ruski - seminarska

15
Univerzitet „Goce Del~ev” – {tip F.R.G.P. Prva seminarska rabota po Ruski jazik Tema: Povrzuvawe na Internet Izrabotil: Lektor: Grkov Branko Jane Jovanov br. na indeks 13210

Upload: timce-cekovski

Post on 27-Nov-2015

93 views

Category:

Documents


10 download

TRANSCRIPT

Page 1: Ruski - Seminarska

Univerzitet „Goce Del~ev” – {tip

F.R.G.P.

Prva seminarska rabota po Ruski jazik

Tema: Povrzuvawe na Internet

Izrabotil: Lektor:

Grkov Branko Jane Jovanov

br. na indeks 13210

Page 2: Ruski - Seminarska

[tip 2008

Nачини за поврзување на Интернет :

*Modemi

*Telefonska linija

*Bez`i~en pristap

*Zakupena linija

*Lokalni mre`i

*Satelitski vrski

*Kabelski pristap

*ОПШТО ЗА МОДЕМИ

Дигиталните модеми се развиени поради потребата за пренесување податоци за американската воена одбрана во 1950 година. Во 1962 година за прв пат се произведени комерцијални модеми наречени „Bell 103“ од AT&T, кои постигнувале брзина од 300 бита по секунда., додека пак првиот 56К модем е произведен во 1996 година.

Во последните 10 години можеа да се сретнат модеми со брзини од 300 bps, 1200 bps до 2400bps до 14.4 Kbps до 28.8 Kbps и до 33.6 Kbps. Денес е достигната теориската брзина на од 56 Kbps, но оваа брзина не се постигнува заради несовршените телефонски линии.

Модемите се уреди кои овозможуваат размена на податоци помеѓу два компјутери по пат на обична

Page 3: Ruski - Seminarska

телефонска линија. Пред 10 години модемите биле користени за поврзување на еден со друг компјутер, додека денес тие исклучиво се користат за поврзување на Интернет. Модем е кратенка од зборовите Моdulator Demodulator. Тоа е направа која ги конвертира дигиталните компјутерски сигнали во аналогни компјутерски сигнали, кои се пренесуваат преку стандардна телефонска линија. Потоа аналогните сигнали се конвертираат назад во дигитални, во уред која се нарекува Demodulator. Модемот ја обработува добиената информација и ја проследува кон оперативниот систем на компјутерот.

Врската во која двата модема истовремено праќаат и примаат податоци се нарекува full duplex. Постојат и модеми кои можат само да праќаат или само да примаат податоци, тие се нарекуваат half duplex модеми и денеска многу ретко се користат. Зголемувањето на брзината на преносот може да се постигне преку компресија на податоците но ефектот може да биде и незабележителен, особено ако се пренесуваат податоци кои веќе на некој начин се компресирани како што се разни инсталациони програми, ZIP датотеки, JPEG слики.

*DIAL-UP – ПРИСТАП

Поврзувањето преку Dial-Up пред извесно време беше најпопуларниот начин за поврзување особено таму каде што нема можност за широкопојасен Интернет пристап. Dial-Up пристапот е начин за Интернет пристап преку кој клиентот користи модем конектиран на компјутер и на телефонска линија. Корисникот бира број и воспоставува врска со некој Интернет сервис провајдер.

Page 4: Ruski - Seminarska

Перформанси

Модерните dial-up модеми имаат максимум теоретска брзина од 56kbit/s, иако во повеќето случаи е можно брзината да биде 53kbit/s. Овие брзини се максимумот што може да се достигне, и во многу случаи трансферот на податоци е помал, просечно помеѓу 33-43 Kbps. Има повеќе фактори кои ја диктираат брзината и квалитетот на врската како што се квалитетот на линијата и условите, како и квалитетот на модемот. Но колку и да е корисен овој начин на пристап кон Интернетот се повеќе и повеќе се јавува потреба за поквалитетен пристап. Broadband Интернет пристап (кабелски и DSL) се повеќе го заменува стариот dial-up пристап во многу делови од светот во изминативе пет години. Причината за ова се брзините кои далеку го надминаа капацитетот на dial-up, на пример брзини поголеми и од 1 Mbit/s, како и намалувањето на цените под цените на dial-up.

