sovremena makedonska odbrana...sovremena makedonska odbrana contemporary macedonian defence issn...

153

Upload: others

Post on 23-Feb-2020

20 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

SOVREMENAMAKEDONSKA

ODBRANA

CONTEMPORARY MACEDONIAN DEFENCE

ISSN 1409-8199 e-ISSN 1857-887X

Година 13, бр. 24, јули 2013 / Vol. 13, No. 24, July 2013

MINISTERSTVO ZA ODBRANAREPUBLIKA MAKEDONIJA

СкопјеЈули 2013

SOVREMENAMAKEDONSKAODBRANA

Izdava~:ministerstvo za odbrana na republika makedonija

Ministerstvo za odbrana„SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA“„Orce Nikolov“ 116 1000 SkopjeTelefoni: 02 3128 276, 02 3113 527Internet adresa: WEB na Ministerstvoto za odbrana: http://www.morm.gov.mk/sovremena-makedonska-odbrana/Spisanieto izleguva dva pati godi{no.

ISSN 1409-8199Скопје, јули 2013 година

Site prava se rezerviraniSe zabranuva reproducirawe na publikacijata i nejzinite delovi, kako i nivno transformirawe vo razni mediumi: elektronski, magnetni lenti, mehani~ko fotokopirawe, snimawe i drugo, bez pismeno odobrenie na izdava~ot i avtorite.

CONTEMPORARY MACEDONIAN DEFENCE

Publisher:ministry of defence of the republic of macedonia

Ministry of Defence„CONTEMPORARY MACEDONIAN DEFENCE“„Orce Nikolov“ 116 1000 SkopjeTel.: 02 3128 276, 02 3113 527Internet adress: WEB of the Ministry of Defence: www.morm.gov.mk/contemporary-macedonian-defence/ The magazine published twice a year

ISSN 1409-8199Skopje, July, 2013

All rights reservedNo part of this publication may be reproduced, stored in a retrieval system or transmitted in any form or by any means: electronic, electrostatic, magnetic tape, mechanical photocopying, recording or othewise, without permission in writing from the publisher and authors.

SOVREMENAMAKEDONSKAODBRANA

ME\UNARODNO NAU^NO SPISANIE ZA ODBRANA, BEZBEDNOST I MIR NAMINISTERSTVOTO ZA ODBRANA NA REPUBLIKA MAKEDONIJA

Министер за одбрана г-динТалат Џафери, претседател на Издавачки советПроф. д-р Марина МитревСка, главен и одговорен уредникДоц. д-р Мухамед рацаЈ, бригаден генерал, заменик главен и одговорен уредник

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТпроф. д-р Орце ПоПовСки, полковник, Воена академија, Скопјепроф. д-р Росе СМилеСки, полковник, Воена академија, Скопје доц. д-р Методи ХаЏи-Јанев, потполковник, Воена академија, Скопјепроф. д-р Снежана НикОдиНОВСка СТефаНОВСка, факултет за безбедност, Скопјепроф. д-р Назми Малиќи, фОН Универзитетпроф. д-р Билјана ванковСка, институт за безбедност, одбрана и мир, филозофски факултет, Скопјепроф. д-р Цане МоЈаноСки, факултет за безбедност, Скопједоц. д-р Жанет риСтоСка, Министерство за одбранаекрем зенДели, дирекција за заштита и спасувањем-р Урим веЈСели, Центар за управување со кризи

МЕѓунАрОДЕн урЕДуВАЧКИ ОДбОрпроф. д-р Лидија ГеорГиева, институт за безбедност, одбрана и мир, филозофски факултет, република Македонијапроф. д-р абас леши, бригаден генерал, република албанијапроф. д-р арта МуСAраЈ, република албанијапроф. д-р Николај Палашев, република Бугаријапроф. д-р Бејтуш Гаши, република косовопроф. д-р Владимир ортаковСки, република Македонијадоц. д-р ерик коПач, република Словенијадоц. д-р филип еЈДуС, република Србијапроф. д-р душан веЈновиќ, република Српска, Босна и Херцеговинам-р иван Јоветиќ, република црна Гора

урЕДуВАЧКИ ОДбОрпроф. д-р Зоран нацев, институт за безбедност, одбрана и мир, филозофски факултет, Скопје проф. д-р Назми Малиќи, фОН Универзитетпроф. д-р Ризван СулеЈМани, државен универзитет Тетовопроф. д-р Ванчо кенков, институт за безбедност, одбрана и мир, филозофски факултет, Скопје проф. д-р Тони МилеСки, институт за безбедност, одбрана и мир, филозофски факултет, Скопјепроф. д-р Оливер БакреСки, институт за безбедност, одбрана и мир, филозофски факултет, Скопјепроф. д-р Орце ПоПовСки, полковник, Воена академија, Скопјепроф. д-р илбер Сеља, институт за политички и меѓународни студии, Скопје доц. д-р димче ПетревСки, Генералштаб на арМдоц. д-р Лазар ѓуров, воена академија, Скопједоц. д-р Жанет риСтоСка, Министерство за одбранам-р Беким МакСути, Министерство за одбрана

ВД секретар: доц. д-р Жанет риСтоСкаТехнички уредник: Билјана ивановаКомпјутерска подготовка: александар атанаСовЛектор: Рози ГрозДановСка

Pe~at: „евроПа 92“ ‡ кочани

Minister for Defence, Mr. Talat XHAFERI, President of the Publishing BoardProf. Dr Marina MITEVSKA, Editor-in-Chief Doc. Dr. Muhamed RACAJ, Brigadier General, Deputy Editor-in-Chief

PUBLISHING BOARD Prof. Dr. Colonel Orce POPOVSKI,Military Academy, Skopje Prof. Dr. Colonel Rose SMILESKI, Military Academy, SkopjeDoc. Dr. Lieutenant Colonel Metodi HADZI-JANEV, Military Academy, Skopje Prof. Dr. Snezana NIKODINOVSKA STEFANOVSKA, Faculty of Security, SkopjeProf. Dr. Nazmi MALIQI, FON UniversityProf. Dr. Biljana VANKOVSKI, Institute for Security, Defense and Peace, Faculty of Philosophy, SkopjeProf. Dr. Cane MOJANOSKI, Faculty of Security, SkopjeDoc. Dr. Zhanet RISTOSKA, Ministry of DefenceEkrem ZENDELI, Directorate for Protection and RescueMA Urim VEJSELI, Crisis Management Center

INTERNATIONAL EDITORIAL BOARDProf. Dr. Lidija GEORGIEVA, Institute for Security, Defense and Peace, Faculty of Philosophy, Republic of MacedoniaProf. Dr. Brigadier General Abas LESHI, Republic of AlbaniaProf. Dr. Arta MUSаRAJ, Republic of AlbaniaProf. Dr. Nikolaj PALASHEV, Republic of BulgariaProf. Dr. Bejtush GASHI, Republic of KosovoProf. Vladimir ORTAKOVSKI, Republic of Macedonia Doc. Dr. Erik KOPAČ, Republic of SloveniaDoc. Dr. Philip EJDUS, Republic of SerbiaProf. Dr. Dusan VEJNOVIC, Republika SrpskaMA Ivan JOVETIC, Republic of Montenegro

EDITORIAL BOARD Prof. Dr. Zoran NACEV, Institute for Security, Defense and Peace, Faculty of Philosophy, SkopjeProf. Dr. Nazmi MALIQI, FON University Prof. Dr. Rizvan SULEJMANI, State University of TetovoProf. Dr. Vancho KENKOV, Institute for Security, Defense and Peace, Faculty of Philosophy, SkopjeProf. Dr. Toni MILESKI, Institute for Security, Defense and Peace, Faculty of Philosophy, SkopjeProf. Dr. Oliver BAKRESKI, Institute for Security, Defense and Peace, Faculty of Philosophy, SkopjeProf. Dr. Colonel Orce POPOVSKI, Military Academy, SkopjeProf. Dr. Ylber SELA, Institute for Political and International Studies, Skopje Doc. Dr. Dimche PETREVSKI, ARM General StaffDoc. Dr. Lazar GJUROV, Military Academy, SkopjeDoc. Dr. Zhanet RISTOSKA, Ministry of DefenceMA Bekim MAKSUTI, Ministry of Defence

acting secretary: Doc. Dr. Zhanet RISTOSKAGraphic designer & editor: Biljana IVANOVAtechnical editor: Aleksandar ATANASOVproofreading and editing: Rozi GROZDANOVSKA

Printing: “EVROPA 92” – KOCANI

CONTEMPORARY MACEDONIAN DEFENCEINTERNATIONAL SCIENTIFIC DEFENCE, SECURITY AND PEACE JOURNAL OFTHE MINISTRY OF DEFENCE OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA6

Антон ГРИЗОЛД, Ерик КОПАЧСЛОВЕНЕЧКАТА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ: ПОМЕЃУ НАЦИОНАЛНИОТ СУВЕРЕНИТЕТ И ЕВРОАТЛАНТСКАТА РЕАЛНОСТ............................................................................................................... 7

Ентони ВАНИС-СТ. ЏОНОД МЕНАЏИРАЊЕ СО КРИЗИ ДО ПРЕВЕНЦИЈА НА КОНФЛИКТИ: ПРОМЕНА ВО ПАРАДИГМАТА ......................................................................... 23

Мирко БИЛАНЏИЧПРИДОНЕС КОН ДЕБАТАТА ЗА ТЕРОРИЗMOT: ДАЛИ ПОСТОИ ДРЖАВЕН ТЕРОРИЗАМ ..................................................................................... 39

Митко БОГДАНОСКИ, Драге ПЕТРЕСКИСАЈБЕР-ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ КАКО ГЛОБАЛНА БЕЗБЕДНОСНА ЗАКАНА..................................................................................... 59

Тања МИЛОШЕВСКАГЛОБАЛЕН САМОУБИСТВЕН ТЕРОРИЗАМ................................................. 73

Желимир КЕШЕТОВИЌ, Никола ЈОЦИЌРУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА И НАТО - ОД СОРАБОТКА ДОНОВ КОНФЛИКТ.................................................................................................... 81

Југослав АЧКОСКИ, Бојан НИКОЛОВСКИПРИСПОСОБУВАЊЕ НА ОПЦИИТЕ ЗА ПРИВАТНОСТ НА СОЦИЈАЛНАТА ИНТЕРНЕТ-МРЕЖА FACEBOOK....................................... 93

Игор ГЕЛЕВЈАВНА ДИПЛОМАТИЈА И КОНТРАДИПЛОМАТИЈА................................ 107

Билјана ПОПОВСКАТЕОРЕТСКИ КОНЦЕПТИ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОНФЛИКТИ И ГРАДЕЊЕ НА МИРОТ ВО ПОДЕЛЕНИТЕ ОПШТЕСТВА ....................... 123

Љупчо СТАНКОВСКИПЛАНОВИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ПРОЦЕНА НА БЕЗБЕДНОСНАТА СИТУАЦИЈА(Планирањето како примарна и суштинска фаза од процесот на менаџирањето на ризиците)................................................................................. 137

СОДРЖИНА:

7

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

355.45(497.4)Изворен научен труд

7

СЛОВЕНЕЧКАТА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ: ПОМЕЃУ НАЦИОНАЛНИОТ СУВЕРЕНИТЕТ И ЕВРОАТЛАНТСКАТА РЕАЛНОСТ

Антон ГРИЗОЛД1,Ерик КОПАЧ2

Апстракт: Националниот безбедносен систем се состои од два главни елементи: одбрана и внатрешна безбедност. Во исто време потсистемите на справување со катастрофи и приватно обезбедување може да се вметнат во контекст на националниот безбедносен систем. Со текот на времето словенечкиот национален безбедносен систем стана дел од евроатлантската реалност, кој сè уште е првенствено конципиран со цел да го гарантира националниот суверенитет. Додека невоените елементи на словенечкиот национален безбедносен систем претрпеа само мала, иако незанемарлива „интернационализација“, современиот словенечки одбранбен концепт станува сè повеќе зависен од транзиција од национална на колективна одбрана; од одбрана насочена исклучиво против агресорот на одбрана насочена против повеќе закани; и од ексклузивна зависност од регрути кон професионална армија дополнета со резерва по договор.

Клучни зборови: Словенија, национална безбедност, одбрана, внатрешна безбедност, управување при катастрофи, структура, систем, политика

Вовед

Пред стекнувањето на независност од Југославија во 1991 година, словенечките национални интереси низ вековите биле водени во рамките на мултинационалните држави субјекти: Австро-Унгарија до 1918 година, а југословенската федерација до независноста. Како резултат на тоа, Словенците имаа само две можности во својата историја да учествуваат во војна со цел да ги унапредат своите национални интереси пред стекнувањето независност: (1) првиот беше за време на Првата светска војна кога словенечките единици под команда на генералот Мајстер се бореа против Германците и успеаја да ослободат едeн дел од земјата во северниот дел на сегашната словенечка држава, (2) втората можност беше за време на Втората светска војна кога словенечките партизанските единици – кои многумина ги сметаат за прва словенечка национална армија - се бореа против нацистичкиот окупатор.

Затоа, не изненадува дека Словенија ја дочека независноста и државноста со малку

1 Антон Гризолд е професор по социологија на Универзитетот во Љубљана, Република Словенија. Од 2000 до 2004 г. бил министер за одбрана.

2 Ерик Копач е истражувач во Центарот за одбранбени истражувања, Универзитет во Љубљана, Република Словенија.

8

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

искуство или визија за тоа како да се воспостави сопствената безбедност. Во почетните фази на независноста, земјата беше соочена со реална воена закана од доминантно српската Југословенска армија3. Но, бројно помалата словенечка Територијална одбрана и полициските единици успеаја да ја спречат заканата. Ова искуство и континуираното насилство поврзано со распадот на Југославија (1991-1995) ја принуди Словенија да бара начини за зајакнување и модернизација на безбедносните способности на нацијата и сериозно да размислува за националната безбедносна политика.

Целта на овој труд е да се презентираат основните премиси и компоненти на националната безбедност на Словенија. Појдовната точка на оваа анализа ќе биде правната рамка воспоставена од страна на словенечките власти, која ги утврди националните безбедносни цели на земјата, како и средствата за нивно остварување. Словенечката национална безбедност ги опфаќа одбраната, внатрешната безбедност и механизмите и инструментите за справувањето со катастрофи.

Национален безбедносен систем

Националната безбедност се дефинира како состојба на безбедност на национално ниво и на напорите на земјата во обезбедување на безбедноста на своите граѓани од закани од надвор (интервенции, напади, окупација, блокади, итн.) и од внатре во општеството (закана по законот и јавниот ред, криминал, природни непогоди и други несреќи, итн.) Современата национална безбедност во напредните индустриски земји е политичко и приватно добро што се реализира како основно човеково право. На национално ниво, модерните држави ја гарантираат безбедноста на своите граѓани преку активностите на нивните национални системи за безбедност. Ефикасноста на овие системи се одразува не само на капацитетот на државите да ги заштити своите основни социјални вредности против заканите, со цел да се спречи опасноста и стравот – туку и на нивната способност да се обезбеди социјален развој, како и благосостојба на населението (Grizold, 1994). Националниот систем за безбедност, кој се состои од два главни елементи: националната безбедносна политика и националните безбедносни структури ја гарантираат безбедноста на сите членови на општеството (Grizold, 1999).

Националната безбедносна структура е конципирана да го обезбедува општеството како целина и е различна за секоја земја. Сепак, повеќето земји имаат две заеднички компоненти на оваа структура: одбрана и внатрешна безбедност. Задачите на одбранбената компонента се: да ги одврати сите агресори, да ја брани националната територија, да даде невооружен отпор кон агресијата, да обезбеди функционирање на политичките, економските и другите општествени потсистеми за време на војна и др. За спроведување на овие функции одбранбената компонента на националниот безбедносен систем може да користи два основни елементи: вооружените сили и цивилната одбрана. Задачите на внатрешната безбедносна компонента се обезбедување и одржување на редот и поредокот, информациите и комуникациските активности и заштита на целокупната општествена инфраструктура. Компонентите за имплементација на овие функции се полицијата, разузнавачките служби, инспекциските служби, царинските

3 Југословенската војска интервенираше во Словенија веднаш по Декларацијата од јули 1991 година за отцепување од југословенската федерација.

9

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

органи и други формални надзорни и правосудни власти (Grizold, 1999).Потсистемите за справување со катастрофи и приватно обезбедување

може да се вметнат во контекст на националниот безбедносен систем. Главната задача на потсистемот за управување со катастрофи е заштита на населението и материјалните добра во случај на природни и други катастрофи, како и во војна. Приватното обезбедување се однесува на ситуација во која заштитата, превентивните и другите активности го спречуваат и ги решаваат незаконските и другите дела кои се во надлежност на приватните безбедносни служби (Čas, 2006). Затоа, приватниот безбедносен потсистем се состои од субјекти за приватно обезбедување кои спроведуваат активности за заштита на луѓето и имотот од уништување, оштетување, кражба и други форми на малициозно однесување.

Словенечкиот национален безбедносен систем

Одредници во изградбата на словенечкиот национален безбедносен системВо почетните фази на словенечката независност, 1991-1993 г., настаните поврзани

со безбедноста се потпираа на правните основи донесени во периодот меѓу 1990 и 1991 година. Непосредната цел беше да се зголеми професионалноста на војската, со цел истата да може да извршува воени функции, т.е. да ја заштитува и брани државата од надворешните закани (Grizold, 2008). Во 1992 година, Националното собрание ги дефинираше првите стратешки насоки на надворешната политика ориентирани кон евро-атлантските политички, безбедносни и економски интеграции. В6о 1993 година, Националното собрание усвои резолуција со која за прв пат членството во НАТО се утврди како стратешка цел.

Донесен во 1994 година, Законот за национална одбрана ја институционализираше организацијата на одбранбениот систем на земјата. Законот ја дефинира организациската структура на словенечката војска, и ја дели на маневарски и територијални делови. Ангажирањето се заснова на регрутација и законот предвидува општа мобилизација во состојба на национална вонредна состојба. Законодавството ги дава во детали основните принципи на воената работа и ги наведува прашањата кои се однесуваат на професијата поврзани со професионалната служба во полето на одбраната. Параметрите на цивилната одбрана се елаборирани и опфаќаат економски и психолошки елементи. На крајот, Законот ја утврдува цивилната контрола врз вооружените сили според моделот на принципи поврзани со парламентарните демократии. Во 1994 година, Словенија стана дел од програмата Партнерство за мир (ПзМ) на НАТО и почна адаптација на нејзината воена структура со структурата на членките на НАТО.

Во 1999 година, Националното собрание ја одобри Декларацијата за надворешна политика која јасно ја покажа одлука за аплицирање за целосно членство во ЕУ и НАТО. Кон крајот на 2000 и почетокот на 2001 година, словенечката влада иницираше значително приспособување во размислувањето во однос на безбедносниот систем на нацијата и состојбата на подготвеност на војската. Во 2001 година, беа донесени Националната безбедносна стратегија и Националната одбранбена стратегија, а во 2002 година Законот за национална одбрана беше изменет. Новиот безбедносен

10

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

концепт на земјата зависеше од транзицијата на безбедноста насочена исклучиво против агресорот на одбрана насочена против повеќе закани; од национална на колективна одбрана; и од ексклузивна зависност од регрути кон професионална армија дополнета со резерва по договор.

Современ словенечки национален безбедносен системСовремениот словенечки национален безбедносен систем се состои од

три национални безбедносни елементи: безбедносна политика, безбедносна структура и безбедносно самоорганизирање на граѓанското општество (Слика 1).

Слика 1: Словенечки национален безбедносен систем

11

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Национална безбедносна политика

Националната безбедносна политиката на Република Словенија се состои претежно од надворешна политика, одбранбена политика, внатрешна безбедносна политика и политиката на заштита од природни и други катастрофи. Безбедносниот аспект на државната политика во економската, социјалната, еколошката, медицинската, демографската, образовната, научната и технолошката, информацииската и други области е земен во предвид во согласност со модерното, мултидимензионално разбирање на националниот безбедносен концепт.

Основна цел на политиката за национална безбедност на Република Словенија е (1) да обезбеди највисоко можно ниво на безбедност на луѓето, соодветен социјален развој и благосостојба на словенечкото општеството, зачувување на националниот идентитет на словенечкиот народ, како и ( 2) да ги исполни меѓународните обврски на Република Словенија и на тој начин да придонесе кон мирот и зајакнувањето на безбедноста и стабилноста во меѓународната заедница (Резолуција на Националната стратегија за безбедност на Република Словенија, 2010).

а) надворешна политикаЕдна од основните цели на надворешната политика на Република Словенија

е да се гарантира и зајакне безбедната и стабилна позиција на земјата во рамките на меѓународната заедница. Република Словенија продолжува да ја исполнува оваа надворешно-политичка и национално-безбедносна цел преку учество во Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Советот на Европа и други меѓународни организации и здруженија. Како член на Европската унија и НАТО, земјата е дел од заедницата на држави поврзани со заеднички вредности и интереси, како што се почитување на човековите права и основни слободи, парламентарна демократија, владеење на правото, пазарна економија и колективна одбрана и безбедност. Сепак, Република Словенија ќе ги земе за своја основа, оние интереси и цели кои се од суштинско значење за безбедноста и развојот на земјата (Резолуција на Националната стратегија за безбедност на Република Словенија, 2010).

б) одбранбена политикаОдбранбената политика на Република Словенија останува фокусирана на

обезбедување на одбранбените способности, кои се потребни за обезбедување на националната одбрана во рамките на системот на колективна одбрана и безбедност. Одбранбената политика гарантира понатамошен развој на системот за одбрана на Република Словенија во согласност со принципите на планирање на одбраната во НАТО и во Европската унија, како и хармонизација и постигнување на интероперативност на одбранбениот потсистем со другите потсистеми во рамките на системот на националната безбедноста на Република Словенија. Меѓународните активности на Република Словенија во областа на одбраната примарно се фокусирани на оние меѓународни операции и мисии во НАТО и во Европската унија кои имаат директен ефект врз националната безбедност на Република Словенија (Резолуција на Националната стратегија за безбедност на Република Словенија, 2010).

12

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

в) внатрешна безбедносна политикаПолитиката на гарантирање на внатрешната безбедност е насочена кон зачувување

и заштита на уставниот поредок и на институциите на демократскиот политички систем, во правец на гарантирање на континуираното работење на системот на правото на целата територија на Република Словенија и почитувањето на човековите права и основни слободи, кон борбата против криминалот и заштитата на јавниот ред, како и кон спроведувањето на законодавството и внатрешниот, судскиот и парламентарниот надзор на работата на безбедносните и разузнавачките служби. Република Словенија посветува особено внимание на безбедноста на шенгенските граници и развива нови форми на соработка при гарантирањето на внатрешната безбедност на Европската унија, како и на соседните и другите земји во регионот (Резолуција на Националната стратегија за безбедност на Република на Словенија, 2010 година).

г) политика на заштита од природни и други катастрофи

Политиката на заштита од природни и други катастрофи, останува да се фокусира на сеопфатното управување со природните и другите катастрофи. Главниот акцент се става на подобрувањето на превентивните активности, на систематското зголемување на можностите за навремено предвидување, откривање, следење и предупредување од катастрофи, на реорганизацијата на заштитата, спасувањето и силите за олеснување на последиците од катастрофи на сите нивоа како и на активната меѓународна соработка во областа на заштитата од природни и други непогоди (Резолуција на Националната стратегија за безбедност на Република Словенија, 2010).

Безбедносна структура

Националната безбедност во Република Словенија се заснова на работата на системот за одбрана, системот за внатрешната безбедност и системот за управување при катастрофи, кои претставуваат потсистеми на националниот безбедносен систем.

а) одбранбен системОдбранбениот систем на Република Словенија се состои од: (1) словенечките

вооружени сили, како промотор на воената одбрана и развојот на воените способности, и (2) невоените делови на системот за одбрана, кои ја подготвуваат и имплементираат одбранбената политика, обезбедуваат услови за функционирање на целиот одбранбен систем, обезбедуваат невоени способности во поддршка на словенечките вооружени сили и сојузничките сили, како и вршат подготовки и спроведување на мерки за одбрана на земјата и за работата на одбранбениот систем во кризни ситуации. Преку спроведување на активности кои придонесуваат за одбраната на земјата, други државни органи, институции на локалната заедница и организации на граѓанското општество од особена важност за одбрана исто така се вклучени во системот на

13

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

одбраната (Резолуција на Националната стратегија за безбедност на Република Словенија, 2010 година).

Развојот на системот за одбрана на Република Словенија е фокусиран на нејзината поголема интероперативност во рамките на колективната одбрана на НАТО, како и заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската унија. Развојот на словенечките вооружени сили продолжува во согласност со усвоените или засновените долгорочни и среднорочни национални планови за развој како и усвоените Цели на силите на НАТО. Приоритети се дадени за обезбедувањето на клучните способности, подготвеноста и распоредливоста на словенечките вооружени сили. Покрај обезбедувањето воени и одбранбени способности, што претставува примарната мисија на словенечките вооружени сили, акцент е ставен на обезбедувањето на можности и ефикасност на словенечките вооружени сили во спроведувањето на други задачи како што се воениот придонес на меѓународниот мирот, безбедност и стабилност, соработката во заштитата и спасувањето активности и поддршка за други национални органи и организации во обезбедувањето. Развој на еден дел од системот за одбрана е насочен кон обезбедување на невоени способности во поддршка на операцијата на словенечката вооружените сили и сојузничките сили на територијата на Република Словенија, како и на меѓународните операции и мисии (Резолуција за Општа програма за долгорочен развој и опремување на словенечката вооружените сили до 2025, 2010).

Словенечките вооружените сили

Словенечките вооружените сили (СВС) самостојно и во соработка со Алијансата: (1) одвраќаат можна воена агресија против Република Словенија; (2) обезбедуваат воена одбрана на Република Словенија и (3) придонесуваат кон меѓународниот мир и стабилност. Со цел да се постигне оваа мисија СВС одржува оперативна готовност, ги активира и мобилизира силите, распоредува сили во зоната на операции, изведува одбранбени операции, изведува офанзивни операции, придонесува кон меѓународниот мир, безбедност и стабилност и дава поддршка при гаранцијата на безбедноста и благосостојбата на словенечките граѓани ( Воена доктрина, 2006).

Словенечките вооружени сили се организирани како унитарни вооружени сили и не се поделени во компоненти. Тие функционираат на стратешко, оперативно и тактичко ниво. Стратешкото ниво го вклучува Генералштабот. Оперативното ниво ја вклучува Командата на силите и Командата за доктрини, развој, едукација и обука. Тактичкото ниво вклучува бригади и баталјони. Во однос на нивната борбена улога, словенечките вооружени сили се поделени на: борбени сили, сили за борбена поддршка, сили за борбено сервисна поддршка, и сили за командна поддршка (.

Словенечките вооружени сили се екипирани со припадници на активната и резервната компонента. Активната компонента е составена од професионални припадници на словенечките вооружени сили, а резервната компонента ги вклучува

14

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

граѓаните кои имаат потпишано договор за служба во рамките на резервата со припадници по договор (Табела 1).

Компоненти на словенечките вооружени сили Број %

Активна компонента 7544 82

Резерва на припадници по договор 1599 18

Вкупно 9143 100

Табела 1: Состав на словенечките вооружени силиИзвор: словенечки вооружени сили, 2012.

Активната компонента на СВС вклучува професионални припадници на воената служба: војници, подофицери, офицери, униформирани специјалисти. Во рамките на СВС се вработени и цивили и службеници, меѓутоа, тие не изведуваат воена служба (Табела 2).

Припадници на воената служба и вработени Број %Офицери 1145 15,2Подофицери 2023 26,8Војници 3278 43,4Униформирани специјалисти 617 8,2Цивили 462 6,1Службеници 19 0,3Вкупно 7544 100

Табела 2: Активна компонента на словенечките вооружени силиИзвор: словенечки вооружени сили, 2012.

Во мај 1997 година, словенечките вооружени сили за прв пат ги распоредија своите припадници на операција за одговор на кризи. Првата единица распоредена во хуманитарната операција „Алба“ во Албанија беше медицинска единица на словенечките вооружени сили и четири офицери за врска. Од тогаш, бројот на словенечки војници во мултинационалните операции и мисии се зголемува. Во февруари 2007 година, за прв пат во историјата на своето учество во мултинационални операции и мисии, словенечките вооружени сили распоредија цела единица на ниво на баталјон. Денес, главниот напор за учеството на словенечките вооружени сили во мултинационални операции и мисии е фокусиран на мултинационалните операции и мисии во Авганистан (ИСАФ) и Косово (КФОР), а словенечки војници се исто така

15

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

присутни во Босна во Херцеговина, Либан, Сирија, Србија и Македонија (Табела 3). Покрај тоа, словенечките вооружени сили придонесуваат со дел од своите сили на Борбената група на ЕУ и на НАТО Силите за одговор наменети за работа во и надвор од границите на Алијансата (Меѓународни операции и мисии на СВС, 2012).

Меѓународни операции и мисии 2009 2010 2011 2012

Авганистан – ИСАФ (НАТО) 69 90 89 86

Босна и Херцеговина – ЗДРУЖЕН НАПОР (НАТО) 2 5 6 3

Косово – КФОР (НАТО) 395 332 301 294

Македонија – ЗДРУЖЕН НАПОР (НАТО) 1 4 1 1

Србија - ЗДРУЖЕН НАПОР (НАТО) 3 3 2 2

Ирак – НТМ I (НАТО) 2

Босна и Херцеговина – АЛТЕА (ЕУ) 25 16 15 15

Сомалија – АТАЛАНТА, ЕУ 1 2 1 1

ЧАД – ЦАР (ЕУ) 15

Либан-УНИФИЛ (ООН) 14 14 14 14

Сирија - УНТСО, УНСМИС (ООН) 2 2 3 3

Вкупно 529 468 432 419

Табела 3: Учество на словенечките вооружени сили во меѓународни операции и мисииИзвор: Меѓународни операции и мисии на СВС, 2009, 2010, 2011, 2012.

Цивилна одбрана

Цивилната одбрана е збир на невоени мерки и активности на државните органи, локалната самоуправа, компаниите, институциите и другите организации и граѓани, кои ја поддржуваат и дополнуваат воена одбрана, функционирањето на владата во војна и обезбедување на залихите, заштита и опстанокот од населението во војна (Закон за одбрана, 1994, 2004).

Со усвојувањето на Резолуцијата за Националната стратегија за безбедност на Република Словенија (2001), Стратегијата за одбрана на Република Словенија (2001) и Доктрината за цивилна одбрана (2002), цивилната одбрана постепено се претвори во цивилно кризно планирање фокусирано на управувањето со поширок спектар на закани. Задачите на цивилната одбрана се проширија со задачи поврзани со обезбедувањето на поддршка од земјата домаќин, како и со учество на државните

16

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

структури во меѓународните воени операции.

а) внатрешен безбедносен системВнатрешната безбедност е гарантира преку работата на институциите за јавна

безбедност, полицијата, јавниот обвинител, инспекцијата и надзорните органи, разузнавачките и безбедносните служби, другите државни органи, организации со јавни овластувања, разни безбедносни служби и приватни правни организации, како и локалната самоуправа врз основа на нивната меѓусебна соработка во Република Словенија и на меѓународно ниво. Во однос на прашањата од јавна безбедност, се воспоставува соработка со организации, здруженија, граѓански иницијативи, како и локални заедници, како и соработка во рамките на јавно-приватното партнерство (Резолуција на Националната стратегија за безбедност на Република Словенија, 2010) .

Развојот на внатрешниот систем за безбедност на регулаторно и организациско ниво е фокусиран на активности за обезбедување на повисоко ниво на внатрешна безбедност, со акцент врз развојот на областа на слободата, владеењето на правото и човековите права, на развојот и имплементација на задачите на Националното биро за истраги, Националната управа за безбедност на сообраќајот, Националната судска лабораторија како и развојот и унапредувањето на превентивните активности во сите области на внатрешната безбедност.

Полиција

Полицијата ги врши следниве задачи: (1) заштита на животот, личната сигурност и имотот на луѓето; (2) спречување, откривање и контрола на кривичните дела и прекршоци, откривање и фаќање на оние кои извршиле кривични дела и прекршоци, други лица по кои е издадена потерница како и нивната екстрадиција до надлежните органи; (3) одржување на јавниот ред и мир; (4) контрола и регулирање на сообраќајот на јавните патишта и некатегоризираните патишта кои се користат за јавен превоз; (5) заштита на државната граница и вршење на гранична контрола, (6) вршење на задачите дефинирани со прописите за странци; (7) заштита на одредени лица, органи, згради и области; и (8) заштита на определени работни места и тајноста на информациите на државните органи (Закон за полиција, 1998).

Полицијата е орган во состав на Министерството за внатрешни работи. Своите задачи ги извршува на три нивоа: државно, регионално и локално ниво. Организациски, Генералниот полициски директорат претставува државно ниво. На регионално ниво Словенија е поделена на осум полициски управи. Добри девет десеттини од сите полициски активности се изведуваат во 111 полициски станици, основната организациска единица на локално ниво.

Вработените во службата на полицијата се составени од полициски службеници, криминалисти и припадници на Специјалната единица (Табела 4).

17

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Вработени во полициската служба Број %

Полицајци 7666 89

Криминалисти 885 10

Припадници на Специјалната единица 91 1

Вкупно 8852 100

Табела 4: Вработени во полициската службаИзвор: Полиција, 2012.

Словенечка разузнавачка и безбедносна агенција

Трите основни функции на Словенечката разузнавачка и безбедносна агенција (СОВА) се: (1) да се соберат информации, (2) да се изврши проценка на информациите и (3) да обезбедат информации од странство или такви кои се однесуваат на странски земји (Закон за Словенечката разузнавачка и безбедносна агенција, 1999).

Делокругот на работа на Агенцијата опфаќа разузнавање и контраразузнавање, како и безбедносни аспекти. (1) Разузнавачката активност вклучува собирање на информации од странство, релевантни за заштита на безбедноста, политичките и економските интереси на државата. Разузнавачката и контраразузнавачката работа во Агенцијата се испреплетуваат во собирањето на информации за организации, групи и лица кои преку своите активности во странство или врска со странски субјекти, претставуваат или би можеле да претставуваат закана за националната безбедност и уставниот поредок. (2) Активностите на Агенцијата во областа на безбедноста се спроведуваат во соработка со надлежните државни органи и служби, особено оние чија главна тема е безбедноста на земјата. Оваа соработка е особено важна при безбедносната проверка и обезбедувањето на информации релевантни за безбедноста на одредени лица, места, тела, објекти и области. При вршењето на своите задачи СОВА соработува и разменува информации и со странски разузнавачки и безбедносни служби и на овој начин придонесува во обезбедувањето на националната и меѓународната безбедност (Словенечка разузнавачка и безбедносна агенција, 2012).

СОВА е независна државна служба. Во извршувањето на својата работа, СОВА се надгледува од страна на Владата, Собраниската надзорна комисија, релевантниот Окружен суд, Народниот правобранител, Судот за ревизија и Канцеларија за надзор на буџетот, и на јавноста. Освен надворешниот надзор, службата има и внатрешен надзор.

Царинска управа на Република Словенија

Царинската управа на Република Словенија ги штити легалните економски текови во царинското подрачје на Европската унија и го штити животот и здравјето на луѓето преку спречување на нелегалниот увоз на производи и материи. Службата

18

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

го контролира увозот и извозот на стоки и меѓународниот синџир на снабдување, и ја одржува рамнотежата помеѓу безбедноста, заштитата и финансиските интереси на Словенија и Европската унија, од една страна и зголемената конкурентност на економијата од друга страна.

Задачите на царинската служба вклучуваат: (1) царинска и акцизна контрола на стоки и безбедносна проверка на стока; (2) собирање, полнење и наплатата на увозните давачки, извозните давачки и другите даноци и акцизи, (3) царински инспекции; (4) спречување и откривање на царинските и акцизните прекршоци и други казниви дела; (5) контрола на влезот, излезот и транзитот на стоки за кои се потребни посебни мерки за регулирање поради интересот на безбедноста, заштитата на здравјето и животот на луѓето, животните и растенијата и заштитата на животната средина, културното наследство или интелектуалната сопственост; (6) контрола на пријавувањето на домашна и странска валута при влез и излез; (7) собирање на статистички податоци за трговија со стоки помеѓу земјите членки на ЕУ, (7) спроведување на странски- трговски мерки и мерки на заедничката земјоделска политика и (8) спроведување на законот за царина и меѓународните царински договори на ЕУ (Царинската управа на Република Словенија, 2012).

Царинската управа на Република Словенија е орган во состав на Министерството за финансии. Царината ги извршува своите задачи на три нивоа: државно, регионално и локално. Организациски, Генералната царинска управа го претставува државното ниво. Формирани се десет царински дирекции на регионално ниво. На локално ниво 27 царински испостави се наоѓаат на границите и во внатрешноста. Царината вработува персонал од 1650 лица (Царинската управа на Република Словенија, 2012).

Систем за управување со катастрофиСистемот за управување со катастрофи4 е наменет за заштита на луѓето, животните,

имотот, културното наследство и животната средина од природни и други катастрофи, со цел да се намали бројот на несреќи и да се спречи или намали бројот на жртви и другите последици од таквите непогоди . Системот за управување со катастрофи вклучува програмирање, планирање, организација, изведување, надзор и финансирање на мерките и активностите за заштита од природни и други катастрофи. Во рамките на нивната надлежност или на обемот на нивните права и обврски, заштитата од природни и други катастрофи ја даваат граѓаните на Република Словенија, одделно или организирани во доброволни здруженија, професионални организации и други невладини организации ангажирани во заштитата од природни и други катастрофи, од страна на јавните служби за спасување, трговските друштва, институтите и другите организации, локалните заедници и државата. Заштитата од природните и другите видови на катастрофи се спроведува како унифициран и интегриран национален безбедносен потсистем организиран на ниво на локалните и пошироките самоуправни заедници, региони и државата (Резолуција на Националната стратегија за безбедност на Република Словенија, 2010).

4 Терминот катастрофа ги вклучува и последиците од војна, користење на оружје за масовно уништување, како и последици од терористички напади и други форми на масовно насилство..

19

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Развојот на Системот за управување со катастрофи на регулаторно и на организациско ниво е фокусиран на промоцијата на еден интегриран пристап кон заштитата од катастрофи со акцент на превентивните активности, на намалувањето на единиците за задолжителна служба и на зголемувањето на ефикасноста на другите сили за заштита, спасување и олеснување на последиците од катастрофи, како и на изградбата на капацитетите за меѓусебна помош во случај на катастрофи во рамките на Европската унија и со другите земји во регионот.

Управа на Република Словенија за цивилна заштита и помош при катастрофи

Управата на Република Словенија за заштита и спасување (УРСЗР) изведува административни и професионални задачи за заштита, спасување и олеснување на последиците од катастрофи, како и други задачи во врска со заштитата од природните и другите катастрофи (Доктрина за заштита, спасување и олеснување на последиците од катастрофи, 2002). Во рамките на својот делокруг, УРСЗР е одговорена за: (1) проценка на ризикот на територијата на Словенија, како и националните државни планови за итни случаи, (2) следење, известување и алармирање во случај на катастрофа, (3) организација и опремување на националните единици и служби за цивилна заштита, обезбедување на насоки за развојот и подготвеност на сите јавни служби за спасување во рамките на националните надлежност и кофинансирање на противпожарните единици кои се од големо значење за општеството и другите организации и здруженија и (4) координација и спроведување на меѓународната заштита и олеснување на активностите на Република Словенија со соседните и другите земји, како и во рамките на регионалните иницијативи и меѓународни организации (НАТО, ООН) и Европската унија (Закон за заштита од природни и други катастрофи, 1994, 2006) .

УРСЗР е составен орган на Министерството за одбрана. УРСЗР е поделена во шест внатрешни организациони единици со седиште во Љубљана, како и 13 други подружници на УРСЗР кои функционираат низ Словенија. Во рамките на секоја гранка постои регионален центар за известување кој врши 24-часовна дежурна служба. Се на се, 300 луѓе се вработени во подружниците на УРСЗР и центрите за известување (Управа на Република Словенија за заштита и спасување, 2012).

б) Приватна безбедност и безбедносно самоорганизирање на граѓанското општество

Во прилог на институционализираните безбедносни одредби на ниво на држава, Република Словенија предвидува и одредби за гарантирање на безбедноста на ниво на поединец или на ниво на заедница. Тука е вклучена: спонтани активности за самозаштита (самоодбрана) на поединците, и разни форми и нивоа на самоорганизирање на социјалните групи (групи на интерес, локални заедници). Сепак, работата на безбедноста на граѓанското општество сè уште е иманентно поврзана со системот за безбедност на секое одделно општество.

20

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Приватната безбедност претставува заштита на луѓето и имотот спроведена како економска активност од страна на компаниите и независните претприемачи, и тоа: (1) како рентабилна активност за договорните органи врз основа на договорниот однос (договорна безбедност) или, (2) како непрофитна активност за сопствените потреби (внатрешна безбедност). Активноста на приватната безбедност е приспособена на секторските политики од областа на националната безбедност на Република Словенија, особено на политиката на гарантирање на внатрешната безбедност (Стратегија од областа на приватната безбедност, 2010).

Заклучок

Безбедносната состојба на Словенија во дваесет и првиот век е значително различна во споредба со раните 1990-ти, а обемот и структурата на нејзиниот безбедносен систем е исто така изменет. Во предвечерието на независноста (и претходно) земјата зависеше од силите за територијална одбрана и полициските единици. Нивната задача беше да се заштити и брани новооткриениот суверенитет на нацијата. Денес Словенија се наоѓа во фундаментално изменет политичко-безбедносен контекст. Како активно ангажиран член на ЕУ, НАТО и ОН земјата учествува на меѓународни форуми и се обврзува да го исполни својот дел за зајакнување на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот и пошироко. Ова бара воведување на уште помодерен систем за безбедност, способен за ефикасно прилагодување на промените и предизвиците на националната и меѓународната безбедност.

Затоа не е чудно што денес словенечкиот одбранбен концепт зависи од транзицијата од национална на колективна одбрана; од одбрана насочена исклучиво против агресорот на одбрана насочена против повеќе закани, и од ексклузивна зависност од регрути кон професионална армија дополнета со резерва по договор. Војската е организирана во целосна согласност со концептуалните и технолошките стандарди на НАТО и ЕУ. Во зависност од нивната борбена улога, трупите се поделени на оддели за војување, поддршка, единици за подготовка при војната, и раководство. Се трансформира и Организациската структура на силите, со цел да се поправи неефикасноста од минатото на надуената и „шуплива“ воена структура наменета исклучиво за сопствената национална одбрана, и за помош на војската во извршување на сопствените обврски и мисија како член на организациите за колективна безбедност.

Од друга страна, другите елементи на словенечкиот национален безбедносен систем доживеале многу помала, иако незанемарлива „интернационализација“. Внатрешната безбедност е обезбедена преку работата на институциите за јавна безбедност, полицијата, јавниот обвинител, инспекцијата и надзорните органи, разузнавачките и безбедносните служби, другите државни органи, организации со јавни овластувања, разни безбедносни служби и приватни правни организации, како и локалната самоуправа врз основа на нивната меѓусебна соработка во Република Словенија. Во однос на прашањата од јавна безбедност, се воспоставува соработка со организации, здруженија, граѓански иницијативи, како и локални заедници, како и соработка во рамките на јавно-приватното партнерство. Заштитата од природните

21

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

и другите видови на катастрофи се спроведува како унифициран и интегриран национален безбедносен потсистем организиран на ниво на локалните и пошироките самоуправни заедници, региони и државата. Системот на заштита од природни и други катастрофи е тесно поврзан со другите потсистеми на националниот безбедносен систем и се врзан со меѓународните механизми од оваа област. Некои принципи на управување со кризи и решенија во областа на управувањето со кризи имплементирани во ЕУ и НАТО се веќе земени предвид.

Може да се заклучи дека словенечкиот национален безбедносен систем стана дел од евроатлантската реалност, но сè уште е првенствено конципиран со цел да го обезбеди националниот суверенитет.

ЛИТЕРАТУРА

Administration of the Republic of Slovenia for Civil Protection and Disaster Relief. http://www.sos112.si/eng/ (25.5. 2012).

Čas, Tomaž (2006) Zasebno varovanje za uporabnike varnostnih storitev, Atelje Kresnik, Radlje.Government of the Republic of Slovenia (2001) National Defense Strategy. Ljubljana: Government št.

820-00/2001-1.Government of Republic of Slovenia (2002) The civil defense doctrine of the Republic of Slovenia.

Ljubljana: Government No. 810-02/2002-1.Government of the Republic of Slovenia (2002) The Doctrine on Protection, Rescue and Relief. Lju-

bljana: Government No. 912/7/2002-1.Government of Republic of Slovenia (2006) Military Doctrine. Ljubljana: Government No. 800000-

3/2006. Grizold, Anton (1994) The Concept of National Security in the Contemporary World. International

Journal on World Peace, 11(3): 37 – 53. Grizold, Anton (1999) Obrambni sistem Republike Slovenije, Visoka policijsko-varnostna šola, Lju-

bljana.Grizold, Anton (2008) Slovenia’s Defense Policy in a Euro-Atlantic Reality. Mediterranean Quarterly,

19 (3): 115 – 122.Ministry of Interior of the Republic of Slovenia (2010) Strategy in the Field of Private Security. Lju-

bljana: Ministry of Interior.National Assembly of Republic of Slovenia (1994, 2002) Defense Act. Ljubljana: Official Gazette of

the Republic Of Slovenia No. 82/1994 and No. 67/2002.National Assembly of Republic of Slovenia (1998) Police Act. Ljubljana: Official Gazette of the Re-

public Of Slovenia No. 49/1998.National Assembly of Republic of Slovenia (1999) Slovene Intelligence and Security Agency Act.

Ljubljana: Official Gazette of the Republic Of Slovenia No. 23/1999.National Assembly of Republic of Slovenia (2001) Resolution on National Security Strategy. Lju-

bljana: Official Gazette of the Republic Of Slovenia No. 56/2001.National Assembly of Republic of Slovenia (2010) Resolution on the National Security Strategy of the

Republic of Slovenia. Ljubljana: Official Gazette of the Republic Of Slovenia No. 27/2010.National Assembly of Republic of Slovenia (2010) Resolution on General Long-Term Development

and Equipping Program of the Slovenian Armed Forces up to 2025. Ljubljana: Official Gazette of the Republic Of Slovenia No. 99/2010.

Police http://www.policija.si/eng/index.php (22.12.2012). Slovene Armed Forces http://www.slovenskavojska.si/en/ (20.5. 2012). Slovene Intelligence and Security Agency http://СОВА.gov.si/en/index.html (26.5. 2012).Customs Administration of the Republic of Slovenia. http://www.carina.gov.si/en/ (27.5. 2012).

23

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

23

327.5.008.1/.2:341.62(100)Прегледен научен труд

ОД МЕНАЏИРАЊЕ СО КРИЗИ ДО ПРЕВЕНЦИЈА НА КОНФЛИКТИ: ПРОМЕНА ВО ПАРАДИГМАТА

Ентони ВАНИС-СТ. ЏОН1

Апстракт: Во овој труд се дискутира за спречувањето на конфликти како спектар на политички мерки и инструменти наменети или да ја спречат предвидената, можеби неминовна, почетна појава на насилство, или да го спречат повторувањето на насилството по неговото запирање, или да го спречат неговото понатамошно ескалирање по неговото задушување. Како резултат на тоа што меѓународната безбедносна средина претрпе значајни транзиции од крајот на Студената војна, превентивниот пристап исто така доби важност, од причини кои ќе се дискутираат во овој труд.

Клучни зборови: превенција на конфликти, управување со кризи, миротворство, насилство, мисија

Вовед

„Ние, народите на Обединетите нации, одлучени да ги спасиме следните генерации од пустошот на војната …и за овие цели …да прифаќаме начела и да воведуваме постапки, коишто гарантираат дека

оружената сила ќе биде наменета само во заеднички интерес“ …- Преамбула на Повелбата на ООН-1945

Создадовте меѓународна криза, затоа дојдов да се видиме.- Кисинџер на Садат, ноември 1973 година2

Не може да влегуваме од криза во криза. Мора да создадеме нова дипломатија која ќе ги предвидува и спречува кризите.

- Ворен Кристофер3

Меѓународната заедница често одговарала на кризи и закани по меѓународниот мир на реактивен, ад хок начин. Креаторите на политиката и теоретичарите заинтересирани за решавање на конфликти денес се согласни дека спречувањето насилни конфликти е генерално подобро од пост хок реакциите, односно, по избивањето на насилство. Како резултат на тоа, се стави релативно нов концептуален акцент на превенцијата на конфликти кој, барем теоретски,

1 Доц. д-р Ентони Ванис-Ст. Џон, е професор на School of International Service, American University.2 Anwar el-Sadat, In Search of Identity (New York: Harper Row, 1977), 267.3 Ворен Кристофер како државен секретар делегира, Сведочење за време на неговото сослушување од

Сенатот, цитирано во Лунд 1996.(Washington DC: United States Institute of Peace Press, 1996)

24

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

ги објаснува миротворните дејства пред самата појава на внатрешното или меѓународното вооружено насилство. Во пракса, конфликтите постојано се трансформираат и можат да се движат од релативен мир до латентност па се до масовно насилство. Додека хронолошкиот редослед на меѓународните напори за мировни преговори е логичен по природа, реалноста на теренот ја прават интенционалноста и дизајнот на превентивното дејствување се порелевантни за разрешување на конфликти и мировни преговори од времето и последователноста како и прашањето кога превентивното дејствување, всушност се случува (иако, јасно е дека времето е важно).

Спречувањето на конфликти тука е дефинирано како спектар на политички мерки и инструменти чија цел е 1) да се спречи предвидената, можеби неминовна, почетна појава на насилство, или 2) да се спречи повторувањето на насилството, откако било запрено, или 3) да се спречи негова понатамошна ескалација по неговото задушување. Како резултат на тоа што меѓународната безбедносна средина претрпе значајни транзиции од крајот на Студената војна, превентивниот пристап исто така доби важност, од причини кои ќе се дискутираат во овој труд.

Спречувањето на конфликти е концепт кој поддржува голем број стратегиски политички дејства чија цел е да се спречи избивањето, ескалацијата или враќањето на насилниот конфликт. Превентивната дипломатија и превентивното воена распоредување се двете главни области на намерно дејство и во секоја категорија постојат разлики. Превентивната дипломатија може да вклучува испраќање на високи претставници од регионална или меѓународна организација или држава во зона на конфликт, со цел да им се помогне на страните во конфликтот во промената на перцепцијата и да се преземат деескалирачки дејствија во конфликтот во кој тие се вклучени. Државите и МОи не се единствените актери; невладините организации, верските организации и еминентните лица кои самостојно делуваат, во координација со другите можат да имаат иста цел. Без оглед на актерот или степенот на ангажман, главната алатка се преговорите или медијацијата. Превентивното воено распоредувања исто така има голем број на можни конфигурации кои се движат од хуманитарна заштита, набљудување и следење на демилитаризацијата, известување за кршењето на човековите права, придружба во враќањето на раселените лица, како и распоредувања на борбените сили од големи размери заради одвраќање на вооружен конфликт или спроведување на условите на мировниот договор или друг мандат.

Спротивно на дипломатските и воените пристапи кон превенцијата, нашироко се смета дека може да се работи кон основните „суштински“ причини на конфликтите на таков начин на кој регионот или државата кој/а е склон/а кон конфликти ќе биде во можност да го избегне почетокот и ескалација на насилниот конфликт. Научниците и практичарите ја нарекуваат оваа варијанта „структурна превенција“ и со оглед на нејзиното концептуално поклопување со развојот и градењето на мирот, ние не ја третираме во овој труд и се ограничуваме на дипломатските - воени варијанти.

