s - work no.21

15
NO. 21

Upload: trajan3

Post on 20-Mar-2016

220 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

On line magazine by STAR-STAR Star-Star is an association for protection, promotion and development of marginalized professions, with particular emphasis on sex workers, improvement of their social and health status and raising general public’s awareness in the direction of their acceptance and respect of their human rights and freedom of choice.

TRANSCRIPT

Page 1: S - Work No.21

NO. 21

Page 2: S - Work No.21

ПРИКАЗНИ НА ЕСКОРТ МОМЦИ Скајп екранот на Кевин е со заклучена профил слика во времетраење на повикот. Тоа се тие детали што го прават разговорот тотално анонимен, со оглед на темите на кои дискутираат луѓето со Кевин. Кевин не е неговото вистинско име, или како што тој вели:- Не сакам сајбер фанатазијата да премине во мојот личен живот.

Кевин е 22 годишно момче кое живее во Вентура, Калифорнија. Тој е интернет изведувач (cam boy). Тој минатата година седум месеци живеел и делел куќа во Северна Калифорнија, каде во неговата спална соба – студио работел покажуваајќи се на веб камера на повеќе од 1000 онлајн корисници кои плаќале по минутажа. Во првиот месец од неговиот престој таму, тој за прв пат имал секс со својот колега , бидеејќи тоа го побарале гледачите (корисници). Да бидам искрен, на почетокот јас не сакав да имам секс со него, потоа мислев дека тоа е само бизнис, бидејќи тоа е во склоп на работата. Н,о очигледно тоа не профункционира така, ние подоцна завршивме како љубовници.- вели Кевин.

Исто така Кевин објаснува дека не е лесно да се опуштиш и да разговараш или да покажуваш интимни делови од своето тело со некој на кого ниту лицето не му го гледаш. Секојдневните разговори со клиенти од целиот свет со разни фетиши и желби , некогаш можат да бидат и забавни – објаснува Кевин.Низ насмевка раскажува и ситуации во кои тој не се чуствувал баш најпријатно, а тоа најчесто биле моменти кога љубоморни редовни клиенти очајно посакувале Кевин да им биде партнер.Едно нешто е сигурно – Кевин не е трагедија на сексуалната индустрија. Како што и самиот тој кажува дека го има чуството на неразбирање од средината и пријателите, но истовремено и длабокото чуство на самосвест.Тој не е глупав, а не е ниту плиток. Тој е само дел од нешто ново. Исто така не е сам и еднствен во овој бизнис.Заедно со уште илјадници други момчиња кои преку нивните веб камери се впуштаат во

Page 3: S - Work No.21

најстарата професија на светот но во дигиталниот свет кој нема граници. Поминаа деновите кога геј популацијата се сретнуваше и бараше ескорти во јавни вециња или темните паркови.Сега постојат безброј веб страни кои нудат целосни профили со геј ескорти каде има детални физички описи, големина на пенисот, улога во сексот, и фетиши кои се на листата на дозволени (s, m, xl, xxl, vers., влакнест/бричен, СМ игри, златен туш и сл.)Рони е 19 годишно момче и живее во Берлин. Тој наплатува по 120 евра на час, за услуга на повик, а неговите клиенти ги договара преку веб сајт на својот iPad.- Имав профил на најголемата меѓународна геј социјална мрежа на интернет каде секојдневно разговарав со десетици луѓе – вели тој.Од време на време постари момци ќе ми пишеа за да ми понудат пари во замена за секс. На почеток овие понуди ги игнорирав, но потоа имаше еден лош период од мојот живот и ми требаше нешто ново, што ќе ми го одвлече вниманието.Следната понуда која пристигна ја прифатив и тоа беше моето прво искуство како ескорт момче. Сватив дека е доста интересно и парите кои ги добив беа добри, па седнав и го направив мојот прв ескорт профил на интернет.

