seminarska ekonomska teorija

23
Международный Славянский Институт – г. Москва Факултет за Еконимика и организација на претриемаштво (Менаџмент на организација) Семинарска работа по предметот ЕКОНОМСКА ТЕОРИЈА на тема: ПАЗАРНИ СТРУКТУРИ професор студент, Prof.dr. Б. Соколовски Дарко Талевски 6222/159 1

Upload: darko-talevski

Post on 22-Jan-2016

327 views

Category:

Documents


13 download

DESCRIPTION

seminarska ekonomska teorija

TRANSCRIPT

Page 1: seminarska ekonomska teorija

Международный Славянский Институт – г. Москва

Факултет за Еконимика и организација на претриемаштво (Менаџмент на организација)

Семинарска работа по предметот

ЕКОНОМСКА ТЕОРИЈА

на тема:

ПАЗАРНИ СТРУКТУРИ

професор студент, Prof.dr. Б. Соколовски Дарко

Талевски 6222/159

Битола, 2012/13

1

Page 2: seminarska ekonomska teorija

СОДРЖИНА

1 Вовед2. Видови на пазарни структури2.1 Совршена конкуренција како пазарна структура2.1.1 Крива на побарувачката со која се соочува фирмата при

конкуренција2.1.2 Максимизација на профитот и оптимално ниво на

производство на фирмата при совршена конкуренција 2.1.3 Крива на понудата на фирмата при совршена

конкуренција2.2 Поим, суштина и облици на непотполна конкуренција2.2.1 Монополистичка конкуренција2.2.2 Монопол и бариери за влез2.2.3 Графички приказ на максимизацијата на профитот на

монополот2.3 Поим и карактеристики на омигополот како пазарна

структура3 Резиме4 Користена литература

2

Page 3: seminarska ekonomska teorija

Вовед

Претпријатијата делуваат во одредено окружување наречено пазарна структура. Видот на пазарната структура влијае врз однесувањето на фирмата и нејзините деловни резултати. Основни видови (модели) се следни: совршена конкуренција и облиците на непотполна конкуренција (монопол, монополистичка конкуренција за анализа – олигопол). Совршената конкуренција е мошне значајна затоа што произлегува од фактот што таа претставува урнек за идеално ефикасен економски систем; урнек со кој се споредуваат структурите на несовршената конкуренција и кој овозможува преедвидување на ефектите од државната интервенција во функционирањето на апзарниот механизам. Најпрво ќе бидат објаснети принципите според кои поединечната фирма го одредува рамнотежниот обем на производство во услови на совршена конкуренција. Следи анализа на процесот на одредување на рамнотежната пазарна цена и рамнотежниот обем на понуда на една цела индустрија, постигнување на ефикасна (оптимална) алокација на производните ресурси, ќе бидат објаснети условите кои треба да бидат задоволени за да се постигне таква ефикасна алокација, со посебен акцент врз влијанието на распределбата на доходот и во тој контекст, врз односот помеѓу ефикасноста и праведноста на исходите од слободното функционирање на пазарниот механизам. Монополот се јавува како екстремен случај на непотполна конкуренција. Конкуренцијата во секторите во кои претпријатиета, односно продавачите, имаат некаков степен на влијанир врз висината на цените на производите и услугите се нарекува непотполна конкуренција. Многу диференцирани продавачи е посебен облик на непотполна (несовршена) конкуренција која често се нарекува и монополистичка конкуренција. Овде на страната на понудата постојат голем број на претпријатија кои не произведуваат исти по квалитет производи туку диференцирани. Тука ќе ги елаборираме и основните извори на непотполна конкуренција, односно бариерите за влез во стопанските сектори, и ќе ја анализираме логиката на формирањето на маргиналниот, граничниот приход во услови на монопол, и начинот на максимизација на профитот на монополот. На средината помеѓу потполната конкуренција и монополот, се наоѓа олигополот. Ологополот претставува пазарна структура кај која на страната на

3

Page 4: seminarska ekonomska teorija

понудата се појавуваат неколку големи фирми. Тука ќе бидат презентирани карактеристиките на олигополската пазарна структура. Ќе се укаже на : конфликтот помеѓу мотивот за конкуренција и мотивот за договарање за ограничување на конкуренцијата, како и на меѓузависноста во одлучувањето кај олигополските фирми. Ќе бидат објаснети двата главни облици на ограничување на конкуренцијата: експлицитно договарање (картел) и имплицитно договарање (ценовно лидерство); користење на т.н. испакната крива на побарувачката.