Миротворството во сите негови аспекти, без оглед дали произлегува од државниците и дипломатите, воените, хуманитарните работници или еминентните поединци, се врши во сложени услови. Самата бројка на интервенционисти, мноштвото и непомирливата природа на конфликтните страни (особено вооружените недржавни групи) и менувањето на политичкиот и економскиот терен на кој сите функционираат буквално гарантираат процесот и резултат од мировните напори соочени со неизвесности. Историјата е полна со случаи на вонредни процеси на мировните напори кои сепак биле поткопани од страна на внатрешни или надворешни страни на конфликтот. Со оглед на непредвидените предизвици за склучување на мирот за време на или по насилен конфликт, капацитетот да се предвиди, а всушност да се спречи конфликтот е суштински привлечен.

Превенцијата на конфликти, како организирана низа на активности во корист на зачувување или консолидација на мирот, означува промена од реалната парадигма која ја истакнува меѓународната политика преку управување со кризи (види цитат погоре припишан на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер) до покритичен и посуптилен пристап кој во најмала рака има за цел да го превенира насилството или масовната ескалација на насилство, а во некои случаи, се обидува да оди толку далеку што ги третира суштинските причини за насилството пред тоа да избувне.

25

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Управување со кризи наспроти превенција на конфликтиПред војната на Блискиот Исток од октомври 1973 година, Египет и САД немале

воспоставено формални односи. Египет сепак, се обидувал да ги натера САД да играат посредничка улога и да издејствуваат мировен договор. Во тајни неформални средби во февруари и во мај 1973 година, советникот за национална безбедност на САД, Хенри Кисинџер, му сигнализирал на неговиот египетски колега, Хафиз Исмаил, дека „САД за жал не може да стори ништо сè додека [Египет] е поразената страна и Израел успева да ја задржи својата супериорност.“4

Садат ја преориентираше египетската надворешна политика подалеку од советската сфера и се наклонуваше кон САД, сметајќи дека само САД би можеле да остварат три цели: прво, да успеат да седнат израелски одлучувачи на маса и да ги натераат да преговараат за склучување на мир, второ, да издејствуваат зделка „земја за мир“ во кој Израел ќе ги врати арапските територии што ги окупирал за време на Војната на Блискиот Исток од јуни 1967 и трето, како неминовна последица на првите две, да ја спречи понатамошната војна во регионот. Но, Кисинџер бил длабоко уверен во претпоставката дека американските дипломатски иницијативи на Блискиот Исток најдобро може да се искористат доколку страните се соочуваат со непосредна или растечка криза. Притоа, тој буквално гарантираше дека четвртата регионална војна (војната од октомври 1973 година) ќе се води на Блискиот Исток5. Во неговата потрага по „балансирање“, може да се сфати дека целта на Кисинџер не била спречување на војната од 1973 (што го изненади Кисинџер, иако три години наназад слушнал како Садат упатува отворено предупредување). Неговата дипломатија во пресрет на разгорувањето на конфликтот се занимаваше со користење на избувнувањето на насилството во правец на унапредување на стратешките цели на САД на Блискиот Исток6.

Всушност, Кисинџер функционирал според логиката на управувањето со кризи. Спречувањето на меѓународни кризи и војни функционира според многу поинаква логика, и за да се разбере како превенција на конфликти е концептуален предизвик за управувањето со кризи, неопходно е да се разберат и двете.

Енергичната дипломатија на Кисинџер по завршетокот на таа војна беше брилијантна и стратешка во поглед на американските интереси како што тој ги дефинираше особено во однос на маргинализирање на поддршката од Советскиот Сојуз на арапскиот национализам. Сепак, тоа беше производ на оригиналната претпоставка: не постоеше визија за нов регионален ред, ниту некаква храбра иницијатива. Тој самиот играше шатл дипломат, постигнувајќи само најмало територијално прилагодување за Сирија и Египет, а не сеопфатен мир за Израел, Сирија или Египет. Легитимно може да се тврди дека египетската воена офанзива- колку и да беше скапа – беше неопходен претходник на подоцнежните дипломатски движење и дека истата значително ја измени проценката и на САД и на Израел за Садат како лидер и државник. Но по која цена? Сирија и Израел сериозно нема да се зафатат со меѓусебни мировни разговори

4 Sadat, In Search of Identity, p. 238.5 Регионалните војни на Блискиот Исток во периодот по Втората светска војна се војни помеѓу арапските и еврејските

националистички сили во Палестина за време на британскиот мандате (1945-1948), што директно доведе до војната помеѓу Државата Израел и соседните арапски држави (1948), Суецката војна од 1956 година, Војната од 1967 година (Израел, Египет, Јордан, Сирија), Војната од 1973 година (Сирија, Египет, Израел), Граѓанската војна во Либан (1975-1991), Израелската окупација на Либан (1982). Други конфликти се поврзани со горенаведените, вклучувајќи ги Палестинските востанија од 1987-1993 и 2001 до денес, конфликтите помеѓу Палестинската ослободителна организација и Јордан, Палестинската ослободителна организација и Сирија, конфликтите помеѓу Израел и Хезболах во Либан од 1996 и 2006 година.

6 Henry A. Kissinger, Years of Upheaval (Boston: Little Brown, 1982).

26

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

речиси две децении, а се случуваа и понатамошни регионални војни (Либанската граѓанска војна и Кризата во Персискиот Залив). Садат мораше да почека до следната американска администрација на претседателот Картер, која ги внесе Египет и Израел во еден сеопфатен мировен договор кој успешно ги спречи понатамошните египетско-израелски војни. Сепак, другите димензии на регионалниот конфликт останаа непроменети, бидејќи одредбите на Спогодбата од Камп Дејвид за решавање на суштината на палестинско-израелскиот конфликт останаа нереализирани.

Бројните меѓудржавни војни што се воделе во текот на, а особено по Студената војна, со нивните последователни хуманитарни последици, геноцидно насилство, масивен прекуокеански прилив на бегалци, како и други закани како што се распаѓањето на државите, дадоа поттик на новиот акцент на превенцијата, која покажа одреден замор со класичните пристапи.

Основните претпоставки за превенција на конфликтите како мировно-ориентирана практика се доволно едноставни: Напори на завојуваните страни или трети страни интервенционисти како гаранција дека очекуваните непријателствата од кои се стравува нема да се појават. За да се направи тоа, треба да се користат неколку инструменти: откривање и рано предупредување на претстоен насилен конфликт, точна анализа на податоците за конфликтот, мобилизација на политичката волја без оглед на форумот (држави, МО, регионални организации или НВО), стручно распоредена дипломатска интервенција со цел да им помогне на страните во конфликтот да се најдат алтернативни средства за постигнување на политичките цели, како и можно воено распоредување со цел да се одврати почеток или ескалација на вооружен конфликт, или следење на воените движења и кршење на човековите права, меѓу другите инструменти. Новината не е толку во самите инструментите колку што е во намерата на креаторите на политиката да ги користат како превентивен механизам.

Појавувањето на превенцијата на конфликтиПрактиката и студијата за превенција на конфликти го достигнаа својот процут

во последниве децении. Советот за надворешни односи создаде свој „Центар за превентивна акција“ и Комисијата на Карнеги корпорацијата за спречување на сериозни конфликти собра истражувачи и практичари од целиот глобален политички спектар и започна со промовирање на размислувањата, учењата, истражувањата и дипломатија темелени на претпоставката дека конфликтот може и навистина треба да се спречи. Организацијата за безбедност и соработка во Европа основа Центар за превенција на конфликти на Самитот на КЕБС од 1990 година. Националните владини агенции, мултилатералните организации и граѓанските организации полека го „вклучуваа“ концептот за превенцијата на конфликти во нивните реторика и практика. Академиите за дипломатија и дипломските студии по меѓународни односи почнаа да го истакнуваат и да предаваат за превенција на конфликти, на тој начин дополнувајќи го класичниот пристап на анализа на историските случаи на управување со кризи.

За меѓународната заедница – ОН, НАТО, ЕУ и другите меѓународни организации за соработка – изминатите две децении покажаа дека неуспехот да се предвидат и да се спречат регионалните и внатрешните војни ја доведена во прашање самата причина за нивното постоење и процесите со кои тие ги создаваат политиките. Во повеќето невидени случаи, вклучително и Руанда пред самиот геноцидот и Босна и Херцеговина во периодот по распадот на поранешна Југославија, постојните инструменти на меѓународната заедница, вклучувајќи го и распоредувањето на вооружени мировници со хуманитарен мандат, високо ниво на дипломатски контакт групи овластени да

27

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

склучуваат договори и истите да го предлагаат на вмешаните страни, едноставно не одговараа во времето на случување на овие конфликти и нивната појава или самата скала на човечкото страдање кое истите го предизвикаа. Историјата ќе се повтори и во други области на светот по таквите неуспеси, вклучително и во Демократска Република Конго, Уганда и на други места. Овие членови на меѓународната заедница почнаа да зборуваат за потребата од зајакнување на нивниот капацитет за „рано предупредување“ на насилен конфликт, кој- сите се надеваат -ќе ја разбуди политичката волја на националните и меѓународните лидери кои потоа би можеле да ги мобилизираат дипломатските и воените ресурси со цел да направат разлика на почетокот; или да го спречат конфликтот во целост или да ја спречат неговата понатамошна ескалација.

Концепциска еволуција на превенцијата на конфликтиПревенцијата на насилен конфликт одамна е грижа на лидерите, државите,

сојузите и меѓународните организации, можеби сè додека некои од нив не го избраа насилниот конфликт за политички инструмент. Во современата историја, превенција на конфликтот е прифатена како стремеж за меѓународна соработка. Повелбата на ОН, во својата преамбула, се фокусира на спречувањето на војната, како една од главните цели на ООН во своето основање. Делумно се должи на пат-позицијата од Студената војна и претпоставката дека војните, дури и внатрешните и регионалните конфликти, биле алатки за ривалството помеѓу САД и Советскиот Сојуз, превенцијата на конфликти не била широко практикувана дури ни од страна на ООН, најважната и најлегитимната меѓународна организација посветена на меѓународниот мир, безбедност и развој.

Повелбата на ОН како основа за превентивно дејствувањеПовелбата на ОН содржи бројни референци на практиките за спречување на

конфликти. На пример, член 34 од Глава VI „Мирно решавање на спорови“ предвидува Советот за безбедност да ја испита „ситуацијата која може да доведе до меѓународна тензија“. Член 33 го овластува Советот за безбедност да побара од спорните страни да го решат спорот по мирен пат, доколку постои веројатност дека неговото продолжување ќе го загрози меѓународниот мир. Според Глава VII, „Активности во зависност од заканите за мирот, нарушување на мирот и акти на агресија”, член 39 ги истакнува дејствата на Советот за безбедност на ОН за „одржување или обновување“ на мирот. Член 40 го овластува Советот за безбедност на ОН да ги повика страните да преземат привремени мерки (како што се прекин на огнот, прераспоредување, итн.) во очекување на разрешницата на конфликтот. Член 43 ги повикува членките на ОН да се договараа за обезбедување на вооружени сили кои ќе се стават на располагање на Советот за безбедност. Член 50 се однесува на правата на консултации за земјите кои се соочуваат со негативни економски влијанија поради „превентивни или извршни“ мерки преземени од страна на Советот за безбедност на ОН. Член 99 го овластува генералниот секретар да го насочи вниманието на Советот за безбедност на секое прашање што може да претставува „закана на одржувањето на меѓународниот мир и безбедност.“ И покрај толку многу превентивни аспекти на Повелбата, системот на ОН како целина и меѓународната заедница останаа цврсто вградени во културата на реакција.

Премин од реакција до превенција

Постои сè поприсутно чувство дека таквите конфликти како насилните внатрешни

28

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

и регионални војни кои се појавија по завршувањето на Студената војна би можеле значително да бидат ублажени или целосно запрени доколку преовладуваше културата на превенција во текот на вкоренетата практика на големите и средни сили како реакција на конфликтите, и само во согласност со нивните политички интереси. Сега е можно да се споредат реалните трошоци на реактивните мировни операции и хуманитарни интервенции со проектираните трошоци за превентивно делување. На пример, според заклучокот од анализата направена од страна на Карнеги комисијата 200.000.000.000 $ всушност беа потрошени на операциите од 1990-тите во Босна, Сомалија, Руанда , Хаити, Ел Салвадор, Камбоџа и на Војната во Персискот залив, додека релативно помал буџет од 70.000.000.000 $ би биле доволни за спроведување на стратегија за превенција, во овие случаи.7 Иако ваквите заклучоци и аргументи вклучуваат анализа спротивна од фактите, можностите кои тие ги поттикнуваат се интригантни за креаторите на политиките и теоретичарите кои се занимаваат со постојаната ескалацијата на хуманитарни, политички и економски трошоци на насилниот конфликт.

Постојат неколку важни концептуални одредници во развој на посеопфатна и постабилна меѓународна практика на решавање на конфликти која вклучува превенција на конфликти. Во текот на 1980-тите, во последните години од Студената војна, голем број меѓународни интервенции, како што се оние во Намибија и Камбоџа, создадоа нови преседани за посеопфатно, мултидисциплинарно миротворство со интегрирани воени сили и хуманитарна помош и акцент на владеење и постконфликтна правда и помирување. Како што е случајот со бројните минати напори, овие операции се одржаа по престанокот на насилството и по склучувањето на сеопфатен мировен договор. Начинот на интервенција сè уште беше „реакција“ наместо превенција.

Сепак, глобалната конфликтна слика почна да се менува во вознемирувачки начин. Концептот на превенцијата на конфликти доби на сила со зголемувањето на жестокоста на внатрешните, регионалните и меѓудржавните војни од крајот на Студената војна. Не сите конфликти кои се наследени од Студената војна се решија самите од себе со завршувањето на Студената војна. Уште поважно е тоа што неколку шокантно насилни внатрешни и меѓудржавни војни се разгореа и се водеа, наводно околу прашањата од етнички и верски идентитет, меѓу другите неидеолошки причини. Овие конфликти често создаваа масивни хуманитарни кризи, а цивилите веќе не беа „колатерална штета“, туку директни цели. Вмешаните страни – без огледа дали биле државни или недржавни актери -често беа поделени, отпорни на преговори, склони кон непочитување на прекинот на огнот, и во исто време, склони кон насилство. Меѓународното лидерско и глобалното јавно мислење почна да се усогласува во корист на поагресивните дејство како одговор на оваа ситуација. Ова никаде посилно не беше изразено отколку во исклучителната соработка остварена во рамките на Советот за безбедност н ОН, која започна во раните 1990-ти.

Самитот на Советот за безбедност и Агендата за мирКако одговор на ирачката инвазија на Кувајт од 1990 година, Советот за

безбедност едногласно одобри одговор на ирачката окупација од страна меѓународната воена коалиција предводена од САД. Со завршувањето на Студената војна, Советот за безбедност одржа Самит на шефовите на држави или влади на 31 јануари 1992

7 Извештај на генералниот секретар на Обединетите нации за спречувањето на вооружениот конфликт, A/55/985, S/2001/574, 7 јуни, 2001 година.

29

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

година, за прв пат во својата историја. Еден од резултатите на Самитот беше одлуката на Советот за безбедност за преземање на повеќе дејства за спречување и решавање на конфликти. Советот го овласти Генералниот секретар на ОН да подготви извештај за начините преку кои ќе се постигне зајакнување на капацитетот на Обединетите нации за „превентивна дипломатија, за мировниот процес и за одржувањето на мирот.“8 Беше забележано дека „анализата и препораките може да ја покријат улогата на Обединетите нации во идентификување на потенцијалните кризи и области на нестабилност ... “-упатување кон потребата за откривање и рано предупредување на претстојни конфликти.9 Како резултат на тоа, една од покритичните современи концептуални одредници беше публикацијата објавена пет месеци по самитот на Советот за безбедност, на генералниот секретар на ОН Бутрос Бутрос-Гали, Агенда за мир: Превентивна дипломатија, градење и зачувување на мирот10.. Во својот извештај, генералниот секретар напиша дека целите на ООН мора:

-„да бараат начини за идентификување на ситуации кои би можеле да предизвикаат конфликт во најраната можна фаза, и да се обидат преку дипломатија да се отстранат изворите на опасност пред истите да резултираат со насилство;

- онаму каде избувнуваат конфликти, да се вклучат во одржување на мирот со цел да се решат прашањата кои доведуваат до конфликт;

- преку одржување на мирот, да работат на зачувување на мирот, колку и да е кревко, каде борбите се запрени, и да помогнат во спроведување на договорите постигнати од страна на миротворците;

- да се подготвени да помогнат во градење на мирот во различни контексти: обнова на институциите и инфраструктурата на земјите растргнати од страна на граѓанска војна и немири; како и за градење на врски од мирна заемна полза меѓу претходно завојуваните земји;

- и во најголема смисла, за третирање на најдлабоките причини на конфликтот: економски очај, социјална неправда и политичко угнетување ...11

Агендата дефинира еден мултидимензионален концепт на превенција на конфликти кој опфаќа 1) „дипломатија за ублажување на тензиите пред тие да резултираат со конфликт“, 2) непосредно задушување на конфликтот во раните фази, и 3) спречување на повторување или релапс на запрениот конфликт. Сите три беа и продолжуваат да бидат валидни и да испреплетуваат димензии на меѓународно дејствување за спречување на судири, иако самите се разликуваат во однос на темпирањето на таквото дејство и инструментите и политиките кои се користат во секоја фаза.

Во својата најчиста форма, превенцијата на конфликти повлекува дејство кое е донесено пред можноста за избивање на конфликт, но сепак, во практиката, конфликтите се динамични и може да ги надвладеат дури и најдобрите намери на

8 Белешка од претседателот на Советот за безбедност, 3046 состанок на Советот за безбедност на ОН, S/23500, 31 јануари, 1992 година.

9 S/23500, стр. 310 Бутрос Бутрос-Гали, Агенда за мир: превентивна дипломатија, градење и зачувување на мирот, Извештај

на генералниот секретар согласно Изјавата од Самитот на Советот за безбедност од 31 јануари 1992 година, A/47/277, S/24111, 17 јуни 1992 година.

11 Бутрос Бутрос-Гали, Агенда за мир, став 15.

30

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

превентивната практика. Затоа, акцентот на раното дејствување по избивањето на насилство и спречувањето на идна повторна појава се неопходни додатоци на чистата дефиниција.

Инструментите за тоа беа воведени од страна на генералниот секретар, вклучувајќи и употреба на:

Дипломатски мисии од страна на генералниот секретар, високите претставници на или регионални организации. Таквата превентивна дипломатија ќе искористи, колку што е потребно:

• градење мерки на доверба;• мисии за утврдување на фактите од страна на главните органи на ООН; • мрежи за рано предупредување кои може да ги искористат специјализираните

агенции на ООН во земјата на конфликтните региони, како и познавање на регионалните организации;

• превентивни воени распоредувања кои или ќе ги одвратат агресорите или ќе ги намалат тензиите меѓу потенцијалните внатрешни или меѓудржавни конфликтни страни;

• создавање на демилитаризирани зони, особено на заедничките граници.12

Акцентот од Агендата за мир од 1992 година продолжи целосно да биде во согласност со барањата на Повелбата на ОН, чл. 2 (7) признавање на домашната јурисдикција на државите и пропишување на меѓународната интервенција без државна согласност. Додека Поглавје 7 од Повелбата на ОН одамна веќе ги дефинира околностите под кои одредбите на домашната јурисдикција од чл. 2 (7) повеќе не се применува, Агендата сепак продолжи со голема претпазливост.

Поодлучно, Генералниот секретар на ОН, исто така препорача да се заживее долго-неисполнетиот аспект на меѓународниот систем за управувањето со конфликти кога повика на преговори околу договорите од член 43 од Повелбата на ОН, чија цел беше да ги стави на располагање двете ад хок и постојано достапни вооружени сили на ОН. Иако Советот за безбедност ќе биде оној кој ќе треба да даде овластување за таквите ангажмани во случај на непосреден вооружен конфликт, генералниот секретар на ОН предложи единиците да се стават под директна команда на генералниот секретар13. Таквите распоредување за „спроведување на мирот“ ќе се покажат како многу корисни во вистинското спречување и одвраќање од насилство, но, исто така, во враќањето на нарушениот прекин на огнот и во спречувањето на повторувањето на насилството. Од различни причини, вклучувањето на структурната динамика на членството на Советот за безбедност на ОН - што е одраз на глобалната рамнотежа на моќ во пресрет на Втората светска војна - повеќето држави имаат тенденција да бидат воздржани по неколку концепти од Агендата. Оваа тенденција на еден начин го поткопува превентивниот капацитет на ОН како глобално организацијата за колективна безбедност. Најкритички, се разбира, каков било конфликт кој вклучува постојана членка на Советот за безбедност на ОН или дури негов близок сојузник ќе биде во можност за да избегне секаков превентивен механизам на ООН.

Агендата за мир, исто така го поддржува иновативниот концепт поврзан со спречувањето на конфликт со тенденција на повторување: „постконфликтно градење на мирот“, кое би повлекло многу обемни дејства, кои се движат од деминирање,

12 Агенда за мир, став 23-33.13 Агенда за мир, став 44.

31

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

до демобилизација, разоружување и реинтеграција, со поддршка за создавање на демократско владејачки структури во постконфликтните држава.

Слика на периодот по Студената војна: неуспеси во спречувањетоСекако, состојбата во светот не остана статична со објавувањето на Агендата

за мир. Државите, регионалните организации, а особено меѓународните организации како што е ООН продолжија да ја развиваат практиката на превентивна дипломатија, а Генералниот секретар на ООН го создаде тогашниот нов Оддел за политички прашања со цел да обезбеди рано предупредување од претстојните конфликти, политички препораки за ОН и меѓународните превентивни дејства, како и анализа на можностите за дејствување во тековните конфликти.

Војните, интервенциите и научените лекции од конфликтите во Ангола, Сомалија, Хаити и на поранешната Република Југославија, особено на војната во Босна и Херцеговина, како и геноцидот во Руанда од 1994 година, меѓу другите конфликти, го наведоа генералниот секретар на понатамошни размислувања за капацитетот на решавање на конфликтите на меѓународната заедница. Во јануари 1995 година, генералниот секретар Бутрос-Гали издава свој Додаток на Агендата за мир14. Меѓу проблемите кои тој ги истакна беше и недостатокот во ООН од висок дипломатски персонал способен за вршење на превентивни дипломатски мисии или мисии за спроведување на мирот и тешкотиите на финансирање на превентивните дипломатски мисии15. Тој ја истакна континуираната неможност за пристап на ООН до распоредливите сили: ниту една од 19-те земји кои имале војници на готовс не искажала подготвеност ниту пак, се согласила да ги распореди своите сили во мисијата UNAMIR во Руанда кога Советот за безбедност одобрил проширување на UNAMIR додека се случувал геноцидот мај 1994 година16. Се разбира, ова се случувало во пресрет на трауматичните настани околу интервенцијата на ОН/ САД во Сомалија.

Како резултат на тоа што геноцидот во Руанда се случил по склучувањето на сеопфатниот мировен процес, а во присуство на мисијата на ОН, случајот ја покажа слабоста на практиката за разрешувањето на меѓународните конфликти и продолжување на човечката склоност кон геноцидно насилство. На многу начини Руанда беше случај на кумулативниот неуспехот на превенцијата на конфликти: дури и при предвремени разузнавачки информации околу претстојното геноцидно насилство и присуство на меѓународна мировна мисија на теренот, една мала група на предводници на геноцидот успешно го парализираа Советот за безбедност и дури го натераа да го негира она што се случуваше и ја покажаа неговата неподготвеност да се преземе акција со што би го спречиле геноцидот. Командантот на силите, генерал Ромео Далер го предупреди Одделот за мировни операции на ООН (ДПКО) на претстојната кампања на „истребување“ против Тутсите од Руанда во неговата телеграма од 11 јануари 1994 година17. Како што е сега општо познато, ДПКО го одби мислењето на генерал Далер, крајно ги игнорираше неговите предупредувања и ги негираше неговите барања за дозвола за преземање на енергични дејства за рација на залихите на оружје, кои се користеа за време на геноцидот.

14 Бутрос Бутрос-Гали, Додаток на Агендата за мир: став на генералниот секретар по повод петтата годишнина на Обединетите нации, Извештај на генералниот секретар за работата на организацијата, A /50/60, S/1995/1, 25 јануари 1995 година.

15 Бутрос Бутрос-Гали, Додаток на Агендата за мир, став 28-32.16 Бутрос Бутрос-Гали, Додаток на Агендата за мир, став 43.17 Телеграма од генералот Далер со наслов „Барање за заштита на информатори“ испратена до генерал

мајор Барил, ДПКО, 11 јануари 1994 година. На http://www.gwu.edu/~nsarchiv/NSAEBB/NSAEBB53/rw011194.pdf

32

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Степенот на насилство во Руанда го истакнува фактот дека дури и стабилните и одржливи напори за решавање на конфликти –чија намена е да се спречи ескалацијата на насилство, доколку не може да ја спречи нејзината првична појава - може сосема да пропадне ако миротворците и медијаторите се некоординирани и немаат политичка волја да се соочат со неочекуваните резултати од нивната работа, а доколку страните во конфликтот гледаат поголема корист во војна отколку во мирната разрешница.

Целосната анализа на дефектите на меѓународната заедница во Руанда е надвор од опфатот на ова поглавје, но важно е да се напомене дека меѓународната заедница беше навистина ангажирана во Руанда пред геноцидот. Војната пред геноцидот во Руанда имаше свои корени неколку децении пред настаните од 1994 година, а започна во октомври 1990 со упадот на силите од Патриотскиот фронт на Руанда (RPF) од Уганда во Руанда. При фокусирањето на ужасите на геноцидот, често се занемарува дека речиси веднаш по упадот на Патриотскиот фронт на Руанда во 1990 година, беа започнати формални и неформални напори за посредување од страна на Белгија, Заир, Танзанија, Уганда, ОН, и ОАУ, и другите регионални организации, Економската заедница на земјите од регионот на Големите езера.. Според исцрпната студија за мировниот процес на Брус Џонс, „овие напори не беа специјално подготвени за спречување на геноцидот, но беа подготвени за спречување на ескалацијата на конфликтот и поставување на темелите за мир18.“ Договорите за прекин на огнот беа потпишани во март 1991 година, септември 1991 година и 12 јули 1992 година, но секој пат не беа почитувани.

Владата на Руанда и на Патриотскиот фронт на Руанда конечно започнаа сеопфатни мировните преговори во јуни 1992 година, вешто олеснети од страна на Танзанија, со учество и поддршка од неколку соседни држави, САД, Франција, Белгија, Германија, ОАУ и ОН. Официјалните посреднички напори беа дополнети со неформална дипломатија, вклучувајќи ги и напорите од страна на апостолскиот нунција, пратеник на папата од Ватикан. Мировните напори кулминираа со Договорите од Аруша потпишани на 4 август 1993 година. А сепак, колку и да беше вешто изведено посредувањето на мировниот процес, и колку и сеопфатни да беа Договорите од Аруша, ниту едниот, ниту другиот не беа успешни во запирање на војната која се случуваше помеѓу Патриотскиот фронт на Руанда и Владата на Руанда. Уште полошо, мерките за превенција и воспоставување на мирот преземени како резултат на мировниот процес, вклучувајќи го и распоредувањето на мисијата UNAMIR, обезбедија рано предупредување од геноцидот, што беше ефикасно игнориран од страна на речиси сите поголеми меѓународни актер. Геноцидот во Руанда, како и бројните други случаи во кои постоеше меѓународен ангажман, не се „неуспеси на превентивно дејствување, туку неуспеси да се дејствува превентивно:“19 што уште еднаш ни ги покажува намерите кои лежат во основата на активностите на меѓународниот ангажман, кој треба или ќе ги утврди стратегиите кои ќе произлезат. Мировниот процес од Аруша за Руанда, како сеопфатен, добро структуриран и добронамерен, каков што и беше, резултираше со мировен договор кој никогаш не се спроведе. Неговата структура немаше за цел да го спречи геноцидот на кој било начин.

Срамот од дебаклот Руанда можеби ни помага да видиме зошто генералниот секретар во 1995 година отиде подалеку од предлогот за дефинирање на договорите од член 43 и повика на создавање на Сили за брза реакција на ОН кои секогаш ќе бидат на располагање за Советот за безбедност и е може да се повикаат при

18 Bruce D. Jones, Peacemaking in Rwanda: The Dynamics of Failure (Lynne Rienner, 2001), p. 3.19 Цитатот е од делото на алис Акерман [Alice Ackermann, Making Peace Prevail: Preventing Violent Conflict

in Macedonia (Syracuse, NY: Syracuse University Press, 1999)], стр. 25.

33

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

меѓународни вонредни состојби. Таквите сили ќе имаат голем капацитет за превенција на конфликти во кризи, каде што вооружените сили со широк мандат треба да го спречат избивањето, ескалацијата или обновувањето на вооружениот конфликт. Како што е наведено погоре, треба да се спомене дека доколку таквите сили беа достапни на Советот за безбедност, речиси сигурно би биле спречени да распоредуваат сили во конфликтот во кој постојана членка била директно или индиректно вклучена како страна во конфликтот. „Војната на избор“ на САД во Ирак и, во помал обем, рускиот упад во Грузија во август 2008 година се само два примери на конфликти каде членка на П5 дејствувала спротивно на меѓународниот консензус и надвор од рамките на меѓународните организации или основала одбранбени сојузи. Во неговиот Додаток на агенда за мир генералниот секретар истакна дека кога земјите членки се страни во конфликтот-меѓудржавен или внатрешен-тие го подигнуваат бариерите за активностите на превентивната дипломатија на Секретаријатот. „Јасно е дека Обединетите нации не може да ги наметнат своите превентивни и мировни активности на земјите-членки, кои не ги сакаат. Правно и политички, нивното барање за, или барем согласување со активностите на Обединетите нации е sine qua non“.20

Превенцијата, како оперативен концепт, сепак би се потврдила како резултат на неуспесите на меѓународната заедница во врска со Руанда, особено на Меморијалната конференција од 2004 година за геноцидот во Руанда и на Меѓународната комисија за интервенција и државен суверенитет, кои ја определија одговорноста за спречување на геноцидот како најсуштински став кој меѓународната заедница треба да го усвои.21

Мора да биде јасно истакнато дека ретроспективата на меѓународната заедница за Руанда не го предвиде неуспехот за спречување на војните во Либерија, хаосот и колапсот во Сомалија, Демократската Република Конго, Уганда, Израел-Хезболах, Палестина-Израел, Ирак, Чеченија, Пакистан, Авганистан и многу други случаи.22 И меѓународниот консензус во корист на ставањето крај на долгата војна на Судан со Суданското народно ослободително движење во Јужен Судан не успеа да се претвори во нешто повеќе од неуспешни напори за ставање крај на војувањето во Судан и геноцидното насилството во Дарфур.

Во секој случај, неуспехот за спречување и пречките за дејствување во никој случај не намалија потребата од глобален акцент на превенцијата на конфликти-без оглед на начинот на кој е конфигуриран. Наместо тоа, тие ја нагласија итноста на градење на меѓународен консензус во корист на системите, стратегиите и дејствата за превенцијата на конфликти.

Додека ООН продолжува да биде клучен дел на секој глобален или регионален пристап кон превенцијата на конфликти, напорите за реализација на некои од препораките на Бутрос Гали и обновувањето на некои други напори, се во тек. Под раководство на ООН, Кофи Анан, ООН направи големи подобрувања во својата организација и работа со цел да се намали дел од бирократскиот метеж и да се воведе меѓуресорна соработка во служба на превенцијата.23 Самиот Анан го презеде водството на активностите за превенцијата на конфликтите, на пример, преку

20 Бутрос Бутрос-Гали, Додаток на Агендата за мир, став 28.21 Меѓународна мировна академија, Десет година по геноцидот во Руанда: Градење на консензус околу

одговорноста за заштитата, Извештај за Спомен-конференцијата на тема геноцидот во Руанда, организирана од страна на владите на Руанда и Канада, Обединетите Нации, Њујорк, 26 март 2004 година. Accessed at http://www.ipacademy.org/pdfs/10_YEARS_AFTER_GENOCIDE.pdf

22 На пр. види шест поглавја за случајот во, I. William Zartman, Cowardly Lions: Missed Opportunities to Prevent Deadly Conflict and State Collapse (Lynne Rienner, 2005).

23 Извештај на генералниот секретар за Спречување на вооружениот конфликт, A/55/985 S/2001/574, 7 јуни 2001 година.

34

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

личниот ангажман во успешните долгорочни напори за спречување на какво било насилство помеѓу Нигерија и Камерун пред и по одлуката на МСП од 2002 година со која полуостровот Бакаси, територија богата со нафта околу која се препираа, му се доделува на Камерун. ООН, со сите свои недостатоци, сепак е главна меѓународна организација. Таа може да продолжи да игра уште постабилна и подобро осмислена улога во спречување на сите видови на активности. 24

Превентивно распоредувањеДоколку се оди по планот, напорите на превентивната дипломатија успешно

ќе ги спречат сите тенденции за ескалација и ќе ги вратат страните на патот кон конструктивно решавање на нивните политички разлики преку соработка и ненасилни средства. Во голем број случаи, превентивната дипломатија се спроведува на неколку нивоа истовремено (ОН, регионални организации и држави) со различни степени на координација. Сепак, мирот кој е консолидиран преку дипломатија може ќе треба да се чува од заканата од принудни мерки, а превентивната дипломатија може да се комбинира со превентивно распоредувањето на воените сили.

Постојат два случаи на превентивно дејство кои успешно ги комбинираат превентивните дипломатски дејства на ОН и другите меѓународни актери со превентивното воено распоредување на плавите шлемови. Се чини дека овие случаи се повеќе во согласност со дефиницијата за дејствата за спречување на конфликти активности како резултат на тоа што биле иницирани во пресрет на појавата на непријателства. Две „вистински“ превентивни распоредувања се MINURCA во Централната Африканска Република и УНПРЕДЕП во Македонија. Во ова поглавје нашата дискусија ја ограничуваме само на MINURCA, како резултат на тоа што остатокот од нашата книга се однесува на потеклото на конфликтот во Македонија; започнувањето, спроведувањето и престанокот на УНПРЕДЕП, како и причините и последиците од етничкиот конфликт пост-УНПРЕДЕП што избувна во 2001 година. Во ова поглавје, треба да се забележи дека придонесот на УНПРЕДЕП за мирот во Македонија, за жал, беше потврден две години по згаснувањето на мисијата; коа избувна насилство меѓу сомнителната милитантна група поврзана со Косово и македонските владини сили. Хенрик Сокалски, полски дипломат и шеф на УНПРЕДЕП од 1995 до 1998 година, тврдеше дека повлекувањето на мисијата ја остава Македонија ранлива на инфилтрација од Косово и дека нејзиното постојано присуство би им помогнало на Македонците да го избегнат болното етничкото насилство од 2001 година.25

MINURCA и Централната Африканска РепубликаПо избивањето на политичката криза во Централната Африканска Република

(ЦАР) и заканата за проширување на вооружениот конфликт со потенцијални регионални импликации (ЦАР се граничи со Чад, Судан, Камерун, Конго и ДРК), беа основани Интер-африканските сили на Централната Африканска Република (MISAB) од страна на претседателите на Габон, Буркина Фасо, Чад и Мали во јануари 1997 година. Сите четири помогна во посредување за постигнување на примирје меѓу владата на ЦАР и вооружените бунтовнички групи, што следуваше веднаш по изнаоѓањето на сеопфатно решение на конфликтот (Спогодбата од Банги). Сепак,

24 Fen Osler Hampson and David Malone, From Reaction to Conflict Prevention: Opportunities for the UN System (Boulder, CO: Lynne Rienner Press, 2002)

25 Henryk Sokalski, An Ounce of Prevention: Macedonia and the UN Experience in Preventive Diplomacy (Wash-ington, DC: United States Institute of Peace Press, 2003).

35

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

политичката, воената и социо-економска ситуација продолжи да биде нестабилни и склона кон насилство, иако граѓанска војна сè уште целосно не беше избувната. Понатамошните спогодби за прекин на огнот биле потпишани во јуни и јули 1997 година. Во август 1997 година, претседателот на ЦАР побарал од Советот за безбедност да ја стави MISAB под своја власт, па во рамките на Резолуциите 1125 и 1136 (1997), Советот за безбедност ја овласти и го продолжи мандатот на MISAB согласно гл. VII. По истекот на овластувањето на Советот за безбедност на MISAB во јануари 1998 година, Генералниот секретар ја повика MISAB да се замени со мировната операција на ОН26. ОН ја создадоа MINURCA (Мисија на ОН во Централната Африканска Република) со Резолуцијата 1159 (1998) од 27 март, 1998 година.

MINURCA не распореди само вооружени лица со сини шлемови во ЦАР за да ги следи настаните пасивно. Мисијата беше релативно агресивна во однос на намалувањето и „спречувањето на заканите по стабилноста на земјата“, и на тој начин создаде стабилна атмосфера, потребна за расплетување на мировниот процес. Советот за безбедност, со последователните резолуции од гл. VII, го продолжи мандатот на MINURCA постепено во текот на следната година, со цел да ги вклучите денес широко познатите задачи за градење на мирот, вклучувајќи помош во спроведување на избори, демобилизација, затворање и прераспоредување, како и поддршка на политичката мисија за следење и поттикнување на спроведувањето на Банги спогодбата. Целокупната рамка на оваа екстремно мала операција остана доследна: гарантирање на безбедноста на населението и меѓународниот персонал и на спречување на конфликти. MINURCA е заслужна за создавање клима на конструктивен политички дијалог во рамките на ЦАР. Во неговите наредни извештаи, Генералниот секретар даде поддршка на повеќе превентивни активности кои ги презеде MINURCA, вклучувајќи стратешки распоредувања околу земјата и во главниот град за одвраќање на избувнувањето на насилство, спречување на ескалациите, разоружување на вмешаните страни, отстранување на оружјето и генерално гаранција на сигурноста на населението, во време во кое национална армија сè уште се реформирала во согласност со мировниот договор.27 Генералниот секретар исто така, ја истакнал својата намера да ја известува владата на ЦАР дека континуираното распоредување на MINURCA зависи од стабилниот напредок на владата во спроведувањето на мировниот договор.28 MINURCA е успешен случај на спречување на конфликти кој се потпираа на лесно превентивно распоредување на силите на ОН со широк мандат. Можеби како резултат на катастрофалниот конфликт околку ЦАР и фактот што светските несовладливи и крвави конфликти привлекуваат се поголеми интервенции и медиумско внимание од релативно тивките успеси, овој случај е во голема мера игнориран и од страна на експертите и од страна на теоретичарите.

Како забелешка, може да го цениме првичниот соодветен регионален одговор на потенцијалниот конфликт во ЦАР; неговата трансформација во погломазна мисија овластена од ОН, експлицитни поврзување на Генералниот секретар помеѓу подготвеноста на ОН да ја поддржи мисијата и подготвеноста на владата да ги спроведе своите обврски според мировниот договор.

26 Извештај на генералниот секретар согласно Резолуцијата 1136 (1997) во врска со состојбата на Централната Африканска Република, S/1998/61, 23 јануари 1998 година.

27 Трет извештај на генералниот секретар за Мисијата во Централната Африканска Република на Обединетите нации, согласно Резолуцијата на Советот на ОН 1201 (1998) од 15 октомври 1998 година. S/ 1998/1203, 18 декември 1998 година.

28 Со време, MINURCA беше замената со еден друг вид мисија: Канцеларијата за поддршка во градењето на мир на Обединетите нации во Централната Африканска Република (BONUCA). Види Обединети нации, „Централна Африканска Република, MINURCA“ достапна на http://www.un.org/Depts/DPKO/Missions/minurcaB.htm

36

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Критики на превенцијата на конфликти

Концептот на превенцијата на конфликти и дејства кои спаѓаат во овој домен не се без свои критичари. Спречувањето на конфликти како што е опишано од страна на Бутрос Гали е критикувано од некои како премногу инклузивно. Навистина со амбициозните зборови на Агендата, концептот го покрива целиот циклус на конфликтот. Други тврдат дека лошо темпираните напори за спречување на конфликти само може да го одложат почетокот на насилната фаза на конфликтот. Уште еднаш, потребна е молба за стратегија и намера.

Стедман недвосмислено тврди дека некои конфликти треба да „се влошат пред тие да подобрат“. Во неговата негативна оценка на тогашното предвремено признавање на словенечката и хрватската независноста од страна на Европа, тој тврди дека „поривот да се преземаат превентивни дејства - да се направи нешто, што било - може да доведе до лошо конципирани политики кои немаат стратешка смисла.“ Тој понатаму тврди дека: „спречувањето на војната во Сомалија, Босна и Руанда би вклучувало значителен ризик, а цената би била голема29.“ Конструктивниот аспект на неговата критика повикува на приоритизација, јасно дефинирани интереси и соодветни ресурси за превентивни напори, со цел тие едноставно да не станат можност за предвремен неуспех.30

Мајкл Лунд, кој мудро пишува и опсежно објавува трудови на тема превенција на конфликти, констатира дека за решавање на конфликтот дејствата преземени за справување со основните причини за конфликт - обично се сметаат за премногу ретки, но неопходни на долг рок - може, всушност, да ги пропуштат моменталните индикатори на претстојното политичко насилство, особено кај внатрешните војни31. Други, пак, истакнуваат дека транзицијата кон демократија и капитализам со слободна трговија, чија цел е да им обезбедат на луѓето подобро учество во политичкиот и економскиот систем, всушност може да го влошат самиот конфликт тогаш кога политички партии кои се појавуваат се организираат по сепараторска основа и сметаат дека конкуренцијата за ресурси и моќ е позиција во која се добива онолку колку што се губи дури и со поништувањето на стариот начин на распределување на покровителството и основната безбедност преку економските реформи.32

Прашањето на темпирањето, како што е наведено, ниту треба да биде пренагласено ниту запоставено. Експанзивната концептуализација на превенцијата на конфликти, која ги вклучува сите можни дејства за управување со конфликти во која било точка во животниот циклус на конфликтот ја намалува важноста на концептот. Сепак, постојат голем број точки во конфликтот за време на кое превентивните дејства може да го имаат саканиот ефект. Приврзаниците на теоријата за зрелост со право тврдат дека и мат позицијата во која и двете страни еднакво губат, како и еднакво примамливата можност за двете страни помагаат во создадавање на зрели моменти за деескалација на конфликтот33. Креативната превентивна дипломатија може да ги зголеми перцепциите за мат позицијата во која и двете страни еднакво губат и да предложи еднакво примамлива можност за двете страни во секое време од конфликтот.

29 Stephen J. Stedman, “Alchemy for a New World Order: Overselling ‘Preventive Diplomacy’,” Foreign Affairs, vol. 74, no. 3 (May/June 1995): 17-19.

30 Stedman, “Alchemy for a New World Order,” p. 20.31 Lund, “Early Warning and Conflict Prevention,” 383.32 J. Crawford, “The Causes of Cultural Conflict: An Institutional Approach,” in Crawford, B. and Ronnie D. Lipschutz,

eds. The Myth of “Ethnic Conflict: Politics, Economics and “Cultural” Violence (Berkeley: UC Berkeley Press, 1998).33 Saadia Touval and I. William Zartman, “International Mediation in the Post Cold War World,” in Chester Crocker,

Fen Osler Hampson and Pamela Aall, eds., Turbulent Peace (Washington, DC: United States Institute of Peace Press, 2001)

37

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Точно е дека лошото темпирање и структурираното посредување може да доведат до привремено полоши резултати од конфликтот, како што се покажа од посредувањето на ЕУ/ ОБСЕ спроведено од страна на Франција, Финска и САД во конфликтот во Русија – Грузија од август 2008 година. Во исто време, се верува дека посредувањето што се случува по значителната загуба на животи, или откако конфликтот опстанал и се покажал како „несовладлив“ е помалку успешно од напорите преземени пред масовното насилство. Превентивната дипломатија - во форма на посредување при меѓународен конфликт пред каква било значителна загуба на живот – сериозно се чини дека скоро воопшто не е искористено.34

Лунд ја дефинира превенцијата како „превентивно темпирање на активностите како преднасилни фази на одредени конфликти кои се во зародиш“, при тоа забележува дека таа не треба да биде ограничена на: посредување, кое исто така може да сочинува и други активности за разрешување на конфликтите. Тука, меѓу другите се вклучени работилници за решавање на проблеми, економска и развојна помош, медиуми и информативни кампањи во корист на мирот, но е ограничено на арбитражата.35 Таквите инструменти може да се користат истовремено. Лунд забележува дека меѓу условите за успех на таквите напори е отсуството на страните кои се обидуваат да ги поткопаат напорите за превенција преку обезбедување на воена помош.

Зартман, меѓу повеќето еминентни научници кои се занимаваат со меѓународните конфликти и нивното разрешување, ја поздравува превенцијата на конфликти, а во исто време проникливо истакнува дека тоа претставува дилема за аналитичарите и практичарите: „... Но како вниманието на јавноста и владите може да се мобилизира кога потенцијалната криза сè уште не е разгорена? И како може да се направи разлика меѓу конфликтот кој ќе прерасне во криза, и затоа е потребна превенцијата, од конфликтото кој ќе згасне сам од себе и ќе се угуши без да предизвика штета? “36

Зартман ги поставува овие прашања како вовед во некое подоцнежно поглавје од Херберт Келман, кој испитува неколку социо-психолошки процеси кои помагаат да се објасни сеприсутноста и времетраењето на конфликтот. Исто така, истакнати се и струите на истражувања кои го насочуваат вниманието на колективната тенденција на луѓето во нарушување на одлучувањето преку употреба на прекумерна и несоодветна селективност при барањето на информации и обработката на информации.

Отпорот кон промени, во овој случај на преземање на дејство за рана спречување пред конфликтот резултира со насилство и убиство, се соочува со повеќе од бирократска стагнација или потешкотии за мобилизирање на колективното дејствување. Ние сме и „програмирани“ да се спротивставуваме на различниот пристап на изведување на работите. Ова е вознемирувачки, бидејќи тоа значи дека системите за рано предупредување, собирање на разузнавачки информации и анализа на конфликти сè уште не може да ги убедат одлучувачите и јавноста дека превентивното делување-без оглед дали станува збор за дипломатијата, безбедноста или комбинација од двете-мора да бидат преземени брзо.

ЗаклучокВо изминативе две децении, превенцијата на конфликти расте со голема брзина 34 Jacob Bercovitch and Judith Fretter, “Studying International Mediation: Developing Data Sets on Mediation,

Looking for Patterns, and Searching for Answers,” International Negotiation, vol. 12, no. 2 (2007), and see also Lund, “Early Warning and Conflict Prevention,” 384

35 Lund, “Early Warning and Conflict Prevention,” 384-385.36 I. William Zartman, ed., Peacemaking in International Conflict (Washington DC: United States Institute of Peace

Press, rev’d ed. 2007), 19

38

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

како поле на истражување и поле на практиката. Овој раст генерира здрави дебати за соодветната анализа на фазите на конфликтите, и соодветните механизми за превенција кои може да се спроведат во или низ сите фази на конфликтот. Концептуалната еволуција ги поттикна државите и меѓународните актери како што се ОН да ги реорганизираат своите дипломатски процеси внатрешно и да ги координираат своите превентивни механизми едни со други. Случаите во кои превентивното делување не успеа да се материјализира ја мотивира меѓународната заедница да се вклучи во размената во однос на потребата за култура на акција и превенција наместо култура на реакција. Јасно е дека меѓународната заедница пред себе има долг пат во смисла на мобилизирањето на политичката волја, собирањето и анализата на податоци за конфликтите, и воспоставувањето на нови норми за водење на превентивна акција. Започнавме да учиме од нашите грешки и да ги предвидуваме успесите. Превенцијата, на целата двосмисленост и сложеноста околу нејзината вистинска намена, продолжува да биде привлечна за сите оние кои сакаат човештвото да го избегне злото на војната и да употреби покреативни и не толку присилни начини на решавање на конфликтот.

ЛИТЕРАТУРА

1.Ackermann,Alice. Making Peace Prevail:Preventing Violent Conflict in Macedonia (Syracuse,NY:Siracuse University Press,1999)

2.Bercovitch, Jakob and Judith Fretter, “Studying International Meditation:Developing Data Sets in Meditaion, Looking for Patterns, and Searching for Answers, “International Negotiation, vol.12, no. 2 (2007)

3.Crawford, J.”The Causes of Cultural Conflict: An Istitutional Aproach”, in Crawford, B. and Ron-nie D. Lipstuchz, eds. The Myth of Ethnic Conflict: Politics, Economics And “Cultural” Violence (Berkeley : US Berkeley Press, 1988)

4.Hampson. Fen Osler and David Malone, eds. From Reacton to Conflict Prevention: Opportunities for the UN System (Bouder, CO: Lynne Rienner Press, 2002)

5.Kelman, Herbert. “Social Psyhological Dimensions of International Conflict”, in I. Wiliam Zartman, ed., Peacemaking in International Conflict (Washington DC: US Institute of Peace Press, rev. ed. 2007)

6.Lund Michael S. “Early Warning and Preventive Diplomacy”, in Chester Crocker, Fen Osler Hamp-son and Pamela Aal, eds, Managing Global Chaos (Washington DC: US Institute of Peace Press, 1996)

7.El Sadat, Anwar, In Search of Identity (New York: Harper Row.1997)8.Sokalski, Henryk. An Ounce of Prevention: Macedonia and the UN Experience in Preventive Diplo-

macy (Washington US Institute of Peace Press, 2003)9.Stedman, Stephen J. “Alchemy for a New World Order: Overselling Preventive Diplomacy, “ For-

eign Affairs, vol. 74, no.3 (May/June 1995)Touval, Saadia and I. William Zartman, “ International Meditation in the Post Cold War World I”, in

Chester Crocker, Fen Osler Hampson and Pamela Aal, eds, Managing Global Chaos (Washington DC: US Institute of Peace Press, 1996)

10.Zartman I. .William. Cowardly Lions: Missed Opportunities to Prevent Deradly Conflict and State Collapse (Lynne Rienner, 2005)

11.Zartman I. .William, ed., Peacemaking in International Conflict (Washington DC: US Institute of Peace Press, rev. ed. 2007)

39

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA 39

ПРИДОНЕС КОН ДЕБАТАТА ЗА ТЕРОРИЗMOT: ДАЛИ ПОСТОИ ДРЖАВЕН ТЕРОРИЗАМ

Мирко Биланџич1

Апстракт: Тероризмот првобитно се пројавил како облик на дејствување на државата и како средство за воспоставување и консолидирање на владеењето. Сепак, и покрај мноштвото реални политички и државни терористички емпириски докази, современите студии за тероризмот, без никакво вистинско оправдување, го занемаруваат постоењето на државен тероризам. Монополот кој државата го има врз легитимната употреба на насилство не го исклучува само по себе постоењето на државниот тероризам. Државниот тероризам е резултат на инструменталниот стратегиски рационален избор на државата. Тој е составен дел на државното дејствување, и во тоталитарните држави, кои со право се нарекуваат „терористички држави“ и во либерално – демократските држави. Државниот тероризам е инструмент на државното дејствување на домашно политичко и надворешно политичко ниво и се користи во услови на мир, вонредна состојба и војна.

