remont na tr upload

7
РЕМОНТ НА ЕЛЕКТРИЧНИ МАШИНИ -умножени предавања- Проф. Новица Ѓорѓевски

Upload: mrno-no

Post on 23-Dec-2015

53 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

Remont transformatora

TRANSCRIPT

Page 1: Remont Na TR Upload

РЕМОНТ НА ЕЛЕКТРИЧНИ МАШИНИ -умножени предавања-

Проф. Новица Ѓорѓевски

Page 2: Remont Na TR Upload

ОСТУ Наце Буѓони Ремонт на електрични машини

2

ТЕМА 1 ОДРЖУВАЊЕ И РЕМОНТИРАЊЕ НА ТРАНСФОРМАТОРИ

1 Потреба од одржување на трансформатори

Улога на ТР во електроенергетскиот систем е многу значајна бидејќи овозможува економично, сигурно и безбедно производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија при најразлични напонски нивоа. Со негова примена, со многу мали губитоци на енергија се решаваат проблеми на разни напонски нивоа и меѓусебна изолираност која се наоѓа на најразлични напонски нивоа. Овдека пред се ќе се разгледуваат енергетски трансформатори.

Сл.1. Приказ на енергетски Сл.2. Приказ на намотки на трансформатор трофазен рансформатор

Поради ваквата битна улога на ТР многу е значајно и нивното одржување. Во тек на нивната работа доаѓа до стареење и различни влијанија на самиот ТР, па поради тој факт ТР мора да се проверува и испитува на одреден временски период со цел да се провери неговата исправност и функционалност. Заради подобро разбирање на начинот и постапките при одржување на трансформаторот, на сликата 2.1 е претставен трансформаторот со негов надворешен изглед и неговите составни делови.

Page 3: Remont Na TR Upload

ОСТУ Наце Буѓони Ремонт на електрични машини

3

Слика 2.1 Надворешен изглед на трансформатор и негови составни делови

1. Индикатор за ниво на масло 2. Конзерватор 3. Заштитен релеј 4. Сушилник на воздух 5. Преклопник за подесување на напон 6. Контакт за заземјување 8. Бухолцов релеј 9. Степенест префрлувач 10. Џеб за термометар 11. Натписна плочка 12. Високонапонски изолатори 13. Нисконапонски изолатори 14. Кука за подизање 15. Приклучна кутија

Page 4: Remont Na TR Upload

ОСТУ Наце Буѓони Ремонт на електрични машини

4

Слика 2.2 Бухолцов релеј Слика 2.3 Контактен термометар Слика 2.4 Сушилник на воздух

Слика 2.5 Изолатор Слика 2.6 Магнетен индикатор на ниво на масло

2 Сиситемски приод за одржување на трансформатори

За да се констатира исправна или неисправна состојба потребно да се извршат некои проверки и испитувања на трансформаторот. За таа цел потребно е прво да бидат проверени сите механички делови на трансформаторот, па како резултат на тоа се преземаат следниве мерки:

1. Од натписната таблица на трансформаторот се препишуваат сите технички податоци за соодветниот трансформатор

2. Се прегедува казанот, капакот, конзерваторот и се утврдува дали има некои механички оштетувања

3. Се прегледуваат приклучоците и проводните изолатори да не се оштетени

Page 5: Remont Na TR Upload

ОСТУ Наце Буѓони Ремонт на електрични машини

5

4. Се прегледува приклучната кутија и се контролираат приклучните стегалки дали се исправни или не

5. Се прегледува премостувачот, џебот за термоелементи, вентилот, Бухолцовиот релеј, контактниот термометар, сушилникот на воздух, сигурносниот вентил, вентили за приклучок на вакум пумпи, карики за подизање на горниот дел на трансформаторот и шрафот за заземјување

Доколку постои било какво механичко оштетување на споменатите делови, потребно е истите да бидат веднаш санирани и трансформаторот да се доведе во исправна состојба. Понатаму се пристапува кон други проверки кои се однесуваат на внатрешноста на трансформаторот а кои не можат да се извршат доколку трансформаторот не се извади од трансформаторскиот казан. За таа цел се преземаат следниве мерки:

6. Се проверува дали има масло во трансформаторот на покажувачот на ниво на масло, ако има се испушта преку вентил за испуштање на масло во предходно подготвено буре (слика 3)

7. Откако е констатирана исправноста на кариките, се подига горниот дел на трансформаторот со дигалка на висина од околу 10 cm над горниот дел на казанот и се остава така се додека не се исцеди маслото од горниот дел.Откако ќе се исцеди маслото од трансформаторот, се отстрануваат шрафовите кои го држат за горниот дел на капакот и трансформаторот се поставува со горниот дел на даски. Од казанот се исцедува преостанатото масло, ако е потребно се вршат механички поправки, се чисти со чисто трансформаторско масло и се покрива со некоја плоча за да се заштити од нечистотии.

Page 6: Remont Na TR Upload

ОСТУ Наце Буѓони Ремонт на електрични машини

6

Сл.3. Пресек на енергетски трансформатор со негови

составни делови

На електричниот дел се вршат следниве проверки:

1. Се врши испитување на изолација на намотка спрема железното јадро. По потреба се мери и отпорност на намотките, се констатира дали трансформаторот е пробиен, врската со железното јадро, спој меѓу навивките или намотките.

2. До колку се констатира неисправност на трансформаторот, се ослободуваат сите споеви и започнува да се отстранува магнетното коло така да мора да се запази редоследот, како се вадат лимовите така се и редат. Се запазува видот на спојот на фазните намотки, се мери пресекот на навивките со кои е намотан трансформаторот како и бројот на намотките.

3. До колку е оштетена и изолацијата се заменува со нова, се поставуваат сите калеми на примар и на секундар на столбовите, а потоа се врши повторно испитување на изолацијата према железното јадро и меѓу намотките. Понатаму се враќаат лимовите и се реди магнетното коло.

Дилатационен сад

VN изолатор

NN изолатор

Трансформаторски сад

Магнетно коло

намотки

Ребра за

ладење

Тркала за

танспорт

Канал за испуштање на масло

Page 7: Remont Na TR Upload

ОСТУ Наце Буѓони Ремонт на електрични машини

7

Сл.4. Приказ на намотки и нивни изводи после ремонт

4. Вака поправениот трансформатор се пушта да работи првин во

празен од. Ако не покаже никакви проблеми, се враќа во исчистениот трансформаторски казан, се затвара поклопецот и трансформаторот се полни со чисто трансформаторско масло. Вака средениот ТР повторно се тестира во празен од за да не покаже случајно некоја неисправност. Ако е се во ред , трансформаторот се враќа во нормална работа.