилки за стегање, хидраулични 17 x 2,0 / 20 x 2,0

Уред за проширување -40 x 5,5 Комплет -водилки за стегање 40

Влошка за проширување -16 x 2,2 / 20 x 2,8 Уред за проширување 25 x 3,5 -Уред за проширување 32 x 4,4 -Комплет водилки за стегање, -хидраулични 16 x 2,2 / 20 x 2,8

6

RAUTOOL A3технички поДатоци / Oпис на УреД и принцип на раБота

Технички податоци

Макс. работен притисок: 450 бара

Макс. потисок: 18 kN (линеарно)

Напон, уред за полнење: 230 V / 50 Hz

Напон на батерија: 18 V

Моќност на батерија: 3 Ah

Технологија на батерија: Литиум-јонски

Време на полнење: околу 22 мин.

Хидраулично масло: Rivolta S.B.H. 11

Температура на околина: -10 °C до +45 °C

Ниво на звучен притисок: 70 dB (A) на 1 m растојание

Вибрации: < 2,5 m/s² (измерена ефективна вредност на забрзувањето)

Тежина: околу 4 kg (основен алат со батерија)

Опис на уред и принцип на работа

Пол. бр. Елементи на уредот

Функција

1 Прекинувач за ракување

Активирање на процесот на стегање

2 Копче за враќање во почетна положба

Лизгач за отворање на издувниот вентил, за враќање на алатот во почетна положба

3 Притискачки цилиндер

Работна единица за прифаќање на комплетите водилки (се врти за 360°)

4 Игли Уред за прицврстување на комплетите водилки на цилиндарот за стегање

5 Батерија Литиум-јонска батерија за полнење

6 Заклучување батерија

Копче за отклучување батерија

7 Комплет водилки Вртлив двоен комплет водилки за по 2 димензии

8 Црвена светечка диода

Информација за состојбата на полнење на акумулаторот и за одржување на алатот

9 Бела светечка диода

Светечка диода за осветлување на работното место

7

RAUTOOL A3поДготовка на алат

За да ја наполните батеријата вклучете го уредот за полнење во струја и цврсто вметнете ја батеријата докрај во уредот. Полнењето трае околу 22 минути. Состојбата на полнење на батеријата се гледа на светечките диоди на уредот за полнење.

Полнење на батеријата

Внимание, опасност од повреда!Непрописното ракување со алатот може да доведе до телесна повреда и/или материјална штета.

За полнење користете само монофазна наизменична струја -со напонот наведен на фабричката плочка. За полнење користете го само испорачаниот уред за -полнење. При примена на други акумулатори или уреди за полнење постои опасност експлозија.Не пуштајте го уредот за полнење во работа во средина во -којашто владее опасност од пожар или експлозија.Не користете го уредот за полнење ниту на дожд ниту на снег -Исклучете го уредот од струја откако ќе завршите со полнење -или пред секој обид за чистење Проверете да нема кратка врска на контактите на батеријата -со метални предмети, како завртки, прибор, шајки итн. (на пр. со чување во џебовите од пантоланите или сл.)

Опис на приказот на светечките диоди на уредот за полнење

Зелена светечка диода Уредот за полнење е подготвен за работа

Црвената светечка диода трепка Одложен почеток на полнење, батеријата се лади

Црвената светечка диода свети постојано

Батеријата се полни, ниво на полнење помалку од 80 %

Црвената и зелена светечка диода светат постојано

Батеријата се полни, ниво на полнење 80-100 %

Зелена светечка диода свети постојано

Батеријата е полна, уредот за полнење автоматски се префрлува на одржување. Батеријата може без штетни последици да остане во уредот за полнење до 24 ч. Зависно од нагодувањето, кога батеријата е полна еднаш се огласува звучен сигнал.

Црвената и зелена светечка диода трепкаат наизменично

Дошло до пречка. Батеријата не може да се полни. Можно е да се извалкани контактите на уредот за полнење или на батеријата или батеријата е истрошена или оштетена. Исчистете ги контактите.

Жолтата светечка диода свети постојано

Прилагодено полнење на батеријата за да се избегне нејзино брзо трошење. Може да настане кога батеријата ќе се вметне во уредот за полнење при висока или ниска температура или во целосно испразнета или наполнета состојба.