ВИДОВИ НА ПАЗАРНИ СТРУКТУРИ

Претпријатијата, односно фирмите делуваат во рамките на одредено деловно окружување. Една фирма се среќава на пазарот со конкуренстки фирми кои го нудат истиот произвот, а потоа исто така и со одредена структура на потрошувачи кои се разликуваат по возраст, по вкусовите, по расположливиот доход и сл. Ваквото окружување влијае врз однесувањето и резултатите од работата на поединечните фирми. Влијанието, се разбира се одвива и во спротивна насока: поединечната фирма може да влијае врз ефектите од функционирањето на пазарот на одреден производ. Затоа еекономската наука развила т.н. модели на пазарни структури, со цел да го анализира однесувањето на фирмите во рамките на различни структури на деловно окружување.

ВИДОВИ НА ПАЗАРНИ СТРУКТУРИ

Вид на пазарна структура / карактеристики

Совршена конкуренција

Монополистичка конкуренција

Олигопол Монопол

Број на претпријатија

Многу и независни

Многу и независни

Неколку меѓусебно зависни

Едно и независно

Влијание врз цената

Никакво Ограничено од видот и дометот на монополот

Одредено Големо но често е редуцирано

Природа на производот

Хомоген Диференциран Диференциран или хомоген

Единствен, уникатен

Бариери за влез Не постојат Речиси не постојат

Постојат и можат да бидат значителни

Целосно ислучување на конкуренцијата

Пример Производство на пченица, берзи на хартии од вредност

Текстил, ресторани

Автомобили, челик

Пошта, јавна инфраструктура

4

Page 5: seminarska ekonomska teorija

Пазарната структура го покажува начинот на кој е организиран одреден пазар. Видот на пазарната структура е одреден од неколку основни карактеристики:

А) бројот и степенот на концентрација на продавачите (претпријатијата) и купувачите.

Б) типот на производот: дали се работи за истоветен, хомоген производ кој го произведуваат фирмите во рамките во рамките на индустријата или постои диференцирање на производот.

В) постоење на бариери, за влез на нови фирми и за излез на постојаните фирми во и од индустријата.

Г) влијание врз цената. Зависно од овие карактеристики, постојат различни видови на пазарни структури. Вообичаено е да се зборува за еден спектар од четири основни видови на пазарни структури: совршена конкуренција, монополистичка конкуренција и монопол.1

СОВРШЕНА КОНКУРЕНЦИЈА КАКО ПАЗАРНА СТРУКТУРА

Совршената конкуренција е таква пазарна структура која се базира на следниве претпоставки:1. Голем број на независни продавачи (производители) и купувачи. На страната на понудата, поединечната фирма нуди количина која е толку мала во однос на вкупната понуда на индустријата, што одлуките на фирмата немаат никакво влијание врз пазарната цена. Ист е и случајот на страната на побарувачката: одлуките за купување на поединечниот потрошувач не влијаат врз пазарната цена, зошто поединечно купената количина е многу мала во однос на вкупната. Од ова следи една од најважните карактеристики на совршената конкуренција: поединечните фирми се т.н. прифаќачи на цени (price takers); за нив цената е од пазарот зададена големина односно фирмите делуваат верувајќи дека цената е сосема независна од нивните одлуки и дека тие не можат да влијаат врз цената. Истото важи и за поединечните купувачи.

2. Хомогеност, истоветеност на производот. Сите фирми продаваат (произведуваат) производ со сосема идентични карактеристики. Затоа кај купувачите е сосема сеедно од кој продавач купуваат. Значи сите фирми во индустријата продаваат ист производ по иста цена.

1 Доколку се работи за структурата на страната на побарувачката, двата последни видови на пазарни структури се монополска и олигополска.