Клучни зборови: тероризам, државен тероризам, либерал – демократија, терористичка држава, студии за тероризмот

ВоведНа крајот на ноември 2012, американското списание Вашингтон пост го откри постоењето

на таканаречената „Матрица за отстранување“ (Disposition Matrix)– листа на терористи кои американската администрација планира да ги ликвидира во рамките на една продолжена војна против тероризмот. Постои тврдење според кое околу 3000 лица се веќе убиени врз основа на Dis-position Matrix. Аналитичарите ваквиот вид на политика го нарекоа државна институционализација на убиства/вон-судски убиства и вон -уставна репресија по налог на претседателот (Van Auken, 2012; Miller, 2012; DeYoung, 2012; Becker; Shane, 2012; Mihovilović, 2012). Овој вовед во повеќе наврати укажува на подлабока анализа на содржината на националните антитерористички стратегии. Дали можеме да зборуваме за законска и легитимна (само)одбрана, за контроверзната „превентивна војна“ или треба да тврдиме дека „теророт од антитероризмот“ и „тероризирањето на терористите“ претставува облик на државен тероризам? Во рамките на студиите за тероризмот, едно од главните несогласувања е недостатокот на генерички дефиниции на тероризмот.2 Значи, дали можеме да го разбереме тероризмот ако не можеме да го определиме значењето на зборот кој ја претставува основата на секое знаење или мислење? Доколку тероризмот не се дефинира објективно, концизно и соодветно, опредејствувањето дали одредени појави или однесувања се

1 Мирко Биланџич (Mirko Bilandžić) ([email protected]), доктор на науки, вонреден професор, Катедра за хумани и социјални науки, Универзитет на Загреб. Трудот беше напишан во склоп на истражувачкиот проект „Воената култура и идентитетот на хрватската армија“ кој го спроведе Катедрата за социологија, Факултет за хумани и социјални науки, Универзитет на Загреб.

2 Авторите тврдат дека во литературата постојат повеќе од 200 дефиниции за тероризмот (Jackson, 2008)

323.282(100)Прегледен научен труд

40

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

терористички може да биде само субјективно. Оттука, тероризмот не претставува објективна и емпириски дефинирана појава, туку општествено изградена и историски зависна категорија на човечко однесување кое зависи од конкретните околности, социо – политичкиот контекст и намерите на актерите (Jackson, 2010). Како општествено – научен предмет, државниот тероризам не е во доволна мера објаснет и разбран и теоретски не е доволно развиен со голем број на недостатоци во однос на емпириските информации неопходни за анализа и градење на знаењето, со други зборови, истиот се занемарува3 во контекст на студиите за тероризам. Студиите за не-државен тероризам, тероризам кој го организираат недржавни организации влегоа во главните текови на широкиот спектар на научни дисциплини. Знаењата за тероризмот, како производ на академската работа, го конструираат тероризмот како општествен проблем со кој се справува државата, а не како проблем на државно насилство само по себе. Дали сето ова значи дека студиите за тероризмот се објективни и сеопфатни или истите на некој начин се делумни и субјективни? Дали можеме да кажеме, според зборовите на Ричард Џексон, дека студиите за тероризмот функционираат како „идеолошка интелектуална гранка на државата” (Jackson, 2009)? Целта на овој труд е да обезбеди барем мал придонес кон пополнувањето на празнините во контекст на односот на академската заедница кон државниот тероризам. За да можеме да ја разбереме типологијата на тероризмот и да дадеме одговори на прашањето за постоењето на државниот тероризам, прво мораме да одговориме на прашањето: што е тероризам? Анализата на голем број дефиниции (Schmid, Jongman, 1988) упатуваат на заклучокот дека тероризмот претставува закана за користење или реално користење на насилство (терор) за постигнување на политички цели. Не постои тероризам без терор, но од друга страна, секој терор, секој чин на насилство не мора да значи и тероризам. За одредена појава да се окарактеризира како тероризам, самиот чин на терор мора да има политичка цел. Тероризмот претставува спој на политика и насилство со тенденција да се добие моќ. Насилството е основен предуслов на тероризмот и на неговите актери кои мислат дека само преку насилство во општеството можат да ги постигнат нивните долгорочни политички цели (Hoffman, 2006). Тероризмот претставува намерна стратегија која се спроведува со одредена цел, тој претставува не само акт на насилство за елиминирање на жртвите, туку и стратегија која има за цел да изврши влијание врз поширокото население (Stohl, 2003). Тероризмот се конципира како независна, доволна и систематска/клучна политичка стратегија (Townshend, 2003:5-14). Тоа е облик на таканаречен асиметричен конфликт, специфична форма на политичко – воена интервенција меѓу два актери4 (Lizardo, 2008). Брајан Бургон (Brian Burgoon) смета дека тероризмот е политички мотивирано насилство против неборбени сили, додека Чарлс Тили (Charles Tilly) го проучува тероризмот како политичка стратегија која ја имплементираат оние кои се обидуваат да ја централизираат својата моќ или оние кои, по пат на страв, се обидуваат да ја предизвикаат државата со цел да се здобијат со моќ или предност (Burgsoon, 2006; Tilly, 2005).

3 Неколку информации несомнено го докажуваат занемарувањето и „потценувањето“ на државниот тероризам во рамките на научните истражувања. Научниците, како Виктор Волтер (1969), Алекс Шмит и Алберт Јонгман (1988) предупредија за оваа ситуација пред неколку децении. Анализата на темите од овој труд објавени во два водечки светски списанија за тероризмот (Тероризмот и политичкото насилство - Terrorism and Political Violence; Студии за конфликтот и тероризмот - Studies in Conflict and Terrorism) во периодот 1990-1999 покажа дека само 2% од трудовите се фокусираат на државниот тероризам. Сличен тренд беше имплементиран и подоцна на: Encyclo-pedia of Terrorism (Енциклопедија на тероризмот) (1997) од вкупно 768 pages, 12 страници (одредени извори тврдат 13) биле посветени на државниот тероризам; Encyclopedia of terrorism (Енциклопедија на тероризмот) (2003) 4 од вкупно 523 страници и Encyclopedia of Terrorism (Енциклопедија на тероризмот) (2007) посветува 4 од вкупно 478 страници на оваа тема. Dictionary of Terrorism (Речникот на тероризмот) (2004)(стр. 318) не ја вклучува категоријата „државен тероризам“, туку „терористички држави“, што покрива две страни (267-268). Темата државен тероризам се обработува и во: Government Support (Владина поддршка) (106-107) и State Sponsorship (Државно спонзорирање) (249-250). Historical Dictionary of Terrorism (Историскиот речник на тероризмот) (2009) не го вклучува концептот на државен тероризам, туку државен терор кој се протега на две страни од вкупно 800 (642-643). Види: Townshend, 2003.; Thackrah, 2004.; Silke, 2004.; Jackson, 2010.; Combs; Slann, 2007.; Kushner, 2003.; Anderson; Sloan, 2009.

4 Како актери на тероризам вообичаено се наведуваат терористичките организации и држави. Но, треба да се истакне дека постојат три стратегиски актери на тероризмот: третиот актер е јавноста. Јавноста претставува директна (жртви) или индиректна (стравот како психолошки ефект на тероризмот) цел на терористичките акции. Конкретниот чин на терор исто така претставува и тридимензионална врска меѓу извршителот – жртвата и јавноста. Види Cronin, 2009.

41

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Теоретско – концептуална рамка за разбирање на државниот тероризам Фред Халидеј (Fred Halliday) укажува дека не треба да ја заборавиме и можноста

дека во анализите и проценките употребата на насилство за политички цели може да се карактеризира како „тероризам од горе“ (цитат во: Jarvis, 2009). Ли М. Џонсон (Leigh M. Johnson) прави уште еден чекор напред тврдејќи дека треба сериозно да ја разгледаме претпоставената структурна неранливост на демократијата во однос на прашања поврзани со употребата на терор и мачење за да се даде простор за можноста ваквото однесување да не претставува аномалија, туку напротив конститутивен, или во најмала рака, скриен дел на „демократијата“ (Johnson, 2012). Либерално – демократските општества, според Eric Heeing и Dustin Ells Howes, не се имуни на примената на терор (Herring, 2008; Howes, 2012).5 За да се изведе ваков заклучок, потребно е да се извлечат составните елементи на тероризмот и да се разгледа нивната применливост при конкретно однесување на државата. Како феномен, тероризмот се идентификува заедно со концептуално дефинираните карактеристики на насилството и не се заснова на карактерот на актерот кој го врши насилството. Резимираниот преглед на наведеното објаснување на тероризмот укажува на следниве основни елементи: стратешка примена на теророт; асиметрија на насилството; насоченост кон неборбени цели; ширење на страв како средство за вршење на влијание и принуда на пошироката јавност: добивање на моќ и политички цели. Оттука, јасно е дека недржавните актери не се единствените вршители на тероризам. Државите исто така често применуваат тероризам (Jalata, 2010; Hindess, 2006). Сепак, во повеќето консултирани дефиниции за тероризмот, државниот тероризам се исклучува како реална можност, иако нивните содржини директно не го сугерираат тоа. Дискурсот за тероризмот во најголема мера го игнорира државниот тероризам. Зошто? Дали воопшто можеме да го класифицираме државното насилство како тероризам? Можеби причината за ова исклучување лежи во теоретското разбирање на поимот „држава“, врз основа на кој тврдењата за постоењето на „државен тероризам“ и „ терористички држави“ се чинат нелогични доколку ја разгледуваме дефиницијата на поимот „држава”. Според класичното опредејствување на поимот, државата претставува политичка организација, човечка заедница која полага право на/бара монопол на легитимната употреба на физичка сила на определена територија. Употребата на сила не претставува само средство за дејствување, туку за државата има и специфично значење, бидејќи таа е единствената во ваков случај која има право да примени насилство (Weber, 2006; 6-7; Giddens, 1987: 17-22; Mann, 1993: 53-63). Употребата на државна сила се толкува како легитимно (и правно) средство кое се користи за заштита на националната безбедност и потиснување на националните безбедносни закани и загрозувањата на националните интереси. Според тоа, функционалната држава има две основни функции: остварување на држава која се одликува со безбедност и добросостојба (Sekhar, 2010; Primorac, 2002). Но, монополот на примена на сила не може да биде причината за исклучување на државниот тероризам од студиите за тероризам. Легитимното право на употреба на насилство не ја исклучува примената на насилство надвор од законските рамки. Речникот за меѓународно право наведува

5 Howes доаѓа до овој заклучок со анализирање на врската меѓу моќта, теророт и владеењето на правото, при што ги анализирал делата на голем број на филозофи и државници од античко време до денес, како што се Хомер, Аристотел, Платон, Едмунд Бурк, Хобс, Макиавели, Монтескје, Лок, Џон Стјуард Мил, Мајкл Волцер, Хана Арент, Карл Шмит, Џорџо Агамбен, Џорџ Сорел, Жак Дерида, Мајкл Фуколт, итн.

42

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

дека правото на примена на насилство (jus ad bellum) не подразбира дека насилството се применува (jus in bello) на легитимен и законски начин. Иако има монопол на заканата за користење и примена на насилство, државата тоа го користи на неприфатлив начин (Jackson and others, 2010:3; Stohl, 2006). И покрај сите теоретски определувања и еуфемистички државни оправдувања на употребата на сила, анализата на современите реални политички процеси упатуваат на заклучокот дека државите го користат државниот тероризам во голема мера. Иако немаме прецизно емпириско истражување, се чини дека се во право авторите кои тврдат дека, од историски аспект, државниот тероризам е доминантна форма на тероризмот. Од времето кога тероризмот се појави, па сè до денес, државите се најекстензивни и најчести применувачи на терористичко насилство, иако државниот тероризам е многу поекстензивен и смртоносен од недржавниот тероризам и предизвикува поголема штета отколку тероризмот што го применуваат недржавните фактори (Sluka, 2000:1; Townshend, 2003:24; Wilkinson, 2011:6; Blakeley, 2009:17; Primorac, 2002:66; Chaliand; Blin, 2007:6; Nairn; James, 2005:42). Во „Енциклопедијата на тероризмот“, издание на Сејџ (Sage Publications, (Kushner, 2003)), државниот тероризам се означува како една од теоретските перспективи на тероризмот. Поимот се анализира преку две категории: „тероризам спонзориран од државата” (342 - 344) и „државен тероризам“ (344 - 346). Од вкупно 523 страници на енциклопедијата, 4 страници текст се посветени на темата државен тероризам. Се наведува дека дефинирањето на државниот тероризам е сложено заради фактот што, до одредена мерка, сите земји применуваат насилство. Државниот тероризам обично има една цел: да ја зајакне контролата на државата преку заплашување на населението. Анализата на содржината на текстот упатува на фактот дека авторот првенствено го поврзува државниот тероризам со тоталитарните и авторитарните режими. Со цел да се направи разлика меѓу државниот тероризам и другите форми на државно насилство, се воведуваат две карактеристики: меѓународна непредвидливост и тајност. За разлика од подготвителните активности на државата за војна и регулативните дејства на внатрешното спроведување на законот се предвидливи, државниот тероризам е непредвидлив. Намерата на ваквото непредвидливо дејствување е да се предизвика ескалирање на стравот. Дејствата од спектарот на државниот тероризам се вршат во тајност или се негираат во случај да бидат откриени, а нивните ефекти стануваат очигледни подоцна. Тероризмот спонзориран од државата укажува на различни типови на поддршка (финансиска, материјална, обука, засолништа итн.) на недржавните терористички групи. Енциклопедијата за тероризам од издавачката куќа Збир на факти (Facts On File, (Combs; Slann, 2007)), исто така посветува 4 страници (307 - 311), од вкупно 478, на темата државен тероризам. Државниот тероризам не е определен директно, но во потрага по дефиниција, се нагласува дека е грешка на државата доколку дејствијата на политичко насилство се вршат на начин при кој самата држава не ја земала предвид безбедноста на невиното население во нејзината намера да предизвика чувство на страв и збунетост кај целната група. Државниот тероризам е силно оружје во рацете на безмилосните држави. Се наведува дека тероризмот се применува како инструмент на внатрешната и надворешната политика. На внатрешно ниво, државниот тероризам се користи за предизвикување на клима на страв и подреденост на домашното население, додека на меѓународната сцена, државниот тероризам се користи за ширење на збунетост и хаос кај непријателот. Повикувајќи се на делата на Пол Вилкинсон и Ричард Шулц, Џозеф Х. Кампос (Joseph H. Campos (2007:108)), го

43

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

определува државниот тероризам, кој е исто така познат и како репресивен тероризам, како закана или примена на различни степени на невообичаени форми на политичко насилство, од страна на веќе определениот политички систем насочени против надворешната и внатрешната опозиција. Терористичките активности кои се категоризираат како државен тероризам се активностите кои ги користи политичкиот систем за потиснување на опозицијата. Ричард Џексон и други го определуваат државниот тероризам како намерна употреба или закана за употреба на насилство од претставници на државата или нивни застапници против поединец или група со цел да се заплаши пошироката јавност. Оттука, главна цел не се директните жртви на насилството, туку насилството се користи како инструмент за заплашување на јавноста преку комуникациската моќ на насилството. Намерните ефекти на насилството се манифестираат преку постигнување на конкретни политички или политичко – економски цели (Jackson and others, 2010:3). Историскиот речник на тероризмот (Historical Dictionary of Terrorism) го дефинира државниот тероризам како метод на однесување кој државата или актерите спонзорирани од државата го применуваат со цел брутално и арбитрарно да виктимизираат одредени групи на начин, кој ги тера другите лица кои се идентификуваат со жртвите, да се откажат од секаква надеж и да покажат послушност или да ги почитуваат барањата на извршителот на државниот тероризам. Главните инструменти на државниот тероризам инволвираат масовни апсења, затворање без судење, мачење, политички убиства, „исчезнувања“ на лица и концентрациони кампови (Anderson; Sloan, 2009:viii). Рут Блејкли ја презентира најприфатливата дефиниција. Таа го гледа државниот тероризам како закана од насилство или чин на насилство кој го вршат државни агенти кои сакаат да поттикнат екстремен страв кај целното население со цел да предизвикаат промена во нивното однесување. Инструменталноста, која инволвира незаконско „определување на цели“ и ширење на страв кај поширокото население, надвор од зоната на директните жртви, е опредејствување кое го одделува државниот тероризам од другите форми на државна репресија. Логиката на инструменталноста укажува дека целта не е насочена кон директните жртви, туку кон „тероризирање“ на широките маси. Составни елементи на државниот тероризам се следниве: a) намерен акт на насилство против поединци чија безбедност треба да ја заштитува државата или закана од ваков акт во услови кога веќе е воспоставена клима на страв преку претходни дејства на државно насилство; б) ваков акт извршен од актери кои дејствуваат во името на или во соработка со државата и во кој се инволвирани паравоени и приватни безбедносни сили; в) акт на насилство или закана за насилство кои имаат за цел да наметнат екстремен страв кај поширокото целно население кое се идентификува со жртвите со цел г) конечно, да го принудат целното население да го преиспита своето однесување (Blakeley, 2009:passim).

Типологија и „случаи“ на државен тероризам Општествено – научните извори тврдат со аргументи дека модерните држави се

засновани на насилство. Насилството или интензивниот геополитички милитаризам ја поттикнува појавата на држави и нивната модернизација (Mann, 1993). Во тие рами се појави и тероризмот. Анализата на генезата на тероризмот укажува на неговата трансформација: од оригинално пожелна форма на однесување на државите до непожелно антидржавно однесување. Кога поимот тероризам беше воведен во општествено-политичкиот речник, тој кореспондираше на теророт кој се појави во времето на

44

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Француската револуција. Тероризмот се претвори во државен тероризам и беше пожелен облик на однесување, средство за консолидирање и воспоставување на моќ за актуелната власт. За Максимилијан Робеспјер, теророт, како идеал на моќта, не е ништо друго освен брза, строга и ригорозна правда во рамките на commandments на политичката мудрост, кои наведуваат водење на твојот народ кон разум, а на непријателскиот народ кон терор. Неговото разбирање, според кое, државата треба да се зачува со секое можно средство и ништо не е неуставно освен тоа што доведува до пропаст на државата, претставува рамка за сите подоцнежни оправдувања на државниот тероризам (Mann, 1993; Zadro, 1999: Hoffman, 1998; Hoffman, 2006). Оттогаш, државниот тероризам е еден од најзначајните извори на човечко страдање и уништување (Jackson and others, 2010:1). Државниот тероризам е „најчистиот“ и најоригиналниот облик на тероризмот како појава. Мноштвото документирани социо-политички емпириски податоци упатуваат на заклучокот дека употребата на државниот тероризам не зависи од политичкиот систем: овој облик на дејствување го користат тоталитарните, авторитарните и демократските држави. Државниот тероризам го користат во војна, во вонредни околности и во мирновремена состојба, како дел од противбунтовничка и антитерористичка програма и како инструмент на внатрешната и надворешната политика. Накратко, тој претставува одредена универзална форма на државно дејствување.

Типологијата на државниот тероризам може да се утврди со голем број критериуми и на различни начини. Со одредени дополнувања, типологијата на Игор Приморац е најсоодветна (Primorac, 2002). Во однос на степенот на инволвираност на државата, можеме да зборуваме за примена на државниот тероризам како систематска стратегија, како облик на владеење. Во тој случај, зборуваме за терористички држави. Сепак, иако примената на државниот тероризам се смета како една од стратегиите за дејствување на државата, доколку истиот се користи во ограничени количини и за ограничени цели, тогаш не е целосно поврзан со тоталитарните држави. Голем број облици на вакви терористички дела, кои со сигурност претставуваат државен тероризам, се користат и од страна на демократските држави. Државите го вршат државниот тероризам во облик на автономни директни дејства или посреднички, кога е во прашање тероризам спонзориран од државата; исто така, тој инволвира и акти на спонзорство и поддршка за државата и недржавните субјекти кои вршат терористички акции. Во сите овие случаи, државниот тероризам може да се користи на внатрешно-политичко ниво или како инструмент на надворешната политика.

На темата на тоталитаризмот и тоталитарните системи, сè е веќе проучено и документирано и речиси нема што да се додаде. Тероризирањето на домашното население и бруталните убиства на политички и други противници се постојани карактеристики на фашизмот, нацизмот, сталинизмот и други тоталитарни системи. Теророт е значајно обележје на тоталитаризмот (Giddens, 1987:298-299). Од оваа причина, тоталитарните системи може да ги карактеризираме како терористички држави. Според Хана Арент, теророт е основна компонента на тоталитаризмот и се разликува од насилството, бидејќи во тоталитарните системи тој се користи како облик на владеење (цитирано во: Combs; Slann, 2007:309). Во смисла на убивање на своите сограѓани, азиските, африканските и јужноамериканските диктатори не заостанувале многу од тоталитарните режими. Во голем број држави, (про)владините „одреди на смртта“6,

6 „Одредите на смртта“ се провладини групи кои вршат незаконски убиства на тие што се сметале за државни непријатели и нивните членови биле директно или индиректно поврзани со одредена влада или нејзините

45

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

убивале во името на националните безбедносни интереси десетици илјади наводни непријатели на режимот. Само во Аргентина, во периодот на владеење на воената хунта, во средина на 1970-ите и во почетокот на 1980-ите, околу 40 илјади луѓе биле или убиени или „исчезнале“. Лидерите на воената хунта ги нарекувале нивните убиствени – терористички групи – „војна за слобода и против тиранија“. Во времето на Аугусто Пиноче (1973 - 1990), воената хунта, во услови на таканаречена „внатрешна војна“, многу противници на режимите биле убиени, додека илјадници биле „притворени“ заради политички причини: се проценува дека вкупната бројка била околу 16 илјади лица. Соочен со кривично обвинение, точно пред неговата смрт во декември 2006, Аугусто Пиноче ја призна својата одговорност за актите кои биле извршени за време на неговото владеење. Од друга страна, бразилската воена хунта ги нарече апсењата на левичарските политички противници Operacao Limpeza, со цел да рашири страв кај поширокото население. Во текот на осум години во 1970-ите, кога беше претседател на Уганда, Иди Амин ја претвори неговата земја во „кланица“. Под сомнение дека се противници на „доживотниот претседател“, околу 300 000 биле убиени (Stiglitz, 2004; Kos - Stanišić, 2009; Klein, 2008; Combs; Slann, 2007; Pettiford and Harding, 2005).

Во рамките на дискурсот за тероризмот честопати наидуваме на дихотомија, двојни стандарди и субјективност во толкувањето. Државниот тероризам обично се припишува на тоталитарните и недемократските режими, додека активностите на демократските држави се карактеризираат како праведни и законски, без разлика на нивната реална содржина. Неколку случаи од актите на војување покажуваат дека всушност се работи за државен тероризам, а не за законско или легитимно војување. Британската воена кампања, при бомбардирањето на германските градови во Втората светска војна немаше ниту морално оправдување, ниту пак некоја праведна политичка цел. Таа имаше за цел да го тероризира германското население и на тој начин да предизвика политички револт. Во таканаречената „Огнена бура“, при британското бомбардирање на Хамбург во јули 1943 година, 40 илјади луѓе беа убиени. Експертите истакнуваат дека тоа бил најголемиот терористички акт во историјата. Во овие рамки, треба да го споменеме бомбардирањето на Дрезден во февруари 1945, но и американските нуклеарни напади на Хирошима и Нагасаки во август 1945. Слична ситуација имаше и во Корејската војна. Со уништување на градови, села и инфраструктура, американските воздухопловни сили убија илјадници цивили со цел да оневозможат бунт против американските сојузници, односно да оневозможат логистичка поддршка за американските непријатели. Интензивната американска воздушна кампања во операцијата „Пустинска бура“, според проценките, резултираше со неколку илјади загинати цивили. Ширењето на страв кај цивилното население имаше за цел да го поткопа ирачкото диктаторство во тоа време (Primorac, 2002; Primorac, 2004; Chaliand; Blin, 2007; Blakeley, 2009). Противбунтовничките стратегии честопати претставуваат дел од поголеми воени акции. Некои од нив инволвираат и елементи на државен тероризам. Американската операција „Феникс“, изведена во Виетнам, претставува типичен пример. Операцијата имаше за цел да го протера, убива и мачи народот со цел да ја уништи структурата на Виетконг, но и да ги тероризира широките маси за да не го поддржуваат Виетконг. Според сведочењата на учесник во операцијата, шеф на Американската централна агенција – ЦИА, во

безбедносни сили. Голем број студии (Шпанија, Северна Ирска, Аргентина, Гватемала, Индонезија, Пенџаб, Кашмир, Филипини, Источен Тимор) за „одредите на смртта“ кај Sluka, 2000.

46

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

рамките на операцијата биле убиени 20 587 припадници на Виектконг. Од друга страна, јужновиетнамската влада споменува двојно поголема бројка (Cohen; Corrado, 2005; Jackson and others, 2010; Blakeley, 2009).

Државите користат различни инструменти за постигнување на националните интереси. Периодот на Студената војна доведе до појава на еден специфичен инструмент, таканаречени прикриени активности, кои откако ќе се употребат на надворешно ниво, наоѓаат своја цел и на внатрешно ниво, честопати под спонзорство на демократските држави. Голем број елементи на институционализирани прикриени активности всушност, претставуваат еуфемизам за државен тероризам. Како инструмент од спектарот на државните интервенции, како акции од „третата опција“, меѓу војна и дипломатија, прикриените активности упатуваат на активностите на владите да влијаат врз настаните во други држави или територии без да ја откријат својата инволвираност (Godson, 1981:1). Прикриените активности на ЦИА дефинитивно придонесоа кон американските стратегиски цели на Студената војна, но тие исто така, без никакво сомнение, предизвикаа хаос и загрозување на националната безбедност на многу држави со примена на државниот тероризам. Низ целиот свет, ЦИА соборуваше влади, задушуваше бунтови, учествуваше во убиствата на „непогодните“ државни лидери и инсталираше проамерикански влади во многу држави. Листата е многу долга. Заедно со британската тајна разузнавачка служба, ЦИА го собори (операција „Ајакс“) иранскиот премиер Мохамед Мосадег и го постави прозападно ориентираниот Шах Реза Пахлави. Истото сценарио беше повторено една година подоцна во Гватемала. Со прикриената акција „Успех“, тие ја соборија владата на Џакобо Арбенз Гузман. На почетокот на 19960-ите, ЦИА ги поттикна анти-владините сили да направат државен удар во Заир. Со итни акции во септември 1960, ЦИА го собори премиерот Патрис Лумамбе, кој беше убиен три месеци подоцна. На негово место го поставија Џозеф Мобуту, кој владееше во Заир до средината на 1990-ите кога беше соборен. Во исто време, ЦИА беше инволвирана и во убиствата на јужновиетнамскиот лидер Нго Дин Дием и лидерот на Доминиканската Република Рафаел Л. Трујило. Исто така, ЦИА неколку пати безуспешно организираше убиство на кубанскиот лидер Фидел Кастро. Драстичен пример на ефикасноста на прикриените акции на ЦИА е Чиле, чија влада предводена од Салвадор Аљенде, администрацијата на Никсон ја сметала како комунистичка опасност која би можела да ја претвори Јужна Америка во „црвен сендвич“ заради неговото приближување кон Куба. Со прикриените акции Патека I и Патека II во текот на 1973, ЦИА ја поттикна чилеанската армија да изврши државен удар. Според плановите и активностите на ЦИА, во септември 1973 година беше соборен (убиен) чилеанскиот претседател Салвадор Аљенде. Моќта се најде во рацете на воената хунта и диктаторот Аугусто Пиноче.

Прикриените активности претставуваат форма на државен тероризам кој го вршат државите во вид на автономни директни активности. Но, прикриените активности дури и индиректно претставуваат државен тероризам. Некои од активностите од спектарот на прикриени активности вклучуваат тероризам спонзориран од државата, односно активности на спонзорирање и поддршка на државните и недржавните актери кои применуваат тероризам (Byman, 2005; Chomsky, 2003; Raphael, 2009). Во времето на администрацијата на претседателот Џими Картер, ЦИА беше тајно активна во Никарагва, каде што ги поддржуваше антисандинистите. Претседателот Роналд Реган нареди прикриени активности на ЦИА во Пакистан,

47

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Египет и Саудиска Арабија; овие диктаторства кои го мачеле сопствениот народ, добивале различни форми на помош. Континуирана прикриена помош им била обезбедувана на диктаторствата во Јужна Америка (Чиле, Парагвај, Уругвај, Бразил и Аргентина) во рамките на операцијата Кондор, чија цел била, меѓу другото, вон -судско убиство на политичките противници (Bilandžić, 1996; Bilandžić, 2010; Plaw, 2008; Blakeley, 2009).

Како заклучок, вредно е да се истакне дека американските прикриени активности биле ефикасен инструмент за постигнување на стратегиските цели на американската национална безбедност и Студената војна. Рационалните цели за нивна примена и рационалните оправдувања биле нејасно дефинирани како „повисоки цели“ на никогаш јасно определените цели на националната безбедност, сублимирани во синтагмата „ширење на западните вредности“ и спречување на против комунистичката закана. Со цел да се добие моќ, прикриените активности биле рутински насочувани кон загрозување на националната безбедност на другите држави и загрозување на други земји и народи. Многу елементи на овие активности не се законски и морални или не ги заштитуваат граѓанските права. Тие, всушност, претставуваат државен тероризам.

Антитероризмот како облик на државен тероризам Терористичките акти на недржавните терористички организации претставуваат

сериозен предизвик за државите. Тероризмот секогаш претставува безбедносен предизвик за државите и има за цел да влијае врз општествено-политичкиот поредок, да го дестабилизира, и по можност, да го промени постојниот поредок. Тероризмот на недржавните ентитети првенствено ги загрозува државите од два аспекти. Прво, тероризмот ги напаѓа корените на владината моќ со предизвикување на способноста на државата да ги заштити своите граѓани и имот, докажувајќи на тој начин дека државата повеќе не е способна ефикасно да ја врши најважната задача: заштита на безбедноста на своите граѓани. Второ, тероризмот сериозно го доведува во прашање имплементирањето на државните активности врз кои таа има монопол и кои треба да и овозможат да го оствари своите примарни одговорности (Donohue, 2004). Недржавниот тероризам служи како доказ за постоењето на насилна, незаконска и нелегална опозиција која ја доведува во прашање легитимноста на постојната влада. Терористичките напади претставуваат загрозување на националната безбедност и имаат негативно влијание врз националната гордост. Националната гордост честопати е фактор кој го условува преземањето на државни активности кои го надминуваат нивото на рационален и доволен одговор на загрозувањето. Тоа се случува кога се применуваат национални антитерористички стратегии, како рамка која вклучува употреба на специјализирани институции и инструменти на националната безбедност за елиминирање на тероризмот и спречување на терористичките акти. Антитерористичките активности имаат различни аспекти и содржина. Една од нив е „тероризирање на тероризмот“, односно користење на репресивни државни инструменти во борбата против тероризмот, кога активностите на државата се честопати идентични со тие на терористичките организации чии акции се обидуваат да ги спречат. „Тероризирање на тероризмот“ е всушност уште едно име за државниот тероризам. Примената на „тероризирање на тероризмот“ укажува и на друга страна на проблемот – колку и да се актите на терористичките организации застрашувачки и неоправдани, државниот тероризам е уште позастрашувачки. Тероризмот е феномен кој се наоѓа во „сивата зона“ меѓу војната и политиката (Town-

48

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

shend, 2003). Тоа е зона која е непозната за демократските системи и затоа либералните демократии тешко се справуваат со тероризмот. Во потрага по ефикасен одговор, тие прибегнуваат кон државен тероризам. Парадоксот е во тоа што државниот тероризам, како одговор на недржавниот тероризам, е насочен кон елиминирање на заканата по националната безбедност, но во суштина и кон стабилизирање на системот и консолидирање и оддржување на моќта. Стабилизирањето на власта со употреба на државен тероризам истовремено значи и дестабилизирање на пошироките општествени маси. Доколку го разгледаме овој контекст, дали е државниот тероризам клучен за безбедноста и постоењето на државата, и во тој случај, дали можеме да зборуваме за вроден тероризам во самата држава (Franks, 2006:94)? Неколку антитерористички активности преземени од демократски држави можат да го дадат одговорот.

Осум члена на палестинската терористичка организација „Црн септември“ (арапски Munazzamat Ajlul al-Asvad), преправени како спортисти и носејќи официјални акредитации, се втурнаа во Олимпиското село во Минхен на 5 ноември 1972 и убија 11 израелски спортисти и 1 германски полицаец. Одговорот на израелската држава беше брутален. Премиерот Голда Меир нареди на израелската разузнавачка служба Мосад, истиот ден, да изврши прикриена акција која инволвираше ликвидирање на сите членови на масакрот од Минхен. Оваа акција стана позната под името операција „Бајонет“ (еврејски Kidon).7 Целта беше да покаже дека никој не може да убие израелски државјанин и да помине неказнето, но исто така да се употреби како застрашување да се спречат идни терористички акти. Во текот на следните седум години, специјалните сили на Мосад ги лоцирале и убиле сите учесници во убиствата на израелските спортисти. Абдел Ваел Звајтер бил убиен прв во Рим, во октомври 1972, Махмуд Хамшари бил убиен два месеци подоцна во Париз, Хусеин Ал Башир бил убиен во јануари 1973 во Никозија, Басил Ал Кубаиси три месеци подоцна исто така во Париз, Зиаид Мукаси во април 1973 во Атина. Акцијата „Бајонет“ била одбележана и со меѓународен инцидент. Во летото 1973 година, офицери на Мосад патувале во норвешки Лилхамер во потрага по Али Хасан Саламех, креаторот на убиствата од Минхен. Убедени дека точно го идентификувале и лоцирале Хасан Саламех, на 21 јули 1973 тие убиле едно лице. Подоцна се покажало дека тоа било погрешно лице. Мосад убиле невино лице, мароканскиот келнер Ахмед Бучики, кој во тоа време работел во Лилхамер. Шест припадници на Мосад биле уапсени и обвинети за ова дело, но две години подоцна биле ослободени. Сепак, Хасан Саламех бил убиен во Бејрут на 22 јануари 1979 година по пет неуспешни обиди за негово ликвидирање (Reeve, 2006). Во та прилика биле убиени четири недолжни лица, а осумнаесет биле повредени. Инцидентот во Лилхамер не ги спречил Израелците во нивната стратегиска ориентација „да ги тероризираат терористите“. Во Тунис, во април 1988, Мосад извршил убиство на лидерот на Фата, Абу Џихад, во 1984 и 1993 на лидерите на либанскиот Хезболах (арапски Hizb Allah), шеиците Рагеб Харб и Абас Мусави. Во Малта, во 1995, еден од основачите на палестинскиот исламистички џихад (арапски Harakat al-Džihad al-Islami al-Filistini) бил убиен Фати Шкаки, во јануари 1996 израелската безбедносна агенција, Шин Бет, го уби лидерот на воениот дел на Хамас (арапски Harakat al Muqawama al Islamiyya) Јахја Ајаш. Во експлозија на автомобил-бомба во Дамаск во 2008, бил убиен Имад Мугни, офицер за комуникации меѓу Хезболах и Иран. Во јануари 2010, 26 припадници на Мосад

7 Одредени извори ја нарекуваат оваа операција „Гневот на господ“. Види Reeve, 2006; Cronin, 2009.

49

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

отпатувале во Дубаи. Тие пристигнале од различни делови на светот користејќи фалсификувани британски, ирски, германски, австралиски и француски пасоши. Нивна цел бил лидерот на Хамас, Махмуд Ал Мабхух. (Plaw, 2008; Cronin, 2009; Bilandžic, 2010). Израелската држава ги практикува прикриените убиства8 како дел од стратегијата за отстранување9 уште од нејзиното формирање (Plaw, 2008). Израелската влада го институционализираше овој облик на антитерористички активности истовремено со појавата на Втората интифада, на крајот на 2000 година. Стратегијата беше наречена „целно убивање“.10 Официјално, нејзината цел се состои од селективно убивање на лидерите на терористичките организации и нивното политичко крило. Се објаснува како облик на активна самоодбрана, како одговор на терористички напади на израелски цивили кои мора да имаат државна заштита, како превентивно „целење“ на надворешни постојни закани по државата (Guiora, 2004). Но, стратегијата, исто така цели и кон обесхрабрување на идни терористички напади и заплашување на пошироките општествени групи кои им ја даваат својата поддршка на терористичките организации (Cronin, 2009:29-30, 229-230fn68). „Целното убивање“ дефинитивно го доведе конфликтот меѓу Израел и палестинските терористички организации до една морална симетрија и ја поткопа легитимноста на израелското гледиште за спротивставување на терористите.

Во текот на 1980-ите, Шпанија, исто така ја имплементираше политиката на „целно убивање“. Со цел да се борат против Euskadi Ta Askatasuna - ETA, социјалистичката влада предводена од Фелипе Гонзалес формираше „одреди на смртта“: Антитерористички ослободителни групи (Grupos Antiterroristas de Liberacin - GAL). Во екот на „валканата војна“ против ЕТА, во периодот 1983-1987, GAL убија 28 припадници на ЕТА. Подоцнежните истражувања покажаа дека само неколку од нив, всушност имале врски со ЕТА (Sluka, 2000; Plaw, 2008).

Руската федерација имплементираше една од најагресивните кампањи на „целно убивање“. Во Руско-чеченскиот конфликт, во рамките на „војната против тероризмот“, безбедносните сили ги убија речиси сите чеченски лидери: Ибн Катаб беше отруен во 2002; Зелимкан Јандарбиев загина во автомобил-бомба во Катар, во 2004; Аслан Макшадов во март 2005; Абдул Калим Сајдулајев во јуни 1006; Шамил Басаев во јули 2007 (Cronin, 2009).

„Тероризирањето на терористи“ и „целното убивање“, како форма на антитероризам, исто така постои и во Британија. На почетокот на 1980-ите, британската влада спроведуваше политика на „пукај за да убиеш“ во нејзината борба против Привремената ирска републиканска армија – ПИРА. Користењето на ваква политика докажа дека демократската британска држава не се грижи многу за демократските, правните и моралните стандарди кога се работи за уништување на ПИРА. При три инциденти на крајот на 1982, шест члена на Републиканската

8 Меѓународното обичајно право ги дефинира нарачаните убиства како серија убиства на поединци кои се сметаат за непријатели со тајни/прикриени средства и начини (Cronin, 2009; 228fn57).

9 Покрај убиствата на лидерите на терористички организации, отстранувањето може да вклучува и нивно апсење. Истото се врши бидејќи државите веруваат дека убивањето на лидерот ќе предизвика крај на терористичките организации. Според резултатите од истражувањата, оваа стратегија не е особено ефикасна (Cronin, 2009).

10 За овој вид државни акции се користат голем број различни имиња. Администрацијата на Џорџ Буш го користеше терминот „моментална правда“. Се користат и голем број еуфемизми, како што се „целно спречување“, „превентивна ликвидација“, „пресретнување“, но и голем број морално, контекстуално и правно прифатливи синтагми: „нарачано убиство“ и „вонсудско убивање“ . Види: Plaw, 2008.

50

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

терористичка организација беа доведени до „крајниот суд на правдата“ (Bilandžic, 2005). Шест години подоцна, британските безбедносни сили незаконски убија три невооружени припадници на ПИРА на Гибралтар. Оваа акција беше резултат на одлуката на Обединетото Кралство да им дозволи на своите безбедносни сили да ги искористат сите можни средства во борбата против тероризмот, односно, владата сакаше да ја докаже својата способност во таа борба со убивање на терористи на секое можно место и користејќи ги притоа сите неопходни средства (Murray, 1998). Британската влада отиде уште еден чекор понатаму во борбата против републиканците. Во нивниот обид да го решат конфликтот со Северна Ирска во втората половина на 1980-ите, британската влада предводена од Маргарет Тачер нареди спроведување на многу агресивна безбедносна политика. Тоа беше консолидирано со разбирањето дека тероризмот е прашање кое бара сериозно спротивставување (Thatcher, 1993). Централната карактеристика на оваа безбедносна политика беше користењето на прикриени активности кои инволвираа ликвидација на членовите на републиканските терористички организации, нивните поддржувачи, политичарите во Шин Фејн, но и недолжни католички граѓани. Во оваа „валкана војна“, задачите за британската влада ги изведуваа протестантските терористички организации, првенствено Одбранбената асоцијација Алстер (Ulster Defense Association – UDA). Во периодот 1987 – 1990, владата на Обединетото Кралство имаше информации за околу 30 убиства или обиди за убиства и 62 организирања на убиства од страна на УДА. Британската влада не стори ништо да ги спречи овие убиства. Напротив, за централната лојална организација, тие направија планови за ликвидација на демократски избраните политичари на Шин Фејн и избраните „цели“ кои треба да бидат ликвидирани, со други зборови, во Северна Ирска се организираше државен терор. Еден од најдрските инциденти беше убиството на католичкиот адвокат Патрик Финакејн, кој стекна репутација на успешен адвокат откако го откри вистинското лице на антитерористичката стратегија „пукај за да убиеш“. Со испитување на акциите на Безбедносните сили и правниот систем на Северна Ирска, Патрик Финакејн самиот стана цел. Ладнокрвното убиство на Патрик Финакејн, кое беше извршено на 12 февруари 1989, предизвика револт кај јавноста и меѓународна осуда за британската влада која беше соучесник во неговата ликвидација. Во рамките на прикриените активности, британските разузнавачки и безбедносни институции воспоставија директна контрола врз лојалните терористички организации. Тие беа потребни за да дејствуваат како одредени „одреди на смртта“ за британската влада (Murray, 1998; Davies, 1999; Bilandžic, 2005).

Смртоносните кампањи кои американската ЦИА ги спроведуваше низ цел свет, предизвикаа реакција не само кај американската и светската јавност, туку и во Конгресот на САД. Испитувањата во Црковниот комитет и Комитетот Пајк во 1975 утврдија инволвираност на ЦИА во убиствата на странски лидери низ целиот свет. Нелегалните и неморалните акции на ЦИА, според заклучоците на Конгресот, предизвикале сериозна штета на американските интереси. Со цел да се спречи повторување на вакви случаи, Џералд Форд ја донесе Извршната наредба 11905, која наведува дека се забранува секаква директна или индиректна вмешаност на кој било службеник од американската администрација во политички убиства.11 Законската забрана за учество во убиства и искуствата од минатото не ги направија САД просперитетен кандидат за повторување на политиката на „целно убивање“, кое

11 Со Извршните наредби 12036 и 12333 што подоцна беше потврдено од Џими Картер и Роналд Реган.

51

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

професорот Стивен Дејвид од универзитетот Џонс Хопкинс го дефинира како намерно убивање на одредени поединци или групи на поединци со експлицитно одобрение од државата (David, 2002),12 со други зборови, убивање на однапред определени лица. Меѓутоа, нападите на „Ал каеда“ и формирањето на „војната против теророт“ го сменија американскиот пристап. Во октомври 2001, претседателот Џорџ Буш ја донесе Националната безбедносна претседателска директива 9, наречена Поразување на терористичката закана на САД. Иако Претседателската директива е сè уште во тајност, анализата на познатите делови од нејзината содржина упатуваат на заклучокот дека истата содржи овластување за американската војска и ЦИА да користат смртоносна сила против терористичките закани (Plaw, 2008). Сите дилеми беа разрешени со донесувањето на Националната стратегија за борба против тероризмот во 2003, која наведува дека целта на американската влада е да ја порази „Ал каеда“ со користење на агресивни офанзивни пристапи и елиминирање на терористичките опции за нивното постоење и акции; сето ова имплицира и напади на седиштето на „Ал каеда“. Тоа претставува рамка во која беше креирана таканаречена Матрица за отстранување (Disposition Matrix), односно листа на исламисти одредени да бидат убиени. „Војната против тероризмот“ го постави тероризмот во центарот на безбедносниот дискурс. Тероризмот стана проблем на безбедноста13, определен е како егзистенцијална закана која бара специјални безбедносни мерки надвор од стандардните политички процедури. Спроведувањето на „војната против теророт“ не е определена просторно и временски14. Таа е рамка во која САД повторно почнаа да вршат „целно убивање“. Но, тоа не претставува единствен облик на државен тероризам кој се користи. Различни облици на мачење (Cohen; Corrado, 2005; Johnson, 2012; Carter, 2012) со цел да се извлечат разузнавачки информации за можни терористички напади, невообичаени тајни киднапирања надвор од земјата и rendition на сомнителни терористи15, апсења и долгорочни јавни и тајни приведувања, станаа постојан составен дел од американската антитерористичка политика (Blakeley, 2009). Карактерот на овие акции беше потврден и од Европскиот суд за човекови права. Во декември 2012, Судот ја прогласи Македонија за виновна заради учество во програмата на ЦИА за тајни киднапирања во странство и екстрадиција на сомнителни терористи, што имплицира дека биле прекршени голем број на регулативи на Европската конвенција за човекови права (забрана за нехумано однесување, право на безбедност и слобода, итн.). Тоа беше првата судска одлука која потврди дека ЦИА организира противзаконски апсења во Европа. Во 2003, македонската влада уапси и екстрадираше германски државјанин со либанско

12 Одлична анализа на моралните, политичките и правните аспекти на „целното убивање“, составен дел од книгата „Targeting Terrorists“ (Plaw, 2008).

13 За безбедносниот процес, види: Emmers, 2010; van Munster, 2005. 14 Во март 2009, претседателот Барак Обама го исфрли терминот „војна против тероризмот“ од официјална

употреба во американската администрација (Wilson; Kamen, 2009). Наместо тоа, тој го воведе терминот „странски непредвидени операции“ (Overseas Contingency Operations – OCO). Но, иако терминот е променет, во суштина, методите останаа исти.

15 Според Мајкл Шуер (Michael Scheuer), експерт за антитероризам од ЦИА и автор на Програмата за предавање, оваа програма е воведена во 1995 и се смета како една од најефикасните антитерористички акции на американската влада. Целта на програмата е „отстранување од улиците на лица кои планираат или се инволвирани во терористички напади на САД и нивните сојузници”. Истражувањето на Европскиот парламент во 2006 утврди дека европските држави беа инволвирани во оваа американска програма: Обединето Кралство, Ирска, Португалија, Грција, Шпанија, Турција, Германија, Кипар, Италија, Шведска, Босна и Херцеговина, Македонија, Белгија, Литванија, Косово, Полска и Бугарија. Види: Конгрес на САД, 2007; ЕВРОПСКИ ПАРЛАМЕНТ, 2007; ЕВРОПСКИ ПАРЛАМЕНТ, 2012.

52

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

потекло Калед ел-Масри, кој во следните шест месеци беше измачуван на различни локации: Македонија, Авганистан и Албанија. На крајот, без никакви објаснувања, по наредба на американскиот државен секретар, Кондолиза Рајс, тој беше ослободен и оставен на пат во Албанија, некаде на крајот на 2012. Подоцна беше констатирано дека било уапсено и измачувано сосема невино лице кое немало никаква врска со тероризам. Идентитетот на германскиот државјанин бил идентификуван со Калед ел-Масри, еден од членовите на хамбуршката ќелија на „Ал каеда“ која учествувала во нападот на САД (Manasiev, 2012). Новите терористички акции наметнаа потреба од нови мерки, бидејќи во новите услови, традиционалните мерки, според американското сфаќање, не се соодветни за спречување на загрозување на националната безбедност. Во тој контекст, вонредната состојба и последователните вонредни мерки станаа постојана норма (Agamben, 2008). Според зборовите на Озрен Жунец, вонредната состојба како правна норма која суспендира правна норма создаде всушност правна норма која го пролонгира суспендирањето на правните норми (Žunec, 2007:529). Тоа е рамката за спроведување на државен тероризам, рамка во која „се сретнуваат“ политичката легитимност и политичкото насилство. Во името на безбедноста на демократијата, ние сме сведоци на тероризирање на демократијата. Сепак, ова не е само американска специфичност, со оглед на тоа што сите демократии реагираат на истиот начин кога ќе се најдат во ваква ситуација. Либералната демократија се трансформира во милитантна демократија која дејствува на недемократски начин со користење на државниот тероризам16 со цел да ги зачува демократските вредности. Наместо демократија, станува „безбедносна држава” (Hallsworth; Lea, 2011), наместо демократски принципи и владеење на правото се управува со секуритизација. 17

ЗаклучокДржавниот тероризам е валиден и аналитички корисен концепт за разбирање

на државата, владата и државната репресија. Нормативните и сличните теоретски рамки упатуваат на заклучокот дека државата има не само монопол врз употребата на сила, но исто така и право да утврди постоење на тероризам и да ги дефинира своите активности во тие рамки. Оттука, сосема е логично за државите да негираат дека нивното однесување претставува тероризам или тие хипокритично го оправдуваат како користење на „неопходни мерки“. Сепак, мноштвото емпириски податоци упатуваат на поинаков заклучок. Тероризмот се појавил како форма на државна акција, како инструмент за одржување и консолидирање на моќта. Оттогаш, државниот тероризам е атрибут за државно дејствување без разлика на типовите на влада, од тоталитарни режими, преку автократии, сѐ до демократски уредувања, без разлика дали истиот инволвира надворешни или внатрешни акции во услови на мир, вонредна состојба или војна. Државниот тероризам е резултат на стратешка политичка одлука, акт кој е резултат на државна одлука и кој не претставува индивидуален акт на одреден државен претставник. Тој е резултат на инструменталната рационалност на

16 Користењето на недемократски средства (терор) со цел да се одбрани демократијата, Жак Дерида (Jacques Derrida), земајќи го концептот од биологијата, го нарекува автоимуни тенденции на демократијата. Акцентот се става на фактот што демократијата никогаш не е стабилна и нејзиното однесување, во името на сопственото зачувување, е ризично за самата демократија заради дилемата – дали со тоа таа се усовршува или се загрозува. Автоимунитетот е аномалија која резултира во недостаток на можност да се разграничиш од другите и тоа доведува до погрешен тип на однесување, односно, до имуна реакција (само -напад) (цитирано во: Johnson, 2012).

17 Анализирајќи ги методите на „одредите на смртта“ во Шпанија во текот на 1980-ите и во Јужноафриканската Република во последните 15 години од Апартхејдот, овој концепт го користи Ејвори Пло (Avery Plaw).

53

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

државата. Во услови на очекувана утилитарност, пресметките дека тој е поефикасен инструмент од другите видови политики и стратегии го прават државниот тероризам пожелно средство за државно дејствување. Причината за преземање на овие акции од спектарот на државниот тероризам лежи во напорите да се спречи загрозувањето на националната безбедност и да се реализираат националните интереси. Дискурсот на националната безбедност со децении создава опкружување во кое државниот тероризам се оправдува како легитимно средство за заштита на националната безбедност. Тој е метод и начин за проектирање и исполнување на државната (и националната) моќ која државите ја имплементираат кога сакаат да ја проектираат нивната сопствена моќ без да прифатат одговорност. За разлика од тоталитарните системи кои со право се нарекуваат терористички држави, демократските држави исто така не се имуни на употребата на државниот тероризам. Дури ни фактот дека една од елементарните задачи на либералните демократии е истите да не се претворат во „терористички држави“, не може да ги сопре. Дали е државниот тероризам ефикасно средство за исполнување на државните цели? Во однос на микро целите и на краткорочен план, анализата на историските и современите социо – политички делувања упатува на делумно позитивен одговор. Меѓутоа, доколку гледаме генерално и на долгорочен план, државниот тероризам е деструктивен за поединците, заедниците и општествата и државите во целина. Прифаќајќи ги коректно тврдењата на Ричард Џексон (Richard Jackson), можеме да заклучиме дека државниот тероризам предизвикува голем број негативни последици врз човековите права, општествената кохезија, општествениот капитал, социјалната добросостојба, институционалната легитимност, демократското учество, поредокот, владеењето на правилна, национална, општествена, човечка и меѓународна безбедност, меѓународниот поредок и меѓународните односи, меѓудржавните односи и многу други аспекти на политичкиот, општествениот, економскиот и културниот живот на национално и меѓународно ниво. За да се илустрираат овие негативни ефекти, можеби е доволно да се укаже на модерната ера на антитероризмот. Голем број на инструменти на современите антитерористички стратегии на демократската држава се само друго име за државниот тероризам. Сепак, со намерна миопија, државниот тероризам се оправдува со „основни антитерористички мерки“ и атрибутот терористички се ридава само на недржавни субјекти. Конечно, антитероризмот користи насилство врз недржавни субјекти чие насилство сака да го елиминира и тоа предизвикува круг на насилство. Државниот и недржавниот тероризам се толку тесно поврзани, што се потхрануваат еден со друг во циклуси на насилство. Сеопфатноста, застапеноста и комплексноста на државниот тероризам, заедно со неговите последици проектирани на целокупното национално и меѓународно движење јасно упатуваат на заклучокот дека научно-истражувачкото игнорирање на државниот тероризам е неоправдано. Постои епистемолошка потреба истражувањето на тероризмот да биде систематско и да го инволвира и државниот и недржавниот тероризам. Да бидеме попрецизни, барањата на експертите веќе неколку години наназад, државниот тероризам да се врати во интердисциплинарните студии за тероризмот звучат многу рационално, прогресивно, правилно и хумано, но исто така и оправдано од стратегиски и безбедносен аспект.