Жолтата светечка диода трепка Пречка кај вентилаторот. Батеријата сепак може да се полни. Исчистете ги отворите за вентилација. При зачестена појава однесете го уредот за полнење на сервисирање или поправка.

Полнете ја батеријата само при собна температура од 10 °C до 40 °C. Кога се обидувате да полните премногу жешка или ладна батерија, може да трепка црвената светечка диода. Премногу жешката батерија може да остане во уредот за полнење, а

полнењето ќе започне откако таа ќе се излади. Премногу ладна батерија треба да се извади од уредот за полнење. Почекајте додека батеријата постигне собна температурата. Полнењето почнува по загревање, односно ладење на батеријата.

8

Опис на приказот на светечките диоди на алатот

Заедно со управувачката електроника, приказот на светечката диода служи за известување за состојбата на полнење на батеријата и на алатот.

2 x Самотестирање! При вметнување на батеријата, светечката диода трепнува неколкупати. Со тоа се укажува сека електронското управување го спроведува своето самотестирање. Внимание! Почекајте околу 30 секунди пред да ја ставите полната батерија откако ќе ја извадите празната за да може да се изведе самотестирање.

20 s Батерија празна! Кога по процес на работа светечката диода свети постојано околу 20 секунди, батеријата е празна и мора да се наполни.

20 s/2 Hz Одржување! Ако светечката диода секогаш трепка околу 20 секунди на крајот од полнењето,тоа значи дека треба да се сервисира (по околу 20.000 поврзувања). Уредот треба што поскоро да се однесе во сервисен центар на REHAU.

20 s 20 s/2 Hz

Батерија празна!Одржување!

Ако светечката диода свети 20 секунди, па потоа трепка, потребно е сервисирање, а и батеријата е празна.

20 s/5 Hz Прегревање! Ако светечката диода трепка брзо околу 20 секунди, алатот е прегреан. Оставете го алатот да се излади пред одново да го користите.

1x Предупредување!Притисок на стегање!

Ако во процесот на стегање светечката диода трепне еднаш и истовремено се огласи звучен сигнал, или не е постигнат потребниот притисок на стегање или процесот на стегање е прекинат рачно. Можно е, поврзувањето настанато во овој процес на стегање да не биде добро и мора да се провери!

3x 3x Предупредување! Тешка грешка!

Ако во процесот на стегање светечката диода и сијалицата за осветлување на работниот простор трепнат трипати и истовремено се огласи звучен сигнал, во прашање е тешка грешка. Не се постигнува притисок на стегање додека моторот работи. Можно е, поврзувањето настанато во овој процес на стегање да не биде добро и мора да се провери! Уредот треба што поскоро да се однесе на поправка во сервисен центар на REHAU. Ако оваа грешка се појави 3 х едноподруго, уредот се префрла во пречка и мора да се однесе на поправка во сервисен центар на REHAU.

9

RAUTOOL A3поДготовка на алат

Внимание, опасност од повреда!Непрописното ракување со алатот на REHAU може да доведе до телесна повреда и/или материјална штета.

Проверете при секоја замена на комплетите водилки дали -иглите се целосно и цврсто вметнати. При замена на комплетите водилки задолжително да се -извади батеријата од уредот (несакано активирање!).При примена на уредот за проширување, таа треба секогаш -добро да се вклопи во водилката за стегање и да се фиксира со завртка.

Пред секоја употреба проверете ги комплетите водилки, -уредот за проширување и алатот да не се оштетени. Оштетениот алат веќе не смее да се користи и веднаш треба да се испрати на поправка во овластен сервисен центар. Приемниот жлеб на уредот мора по целата површина да лежи -во водилките за стегање. Пред пуштање на алатот во работа мора се проверат правилната положба и дејството на стегање на уредот за проширување во водилките (за да се спречи испаѓање!). По потреба, дејството на стегање може да се зголеми со кратко активирање на прекинувачот.

Клешта за проширување: За да ги отшрафите главите за проширување - целосно отворете ја клештата за проширување (во положба > 90 °). Секогаш зашрафете ги главите до крај. Користете глави за проширување во согласност со димензијата на цевката (на пр. 16 х 2,2).

