surov manifest

3
ПОРТА 22 февруари 2013 3 36 архитектура новата зграда DESIGN HUB на универзитетот RMIT во Мелбурн Суров манифест Оваа е можеби единствена зграда за овдешната култура, која претставува перфектен математички модел, ригидно поставен, пресметан во секој детаљ, и прекрасно вклопен во урбаното милје Н овата зграда Design Hub на универзитетот RMIT се наоѓа во зоната на Carlton brewery, истата таа за која веќе пишувавме во еден од претходните броеви. Таа заедно со зградата Pixel задаваат рамка во чија внатрешност ќе се гради новиот градежен потфат на фирмата Grocon. Оваа градба е седиште на постдипломските студии по дизајн при универзитетот RMIT во Мелбурн, и е одделена од архитектонскиот факултет со цел да се постигне дополнителен престиж, место каде ќе бидат приоритет високите услови за истражување. Впрочем, уште едно ново седиште на RMIT кое му конкурира на универзитетот Мелбурн, а кој исто така е со веќе подготвен проект и во најскоро време ќе биде изграден. За разлика од нив, каде проектантот е избран преку јавен конкурс, советот при RMIT го ангажира Sean Godsell, неконвенционален архитект и дипломиран на истиот факултет. Секако, преку неговиот избор RMIT сака да го акцентира квалитетот на своите дипломирани студенти. Седиштето се состои од две целини, два објекти. Едниот, понискиот дел е архив, а другиот е шесткатен истражувачки центар, кој заедно со приземјето и елементите на кровот достигнува висина од 46 метри. Основата на катот е со димензии 20 м х 60 м. Зградата е штотуку пуштена во употреба и е многу атрактивна како таква. Почна со работа во средината на ноември, а веќе е започната и наставата на постдипломците со нивните истражувања во областа на дизајнот и неговите пошироки гранки, вклучувајќи ја и модата. Објектот претставува синтеза на досегашните градби од овој тип, опишани во Порта3, бидејќи изобилува со квалитет во секој дел од него. Оваа е можеби единствена зграда за овдешната култура, која Седиштата на RMIT и Grocon (Pixel) со идниот градежен зафат на областа Carlton Brewery Александар ПетРов, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Австралија)

Upload: aleksandar-petrov

Post on 28-Mar-2016

225 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

RMIT DESIGNHUB Melbourne

TRANSCRIPT

Page 1: Surov manifest

ПОРТА 22 февруари 2013336

36

архитектура новата зграда DEsigN HuB на универзитетот RMiT во Мелбурн

Суров манифестОваа е можеби единствена зграда за овдешната култура, која претставува перфектен математички модел, ригидно поставен, пресметан во секој детаљ, и прекрасно вклопен во урбаното милје

Новата зграда Design Hub на универзитетот RMIT се наоѓа во зоната на Carlton brewery, истата таа за која веќе пишувавме во еден од претходните броеви. Таа

заедно со зградата Pixel задаваат рамка во чија внатрешност ќе се гради новиот градежен потфат на фирмата Grocon. Оваа градба е седиште на постдипломските студии по дизајн при универзитетот RMIT во Мелбурн, и е одделена од архитектонскиот факултет со

цел да се постигне дополнителен престиж, место каде ќе бидат приоритет високите услови за истражување. Впрочем, уште едно ново седиште на RMIT кое му конкурира на универзитетот Мелбурн, а кој исто така е со веќе подготвен проект и во најскоро време ќе биде изграден. За разлика од нив, каде проектантот е избран преку јавен конкурс, советот при RMIT го ангажира Sean Godsell, неконвенционален архитект и дипломиран на истиот факултет. Секако, преку неговиот избор RMIT сака да го акцентира квалитетот на своите дипломирани студенти.

Седиштето се состои од две целини, два објекти. Едниот, понискиот дел е архив, а другиот е шесткатен истражувачки центар, кој заедно со приземјето и елементите на кровот достигнува висина од 46 метри. Основата на катот е со димензии 20 м х 60 м. Зградата е штотуку пуштена во употреба и е многу атрактивна како таква. Почна со работа во средината на ноември, а веќе е започната и наставата на постдипломците со нивните истражувања во областа на дизајнот и неговите пошироки гранки, вклучувајќи ја и модата. Објектот претставува синтеза на досегашните градби од овој тип, опишани во Порта3, бидејќи изобилува со квалитет во секој дел од него. Оваа е можеби единствена зграда за овдешната култура, која

Седиштата на RMIT и Grocon (Pixel) со идниот градежен зафат на областа Carlton Brewery