Протоколи за модемска комуникација

Комуникацијата помеѓу два модеми се одвива преку протокол за поздравување. Првиот модем испраќа сигнал и бара потврда дали модемот примач го примил сигналот.

Ако во одредено време добие потврда тогаш тој се обидува да договори брзина на комуницирање. Комуникацијата започнува со помала брзина и тестира до која брзина може да одговори модемот примач. Откако ќе се договорат за брзината модемот

Page 5: Ruski - Seminarska

испраќач ги испраќа параметрите според кои што ќе ги пренесува податоците.

Handshake е процес на преговарање меѓу два модема во момент на воспоставување на врската. Во моментот кога ќе дојде до поврзување на два модеми тие почнуваат да се договараат за брзината со која ќе се врши размената на податоците. Се проверува и квалитетот на линијата и врз основа на тоа се договара почетната брзината на модемската врска. Брзината може да се намали во текот на конекцијата. Во текот на врската модемите можат исто така да одлучат да ја прекинат врската и да остварат нова врска со поголема брзина.

Пренесување дигитални податоци преку модем

Преносот преку модемот се одвива сериски еден по еден бајт. За да се означи почетокот на низата од осум битови обично се додава еден бит однапред - наречен бит за идентификација. По пренесувањето на осумте битови се додава еден бит за означување за крај на низата наречен стоп бит. Потоа обично се додава еден бит за парност на пренесените битови.

За пренесување на 8 битови всушност се пренесуваат дополнителни 3 битови за означување на почетокот и крајот на податокот и бит за детекција и корекција на грешки.

Пример. Модем со брзина од 14.4 Kbps (кило бита во секунда) би пренел најмногу 10.5 Kbps дигиталните податоци или 1.3 Kbps (кило бајти во секунда). Модем со брзина 56 Kbps пренесува 40.7 Kbps податоците или 5 Kbps.

Page 6: Ruski - Seminarska

1.1ДИГИТАЛНА МРЕЖА НА ИНТЕГРИРАНИ УСЛУГИ ISDN

ISDN (Integrated Services Digital Network) е потполно дигитална комуникациска технологија. Овозможува пренос на говор и податоци истовремено.

Иако според капацитетот на пренос од 128 kbit/s, ISDN не може да се нарече широкопојасен систем, сепак е подобар начин на пренос во однос на Dial Up начинот. Капацитетот на ISDN е доволен за слушање радио на Интернет, гледање видео и останатите услуги. Освен тоа дигиталниот пренос овозможува подобри перформанси отколку аналогниот.

Функционирање на ISDN

Целата комуникација кај ISDN која се изведува од еден до друг систем е дигитална. ISDN мрежата ги пренесува податоците преку бакарни парици.

ISDN пренесува три комуникациски канали со вкупен пропусен опсег од 144 kbit/s, што е три пати побрзо од денешните 56Кbps модеми.

ISDN линијата со BRI (Basic Rate Interface) пристап содржи:

- два В канали кои се користат за пренос на податоци. В каналите пренесуваат, податоци, факсови, говор. Капацитетот на еден канал е 64 kbit/s. Постои можност за комбинирање на двата В канали со што се добива капацитет на преносот од 128 kbit/s или еден канал може да се користи за Интернет а другиот за телефонски разговор.

- еден D канал преку кој се пренесуваат контролни информации потребни за работа на ISDN. Капацитетот на каналот е 16 kbit/s.

Page 7: Ruski - Seminarska

ISDN овозможува зголемување на капацитетот на преносот на 256 или на 512 kbit/s со комбинација на канали. Со спојување на 4 ISDN канали се добиваат 512 kbit/s.

