sl. vesnik br. 118-2005бедност на млечна храна за доенчиња..... 8...

654
Број 118 Год. LXI Петок, 30 декември 2005 Цена на овој број е 600 денари www.slvesnik.com.mk [email protected] Стр. 1636. Правилник за начинот на означување на храната……………………………... 1 1637. Правилник за посебните барања за без- бедност на млечна храна за доенчиња........ 8 1638. Правилник за начинот на проверка на знаењето и издавањето на потврди за стек- МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО 1636. Врз основа на член 32 став 3 од Законот за без- бедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната ("Службен весник на Република Македонија" бр.54/2002), министерот за здравство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ НА ОЗНАЧУВАЊЕТО НА ХРАНАТА ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на озна- чувањето на храната. Член 2 Одредбите на овој правилник се однесуваат на хра- ната наменета за потрошувачите и на прехранбените производи наменети за снабдување на угостителски об- јекти, објекти за јавна исхрана, како и за други комер- цијални активности (кетеринг). Одредбите од овој правилник не се однесуваат на храната која се пакува во присуство на потрошувачот. Член 3 Означувањето на храната во смисла на овој правил- ник е означувањето на прехранбените производи. Стр. нати основни знаења за хигиена на храната и заштита на животната средина .................... 30 1639. Правилник за општите барања за без- бедност на храната..................................... 30 1640. Правилник за адитивите што можат да се употребуваат за производство на храна ....... 276 Член 4 Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: "Означување на нутритивни својства" е опис (податоци-информација) наменет да го информира по- трошувачот за нутритивните својства на прехранбени- от производ; "Означување на посебни нутритивни својства" е опис (податоци-информација) кој претставува, суге- рира или имплицира дека прехранбениот производ поседува посебен квалитет, кој е поврзан со неговото потекло, нутритивните карактеристики, природата, преработката, составот и други квалитети; "Означување на нутритивниот состав" е наве- дување на нутриенси, кои влегуваат во состав на пре- хранбениот производ; "Состојка" е секоја материја, вклучувајки ги и адитивите, која што се користи во производството или подготовката на прехранбениот производ и е присутна во готовиот производ, дури и во изменет облик; “Сложена состојка” е онаа која содржи две или по- веќе состојки; "Предпакуван прехранбен производ" е секој пое- динечен прехранбен производ во амбалажа, во која е одна- пред спакуван во отсуство на купувачот, без оглед на тоа дали е амбалажата во една целина или пак само де- лумно го обвиткува прехранбениот производ, така што не- говата содржина не може да се промени без да се отвори или оштети амбалажата; СО Д РЖИНА

Upload: others

Post on 28-May-2020

15 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

  • Број 118 Год. LXI Петок, 30 декември 2005 Цена на овој број е 600 денари

    www.slvesnik.com.mk [email protected]

    Стр. 1636. Правилник за начинот на означување

    на храната……………………………... 1 1637. Правилник за посебните барања за без-

    бедност на млечна храна за доенчиња........ 8 1638. Правилник за начинот на проверка на

    знаењето и издавањето на потврди за стек-

    МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО 1636.

    Врз основа на член 32 став 3 од Законот за без-бедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната ("Службен весник на Република Македонија" бр.54/2002), министерот за здравство, донесе

    П Р А В И Л Н И К

    ЗА НАЧИНОТ НА ОЗНАЧУВАЊЕТО НА ХРАНАТА

    ОПШТИ ОДРЕДБИ

    Член 1

    Со овој правилник се пропишува начинот на озна-чувањето на храната.

    Член 2

    Одредбите на овој правилник се однесуваат на хра-ната наменета за потрошувачите и на прехранбените производи наменети за снабдување на угостителски об-јекти, објекти за јавна исхрана, како и за други комер-цијални активности (кетеринг).

    Одредбите од овој правилник не се однесуваат на храната која се пакува во присуство на потрошувачот.

    Член 3

    Означувањето на храната во смисла на овој правил-ник е означувањето на прехранбените производи.

    Стр. нати основни знаења за хигиена на храната

    и заштита на животната средина.................... 30 1639. Правилник за општите барања за без-

    бедност на храната..................................... 30 1640. Правилник за адитивите што можат да се

    употребуваат за производство на храна....... 276

    Член 4 Одделни изрази употребени во овој правилник го

    имаат следното значење: "Означување на нутритивни својства" е опис

    (податоци-информација) наменет да го информира по-трошувачот за нутритивните својства на прехранбени-от производ;

    "Означување на посебни нутритивни својства" е опис (податоци-информација) кој претставува, суге-рира или имплицира дека прехранбениот производ поседува посебен квалитет, кој е поврзан со неговото потекло, нутритивните карактеристики, природата, преработката, составот и други квалитети;

    "Означување на нутритивниот состав" е наве-дување на нутриенси, кои влегуваат во состав на пре-хранбениот производ;

    "Состојка" е секоја материја, вклучувајки ги и адитивите, која што се користи во производството или подготовката на прехранбениот производ и е присутна во готовиот производ, дури и во изменет облик;

    “Сложена состојка” е онаа која содржи две или по-веќе состојки;

    "Предпакуван прехранбен производ" е секој пое-динечен прехранбен производ во амбалажа, во која е одна-пред спакуван во отсуство на купувачот, без оглед на тоа дали е амбалажата во една целина или пак само де-лумно го обвиткува прехранбениот производ, така што не-говата содржина не може да се промени без да се отвори или оштети амбалажата;

    С О Д Р Ж И Н А

  • Стр. 2 - Бр. 118 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 30 декември 2005

    "Збирно пакување" е пакување, кое што содржи две или повеќе по количина и содржина исти поединечни пре-хранбени производи;

    "Течен медиум" се производи, по можност во ме-шавини, и исто така замрзнати или брзо замрзнати, под услов течноста да биде само додаток на основните елементи на препаратот и оттука да не претставува ва-жен фактор при купувањето: вода, водни раствори на соли, расол, водни раствори на киселини во храната, оцет; водни раствори на шеќери, водни раствори на други средства за засладување, или овошни или зелен-чукови сокови во случај на овошје и зеленчук;

    "Серија (лот)" е единица на прехранбениот произ-вод во прометот, која е преработена, изработена или спакувана под истите услови и

    "Сродни производи" се производи кои се распо-редени во иста група, односно категорија на производи од аспект на нивните својства.

    Член 5

    Ако прехранбениот производ е произведен со упо-треба на јонизирачко зрачење се означува со ознаката ,,третиран со јонизирачки зраци ,, или „озрачен ,, .

    Ако прехранбениот производ од став 1 од овој член се употреби како состојка во некој друг прехранбен производ, таквата состојка во пописот на состојки по-себно се наведува со ознака дека е третирана со јо-низирачки зраци.