Page 4: S - Work No.21
Page 5: S - Work No.21

Завршија генерациите за кои ние знаевме пред интернетот. Живеењето во изолиран свет како што е во случајот со геј заедницата, каде порано се сретнувале по тоалети, паркови и темни клубови и тоа само во големите градови. Сега е ерата на интернетот, на лесен пристап до секс, стотици апликации за паметни телефони кои ви нудат да го пронајдете најблискиот до вас ескорт или партнер на кое било место на планетата или од било која возраст, со еден збор да се најдат сексулано достапни момци во метри.Но, тоа создаде заедница на реални вредности или само засилена латентна побарувачка гледано од страна на олеснетиот пристап? Дали тоа и помогна или/и одмогна на геј заедницата?- Доколку би живеел во време во кое нема интернет, јас мислам дека не би ја работел оваа работа – вели Рони.Без интернет се сомневам дека ќе се имав можност вака брзо да се развијам сексулано, најверојатно ќе останев во мојот мал приватен свет без да знам што се случува надвор. Одговорно тврдам дека сепак интернетот има позитивно влијание. Дознав што сакам и што не сакам преку интернет. Сепак, секој треба да дознае повеќе од самиот себе.

Page 6: S - Work No.21

Јас не мислам дека довребата може да се гради исто како кај стрејт луѓето – вели Кевин.Исто така јас не мислам дека да се биде моногамен е основа за довреба. На некој начин тоа е моето барање до мојот партнер и сега, и во иднина да го прифати мојот виртуелен живот, мојата он лајн работа, бидејќи тоа не е исто со моите чуства кон него. Дефинирање на довребата на сосема поинаков начин - тоа е мојот став.Можеби тоа е новиот механизам за надминување на моралниот и емоционалниот парадокс или можеби е почеток на нов вид на сексуалноста изградена помеѓу поделбата на виртуелни и вистински?За мене има многу реална димензија она што го правам – вели Рони, тој создава своја дефиниција. Јас работам во еден клуб, танцувам таму, работам како ескорт, сето тоа јас го менаџирам он лајн, на крајот јас ја нудам услугата лице в лице со моите клиенти. Тоа не е нешто што се случува зад екранот, така што јас не би правел никаква поделба помеѓу реално и виртуелно.Слушаајќи ги Кевин и Рони, јасно е дека нивните геј идентитети ги дефинираат првенствено преку полот. На крајот на денот тие се таму каде што е и целата заедница, до наредниот напредок на технологијата овој разговор ќе станува уште покомплексен отколку што веќе е.

Page 7: S - Work No.21

ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ХОМОФОБИЈАТА И ТРАНСФОБИЈАТА

Во неделата на 18.05 во Градскиот парк симболично беше одбележан IDAHO – Меѓународниот ден за борба против хомофобијата и трансфобијата. Оваа година, IDAHO беше посветен на борбата против дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентиет, како една од главните политички потреби на ЛГБТИ заедницата, преку измена и дополнување на Член 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација. Организаторот на настанот – „Иницијатива Член 3: Поддршка и солидарност со ЛГБТИ заедницата“ успеа да привлече посетители кои од 12:00 часот можеа да ја проследат 4-часовната програма, во која акцент беше ставен на повикот за поддршка и солидарност кон оваа ранлива и маргинализирана општествена група.

Page 8: S - Work No.21

„Четири години по донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, потребата од негова измена и дополнување е сè поочигледна, посебно поради фактот што ЛГБТИ заедницата е постојано жртва на хомофобичен и трансфобичен говор на омраза, семејно насилство, непостоење или одбивање на здравствени услуги, физичко и вербално насилство во јавниот простор, и уште поважно, непостапување или изземање од надлежност од страна на релевантните институции во случаи на евидентирана дискриминација. “ – вели Драгана Дрндаревска, од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, која е носител на Иницијативата „Член 3“. Уранија Пировска од Хелсиншкиот Комитет на Република Македонија додаде: „Денешниот настан го сметаме за голем успех на ЛГБТИ заедницата во Македонија, бидејќи за прв пат организирано излегуваме во јавен простор. Поддршката и солидарноста со ЛГБТИ заедницата е се’ поголема и фронтот се шири“.Една од активностите во вчерашната програма вклучуваше потпишување на картички до пратениците со барања за иницирање измени во Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Page 9: S - Work No.21

РЕЗИМЕ НА ХОЛАНДСКИОТ МУЗЕЈ НА ПРОСТИТУЦИЈАТА

Секоја вечер во Амстердам илјадници љубопитни туристи доаѓаат во славниот Кварт на црвените фенери, каде во излозите чекаат жени во долна облека, кои продаваат сексуални услуги.Неодамна токлму во таа улица е отворен едукативен музеј, кој ја покажува реалноста на овие девојки.