Освен BRI услугата ISDN овозможува и PRI (Primary Rate Interface) услуга. Таа е наменета за корисници кои сакаат да постават и користат ISDN централа. Се состои од 23 B канали и еден D канал од 64 Kbps за Северна Америка и Јапонија, со вкупен проток од 1.544 Mbps. Во Европа, Австралија и другите делови на светот PRI ISDN има 30 B канали и еден D канал од 64 Kbps, со вкупен проток од 2.048 Mbps.

Инсталација на ISDN

За да се инсталира ISDN линија потребно е услугата да се овозможи од страна на провајдерот, обично телекомуникациска компанија, а на корисничката страна се инсталира терминален адаптер.

*Терминални адаптери

За поврзување на кориснички компјутер со ISDN мрежата потребен е модем која ја овозможува комуникацијата кој се нарекува терминал адаптер.

Според изведбата на модемот, на располагање се неколку видови на ТА:

Интерни ТА уреди кои се инсталираат во слободен PCI слот во компјутерот.

Page 8: Ruski - Seminarska

Екстерни ТА уреди кои се спојуваат со користење на сериска или USB порта. Екстерните модеми овозможуваат подобар преглед над работата на ТА уредот.

Спојување на локална мрежа со користење на ISDN рутер

За поврзување на повеќе компјутери поврзани во локална мрежа кон Интернет, не е ефикасно и оправдано да се користат по една ISDN линија за секој од нив. Првото решение може да е користење на одредени апликации кои овозможуваат делење на Интернет конекцијата, како на пример, WinGatе или пак Internet Connection Sharing кои е стандарден дел на неколку последни верзии на Windows оперативниот систем. Постојат повеќе недостатоци на ваквото решение: компјутерот кој служи како Gateway кон Интернет и на кој е приклучен ISDN терминален адаптер мора секогаш да биде вклучен за да може врската да ја дели со другите компјутери и можностите за конфигурација се релативно слаби и не овозможуваат добра контрола на времето и сообраќајот.

Многу подобро решение е користење на ISDN рутери кои служат и како ISDN терминал адаптери и како концентратори. Флексибилната конфигурација е главна причина за користење на ISDN рутер. Имено кај ISDN рутерот е многу полесно да се подеси управувањето со В-каналите или ограничување на конекцијата кон Интернет за одредени компјутери. LED-индикаторите на предната страна на рутерот покажуваат дали рутерот е активен, дали е споен на

Page 9: Ruski - Seminarska

ISDN мрежата, дали е остварена врска на еден или на двата В-канали и слично.

1.2ДИГИТАЛНА ПРЕТПЛАТНИЧКА ЛИНИЈА DSL

DSL (Digital Subscriber Line) е исто така пренос на податоци преку телефонски линии. Телефонските линии се користат за пренос на говор во фреквентен распон од 300 до 3400 Hz, но тие можат да пренесат поширок фреквентен опсег. Дигиталните начини на пренос на податоци како ISDN и DSL подобро го користат капацитетот на телефонските линии.

Видови на DSL

Постојат повеќе видови на DSL, а најчесто користен е типот на асиметричен - АDSL. Асиметричниот DSL претпоставува дека на корисниците им е многу поважно да имаат голем капацитет при преземање податоци (download), а помал капацитет за испаќање на податоци (upload). Се практикува капацитетот за download да биде три до шест пати поголем од капацитетот за upload.

Други видови на DSL се:

VDSL (Very High Speed DSL) овозможува големи брзини при преносот на податоци на кратки растојанија.

HDSL (High speed DSL)

SDSL (Symmetric DSL) симетричен DSL – ги пренесува податоците во двете насоки со иста брзина, но не овозможува истовремено користење во двете насоки.

RADSL (Rata adaptive DSL)

Page 10: Ruski - Seminarska

Главната предност на DSL е што овозможува поголеми брзини на пренос на податоци преку постоечките телефонски линии. АDSL технологија овозможува брзина и до 8Mbit/s. Квалитетот на сигналот зависи од оддалеченоста на корисникот од централата. Со оддалеченоста опаѓа квалитетот на сигналот и брзината на пренос на податоците. Максималната оддалеченост која се препорачува за користење на АDSL е 5400 метри, но телекомуникациските оператори често дополнително ја намалуваат оваа оддалеченост, за да можат да понудат поголем квалитет на услугите.