54

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

ЛИТЕРАТУРА

Agamben, Giorgio (2008.) Izvanredno stanje: Homo sacer, II, 1, Zagreb: Deltakont.Anderson, K. Sean; Sloan, Stephen (2009.) Historical Dictionary of Terrorism, Third Edition, Lanham:

Scarecrow Press.Byman, Daniel (2005.) Deadly Connections States that Sponsor Terrorism, Cambridge: Cambridge

University Press.Becker, Jo; Shane, Scott (May 29, 2012.) “Secret ‘Kill List’ Proves a Test of Obama’s Principles and

Will”, The New York Times, http://www.nytimes.com/, accessed 8.9.2012.Bilandžić, Mirko (1996.) Tajne operacije CIA-e kao komponenta vanjske politike SAD, magistarski

rad, Zagreb: Fakultet političkih znanosti.Bilandžić, Mirko (2005.) Sjeverna Irska između rata i mira, Zagreb: Golden marketing-Tehnička

knjiga.Bilandžić, Mirko (2010.) Sjeme zla: Elementi sociologije terorizma, Zagreb: Plejada, Synopsis.Blakeley, Ruth (2009.) State Terrorism and Neoliberalism: The North in the South, London, New York:

RoutledgeBurgoon, Brian (2006.) “On Welfare and Terror: Social Welfare Policies and Political-Economic Roots

of Terrorism”, Journal of Conflict Resolution, 50 (2):176-203.Carter, Linda (2012.) „Torture and the War on Terror: The Need for Consistent Definitions and Legal

Remedies“, Journal of National Security Law & Policy, 6 (1): 291-317, http://jnslp.com/wp-content/uploads/2012/08/09_Carter-Master-07-03-12-JCSedits2.pdf, accessed 7.12.2012.

Campos, H. Joseph II (2007.) The State and Terrorism: National Security and the Mobilization of Power, Aldershot, Burlington: Ashgate.

Chaliand, Gerard; Blin, Arnaud (2007.) “Introduction”, in: Chaliand, Gerard; Blin, Arnaud (2007.)(eds.) The History of Terrorism: From Antiquity to Al Qaeda, Berkeley, Los Angeles, London: Uni-versity of California Press.

Chomsky, Noam (2003.) Moć i teror, Zagreb: Naklada Jesenski i Turk.Cohen, M. Irwin; Corrado, R. Raymond (2005.) “State Torture in the Contemporary World”, Interna-

tional Journal of Comparative Sociology, 46 (1-2):103–131. Combs, C. Cindy; Slann, Martin (2007.) Encyclopedia of Terrorism, Revised Edition, New York: Facts

On File.Cronin, Kurth Audrey (2009.) How Terrorism Ends: Understanding the Decline and Demise of Terror-

ist Campaigns, Princeton and Oxford: Princeton University Press.David, R. Steven (2002.) “Fatal Choices: Israel’s Policy of Targeted Killing”, Mideast Security and

Policy Studies No. 51.Davies, Nicholas (1999.) Ten-Thirty-Three: The Inside Story of Britain’s Secret Killing Machine in

Northern Ireland, Edinburgh and London: Mainstream Publishing Company.DeYoung, Karen (October 25, 2012.) “A CIA veteran transforms U.S. counterterrorism policy”, The

Washington Post, http://www.washingtonpost.com/, accessed 8.9.2012.Donohue, K. Lara (2002.) “Fear Itself: Counterterrorism, Individual Rights, and U.S. Foreign Relations

Post 9-11”, in: Howard, D. Russell; Sawyer, L. Reid (2004.)(eds.) Terrorism and Counterterrorism: Understanding The New Security Environment: Readings&Interpretations, Guilford: The McGraw Hill Companies.

Emmers, Ralf (2010.) „Sekuritizacija“, u: Collins, Alan (2010.)(ur.) Suvremene sigurnosne studije, Zagreb: Centar za međunarodne i sigurnosne studije Fakulteta političkih znanosti Sveučilišta u

55

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Zagrebu i Politička kultura.EUROPEAN PARLIAMENT (2.8.2012) REPORT on alleged transportation and illegal detention of

prisoners in European countries by the CIA: follow-up of the European Parliament TDIP Committee report (2012/2033(INI)), A7-0266/2012, http://www.europarl.europa.eu/sides/, accessed 5.12.2012.

EUROPEAN PARLIAMENT (30.1.2007) REPORT on the alleged use of European countries by the CIA for the transportation and illegal detention of prisoners (2006/2200(INI)), FINAL A6-0020/2007, http://www.europarl.europa.eu/sides/, accessed 5.12.2008.

Franks, Jason (2006.) Rethinking the Roots of Terrorism, Basingstoke: Palgrave Macmillan.Giddens, Anthony (1987.) The Nation-States and Violence, Volume Two of A Contemporary Critique of

Historical Materialism, Berkley, Los Angeles: University of California Press. Guiora, Amos (2004.) Targeted Killing as Active Self-Defense, Presenteed at the War Crimes Reserach

Symposium: “Terrorism at Case” Western Reserve University School of Law, Oct.8, 2004, Social Science Research Network, http://papers.ssrn.com/, accessed 26.5.2010.

Godson, Roy (1981.)(ed.) Intelligence Requirements for the 1980’s: Covert Action, Washington: Na-tional Strategy Information Centre.

Hallsworth, Simon; Lea, John (2011.) „Reconstructing Leviathan: Emerging contours of the security state“, Theoretical Criminology, 15 (2):141-157.

Herring, Eric (2008.) Critical Terrorism Studies: An Activist Scholar Perspective, School of Sociology, Politics, and International Studies, University of Bristol, Working Paper, No. 03-08, http://www.bristol.ac.uk/spais/research/workingpapers/wpspaisfiles/herring0308.pdf, accessed 5.12.2011.

Hindess, Barry (2006.) “Terrortory”, Alternatives: Global, Local, Political, Vol 31 (3):243–257.Hoffman, Bruce (1998.) “Defining Terrorism”, in: Howard, D. Russell; Sawyer, L. Reid (2004.)

(eds.) Terrorism and Counterterrorism: Understanding The New Security Environment: Readings&Interpretations, Guilford: The McGraw Hill Companies.

Hoffman, Bruce (2006.) Inside Terrorism, New York: Columbia University Press. Howes, Ells Dustin (2012.) „Terror in and out of power“, European Journal of Political Theory, 11

(1):25-58.Jackson, Richard; Murphy, Eamon; Poynting, Scott (2010.) “Introduction: Terrorism, the state and

the study of political terror”, in: Jackson, Richard; Murphy, Eamon; Poynting, Scott (2010.)(eds.) Contemporary State Terrorism: Theory and practice, London, New York: Routledge.

Jackson, Richard (2010.) “Conclusion: Contemporary state terrorism - towards a new research agenda”, in: Jackson, Richard; Murphy, Eamon; Poynting, Scott (2010.)(eds.) Contemporary State Terrorism: Theory and practice, London, New York: Routledge.

Jackson, Richard (2008.) “An Argument for Terrorism”, Perspectives on Terrorism, a journal of the Terrorism Research Initiative, Vol2, No2, http://terrorismanalysts.com/pt/index.php/ pot/article/view/27/html, accessed 8.9.2012.

Jackson, Richard (2009.) „Knowledge, power and politics in the study of political terrorism“, in: Jack-son, Richard; Smyth, Marie Breen; Gunning, Jeroen (2009.)(eds.) Critical Terrorism Studies: A new research agenda, London, New York: Routledge.

Jalata, Asafa (2010.) “Conceptualizing and Theorizing Terrorism in the Historical and Global Context”, Humanity & Society, 34 (4):317-349.

Jarvis, Lee (2009.) “The Spaces and Faces of Critical Terrorism Studies”, Security Dialogue, 40 (1):5-27.

Johnson, M. Leigh (2012.) „Terror, torture and democratic autoimmunity“, Philosophy and Social Criticism, 38 (1):105-124.

56

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

• Klein, Naomi (2008.) Doktrina šoka: uspon kapitalizma katastrofe, Zagreb: V.B.Z.Kos-Stanišić, Lidija (2009.) Latinska Amerika: povijest i politika, Zagreb: Golden marketing-Tehnička

knjiga.Kushner, W. Harvey (2003.) Encyclopedia of terrorism, Thousand Oaks, London, New Delhi: Sage

Publications.Lizardo, Omar (2008.) „Defining and Theorizing Terrorism: A Global Actor-Centered Approach“,

Journal of World-Systems Research, XIV (2):91-118, http://jwsr.ucr.edu/archive/vol14 /index2. html, accessed 12.2.2010.

Manasiev, Aleksandar (2012.) „CIA-in talac: U Skoplju silovan, u Kabulu mučen, u Albaniji ostav-ljen“, Jutarnji list, 15. prosinac 2012.

Mann, Michael (1993.) The sources of social power, Volume II, The Rise of classes and nation-states, 1760-1914, Cambridge, New York, Melbourne: Cambridge University Press.

Mihovilović, Maroje (2012.) “Predsjednik osobno istrebljuje teroriste”, Aktual, 30.10.2012.Miller, Greg (October 24, 2012.) “Plan for hunting terrorists signals U.S. intends to keep adding names

to kill lists”, The Washington Post, http://www.washingtonpost.com/, accessed 8.9.2012.Murray, Raymond (1998.) State Volence: Northern Ireland 1969-1997, Cork: Mercier Press.Nairn, Tom; James, Paul (2005.) Global Matrix: Nationalism, Globalism and State-Terrorism, London,

Ann Arbor: Pluto Press.National Strategy for Combating Terrorism (February 2003.), The White House, http://georgewbush-

whitehouse.archives.gov/news/releases/2003/02/20030214-7.html, accessed 26.5.2006.Pettiford, Lloyd; Harding, David (2005.) Terorizam: novi svjetski rat, Zagreb: Mozaik knjiga.Plaw, Avery (2008.) Targeting Terrorists: A License to Kill?, Aldershot, Burlington: Ashgate.Primorac, Igor (2002.) “Državni terorizam i protuterorizam”, Politička misao, XXXIX (3):60-74.Primorac, Igor (2004.) “Državni terorizam”, u: Coady, Tony; O’Keefe, Michael (2004.)(priredili)

Terorizam i pravednost: Moralni argumenti u opasnom svijetu, Zagreb: KruZak.Raphael, Sam (2009.) „In the service of power: Terrorism studies and US intervention in the global

South“, u: Jackson, Richard; Smyth; Marie Breen; Gunning, Jeroen (2009.)(eds.) Critical Terrorism Studies: A new research agenda, London, New York: Routledge.

Reeve, Simon (2006.) One Day in September: The Full Story of the 1972 Munich Olympics Massacre and the Israeli Revenge Operation “Wrath of God”, New York: Arcade Publishing.

Schmid, P. Alex; Jongman, J.Albert (1988.) Political Terrorism: A New Guide to Actors, Authors, Con-cepts, Data Bases, Theories and Literature, Amsterdam: North-Holland Publishing Company.

Sekhar, C.S.C. (2010.) “Fragile States: The Role of Social, Political, and Economic Factors”, Journal of Developing Societies, 26 (3):263-293.

Silke, Andrew (2004.) “The Road Less Travelled: Recent Trends in Terrorism Research”, in: Silke, Andrew (2004.)(ed.) Research on Terrorism: Trends, Achievements and Failures, London, Portland: Frank Cass.

Sluka, Jeffrey (2000.) (ed.) Death Squad: An Anthropology of State Terror, Pennsylvania: University of Pennsylvania Press.

Stiglitz, E. Joseph (2004.) Globalizacija i dvojbe koje izaziva, Zagreb: Algoritam.Stohl, Michael (2006.) “The State as Terrorist: Insights and Implications”, Democracy and Security, 2

(1):1-25.Stohl, Michael (2008.) “The Global War on Terror and State Terrorism”, Perspectives on Terror-

ism, a journal of the Terrorism Research Initiative, Vol2, No9, http://www.terrorismanalysts.com /pt/

57

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

index.php/pot/article/view/48/html, accessed 8.9.2012.Stohl, Michael (2003.) Expected Utility and State Terrorism, Draft paper prepared for delivery at the

Root Causes of Terrorism International Expert Meeting, Oslo, Norway, 9-11 June 2003, http:// www.comm.ucsb.edu/faculty/mstohl/ExpectedUtilityandStateTerrorism.pdf, accessed 10.10.2011.

Thackrah, Richard John (2004.) Dictionary of Terrorism, Second edition, London and New York: Routledge, Taylor and Francis Group.

Thatcher, Margaret (1993.) The Downing Street Years, New York: HarperCollinsPublishers.Tilly, Charles (2005.) “Terror as Strategy and Relational Process”, International Journal of Compara-

tive Sociology, 46 (1-2):11-32. Townshend, Charles (2003.) Terorizam, Sarajevo: TKD Šahinpašić.US Congress, (APRIL 17, 2007) EXTRAORDINARY RENDITION IN U.S. COUNTERTERROR-

ISM POLICY: THE IMPACT ON TRANSATLANTIC RELATIONS, ONE HUNDRED TENTH CONGRESS, FIRST SESSION, Serial No. 110–28, http://foreignaffairs.house.gov/110/34712.pdf, accessed 19.10.2009.

Van Auken, Bill (26 October 2012.) Institutionalized state assassinations and the November 6 election, World Socialist Web Site, http://www.wsws.org/articles/2012/oct2012/pers-o26.shtml, accessed 5.12.2012.

van Munster, Rens (2005.) Logics of Security: The Copenhagen School, Risk Management and the War on Terror, Political Science Publications 10/2005, Faculty of Social Sciences, University of Southern Denmark, http://static.sdu.dk/, accessed 18.1.2008.

Weber, Max (2006.) Politika kao poziv, Zagreb: Naklada Jesenski i Turk.Wilson, Scott; Kamen, Al (March 25, 2009.) „‘Global War On Terror’ Is Given New Name“, The

Washington Post, http://www.washingtonpost.com/, accessed 10.4.2010.Winkler, K. Carol (2006.) In the Name of Terrorism: Presidents on Political Violence in the Post-World

War II Era, Albany: State University of New York Press. Zadro, Ivica (1999.)(odabrao) Glasoviti govori, Zagreb: Naklada Zadro.Žunec, Ozren (2007.) Goli život: socijetalne dimenzije pobune Srba u Hrvatskoj, Zagreb: Demetra.

59

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

327.88:004.738.5-027.22Прегледен научен труд

59

САЈБЕР-ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ КАКО ГЛОБАЛНА БЕЗБЕДНОСНА ЗАКАНА

Митко БОГДАНОСКИ, Драге ПЕТРЕСКИ1

Апстракт: Повеќе од очигледно е дека начинот на изведувањето на тероризмот во поново време станува сè пософистициран. Сајбер- тероризмот е реална закана на брзи-от технолошки развој. Потенцијални цели се системите кои ја контролираат национал-ната безбедност и критичната инфраструктура. Идните терористи ќе ги добиваат војните без да испукаат ниту еден куршум - со уништување на инфраструктурата која сè повеќе се потпира на мрежите, автоматиката и компјутерите. Големиот пораст на Интернет- корисници и сè поголемата зависноста од Интернетот, значително ги зголемува безбедносните ризици, освен ако не се употребени соодветни безбедносни мер-ки за заштита од ваквите намери. За да се разбере сајбер-тероризмот, мошне е битно да се согледа и разбереовој современ феномен и да се види какви мерки се преземаат од страна на владите и интернационалните организации за да се помогне во борбата против сајбер- тероризмот.

Клучни зборови: сајбер-тероризам, напад, безбедност, DoS

ВоведИако постојат голем број дефиниции кои го опишуваат поимот тероризам, една од

дефинициите која сè почесто се среќава е дека тероризмот е „незаконска или заканувачка употреба на сила или насилство од страна на личност или организирана група над лица или имот со намера за заплашување или принудување на населението или државните органи, често од идеолошки или политички причини“.2

Интеракциите помеѓу човечките мотиви и информатичката технологија за терори-стички активности во сајбер-просторот или во виртуелниот свет може да се именуваат како сајбер-тероризам. Ова е и дефиницијата за сајбер-тероризам којашто Сара Гордон и Ричард Форд од „Symantec“ ја искористиле во нивниот труд за да го дефинираат „чистиот сајбер-те-роризам”.3

И сајбер-тероризмот како поим има различни дефиниции, пред сè од причина што речиси секој експерт во безбедноста дава и споствено видување на овој феномен. Сајбер-те-

1 The authors are professors at the Military Academy of RM2 S. Best, Defining Terrorism: http://www.drstevebest.org/Essays/Defining%20Terrorism.htm3 www.symantec.com/avcenter/reference/cyberterrorism.pdf

60

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

роризмот може да се дефинира како употреба на информациската технологија од страна на терористички групи или индивидуи за остварување на своите цели. Ова може да вклучи упо-треба на информациска технологија за организирање и извршување на напади против мрежи, компјутерски системи и телекомуникациска инфраструктура, или за размена на информација или вршење на електронска закана. Овој вид закана по безбедноста може да се манифестира на повеќе начини, како што се „хакирање“ на компјутерските системи, програмирање „виру-си“ и „црви“, напад на Web-страници, спроведување на напади со одбивање на услуга (DoS), или спроведување на терористички напади преку електронски комуникации. Сè почести се и тврдењата дека сајбер-тероризмот не постои и дека станува збор за „хакирање“ и злонамерни напади. Оние кои ги поддржуваат овие тврдења не се сложуваат со терминот „тероризам“ затоа што, ако се земат предвид моменталните технологии за превенција и заштита, веројатноста за предизвикување страв, значајни физички оштетувања или смрт кај населението со употреба на електронски средства би била многу мала.

Но, со оглед на тоа дека терористите имаат ограничени фондови, сајбер-нападите се сè попривлечни, затоа што за да се спроведат истите потребен е помал број луѓе и секако, помали финансиски средства. Друга предност на сајбер-нападите е тоа што истите овозможу-ваат терористите да останат непознати, затоа што тие може да бидат многу далеку од местото каде е извршен актот на тероризам. За разлика од тоа што терористите своите кампови ги сместуваат во држави со слаба власт, сајбер-терористите може да се сместат каде било и да останат анонимни4. Се смета дека најефикасна употреба на сајбер-тероризмот е кога тој се користи во комбинација со физичкиот тероризам. На пример, оневозможување на функцио-нирањето на службите за прва помош во ситуации каде потребата од ангажирање на ваквите служби е предизвикана од употреба на физички тероризам, што навистина е ефективен начин на здружување на спомнатите видови тероризам. Можностите за спроведување на сајбер-тероризмот со употреба на напредна технологија преку Интернет се огромни. Како можни цели на сајбер- тероризмот се јавуваат владините компјутерски мрежи, финансиските мрежи, енергетските постројки и слично, а причина за ова е што сите претходно споменати од страна на терористите се идентификуваат како најсоодветни цели за оштетување или ставање вон функција, со цел да се предизвика хаос. Манипулацијата со системите преку софтвер со „тајни влезови“, кражба на класифицирани информации, бришење на податоци, оштетување на Web-страници, внесување вируси и слично, се само неколку примери за тоа како терористите можат да навлезат во обезбеден систем. Терористичките напади овозможе-ни преку компјутерската технологија може да се извршат и преку системи за преземање на контролата над воздушниот сообраќај, или далечинско оштетување на енергетските мрежи.

Терористичките организации сè повеќе ги искористуваат новите информациски технологии (IT) и Интернетот за спроведување на своите планови, зголемување на финансиските фондови, ширење пропаганда и безбедна комуникација. Директорот на Централната агенција за разузнавање (CIA), Џорџ Тенет, во неговата изјава во 2000 година за светските безбедносни закани, сведочеше дека терористичките групи, вклучувајќи ги „Хезболах“, „ХАМАС“ и „Ал каеда“, за поддршка на нивните операции, користат компјутеризирани датотеки, електронска пошта и заштита (криптирање). Осудениот терорист Рамзи Јусеф, главниот планер на нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк, во криптирани датотеки во својот лаптоп-компјутер складирал детални планови за уништување на авиони на САД5.

Терористичките организации, исто така, го користат Интернетот да „допрат“ до својата

4 M. Cereijo, Cuba the threat II: Cyberterrorism and Cyberwar, 16 Maj 2006: http://www.lanuevacuba.com/archivo/manuel-cereijo-110.htm

5 R. L. Dick, Director, National Infrastructure Protection Center, FBI Federal Bureau of Inves-tigation, Before the House Energy and Commerce Committee, Oversight and Investigation Subcomit-tee Washington, DC, 05 April 2001, http://www.fbi.gov/news/testimony/issue-of-intrusions-into-government-computer-networks

61

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

публика, без притоа да имаат потреба од искористување на други медиуми како што се радиото, телевизијата или да држат различни прес-конференции. Web-страниците се искористени како начин да се потенцира неправдата и да се бара поддршка за политички затвореници кои се „бесправно“ затворени. Типичните Web-страници нема да прикажат никаква информација поврзана со насилни активности и обично ќе тврдат дека се оставени без никаков друг избор освен да се свртат на насилство. Тие тврдат дека се прогонувани, дека нивните лидери биле цел на атентат и дека нивните поддржувачи се масакрирани. Тие ја користат оваа тактика да создадат впечаток дека се слаби и да се претстават себеси како аутсајдери. Овој јавен настап е многу лесен начин за регрутирање на поддржувачи и членови. Освен пропагандни материјали, на Web-страниците на терористичките организации често може да се најдат содржини и упатства за тоа како да се направат хемиски и експлозивни оружја. Ова им овозможува да ги идентификуваат најчестите корисници кои може да имаат симпатии кон нивната кауза и затоа ова е ефикасна метода за регрутирање.

Ова, исто така, им помага на индивидуалците кои дејствуваат како терористи да се вклучат во терористички активности. Во 1999, терористот по име Дејвид Копленд уби 3 и рани 139 лица во Лондон. Тој ова го направил со помош на бомби сместени на три различни локации. На неговото судење се открило дека тој користел Прирачник за терористи (Terror-ist Handbook - Forest, 2005) и Како да се направи бомба (How to Make Bombs - Bombs, 2004), кои ги симнал од Интернет6.

Сајбер-терористички напади Терористите го користат сајбер-просторот за да предизвикаат несигурност.

Тие, поради свои причини, се борат против државните органи и владите и ги користат сите расположливи средства за да ја постигнат сопствената цел. Сајбер-нападите се појавуваат во две форми: едните се користат за да се нападнат податоците, а другите се фокусирани на системите за контрола7. Кражбите и уништувањето на податоци води кон саботажа на услугите и ова е најчеста форма на Интернет и компјутерски напад. Нападите кои се фокусирани над системите за контрола се искористени за да се оневозможи или манипулира физичката инфраструктура. На пример, може да се изврши инфилтрирање во обезбедувањето на електричната мрежа, пругите или снабдувањето со вода со цел да се постигне негативно мнение во пошироки географски области. Ова се постигнува со испраќање на податоци преку Интернет или со пенетрирање во безбедносните системи. Овие слаби места во системот беа искористени во инцидентот во Австралија кој се случи во март 2000 година, каде незадоволен вработен (кој не успеал да обезбеди редовен работен однос) го искористил Интернетот за да испушти 1 милион литри непреработени отпадни води во реката и крајбрежните води во Квинсленд8. Всушност, после 44 неуспешни обиди, 45-тиот бил успешен. Првите 44 обиди не биле воопшто детектирани.

По нападите на 11 септември, ревизорите за јавна безбедност се загрижиле поради тоа што критичните инфраструктури најмногу се во сопственост на приватни компании, кои не секогаш се интересираат за евентуалните безбедносни закани.

Во 1988 година, терористичка герилска организација, во период од две недели,

6 www.terror.net: How Modern Terrorism Uses the Internet, 21 February 2007: http://www.asiantribune.com/index.php?q=node/4627

7 Ibid8 R. Lemos, Cyberterrorism: The real risk, 2002: http://www.crime-research.org/library/Robert1.htm

62

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

ги преплавувала амбасадите на Шри Ланка со 800 email-ови на ден. Пораката која се појавувала била „Ние сме Интернет „Црни тигри“ и ова го правиме за да ги попречиме Вашите комуникации.” Одделот за разузнавање го карактеризира овој напад како прв познат терористички напад врз државни компјутерски системи.

Интернет саботери, во 1998 година, ја обезличија Web-страницата на индискиот „Bhabha“-центар за атомско истражување и украдоа електронска пошта од истиот тој центар. Трите анонимни саботери на интервју преку Интернет тврделе дека протестираат поради скорешните индиски нуклеарни експлозии9. Во јули 1997 година, лидер на кинеска хакерска група тврдел дека привремено оневозможил кинески сателит и објавил дека формира нова глобална хакерска организација за да протестира и да го оневозможи инвестирањето од страна на западните земји во Кина. Во септември 1998 година, во пресрет на парламентарните избори во Шведска, саботери ја обезличија Web-страницата на десно ориентираната политичка партија во Шведска и креираа линк до Web-страницата на левицата и до порнографски страни. Истиот месец, саботери ја нападнаа Интернет-страницата на мексиканската влада во знак на протест против владината корупција и цензура. Аналитичарите овие примери на криминал ги посочуваат како информациска војна од ниско ниво.

Романски хакери во една прилика успеаја да упаднат во системот на една истражувачка станица на Антарктикот, каде работеле 58 научници. За среќа, нивната активност е запрена пред да се случи каква било несреќа.

За време на Косовскиот конфликт, хакери од Белград беа заслужни за нападот со одбивање на услуга (DoS) врз серверите на НАТО. Тие ги „поплавија“ серверите на НАТО со ICMP Ping-пораки, пораки кои се користат за контрола на пренос и пораки за грешки при преносот на IP -типот на податочни пакети.

За време на Палестинско-израелската сајбер-војна во 2000 година искористени се слични напади. Пропалестинските хакери искористија DoS алатки за да го нападнат „Netvision“, најголемиот израелски ISP (снабдувач на интернет услуги). Иако на почетокот нападот беше успешен, „Netvision“ успеа да се спротистави на подоцнежните напади со зголемување на обезбедувањето.

Исто така, во април 2007 година, бројни новински организации поврзани со „Associated Press“ објавија дека за сајбер-нападот врз критичната информациска структура на Естонија се употребени компјутерски сервери лоцирани во Русија, иако подоцна е утврдено дека станува збор за дистрибуиран DoS-напад извршен од различни локации ширум светот (САД, Канада, Бразил, Виетнам и други локации). Секако, локацијата на компјутерите не секогаш ја означува локацијата на директните учесници во нападот. Тоа е всушност, локацијата на таканаречените „зомби“ машини, кои што дејствуваат како посредници при нападот и без нивно знаење или без никаква поврзаност со директните напаѓачи. Нападот целосно ги стави вон функција Web-страниците на многу владини, медиумски и финансиски организации и доведе до дипломатски разговори што беа причина да се испита можноста за креирање на НАТО-поддржан центар за истражување способен за идентификување на изворот на сајбер-нападите. Сличен ваков напад, во август 2008 година, беше извршен и врз

9 D.Briere, P.Hurley, Wireless network hacks and mods for dummies, 2005, Wiley.

63

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Грузија. Се претпоставува дека и овој напад е извршен од страна на руски хакери.Во октомври 2007 година, хакери ја нападнаа Web-страницата на украинскиот

претседател Виктор Јушенко. Одговорноста за овој напад ја превзеде радикалната руска националистичка младинска група, „Евроазиско младинско движење“.10

Аналитичар од американската Централна агенција за разузнавање (CIA) јавно откри дека, во јануари 2008 година, хакерите успешно ги прекинале мрежите за електрична енергија во неколку градови во САД. Во ноември 2008 година, Пентагон имаше проблем со сајбер-напад извршен преку компјутерски вирус, поради што Министерството за одбрана на САД (DoD) без преседан презеде чекор за забрана за употреба на надворешни хардверски уреди, како што се флеш-мемориските уреди и ДВД-ата11. Официјално, САД никогаш не почуствувале сајбер-терористички напад.

Еден од посвежите примери кои предизвикаа глобална паника се случи кон крајот на 2008 година, кога група хакери која се нарекуваше „Greek Security Team“, „упадна“ во компјутерите на CERN (Европски центар за нуклеарни истражувања) толку длабоко, што се наоѓале многу блиску до преземање на контролата над еден од детекторите на LHC, најголемиот акцелератор на честички. Хакерите упаднале во системот уште на првиот ден од експериментот и поставиле лажна страница на сајтот на CERN, чија цел била да се посрамотат стручњаците одговорни за компјутерскиот систем, нарекувајќи ги „група ученици“. Претставници на CERN соопштија дека не е причинета никаква материјална штета, но сознанието дека детекторите и целата скапоцена опрема се подложни на дигитално загрозување е навистина непријатно.

Методи и техники на сајбер-тероризмотКако што веќе објаснивме, освен за офанзивните операциите терористите можат

ефективно да го користат сајбер-просторот за безбедна комуникација.12

Безбедноста на информациите е од големо значење за многу организации, вклучувајќи ги и терористите. Причината за ова првенствено лежи во нивните малициозни активности, така што очигледно е дека тие ќе се соочат со добро опременаи владините безбедносни сили и коалициски сили, кои лесно може да ги откријат нивните намери преку следење на комуникација со помош на софистицирана опрема за следење.

Овој проблем е добро познат на терористичките организации, што е причина истите да посветуваат големо внимание на безбедносните аспекти за време на преносот на суптилните информации.

„Прирачникот за обука на Ал Каеда“ е само еден од многуте докази за посветеноста на терористички организации на безбедната комуникација. Имено, едни од најважните и најобемни лекции опишани во овој водич се двете лекции кои обезбедуваат насоки за правилно користење на комуникациите и заштитата на податоците. Посебен акцент на ова прашање е ставен во тринаесетата лекција „Тајно писмо и шифри и кодови“ чија цел е да се обучуваат потенцијалните членови на оваа терористичка организација за безбеден пренос на податоци.

10 Радио Слободна Европа, 2007 г.11 FOX News, 200812 M. Bogdanoski, A. Risteski, & S. Pejoski, (2012, November). Steganalysis—A way forward against cyber ter-

rorism. In Telecommunications Forum (TELFOR), 2012 20th (pp. 681-684). IEEE.

64

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Кроењето на податоци од страна на членовите на терористичките организации се открива во многу прилики, но со сигурност може да се каже дека бројот на случаи каде што преносот на сокриени податоци преку користење на стенографски методи не се регистрирани од страна на службите за безбедност е многу поголем .

Докази за употребата на стенографија од страна на терористичката организација Ал Каеда е апсењето во Берлин во 2012 година на 22 годишниот Австриец кој штотуку пристигнал од Пакистан. Подоцна беше потврдено дека тој е член на оваа терористичка организација. Дигиталнте уреди за чување на податоци како и мемориските картички кои тој се обидел да ги скрие биле заштитени со лозинка и информациите биле невидливи. По првичната анализа беше откриено дека мемориските картички сокривале порнографско видео „Kick Ass“ и датотека со име „Sexy Tanja“. Неколку недели подоцна, по големото залагање за пробивање на лозинка и изнаоѓање на софтвер кој би го направил директориумот речиси невидливи, германските истражувачи во видеото открија скриено богатство од разузнавачки информации - над 100 документи вклучувајќи и документи од прва рака на Ал -Каеда во врска со некои заговори на терористичката група и насоки за идните операции за кои не бил наведен ниту датумот, ниту на локацијата. Исто така, беа пронајдени и различни терористички прирачници за обука користени од страна на оваа организација. Сите овие податоци биле скриени преку користење на стенографски алатки.

Националната канцеларија за координација, истражување и развој за вмрежување и информациски технологии на САД, во Извештајот објавен во 2006 година ги дала следните изјави: 13

„...скорешната загриженост, исто така, вклучува употреба на сајбер -просторот за тајни комуникации, пред сè од страна на терористите, но исто така и од странските разузнавачки служби; шпионажа против осетливи, но слабо обезбедени податоци во државните и владините институции, како и индустриските системи; субверзија од инсај-дери (вметнати лица), вклучувајќи производители и изведувачи; криминални активности од страна на хакери и организирани криминални групи, кои пред сè, се инволвираат поради измама и кражба на финансиски информации или информации за идентитет “.

„Меѓународниот интерес за И&Р (истражување и развој) за стеганографските технологии и нивната комерцијализација и примена во последниот период пројави навистина е голем. Овие технологии претставуваат потенцијална закана за националната безбедност, бидејќи стеганографијата тајно вметнува дополнителни и скоро недопрени информациски содржини во дигитални производи, можноста за тајно ширење на злонамерен софтвер, мобилен код или информација е огромен “. (стр. 41-42)

„Заканата од стеганографијата е документирана во голем број разузнавачки извештаи”. (стр. 42)

Гласините за употребата на стеганографијата од страна на терористите за првпат се појавија во дневниот весник „USA Today“, на 5 февруари 2001 година, во две статии со наслов „Терористички инструкции скриени он-лајн“ и „Терористичките групи се кријат зад Web-криптирањето”. Во јули истата година, информацијата изгледаше дури и попрецизна: „Милитантен жичен линк со линкови кон џихад”. Во октомври

13 A. Jahangiri, Cyberspace, Cyberterrorism and Information Warfare: A Perfect Recipe for Confusion:http://www.alijahangiri.org/publication/Cyberspace-Cyberterrorism-and-Information-Warfare-A-Perfect-Recipe-for-Confusion.htm

65

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

2001 година, „The New York Time“ публикува статија каде се наведува дека „Ал-каеда“ користела стеганографски техники за да ги криптира и вметне пораките во слики и потоа да ги пренесе преку електронска пошта и најверојатно преку USENET да ги подготват и извршат терористичките напади на 11 септември, 2001 година.

Со повикување на истражувањето на фондацијата „Jamestown“, заробениот терористички прирачник за обука „Технички ’Муџахид’, техничко упатство за ’џихадисти’”, содржи дел насловен како „Тајни комуникации и криење на тајни во слики”.

Центарот за Стеганографско истражување и анализа, при последното истржување, идентификува повеќе од 725 апликации за дигитална стеганографија.14

Национални одговори на заканите од сајбер-тероризмот

Европската комисија донесе одредба со која се бара сите членки на Европската унија да направат „нападот преку интерференција со информатичките системи“ да се казнува како терористичко дело, доколку неговата цел е „сериозна промена или уништување на политички, економски или општествени структури“. Франција ги прошири полициските овластувања со тоа што овозожи да се врши претрес на приватен имот, без притоа да имаат потреба од судски налог.15

Шпанија, слично на законодавството на Велика Британија, ги ограничи активностите на која било организација која е директно или индиректно поврзана со „ETA“ (Euskadi Ta Askatasuna) - вооружена сепаратистичка група за баскиската татковина и слобода. Европскиот совет презеде чекори за да воспостави потерница на ниво на цела Европа и за да се дефинира поимот „терористички криминал“. Владата на Германија ги намали ограничувањата за следење на телефонски разговори и следење на електронската пошта и банкарските сметки и ја обнови претходно ограничената комуникација помеѓу тајната служба и полицијата. Во јуни 2002, Велика Британија, под изговор на антитероризмот, се обиде да внесе регулативи кои би имале мандат речиси сите локални и национални владини агенции да добијат пристап кон комуникацискиот податочен сообраќај без потреба од налог16.

Австралија воведе т.н. „Закон за терористи“, со цел да се пресретнува електронската пошта (давање на овластување на главната Австралиската безбедносна разузнавачка организација), креирање на напад насочен против подготовка и планирање на терористички акти и истиот овозможува терористичкиот имот да биде „замрзнат“ или одземен. Нов Зеланд воведе слични законски регулативи, со цел да се почитува билатералниот договор за правна хармонизација помеѓу овие две држави.

Индија, исто така, донесе сопствен „Декрет за заштита од тероризам“, овозможувајќи им на авторитетите да приведат осомничено лице без судење, во некои случаи да спроведат смртна казна, да вршат прислушкување и да ги одземат парите и имотот од осомничените терористи17.

14 E. S. Othman, Hide and Seek: Embedding Audio into RGB 24-bit Color Image Sporadically Using Linked List Concepts: IOSR Journal of Computer Engineering (IOSRJCE), Volume 4, Issue 1 (Sep-Oct. 2012), PP 37-44, http://iosrjournals.org/iosr-jce/papers/Vol4-issue1/G0413744.pdf

15 E. Waak, The Global Reach of Privacy Invasion, Humanist, November/December: http://www.thehumanist.org/humanist/articles/waakND02.htm

16 K. Curran&Others, Civil Liberties and Computer Monitoring, 2004: http://www.jiti.com/v05/jiti.v5n1.029-038.pdf17 Ibed

66

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Одредени држави, како што е случајот со САД и Австралија, препорачуваат поставување на центар за мрежно оперирање во сајбер- просторот, каде ќе бидат вклучени провајдери на Интернет-услуги и развивачи (програмери) на компјутерски хардвер и софтвер.

Нивната задача е да развијат безбедна технологија, како интелигентен софтвер за анализа, која ќе биде способна да се провлекува и да ги анализира постојните податоци, како јавните така и приватните, со цел да се откријат сомнителни активности18.

Мултилатерални одговори на заканите од сајбер-тероризмот

Одговор на сајбер-тероризмот од страна на Северноатлантската договорна организација (НАТО)

Како софистицирана политичко-воена алијанса, НАТО веќе долго време е запознаена со употребата и одбраната од електронска и информатичка војна. Со години НАТО е вклучено во напорите за трансформација на воената организација и спроведување на операции преку „мрежно ориентирано војување“ и „мрежно овозможени способности“. На Самитот во Прага, во ноември 2002 година, лидерите на НАТО решија да ги зајакнат своите способности за одбрана од сајбер-напади19. Одлуката во Прага резултираше со голем број иницијативи. Иницирана е нова „НАТО- програма за сајбер -тероризам“, инволвирајќи различни НАТО-тела: НАТО-агенција за услуги на комуникациско-информациски системи (NCSA), опишана како „првата линија за одбрана од сајбер-тероризмот“ на Алијансата; Технички центар на НАТО за информатичка безбедност (NITC), одговорен за комуниксции и компјутерска безбедност; Оперативен центар на НАТО за информатичка безбедност, одговорен за менаџмент со криптографаска опрема и координација при одговор на сајбер-напад против НАТО; Способност на НАТО за одговор на компјутерски инцидент (NCIRC), чија задача е заштита на криптираните комуникации и системи на НАТО20.

По сајбер-нападот против Естонија, во април и мај 2007 година, министрите во НАТО се согласија за новата контура на концептот на НАТО за сајбер-одбрана, кој се донесе во Nordwijk, во октомври 2008 година,21 кој на почетокот на 2008 година се разви во „Политика на НАТО за сајбер- одбрана22. НАТО-членките со оваа Политика подетално беа запознаени на Самит на НАТО одржан во април 2008 година. Во Букурешт23.

По Самитот во Букурешт формиран е НАТО-авторитет за менаџмент со сајбер-одбраната (CDMA), со цел да се соединат клучните актери на НАТО во активностите поврзани со сајбер-одбраната, подобро менаџирање на сајбер-одбраната и поддршка на која било членка на Алијансата во одбрана од сајбер-напад по нејзино барање24.

18 B. Simons, & E. H. Spafford, Inside Risks 153 , Communications of the ACM, 46(3), March 200319 NATO Prague Summit Declaration Article 4(f), 21 November 2002: http://www.nato.int/docu/pr/2002/p02-127e.htm. 20 NATO Communication and Information Systems Services Agency: http://www.ncsa.nato.int/topics/combat-

ing_cyber_terrorism.htm21 European Security and Defence Assembly, ‘Cyber warfare’ (Assembly of the Western European Union, Defence

Committee Report C/2022. 5 November 2008), p.19.22 NATO, ‘Defence against cyber attacks’, 26 June 2008: http://www.nato.int/issues/cyber_defence/index.html.23 NATO, Bucharest Summit Declaration, Art. 47, 3 April 2008: http://www.nato.int/docu/pr/2008/p08-049e.html.24 NATO, ‘Defending against cyber attacks: what does this mean in practice?’, 31 March 2008: http://www.nato.

67

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Во исто време, лидерите на Алијансата со согласија за формално воспоставување на НАТО-кооперативен центар за сајбер-одбрана (CCD-CoE), кој што е во развој од 2004 година. Значењето на CCD-CoE, со седиште во Талин, е истакнато при нападите над Естонија во 2007 година, а во октомври 2008 година Советот на НАТО му даде на CCD-CoE целосна акредитација и статус на Меѓународна Воена Организација25.

„Мисијата и визијата“ на CCD-CoE се опишани на следниот начин: „подобрување на кооперативните способности за сајбер-одбрана на НАТО и НАТО-членките, а со тоа и „подобрување на интероперативноста на Алијансата во областа на кооперативна сајбер-одбрана” и да се биде „основен извор на НАТО за екепертиза од областа во прашања поврзани со кооперативната сајбер безбедност”.26 Организацијата има седум „нации-спонзори“: Естонија, Германија, Италија, Латвија, Литванија, Словачка и Шпанија. Во ноември 2008 година, САД се согласија да станат спонзор, а намерата за станување на спонзор ја објави и Турција. Поканата за членство е отворено за сите НАТО-членки, додека државите кои не се членки на НАТО, универзитети, истражувачки институции и фирми можат да се приклучат како „помошни членки“.

Обединети нации (ОН)Сајбер-безбедноста е една од главните теми на традиционалните дебати за

безбедносна политика во системот на ОН и тоа вообичаено оние дебати кои се поврзани со заканите од тероризмот и во форма на Резолуции на Советот за безбедност при ОН27. Темата е опфатена во работата на Комитетот за контратероризам при Советот за обрана,28 и е спомената во Стратегијата за глобален контратероризам на ОН.

Во вториот случај, целта не е само „контратероризмот“ во сите форми и манифестации преку Интернет, но, исто така, со поактивен пристап да се „употреби Интернетот како алатка за борба против ширењето на тероризмот“.29 Пошироко во системите на ОН, сајбер-безбедноста е редовно призната како централна карактеристика која константно ќе се развива во меѓународната агенда за интернационална безбедност.

Во системот на ОН, Меѓународната унија за телекомуникации (ITU) има најголема одговорност за практичните аспекти и апликации на меѓународната сајбер-безбедност.

Мисијата на ITU го опфаќа прашањето за сајбер-безбедноста во директна смисла. Целта на организацијата е да се развие доверба во употребата на сајбер-просторот преку зајакната он-лајн безбедност. Постигнувањето сајбер-безбедност и сајбер-мир се помеѓу покритичните загрижености во овој информатички развој и ITU презема конкретни мерки преку својата Агенда за глобална сајбер-безбедност.30

int/issues/cyber_defence/practice.html..25 CCD-CoE, ‘History and way ahead’: http://www.ccdcoe.org/12.html26 CCD-CoE, ‘Mission and Vision’: http://www.ccdcoe.org/11.html27 See UN Security Council Resolution 1373: reference to ‘use of communications technologies by terrorist groups’

(28 September 2001, para. 3(a)): http://www.un.org/News/Press/docs/2001/sc7158.doc.htm. UN Security Council Resolution 1624 refers to the need to ‘prevent terrorists from exploiting sophisticated technology, communications and resources’ (14 September 2005, p.2): http://daccessdds.un.org/doc/UNDOC/GEN/N05/510/52/PDF/N0551052.pdf?OpenElement.

28 UN Security Council Counter-Terrorism Committee: http://www.un.org/sc/ctc/index.html. See also UN Security Council, ‘Report of the Counter-Terrorism Committee to the Security Council on the implementation of resolution 1624 (2005)’ (S/2006/737, 15 September 2006), paras 6, 16, 43: http://daccessdds.un.org/doc/UNDOC/GEN/N06/520/37/PDF/N0652037.pdf?OpenElement.

29 The Use of Interent for Terrorist Purposed: United Nations Office on Drugs and Crime - Viena, (September 2012, p.vi), http://www.unodc.org/documents/frontpage/Use_of_Internet_for_Terrorist_Purposes.pdf.

30 ITU Global Cybersecurity Agenda (GCA, Framework for International Cooperation in Cybersecurity), ITU

68

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Во септември 2008 година, ITU и Меѓународното мултилатерално партнерство против сајбер-закани (IMPACT) потпишаа договор според кој GCA се преместува во седиштето на IMPACT во „Cyberjaya“, Малезија.31

Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД)Упатствата за безбедност на информациските системи и мрежи,издадени во

2002 година од страна на Директоратот за наука, технологија и индустрија на ОЕЦД, станаа нешто како стандардна референтна точка за национални и меѓународни сајбер-безбедносни иницијативи. Необврзувачките упатства се усвоени од страна на 19 од вкупно 30 членови на ОЕЦД и Бразил, како и од Европската заедница. Упатствата повикуваат за партиципативен пристап кон сајбер-безбедноста на владите, бизнис-заедниците и поединци чија цел е развивање на „поголема свест и разбирање на безбедноста“ и помагање во создавање на „култура на безбедноста“.

Упатствата се засновуваат врз девет комплементарни принципи со кои се организира и спроведува културата на безбедноста: свест (за потребата за сигурност на информациските системи); одговорност (на сите учесници за безбедност на информациските системи и мрежи); одговор (на безбедносните инциденти треба да е навремен и кооперативен); етика (почитување на легитимните интереси на други корисници и промоција на најдобра практика); демократија (безбедносните мерки треба да бидат компатибилни со основните вредности на демократско општество); проценка на ризикот (широка проценка на заканите и слабостите, како основа за управување со ризикот); дизајнирање на безбедноста и имплементација (безбедносните мерки треба да се суштинска одлика на информациските системи и мрежи); управување со безбедноста (сеопфатен пристап со вклучување на сите учесници на сите нивоа, обраќајќи се на заканите, како што тие се појавуваат); преоценување (континуирана ревизија, преиспитување и промена на безбедносните мерки соодветно на еволуцијата на ризиците )32.

Други сајбер-безбедносни иницијативи на ОЕЦД вклучуваат серија извештаи за безбедноста на информациите и приватноста, вклучувајќи и теми како што се националните упатства за информатичка безбедност, насоки на ОЕЦД за политиките за идентификација на радиофреквенција и многу други;33 и конечно Работната група за безбедноста на информациите и приватноста, чија цел е да обезбеди „фондација за развој на национално координирани политики“34.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ)ОБСЕ сè повеќе го зголемува интересот за предизвикот на сајбер- безбедноста. Во

Декември 2004 година, Министерскиот совет на ОБСЕ реши да се посвети на „степенот на користење на Интернетот од страна на терористички организации“, вклучувајќи

2007, http://www.ifap.ru/library/book169.pdf31 Curbing Cyberthreats–IMPACT: http://www.itu.int/osg/csd/cybersecurity/gca/impact/index.html32 OECD, Guidelines for the Security of Information Systems and Networks: Toward a Culture of Security (Paris:

OECD, 25 July, 2002), pp. 9-12: http://www.oecd.org/document/42/0,3343,en_2649_34255_15582250_1_1_1_1,00.html33 OECD Resources on Policy Issues Related to Internet Governance: http://www.oecd.org/document/21/0,3343,

en_21571361_34590630_34591253_1_1_1_1,00.html 34 OECD Working Part on Information Security and Privacy: http://www.oecd.org/document/46/0,3343,

en_2649_34255_36862382_1_1_1_1,00.html

69

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

голем број активности, како на пример, регрутирање на терористи, собирање парични средства, организација и пропаганда35. Две години подоцна, министрите за надворешни работи повикаа на поголема меѓународната соработка и вложување на повеќе напори за заштита на „витални критични информациски инфраструктури и мрежи од заканата на сајбер-напади“.

Од земјите-учеснички беше побарано повнимателно да се следат Web-страниците на терористичките и екстремистичките организации и да се разменуваат информации со другите влади во ОБСЕ и други соодветни форуми, а побарано е и „поактивно уче-ство на граѓанското општество, институциите и приватниот сектор во спречувањето и борбата против употребата на Интернет за терористички цели”.36 Постојаниот совет на ОБСЕ, исто така, е место каде често се дебатира за сајбер-безбедноста37. Во јуни 2008 година, на пример, естонскиот министер за одбрана Jaak Aaviksoo зборуваше дека на полето на сајбер –безбедноста „е потребно да се направи извонредно огромна работа“38.

Форумот за безбедност и соработка (ФБС) на ОБСЕ, исто така, придонесе за вклучување на организацијата во полето на сајбер-безбедноста. Иако работата на ФБС е пошироко концентрирана и тоа на контролата на оружјето, разоружувањето и на мерките за градење на доверба,39 сепак, во последно време, Форумот почна повеќе да се интересира за сајбер- безбедноста. Во октомври 2008 година, ФБС (на заедничка седница со Постојаниот совет), одлучи да распише ОБСЕ-работилница за сеопфатен пристап на ОБСЕ кон подобрување на сајбер-безбедност која се одржа во март 200940. Конечно, ОБСЕ ги поддржува и националните напори, како на пример ерменските Сили за сајбер-криминал и сајбер-безбедност41.

Совет на Европа (СЕ)Придонесот на СЕ во меѓународната сајбер-безбедносна политика е пред сè преку

Конвенцијата за сајбер-криминал, која беше отворена за потпишување во ноември 2001 година, а која стапи на сила во јули 2004 година. Важно е да се напомене дека иако Конвенцијата е потпишана од 46 држави, вклучувајќи ги и Канада, Јапонија, Јужна Африка и САД, таа до сега е ратификувана само од 26 држави, вклучувајќи ги и Македонија, Албанија, Хрватска, Естонија, Унгарија, Литванија, Романија и Словенија;11 членки на ЕУ сè уште ја немаат ратификувано оваа Конвенција, а пет земји-членки на СЕ ја немаат воопшто потпишано (вклучувајќи ја и Русија). Конвенцијата е потпишана и ратификувана и од земји кои не се членки на СЕ (Канада, Јапонија, Јужна Африка, САД)42. Шеснаесет други земји кои не се членки на Советот на Европа се

35 OSCE Ministerial Council Decision 3/04: Combating the Use of the Internet for Terrorist Purposes, 7 December 2004: http://www.osce.org/documents/mcs/2004/12/3906_en.pdf

36 OSCE Ministerial Council Decision 7/06: Countering the Use of the Internet for Terrorist Purposes, 5 December 2006: http://www.osce.org/documents/mcs/2006/12/22559_en.pdf

37 OSCE Permanent Council: http://www.osce.org/pc/38 OSCE Permanent Council, ‘OSCE can play important role in cyber security, says Estonian defence Minister’,

Vienna, 4 June 2008: http://www.osce.org/pc/item_1_31483.htm 39 OSCE Forum for Security Co-operation: http://www.osce.org/fsc/ 40 OSCE FSC/PC 36th Joint Meeting, FSC Decision No. 10/08, ‘OSCE Workshop on a Comprehensive OSCE

Approach to Enhancing Cyber Security’, 29th October 2008: http://www.osce.org/fsc/ 41 OSCE, ‘OSCE office organises discussion in Yerevan on cyber security threats’, 21 March 2006: http://www.

osce.org/item/18450.html 42 Council of Europe, ‘Global reach of the Council of Europe Convention on Cybercrime’: http://www.coe.