    Член 6

    Ако на прехранбениот производ му е зголемена трајноста со помош на гас за пакување, се означува со ознаката ,,пакувано во контролирана атмосфера,, .

    Член 7

    Ако прехранбениот производ е произведен соглас-но прописите за органско земјоделско производство се означува со ознаката „органски,,.

    Член 8

    Ако прехранбениот производ е произведен согласно прописите за генетски модифицирана храна се означува со ознаката ,,генетски модифициран,, или ,,произведен од генетски модифициран (име на организмот),,.

    Ако прехранбениот производ од став 1 од овој член се употреби како состојка во некој друг прехранбен производ, таквата состојка во пописот на состојки по-себно се наведува со ознаката ,,генетски модифици-ран,, или ,,произведен од генетски модифициран (име на организмот),,.

    Член 9

    Означувањето на прехранбените производи се врши со следните основни податоци:

    (1) името под кое се продава производот; (2) списокот на состојките употребени во производ-

    ниот процес или при преработката на прехранбениот производ;

    (3) количеството на одредени состојки или катего-рии состојки употребени во производниот процес или при преработката на прехранбениот производ;

    (4) нето- тежина; (5) рокот на траење (,,употребливо до,,) или, во

    случај на прехранбени производи кои се лесно расип-ливи од микробиолошка гледна точка, ,,мора да се употреби до ...,, ;

    (6) сите специфични услови за складирање или ус-лови на употреба;

    (7) серија ( шаржа, партија, лот ) на производот; (8) име или деловното име и адресата на производите-

    лот или на субјектот кој го пакува или кој го продава про-изводот. За увезените производи се назначува и адреса на увозникот, земјата на потекло (,,произведено во… ,,) и земја од која е производот увезен (,, увезено од,,);

    (9) потекло или извор на производот (ако не се дадат вакви податоци) потрошувачот би можел да биде наведен на погрешен заклучок во однос на ви-стинското потекло или изворот на прехранбениот производ;

    (10) упатства за употреба (ако соодветната употре-ба на прехранбениот производ е невозможна) и

    (11) содржина на алкохол кај пијалоци кои содржат повеке од 1,2 вол % алкохол.

    Покрај податоците од ставот 1 на овој член, пре-хранбените производи се означуваат и со посебните податоци определени согласно посебните барања за од-делни видови прехранбени производи.

    Член 10

    За прехранбените производи кои се во збирно пакува-ње, а се наменети за продажба на големо или пак за обје-кти за јавна исхрана, се означуваат со податоците соглас-но Законот за безбедност на храната и производите и ма-теријалите што доаѓаат во контакт со храната, на збирно-то пакување или во пропратната документација која се доставува истовремено со пратката или претходно ако на поединечното пакување се наведени податоци од од член 9 точка 1, 3, 4, 5 и 7 на овој правилник.

    Член 11

    Името на прехранбениот производ се означува сог-ласно посебните барања за безбедност на одделните видови храна .

    Ако името на прехранбениот производ не е опреде-лен со прописите за посебните барања за безбедност на одделните видови храна, прехранбениот производ се означува со:

    - името кое вообичаено се употребува во Републи-ка Македонија, или

    - со описно име, односно со описот на неговата употреба, ако тоа е потребно, за да може потрошувачот лесно да ја види неговата вистинска природа и да го разликува од другите прехранбени производи со кои лесно може да го замени.

    Името на прехранбениот производ содржи и по-даток за неговата физичка состојба или за посебната постапка на преработка (во прав, кондензиран, ча-ден, сушен, пастеризиран, брзо смрзнат и др.), ако отсуството на овој податок може потрошувачот лесно да го доведе до заблуда..

    Покрај името на прехранбениот производ може да се додаде и тровското име ако производот го има.

    Името на прехранбениот производ не се замену-ва со трговска марка, трговско име или популар-но име.

    Член 12

    На прехранбените производи се означуваат и со-стојките дадени во Прилозите бр. 1, 2 и 3, кои се соста-вен дел на овој правилник.

    Ако прехранбениот производ содржи состојка што е производ од неколку состојки тие се сметаат за со-стојки на тој прехранбен производ.

    Како состојки не се сметаат: 1. составните делови на состојката, кои за време на

    производниот процес привремено биле одделени и по-доцна повторно додадени, но не во количества поголе-ми од нивните првобитни соодноси; и

    2. адитивите чиешто присуство во прехранбен про-извод се составен дел на една или на повеќе состојки од прехранбениот производ или не се непосредно дода-дени, ако немаат никаква технолошка функција во го-товиот производ;

  • 30 декември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 118 - Стр. 3

    3. помошните технолошки средства; 4. материите што се користат во количества, кои се

    потребни како растворувачи или како медиум за ади-тивите или за аромите.

    Член 13 Означувањето на состојките на прехранбениот про-

    извод се врши со ознаката "состојки"во која е вклучен список на сите состојки на прехранбениот производ, наброени во опаѓачки редослед, според тежината што била евидентирана при нивното користење во произ-водството на прехранбениот производ.

    Во списокот на состојки на прехранбениот произ-вод се наведуваат додадената вода и производите што испаруваат според нивната тежина во готовиот произ-вод.

    Додадената вода од став 2 на овој член се пресме-тува така што од вкупното количество на готовиот про-извод се одзема износот на другите употребени состој-ки.

    Наведувањето на количеството на додадената вода не се врши ако:

    - количеството на додадена вода не надминува 5% од тежината на готовиот производ;

    - количеството на додадена вода во приготвувањето на производот се употребува само за реконституција на одредена концентрирана или дехидрирана состојка.

    Состојките употребени во концентрирана или во дехидрирана форма и реконституирани во текот на изработката, можат да се набројат според тежината што ја имале пред нивното концентрирање или дехи-дрирање.

    Во концентрирана или дехидрирана храна што тре-ба да се реконституира со додавање на вода, состојките се наведуваат според соодносот во реконституираниот производ и со ознака: ,,состојки на реконституиран производ,, или ,,состојки на производот готов за упо-треба,,.

    По исклучок на став 1 на овој член, означувањето на состојките може да се врши и според друг редослед и тоа:

    - за мешавини од овошје или зеленчук кога ниту ед-но овошје или зеленчук тежински значително не доми-нира во соодносот, во списокот на состојки е содржана ознаката „во променлив сооднос,, ; и

    - за мешавини од зачини или од тревки, каде што во соодносот, не доминира тежината на ниту една состој-ка, со означување во список на состојки со ознаката „во променлив сооднос,, .

    Член 14

    Состојките на прехранбените производи се означу-ваат според нивното специфично име.