Влошка за проширување: При примена на комплетот со влошка за проширување, прво се навлекуваат водилките (прво долгата, па потоа кратката), па потоа во цилиндарот се вовлекува влошката за проширување.

Вртете ја влошката за проширување се' додека клинот не легне во лежиштето. Потоа фиксирајте ги водилките и влошката за проширување со помош на иглите. Внимание: Вметнувајте ги иглите до крај.

Уред за проширување: Внимание! При примена на уредот за хидраулично проширување, докрај вклопете го уредот за проширување за соодветната димензија во соодветната водилка за стегање и проверете дали стои цврсто (стегање). Внимание:

Вметнете го алатот за проширување докрај во цевката!

Алат за проширување

10

RAUTOOL A3ракУвање со алатот

1. При замена на водилката за стегање, на цилиндарот на алатот секојпат прво се навлекува долгата, па потоа кратката водилка.

3. Водилката за стегање може со вртење на цилиндарот на алатот да се доведе во правилна работна положба.

2. Фиксирајте ја водилката за стегање со помош на иглите! Внимание: Внимавајте на еднаква нагодување на двојната водилка (на пр. дим. 25)! Секогаш вметнувајте ги иглите до крај.

4. Туркајте ја батеријата докрај во лежиштето, се' додека самата не се заклучи.

Со помош на грип-клештата може да се држи подвижната навлака при поставување вертикални цевководи. Грип-клештата за цевки служи и за повлекување на изолацијата или на гибливото црево за да се обезбеди доволно место за поврзувањето со подвижните навлаки.

11

RAUTOOL A3процес на монтаЖа

2. Навлечете ја подвижната навлака преку цевката.

Внимание: Кај металните подвижните навлаки, внатрешниот жлеб мора да биде свртен кон поврзувањето!

3a. Проширување со помош на влошка:Проширете ја цевката поместено двапати по 30°. Внимавајте притоа на минималното растојание (две должини на подвижната навлака) помеѓу главата за проширување и подвижната навлака.

Не накривувајте ја цевката кога ја проширувате! Не проширувајте кога цевката е свиткана!

3б.Проширување со помош на влошка:Проширете ја цевката поместено двапати по 30°. Внимавајте притоа на минималното растојание (две должини на подвижната навлака) помеѓу главата за проширување и подвижната навлака.

Не накривувајте ја цевката кога ја проширувате! Не проширувајте кога цевката е свиткана!

При непочитување на ова упатство може да дојде до оштетување на техниката за поврзување, до материјална штета на алатот и до телесна повреда!

1. Скратете ја цевката со помош на ножиците мазно и под прав агол на саканата димензија.

Внимание: Раката со којашто држите треба да е на безбедно растојание од алатот. Не користете пили или сл.!

12

3в. Проширување со помош на уредПроширете ја цевката поместено двапати по 30°. Внимавајте притоа на минималното растојание (две должини на подвижната навлака) помеѓу главата за проширување и подвижната навлака.

Не накривувајте ја цевката кога ја проширувате! Не проширувајте кога цевката е свиткана!

4. Вметнете го фитингот докрај во цевката. По кратко време фитингот стои цврсто во цевката (ефект на меморија).

Внимание: Сите заптивни ребра мора да бидат покриени! Се' додека не настапи целосен ефект на меморија, фитингот може да испадне од цевката! Внимавајте на рамна положба на фитингот.

5. Целосно вметнете ја врската во алатот за стегање.

Внимание: Да не се накривува. Алатот мора да се постави со цела површина и под десен агол.

6. Започнете го процесот на стегање со активирање на копчето за ракување и стегнете ја подвижната навлака се' до прстенот на фитингот.

Внимание: Не фаќајте ги подвижните делови (опасност од пригмечување!)!Процесот на стегање може во секој момент да се прекине со отпуштање на копчето за ракување.

1

RAUTOOL A3 Strichzeichnungen, MAM-Bezeichnungen Korrekturexemplar 2 vom 20.05.2010

ZGT_07723

ZGT_07724

ZGT_07707 - muss im Layoutprogramm durchgestrichen werden!

13

7. Алатот располага со полуавтоматски издувен вентил. Ако алатот се користи подолго време над крајната положба или повторно се активира откако ќе се постигне крајната положба, алатот автоматски се префрла во почетна положба. Понатаму, алатот може со активирање на издувниот вентил (црно копче наспроти прекинувачот за ракување) рачно да се доведе во почетна положба.