70

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

пријавени дека се „запознаени за користење на Конвенцијата како упатство за нивното национално законодавство,вклучувајќи ги Бразил и Индија”.

Конвенцијата на Советот на Европа за компјутерски криминал е значајна од неколку аспекти. Прво, Конвенцијата ги определува нелегалните активности и практики кои се произнесуваат преку спектарот на сајбер -безбедносните закани. Второ, Конвенцијата воспостави заеднички стандарди и процедури, кои се правно обврзувачки за нејзините потписници. Трето, Конвенцијата е отворена за земјите-членки на Советот на Европа и други, со што се зголемува нејзиниот авторитет како меѓународен инструмент. Конечно, Конвенцијата воведе барања за справување со податоците и пристапот кои довеле до загриженоста во врска со Законот за приватност и граѓански слободи.

Земјите на Г-8Главниот придонес на Г-8 во меѓународната политика за сајбер- безбедност е

Подгрупата за високотехнолошкиот криминал, формирана како подгрупа на „Lyon“-групата од 1996 година за борба против транснационален организиран криминал. Целта на оваа подгрупа беше да се „подобри способноста на земјите на Г-8, за заштита, истражување и гонење злостворства извршени со употреба на компјутери, мрежни комуникации, како и други нови технологии”. Мисијата на подгрупата потоа била проширена за да се вклучи употребата на Интернетот од страна на терористи и заштитата на критичната информациска инфраструктура. Подгрупата се обидува да се справи со сајбер-криминалот не само во рамките на надлежностите на Г-8 -земјите, туку и да креира насоки кои би можеле да ги искористат и имплементираат и другите држави. Подгрупата креира 24/7 Мрежа за контакти за високотехнолошки криминал, како и меѓународен Директорат за заштита на критичната информациска инфраструктура (CCIP). Подгрупата ги има публикувано најдобрите практични документи и упатства за проценка на заканите на компјутерската и мрежната безбедност и има организирано меѓународни конференции за обука за агенциите сајбер- криминал.

ЗаклучокВо овој труд е даден краток преглед за поимот сајбер-тероризам и опишани се

најпознатите сајбер-терористички напади. Земајќи предвид дека сајбер-терористите користат се попаметни методи и алатки за да нападнат компјутерски системи и владини институции, а главна цел им е да ги остварат своите цели, националната и светстката безбедност се изложени на сè поголем ризик.

Во вториот дел од трудот претставен е одговорот на предизвиците на сајбер-без-бедноста, како на национално ниво, така и од различни меѓународни организации. НАТО, на пример, е долгогодишна политичко-воена организација, со долгогодишно искуство во областа на сајбер- тероризмот и сајбер-безбедноста.

Едно од ограничувањата што се јавуваат при преземањето на различните сајбер-безбедносни мерки е балансот што треба да се направи помеѓу безбедносните мерки и граѓанската слобода. Исто така, треба да се направи баланс помеѓу обезбедувањето на специфичните интереси на одредена организација или влада и барањата за бенефитот на сите легитимни корисници, со цел да се формира меѓународна комуникациска и

int/t/dc/files/themes/cybercrime/WorldMapCybercrime_E_2008_10_06.pdf

71

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

технолошката околина којашто ќе биде колку што е можно понепријателски настроена кон амбициите на сајбер-терористите и екстремистите, сајбер- криминалците и „хакерите“.

ЛИТЕРАТУРА

S. Best, Defining Terrorism: http://www.drstevebest.org/Essays/Defining%20Terrorism.htmwww.symantec.com/avcenter/reference/cyberterrorism.pdfM. Cereijo Cuba the threat II: Cyberterrorism and Cyberwar, 16 Maj 2006: http://www.lanuevacuba.

com/archivo/manuel-cereijo-110.htmR. L. Dick, Director, National Infrastructure Protection Center, FBI Federal Bureau of Investigation,

Before the House Energy and Commerce Committee, Oversight and Investigation Subcomittee Washington, DC, 05 April 2001, http://www.fbi.gov/news/testimony/issue-of-intrusions-into-government-computer-networks

www.terror.net: How Modern Terrorism Uses the Internet, 21 February 2007: http://www.asiantri-bune.com/index.php?q=node/4627

R. Lemos, Cyberterrorism: The real risk, 2002: http://www.crime-research.org/library/Robert1.htmD.Briere, P.Hurley, Wireless network hacks and mods for dummies, 2005, Wiley.A. Jahangiri, Cyberspace, Cyberterrorism and Information Warfare: A Perfect Recipe for Confusion:

http://www.alijahangiri.org/publication/Cyberspace-Cyberterrorism-and-Information-Warfare-A-Perfect-Recipe-for-Confusion.htm

K. Curran&Others, Civil Liberties and Computer Monitoring, 2004: http://www.jiti.com/v05/jiti.v5n1.029-038.pdf

B. Simons, , & E. H. Spafford, Inside Risks 153 , Communications of the ACM, 46(3), March 2003NATO Prague Summit Declaration Article 4(f), 21 November 2002: http://www.nato.int/docu/

pr/2002/p02-127e.htm. NATO Communication and Information Systems Services Agency: http://www.ncsa.nato.int/topics/

combating_cyber_terrorism.htmEuropean Security and Defence Assembly, Cyber warfare (Assembly of the Western European Union,

Defence Committee Report C/2022.), 5 November 2008/NATO, Defence against cyber attacks, 26 June 2008: http://www.nato.int/issues/cyber_defence/index.

html.NATO, Bucharest Summit Declaration, Art. 47, 3 April 2008: http://www.nato.int/docu/pr/2008/p08-

049e.html.[19] NATO, Defending against cyber attacks: what does this mean in practice?, 31 March 2008: http://

www.nato.int/issues/cyber_defence/practice.html.CCD-CoE, History and way ahead: http://www.ccdcoe.org/12.htmlCCD-CoE, Mission and Vision: http://www.ccdcoe.org/11.htmlUN General Assembly, The United Nations Global Counter-Terrorism Strategy (A/Res/60/288, 20

September 2006), paras 12(a), 12(b): http://daccessdds.un.org/doc/UNDOC/GEN/N05/504/88/PDF/N0550488.pdf?OpenElement.

Curbing Cyberthreats – IMPACT: http://www.itu.int/osg/csd/cybersecurity/gca/impact/index.htmlOECD, Guidelines for the Security of Information Systems and Networks: Toward a Cul-

ture of Security (Paris: OECD, 25 July, 2002): http://www.oecd.org/document/42/0,3343,

72

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

en_2649_34255_15582250_1_1_1_1,00.htmlOECD Resources on Policy Issues Related to Internet Governance: http://www.oecd.org/document/2

1/0,3343,en_21571361_34590630_34591253_1_1_1_1,00.htmlOECD Working Part on Information Security and Privacy: http://www.oecd.org/document/46/0,3343,

en_2649_34255_36862382_1_1_1_1,00.htmlOSCE Ministerial Council Decision 3/04: Combating the Use of the Internet for Terrorist Purposes, 7

December 2004: http://www.osce.org/documents/mcs/2004/12/3906_en.pdfOSCE Ministerial Council Decision 7/06: Countering the Use of the Internet for Terrorist Purposes, 5

December 2006: http://www.osce.org/documents/mcs/2006/12/22559_en.pdfOSCE Permanent Council: http://www.osce.org/pc/OSCE Permanent Council, OSCE can play important role in cyber security, says Estonian defence

Minister, Vienna, 4 June 2008: http://www.osce.org/pc/item_1_31483.htmOSCE Forum for Security Co-operation: http://www.osce.org/fsc/OSCE FSC/PC 36th Joint Meeting, FSC Decision No. 10/08, OSCE Workshop on a Comprehensive

OSCE Approach to Enhancing Cyber Security, 29th October 2008: http://www.osce.org/fsc/OSCE, OSCE office organises discussion in Yerevan on cyber security threats, 21 March 2006: http://

www.osce.org/item/18450.htmlCouncil of Europe Convention on Cybercrime: http://www.i-policy.org/2010/06/council-of-europe-

convention-on-cybercrime.htmlCouncil of Europe Convention on Cybercrime: http://conventions.coe.int/treaty/Commun/ChercheSig.

asp?NT=185&CM=8&DF=&CL=ENGCouncil of Europe, Global reach of the Council of Europe Convention on Cybercrime: http://www.coe.

int/t/dc/files/themes/cybercrime/WorldMapCybercrime_E_2008_10_06.pdfMeeting of G8 Justice and Home Affairs Ministers, G8 Sea Island Summit, 11 May 2004: http://www.

usdoj.gov/criminal/cybercrime/g82004/g8_background.htmlCyber Security Organization Catalog, Group of Eight (G8): http://www.cistp.gatech.edu/catalog/one-

Org.php?id=3

73

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA 73

323.285:179.7(100)Прегледен научен труд

ГЛОБАЛЕН САМОУБИСТВЕН ТЕРОРИЗАМ

Тања МИЛОШЕВСКА1

Апстракт: Овој труд потврдува дека варијаблите на занимањето, национализмот, верските разлики и бунтот се неопходни варијабли за самоубиствените напади. Само-убиствените напади се усвоени како метод на кој се прибегнува со цел да се предизвика ескалирање на бунтовите наместо да се предадат на странска окупација. Кога терори-стичките групи или бунтовниците се присилени да одлучат меѓу предавање на странска окупација или дигање бунтови, оние кои ќе изберат да ја ескалираат ситуацијата ги применуваат самоубиствените напади. Способноста самоубиствениот тероризам да се перципира само како реакција на странска окупација, а не како творба на исламскиот фундаментализам, има значителни импликации за тоа како владите треба да ја водат војната против тероризмот. Следејќи ја анализата на тероризмот и трендот на самоубиствениот тероризам, трудот објаснува дека самоубиствените напади се радикално засилени и претворени во глобален феномен.

Клучни зборови: самоубиствени напади, тероризам, терористички организации, гло-бална закана.

ВоведСамоубиствените напади претставуваат целна употреба на само-уништувачки лица

против перципираниот непријател за политички цели. Самоубиствениот тероризам генерално се дефинира како „подготвеност за жртвување

на нечиј живот во процесот на уништување или во обидот да се уништи одредена цел во името на промовирање на некоја политичка цел“ (Gunaratna 2000).

Овој феномен е тесно поврзан со четвртиот бран, или религиозен – тероризам, иако го практикуваат и секуларни групи (Rapoport 2004). Самоубиствениот тероризам се разликува од „класичниот“ тероризам по тоа што терористот планира да се убие себеси при извршувањето на операцијата. Самоубиствените бомбашки напади можат да се користат во воени операции (целење на воен персонал, инфраструктура, итн.) или да бидат насочени кон цивилни цели. Во вториот случај, самоубиствените напади стануваат „цел сама за себе, осмислени да го те-роризираат цивилното население и да поттикнат одредена политичка промена“ (Bloom 2005).

Самоубиството како прифатена оперативна стратегија датира од античко време. Од друга страна, пак, самоубиствените бомбаши се понов феномен. Самоубиствените бомбаши претставуваат отелотворение на паметни бомби; тој или таа може да ги избегне сите одбрани,

1 The Author, PhD, is assistant at the Institute for Security, Defense and Peace,Skopje

74

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

да продре до срцето на непријателот, да ја прекине мисијата кога тоа е потребно, да ги промени целите по кусо размислување и откако ќе експлодира, останува малку за истражителите. Самоубиствените бомбаши претставуваат многу ефикасен начин на убивање. Во интервју во септември 2004, лидерот на Хамас, шеикот Хамед ал Бетави, изјави: „Нашиот народ нема авиони и тенкови, само човечки бомби“.

Самоубиствените напади се проширија во глобални рамки, со сè поголема стратешка важност бидејќи нивните уништувачки ефекти влијаат врз политичката, економската и социјалната рутина на националното постоење и меѓународните односи.

Стратешката логика на самоубиствените напади

Не постои голема поврзаност меѓу верскиот фундаментализам (што значи и со религијата) и самоубиствените напади. Главниот поттикнувач на самоубиствени напади во периодот помеѓу 1980 и 2001 година беа „Тамилските тигри“ во Шри Ланка, радикална националистичка група чии членови доаѓаат од хинду-семејствата, но кои енергично се спротивставуваат на верата. Верата ефективно ја користат палестин-ските радикални групи „Хамас“, „Палестинскиот исламски џихад“ и „Маченичките бригади на Ал Акса“ за регрутирање на самоубиствени напаѓачи и за собирање на оперативни средства. Меѓутоа, лидерството на овие организации им секуларна цел: да ја принуди израелската влада да ја промени својата политика и да ги напушти палестинските територии. Поентата се состои во тоа што иако некои самоубиствени напаѓачи можат да бидат ирационални или фанатици, тоа не е случај и со лидерите на тие групи кои ги регрутираат и ги насочуваат (Pape 2005).

Студијата на Пејп ја нуди теоријата дека самоубиствените напади следат стратешка логика, специфично дизајнирана да ги принудат современите либерални демократии на значителни политички и територијални отстапки. Според Пејп, причината за зголемувањето на бројот на самоубиствени напади во последниве две децении се должи на фактот што „терористите научија дека тие се исплаќаат“. Самоубиствените напади на припадниците на Хезболах и Хамас уште во 1983 беа многу успешни, принудувајќи ги американските и француските трупи да го напуштат Либан, а израелските трупи да се откажат од Либан во 1985 и од појасот Газа и Западниот Брег во 1994 и 1995 година. „Тамилските тигри“ успеваат да добијат големи политички и територијални отстапки од владата на Шри Ланка од 1990 г. до денес со примена на истата тактика. Во 1990-тите години, самоубиствените напади на Курдистанската народна партија придонесоа турската влада да направи делумни културни и политички отстапки. Повлекувањето на американските трупи од Саудиска Арабија во 1996 г., по терористичките напади од поддржувачите на „Ал Каеда“, исто така се вклопува во оваа шема.

Критиката на Пејп му дава поголема димензија на видувањето дека, иако странската окупација може да ги објасни шемите на „традиционалните“ или „локализирани“ самоубиствени напади, со неа не може да се објаснат групите како Ал Каеда кои се ангажираат во „глобализација на мачеништвото“, во служба на мошне небулозни цели.

Следејќи ја логиката на самоубиствениот тероризам, треба да се направи раз-

75

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

лика меѓу мотивирање да се донесе политичка одлука за започнување на маченичка кампања (стратешко ниво на анализа) и фактори кои ги мотивираат поединците да послужат како самоубиствени бомбаши (индивидуално и структурно ниво на анализа) (Ismayilov 2010).

Постојат 8 клучни фактори кои ја објаснуваат корисноста на самоубиствениот тероризам.

1. Самоубиствените напади се посмртоносни од нивните конвенционални пандани.

2. Тие се многу ефективни за gaining the spotlight и меѓународно внимание. 3. Овозможувајќи одредени општествени околности, самоубиствените напади

градат солидарност со политичката база. 4. Тие можат да ја пренасочат или да ја намалат можноста за реакции заради

цивилни жртви. 5. Самоубиствените напади можат да послужат како „автопропаганда“,

мотивирајќи го внатрешното членство на групата. 6. Можат да се искористат за здобивање на предност од другите конкурентни

терористички групи. 7. Како што беше наведено и погоре, самоубиствените напади се евтини. 8. Понекогаш е рационално да создаваш впечаток дека си ирационален (Gottlieb

2010).Присилната логика на самоубиствениот тероризам се состои во тоа што

стратегијата има цел да присили одредена влада да ја смени својата политика преку нанесување на болка и казна на тоа општество до степен што ќе ја присили владата да ја промени својата политика или ќе го поттикне населението на бунт против владата. Принудната природа на самоубиствениот тероризам како стратегија на слаб актер се потпира на изнудување на идно очекување на штета. Подготвеноста на самоубиствените бомбаши да погинат го зголемува ефектот на оваа казна и генерално нанесува поголема штета отколку другите типови на терористички напади. Ваквите напади се многу убедлив начин да се сигнализира и веројатност за иден напад. Терористичките групи кои се потпираат на оваа тактика се во подобра позиција од другите терористички групи во однос на зголемувањето на очекувањата за ескалирање на идните трошоци бидејќи тие намерно ги прекршуваат нормите во користењето на насилство преку надминување на нивоата на штета, разоткривање на тоа што може да се смета за легитимна цел и што помага во регрутирање на лица (Reichert 2010).

Постојат неколку причини зошто самоубиствените мисии станаа изборот на оружје за многу бунтовнички групи. Тука спаѓаат:

1. Големо психолошко влијание и исклучителна медиумска покриеност.2. Самоубиствените мисии служат како симболи на посветеност, заложба и исламско мачеништво. 3. Тие служат како извори за политичка и финансиска поддршка од заедницата и помагаат во регрутирањето на потенцијални самоубиствени бомбаши (Cordesman, 2005).

76

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Терористички групи кои користат самоубиствени бомбашки напади

Сведоци сме на феноменот на сè поголема популарност на исламистички фун-даменталистички терористички групи, иако ги користат различни групи на различни локации. Групите кои се способни за самоубиствени напади се разликуваат по форма, големина, ориентација, цел и поддршка. Прегледот на клучните карактеристики на 10 групи способни за самоубиствени напади укажува дека секоја група може да набави технологија за самоубиствени бомби и да се ангажира во самоубиствен тероризам. Некои од самоубиствените групи се мотивирани од вера, верско -етнички национа-лизам или етнички национализам.

Самоубиствените операции се атрактивни за терористичките организации, бидејќи резултираат со многу жртви, предизвикуваат значителни штети, го привле-куваат вниманието на медиумите, гарантираат најпогодно време и место во однос на околностите на локацијата на целта, исклучително се тешки да се спречат и не бараат план за бегство. Денес постојат околу 10 верски и секуларни терористички групи кои се способни да го применуваат самоубиствениот тероризам како тактика против нивните и/или странски влади. Тие се: Исламското движење на отпорот (Хамас) и Палестинскиот исламски џихад на израелските окупирани територии, Хизбулах во Либан, Египетскиот исламски џихад и Гамаја Исламија (Исламска група) во Египет, Вооружената исламска група во Алжир, Барбар Калса интернешанал во Индија, „Ослободителните тигри“ на Тамил Елам во Шри Ланка, Курдистанската работничка партија во Турција и мрежата на Осама бин Ладен (Ал Каеда).

Самоубиствените бомбаши се опишуваат како „крајно асиметрично оружје“. Тие брзо станаа изборот на оружје за многу терористички групи. Самоубиствените бомбашки напади имаат голема симболичка вредност бидејќи волјата на бомбашот да загине ја сигнализира неговата голема решителност и посветеност на каузата. Тие служат како симболи на праведноста на нивната борба, ја поттикнуваат јавната под-дршка, генерираат финансиска поддршка и стануваат извор на нови регрути за идни самоубиствени мисии. Од организациска перспектива, самоубиствените бомбашки напади претставуваат отелотворение на политичкиот реализам. Самоубиствените бомбаши ги принудуваат своите противници да прават отстапки. Бомбашите, со демонстрирањето на нивната безмилосна решителност, ги потиснуваат другите помалку сурови организации, таканаречената „теорија на учество на пазарот“ на са-моубиствените бомбашки напади. Самоубиствените бомбаши постигнуваат највисок процент на убиства од кој било друг вид на терористички напади. Просечниот број на жртви при напад со пукање е 3,32, при напад со далечински управувани експлозивни средства изнесува 6,92, при самоубиствен напад со експлозивен елек е 81,48 и при напад со возило со експлозив изнесува 97,81 (Pedahzur & Perlinger 2006).

Како тактика, самоубиствените бомбашки напади можат да бидат исклучител-но ефикасни и ефективни. Експлозивите се прецизно насочени кон одредена цел со помош на најдиректната можна форма на човечко водење, со физичко лоцирање и тајминг на експлозивното средство со целосна човечка контрола. Плановите за избор

77

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

на жртвата можат да се модифицираат по мислење на бомбашот, како што налагаат околностите. Заради можноста да се менува мислењето на терен, штетата која може да и се нанесе на целта може да биде поголема отколку онаа која е предизвикана со конвенционално водени оружја кои, во секој случај, не се достапни ниту исплатливи за оние кои планираат вакви напади. Самоубиствените бомбашки напади се особено деструктивни кога ги вршат поспособни напаѓачи насочени кон внимателно избрани цели (Frost 2009). Осумдесет проценти од самоубиствените бомбашки напади кои се случиле по 1968 година биле извршени по 11 септември. Овој процент се искачи на 95% до 2007 година.Глобалните трендови од 1981-2011година покажуваат дека се случиле 2297

самоубиствени бомбашки напади во кои загинале 29951 лица во 36 земји.Самоубиствените бомбашки напади сочинуваат 4 % од сите терористички

напади, но тие се причина за 32% од сите жртви на терористички напади.

Година Просечен број на с а м оуб и с т ве н и напади годишно

Број на смртни с л у ч а и п о с а м о у б и с т в е н напад*(се однесува на минималниот број на убиени)

Просечен број на несамоубиствении т е р о р и с т и ч к и напади годишно

Број на смртни с л у ч а и п о несамоубиствен напад

1981-2006 46 12 1094 1.1

Смртност на самоубиствените напади (MIPT & FUSTD 2008)

„Окупациската теорија“ на Пејп и Фелдман тврди дека самоубиствениот те-роризам не е предизвикан од исламскиот фундаментализам, туку од странската оку-пација. Како што наведуваат авторите, „она што е заедничко за сите самоубиствени терористички напади е тоа што тие се случуваат како централна карактеристика на насилниот отпор на странска окупација на територија која терористите ја сметаат за своја татковина или високо ја ценат“. Целта на бомбашот, тврдат авторите, се речиси секогаш воените сили на демократиите. Демократиите се под поголемо влијание на јавното мислење. Целта на самоубиствените бомбаши е да ја поткопа јавната под-дршка на граѓаните од окупаторските земји во однос на окупацијата, и на тој начин да го забрзаат крајот на окупацијата.

Во поддршка на својата теза, авторите презентираат детални студии на случаи за каузите на самоубиствениот тероризам во: Ирак, Авганистан, Пакистан, Либан, Израел и Палестина, Чеченија и Шри Ланка. Секоја земја се проучува од аспект на неколку варијабли: бројот на терористички групи; природата, целите, оружјето и целите на теро-ристичките групи; специфичната траекторија на самоубиствените напади и локалното регрутирање и поддршката од заедницата за терористичките групи. Како илустрација

78

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

и за докажување на оваа хипотеза, пред 1 септември, единствениот самоубиствен бом-башки напад во Авганистан беше нарачаното убиство на лидерот на антиталибанската Северна Алијанса, Ахмад Шах Масуд на 9 септември 2001 година (Coll 2004).

По завршувањето на инвазијата, во периодот помеѓу 2001 и 2005 година, во Авганистан имало само четиринаесет самоубиствени напади. Во 2006 имало 93. До 2007, бројката се искачи на 137, а една година подоцна на 138 и во 2009 на 98. Авторите тврдат дека проширувањето на Меѓународните сили за безбедност и помош (ИСАФ) низ Авганистан (особено во јужната традиционално Паштун територија на земјата); последователното зголемување на поддршката на силите и бројот на коалициските бази и придружната примена на проблематичната американска тактика (воздушни напади со големи колатерални штети и ноќни напади) биле причина многу Авгани-станци да поверуваат дека нивната земја е всушност окупирана (Pape & Feldman 2010).

Ова верување, според авторите, уште повеќе се зацврстило со оглед на коруп-цијата и широко распространетата оттуѓеност на владата на Карзаи.

Можеме да тврдиме дека странската воена окупација, а не исламскиот фун-даментализам, таканаречената „исламска приказна“, е основната причина за само-убиствениот тероризам. Како примери на секуларизацијата на самоубиствените бомбашки напади можат да се земат „Ослободителните тигри“ на Тамилски Елам, Курдистанската работничка партија и Хезболах, со оглед на фактот што ниту една од нив не е исламска и сите работат за националистички, односно политички цели.

Самоубиствените убијци претставуваат идеално оружје за терористичките организации. Живите бомби се рационален корисен инструмент во еден асиметричен конфликт. Тие комбинираат максимална добивка со минимален ризик, што претста-вува идеална констелација. Компаративните предности на самоубиствените напади ги вклучуваат следниве:Обуката на самоубиствени убијци не бара многу човечки ресурси. Тие

претставуваат оружје со кое лесно се ракува и има ниска цена.Самоубиствениот напаѓач нема потреба од заштита, ниту планови за

повлекување или бегство. Од тој аспект, планирачките потреби за ваква операција се мали.

Самоубиствениот напаѓач најчесто не може да биде фатен од непријателот бидејќи загубата на неговиот живот е дел од самата операција. Оттука, тој не може да пренесе информации на непријателот со испитување. Тоа во голема мера го отежнува процесот на прибирање на информации на непријателот.

Самоубиствениот напаѓач не може лесно да се пронајде, дури и ако се ангажираат повеќе човечки ресурси. Од таа причина, тешко е да се преземат превентивни мерки.

Тоа ја зголемува заканата по непријателот. Заканата демне секогаш и во секое време.

Самоубиствениот напаѓач може да направи измени во последен момент при извршувањето на операцијата. Тоа го прави многу флексибилно оружје.

79

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Самоубиствената операција ветува голема прецизност, ефективност во целењето и целосна материјална и психолошка штета на непријателот, што е најважно, кај цивилното население, каде се создава паника, хистерија и чувство на беспомошност (Kummel 2008).

Некои од овие предности укажуваат на комуникацискиот карактер на самоубиствениот тероризам конкретно, и на тероризмот генерално. Комуникациските ефекти се очекуваат во две димензии: тие не се насочени само кон психата на општеството на непријателот, туку повикуваат на бунт во рамките на самото општество и заедница. Испраќањето на пораки за небезбедност и закани до непријателското општество и испраќањето на пораки за мобилизација до сопственото општество одат рака под рака. Тоа што овозможува да се чујат овие пораки е „несветиот сојуз на тероризмот и медиумите“, односно фактот што медиумите ги прикажуваат терористичките акти на сензационален начин и им придаваат огромен публицитет. Терористичките организации сметаат на овој ефект; тој е интегрален дел од нивниот акционен план.

Конечно, овој труд дојде до заклучок дека присилниот успех на самоубиствените напади е можеби преценет. Иако самоубиствените напади претставуваат моќна тактика на принуда, нивните реални способности остануваат ограничени во однос на постигнувањето на отстапки или добивки од окупаторските власти.

Ефективната стратегија за борба против самоубиствениот тероризам бара фазен пристап кој функционира на три нивоа, на координиран начин:

1. Последната линија на одбраната вклучува обид за заштита на чувствителните населенија и инсталации од напад. Со развој и примена на научна технологија, се прават напори за оневозможување на самоубиствените терористи да ги погодат нивните цели или да ги ублажат (преку подготовка) ефектите од нападот кој не бил спречен.

2. Средната линија на одбраната инволвира превентивно пробивање и уништување на терористичките организации и мрежи, најчесто преку комбинација на разузнавачки и воени акции.

3. Првата линија на одбраната подразбира разбирање и дејствување против основните причини за тероризам со цел драстично да се намали подложноста на потенцијалните регрути на пораките и методите на организациите кои го спонзорираат тероризмот, најчесто преку политички, економски и социјални акциони програми.

Милијарди долари се наменети за противмерки кои спаѓаат во последната и средната линија на одбрана (заштита, ублажување на последиците, превенција). Овие мерки можеби помогнале да се спречи зголемениот пораст на самоубиствени напади. Сепак, тие не обезбедија значително намалување на самоубиствениот тероризам.

Заклучок

Самоубиствениот тероризам е сè поголема закана во светот денес и може да се сретне буквално на секој континент во светот. Порано се сметаше дека овој феномен има минлив карактер, но сè поголемиот број на докази упатуваат на фактот дека

80

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

оваа тактика е поддржана од самата важност на оваа појава и од таа причина постои голема веројатност дека ќе остане како постојана карактеристика на тероризмот и во следните години и децении.

Сепак, треба да се истакне дека иако самоубиствениот тероризам не е нов феномен, неговата сегашна улога во современиот тероризам и степенот на насилство што го создаде, за првпат добија вакви размери.

ЛИТЕРАТУРА

1.Gunaratna, R 2000, Suicide Terrorism: A Global Threat, Jane’s Intelligence Review, 12, no. 4. p. 52.2.Rapoport, CD 2004, ‘The Four Waves of Modern Terrorism’, in Attacking Terrorism: Elements of

a Grand Strategy, ed. AK Cronin and JM Ludes, Washington, DC, Georgetown University Press, 2004, p. 62.

3.Bloom, M 2005, Dying to Kill: The Allure of Suicide Terror, New York: Columbia University Press.4.Robert, P 2005, Dying to Win: The Strategic Logic of Suicide Bombing, New York, Random House.5.Ismayilov, M 2010, Conceptualizing Terrorist Violence and Suicide Bombing. Journal of Strategic

Security, 3 (3), pp. 15-26. Available from: http://scholarcommons.usf.edu/jss/vol3/iss3/2.6.Gottlieb, S 2010, Debating Terrorism and Counterterrorism: ‘Suicide Terrorism is a Pragmatic

Choice’, Washington DC: CQ Press.7.Reichert, D 2010, How is the Rise of Suicide Terrorism in Contemporary World Politics Best Ac-

counted for?, Post Cold War World Order.8.Cordesman, AH 2005, Iraq’s Evolving Insurgency, Washington DC, Center for Strategic and Interna-

tional Studies.9.Pedahzur. A & Perlinger, A 2006, Introduction: Characteristics of Suicide Attacks. in A, Pedahzur ed,

Root Causes of Suicide Terrorism: the Globalization of Martyrdom, New York: Routledge, pp. 1–12.10.Frost, B 2009, Terrorism, Crime and Public Policy, Cambridge University Press, New York.11.MIPT (Memorial Institute for the Prevention of Terrorism) database & FUSTD (Flinders University

Suicide Terrorism Database) 2008.12.Coll, S 2001, Ghost Wars: The Secret History of the CIA, Afghanistan and Bin Laden, From the

Soviet Invasion to September 10, 2001, New York: Pan.13.Pape, R & Feldman, JK 2010, Cutting the fuse: The explosion of global suicide terrorism and how

to stop it, University of Chicago Press.14.Kummel, G 2008, Suicide attacks in asymmetric warfare, in Armed Forces and Conflict Resolution:

Sociological Perspectives Contributions to Conflict Management, Peace Economics and Develop-ment, Volume 7, Emerald Group Publishing Limited, pp. 61–73.

81

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA 81

327.51(47:100-622 НATO)327.56(47:100-622 НATO)

Review

РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА И НАТО - ОД СОРАБОТКА ДО НОВ КОНФЛИКТ

Желимир КЕШЕТОВИЌ1

Никола ЈОЦИЌ2

Апстракт: Кога на 26 декември 1991 година, Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР) се распадна светот веруваше дека конечно дојде една нова ера на соработка и развој. Соработката беше значително подобрена со руското пристапување кон Северноатлантскиот совет за соработка на НАТО (NACC), а подоцна и со Партнерството за мир (ПзМ) и основањето на Советот НАТО-Русија. За жал, соработката беше обременета од самиот почеток со минатото и недостатокот на вистинска подготвеност за постигнување на заеднички цели. Двете страни покажаа интерес за партнерство. Беа потпишани важни документи, но недостатокот на реализација е очигледен. Војната во Југославија, косовската криза, проширувањето на НАТО, ракетниот штит, енергетската криза и многу други спорови надвладеаја со соработката и му зададоа сериозна штета на партнерство. Русија и НАТО се загрозени од многу закани кои би можеле да бидат ефикасно решени преку билатерални и мултилатерални партнерства. Доколку тие не се посветат на целосна меѓусебна соработка, самите тие ќе бидат осудени уште еднаш да ги преживеат грешките на Студената војна.

Клучни зборови: Студена војна, Руска Федерација, НАТО, соработка, конфликт, кризи, перспектива

ВоведКако вчерашните непријатели да станат утрешни пријатели?3 Од крајот на Втората

светска војна, Северноатлантската алијанса (НАТО) и Советскиот Сојуз живееја во замрзнат конфликт. Светот беше во постојан страв од нова светска војна, која би можела да предизвика невидено уништување. Стравот беше потпомогнат од поседувањето нуклеарно оружје од двете страни. Ако се потсетиме на причината поради која беше формиран НАТО, заштита на Западот од заканата на комунизмот, на кој се гледаше како на производ на Советскиот Сојуз, не постои понатамошна потреба да се анализираат причините за руските негативни ставови во однос на НАТО. Западот имаше свои сопствени причини да биде дефанзивен. Причината беше

1 Авторот е доктор на науки, професор на Факултетот за безбедносни студии во Белград, Србија.2 Авторот работи како демонстратор, а воедно работи и на неговата магистерска теза на Факултетот за

безбедносни студии во Белград, Србија.3 Ponsard, L. (2007). Russia, NATO and Cooperative Security.Bringing the gap. New York, Routledge.

82

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Варшавскиот пакт, кој беше предводен од страна на Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР). Можеме да заклучиме дека состојбата на конфликт која може да се прошири низ целиот свет беше реална закана.

Во исто време, постоеше мислење дека излезот може да се бара во соработката. Во годините од 1985 до 1991, се водеа опсежни дебати и дискусии во Советскиот Сојуз, Западна Европа и САД околку создавањето на еден „Заеднички европски дом“4. За жал, овој концепт, создаден од Михаил Горбачов, не доби доволна поддршка за да надвладее над бескрајните подготовки за војна која. Всушност, никогаш не се случи. Без оглед на ова, важно е да се презентира фактот дека дури и во тие турбулентни времиња, постоеше глас на соработка. Концептот опфаќаше три прашања од голема важност. Првото беше местото на САД во Заедничкиот дом, второто беше нивното место, и третото се однесуваше на институционалната архитектура на Заедничкиот дом. Ставот на Горбачов за САД, во Перестројката, како суштинска странска загрозувачка сила и нејзиното присуство во Европа, беа отсликани во неговата изјава во која вели „Ние не би сакале некој да ги разбие вратите на Европскиот дом и да седне на главното место на масата во очајничка потрага по симпатиите и финансиската поддршка меѓу западните влади“5. Дури и тој глас на соработка имаше свои граници, тоа е важно за подоцнежната споредба со денешните основи на партнерство.

Кога во 1991 година Советскиот Сојуз релативно мирно престана да постои на геополитичката карта, се отворија нови можности за соработка. Тоа на светот му даде кратка можност да заздрави. Беше потребно да се спротивстават два спротивни западни става за идниот развој на стратегија. Едниот поглед повикуваше на целосна интеграција на Русија во НАТО по искоренувањето на советската закана. Спротивното мислење тврдеше дека тоа ќе даде можност на Русија да внесе нестабилност внатре во самата структура на НАТО. Сепак, според нив, ниту перспективата Русија да остане на границата на евро-атлантската зона не беше многу атрактивна. Се чинеше дека постојат голем број пречки на патот на воспоставување какви било конструктивни односи меѓу двете страни.6 Западот главно не веруваше дека Русија навистина сака да соработува. Беше многу тешко да се смени јавното мислење за Русија од советник до нов соработник во областа на безбедноста.

Кога Руската Федерација пристапи кон Северноатлантскиот совет за соработка (NACC), а подоцна и кон Партнерството за мир (ПзМ), тензиите се намалија до точката до која навистина можеше да се признае постоењето една нова светска реалноста. Денес, многумина сметаат дека не постои веројатност за појава на војна меѓу Русија и НАТО, но постојат многу потенцијални конфликти кои можат да ја дезинтегрираат соработката, и да го вовлечат светот во нова Студена војна.

Една нова светска реалност по Студената војна

Многу автори се согласуваат дека Западните сојузници, предводени од страна на САД, се победници во Студената војна. Во декември 1991 година, Украина, Белорусија и Русија прогласија независност и Советскиот Сојуз исчезна од геополитичката карта на светот. Дури и за Америка ова беше шок. Сепак, не беше потребно многу време за американските републиканци да си ги припишат заслугите за победа во Студената војна. Тие мислеа дека воените трошоци ги доведоа Советите до работ на економски колапс.

Дали ова беше вистинска победа? САД потроши трилиони долари на вооружување за војна која, за среќа на Светот, никогаш не се случи. Во исто време,

4 Smith, M. A. (2006). Russia and NATO since 1991.From Cold War through cold peace to partnership? New York, Routledge.5 Smith, M. A. (2006). Russia and NATO since 1991: From Cold War through cold peace to partnership? New York, Routledge.6 Ponsard, L. (2007). Russia, NATO and Cooperative Security: Bringing the gap. New York, Routledge.

83

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

распадот на СССР не треба да се смета како негов пораз во Студената војна, без сомнение поддржан од фактот дека постсоветскиот простор не се најде во хаос, ракетниот нуклеарен потенцијал на Советскиот Сојуз беше целосно зачуван и префрлени во нови бази на територијата на Русија, која беше призната како законски следбеник на поранешната држава. 7Не постоеше сомнение дека ширењето на оружјето за масовно уништување на новоформираните држави би било многу повисока закана. Имајќи го предвид нуклеарниот потенцијал на СССР, ова беше најдобриот начин да се стави крај на конфликтите кои би можеле да го уништат човештвото.

Како што многумина мислеа, колапсот на Советскиот Сојуз, не донесе светски мир и стабилност. Само една работа беше сигурна, мултиполарниот свет престана да постои. Без Советите, НАТО беше во ќорсокак. Излезот беше да се додадат нови цели, кои би можеле да придонесат кон безбедноста на новото глобално општество. Денес, НАТО е активен и водечки фактор за мир и безбедност на меѓународната сцена. Преку своето управување со кризи, Алијансата ја демонстрира и својата подготвеност да дејствува како позитивна сила за промена и нејзиниот капацитет да одговори на безбедносните предизвици на 21-от век8. Целта на овој труд не е да ги поддржува целите ниту на Русија ниту на НАТО, туку да се анализира тековната соработка и потенцијалните конфликти.

Како што напиша Самјуел П. Хантингтон, светската политика влегува во нова фаза, и интелектуалците не се двоумат во ширење на визии за тоа што всушност таа ќе претставува9. Додека некои се скептични, други гледаат на соработката помеѓу Руската Федерација и НАТО како на нешто неопходно во воспоставувањето на светски мир и развој.

Соработка меѓу Руската Федерација и НАТО на полето на безбедноста

Соработката меѓу Руската Федерација и НАТО официјално започна во 1991 година. Северноатлантскиот совет за соработка (NACC) беше основан од страна на сојузниците на 20 декември 1991 година, како форум за дијалог и соработка со поранешните непријатели на НАТО од Варшавскиот пакт. Северноатлантскиот совет за соработка беше одраз на „пријателската рака“ подадена на самитот одржан во Лондон, во јули 1990 година, кога сојузничките лидери предложија нов однос на соработка со сите држави во Централна и Источна Европа во пресрет на крајот на Студената војна10. Тоа беше време на големи геополитички промени во Европа. Инаугуративниот состанок на Северноатлантскиот совет за соработка посведочи една многу важна пресвртница. Со усогласувањето на финалниот извештај, амбасадорот на СССР објави дека Советскиот Сојуз се распадна за време на состанокот и дека тој сега ја претставува

7 Primakov, Y. (2010). A World without Russia?Where short-sighted political thinking can lead. Belgrade: Official Gazette of Faculty of Security Studies.

8 North Atlantic Treaty Organization (NATO).NATO operations and missions. Available fromhttp://www.nato.int/cps/en/natolive/topics_52060.htm9 Huntington S. (1996). The Clash of civilisatons and the Remaking of World Order. New York : Simon & Schuster10 North Atlantic Treaty Organization (NATO).The North Atlantic Cooperation Council (NACC). Available fromhttp://www.nato.int/cps/en/natolive/topics_69344.htm site visited: 20/4/2013

84

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

само Руската Федерација. Во периодот по Студената војна, Северноатлантскиот совет за соработка беше фокусиран на решавање на новите безбедносни закани, создадени како нус-производ од распаѓањето на Советскиот Сојуз. Со цел да се стабилизира новата геополитичка и геостратегиска реалност, Советот требаше внимателно да ги следи, а што е уште поважно, да ги спречи можните нови конфликти, кои би можеле да го следат повлекувањето на руските војници од балтичките држави. Требаше да се направат посебни напори за да се спречат конфликтите кои се појавуваа во делови од поранешниот СССР и поранешната Југославија. Северноатлантскиот совет за соработка создаден нова ера каде соработката имаше потенцијално значајно влијание врз безбедноста, ера каде соработката требаше да ги однесе војните во историјата.

Партнерството за мир (ПзМ) беше следниот голем чекор на соработка. Во јануари 1994 година, НАТО го иницираше ПзМ. Првичната цел на програмата беше да се зајакне соработката и довербата со државите кои произлегоа од Варшавскиот пакт. Фокусот беше ставен на поранешните советски држави, но државите создадени од распаѓањето на Југославија, и пет членови на Европската унија кои не беа членки на НАТО, исто така, се приклучија на програмата. На 22 јуни 1994 година, Русија го потпиша Партнерството за мир, програма на соработка која Северноатлантската алијанса (НАТО) ја понуди на земјите од Источна Европа и поранешните советски републики. Тоа претставуваше итен план за трансформација на односите меѓу НАТО и земјите кои учествуваат во неа.11 Низ целиот свет, вклучувајќи ја и Руската Федерација, постоеја различни ставови кои се движеа од негативни до мошне позитивни, во врска со приближувањето на Русија кон НАТО. На прв поглед официјалната политика на Руската Федерација покажуваше резерва на идејата за Партнерство. Руските официјални претставници предупредуваа дека оваа програма не го зема предвид статусот на Русија како голема сила и дека тоа, всушност, значи проширување на зоната на влијание на НАТО. За среќа, ставовите дека Русија не треба да се повлече од пристапувањето кон Партнерството, што беше прифатено и од страна на руската дипломатија, но дека треба да се обиде да ги наметне своите услови кои ќе и’ обезбедат посебен статус во таа програма. Со договорот кој беше потпишан на 22 јуни 1994 година НАТО зеде во предвид дека Руската Федерација е голема, европска, светот и нуклеарна сила и тоа само по себе наметна обврска да се консултира и да се работи со Русија за проблемите на европскиот континент. По оваа нова обврска на НАТО, Русија прифати активно да учествува во партнерството. Ова подразбираше преземање активна улога во планирањето на одбраната и воениот буџет, како и строга цивилна контрола на армијата. НАТО ја покажа својата голема посветеност кон соработката преку давање експлицитно правото на вето на Русија. Сето ова имаше многу позитивно влијание врз руската стабилност, кој беше оптоварена со сериозни политички и економски проблеми. Ако ги анализираме односите помеѓу СССР и западните сојузници, кои би можеле да се дефинираат како состојба на замрзнати и поврзани конфликти кои можат да експлодираат во секој момент, а по руското пристапување кон програмата Партнерство за мир, повеќе од очигледно стана дека во

11 Damian-Lakićević, A. (1994). Russia and Partnership for Peace.Belgrade,International problems.

85

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

релативно краток временски рок, две големи сили поминаа долг пат од противници до нови соработници. И покрај тоа што ПзМ даде нова перспектива на партнерствата, противници на руското пристапување кон програмата Партнерство за мир стравуваа дека „НАТО, главно преку Партнерството за мир, доби стратегиска предност во однос на нивниот поранешен единствен ривал во рамките на глобалното лидерство-Русија“.12

Со цел да се зајакне понатамошната соработка Руската Федерација и НАТО усвоија Основачки документ за заемни односи, соработка и безбедност меѓу НАТО и Руската Федерација. Документот беше потпишан на 27 мај 1997 година во Париз, Франција, и создаде пат за понатамошна интеграција. Како што е прикажано во овој суштински документ, НАТО и Русија не се сметаат една со друга за непријатели. Тие ја споделуваат целта за надминување на остатоците од претходната конфронтација и конкуренција, како и целта за зајакнување на меѓусебната доверба и соработка. Овој документ ја повторува определбата на НАТО и Русија да дадат конкретна содржина на нивните заеднички заложби за изградба на стабилна, мирна и неподелена Европа, цела и слободна, во корист на сите нејзини народи. Изработката на оваа заложба на највисоко политичко ниво го означува почетокот на целосно новите односи меѓу НАТО и Русија. Нивната намера е да се развие, врз основа на заеднички интерес, реципроцитет и транспарентност, едно силно, стабилно и трајно партнерство13. Овој закон, исто така ги дефинира целите и механизмите за реализација. Како што е прикажано, тие се: соработка, заедничко одлучување и заедничко дејствување што го сочинува јадрото на заемните односи меѓу Руската Федерација и НАТО. Документот, исто така ја признава посветеноста на НАТО кон трансформацијата, процес кој ќе продолжи. Многу е важно да се спомене дека во овој документ НАТО истакна дека работи со земјите-партнери на иницијатива за воспоставување на Евроатлантски партнерски совет. Основачкиот документ го признава и препознава континуираното руско градење на демократско општество и реализацијата на нејзината политичка и економска трансформација. Руската посветеност кон прилагодувањето на концептот за национална безбедност и ревидирањето на нејзината воена доктрина, која ќе гарантира дека истите се целосно во согласност со новата безбедносна реалности, го заслужува своето место во овој суштински документ. За извршување на активностите и целите предвидени со овој документ како и за развивање на заеднички пристап кон европската безбедност и политички проблеми, НАТО и Русија ќе се создадат Постојан заеднички совет на НАТО-Русија. Главната цел на овој Постојан заеднички совет ќе биде да се изгради поголемо ниво на доверба, единство на целта и навиките за консултација и соработка меѓу НАТО и Русија, со цел да им овозможи да ја подобрат меѓусебната безбедност, како и безбедноста на сите народи во евроатлантската област, а во исто време да не нарушат ничија безбедноста. Ако се појават несогласувања, НАТО и Русија ќе настојуваат да ги

12 Mutavdzić, R. (2010). Partnership insecurity: Program Partnership for Peace and theconcept ofcooperative security. Belgrade, DefenseMedia Center.

13 Founding Act on Mutual Relations, Cooperation and Security between NATO and the Russian Federation signed in Paris, France. Available from

http://www.nato-russia-council.info/media/59451/1997_nato_russia_founding_act.pdf site visited: 28/4/2013.

86

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

решат врз основа на добра волја и меѓусебно почитување, во рамките на политичките консултации.14

Русија и 19 земји членки на НАТО ја потпишаа Римската декларација за создавање на Советот НАТО-Русија. Западните лидери го поздравија овој развој на настаните, при што британскиот премиер Тони Блер истакна дека тоа „го означува крајот на Студената војна“15. Целите и механизмите на Советот беа договорени во Основачкиот договор за заемни односи, соработка и безбедност меѓу НАТО и Руската Федерација. Заедничките одлуки и дејства вклучуваат борба против тероризмот, воената соработка, која вклучува заеднички воени вежби и обука на персоналот, соработка околу Авганистан, онаму каде што Русија обезбедува курсеви за обука на офицери за борба со наркотичните средства во Авганистан и во Централна Азија, во соработка со ОН, превоз на невоен товар од страна на Русија во поддршка на мисијата на НАТО во Авганистан ИСАФ, индустриска соработка, соработка за интероперативност во одбраната, непролиферација, и други области. Имајќи предвид дека Руската Федерација и НАТО имаат предизвици и интереси кои се заеднички за двете страни, логично е дека и двете гледаат на Советот НАТО-Русија како ефикасен механизам во градењето на дипломатски спогодби меѓу сите страни кои учествуваат од 2002 година. За време на Букурешкиот самит одржан во април 2008 година, двете страни истакнаа дека постои недостиг на вистински содржини кои произлегуваат од Советот. Во јануари 2009 година, рускиот претставник во НАТО, Дмитриј Рогозин изјави дека Советот НАТО-Русија е „телото каде се одржуваат училишни дискусии“. Официјалниот претставник на САД го сподели ова гледиште, наведувајќи: „Ние во моментов сакаме соработка да ја структурираме повеќе практично, во области каде што може да се постигнат резултати, наместо да инсистираме на работи кои нема да се случат“. Иако Советот бил наречен Постојан ова не треба да се сфати буквално. Напротив, станува збор за редовни собраниски состаноци. Како што споменавме погоре, не станува збор за постоечки институции со полно работно време. Доколку ги имаше, претставниците на НАТО и Русија кои работат заедно, би развиле навики на соработка и елементи на разбирање. Всушност, тоа не беше случај.16 Основачкиот документ на Постојаниот заеднички совет и Советот Русија-НАТО биле ефективно суспендирани од страна на руската влада во март 1999 година во знак на протест против операција на НАТО против Југославија. Една од целите на Советот беше да се спречи кризата во Европа, но за жал, тој престанал да постои како резултат на една таква криза. Недостатокот на вистинска соработка и недоволната подготвеност за надминување на штетата нанесена на односите како резултат на конфликтот ќе биде тешка за надминување. Една од лекциите научени од овој неуспех може накратко да биде претставена со неколку зборови „Прави помалку, но

14 Founding Act on Mutual Relations, Cooperation and Security between NATO and the Russian Federation signed in Paris, France. Available from

http://www.nato-russia-council.info/media/59451/1997_nato_russia_founding_act.pdf15 NATO Parliament Assembly. (2002). CHRONOLOGY OF EVENTS: NATO-Russia Permanent Joint Council

(through 2002). Available from http://www.nato-pa.int/Default.asp?SHORTCUT=23216 Trenin-Straussov, P. (1999). The NATO-Russia Permanent Joint Council in 1997-1999: Anatomy of a Failure.

Berlin information-center for Transatlantic Security. Available from http://www.bits.de/public/researchnote/rn99-1.htm

87

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

подобро“. Сепак, Русија и НАТО имаат многу слични закани и потреби кои може да се надминат само преку соработка. Ако двете страни одлучат да се вратат на Основачкиот документ, тие ќе имаат многу поголеми шанси да успеат во партнерството, поучени од искуството дека недостатокот на соработка носи нови потенцијални конфликти.

Активни и нови извори на конфликти

Многу автори го критикуваа методот на соработка на Руската Федерација и НАТО, тврдејќи дека истиот се базира и реализира само на хартија и дека сериозно недостасуваат вистински активности и резултати. Диспропорцијата на Основачкиот документ за Заемни односи, соработка и безбедност меѓу НАТО и Руската Федерација и нејзиното олицетворение, Советот НАТО-Русија, како што е прикажано не постигнаа ниту една од своите прокламирани цели. Ги признаваме и препознаваме напорите кои двете страни ги постигнаа во насока на соработката, но не можеме да ги игнорираме конфликтите кои ја отежнаа и влошија соработката. Тука, ќе ги анализираме сегашните како и конфликтите што би можеле да произлезат во поблиска иднина.