    По исклучок од став 1 на овој член се означува само името на категоријата на која припаѓаат состојките за:

    - состојките на прехранбените производи што при-паѓаат на една од категориите наведени во Прилог бр.1 на овој правилник и се составни делови од некој друг прехранбен производ. Означувањето на категоријата на состојката „скроб„ наведена во Прилог бр. 1 на овој правилник секогаш се дополнува со показател за него-вото специфично растително потекло, кога скробот мо-же да содржи глутен (скроб, добиен од пченица, ‘рж, јачмен и овес) и

    - состојки што припаѓаат на една од категориите на-ведени во Прилог бр. 2 на овој правилник и придруже-но означување на нивното специфично име или EC број (конзерванс натриум бензоат или конзерванс Е 211). Ако една состојка припаѓа на повеќе од една од категориите, ќе се назначи категоријата што соодвес-твува на основната функција на тој прехранбен произ-вод. Категоријата ,,модифициран скроб,, зад која нема назив на адитивот ниту Е-број, се дополнува со наве-дување на неговото специфично растително потекло кога модифицираниот скроб може да содржи глутен.

    Аромите се означуваат со имиња согласно со При-лог бр. 3 на овој правилник.

    Секоја состојка употребена во производството на прехранбени производи и присутна во крајниот произ-вод, дури и во изменета форма-алергена состојка, на-ведена во Прилог бр. 4 кој е составен дел на овој пра-вилник или која потекнува од состојките наведени во Прилог бр.4 на овој правилник, треба да биде означена со јасно прикажување на името на таа состојка.

    Член 15

    Означувањето на сложената состојка на прехранбени-от производ во списокот на состојки се врши според нејзи-ното сопствено име и изразена со вкупната маса, и со спи-сок на нејзините состојки и тоа во опагачки редослед.

    Наведување на списокот од став 1 од овој член не се врши ако:

    - сложената состојка претставува помалку од 2% од го-товиот прехранбен производ, освен за адитивите, кои тре-ба да бидат наведени тогаш кога во прехранбениот про-извод имаат некаква технолошка функција; и

    - сложената состојка припага на групата прехранбени производи од член 17 од овој правилник.

    Член 16

    Количеството на една состојка или на категоријата со-стојки употребени во производствениот процес или при под-готовката на еден прехранбен производ се означува кога:

    - состојка или категоријата состојки на кои се од-несува се јавува во името под кое се продава прехран-бениот производ или потрошувачот често го поврзува со тоа име; или

    - состојката или категоријата состојки на кои се одне-сува е означена со зборови, слики или со цртеж; или

    - состојката или категоријата состојки на кои се од-несува има суштинско значење за карактеризирањето на прехранбениот производ и го разликува од други-те производи со кои тој може да биде заменет поради неговото име или поради изгледот.

    По исклучок од став 1 на овој член количеството на состојката или категоријата состојки употребени во производниот процес или при подготовката на пре-хранбениот производ не се означува ако:

    - сувата нето-тежина е означена во согласност со член 20 став 6 на овој правилник;

    - е употребена во мали количества со цел за аро-матизирање;

    - името под кое се продава храната, не е такво да го раководи изборот на потрошувачот, бидејќи варијации-те во количеството не се од суштинско значење за ка-рактеризирањето на прехранбениот производ или не го разликувааат од сличната храна;

    - со посебните барања за одделни видови храна се пропишува количеството на една состојка или катего-рија состојки, а не се пропишува назначување на дек-ларацијата.

    Означеното количество на состојката или на катего-ријата состојки, изразено во проценти, одговара на ко-личеството на состојката или на категоријата состојки за време на нејзината /нивната употреба.

    Количество на состојката или на категоријата со-стојки од став 1 на овој член се наведува веднаш до името под кое се продава прехранбениот производ или во списокот на состојките поврзан со соодветната со-стојка или со категоријата состојки.

    Член 17

    Означување на состојките не се врши кај: - свежо овошје и зеленчук, вклучувајќи и компири, кои

    не се излупени, исечени или обработени на сличен начин; - газирана вода, чиј опис означува дека е газирана; - ферментирани оцети, произведени исклучиво од

    еден основен продукт, ако не била додадена ниту една друга состојка;

  • Стр. 4 - Бр. 118 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 30 декември 2005

    - сирење; - путер; - ферментирано млеко и павлака, ако не била дода-

    дена ниту една друга состојка, освен млечно-киселин-ски производи, ензими и култури микроорганизми бит-ни за производството или солта потребна за производс-тво на сирење што се разликува од свежото и од обра-ботеното сирење;

    - производи што се состојат од една состојка, кога називот е идентичен со називот на состојката или нази-вот јасно го идентификува карактерот на состојката.

    Член 18 Прехранбен производ кој содржи еден или повеќе доз-

    волени засладувачи се означува со ознаката „со засладу-вач,, која се наведува заедно со името на прехранбениот производ.

    Прехранбениот производ кој содржи и шеќер и зас-ладувач, се означува со ознаката „со додаток на шеќер ,,и „со додаток на засладувач,, која се наведува заедно со името на прехранбениот производ.

    Прехранбен производ, кој содржи засладувач ,, аспар-там ,, дополнително се означува со ознаката „содржи из-вор на фенилаланин ,,.

    Прехранбен производ, кој содржи повеке од 10% на додадени ,,полиоли,, се означува со предупредувањето „прекумерната употреба може да има лаксативни последици,,.

    Член 19 Пијалоците, кои во промет се во облик во кој се

    консумираат или во облик после реконституција од концентриран или сушен производ, а содржат и кофе-ин од било кој извор во количина поголема од 150 mg/l, се означуваат со ознаката ,,висока содржина на кофеин,, во истото видно поле во кое е името на про-изводот со наведување и на содржината на кофеинот изразена во mg/l.

    Одредбата од став 1 на овој член не се однесува на пијалоци на база на кафе или чај или екстракти на ка-фе или чај, кога името под кое се продава прехранбени-от производ го содржи терминот кафе или чај.

    Член 20

    Означувањето на нето-тежината на прехранбени производи се врши:

    - за течностите, во волуменски единици; и - за другите производи, во тежински единици

    изразени во литар, центилитар, милилитар, килограм или грам, како што е соодветно во зависност од видот на прехранбениот производ.

    Кога еден прехранбен производ содржи две или по-веќе самостојни претходно спакувани парчиња кои со-држат исто количество на ист производ (кај производи во збирно пакување), нето-количеството се означува со наведување на нето-количеството содржано во секое одделно пакување и вкупниот број такви пакувања.

    По исклучок од став 2 од овој член не се врши озна-чување на ваквите податоци ако вкупниот број на пое-динечни пакувања може јасно да се види и лесно да се изброи однадвор и кога најмалку еден показател за не-то-тежината на секое одделно пакување може јасно да се види однадвор.

    Ако збирното пакување се состои од две или повеќе поединечни пакувања кои не се продаваат одделно, не-то-тежината се означува како вкупно нето-тежината и се означува вкупниот број поединечни пакувања.