8. Притиснато поврзување со подвижни навлаки

Обработка при температури под -10 °C и над 45 °C може да доведе до оштетување на компонентите за поврзување, на алатот и/или до телесни повреди!

Минималната температура на обработка не смее да падне -под 10 °C. При ниски температури (под 0 °C) се препорачува -претходно чување на компонентите за поврзување во топла средина.

1

RAUTOOL A3 Strichzeichnungen, MAM-Bezeichnungen Korrekturexemplar 2 vom 20.05.2010

ZGT_07723

ZGT_07724

ZGT_07707 - muss im Layoutprogramm durchgestrichen werden!

14

RAUTOOL A3ваЖни напомени

Водилката за стегање или техниката за поврзување мора секогаш да се постави со цела површина и под десен агол!

Внимавајте на правилна положба на фитингот во алатот! Со поставување на алатот на погрешен прстен на фитингот доаѓа до престегнување на врската!

При примена на уред за проширување, пред пуштање на алатот во работа мора се проверат правилната положба (целосно вметнат во водилките) и дејството на стегање на уредот за проширување во водилките (за да се спречи испаѓање!)

Внимание: Не фаќајте ги подвижните делови (опасност од пригмечување!)!

При непочитување на ова упатство може да дојде до телесна повреда и / или до материјална штета!

15

Вметнете го алатот за проширување докрај во цевката!Алатот за проширување не смее да се накривува.

Да не се работи со оштетена глава за проширување, бидејќи ќе се оштети цевката. Вашиот продавач или претставништвото на REHAU веднаш ќе ви испорачаат замена.

Алатот е опремен со системот за проширување RO од REHAU. За да се избегне оштетување на цевката, не смеат да се комбинираат деловите од системот за проширување RE од REHAU (до 1996) со компонентите од системот за проширување RO од REHAU.

При непочитување на ова упатство може да дојде до материјална штета.

Внимание: Не проширувајте кога цевката е свиткана!Алатот за проширување оската на цевката мора да бидат идентични во подрачјето на проширување (околу три должини на подвижните навлаки):По потреба, дотерајте ја цевката со виткање!

Редовно подмачкувајте го конусот на клештата за проширување (тубата со средства за подмачкување е приложена во испораката) Не претерувајте со подмачкување на конусот за да не дојде до продирање на вишокот на маста во цевката. Внимание: Не нанесувајте маст на површината на сегментите за проширување коишто се во допир со цевката!

1

RAUTOOL A3 Strichzeichnungen, MAM-Bezeichnungen Korrekturexemplar 2 vom 20.05.2010

ZGT_07723

ZGT_07724

ZGT_07707 - muss im Layoutprogramm durchgestrichen werden!

16

RAUTOOL A3ваЖни напомени RAUTITAN

Компатибилност, димензија 40

НОВО

ø 40ø 40

201801-001201803-001

СТАРО

ø 40ø 40

137805-001138223-001

201801-001201803-001

137805-001138223-001

Не смеете да дозволите!

17

RAUTOOL A3совети за оДрЖУвање

Редовна контрола:

Опасност од повреда!Пред чистење и проверка секогаш вадете ја батеријата.

Комплетите водилки, алатите за проширување и -цилиндарите треба секогаш да бидат чисти. Ако се извалкаат, исчистете ги со четка и подмачкајте ги. Откако ќе завршите со работата, сместете го алатот на суво место.Пред секоја употреба проверете ги комплетите водилки, -алатот за проширување, основниот алат A3 да не се оштетени или видливо истрошени. Оштетениот алат веќе не смее да се користи и веднаш треба да се испрати на поправка во овластен сервисен центар.Проверете, дали при процесот на стегање комплетите -водилки налегнуваат целосно, по целата површина и под десен агол и дали подвижната навлака е целосно навлечена до прстенот на фитингот.Редовно подмачкувајте го конусот на алатот за -проширување. Не нанесувајте маст на површината на сегментите за проширување! Доколку на сегментите за проширување има вишок маст, тие мора внимателно да се исчистат (на пр. со бензин за чистење), па да се исушат.