5

Page 6: seminarska ekonomska teorija

3. Слобода на влез и излез на фирмите во и од индустријата. Не постојат економски или законски бариери за новите фирми да влезат во индустријата, нуту за постојаните непрофитабилни, неуспешни фирми да ја напуштат индустријата. Ваквата слобода исто така претставува и совршена подвижност т.е. мобилност на факторите на производство (работна сила, капитал) во движењето помеѓу различните индустрии.

4. Совршена потполна информираност на учесниците на пазарот. Купувачите поседуваат совршено знаење за карактеристиките и цените на производите што ги нудат различните фирми. Фирмите поседуваат потполно знаење за технолошките процеси кои се расположливи за производство за даден производ.Очигледно е дека е многу тешко да се најде во стварноста пазарна структура која функционира според овие претпоставки. Извесно приближување до моделот на совршена конкуренција во практиката се постигнува на пазарот на некои земјоделски производи, пр. зелените пазари, каде се сретнуваат голем број на ситни продавачи и купувачи. Во замјите каде што постои фармерски начин, производството на земјоделски култури со стандардизиран квалитет, пазарот на пченица е блиску до пазарот на совршена конкуренција. Пазарот на хартии од вредност (акции, обврзници). Особено во земјата со најразвиен таков пазар – САД, може исто така да се земе како добра апроксимација за совршено конкурентски пазар.

* Зошто се изучува совршената конкуренција?Изучувањето на моделот на совршената конкуренција може да покаже како би функционирал еден идеален пазарен систем, во негова помош моше да се анализираат законитостите и да се оценат резултатите од функционирањето на една совршено конкурентска пазарна економија. Всушност, совршената конкуренција претставува еден вид урнек, стандард за идеално ефикасен економски систем.

КРИВА НА ПОБАРУВАЧКАТА СО КОЈА СЕ СООЧУВА ФИРМАТА ПРИ СОВРШЕНА КОНКУРЕНЦИЈА

За разлика од типичната форма на крива на побарувачката кај која бараната количина опаѓа со покачување на цената, кривата на побарувачката со која е соочена поединечната фирма при совршена конкуренција има форма на хоризонтална линија. Тоа значи дека при совршена конкуренција фирмата е соочена со перфектно ценовно еластична побарувачка: доколку таквата фирма и за малку ја зголеми продажната цена, таа ќе ги изгуби сите потенцијални купувачи т.е. побарувачката за нејзиниот производ ќе падне на нула,

6

Page 7: seminarska ekonomska teorija

додека по тековната пазарна цена фирмата може да продава неограничена количина на производство. Ваквиот резултат произлегува најмалку од две претпоставки на моделот на совршена конкуренција. Поради големиот број на производители (продавачи) во индустријата (пазарот) влијанието на поединечната фирма врз цената е безначајно. Секој нејзин обид преку пораст на цената да оствари дополнителен приход ќе предизвика моментално свртување на сите поранешни муштерии на фирмата кон нејзините конкуренти кои според втората претпоставка, продавачот сосема идентични производи и тоа по пазарна (пониска) цена.

МАКСИМИЗАЦИЈА НА ПРОФИТОТ И ОПТИМАЛНО НИВО НА ПРОИЗВОДСТВО НА ФИРМАТА ПРИ СОВРШЕНА

КОНКУРЕНЦИЈА

Целта на фирмата во услови на совршена конкуренција е максимизација на профитот. Фирмата ја интересира ефектот од нејзината економска активност изразен како разлика меѓу она што го добива од пазарот со реализација за нејзиното производство т.е. вкупниот приход, и она што како производни ресурси го троши за да ја произведе продадената количина т.е. вкупните трошоци. Разликата меѓу вкупните приходи и вкупните трошоци претставува профит. Профитот е важен за фирмата бидејќи со остварувањето профит се зголемува економското богатство на сопственикот на фирмата. Кај оптималниот обем на производството што фирмата во услови на совршена конкуренција би го избрала за да го максимира профитот.Се работи за т.н. рамнотежно ниво на производство, бидејќи се бара рамнотежа меѓу две големини со спротивен ефект врз профитот: приходот и трошоците во секоја дополнително произведена единица, се зголемува приходот, а со тоа и профитот; меѓутоа секоја дополнителна единица носи и зголемување на направените трошоци што треба да се покријат од остварениот приход, а со тоа се намлува профитот. Ако се работи за дополнителни количини, зборуваме за маргинални гранични големини: мергинален приход и маргинален трошок. Така доаѓаме до условот за максимирање на профитот кој има универзално значење: маргиналниот приход ќе се изедначи со маргиналниот трошок, МР=МСВаквиот општ услов за оптимален обем на производство, при постоење на совршена конкуренција добива посебна форма: Р=МС, цената да се изедначи со маргиналниот трошок. Зошто е тоа така? При совршена конкуренција понудата на поединечната фирма е