Регрутирање на нови членови на НАТО е вечен предизвик за руската национална безбедност, гледано од страна на руската јавност. Кога во 2004 година Балтичките земји17 станаа членки на НАТО, беше очигледно дека западните сојузници се на границата на Руската Федерација. Ова доби уште поголемо значење кога истата година Романија и Бугарија се приклучија кон НАТО. Ова беше многу важно, бидејќи на тој начин Запад доби важен геостратегиски пристап до Црното Море. Проширувањето не запре, и како што се гледа од страна на војската и политичките функционери, можното пристапување на Украина и Грузија едноставно ќе биде последната граница каде Русија ќе треба да реагира. Пристапувањето на Украина кон НАТО претставува „диференцијална точка преку која Русија тешко може премине“18. Кога украинската влада, која беше предводена од страна на Јулија Тимошенко падна, и беше заменета од страна на проруската влада на Виктор Јанукович, понатамошното проширување на НАТО беше запрено. За време на владеењето на владата на претседателот Виктор Јанукович, Украина во моментов не бара членство во Алијансата, сепак продолжува практичната соработка со НАТО во широк спектар на области19. Меѓу другото, Руската Федерација се противи на приемот на Украина во НАТО, бидејќи тие имаат заедничка граница подолга од илјада и пол километри. Очигледно е дека со цел да се подобри нивото на безбедност потребно е да се најде компромис прифатлив за сите страни. Во грузискиот случај, имаме сличен однос. Кога во 2003 година Михаил Сакашвили стана претседател, се појави нова криза како резултат на промените во надворешно-политичкиот курс. На Самитот во Букурешт во април 2008 година, сојузничките шефови на државите и владите се согласија дека Грузија ќе стане членка на НАТО. Оваа одлука беше последователно потврдена на секој следен НАТО самити

17 Lithuania, Estonia and Latvia became a full members of NATO 18 Petrović, D. (2007). Russia at the beginning of the XXI century.Prometej, Novi Sad.19 North Atlantic Treaty Organization (NATO). NATO’s relations with Ukraine. Available from http://www.nato.

int/cps/en/SID-1F3FEB36-6EF6B7E2/natolive/topics_37750.htm?

88

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

во 2009, 2010 и 2012 година. НАТО и Грузија одржуваат активен политички дијалог и практична соработка, вклучително и преку единствената рамка предвидена од страна на Комисијата НАТО-Грузија за помош и поддршка на Грузија во остварувањето на нејзините евроатлантски аспирации.20 Како во случајот на Украина, Руската Федерација е против овој курс на Грузија. Тие беа против тоа затоа што имаат заедничка граница, долга околу седумстотини дваесет и три километри. Ова не е единствениот проблем со кој Грузија ќе мора да се соочи на патот кон пристапувањето кон НАТО. Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, во октомври 2007 година изјави дека Грузија треба да ги реши сепаратистичките конфликти доколку сака да се стекне со членство во НАТО.21 Можеме да заклучиме дека пристапувањето на Украина и Грузија во НАТО се најголемите конфликти за проширување на Западните сојузници и дека поседува високо ниво на можен судир со Руската Федерација.

Следниот потенцијален конфликт е градењето на одбранбениот ракетен систем кој Северноатлантската алијанса го гради во Средоземното Море и на териториите на неколку земји членки на НАТО, што Русија го смета за директна закана по нивниот IBMS. Плановите се сменија неколку пати, но тоа ќе се реализира што е можно поскоро. Пред да се истражат нивните реакции и увид, корисно е да се идентификуваат истакнатите елементи на американската противракетна одбрана и да се стави прашањето во контекст. Постојат два главни стратегиски ракетни одбранбени системи кои ги поседуваат Соединетите Американски Држави: едниот систем се состои од пресретнувачи со голема брзина таканаречени пресретнувачи од копно или GBI’s и се наоѓа во Аљаска и Калифорнија, а другиот систем е на НАТО/европскиот систем лоциран претежно на половила. Вториот, Европски фазен адаптивен пристап (EPAA) за противракетна одбрана е наменет за справување со закани од можни идни ирански балистички проектили среден и долг дострел насочени кон средствата, персоналот и европските сојузници на САД – како и заштита на територијата на САД22. Руската загриженост е засилена од мобилноста на системот, земајќи предвид дека поседува можност за преместување, па со тоа и теоретска способност за уништување на руски боеви глави. Оваа загриженост е поткрепена со многу аргументи, како што е изјавата на Генерал Џејмс Картрајт во која самиот експлицитно ја спомена оваа можна реконфигурација - или глобална способност за јуриш - како атрибут на планираниот систем: „Дел од она што е во буџетот е да се добие доволен број на бродови кои ќе ни овозможат глобално распоредување на оваа способност на постојана основа, со капацитет за јуриш на секое боиште во исто време.“ Руската страна подготви негативни извештаи, како оној на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров „Во моментов НАТО во рамките на својата внатрешна разработка на антибалистичките проектили (ABM) има намера да оди еден или два чекори понапред од чекорите кои ние би ги преземале во рамките на Советот НАТО-Русија“, додавајќи го следново: „Се

20 North Atlantic Treaty Organization (NATO). NATO’s relations with Georgia. Available from http://www.nato.int/cps/en/natolive/topics_38988.htm

21 Nichol, J. (2006). Georgia (Republic) and NATO Enlargement: Issues and Implications. Available from http://assets.opencrs.com/rpts/R522829_20090306.pdf

22 Q&A Session on Recent Developments in U.S. and NATO Missile Defense with Dr. Yousaf Butt and Dr. George Lewis. Available from http://blogs.fas.org/security/2013/03/qa-session-on-recent-developments-in-us-and-nato-missile-defense-with-dr-yousaf-butt-and-dr-george-lewis/

89

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

надевам дека сепак тие (НАТО) нема повторно да се обидат да не стават пред свршен чин, доколку тоа го сторат импликациите ќе бидат неизбежни“23. Лавров посочи дека согласноста на Русија да разговара за соработката во рамките на ракетната одбрана во Советот НАТО-Русија не значи дека Москва се согласува со проектот на НАТО кој се подготвува без учество на Русија. Двете страни покажуваат подготвеност, но за жал, не во правец на соработка. Рускиот Заменик-премиер Дмитриј Рогозин даде изјава дека „стратешките сили на Русија можат да го пробијат американскиот противракетен штит и тој не претставува воена закана за земјата24. НАТО даде своја изјава исто така, кога Генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен им кажа на медиумите дека „САД и нашите европски сојузници (кои) инвестираат во заедничката безбедност, претставуваат одличен пример на обновената култура на соработка, која ние го нарекуваме „паметна одбрана“25. Тешко е да не се забележи дека двете страни не покажуваат доволно волја за надминување на овој конфликт. Додека НАТО продолжува со реализирањето на својот ракетен штит, Руската Федерација се подготвува да се брани од него. Тензиите се сè уште високи, и како што многу луѓе забележуваат, оваа ситуација е неизбежно слична со Студената војна. Дури и денес, компромисот околу овој некогаш постојан конфликт е далеку од својот крај.

Енергетската криза како нова граница

Денес, можеби најбитната дискусија меѓу Русија и Европа, што е неизбежно прашање од интерес за НАТО, е енергетската безбедност. Терминот енергетска безбедност не е јасно дефиниран, што го отежнува мерењето и изнаоѓањето на рамнотежа со другите политички цели. Во литературата, терминот енергетската безбедност честопати се презентира како безбедноста на снабдувањето. Постојат неколку конкурентски дефиниции за безбедноста на снабдувањето. Сите тие ја вклучуваат идејата за избегнување на ненадејните промени во достапноста на енергијата во однос на побарувачката. Меѓутоа, дефинициите покажуваат силна разлики во мерката на влијание што се користи за придобивките од зголемениот континуитет и нивото на дисконтинуитет што е дефинирано како несигурно.26 За целите на овој труд ќе ја презентираме заканата на енергетската безбедност како закана која има влијание врз синџирот на снабдување со енергија. Ненадејниот интерес за оваа тема се појави како производ на кризата од 2006 година меѓу рускиот „Гаспром“ и украинскиот „Нафтогас“. Додека „Гаспром“ тврдеше дека ги обезбедува на точните договорени количини на своите европски клиенти, а Украина инсистираше дека тоа не користи гас од транзитните гасоводи во Европа на кој нема право, во почетокот беше тешко да се разбере што се случува. Но, притисокот и неиспорачувањето на гас кое го пријавија европските компании на 1 јануари можеше да биде резултат само

23 Lavrov says missile defense projects should not ‘upset parity’. (2011. Feb. 05). Available from http://en.rian.ru/russia/20110205/162465891.html

24 US Missile Shield No threat to Russia. (2013. 04. 16). Available from http://en.rian.ru/trend/missile_shield_europe/25 NATO declares European missile shield up and running. (2012. 05. 21). Available at http://www.cbsnews.

com/8301-202_162-57438103/nato-declares-european-missile-shield-up-and-running/26 Winzer, C. (2011).Conceptualizing Energy Security.University of Cambridge, Electricity Policy Research Group.

90

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

на пренасочувањето на гасот од страна на украинските компании од цевководите или како резултат на неможноста на „Гаспром“ да внесе доволно гас во самите цевководи. Со оглед на загриженоста на „Гаспром“ за безбедноста на снабдувањето и желбата да заработи пари од извозот на гас во Европа, единственото објаснување е дека гасот беше донесен од страна на украински клиенти.27 Нема да го анализираме овој конфликт затоа што истиот не е од најголемо значење за овој труд. Важно да се покаже точката кога започна кризата и начинот на кој таа влијаеше на односите меѓу руските извозници и европските потрошувачи. Оваа криза почна како конфликт меѓу Русија и Украина, но брзо се прошири во Европа, а истовремено и во НАТО. Постојат само неколку теми кои се контроверзни и емотивни како енергетските односите меѓу ЕУ и Русија. Од една страна, постојат оние кои тврдат дека речиси 500 милиони потрошувачи во ЕУ се среќни што таков голем снабдувач на енергија како Русија е нејзин сосед. Од друга страна, постојат оние кои тврдат дека ова е проклетство што и овозможува на Русија да ги „уценува“ европските земји, заканувајќи се дека ќе го прекине снабдувањето со нафта и гас или преку нудење на профитабилни зделки на европски компании во обид да ја „подели, па да завладее“ со ЕУ.28 Енергетската безбедност станува сè поважно прашање на за САД и нивните европски сојузници, како резултат на тоа што некои производители на енергија покажуваат тенденција да ја користат нафтата како политичка моќ. Иако повеќето европски сојузници веруваат дека постои пазарно решение за гарантирање на безбедноста при снабдувањето со енергија, НАТО почна да разговара за ова прашање како сојузничка тема на разговор.29 Соединетите Американски Држави и нејзините европски партнери почнаа да разговараат за соодветните институции и политики за гарантирање на енергетската безбедност. Администрацијата на Буш одржа дискусија за енергетската безбедност во НАТО, во февруари 2006 година, со поддршка на клучните сојузници како на пример Велика Британија и Германија. Дури и покрај тоа што енергетската криза беше решена на релација Русија-Украина, таа доби едно сосема ново ниво. Денес, енергетските кризи имаат Русија-НАТО димензија. Руски официјални претставници постојано тврдат дека нивната држава не ја користи енергијата како оружје, но НАТО презеде чекори за кои сметаат дека се клучни во спречувањето на какви било идни нарушување на снабдувањето со енергија. Владите од НАТО (иако не НАТО како целина) веќе биле вклучени во воените напори за обезбедување на енергетски ресурси. Првата заливска војна, иако не е операција на НАТО, вклучуваше клучни земји-членки како што се САД, Франција, Велика Британија и Италија, чија цел не беше само да го ослободат Кувајт, туку во исто време да се осигураат дека Ирак не ја контролира кувајтската нафта и се заканува на Саудиска Арабија и други производители во Заливот.30 Руската

27 Stern, J. (2006). The Russian-Ukrainian gas crisis of January 2006.Oxford Institute for Energy Studies.28 Cameron, F. The Politics of EU-Russia Energy Relations. Available from http://bit.ly/15SQxPU visited 4/29/201329 Gallis, P. (2006). CRS Report for Congress: NATO and Energy Security. Available from http://www.dtic.mil/

cgi-bin/GetTRDoc?Location=U2&doc=GetTRDoc.pdf&AD=ADA473481 visited 4/29/201330 Gallis, P. (2006). CRS Report for Congress: NATO and Energy Security. Available from http://www.dtic.mil/

cgi-bin/GetTRDoc?Location=U2&doc=GetTRDoc.pdf&AD=ADA473481 visited 4/29/2013

91

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Федерација и НАТО, пак, реагираа како што може да се очекува во Студената војна. Во времето кога се пишуваше оваа статија (април 2013), енергетската криза изгуби дел од својот првичен замав, но би било ирационално да се заклучи дека енергетската криза е завршена и дека нема повторно да ја отежне секоја шанса за соработка.

Заклучоци

Во блиска иднина не постои голема веројатност од воен конфликт меѓу Руската Федерација и НАТО. Односите Русија-НАТО ќе осцилираат од студено пријателство до остро спротивставување, главно поради недостатокот на волја и антагонизам од минатото. Постојат многу замрзнати конфликти, кои ќе мора да бидат решени на патот кон партнерството. Руската Федерација ќе ја искористи својата позиција на енергетска суперсила. Идните инвестиции во индустријата и демократизација на општеството може да на Русија да и овозможат позиција со уште поголемо влијание врз постсоветските држави. Ако тој процес на брз напредок продолжи подолг временски период, би можеле да очекуваме да го видиме руското влијание врз целата евроазиска димензија. НАТО, во блиска иднина, ќе продолжи да биде најсилниот политички и воен сојуз, а најверојатно, ќе продолжи да се шири на стратешките точки на Големата шаховската табла.31 Најголемата предност на НАТО е неговата атрактивност за новоформираните земји и силната инфраструктура.

Со цел да се постигне соработка двете страни ќе мора да дадат многу повеќе напор и да покажат толеранција. Исто така, Русија ќе мора да се признае дека НАТО е најсилниот воен и политички сојуз на глобално ниво, а НАТО ќе треба да гледа на Руската Федерација како рамноправен партнер и глобална енергетска и нуклеарна суперсила. Кога ова ќе се постигне и двете страни ќе имаат многу корист од вистинското партнерство. На пример, борбата против глобалниот тероризам не е возможна без соработка.

Потребно е многу да се работи на патот на партнерство, но се надеваме дека двете страни ќе гледаат на соработката само како позитивно решение за конфликтот и спречување на новите спорови.

ЛИТЕРАТУРА

1.Ponsard, L. (2007). Russia, NATO and Cooperative Security.Bringing the gap. New York, Routledge.2.Smith, M. A. (2006). Russia and NATO since 1991.From Cold War through cold peace to partner-

ship? New York, Routledge.3.Primakov, Y. (2010). A World without Russia?Where short-sighted political thinking can lead. Bel-

grade: Official Gazette of Faculty of Security Studies. 4.Huntington S. (1996). The Clash of civilisatons and the Remaking of World Order. New York :

Simon & Schuster5.Damian-Lakićević, A. (1994). Russia and Partnership for Peace.Belgrade,International problems.

31 Brzezinski, Z. (1997). The Grand Chessboard: American Primacy and its Geostrategic Imperatives. New York, Basis Books.

6.Mutavdzić, R. (2010). Partnership insecurity: Program Partnership for Peace and theconcept ofcooperative security. Belgrade, DefenseMedia Center.

7.Petrović, D. (2007). Russia at the beginning of the XXI century.Prometej, Novi Sad.8.Winzer, C. (2011).Conceptualizing Energy Security.University of Cambridge, Electricity Policy

Research Group.9.Stern, J. (2006). The Russian-Ukrainian gas crisis of January 2006.Oxford Institute for Energy Stud-

ies.10.Brzezinski, Z. (1997). The Grand Chessboard: American Primacy and its Geostrategic Imperatives.

New York, Basis Books.11.North Atlantic Treaty Organization (NATO).NATO operations and missions. Available fromhttp://www.nato.int/cps/en/natolive/topics_52060.htm12.North Atlantic Treaty Organization (NATO).The North Atlantic Cooperation Council (NACC).

Available from http://www.nato.int/cps/en/natolive/topics_69344.htm13.Founding Act on Mutual Relations, Cooperation and Security between NATO and the Russian

Federation signed in Paris, France. Available from http://www.nato-russia-council.info/media/59451/1997_nato_russia_founding_act.pdf14.NATO Parliament Assembly. (2002). CHRONOLOGY OF EVENTS: NATO-Russia Per-

manent Joint Council (through 2002). Available from http://www.nato-pa.int/Default.asp?SHORTCUT=232

15.Trenin-Straussov, P. (1999). The NATO-Russia Permanent Joint Council in 1997-1999: Anatomy of a Failure. Berlin information-center for Transatlantic Security. Available from http://www.bits.de/public/researchnote/rn99-1.htm

16.North Atlantic Treaty Organization (NATO). NATO’s relations with Ukraine. Available from http://www.nato.int/cps/en/SID-1F3FEB36-6EF6B7E2/natolive/topics_37750.htm?

17.Nichol, J. (2006). Georgia (Republic) and NATO Enlargement: Issues and Implications. Available from http://assets.opencrs.com/rpts/R522829_20090306.pdf

18.Q &A Session on Recent Developments in U.S. and NATO Missile Defense with Dr. Yousaf Butt and Dr. George Lewis. Available from http://blogs.fas.org/security/2013/03/qa-session-on-recent-developments-in-us-and-nato-missile-defense-with-dr-yousaf-butt-and-dr-george-lewis/

19.Lavrov says missile defense projects should not ‘upset parity’. (2011. Feb. 05). Available from http://en.rian.ru/russia/20110205/162465891.html

20.US Missile Shield No threat to Russia. (2013. 04. 16). Available from http://en.rian.ru/trend/mis-sile_shield_europe/

21.NATO declares European missile shield up and running. (2012. 05. 21). Available at http://www.cbsnews.com/8301-202_162-57438103/nato-declares-european-missile-shield-up-and-running/

22.Cameron, F. The Politics of EU-Russia Energy Relations. Available from http://bit.ly/15SQxPU visited 4/29/2013

23.Gallis, P. (2006). CRS Report for Congress: NATO and Energy Security. Available from http://www.dtic.mil/cgi-bin/GetTRDoc?Location=U2&doc=GetTRDoc.pdf&AD=ADA47348

93

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA 93

ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА ОПЦИИТЕ ЗА ПРИВАТНОСТ НА СОЦИЈАЛНАТА ИНТЕРНЕТ-МРЕЖА FACEBOOK

Југослав АЧКОСКИ1 Бојан НИКОЛОВСКИ2

Апстракт: Со оваа статија е направен обид да се укаже на еден од начините за заштита на приватноста на корисниците на социјалните мрежи. Воедно, статијата како целна група ги има поставено апликативните корисници на социјалните мрежи. Низ низа на постапки и приспособувања на поставките на корисничкиот профил може да се изврши адаптација на корисничкиот профил, со цел намалување на ризиците од нарушување на приватноста.

Клучни зборови: Заштита на приватност, поставки на приватност, социјални интернет-мрежи, приспособување на поставки

ВоведБрзиот развој на социјалните интернет-мрежи, особено во комбинација со користење на

преносните дигиталните уреди како што се мобилни телефони и таблет компјутерите3, дове-дува до зголемен ризик од нарушување на приватноста. Поголем број на социјални услуги на скоро сите социјални мрежни сајтови се создадени од корисниците за подобрување на нивниот впечаток. На пример, Facebook им овозможува на корисниците да фотографии или апликации да објавуваат разни содржини со цел интеракција со другите корисници.4

Низ оваа статија е направен обид за посочување на еден од начините за заштита на личната безбедност и приватноста преку низа на мерки и постапки направени на корисничкиот профил.

Компаративна анализа на популарните социјални мрежи Facebook, Twit-ter, MySpace, LinkedIn, Match.com

Покрај Facebook, уште неколку други сајтови се обидоа да обезбедат поврзување на луѓето. Некои од најпопуларните сајтови се Twitter, MySpace, LinkedIn, и Match.com.

Во некои случаи, овие мрежи имаат различни цели од Facebook; LinkedIn на пример, е инструмент за поврзување на луѓето, специфично дизајниран за бизнис и кариера.

1 Авторот е асистент на Воената академија на Република Македонија2 Авторот работи на магистерската тема на Воената академија на Република Македонија 3 Ross, C., Orr, E. S., Sisic, M., Arseneault, J. M., Simmering, M. G., and Orr, R. R. , 2009. Personality and motiva-

tions associated with Facebook use. Computers in Human Behavior., March 2009 , p 578-5864 Ерол Максуд, Марија Шандуловска, Доц .д-р Сашо Гелев, 2012, Новиот начин на комуникација: Социјални

Мрежи, Зборник на трудови, Скопје, p 390-398

004.773.7:[342.721:351.755Стручен труд

94

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

MySpace првично започна како начин на малите локални музички бендови да се здобијат со популарност настрана од комплицираната политичка музичка индустрија преку создавање на простор за поврзување на луѓето кои имаат сличен вкус во музиката. Match.com е сајт специфично опремен да наоѓа партнери.

Од друга страна, сите сајтови ги имаат истите цели како Facebook, но користат различни стратегии. MySpace им овозможува на корисниците целосно приспособување на изгледот и „чувството“ на нивниот профил, додека Facebook одржува релативно конзистентен дизајн и очекува неговите корисници да ги направат своите профили различни, со ставање на оригинална содржина.

Од друга страна, Twitter им овозможува на корисниците да го споделат своите мислења во куси текстуални пораки, што претставува многу едноставен конзистентен начин за размена на информации, додека на Facebook ова поле овозможува поголема флексибилност во поглед на размена на фотографии, видеа итн.

Врз основа на погорекажаното, многу е тешко да се утврди кои он-лајн социјални мрежи се корисни. Различни луѓе користат различни социјални мрежи, зависно од нивните потреби и желби.

Адаптација и ажурирање на приспособувањето за приватност на FacebookАдаптација и ажурирање на приспособувањето за приватност на Facebook

претставува „нужно зло“, кое е наметнато на апликативните корисници на Facebook. Имено, овие поставки се потребни, без разлика дали станува збор за податоци кои се објавени во News Feed5 или, пак, станува збор за лицата кои се прикажани на фотографиите.

Социјалната интернет мрежа Facebook која е полуприватна6, многу често отвора можности за приспособување на приватноста, воено Facebook редовно врши адаптирање на основните поставки за приватност. Кога се дебатира за заштитата на приватноста мора да се земат предвид и фактите за кого и во кој обем корисници вршат објави, кому му се достапни тие објави, како и можните последици од објавите.

Социјалната интернет-мрежа Facebook е во постојан конфликт за да воспостави баланс на опциите за адаптација на приспособувањата за приватност. Конфликтот е наметнат од причина кој да ја поседува контролата на приватноста, имено дали тоа ќе бидат корисниците, или, пак, компанијата која нема реални можности за следење на сите корисници.

Доколку ова го реформулираме на разбирлив начин, Facebook сака да има споделување на информации, но во нормативни рамки, компанијата е задолжена да се раководи во рамките на законите, воедно и етички е да се грижи да им овозможи на корисниците обем на споделување на информациите, со цел задржување на фиктивната мисла за контрола на приватноста.

Дефинирање и диференцирање на јавните и заштитените „твитови“

5 News Feed претставува листа на апдејтирани објави на сопствениот страна на Facebook достапно на веб http://www.webopedia.com/TERM/F/Facebook_News_Feed.html (пристапено на ден 15.03.2013 година)

6 Chew, Monica, Balfanz, Dirk, and Laurie, Ben. ,2008. (Under)mining Privacy in Social Networks. [ONLINE] Available at: http://w2spconf.com/2008/papers/s3p2.pdf. [дата на пристап 18.04.2013]..

95

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Прво ќе елаборираме која е разликата меѓу јавните и заштитените „твитови“. Во основа, при отворање на корисничката сметка или кога корисникот се пријавува на Twitter, има можност пораките да останат јавни (оваа опција е стандардната опција на Twitter) или да ги заштити пораките7.

За објаснување, за сметките со заштитени пораки, мора да има мануелно одобрување за секое лице што може да ги види пораките на профилот.

Во основа, јавните пораки, „твитови“ (како што веќе кажавме се стандардно подесување), може секој да ги види, без разлика дали имаат Twitter, додека од друга страна, заштитените пораки може да ги видат само корисниците на Twitter кои ќе имаат одобрување.

Ќе дадеме неколку примери кои ќе го објаснат ова приспособување на едноставен начин. Во суштина, доколку некој има јавна порака во одредено време, таа порака секогаш ќе може да се види и да се најде, дури и ако е извршена промена на приспособувањето. Заштитени ќе бидат само оние пораки кои се напишани по приспособувањето. Исто така, мора да имаме предвид дека доколку некој реши да ги објави заштитените пораки, тоа значи дека сите претходно заштитени пораки ќе станат јавни.

Приспособувањата за приватност на кориснички профилКако што веќе напоменавме, Facebook со текот на времето изврши експанзија

низ светот, драстично зголемувајќи ги можностите за споделување на информации како и по обем така и по длабочина во приватноста8.

Воедно, може да се види и промена во начинот на приспособување на приватноста на самиот профил. Имено, пред пет години сите информации на профилот се уредуваа од едно место, но во изминатиот период тоа се измени. Приспособувањето на различните поставки за приватност се врши од различни места на корисничкиот профил. Можноста за одлучување на начинот како ќе се сподели секоја поединечна информација е присутна. Приспособувањето е возможно преку страницата на која се уредуваат личните информации . Така може да се донесе одлука за видливост или, пак, достапност на одредена група на податоци за поединци,одредена група луѓе или, пак, информацијата воопшто да не биде достапна.

Друга опција која е корисна е можноста која Facebook им ја дава на корисниците за визуелен преглед на сопствениот профил, на ист начин како што тоа имаат можност да го сторат останатите корисници кои го гледаат профилот.

Опцијата беше достапна и претходно, но се приспособуваше од страни-цата со приспособувањата на приватност, но сега е подостапна и е сместена во десниот горен дел од профил-страницата, под сликата на временската рамка, односно Timeline9.

7 За јавните и заштитените пораки на Twitter – Која е разликата меѓу јавните и заштитените пораки? До-стапно на веб-страницата https://support.twitter.com/entries/14016 (влез на 04.06.2013)

8 Boyd, Danah, and Marwick, Alice., 2011,. Social Privacy in Networked Publics: Teens’ Attitudes, Practices, and Strategies. A Decade in Internet Time: Symposium on the Dynamics of the Internet and Society.Oxford

9 Timeline е воведена во септември 2011 година и е задолжителна за сите корисници од февруари 2012 година. Timeline е всушност комбинација на Facebook-ѕид на корисникот и профилот на една единствена страница, создавајќи повеќе визуелно-холистички профил. Timeline вклучува хронолошки детали, од историјата на корисникот со клучните животот поени, вклучувајќи родендени, свадби и други големи настани. Достапно на веб http://www.

96

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Во листата за активности, односно во Activity Log постои опцијата „види како“, View As., и може да се провери до кои информации и содржини се има пристап.

Слика 1 Изглед на Activity Log

Алтернативно, преку притискање на линкот public за да се изврши проверка на изгледот на вашиот јавен профил за оние кои не ви се пријатели и за оние кои само се имаат претплатено10 да ги следат содржините кои ги споделувате. Проверката на при-способувањата на приватност е речиси задолжително кога Facebook прави промени во приспособувањата за приватност, бидејќи тие можат да се однесуваат на поставување ос-новни (engl. default) опции за вашиот профил, најверојатно има диференцијација односно различност од поставките кои биле наместени кога последен пат се приспособувани11.

Подесување и контрола на поставките за приватност на LinkedIn и раководење со социјалното рекламирање на профилот на LinkedIn

LinkedIn ги вознемири своите корисници кога ги промени основните (default) опциите за покажување на имињата и фотографиите на корисниците во реклами на трети страни кои тие ги препорачале или следеле. Овој обид за промена на приватноста на корисниците беше толку значајна што реакциите кои следеа го принудија LinkedIn да ги врати старите опции само по неколку дена.

Наместо да ги покажува фотографиите и имињата на корисниците во реклами на трети страни, LinkedIn сега го покажува бројот на корисници во твојата мрежа кои го препорачале или го следат брендот.

techopedia.com/definition/28406/facebook-timeline (пристапено на ден 18.03.2013 година)10 Лица коишто не се пријатели, но ја следат вашата активност11 Ирина Шумадиева „Како да си ја заштитиме приватноста на фејсбук?“ Скопје: Фондација Метаморфозис, 2012.

97

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Слика 2 Почетна страна на LinkedIn Сега ќе го објасниме еден од начините за исклучување на рекламите: Во следниот текст се опишува процедурата во детали. Кога корисникот е на

главната страна на неговиот профил или на почетната страна на LinkedIn, треба да се направата неколку работи. Прво, корисникот мора да го отвори менито на Подесувања. За да се отвори ова мени, корисникот мора го кликне корисничкото име во горниот агол на почетната страна. Притоа се појавува мени надолу на кое треба да се кликне „Подесувања“ (“Settings”), потоа „Сметка“ (“Account”), во редот до “Account”, и на крај да се кликне на „уредување на социјалните реклами“ (“Manage Social Ad-vertising”). Оваа промена се прави со деселектирање на полето до „LinkedIn може да го користи моето име, фотографија за социјални реклами“. Значи, LinkedIn нема овластување да ги користи корисничките имиња во рекламите.

Согласно овие поставки, корисниците можат да ги уредуваат и другите поставки, како што се „кој може да испраќа пораки до корисникот“ (“who can email the user”) и „уредување на видливоста на податоците“ (“manage visibility of information”).

Прво да објасниме како да се заштитат корисниците од користење на нивните податоци во реклами на трети компании.

На почетната страна на LinkedIn, напишете го корисничкото име во горниот десен агол. На менито што ќе се појави надолу изберете Подесувања (Settings). Од страната на Подесувања, изберете “E-Mail Preferences”. Во колоната до “E-Mail Preferences”, кликнете „Вклучување/исклучување на партнерски мејл“ (“Turn on/off partner InMail”). Со деселектирање на двете полиња, LinkedIn нема овластување да ги користи корисничките податоци во реклами на трети страни. Второ, доколку корисниците сакаат да ја уредат поставката Кој може да ги сочува корисничките информации, тие треба да преземат неколку чекори.

98

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Корисниците имаат опција да спречат несакано споделување на информациите. Тоа се прави со подесување на „Вклучување/исклучување на споделување на податоци во апликации на трети страни“ (“Turn on/off data sharing with 3rd party applications”) во табот Групи, компании и апликации (Groups, Companies and Applications), кои се набројани веднаш под E-mail Preferences. На овој начин, LinkedIn нема овластување да ги користи корисничките информации.

Заштита на Твитовите: од корисничката сметкаПотребно е да се направат неколку чекори со цел да се промени поставката за

приватност на сметката на Tweeter.Прво, корисникот треба да направи промени на поставките на сметката

со кликање на иконата во горниот десен агол на страната и да ја избере опцијата Подесувања од менито кое ќе се појави надолу. Второ, одејќи надолу кон делот за приватност на Твитовите, промената може да се направи со селектирање на полето до „Заштити ги моите Твитови“ (Protect my Tweets). Конечно, промената се прави со кликање на синото копче Save на дното на страната. На крајот, корисникот ќе треба да ја внесе својата лозинка за да потврди дека намерно ги направил промените.

Слика 3 Преглед на приватноста на Твитовите

Во претходниот пасус ја објаснивме промената од незаштитени во заштитени Твитови, а сега ќе објасниме како да се направи обратната промена на корисничката сметка.

Во основа, корисникот секогаш може да ги направи Твитовите јавни со деселектирање на опцијата за приватност на Твитовите која беше објаснета погоре (види Слика 3) во поставките на корисничката сметка и со зачувување на промената. За да биде сигурен, корисникот мора да ги прегледа барањата за следење пред да ги направи Твитовите јавни, бидејќи сите барања кои чекаат нема автоматски да бидат прифатени. Како што веќе кажавме, со деселектирање на оваа опција, сите претходни заштитени Твитови ќе станат јавни.

Споделување на содржиниЕдна од главните новини при последните значајни промени во приспособувањата

за приватност е можноста корисниците секогаш кога поставуваат нови статуси, слики или линкови да изберат со кого да ја споделат содржината.

Како основни опции за споделување се следните12:

12 Приспособување на приватност достапно на веб http://www.facebook.com/help/385017548218624 (пристапено на ден 18.03.2013 година)

99

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

• јавно достапни (engl. Public), • сопствените пријатели (engl. Friends), • пријателите без познаниците (engl. Friends except Acquaintances), • исклучиво лично (engl. Only me) и • лица на кои со посебно означување им се дава пристап (engl. Custom).

Слика 4 Опции за приспособување на приватност на содржини

Со последната опција можете да им дозволите видливост на содржините и на пријателите на вашите пријатели. Пријателите кои се поставени во листа на прија-тели, одредени пријатели или custom и на пријателите кои ги означувате со таг13. Со поставување на погоренаведената опција може да се забрани видливост на дел од пријателите или, пак, на листа на пријатели. Дел од горенаведените опции во моментот се прикажани и визуелно, односно со графички приказ.

Содржините што се постираат од интернет-порталите, со притискање на копчето Like14 или со коментарите кои ги оставате на веб-сајтовите кои го користат системот за коментирање на Facebook, се појавуваат јавно на ѕидот на профилот. Затоа Facebook предупредува кога не го гледате копчето за одредување на начинот на кој сакате да споделите некоја содржина, треба да се земе предвид дека информацијата ќе биде јавно достапна.

13 „Таг“ е специјален вид на линк. Кога некоја личност ќе биде тагната односно означена се создадава линк на нивнаиот Τimeline. Покрај во фотограгија може да се означи и личност во објавување на пост (статус) кој исто така се објавува на Τimeline на корисникот. На пример, можете да обележите на слика да се покаже кој е на сликата . Ако сте обележани односно „тагнати“ од пријател во статусно ажурирање, секој кој има пристап до ажурирањето може со еден клик на името на вашиот пријател пристапи до нивниот Τimeline. Достапно на веб http://www.facebook.com/help/124970597582337/ (пристапено на ден 18.03.2013 година)

14 Кога ќе кликнете на Like на страница Facebook на одредена реклама, или на содржината на Facebook се прави конекција до истата. Вашиот like ќе се појави на Timeline и исто така, може да се појави во News feed. Вашето име и презиме со линк може да бидат прикажани на страница на која сте притиснале Like, воедно меже да се појавите и во реклами за таа страница пред вашите пријатели. Достапно на веб http://www.facebook.com/help/131263873618748/ (пристапено на ден 18.03.2013 година)

100

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Означување пријатели и локации Полето кое е наменето за статуси, линкови или фотографии е со зголемени

опции наменети за означување година, локација, пријатели и слично. Оваа можност го олеснува тагирањето на пријатели со кои правите нешто заеднички во моментот.

Наместо поставување на симболот at „@“ пред името на личноста, во моментот е потребно означување на знакот кој означува додавање пријател и истиот е потребно да се избере од листата на пријатели15.

Означувањето на локации претставува можност за нарушување на приватноста и безбедноста, како на личната безбедност така и на лицата кои сте ги означиле.

Сепак, и покрај горенаведениот ризик многу корисници и понатаму ги користат опциите за да ги објават или во крајна линија за да ги означат местата кои ги посетуваат.

Слика 5 Пристап до privacy shortcuts

Важна промена е направена од страна на Facebook во однос на можностите за бришење(исклучување) на „тагови“. Опцијата за прифаќање/одбивање „таг“ може да се прави директно од страницата со приказ на фотографијата или објавата на статус преку Options–> Report/Remove Tag на фотографии, Edit или Remove - Remove Tag на одредени линкови или пак статуси16.

Опциите кои се однесуваат на означувањето се приспособуваат во Privacy Set-tings и оттука во делот Timeline and Tagging на Edit Settings.

Со приспособување на поставките во опцијата „преглед на постови“, пред да се објават на вашата временска рамка или во оригинал Review posts friends tag you in before they appear on your timeline, дава можности да имате контролирано објавување на означувањата или, пак, „тагирањата“.

Врз основа на пријателите кои се на вашата листа, во различни ситуации можете да извршите приспособувања на кои делови од вашите објави би биле достапни, со

15 Ирина Шумадиева „Како да си ја заштитиме приватноста на Фејсбук?“ Скопје: Фондација Метаморфозис, 2012.16 Ирина Шумадиева „Како да си ја заштитиме приватноста на Фејсбук?“ Скопје: Фондација Метаморфозис, 2012.

101

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

забрани и ограничувања на содржините кои другите ги објавуваат на тајмлајнот на кој сте означени.

Ограничување на пристапот до албумите со сликиКога се поставува нов албум со фотографии може да се одреди степенот на

неговата отвореност/ достапност кон јавноста. Може да се наведе датум на сликите од тој албум, локацијата, или личностите кои имаат можност истите да им се достапни.

Исто така, поставените фотографии постои можност и подоцна да се променат со приспособувањата за приватност.

Доколку е потребно да се отстрани некој „таг“ од некоја фотографија, тоа се прави преку одбирање на опцијата Remove која се наоѓаа во десниот дел.

Следејќи го овој чекор имате можност за бришење на слики од сопствениот профил, но фотографијата ќе остане достапна на профилот на лицето кое ја поставило.

Воедно постои опција за пријавување на одредени фотографии кои имаат на-вредлива содржина или пак се премногу експлицитни. Сето ова може да се направи преку опцијата Report/Remove Tag од Options и со наведување на соодветната причина за барањето за отстранување на фотографија би се добиле дополнителни опции за решавање на случајот17.

Следење содржини од корисници кои не ви се пријателиСледењето содржини од корисници кои не ви се пријатели претставува

алатка за следење на лица за чија активност сте заинтересирани, без притоа да биде задолжително прифаќањето на понуда за пријателство. Како услов за активноста е профилот на кој што сакате да ја следите содржината да биде јавен.

Во таков случај, со доаѓање до профилот кој е интересен и имате желба за следење, на горниот дел на страницата изберете Subscribe, а со тоа новините од конкретниот корисник ќе стигнуваат во вашиот News Feed.

Слика 6 Начин за одбележување на Subscribe (претплата) на лица кои сакате да ги следите18

17 Ирина Шумадиева „Како да си ја заштитиме приватноста на Фејсбук?“ Скопје: Фондација Метаморфозис, 2012.18 превземено од http://www.fluxfun.com/2011/11/14/the-facebook-subscribe-button/ (пристапено на ден

18.03.2013 година)

102

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Со кликнување на копчето Subscribed можете да одредите што поточно сакате да до-бивате како тип информација во вашиот news feed како што е прикажано погоре на сликата.

Ваквите филтри можете да ги примените и за оние кои веќе се во кругот на вашите пријатели на чии информации сте всушност автоматски претплатени.

Оваа опција е одлична од аспект на давање поголема слобода за информирање и следење на активностите на некои луѓе чија работа е од интерес вклучувајќи ја работата и на разузнавачките служби.

Генерално гледано во случај на споделување на информации и активности би биле достапни за лица кои не се дел од листата на пријатели преку News Feed19.

Со ова се отвара можност поради која потребно е детално прегледувањена поставките за споделување на Facebook. Со цел оневозможување на претплата на профил, потртебно е подесување во Account Settings, и преку табот Subscribers и со деселектирање на именуваната опција се оневозможува следење на профилот.

Блокирање луѓе и апликацииОдредени групи на намерни (разузнавачки, хакерскии профитни и непрофитни

организации сл) и ненамерни (маркетинг, телеселинг компании) често вршат злоупотреба на можностите што ги нудат социјалните мрежи, вклучувајќи ја и достапноста на корисниците.

Со цел да се заштити безбедноста и приватноста од несакани покани или следбеници на вашиот профил постои можност за блокирање на корисници или групи.

Оваа опција се приспособува преку последната опција од страницата за постав-ки за приватност, преку блокирање на лица или апликации или во оригинал Blocked People and Apps.

Во овој таб има 3 (три) нивоа на ограничување на пристапот за интеракција со вас.

Слика 7 Начин на блокирање на лица и апликацииОвие три начини се :• опцијата блокирање на корисници или во оригинал Block users. Со оваа

опција се врши директно блокирање на лица и интеракцијата со нив е возможна само низ заедничко членување во одредени групи или апликации

19 Ирина Шумадиева „Како да си ја заштитиме приватноста на Фејсбук?“ Скопје: Фондација Метаморфозис, 2012.

103

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

кои се заеднички. • Опција за блокирање на покани од апликации или во оригинал Block

app invites. Со оваа опција, како што и претходно беше наведено се врши директно блокирање но на одредени апликации.

• Опција за блокирање на покани за настани или во оригинал Block event invites. Со избирање на оваа опција се врши блокирање на поканите испратени до вас за одредени настани и манифестации.

Слика 8 Три нивоа на ограничување на пристапот за интеракција

Доколку сакате да го ограничите пристапот до информациите кои ги споделува-те со одредени пријатели имајте на ум дека блокирањето е само една од опциите. Тука би препорачал користење на лицата во листата Restricted, и потоа од оваа локација преку едитирање односно додавање на лица.

Останати сигурносни меркиЗа дополнителна заштита на податоците од други апликации, најкорисна е

употребата на HTTPS20-протоколот21 секогаш кога тоа е возможно. За да се употре-би овој протокол потребно е преку Account Settings менито во опцијата Security да се одбере Edit во просторот кој се однесува за Secure Browsing. Со одбирање на опцијата за Browse Facebook on a secure connection (https) when possible се овозможува заштитна конекција кога е тоа возможно.

20 Hypertext Transfer Protocol Secure (https) е комуникациски протокол кој асе користи за безбедна комуникација низ компјутерска мрежа превземено од http://en.wikipedia.org/wiki/HTTP_Secure (пристапено на ден 18.03.2013 година)

21 Ана В. Ковачевић ,2009, Цурење информација преко Facebook-A Годишњак факултета безбедности annual faculty of security studies 2009 универитет у Београду – Факултет безбедности

104

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Слика 9 Приказ на логирање во HTTPS-протоколот

Можете да овозможите систем за двојна автентикација за да бидете сигурни дека вие сте единствениот корисник на Фејсбук кој се најавува со вашите кориснички податоци. На оваа локација потребно е да се избере Login Approvals и со означување на опцијата ќе биде потребно да се внесе код при најава од неавторизиран уред за пристап до личниот профил. Воедно постои и можност за добивање на известувања секогаш кога има најава на вашиот профил од уред кој не е користен претходно.

ЗаклучокКако заклучок на сето погореизнесено, се наметнува заклучокот дека кори-

сниците на Facebook социјалната интернет мрежа мора да вршат приспособување на поставките за приватност.

Имено, како што Компанијата Facebook експанзираше со текот на годините, така приватноста на податоците се намалуваше. Евидентен е обидот за пронаоѓање баланс помеѓу безбедноста и комерцијалноста. Низ трудот се дадени глобални рамки за некои од можностите за заштита на приватноста наменети за апликативните корисници на социјалните мрежи.

Преку имплементирање на поставките кои се дадени во трудот нивото на заштита на приватноста драстично ќе се зголеми. Но за да не бидеме разбрани погрешно, апсолутна безбедност на социјалните интернет мрежи не е реално достижна, но со имплементирање на низа од поставки низ корисничкиот профил безбедноста се зголемува.

105

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

ЛИТЕРАТУРА

Ross, C., Orr, E. S., Sisic, M., Arseneault, J. M., Simmering, M. G., and Orr, R. R. , 2009. Personality and motivations associated with Facebook use. Computers in Human Behavior., March 2009 , p 578-586

Ерол Максуд, Марија Шандуловска, Доц .д-р Сашо Гелев, 2012, Новиот начин на комуникација: Социјални Мрежи, Зборник на трудови, Скопје, p 390-398

Chew Monica, Balfanz Dirk, and Laurie Ben, 2008. (Under)mining Privacy in Social Networks. [ON-LINE] Available at: http://w2spconf.com/2008/papers/s3p2.pdf. [дата на пристап 18.04.2013]..

Boyd, Danah, and Marwick, Alice., 2011,. Social Privacy in Networked Publics: Teens’ Attitudes, Practices, and Strategies. A Decade in Internet Time: Symposium on the Dynamics of the Internet and Society.Oxford September 2011

Ирина Шумадиева , 2012, „Како да си ја заштитиме приватноста на фејсбук?“ Скопје: Фондација Метаморфозис,

Boyd, Danah, , and Hargittai, Eszter. 2010. Facebook Privacy Settings: Who Cares?. First Monday, 15-8

Ана В. Ковачевић ,2009, Цурење информација преко Facebook-A Годишњак факултета безбедности annual faculty of security studies 2009 универитет у Београду – Факултет безбедности , Белград

Југослав Ачкоски, Методија Дојчиновски, 2011, Сајбер криминал и заштита на дигиталните податоци во компјутерските мрежи, Национално теоретско списание „Современа македонска одбрана“, Скопје, Р. Македонија, Април 2011

Jugoslav Ackoski and Metodija Dojcinovski, 2012, Cyber Terrorism and Cyber Crime – Threats for Cyber Security, In Proceedings of First Annual International Scientific Conference Organized by “MIT University – Skopje”, Makedonski Brod, Macedonia, June 09, 2012

Jugoslav Achkoski, Vladimir Trajkovik and Metodija Dojchinovski, 2011, “An Intelligence Informa-tion System based on Service-Oriented Architecture: A Survey of Security Issues,” Information & Security: An International Journal, vol. 27, р 91-111.

107

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA 107

004.774:[327:355.45(093.2)Прегледен научен труд

ЈАВНА ДИПЛОМАТИЈА И КОНТРАДИПЛОМАТИЈА

Игор ГЕЛЕВ1

Апстракт: Во времето на предоминација на традиционалната политика на моќта во меѓународните односи беше најважно кој располага со најголема воена, а подоцна најголема економска моќ. Но, денес, во време на информатичка супериорност во политиката и во контекст на односи кои се одвиваат во „глобалното село”, сè поважно станува чија „приказна” ќе победи. Имено, на националните наративи се гледа како на еден вид парични валути. Владите се натпреваруваат меѓу себе и/или со други „неформални” (недржавни) организации заради подобрување на својата веродостојност за сметка на другите. Во контекст на т.н. глобално цивилно општество, интернетот и социјалните мрежи играат главна улога. Зголемената разноликост и флексибилност на недржавните актери доведе до појава на современа дипломатија со својот егзамплар т.н. јавна дипломатија. Случајот „Викиликс“ го иницираше процесот на демистификација на современата дипломатија пред обичните граѓани. Со тоа се иницираше и прашањето за функционалноста на современата дипломатија во иднина. Дипломатијата стана премногу значајна за со неа да се занимаваат само дипломатите. Вклучувањето на нови актери во дипломатијата е една од најзначајните структурни промени во дипломатијата, а таа промена ја овозможи интернетот. „Викиликс“ е пример за катализатор на тие промени на времињата кога меѓународни дипломатски кампањи се водеа од стотина дипломати, а денес може да бидат водени од поединци/анонимци, скриени со преносни компјутери во сопствените „засолништа”. „Викиликс“ прати порака дека во време на глобализација и информатичка ера нема да биде толерирана тајната дипломатија.

Клучни зборови: „Викиликс“, „мека“ моќ, недржавни актери, големи сили.

1 Авторот е мајор на АРМ и магистер по одбрана

108

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Вовед

Изборот на темата за овој текст е детерминиран од трендот на збиднувањата во светот на дипломатијата, појавата на феноменот наречен „Викиликс“, кој несомнено преставува земјотрес на глобалната дипломатска сцена и веќе се нарекува дипломатски 11 септември.

Меѓународните односи во последниве години се одбележани со драматични, и честопати непредвидливи збиднувања, како што се, на пример, Арапската пролет, неизвесниот исход од интервенциите и реформите во Авганистан и во Ирак, трендот на домашниот тероризам, и сето тоа е дополнително усложнето од светската финансиска криза и нејзиното прелевање од светскиот центар кон неговата периферија.

Импрегнантниот комуникациско-технолошки равој и појавата на нови електронски мас-медиуми, прават сите овие промени да се чувствуваат насекаде, а светот сè повеќе да наликува на глобално село.

Уште од крајот на Студената војна, најразвиените и најмоќни држави почнаа да промовираат нов концепт на експортирање и наметнување на сопствената идеологија. За таа цел се трансформираше дипломатијата од традиционална во современа или популарно - јавна дипломатија, која може да се следи и преку феномени како што се извозот на демократија, промената на режими, со помош на внатрешно дејствување на актерите на цивилното општество и другите недржавни актери. Ова требаше да претставува премин од традиционалната дипломатија кон промоција на концептот на „soft power“ наместо дотогашната „hard power“ дипломатија.

Игнорантскиот однос, па и индиферентноста на меѓународната заедница за решавање на прашањата кои се извор на регионални конфликти во светот, при истовремено толерирање на воените екскурзии на големите сили, беше драматично изменета со појавата на „Викиликс“. Тоа претставуваше земјотрес во глобалниот дипломатски систем во време кога дипломатијата претставува единствена можност за оправдуваање на (не)легалните воени интервенции пред домашната и светската јавност, со тоа што на виделина изнесе снимки, документи и дипломатска кореспонденција која е компромитирачка за многу корпорации и влади во светот, а особено на најмоќните. За многумина ова беше доволно да го посочат „Викиликс“ како репрезент на модерна контрадипломатија или своевиден ,,лустратор“ на сите (не)дела на јавната дипломатија и воените операции водени од големите сили. „Викиликс“ внесе револуција во сфаќањето на дипломатијата, создаде претстава за можноста глобалното цивилно општество да се зафати со контрадипломатија, а класичното новинарство во појавата на „Викиликс“ гледа сериозен индикатор на сопствената професионална и морална криза. Истовремено, ваквата појава го динамизираше истражувачкото новинарство од областа на безбедноста и мирот.

Дипломатијата во современите меѓународни односи

Предмет на овој текст е прашањето за современата дипломатија и феноменот „Викиликс“ и неговата улога во меѓународната дипломатија, анализирано преку настаните и скандалите кои следеа по појавата на „Викиликс“ со објавување на информации за државите кои земаа активно учество во војната против тероризмот, како и профилот на „Викиликс“ како недржавен актер во меѓународната дипломатија-

109

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

преку утврдување на целите, методите и начинот на вршење на влијание врз трети држави и врз меѓународната заедница во целина. Анализата на ова прашање треба да даде одговор дали „Викиликс“ ќе има влијание врз иднината на меѓународната дипломатијата. Теориската рамка во која се опишува целокупниот квантум на податоци и анализи е базирана на концептот на „нормативната моќ” на меѓународната дипломатија, според кој светската дипломатска хармонија се заснова на претходно уредени меѓународни дипломатски односи кои се почитуваат меѓу државите. Но, тезата го проблематизира овој концепт со употреба на теориски аргументи кои се однесуваат на анализата од објавените информации од интернет-порталот „Викиликс“, илустрирани по примерот на Јустинијан (дипломат од 15 век) кој вели дека дипломат е исклучително чесен човек кој е делегиран во друга држава за да лаже за својата држава.2 Така, „Викиликс“ предизвикува тектонски потреси во дипломатската заедница, притоа нанесувајќи најголема штета во американската администрација, откривајќи ги дипломатските депешеа и нивните налогодавачи каде дипломатите истражувале и семејни „пикантерии“ за челниците на ОН и на ЕУ со цел обезбедување дипломатска, па и економско-воена поддршка за воените кампањи на големите сили.