Поправки:

Опасност од незгода!Не изведувајте самостојни поправки на алатот. Поправки смее да изведува само овластен сервисен центар.

Складиштење:Алатот не смее да се складишти мокар! Исушете го алатот и подмачкајте го. Откако ќе завршите со работата, сместете го алатот на суво место.За продолжување на работниот век, алатот треба да се складишти во крајна положба (извлечени цилиндари или комплети водилки).

18

RAUTOOL A3напомени за отстранУвање пречки во раБотата

Грешка Причина Отстранување

Моторот не работи Контактите на алатот или на батеријата се -извалкани

Исчистете ги контактите суво, со неспроводен предмет

Контактите на алатот или на батеријата се -оштетени

Однесете ги алатот или батеријата во сервисен центар на REHAU

Батеријата не е легната во алатот - Одново вметнете ја батеријата, внимавајте да се заклучи!

Батеријата е празна - Наполнете ја батеријата

Неисправна батерија - Испратете ја батеријата во сервисен центар на REHAU или однесете ја на рецикликрање

Неисправен алат - Однесете го алатот во сервисен центар на REHAU

Алатот губи масло Протекување на резервоарот за масло или -на издувниот вентил

Не отворајте го алатот и немојте да го отстранувате или оштетувате затворањето на уредот.

Однесете го алатот во сервисен центар на REHAU

Алатот не го постигнува притисокот на стегање.

Протекување на резервоарот за масло или -на издувниот вентил

Не отворајте го алатот и немојте да го отстранувате или оштетувате затворањето на уредот.

Однесете го алатот во сервисен центар на REHAU

Воздух во хидрауличниот систем - Прекинете го процесот на стегање.

Држете го копчето за враќање во почетна положба (види стр. 8/пол.бр. 2) и истовремено прекинувачот за активирање околу 10 сек. Ако грешката не се отстрани со тоа, алатот мора да се однесе во сервисен центар на REHAU.

Неисправен алат - Однесете го алатот во сервисен центар на REHAU

Батеријата не полни Уредот за полнење не е правилно вклучен во -струја

Одново вметнете го приклучникот

Во приклучната дозна нема струја - Сменете ја приклучната дозна

Уредот за полнење, односно кабелот за -струја или приклучникот се оштетени.

Однесете го уредот за полнење во сервисен центар на REHAU

Уредот за полнење не е подготвен за работа - Почекајте да затрепка зелената светечка диода

Контактите на уредот за полнење или на -батеријата се извалкани

Исчистете ги контактите суво, со неспроводен предмет

Контактите на уредот за полнење или на -батеријата се оштетени

Однесете ги уредот за полнење или батеријата во сервисен центар на REHAU

Батеријата не е легната во уредот за -полнење

Одново вметнете ја батеријата, внимавајте да се заклучи!

Ако пречката во работата не може да се отстрани, испратете го уредот во сервисниот центар или кај вашиот продавач на REHAU!

19

RAUTOOL A3гарантен лист: пополнете го оригиналот

ГАРАНТЕН ЛИСТ / GUARANTEE CARD

Артикл: /Article: /

Бр.: / No.: /

Сериски број: / Serial number: /

Датум на издавање на клиентот: / Date delivered to customer:/

Печат/потпис: / Stamp/Signature: /

Гарантен рок: 12 месеци од испораката, при наменета употреба и грижливо ракување.

Guarantee period: 12 months from delivery if used as directed for the applications intended and handled with reasonable care. За вашата безбедност во погонот, новиот алат за стегање и проширување е подложен на повеќе тестови под оптоварување. Притоа се неизбежни трагови од користење, но тие на никаков начин не го намалуваат квалитетот на алатот. Уредите се проверени и одобрени од страна на нашето одделение за контрола на квалитетот. Доколку и покрај грижливата изработка и монтажа се појави основ за рекламација, уредот треба заедно со овој лист да го испратите на поправка или замена. Исклучени се понатамошни побарувања од кој било кој вид. For your benefit/safety some tests under load were carried out on your new expander and pipe clamping tool in the factory. It is unavoidable that traces of use result from these tests. They do not however in any way detract from the quality of the tool. The tools have been tested and approved by our quality control department. If despite the careful manufacture and assembly of the tool you still have reason for complaint we kindly ask you to return the tool for repair or exchange together with this guarantee card. Any further claims regardless of their type are not valid.