    Ако прехранбените производи се продаваат на пар-че, означувањето на нето-тежината не е задолжително ако бројот на парчињата може јасно да се види и лесно да се изброи однадвор или, бројот на парчиња е наве-ден на означувањето.

    Ако цврст прехранбен производ се наоѓа во течен медиум, се означува и сувата нето-тежина на прехран-бениот производ.

    Означувањето на нето-тежината не се врши на пре-хранбен производ:

    - кој е предмет на значителни загуби во обемот или во масата и кој се продава на парче или се мери во при-суство на купувачот; и

    - чие што нето-тежината е помало од 5 g или 5ml, со исклучок на зачините и билките.

    Член 21

    Рокот на траење на прехранбените производи се оз-начува со ознаките:

    - „Употребливо до.., ,, кога датумот вклучува оз-начување на денот, и

    - „Употребливо до крајот на..,, во други случаи. Датумот или упатување за тоа каде е наведен да-

    тумот се означува по ознаката од став 1 од овој член. Ако е потребно, се означува и описот на условите за

    чување, ако производот се чува за определениот период. Датумот се означува со ден, месец и година, во не-

    кодирана хронолошка форма. За прехранбени производи со рок на траење: - до три месеци, се наведува денот и месецот, - од три месеци до 18 месеци, се наведува месецот

    и годината, - повеќе од 18 месеци, се наведува само годината. Рокот на траење на прехранбените производи не се

    означува за: - свежо овошје и зеленчук, вклучувајќи и компири кои не

    се излупени, исечени или обработени на сличен начин, - вина, ликерски вина, пенливи вина, ароматизира-

    ни вина, овошни вина и пенести овошни вина, - пијалоци кои содржат 10 или повеќе волуменски

    проценти алкохол, - безалкохолни пијалоци, овошни сокови, овошни

    нектари и алкохолни пијалоци кои се спакувани во ам-балажа поголема од 5 литри, а се наменети за објектите за јавна исхрана,

    - печива или тестенини, кои според природата на содржината, се конзумираат во период од 24 часа по нивната изработка,

    - оцет, - гуми за џвакање и слични производи за џвакање, - шеќер, - слаткарски производи што се состојат од арома-

    тизирани шеќери и обоени шеќери, и - поедонечни пакувања на сладолед.

    Член 22 По исклучок од член 21 став 1 на овој правилник

    прехранбените производи кои се лесно расипливи од микробиолошка гледна точка и кои можат да бидат ди-ректна опасност по човековото здравје, се означуваат со ознаката „мора да се употреби до...,, и со: датумот, или упатување за местото каде што е наведен датумот и со означување на условите за чување.

    Датумот се означува со ден, месец и и можно го-дина, во некодирана хронолошка форма.

    Член 23

    Серија (лот) е единица на прехранбениот производ во прометот, која е произведена, преработена, изработе-на или спакувана под исти услови.

    Серијата (лот) се означува јасно на видно место на пакувањето со буквата ,,L,, како и бројот на серијата, за да се овозможи идентификација на прехранбениот производ.

    Серијата (лотот) не треба да се означи , ако на амбалажа-та е ставен рокот на употреба , кој го содржи и денот и ме-сецот редоследно.

    Член 24

    По исклучок од член 23 на овој правилник означување на серијата (лот), не се врши :

    - ако е означен рокот на траење, кој го вклучува во датумот најмалку денот и месецот .

  • 30 декември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 118 - Стр. 5

    - кај земјоделски производи, кои се продаваат на било кој начин, кои се праќаат за времено складирање, припрема или пакување, кои се доставуваат до производителите или пак се собираат за употреба во технолошка подготовка од-носно преработка;

    - кај прехранбени производи, чија најголема површина на амбалажата е помала од 10 cm2, , и

    - кај поединечно пакување на сладолед.

    Член 25 Содржината на алкохолот се одредува на 20 0 С и се оз-

    начува во волуменски проценти, на една децимала прециз-ност, со ознака ,,алкохол,, или само ,,алк,, .

    Означувањето на содржината на алкохолот може да се врши со позитивни и негативни отстапки и тоа:

    - пиво, кое има најмногу 5,5 % алкохол : +/- 0,5 % вол., - пиво, кое има повеќе од 5,5 % алкохол: +/- 1% вол., - пијалоци, кои содржат мацерирано овошје или зелен-

    чук: +/- 1,5% вол., и - останати пијалоци: 0, 3% вол.

    Член 26 Означувањето на упатствата за употреба се врши

    на начин што овозможува соодветно да се употребува-ат прехранбените производи.

    Член 27

    Означувањето на нутритивните својства може да се врши преку означување:

    1. на нутритивниот состав и 2. преку дополнителна нутритивна информација . Означувањето на нутритивните својства на пре-

    хранбениот производ се врши на начин на кој на пре-хранбените производи не му се препишува било каква нутритивна предност во однос на оние прехранбени производи кои не се на истиот начин означени.

    Член 28

    Означувањето на нутритивниот состав се врши на прехранбени производи наменети за посебна нутри-тивна употреба. Означувањето на нутритивниот со-став може да се врши и на сите други видови прехран-бени производи.

    Означувањето на нутритивниот состав на прехран-бениот производ се врши преку означување на:

    1. а/ енергетската вредност, и / или б/ количината на протеини, масти и јаглени хидрати 2. а/ енергетска вредност, и / или б/ количина на протеини, јаглени хидрати, масти,

    шеќери, заситени масни киселини, влакна и натриум. Означувањето на нутритивната вредност на прехранбе-

    ниот производ може да содржи податоци за една или пове-ќе од следните состојки: скроб, полиоли, мононезаситени масни киселини, полинезаситени масни киселини, холесте-рол, витамини и минерали кои се присутни во значителни количини односно се содржат на 100 g или 100 ml или во пакување најмалку 15% од препорачаниот дневен внес (ПДВ), утврден во табелата дадена во Прилог бр.5 кој е составен дел на овој правилник .

    Означувањето на нутритивниот состав на пре-хранбениот производ е нумерички.

    Енергетската вредност се изразува во kJ и kcal на 100 g или на едно пакување, ако пакувањето содржи една порција. Енергетската вредност може да биде да-дена за еден оброк, или за една порција со тоа што се назначува бројот на порциите во едно пакување.

    Количеството на протеини, јаглени хидрати и ма-сти во прехранбените производи, се изразува во g на 100 g или на 100 ml или во едно пакување, ако паку-вањето содржи една порција. Количеството на протеи-ни, јаглени хидрати и масти во прехранбените произ-води може да биде дадено и за оброк, или за една порција со тоа што се назначува бројот на порциите во едно пакување.