7

Page 8: seminarska ekonomska teorija

толку мала во однос на вкупната понуда што промената во обемот на нејзиното производство не влијае врз пазарната цена. Оттука фирмата ќе ја продава последната, маргинална произведена единица со истата цена по која ги продава и сите претходно произведени единици, тоа значи дека маргиналниот приход ќе е еднаков на пазарната цена: МР=Р. Доколку овој идентитет го примениме врз општиот услов за оптимален обем на производство, ќе добиеме: Р=МС. Со ова е даден условот за рамнотежен обем на производство за фирма при совршена кокуренција:Фирмата ќе го зголемува производството се додека трошоците за последната произведена единица не се изедначат со пазарната цена. Во услови на совршена конкуренција маргиналниот приход е еднаков на пазарната цена т.е. цената по која се продаваат сите произведени единици. Поединечната фирма менувајќи го обемот на производство (понудата) не може да влијае врз пазарната цена т.е врз нејзиниот маргинален приход: за фирмата пазарната цена е „однадвор“ од страна на пазарот одредена големина. Маргиналниот трошок зависи од обемот на производството што фирмата ќе одлучи да го произведува. Движењето на маргиналниот трошок во зависност од обемот на производството претставува релевантна рамка за анализа на понудата на конкуренциската фирма. Кривата на понудата на фирмата всушност претставува т.е. се поклопува со кривата на маргиналните трошоци.

ПОИМ, СУШТИНА И ОБЛИЦИ НА НЕПОТПОЛНА КОНКУРЕНЦИЈА

Наспроти состојбата на потполна конкуренција каде што производството и понудата на одделен производ ги креираат голем број мали фирми, стио состојбата на монопол. Кај овој тип на пазарна структура вкупното производство и вкупната понуда ја креира едно едноставно претпријатие – монополот. Ако вкупното производство и понуда на производи или услуги во еден сектор потекнува, е креирано од едно претпријатие, монополот, монополистот без сомнение ќе има силно влијание врз висината на цената на своето производство. Екстрмите во морфологијата на пазарните структури – потполната конкуренција и монополот во современи услови имаат релативно ограничено значење. Кои пазарни структури доминираат во практиката денес? Во земјите со развиена пазарна економија постои висок степен на концентрација на производство и капиталот така што најзначајниот дел на производи или услуги во рамките на еден сектор доаѓа до неколку големи претпријатија. Кон средината на 80-тите години

8

Page 9: seminarska ekonomska teorija

концентрацијата на некои значајни индустрии во стопанството на САД изгледаше вака:

*преработка на нафта – четири корпорации контролираа 50-55% од пазарот*авиони – три корпорации контролираа 90-95% од пазарот*тешка електроопрема – две претпријатија контролираа 65-70% од пазарот*лекови – четири корпорации контролираа 65-70% од пазарот *авионски мотори – две корпорации контролираа 90% од пазарот и т.н.2

Ова покажува дека за разлика од состојбата на потполна конкуренција, каде што фирмите немаат практично никакво влијание врз цената на производите или услугите, кај состојбата на монопол, олигопол корпорациите можат да влијаат врз висината на цените на производите и услугите заради фактот што тие имаат доминантно или значајно учество во креирањето на вкупното производство и на вкупната понуда. Затоа конкуренцијата во одреден стопански сектор во кој претпријатијата односно продавачите имаат некаков степен на влијание врз висината на цените на производите и услугите се нарекува непотполна конкуренција.Постојат три основни облици на непотполна конкуренција: монопол, олигопол и многу диференцирани продавачи.