Мелчер де Винд, организатор на музејот наречен „Red Light Secrets“, вели дека ова место е направено за оние кои сакаат да дознаат како оваа област функцинира, без притоа да одат во посета на проститутките.

Page 10: S - Work No.21

Музејот се наоѓа во некогашен бордел, во тесна зграда, типична за Амстердам. На влезот во музејот стои холограм со девојка која ги мами посетителите. Понатаму на дисплејот се појавува девојка која нуди сексуални услуги како дел од општеството, а потоа во краток филм е објаснето колку луѓе работат со девојките, кои ги чистат и поправаат нивните соби, ја перат нивната облека итн.

Девојките изнајмуваат прозорци на половина ден и работат во смени од по 11 часа, дури 6 дена неделно. Многу време минуваат во чекање на клиенти. Во слободното време одат на фризер, во шопинг и на маникир.Идејата на музејот е да ја документира историјата на толеранција на проституцијата во Амстердам, уште од 16-тиот век кога овој град бил колевка на богатите трговци со зачини и кога властите го занемарувале фактот дека морнарите бараат жени.

Музејот најмногу се фокусира на ерата од 2000 година кога проституцијата стана легална во Холандија. Од тогаш градот се бори да ги искорени макроата и трговијата со бело робје.

Јоланда Ван Доеврен, која се занимава со социјалните програми на проститутките, вели дека законот во оваа област се спроведува со помош на полицијата, социјалните и здравствени работници, даночните обврзници и разни граѓански здруженија.Нова девојка која ќе се појави на прозорецот ќе биде забележана во рок од неколку часа и мора

Page 11: S - Work No.21

да се докаже дека е доволно возрасна да ја работи оваа работа. Границата на години во кои може некој да се занимава со оваа професија е подигната од 18 на 21.

Турата во музејот продолжува со тоа што во едната половина стои табла на која се прикажува која жена кога работи и во која соба, заедно со зафатените термини.Потоа турата продолжува кон самите соби. Креветите се ниски и цврсти, покрај мијалникот има мала полица на која стојат лубриканти и марамчиња, презервативи и сексуални играчки. Не се користат парфеми, затоа што парфемот може да остане на кожата на мажот, кој може да предизвика проблеми.Близу 75% од жените кои работат доаѓаат од земји како Романија или Бугарија, а речиси сите девојки ја работат оваа работа по своја волја, односно знаат дека продаваат сексуални услуги.

Page 12: S - Work No.21

2-РИ ЈУНИ - МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЦИ

Опишана како најстарата професија на светот, сексуалната работа за некои останува како темен предмет на омраза и желба. За многумина преставува симбол на експлотација на жени и мажи во многу општества. Но треба да се запамти фактот дека многу жени и мажи се горди на оваа професија. Бараат да бидат прифатени во општеството и нивната работа да биде почитувана како и секоја друга професија, вклучувајќи ги своите права и привилегии.Треба да сфатиме дека сексуалната работа не претставува активност која вклучува само продавање на секс, туку и остварување на родови односи, моќност, пари и секако претставува дефиниција за професија.Како беше одбележан 2 јуни - “Меѓународниот ден на сексуалните работници“ во Скопје, Тетово, Охрид и Струмица, претходната година низ слики:

Page 13: S - Work No.21
Page 14: S - Work No.21
Page 15: S - Work No.21

Лајф бал е настан кој важи за еден од нај гламурозните гала вечери и еден од нај престижните настани. Настанот има хуманитарен концепт и секоја година собира средства за лечење, третирање и истражувања за ХИВ/Сида. Лајф бал традиционално се одржува секоја година во Виена, Австрија.Постерот за овогодинешниот Лајф бал е фотографија на познатиот Дејвид Лашапел а на постерот позира трансродната икона Кармен Карера. Темата на овогодинешниот настан е “ Градина на земски задоволства “.Кармен се појавува во две изданија , со пенис и без пенис, целта е да се претстави утопијата на разните општества во кои сепак живееме сите заедно.