    Присуството на витамините и минералите се изра-зува во метрички единици и/или како процент од Ре-ферентна вредност за дневен внес на нутриенсот на 100 g или на 100 ml или на едно пакување, ако пакува-њето содржи една порција. Содржината на витамини и минерали може да биде дадена на оброк, или на една порција со тоа што се назначува бројот на порциите во едно пакување.

    Како дополнување, количеството на протеините мо-же да биде изразено и како процент од препорачаниот дневен внес ( ПДВ ).

    При означувањето се користат референтна вредност за дневен внес на нутриенси ( ПДВ - препорачан дне-вен внес):

    Референтна вредност за дневен внес на нутриенси се дадени во прилог 5 кој е составен дел на овој пра-вилник.

    Податоците за нутритивниот состав на прехранбе-ните производи се презентираат заедно на едно место, во вид на табела со наредени броеви, ако просторот го дозволува тоа. Ако просторот не го дозволува тоа, по-датоците се прикажуваат во линиска форма.

    Член 29

    Дополнителната нутритивна информација е краток опис на нивото на нутриенси содржани во прехранбе-ните производи и се означи како:

    - ниска енергетска вредност - кога енергетската вредност е помала од 170 KJ,

    - (40 kcal)/100 g или помала од 80 KJ (20 kcal ) /100 ml,

    - намалена енергетска вредност-кога енергетската вредност е намалена најмалку 30% во однос на енергет-ската вредност на ист или сличен прехранбен производ,

    - без енергетска вредност - кога енергетската вред-ност е помала од 17 kJ (4kcal) / 100 ml,

    - ниска содржина на масти - кога содржината на ма-сти е помала од 3 g / 100g или помала од 1,5 g / 100 ml,

    - без масти - кога содржината на масти е помала од 0,5g /100g или 100 ml,

    - ниска содржина на заситени масни киселини - кога содржината на заситени масни киселини е помала од 1,5 g / 100 g или 0,75 g / 100 ml,

    - без заситени масни киселини – кога содржината на заситени масни киселини е помала од 0,1 g / 100 g или 100 ml,

    - без холестерол - кога содржината на холестерол е помала од 0,005 г/100г

    - ниска содржина на холестерол - кога содржи-ната на холестерол е помала од 0,02 г/100г

    - ниска содржина на шеќери - кога содржината на шеќери е помала од 5g / 100 g или 100 ml,

    - без шеќери - кога содржината на шеќери е помала од 0,5 g/ 100 g или 100 ml,

    - без додаток на шеќери - кога прехранбениот про-извод не содржи додадени моно- или дисахариди или други производи со сладок вкус,

    - ниска соджина на натриум (сол) - кога содржи-ната на натриум е помала од 0,12 g / 100 g или 100 ml, односно од еквивалентна вредност за готварска сол (NaCl) на 100 g. или 100ml,

    - многу ниска содржина на натриум (сол) – кога содржината на натриум е помала од 0,04 g / 100 g или 100 ml, односно од еквивалентна вредност на готвар-ска сол (NaCl) на 100 g или 100 ml,

    - без натриум или без сол - кога содржината на натриум е помала од 0,005 g /100 g или 100 ml, односно од еквивалентна вредност за готварска сол на 100 g или 100 ml,

    - извор на влакна- кога содржината на влакна е најмалку 3 g / 100 g или најмалку - 1,5 g /100 kal,

    - висока содржина на влакна - кога содржината на влакна е најмалку 6 g /100 g или најмалку 3 g / 100 kal,

  • Стр. 6 - Бр. 118 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 30 декември 2005

    - извор на протеини - кога содржината на протеини е најмалку 10% од ПДВ на 100 g или 5% од ПДВ /100 ml,

    - висока содржина на протеини - двојна вредност на содржината на извор на протеини,

    - извор на витамини и/или минерали - кога со-држината на витамини и/или минерали е најмалку 15% од ПДВ,

    - збогатено со витамини и/или минерали - кога содр-жината на витамини и минерали е повеќе од 15% од ПДВ,

    - висока содржина на витамини и/или минерали - кога содржината на витамини и/или минерали е нај-малку 30% од ПДВ,

    - зголемена содржина (име на нутриенсот) - кога содржината на нутриенсот одговара на барањата за нутритивна назнака: ,,извор,, (име на нутриенсот) и ко-га неговата содржина е зголемена најмалку 30% во однос на ист или сличен прехранбен производ,

    - намалена содржина (име на нутриенсот) - кога содржината на нутриенсот е намалена најмалку за 30% во однос на ист или сличен прехранбен производ, и

    - „лесна,, (лајт) - кога содржината на нутриенсот одговара на барањата за изјава за нутритивна ознака: ,,намалена содржина,, (име на нутриенсот), при што оваа изјава мора да биде дополнета со наведување на податоци кои на прехранбениот производ му го дава-ат својството ,,лесен,,.

    Член 30

    Амбалажата на оригиналното пакување набавена пред денот на влегување во сила на овој правилник продолжува да се користи и по денот на влегување во сила на овој правилник и тоа ;

    - стаклена амбалажа со трајно втисната деклараци-ја - најмногу до пет години од денот на влегување во сила на овој правилник;

    - метална амбалажа со трајно втисната деклараци-ја - најмногу до една година од денот на влегување во сила на овој правилник;

    - етикети и останата амбалажа - најмногу до девет месеци од денот на влегување во сила на овој правилник.

    Член 31

    Со денот на влегување во сила на овој правилник, престануваат да се применуваат одредбите кои се одне-суваат на означувањето на основните податоци на пре-храмбените производи во:

    - Правилник за жита, мелнички, пекарски произво-ди, тестенини и брзо смрзнати теста ("Службен лист на СФРЈ" бр. 53/83 и 57/88),

    - Правилник за квалитет на овошје, зеленчук и пе-чурки ("Службен лист на СФРЈ" бр.29/79 и 53/87),

    - Правилник за квалитет на производи од овошје, зеленчук, печурки и пектински препарати ("Службен лист на СФРЈ" бр. 1/79, 20/82 и 74/90),

    - Правилник за квалитет на производи од месо ("Службен лист на СФРЈ" бр. 29/74, 1 13/78 и 14/80),

    - Правилник за квалитет на производи од месо од перната живина ("Службен лист на СФРЈ" бр. 55/91),

    - Правилник за квалитет на млеко, производи од млеко, сирила и чисти култури (Службен лист на СФРЈ" бр.51/82),

    - Правилник за квалитет на јајца и производи од јај-ца ("Службен лист на СФРЈ" бр. 55/89),

    - Правилник за квалитет на шеќер, скроб и произво-ди од скроб ("Службен лист на СФРЈ" бр. 2/64, 1/67, 27/71, 59/77 и 13/78),

    - Правилник за квалитет на масла и масти од расти-телно потекло и маргарин, мајонез и на нив слични производи ("Службен лист на СФРЈ" бр.27/85),