10.2007

20

Прибелешки:

21

Прибелешки:

22

23

www.rehau.com 856613 MK 06.2010

REHAU SALES OFFICES AE: Dubai, Phone: +9714 8835677, [email protected] AR: Buenos Aires, Phone: +54 11 489860-00, [email protected] AT: Linz, Phone: +43 732 381610-0, [email protected] Vienna, Phone: +43 2236 24684, [email protected] AU: Adelaide, Phone: +61 8 82990031, [email protected] Brisbane, Phone: +61 7 38897522 [email protected] Melbourne, Phone: +61 3 95875544, [email protected] Perth, Phone: +61 8 94564311, [email protected] Sydney, Phone: +61 2 87414500, [email protected] BA: Sarajevo, Phone: +387 33 475-500, [email protected] BE: Brussels, Phone: +32 16 3999-11, [email protected] BG: So a, Phone: +359 2 89204-71, so [email protected] BR: Arapongas, Phone: +55 43 3152 2004, [email protected] Belo Horizonte, Phone:+55 31 33097737, [email protected] Caxias do Sul, Phone:+55 54 32146606, [email protected] Mirassol, Phone: +55 17 32535190, [email protected] Sao Paulo, Phone: +55 11 461339- 22, [email protected] BY: Minsk, Phone: +375 17 2450209, [email protected] CA: Moncton, Phone: +1 506 5382346, [email protected] Montreal, Phone: +1 514 9050345, [email protected] St. John‘s, Phone: +1 709 7473909, [email protected] Toronto, Phone: +1 905 3353284, [email protected] Vancouver, Phone: +1 604 6264666, [email protected] Winnipeg, Phone: +1 204 6972028, [email protected] CH: Berne, Phone: +41 31 7202-120, [email protected] Vevey, Phone: + 41 21 94826-36, [email protected] Zurich, Phone: +41 44 83979-79, [email protected] CL: Santiago, Phone: +56 2 540-1900, [email protected] CN: Guangzhou, Phone: +86 20 87760343, [email protected] Beijing, Phone: +86 10 64282956, [email protected] Shanghai, Phone: +86 21 63551155, [email protected] CO: Bogota, Phone: +57 1415 7590, [email protected] CZ: Prague, Phone: +420 2 72190-111, [email protected] DE: Berlin, Phone: +49 30 66766-0, [email protected] Bielefeld, Phone: +49 521 20840-0, [email protected] Bochum, Phone: +49 234 68903-0, [email protected] Frankfurt, Phone: +49 6074 4090-0, [email protected] Hamburg, Phone: +49 40 733402-100, [email protected] Leipzig, Phone: +49 34292 82-0, [email protected] Munich, Phone: +49 8102 86-0, [email protected] Nuremberg, Phone: +49 9131 93408-0, [email protected] Stuttgart, Phone: +49 7159 1601-0, [email protected] DK: Copenhagen, Phone: +45 46 7737-00, [email protected] EE: Tallinn, Phone: +372 6 0258-50, [email protected] ES: Barcelona, Phone: +34 93 6353-500, [email protected] Bilbao, Phone: +34 94 45386-36, [email protected] Madrid, Phone: +34 91 6839425, [email protected] FI: Helsinki, Phone: +358 9 877099-00, [email protected] FR: Agen, Phone: +33 5536958-69, [email protected] Lyon, Phone: +33 472026-300, [email protected] Metz, Phone: +33 3870585-00, [email protected] Paris, Phone: +33 1 348364-50, [email protected] Rennes, Phone: +33 2 996521-30, [email protected] GE: Ti is, Phone: +995 32 559909, [email protected] GB: Glasgow, Phone: +44 1698 50 3700, [email protected] Manchester, Phone: +44 161 7777-400, [email protected] Slough, Phone: +44 1753 5885-00, [email protected] GR: Athens, Phone: +30 210 6682-500, [email protected] HR: Zagreb, Phone: +385 1 3444-711, [email protected] HU: Budapest, Phone:+36 23 5307-00, [email protected] ID: Jakarta, Phone: +62 21 89902266, [email protected] IE: Dublin, Phone: +353 1 816502-0, [email protected] IN: New Delhi, Phone: +91 11 450 44700, [email protected] Mumbai, Phone: +91 22 67922929, [email protected] IT: Milan, Phone: +39 02 95941-1, [email protected] Pesaro, Phone: +39 0721 