* Монопол – станува збор за крајниот, екстрмниот случај на непотполна конкуренција кога еден единствен продавач има потполна контрола врз целиот стопански сектор. Постоењето на класичен монопол се базира врз две претпоставки:Една корпорација, еден продавач да го дава вкупното производство во секторот и отсуство на други производители кои можат да обезбедат добра супституција, замена за производот на монополот. Кога би се исполниле овие две претпоставки, монополот би имал силно влијание врз цените на производите и услугите. Големо значење им припаѓа на т.н. природни монополи (natural monopoly) - стопански сектори во кои извршувањето на економската активност бара вложување на огромен капитал, поради што законот за економиите од обем не дозволува таа дејност да ја обавуваат голем број на претпријатија. Државата дава ексклузивно право дејноста да ја извршува едно единствено претпријатие, со што настанува природен монопол.

2 R. Edwards, M. Reich, T. Weiskop, “The Capitalist System”, New Jersey 1986 p.188

9

Page 10: seminarska ekonomska teorija

*Олигопол – пазарна структура каде што мал број на корпорации, продавачи имаат доминантни позиции во вкупното производство и понуда на стопанскиот сектор. Во зависност од тоа дали овој мал број производители односно продавачи произведуваат исти, идентични производи или до некаде различни, диференцирани производи, се разликуваат два вида олигополи. Кај првиот тип претпријатијата произведуваат идентични или речиси идентични производи. Кај вториот тип мал број претпријатија произведуваат исти производи но со диференцирани својства и карактеристики.

МОНОПОЛИСТИЧКА КОНКУРЕНЦИЈА

*Монополистичка конкуренција-(многу диференцирани продавачи) е посебен облик на несовршена конкуренција кој често се нарекува и монополистичка конкуренција. Овде на страната на понудата постојат голем број на претпријатија кои меѓутоа не произведуваат исти по квалитет производи, туку диференцирани производи. Многу производи на широката потрошувачка моќжат да се подведат во овој вид на конкуренција, односно под режимот на многу диференцирани продавачи.

Сличности и разлики помеѓу слободната конкуренција и состојбата на многу диференцијални продавачи

Вид на конкуренција Сличност РазличностСлободна Конкуренција Голем број објекти на

страната на понудатаПроизведуваат идентични производи

Многу диференцирани продавачи

Голем број објекти на страната на понудата

Произведуваат диференцирани производи

Сличност и разлики помеѓу олигополската конкуренција со диференцирани производи и состојбата на многу диференцирани

продавачи

Вид на конкуренција Сличност РазличностОлигополска конкуренција Се произведуваат

диференцирани производиМал број објекти на страната на пондата

Многу диференцирани продавачи

Се произведуваат диференцирани производи

Голем број објекти на страната на понудата

10

Page 11: seminarska ekonomska teorija

БАРИЕРИ ЗА ВЛЕЗ

Што е тоа што придонесло за исчезнувањето на слободната конкуренција од најголемиот број на стопански сектори? Постоењето на бариери, односно на различни рестрикции, пречки за влез на претпријатиата во одделни стопански сектори, дава одговор на ова прашање. Бариерите за влез можат да бидат од различна природа.

*Окрупнување на претпријатијата заради искористување на економиите од обем. Станува збор за најзначајниот извор кој условува појавување на крупни претпријатија со монополистичка моќ. Законот за економиите од обем потврдува дека во одделни стопански сектори производството може да биде ефикасно само доколку се организира во масовни серии. Производството на автомобили е исплатливо само доколку се произведуваат годишни серии од најмалку 300,000 возила и друго. Токму затоа вкупното производство на овие сектори го обезбедува едно или пак неколку крупни претпријатија. Во сите овие случаи се забележува дека со порастот на обемот на приоизводството доаѓа до силно намалување на трошоците по единица производ. Затоа велиме дека ваквите производни сектори профитираат од користењето на економиите од обем.