    - Правилник за квалитет на производи од какао, производи слични на чоколада, бомбонски производи и крем производи ("Службен лист на СФРЈ" бр. 23/88, 63/88 и 36/89),

    - Правилник за квалитет на мед и други производи од пчели и методи за контрола на мед и други произво-ди ("Службен лист на СФРЈ" бр. 4/85),

    - Правилник за квалитет на кафе и производи од ка-фе ("Службен лист на СФРЈ" бр. 55/89),

    - Правилник за квалитет на кекси и производи слични на кекси ("Службен лист на СФРЈ" бр. 68/78 и 63/79),

    - Правилник за квалитет на риба, ракови, школки, морски ежеви, жаби, желки, полжави и нивни произво-ди ("Службен лист на СФРЈ" бр.65/79 и 48/84),

    - Правилник за квалитет на супи, концентрати за супа, концентрати за сосови и додатоци на јадења ("Службен лист на СФРЈ" бр. 5/82 и 58/85),

    - Правилник за квалитет на зачини и мешавини на зачини ("Службен лист на СФРЈ" бр. 4/85 и 84/87),

    - Правилник за квалитет на белтачински производи и мешавини на белтачински производи за прехрамбена индустрија ("Службен лист на СФРЈ" бр. 41/85),

    - Правилник за квалитет на пекарски квасец ("Службен лист на СФРЈ" бр. 32/87),

    - Правилник за квалитет на алкохолни пијалоци ("Службен лист на СФРЈ" бр. 16/88 и 63/88),

    - Правилник за квалитет на природна минерална во-да ("Службен лист на СФРЈ" бр. 58/78),

    - Правилник за квалитет на вино ("Службен лист на СФРЈ" бр. 17/81 и 14/89),

    - Правилник за квалитет на освежителни безалкохолни пијалоци ("Службен лист на СФРЈ" бр. 52/83 и 56/83),

    - Правилник за квалитет на оцет и разблажена оцет-на киселина ("Службен лист на СФРЈ" бр. 24/89),

    - Правилник за квалитет на чаеви, готварска сол, прашак за пециво и пудинг ("Службен лист на СФРЈ" бр. 13/78, 20/80, 41/80, 45/81 и 52/86),

    - Правилник за квалитет на печурките и на произво-дите од печурки ("Службен лист на СФРЈ" бр. 46/91),

    - Правилник за квалитет на маслиновото масло за јадење и на мешаното маслиново масло ("Службен лист на СФРЈ" бр. 51/91) и

    - Правилник за квалитет на адитивите за прехрам-бени производи ("Службен лист на СФРЈ" бр. 39/89).

    Со денот на влегување во сила на овој правилник, престануваат да важат одредбите кои се однесуваат на означувањето на основните податоци на прехранбените производи во:

    - Правилник за квалитет на освежителни безалко-холни пијалоци (,,Службен весник на РМ" бр. 75/03) и

    - Правилник за квалитетот на прехранбената сол ("Службен весник на РМ" бр. 65/99).

    Член 32

    Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Репуб-лика Македонија".

    Бр. 01-13779/1 Министер,

    28 декември 2005 година проф. д-р Владимир Димов, с.р. Скопје

  • 30 декември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 118 - Стр. 7

    ПРИЛОГ 1

    КАТЕГОРИИ НА СОСТОЈКИ ШТО МОЖАТ ДА СЕ ОЗНАЧУВААТ СО ИМЕТО НА КАТЕГО-РИЈАТА, А НЕ СО СПЕЦИФИЧНОТО ИМЕ

    Дефиниција Именување

    Рафинирани масла, освен маслиново масло

    „Масло”, заедно со - или придавката „расти-телно,, или „животинско,, , како што е соодветно, или - назнака на неговото спе-цифично растително или животинско потекло. Придавката „хидрогенира-но,, мора да ја придружу-ва назнаката на хидроге-нираното масло

    Рафинирани масти „Маст,,, заедно со - или придавката ,,расти-телна,, или „животинска,,, како што е соодветно, или - индикација на неговото специфично растително или животинско потекло Придавката „хидрогенира-но,, мора да ја придружу-ва назнаката на хидроге-нираната маст

    Мешавини на брашно, до-биени од два или од повеќе видови жито

    „Брашно,, , проследено со списокот на жита од кои е добиено, во надолен ре-дослед според тежината

    Видови скроб и видови скроб модифицирани со физички средства или со ензими

    „Скроб”

    Сите видови риба, каде што рибата претставува состојка од друг прехран-бен производ, под услов називот и презентацијата на ваквиот прехранбен производ да не се однесу-ва на одредени видови ри-ба

    „Риба”

    Сите видови сирење каде што сирењето или меша-вината од сирење прет-ставува состојка на друг прехранбен производ, под услов називот и презента-цијата на ваквиот пре-хранбен производ да не се однесува на специфичен тип сирење

    „Сирење”

    Сите зачини кои не над-минуваат 2% од тежината на прехранбениот произ-вод

    „Зачин,, и/ или „мешани зачини”

    Сите тревки или делови од тревки кои не надминуваат 2 % од тежината на пре-хранбениот производ

    „Тревка(и),, или „меша-ни тревки”

    Сите видови препарати од гума кои се употребуваат во изработката на гуми база за гуми за џвакање

    „Гуми база”

    Сите видови печени жит-ни производи во форма на презли

    „Презли,, или „двопек”, кога е соодветно

    Сите видови сахароза „Шеќер”

    Анхидрирана декстроза или декстроза монохидрат

    „Декстроза”

    Гликозен сируп и анхидри-ран гликозен сируп

    „Гликозен сируп,,

    Сите видови млечни про-теини (казеини, казеинати и протеини од сурутка) и нивни мешавини

    „Млечни протеини”

    Пресуван, екстрахиран, или рафиниран какао путер

    „Какао путер”

    Сите видови кандирано овошје, кои не надмину-ваат 10% од тежината на прехранбениот производ

    „Кандирано овошје”

    Мешавини на зеленчук, кои не надминуваат 10% од тежината на прехран-бениот производ

    „Зеленчук”

    Сите видови вино „Вино” Месо на цицачи и птици каде содржината на вкупни масти и везивно ткиво не надминува 25%, а е состојка на друг пре-хранбен производ

    “Месо”

    ПРИЛОГ 2

    КАТЕГОРИИ НА СОСТОЈКИ, КОИ МОРА ДА СЕ

    ОЗНАЧАТ СО ИМЕТО НА НИВНАТА КАТЕГОРИЈА, ПРОСЛЕДЕН СО НИВНOTO СПЕЦИФИЧНО ИМЕ

    ИЛИ ЕC БРОЈ

    Боја Модифициран скроб (1) Конзерванс Засладувач Антиоксидант Средство за нараснување Емулгатор

    Средство против пенење

    Згуснувач Средство за глазирање Средство за желирање Емулзиски соли (2) Стабилизатор Средство за третман на

    брашно Засилувач на вкус Средство за зацврстување Киселина Овлажнувач Регулатор на киселина Средство за зголемување на

    волуменот Средство против стврд-нување

    Пропелент гас

    _____ 1 не е потребно да се наведе специфичното име или

    EC број 2 само за топено сирење или производи базирани

    на топено сирење ПРИЛОГ 3

    ИМЕНУВАЊЕ НА АРОМИТЕ ВО СПИСОКОТ НА СОСТОЈКИ

    1. Аромите се именуваат со зборот „арома (и)” или со поспецифичното име или со описот на аромата.