2006-11, [email protected] Rome, Phone: +39 06 900613-11, [email protected] Treviso, Phone: +39 0422 7265-11, [email protected] KR: Seoul, Phone: +82 2 5011656, [email protected] KZ: Almaty, Phone: +7 727 394 1304, [email protected] LT: Vilnius, Phone: +3 705 24614-00, [email protected] LV: Riga, Phone: +3 71 67 609080, [email protected] MA: Casablanca, Phone: +212 522 250593, [email protected] MK: Skopje, Phone: +3 892 2402-670, [email protected] MX: Celaya, Phone: +52 461 61880-00, [email protected] Monterrey, Phone: +52 81 81210-130, [email protected] NL: Nijkerk, Phone: +31 33 24799-11, [email protected] NO: Oslo, Phone: +47 22 5141-50, [email protected] NZ: Auckland, Phone: +64 9 2722264, [email protected] PE: Lima, Phone: +51 1 2261713, [email protected] PL: Katowice, Phone: +48 32 7755-100, [email protected] Poznań, Phone: +48 61 849-8400, [email protected] Warsaw, Phone: +48 22 2056-300, [email protected] PO: Lisbon, Phone: +3 51 21 94972-20, [email protected] TW: Taipei, Phone: +886 2 87803899, [email protected] RO: Bacau, Phone: +40 234 512066, [email protected] Bucharest, Phone: +40 21 2665180, [email protected] Cluj, Phone: +40 264 415211, [email protected] RU: Chabarowsk, Phone: +7 4212 411218, [email protected] Yekaterinburg, Phone: +7 343 2535305, [email protected] Krasnodar, Phone: +7 861 2103636, [email protected] Moscow, Phone: +7 495 6632060, [email protected] Nizhny Novgorod, Phone: +7813 786927, [email protected] Nowosibirsk, Phone: +7 383 2000353, [email protected] Rostov-on-Don, Phone: +7 8632 978444, [email protected] Samara, Phone: +7 8462 698058, [email protected] St. Petersburg, Phone: +7 812 3266207, [email protected] RS: Belgrade, Phone: +3 81 11 3770-301, [email protected] SE: Örebro, Phone: +46 19 2064-00, [email protected] SG: Singapore, Phone: +65 63926006, [email protected] SK: Bratislava, Phone: +4 21 2 682091-10, [email protected] TH: Bangkok, Phone: +66 2 7443155, [email protected] TR: Istanbul, Phone: +90 212 35547-00, [email protected] UA: Dnepropetrowsk, Phone: +380 56 3705028, [email protected] Kiev, Phone: +380 44 4677710, [email protected] Lviv, Phone: +380 32 2244810, [email protected] Odessa, Phone: +380 48 7800708, [email protected] US: Chicago, Phone: +1 630 3173500, [email protected] Detroit, Phone: +1 248 8489100, [email protected] Grand Rapids, Phone: +1 616 2856867, [email protected] Greensboro, Phone: +1 336 8522023, [email protected] Los Angeles, Phone: +1 951 5499017, [email protected] Minneapolis, Phone: +1 612 253 0576, [email protected] ZA: Durban, Phone: +27 31 657447, [email protected] Johannesburg, Phone: +27 11 201-1300, [email protected]

Доколку се предвидува примена која не е опишана во важечките технички информации, корисникот мора да се консултира со REHAU и пред примената да побара изречна писмена согласност. Доколку не го стори тоа, одговорноста за примената лежи кај корисникот. Во тој случај не сме во можност да ги контролираме примената, користењето и обработката на производите. Ако сепак дојде во прашање некаква одговорност, таа за сите оштетувања се ограничува на вредноста на стоката којашто ние сме ја испорачале и којашто вие сте ја примениле.

Побарувањата од дадените гаранции се поништуваат при примени коишто не се опишани во техничките информации.

Овој документ е заштитен со авторско право. Оттаму се задржува правото на преводот, препечатувањето, копирањето слики, емитување, репродукција на фотомеханички или на сличен начин, или меморирање во системи за обработка на податоци.

Го задржуваме правото на технички промени.