Најновите теоретски анализи го поставуваат прашањето: Дали нормативната моќ (тука е вклучена и меката и твдата моќ) на дипломатијата на театралната пие-са за светска доминација го креира светското сфаќање дури и за прашања кога се врши експлицитно насилство во име на хуманитарни цели? Во таа смисла, и ова истражување засновано на конструктивистички премиси ќе даде одговор на овој и сличен вид на прашања, преку идентификување на „Викиликс“ како безбеден интер-нет-портал за разни анонимци да можат да доставуваат вистинити документи за сè она што современите и (не)демократски институции се обиделе да го затскријат од своите граѓани, а се смета за дел од надворешната, односно внатрешната политика на државата. Во таа смисла, говориме за интегралноста на дипломатскиот естаблишмент и одговорноста кон своите граѓани. Воедно, теориското определување на проблемот на истражување се лоцира во рамките на меѓународната дипломатија, односно преку различни теориски постулати како институционализмот, глобализацијата, колективизмот, либерализмот, така и преку разни теории на дипломатските процеси, почнувајќи од дипломатскиот функционализам, па сè до либерал -интерговермента-лизам и дипломатскиот културализам.

Кога говориме за „Викиликс“ и негово идентификување со контрадипломатијата како процес кој ги удри темелите на современите дипломатски постулати, треба да се направи мала дигресија и да се елаборира современата дипломатија, гледано

2 Joe Johnson, “How Does Public Diplomacy Measure Up?” Foreign Service Journal 83, no. 10: 44–52, 2006

110

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

преку јавната дипломатија, бидејќи јавната дипломатија ја детерминираше појавата/процесот односно беше катализатор на контрадипломатијата.

Новопромовираната јавна дипломатија илустрирано изгледа како старо вино во нови шишиња. Всушност, и покрај тоа што во светот јавната дипломатија се смета како феномен во меѓународните односи, јас би рекол дека истата е само логична трансформација на веќе нефункционалната традиционална дипломатија. Имено, јавната дипломатија претставува (не)официјална комуникација меѓу државни и недржавни актери или меѓународни организации со недржавни актери (разни цивилни општествени групи или друг вид на општествени институции). Јавната дипломатија изгледа како раскрсница на двонасочна и еднонасочна улица и има цел мултилатерална комуникација со системски неспоиви институции или официјално создавање на интеркаларна комуникација на културно поле и приближување на граѓанскиот концепт во традиционалните општества.3 Особена популарност добива по терористичките напади на САД на 9 септември 2001 година, кога има за цел подобрување и приближување на западните вредности во остатокот на светот.

За разлика од јавната дипломатија, дипломатијата во традиционален поглед е прикажана како игра каде што улогите и одговорностите на актерите во меѓународните односи се јасно исцртани. Тоа значи дека во традиционалната дипломатија постои јасно одредени правила на игра кои се почитувани и единствени за успешно владеење на дипломатските односи. Просторот за маневар на актерите во дипломатијата е ограничен, и тие всушност се инструмент на централната владина политика.

За разлика од тоа, кај јавната дипломатија е речиси сè дозволено (во позитвна законска смисла), а меѓусебната коресподенција со недржавни актери е речиси несфатлива, гледано од традиционален аспект. Јавната дипломатија опфаќа мултилатерална комуникација со сите државни или недржавни актери, формални и неформални средби и сл. Еклатантен пример беше јавната дипломатија од Западот кон либискиот претседател Гадафи. Имено, иако беше прогласен за диктатор, промотор на државен тероризам и слично, британскиот премиер Тони Блер водеше неформална дипломатија со истиот и притоа таквиот вид на дипломатија не беше окарактеризирана како тајна дипломатија.

Етаблирањето на јавната дипломатија во современите односи е прифатено од речиси сите поголеми организации кои благодарение на истата многу полесно ги постигнуваат целите, дури и кога се прекршува меѓународното право. Организациите како што се БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и ЈАР), или МИКТ (Мексико, Индонезија, Јужна Кореја и Турција), ја користат јавната дипломатија за развој, мас-пропаганда и постигнување на економските цели, а веројатно и како транзициски модел за формирање на некаков политичко воен сојуз во блиска иднина. На западната

3 (David Welch, ‘Powers of Persuasion’, History Today, 49, August 1999, pp. 24–6.).

111

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

хемисфера и е многу полесно владеењето и функционирањето на јавната дипломатија за разлика од традиционалниот Исток, бидејќи таму сè уште нема доволно моќни недржавни актери (невладини организации, граѓански здруженија, неформални политички, културни и економски организации), односно поинаку е конципирано цивилното општество.

Друга карактеристика на јавната дипломатија е псевдодипломатијата која подразбира делување на официјалните органи за меѓународно прикажување на државите, одредени државни функции во странство со овластувањата кои им се даваат на агенциите и на нивните членови од страна на земјите кои ги испраќаат, односно ги примаат, и генерално тие зависат од карактерот и целта на мисијата. Општа карактеристика за овие агенции е дека тие немаат статус на официјални претставници на својата влада. Тоа значи дека тие немаат дипломатски карактер, односно дека своите работи ги извршуваат само врз основа на дозвола од владата во која престојуваат на начин кој е претходно утврден. Псевдодипломатијата е нежен инпут за хармонизирање на меѓусебните односи во држави кои се федерални единки или унитарни држави, но со повеќе ентитети за воспоставување на политичка и културна соработка на централната власт со суб-субјекти кои немаат управувачка моќ, но се фактор за одредени целни групи. Она што ја прави интересна јавната дипломатија, и покрај тоа што за индивидуи или групи односно држави таа е добра работа или, пак, апсолутно неприфатлива, па дури и оценета како закана, тие не се во позиција дали да ја прифатат или не, бидејќи истата постои во сите општествени сегменти. Дали преку културата, мас-медиумите, спортот или некој друг граѓански сегмент, јавната дипломатија субинституционално функционира, а на владите е истата да ја прифатат и кондицираат или со задоцнување да го видат ефектот од истата.

На друга страна, пак, разни бунтовнички организации, недржавни актери идентификувани од едни како терористи, од други како борци за човекови права, ја сфатија јавната дипломатија како комерцијална мултилатерална дипломатија, и врз основа на тоа ги темелат своите успеси. Јавната дипломатија во исламскиот свет беше дочекана како нова закана од Западот, но подоцна истата им овозможи меѓусебна коресподенција, а подоцна и субинституционална коресподенција на непријателски и меѓусебно завојувани земји.

Глобализацијата и дипломатијатаОбјаснувањето на глобализацијата и дипломатијата е секако во насока на

тоа дека дипломатијата е инструмент во процесот на глобализацијата. Во ерата на глобализацијата (во која сме веќе поодамна), дипломатијата може, односно треба да го замени војувањето во тој меѓу период. Имено, дипломатијата (ќе) има цел да

112

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

создаде модел на детериторизација (според стручна литература), но станува збор всушност за интернационализација на одредени светски добра. Што значи тоа? Тоа значи дека дипломатијата (јавната дипломатија) претставена преку транснационални невладини актери, мултинационални корпорации, регионалните организации кои се всушност клетките на глобализацијата, ќе работи на макроперспективата на новиот и „подобар свет”. Благодарение на дипломатијата ќе расте способноста на релативно мали актери да донесат прашања од интерес во глобалната дебата, расте можноста за соработка и трансформација на конфликти. Друга важна улога на дипломатијата ќе биде редуцирање на цивилизацискиот јаз со фокусирање на хомогенизација на економска идеологија и создавање на универзални верски, филозофски и граѓански вредности.4

Јавната дипломатија и либералната империјаПосле нападот на фамозниот 11 септември, американскиот народ беше згрозен

и уплашен од обемот и целта на грозоморниот чин. Тоа беше засилено и со чувството дека ете тоа се случи кај нас/нив дома од инструмент на политики кои неформално беа поддржани од една цивилизација. Се наметна прашањето за причините кои доведоа до тоа. Зошто некој го мрази американскиот народ? Кој е мотивот на сторителот и неговиот ментор? Со што придонел политичкиот естаблишмент за американскиот сон да се претвори во меур од сапуница? Американската влада требаше да даде одговор на сите овие прашања кои го засегаат обичниот Американец кој се грижи за своето семејство. Производот од сето тоа е трнливиот пат на војната на Блискиот и Далечниот исток која само го продлабочи јазот на цивилизациите и резултираше со уште поголем страв на американскиот човек.5 Бушовата администрација го усвои концептот за преемптетивна самоодбрана и истовремено го лоцираше виновникот кај другата страна. Нешто подоцна, кога стана евидентно дека американскиот човек бара одговори и заштита за себе и семејството, политичарите побараа помош од истражувачите од областа на мирот. Понудените решенија не кореспондираа со среднорочната надворешна политика ниту, пак, со концептот на Националната стратегија за одбрана. За таа цел беше прифатена јавната дипломатија која времено беше „бај пас“, првично наменета за внатрешната политика, а подоцна беше конструирана и промовирана како официјална надворешна дипломатија. Ваквиот вид дипломатија беше мултиефективна, обезбедуваше поддршка дома и од сојузниците, истовремено нудејќи можности за помирување и колаборација, а по природа истата е граѓанска и конструктивна, a притоа осетливите и горчливи историски и национални

4 (Richard Holbrooke, ‘Get The Message Out’, Washington Post, 28 October 2001.)5 Joseph. Nye, Bound to Lead: The Changing Nature of American Power (New York: Basic Books, 1990); and J.

Nye, Soft Power: The Means to Success in World Politics (New York: Perseus, 2004).

113

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

нерешливи прашања ги делегира на граѓанскиот сектор.6 Ваквиот вид дипломатија беше инструмент за градење на либералната империја

како нов правец во меѓународната политика. Ако за Американецот либерализмот значеше слобода, припадниците на арапскиот свет го доживуваа како окупација. Либералната девиза, слобода, правда и можности, арапската популација ги доживува како доминација, хаос и цинизам. Затоа беше структурирана јавната дипломатија за да го надмине тој цивилизациски јаз. Улогата на извршители на таквата дипломатија им беше доделена на лица од јавниот и граѓанскиот сектор од домицијалното население, чие делување ќе имаше импакт на вкупниот циклус во процесот на извоз на либерализмот.

Јавната дипломатија во својата структура (како што споменав во минатите неколку броја) има две компоненти, тврда и мека моќ. Американската надворешна политика ги користеше овие две компоненти кои се во спрега.

Јачината на тврдата компонента (војната како инструмент) се правдаше и се легитимираше со механизмите на „меката“ моќ. Механизмите на „меката“ моќ овозможуваат градење на политички односи и редуцирање на негативното јавно мнение, дури и кај вечните противници.

Јавната дипломатија како бренд или концепт за надминување на разликитеМоже да се заклучи дека јавната дипломатија има широк спектар на можности.

Нејзината примена може да обезбеди доближување на замрзнатите позиции кај спротивставените страни, па оттука се наметнува и тезата зошто Република Македонија со примена на ваков вид дипломатија не се обиде да ги реши или да ги доближи позициите со спротивставените страни. Наместо резервирани официјални билатерални преговори со некој од соседите, позициите можат прво да се омекнат, а потоа да се работи на нивно доближување. Но, за таа цел, прво е неопходно политичкиот естаблишмент да ги идентификува сопствените слабости и пропусти кои предизвикале или допринеле македонскиот граѓанин да се прашува зошто соседните држави креираат националистичка и шовинистичка политика кон Македонија? Што е причината македонските граѓани да не се чувствуваат безбедно во некои од соседните држави, па и одредени делови во сопствената држава? Кои се последиците од таквата конститутивна политика на политичките елити од формирањето до денес?

Вакви и слични прашања го засегаат македонскиот граѓанин, кој не живее во илузии за тоа дека е тој супериорен и дека сите околу него имаат анимозитет кон него токму поради тоа. Од друга страна, пак, и самосожалувањето за сопствената обесправеност не оди во прилог на иднината на државата. Креирањето на надворешнат, па и на домашната политика треба да се базира на рационални и стручни сондажи и анализи на меѓународните трендови и текови, со цел навремено чекорење по патот на

6 Vulving, Alexander L., How the soft power works?.2009

114

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

просперитетот, а не по патот на апатијата и летаргијата со проектирање на невидливи непријатели.

Јавната дипломатија нуди механизми за санирање на последиците и преземање на чекори за постепено градење на позиции за посакуван сосед и соседи, за меѓусебна политичка, економска и културна колаборација.

Димензионирање на политичко граѓанско општество е основата за внатрешна кохезија и создавање на силна платформа за постигнување на паневропската агенда. Тоа значи делегитимирање на принципот на моноетички политички субјекти, олицетворени преку политичките партии, дури и кај партиите со либерален предзнак наместо граѓанскиот дух и во насока на такви содржини, впрочем и се темели етнонационалниот-демократски дух. Промовирање на граѓанската идеологија како заштитен предзнак на сите политички субјекти, што би значело дека основата на политичката идеологија ќе биде граѓанскиот концепт, фокусот на граѓанинот и неговите права. Тоа би била почетната водилка што подоцна ќе имплицира граѓаните на Република Македонија да се идентификуваат како граѓани на државата (ова особено се однесува на малцинствата), а доколку и се идентификуваат со политичката припадност, тоа да биде граѓанската идеологија како предзнак на партијата, а потоа нејзино политичко позиционирање. Инвестирање во граѓанскиот и невладиниот сектор како приоритетен демократски чин за создавање на внатрешната кохезија во државата во која никој не би се чувствувал дискриминиран и уплашен за себе, за семејството и за својата иднина. Промовирање на фер-услови за настап на пазарот на трудот и апсолутна деполитизација на институциите раководени од централната власт како основен предуслов за создавање на професионална администрација, здравство, судство и безбедносни сили. „Декриминализирање на политичката неутралност” и промовирање и уважување на индивидуалната способност со правилно водење и унапредување. Димензионирање и создавање на предуслови за моделирање на недржавни актери кои преку своите невладини сектори ќе го промовираат европскиот дух на човекови права и слобода на изразување. Истите, по извесен временски период би прераснале во регионален недржавен актер со етаблирање на интернационален невладин сектор, кои во сопствените редови ќе го врши помирувањето и прокламирањето на слободарскиот и европски дух.

Јавната дипломатија како дел од Информациските операции во и кон Република Македонија

Следејќи ја таксономијата на менаџирањето со ваков вид дипломатија може да се заклучи дека јавната дипломатија, заедно со психолошките операции, прикриените акции (активности) и односите со јавноста, претставуваат субелементи

115

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

на информациските операции. Овие пет субелементи го креираат или го дизајнираат информацискиот простор.7

Во рамките на информациските операции јавната дипломатија го пронашла своето место како моќна алатка во креирањето на средина поволна за дизајнерот. Имено, јавната дипломатија има цел да го убеди поширокиот аудиториум за поинаквите аспекти на вистината, преку индиректна дипломатија и политички дијалог, културна дипломатија и други помошни инструменти. Честопати во дипломатските кулоари, посебно во традиционалните, јавната дипломатија ја идентификуваат како премостувања на „жешките костени”со „спинување“ на вистината. Иако за волја на вистината самото „спинување“ на ваквите вистини честопати го даваат кредибилитетот на решенијата, но и го задржуваат легитимитетот на владите. Спинот како елемент има сопствен циклус, и не преставува лага туку различна проекција на вистината. Сите елементи во циклусот имаат свој продукт од кој е детерминиран крајниот производ. Во таа насока и во Македонија постојат разни шпекулации за евентуални спинови околу времепловот за проблемот, но и решението на прашањето за името. Несомнено дека јавната дипломатија од разни недржавни актери по прашање на името е присутна во „информацискиот простор”, а резултатите од овие или оние активности ќе бидат согледиви на подолг временски рок.

Во последните анализи на угледни странски аналитички новинарски центри во извештаите за Македонија во делот на предизвици за 2013 година е наведено дека во Македонија нема да има војна?! Само по себе се поставува хипотезата зошто би требало да има, како логично прашање на содржината од прашањето инспирирано од текстот. Секако дека информацискиот простор во време на локалните избори кои се артикулирани од сите политички субјекти во стилот да се биде или не (особено во градовите Кичево и Струга), ги наметнува сите „спинови“ на (не)државните актери кои ги експлоатираат апетитите на домашните политичари. Но тие одат и понатаму со анализи на косовското прашање како пан-дам на ситуацијата во Македонија, што само по себе е нон-сенс и според сите меѓународни стандарди нема допирна точка. Во меѓувреме во ваков „обременет информациски простор”, политичарите на соседна Албанија дополнително ја вжештуваат регионалната политичка сцена за создавање на држава-нација, што преставува увертира за сценарија со несогледливи последици. Секако дека угледниот аналитички агенции одат понатаму за да се дополнат предизвиците за 2013 година со прашањето за името, но и за прелименарниот договор за добрососедски односи со Република Бугарија. Очигледен е спинот во информацискиот простор со подвлекување на една нелогична паралела дека неуспехот на преговорите меѓу Србија и Косово би имплицирале територијално поткусурување со Македонија, истовремено дополнувајќи ја спиралата на насилство со нерешените

7 Thomas de Zengotita (Mediated: how the media shapes your world and the way you live in it, 2005. pp 23)

116

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

статусни прашања, особено околу унитарноста на државата. Од друга страна, пак, се зголемува интензитетот на активности и збиднувања во информацискиот простор за глорификација на воените и политички (не)успеси на земјите во регионот. Анализите за крај покажуваат дека „палавите чеда” на револуцијата (на Балканот) излегуваат надвор од контрола со зголемени апетити, и покрај јасниот став на меѓународната заедница за заокружување на балканското прашање. Дополнително, политичките избори во Македонија го воскреснаа национализмот, отворајќи можности за поинаква политичка платформа за зголемување на сопствениот политички рејтинг. Во вакви констелации Република Македонија во Националната стратегија треба(ше) да има изградено јавна дипломатија за внатрешно и надворешно делување за инхибирање и спротивставување на ваквите процеси, истовремено градејќи надворешни позиции за ЕУ-интегрирање, што несомнено дека ќе ги анулира можностите за загрозување на унитарниот карактер на државата. Истовремено, со ваков вид дипломатија ќе се обезбеди амнестија на политичките субјекти за донесување на не толку популарни стратегиски одлуки за иднината на државата.

Дипломатска герила

Најновите истражувања покажуваат дека во минатата деценија беа потребни 24 секунди медиумско време за да се извојува времена битка во војна. Но, последните релевантни податоци од повеќе угледни истражувачки центри покажуваат дека денес се потребни само 8 секунди медиумско време од славните CNN, BBC или „Al Jazhria“ за извојување на битка поефективна од еднодневно НАТО-бомбардирање. Примерот со воздушните напади во Ирак покажа дека со еден медиумски лап во кои се сцени од масовни гробници, не ја остави рамнодушна неутралната јавност, а политичките елити ги тера да ја подготват домашната јавност и да заземат страна во „далечната војна”, па и да придонесат за извојување на победата над „злото”. Слични се примерите и со Арапската пролет, каде рушењето на „однародените политички водачи” беше дочекано со овации од демократската публика. Но, затоа „Al Jazhria“ како пандам прикажуваше сцени од силување на новинарки од Западот во не толку далеку некогашниот туристички град Каиро, контролиран од ослободителите, угнетуваните и обесправените востаници. Сцените од жртви на диктатурата и колатералните жртви (најчесто деца) на хуманитарните интервенции се редеа на медиумската сцена, без притоа некој да се запраша „чуму” сето тоа кога во секој случај тоа се невини жртви. Насилството раѓа насилство. Ако се повлече една паралела, не е контроверзно да се каже дека сличен е примерот и со земјите во нашиот регион, нормално со различно сценарио, интензитет и форми на интерпретирање.

Новата ера на тргување со информациите ја детерминираше појавата на

117

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

таканаречената дипломатска герила, која се обучува и се користи во исклучителни комплексни услови на неконвенцијално војување, и тоа политичко, економско и воено. Борбата за супериорност и светска доминација ги поставија стандардите и реперите за политичка и воена неутралност.8 Во едни такви услови секој (не)државен играч избира страна и ја зазема својата улога во зависност од своето геополитичко опкружување. 9 Трендот на избор на посилниот не секогаш е и добар избор, и покрај варијаблата на изнуден избор. Народски, домашниот есап не е ист со тој на пазарот. Во едни такви околности и во едни такви геостратегиски услови Република Македонија треба да се подготви за мудри одлуки и избор, секако со претходно создавање на услови, па и шанси за поентирање од тоа. Политичкиот естаблишмент треба да ги користи научените лекции од минатото, но и од светските настани за да се фати во „костец” со динамичниот период кој следи во регионалното политичко опкружување. Притоа треба да се земе предвид дека позади секој актер стои моќна држава со меѓусебно испреплетени интереси и цели. (Не)дипломатската герила во Македонија, па и пошироко во регионот е подолго време присутна и полека но сигурно ги финализира своите цели и интереси. Ваквиот развој на настаните е очекуван, имајќи предвид дека замрзнатите конфликти се решаваат (не)поволно со (не)изнудени решенија кои и така „de facto“ се присутни, но истите ќе бидат „спакувани“ и прикажани како „de jure“. 10

Контрадипломатија, недржавни актериДипломатијата, водена од големите сили, транзитира во согласност со новите

предизвици и извори на загрозување на регионалниот мир (никогаш светскиот мир), но се води и од сопствените интереси. Овие интереси се декларативно национални интереси, иако во прагматична смисла станува збор за економски интереси на државите, но мошне често тоа се економски интереси на бизнис-корпорации кои се во спрега со одлучувачите. Ваквиот тренд на трансцендирање на меѓународната дипломатија која беше детерминирана од геополитичките промени во хроничните кризни региони, и истата кулминираше со промовирање на новата јавна дипломатија. Напоменавме дека јавната дипломатија се води од страна на државите, но денес е веќе матрица за креирање и водење на сопствената политика на многу меѓународни (не)владини актери.11 Јавната дипломатија со своите две компоненти на тврда и мека моќ е речиси секогаш успешен модел за реализирање на сопствената цел. Но, тоа го наметна прашањето како еден меѓународен актер со силно позиционирана моќ, со капацитети и ресурси за водење јавна дипломатија ќе се спротивстави на јавната

8 Carnes Lord, Losing Hearts and Minds?: Public Diplomacy and Strategic Influence in the Age of Terror (Westport, CT: Praeger Security International, 2006)

9 Richard Langhorne The Diplomacy of Non-State Actors, 2005; pp 21-3510 Seong-Hun Yun, “Toward Public Relations Theory-Based Study of Public Diplomacy: Testing the Applicability

of the Excellence Study,” Journal of Public Relations Research 18, no. 4 (2006): 287–312.11 (Bull, 1977, p. 270; compare with Badie & Smouts (1992:70)

118

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

дипломатија водена од страна на големите сили?12 Одговорот на ова прашање е појавата на феноменот наречен „Викиликс“.

„Викиликс“

„Викиликс“ е меѓународна непрофитна организација која публикуваше 1,2 милиони приватни, тајни и класифицирани содржини од анонимни извори.13 Својата работа ја темели на официјални документи и мултимедиумски содржини кои ги публикува на интернет-портал чија содржина се репродуцира, оневозможувајќи нејзина забрана, истовремено правејќи ја достапна за милиони корисници на интернет. Сторијата за „Викиликс“ започна со амриканскиот војник Бредли Манинг кој беше во мисија во Ирак и беше обвинет дека дисиминирал класифицирани документи на основачите на „Викиликс“.

Имено, војникот Бредли Манинг како припадник на административна секција во воена база близу Багдад имал пристап до сервер со база на податоци користена од страна на Владата на САД за трансмисија на класифицирани содржини во вид на документи и медиумски содржини. Објавените содржини придонесоа голем број на политички промени во внатрешната политика на некои засегнати држави, промена на геополитиката во одредени кризни региони, дури постојат и бројни параметри кои укажуваат дека „Викиликс“ беше катализатор на Арапската пролет поради корумпираноста на државните водачи (нешто кое ја засени појавата на „Викиликс“ и неговата улога во современата дипломатија).

„Викиликс“ во современата дипломатија се нарекува феномен или контрадипломатија на актуелната јавна дипломатија и објавените содржини предизвикаа промена на дотогашниот политички курс на големите сили, особено САД, истовремено демистифицирајќи ја улогата и мотивите на одредени финансиски и медиумски магнати, како и други големи играчи на светската политичка сцена. „Викиликс“ прати порака дека во време на глобализација и информатичка ера нема да биде толерирана тајната дипломатија.

Благодарение на „Викиликс“, и транспарентноста на некогаш тајните дипломатски депешеа, денес и обичните граѓани можат да направат ретроспектива и анализа на некои настани кои се случувале, се случуваат или допрва ќе се случуваат. Овие депешеа се предмет за аналитика и анализа на многу институции кои се занимаваат со креирање на внатрешната и надворешната политика во државите и воопшто, на меѓународната сцена. Контрадипломатијата отвори нов правец во ерата на компјутерскиот комуникациски развој за креирање на сопствена политика (или создавање на услови за трета страна) и доминација на медиумската сцена. Последователно на „Викиликс“ се отворија многу афери на влијателни медиуми во кои нивните сопственици „рекетирале” силни политички фигури за (пре)насочување

12 (Evans and Newnham, 1990, p. 39713 www.WikiLeaks.com

119

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

на домашната или меѓународната политика. Па, така, следеа неколку морални оставки на политичари, претставници на ОН, изземање на влијателни невладини организации и борци за човекови права, како и судски процеси на раководни државници во некои држави. Така започна спиралата на лустрирање на многу јавни и тајни (не)дела на големите сили.

Заклучок

Јавната дипломатија се смета како мас-ефект на глобализацијата, бидејќи истата е прифатена и од нејзините поддржувачи и од оние кои првично не ја поддржаа. Дури во некои дипломатски кулоари на азиските земји се смета како нужно зло кое го витализира функционирањето на старите режими кои се во спротивност со брзорастечката економска моќ на земјите. Но, развојот и доминирањето во светот наложуваат комерцијализирање на јавната дипломатија, и за таа цел јавната дипломатија еволуира во три концепти. Прво тоа е пропагандата, или трансмисија на идеи и вредности за одредена специфична цел, дизајнирани да послужат за потребите на оној кој ја користи.14 Секако, не се подразбира наметнување и убедување, туку промовирање или доближување на одредена несвојствена вредност дотогаш до целната група. Вториот концепт е национално брендирање, но всушност претставува национално ребрендирање, или „ригидно бришење на националниот идентификациски код“, односно хомогенизирање на нацијата со повисок бренд. Пример за тоа е ЕУ, чија цел секако не е бришење на националната идентификација туку идентификување, наместо со нацијата, со одредена цивилизација, што секако има свои предности, особено околу превенирање на одредени хронични регионални конфликти. Модус операнди е дека јавната дипломатија не е различна во поглед на целите од традиционалната дипломатија, само разликата е во временскиот рок на остварување на истите.

Третиот концепт се културните релации и подразбира промовирање на правата на човекот, почитување на разликите и промовирање на демократијата. Овој концепт е наречен и генерациски, бидејќи ги промовира своите (или ребрендирани нивните) вредности како општоприфатливи кај помладата популација, а ќе бидат прифатливи кога истите ќе имаат управувачка моќ.15 Техниките на овој концепт се детерминирани од долгиот временски период, кој е различен аналогно на обичаите и културниот развој на целната група.

Може да се заклучи дека јавната дипломатија е своевиден феномен во развојот на дипломатијата, но и нова етапа во преуредување на меѓународните односи кај државите со дијаметрално спротивставени општествени уредувања во време на поврзување и глобализација.

14 (Richard Holbrooke, ‘Get The Message Out’, Washington Post, 28 October 2001.)15 (Jacobson, 1988, p. 4; Archer, 1992, pp. 38-39).

120

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

ЛИТЕРАТУРА

Bronislaw Malinowski, Argonauts of the Western Pacific (Long Gorve, IL: Waveland Press, 1922/1984)

B.H. Signitzer and T. Coombs, “Public Relations and Public Diplomacy: Conceptual Convergence,”Public Relations Review

Carnes Lord, Losing Hearts and Minds?: Public Diplomacy and Strategic Influence in the Age of Ter-ror (Westport, CT: Praeger Security International, 2006)

Carl von Clausewitz, On War, trans. Michael Eliot Howard and Peter Paret (Princeton, NJ: Princeton University Press, 1976), 87

David Hoffman, ‘Beyond Public Diplomacy’, Foreign Affairs, 2002Dorothy Denning in Ibid., 201–02, See also Daniel Kimmage and Kathleen Ridolfo, Iraqi Insurgent

Media: The War of Images and Ideas (Washington, DC: RFE/RL, 2007).Elliot Harris, The “Un-American” weapon: Psychological warfare (New York: M.W. Lads Publishing,

1967)Glen H. Fisher, Public Diplomacy and the Behavioral Sciences (Bloomington, IN: Indiana University

Press,1972), 42, 92.James A. Dewar, “The Information Age and the Printing Press: Looking Backward to See Ahead,

RAND Paper No. 8014, 1998,http://www.rand.org/pubs/papers/2005/P8014.pdf.Joseph. Nye, Bound to Lead: The Changing Nature of American Power (New York: Basic Books,

1990); and J. Nye, Soft Power: The Means to Success in World Politics (New York: Perseus, 2004).Joseph Nye, Soft Power: The Means to Success in World Politics (New York: Perseus, 2004Joseph S. Nye, Jr., Soft Power: The Means to Success in World Politics (New York: Public Affairs,

2004).Joseph S. Nye, Soft Power: The Means to Success in World Politics, 1st ed. (New York: Public Affairs,

2004)Joe Johnson, “How Does Public Diplomacy Measure Up?” Foreign Service Journal 83, no. 10: 44–52,

2006K.G. Coffman and Andrew Odlyzko, “The Size and Growth Rate of the Internet,” First Monday,

October 5, 1998, M. Leonard, Public Diplomacy (London: Foreign Policy Centre, 2002)M. Bruter, ‘Diplomacy without a State: The External Delegations of the European Commission’, Jour-

nal of European Public Policy, 1999N. Ferguson, ‘Power’, Foreign Policy, January/February, 2003

Negar Azimi, “Hard Realities of Soft Power,” New York Times Magazine, June 24, 2007, 50–55“Public Diplomacy” by Pamela H. Smith, Minister-Counselor for Public Affairs, U.S. Embassy, Lon-

don (Published in “Modern Diplomacy”)Paul Ormerod and Shaun Riordan, ‘A New Approach to Geo-Political Analysis’, Diplomacy and

Statecraft, 2004

121

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

P. van Ham, ‘Branding Territory: Inside the Wonderful Worlds of PR and IR Theory’, Millennium, 2002

Rhiannon Vickers, “The New Public Diplomacy: Britain and Canada Compared,” British Journal of Politics & International Relations 6, no. 2 (2004).

R.S. Zaharna, “Asymmetry of Cultural Styles and the Unintended Consequences of Crisis Public Diplomacy,” in Intercultural Communication and Diplomacy, ed. Hannah Slavik (Malta: Diplo Foundation, 2004), 133–142.

R. H.S. Crossman, “Psychological Warfare,” The Journal of the Royal United Service Institution 98(1953):S. Livingston, ‘The New Media and Transparency: What are the Consequences for Diplomacy?’, in

Potter, Cyber-Diplomacy.Seong-Hun Yun, “Toward Public Relations Theory-Based Study of Public Diplomacy: Testing the

Applicability of the Excellence Study,” Journal of Public Relations Research 18, no. 4 (2006): 287–312.

The Future of U.S. Public Diplomacy,” 91st Congress Report No. 91–130, 1968Walter Cronkite, The Daily Herald, October 12, 2003.

123

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA 123

327.51:341.62(100)Прегледен научен труд

ТЕОРЕТСКИ КОНЦЕПТИ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОНФЛИКТИ И ГРАДЕЊЕ НА МИРОТ ВО ПОДЕЛЕНИТЕ ОПШТЕСТВА

Билјана ПОПОВСКА1

Апстракт: Помирувањето е долгорочен процес за надминување на антагонизмот во конфликти кои за засновани на култура и идентитет. Процесот инволвира транзиција од спротивставување до соработка, вклучувајќи реконструкција на општеството и создавање на услови за нормална соработка и живот. Некои автори го нарекуваат „трансформација“ (Lederach), или миротворство (Curle). Тие ја дефинираат трансформацијата на конфликтот како решение кое вклучува трансформирање на непријателските односи во меѓусебно прифаќање и соработка помеѓу актерите во конфликтот. Конфликтот може да мирува и повремено да се активира доколку не се постигне помирување помеѓу спротивставените страни. На тој начин, наместо постигнување на одржлив мир, општеството се поларизира и се создаваат поделени општества кои предизвикуваат повремено или постојано ескалирање на нови конфликти. Градењето на мирот поврзува различни аспекти, како што се спречување на конфликти, управување со кризи, создавање на мир и постконфликтна стабилизација за кои е потребна ефикасност, координација и оджрливост, што ја наметнува неопходноста од добро познавање на постојната архитектура на градењето на мирот. Овој труд претставува мал придонес во таа насока и напор да се направи преглед на различните концепти на разрешување на конфликти и градење на мирот.

Клучни зборови: теоретски концепти, разрешување на конфликти, градење на мирот, интегриран пристап, поделени општества, помирување.

ВоведЦелта на овој труд е да направи преглед на некои теоретски концепти кои се релевантни

за разрешувањето на конфликти и за градењето на мирот во поделените општества. Мојата општа хипотеза гласи: „Охридскиот Рамковен договор, кој стави крај на ескалацијата на борбите во Република Македонија, сепак веќе десет години го продолжува постоењето на конфликтот во сенка, иако истиот е во латентна форма. Тој ја зачува внатрешната безбедност во земјата и овозможи одржлива безбедност на македонското општество. Сепак, повремено може да се забележи една негативна тенденција во одредени образовни показатели, покрај очигледната поделеност на општеството на етничка основа. Од таа причина, многу е важно да се утврди на што се заснова сѐ уште постоечкото незадоволство по Рамковниот договор”. Како што тврди Ричард Соломон, одржливиот мир бара од долгогодишните непријатели не само да ги спуштат рацете, туку и да постигнат целосно помирување кое ќе трае бидејќи ќе биде одржливо. Потребно е да се изгради мрежа на односи во целото општество и механизми кои ќе промовираат правда и ќе ги решат суштинските причини и непријателства пред истите

1 Авторот работи како лектор во Воената академија на Република Македонија

124

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

да ги регенерираат дестабилизирачките тензии2. Градењето на мирот не започнува и не завршува, со на пример иницирање и завршување на операција на ОН или со формирање на политички партии или одржување на избори. Напротив, „градењето на мирот се подразбира како сеопфатен концепт кој опфаќа, генерира и одржува целокупен спектар на процеси, пристапи и фази потребни за трансформирање на конфликтот во поодржливи и мирољубиви односи.3 Природата и карактеристиките на современиот конфликт упатуваат на потребата за комплет на концепти и пристапи кои ја надминуваат традиционалната статична дипломатија. Градењето на куќата на мирот се потпира на основа на различни актери и активности кои имаат цел да постигнат и да одржат помирување4. Наместо тоа, овој труд ќе обезбеди преглед на концепти и дефиниции по кои се раководат играчите инволвирани во процесот на градење на мирот. Не можеме да се надеваме дека ќе биде сеопфатен но, сепак, целта е да се направи не само еден општ вовед на темата, туку и контекст за идна анализа на специфичните аспекти на градењето на мирот. Трудот има цел да ја истакне важноста на помирувањето во процесот на воспоставување одржлив мир. Покрај тоа, трудот треба да даде конструкција за создавање на специфични случаи, како што е случајот со постконфликтна Македонија, со обезбедување одговор на прашањето дали земјата се движи во правец на поделено општество или не. Тоа ќе ја оправда причината зошто повеќето концепти, поими и идеи презентирани подолу се поврзани со етнички конфликт, како конфликтот што се случи во Република Македонија.

Концепти, поими и идеи поврзани со етничкиот вооружен конфликт Според Кауфман, автор цитиран од Ентони Обершал5: „Етничка група“

подразбира голема група на луѓе кои имаат самостојно дефинирано име, веруваат дека имаат заедничко потекло, имаат заеднички историски спомени и споделуваат заеднички културни елементи (како религија и јазик) и се приврзани (некогаш само историски или сентиментално) за одредена територија. Хоровиц, друг автор цитиран од Обершал, вели: „Етничките групи имаат солидарност и чувство за „ние“; нивните припадници меѓусебно чувствуваат нешто од „ние самите“. „Националноста се однесува на голема група луѓе кои имаат заедничка и специфична расна, лингвистичка и културна историја и сочинуваат интегрален елемент на една поголема група“6. Двата термини, „етничка група“ и „националност“ се преклопуваат и честопати се користат како синоними.

Обершал тврди дека добросостојбата на општеството не зависи само од трансакциите меѓу поединци, туку и од колективните добра. Консензусот за колективните добра (на пример, јазик, идентитет на групата, колективни симболи на заедничките вредности и достоинството на групата изразено преку празнувањето на одредени денови, именувањето на улици и јавни споменици, улогата на религијата во јавниот живот) ги намалува чувствителните конфликти во политиката и овозможува управување со помалку трошоци. Етничките групи вообичаено имаат функционална организација во нивната заедница со тесни меѓучовечки мрежи на односи и културни, општествени и религиозни здруженија кои се вклопени во етничката заедница. Политичката мобилизација на етничките групи не започнува од нула. Етничките активисти ја пренасочуваат веќе постоечката голема етничка инфраструктура на здруженија и мрежи кон политички барања, приспособувајќи ги етничките симболи и лојалност кон политичките цели.

2 Ричард Соломон (Richard Solomon) во Ледерак (Lederach), 1997: Предговор 3 Lederach, 19974 Ibid.5 Oberschall, A.20076 Трет нов меѓународен речник на Webster’s (Third New International Dictionary), 1981

125

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Теории на етничкиот конфликтИма многу теории за причините за овие конфликти. Секоја од нив сугерира

определен начин на управување со етничкиот конфликт. Античката омраза (AH) тврди дека етничките идентитети и групните членства се исконски, јасно се разликуваат, отпорни се на промени, се истакнуваат во сите институции и активности и претставуваат висок ризик за повторување на деструктивните конфликти (Kaplan, 1994)7. Етничките групи даваат отпор на асимилирањето и ерозијата преку образованието и етничките односи се преоптоварени со колективни митови, стравови и непријателски емоции. Вградена во културата и социјализацијата, нивната историја ги истакнува минатите конфликти и закани од други групи. Манипулативните елити (ME) првенствено упатуваат на општественото градење на етничките идентитети наместо на исконското потекло (Gagnon 1994/5)8. Етничките елити се борат за моќ со манипулирање на етничките поделби и нивното преувеличување со помош на ширење на страв и пропагирање на омраза. Конкурентските лидери ги демонизираат етничките противници на кои не може никогаш да им се верува и затоа мора да бидат надвладеани или поразени. Политиката на идентитет (IP) тврди дека поделените етнички митови, симболи, стереотипи и стравови се вградени во народната култура, социјализација и институциите на поделените општества (Kaufman 2001)9. Управувањето со конфликтот се состои од градење на општи заеднички идентитети и симболи и обезбедување на политички институции кои организираат интереси и поделби кои ги надминуваат етничките линии на поделба. Безбедносната дилема (исто така позната и како спирала на несигурноста) тврди дека во услови на пропаѓање и растурање на државата (во правец на анархија), сите групи се плашат за својот живот и сопственост и одредени етнички групи се мобилизираат за сопствена одбрана против противниците кои ги гледаат како закана, вклучувајќи и нивно вооружување, што од друга страна, се перципира како закана за други групи, кои исто така се вооружуваат и на тој начин сите стануваат несигурни и се поттикнува понатамошна мобилизација и противмобилизација, како трка во вооружување меѓу државите (Posen 1993)10. Овој процес може да се моделира како „дилема на затвореник“. Тоа што го поттикнува конфликтот не е омраза, како во првата теорија, туку недоверба и страв. Теоријата на економските корени (ER) тврди дека етничките поделби се наоѓаат во коренот на големите современи внатрешни вооружени конфликти (Collier et al. 2003)11. Наместо тоа, оваа теорија тврди дека основните причини за овие конфликти се сиромаштијата, економската стагнација, невработеноста, корупцијата и пропаднатата држава од една страна и воените моќници кои ги организираат невработените млади луѓе во вооружени банди, можностите за заработување со насилство и ограбување, трговија со дрога, контрола на приходите од природните ресурси како што се нафта и дијаманти и поволниот терен за бунтови, од друга страна.

Сите горенаведени теории можат да бидат точни, но тоа нема одлучувачко значење за градењето на мирот. Тоа што се случува е дека насилниот конфликт

7 Oberschall, A. 20078 Ibid.9 Ibid.10 Ibid.11 Ibid.

126

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

подгрева етничка омраза, им носи моќ на манипулативните елити, создава страв и несигурност, станува причина за економска пропаст и ги негува ексклузивните идентитети и симболите кои поттикнуваат поделба. Тоа што треба да го сторат управувачите со конфликти и спроведувачите на мирот е да се справат со овие последици од конфликтот, без разлика на поранешниот статус. Според Чаим Кауфман, „решенијата за етничките војни не зависат од нивните причини” (1996: 137)12.

Градењето на мирот е фаза на еден подолг процес на менување на односите меѓу противниците и трети страни. Има и релативно стабилни периоди кога конфликтите се во мирување. Обершал ги нарекува овие процеси „динамика на помирување и конфликт“, скратено ДПК. Како што пишува Обершал, ДПК претставува помалку од целосно објаснета теорија за етничките конфликти но, сепак, повеќе од елаборација и опис со реални објаснувања. Ги прикажува внатрешните фракции и коалициите кои се менуваат, неутралните кои влегуваат во конфликтот како што се акумулираат и проблемите и обичните луѓе кои се регрутираат заради безбедносната дилема, а не заради омраза. Исто така, ги прикажува и првобитните основни проблеми во конфликтот, но ги дополнува и со последователни прашања кои произлегуваат од судирите и градењето на мирот. Покрај тоа, ги објаснува причините, текот и резултатите од конфликтот. Градењето на мирот генерира прашања кои можат да станат исто толку спорни колку и првобитните основни прашања. По завршувањето на борбите, политичките лидери продолжуваат со поделбена мобилизација на изборите и во политиката против внатрешните ривали и нивните главни етнички противници. Политиката, економијата и општеството се менуваат при вооружен конфликт. Во едно телевизиско интервју, сенаторот Џорџ Мичел (2002) се осврна на неговото искуство како посредник во етнички конфликт „Постои фиксација и опсесија со минатото што оневозможува да се гледа напред кон иднината, освен ако луѓето гледаат кон иднината, тие ќе го продолжуваат и преживуваат минатото со сите негативности што од тоа произлегуваат”. За еден полноправен мировен процес, сите страни во мировниот процес мора да преминат од принуда кон помирување: не само главните лидери и организации, туку и помалите фракции и организации.13 Заради сите овие причини, мировните преговори се тешки и комплексни. Треба да се запомни и следново: Како може лидерот да ја оправда жртвата на семејствата на паднатите и на јавноста ако лесно се откаже од територијата или од принципот?

Современиот вооружен конфликт Воленстин и Аксел, авторите кои ги цитира Ледарак, предлагаат поделба по

категории заради процена на вооружениот конфликт по број на жртви, локација и проблеми. Тие даваат три под –категории на вооружениот конфликт. Првата се однесува на помали вооружени конфликти, дефинирани како конфликти меѓу вооружени сили во рамките на кои загинуваат помалку од дваесет и пет лица во текот на одредена година, и во кои барем една од страните е држава. Средниот вооружен конфликт се

12 Ibid.13 Ibid.

127

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

дефинира како ситуација во која има најмалку илјада жртви во текот на конфликтот, од кои најмалку дваесет и пет лица загинале во текот на една година. Војната се опишува како конфликт во кој има најмалку илјада жртви во текот на една година. Вооружениот конфликт ја сочинува целината од трите категории. Оваа категоризација во голема мера ја употребуваат и други истражувачи, иако постојат и одредени варијации во одредени извештаи за „вооружен конфликт“, кои го дефинираат вооружениот конфликт како конфликт во кој има повеќе од илјада жртви во текот на неговото траење.

Во ерата на Студената војна, доминантното објаснување за вооружениот конфликт беше поврзано со идеолошки размислувања. Конфликтите во светот по Студената војна се првенствено внатрешни и интернационализирани спорови во кои директната борба честопати е паралелна со судирите во и меѓу заедниците. Овие конфликти се карактеризираат со длабоко вкоренети и долготрајни непријателства кои се засилени и со високи нивоа на насилство и директни непријателски акти. Како резултат на тоа, психолошките, па дури и културните карактеристики, во поголема мера го поттикнуваат и одржуваат конфликтот отколку други посуштински прашања14. Ледерак вели дека прво мора да изнајдеме инвентивни начини за трансформирање на меѓународната култура која се заснова на недоволно развиени механизми за ненасилна трансформација на конфликтот, која има голема економска заложба за производство на оружје и која лесно го прифаќа присуството на оружје на светскиот пазар како легално и легитимно. Потоа, вели тој, градењето на мирот мора да го земе предвид и долгорочниот хоризонт на продолжени средни конфликти и војни и да развие сеопфатна и повеќестрана стратегија за запирање на насилствата и постигнување и одржување на помирување. Тоа наметнува потреба од концепти и пристапи кои ја разработуваат специфичната природа на современиот вооружен конфликт. Покрај тоа, вели тој, мора да прифатиме дека вооружениот конфликт пролонгиран во војна е систем, систем кој може да се трансформира само доколку се заземе сеопфатен пристап кон луѓето кои го водат и кон средината во која е вкоренет. Тој заклучува дека мора да го прифатиме и предизвикот како да спречиме новите помали конфликти да не прераснат во војни. Нашето внимание треба да се насочи токму кон овие предизвици.

Градење на концептуална рамка на мирот

Во 1992, генералниот секретар на ОН, Бутрос Бутрос Гали, издаде еден важен документ, насловен како Агенда за мир. Во него, тој предлага одговорности и одговори на ОН и меѓународната заедница во справувањето со современите конфликти. Предлогот вклучува четири главни области на активност: превентивна дипломатија, градење на мир, одржување на мирот и постконфликтно градење на мирот. Неговата рамка сугерира дека во различни временски периоди и во различни контексти се потребни различни механизми и функции за одговор со цел да се постигне разрешување на конфликтот и одржување на мирот. Генералниот секретар го квалификува користењето на овој термин, поврзувајќи го ексклузивно со постконфликтна поддршка на мировните договори и обнова на општествата растргнати во војните. Ледерак целосно се согласува дека ова претставува сѐ покритична фаза на која мора да се посвети повеќе внимание. За него,

14 Lederach, 1997

128

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

градењето на мирот претставува сеопфатен концепт кој опфаќа, генерира и одржува целосен спектар на процеси, пристапи и фази потребни за трансформација на конфликтот кон поодржливи мирољубиви односи. Терминот значи инволвира широк спектар на активности и функции кои претходат и следат по склучувањето на формални мировни договори. Метафорично, мирот не се гледа само како фаза или услов. Тој претставува динамична конструктивна градба. Ваквата концептуализација бара процес на градење, инволвирање на инвестиции и материјали, архитектонски дизајн и координација на труд, поставување на основа и детална завршна работа, како и континуирано оддржување15. Концептуално, тој подразбира рамка која ги обезбедува општите параметри, контурите кои помагаат да се создадат значењето и фокусот; концептите се поспецифичните идеи и аналитички елементи кои ја сочинуваат рамката. Со други зборови, рамката помага да се сместат работите во контекст и обезбедува очила за истите да ги видиме. Рамката обезбедува категории како што се структура, процес, односи, ресурси и координација. Рамката мора да се осврне и да ги ангажира релативните аспекти на помирувањето како централна компонента на градењето на мирот.

Концептуална рамка за помирувањеПрво и основно, а веројатно и очигледно само по себе, но и честопати

занемарено, е сфаќањето дека односите се основа и на конфликтот и на неговото долгорочно решение. Тоа добро го објаснуваат Харолд Сондерс и Ранда Слим, кои ги истакнаа односите како фокална точка за одржлив дијалог во пролонгирано опкружување на конфликтот16. Помирувањето мора да најде начин да се справи со минатото, без притоа да се заглави во маѓепсаниот круг на меѓусебно исклучување кое постоело во минатото. На луѓето им треба можност и простор меѓусебно да ги изразат траумата на загуба и нивната тага за таа загуба, и гневот кој доаѓа со болката и сеќавањата на искусените неправди. Признавањето има одлучувачко значење во динамиката на помирувањето. Една работа е да се знае нешто, а сосема друга работа е општествениот феномен да признаеш нешто. Признавањето преку ислушувањето на доживувањата на другите го потврдува искуството и чувствата и претставува прв чекор кон обнова на личноста и односите. Во исто време, помирувањето мора да ја гледа иднината на начин кој ќе ја зајакне меѓусебната зависност. Во сите внатрешни конфликти на денешницата, оние кои се борат споделуваат заедничка крајна и интимно испреплетена иднина17. Од таа причина, треба да им се даде можност на луѓето да гледаат напред и да создаваат слика на нивната заедничка иднина.

Ледерак започнува да ја развива својата концептуална рамка за градење на мирот со тврдењето дека вистинското градење на мирот претставува нешто повеќе од пост-конфликтна поддршка на мировен договор. Напротив, тоа „инволвира широк спектар на активности и функции кои претходат и следуваат по формалните мировни договори, вклучувајќи „процеси, пристапи и фази потребни за трансформација на конфликтот во поодржливи и мирољубиви односи. Односите, според Ледерак, се градат преку помирување, со кое

15 Ibid.16 Ibid.17 Ibid.

129

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

се балансираат четири концепти: вистина, милост, правда и мир (слика 1). Вистината претставува „тежнеење за потврдување на погрешното и признавање на болната загуба и искуство“. Милоста „ја искажува потребата за прифаќање, помирување со ситуација и нов почеток“. Правдата „бара одбрана на правата на поединци или групи, залагајќи со истовремено за обнова и општествено преструктуирање“. Мирот „ја истакнува потребата за меѓузависност, добросостојба и безбедност“. Помирувањето, според Ледерак, претставува и процес на балансирање на четирите концепти и на општествениот простор каде што страните се сретнуваат и се ангажираат во процесот18. Близината на омразата и предрасудите, на расизам и ксенофобија, како примарни фактори и поттикнувачи на конфликтите значи дека трансформацијата мора да се заснова на социо-психолошки и духовни димензии кои традиционално се гледаат како ирелевантни или надвор од компетентноста на меѓународната дипломатија.

Слика 1: Местото наречено помирувањеИзвор: Ледерак, 1997

Ледерак утврдил дека е корисно да се размислува за лидерството на население погодено од конфликт како една пирамида (Слика 2). Во овој пример, тој вели: Ние користиме леќи за да видиме како целокупното погодено население во опкружување во кое има вооружен внатрешен конфликт

18 Со цел подетаљно да се истражи оваа идеја, тој нуди искуство од Централна Америка, кое произлегува од теолошка перспектива кога тој служел како советник во религиозно базиран тим за помирување кој посредувал во преговорите меѓу владата на Сандиниста и Јатама. На почетокот на секој селски состанок, никарагванските советници ја читале Псалмата 85. Во два куси редови во средината на текстот (85: 10) на шпанската верзија пишува (во превод): „Вистината и милоста се сретнаа; мирот и правдата се бакнаа.»

130

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

е претставено од лидерите и другите актери, како и нивните улоги при справувањето со ситуацијата. Пирамидата ни дозволува да ја претставиме лидерската база во три основни категории: највисока, средна и најниска. Врвот, или највисокото лидерство го сочинуваат најмал број лица, во одредени случаи, можеби само неколку клучни актери. Најнискиот слој на пирамидата со сочинуваат најголем број лица, оние кои го сочинуваат општото население. На левата страна на пирамидата се типовите на лидери и секторите од кои доаѓаат на секое ниво. На десната страна се активностите за трансформација на конфликтот кои ги преземаат лидерите на секое ниво.