    2. Зборот „природна,, или некој друг збор кој има суштински исто значење може да се користи само за аромите во кои ароматичната компонента се состои исклучиво од:

    - природно ароматични суспстанци т.е. ароматич-ни супстанци со одреден хемиски состав кои имаат ароматични својства, а кои се добиваат со содветни физички (вклучувајки дестилација и екстракција со растворувачи), со ензимски или микробиолошки по-стапки, од материјал од растително или животинско

  • Стр. 8 - Бр. 118 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 30 декември 2005

    потекло во сиров облик или после преработка за хумана употреба со традиционални постапки за приготвување на храната(вклучувајќи сушење и ферментација),

    - ароматични препарати т.е. производи освен ароматски супстанци без оглед дали се концентрирани или не и имаат ароматични својства, а се добиваат со соодветни физички, (вклучувајки дестилација и екстракција со растворувачи), со ензимски или микробиолошки постапки, од материјал од растително или животинско потекло во сиров облик или после преработка за хумана употреба со традиционални по-стапки за приготвување на храната (вклучувајки сушење и ферментација),

    3. Ако името на аромата го потенцира растителното или животинско потекло, односно специфичност на употребената сировина, зборот ,,природна,, може да се употреби само во случај ако ароматската компонента е добиена со постапките наведени во точка 2.

    ПРИЛОГ 4

    СОСТОЈКИ КОИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ОЗНАЧУВААТ /АЛЕРГЕНИ СОСТОЈКИ/

    Житарици кои содржат глутен (пченица, рж, јачмен, овес) и нивни производи Јајца и производи од јајца Риба и производи од риба Млеко и млечни производи Легуминози (грашок, грав, леќа и др.) и нивни производи Соја и производи од соја Ракови и главоноги и нивни производи Костенливо овошје (бадеми, лешници, ореви, костени, бразилски ореви, фстаци и др.) и нивни производи Целер и негови производи Синап и негови производи Сусамово семе и производи Сулфур диоксид и сулфити во концентрација поголема од 10 mg/kg или 10 mg/l изразена како SO2.

    ПРИЛОГ 5 Нутриенси ПДВ Протеини (g) 70 Витамин А (µg) 800 Витамин Д (µg) 5 Витамин Е (mg) 10 Витамин Ц (mg) 60 Тиамин (mg) 1.4 Рибофлавин (mg) 1.6 Ниацин (mg) 18 Витамин Б6 (mg) 2 Фолна киселина (µg) 200 Витамин Б12 (µg) 1 Биотин (µg) 0,15 Пантотенска киселина (mg) 6 Калциум (mg) 800 Фосфор (mg) 800 Магнезиум (mg) 300 Железо (mg) 14 Цинк (mg) 15 Јод (µg) 150

    __________ 1637.

    Врз основа на член 8 став 1 од Законот за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната (“Службен весник на Република Маке-донија” бр. 54/2002), министерот за здравство донесе

    П Р А В И Л Н И К ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА

    МЛЕЧНА ХРАНА ЗА ДОЕНЧИЊА Член 1

    Со овој правилник се пропишуваат посебните бара-ња за состав и безбедност на млечна храна за доенчи-ња- доенечка формула.

    Член 2 Одделни изрази употребени во овој правилник го

    имаат следното значење: 1. “доенчиња” се деца на возраст од 0-12 месеци; 2. ”мали деца” се деца на возраст од 1-3 години; 3. ”млечна храна за доенчиња од 0-6 месеци, дое-

    нечка формула - ”infant formula” се прехранбени про-дукти со посебна нутритивна намена кај доенчиња во те-кот на првите шест месеци од животот кои ги задоволу-ваат нутритивните потреби на оваа категорија деца;

    4. ”млечна храна за доенчиња постари од шест месеци ”folow on formula”(млечна формула која сле-ди) се прехранбени продукти со посебна нутритивна намена кај доенчиња на возраст над шест месеци кои ги задоволуваат прогресивните нутритивни потреби на оваа категорија деца;

    5. “резидуи на пестициди” се резидуи на средства за заштита на растенијата, како и нивни метаболити и разградни продукти во храната за доенчиња 0-6 месеци и храната за доенчиња постари од 6 месеци.

    Член 3

    Млечна храна за доенчиња од 0-6 месеци треба да биде произведена од протеински извори и други хран-ливи состојки за кои постојат генерално прифатени на-учни докази дека се неопходни за задоволување на ну-тритивните потреби на доенчињата.

    Видовите на протеински извори, видовите на дру-гите хранливи состојки, критеријумите за нивните со-стави и нивната енергетска вредност а кои се наменети за производство на млечна храна за доенчиња од 0-6 месеци се утврдени во Прилог бр. 1 ,,Основен состав на млечна храна за доенчиња од 0-6 месеци,, кој е составен дел на овој правилник.

    За производство на млечна храна за доенчиња од 0-6 ме-сеци не се употребува сусамово масло и палмовото масло.

    Член 4

    Млечна храна за доенчиња постари од шест месеци тре-ба да биде произведена од протеински извори и други хран-ливи состојки за кои постојат генерално прифатени научни докази дека се неопходни за задоволување на нутритивните потреби на доенчињата постари од шест месеци.

    Видовите на протеински извори, видовите на другите хранливи состојки, критеријумите за нивните состави и нивната енергетска вредност а кои се наменети за произ-водство на млечна храна за доенчиња постари од шест ме-сеци се утврдени во Прилог бр. 2 ,,Барања кон составот на млечната храна за доенчиња постари од шест месеци припремени согласно со упатството од производителот,, кој е составен дел на овој правилник.

    За производство на млечна храна за доенчиња по-стари од шест месеци не се употребува сусамово масло и палмовото масло.

    Член 5

    Храната за доенчиња пред употреба не треба допол-нително да се обработува, освен да се додаде вода.

    Член 6 Со цел да ги задоволат потребите на организмот од

    минерали, витамини, аминокиселини или други азотни соединенија и останати супстанци кои имаат посебна нутритивна цел, за производство на млечна храна за доенчиња од 0-6 месеци и млечна храна за доенчиња постари од шест месеци, можат да се користат само одредени хранливи материи.