Инсталација на DSL

За инсталација на ADSL потребен е разделник (splitter) кој овозможува раздвојување на сигналот со кој се пренесува говор и сигналот со кој се пренесуваат податоци. Исто така потребен е ADSL модем.

1.3БЕЗЖИЧЕН ПРИСТАП WI-FI

Друг популарен начин на поврзување на Интернет е безжичниот пристап WI-FI (Wireless Fidelity). Најчесто се користи во LAN мрежи но во последно време се нуди и безжичен пристап на WAN мрежа, како Интернет. WI-FI Alianse ги пропишува стандардите и издава сертификати за сите WI-FI уреди. WI-FI е креиран 1991 од страна на компанијата NCR корпорација на AT&T во Холандија. Првата мрежа се викала WaveLAN и пренесувала податоци со брзина од 1 до 2 Mbit/s.

Стандарди

Page 11: Ruski - Seminarska

Според 802.11b стандардот WI-FI мрежата теоретски може да пренесува до 11 Mbit/s, но практично заради деградација на сигналот од препреките брзината може да се намали дури и до 1 до 2 Mbit/s. Ова е најевтината варијанта на WI-FI мрежа.

Според 802.11a брзината на пренос на податоци е 54 Mbit/s, но практично се намалува до 30 Mbit/s. Оваа реализација на WI-FI мрежа е поскапа затоа што WI-FI картиците работат на повисоки фреквенции (5 GHz, за разлика од 2.4 GHz).

802.11g ги обединува претходните два стандарди и работи на 2.4GHz но има скоро иста брзина како 802.11а стандардот.

1.4КАБЕЛСКИ ИНТЕРНЕТ

Кабелскиот телевизиски систем е еднонасочен медиум создаден за дистрибуција на емисии на аналогни видео сигнали кон максимален број на корисници по најниска цена. Од појавата на овој сервис пред 50 години, малку нешто се изменило, освен додавањето на повеќе канали.

Во текот на 90-те, со појавата на сателити со директно емитување и дигиталната претплатничка линија (Digital subscriber line - DSL), кабелските оператори добиле сериозна конкуренција во појавените нови технологии.

Кабелската мрежа се состои од „head-end“ локација каде што се примаат сите сигнали и без разлика на изворот фреквентно се мултиплексираат, засилуваат и пренесуваат кон корисниците. Кабелските мрежи се исклучиво еднонасочни, составени од засилувачи

Page 12: Ruski - Seminarska

поставени во каскада, за компензација на слабеењето на сигналот во коаксијалниот кабел.

Значајно подобрување на системите е примената на fiber-optic технологија каде делови од коаксијалниот кабел и засилувачите се заменуваат со оптички кабел со повеќе влакна. Со примена на оптиката се намалува бројот на каскадните засилувачи и се подобруваат сигурноста, односот сигнал-шум како и пропусниот опсег. Со тоа се овозможува подготовка на системот за следниот чекор за двонасочно работење кое е потребно за операторите на кабелската телевизија да овозможат телефонски услуги и Интернет. Двонасочно работење се постигнува со додавање на upstream засилувачи.

*Споредба на ADSL и кабелски пристап на Интернет

Провајдерите кои нудат ADSL услуга нудат одреден пропусен опсег (на пример 1 или 2 Mbps кон корисникот и 256 Kbps од корисникот кон централата) и во принцип го исполнуваат ветувањето. Операторите на кабелска телевизија не даваат изјави за пропусниот опсег бидејќи ефективниот капацитет зависи од тоа колку корисници се активни во моментот на еден сегмент на кабелот. Тој капацитет може да го надмине капацитетот на ADSL линијата но и да биде помал од него.