Александар ПетРов, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Австралија)

Page 2: Surov manifest

22 февруари 2013 ПОРТА3 37

37

архитектура

претставува перфектен математички модел, ригидно поставен, пресметан во секој детаљ, и прекрасно вклопен во урбаното милје. Објектот е вметнат на самиот раб помеѓу Swanson и Victoria street, на начин каде двете фасади (јужната и југоисточната) директно реагираат со двете најпрометни улици во градот. Во целокупното поставување водено е сметка и да се заштитат потребните дистанци од масовното полнење на соседната парцела (сопственост на Grocon), каде се обезбедуваат оние полу-јавни простори кои ќе ѝ овозможат да функционира. Посебно значење играат и двата влеза кои ја прават зградата достапна од две различни коти. За да се добие подискретен простор помеѓу двете целини (архивот и самиот центар), средишниот простор кој ги разделува се вдлабнува за некој метар и со рампа се дислоцира од постојниот тротоар (за да се растовари од урбаниот метеж). Овој празен јавен простор е всушност запазена функција на зградата, која во иднина ќе ја користат студентите и останатите вработени. Одличен пристап се постигнува и од авенијата Victoria, која визуелно го одредува влезот на зградата. Директно од пешачкиот премин, чекајќи на семафорите се влегува долж тој ходник низ зградата и се излегува од другиот крај каде има повеќе насоки на движење и поврзување. Таквиот влез ги користи флуксите на движење кои би се пренеле и на останатите катови. На тој начин ги поканува сите случајни минувачи (покрај студентите) да влезат и да се

Парцелата на RMIT со добиениот габарит

RMIT Design Hub, поглед од внатрешноста на Carlton Brewery

Основа на приземјето Основа на прв кат

Page 3: Surov manifest

ПОРТА 22 февруари 2013338

38

архитектура

запознаат со најновите текови во дизајнирањето. Внатрешниот простор е исполнет со изложбени простори, училници и амфитеатар. Типолошкиот концепт предвидува отворени училници и слободен изложбен простор, кои се разделени на две страни преку средишната поставеност на магацини, архиви и вертикалната комуникација потребни за беспрекорно функционирање на двата празни простори кои се добиваат. Тоа впрочем е и новата стратегијата на универзитетот RMIT, каде успева да развие нов концепт на соработка помеѓу студентите, да ги охрабри во меѓусебната комуникација и јавно да ги промовира нивните квалитети и резултати. Фасадната обвивка е двослојна. Надворешната површина се користи за засенчување и енергетско генерирање. Таа секако преставува и еден од најимпресивните елементи што ја сочинуваат бидејќи пленува со нејзините 16.000 транспарентни дискови кои дисциплинирано се повторуваат долж нејзиниот волумен. Структурата е метална со модул 7,20 м x 9,86/6,27 м. Помеѓу оските на еден конструктивен модул перфектно се вклопуваат четири рамки. Една рамка (со димензии 1,80 м x 4,50 м) содржи три реда со по 7 дискови. Еден ист таков диск е со дијаметар од 60 сантиметри. Во внатрешноста ротираат стаклени кружници со вградена соларна технологија и автоматски контролирани при нивното ротирање. Реагираат на различни временски услови и во зависност од тоа се отвораат и затвораат, регулирајќи ја температурата во внатрешноста. Горенаведениот рам се аплицира константно по целата фасада. Рамовите на приземјето и кровот се дополнително издолжени за да се оправда идеалната пропорција, а со самото тоа и елегантноста што и ја дава на монотонијата. Аглите перфектно се пресметани и решени на начин каде со преклопувањето на половинките од дисковите перфектно се продолжува повторувањето. Висинскиот остаток, шпицовите на четирите агли се решаваат со четвртина од дискот. Во скора иднина сите ќелии ке треба да бидат заменети со фотонапонски колектори кои ќе произведуваат струја, а се разгледува и можноста истата таа обвивка да се користи и како дигитален билборд. Зградата содржи и систем за филтрирање кој овозможува да се внесува свеж воздух кој влегува во работните простории преку подот, и им овозможува на работниците да го регулираат во внатрешноста. Друга одржлива карактеристика е и користењето на дождовните води, во внатрешен собирен отпад, негово системско менаџирање и кружни затворени ладилнци. Објектот е внимателно и трпеливо граден во период од шест години и храбро се има соочено со останатиот тренд на овдешниот комерцијален формализам.

Недворешната фасада од соларни дискови

Слободен простор за училници