    Видовите на минерали, витамини, аминокиселини или други азотни соединенија и останати супстанци, кои имаат посебна нутритивна цел наменети за производство на млеч-на храна за доенчиња од 0-6 месеци и млечна храна за до-енчиња постари од шест месеци утврдени се во Прилог бр. 3 “Хранливи материи кои можат да бидат користени за производството на млечна храна за доенчиња” кој е со-ставен дел на овој правилник.

  • 30 декември 2005 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 118 - Стр. 9

    Член 7 Млечната храна за доенчиња од 0-6 месеци и млеч-

    ната храна за доенчиња постари од шест месеци не треба да содржи во 1kg готов оброк повеќе од:

    - арсен 0,08 mg. - кадмиум 0,02mg. - олово 0,02mg. - жива 0,005 mg. - манган 1mg. - бакар 1,5 mg. - цинк 7mg. Млечната храна за доенчиња од 0-6 месеци и млеч-

    ната храна за доенчиња постари од шест месеци не треба да содржи афлатоксин М1 повеќе од 0,1µg/kg го-тов производ за употреба.

    Млечната храна за доенчиња од 0-6 месеци и млеч-ната храна за доенчиња постари од шест месеци не треба да содржи :

    - бактерии од Salmonela вид во 50 g или ml - Коагулаза позитивен стафилокок во 0,1g или ml - Сулфиторедукувачки клостридии во 0,1g или ml - Proteus видови во 0,1g или ml - Esherichia coli во 0,1g или ml - Колиформни бактерии во 0,1g или ml - Бета хемолитички Стрептококи во 0,1g или ml - Вкупно повеќе од 50 000 микроорганизми во 1g или ml - Ртливи спори на мувла 200 во 1g или ml - Streptococcus faecalis во 0,1g или ml

    Член 8 За производство на млечната храна за доенчиња од

    0-6 месеци и млечната храна за доенчиња постари од шест месеци можат да се употребуваат само оние ади-тиви кои се утврдени согласно одредбите утврдени во прописите за адитиви .

    Пестициди кои не треба да се користат за произ-водство на млечна храна за доенчиња од 0-6 месеци и млечната храна за доенчиња постари од шест месеци како и максимално дозволени концетрации на пестици-ди или метаболити на пестициди во млечна храна за доенчиња од 0-6 месеци и за постари од шест месеци се утврдени во Прилог бр. 4 ,,Пестициди кои не треба да се користат при одгледување на земјоделски производи за производството на млечна храна за до-енчиња,, кој е составен дел на овој правилник.

    Член 9 Млечната храна за доенчиња од 0-6 месеци и млеч-

    ната храна за доенчиња постари од шест месеци не тре-ба да содржи било која супстанца во такви количества кои можат да им наштетат на здравјето на доенчињата.

    Млечната храна за доенчиња од 0-6 месеци и млеч-ната храна за доенчиња постари од 6 месеци не треба да содржи резидуи на пестициди кои надминуваат 0.01mg/kg од продуктот готов за употреба.

    Член 10 При означувањето на млечната храна за доенчиња

    од 0-6 месеци и млечната храна за доенчиња постари од шест месеци , покрај податоците утврдени во про-писот за означување на храната треба да содржи и

    - за млечна храна за доенчиња од 0-6 месеци која не содржи додадено железо , треба да има напомена дека ако се користи за исхрана на доенчиња постари од шест месеци, потребно е да се користат дополни-телни извори на железо со цел да се задоволат нутри-тивните потреби за железо на таа возраст;

    - млечна храна за доенчиња постари од шест месе-ци треба да содржи известување дека овој производ е соодветен за посебна нутритивна примена во исхрана-та на доенчиња постари од шест месеци;

    - за млечната храна за доенчиња од 0-6 месеци и млечната храна за доенчиња постари од шест месеци треба да биде наведена расположливата енергетската вредност, изразена во кЈ или во ккал, вредност изразе-на во бројки, потоа содржината на протеини, масти и јаглехидрати на 100 гр. производ, како и на 100 мл го-тов производ за употреба;

    - за млечната храна за доенчиња од 0-6 месеци и млечната храна за доенчиња постари од шест месеци треба да биде наведено количеството на секој минерал, витамин утврдени во Прилог бр. 1 и Прилог бр. 2 од овој правилник, холин, инозитол и карнитин, така како што е додадено во Прилог бр. 3, вредност изразена во бројки во 100 гр. производ како и во 100 мл. готов производ за употреба;

    - за млечната храна за доенчиња од 0-6 месеци тре-ба да содржи просечно количество на нутриенси утвр-дени во Прилог бр.3, а кои не се опфатени со алинеја 4 од овој член, изразени во нумеричка форма на 100 мл од готов производ за употреба;

    - за млечната храна за доенчиња постари од шест месе-ци покрај нумеричките вредности за содржината на вита-мини и минерали утврдени во Прилог бр. 5 ,,Референтни вредности за содржината на витамини и минерали при декларарирање на нутритивна информација и означу-вање на млечните храни за доенчиња,, кој е составен дел на овој правилник, треба да содржи и процентуална заста-пеност на витамини и минерали , во однос на референтни-те вредности, на 100 мл готов производ за употреба, и при тоа количествата да бидат еднакви или за 15% помали од референтните вредности;

    - за млечната храна за доенчиња од 0-6 месеци и млечната храна за доенчиња постари од шест месеци треба да биде наведена постапката за правилно приго-твување на храната за употреба и предупредување за последиците по здравјето на доенчињата ако храната се припрема на несоодветен начин.

    Член 11 Означувањето на млечната храна за доенчиња од 0-

    6 месеци и млечната храна за доенчиња постари од 6 месеци треба да содржи неопходни информации за прифатливата употреба на овие производи, но не да го обесхрабрува доењето, при тоа не се употребуваат термините “хуманизирано“,“матернализирано“ или слични изрази. Терминот ,,адаптирано млеко,, се упо-требува согласно став 5 на овој член.

    Означувањето на млечната храна за доенчиња од 0-6 месеци треба да содржи напомена “Важно известу-вање” во кое се наведува:

    - значењето и супериорноста на мајчиното млеко во исхраната на доенчињата;

    - производот може да се користи само по препора-ка на стручни лица од областа на медицината, фарма-цијата или исхраната.

    При означувањето на млечната храна за доенчиња не треба да се користат слики или текст кој ќе ги идеа-лизира овие производи, но може да содржи сликовит приказ за начинот на приготвување на храната.

    Означувањето треба да биде во согласност со стан-дардите за специјалниот состав на млечна храна за до-енчиња од 0-6 месеци.

    Објаснув