Слика 2: Актери и пристапи кон градењето на миротИзвор: Ледерак, 1997

131

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Пристапи кон градењето мирСо цел да се обезбеди структура за помирување, Ледерак препорачува

координирање на мировните напори на лидерите од највисокото, средното и најниското општествено ниво. Највисоките политички и воени лидери генерално преговараат за прекини на огнот и мировни договори. Лидерите од средно ниво (на пример, лидерите на академски, верски, бизнис, професионални, земјоделски и невладини организации кои имаат врски со лидерите од повисокото о пониското ниво), организираат работилници за решавање на проблеми, вршат обуки за развивање на вештини за решавање на конфликти и ги водат мировните комисии. Лидерите од најниското ниво (на пр. лидери на заедници и кампови на бегалци, здравствени работници и припадници на домашни невладини организации), постигнуваат договори за запирање на борбите, имплементираат политики договорени на повисоко ниво и ја поставуваат основата за постигнување на мир. Два примери на напори на градење на мирот насочени кон најниското ниво пред постигнувањето на официјалниот мир во Мозамбик и формирањето на изборните структури, се иницијативите кои произлегоа од Христијанскиот совет на Мозамбик (CCM) и УНИЦЕФ19.

Заклучни забелешки: Интегрирана рамка

Ледерак укажува на критичното преклопување меѓу структуралните и процедуралните леќи, како елементи на широката парадигма на градење на мирот. „Структурата“ ја сугерира потребата од сеопфатно размислување за засегнатото население и системско размислување на проблемите. „Процесот“ ја истакнува потребата за креативно размислување за напредокот на конфликтот и одржливоста на неговата трансформација со поврзување на улогите, функциите и активностите на интегриран начин. Тој предлага интегриран пристап кон градењето на мирот, илустрирано на слика 3. Вертикалната оска е земена од парадигмата на Дуган.20. Хоризонталната оска го претставува временскиот модел кој ја поврзува краткорочната

19 Програмата иницирана од Христијанскиот совет на Мозамбик „Подготвување на народот за мир“ беше замислена како начин за отворање и справување со конфликтот и мировните прашања во Мозамбик, со специфичен фокус на провинциските и општинските нивоа. Програмата започна со национален семинар во летото 1991, на кој се собраа црковни претставници од сите провинции; на овие претставници им беше доделена одговорноста да организираат семинари на локално ниво. Во просек, секој семинар инволвираше околу триесет до педесет учесници, црковни лица и лаици и траеја по две седмици. Во текот на шеснаесет месеци (пред крајот на овој период беше потпишан мировниот договор), во семинарите учествуваа повеќе од седумстотини лица, од кои неколкумина беа држени во бегалските кампови во соседно Зимбабве. Вториот пример од Мозамбик беше проектот на УНИЦЕФ „Циркус на мирот“. Како циркус, проектот беше организиран како патувачко шоу кое користеше драма и уметности во своите истражувања за природата и предизвиците на војната и конфликтот и можностите за помирување, вклучувајќи ги и вештините за разрешување на конфликти. Претставата не само што допираше до публиката, туку служеше и како начин јавно да се изрази тагата за загубите кои ги претрпе земјата, да се сврти вниманието кон проблемите на луѓето и да се постави основата за промена и движење кон мирот.

20 Концепт, предложен од мировниот активист и теоретичар, Мер Дуган, според кој секој специфичен инцидент од конфликтот се смета како дел од односите меѓу страните. Нивните односи, од друга страна, се дел од пот-системот во кој припаѓаат страните, кој, пак, е дел од поголемиот општествен систем. Дуган и Ледерак препорачуваат користење на лидери од средното ниво, кои ќе дејствуваат на нивоата на односите и пот-системот, за да се поврзат краткорочните прашања со „долгорочните системски проблеми“. Журнал: Жените во лидерството – Споделувајќи ја визијата 1 (јули, 1996): 9-20.

132

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

криза со долгорочната перспектива за промена во општеството21.

Слика 3: Интегрирана рамка за градење на мирот

Двете димензии се пресретнуваат на пет точки, при што секоја од нив претставува посебна и честопати премногу дискретна заедница на размислувања и активности во пошироката област на градењето на мирот.

На првиот пресек на двете парадигми се наоѓа местото на миротворците да размислат за минатото и да ги утврдат основните причини за конфликтот. На вториот пресек, миротворците ги разрешуваат итните прашања преку управување со кризата. На третиот пресек, миротворците ги апсорбираат лекциите од конфликтот и ги

21 Ледерак усвои уште една парадигма за објаснување на видовите на активности потребни во секоја фаза на процесот. Првата фаза, интервенирање во кризата, обично трае два до шест месеци. Втората фаза, подготовка и обука, инволвира краткорочно планирање кое трае една до две години. Третата фаза, дизајнирање на општествената промена, е слична на системот за разрешување на спорови и трае од пет до десет години. Четвртата фаза, посакуваната иднина, инволвира артикулирање и планирање на општествените промени со текот на децениите.

133

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

разработуваат краткорочните стратегии за спречување на повторување на конфликтот. На четвртиот пресек, миротворците ја планираат подалечната иднина и неопходните општествени промени за градење на мирни односи меѓу спротивставените страни. На петтиот пресек, миротворците ги дизајнираат стратегиите потребни за трансформација на постојниот конфликт во посакуваната иднина. Интеграцијата започнува со признанието дека средното ниво поседува специјален потенцијал за трансформација, но таа промена ќе биде потребна за секое ниво на човечко искуство и активности. Конкретно, среднорочната перспектива сугерира дека е потребно да се постигне интеграција на најмалку три стратегиски начини: 1) развивање на капацитет за осмислување на моделот на општествената промена во единица мерка деценија, со цел да се поврзе управувањето со кризата и долгорочните временски рамки ориентирани кон иднината; 2) разбирање на проблемите врзани со кризата и нивната поврзаност со системските корени и развивање на пристапи кои експлицитно ги сместуваат прашањата во систем на односи и потсистеми; 3) признавање на интегративниот потенцијал на лидерите од средното ниво, кои со нивниот locus кај засегнатото население можат да поттикнуваат односи и да го реализираат моделот на општествената промена на ниво на потсистемот, помагајќи на тој начин да се воспостават вертикалните и хоризонталните врски потребни за одржување на процесот на посакуваната промена. Кога ќе ги комбинираме елементите во интегрирана рамка, започнуваме со воспоставувањето на инфраструктура за одржување на динамичната трансформација на конфликтот и градењето на мирот. Инфраструктурата за градење на мирот е ориентирана кон поддршка на општествената промена која е потребна за придвижување од стагнантните циклуси на насилство кон посакуваната и заедничка визија за зголемена меѓусебна зависност. Ваквата инфраструктура мора да биде вградена во опкружувањето на конфликтот и да произлезе креативно од културата и контекстот, но сепак да не биде роб на ниту еден од овие елементи. Целта на процесот – структурата е помирување кое се фокусира на редефинирање и обновување на нарушените односи. За да се обноват односите, мораме да развиеме инвентивни начини за обезбедување на простор во кој можат да се решаваат емотивните и психолошките аспекти на конфликтот. Традиционалните пристапи кон дипломатијата имаат тенденција да го гледаат помирувањето како периферно, или уште полошо, како ирелевантен за градењето на мирот, кога помирувањето всушност е состојка која има капацитет да создаде услови за проактивна одржлива промена. Нашиот предизвик е да најдеме стратешки и практични пристапи кои помагаат во воспоставувањето на инфраструктура за одржлива трансформација и кои сериозно ги сфаќаат итните и длабоко вкоренети потреби на поделените општества. Градењето на мирот, тврди Ледерак, бара два вида на ресурси: социо-економски и општествено-културни. Во однос на концептот на Ледерак за социо-економските ресурси, тој препорачува градителите на мирот да ги поттикнуваат финансирачките агенции да развијат категории на финансирање кои ќе се однесуваат на градењето на мирот, да лобираат кај властите и другите агенции за собирање и алоцирање на средства за покривање на социјалните и материјалните трошоци од користењето на оружје и да ги поттикнуваат администраторите на градењето на мирот да алоцираат ресурси на оние активности кои се најисплатливи. Во однос на социо-културните ресурси, Ледерак смета дека е од суштинско значење да се изгради „единица на мирот“ во рамките на конфликтното опкружување со користење на културните ресурси кои постојат

134

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

во даденото опкружување. Ресурсите се најефективни кога се координирани. За да се постигне координација, Ледерак препорачува градителите на мирот да изработат „Инвентар на мирот“ (односно, листа на луѓе и организации кои вршат различни активности за градење на мирот), да ја подобрат комуникацијата меѓу лидерите на највисокото и средното ниво, да се ангажираат за конференции за донатори на средства за градење на мирот, да создаваат групи на ресурси на широка основа кои учествуваат во дизајнот на мировниот процес и да ја координираат работата на „внатрешните градители на мирот“ (односно, оние кои работат во конфликтната област) со работата на „надворешните градители на мирот“ (односно, оние кои работат надвор од конфликтната област). Со оглед на фактот што интегрираната рамка на градењето на мирот бара бројни и специфични капацитети (на пр., предвидување на насилства, дизајнирање на системот на решавање на спорови, анализа на културните ресурси и дизајнирање на стратешката општествена иднина), Ледерак предвидува дека голем број лица ќе имаат потреба од обука за да се здобијат со потребните капацитети. Тој тврди дека нема да бидеме погодени од недостаток на ресурси, доколку избереме да инвестираме мудро и практично во мир. Ограничени сме само до тој степен до кој сакаме да ја реализираме нашата визија. Не смееме да очајуваме заради длабочината и ширината на предизвикот, туку да се исправиме и со истиот да се соочиме. Помирувањето е можно. Куќата на мирот може да се изгради.

Заклучок и препораки Овој труд нуди преглед на концептите и теориите за градење на мирот кои

доаѓаат од научна и практична страна. Сепак, важно е да се спомене дека ова не претставува целосен преглед. Поимот на градење на мирот и понатаму останува многу тежок да се одреди во поглед на неговото значење, но и диференцијација од други слични и поврзани термини како што се спречување на конфликти и постконфликтна стабилизација. Активностите на ОН кои ги поддржуваат активностите за градење на мир се повеќенасочни и можат да вклучат разоружување, демобилизација и реинтеграција на борците; противмински акции; реформа во безбедносниот сектор и други активности поврзани со владеењето на правото; заштита и унапредување на човековите права; изборна помош и поддршка за обновувањето и продолжувањето на (легитимната) државна власт. Не е изненадувачки што комплексноста на концептуалното разбирање на градењето на мирот и неговата практична имплементација се рефлектира во контекст на ЕУ. Специфичноста на пристапот на ЕУ лежи во потенцијалниот развој или сфаќањето да се одговори на разноликоста на предизвиците. Концептуално, градењето на мирот во контекст на ЕУ вклучува улога на спречување на конфликти, како и можност за итно одговарање на конфликти и кризи. „Специфичниот“ пристап на ЕУ е целосно компатибилен со активностите за градење на мир на ОН и во неколку прилики, како што е воената операција на ЕБОП во Демократска Република Конго во 2003 година или актуелната мисија за спроведување на законот во Косово го демонстрираше ова на специфичен начин22. Концептот на градење на мир сам по себе бавно еволуира и се оформува во институциите на ЕУ и кај членките на ЕУ. ЕУ има зачудувачки потенцијал да ги поврзе сите различни

22 Duke and Courtier, 2009

135

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

аспекти на своето влијание, од трговијата и инструментите за развој и помош, до „потврдите“ аспекти на својот профил кој се развива преку ЕБОП. Реализирањето на овој потенцијал во голема мера ќе зависи од внатрешната динамика на институциите на ЕУ, но особено од политичката волја на земјите-членки за поддршка на напорите за градење на мир на ЕУ. Всушност, предизвикот ја надминува самата ЕУ и ги вклучува напорите на важните партнери, имено на ОН, за истата цел23.

Покрај тоа, би сакала да се осврнам на целта на мојот труд која експлицитно е наведена на почетокот на трудот. Главната цел е да се даде не само еден општ вовед во темата, туку и содржина за идна анализа на специфичните аспекти на градењето на мирот и да се истакне важноста на помирувањето во процесот на воспоставување на одржлив мир. Исто така, треба да се обезбеди основа за создавање на специфични случаи, како што е случајот со постконфликтна Македонија, како што е наведено во мојата општа хипотеза – обидувајќи се да одговориме на прашањето дали земјата се движи во насока на поделените општества и што лежи во основата на сè уште постоечкото незадоволство од Охридскиот договор. Искрено се надевам дека овој труд ја дава основата за тоа. Се надевам дека анализата за правдата, полицијата, поделбата, поделбата на моќта и надворешното посредување во една постконфликтна земја ќе понуди богатство на хипотези за истражување кои ќе исполнат цели томови на идни книги. Конечно, студијата за длабоко поделените општества24 или општества кои имаат потенцијал да станат поделени, е корисна и за збогатување на разбирањето на демократските модели на владеење и за информирање на институционалните аранжмани за олеснување на мирот и помирувањето.

ЛИТЕРАТУРА

1. Anthony, Oberschall, „Conflict and Peace Building in Divided Societies- Responses to ethnic vio-lence”, Routledge, 2007

2. Biggar, Nigel, „Press Burying the past: making peace and doing justice after civil conflict”, George-town University Press, 2003

3. Dugan, Maire A. “A Nested Theory of Conflict.” A Leadership Journal: Women in Leadership - Sharing the Vision 1 (July, 1996): 9-20

4. Lederach, John, Paul „Building peace: sustainalble reconciliation in divided societies”, USIP, 19975. Ljubomir, D., Frchkovski, „Negotiation in Identity Conflicts”, Templum, Skopje, 20076. Webster’sThird New International Dictionary, 19817. Simon Duke and Aurelie Coultier,” EU Concepts, Players and Instruments”, Working paper No.33-

December 20098. Adrian Guelke , “Politics in deeply divided societies” , Polity Press, 2012.

23 Ibid.24 „Длабоко поделено општество“, според дефиницијата на Адријан Гелк, е општество кое е поделено

заради насилство или закана од насилство. Разликата меѓу длабоко поделени и делумно поделени општества е всушност нивната неспособност да договорат заеднички процес за донесување одлуки, што го отежнува, па дури и го оневозможува градењето на мирот и помирувањето (Guelke,2012)

137

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA 137

327.5.008.1/.2:355.45Стручен труд

ПЛАНОВИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ПРОЦЕНА НА БЕЗБЕДНОСНАТА СИТУАЦИЈА(Планирањето како примарна и суштинска фаза од процесот на менаџирањето на ризиците)

Љупчо СТАНкОВСкИ1

Апстракт:Обезбедуваните личности и објектите отсекогаш биле предмет на интересирање на извршителите на разни кривични дела, кои преку разните облици на криминални дејности, во многу случаи успевале да ја загрозат безбедноста на обезбедуваната личност, да уништат или оштетат поедини објекти, да ја загрозат безбедноста на лицата кои се наоѓаат во нив, или од тие објекти да одземат или противправно да присвојат поедини предмети.При вршење на работите за обезбедување на обезбедуваните објекти и личности, како и при обезбедување на јавни собири и манифестации, една од најважните задачите е изработка на планови за обезбедување.Планирање е примарна и суштинска фаза во процесот на менаџирањето и тоа е одговорност на сите менаџерски нивоа. Најкратко речен, планирањето претставува формулирање на целите и начинот на нивното реализирање, кое е во функција на креирањето и прилагодувањето на организационата структура, стилот на раководењето и моделот на контролата. Тоа, пред сè, претставува избор на цели и начин на нивно остварување. Резултатот на процесот на планирањето се планските одлуки.За потребите на овој труд од клучно значење е процесот на планирањето кое претставува примарна и суштинска фаза во процесот на менаџирањето и тоа е одговорност на сите менаџерски нивоа. Најконцизно определено, планирањето претставува формулирање на целите и начинот на нивното реализирање, кое е во функција на креирањето и прилагодувањето на организационата структура, стилот на раководењето и моделот на контролата. Тоа, пред сè, претставува избор на цели и начин на нивното остварување. Резултатот на процесот на планирањето се планските одлуки. Планските одлуки се ориентири за менаџерскиот тим, со чија помош секое менаџерско ниво донесува сопствени плански одлуки. Планирањето, особено во безбедносниот менаџмент претставува процес кој се состои од повеќе меѓусебно поврзани фази. Прва фаза во планирањето е дефинирање на целите, потоа изработка на безбедносна процена, процена на ризиците, донесување на одлуки и изработка на безбедносни планови. Во процесот на планирањето, како дел од стратегиското планирање, се дефинира и стратегијата на организацијата и безбедносната политика, која е резултат на планирањето2.Доброто менаџирање, пред сè бара проактивен пристап, т.е. предвидување на проблемите и благовремено подготвување за нивно решавање. Предвидувањето или

1 Авторот е магистер од областа на безбедносните науки, стручен соработник за обезбедување на лица и имот и превенција и справување со кризна состојба во „Балкан Енерџи“ДООЕЛ Скопје

2 Зоран Драгишиќ, „Безбедносни менаџмент“, Београд, 2007 , стр.7

138

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

процената е главната содржина на планирањето.Под план за обезбедување се подразбира процена на безбедносната ситуација за загрозеноста на обезбедуваниот објект, односно личноста и мерката на обезбедување кои се сработуваат и преземаат.Според важечките прописи и пракса се составуваат три вида планови: постојани, посебни и планови за вонредни ситуации.

клучни зборови: план, процена,загрозеност,мерки за обезбедување, менаџирање.

ВоведВо согласност со денешниот начин на живеење, безбедноста претставува вредност

(државна, национална, политичка, морална, економска, лична итн.).Дали со отстранувањето на носителите на загрозувањата може да се реши проблемот

со загрозувањата?Добрата анализа на состојбата на релевантните безбедносни појави, е основен услов за

владеење со безбедносната состојба, но и за целисходно, систематско и навремено насочување на безбедносните активности за отстранување на безбедносно негативните појави3.

Со проучувањето на состојбата на безбедноста мора да се утврдат трендовите и нивните појавни облици на безбедносните ризици, предизвици и закани врз објектот кој се штити, законитостите во манифестирањето на негативните безбедносни појави и причините за настанувањето на негативните безбедносни појави.

Утврдувањето на состојбата на безбедноста е синтетизиран заклучок за состојбата и природата на безбедносните појави со детален опис на природата на секоја појава и прогнозата на нејзиното влијание на состојбата на безбедноста во иднина.

Донесувањето на заклучоци со оцена на состојбата на безбедноста подразбира синтеза на сите безбедносни проблеми и дефинирање на индикаторите на безбедноста.

Индикатори на состојбата на безбедноста се одредени мерливи величини, со чие што мерење и споредување на вредностите на различните индикатори, може да се дојде до прецизна оцена на состојбата на безбедноста.

Врз основа на вредностите на индикаторите за состојбата на безбедноста, се донесува оцена за состојбата на безбедноста со образложение. При изработката на состојбата за безбедноста, треба да се оцени работењето на организационите целини во рамките на организацијата што се занимаваат со проблемите на безбедноста и самата служба за безбедност.

Планот треба да утврди што ќе се контролира. Притоа, треба да се дефинира политиката која што ќе ги опфати законските барања, договорените обврски, управувањето со ризикот и стратегијата на организацијата и критериумите за процената на ризикот.

Под план за обезбедување се подразбира процена на безбедносната ситуација за загрозеноста на обезбедуваниот објект, односно личноста и мерката на обезбедување кои се сработуваат и преземаат.

Планирањето е примарна и суштинска фаза во процесот на менаџирањето и тоа е одговорност на сите менаџерски нивоа. Најкратко речено, планирањето претставува формулирање на целите и начинот на нивното реализирање, кое е во функција на креирањето и прилагодувањето на организационата структура, стилот на раководењето и моделот на контролата. Тоа пред се претставува избор на цели и начин на нивно остварување. Резултатот на процесот на планирањето се планските одлуки. Планските одлуки се ориентири за

3 М. Даничиќ, Љ. Стајиќ, „Приватна Безбједност“, Висока школа унутрашњих послова, Бања Лука, 2008 год., стр.47

139

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

менаџерскиот тим, со чија помош секое менаџерско ниво донесува сопствени плански одлуки. Планирањето, особено во безбедносниот менаџмент претставува процес кој се состои од повеќе меѓусебно поврзани фази. Прва фаза во планирањето е дефинирање на целите4, потоа изработка на безбедносна процена, процена на ризиците, донесување на одлуки и изработка на безбедносни планови. Во процесот на планирањето, како дел од стратешкото планирање, се дефинира и стратегијата на организацијата и безбедносната политика, која е резултат на планирањето.

Процената е постапка со којаде што треба да се идентификуваат, квантификуваат и утврдат приоритетите на ризикот во зависност од воспоставените критериуми за прифаќање на ризикот и целите на претпријатието. Резултатот од процената на ризикот ги одредува насоките за управување со безбедносните ризици и имплементирањето на контролата за одбрана од ризиците. Процесот на процената на ризикот и одбирањето на соодветните контроли, по потреба може да се повтори повеќе пати со цел да се изврши опфаќање на сите сегменти на претпријатието. Процената на ризикот ја вклучува анализата на ризикот, споредувањето и категориите на ризикот, за да се утврди важноста и еволуирањето на ризикот. Процената на безбедносниот ризик мора да има јасно дефинирање на можните ризици за да може да биде ефективна.

Пред да се пристапи кон анализа треба да се одредат критериумите за прифаќање на ризикот. За секој проценет ризик мора да се донесе одлука за анализа на тој ризик.

Изработката на процена на загрозеноста и можните опасности во одреден објект ќе биде заснована врз детектирањето на можните загрозувања и опасности, нивното предвидување врз основа на направената хронолошка анализа, што е опасност, што е ризик, зошто е потребно да се изработи процена на ризикот, на кој начин може да се изврши таа, кои информации треба да се собираат, на кој начин може да се собeрат, на кој начин може да се изврши идентификација на опасноста, како може да се изврши процена на ризикот кој што е произлезен од одредена опасност, на кој начин може да се планираат активности за да се отстрани или намали ризикот што е произлезен од опасноста и на кој начин треба да се изврши документирање на процената на ризикот.

Прогноза за движењето на состојбата на безбедностаОваа прогноза се однесува на трендовите и законитостите на негативните

безбедносни појави во одреден временски период. За да може да се изврши ваква прогноза, треба да се појде од претходно извршената анализа во претходните фази на изработката на безбедносната процена. По правило, полесно е да се предвидува на пократок временски рок и тоа да се прави на појави кои се под влијание на помал број варијабли. Треба да се биде внимателен со проценувањето на безбедносните појави, кои заради сложеноста и подолгиот временски период на нивното очекување на манифестирање, имаат голем степен на неизвесност. Кај таквите појави најцелисходно е да се предвиди рамка каде што може појавата да се манифестира, со цел да се подготви флексибилна организациска структура и систем на општи безбедносни мерки, кои што ќе бидат прилагодливи, во краток временски рок, на новонастанатата ситуација5.

Предвидувањето е од големо значење за безбедносниот менаџмент, затоа што доброто предвидување овозможува благовремено донесување на целисходни одлуки, планирање и организирање, што секогаш се потврдиле низ практиката како одлучувачка

4 Љ.Стајиќ, С.Мијалковиќ и С.Станојевиќ, „Безбедносна култура“, Београд, 2004, стр.46 5 Ибидем, стр.54

140

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

предност. За да се направи добро предвидување од посебно значење се индикаторите на состојбата за безбедноста и добро одредените трендови и законитости за движењето на безбедносните појави.

Видови плановиПри вршење на работите за обезбедување на обезбедуваните објекти и личности,

како и при обезбедување на јавни собири и манифестации, една од најважните задачите е изработка на планови за обезбедување.

Под план за обезбедување се подразбира процена на безбедносната ситуација за загрозеноста на обезбедуваниот објект, односно личноста и мерката на обезбедување кои се сработуваат и преземаат.

Според важечките прописи и практиката, се составуваат 3 вида планови: постојани, посебни и планови за вонредни ситуации.

Постојани планови за обезбедување се подготвуваат за сите штитени објекти и личности, а ги составуваат надлежните органи, односно службите за обезбедување на т.н. нормални (постојани) ситуации.

Посебните планови на обезбедување се изготвуваат за одредени конкретни ситуации како на пр. кога некој штитен објект очекува одредена, домашна или странска, личност или делегација, односно кога некоја одредена странска личност или делегација престојува во официјална посета на државата (тоа се планови за конкретна безбедносна акција).

Плановите за вонредна ситуација опфаќаат пожар, поплава, земјотрес, напад на штитени објекти, односно објект кој го користи одредена личност.

Тргнувајќи од нормативниот акт според кој некој објект е ставен во категоријата на штитен објект, плановите на обезбедување содржат: процена на безбедносната ситуација за загрозеноста на обезбедуваниот објект и планот и мерките на обезбедување кои се применуваат во конкретниот случај - детално разработени.

Процената на безбедносната ситуација е секако најважниот дел на секој план за обезбедување од кој битно зависи планирањето и преземањето на мерките на обезбедувањето во секоја конкретна ситуација. Процената на безбедносната ситуација мора да биде постојано актуелна, односно мора во секој момент да преставува прав одраз на состојбата за безбедносната загрозеност на обезбедуваниот објект односно личноста. Со добар план и процена, каде што се предвидени факторите што може и што не може да се контролираат и со нив да се управува, може успешно да се управува, со цел да се евакуираат или засолнат загрозените луѓе, може да се обезбеди настанот, да се обезбедат патиштата за влез и излез, да се обезбеди безбедно движење во контаминирани средини, бројот на персоналот, видот на комуникацијата и слично6.

План на мерките за обезбедувањеСо овој план, кој преставува составен дел од планот за обезбедување, треба

детаљно да се разработат сите мерки за кои повеќе ќе се говори за обезбедување на објектот и мерките кои се преземаат заради нивната заштита.

- оперативно-превентивни мерки на обезбедувањето - детаљно разработени 6 Марина Малиш Саздовска, Никола Дујовски, „Безбедносен менаџмент“, Факултет за безбедност-Скопје,

Скопје, 2009, стр.123

141

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

мерки за следење на дејствувањето и безбедносното покривање на одредени категории на лица за кои со причина се претпоставува дека можат да ја загрозат безбедноста на обезбедуваниот објект и личност;

- мерки за физичко обезбедување (надворешно и внатрешно обезбедување);- мерки за превентивно-техничка заштита (мерки за против диверзантска заштита,

мерки за против прислушна заштита, мерки за заштита од таен или насилен упад во обезбедуваниот објект и мерките за заштита од пожар);

- мерки за санитарно-техничка, биолошка и хемиска заштита;- мерки за здравствена заштита.Составен дел од секој план на обезбедувањето се скиците на обезбедуваниот

објект (со точно означени т.н. критични точки), реоните и трасата на движење, фотодокументацијата и други релевантни податоци кои се од значење за безбедноста на обезбедуваниот објект или личноста.

Со планот за обезбедување (кој преставува службена тајна), односно со процената на безбедносната ситуација и планот на мерките за обезбедувањето, посебно со критичните точки на обезбедуваниот објект, мораат да бидат запознаени вработените во обезбедувањето кои се ангажирани за обезбедување на конкретниот објект. Исто така, вработените во обезбедувањето треба детално да бидат запознаени со сите нормативни акти кои ја регулираат оваа проблематика, редовно да информираат за сите безбедносно - интересни информации и податоци, кои се од значење за успешното извршување на работата и задачите кои им се доверени.

Оперативно-превентивни меркиОперативно-превентивните мерки се преземаат поради благовремено откривање,

следење и спречување на непријателските активности насочени кон загрозување на обезбедуваните објекти и лица кои по било кој основ престојуваат во нив.

За заштита на објектот се преземаат следните оперативно-превентивни мерки и акции:

- процена на безбедносната ситуација, изработка на план на мерките за обезбедување и надгледување на неговото спроведување;

- навремено и прецизно информирање за сите сознанија - податоците од значење за безбедноста на објектот и лицата кои престојуваат во објектот;

- постојана непосредна соработка со локалните органи на МВР;- безбедносна подготовка на одредени лица (возачи, лица вработени во

обезбедуваниот објект);- контрола на непосредната околина на обезбедуваниот објект (со повремено

набљудување, доколку се работи за објект во склоп на друга зграда, односно на повремени обиколувања на објектот и непосредната околина, ако е во прашање самостоен објект);

- преглед на лицата при влегувањето во обезбедуваниот објект, поради спречување на внесување на огнено оружје, експлозивни и запалливи материи во објектот.

- легитимирање на непознати или сомнителни лица на просторот или во објектот кој се обезбедува.

- спречување на влегување на нeовластени и сомнителни лица во објектот.- надгледување и контрола на изведувањето на работите околу обезбедуваниот

142

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

објект; - контрола на движењето и задржување на лица во непосредна околина на

обезбедуваниот објект;- контрола на паркирањето на моторните возила околу обезбедуваниот објект;Ако е во прашање заштита на објектот кој го користат одредени личности,

надлежните органи и служби на безбедноста преземаат и други оперативни мерки на обезбедување:

- надзор над одредени групи и категории на лица (потенцијално опасни и лица наклонети кон заканување, насилство и сл.) и преземање на потребните мерки за спречување на таквите активности;

- проверување на податоци за лица кои престојуваат во непосредна близина на обезбедуваниот објект;

- проверување на податоци на лица кои постојано или привремено се ангажираат на работи и задачи од значење за безбедноста на објектот и обезбедуваните личности;

- организирање и вршење на безбедносната заштита на одредени органи и претпријатија, односно на обезбедуваните објекти и лицата вработени во нив.

Физички мерки на обезбедувањетоФизичките мерки на обезбедување се преземаат заради непосредна заштита

на одреден објект, неговата поблиска и подалечна околина и лицата кои престојуваат во него. Физичкото обезбедување е обезбедување на објектот, имотот и предметите во транспортот од уништување, оштетување, кражба и други облици на штетно дејствување, како и обезбедување на лица во станот и друг приватен простор од загрозување на нивните животи, физичкиот и психичкиот интегритет, приватноста и личните права, како и други облици на загрозување на нивната лична сигурност.

Физичкото обезбедување го спроведуваат вооружени и едуцирани лица, во некои случаи, со помош на дресирани кучиња.

Физичката заштита најчесто се комбинира со техничка заштита, а таа се состои од збир на дејствија и мерки кои се потребни за да спречат какво било загрозување на безбедноста на лицата и имотот, односно објектите кои што се обезбедуваат.

Како таква таа е потсистем во широката област за обезбедување на сопственоста и имотната безбедност, со дејствување на не - државни, т.е. приватни или стопански објекти. Квалитетното физичко - техничко обезбедување во денешните современи услови, претставува многу важен фактор во севкупното работење на стопанските субјекти, т.е. претпријатијата, и претставува економска категорија, иако директно не влијае на продуктивноста на работењето на претпријатието.

Физичко обезбедување е обезбедување на лица заради нивна лична заштита и обезбедување на имот од пристап на неповикани лица, уништување, оштетување, противправно одземање и други форми на штетни дејствија7.

Обезбедувањето на обезбедуваниот објект се спроведува со мерките на надворешното и внатрешното физичко обезбедување:

Мерките на надворешното физичко обезбедување се спроведуваат со:Стражарска служба

7 Закон за обезбедување на лица и имот (Сл. весник на Р. Македонија бр. 80/99 од 17.12.1999 год.)

143

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Првиот елемент на физичко обезбедување е стражата. Човекот бил и ќе остане главниот фактор во системот на заштита, односно за изборот на луѓе за извршување на ваквите работи мора да се одвои посебно внимание.

Покрај општите должности, пропишани со правилникот на одреден правен субјект, стражарите се запознаваат и со посебните услови и должности пропишани за поедини стражарски места.

Јачината и составот на стражата, се условени со безбедносна процена на загрозениот објект, значајот и величината на објектот кој се штити, конфигурација на теренот на кој се наоѓа, состојбата на техничката заштита...

За извршување на овие работи, лицата кои вршат обезбедување користат вооружување, опрема и технички средства со чија што помош би биле најефикасни, навремено да откриваат и спречуваат активности насочени на загрозување на безбедноста на обезбедуваните објекти и лицата во нив (уреди за набљудување, двогледи, IC уреди за ноќно набљудување, опрема за против диверзантска заштита, средства за поврзување, апарати за фотодокументација...).

Засилување на ангажираните извиднички и патролни служби во непосредна близина на околината на објектот кој се штити по потреба, односно по процена и по длабочина

Службата за јавна безбедност со помош на патролата (аутопатролите, позорникарите) и извидникот покрива одредено подрачје и нивното ангажирање ја контролира непосредната околина на обезбедуваниот објект заради нивна заштита од уништување или оштетување, односно спречување од загрозување на безбедноста на обезбедуваниот објект и лицата во него.

При вршење на дејноста неопходно е да се оствари постојана непосредна соработка помеѓу патролата - извидникот и лицата кои ги вршат работите од обезбедувањето на обезбедуваниот објект. Имено, и едните и другите имаат обврска меѓусебно да се информираат за сите безбедносно интересни информации и сознанија до кои можат да дојдат во работата, а се од значење за безбедноста на обезбедуваниот објект и лицата во него.

контраизвидување Со набљудување од тајните (скриените) места за набљудување заради контрола

на поширок простор околу објектот кој се штити, а особено оние места од кои може ефикасно да се набљудува, скицира или снима објектот кој се обезбедува.

Оваа мерка најчесто се презема при обезбедување на воени објекти. Меѓутоа со преземање на овие мерки можат да се постигнат и многу добри резултати при покривање на пошироки безбедносни зони и заштита на поголеми организации.

Основни задачи на лицата кои ги извршуваат работите на надворешното обезбедување на објектот се:

- непосредна заштита на објектот, уредите, опремата и инсталацијата во него како и превозните средства;

- непосредна заштита на лицата кои се наоѓаат во обезбедуваниот објект;- спречување на напад на објектот, односно на насилен упад во објектот и

одредени простории;- контрола на доближување на обезбедуваниот објект;

144

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

- контрола на движење и задржување на лица околу обезбедуваниот објект;- контрола на паркирање на возила околу обезбедуваниот објект;- спречување на нарушување на јавниот ред и мир во непосредна близина на

обезбедуваниот објект;- увид и контрола во изведувањето на работите околу обезбедуваниот објект,

односно во негова непосредна близина (диверзанти и терористи често изведуваат акции преправајќи се во поштари или работници во комунални служби);

- набљудување и контрола на поширок простор околу обезбедуваниот објект - особено на места од кои може ефикасно да се набљудува, скицира и снима објектот;

- реализирање на непречено и безбедно доаѓање на лица во објектот, односно нивно заминување...

Внатрешно обезбедување - лицето кое обезбедува внатре во објектот ги извршува следните работи:

- непосредно го штити објектот, уредите, опремата и инсталацијата во него; - непосредно ги штити лицата кои по кој било основ престојуваат во објектот

(вработени, странки, гости..);- врши преглед - контрола на одредени простории во обезбедуваниот објект (по

доаѓањето на работа, во текот на смената и по завршување на работното време);- по потреба, односно процена, врши непосредна заштита на одредени простории

во објектот (во кој се наоѓа доверлива документација, трезори, сефови..);- врши редовна контрола на исправноста на алармните и други безбедносни

уреди во обезбедуваниот објект;- врши обезбедување на влезовите во објектот - го контролира влезот, односно

излезот на лицата и внесувањето, односно изнесувањето на материјали, опрема..- по потреба, односно по процена, лицето кое го извршува обезбедувањето може

да го повика сомнителното лице на контрола за да утврди дали кај себе има огнено оружје или некое друго опасно средство (експлозивно, запаливо) со кое може да ја загрози безбедноста на објектот и лицата во него;

- ги контролира пропусниците, односно безбедносната документација на лицата вработени во објектот и издава привремени пропусници на странките, гостите;

- го контролира утврдениот режим на движење и задржување на странките во обезбедуваниот објект - не им дозволува движење надвор од просториите кои се предвидени за нивниот прием;

-ги прегледува поштенските и други писма пред внесување во објектот согласно претходно воспоставена процедура (упатство)8;

-за постапките на поедини работници со кои се загрозува безбедноста на објектот и лицата во него, кои го нарушуваат редот и ја отежнуваат работата, како и други запазувања кои се од значење за безбедноста на обезбедуваниот објект и лицата во него, работниците за обезбедување, треба писмено да го известат претпоставениот;

- по завршување на работното време ги прегледува и заклучува сите влезови во обезбедуваниот објект;

- се ангажира за отстранување на последиците од елементарните незгоди

8 Упатство за постапување при прием на пратки. Вакво упатство има направено авторот на трудот, кое што им е дадено на работниците за обезбедување и работниците во Архива.

145

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

(земјотрес, поплава, пожар) на обезбедуваниот објект во склад со планот за вонредни ситуации;

- работи на дежурниот во обезбедуваниот објект: ги контролира светлосно - звучната сигнализација на алармниот систем; функционирање на ТВ системот во затворениот круг, користење на УКТ системот и други функционални врски, одлучува за ангажирање на екипи за интервенција, го известува МВР и надлежните раководители за сите безбедносно - значајни информации и сознанија, се грижи за спроведување на планот за меките на безбедноста.

Превентивно-технички мерки на обезбедувањето Целта на овие превентивни мерки за заштита е да се минимизира можноста

за евентуално поставување на експлозивна направа, пробивање на возило-бомба, или да влезе бомбаш-самоубиец.

Tехничката заштита на објектите, подразбира употреба на интерен видеомониторинг (систем на затворен круг), употреба на противпровални и системи за дојава, користење на специјални рендген апарати и детектори за откривање на оружје и експлозиви, одржување на радиоврска за посебна намена и сл.

Превентивно-техничките мерки на обезбедување се преземаат заради:- откривање и отстранување на експлозивни, запаливи, радиоактивни и други

опасни материи (противдиверзантска заштита);- откривање и отстранување на прислушни уреди (противприслушна заштита);- утврдување и отстранување на технички неисправности на уредите и

инсталацијата во обезбедуваниот објект);- заштита од пожар (противпожарна заштита);- спречување, односно оневозможува загрозување на безбедноста на

обезбедуваниот објект со употреба на современи борбени средства; Техничкото обезбедување е обезбедување на објектот и имотот, вредностите

на транспортот и лица со технички средства и уреди, во согласност со прописите и пропишаните стандарди.

Обезбедување на обезбедуваните објекти и лицата во него, во превентивната-техничка заштита, се извршува:

- со редовни и вонредни превентивно-технички прегледи; - со преземање на одредени превентивно-технички мерки и - вградување и користење на одредени технички средства за заштита.Заеднички елементи, битни за сите конкретни безбедносни процесиЗаеднички елементи, битни за сите конкретни безбедносни процеси се следните:- политичко-безбедносната ситуација во земјата - посебно на подрачјето каде

се наоѓа обезбедуваниот објект, односно каде што престојува обезбедуваната личност или се одржува собир односно манифестација (поради актуелност на регионален или поширок вид на општествени собири);

- состојбата на криминалот во државата, односно на реонот каде се наоѓа обезбедуваниот објект (најчести облици на загрозување на безбедноста на обезбедуваниот објект);

- констатација дали органите или службите за безбедност располагаат со конкретни податоци и сознанија, кои укажуваат на можноста за директно односно

146

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

индиректно загрозување на безбедноста на обезбедуваниот објект или личноста или за безбедносно одржување на јавниот собир или манифестација;

- анализа на претходно извршените криминални напади на обезбедуваните објекти, односно на одредената личност, анализа на криминалните активности на поедини групи или поединци, во врска со одржување на јавните собири, односно манифестации;

- процената на висината на материјалната штета, односно можноста за човечки загуби во случај на напад, односно загрозување на безбедноста на обезбедуваниот објект и лицата во него;

- процената на степенот на загрозеноста на објектот, лицата во него и пошироката околина од опасни материјали;

- видот и вредноста на имотот во обезбедуваниот објект;- опасноста од избивање на пожар и предизвикување на експлозија, односно

подметнување на експлозивни направи;- локацијата, големината, изгледот и староста на градежните конструкции на

обезбедуваниот објект, состојбата и квалитетот на инсталацијата;- соработка со локалните органи на МВР.Кога станува збор за ,,снимање” на ситуацијата за безбедноста на конкретниот

обезбедуван објект, заради навремено планирање и преземање на соодветните мерки за обезбедување, а пред сè за одлучување на примена на одредени технички уреди за заштита од тајни или насилни упади во обезбедуваниот објект, како и други превентивни технички мерки, потребно е претходно да се изврши надворешен преглед на зградата и непосредната околина, односно потребно е прецизно да се утврдат кои се т.н. критични точки на обезбедуваниот објект. Во врска со тоа, посебно мора да се посвети внимание на:

- премините во зградите, влезовите и подрумските простории (складишта): на тие места, доколку не се осветлени и прописно заштитени најлесно може во темница да се постават експлозивни направи и да се активираат во одреден момент. Накратко, премините - влезовите мораат редовно да се одржуваат, осветлуваат и обезбедуваат (да се заѕидаат или на некои друг начин да се заштитат) со што се овозможува веднаш да бидат забележани сомнителните предмети;

- разни шахти - отвори во непосредна близина на обезбедуваниот објект (канализациони, тунели, ПТТ, канали и др.);

- отвори на вентилатори и клими;- врати и рамки - заклучените врати и препреки можат да спасат живот на човек

во случај на напад на обезбедуваниот објект - затоа е важно надворешните врати да бидат добро обезбедени и клучевите да се чуваат на сигурно место (вратите и рамките треба да се изработени од квалитетни материјали и добро прицврстени за градежната конструкција);

- брави - зајакната влезна врата, квалитетните брави и металните штитови на нивните цилиндри или како што некои преферираат - синџирче на вратата и три брави, кои ќе го попречат разбојникот, со што се овозможува да се повика полиција;

- шарките ја преставуваат слабата страна на вратата, посебно оние врати кои се отвораат од надворешната страна. Покрај вообичаените обично се ставаат и

147

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

специјализирани шарки, кои се состојат од два дела кои се монтираат на вратата и делови кои се прицврстуваат на рамката. Двата дела се совпаѓаат кога вратата се затвора;

- прозорците и застаклените површини на крововите - мора да се заштитат на повеќе начини - физички (со метални решетки или ролетни - лесно достапни прозори и со брави тешко достапни прозори и застаклени површини на кровот);

- влезови - безбедноста на влезовите е исто така важна за спречување на насилен влез (упаѓање) во просториите на обезбедуваниот објект. Доколку на влезот на обезбедуваниот објект нема ТВ камера, пожелно е да се вгради видеоинтерфериорна или широкоаголна „шпионка“ со специјални леќи и виден агол од 180°, преку која личноста пред влезот може да се види од глава до петици, дали има вградени, и кои се веќе вградените уреди во обезбедуваниот објект и работната просторија (системот за заштита од тајниот или насилниот упад во обезбедуваниот објект, системот на лична заштита, внатрешен алармен систем...).

Кога се размислува за поставување на систем и уреди за заштита од таен или насилен упад во обезбедуваниот објект, односно во кругот на обезбедуваниот објект, а со оглед на нивната специфичност, со цел да се направи што покоректен избор за уредите и средствата, потребно е претходно да се согледа:

- климатските услови на локацијата на обезбедуваниот објект (влажност, типот и силината на ветерот, температурните промени, магливоста..);

- конфигурацијата на теренот (нерамен терен, густина на дрвјата..);- типот на земјиштето (обработливо, песок..);- дали постои ограда околу обезбедуваниот објект и каква е оградата (жива

ограда, ѕид, метална ограда..);- близината на јавните и други сообраќајници и фреквенцијата на сообраќајот;- близината на високонапонските водови и други извори на електромагнетно

зрачење.ЗаклучокСекоја организација е изложена на одредени безбедносни ризици, без оглед

дали тие потекнуваат од надворешното или внатрешното опкружување. Првиот чекор во препознавањето на безбедносните ризици е креирањето на безбедносната култура. Решението треба да се бара во едуцирањето на вработените, креирањето на едно динамичко однесување и вклучување на сите ресурси, кои стојат на располагање.

Заради сето тоа треба да се дефинира политика, која што ќе ги опфати законските барања, договорените обврски, управувањето со ризикот и стратегијата на организацијата и критериумите за процената на ризикот.

Се препорачува поголемо запознавање на сите учесници со безбедносната култура со цел почитување на вредностите и нивно непосредно вклучување во процесот на донесување на одлуките и во крајна линија во креирањето на политиката на безбедноста.9

Значајно е да се утврдат приоритетите при преземањето на мерките и активностите од страна на службите за обезбедување, затоа што има активности кои не трпат одлагање и бараат итност во постапувањето.

9 Љ.Стајиќ, С.Мијалковиќ и С.Станојевиќ, „Безбедносна култура“, Београд, 2004, стр.101

148

МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

SOVREMENA MAKEDONSKA ODBRANA

Слабото менаџирање, ги прикрива реалните проблеми и не ги решава кризните состојби од кои организацијата не успева да изнајде поволни решенија, што во крајна линија доведува до нанесување големи штети врз организацијата, како последица на неможноста да ги извршува основните функции, ниту да пронајде некоја одржлива опција.

Доброто менаџирање бара, пред сè, проактивен пристап, т.е. предвидување на проблемите и навремена подготовка за нивно решавање. Предвидувањето или процената е главната содржина на планирањето.

ЛИТЕРАТУРА

1.Брајановски Благоја, „Персоналниот менаџмент во претпријатијата“ во Македонија, Институт за социолошки и политичко - правни истражувања, Скопје, 1997 год.

2. Vršec Milan, „Pojam sigurnosti, opasnosti i ugroženosti“, Priručnik, br. 1/88, RSUP SR Hrvatske, Zagreb, 1988 god.

3. Давидовиќ Д. Душан, „Алтернативни чиниоци безбедности (приватни полисинг)“, Хрестоманија (избор текстова за припремање испита), Факултет безбедности - смер безбедност, Београд, децембар 2006.

4. Даничиќ Милан, Стајиќ Љубомир, „Приватна безбједност“, Висока школа унутрашњих послова, Бања Лука, 2008 год.

5. Драгишиќ Зоран, „Безбедносни менаџмент“, Службени гласник и Факултет Безбедности, Београд, 2007 год.

6. Комора на Република Македонија, „Професионално обезбедување“, Скопје, 2001 год.7. Малиш Саздовска Марина, Дујовски Никола, „Безбедносен менаџмент“, Факултет за безбедност Скопје, Скопје, 2009 год.8. Рајко Раѓеновиќ, „Безбедност личности и објеката“, Београд, 2003 год.9. Рајковчевски Раде, „Безбедносната култура како составен дел од безбедносните системи“,

Годишник на Полициската академија, 2007/2008 год., Скоје, 2008 год.10. Стајиђ Љубомир, „Основи безбедности“, Полицијска академија, Београд, 2003 год.11. Тумановски Драган со група автори, „Обезбедување на лица и имот“, Комора на Република Македонија за обезбедување на лица и имот, Скопје, 2001 год.

„СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ОДБРАНА“МЕЃУНАРОДНО НАУЧНО СПИСАНИЕ ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И МИР

УПАТСТВО ЗА АВТОРИТЕ

Меѓународното научно списание за одбрана, безбедност и мир „СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ОДБРАНА е теоретско списание кое го издава Министерството за одбрана на Република Македонија. Списанието излегува редовно двапати годишно и еднаш годишно како вонредно издание на определена тема. Во Списанието се објавуваат оригинални научни и стручни трудови, прикази на книги од областа на одбраната, безбедноста и мирот, како во национални рамки, така и на регионално и на глобално ниво.

Во Списанието можат да бидат објавени само рецензирани и класифицирани трудови како: изворни научни трудови, прегледни научни трудови и стручни научни трудови и прикази на книги.

Прифаќањето на трудот во Списанието ги обврзува авторите да не ги објавуваат и во други списанија.

Трудовите не смеат да имаат повеќе од еден коавтор.Ракописот треба да се доставува во електронска форма за да се олесни печатењето на

Списанието. Страниците и прилозите треба да бидат нумерирани.Трудовите треба да бидат напишани на англиски јазик.Трудовите што не се предвидени за печатење им се враќаат на авторите со образложување.

ТЕхНИчкИ кАРАкТЕРИСТИкИ НА ТРУДОТ

Трудот треба да се состои од: наслов, автори, институција, апстракт, клучни зборови, вовед, главен дел, заклучок и литература. Целосниот труд не треба да биде подолг од 5000 збора.

Наслов на трудот - 14 points, Times New Roman, центрирано, Насловот на трудот треба да биде кус, но да дава верен одраз на содржините и по можност да содржи што повеќе клучни зборови од опфатената проблематика.

Еден празен ред. Автори - име и презиме, мали масни (Bold) букви, 11 points, Times New Roman,

центрирано.Два празни реда.Институција - ракописни букви (Italic), 11 points, Times New Roman, центрирано.Два празни реда.

Апстракт - 11 points, Times New Roman, единечен проред. Содржината на апстрактот треба да е суштинска и независна целина.

Еден празен ред.клучни зборови - максимум до 5 збора, 11 points, Times New Roman, единечен проред. Вовед - 11 points, Times New Roman (кирилична поддршка), единечен проред. Еден

празен ред.Главен дел на трудот- 11 points, Times New Roman (кирилична поддршка), единечен проред. Еден празен ред.Заклучок - 11 points, Times New Roman (кирилична поддршка), единечен проред.

Заклучокот треба да претставува кусо резиме од трудот, а да ги опфати и резултатите до кои се дошло со истражувањето.

Еден празен ред.Литература - 11 points, Times New Roman, цитирана според Харвардскиот стил на цитирање.

Литературата се наведува во посебно поглавје при што библиографските единици се нумерираат по оној ред по кој што се појавуваат како во фуснотите во текстот. Се наведуваат само библиографски податоци што се употребени во текстот. Се цитираат сите видови извори на информации – книги, науч ни списанија, интернет-страници, компјутерски софтвери, печатена или е-mail кореспонденција, па дури и вербална конверзација.

Во трудовите во кои се користат табели, слики, цртежи, фотографии, илустрации, графи-ко ни и шеми, истите треба да се нумерирани последо ва тел но, со арапски броеви, а насловот на сликата да е напишан под неа. Се која слика или група слики се планираат на начин што овоз мо жу ва прег ледност. Сликите во електронска форма се испра ќаат како посебен JPG документ со минимална резолуција од 300 dpi. Сликите во боја се печатат како црно – бели.

Формат: А4-формат, предадено во електронска форма.Маргини

горна 5 см Top 1.89”

долна 5 см или page Setup компјутерски BoToom 1.89”

лева 4 см параметри во инчи (inch) LefT 1.58”

десна 4 см RighT 1.58”

guTTeR 0”

Уредувачкиот одбор е должен пристигнатите трудови да ги достави до компетентни рецензенти. Рецензентите и авторите остануваат анонимни. Рецензираните трудови, заедно со евентуалните забелешки и мислења на Уредувачкиот одбор, се доставуваат до авторите. Тие се должни, најмногу во рок од 15 дена, да ги извршат неопходните корекции.

Брзината на објавувањето на трудот, покрај останатото, зависи и од придржувањето кон ова упатство.

Рокови за доставување на трудови - 30.04. и 31.10. во тековната година на

АДРЕСА: 1. ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ Проф. д-р Марина Митревска, главен и одговорен уредник e-mail: [email protected] или

2. МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА - Одделение за издавачка дејност и продукција Доц. д-р Жанет Ристоска e-mail: [email protected] [email protected] или [email protected]

УРЕДУВАЧКИ ОДБОР НА СПИСАНИЕТО „Современа македонска одбрана“