*Правни бариери за влез- Државата со правни прописи исто така може да го ограничи влезот на нови претпријатија во одделни стопански сектори. Во повеќе наврати до сега споменавме дека државата може на едно единствено претпријатие да му додели ексклузивно право да ја организира стопанската активност во секторот со што се креира природен монопол. Друг вид правна бариера е патентот. Инвенциите или иновациите што се резултат на макотрпната истражувачка активност на индивидуалните пронаоѓачи најчесто придонесуваат за креирање на нов производ или усовршување на постојан производ или производен процес. Со патентната заштита пронаоѓачите си го обезбедуваат правото само и единствено тие да можат да го користат пронајдокот за определен временски период. Патентната заштита, значи на пронаоѓачите им овозможува да ги уживаат плодовите од научноистражувачката работа за одредено време. Без неа тешко може да се осигура мотивираноста на претприемачите и претпријатијата за истражувача работа и развој.

11

Page 12: seminarska ekonomska teorija

*Даровите на природниот фактор како бариери за влез на нови претпријатија.Во некои земји во светот се концентрирани особени, специфични природни богатства, како што е на пример случајот со кафето во Бразил, нитратите во Чиле и др. Контролата на производството во вакви случаи им е препуштена на крупни домашни или странски корпорации кои едновремено имаат доминантни позиции и во светскиот аутпут на споменатите производи. Заради тоа влезот на други претпријатија во овие специфични сектори е многу отежнат, практично невозможен.

*Диференција на производите.Станува збор за фактор од економска природа која исто така придонесува за ограничување на влезот на нови претпријатија во секторите. Имено кога се врши диференцијација на производите т.е. на нивните карактеристики и квалитет, најчесто се има предвид одделен сегмент на потрошувачи чии желби, вкусови и преференции треба да се задоволат. Но на тој начин нужно се стеснува се сегментира или фрагментира и самиот пазар на кој се реализираат производите. Пример корпорацијата врши диференцијација на особеностите и карактеристиките на автомобилите- опремување со специјални сопирачки, серво управувач, клима уред и др.- предвид се имаат побогатите потрошувачи.

ГРАФИЧКИ ПРИКАЗ НА МАКСИМИЗАЦИЈА НА ПРОФИТОТ НА МОНОПОЛОТ

На графиконот се прикажани кривите на вкупниот приход и вкупните трошоци. Монополот го максимизира профитот кога позитивната разлика помеѓу вкупниот приход и вкупните трошоци е најголема – приближно кај десетат единица производ, при вкупен приход од 60 долари.

ПОИМ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОЛИГОПОЛОТ КАКО ПАЗАРНА СТРУКТУРА

Олигополот претставува пазарна структура кај која на страната на понудата се јавуваат мал број продавачи, а на страната на побарувачката голем број купувачи. Обично олигополите се големи претпријатија во однос на големината на пазарот кој го опслужуваат, па оттаму тие можат со своите одлуки да влијаат врз пазарната цена по која се продава производот. Доколку на страната на понудата постојат само две фирми, станува збор за дуопол. Во индустриски

12

Page 13: seminarska ekonomska teorija

развиените пазарни економии олигополот преставува најчеста форма на пазарна структура. Во однос на карактерот на производо, кај олигополот среќаваме случаи како хомогени, така и на диференцирани преоизводи. Степенот на диференција на производот во различни случаи е различен и се јавува и како фактор кој го одредува степенот на ограниченоста на конкуренцијата во конкретна олигополска индустрија. Конкуренцијата е ограничена и поради постоењето на бариери за влез и излез во и од индустријата. Причините за постоење бариери можат да бидат различни: постоење на економии на обем, правни ограничувања, а некогаш бариера може да биде високото ниво на трошоци за реклама, промоција на производот. Особено значајно кај олигополот е можноста за специфичен вид на бариера за влез во фомрана т.н. стратешко одвраќање на потенцијални конкуренти.Она што лежи во основата на проблематиката на олигополот е инхерентниот конфликт помеѓу два спротиставени вида на однесување на претпријатијата: договарање и конкуренција. Или како што теоријата на игри ги нарекува: стратешки типови на однесување кооперативно и некооперативно однесување. Олигополските претпријатија се растргнати помеѓу два спротиставени мотива: првиот, да се договорат меѓу себе да ја ограничат вупната понуда и да ја одржуваат цената на високо ниво остварувајќи високи профити, преку подобрување на квалитетот на производите, воведување на нови производи, агресивно рекламирање и сл. да ги диференцираат производите за да одземат дел од пазарот на своите конкуренти и така да го зголемат профитот на сопствените претпријатија. ова доведува до следните резултати:

*Доколку преовладува поривот за договарање (кооперативност) олигополт доведува до обем на производството и цени блиски на оние кои бе се оствариле во услови на монопол – мал обем на производство и високи цени.

* Доколку преовладува поривот за конкуренција (некооперативност) олигополот доведува до обем на производството и цени блиски на оние кои бе се оствариле при совршена конкуренција – голем обем на производство и ниски цени.

*Колку е поголем бројот на претпријатијата, колу се послаби бариерите за влез, толку и крајниот резултат од олигополската пазарна структура ќе се оддалечува од состојбата на монопол и ќе се приближува до совршената конкуренција.

13

Page 14: seminarska ekonomska teorija

ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА КОНКУРЕНЦИЈАТА КАЈ ОЛИГОПОЛОТ – КОЛУЗИЈА

При постоење на неколку големи фирми на пазарот, станува можна практиката на ограничување на конкуренцијата помеѓу нив. Наместо секоја од фирмите да настојува да ја намали својата цена со цел да одземе дел од потрошувачите на другите фирми, за сите фирми може да е поисплатливо да се договорат да ја ограничат количината на понудата и да ја одржуваат цената на релативно високо ниво. Договарањето помеѓу постојаните олигополски фирми , било експлицитно (јавно), било имплицитно (тајно), со цел избегнување на меѓусебната конкуренција се нарекува колузија. Се работи за картел додека како честа форма на инплицитно, прекуноќно договарање може да третира ценовното лидерство т.е. ценовното предводништво.

КАРТЕЛОТ КАКО ЕКСПЛИЦИТНО ОГРАНИЧУВАЊЕ НА КОНКУРЕНЦИЈАТА

Кога спогодувањето помеѓу олигополските фирми за ограничување на конкуренцјата се прави експлицитно, јавно, станува збор за картел. Фирмите кои се вклучуваат во картелското здружение се спогодуваат за квотите на производството што поединечните фирми можат да го понудат на пазарот, со цел да цената на производот да се одржи на релативно високо ниво ис о тоа д се остварат високи профити. Всушност неколкуте фирми во картелот настојуваат да создадат ситуација на фактички монопол. Но за разлика од „чистиот“ монопол“ кај картелот и натаму егзистираат неколку фирми кои формално ја задрживаат својата деловна самостојност т.е. се засебни деловни организации. Еден од најпознатите картели е картелот од меѓународен карактер ОРЕС (организација на земји извознички на нафта)

14

Page 15: seminarska ekonomska teorija

РЕЗИМЕ

Пазарната структура го покажува начинот на кој е организиран одреден пазар. Постојат различни видови на пазарни структури. Вообичаено се зборува за четири основни видови на пазарни структури: совршена конкуренција, монополистичка конкуреницја, олигопол и монопол.Совршената конкуренција се карактеризира со голем број и независни претпријатија, кои што немаат никакво влијание врз цената. Се произведуваат хомогени производи, и не постојат никакви бариери за влез и излез од индустријата.Монополистичката конкуренција се карактеризира со голем број независни претпријатија чие влијание врз цената е ограничено од видот и дометот на монополот. Се произведуваат диференцирани производи и речиси не постојат бариери за влез и излез од индустријата.Олигополот се карактеризира со неколку меѓусебно зависни претпријатија кои што имаат одредено влијание врз цената. Се произведуваат диференцирани или хомогени производи и постојат бариери за влез и излез од индустријата кои можат да бидат значителни. Монополот се карактеризира со едно независно претпријатие кое што има големо влијание врз цената, но често е регулирано. Се произведува еден единствен, уникатен производ и има комплетно исклучување на конкуренцијата.

15

Page 16: seminarska ekonomska teorija

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

„ЕКОНОМИЈА“ – Таки ФитиИнтернет

16